You are on page 1of 1

Дијалог

Анкетарот: Добар ден господине!

Анкетираниот: Добар ден!

Анкетарот: Дали ќе издвоите малку време за оваа наша анкета?

Анкетираниот: Се разбира дека да, која е темата?

Анкетарот: Темата е, како пушењето влијае врз човековото здравје и околина. Па


да почнеме. Првото прашање е дали сте пушач?

Анкетираниот: Не, никогаш немам пробано цигара или слично во мојот живот.
Напротив јас сум активен спортист.

Анкетарот: Одлично. Бидејќи вие не сте пушач ќе прескокнеме неколку прашања.


Следното гласи. Дали некогаш некој од вашиот круг на пријатели или семејство
пушел, а вие сте биле во таа просторија.

Анкетираниот: Да, сум бил.

Анкетарот: Во ред, но дали сте знаеле дека вие сте пасивен пушач? Сега ќе ви
објаснам по опширно. Без разлика на тоа дали вие сте пушач или непушач,
доколку седите во просторија каде што се пуши, чадот од цигарите кој вие го
вдишувате е за неколку пати по штетен од обичната цигара.

Анкетираниот: Навистина? Што треба да превземам за да не се влоши моето


здравје?

Анкетарот: Значи вака, цигарата е составена од никотин кој предизвикува


зависност, катран кој предизвикува рак на белите дробови и други видови на
канцер, додека пак јаглеродниот моноксид го намалува капацитетот за врзување
кислород на крвта. Се надевам дека ова ќе го пренесете на вашите пријатели.
Догледање!

Анкетираниот: Ви благодарам за советите. Догледање!

You might also like