You are on page 1of 33

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ-ШТИП

ДИПЛОМСКА РАБОТА
Предемет: Технологија на подземна експлоатација

ТЕМА: АНАЛИЗА НА ИСКОРИСТУВАЊЕТО/ЗАГУБИТЕ НА РУДАТА ВО


РУДНИЦИТЕ ЗА ОЛОВОИ ЦИНК „САСА“-М.КАМЕНИЦА

Изработил: Ментор:
Сашо Миланов проф. д-р Зоран Десподов
Бр. на индекс 132144
Штип,2017
АБСТРАКТ

Во овој труд ќе биде презентиран начинот на кој се врши следење и


одредување на коефициентите за искористување (загубите) и осиромашување
во рудникот за олово и цинк “Саса” – М. Каменица. Пресметувањето на овие
техничко-економски параметри на откопувањето се врши со примена на
геодетски мерења на волуменот на откопаната и неоткопаната руда за секое
работно место.

Клучни зборови: искористување, осирамашување,подетажна откопна метода


со зарушување.

2
ABSTRACT

In this paper it will be presented the way in which the monitoring and determination of
the coefficients for utilization (losses) and depletion in the lead and zinc mine "Sasa"-
M. Kamenica is carried out. The calculation of these technical-economic parameters
of the excavation is done by applying surveying measurements of the volume of
unearthed and undried ore for each workplace.

Key words: utilization, insulation, excavation method with bursting

3
СОДРЖИНА

ВОВЕД .....................................................................................................................5
1. ОТВАРАЊЕ И РАЗРАБОТКА ......................................................................6
1.1 Отворање на рудното наоѓалиште “Свиња Река” ........................6
1.2 Разработка на рудното наоѓалиште “Свиња Река”.....................10
1.2.1 Хоризонтални рударски простории за разработка на
наоѓалиштите “Свиња Река” .........................................................10
1.2.2 Вертикални и коси рударски простории за разработка на
наоѓалиштите “Свиња Река” .........................................................11
2. МЕТОДА НА ОТКОПУВАЊЕ .....................................................................12
2.1 Предности на подетажна метода со зарушување ........................14
2.2 Недостатоци на подетажната метода со зарушување ................15
3. ТРАНСПОРТ И ИЗВОЗ НА РУДАТ ..............................................................16
3.1 Поделба на транспортот на ископината во рудникот”САСА .....16
4. ВЕНТИЛАЦИЈА НА РУДНИКОТ .................................................................17
5. ИСКОРИСТУВАЊЕ/ЗАГУБИ НА РУДАТА ПРИ ОТКОПУВАЊЕ............ 20
5.1 Општо за искористувањето и загуби ............................................20
5.2 Пресметка на искористувањето ....................................................21
6. АНАЛИЗА НА ИСКОРИСТУВАЊЕТО/ЗАГУБИТЕ НА РУДАТА ЗА
КОНКРЕТНО РАБОТНО .............................................................................24
7. ЗАКЛУЧОК ...................................................................................................31
8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА .......................................................................32

4
ВОВЕД

Наоѓалиштето “Свиња Река” просторно е лоцирано во северно-западниот


дел на рудното поле Саса, а северно од наоѓалиштето Козја Река,западно од
Балташница, источно од Црвена Река и југоисточно од рудното поле Тораница и
планинските врвови Руен и Сокол.
За експлоатација на оловно-цинковната руда се применува Подетажната
откопна метода со зарушување на рудата и соседните карпи . Кај оваа откопна
метода коефициентот на искористување и осиромашување на рудата се во
меѓусебна функционална зависност, односно со зголемување на
искористувањето на рудата се зголемува и осиромашувањето и обратно. Имајќи
го во предвид фактот дека геолошките резерви на корисните минерални
суровини од ден на ден се повеќе се намалуваат, како и фактот дека
минералното богатство е необновливо, проблемот за рационално
искористување на геолошките рудни резерви при експлоатација на оловно-
цинковната руда
При одредувањето на степенот на искористување на геолошките резерви
од рудното наоѓалиште, важен е односот на откопаните рудни маси и рудните
маси содржани во билансните геолошки рудни резерви.За одредување на овие
маси во минатото се применуваа класични методи (мерење на површини со
планиметри, пресметка на зафатнини преку апроксимација на закривени
површини со збир од правилни геометриски тела и т.н.) кои не ја поседуваа
потребната точност и притоа се јавуваа одредени грешки кои индиректно имаат
влијание врз точноста за пресметка на степенот на искористување при
откопувањето на рудните резерви.
Поради овие негативни фактори денес за побрза и поточна пресметка на
откопаните површини и зафатнини се користи компјутерската графика. Таа исто
така е многу поволна за визуелна представа на рудните тела и рударските
објекти во 3D, каде што многу добро може да се согледа просторната
разместеност на сите објекти и откопи во рудникот. За таа цел во рудникот за
олово и цинк “Саса” претходно се користеше софтверскиот пакет “Promine”, a од
пред една година па до денес се применува софтверскиот пакет “Vulcan”.

5
1. ОТВАРАЊЕ И РАЗРАБОТКА
Во понатамошниот текст од ова дипломска работа ќе биде опишана
моменталната состојба на процесот на подземна експлоатација во рудникот
Саса односно отворањето и разработката.
1.1 Отворање на рудното наоѓалиште “Свиња Река”
Рудното лежиште „Свиња Река“(графички прилог бр.1 и 2)на итервалот
помеѓу хоризонтитеXIVb÷830 се отворени на кобинирн начин и тоа преку:
 Поткоп XIVb;
 Коса сeрвисна рампа XIVb ÷ 830
 Поткоп 830.
Поткоп XIVbе капитален ходник со кој е отворен длабинскиот дел од рудното
наоѓалиште “Свиња Река”. Капиталниот ходник е изработен како поткоп, со влез
од површина на кота 1059.80 м. Влезот на поткопот се наоѓа на околу 100 м
северозападно од порталот на поткопот XIVо. До зоната на оруднувањето
поткопот има должина од околу 1757 м. Во зоната на оруднувањето локацијата
на трасата на ходникот е во непосредната подина на истото.
Напречниот пресек на ходникот е со висок свод, со димензии:
BxH=3,5х3,5 м и светла површина Psv = 10.98≈11м2. Ходникот е приспособен за
главен транспорт на руда и јаловина со помош на 20 тонски јамски камиони, и
тоа во насока од блоковските рудни сипки до приемниот бункер за флотација на
површина.
Поткопот XIVbосвен за транспорт и извоз на корисните минерални
суровини служи и за вентилација и одводнување, донесување на
репроматеријали и превоз на работници, како и снабдување на ревир Свиња
Река со погонска енергија (ел.енергија, компримиран воздух) и
технолошкавода.На овој ходник е лоциран и Главниот јамски магацин за
експлозивни средства од каде што се снабдуваат откопите на пониските
производни хоризонти.

Поткопот XIVb и Главната извозно-сервисна рампа (XIVb÷830) се главни


транспортни комуникации за самоодната дизел опрема која се применува во
Рудникот “Саса”

6
Главната извозно-сервисна рампа XIVb÷830 (ГИСР) е капитален
рударски објект кој служи за сервисирање на јамата и превоз на работници,
довод на погонска енергија, извоз на ископина, проветрување и одводнување на
јамата.Изработена е со со светол профил од 11м2и наклон од 12,5% и 14%,и
минимален радиус на кривини од 20 м. Димензионирана е врз основа на
габаритите на јамски камиони со носивост од 20 тона. Попречниот пресек има
високо засводена форма, со димензии BxH = 3,5m x 3,5m.

Рампата е изработена претежно во гнајсеви, а на места минува низ кварц


графитични шкрилци.Делумно е подградена со еластична подграда односно
прскан бетон во комбинација со мрежа и анкери. На кота 933,23 м главната
рампа преку Вентилационен ускоп е споена со Поткоп 830, со што е овозможено
проточно проветрување на ревирот “Свиња Река”. Низ овие ускопи се врши и
гравитационо одводнување на ревирот при што целокупниот дотек на вода се
спушта на најнискиот хоризонт 830, од каде одредено количество вода преку
Поткопот 830, низ каналот истекува на површина а друг дел се зафаќа во
резервоари во близина на Извозното окно и се испумпува до Постројката за
преработка.

Должината на Главната извозна рампа до нивото на хоризон 830 изнесува


2047 м. Локацијата на трасата на ГИСР е прикажана на графички прилог бр.2. На
интервалот од хоризонт 910 до хоризонт 830 се изработени два крака од ГИСР,
со цел да се овозможи истовремен пристап до Блок 1 и Блок 2 за да се
формираат две нападни точки и зголеми интензитетот на откопување. графички
прилог бр.2.

Поткопот 830 е капитален рударски објект кој бил изработен најпрвин како
истражен, а потоа и како капитален рударски објект за отворање и експлоатација
на рудното наоѓалиште “Голема Река”. Поткопот 830 до приватизацијата на
Рудникот “Саса” бил изработен во должина од околу 4 километри, и тој бил
изработен од површина, со влез на кота 820,50м и координати x=4.661.888;
y=7.628.889 (под патот М.Каменица- Рудник Саса).

7
Факторите кои биле значајни при одредувањето на елементите на Поткоп
830 биле:

 концепцијата за отворање на рудното наоѓалиште “Голема Река” и


 намената на Поткопот 830 во отворањето и експлоатацијата на
наоѓалиштето “Голема Река”.

Со геометриските елементи кои што ги има Поткопот 830, тој завзема


таква положба да со неговото продолжување (за околу 2250м) се вклопува во
геометријата на истражните работи, а подоцна и во концепцијата на отворањето
и разработката на наоѓалиштето “Свиња Река”, на интервалот помеѓу
хоризонтите XIVб и 830. Со новата концепција за отворање на ревирот “Свиња
Река” во т.н. длабински дел (на интервалот помеѓу хор.XIVб-830) дојде до
продолжување на Поткоп 830. Продолжувањето на поткопот 830 е израбвотено
во две фази:

 во првата фаза се изработени се 1500 м и негово поврзување со


ГИСР на кота 933,23 м преку Венталициониот ускоп кој е прикажан
на графички прилог бр.2;
 во втората фаза се изработени 750 м до геолошкиот профил1200
– 1200’;

Поткопот 830 како капитален рударски објект служи за доистражување на


наоѓалиштето “Свиња Река” односно потврдување на геолошките рудни
резерви, а потоа за транспорт на рудата до извозното окно-“Голема Река”, која
се откопува на производните хоризонти: 990-910 и 910-830 и гравитационосе
спушта на Хоризонт 830 преку Централни рудни сипки.

Освен тоа, поткопот служи и за одвоз на јаловината до површина, превоз


на вработените, сервисирање на откопните блокови со репроматеријали, довод
на погонска енергија и вентилација. Трасата на Поткоп 830 обично ја делиме на
две делници, стара и новоизградена (продолжена) делница:

 На старата делница односно претходно изработениот дел кога рудникот


“Саса” беше во општествена сопственост (400 м северно од извозното окно
Голема Река) Поткопот 830 има нискозасводен попречен пресек со димензии B

8
x H = 2,80 м x 2,95 м и наклон од 3‰. Поткопот 80% од својата должина е
изработен во гнајсеви и не е подградуван, а 15% од должината се подградени со
анкери и мрежа, додека пак 202,5 м биле изработени во многу распаднати
гнајсеви и истите биле подградени со армиран бетон. Во Поткопот е инсталиран
колосек со широчина од 600 mm.

 Продолжената делница на Поткоп 830 има високо засводен попречен


пресек со димензии B x H = 3,0 м x 3,2 м, наклон од 3‰ и канал за одводнување
изработен од бетонски сегменти. Ходникот претежно е изработен во гнајсеви и
на места е подградуван со еластична подграда (прскан бетон во комбинација со
анкери и мрежа).На Поткопот 830 се изработени четири навозишта за кружно
движење на вагоните ( Навозиште бр.1; Навозиште бр.2, Навозиште бр.3, и
Навозиште бр.1А) и таложник за таложење на цврстите честици кои се носени
од јамската вода.

Поткопот 830 е инсталиран со тролен вод за работа на електрични тролни


локомотиви кои служат за транспорт на рудата од рудните сипки до бункер-
полништето за слепото извозно окно и транспорт на јаловинат.Тој е изработен
до геолошки прфил 1200 – 1200’ на север и од него моментно се вршат геолошки
истражни работи со цел за доистражување на наоѓалиштето “Свиња Река” на
северниот дел.

Трасата на Поткоп 830 како и навозиштата за кружно движење на вагоните


во Блок 1А, Блок 1 и Блок 2 се прикажани на графички прилог бр.2, а неговиот
профил на графички прилог бр. 3.

Главен извозен нископ “Голема Река” е изработен под наклон од 16, од


површина до хоризонт 950 со вкупна должина од 440 м, има ниско засводен
профил со светла површина од 7.30 м2 . Во него е инсталиран лентест
транспортер за транспорт на ровната руда од истоварниот бункер на хоризонт
950 до постројката за примарно дробење.Широчината на лентестиот
транспортер изнесува 1200 mm.

Слепо извозно окно “Голема Река” е изработено од кота 1011.80 м (ниво


на хала за извозна машина) до кота 793 м односно на вкупна длабочина од 215
м. Окното има кружен попречен пресек со пречник Dsv=4.10 м и површина на

9
светлиот профил Psv=13.20 м2. Окното е опремено со извозен сад скип-кош и
противтег. Носивоста на извозниот скип изнесува 8,8 тони. Локациите на
Главниот извозен нископ и Слепото извозно-окно во ревирот “Голема Река” се
прикажани на графички прилог бр.2.

1.2 Разработка на рудното наоѓалиште “Свиња Река”

Во објекти за разработка на наоѓалиштето “Свиња Река” на интервалот


помеѓу хор. XIVb и 830 ги вбројуваме следниве хоризонтални и коси рударски
објекти:

 Ходник на хор. 990,


 Ходник на хор. 910,
 Вентилациони ускопи 933÷830,
 Рудни и јаловински сипки 933÷830,
 Вентилационен ускоп Б1(990÷830),
 Вентилационен ускоп к.933÷XVo.
 Навозишта на: Блок1А, Блок 1 и Блок 2.

1.2.1 Хоризонтални рударски простории за разработка на наоѓалиштите


“Свиња Река”
Ходник на хоризонт 990е капитален ходник кој е изработен помеѓу
геолошките профили 600-600’ и 1400-1400’ во должина од 800 м, и тој е поврзан
со ГИСР на геолошки профил 1025-1025’. Ходникот се изработува во подината
на оруднувањето на оддалеченост него за 20 до 30 м, има високо засводен
попречен пресек, со димензии B x H=3,53,5 м, односно светла површина од 11
м2 . Димензиониран е врз основа на габаритите на:
 Јамски камиони, со носивост од 20 t,
 Дизел товарно-транспортни машини, со волумен лопатата од 3,5
м3 ,
 Електрохидраулични дупчалки со една работна грана.
Ходникот е изработен во подинските гнајсеви и кварц графитични шкрилци,
на места е подграден со еластична подграда, односно прскан бетон во
комбинација со анкери и мрежа. Има наклон кон југ, со вредност од 3‰.Ходникот
има намена за доистражување на наоѓалиштето, транспорт и извоз на

10
ископината, проветрување и одводнување, сервисирање и довод на погонска
енергија до Рудните блокови 1 и 2.
На хор.990 (помеѓу геол.профил 875 и 900) е лоцирана Машинската
работилница која служи за сервисирање на јамската механизација.
Ходник на хоризонт 910е капитален ходник кој се изработува слепо, од
ГИСР на геолошки профил 800-800’. Тој ги има истите намени како и ходникот
на хор.990, изработен е со исти димензии односно B x H=3,53,5 м. Преку систем
од коси рударски простории (рудни и јаловински сипки, ускопи за вентилација) е
поврзан со најнискиот хорзионт 830. Во овој капитален ходник се врши
хоризонтален транспорт на рудата и јаловината од блоковските рудни и
јаловински сипки на Блок 1 и Блок 2.
Транспортот на ископината се врши со јамски камиони, со носивост од 20 t.
За кружно движење на камионите до товарните места изработено е навозиште,
додека пак на истоварните места се изработени комори за кипање на
ископината.
Локациите на трасите на капиталните ходници на хор.990 и хор.910, како и
нивните придружни објекти се прикажани на графички прилог бр.2.

1.2.2 Вертикални и коси рударски простории за разработка на


наоѓалиштите “Свиња Река”
Со цел за вертикална разработка на рудното наоѓалиште Свињра Река на
интервалот помеѓу хор. XIVb и 830 се изработени следниве коси рударски
простории:
 Вентилационен ускоп Б1 990÷830,
 Вентилациони ускопи 933÷830,
 Рудни и јаловински сипки 933÷830,
 Вентилационен ускоп к.933÷XVo.
 Вентилационен ускоп Б1 910÷830,
 Рудни сипки Б1 910÷830,
 Вентилационен ускоп Б2 910÷830 ,
 Рудни и јаловинска сипки Б2 910÷830,
 Вентилационен ускоп Б1А 910÷830 ,
 Рудни сипки Б1А 910÷830

11
Намената на овие рударски простории е пред се служат како објекти за
вентилација и објекти за гравитационо спуштање на рудата или јаловината на
пониските хоризонти.
Овие рударски објекти се изработени со Raise Boring технологија и имаат
кружен попречен пресек со дијаметар 1,8 м. Имајќи ја предвид на технологијата
на изработка не е вршено нивно подградување. Нивната просторна
разместеност е прикажана на графички прилог бр.2.

2. МЕТОДА НА ОТКОПУВАЊЕ
Подетажната откопна метода со зарушување припаѓа во групата
високопродуктивни методи, чии основни карактеристики се високи учиноци и
ниски трошоци при откопувањето, но со истовремено поголемо осиромашување
и губитоци на рудата. Во која мера ќе бидат истакнати позитивните или
негативните карактеристики на методата, зависи во прв ред од рударско-
геолошките и другите услови, во кои таа ќе биде применета, како и од изборот
на геометријата и другите техничко- економски параметри.

Со оглед на тоа дека во последните децении масовно се користи оваа


откопна метода во подземната експлоатација на рудните наоѓалишта во светот
и кај нас, нејзината примена, при експлоатацијата на рудни тела со средна
дебелина потребно е да се анализира и оцени и од аспект на вкупниот економски
ефект, а не само врз основа на резултатите добиени кај откопувањето. Развиени
се повеќе варијанти од оваа метода за примена на различни услови,
истовремено со усовршувањето на механизациијата за изведување на
операциите од технолошкиот процес за откопување. Поголемиот дел од
варијантите на оваа метода се за откопување на моќните рудни лежишта, со
наклон од вертикални до хоризонтални. Кај овие варијанти,повеќето од
подготвителните работи се изведуваат надвор од рудното тело.

12
Слика 1. Шема на откопување со подетажна метода на откопување со зарушување
2.1 Предности на подетажна метода со зарушување
Подетажниот метод со зарушување (Sublevel caving) е масовен откопен
метод, базиран на принципот на гравитациско точење на одминираната руда и
зарушената јаловина. Во споредба со останатите откопни методи, подетажниот
метод со зарушување се карактеризира со предности и недостатоци кои мора да
бидат внимателно разгледани и проценети при рударското проектирање и
планирање. Главни предности на подетажниот метод со зарушување се
следните:
 Безбедност при работа
 Механизираност
 Флексибилност
 Организираноста на работите

Безбедност при работа


Со оглед на тоа што сите рударски операции се извршуваат во релативно
мали простории, подетажниот метод е еден од најбезбедните методи.
Подетажните ходници се примарните работни места. Тие се распоредени во
правилен шаховски распоред на повеќе нивоа- подетажи. Димензиите на
подетажните ходници изнесуваат од 5 до 6 метри во широчина и од 3,7 до 4
метри во височина. Во нашите рудници за олово и цинк, поради послаата
работна средина, димензиите на подетажните ходници се помали и тие
изнесуваат од 2,5 до 3,5 метри во широчина и од 2,5 до 3,5 метри во височина.
Транспортните ходници имаат ист напречен просек со подетажните, но доколку
станува збор за камионски транспорт, нивната височина може да изнесува до 4,5
метри. Избивањето на ходниците се врши со дупчачко-минерски работи, а
подградувањето со еластична подграда (прскан бетон, мрежа и анкери).
Механизираност
При примената на овој метод рударските активности можат да се поделат
во четири фази:
1) изработка на подетажни ходници,
2) лепезно дупчење,
3) производно минирање и
4) точење, товарење и одвоз на рудата.
Во современите подетажни методи напречните пресеци на објетите се
доволно големи, што допуштаат воведување на габаритна самоодна рударска
опрема. Предностите на овие транспортни системи се состојат во тоа што можат
успешно да се искористат, не само за рударски операции, туку и за други
сервиси.
Флексибилност
Извршувањето на рударските активности на издвоени подетажи
(подготовка на пониската подетажа, производство на повисоката, односно
повисоките подетажи) со мобилна рударска опрема дозволува висок степен на
флексибилност, брзо отпочнување со откопувањето и зголемување на
производниот капацитет.
Организираноста на работите
Овој метод се карактеризира со добра концентрација на работите,
организираност на работите и добри работни услови.
Поради наведените предности, откопувањето со подетажниот метод со
зарушување може да биде успешно и со ниски производни трошоци.

2.2 Недостатоци на подетажната метода со зарушување


Главни недостатоци на подетажниот метод со зарушување се следниве;
1. Постои релативно високо осиромашување на рудата од зарушената
јаловина, особено кога бара високо искористување.
2. Целокупната руда мора да биде дупчена и минирана, со цел да се
добие материјал погоден за извлекување со гравитациско точење.
3. Се јавуваат различни видови загуби на рудата иако, генерално,
најголеми загуби се јавуваат во подиснскиот дел на рудното тело
поради неговиот благ пад.
4. Неопходен е релативно висок степен на подготвителни работи
(подетажни ходници, откопни рампи, рудни и јаловински сипки и
транспортни ходници).
5. Откопувањето на рудата создава прогресивно зарушување на погоре
лежечките карпести маси кое, пак, има за последица слегнувања и
оштетувања на релјефот на површината.
За да се максимизира искористувањето на рудата, а да се минимизира
осиромажувањето и да се постигнат добри резултати, при откопувањето со
15
подетажниот метод потребни се егзактни податоци за параметрите на
гравитациското точење на одминираната руда и зарушената јаловина. Точноста
и бројот на потребните податоци зависи од целите и потребите на рударското
проектирање. За прелиминарната студија, можат успешно да се користат
податоци од сруги подетажни методи, со слични услови и околности. За друго
повисоко ниво на рударско проектирање и планирање, јасно е дека се неопходни
поточни податоци, добиени од аналитички и експериментални анализи базирани
на in situ тестови.

3. ТРАНСПОРТ И ИЗВОЗ НА РУДАТА

Рудничкиот транспорт на ископина во рудникот за олово и цинк САСА се


карактеризира со многу долги и сложени транспортни патишта.
Сосамотооткопување и напредување во подлабоките делови од наоѓалиштето
Свиња Река на потегот од хоризонт XIVbна кота 1059 до хоризонт 910,а посебно
со појавување на потреба за совладување на поголеми наклони до 14% и
остварување на поголеми капацитети се воведува товарна и транспортна
механизација на дизел погон со поголеми габарити за разликаод веќе
постоечките.

 Откопниот руднички транспорт има за задача да ја транспортира


рудата или јаловината од работилиштето(откоп,чело) до
блоковските рудни или јаловински сипки.
 Главниот рударски транспорт има задача да ја преземе ровната
руда од блоковските сипки да ја транспортира директно до
постројките за преработка или до централните сипки.
3.1 Поделба на транспортот на ископината во рудникот”САСА”

Транспортот на ископината во јамските простории во рудникот САСА може


да се подели според:

1. Местото на примена:
 откопен транспорт кој се одвива од самото место каде е
произведена ископината до утоварното место,
 главен транспорт кој се одвива од утоварното место до Приемниот
бункер или збирните сипки.

16
2. Наклонот на рударските простории:
 Хоризонтален транспорт се одвива по хоризонталните рударски
простории односно,по подетажните смерни ходници,пречници и главни
транспортни ходници.
 Вертикалентранспорт кој се одвива со транспорт на ископината
преку извозно окно и сипки.
 Кос кој се одвива по откопните и главните рампи кои се со нагип од
10о до 14о
3. Видот на транспортно средство
 Железнички транспорт со кој моментално се работи на хоризонт
830
 Самоодна механизација(Јамски дизел утоварачи и јамски
камиони)
 лентест транспор

4. ВЕНТИЛАЦИЈА НА РУДНИКОТ

Вентилацијата на рудник „Саса“ односно проветрувањето се врши со


помош на еден главен вентилатор Zitron ZVN-1-18-450/4, лоциран на порталот
на подкоп XVI, кој работи депресионо и ќе ја исфрла истрошената воздушна
струја која на поткопот се собира од сите пониски хоризонти низ;

 откопната рампа на Блок 2(XVI-XIVb),


 откопната рампа на Блок 1 (990-XIVb),
 откопната рампа на Блок 2 (990-XIVb),
 алимачкиот ускоп на блок 1 (XVI-XIVb),

17
Слика 2: Главен вентилатор (Zitron ZVN 1-18-450/4) аксијален
вентилатор

Дополнително, е вклучен еден помошен вентилатор Klima Celje 75 kw,


поставен на смерниот ходник кон извозно окно на поткоп XVI, кој работи
депресионо и ќе ја исфрла истрошената воздушна струја која се собира на
поткопот преку алимачкиот ускоп за вентилација на профил 1160 за
проветрување на хор XIVb/3 и алимачки ускоп за вентилација на профил 1250.

Слика 3:Помошен вентилатор ( Klima celje 75kw)

 Поткоп XVI - овој портал служи како пат за излезната воздушна струја,
која се собира од блоковите Б1 - Б2 на потегот XIVb – 990, Б1 - Б2 на
потегот 990 – 910 и капиталните објекти во изработка, поткоп 830 и КСР

18
910 - 830, како и за довод на поголемо количество воздух во зоната на
транспортниот подкоп XIVb и 830.

 Поткоп XIVb - ќе представува основен влез на воздух за зголемните


откопни и транспортни активности во зоната XIVb - 990, така што низ него
практично влегуваат најголемите количества свеж воздух во ревирот.
Поткоп XIVb е поврзан со откопно сервисна рампа на блок 1 и блок 2 со
М.Х 990 и со блоковски ускопи за вентилација.

 КСР XIVb-990 - оваа рампа служи за довод на свежиот воздух кој што ќе
се добива преку поткоп 14б, и многу е важно да се изолираат сите споеви
по неа, со цел целокупниот воздух кој што се добива од поткоп 14б да се
разведува преку блоковските ускопи од 990 за Б1 и Б2 и Б3.

 Поткоп 830 – представува влез на свеж воздух за зголемените откопни и


транспортни активности во зоната 910 – 990, и транспорт. Овој поткоп е
врзан со три вентилациони ускопи со М.Х 910.

 Хоризонт XV и машински ускоп за вентилација XV – 933- кој ги поврзува


овие хоризонти и ќе претставува трет влез на свеж воздух за зголемените
транспортни активности во зоната на 910 – 990 и транспорт.

 Смерен ходник према извозно окно на поткоп XVI коj е поврзан со


алимачки ускопи со хоризонтите XIV0, XII, XIII, XVI и со извозното окно и
всушност преставува објект за исфрлање на загадениот воздух кој што
служи за проветрување на северните блокови а тоа е моментално Б3 на
потегот XIVb – 990 како и за довод на поголемо количество воздух во
зоната на транспортниот подкоп XIVb, 830, и хор XV.

Согласноспоменататадокументација,свежиотвоздухвлегуванизпорталотнахор.X
IVb, порталотна хор.830 и СВО ГолемаРека, хоризонт XV и
ускопотзавентилација XV÷933. Вентилационта шема на рудник „Саса“ е
прикажано во прилог бр.4.

19
5. ИСКОРИСТУВАЊЕ/ЗАГУБИ НА РУДАТА ПРИ ОТКОПУВАЊЕ
5.1 Општо за искористувањето и загубите
 Загуби и осиромашување на рудата

Загубите се еден од многу значајните показатели за кои мора да се води


сметка при изборот на методата на откопување. Загубите на руда ги намалуваат
рудните резерви поради што се зголемуваат трошоците на инвестициите и
подготовка по тон руда, а воедно се намалува и векот на експлоатација на
рудникот.
Осиромашувањето на рудата до кое доаѓа поради мешање на руда и
јаловина ги зголемува трошоците по тон руда. Тоа исто така влијае и на
намалувањето на искористувањето во флотацијата.
Не постои целосно искористување на рудата од некое наоѓалиште, ниту
пак може да се произведе целосно чиста руда со иста содржина на метал како
во рудните резерви ( 0 % осиромашување).
Загубите и осиромашувањето на рудата првенствено зависат од
применетата метода на откопување, од организацијата на работа, начинот на
изведување на работните операции како и низа останати рударско-технички и
геолошки околности.
Се среќаваат следните видови на загуби на руда:
 експлоатациони загуби,
 загуби поради пропаѓање на ситна руда во засип
 загуби при транспорт поради испаѓање на руда и др.
Осиромашувањето исто така, зависи од методата на откопување,
организацијата на работа и физичко механичките својства на рудата и соседните
карпи. Методите со зарушување на рудата и соседните карпи се
карактеристични по големиот степен на осиромашување кој може да достигне и
до 40%. Осиромашувањето се среќава и кај методите со заполнување на
откопаните простори, кога заедно со рудата се товари и дел од јаловината која
се користи како засип.

20
5.2 Пресметка на искористувањето
 Пресметка на загубите и искористување на рудата
Загубите на руда претставуваат оној дел од рудата, од рудниот блок или
делот од наогалиштето кои се губат во тек на откопувањето или кои од било кои
пречини не сме ги откопале, а се изразуваат со коефициент на загуби на руда
(gr).

Слика.4.Шематски приказ на откопен блок со рудни резерви

Нека е даден еден руден блок со рудни резерви Т (сл.2), кој се состои од
два дела: дел од рудниот блок означен со 𝑇𝑔 , кој претставува загуби на руда и
дел од блокот означен со Tc , кој го претставува делот од рудата кој сме го
произвеле од рудниот блок.
Вкупните рудни резерви од блокот ќе бидат:

𝑇 = 𝑇𝐶 + 𝑇𝑔 од каде следува;
𝑇𝑔 = 𝑇 − 𝑇𝑐
𝑇𝐶 = 𝑇 − 𝑇𝑔

Искористувањето на рудата од рудниот блок се изразува преку


коефициентот на искористување на рудата (𝑖𝑟 ).
Коефициентот на загуби на рудата претставува однос на изгубената руда од
блокот спрема вкупната количина на руда во блокот, а коефициентот на

21
искористување на рудата однос на произведената руда од блокот спрема
вкупноти количество на руда во блокот:
𝑇𝑔
𝑔𝑟 = или 𝑇𝑔 = 𝑔𝑟 ∙ 𝑇
𝑇
𝑇𝑐
𝑖𝑟 = или Т𝑐 = 𝑖𝑟 ∙ 𝑇
𝑇

Ако во овие равенки ги замениме вредностите за 𝑇𝑔 и 𝑇𝑐 од претходните


равенкисе добива:
𝑇 − 𝑇𝑐 𝑇𝑐
𝑔𝑟 = = = 1 − 𝑖𝑟
𝑇 𝑇
𝑇 − 𝑇𝑔 𝑇𝑔
𝑖𝑟 = = 1 − = 1 − 𝑔𝑟
𝑇 𝑡

Анализирајќи ги рудните резерви во блокот 𝑇, загубите на руда 𝑇𝑔 и делот


на произведена руда 𝑇𝑐 , се гледа дека сите тие делови имаат иста содржина на
метал, која ќе ја означиме со m. Според тоа и загубите на метал, кои се
означуваат 𝑔𝑚 со ќе бидат еднакви на коеф. на загуби на руда, а коеф.
искористувањето на металот ке биде еднаков со коеф. на искористување на
рудата, (во колку јаловината која во тек на откопувањето дошла во
произведената руда, нема метал) , т.е.
𝑇𝑔 ∙𝑚
𝑔𝑚 = = 𝑔𝑟 следува дека 𝑇𝑔 = 𝑇 ∙ 𝑔𝑚
𝑇∙𝑚
𝑇𝑐 ∙𝑚
𝑖𝑟 = = 𝑖𝑚 слдува дека 𝑇𝑐 = 𝑇 ∙ 𝑖𝑚
𝑇∙𝑚

На слика б) е претставен истиот руден блок како и на слика а), составен од два
дела на руда:𝑇𝑔 и 𝑇𝑐 . Во тек на откопувањето со чистата руда придојден е и дел
јаловина, на сл. б) означен со 𝑇2 , чија содржина на метал е .
Делот од чистата руда𝑇𝑐 и јаловината 𝑇2 ја сочинуваат ровната руда 𝑇1 , која има
содржина на метал 𝑚1 .
𝑇1 = 𝑇𝑐 + 𝑇2
𝑇2 = 𝑇1 − 𝑇𝑐

За да го добиеме коефициентот за искористување по метал, ке извршиме


изедначување на равенката за ровна руда по метал:
𝑇1 ∙ 𝑚1 = 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ∙ 𝑚 + (𝑇1 − 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ) ∙ 𝑚2

22
Ако јаловината нема метал т.е 𝑚2 = 0, тогаш следува:
𝑇1 ∙ 𝑚1 = 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ∙ 𝑚
𝑇1 ∙ 𝑚1
𝑖𝑟 = = 𝑖𝑚 = 1 − 𝑔𝑟
𝑇∙𝑚
𝑇1 ∙ 𝑚1
𝑔𝑟 = 1 − 𝑖𝑟 = 1 − 𝑔
𝑇∙𝑚 𝑚
Ако јаловината содржи метал 𝑚2 , тогаш следува:
𝑇1 ∙ 𝑚1 = 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ∙ 𝑚 + (𝑇1 − 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ) ∙ 𝑚2
𝑇1 ∙ (𝑚1 − 𝑚2 ) = 𝑇 ∙ 𝑖𝑟 ∙ (𝑚1 − 𝑚2 )
𝑇1 (𝑚1 − 𝑚2 )
𝑖𝑟 =
𝑇(𝑚 − 𝑚2 )
А загубите на руда ке бидат:
𝑇1 (𝑚1 − 𝑚2 )
𝑔𝑟 = 1 − 𝑖𝑟 = (1 −
𝑇(𝑚 − 𝑚2 )

 Пресметка на осиромашување на рудата

Осиромашувањето на рудата претставува однос на количеството јаловина кое е


дојдено во ровната руда со вкупното количество на ровната руда, и го
изразуваме со коефициентот на осиромашување на рудата 𝑂𝑟 :
𝑇2
𝑂𝑟 =
𝑇1
Од каде следува дека јаловината е: 𝑇2 = 𝑂𝑟 ∙ 𝑇1
Осиромашувањето исто така може да се изрази како намалување на содржината
на метал во произведената руда (𝑚 − 𝑚1 ), во однос на содржината на метал во
рудниот блок m, а се изразува со коефициентот на осиромашување на
содржината на метал 𝑂𝑚 односно коефициентот на осиромашување на рудата
𝑂𝑟 :

𝑚 − 𝑚1
𝑂𝑚 =
𝑚

23
6. АНАЛИЗА НА ИСКОРИСТУВАЊЕТО/ЗАГУБИТЕ НА РУДАТА ЗА
КОНКРЕТНО РАБОТНО МЕСТО

Во продолжение на такстот е даден пример за пресметување на


коефициентот на искористување и загубите на рудата за следново работно
место:
Локација:
 Рудник “Саса”;
 Хоризонт XIVb/1,2;
 Руден блок 1;
 Подетажа XIVb/1 – 37 (подинско рудно тело).
 Хоризонтално растојание: L=50 m
 од геол.профил 700 до геол.профил 750;
 Вертикално растојание: h = 8m
од подетажа -37 до подетажа -29.
 Дебелина на оруднетата зона:
променлива (од 10 м до 20м).

Врз основа на геолошките податоци и резултатите од геодетските,


односно јамомерските снимања на рударските работи (слика 5), констатирано е
дека: На почетокот пред изработка на припремните рударски работи и
откопување на рудата, за горе наведеното работното место прочитани се реални
геолошки резерви за откопување од Qgeol. = 18,9 илјади тони . ( и.тн.)

После изработката на рударските работи односно откопувањето на


рудата (слика 6 и 7) состојбата e следнава:
 количество на откопани рудни резерви без осиромашување Q1 = 13,3
илјада тони (од кои / и/тн. е некондиционирана руда),
 количество на откопани рудни резерви со осиромашување Q2 = 16,6 t
(од кои 3,3 и.тн. представуваат јаловина)

24
Слика 5: Ситуација на работно место Хоризонт XIVb/1,2, Блок 1, Етажа
XIVb/1-37 подина, Профил 750-700, со приказ на етапите на откопувањето
(геолошки резерви)

Слика 6: Ситуација на работно место Хоризонт XIVb/1,2, Блок 1, Етажа


XIVb/1-37 подина, Профил 750-700, со приказ на етапите на откопувањето
(изработка на рударски работи)

25
Слика 7: Ситуација
на работно место
Хоризонт XIVb/1,2, Блок 1, Етажа XIVb/1-37 подина, Профил 750-700, со
приказ на етапите на откопувањето (откопување на рудата)

Врз основа на претходно одредените количества на откопани рудни


резерви може да се пресмета коефициентот на осиромашувањето на рудата , и
тој изнесува:
𝑄2 − 𝑄1 16,6 − 13,3
𝑂𝑟 = ∙ 100 = ∙ 100 = 19.87 %
𝑄1 16,6

Планираниот просечен коефициент на осиромашувањето според


рударскиот проект за откопната метода со подетажно зарушување е:𝑂𝑟,𝑟𝑝 = 18 %
Врз основа на мерењата на волумените утврдени се количествата на
останата руда во времените заштитни столбови (слика 7 и 8), при формирањето
на откопите, и тие изнесуваат 𝑄𝑧𝑠 = 2,9 и. тн.

26
Слика 8: Ситуација на работно место Хоризонт XIVb/1,2, Блок 1, Етажа
XIVb/1-37 подина, Профил 750-700, со приказ на етапите на откопувањето
(останата руда во времените заштитни столбови)

Па, познавајќи ги геолошките резерви и овие загуби на руда во


столбовите, може да се пресмета коефициентот на загуби на руда:
𝑄𝑧𝑠 2,9
𝑧𝑧𝑠 ∙ 100 = ∙ 100 = 15,3%
𝑄𝑔𝑒𝑜𝑙 18,9
Планираниот просечен коефициент на загуби на рудата според
рударскиот проект за откопната метода со подетажно зарушување изнесува:
𝑧𝑧𝑠,𝑟𝑝 = 18%.
Коефициентот на искористување на рудата при откопувањето е:
𝑖𝑟 = 1 − 𝑧𝑧𝑠 = 1 − 0,153 = 0,847 или 84,7 %

Вкупното количество на откопана руда и руда останатата во заштитните


столбови за ова работно место изнесува:
𝑄𝑣𝑘 = 𝑄1 + 𝑄𝑧𝑠 = 16,6 + 2,9 = 19,5 и. тн.

27
Сега може да се пресмета и односот на вкупната откопана ровна руда со
рудата во геолошките резерви за ова работилиште, изразен во проценти:
𝑄𝑣𝑘 19,5
∙ 100 = ∙ 100 = 103,1%
𝑄𝑔𝑒𝑜𝑙 18,9
Објаснувањето за така добиениот висок однос при откопување на рудата за
ова работно место се докажува со следниве аргументи:
 прираст на геолошки резерви: 𝑄𝑝𝑟 = 𝑄𝑣𝑘 − 𝑄𝑔𝑒𝑜𝑙 = 19,5 − 18,9 =
0,6 и. тн. или 3,1;
 непотврдени геолошки резерви: 0 t или 0%,
 неоткопани од технички причини: 0 t или 0%, кое може да се види од
приложените графички прилози на слика( 5, 6, 7, 8 и 9)

28
Слика 9: Профил за завршени рударски работи на работно место:
Хоризонт XIVb/1,2, Блок 1, Етажа XIVb/1-37 подина, Профил 750-700

29
Мерењето на волуменот на откопаната и неоткопаната руда за секое
работно место се врши со современи геодетски инструменти кои сами по себе
претставуваат мини компјутери и со својата брзина, точност и пред се излезните
податоци овозможуваат прескокнување и забрзување на многу чекори што водат
до крајниот производ на целата постапка, односно картите и плановите.
Како главен претставник на новото време ќе ја наведеме Тоталната станица
LeicaFlexLineTS02/ TS06/ TS09/ (слика 10), која рудникот “Саса” ја има на
располагање и која во потполност ги задоволува сите потреби на геометарот при
вршењето на геодетските мерања во јамата.
Големата предност при користењето на овој геодетски инструмент е тоа што
не се потребни било какви тригонометриски обрасци за запишување на
мерените величини (агли, должини), бидејќи истите тој ги меморира, обработува
и како излезни податоци се добиваат координати и коти на сите мерени точки.
Понатаму мерените податоци многу брзо и едноставно се преточуваат во
компјутер и се обработуваат преку познатиот програм за цртање АutoCи “Vulcan”

Слика 10: Тоталната станица LeicaFlexLineTS02/ TS06/ TS09

7. ЗАКЛУЧОК

30
Остварувањето на поволни вредности за коефициентот на искористување
(загубите) при откопувањето на рудните резерви од едно рудно наоѓалиште е
императив за секое рударско претпријатие, ако се има во предвид аргументот
дека рудното богатство е необновлив природен ресурс. Поради тоа денес се
повеќе внимание се посветува на изнаоѓањето егзактни методи за негово
одредување.
Во рударската пракса со задоволителна точност се одредува
коефициентот на искористување (загубите) и осиромашување на рудата со
геодетски мерења на волуменот на откопаната и неоткопаната руда, со
постојано следење на откопаните работи.
Кај ова метода со зголемувањето на искористувањето пропрционално се
зголемува и осиромашувањето на рудата, каде што и човековиот фактор
влијаее на искористувањето.

Поради благиот пад на залегнување на рудното наоѓалиште се јавуват


загуби на руда, за да би се намалила загубата односно зголеми искористувањето
доаѓа до нарушување на безбедноста на работниците и механизацијата која се
користи, со тоа свесно доаѓа до останување на руда.

8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

31
(1) Дополнителен рударски проект – За изведување на рударски работи и
есплоатација на наоѓалиштето свиња река, помеѓу хоризонтите XIVbи 830,
во рудниците за олово и цинк „Саса“ – М.Каменица. Дел II (Број на
проект1/2011 Договор бр. 1402-443/1) Штип,Април 2011;

(2) Mijalkovski S., Despodov Z., Mirakovski D., Hadži-Nikolova M., Mitić S.:
Determination and monitoringof ore recovery and dilution coefficients in SASA
leadand zinc mine -M.Kamenica, R. Macedonia, University of Belgrade –
Faculty of Mining and Geology, Underground mining engineering, Year 23,
Nomber 26, pp. 1-9, Belgrade, 2015;

(3) Десподов З.: Технологија на подземно откопување (интерна скрипта),


ФПТН ,Штип 2011

(4) Gluščevič B.: Otvaranje i metode podzemnog otkopavanja rudnih ležišta,


Univerzitet u Beogradu, Beograd, 1974;

32
33

You might also like