You are on page 1of 14

МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ – СТРУГА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

Насока: Криминалистика

СЕМИНАРСКА ПО ПРЕДМЕТОТ:

Кривично право

ТЕМА:

Алтернативни казни

Ментор: Кандидати:

Доц. д-р Емин Хусеини Александар Симјаноски

Доц. д-р Дритон Харуни Енес Исмаили

Струга, декември 2023


СОДРЖИНА

ВОВЕД ...................................................................................................................................... 3

1. ЗАЧЕЊЕ И ЦЕЛ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ....................................................... 4

2. ВИДОВИ НА АЛТЕРНАТИВНИ МЕРКИ ........................................................................ 4

2.1 Условна осуда ................................................................................................................. 5

2.2 Условна осуда со заштитен надзор............................................................................... 7

2.3 Општокорисна работа .................................................................................................... 7

2.4 Судска опомена .............................................................................................................. 9

2.5 Куќен затвор ................................................................................................................. 10

3. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ....................... 11

ЗАКЛУЧОК ............................................................................................................................ 13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА............................................................................................... 14

2
ВОВЕД

Во современото кривично правосудство, концептот на алтернативни мерки


добива значаен простор и внимание. Овие мерки претставуваат алтернатива на
традиционалните методи на казнување, со цел да создадат поедноставен и ефикасен
систем за справување со престапите.

Кривичното правосудство, како дел од правниот систем во многу земји,


претставува еден од клучните механизми за регулирање и одржување на редот и
дисциплината во една држава. Сепак, со текот на времето се појавува потребата за
размислување околу алтернативни начини за справување со престапите, со фокус на
воспоставување на подобри заедници.

Во последните децении, концептот на алтернативни мерки во кривичното


правосудство добива значаен статус и допринесува во дебатата за ефикасноста и
социјалната одговорност на правосудните системи. Овие мерки, во сличност или
контраст со традиционалните методи на казнување, претставуваат нов пристап во
обработката на престапите, со фокус на промена на постапките, наместо едноставно
казнување.

Во овој есеј ќе се истражи значењето, предностите и предизвиците на


алтернативните мерки во контекстот на кривичното правосудство, разгледувајќи ги
предностите што ги носат во областите на рехабилитација, ефикасност и економска
одржливост, како и предизвиците што може да се појават во нивната имплементација и
примена.

3
1. ЗАЧЕЊЕ И ЦЕЛ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ

Во кривичниот законик на Република С.Македонија се предвидуваат


алтернативни мерки кои со нивната примена за полесни дела, се избегнува примената на
казна во случаите кога таа не е нужна, а истовремено се остварува целта на казнувањето.
Целта на алтернативните мерки е спрема кривично одговорниот сторител да не се
примени казна за полесни дела, кога тоа не е нужно заради кривично-правна заштита и
кога може да се очекува дека целта на казнувањето може да се оствари со
предупредување со закана на казна (условна осуда), само предупредување (судска
опомена) или со мерки на помош и надзор на однесувањето на сторителот на слобода.1

За разлика од казната, која е ретрибутивно-превентивна санкција, алтернативните


мерки се превентивни санкции, кај кои ретрибутивниот елемент е потиснат и ставен во
функција на закана со казна што го засилува нивното превентивно дејство.

Алтернативни мерки се
еден од видовите на кривични
санкции. Алтернативните мерки
вклучуваат различни начини на
реагирање кон престапи и
прекршување на законите, што не
го вклучуваат традиционалниот
модел на казнување преку затвор.
Тие обично се дизајнирани за да
промовираат воспоставување на
односите во заедницата,
рехабилитација на престапниците
и превенција на повторните
престапи и прекршоци.

Слика 1: Резултати од анализа за алтернативните мерки

Извор: merc.org.mk

1 pravdiko.mk/izrekuvane-uslovna-osuda-kako-alternativna-merka/ 05/11/2014

4
2.ВИДОВИ НА АЛТЕРНАТИВНИ МЕРКИ

Видови на алтернтивни мерки се:

1. условна осуда;
2. условна осуда со заштитен надзор;
3. општокорисна работа;
4. судска опомена и
5. куќен затвор.

2.1 Условна осуда

Целта на условната казна како алтернативна мерка е одлагање на изрекувањето


или на извршувањето на казната, кое зависи од идното однесување на сторителот, кој
доколку во одреден временски период не изврши ново кривично дело, казната нема да
биде изречена или извршена. Со условна осуда на сторителот на кривично дело судот
му ја утврдува казната и истовремено определува дека таа нема да се изврши ако
осудениот за времето што ќе го определил судот, а кое не може да биде пократко од една
ниту подолго од пет години (време за проверување) не стори ново кривично дело.(Член
49, Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96))2

Судот може во условната осуда да определи дека казната ќе се изврши и ако


осудениот во определениот рок не ја врати имотната корист прибавена со извршувањето
на кривичното дело, не ја надомести штетата што ја предизвикал со кривичното дело
или не ги исполни другите обврски предвидени во кривично-правните одредби. Рокот за
исполнување на тие обврски го утврдува судот во рамките на определеното време за
проверување. Мерките на безбедност, изречени со условната осуда, се извршуваат.

➢ Услови за изрекувње условна осуда

Условна осуда може да се изрече кога на сторителот му е утврдена казна затвор


во траење до две години или парична казна. Условната осуда може да се изрече и кога

2 Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96)

5
е утврдена казна затвор во траење до две години или парична казна со примена на
одредбите за ублажување на казната.

При одлучувањето дали ќе изрече условна осуда, водејќи сметка за целта на


условната осуда, судот посебно ќе ги земе предвид личноста на сторителот, неговиот
поранешен живот, неговото однесување по извршеното кривично дело, степенот на
кривичната одговорност и другите околности под кои е сторено делото. Ако на
сторителот му е утврдена и казна затвор и парична казна, условна осуда може да се
изрече за обете казни или само за казната затвор. (Член 50, Кривичниот законик
(„Службен весник на Република Македонија“ број 37/96))3

➢ Отповикување на условната осуда

Условната осуда може да се отповика на три начина: (Член 51-53 Кривичниот законик
(„Службен весник на Република Македонија“ број 37/96))

• Поради ново кривично дело


Судот ќе ја отповика условната осуда ако осудениот во времето на проверување
стори едно или повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор од две години
или во подолго траење. Ако не ја отповика условната осуда, судот може за новото
сторено кривично дело да изрече нова условна осуда или казна.
• Поради порано сторено кривично дело
Судот ќе ја отповика условната осуда ако по нејзиното изрекување утврди дека
осудениот извршил кривично дело пред да биде условно осуден и ако оцени дека
не би имало основа за изрекување на условна осуда да се знаело за тоа дело.
• Поради неисполнување на определени обврски
Ако со условната осуда на осудениот му е определено исполнување на некоја од
обврските, а тој не ја исполни таа обврска во рокот определен во пресудата, судот
може, во рамките на времето за проверување, да го продолжи рокот за
исполнување на обврската или може да ја отповика условната осуда и да ја изрече
казната што е утврдена во условната осуда. Ако утврди дека осудениот од
оправдани причини не може да ја исполни поставената обврска, судот ќе го
ослободи од исполнување на таа обврска или ќе ја замени со друга соодветна
обврска предвидена со закон.

3 Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96)

6
➢ Рокови за отповикување на условната осуда

Условната осуда може да се отповика во периодот на проверка. Ако осудениот во


тоа време изврши нов престап што предизвикува отповикување на условната осуда, и
тоа се утврди со судска одлука дури и по истекот на времето за проверување, тогаш
условната осуда може да се отповика, а последниот рок за тоа е една година од денот на
завршувањето на периодот за проверување. Ако осудениот во овој определен рок не ги
исполни своите задолжителства, судот има право во истата година по истекот на времето
за проверување, да нареди извршување на наметнатата казна во условната осуда. (Член
54 Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96))

2.2 Условна осуда со заштитен надзор

Судот ќе нареди заштитен надзор кога ќе утврди дека условната осуда сама по
себе не е доволна за влијание врз сторителот, за да го спречи да изврши повеќе кривични
дела. Ако околностите, поврзани со личноста на престапникот или со средината во која
живее, го оправдуваат очекувањето дека целта на условната осуда ќе се постигне, судот
може да определува различни мерки на помош, грижа, надзор или заштита. Траењето на
заштитниот надзор се одредува од страна на судот и има определен временски рамки во
текот на периодот за проверка. (Член 55 Кривичниот законик („Службен весник на
Република Македонија“ број 37/96))4

При изрекувањето на заштитниот надзор, судот може да наложи една или повеќе
од следниве обврски на осудениот: оспособување, обука и преквалификување за
задржување на работното место или за создавање на услови за вработување, прифаќање
на вработување соодветно на способностите и интересите на осудениот, учество во
програми за работа со осуденици за кривични дела поврзани со семејно насилство,
извршување на обврските за издржување на семејството, подигање на децата и други
семејни обврски, увид и совети за распоредување и трошење на платата и други приходи
и други обврски. (Член 56 Кривичниот законик („Службен весник на Република
Македонија“ број 37/96))

При изборот на видот на обврската, судот ќе земе предвид личноста на


сторителот, неговата здравствена состојба и психичките својства, возраста,
материјалните и семејните услови, околностите под кои го сторил делото, поведението

4 Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96)

7
на сторителот по извршувањето на делото и други околности. Судот треба да внимава
да не се наруши човечкото достоинство и да не се предизвикаат непотребни тешкотии
во превоспитувањето на осудениот.

За времето на условното одлагање на извршувањето на наметнатата казна, судот


може, на предлог на социјалниот орган или на осуденото лице, да ја замени дадената
обврска со друга или да ја отстрани.

2.3 Општокорисна работа

Условите за изрекување на мерката за општокорисна работа, како и начинот на


нејзино извршување, се регулираат со одредбите на Член 58-6 во Кривичниот законик.
(Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96))

Изрекување на мерка на општокорисна работa се изрекува за кривични дела за


кои е предвидена парична казна или казна затвор до три години, судот може со
согласност на сторителот да изрече мерка на општокорисна работа на слобода, особено
ако делото е извршено под олеснувачки околности и ако сторителот не е бил претходно
осудуван.

Мерката на општокорисна работа има временско ограничување од 40 до 240 часа.


Осудениот треба да ја изврши без надоместок во државен орган, јавно претпријатие,
јавна установа или хуманитарна организација. Извршувањето на мерката може да се
случи за време на државни празници, саботи и недели, но не помалку од пет часа неделно
и во период од најмногу
12 месеци. Во случај на
здравствени или лични и
семејни причини, судот
има право да ја продолжи
извршувањето на мерката
за најмногу уште шест
месеци.

Слика 2: Резултати од анализа за алтернативните мерки

Извор: merc.org.mk

8
➢ Замена на казната со општокорисна работа

Ако судот изрече парична казна до 90 дневни глоби или 1.800 евра во денарска
противвредност, или казна затвор до три месеца, осудениот може да побара замена на
казната со општокорисна работа. Во тој случај, еден ден затвор, една дневна глоба или
20 евра се заменуваат со три часа општокорисна работа. Максималниот број на часови
не може да премине 240 часа. При одлучувањето за замена на казната, судот ќе разгледа
тежината на делото, степенот на кривичната одговорност и други фактори.

2.4 Судска опомена

Услови за изрекување на судска опомена се определуваат според одредбите во


Член 59 од кривичниот законик.( Кривичниот законик („Службен весник на Република
Македонија“ број 37/96))

Судската опомена може да се изрече за кривични дела за кои е предвиден затвор


до една година или парична казна, ако се сторени под такви олеснувачки околности што
ги прават особено лесни. Оваа мерка е особено наменета за дела кои, поради нивната
природа или обстојби можат да се сметаат за лесни.

Во случај на одредени кривични дела и под определени услови, предвидени со


закон, судската опомена може да се изрече и за дела за кои е предвиден затвор до три
години. Ова се случува во ситуации кога природата на делото или конкретните состојби
даваат основание за таква мерка.

Судот може да изрече судска опомена за повеќе кривични дела сторени во стек5,
под услови што за секое од тие дела постојат услови како што се наведени во
претходните ставови.

При донесувањето на одлуката дали ќе изрече судска опомена, судот се усмерува


од целта на самата опомена. Водејќи сметка за целта, судот ќе анализира личноста на
сторителот, неговиот поранешен живот, неговото однесување по извршувањето на
кривичното дело, степенот на кривичната одговорност и други околности под кои било

5Стек на кривични дела - Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе кривични дела за
кои истовремено му се суди, судот претходно ќе ги утврди казните за секое од тие дела, па за сите дела ќе изрече
единствена казна.

9
делото било сторено. Овие фактори играат кључна улога во процесот на одлучување на
судот дали да изрече судска опомена или не.

2.5 Куќен затвор

Условите за изрекување на куќен затвор, како што се наведени во Член 59-а од


кривичниот законик, обезбедуваат алтернативна мерка за сторителите на кривични дела
кои се соочени со одредени лични и здравствени предизвици.

Kуќен затвор се извекува во одредени случаи:

1. Старост, изнемоштеност, тешка болест или бременост:

Кога сторителот на кривичното дело за кое е предвидена парична казна или казна
затвор до една година е во напредната возраст, изнемоштен, тешко болен или бремена
жена, судот има право да изрече казна затвор и истовремено да одлучи, со согласност на
сторителот, казната да се издржува во куќен затвор.

2. Замена на казната затвор со куќен затвор:

Судот има право да ја замени казната затвор со куќен затвор ако постојат
современи електронски или телекомуникациски средства кои овозможуваат контрола на
извршувањето на куќниот затвор. Ова вклучува забрана за напуштање на домот од
страна на осудениот, кој треба да се придржува кон овие услови.

3. Надзор од страна на судот и полицијата:

Судот е одговорен за надзорот над извршувањето на куќниот затвор и може да


одреди мерки за надзор, вклучувајќи ја полицијата за редовно известување и контрола
на условите во местото на престој на осудениот.

4. Последици на прекршок:

Во случај на прекршок, како што е напуштање на домот, судот има право да


одреди замена на казната затвор да се изврши во целост во установа за извршување на
казната затвор.

10
Овие услови создаваат рамка за примена на куќниот затвор како алтернативна
мерка, со акцент на личните состојби и здравствени предизвици на сторителите на
кривични дела.

Слика 3: Резултати од анализа за алтернативните мерки

Извор: merc.org.mk

3.ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ

➢ Предности

Споредено со лишувањето од слобода, предностите на алтернативните стратегии и


мерки во претходната фаза на судскиот постапка вклучуваат:

• Почитување на основните права на човекот и правото на претпоставка на


невиност;
• Избегнување на непотребната употреба на затвор;
• Намалување на преполнетоста во затворите;
• Намалување на трошоците за правдата;
• Почитување на пристапот до соодветни и прилагодени интервенции;
• Намалување на ризикот од стигматизација, социјална изолација и исклучување
од семејството, пријателите и заедниците како последица од претходното
задржување;

11
• Заштита на лицата, семејствата и заедниците од исцрпувачките последици на
затворот (Stefani et al., 2014; Inter-American Commission on Human Rights, 2017b)

Сепак, алтернативните мерки пред осудата биле критикувани поради слабо


вреднување, ширењето на социјалната контрола над наводните сторителите,
проширувањето на мрежата на кривичниот правосуден систем и поради дополнителните
административни и финансиски трошоци за набљудување. (Gottheil, 1979)6

➢ Недостатоци

• Обезбедување на Справедливост: Некои критикуваат дека алтернативните


мерки можат да бидат недоволно строги и дека не задоволуваат потребите за
справедливост во одредени случаи.
• Нерамнотежа во Примената: Постои ризик од нерамнотежата во примената на
алтернативните мерки, каде одредени заедници или групи може да имаат повеќе
шанси за пристап до нив, додека други се оставени незаштитени.
• Сопротивост на Заедницата: Во некои случаи, заедниците може да бидат
резервирани спрема алтернативните мерки, сметајќи ги за премеки кон
престапниците.

6 unodc.org - The pros and cons of alternative strategies at the pretrial stage

12
ЗАКЛУЧОК

Во заклучок, прегледот на алтернативните мерки во кривичното правосудство


открива голем број на предности и предизвици кои треба да се земат во предвид при
формулирањето и спроведувањето на овие мерки. Јасно е дека алтернативните мерки
можат да имаат значителен позитивен ефект врз системот на казнување и на лицата кои
ги засегаат изрекувањето на алтернативните мерки.

Предностите на алтернативните мерки се гледаат во нивната способност да


предложат индивидуализиран и рехабилитативен пристап кон сторителите на кривични
дела. Тие нудат можност за избегнување на долготрајни затворски казни и поставуваат
фокус на ресоцијализација, образование и воведување во заедницата. Освен тоа,
алтернативните мерки можат да бидат поефикасни во намалувањето на прекршоците и
создавањето подобар и одговорен граѓанин.

Сепак, со сите свои предности, алтернативните мерки се соочуваат и со сериозни


предизвици. Еден од нив е потребата за прецизно формулирање на критериумите за
избор на лица кои се погодни за овие мерки, како и потребата за ефикасен надзор во
текот на извршувањето. Постојат и предизвици во обезбедувањето на ред и безбедност
во заедницата, особено кога се зема предвид замената на затворските казни.

Основниот заклучок е дека алтернативните мерки имаат потенцијал да бидат


значителен дел од модерниот систем на кривично правосудство, особено ако се
применуваат со внимание кон деталите и во согласност со законските и етичките
стандарди. Секако, нивната ефикасност и легитимност зависат од примената на
најдобрите практики и постојаната рефлекција врз нивната имплементација во сите
аспекти на правосудството.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. pravdiko.mk (05.11.2014)

2. Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96). Закон


за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република
Македонија" бр. 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7 /08 , 139/08 , 114/09
година, 51/11, 135/11, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013.

3. unodc.org - The pros and cons of alternative strategies at the pretrial stage

4. merc.org.mk – Систем на алтернативни мерки (2014)

14

You might also like