You are on page 1of 9

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ


ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

ПРИРАЧНИК ЗА СЛУШАТЕЛИ

11.1 Преглед и постапка со повредени лица


Задача за учење: верзија за Датум 30.09.2019
слушатели
Реден број 1

Суштинска Укажување прва медицинска помош


Верзија 9
активност

Задача за учење Преглед и постапка со повредени лица Центар за


Локација
обука

Потребно
време 2 + 1 час

Опис Полицискиот службеник кога ќе пристигне на местото на


настанот ако има повредени лица треба да им укаже прва
медицинска помош во рамки на знаењата и можностите.Тој
самиот треба да направи проценка дали може да даде прва
помош или да побара веднаш на местото на настанот да дојде
медицинска екипа. Секој полицаец треба да знае да дава
вештачко дишење и реанимација на срцето, како и постапките
на давањето на помош. Проценка на полицаецот треба да
биде како ќе постапи ако има скршеници кај повреденото
лице,ако има рани од убод од остар предмет или од огнено
оружје и лицето крвари, кај труења и изгореници. До колку
полицаецот цени дека не може да даде прва помош треба
веднаш да организира транспорт на повредениот или да чека
доаѓање на медицинска екипа.
Очекувани може Исготвувач
резултати - да информира по радиостаница или телефон за настанот и и/Автори
за повредите Девелоперс/
- да информира за преземените чекори за давање на прва Аутхорс
помош Внесете ги
Знае: имињата во
- да постапи по насоките и задачите добиени од дежурниот верзијата за
полицаец или друг старешина наставници
- да даде вештачко дишење и реанимација на срце на на задачата
повредениот за учење!
- да даде прва помош кај скршеници , крварења, изгореници и
труење
- да комуницира на англиски јазик
- да поднесе соодветен извештај
Законска рамка Основи на прва помош-Брошура која се наоѓа во Амбулантата
при Центарот за обука Казнен законик на РМ-постои кривично
дело-неукажување помош-чл.136
Суштинска активност: Укажување прва медицинска помош

Задача за учење: Преглед и постапка на повредени лица

Реден број 1
Локација: Центар за обука
Потребно време: 2 + 1 час
Материјали
- Основи на прва помош
- Медицината во безбедноста на сообраќајот
- КЗ на РМ

Опис: Полицаецот во своето работење ќе се најде во ситуација да применува


прва помош за да спаси живот, да го спречи вложувањето на состојбата и
помогне оздравувањето. Поради тоа тој мора да ги знае и применува техниките
за укажување на соодветна прва помош, да ја познава законската основа од
Кривичниот закон на РМ. Со самото доаѓање на лице место на незгодата да
осигура безбедност на местото на настанот и лична заштита. Го прави првиот
преглед и дава предност на третман на проблемите кои не трпат одлагање (не
диши, нема циркулација, изгубена свест, крварење) дури потоа го прави
целосниот преглед.

Очекувани резултати: Полицаецот знае:


- општите принципи за прва помош
- правните аспекти
- се однесува професионално во пристапот кон укажување на прва
помош, размислува брзо без паника, делува сигурно
- осигурува безбедност на местото на настанот, обезбедува место за
укажување на прва помош
- користење на заштита за да не дојде во директен контакт со опасни
заразни заболувања преку крвта(сида и хепатит), преку воздухот
(САРС, птичји грип, остри предмети (шприцеви и игли)
- процени ситуацијата и прави план и обезбедува лица кои ќе му
помагаат
- известува службата за итна помош, а додека пристигне дава прва
помош за воспоставуавање на виталните функции
- го прави првиот преглед: дишни патипшта, дишење и циркулација
- прави целосен преглед од глава до пети

Компентенции:
- хуманост и храброст да помогне
- морална обврска
- следно, законска обврска
- просионален пристап
- безбедносни услови на местото
- брза проценка на бројот на повредени
- оценка на состојбата и видот на повредата
- лица кои можат да му помагаат
- заштита од можни заразни заболувања
- свесност за користење на заштитни средства
- мерење пулс
- проодност на дишни патишта
- види, слушни и почуствувај го дишењето
- давање приоритет за третман
- потреба од известување и повикување
- проверка од глава до пети
- комуницирање на англиски јазик
- положба на повредениот при КПР
- положба на спасувачот при КПР
- давање 2 вдишувања
- двање 12 вдишувања
- изведување КПР
- правење 30 компресии
- правење 5 циклуси за 2 минути
- препознавање гушење
- постапка при гушење
- стандардни средства
- прирачни средства
- препознавање артерско и венско крварење
- запирање на крварење
- запирање со притисок
- запирање со завој
- запирање со компресија
- запирање со подврзување
- препознавање на шокова состојба
- прва помош при шок
- пренесување повреден со 1 лице
- пренесување со 2 лица
- пренесување со носила
- транспортирање со санитетско возило
- избирање на придружник
- прва помош кај рани
- рани од огнострелно оружје
- каснување од животни
- каснување од змии
- рани со забоден нож
- прва помош од удар на електрицитет
- прва помош при повреди од бази и киселини
- прва помош на око
- изгореници
- попареници
- сончаница
- топлотен удар
- истинување
- бочна положба
- повреди на главата и органите
- опасност од повраќање
- труење со CO
- труење со храна
ЗАДАЧА ЗА УЧЕЊЕ: Преглед и постапка на повредени лица

Полицискиот слижбеник покрај своите професионални задачи треба да


покаже и хуманост (да сака и да знае да помогне на жртвите во незгода и
опасни ситуации по здравјето), тој има и законска обврска. Од пристапот на
местото на настанот, неговата оспособеност, снаодливост и организираност
зависи дали ќе се спаси живот и каков ќе биде текот на натамошното лекување и
оздравување.
1. Прва помош
2. Однесување на местото на настанот
3. Заштита

I. ПРВА ПОМОШ

Прва помош е првото помагање или третман кој му се дава на жртвата за


било каква повреда или ненајдена болест додека да пристигне амбулнтно
возило и медицинско стручно лице или додека се транспортира во соодветна
здравствна установа каде ќе се пружи стручна медицинска помош. Полицискиот
службеник ќе биде оспособен иако не е медицинско лице квалитетно да укаже
прва помош.

Одговорности на Полицискиот службеник се:


1. Безбедност на местото на настанот и лична безбедност
2. Проценка на ситуацијата
3. Идентификација на состојбата од која пати жртвата
4. Мерки на третман
5. Подготовки за транспорт
6. Законска основа

Законска основа: Кривичниот закон на РМ има три члена кои се однесуваат на


одговорностите поврзани со граѓаните кои им помагаат на оние кои се во
невоља тоа се следните членови:

Излагање на опасност

Член 134 (став 1): Тој што друг ќе остави без помош во состојба на опасност
за животот, која самиот ја предизвикал, ќе се казни со затвор од три месеци до
три години.

Член 134 (став 2): Ако лицето изложено на опасност поради тоа го загуби
животот или е тешко телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено,
сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
Напуштање немоќно лице

Член 135 (став 1): Тој што немоќно лице му е доверено или за кое е должен да
се грижи, ќе го остави без помош во прилики опасни за животот или здравјето,
ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Член 135 (став 2): Ако оставеното лице поради тоа го загуби животот или е
тешко телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено, сторителот ќе се
казни со затвор од една до пет години.

Неукажување помош

Член 136: Тој што нема да му укаже помош на лице кое се наоѓа во состојба на
опасност за животот, иако тоа можело да го стори без опасност за себе или за
други, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

II. ОДНЕСУВАЊЕ НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА

Прв на местото на незгодата ќе стигне полицискиот службеник. Тој не


треба да постапува брзоплето, панично ниту пак да губи драгоцено време.
Треба да осигура безбедност на местото на настанот.

1. Безбедост на местото на настанот и лична безбедност


Важно е кога ќе се сретне со повреди и опасни настани по животот и
здравјето, полицискиот службеник да не биде и самиот повреден. Ги превзема
следните чекори:
а) Провери дали има потенцијални извори за проблематични инциденти
(електрична струја, истурени хемикали, крв и други излучевини);
б) Ако е можно изолирај го повредениот од изворот на проблемот;
в) Не пристапувај ако местото на настанот не е безбеден (незгода на
автопат и главни патишта, пожари и др.);
г) Извести ги другите за потенцијалните опасности (брза помош,
полиција, противпожарна служба, служба за хемиска безбедност и тн.) и
информирајги за опасностните;
д) Секогаш користи заштита кога се среќаваш со повреди (ракавици,
штитници за лице, маски и тн.);

1. Проценка на ситуацијата

Полицискиот службеник прави брза проценка на ситуацијата: (за каква


незгода се работи, колку има повредени, за какви повреди се работи, број на
повредени), проценува место безбедо место каде ќе укажува прва помош,
повикува луѓе кои ќе му помагаат, средства кои му се потребни (кутија за прва
помош или импровизирани). Неговиот настап е одлучен, сигурен и со доверба.

2. Идентификација на состојбата од која пати жртвата

За да се идентификува состојбата на жртвата истиот треба да се прегледа.


Првото прегледување на жртвата – дали му работи срцето и дали диши се од
најголема важност во однесувањето на граничниот полицаец кај местото на
настанот, тоа е прва алка од веригата наречена прва помош. Кога жртвата диши
и има пулс првото прегледување е завршено но сепак се посматра дали има брзо
и обилно крварење, проодност на дишните патишта и тн.
Ако жртвта е свесна сама ќе каже каде е повредата. Кога првиот пат ќе се
приближи до жртвата треба нежно да ја потапка и да ја праша ,,дали си добро,,?
Но ако жртвата не е при свест полицаецот мора да провери проодност на
дишните патишта, дишење и циркулација. Тоа го прави со постапката ,,три
чекори,,:

а) Проодност на дишни патишта


- Постави ја жртвата на неговиот грб, отвори му ги дишните патишта со
накривување на главата и подигање на брадата (подетално опишан во
делот за вештачко дишење);
- Ако се сомневаш за повреда на рбетот отвори ги дишните патишта со
подигање на брадата без накривување на главата;
-Ако дишните патишта не се проодни неможе да се дава вештачко
дишење и може да дојде до загушување;

б) ,,Види, слушни и почустувај,, го дишењето


- Погледни дали градите се креваат и спуштаат. Наслушни го дишењето.
Почуствувај на твојата брада дали излегува воздух.
- Ако жртвата не дише, повикајте помош или некој од присутните и
започнете го вештачкото дишење.

в) Проверка на циркулацијата
- Проверете го пулсот на жртвата така што да го почуствувате пулсот на
неговата/нејзината каротидна артерија. Ставете ги прстите на длабнината
меѓу гркланот и вратниот мускул. Чустувајте го пулсот 10 секунди.
- Не го користете палецот за да проверете бидејќи палецот има пулс на
врвот.
- Ако жртвата има пулс, но не дише, продолжете со вештачкото дишење.
- Ако жртвта нема пулс и не дише, започнете со кардиопулмонарна
реанимација.

4. Мерки на третман

Горенаведените ситуации (се гуши, не диши, нема пулс брзо и обилно


крвари) не трпат одлагање и имаат предност во третманот. Откако ќе се
преземаат мерки на нивно санирање (се дава вештачко дишење ако не диши, се
ослободуваат дишните патишта, се воспоставува работата на срцето -
кардиопулмунална реанимација, се запира крварењето) се продолжува со
прегледот и третманот на целосната состојба, дали има скршеници, изгореници,
рани и соодветно се третираат.

5. Подготовки за транспорт

Се бара итна помош со санитарно возило. Не треба да се транспортира


со мали возила повредени во ситуации кога состојбата на повредениот бара
транспортирање во легната положба.

Прегледување на целосната состојба на жртвата

Полицаецот може да донесе одлука за сите проблеми кај жртвта и да му даде


предност на одреден третман само кога тој/таа ќе го заврши целосниот преглед
на жртвта. Полицаецот не треба да застане кај првиот проблем и да започне со
третман и на тој начина да пропушти поголем проблем. Единствениот исклучок
би бил кога проблемот кој се појавил би можел да биде опасен по житвот.
Постапкта за изведување на прегледот е следанта:

А. Проверете ги виталните знаци (знаците за живот)

1. температура на кожата
- Топла кожа на инфекција или проблеми пворзани со топлинта
- Студена кожа укажува на шок или смрзнување.

2. Пулс
- Пулс над 120 може да укажува на шок
- Слаб пулс може да укажува на шок
- Неправилен пулс може да укажува на проблеми со срцето
- Многу силен пулс може да укажува на пвореда на главата или
мозочен удар.

3. Дишење
- Брзо дишење (над 20 во минута) може да укажува на шок
- Направилно дишење моѓе да укажува на здравствени проблеми
- Невообичаен мирис, на пр. сладок овошен мирис може да укажува на
дијабетис

4. Боја на кожата
Погледнете ја бојата на кожата во делот од внатрешноста на усните
или внатрешната страна од очните капаци. Бојата на кожата може да
укажува на многу различни состојби, како следните:
- Црвена може да укажува на труење со јаглерод моноксид, болест
пворзана со топлинта или дијабетска кома.
- Белата може да укажува на шок или губење крв
- Сината може да укажува на недостиг на кислород во крвта
- Жолтата може да укажува на болест со жолчката (бидете
претпазливи).
Б. Преглед од глава до пети

Започнете преглед од оглава до епти барајѓи модринки, исекотини или


деформации.

1. Набљудувајте ги очите дали имаат еднакви зеници, движења и


спсообност да фокусираат.
2. Набљудувајте ги ушите и носот дали има бистра ии крвава течност која
истекнува. Ова може да укажува на можна затворена повреда на главата
или рбетот
3. Набљудувајте го вратот дали има подуени вени и изместен дишник. Ова
може да укажува на пвореда на градите. Побарајте мал отвор.
4. Набљудувајте ги градите дали има глезни рани и еднакво ширење на
двете страни на градниот кош.
5. Кога прегледувате абдомен, треба да биде мек и без болка. Ако е тврд
може да има внатрешно крварење.
6. Проверете го пулсот во прстите на рацете и нозете така што ќе
пристиснете на ноктот и ќе видите дали бојата ќе се врати за 2-3
секунди.

Полицаец може да спаси живот ако совршено ги знае техниките на


укажување прва помош, истата навреме ја почне на самото место на незгодата.
Иако не сте стручно лице вие можете да спасите живот. За да спасите живот
многу е важно совршено да ги знаете техниките за укажување на прва помош,
истата навреме да ја почнете, а некогаш техниките за реанимација да ги
примените додека дојде стручно медицинско лице. Од хуманост, морален
аспект а и со законска регулатива Вие сте обврзани да дадете прва помош.

You might also like