You are on page 1of 12

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ


ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

Прирачник за слушатели
Задача за учење:
3.2.5 Справување со казниви дела во врска со гранични проверки

1
3 Гранична контрола
Активност: 3.2 Гранични проверки
Задача за 3.2.5 Справување со казниви дела во врска со гранични проверки
учење:
Центар за
Дата: 14.09.2020 Изведување на задачата за учење- локација: обука
Верзија: 9 Реден број: 3.2.5
Компетенции

1. превзема превентивни мерки за обезбедување на државната


граница;

2. правилно да работи во согласност со правната регулатива

х 3 правилно да ја процени ситуацијата

4. ги користи сите материјално технички средства

5. укаже помош

х 6. добивање корисни информациии и посатпка со истите;

х 7. прибира и правилно анализира податоци;

8. ги познава особеностите на прекуграничниот криминал

9. применува опертивно тактички мерки и дејствија

10. пружа самопомош и прва помош

11 изготви целосен извештај за затекнатата состојба и превземените мерки


х и друга службена документација

12. препознава и спречува повреди на државната граница

13. се справува со активен отпор

14 постапува со различни категории на лица кои ја преминуваат државната


граница.

постапува законски по добиената задача и наредба

16. изврши правилна проценка на своите способности и да донесе одлука


х дали е способен да ја изврши задачата

х 17. работи тимски

18. се координира со други субјекти во системот

2
х 19. дејствува со почит кон секого

20. биде сервис на граѓаните

ф.одлуки и тактики на приод до местото за преземање мерки


21.биде флексибилен.
х
г.спречување на илегално преминување на државната граница
22..ги препознава и почитува културните разлики и етничките особености
х.препознавање и спречување
на пограничното население; на на гранични инциденти

х 23. користи англиски јазик

х 24. применува ефективни комуникациски вештини

х 25..биде свесен за своето однесување

х 26. прими и даде фидбек правилно

27. направи рефлексија и ако е потребно да ги корегира сопствените


х постапки;

х 28. го надоградува своето професионално знаење и вештини

Работен шаблон

а..примање на задачи

б. користење и читање на топографски карти и графички планови, на технички


средства и начини на комуникација;

ц. тактики на движење.;

х д;. пристигнување на местото за изведување на потребната задача;

е. .опсервација на областа
х

ф.одлуки и тактики на приод до местото за преземање мерки

г.спречување на илегално преминување на државната граница

х.препознавање и спречување на на гранични инциденти

3
Датум:
14.09.2020
Реден
Задача за учење: верзија за слушатели Број:3.2.5
Суштинска 3 Гранична контрола Верзија:
активност 3.2 Гранични проверки 9
Задача за Локација:
учење 3.2.5 Справување со казниви дела во врска со гранични проверки Центар за
обука
Потребно
време:
5+5 часа
Опис Зависно од содржина и локација:
Пример – Граничен премин за патен сообраќај.
Полицискиот службеник треба да изврши гранични проверки на
лица кои ја преминуваат државната граница со патни исправи од
различни земји и доколку е потребно да ги изврши и другите
гранични проверки и активности.
На излез од РМ се пријавени две лица при што основниот
полициски службеник треба да констатира дали се исполнети
условите за поминување на државна граница, кои документи се
потребни, нивната важност и да обрати внимание на евентуалните
оштетувања на документите.
Доколку лицата и возилото не ги исполнуваат условите за
поминување на државната драница, односно УПС по извршени
проверки во ИС констатира дека едно од лицата се бара за
извршување на казна затвор во РМ. УПС не треба да ги
верификуваат нивните патни исправи, лицата и возилото да не ја
поминат државната граница, а лицето што се бара да биде лишено
од слобода.
Очекувани На крајот од оваа ЗЗУ слушателот ќе:
резултати -знае да:
- да објасни работа во согласност со правната регулатива;
- ги диференцира различните видови на патни исправи (ПИ), и што
е визен режим;
- да ја објасни постапката за лишување од слобода и приведување
- да интерпретира рефлексија и по потреба да се корегира самиот и
утврди идентитет на лицето;
- да наведе врз кои државјани се вршат минимални и детални
гранични проверки;
- да го опише начинот на вршење на минималните и деталните
проверки;
-може да:
- да изведува утврдување на идентитет на лице;
- да демонстрира утврдување на валидност и важност на патната
исправа и други документи за патување;
- да диференцира различни видови на патни исправи (ПИ), и визи;
- да изведува приведување и лишување на лице од слобода
- да демонстрира вршење на проверки на втора линија
- да демонстрира сервис на граѓаните кои ја преминуваат државната
граница;

4
Законска -Закон за гранична контрола чл. 11, 12, 13, 14, 15 (Сл. Весник на РМ
рамка бр. 171/2010 и бр.41/14)
- Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и
граничен надзор (Сл.в. на РМ,бр.75/2012)
-Закон за патни исправи на државјаните на РМ(Сл.в.бр.67/92 со
измени бр.20/03, 46/04, 19/07, 84/08, 51/11 и 135/11) - чл.3-5,;
-Закон за странци (Сл.в.бр.35/2006 со дополнителни измени
бр.66/07, 117/08, 92/09, 156/10, 158/11, 84/12, 13/13, 147/13) чл.11;

5
ПРИРАЧНИК ЗА СЛУШАТЕЛИ

3.2.4 Справување со казниви дела во врска со гранични проверки

Очекувани резултати на крајот од оваа ЗЗУ слушателот ќе знае да објасни за казниви дела на
граничен премин, за задржување на лица и за Анализата на ризик во врска со гранични
проверки, а ќе може да препознава и открива казниви дела и да приведува/лишува од слобода
лица на граничен премин.

Знае :
- да објасни работа во согласност со правната регулатива;
- ги диференцира различните видови на патни исправи (ПИ), и што е визен режим;
- да ја објасни постапката за лишување од слобода и приведување
- да интерпретира рефлексија и по потреба да се корегира самиот и утврди идентитет на лицето;
- да наведе врз кои државјани се вршат минимални и детални гранични проверки;
- да го опише начинот на вршење на минималните и деталните проверки;

Може :
- да изведува утврдување на идентитет на лице;
- да демонстрира утврдување на валидност и важност на патната исправа и други документи за
патување;
- да диференцира различни видови на патни исправи (ПИ), и визи;
- да изведува приведување и лишување на лице од слобода
- да демонстрира вршење на проверки на втора линија
-да демонстрира сервис на граѓаните кои ја преминуваат државната граница;

Редослед:

Тематска единица 1 : Постапување со неисправни-неоригинални документи при гранични


проверки во патниот
Тематска единица 2 :Постапување со неисправни-неоригинални документи при гранични
проверки во воздушниот сообраќај и при други казниви дела во врска со Гранични проверки
Тематска единица 3: Анализа на ризик во Гранична контрола со осврт на Гранични проверки

6
Тематска единица 1 : Постапување со неисправни-неоригинални документи при гранични
проверки во патниот сообраќај
Место за изведување-училница, простор за симулации и сл.

1.1
Справување со неисправни (евентуално фалсификувани) документи во патниот сообраќај

1.1.1
Препознавање и постапување на основен полициски службеник при вршење на гранични
проверки во патниот сообраќај на лице за кое што има основи на сомневање дека употребува
неоригинални документи на граничен премин.
При вршењето контрола на сообраќајните и возачки документи полицискиот службеник кој
работи на граничен премин треба да препознае дали документите се валидни и оригинални.

Напатствие за постапување на полициски службеници при вршење на гранични проверки во


патниот сообраќај

Пример

Потребно е да извршите контрола-проверка на документи од патничко моторно возило кој го


управува лице кој на службата и е познат како препродавач на моторно возила и притоа потребно
е да се направат следните чекори :
1) При контролата на возачките и сообраќајни документи задолжително треба да се обрати
внимание на оригиналноста и валидноста на истите, очигледни оштетувања и преправања, како и
оргиналноста на печатите и штембилите.
2) Извршете проверка во оперативните евиденции за моторни возила.
3) Извршете споредување на сопственоста на возилото со лицето што го управува возилото,
бројот на регистарските таблички со истиот број на сообраќајната дозвола, бројот на шасијата со
бројот во сообраќајната дозвола и сл.
4) Сите овие податоци проверете ги и споредете ги во системот за евиденција на моторни возила
во компјутерскиот систем.
5) За време на вршењето на овие проверки следете го однесувањето на лицето што го управува
возилото.
6) Доколку утврдите одредени несогласувања со податоците, валидноста и оргиналноста на
контролираните и проверени документи, времено исклучете го од сообраќај возилото и задржете
го на соодветно место на граничниот премин.
7) Возачот задржете го на подрачејто на ГП (не во ПС), а за сомневањето усмено , а потоа и
писмено со соодветни поднесоци информирајте ги претпоставените за понатамошна постапка.

1.1.2
Понатамошно постапување при основано сомневање или откривање на неоригинални
документи во вршењето на гранични проверки во патниот сообраќај.

7
Напатствие за понатамошно постапување на полициски службеници при основано сомневање
или откривање на неоргинални документи.

Пример
Доколку како во претходниот пример е констатирано основано сомневање дека лице користи
фалсификувани или други неисправни сообраќајни документи потребно е да се направат
следните чекори :

Понатамошно постапување во поглед на прекршителот (криминалецот):


1) Задржете го осомничениот на подрачје на граничен премин
2) Доколку престапникот е со автомобил, обидете со по пат на изговор да го натерате да го
напушти возилото (пр., да го отвори багажникот)
3) Побарајте го клучот од автомобилот
4) Заклучете го возилото и доколку има други патници, нив нека ги обезбедува некој ваш колега
5) Известете го прекршителот за што е осомничен, како и за средствата за присилба во случај на
отпор
6) Направете преглед и претрес на возилото (треба да биде присутен прекршителот или негов
претставник).
7) Правилно лишете го од слобода осомничениот
8) Спроведете разговор.

Понатамошно постапување во поглед на другите патници:


1) Одделете ги меѓу себе и од прекршителот
2) Прашувајте ги за прекршителот (пр., во кое сродство се)
3) Обидете се да најдете информации со кои се потврдува или негира исказот на прекршителот)

Понатамошно постапување во поглед на возилото/превозот:


1) Проверете ја документацијата за возилото
2) Споредете ги податоците за возилото со самото возило
3) Направете преглед и претрес на возилото или пак седиштето каде седел осомничениот
4) Фокусирајте се на докази со кои се потврдува или негира исказот на прекршителот

Тематска единица 2 : Постапување со неисправни-неоригинални документи при гранични


проверки во воздушниот сообраќај и при други казниви дела во врска со Гранични проверки
Место за изведување-училница, простор за симулации и сл.

1.2
Справување со неисправни (евентуално фалсификувани) документи во воздушниот сообраќај
1.2.1
Препознавање и постапување на основен полициски службеник при вршење на гранични
проверки во воздушниот сообраќај на лице за кое што има основи на сомневање дека
употребува неоригинални документи на граничен премин.
При вршењето контрола на документи полицискиот службеник кој работи на граничен премин
треба да препознае дали документите се валидни и оригинални.

8
Напатствие за понатамошно постапување на полициски службеници во однос на лицето при
основано сомневање или откривање на неоргинални документи

Постапувањето на основен полициски службеник при вршење на гранични проверки во воздушен


сообраќај на лице за кое што има основи на сомневање дека употребува неоригинални
документи е идентично со постапувањето на граничен премин за патен сообраќај. 1

1.2.2
Понатамошно постапување во однос на лицето и предметите при основано сомневање или
откривање на неоригинални документи во вршењето на гранични проверки во воздушниот
сообраќај сообраќај.

Напатствие за понатамошно постапување на полициски службеници во однос на лицето и


предметите при основано сомневање или откривање на неоригинални документи.

Пример
Доколку како во претходниот пример е констатирано основано сомневање дека лице користи
фалсификувани или други неисправни документи постапката на основен полициски службеник
при откривање на неоригинални документи во вршењето на гранични проверки е слична со
постапката во патниот сообраќај, со тоа што полицискиот службеник треба да обрне внимание и
на следното2:
- Дали на тој лет или блиските летови има лица кои што на некој начин се поврзани со
откриеното. лице
- Дали на истиот лет има други лица кои што имаат патни документи со блиски сериски броеви
или други индикатори на поврзаност.

1
Како и да е полицискиот службеник треба да ги преземе следните активности:
Потребно е да извршите проверка на документи.
-При проверката на документите задолжително треба да се обрати внимание на оригиналноста и валидноста на
истите, очигледни оштетувања и преправања, како и оргиналноста на печатите и штембилите.
-Извршете проверка во оперативните и електронските евиденции во компјутерскиот систем за потраги и забрани.
-За време на вршењето на овие проверки следете го однесувањето на лицето.
-Доколку утврдите одредени несогласувања со податоците, валидноста и оргиналноста на контролираните и
проверени документи, се вршат детални проверки.

Многу често, истовремено со таквото прекршување на законот (фалсификување исправи) се случуваат и други
прекршоци и кривични дела (на пример, трговија со луѓе, нелегален влез или излез итн...)
2
Секој припадник на граничната полиција треба да биде запознаен (обучен) во врска со постапката по откривањето
на фалсификувани документи на граничен премин.
По препознавањето на лице кое користи фалсификувани или други неисправни сообраќајни документи
потребно е да се направат следните чекори :

Во поглед на прекршителот (криминалецот):


▪ Задржете го осомничениот
▪ Известете го прекршителот за што е осомничен, како и за средствата за присилба во случај на отпор.
▪ Се врши преглед и претрес на лицето.
▪ Правилно лишете го од слобода осомничениот
▪ Спроведете разговор пред лишувањето од слобода.

9
Напомена:
За лишувањето од слобода во ПС за гранични проверки се изготвува службена белешка за
лишување од слобода и се известува јавниот обвинител, но не се изготвуваат документи за
задржување на лице.

За други казниви дела забележани при вршење на гранични проверки соодветно се применуваат
напатствијата од оваа теметска единица и одредбите за приведување, задржување и лишување од
слобода од ЗКП.
Прекршочните одредби и прекршочните санкции во врска со преминување на државната
граница соодветно се третирани во ЗЗУ 3.1.1 Национално и меѓународно законодаство за
граничен надзор

Тематска единица 3: Анализа на ризик во Гранична контрола со осврт на Гранични проверки

Место за изведување - училница,

Анализа на ризик
Анализата на ризик иако по форма е релативно нова категорија во граничното работење на
македонската полиција и воглавно се смета за проблематика која што е дел од посложените
видови на обука, сепак истата е значајно интегрирана во нашиот систем на обука и веќе е
застапена и во основната обука на информативно ниво.
Како таква анализата на ризик начелно веќе е обработена во суштинската активност за граничен
надзор(СА 3.1), а во оваа ЗЗУ-Гранични проверки накусо се осврнуваме на значењето на ризик
за граничното управување и на видовите и степените за обработка на анализа на ризик, но како
што веќе напоменавме на информативно ниво.

Видови на анализа на ризик


Постојат три нивоа на гранично управување (тактичко, оперативно и стратешко) и
следователно на тоа анализа на ризик се врши на три нивоа и тоа се :
1. Тактичка анализа на ризик (на локално ниво) е користење на релевантните информации
за претставување на одредена ситуација во реално време. Инфомации кои се однесуваат на
ризик индикаторите, профилите на ризик и типичен начин на справување со прекуграничен
криминал треба систематски да се препраќаат до локално надлежните.
2. Оперативна анализа на ризик (на регионално ниво) е аналитичка (квантитативно и
квалитативно) метода на отценување на оперативната средина, предметите и резултатите од
активностите преземени во одредена работа со цел да се добие точен приказ на
безбедносната сосотојба, со цел оптимално да се искористат расположливите ресурси.
3. Стратешка анализа на ризик (на државно ниво) е комбинација од стратешка проценка на
ранливоста и оперативна анализа на ризик која што се користи на највисоко ниво на
управување за дасе развијат мерки, промени во modus operandi и дури и во легислативата.
Стратешката анализа на ризик ги анализира клучните информации. Можните промени и
цели на политиката се издвојуваат.

10
Сите три типови на анализа на ризик се еднакво важни во системот на гранично управување.
Добро изведена анализа на ризик поврзува одрдени настани и случаи и овозможува навремена
реакција од страна на полицискиот службеник за секој посебен случај кој се открива на
границата. Исто така е важно да се информираат и другите структури инволвирани во
интегрираното гранично управување (ИГУ) за ризик индикаторите.

Анализа на ризик и соработка


Командирот на ПС е одговорен за подбрување на
- Внатреагенциската соработка (со крим полиција, полицијата со општа надлежност, итн.)
- Меѓуагенциската соработка (со царината, ветеринарната инспекција, фитосанитарната
инспекција и други соодветни/релавантни агенции)

Тактичка анализа на ризик

Опис и цели:
Со користењето на различни процедури на контрола базирани на анализа на ризик,
наместо комплетни проверки, граничната и другите служби се способни за борба против
нелегалните активности, а во исто време да се задржува ефективната гранична конрола заедно
со внатрешната безбедност.

Што е тактичка анализа на ризик?

Тактичката анализа на ризик е позната и како проценка на ситуацијата за граничниот


надзор и профилирањето на патниците на граничните премини. Таа треба да се користи
од секоја гранична патрола и пасочка контрола и е тесно поврзана со тактичките или оперативни
теренски активности.
Во основа, ова значи дека граничната полиција прави проценки согласно околината и целите за
акција, во исто време обидувајќи се да ги идентификува карактеристичните обележја кои
припаѓаат на постоечките индикатори на ризик. Заедно со тоа, се обидуваат да откријат
аномалии, пред да донесат конечни одлуки, да извршат подетални претраги, испрашувања или
други активности. Ова се случува при проценката на тактичката ситуација.
Тактичката анализа на ризик овозможува флексибилно и непречено движење на луѓе, возила и
товари кои не се закана за внатрешната или граничната безбедност. Детална контрола се врши
само на сомнители или осомничени лица, возила, товари. Тактичката аннализа на ризик се прави
на локално ниво – гранична полициска станица. Секој полицаец ја користи во секојдневните
активности, на премин, на зелена или сина граница.

Позиција на тактичката анализа на ризик моделот на анализа на ризик

Тактичката анализа на ризик е најниското ниво на моделот на анализа на ризик – МАР


(risk analysis model – RAM).
Стратешко разузнавање Стратешка анализа на Стратешко планирање
ризик и насоки
Оперативно разузнавање Оперативна анализа на Оперативно планирање
ризик и насоки

Тактичко разузнавање Тактичка анализа на ризик Тактичко планирање,


насоки, решенија
Тактичката анализа на ризик ги добива неопходните алатки од другите елементина
моделот на анализа на ризик. Ефективната употреба на тактичката анализа на ризик бара

11
одредени професионални вештини од граничниот полицаец, кои се поткрепени со
двонасочниот систем за размена на информации од оперативната анализа на ризик,
тактичкото криминалистичко разузнавање и тактичките мерки и решенија за гранична
контрола. Без овие блиски врски и двонасочниот проток на информации, граничните полицајци
нема да се ефикасни, и нема да ги постигнат зададените цели на поскауваниот начин.

Тактичко криминалистичко разузнавање како поддршка на анализата на ризик


Тактичкото криминалистичко разузнавање претставува камен темелник на сите
активности за превенција на криминалот. Се собираат, анализираат, ревидираат и доставуваат
информации во врска со реално постоечки цели. Тоа ги поддржува сите гранични полицајци со
посочувањето на најбитните цели во реални тактички ситуации, а исто така со него се собираат
докази за употреба во кривични истраги.

Соработка
Неопходное да се одржува блиска соработка со другите служби и партнери на локално
ниво. Ова ја вклучува царината, различните полициски служби, локалните претпријатија
итн. Вака е можно да се приберат сите делови на една важна информација.
Контактот помеѓу командирот на станица и разузнавачите мора да го следи принципт на
еднаква поделба на разузнавањето и менаџирањето. Треба да се определат лица за контакт и
истите да се познават меѓу себе. Нивоата и линиите на контакт треба да се јасни и да не
се преклопуваат. Добро е да се има договор за итни случаи, каде информациите мора да
се пренесуваат бргу без доцнење и без користење на вообичаените контактни точки.
Во принцип, поделбата на две може да се користи.
• Итните пораки за неидентификувани цели треба да се пренесуваат над официјалните
линии. Оваа низ-авторитетна размена на пораки е вредна во случаи кога се случува сериозен
криминал и целта се обидува да избега од државата. Полицискиот центар за информации или
дури првата полициска патрола кја пристигне треба да испрати итен извешатај со основна
идентификација на сите гранични премини во најкус рок.
• Дневните информации од понизок приоритет треба да се пренесуваат на разузнавачите
најпрво, а потоа откако се анализираат и прегледаат треба да се достават до крајните корисници.
Контактите со другите служби мора да се задолжителни, со оглед дека и нивни
задолженија се имиграциските и прашањата поврзани со борбата против криминалот.
Мрежите за соработка треба да се прошират и во странство, кај соодветните вакви служби, при
што не треба да се забораат ниту амбасадите, кои се важен извор на информации. Во самата
организација треба да се запази таканаречената вертикална линија, посевбно за разузнавачите и
оние кои се задолжени за превенција на криминалот. Мора да се одржуваат редовни периодични
состаноци и други контакти заради размена на информации.

12

You might also like