You are on page 1of 9

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ


ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

ПРИРАЧНИК ЗА СЛУШАТЕЛИ

11. 6 ИМОБИЛИЗАЦИЈА НА СКРШЕНИ КОСКИ И


ЗГЛОБОВИ
Реден број 11.6
Верзија 9

Потребно време: 2 + 1 час

Суштинска активност: Укажување прва медицинска помош

Задача за учење: Имобилизација на скршени коски и зглобови

Опис: При повреди на коски и зглобови во никој случај нетреба повредениот да


се поместува или транспортира без да се изврши имобилизација со стандардни
или прирачни средства. Имобилизација се врши и при други ситуации
(крварење, изгоретини, смрзнотини, големи рани и тн.). Се пренесува со едно
или две лица или со носила. Се транспортира со санитетско возило.
Очекувани резултати-
Полицаецот знае:
- кога се применува имобилизација
- како да направи правилно имобилизација, а да не предизвика
оштетувања на повредата
- имобилизација со различни средства
- да го пренесе повредениот од местото на незгодата до возилото
- како да го превезе (транспортира) до најболиско хируршко одделение

Компентенции:
- хуманост и храброст да помогне
- морална обврска
- законска обврска
- професионален пристап
- безбедносни услови на местото
- брза проценка на бројот на повредени
- оценка на состојбата и видот на повредата
- лица кои можат да му помагаат
- заштита од можни заразни заболувања
- свесност за користење на заштитни средства
- мерење пулс
- проодност на дишни патишта
- види, слушни и почуствувај го дишењето
- давање приоритет за третман
- потреба од известување и повикување
- проверка од глава до пети
- комуницирање на англиски јазик
- положба на повредениот при КПР
- положба на спасувачот при КПР
- давање 2 вдишувања
- давање 12 вдишувања
- изведување КПР
- правење 30 компресии
- правење 5 циклуси за 2 минути
- препознавање гушење
- постапка при гушење
- стандардни средства
- прирачни средства
- препознавање артерско и венско крварење
- запирање на крварење
- запирање со притисок
- запирање со завој
- запирање со компресија
- запирање со подврзување
- препознавање на шокова состојба
- прва помош при шок
- пренесување повреден со 1 лице
- пренесување со 2 лица
- пренесување со носила
- транспортирање со санитетско возило
- избирање на придружник
- прва помош кај рани
- рани од огнострелно оружје
- каснување од животни
- каснување од змии
- рани со забоден нож
- прва помош од удар на електрицитет
- прва помош при повреди од бази и киселини
- прва помош на око
- изгореници
- попареници
- сончаница
- топлотен удар
- истинување
- бочна положба
- повреди на главата и органите
- опасност од повраќање
- труење со јаглерод моноксид-CО
- труење со храна

.
Имобилизација на скршени коски и зглобови

Пренесувањето и превезувањето (транспорт) на повредени лица се врши само


после дадена прва помош и после извршена имобилизација. Ако повредата е
настаната во населено место имобилизацијата и транспортирањето на
повреденото лице се препушта на екипата на брза помош. Но полицаецот ќе се
наоѓа често на оддалечени места и ќе мора сам да ја изврши имобилизацијата да
го организира преместувањето и транспортирањето. Кога лице има скршеница
или повреден зглоб полицаецот иако не е сигурен т.е постојат само несигурни
знаци (болка, оток и модринка), а сигурните знаци ги нема (деформитет,
изгубена функција, лажен зглоб, крцкање итн.), тој постапува при скршеница.
На повреденото лице нема да му се случи ништо опасно ако се направи
имобилизација отколку да се предвиди фрактура и не се имобилизира.

Имобилизација

Имобилизација е постапка со која се обезбедува мирување на повредениот дел


од телото. Имобилизација се изведува: фрактури на коските, при повреди на
зглобовите, при големи повреди на меките ткива – рани, изгореници, хемиски
повреди, каснување од змија, и др.
Разликуваме два вида на имобилизација: привремена или транспортна и трајна
или лекувачка. Привремената имобилизација се изведува на местото на
незгодата и има за цел да обезбеди мирување на повредениот дел на телото за
време на транспортирање на повреденото лице до болница. Трајната
имобилизација се изведува во болница и има за цел преку мирување да
овозможи лекување на повредениот дел на телото. Пример за трајна
имобилизација се гипсаните преврски при фрактури на коските на рацете и
нозете, при шинување и исчашување на зголобови на рацете или нозете. Со
добро направента имобилизација се постигнува:
• Се намалуваат болките, а со тоа се спречува за паѓање во состојба на шок
• Се спречува изместувањето на деловите од скршената коска
• Се спречува крварењето кое исто може да доведе до шок
• Се спречува ширење на инфекција
• Настанување на масна и воздушна емболија – затнување на крвните
садови во белите дробови и мозокот со капки мас од коските и
воздушните меурчиња во белите дробови
За да може имобилизацијата да биде добро изведена и да одговара на намената,
при нејзино изведување треба да се придржуваме при одредени основни
правила за имобилизација:

1. Имобилизацијата се изведува на самото место на незгодата .


Повреденото лице несмее непотребно да се поместува или пренесува пред да
биде поставена привремена имобилзација. Исклучок прават случаите кога на
повреденото лице и поицаецот му се заканува опасност по живот како на
пример: пожар, заканувачка експлозија, ако лежи на средина на коловозот и сл.
2. Тврдите прирачни средства што се користаат за имобилизација треба
да се обложуваат со мека материја (завој, вата, делови од облека, лисја, сено,
трева).
3. Се пристапува внимателно прифаќајќи го под и над местото на
повредата.
4. Повредениот дел на телото се поставува во таканаречена природна
појава. Пример за раката тоа е положба кога е свиткана под агол од 90 степени
и приближена до градниот кош.
1. Ако постои рана прво се преврзува раната со стерилна газа и завој
2. Ако има крварење се запира крварењето
3. Се мобилизира врз облеката и обувките на повредениот дел
4. Повредениот дел од телото се имобилизира со помош на средство
што поседува потребна форма и големина
5. При фрактури секогаш се имобилизираат двата соседни зглобови на
повреденото место односно зглобот под и над местото на повредата
6. Прицврстувањето на средството за имобилизација не се врши врз
повредата туку под и над самата повреда
7. Краиштата на прстите на раката и ногата се оставаат откриени за да
може бојата на кожата на врвовите да се споредува со таа на здравата
рака или нога

Примери за имобилизација на поедини делови на телото ќе се видат од


следните слики
Опрема

За изведување и имобилизација во првата помош може да се користат


стандардни средства и средстава од комплетот за прва помош (крамерова
шина, завои, триаголната крпа,). Најчесто во првата помош за имобилизација се
користат прирачни средства кои се речиси неограничени по избор се зависи од
снаодливоста, умешноста и знаењето на полицаецот на пример за
имобилизација на повреден рбет се користи широка и долга штица , врата,
можат да послужат гранка од дрво, кора од дрво, сообраќаен триаголник, пумпа,
дигалка, лопата, чадор, весници, свиткано кебе, делови од облеката, а по
некогаш и сопственото тело на повреденото лице.

Пренесување и транспорт

Под поимот пренесување подразбираме носење на повреденото лице од местото


на незгодата до безбедно место каде ќе му биде укажана прва помош а потоа до
возилото за превезување (транспорт). Пренесувањето главно се изведува на
куси растојанија, но во одделни случаи полицаецот ќе има потреба на
пренесување на поголема оддалеченост.
Најдобро ќе се постапи ако повредениот се изнесе (од возилото при сообраќајна
незгода) во природна положба во која е најден, ако е можно да се изнесе заедно
со седиштето. Ако тоа не е можно треба да го извлекуваат повеќе лица.
Повреденото лице може да се пренесува на раце и со носило (лица со тешки
повреди).
За пренесување за тешко повреден потребни се повеќе лица на пример повреда
на рбетниот столб потребни се 4-6 лица , а при полесна повреда може да го
врши едно лице.
1. Едно лице може да пренесува повреден на повеќе начини: со влечење, да го
придржува, да го носи на раце, на рамо, на грб.
• со влечење повреден се пренесува само на куси
растојанија полесно се изведува по песок, трева
или снег
влечењето полесно се изведува со кебе, парче
церада, палто, широка штица,
санки, скии

• со придржување на повреден во одење


• носење на рамо
• носење на грб
1. Две лица можат исто така да пренесуваат повреден на повеќе начини

2.Пренесување со носила
Постојат стандардни носила но полицаецот на местото на незгодата обично ги
нема па носила можат да се направат од разни прирачни средства:
• носило од два стапа и кебе
• церада
• носило од два стапа и две вреќи
• носило од два стапа и мантил

3. Подигнување и
поставување на повреден врз
носило Положба на носилото
зависи од видот и местото на
повредата. Пример повреда на
рбетот да лежи на грб
имобилизиран на тврда
подлога, кога е во бесознание
бочна положба, повреден
граден кош полуседната
положба

4. Носење на носила
Носилото секогаш е во водорамна положба од каде што со нозете оди напред,
а главата останува назад, нагорница, надолница (симнување по скали).
5.Транспорт – превезување

Правило е: да не се брза со транспортирањето односно повреденото лице да не


се превезува по секоја цена. Непогодното превезување често повеќе штети
отколку што користи. Целта на превозувањето е што побргу да се стигне до
установата каде на повреденото лице ќе му биде укажана стручна медицинска
помош. Превезувањето на повредените е исто толку важно како и укажување на
првата помош. Понекогаш тоа е и единствента работа што се превзема за
загрижување на повредените.

Превезувањето не претставуа едноставно возење на повредениот до болница.


Тоа е дејство кое во себе вклучува повеќе елементи: избор на возило, избор на
придружник, избор на пат, избор на место каде ќе се носи повреденото лице
итн.

• Изборот на возилото е во зависност од видот и тежинта на повредета.


Најдобро превозно средство е возилото за итна медицинска помош –
санитетско возило, но ако доаѓањето на санитетско возило неможе брзо
да се очекува треба да се разгледа можноста со несанитетско возило
(каравани, комби возила, автобуси, камиони).

• Изборот на положбата за превезување зависи од повредата и се


поставува во положба што ќе му ја ослесни состојбата, по правило тешко
повредените во легната положба. Ако изгубил многу крв или е во
состојба на шок во легната положба со подигнати нозе и раце, а главата
најниско поставена. Ако има изгубено свест во легната –бочна положба.

• Избор на придружник
За придружник се избира снаодливо лице кое ја познава првата помош
кое ќе знае да го охрабри и утеши повредениот со своето присуство. Тој
постојано ја контролира состојбата на повредениот, свеста, дишењето,
работата на срцето, ако престанува дишењето и работата на срцето
применува методи за оживување. (КПР). Ако ја изгуби свеста, повраќа,
го поставува во бочна состојба и ги контролира сите работи поврзани со
крварењето (го запира) итн.

• Ибор на место
За тешко повредените носењето до најблиска амбуланта е само губење на
драгоцено време, повредените се превезуваат до најблиско хируршко
одделение. Во нашата Репбулика во сите градови има опремени
хируршки одделенија така што обично за половина час се стигнува до
едно од нив.

• Избор на пат
Подобро е да се вози по подолг но подобар пат отколку да се оди по
пократок но полош пат.
При повреди на коски и зглобови не се брза со давање на прва помош. Најчесто
се чека стручна екипа со возило. Кога нема санитетско возило да се направи
имобилизација и да се транспортира со соодветно несанитетско возило
Полицаецот нетреба да заборави дека добрата имобилизација и правилното
транспортирање спречуваат многу тешкотии и го олеснуваат лечењето на
повреденото лице. Треба добро да се извежба поставувањето на имобилизација
на различните делови на телото да се извежбаат начините на пренесување и
транспортирање за да може истите во конкретен случај да се изведат брзо,
добро, смислено и ефикасно.

You might also like