You are on page 1of 13

Улога,карактеристики и

развој на сообраќајот
СООБРАЌАЈ
Превоз, сообраќај или транспорт е движење на луѓе, добра, сигнали и информации од едно
место до друго. Тој е непосредно поврзан со стопанството, бидејќи е главна врска меѓу
производството и потрошувачката, но и во секојдневниот живот на луѓето.
Постојат три видови на сообраќај:
 Копнен сообраќај
 Воден сообраќај
 Воздушен сообраќај
ПОЈАВА И РАЗВОЈ НА
СООБРАЌАЈОТ
Првата потреба за превоз настанала со појавата на првите заедници
на човекот. За исхрана се користеле разни плодови, ореви, корени и
слично кои биле трошени на местата каде што биле
пронајдувани.Прв битен момент во историјата било пронаоѓањето на
огнот што им овозможил на луѓето да се движат и во постудените
краишта. Со тоа било овозможено нивно населување на подолг
период во пештерите што предизвикало потреба од складирање
храна и огрев. Тогаш се појавила првата потреба за пренесување
храна, огрев и слично до пештерите. Првото пренесување на товарот
било со користење на грбот на човекот. Но потоа за да си олесни
почнал да користи гранки за пренесување. Тој исто така почнал да
користи и стебла, вдлабувајќи ги, за пренесување преку водените
површини. Врз основа на ова, може да заклучиме дека првите
сообраќајни средства биле разгранетите гранки и вдлабнатите
стебла.
ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА
СООБРАЌАЈОТ
Развитокот на сообраќајот зависи од влијанието на бројни фактори кои
може да ги групираме во две основни групи:
 Природно-географски фактори
 Општествено-економски фактори
ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ
ФАКТОРИ
 Географската положба  Релјефот
Поволната географска положба влијае Релјефот има најголемо влијание врз
врз вкупниот обем на превозот во развитокот на сообраќајот. Тој повеќе
самата земја, но уште повеќе на влијае на патниот и железничкиот,а
транзитниот превоз кој се врши преку помалку на поморскиот, воздушниот и на
нејзината територија. Меѓутоа услов за другите видови сообраќај. Најповолни
развојот на транзитниот сообраќај е услови за развој на копнениот сообраќај
земјата да има квалитетни има во рамничарските предели и во
сообраќајници.На пример, нашата земја речните долини. На поморскиот сообраќај
има поволна сообраќајно-географска влијае релјефот на морското дно, особено со
подводни карпи, песочни спруводи,
положба.
корални гребени и слично. При изградба на
аеродромите, исто така, се води сметка за
релјефните услови.
ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ
ФАКТОРИ
 Климата  Хидролошките услови
Климата на сообраќајот влијае со врнежите, Тие може да влијаат неповолно особено на
ветровите и ниските температури. Поројните копнениот сообраќај. Широките реки,
дождови ја намалуваат видливоста, а снегот го мочурливото земјиште, големите подземни
отежнува или го прекинува копнениот води и слично, ја отежнуваат изградбата
сообраќај. на сообраќајници. Од хидролошките
услови зависи снабдувањето со вода на
железничките станици, мотели,
бензинските пумпи, сервисите и на други
објекти што се градат покрај
сообраќајниците. Хидролошките услови
ако се поволни имаат големо значење за
одвивање на водниот сообраќај.
OПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ
ФАКТОРИ
 Населението  Стопанската развиеност на една
Населението е главен и основен фактор земја
за развитокот на сообраќајот. За Стопанските поразвиени земји имаат
развитокот на сообраќајот особено се поразвиен сообраќај од неразвиените.
значајни бројот, структурата и Колку обемот на производство е
територијалната разместеност на поголем, толку е поголема и потребата
населението. Колку бројот на за развиен сообраќај.
населението во некоја земја или регион
е поголем, толку се поголеми потребите
за превоз на луѓе и стоки и за пренос на
вести од едно на друго место.
OПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ
ФАКТОРИ
 Развиеност на науката и техниката
Денес живееме во време на нова научно-
техничка револуција чии пронајдоци
имаат се поголема примена и во
сообраќајот за разлика од минатото
како што е на пример појавата на
парната машина на моторот со
внатрешно согорување, воведување на
електрична и атомска енергија и
слично. Меѓутоа сите овие пронајдоци
си имале големо значење во времето во
кое се појавиле.
OПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ
ФАКТОРИ
 Меѓународните политички односи
Напредокот на сообраќајот зависи од стабилноста на политичките односи во секоја
земја и од меѓународните политички односи. Меѓутоа при нестабилни политички
односи- државни удари, масовни демонстрации, меѓудржавни војни и слично може
да дојде до прекини и уназадувања на сообраќајот.
Патниот сообраќај го опфаќа превозот на патници и стоки со: автомобили,
автобуси, камиони и разни видови специјални моторни возила- шлепери,
автоцистерни, танкери, камиони-ладилници и др.
Тој има низа предности поради кои денес има значајна улога во вкупниот превоз на
патници и стоки. Патниот сообраќај врши директен превоз на стоките од врата до
врата, без претовар, лесно се приспособува кон другите видови сообраќај, бидејќи
превезува патници и стоки од железничките станици, аеродромите, пристаништата
и обратно ги довезува до нив.
Во 1923 година во Италија била изградена првата автострада- пат по кој
сообраќајот се одвива со голема брзина. Во денешно време современи патишта се
градат во: Азија, Африка и Латинска Америка. Денешната вкупна должина на
патната мрежа во светот изнесува близу 22 милиони км. По патиштата во светот се
движат околу 500 милиони патнички автомобили и 150 милиони камиони и
автобуси. Должината на патната мрежа во Европа изнесува околу 6 милиони км.
Со најголема должина современи патишта располагаат: Германија, В. Британија,
Франција и Италија. Англоамерика се одликува со највисоко развиен патен
сообраќај во светот. Со патниот сообраќај во светот се превезуваат околу 90% од
вкупниот број патници и околу 80% од превезените стоки.
Во Р.М се бележи големо заостанување на сообраќајниот развој во однос на
модернизацијата на патишта во споредба со поразвиентите земји. Со цел да се има
побрз стопански развој се преземаат мерки за промена во структурата и
осовременување на сообраќајот преку големи инвестициски активности во тој дел,
како и целосно сообраќајно поврзување.

You might also like