You are on page 1of 16

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Министерство за внатрешни работи


Центар за обука

Прирачник за слушатели

Задача за учење:
3.2.4 Спроведување на гранични проверки за предмети

1
3 Гранична контрола
Активност: 3.2 Гранични проверки
Задача за
учење: 3.2.4 Спроведување на гранични проверки за предмети
Центар за
Дата: 20.05.2020 Изведување на задачата за учење- локација: обука
Верзија: 9 Реден број: 3.2.4
Компетенции

1. превзема превентивни мерки за обезбедување на државната


граница;

2. правилно да работи во согласност со правната регулатива

х 3 правилно да ја процени ситуацијата

4. ги користи сите материјално технички средства

5. укаже помош

х 6. добивање корисни информациии и посатпка со истите;

х 7. прибира и правилно анализира податоци;

8. ги познава особеностите на прекуграничниот криминал

9. применува опертивно тактички мерки и дејствија

10. пружа самопомош и прва помош

11 изготви целосен извештај за затекнатата состојба и превземените мерки


х и друга службена документација

12. препознава и спречува повреди на државната граница

13. се справува со активен отпор

14 постапува со различни категории на лица кои ја преминуваат државната


граница.

постапува законски по добиената задача и наредба

16. изврши правилна проценка на своите способности и да донесе одлука


х дали е способен да ја изврши задачата

х 17. работи тимски

18. се координира со други субјекти во системот

х 19. дејствува со почит кон секого


2
20. биде сервис на граѓаните

ф.одлуки и тактики на приод до местото за преземање мерки


21.биде флексибилен.
х
г.спречување на илегално преминување на државната граница
22..ги препознава и почитува културните разлики и етничките особености
х.препознавање и спречување
на пограничното население; на на гранични инциденти

х 23. користи англиски јазик

х 24. применува ефективни комуникациски вештини

х 25..биде свесен за своето однесување

х 26. прими и даде фидбек правилно

27. направи рефлексија и ако е потребно да ги корегира сопствените


х постапки;

х 28. го надоградува своето професионално знаење и вештини

Работен шаблон

а..примање на задачи

б. користење и читање на топографски карти и графички планови, на технички


средства и начини на комуникација;

ц. тактики на движење.;

х д;. пристигнување на местото за изведување на потребната задача;

е. .опсервација на областа
х

ф.одлуки и тактики на приод до местото за преземање мерки

г.спречување на илегално преминување на државната граница

х.препознавање и спречување на на гранични инциденти

3
Датум:
20.05.2020
Реден
Задача за учење: верзија за слушатели Број:3.2.4
Активност 3 Гранична контрола Верзија:
3.2 Гранични проверки 9
Задача за Локација:
учење 3.2.4 Спроведување на гранични проверки за предмети Центар за
обука
Потребно
време:
5+2часа
Опис Пример – Граничен премин за патен сообраќај.
Полицискиот службеник треба да изврши гранични проверки на
лица и предмети кои ја преминуваат државната граница и доколку е
потребно да ги изврши и другите гранични проверки и активности.
На влез во РM на патен граничен премин Табановце се пријавуваат
две лица –странски државјани од земја на Eвропската унија со едно
патничко моторно возило .
Вие како полициски службеник треба да констатирате дали се
исполнети условите за поминување на државна граница, кои
документи се потребни, нивната важност и да обрати внимание на
евентуалните оштетувања на документите.
Доколку лицата пријвуваат предмети кои што се под посебен режим
полициските службеници се должни да направат проверка и за
предметите.
Ако лицата не пријавуваат предмети под посебен режим, а
полициските службеници поради некои околности се сомневаат
дека лицата пренесуваат предмети од безбедносен интерес, истите
ќе направат преглед, а доколку е потребно ќе направат и претрес на
лицата, возилото и багажот.
Доколку лицата и возилото ги исполнуваат условите за поминување
на државната граница основниот УПС треба да го верификува тоа, а
лицата и возилото да ја поминат државната граница
Очекувани На крајот од оваа ЗЗУ слушателот ќе:
резултати -знае да:
- да објасни работа во согласност со правната регулатива;
- да интерпретира рефлексија и по потреба да се корегира самиот и
утврди идентитет на лицето;
- да наведе врз кои државјани се вршат детални проверки во врска
со предметите
- да го објасни начинот на вршење на детални проверки во однос на
предметите;

-може да:
- да демонстрира утврди валидност и важност на патната исправа и
други документи за патување;
- да ги забележи различните видови на патни исправи (ПИ), и визи;
- да демонстрира вршење проверка на прва линија во однос на
предметите
- да демонстрира вршење проверка на втора линија во однос на
предметите
- да демонстрира сервис на граѓаните кои ја преминуваат државната

4
граница;

Законска -Закон за гранична контрола чл. 11, 12, 13, 14, 15, 16 (Сл. Весник на
рамка РМ бр. 171/2010, 41/14, 148/15 и 55/2016)
-Закон за патни исправи на државјаните на РМ- чл.2, 3, 4 и 5
(Сл.в.бр.67/92 со измени бр.20/03, 46/04, 19/07, 84/08, 51/11 и
135/11. 55/2016)
-Закон за странците
- Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и
граничен надзор Глава 2,3,4,5,6 и 7(Сл.в. на РМ,бр.75/2012)

5
ПРИРАЧНИК ЗА ОБУЧУВАЧИ

3.2.4 Спроведување на гранични проверки за предмети

Очекувани резултати на крајот од оваа ЗЗУ слушателот ќе знае кој се спецификите за


минимални и детални гранични проверки во однос на предмети и стоки, ќе може да спроведува
гранични проверки за предмети и стоки од безбедносен интерес, ќе ја знае постапката со стоки
во ограничен промет и ќе ги применува други потребни службени мерки и дејствија на граничен
премин.

-знае да:
- да објасни работа во согласност со правната регулатива;
- да интерпретира рефлексија и по потреба да се корегира самиот и утврди идентитет на
лицето;
- да наведе врз кои државјани се вршат детални проверки во врска со предметите
- да го објасни начинот на вршење на детални проверки во однос на предметите;

-може да:
- да демонстрира утврди валидност и важност на патната исправа и други документи за
патување;
- да ги забележи различните видови на патни исправи (ПИ), и визи;
- да демонстрира вршење проверка на прва линија во однос на предметите
- да демонстрира вршење проверка на втора линија во однос на предметите
- да демонстрира сервис на граѓаните кои ја преминуваат државната граница;

Редослед:

Тематска единица 1 Теорија за Режим за промет со стоки и предмети чијшто промет е ограничен
Тематска единица 2: Имплементација на контрола и постапка при пренесување на оружје преку
државната граница на граничен премин
Тематска единица 3: Промет со предмети од посебна (археолошка) вредност и мерките за
контрола на пренесување на предмети од посебна вредност преку државна граница
Тематска единица 4: Режим за промет со акцизни стоки и превоз и пренесување на опасни
материи преку државна граница

6
Активност 1 - Тематска единица 1: Теорија за Режим за промет со стоки и предмети
чијшто промет е ограничен
Ниво на совладување на Тематската единица – информативно ниво
Време 1 час

Разните видови на стоки и предмети кои што се во промет на територијата на РМ или се


пренесуваат преку државната граница на РМ со другите држави подлежат на различни режими
на промет и употреба.
Имено некои стоки можат да се пренесуваат преку државната граница без никакви ограничувања
(некои преработки и фабрички производи за извоз и некои суровини за увоз).
Некои стоки и предмети можат да се увезуваат во РМ само со платена царина и платен ДДВ во
различен износ (пр. прехранбени продукти).
Некои стоки и предмети можат да се увезуваат во РМ само со платена царина, ДДВ и акциза (пр.
алкохол, тутунски производи).
Некои видови на стоки и предмети можат да бидат во ограничен промет за приватни субјекти, па
според тоа покрај платените давачки приватни субјекти можат да ги пренесуваат преку
државната граница само под определени услови (пр. повекето фармацевтски производи,
определени видови оружје).
Некои видови предмети не смеат да ги поседуваат и да ги пренесуваат приватни субјекти преку
државната граница (пр. наркотички дроги, автоматско оружие).
Некои видови на предмети воопшто не смеат да бидат во промет и да се пренесуваат преку
државната граница (хемиско оружје).
Режимот за промет (или за забрана за промет) со стоки и предмети чијшто промет е ограничен е
регулиран со меѓународни правни акти и со домашни (национални) закони, а подетално е уреден
со подзаконски прописи.
На пример прометот со акцизни стоки е регулиран со Законот за акцизи (Сл.в. на РМ бр.32/01 со
измени).
Нелегалниот промет со овие видови на стоки и предмети, а сходно на тоа и нивното нелегално
пренесување (или обидот за пренесување) преку државната граница, се санкционира како
кривично дело или како прекршок во зависност од конкретниот случај и соодветно на
пропишаните одредби во односните законски и пдзаконски прописи.
Генерално Кривичниот законик на РМ ја санкционира Нелегалната трговија во својот член 277 и
пропишува санкција за истото.1
Покрај тоа постојат и други кривично-правни одредби со кои што се санкцинираат нелегалниот
промет со оружие, акцизи и т.н.
Прекршоците се утврдени во посбни законски акти со кои што се регулирани соодветните
проблематики.

Напомена:
Генерално контрола на комерцијални стоки и предмети ја врши Царинската управа на
Република Македонија, а контролата на стоки и предмети што се под посебен режим или
од безбедносен интерес ја врши гранична полиција.

Промет со оружје

Кои се одредби од Законот за оружје кои го регулираат прометот со оружје, односно правилата
(условите) за пренесување на оружје преку државна граница?

Најважни одредби Законот за оружје кои што се однесуваат на прометот и поседувањето на


оружје од аспект на граничното работење се содржани во Глава 4, 6, 7, 9, 10 и 13.
Прометот со оружје, муниција и делови за оружје е регулиран во Глава VI од Законот за оружје

1
Чл.277 од КЗ

7
Кој може, кога и под кои услови да пренесува оружје според Законот за оружје?
Треба да се знае дека пренесувањето на оружјето и муницијата може да се врши само на
гранични премини определени за преминување на државната граница, на кои се врши постојана
граничната контрола (во натамошниот текст: граничен премин).

Што опфаќа превоз на оружје и муниција2?

За превоз на оружје и муниција потребно е одобрение од Министерот за внатрешни работи.


Превоз вршат трговски друштва кои вршат дејност на промет со оружје и муниција.
Министерот за внатрешни работи, или од него овластен работник, по потреба ќе определи
преземање на посебни мерки за обезбедување при превозот на оружјето и муницијата во
согласност со закон.
На превозот на муниција соодветно се применуваат прописите за превоз на експлозивни
материи.

Кои се услови за пренесување на оружје и муниција преку државната граница3?

Начелно преку државната граница државјаните на Република Македонија и странците можат да


ги пренесуваат само оние видови оружје и муниција што согласно со одредбите на овој закон
можат да ги набавуваат, поседуваат и носат.
Детално Проблематиката за пренесување на оружје преку државната граница е регулирана со
Глава 9 од Закон за оружје („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05 со измени).

Напомена:
Приватни субјекти (физички лица и приватно-правни лица) на ниеден начин не смеат да
пренесуваат автоматско оружие преку државната граница.

Надзор
Овластените физички и правни лица се должни да го овозможат вршењето на надзорот,
контролата на оружјето, да ја стават на располагање соодветната документација и да ги дадат
потребните податоци и известувања.

Кој се казниви дела во врска со оружје кои што се значајни за граничната контрола?

Кривични дела (утврдени во Кривичен законик на Р.М.)


Во кривично-правниот систем на Р.М. не е предвидено самостојно кривично дело
(квалификација) за нелегално пренесување на оружје преку државната граница, туку истото
најчесто е опфатено со кривичното дело од член 396 ,,Недозволено изработување,држење и
тргување со оружје или распрскувачки материјии,, и во зависност од околностите
квалификацијат може да се комбинира со други квалификации од други кривични дела.

Кои се прекршоци?

Прекршоците се утврдени во Законот за оружјето4 и други прописи и соодветно се третираат.

2
Глава 7 од Закон за оружје
3
Глава 9 од Закон за оружје(„Службен весник на Република Македонија“ број 7/05 со измени)

8
Активност 2 - Тематска единица 2: Имплементација на контрола и постапка при
пренесување на оружје преку државната граница на граничен премин
Време за изведување – 2 часа

Полициските службеници на граничен премин проверуваат дали домашните и странските лица


кои пренесуваат оружје, муниција или експлозивни материјали на Граничен премин ги
поседуваат потребните соодветни документи за пренесување на овие стоки и предмети преку
соодветен граничен премин, односно дали наведените документи се валидни, а притоа за
пренесување на наведените стоки и предмети се применува определена постапка.5
Мерките и активностите кои се однесуваат на на пренесување на оружје и муниција преку
државната граница во врска со физички лица детално се разработени во Правилникот за начинот
на пренесување на оружје и муниција преку државната граница (Сл.в. на РМ бр.51/2007).

Согласно Правилникот за начинот на пренесување на оружје и муниција преку државната


граница предвидена е следната

Постапка за пренесување на оружје на граничен премин:6


Напатствие
за постапување на полициски службеници

Основна постапка
1)Државјанин на Република Македонија и странец кој носи со себе или во превозно средство,
оружје и муниција, а има намера да ја премине државната граница, го пријавува оружјето и
муницијата кои има намера да го пренесе, на начин што на полицискиот службеник на
граничниот премин (во натамошниот текст: полицискиот службеник), јасно му соопштува дека
има намера да пренесе оружје и муниција преку државната граница.
2)При пријавувањето на оружјето и муницијата, физичките лица-државјани на РМ или странец,
му го даваат на увид оригиналниот примерок од документот кој се однесува на тоа оружје и
муниција, на полицискиот службеник.
3)Оригиналниот примерок од документот, освен за ловечкото оружје и муниција, се заверува од
страна на полицискиот службеник, со печат, потпис, број и датум на увидот во документот.
4)По заверката на оригиналниот примерок од документот, полицискиот службеник своерачно ја
запишува во документот количината на оружјето и муницијата кои се пренесуваат преку
државната граница, по што документот го враќа на физичкото лице.
5)Фотокопија од документот, се чува во архивата на граничниот премин, а податоците од
документот за физичкото лице и за оружјето и муницијата се запишуваат во соодветната
евиденција за оружјето и муниција.
6)По проверката и заверката на документот, од страна на полицискиот службеник се врши
преглед на оружјето и муницијата што лицето кое има намера да ја премине државната граница
ги носи со себе или во превозното средство.
7)Полицискиот службеник кој при преглед на физичкото лице или на превозното средство,
пронајде оружје и муниција што не се пријавени, односно за кои не се доставени на увид
оригиналните примероци од документите, покрај решение со кое привремено се одзема
оружјето и муницијата издава и потврда за привремено одземени предмети.

5
До донесувањето на Законот за гранична контрола во 2010 и проследните подзаконски акти, контролата на
пренесување на оружје и муниција преку државната граница беше подетално регулирана во Правилникот за
начинот на вршење на полициските работи, односно во членовите 191,192,193,194,195 и 196 од Правилникот.
После донесувањето на соодветните правни акти за Гранична контрола овие одредби од Правилникот за начинот на
вршење на полициските работи веќе не важат.
6
Чл.3,4,5,6,7 и 8 од Правилникот за начинот на пренесување на пренесување на оружје и муниција преку државната
граница Бр.51/ 2007

9
8)Потврдата за времено одземени предмети содржи податоци за: името и презимето на лицето од
кое привремено се одземени оружјето и муницијата, дата на раѓање, живеалиштето, односно
местото на постојан одобрен престој, оружјето (категорија, вид, марка, калибар и сериски број),
муницијата (количина и калибар), основот по кој е извршено одземањето, други карактеристики
на оружјето, особено одредни негови видливи оштетувања и име и презиме на полицискиот
службеник кој привремено ги одземал предметите.

Постапка за ловџиско и спортско оружје


1)При пријавување на ловечкото оружје и муниција кои се користат за лов, односно спортското
оружје и муниција кои се користат за подготовки или учество на стрелачки натпревари,
странците или членовите на странските стрелачки организации, му ги даваат на на УПС на увид
оригиналниот примерок од документот кој се однесува на тоа оружје и муниција, како и
поканата за учество за лов, односно поканата за подготовки или учество на стрелачки
натпревари, на полицискиот службеник.
2)Врз основа на доставените документи, од страна на полицискиот службеник се издава
одобрение за носење на ловечко или спортско оружје заради лов или учествување, односно
подготовки за стрелачки натпревари во Република Македонија.
3)По завршувањето на ловот, односно подготовките и учеството на стрелачките натпревари,
физичките лица кои што учествувале во овие активности на територијата на РМ, му го предаваат
на полицискиот службеник одобрението, при заминување од Република Македонија.

Постапка за странец со оружје


1)Странец кој во Република Македонија набавил оружје и муниција, го пријавува набавеното
оружје и муниција што го изнесува од Република Македонија, на полицискиот службеник на
граничниот премин каде ја преминува државната граница.
2)При пријавување на оружјето и муницијата, странецот му ги даваат на увид оригиналните
примероци од одобрението за набавување и изнесување на оружје и муниција од Република
Македонија издадено од надлежниот орган и одобрението или друга соодветна исправа за
набавување на оружје издадено од надлежен орган на другата држава, на полицискиот
службеник.

Напомена-Во секој случај:


Податоците од одобрението или другата соодветна исправа, како и податоците за физичкото
лице, оружјето и граничниот премин се запишуваат во соодветната евиденција за оружјето и
муницијата.

Пример 1
На граничен премин за патен сообраќај на влез во РМ се пријавува лице со НД(холандска) патна
исправа со патничко моторно возило,кој пријавува транзит на оружје и кое го носи во
возилото.Во возилото носи и пријавува 1 пиштол,1 ловечка пушка и 100 парчиња муниција.
Полицаецот на граничен ги превзема потребните законски службени дејствија.

Пример 2
На граничен премин за воздушен сообраќај на излез од РМ се пријавува лице кое пријавува
внесување на лично оружје(пиштол) во воздухоплов.
Полицаецот на граничен ги превзема потребните законски службени дејствија.

10
Активност 3 - Тематска единица 3:
Промет со предмети од посебна (археолошка) вредност и мерките за контрола на
пренесување на предмети од посебна вредност преку државна граница
Време за изведување – 1 час

Значење на основните поми и категории

Што е движно културно наследство, кои предмети се движно културно наследство ?

1. Археолошки предмети
2. Етнолошки предмети
3. Историски предмети
4. Уметнички предмети
5. Технички предмети
6. Архивска граѓа
7. Библиотечни добра
8. Аудиовизуелни добра
9. Фонотечни добра

Општи забрани
Во однос на предметите кои што претставуваат движно културно наследство законодаството и
меѓународните прописи предвидуваат некои општи забрани, односно дејствија кои што несмеат
да се превземаат во однос на движното културно наследство.
Тие општи забрани се:
• Забрана за оштетување, уништување, присвојување, прикривање, затајување и
узурпација на културното наследство,
• Забрана за отуѓување на државно културно наследство од особено значење,
• Забрана за извоз на културно наследство од особено значење,
• Забрана за увоз на украдено културно наследство,
• Забрана за реквирирање ( бесправно одземање), репресија, напад и користење на
културното наследство за воени цели.

Правна забелешка:
Во секој случај треба да се знае дека-
КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗВЕЗУВА

Контролни и други мерки за движното културно наследство


Ако изнесеното добро не е вратено во земјата во определениот рок, во смисла на овој закон се
смета дека е незаконски извезено.

Казниви дела против културното наследство кои што се значајни за Гранична контрола

Кривични дела (утврдени во Кривичен законик на Р.М.)

Изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно
наследство или природни реткости
Член 266
(1)Тој што без дозвола од надлежен орган ќе изнесе, односно извезе во странство добро под
привремена заштита или културно наследство или предмет што претставува природна реткост,
ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Забрана на увоз на украдено културно наследство

11
Член 266-б
Тој што ќе увезе движно културно наследство украдено од музеи, верски и други слични јавни
објекти или установи на територијата на друга држава,ќе се казни со затвор од една до десет
години.

Прекршоци
Прекршоците се утврдени со Законот за заштита на културното наследство и други прописи и
соодветно се третираат.

12
Активност 4 - Тематска единица 4: Режим за промет со акцизни стоки и пренесување на
опасни материи преку државна граница
Време за изведување на оваа тематска единица- 1 час

Проблематика за Акцизни стоки

Проблематиката на акцизните стоки, а меѓу другото и прометот со акцизни стоки е уреден со


Законот за акцизи

Значење на основните поми и категории:

Акцизни стоки
Акцизни стоки се стоки на кои се наплаќаат специфичен вид на јавни давачки т.н. акцизи.
Акцизите се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на територијата на Република
Македонија (акцизна територија), на:
- минерални масла,
- алкохол и алкохолни пијалаци,
- тутунски добра и
- патнички автомобили.
Определени видови стоки: пиво со низок процент на алкохол (определен со закон) и етил-
алкохол за медицински потреби немаат третман на акцизна стока.

Акцизен документ
Акцизен документ е документот кој го придружува транспортот на акцизни добра и со кој се
докажува движењето на акцизни добра во постапка на непостоење на услови за настанување
акцизен долг, или при извоз од акцизен склад во постапка на непостоење на услови за
настанување акцизен долг, освен ако поинаку не е пропишано со овој закон.
Секое добро подлежно на акциза кое се транспортира во постапка на непостоење на услови за
настанување на акцизен долг е проследено со акцизен документ издаден од страна на
испраќачот.7

Контролни марки(Бандероли)
Акцизата на меѓу-производи и етил-алкохол и тутунски добра се плаќа со користење на
контролни марки.
Контролни марки за тутунски добра добива производителот или увозникот, а за алкохолни и
алкохолни пијалоци контролни марки добива имателот на акцизната дозвола или увозникот.
Пуштањето на тутунските добра во акцизно-правен слободен промет на акцизната територија е
дозволено само ако тутунските добра се обележени со контролна марка.
Контролната марка на тутунските добра треба да биде залепена на амбалажата под целофанската
или друга хартија, така што ќе биде видлива и при отворањето на пакувањето ќе мора да се
оштети.
На оригиналните пакувања на пури и цигарилоси, кои не се обвиткани со целофанска или друга
хартија, контролната марка може да биде залепена непосредно на пакувањето.

Напомена:
Транспортот на акцизни добра е проследен со акцизен документ
7
Доколку со овој закон поинаку не е пропишано, акцизниот документ се издава во четири примероци.
Формата, содржината начинот на издавање и примената на акцизниот документ, ги пропишува министерот за
финансии.

13
Треба да се знае дека надлежен државен орган за контрола на прометот и увозот на акцизни
стоки е Царинската управа, така што кога е инволвирана Граничната полиција овие процедури
по правило се спроведуваат во соработка меѓу Полицијата и царинската служба.
Со посебен акт се утврдува преку кои Гранични премини може да се врши транспорт на
одредени акцизни стоки, а исто така со посебен акт се утврдува и регулира придружба и начин
на транспортирање на одредени акцизни стоки.

Пример
На граничен премин за патен сообраќај за влез во РМ се пријавува возач со камион кој изјавува
дека носи мала количина цигари од соседната држава, но арогантно изјавува дека полицијата не
треба ништо да му проверува, бидејќи целата процедура ќе ја помине со царината.
Полицаецот на граничен премин ги превзема потребните законски службени дејствија.

Казниви дела во врска со акцизи значајни за Гранична контрола

Кривични дела (Утврдени во Законот за акцизите):

Член 59
Кривични дела
(1) Одговорните лица во правните лица и физичките лица кои со цел да стекнат имотна корист
или вредност транспортираат добра подлежни на акциза спротивно на одредбите на овој закон
(член 11 ставови 1 до 5), или не издадат акцизен документ (член 12 став 1), или добрата ги
изнесат од акцизен склад во акцизно- правен слободен промет без да пресметаат и платат акциза
(член 13 став 1) или производителот за доброто подлежно на акциза за кое настанала акциза не
предал акцизна пријава и не ја платил акцизата (член 16 став 1), ќе се казнат со затвор од една до
десет години.
(2) Одговорните лица во правните лица и физичките лица кои акцизната дозвола (член 8 став 3)
или одобрението за акцизно повластено користење го пренесат на други лица (член 21 став 3)
или кога добрението за акцизно- повластено користење го употребат спротивно на намената
(член 18), а со тоа стекнат имотна корист или вредност, ќе се казнат со затвор од една до десет
години.

Член 60
Кривични дела
Одговорното лице во правното лице и физичкото лице а заради Стекнување на имотна корист,
кое увезува или пушта во акцизно- правен слободен промет без контролни марки меѓупроизводи
и етил алкохол (член 37 став 3) и тутунски добра (член 44 став 3) ќе се казни со затвор од една
до десет години.

Прекршоци
Прекршоците се утврдени со Законот за акцизите и други прописи.

Проблематика за превоз и пренесување на опасни материи

Проблематиката за превоз и пренесување на опасни материи подетално е третирана во СА за


сообраќај и соодветно се применува во гранични проверки.

Сумарно потсетување за Насоки и најдобри пракси во врска со превоз на опасни материи

Кога возилата во oднос на содржината на товарот(превезуваат опасни материи или слично) или
работите што ги превезуваат отстапуваат нормалната(стандардната) содржина, односно од
максимално дозволеното се организира,односно се врши вонреден превоз.
За вршење на вонреден превоз задолжително се обезбедува дозвола од МВР, без која дозвола
неможе да отпочне вршењето на превозот. Во дозволата за вршење на вонреден превоз се

14
наведува што и со какво возило ќе се изврши превозот, возачот на возилото, делницата односно
маршрутата на движење, точното време на тргнување и др.
Придружба на возило со кое се врши вонреден превоз се дава ако во дозволата за вршење превоз
е определено дека истиот може да се врши само под придружба на полицијата.

Напомена:
Во секој случај возилото кое превезува опасни материи треба да биде соодветно и правилно
облежано.
Начинот на означување зависи од тоа дали превозот се врши со цистерна, контејнер – цистерна
или со друго возило, дали со возилото се превезува единечна опасна материја, повеќе опасни
материи (во различни комори), претходно спакувани различни опасни материи и др.

15
Oбразец за сценарио Тематска единица: Контрола и постапка при пренесување на
акцизна стока, оружје, опасни материи и предмети од посебна вредност

Задача за учење:
Гранични проверки на лица и предмети-Контрола и постапка при пренесување на
предмети од посебна(археолошка) вредности на граничен премин

Учество на полицајци за гранична контрола

Имиња: _____________________________________

_____________________________________

_____________________________________

Контекст сценарио
На граничниот премин Богородица за излез од Р.Македонија се пријавува автобус во кое се
наоѓа лице Нанчо Гулев кое од порано познато како трговец со антиквитети и често патува во
странство. При контролата потребно е лицето да се профилира и доколку се констатира некакво
сомневање,соодветно да се постапи.

Опис на улога
А. Полицаец
Вие сте полицаец во кабина на ПС за ГК Богородица.
Кај вас се пријавува за излез од РМ Нанчо Гулев во автобус.
Потребно е да извршите гранична контрола на лицата и соодветно да постапите.
При контролата потребно е лицето да се профилира и доколку се констатира некакво
сомневање, соодветно да се постапи.
Да се обрне внимание на кој начин ќе се постапи,бидејќи може да биде потребно да се
превземат други активности,особено преглед и претрес на багаж и лица.

Опис на улога
Б.Дежурен полицаец
Вие сте дежурен полицаец во ПС за ГК Богородица

В.Раководител на смена
Вие сте раководител на смена во ПС за ГК Богородица
Опис на улога
Улога на граѓаните
Г.Нанчо Гулев, се пријавувате за излез од РМ во автобус, презентирате оригнални документи
(вашиот МКД пасош) и доколку полицајците не ви дозволат да поминете бурно реагирате. Не
пријавувате аехеолошки предмети.

Д.Сведоци
Вие сте сведок кој чека во колоната возила за влез во РМ и реагирате поради застојот при
контролата на Нанчо Гулев.

16

You might also like