You are on page 1of 5

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ


ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

ПРИРАЧНИК ЗА СЛУШАТЕЛИ

11.2 Вештачко дишење


Реден број 11.2
Верзија 9

Локација: Центар за обука


Потребно време: 2 + 1 час

Задача за учење: Верзија за слушатели

Суштинска активност: Укажување прва медицинска помош

Задача за учење: Вештачко дишење

Опис: Полицаецот кога ќе процени (уште при првиот преглед) дека жртвата не
диши, нема пулс, веднаш ќе почне со КПР, но откако ќе обезбеди проодност на
дишните патишта. Дишните патишта можата да бидат спречени од крв,
повратеници, страно тело, западнат јазик во душникот кое може да доведе до
гушење.
Очекувани резултати: Полицаецот знае:
- како да постапи ако поради спреченост во дишните патишта жртвта
се гуши
- како да постапи ако е при свест и делумно диши
- какода постапи ако воопшто не диши
- како да постапи ако жртвата не диши и е со изгубена свест
- знае да дава вештачко дишење
- знае што е КПР
- ја усовршил техниката на усовршување (КПР)

Компентенции:
- хуманост и храброст да помогне
- морална обврска
- следно, законска обврска
- просионален пристап
- безбедносни услови на местото
- брза проценка на бројот на повредени
- оценка на состојбата и видот на повредата
- лица кои можат да му помагаат
- заштита од можни заразни заболувања
- свесност за користење на заштитни средства
- мерење пулс
- проодност на дишни патишта
- види, слушни и почуствувај го дишењето
- давање приоритет за третман
- потреба од известување и повикување
- проверка од глава до пети
- комуницирање на англиски јазик
- положба на повредениот при КПР
- положба на спасувачот при КПР
- давање 2 вдишувања
- двање 12 вдишувања
- изведување КПР
- правење 30 компресии
- правење 5 циклуси за 2 минути
- препознавање гушење
- постапка при гушење
- стандардни средства
- прирачни средства
- препознавање артерско и венско крварење
- запирање на крварење
- запирање со притисок
- запирање со завој
- запирање со компресија
- запирање со подврзување
- препознавање на шокова состојба
- прва помош при шок
- пренесување повреден со 1 лице
- пренесување со 2 лица
- пренесување со носила
- транспортирање со санитетско возило
- избирање на придружник
- прва помош кај рани
- рани од огнострелно оружје
- каснување од животни
- каснување од змии
- рани со забоден нож
- прва помош од удар на електрицитет
- прва помош при повреди од бази и киселини
- прва помош на око
- изгореници
- попареници
- сончаница
- топлотен удар
- истинување
- бочна положба
- повреди на главата и органите
- опасност од повраќање
- труење со ЦО
- труење со храна
ЗАДАЧИ ЗА УЧЕЊЕ – Верзија за слушатели

ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ

Кога повредениот престанал да диши т.е. кога


нема природно дишење му се дава вештачко
дишење. По престанокот на дишењето за 4-5
минути престанува и работата на срецето, па кај
повредениот настанува клиничка смрт. Поради
тоа примената на вештачко дишење трба да биде
благовремено започната и уште од почетокот
правилно изведувана.
Причините за престанок на дишењето можат да бидат од централно потекло:
(повреди на мозокот кога престанува работата на центарот за дишење), прекин
на рбетниот мозок при повреди над четвртиот вратен пршлен; труење со
гасови, електрични повреди и др. Од механичко потекло: затнување на горните
дишни патишта со туѓи тела, повратени маси, крв, храна и загубен рефлекс за
голтање и кашлање кај бесвесна состојба.
Вештачкото дишење мора да се изведе кога жртвата има пулс но не диши.

Техника на вештачко дишење

Постапката за вештачко дишење е следната:


1. Провери дали има одговор од жртвата на поставено прашање
(свесност)
2. Побарај помош или некој од присутните да ти помогне во случај ако
нема одговор
3. Стави ја жртвата на неговиот грб на цврста рамна подлога со ниво на
срцето
4. Клекни до жртвата на половина растојание меѓу главата и градниот
кош
5. Отвори ги дишните патишта со методот накривена глава – подигната
брада
6. Погледни, слушни и почуствувај 10 секунди за да одлучиш дали
жртвта диши
7. Затворете го носот со прстите и ставете ги усните околу устата на
жртвата .Дај му две вдишувања ако жртвата не диши, после првото
вдишување погелдни дали градите се креваат и спуштаат за да се
осигураш дали влегува воздух во белите дробови, почекај да се
спуштат градите пред да го дадеш второто вдишување
8. Послед давањето на двете вдишувања повторно погледни, слушни и
почуствувај дали жртвата почнала сама да диши, во исто време кога
го проверуваш дишењето провери го и пулсот на каротидната
артерија на вратот на онаа страна која е најблиску до тебе во време од
10 секунди.
- Ако заклучиш дека жртвата не диши но има пулс продолжи со
вештачко дишење, давај проток на воздух секои 5 секунди по
приближно 1 минута. После 12 вдишувања повторно провери дали
жртвата почнала сама да диши и провери пулс да се осигураш дека
срцето не престанало со работа;
- Ако жртвта сама дише и има пулс престани со вештачко дишење но
остани додека не пристигне стручната помош и продолжи да ги
проверуваш дишните патишта, дишењето и циркулацијата;
- Ако жртвата се уште не диши а има пулс продолжи со вештачко
дишење;
- Ако жртвата и понатаму не дише и нема пулс започни со КПР;

Полицаецот техниките за постапка при спреченост на дишните патишата,


техниката на вештачко дишење и техниката на КПР, треба да ги знае да
ги применува како вештини.

You might also like