You are on page 1of 6

Исхрана при болести

на црниот дроб
Најчестите болести на црниот дроб се акутен и хроничен
вирусен хепатитис (предизвикан од вирусите А, Б или Ц),
алкохолна болест на црниот дроб, токсични и
медикаментозни оштетувања на црниот дроб, цироза на
црниот дроб (алкохолна, билијарна, Вилсонова цироза) и
тумори на црниот дроб.
Забранета храна и пијалоци
– Свинска и гускина маст, сланина, путер, високо мастен маргарин,
лој
– Суво месо, колбаси, свинско, масно говедско, патка, гуска, гускина
јетра, салами, чварки, месни конзерви, кавијар, товен шаран
– сос од лук или кромид, сенф, мајонез, сите сосови од печено месо
– сите зрели сирења и кашкавали, масни и/или сушени
– бадеми, ореви, лешници
– феферони, пиперки, јаки зачини и преливи, мускатно оревче, бибер

НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНЕТИ СИТЕ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ.


ТРЕБА ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПУШЕЊЕТО.
Дозволена храна и пијалоци
Супи: немасни супи од месо, супи од зеленчук (во супата
можат да се додадат сите видови на тестенини, ориз или гриз).
Месо: немасно телешко, младо немасно говедско, немасна
(бела) риба, кокошкино, мисиркино месо
Зеленчук: компир (варен, пире), спанаќ, карфиол, цвекло,
морков, шпаргла, тиквички, блитва, домати, свежи краставици
Тестенини: сите видови на леб, пецива, бисквити, переци,
палачинки, сите врсти на варени тестенини, кнедли од гриз
или ориз, пудинзи.
Овошје: сите врсти на овошје (свежо или варено), компоти,
природни овошни сокови.
Слатки јадења: суфле од ориз или гриз, мармалад, џем, мед.
Останати јадења: гриз, ориз, пченкарно брашно, овесни
снегулки, свежо кравјо сирење, јајца, а грав, репа, кељ, зелка,
леќа и ротквици – доколку поднесува пациентот.
Салати: зелена салата, блитва, домати, цвекло, карфиол. Сите
салати можат да се зачинат само со малку јаболков оцет или
со сок од лимон.
Пијалаци: чај, кафе (што е можно поблаго), негазирана вода,
млеко, топло чоколадо
На прво место во исхраната треба да бидат јаглехидратите и
белковините (брашно, ориз, гриз, мармалад, мед, природни овошни
сокови, леб, немасно говедско и телешко, свежо кравјо сирење, јајца
и млеко). Дневниот оброк треба да содржи околу 120 – 150 грама
белковини, а само 60 – 80 грама масти, а останатото треба да бидат
јаглехидрати.

You might also like