You are on page 1of 2

МОДЕЛ НА АКУЗАТОРЕН СИСТЕМ НА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ВО ШПАНИЈА

*Етапи кои ја соджат кривичната постапка и страни кои учествуваат

1.Етапа на резиме или изјава - Тоа е првата фаза на кривичната пстапка која вообичаено се
изведува кај потешките кривични дела,се превземаат сите мерки за докажување на
фактите,изнаоѓање на можните сторители како и утврдување на нивната одговорност.Оваа етапа
не служи само да,како што вели законот,за подготвување на усната расправа на која ќе се
евалуираат доказите и ќе се обвини една особа за стореното/ните дело/ла,туку и доколку,се
разбира доказите водат кон тоа,да не се поведе постапка.Оваа фала е во рацете на еден
судија,наречен Шпански судија инструктор.

2.Интермедијарна етапа (фаза) – Цели: Се гледа дали истрагата е добро затворена или има уште
нешто важно да се испита.

Доколку се покаже дека постојат активности кои претставуваат кривично дело и доколку имаме на
кој да го припишеме тоа,се оди кон Обвинување (казнување на обвинетиот) а доколку не се оди
кон Разрешување (ослободување или привремено ослободување).

3.Етапа на усна расправа – Сумира серија на процесни активности.Оваа е фазата во која за прв пат
се мешаат процесната намера за обвинување и отпорноста кон истата,сето ова како привремени и
дефинитивни активности, низ постапката на докажување.Во оваа фаза важно место завзема
постапката на докажување во која судот донесува ослободителна или обвинителна пресуда.Исто
така,тука постои и една слободна диспозиција кај обвинетиот во процедурата,кој во два различни
моменти може да ја искористи можноста да се казни со предложена казна од стрната на
бранителот или иницирана од судијата кој ја води усната расправа,сето ова под строги и
конкретни услови и со цел да се исполнат целите кои ги предвидува законот.

Доказите се изведуваат пред надлежниот орган (изјавата на обвинетиорт,сведоците,вештаците и


сл.).Усна,јавна,насочена,непосредна и контрадикторна расправа,каде се нудат заклучоци и
информации од преземените активности,потоа,после последниот збор на обвинетиот,се предлага
казната.

*МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ КОИ МОЖАТ ДА СЕ ПРИМЕНАТ ПРЕД,ВО,НАДВОР И ПОСЛЕ


ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Првата категорија на мерки на претпазливост се мерки на безбедност на сторителот.Личните


мерки на претпазливост се поврзани со постапката на апсење,затвот и ослободување.Но со цел да
се осигура одговорноста,постојат и парични мерки кои произлегуваат од стореното дело,кое по се
изгледа е кривично,кои се сметаат за корисни и реални мерки поврзани со објектот на
дејствието.Мерики од граѓанското право кои можат да се применат во кривичната постапка се
кауцијата,залогот и заплена на стоки и предмети.

Има две етапи кај реалните мерки на претпазливост


● Мерки на претпазливост наменети за обезбедување на паричните побарувања

● Мерки на претпазливост поврзани со обезбедување на кривичната одговорност.

Карактеристики на мерките на претпазливост во кривичната постапка се:

-тие се привремени

-служат како инструмент да се постигне некоја цел

-додатни мерки

Овие мерки,сепак,формираат една автономна целина која пред се има за цел да се спречи
притворот,затоа што на тој начин најдобро одговараат на целите на правдата и можеме да ги
гледаме како автономни.

*ОБЈАСНУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ

Обвинителството во Шпанија,без разлика на функциите што ги имаат другите органи,има мисија


да ја промовира правдата и да го брани законот во криичната пстапка,правата на граѓаните и
јавниот интерес,правата на заинтересираните страни во постапката како,како и да се зазема за
независноста на судството и да бара пред сите задоволување на социјалните интереси.

Обвинителството ги отварува своите функции и задачи преку сопствени органи,почитувајќи го


принципот на еднинство на постапката (единствена е за целата земја) и хиерархиска зависност
(обвинителите примаат наредби од нивните претпоставени во хиерархијата), и се разбира,со
потчинување на легислативата (Уставот на Шпанија и законите) и непристрасно (работејќи со
потполна објективност).

Обвинителството во Шпанија е составено од

А) Главен обвинител на целата држава,именуван од кралот,на предлог на владата

Б) Функционери,припадници на Здружението на обвинители,кои формираат едно работно тело и


една хиерархија и субординација во која влегува и главниот обвинител на државата.

You might also like