You are on page 1of 1

TORCH

Што претставува овој тест?

TORCH претставува скратен назив на група на инфективни агенси кои можат да


предизвикаат болест кај трудни жени и можат да предивикаат вродени дефекти кај
новороденчињата.
Овие тестови го прават TORCH панелот: Toxoplasmosis, Rubella, Cytomegalovirus и
Herpes simplex вирус.

За што се користи овој тест?

TORCH панелот претставува група на крвни тестови кои можат да детектираат


присуство на антитела кои се произведуваат од имуниот систем како одговор на
овие инфекции. Во овој панел се испитуваат IgG и IgM антителата за секој
инфективен агенс.

Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

Како да се подготвам пред тестот?

Не е потребна претходна подготовка за тестот.

Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Доколку тестот го прави трудница, препорачливо е испитување на инфективен


скрининг (хепатит Б, Ц и ХИВ).
Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по
медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

You might also like