You are on page 1of 1

Анализа на ликови Шагринска кожа

Рафаел Де Валентин, е главниот лик во романот, носител на сите настани


преку кои Балзак ги опишува вредностите на животот во периодот на XIX век ,
кога буржоазијата ги поместува сите општествени вредности и развратот и
коцкањето се главна разонода.
Рафаел е младо момче студент и журналист, кое живее во Париз. Очајот од
беспарицата и тешкиот живот го бара во коцкањето, но по губењето на сите
пари има суицидални идеи.
Статичноста на ликот се прикажува со немањето желба да се вложи за
постигнување повисоки цели во животот, туку се препушта на коцката и
безделничењето. Неговата алчност и непромисленост се воочува уште на
почетокот на книгата кога не ги дослушува предупредувањата од старецот во
анткварницата за погубноста од волшебната моќ на парчето кожа. Низ целата
книга се покажува дека водилка му е моќта, раскошот, богатството, желби кои
му ги остварува Шагринската кожа, но за сметка на тоа му ја црпе животната
енергија. Алчноста го доведува до моменти кога неконтролирано и несвесно
постојано посакува нови нешта се до степен кога воочува дека кожата е толку
мала и се почувствува загрозен. Единствен момент кога ја согледува
вистинската смисла на животот е кога посакува неговата љубена Паулина да
остане жива, а неговит живот да згасне во нејзините прегратки.

Паулина е керката на газдарицата каде Рафаел Де Валентино живее во своите


денови на сиромаштија. Таа е единствената која вистински го сака Рафаел и е
спремна да го жртвува животот за него. Без оглед на неговата финансиска
состојба Паулина ужива во моментите на уметност поминати со него и
постојано се труди да му ги посочи вистинските животни цели, нежно и
ненаметливо со сета своја скромност и искреност,

Фадора е девојката од високото друштво, која Рафаел се труди да ја освои


уште во деновите на сиромаштија, но таа бездушно го одбива. Балзак преку
неа потполно го опишува изместениот буржоаски систем на вредности.
Забавата, неморалноста, коцката, пијанството се главни животни определби.
Фадора ги преферира само материјалните добра и кога животниот стандард на
Рафаел ке се измени таа му се наклонува и покрај јавните понижувања што и
ги приредува.

Старецот од антикварницата е прикажан како мудрец кој во моментите на очај


на Рафаел му дава совети за смислата на животот и вистинските животни
вредности. На моменти е претставен како привидение и совест која му го
посочува правиот пат, но Рафаел постојано скршнува од него.
Старецот во книгата се проткајува како показател на смислата на животот и е
коректор на однесувањето на алчниот Рафаел. Писателот на крајот на книгата
имајќи верба во човечките вредности завршува со крунисување на искреноста
и љубовта.

You might also like