You are on page 1of 18

СОУ “Гошо Викентиев“

ПРОЕКТНА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

Возила и механизација
ТЕМА: Основна и дополнителна обработка на почвата

Ментор: Изработка:
Проф.Драган Јорданов Борче Стојанов

Кочани, јануари 2021


Содржина
ВОВЕД........................................................................................................................................ 3
Историјат и развој на обработката...........................................................................................4
Основна обработка на почвата.................................................................................................7
Механичко дејство на обработката врз почвата.................................................................................7
Мерки за обработка на почвата..........................................................................................................11
Орање...............................................................................................................................................11
Време за орање................................................................................................................................12
Длабочина на орање.......................................................................................................................12
Дополнителна обработка на почвата.....................................................................................13
Влечење (завлечување).......................................................................................................................13
Браносување со прстенеста брана.....................................................................................................14
Рамнење...............................................................................................................................................14
Браносување со клинеста брана.........................................................................................................15
Дискување (култивирање со дисков култиватор – тањирање)........................................................15
Култивирање........................................................................................................................................16
Други начини за дополнителна обработка........................................................................................16
ЗАКЛУЧОК................................................................................................................................ 17

2
ВОВЕД

Обработката представува механички зафат на сложени и динамични


процеси во почвата. Обработката историски гледано започнува со создавање на
антропогените почви. Без обработка на почвата не би можел да се создаде
антропогениот - мекиот слој - супстрат кој треба да обезбеди оптимални услови за
раст и развој на културните растенија.

Со редовната обработка почвата се одржува во поволна физичка состојба за


обработка на културните растенија. Ова особено се однесува на површинскиот
слој на почвата во кој се сејат семињата и во кој отпочнува р`тењето и никнењето
на посевите.

Економски не е оправдано да се обработуваат сите површини. Од аспект


на релјефот за обработка се најпогодни рамните и терените со благ наклон, но и
други доколку претходно се изврши корекција на релјефот.

Почвите кој се обработуваат мораат да имат доволна длабочина на хумусно-


акумулативниот хоризонт и поволна текстура. За обработка не се поволни
иницијалните, скелетните, ниту екстремно тешките глинести почви. Почвите кој се
трајно влажни и со висока подпочвена вода можат да се обработуваат само
доколку се заштитат од поплави или со одводнување се спушти нивото на
подземна вода, со тоа што да нема присуство на други фактори кој можат да ја
попречат обработката.

Обработлива е она површина која што човекот систематски и континуирано ја


искористува за растително производство.

Во продолжение ние ќе се задржиме на основниот и дополнителниот начин на


обработка на почвата.

3
Историјат и развој на обработката

Обработката е стара колку што е старо растителното производство. Кај


сеидбата и расадувањето потребно е да се раздроби површинскиот слој на
почвата, затоа и обработката била прва агротехничка мерка која што човекот ја
применил во одгледувањето на растенијата.

Во различни делови од земјината топка земјиштето почнало да се обработува во


различно време. Според археолошките ископини до скоро се знаеше дека
земјичтето почнало да се обработува пред 8 000 години во Месопотанија,
денешен Ирак. Поновите истражувања покажуваат дека земјообработката е многу
постара и дека почетоците на земјоделското производство датираат од пред 14
000 - 11 000 години. Обработката на земјиштето во текот на историјата ги има
поминато следниве етапи: рачна, запрежна и машинска обработка.

Етапа на рачна обработка. Пред доместификација т.е. припитомувањето


на животните почвата се обработувала рачно. Во почетокот тоа се правело со
дрвен стап со различни димензии, на врвот обгорен со оган за да не гние, а
понекогаш и оптеретен со врзан камен (Сл. 1, а). Со таков стап наједноставно се
извршувала обработката, поточно се правеле дупки во почвата за да може во
нив да се постави семето и ѓубрето (плодна почва, изумрени риби и сл.)

а) б) в)

Сл.1. а) дрвен стап; б) дрвена кука; в) ралица


4
Дрвениот стап се развил во облик на дрвена кука (Сл. 1, б) која што ја влечеле
повеќе луѓе и обработувале поголема земјишна повшина. После
припитомувањето на животните, дрвените куки се развиле во запрежно орудие –
ралица (Сл. 1, в).

Денес во светот сеуште постојат предели каде што рачната обработка на почвата
е единствен зафат. Таков облик на земјоделство се нарекува мотикарство.

Етапа на запрежна обработка. Запрежната обработка се јавува после


доместификацијата на животните. Тоа без сомнеж претставувало значаен
напредок во обработката на почвата, најпрвин заради тоа што многу се зголемил
изворот на енергија за влечење во споредба со човекот, а почвата во принцип
можела да се обработи подлабоко и по единица време многу повеќе.

Се претпоставува дека за обработка најпрво служеле говедата, потоа камилите,


магарињата, мазгите, мулињата, а подоцна и коњите.

По воведувањето на животни за влечење при обработката на почвата , орудијата


за рачна обработка морале да се прилагодат за работа со стока. Се смета дека
прво такво орадие била споменатата кука, која со текот на времето станувала се
помасивна. Од неа настанала ралицата, која не превртува туку само површински
ја разорува земјата. Плугот е денес прво и до сега единствено орадие кое ја
превртува земјата. Првите плугови биле примитивни, со мали димензии и
комплетно изработени од дрво, само работниот орган (ралник) бил од метал.

5
Сл. 2. Дрвен плуг со метален ралник

Полудрвени плугови слични по изглед на денешните биле во широка употрба во


античка Грција и Рим. Првите комплетни плугови од железо за запрежна влеча
биле направени во првата половина на XIX век. Така плугот постанува главно
орадие за обработка на почвата. Позади плугот земјата се ситнела и порамнувала
најпрво со брани од прачки, а дури многу подоцна со брани од метал.

Етапа на машинска обработка. Примената на механизираната обработка


на почвата почнала во XIX век и трае се до денес.Механизацијата во
земјоделството денес го дава главното обележје на современиот процес на
одгледување растенија. Во почетокот тоа била парна погонска машина (трактор
на пареа), потоа мотор со внатрешно согорување, а спорадично и електромотор.

а) б)

Сл.3. а)Орање со трактор на парен погон; б) Трактор на парен погон.

Обработката на почвата со машини во споредба со рачната и запрежната


представува револуција заради неколку причини. Моќноста е силно зголемена и
тоа по неколку стотици kw во агрегатите. Толку големата моќност овозможува
механички да се зафаќа почвата до голема длабочина, над 300 cm. Зафатнината
на обработената почва се зголемувала, а особено учинокот по единица време.
Освен тоа, погонската машина (трактор) може да придвижува такви орадија за
обработка на почвата кои со запрега а особено рачно не можат да се
применуваат (вибро плугови, фрези, ротациони мотики и сл.).

6
Со потполната механизација земјоделието го губи класичниот карактер и се
создаваат услови за индустриско полјоделство. Објективно може да се каже дека
механизираната обработка на почвата ја зголемува продуктивноста и
економичноста и го подобрува квалитетот на работата.

Според глобалната агротехничка намена обработката на почвата може да се


подели на основна и дополнителна обработка.

Основна обработка на почвата


Механичко дејство на обработката врз почвата

Обработката е механички зафат со кој се постигнуваат различни ефекти. Во


зависност од орудијата за обработка на почвата овие ефекти можат да бидат
помалку или повеќе изразени. Така на пример за плугот е карактеристично
превртувањето, а за подривачот подривањето - растресувањето. Најважни
ефекти кој се постигнуваат со обработката се: превртување, растресување,
дробење, мешање, набивање, оформување, (нивелирање) на површината и
прекинување на активноста на растенијата.

Превртување на почвата - При превртувањето долниот дел на пласницата


доаѓа на површината, а горниот се заорува. Превртувањето е највеќе изразено кај
плуговите. Превртувањето може да биде потполно и непотполно. Кај потполното
превртување пластницата се превртува за 180о а кај непотполното за 135о во
однос на првобитната состојба (Сл. 5).

Сл. 4. Превртување на пластовите за 135˚ и за 180˚

7
Потребата за превртувањето ја определуваат различните агрономски интереси.
Од нив во прв ред треба да се истакнат структурата на почвата и уделот на
стабилни структурни агрегати во почвата.

Се смета дека површинскиот слој од почвата заради газењето со различна


механизација се создава збиен неструктурен дел. Со превртувањето, овој збиен
неструктурен набиен дел се заорува, а на површината се исфрла структурниот
долен слој од ораницата.

Превртувањето на почвата е корисно при одредени мелиоративни зафати на


пример кога има поголем степен на киселост на почвата на површинскиот дел, а
каде што на истите почви калциумот го има на нешто поголеми длабочини (35-
40 cm.). Со превртувањето калциумот доаѓа на површината на почвата, и тоа
придонесува за намалување на киселоста на површинскиот слој на почвата.

Со превртувањето на почвата успешно се бориме и против плевелите. Со


превртувањето на почвата семињата од плевелите се заоруваат на поголема
длабочина и со тоа се губи нивната способност за поникнување. Со
превртување на почвата успешно се решаваат и повеќегодишните плевели со
плитки ризоми. Кога ризомите се заорат на поголема длабочина тие немаат
услови повторно да се појават на површината на почвата.

Растресување - разровкување на почвата - Предизвикува меѓусебно


оддалечување на честиците на почвата. Ова е потребно заради тоа што после
обработката доаѓа до слегнување и набивање на почвата и влошување на
нејзините особини. Оваа појава ја предизвикуваат различни фактори како што
се врнежите, сопствената тежина на почвата и газењето на површината на
почвата со различна механизација и орудија за обработка.

Врнежите го предизвикуваат површинското слегнување. Ударите на дождовните


капки ги разбиваат агрегатите на површината на почвата. Честичките на
8
распрснатите агрегати ги затнуваат почвените празнини. После сушењето на
површината на почвата се создава покорица и негатино влијае на аерацијата и
другите процеси во неа.

Освен врнежите од дожд и снежниот покривач со дебелина од 10 - 15 cm. врши


притисок врз површината на почвата со тежина од 100-150 kg/m2 . После
топењето на снегот и сушењето на почвата на пролет се создава покорица.

Дробење на почвата - Претставува ситнење, кршење на делови од почвата


на помали грутчиња. При обработката на почвата може да дојде до создавање на
грутки со пречник од 10 - 20 cm. често и поголеми. Степенот на ситнење - дробење
зависи од повеќе фактори меѓу кој најважни се: гранулометрискиот состав, пред
се содржината на колоидна глина, содржината на хумус во почвата,
влажноста на почвата во моментот на обработка, збиеноста на почвата и изборот
на орудија за обработка. На глинестите, збиени или суви почви при самото орање
доаѓа до создавање на големи грутки, чие што ситнење на помали делови скоро и
да е невозможно. Таквите почви наесен неможат да се подготват за сеидба.
Неповолниот однос на фракцијата на грутки го оневозможува р`тењето и
никнењето на семето. Последица на тоа е невоедначеното никнење, редок склоп
и низок принос. За дробење на почвата се користат различни приклучни орудија:
фрези, клинести брани (дрљачи), дискови култиватори (тањирачи), разривачи,
валци но и плугови. Ефектот на дробење на овие орудија е различен и при иста
состојба со влагата во почвата.

Мешање на почвата - претставува и е во функција на рамномерно


распоредување на минералните и органските ѓубрива во почвата, растителните
по жетвени остатоци, средствата за заштита на растенијата и обработениот слој
со честички од почва. Со мешањето можат да се мешаат и средствата за
поправка на почвата (калциум карбонат, гипс, фосфор гипс, сатурациона мил и
сл.)
9
Длабочината на мешање може да биде различна во зависност од целта.
Длабокото превртување е пожелно во случаите кога сакаме да ја подобриме
плодноста на почвата преку мешање на долните и горните слоеви. Тоа е случај
кај тресетните почви кај кои горниот -површинскиот слој е доста богат со органски
материи, а долниот - подлабокиот со минерални материи. Целта на мешање на
споменатите два слоја е да се подобрат производните својства и плодноста на
почвата.

Мешањето може да се изведува со различни видови орудија. Плугот може да ја


меша почвата на најголема длабочина, но не осигурува рамномерност. Дисковите
орудија и фрезите овозможуваат рамномерно мешање на 15 - 18 cm. длабочина.
Клинестите брани мешаат на 5 - 8 cm. длабочина. Од сите овие наведени фрезата
дава најдобри резултати.

Набивање на почвата - Представува непосредно приближување на


честичките на почвата. Непосредното влијание на набивањето врз физичките
состојби на почвата резултира со намалување на порозноста и некапиларната
порозност, а со тоа и уделот на гасната фаза и зголемувањето на волуменската
маса. Со набивањето се менува и односот на капиларните и некапиларните пори.

Набивањето има големо физиолошко значење уште во првата фаза од развојот


на растението. Познато е дека р`тењето започнува со впивање на вода.
Посеаното семе ја зема водата од почвата која што го опкружува. Во сувата и
многу растресита почва семето неможе да р`ти, тогаш е потребно набивање за да
честичките од почвата се приближат на семето и на тој начин им се зголеми
нивниот контакт. Меѓутоа не треба да се претерува со набивање на почвата
бидејќи за р`тење е потребен и воздух. Набивањето е потребно само до мерката
додека содржината на воздухот не се намали под оптималната вредност.

10
Оформување (нивелирање) на површината - Во најголем број на случаи со
обработката, (особено предсеидбената) сакаме да добиеме рамна површина која
што ќе обезбедува најмала контактна површина помеѓу почвата и атмосферата.
Предноста на рамната површина е таа што го намалува испарувањето и
обезбедува рамномерен распоред на влагата, рамномерно загревање на
површината на почвата и позитивно делување на микробиолошките процеси.
Рамната површина е главен предуслов за квалитетна сеидба, нега на посевот -
насадот и жетва односно берба.

Целите и орудијата за обликување на почвата се различни. Кога е целта да се


добие рамна површина тогаш се користат рамни валци или рамначи. Во други
случаи се користат ребрасти и заоблени валци.

Прекинување на животната активност на растенијата - Многу чест е случајот


при обработката на парцелата да се наоѓаат разни растителни остатоци или цели
растенија. Од културните растенија кај разорувањето на луцерките, детелините,
ливадите, пашите или при заорување на посевите за зелено ѓубрење, потребно
е да се прекине животната активност на растенијата. За таа цел најпогодно
орудие е плугот, кој не само што ги сече корењата туку и ја превртува надземната
маса на растенијата. Се случува да и после разорувањето луцерката повторно
израсне, но во тој случај повеќе не е потребна примена на плугот, туку некое друго
орудие за површинска подготовка кое има значително поголем зафат (учинок).
Плугот има големо значење во борбата против повеќегодишните ризомски
плевели.

Мерки за обработка на почвата


Орање
Спаѓа меѓу најстарите агротехниѓки мерки, и е најчесто применуван начин
на обработка. Поимот ораница историски е поврзан со орање на почвата. Од сите
мерки на обработка орањето бара највеќе енергија, време и работа, затоа е и
11
најскапо. Се проценува дека од вкупната енергија и време кое се троши за
редовна обработка, на орањето припаѓа 50 - 55%. Системите на обработка на
почвата без орање обезбедуваат значителна заштеда на енергија и труд.

Орањето се изведува со плугови. Од пронаоѓањето на плуговите, па се до денес


тие се најважните орудија за обработка на почвата.

Време за орање
Правилниот избор на времето за орање е значаен заради квалитетот на
орањето, потрошувашката на гориво како и заради квалитетот на површинската
обработка.

Почвата треба да се ора при умерена содржина на влажност во неа. Кај таа
состојба на влажност специфичниот влечен отпор е најмал, пластовите лесно
се мешаат и дробат на помали грутки, што ја олеснува површинската обработка.
Оваа состојба на влажност на почвата кога таа најдобро и најквалитетно се
обработува, се нарекува физичка зрелост за обработка на почвата.

Длабочина на орање
Длабочината на орање е претставена во следната табела, заедно со називите според
категоризацијата по длабочина.

12
Дополнителна обработка на почвата

После орањето, изораната површина е груба бидејќи дробењето и


уситнувањето е постигнато во најгруба форма, што оневозможува потполно
искористување и добивање на максимални приноси. Затоа е неопходно да се
изврши дополнителна подготовка на површинскиот слој.Почвата треба да биде
подготвена така што грутките да бидат што е мочно оптимално издробени, и
исситнети, за да не го спречуваат и ппосметуваат покривањето на семето и
неговото никнење. Дополнителната обработка на почвата има исклучително
карактер на површинска обработка. Работните операции кој што се изведуваат
при дополнителната обработка на почвата, односно предсеидбената подготовка
на површинскиот (сеидбен)слој на почвата се : влечење
(завлечување),браносување, рамнење, дрлање, култивирање, ваљање, , како и
обработка со ротациони орадија – интегрална обработка.

Целта на сите овие операции е исситнување на плиткиот слој на орницата и


создавање на услови за р`тење и никнење на семето и понатамошен пораст и
развој на културните растенија.

Влечење (завлечување)
Влечењето е плитка обработка на површинскиот слој на 3-5cm. при што
почвата се сече и се крши тенката покорица на површината.Влечењето го
порамнува површинскиот слој на почвата на тој начин што ја симнува земјата од
гребените и ја фрла во браздите.За разлика од дрлачата, влечата на површината
на почвата остава ситна земја која што го намалува испарувањето. Влечата е
составена од неколку паралелно поставени дрвени гредички кој што се споени
со ланци (Сл.6).

13
Сл.6: Влеча

Браносување со прстенеста брана


Основна намена на браната е израмнување и разровкување на
површинскиот плиток растресит слој на почвата. Со браносувањето се сече и
крши тенката покорица на површината, при што се уништуваат и пониците од
плевелите. Во некој случаи кога после сидбата семето не е целосно покриено
со неопходен почвен слој (1 до 2 cm.) браносувањето се применува по
сеидбата за покривање на семето. Браната е составена од метални прстени
со пречник од 10-12cm. На предниот и задниот дел се наоѓа по една валчеста
железна оска за која се нанижени прстените.

Рамнење
Потребата за рамнење на почвата во дополнителната обработка се јавува
како последица на неквалитетно изведена основна обработка. За оваа операција,
повеќе од другите мора да се води сметка за состојбата со влажноста на почвата.
Ако почвата е премногу влажна доаѓа до расипување на структурата,
размачкување, набивање, а потоа и распукање на истата. Рамнењето се
применува со цел да се израмнат природните депресии, систематизира теренот, и
елиминираат сите возвишувања кој ја посметуваат нормалната работа на
механизацијата за основна и дополнителна обработка на почвата во системите
за интензивно растително производство.

14
Браносување со клинеста брана
Со правилно изведеното браносување се постигнува создавање на
растресит површински слој на почва, како идеална подлога за р`тење на семето
и поникнување на растенијата.

Работната длабочина на браната потребно е да биде 6-7 cm, а најдобри ефекти


се постигнуваат ако почвата е со умерена влажност од (40 -50 % PVK). Со оваа
операција се разбива покорицата формирана како последица на обилни дождови,
со што се создаваат поволни услови за аерација а самото тоа ја подобрува
топлотната состојба и дишењето на почвата, агрегатите се истиснуваат,
површината се зарамнува при што се уништуваат и плевелите. Добар квалитет и
ефект од работата се постигнува при брзина од 6 – 8 km/h. Може да се каже дека
ниедно друго орудие како клинестата брана не е така ефикасно во уништување на
плевелите во почетните фази на нивниот пораст.

Дискување (култивирање со дисков култиватор – тањирање)


Основна улога на дискувањето е да изораната почва ја исече, исситни и
измеша. Ова е како резултат на тоа што тањирачата за работни органи има
дискови (чинии), кои било да се со назабени или рамни, (полни) рабови, работат
на принцип на ротирање.

Работните органи на тањирачата навлегуваат во длабочина од 10 – 15cm. а


максимално нешто повеќе од 20 cm. Работата на тањирачата зависи од
големината на дисковите, од аголот помеѓу полуосовините и од оптеретеноста
на тањирачата.Тањирачите со поголем пречник на дисковите секогаш можат
подлабоко да навлегуваат во почвата, а продирањето е толку поголемо колку
што е помал аголот помеѓу полуосовините и ако тањирачата е посилно
оптеретена. Кога полуосовините се израмнети, тањирачата не ја обработува
почвата.

15
Култивирање
Со овој начин на обработка почвата интензивно се разровкува и ситни,
односно меша, но слојот од почва зафатен со обработка, не се превртува.
Култивирањето е полезен начин за механичко уништување на плевелите, а само
ограничено се употребува за мешање на минералните ѓубрива.

Најчесто култивирањето се применува за меѓуредова обработка на почвата кај


окопните култури, заради разровкување на истата и подобрување на аерацијата,
топлотниот режим, како и механичко уништување на плевелите. Кај
култувирањето од големо значење е влажноста и збиеноста на почвата, од што
највеќе зависи квалитетот на култивирањето.

Други начини за дополнителна обработка

Постојат и други начини за дополнителна обработка на почвата, кои во овој


случај само ќе ги наброиме, а такви се: валање, обработка на почвата со фреза
или фрезирање, обработка на почвата со ротациона мотика, нагрнување и сл.

16
ЗАКЛУЧОК

За крај може да заклучиме дека обработката на почвата играла клучна


улога во развојот на човештвото во целина. Тоа што почнало да се развива пред
илијадници години, денес само се усовршува.

Модерната индистријализација е клучен фактор во подобрувањето и олеснување


на животот на човекот, овде несомнено смаѓа и самата обработка на почвата. Во
суштина целта на обработката на почвата не се менува низ годините, а тоа е
добивање на поголем род, со цел економска и екзистенционална придобивка.

Со сигурност може да заклучиме дека оваа гранка ќе се развива и во иднина, во


спротивност нашето посотење би било загрозено.

Користена литература:
17
ПОЛЈОДЕЛСТВО, Проф. Д-р Љупчо Михајлов, М-р Фиданка Трајкова

18

You might also like