You are on page 1of 5

Ризик фактор е состојба што е поврзана со зголемување на веројатноста за појава

на болеста. На пример, Пушењето е ризик фактор за рак на белите дробови, а


пушач има многу пати поголема веројатност од непушач да развие рак на белите
дробови во неговиот живот.

Постојат докази дека кратки интервенции интегрирани во рутинска примарна


здравствена заштита можат ефикасно да доведат до решавање на најчестите ризици
по здравјето, вклучувајќи престанок со пушењето, здрава исхрана, редовна физичка
активност.

Пушење-главен фактор :
Добро документирана ефикасност на клиничко советување во превенција и
прекинување на пушењето.Лекарот треба да продолжи да го прашува пациентот
при секоја консултација дали решил да се откаже од пушење и треба да обезбеди
информации / едукација за пушење која што се однесува на специфична
здравствена состојба на пациентот.
Кога пациентот е подготвен да направи промена, се користат следниве стратегии за
да се охрабри пациентот да:
•Дефинира " Дата кога ќе престане."
•Ги елиминира сите работи кои се поврзани со пушењето во куќата и во
автомобилот.
•Постави "No Smoking" знаци во просториите каде што тој претходно пушел. •Да
им каже на другите дека се откажува од цигарите и да побара поддршка.
•Да направи листа на здравствена и лична корист од прекинување на пушењето и
да ѓи има на видно место поставени.
•Да практикува секојдневно стрес менаџмент активност (на пример,
релаксација, само-хипноза, или медитација).
•Започне или ја зголеми дневната физичка активност
•Да размисли за користење на никотинска заместителна терапија (на пример,
мастика за џвакање, инхалатор).
•Да размисли за користењена лекови (на пример, Chantix, Zyban, итн.)
•За пациентите кои се подготвени да се откажат или да почнат со промени во
однесувањето поврзани со пушењето постојат веб-сајтови за само-помош.

Нема сигурен начин за превенција на рак на белите дробови, но можете да го


намалите ризикот од појава ако:

* Не пушете. Ако никогаш не сте пушеле, не почнувајте. Разговарајте со Вашите


најблиски за да не пушат, така што тие може да разберат како да го избегнат овој
голем фактор на ризик за рак на белите дробови. Започнете разговори за
опасностите од пушењето со Вашите деца уште во мала возраст, така што тие ќе
знаат како да реагираат на притисокот од околината.
 
* Прекинете со пушењето. Престанете со пушење сега. Откажувањето го намалува
ризикот од рак на белите дробови, дури и ако сте пушеле со години.
 
* Избегнувајте изложеност на пасивно пушење. Ако живеете или работите со
пушач, терајте го да се откаже. Во најмала рака, замолете го него или неа да пушат
надвор. Избегнете области каде што луѓето пушат, како што се кафулиња и
ресторани, побарајте места каде не се пуши.
 
 
* Избегнувајте канцерогени за време на работа. Преземте мерки на претпазливост
за да се заштитите себе си од изложеност на токсични хемикалии на работа.
 
* Јадете повеќе овошје и зеленчук. Изберете здрава исхрана со различни овошја и
зеленчуци. Храна со извор на витамини и хранливи материи е најдобра. Избегнете
земање големи дози на витамини во пилула форма, бидејќи тие можат да бидат
штетни. На пример, истражувачите надевајќи се да го намалат ризикот од рак на
белите дробови кај тешки пушачи им давале додатоци со бета каротен. Резултатите
покажале дека додатоците всушност го зголемуваат ризикот од рак кај пушачите.
 
 
* Пијте алкохол во умерени количини или воопшто не користете.
 
* Вежбајте. Тежнеете за најмалку 150 минути неделно на умерена аеробна
активност или 75 минути неделно на енергична аеробна активност. Тренинзите за
сила се исто така важни. Обидете се да направите вежби за зголемување на силата
барем двапати неделно.
Примери за активности и програми во светот се многу, не само за ракот на белите
дробови туку и за сите видови канцери. Но, конкретно за ракот на бели дробови, во
светот најпозната иницијатива за подигање на свеста е ‘’Lung Cancer Awareness
Month (LCAM)’’.
Пред повеќе од 20 години, Lung Cancer Alliance ја започна кампањата насловена
Lung Cancer Awareness Day (LCAD) во САД со цел да ја подигне свеста и
препознавањето на типичните симптоми на карцином на белите дробови, кои
вклучуваат постојана кашлица, замор и губење на апетит. На крајот, ова прерасна
во светска иницијатива и Месецот за подигнување на свеста за рак на бели дробови
се одржува секој ноември.
Намерата е овој месец да се охрабрат луѓето да го посетат својот лекар што
поскоро, да се забрза дијагностиката, да се обезбеди најдобра можна шанса за
ефикасно лекување на болеста и да се потенцираат другите важни фактори кои
влијаат на исходите од лекувањето на пациентот.
На пример, едукација за комплексноста на карциномот на бели дробови на сите
засегнати чинители може да помогне во промовирање на рана дијагноза и
поттикнување на подобра нега на пациентот. Исто така, месецот за подигнување на
свеста за рак на бели дробови е можност да се потенцира напредокот во третманот,
да се унапреди пристапот до соодветна грижа и што е најважно да се покаже
поддршката за пациентите и нивните најблиски.
Во светот исто така имаме организации кои нудат советување и групи за поддршка
како на пример:
1. Go2 Foundation for Lung Cancer.
2. LUNGevity Foundation.
3. Lung Cancer Research Foundation.
4. Lung Cancer Survivors.
5. Living With Lung Disease Support Community.
6. Exon 20 Warriors.
7. CancerCare.
8. Cancer Hope Network

Во Македонија немаме многу примери за вакви организации и програми но преку


фармацевтските компании имаме некакво ширење на досегот на информации за
канцерот на белите дробови.
Пример за ваква компанија е Рош, која секоја година во месецот за подигнување на
свеста за рак на бели дробови организира настани или барем пишува статии кои
можат лесно да се разберат и прочитаат.
Исто така министерството за здравство во 2017 година на Клиниката за онкологија
воведе нова бесплатна терапија за шест вида на карцином во кои што е и ракот на
бели дробови.

You might also like