You are on page 1of 18

Тонење на теренот во

урбани средини
Изработиле:
Климент Ефтимов
Лина Георгиевска
Далибор Рачиќевиќ
Вовед

• Tонењето на дел од теренот и објектите на него (анг. subsidence)


најчесто е резултат на влијанија на инженерски активности под
површина на теренот. Инженерската активност може да се однесува на
активен ископ кај подземни рудници, тонење на терен над напуштени
рудници, црпење на подземна вода и исушување на теренот, постоење
на кавернозни зони од варовнички маси, поранешни гипсни или солни
лежишта и друго. Во определени случаи, деформациите на теренот
може да се појават и како комбинирано дејство на површински
оптоварувања и подземни инженерски интервеnции.
Слегнувања и тонење на теренот

• При снижувањето на подземна вода знатно се зголемува нивото на


ефективниот напон, така што при ист модул на деформација на
почвите доаѓа до слегнување и тонење на површина на теренот.
Градот Ирапуато(област Ел Баџо) во
државата Гванахуато, Централно Мексико
• Агрокултурата во полусувите урбанизирани средини каде што нема површински
води зависи од интензивната употреба на подземните води. Во мексичкиот град
Ирапуато има голема концентрација на бунари кои се користат за наводнување
каде што интензивниот регионален испумпувачки режим на подземната вода
доведува до свлечување. Регионот Ел Баџо се наоѓа во Трансмексиканскиот
вулкански појас, каде преовладуваат вулканските карпи. Недостатокот на
експлоатациони површински водни тела е причина за интензивната употреба на
подземните води. Ирапуато припаѓа на голема земјоделска област со повеќе од
1.200 активни бунари. Вадењето вода во целиот регион надминува 650 Мм3
годишно. Локалните водоносни системи се главниот воден извор за сите
корисници во Ел Баџио Гуанахауатенсе
• Градот е изграден околу плитко езеро формирано од реките
Гуанахуато и Силао кое во почетокот на 1900 година пресушило. Во
езерскиот домен се депонирале седименти како што се глина, вар и
глинени наслаги. Спасената земја е искористена за земјоделството и
урбана експанзија. Речното корито на Гванахуато е заобиколено за да
се избегне центарот на Ирапуато. Овие промени предизвикале
поплавување и зголемување на нестабилноста на поранешни езерски
земји.
Слегнувања во Градот Ирапуато
• Првите слегнувања биле пријавени уште во 70-тите години, а прво
лоцирање на грешки во слегнување е направено во 2001 година.
Слегнувањето е поврзано со извлекување вода на почетокот на 2000
година.Осумнаесет свлечишта биле пронајдени на должина од 27км, а
повеќе од 200 куќи пријавиле штета. Со помош на сателитски слики
биле направени морфолишките анализи за движењето на почвата. Со
овие анализи се дозволуваат калкулации со поместувањето на
земјиштето и со тоа се определува бројот на бунари за наводнување
што може да ги има на истото тоа земјиште.
• Големата зависност од подземните
води за урбано снабдување и
урбано земјоделство во Ирапуато
ја објаснува високата густина на
бунарите и режим на интензивно
пумпање. Нема општински или
федерални регулативи во врска
или ограничување на број или
процент на земјоделски бунари во
Урбани места.
• По првите извештаи во 1970 тонењето било поврзувано со нестабилност на земјиштето. Првите
поголеми пукнатини ги сметале за природен феномен. Многу од геолошките раседи биле лоцирани
во Ел Баџио иако во таа област нема сознанија за сеизмичка активност. Линеарноста на пукнатините
открива тектонска рамнотежа заради геометријата. Димензиите и движењето на деформабилните
материјали како глина и глинените слоеви се покоруваат на тектонските и седиментни процеси.
Екстракцијата на подземната вода предизвикува депресуризација на глинените слоеви и константно
намалување на волуменот. Слегнувањето на земјиштето се одразило и врз другите соседни градови
во регионот. Штетата предизвикана на објектите не е главниот проблем, туку честото обновување на
ѕидовите и подовите кои претставуваат инвестиции за населението и предизвикуваат големи
економски загуби. Овој проблем предизвикува економски загуби од над 2 милиони долари до 2007
година, а бројни инфраструктурни објекти кои се од неопходно значење како мостови,водоводни
мрежи, канализации и др. биле срушени заради спуштањето на нивото на земјата(тонењето).
Слегнување на нестабилно лежиште во
градот Кируна, Шведска
Кируна е најсеверниот град во Шведска и лежи во Арктичкиот круг. Ова градче старо 125
години се наоѓа во непосредна близина на рудник на железо, кој со текот на годините го
дестабилизирал тлото околу градот. Градот постои поради рудникот, секоја ноќ се слушаат
минирања, но жителите се навикнати на експозии, па така веќе не ги ни приметуваат. Државната
компанија Luossavaara-Kiirunavaara AB отворила голем број работни места во градот,
благодарение на рудникот, но секојпат кога ќе се извади руда, доаѓа до слегнување на тлото и
деформација на земјиштето. LKAB копал се подлабоко што довело до голема деградација на
стабилноста на тлото, кое изгубило носивост непоходна за тежината на градот.
Со оглед на вредноста на железото на глобалниот пазар, расте и интензитетото на неговата експлоатација,
па така на ова место секојдневно се минира тло еквивалентно на зграда од дванаесет ката, што доведува
до слегнување на земјиштето во градот за околу пет сантиметри годишно. Како расте цената на железото,
брзината на негово вадење се зголемува.

За да се сочува градот, за жал некои од


зградите морале да бидат срушени,
додека поголем дел се пренесуваат со
помош на камиони со платформи на нова
локација, која е на околу три километри
источно, пишува ArchDaily.
Деградација на тлото по години
Прашања :
Користена литература
• http://www.scielo.org.mx/scielo.php?script=sci_arttext&pid=S0016-
71692012000200005
• http://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/GF/Inzhenerska_geologija.pdf
• https://www.porta3.mk/ovoj-125-godishen-shvedski-grad-se-preselil-so-
svoite-zgradi/

You might also like