You are on page 1of 82

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ – СКОПЈЕ

Социјална патологија

декември, 2018 година


1
Содржина:

1. Алкохолизам ...................................................................................................................................... 3

2. Хазардни игри .................................................................................................................................. 16

3. Зависност од дроги (наркоманија) ............................................................................................... 35

4. Вагабундажа ..................................................................................................................................... 49

5. Самоубиства ..................................................................................................................................... 66

2
1. Алкохолизам

1.1 Појава на алкохолот

 богот Дионис во грчката митологија


 Бахус во римската митологија
 Боговите на веселбата и виното
 Алкохолните пијалоци биле користени како храна, како лек, во религиозните ритуали и како
средство за уживање
 Хипокрит пијантсвото го карактеризира како смислено предизвикување лудило
 во Спарта на пијаниците им ги отсекувале нозете
 Римската држава со своите закони им забранувала на помлади да пијат пред 30 години –
бидејќи до оваа возраст се случува потполно физичко созревање на личноста, таа формира
семејство, се рагаат деца, а пиењето акохол е ризично за здраво поколение.

1.2. Journal of the American Medical Association

 алкохолизмот e хронична болест


o медицината сè уште не е во состојба докрај да ја излекува (ако лицето по долго време
посака да пие по малку, веднаш ќе се врати на оној стадиум на болеста на кој застанал
пред многу години)
o современите методи на испитување (неврохемиски, позитрона емисиона томографија)
убедливо докажуваат дека постојат разлики меѓу мозокот на зависникот и мозокот на
здрав човек
o алкохолот го нарушуваат функционирањето на ендорфинскиот систем во мозокот
постојана биолошка потреба да биде во состојба на опиеност
o физичка зависност - лицето почнува да пие секое утро, во текот на денот или навечер, за
да може да заспие. Не може да се контролира. Потребата од алкохол станува како глад или
жед
 прогресивна болест - со тек на времето состојбата се влошува и во определена фаза
промените во организмот стануваат неповратни
 соматски последици - нарушување на метаболизмот и појава на болести (цироза, токсично
уништување на нервниот и кардиоваскуларниот систем)
 психички последици - изменување на личноста, губње интерес, променливост, лажливост,
манипулации
 социјални последици- поради пиење не страда смо тој што пие, туку му страда и
семејството. Постојаната напнатост, неуспешните обиди алкохоличарот да се контролира,
разочарувањето, гневот и конфликтите создаваат созависност кај членовите на семејството на
болниот

3
1.3. Типови на алкохолизам
 Алфа алкохолизам – психичка зависност од алкохол, лицето пие за да избега од реалноста,
да добие самодоверба, самопичит. Не е развиена алкохолна болест, но нужно е лекување
 Бета алкохолизам – поради секојдневна употреба на алкохол се чувствуваат неговите
токсични својства врз нервите, мозокот, црниот дроб
 Гама алкохолизам – кога од психичка зависноста преминува во физичка зависност (се губи
контрола во пиењето, клеточниот организам се адаптира на алкохолот, изменето однесување)
 Делта алкохолизам – неможност за апстиненција, не може да живеат без алкохол
 Ипсилон алкохолизам – периодично пиење (може долго време да не пијат, но ако започната
мора да се опијат
 Зета алкохолизам – труење со алкохол проследено со антисоцијално однесување
(агресивност)

1.4. Општи напомени

Не е дефиниран типичен карактер на алкохоличар (директори, механичари, работници,


архитекти, доктори, црковни лица). Употребата на алкохол варира зависно од социјалното,
културното и религиозното потекло на индивидуата. Податоците на СЗО посочуваат дека
алкохолизмот е трет ризик-фактор за развој на незаразните болести, а прв ризикфактор кај
младата популација

1.4.1 Алкохолизам или алкохолна зависност

 Хронична болест позната по потребата за алкохол.


 алкохоличари - не можe да го контролираат своето пиење дури ниту кога станува
директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни
проблеми, загуба на работата или сообраќајни незгоди
 се уште се нема откриено точната причина за алкохолизмот
 во неговото развивање помагаат генетски, психолошки и социјални фактори

1.4.2. Степен на конзумирање на алкохол

 помалку сериозни алкохолни проблеми (проблеми со пиење, злоупотреба на


алкохол)
 сериозни проблеми (алкохолна зависност или алкохолизам)

1.4.3. Алкохолна зависност

 силна потреба за пиење и покрај свесноста дека пиењето им создава проблеми


 недостаток на контрола
 развиваат поголема толеранција на алкохол (тренинг)
 физичка зависност од алкохол
 апстиненцијални кризи (гадење, потење, тресење и вознемиреност)

4
1.5. Употреба на алкохол

 Традиционално е присутен во секојдневниот живот - дел е од секојдневната исхрана,


неизбежен во моменти на радост, тага, обреди
 Менталитет - послужувањето и пиењето алкохол се неопходни за да се покаже гостопримство
 Зошто кај некои луге се развива зависност од алкохол, а кај други не - одговорот лежи во
факторите поврзани со личноста, средината и видот на алкохол
 Конзумирањето алкохол е општествено прифатено и не постои доволна свест за последиците
и опасностите

1.6. Последици од алкохол

 го нарушува целокупното здравје на алкохоличарите


 се јавува намалена отпорност на организмот, заболува црниот дроб, мозокот, сетилата, срцето
и крвните садови
 скратување на животниот век за најмалку десет години

1.7. Заблуди поврзани со алкохолот

 алкохолот е хранлив = заблуда!!! освен калории и јагленохидрати, алкохолот ги нема


неопходните хранливи материи (протеини, витамини и минерали за да може да замени оброк)
 алкохолот е лек = заблуда!!! мастиката е одлично средство за лекување на чир во желудникот,
коњакот му годи на срцето, виното ја поправа крвната слика, а пивото е добро за бубрезите
 алкохолот загрева = заблуда!!! алкохолот ги шири периферните крвни садови и дава
субјективно чувство на топлина, но, бидејки истовремено предизвикува и стегање на
внатрешните крвни садови, се појавува проблем со циркулацијата, па во зимно време
алкохоличарите се жртви на „белата смрт“
 други заблуди = алкохолот ја зголемува самодовербата, го подобрува сонот, смирува и сл.

1.8. Почеток на конзумирање алкохол

 Често започнува во раната младост


 до 18-та година многу млади луге веке имаат искуство со алкохолот
 младите започнуваат со конзумирање пиво, но и коктели од жестоки пијалоци Начин за
прифатеност од своите врсници
 Последици кај младите - губење свест, кома, грчеви на телото, па и смрт последиците
зависат од:
 количеството на алкохолот во крвта,
 конституцијата на детето,
 здравствената состојба,
 моменталното психичко расположение и телесната тежина
 По отрезнувањето може да се јави амнезија

1.9 Телесни компликации кај зависници од алкохол

5
 Надворешен изглед – неуредност, здив на алкохол (halitus), промени на лицето (капиларен
цртеж на образи, подуеност, закрвавени очни белки, отечени долни капаци), пелагроидни
промени на кожата поради недостиг од витамини од групата Б
 Прерано стареење
 Пад во интелектуални функции
 Рана смртност и скратен животен век

1.10. Психички последици од алкохол

 Акутно патолошка напиена состојба (преосетливост на алкохол, амнезија)


 Алкохолно лудило (кај долгогодишни алкохоличари, завршува со смрт во 15%)
 Алкохолна халуциноза (се слушаат гласови, страв, вознемиреност, депресија, агресивност)
Корсакова психоза (кај долгогодишни алкохоличари се јавуваат празнини во сеќавањата и
измислуваат содржини за да ги пополни празнините)
 Алкохолна параноја и патолошка љубомора
 Деменција (пропаѓање на мозочните клетки)

1.11. Физички ефекти

 Етил алкохол или етанол, е присутен во разни количини во пивото и виното и во


дестилираните пијалоци - виски, џин и рум.
 Апсорпција - по конзумирање на алкохолот стомакот и органите за варење бргу го
апсорбираат
 Влијание врз организмот - алкохолот патува преку крвта низ целото тело и влијае врз
секој орган
 Поголеми дози - ја зголемуваат самодовербата, го намалуваат стравот, напнатоста и
вината, ги пореметуваат функциите на централниот нервен систем, вклучувајќи го
мозокот. Како што крвта минува низ црниот дроб, ензимите го разложуваат алкохолот на
безопасни продукти кои се елиминираат од организмот 6 до 8 часа подоцна
 Мали количини на алкохол - ја ослободуваат напнатоста или измореноста, го
зголемуваат апетитот, во некои случаи имаат аналгетски ефект за намалување на болката
 Интоксицирана или пијана личност - говорот стаува гласен и неповрзан, склоност кон
насилство, нетоларанција, пореметено расудување, нерационално однесување,
забележително нарушени физички рефлекси и мускулна координација, целосна загуба на
физичката контрола, губење на свеста и можна смрт

1.12. Социјални ефекти

 Стигматизација - неодговорни, неморални и лица со слаб карактер


 честопати се смета дека земањето или одбивањето на пијалок е прашање на лична одлука
и самоволен акт
 Според СЗО, алкохолната зависност и други форми на злоупотреба на алкохол го слабеат
глобалното здравје, сметано за 3.5% од сите случаи на заболување ширум светот.

6
алкохоличарите не само што себеси си наштетуваат и се помалку продуктивни на
работните места туку им наштетуваат и на своите семејства, каде што најмногу страдаат
децата
 алкохолот е причина за 16 отсто од случаите на злоупотреба и запоставување на децата
длабоко вкоренет во општеството и има голем број луѓе кои го користат како средство за
развеселување,помага во намалување на анксиозноста и за надминување на проблемите и
животниот стрес
 Пиејќи ја покажуваат својата вредност и зрелост
 Желбата за ослободување од авторитетот на постарите
 Да се реши некој проблем
 Да се надмине срамежливоста
 Го нарушува здравјето на младиот човек,
 Го спречува и нарушува неговиот нормален психички и физички развој
 Настануваат органски пореметувања
 Настануваат вегетативни пречки

Пореметување на личноста:

o каприциозност, нетолерантност, агресивност


o нетрпеливост
o раздразливост
o губење на топлиот емотивен однос кон родителите и повозрасните
o занемарување на должностите кон заедницата

Штетни дејства:

o чести се труењата со алкохол со опасни последици


o го намалува интересот за училиште
o ја намалува критичноста и затоа однесувањето е непристојно, се случуваат недозволени
работи и кривични дела

1.13. Возраст

 40% од луѓето кои почнале да пијат на возраст под 15 години имаат голема веројатност да
станат алкохоличари
 оние кои почнале да пијат на возраст под 15 години имаат четири пати поголеми шанси да
станат алкохоличари во однос на оние кои го одложувале пиењето до својата 21 година

1.14. Родова застапеност

 Мажите имаат трипати поголема веројатност да станат алкохоличари во однос на жените


 Кај помладите полот е ирелевантен - се почесто момчињата и девојчињата пијат заедно
исти пијалоци, а кај женската популација процентот на зависни од алкохол е во
значителен пораст

7
1.15. Алкохолизмот и жените

 Навиката за пиење кај жените е во голем пораст во последните две декади

Причини:

o промените во начинот на живот,


o посветеноста на кариерата
o финансиската независност
o „цена„ на еманципација на жените кои се недоволно подготвени
o незадоволство од животот, бракот или работното место

Кај женскиот алкохолизам може да зборуваме за два типа на пиење:

o алкохолизам на “домаќинките”
o „машки тип”

Облик на алкохолизам:

o секундарни алкохоличари – женскиот алкохолизам се должи на претходни психички


проблеми
o младите девојки пијат како и нивните врсници од спротивниот пол, па може да се очекува
се почеста појава на примарен алкохолизам и кај жените

"Почнав да пијам по половина чашка за да му правам друштво на маж ми кој често пие. Мислев
дека од неколку голтки нема ништо да ми се случи. Се излажав. Почнав се повеќе да пијам.
Најпрвин дома, кога бев сама, па со друштвото, и на крајот почнав да пијам и на работа.
Мислев само на пиење и ништо друго не ми беше важно... ", раскажува 40- годишна пациентка
на Центарот за зависности "Кисела Вода" во Скопје

 Последните испитувања на Министерството за наука, покажуваат пораст на злоупотребата на


алкохолот кај жените. Во споредба со претходните години, кога на 12 мажи алкохоличари
доаѓала една жена, сега на пет мажи една жена.
 Во Македонија од 25 девојки помлади од 25 години, една конзумира алкохол, што според
социјалните работниците е многу голем процент

1.16. Алкохолизирана трудница vs. право на живот на плодот

 Почесто настануваат компликации во текот на бременоста


 Алкохолизмот на мајката доведува до промени на плодот кои настануваат во текот на
бременоста Спонтани абортуси - до 28-та недела секогаш се со смртни последици за плодот
 Предвремени породувања - земањето алкохол во текот на бременоста е главен фактор за
предвремено породување
 Алкохолот преку крвните садови на мајката доаѓа и до крвните садови на матката во кој се
развива плодот, влегува директно во крвта на ембрионот и го попречува растежот на ќелиите,
го оштетува нервниот систем - посебно мозокот
8
 Голем процент од децата чии мајки конзумирале алкохол во текот на бременоста подоцна
имаат проблеми во развојот на интелигенцијата и учењето, така што мораат да посетуваат
образовни установи за ментално заостанати деца
 Во САД во 1988 година донесен е закон кој ги обврзува произведувачите на алкохолни
пијалоци, на секоја етикета да мора да стават предупредување на кое е означено дека
конзумирањето на алкохол во тек на бременоста е штетен за плодот.

1.16.1. Родено дете со 4,3 промили алкохол во крвта (Полска)

Бебето било тешко за 900 грама и после породувањето било сместено во инкубатор.

Има тешки оштетувања на црниот дроб и средишниот нервен состав. И понатаму е во


животна опасност, а докторите поради тешката состојба во која се наоѓа му даваат мали
шанси за преживување. Ако преживее тоа ќе биде тежок инвалид.

30-годишната мајка на девојчето дошла во болница мртва пијана, додека водењакот и


пукнал во текот на три дена кои ги потрошила на пиење во локалниот бар. Итната помош
била повикана од една келнерка. На споменатата мајка ова и е петто дете, а претходните
четири веќе и биле одземени од државата. Против несовесната мајка е подигната кривична
пријава, а судот и одредил тримесечен притвор.

Годишно во Полска се раѓаат околу 300 пијани деца.

1.17. Влијанието на економската криза

 Со продлабочувањето на глобалната економска криза се поголем број вработени во


финансиските институции на Волстрит бараат помош во центрите за лечење пред се од
алкохолизам
 Лицата кои бараат помош најчесто се во депресија или зачестиле со злоупотреби на
стимулативни средства
 Постои консултантската фирма која изработува програми за лечење на менаџери „Turning
Point for Liders“ („Точка на враќање за лидери“)
 Невидливата граница меѓу општествено легитимното „нормалното„ конзумирање на алкохол
и алкохолна зависност
 Државниот буџет преку данокот на алкохолни пијалоци годишно заработува милиони

1.18. Алкохоизмот и работната способност

 Настануваат проблеми кога алкохоличарот не е во состојба да ја прикрива својата болест


Прва фаза - помали повреди на работната дисциплина (доцнење на работа, продолжена пауза
во текот на денот)
 Втора фаза - се губи интересот за својата професија, отсуствува креативноста, работата се
врши рутински и површно, почесто го менува расположението од незаинтересираност до
агресивност

9
 Трета фаза - почнува да пие на работното место, чести изостаноци од работа и користење на
слободни денови, доаѓа до тешки повреди на работното место и до намалување на работната
способност

1.19. Алкохолизмот и сексуалниот живот

 Проблемите во сексуалниот живот кај многу луѓе се врзани за прекумерно конзумирање


алкохолни пијалоци
 Спротивно на верувањето дека алкохолот е моќен афродизијак и дека стимулативно влијае на
сексуалната способност, фактите говорат токму спротивното
 Алкохолот делува на мозокот и на човековото однесување, а неговото вистинско делување на
подобрување на сексуалниот живот е само привидно.

1.20. Алкохолизам и aftershave студијата на журналот Лансет

o Забележано во Русија
o Си ја предизвикуваат среќата пиејќи тоалетна вода и средства за чистење
o Производите кои во себе содржат растителен раствор се продаваат во речиси секоја
аптека, достапни им се на сите и можат да имаат и до 97% алкохол
o Анализата покажала дека во нив има многу малку отрови, но тие се смртоносни бидејќи
имаат екстремно високо ниво на алкохол.
o Мажите кои консумирале само "индустриски алкохол" кој не доаѓал од регуларни
пијалаци како вотка, пиво, вино имале 9 пати поголеми шанси да починат отколку лицата
кои не го пиеле, што е речиси 3 пати повеќе од "обичните" алкохоличари

1.21. Генетски предиспозиции за алкохолизам (мутиран хромозом 15)

 Американските научници го идентификуваа човечкиот ген одговорен за склоност кон


алкохолизам
 Откритието може да доведе до развој на тестот со кој се препознаваат предиспозиции за
алкохолизам, но и да доведе до нови лекови
 Професорот Рејмонд Вајт од школата во Сан Диего кој го водел истражувањето објавено во
списанието Proceedings of the National Academy of Scineces (PNAS) - “Веќе долго знаеме дека
привлеченоста кон алкохолот е наследна, а јас лично мислам дека генетските особености се
одговорни 4060 % за алкохолизмот
 Научниците во истражувањата вклучиле повеќе од 360 парови, калифорниски близнаци и го
следеле реагирањето на нивниот организам на алкохолот. Откриле низа на гени поврзани со
алкохолизмот, а на крај и дека таа склоност е поврзана и со мутацијата на хромозомот 15.

1.22. Алкохоличари во Р.Македонија

 Во Бардовци во 2006 се лекувале 438 лица во 2007 се лекувале 467 лица


 до септември 2008 се лекувале 332 мажи и 13 жени
 Најмлад алкохоличар во РМ е девојче што има 13 години

10
 Мин. Здр. - регистрирани се најмалку 80.000 алкохоличари
 80% сообраќајните несреќи и случаи на семејно насилство се предизвикани од
злоупотреба на алкохол
 Зачестени повреди на работно место поради алкохол.

ЗАКЛУЧОК: ¼ од населението во РМ има проблеми со алкохолизмот


СМРТНОСТ: Близу 4000 македонци се жртви на зависноста од алкохол
АЛАРМАНТНО: Сознанијата од теренот говорат дека околу 9 отсто од децата на шест години
веќе пробале алкохолот и тоа во семејството

o СЗО проценува дека скоро 62 милиони луѓе ширум светот патат од алкохолна зависност
o Во Канада, близу 600,000 луѓе, или 1.9% од 15 години па нагоре, се алкохолни зависници, а
бројот на машки зависници е двоен во однос на бројот на женските зависници. Највисикота
стапка на болеста кај Канаѓаните е меѓу 20 и 24 години возраст.
o Алкохолната зависност има критични пропорции во Русија, каде 40 % од мажите и 17 % од
жените се алкохоличари
o Во Јапонија, алкохолната злоупотреба стана социјален проблем во текот на последната
декада. Во последните 30 години, алкохолното конзумирање во Јапонија е зголемено за
двапати
o 20% од децата на возраст од 10 и 11 години и една третина од 14 и 15-годишните Британци,
знаат да испијат големи количини на алкохол при дружењето со своите врсници
o Во Бугарија има од 300.000 до 400.000 луѓе зависни од алкохол
o Една петтина од младите Холанѓани пијат повеќе од 6 чаши алкохолни пијалоци дневно
o Секој деветти Германец има проблем со конзумирањето алкохол.

1.23. Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Р.Македонија

 ноември 1970 - основан првиот огледен Клуб на лекувани алкохоличари во градот Скопје
февруари 1975 - формирано Здружението на Клубови на лекувани алкохоличари на
Република Македонија
 мрежата на Клубови на лекувани алкохоличари се шири, освен во Скопје каде работат 4
Клубови, активни се и Клубовите во Прилеп, Битола и Неготино, со интерес за отворање
Клуб во Крива Паланка и реактивирање на клубот во Гостивар
 28 октомври, празник за градот Прилеп - две години од постоењето на Клубот на лекувани
алкохоличари “Викторија”
 15 Октомври - Денот на синдромот на фатален алкохолизам

Ефекти:

o голем број лекувани алкохоличари постигнале стабилна и долготрајна апстиненција,


o во нивните семејства се вратила топлината на домот и семејната среќа

11
1.24. Задачи, цели и активности

 Помош во намалување на млади-корисници на алкохол,


 Психо-социјална заштита и поддршка на семејствата кои имаат проблем со злоупотреба на
алкохол кај своите деца,
 Подобрување на квалитетот на семејното функционирање,
 Медиумско информирање и изготвување на печатен материјал,
 Идентификација на семејства кои имаат проблем поради злоупотреба на алкохол кај своите
деца Посета на семејства претходно идентификувани, со проблеми заради злоупотреба на
алкохол, кај нивни деца
 Работа во советувалишта,
 Работа на Инфо-линија за пружање помош на семејства/млади
 Едукативно тематски активности - семинари, советувања и сл. на лица заинтересирани за
работа во Социотераписките клубови
 Формирање на групи за помош и самопомош
 Работа со родители, просветни работници и вработени во ЦСР на проблемите со злоупотреба
на алкохол кај младите,
 Превентивна работа со младите во основните и средните училишта

1.25. Стратегија за намалување на штетните последици од злоупотреба на алкохол 2008 -


2012

 документ на Министерството за здравство


 предвидува мерки, цели и активности за намалување на штетното влијание од злоупотребата
на алкохолот кај целата популација со посебен акцент на младата популација
 забрана на директно и индиректно рекламирање на алкохолни пијалаци,
 забрана за дистрибуција на алкохолни пијалаци на малолетници
 соодветно обележување на алкохолните производи што ќе овозможи правилно информирање
за нивните штетни последици
 мерки за сведување на толеранцијата на нула за присуството на алкохол кај млади возачи
забранува „диво производство„ на алкохол во домашни услови - освен ако не се добие
посебна дозвола (Стратегијата на ЕУ за заштита од штетните последици од злоупотреба на
алкохолот врз здравјето на населението и препораките на СЗО)

1.25.1 Стратешки насоки

 Програми за намалување на злоупотребата на алкохолот на ниво на заедницата


 Програми за превенција на злоупотребата на алкохолот, особено кај младите
 Промена на законодавството и засилување на механизмите на неговата примена
 Образование, информација и обука на јавноста
 Психо-социјална поддршка и заштита на лицата што злоупотребуваат алкохол и
нивните семејства

12
 Иницијативи за подигање на свесноста за правата на луѓето за заштита на здравјето од
штетните последици од алкохолот.
 Истражувачки потфати.
 Следење и надзор.

1.25.2. Посебни цели

 Заштита на младите, децата и фетусот


 Намалување на повредите и смртните случаи од сообраќајни несреќи поврзани со
злоупотреба на алкохол
 Превенирање на штетата од злоупотреба на алкохол кај возрасното население и
намалување на негативното влијание на работното место
 Информирање, образование и зголемување на свесноста за штетното влијание на
злоупотребата на алкохол и на штетните начини на консумација
 Развивање, поддршка и одржување на единствена евиденција релевантна за следење
на состојбата во областа на заштита од злоупотреба на алкохолот

1.25.3. Предвидени мерки

 Забрана на директно рекламирање на алкохолни производи (на националната ТВ,


кабелската ТВ, националното радио, локалните весници и магазини, меѓународни
весници и магазини, билбордите, ѕидните плакати,местата на продажба, киосците и
кино салите
 Економските мерки се однесуваат на производството и на прометот на алкохолните
производи, како и на цени и такси на алкохолните производи
 Воведување на регистер на производителите и дистрибутерите на алкохолни
производи, на марки на алкохолни производи, како и воведување на систем на добра
производна пракса, Промотивни и едукативни програми, програми за дијагноза,
советување и третман на зависниците, отворање на дневни центри за превенција,
третман, рехабилитација и детоксикација
 Националниот комитет за контрола на злоупотребата на алкохолот на Република
Македонија.

1.26. Закон за безбедност на сообраќајот на патишта

 "Очигледно под дејство на алкохол" е учесник во патниот сообраќај чие однесување е


непримерно заради присуство на алкохол во организмот
 "Непримерно" е однесувањето на учесник во патниот сообраќај кој заради ... присуство на
алкохол...не го контролира своето однесување или се однесува непристојно, при што не ги
почитува сообраќајните правила, прописи или знаци
 Возач на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл, на лесен трицикл, на трицикл,
на лесен четирицикл и на четирицикл не смее со возилото да превезува лице кое е под дејство
на алкохол.

13
 Во патнички автомобил на предното седиште не смее да се превезува дете помало од 12
години, ниту лице кое очигледно е под влијание на алкохол, дрога или други психотропни
супстанции. Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да
излезат на местото на сообраќајната незгода во случаи, кога: .....- еден од возачите е
очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
 Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува
со возило ако е под дејство на алкохол.
 под дејство на алкохол = лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг
метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на
алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг
 Глоба од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди
содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 0,99 г/кг
 Глоба од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди
содржина на алкохол во крвта од 0,99 г/кг до 1,49 г/кг.
 Глоба од 350 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди
содржина на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99 г/кг
 Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кај кој ќе се утврди
содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и повеќе

Загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи

1.27. Закон за прекршоците против јавен ред и мир

 Член 6 - Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува
јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска
противвредност.

14
Случаи од светот:

o Во Англија полицијата уапсила 9 годишно дете за возење под дејство на алкохол


o Во Франција повозрасен човек е уапсен бидејќи дошол пијан во полициска станица да дели
летоци против алкохолизам. Полицајците започнале да се сомневаат кога го почувствувале
здивот на човекот. Анализата на крвта открила дека човекот имал двојно поголема количина
алкохол во крвта од дозволената. Полицајците му ја конфискувале возачката дозвола. Човекот
го очекува судење, а најголемата казна која може да ја добие изнесува четири години затвор.
o лекарите и стручните служби не го земаат доволно сериозно проблемот со алкохолизам кај
сениорите - не сакаат на “кутриот дедо“да му го одземат можеби едно од последните мали
уживања во квечерието на животот!!??
o Сопруга си го убила мажот алкохоличар во семејната куќа во Велес. 54-годишниот ТГ
повторно си дошол пијан дома, почнал да ја навредува сопругата - викал, кршел, а потоа како
и многупати претходно ја претепал. За да го заплаши и да се одбрани, го зела кујнскиот нож и
сакајќи да го отргне од себе, го удрила со дршката од ножот во тилот. ТГ починал на самото
место. Соседите потврдиле дека тој со години ја малтретирал сопругата

15
2. Хазардни игри

2.1. Поим на хазардните игри

 Зборот “hazard” има арапско потекло и на арапски значи играње со коцка, слепа судбина,
прилика, случај, среќа.
 Хазардните игри претставуваат игри на среќа и комар, како и интернет хазардните игри.
 Под поимот хазардерство, оддавање на хазард, страст кон хазард се подразбира ситуација во
која човек во играта се подредува на одлуките на судбината или уште повеќе тој одлуката во
играта му ја препушта на случајот; да се признае ризикот значи да се откаже од можноста на
свесно влијание и во текот на настанот да му се препушти на несреќен или среќен случај.
 Тоа се такви игри во кои за добивката одлучуваат судбината и случајот, а не сопствените
способности.
 Хазардните игри како социопатолошка појава влечет корени од многу одамна. Така комарот
како вид на хазардна игра се појавува уште пред нашата ера, и сè до денес се практикува за
стекнување на материјални вредности што претставува казниво дело. Игрите на среќа и
комарот како најраспространета хазардна игра го привлекувале човековото внимание во
минатото, го привлекуваат и денес, па историски гледано може да се каже дека од дозволена
игра за забава и материјална придобивка во одредени периоди и места, доживува
општествени прекор и осуда, дотолку повеќе што за ваков вид кривично дело следувале
големи парични казни, казни затвор и други.
 Дефиницијата на Хуизинга: „Накратко, во поглед на формата, играта може да се дефинира
како слободна акција која ја прифаќаме како фиктивна и издвоена од секојдневниот живот,
меѓутоа способна потполно да го обземе играчот; активност без никаков материјален интерес
и корист; која се одвива во намерно ограничено време и простор, по редослед определен
според дадени правила, поттикнувајќи во животот односи помеѓу групите кои намерно се
опкружени со мистерија, нагласувајќи ја својата посебност во однос на другиот свет“.
 Според Кајоа, Хуизинга не им дал место на игрите на среќа во оваа дефиниција која ја
одредува играта како дејствие ослободено од било какви материјални интереси и така
едноставно ги исклучува игрите на среќа како коцкањето, коњските трки, лотаријата, кои за
среќа или за жал заземаат значајно место во секојдневниот живот на различни народи низ
светот.
 Според Кајоа, играта воопшто треба да се дефинира како активност која е:
o Слободна: на која играчот не може да се присилува и со тоа играта да не ја изгуби својата
природа на привлечна и весела разонода;
o Издвоена: ограничена со прецизни временски и просторни, однапред утврдени, граници;
o Неизвесна: текот и крајот на играта не може однапред да се предвидат;
o Непродуктивна: бидејќи не се создаваат нови добра и богатства, ниту пак било какви
други елементи;
o Пропишана: свртена кон одредбите кои ги укинуваат обичните закони и за момент
воведуваат нова, единствено важечка законитост;

16
o Фиктивна: пропратена со спрецифична свест за некој вид второстепена реалност или за
потполна нереалност во однос со тековниот живот.
 Без разлика дали игрите се остваруваат со посредство на државата и се нарекуваат легални
хазардни игри или без посредство на државата како нелегален вид (противправни), сепак
носат заеднички елементи и карактеристики како што се:
o истите претставуваат непродуктивни игри,
o се остваруваат според однапред утврдени правила,
o во нив учествуваат најмалку две спротивставени страни,
o една од страните или обете страни мора да учествуваат со соодветни влогови во играта и
o резултатот од играта е добивка или губиток на пари, материјални вредности или услуги.

2.2. Феноменологија на хазардните игри

Видови хазардни игри:

 Комар (недозволен вид на игра);


 Игри на среќа (дозволен вид на игри);
 Забавни хазардни игри:
o Интернет хазардните игри (сè повеќе се практикуваат и претставуваат интересен начин
на забава бидејќи може да се играат со луѓе од целиот свет. Се играат за забава без
одреден влог или со вложени парични средства);
o Телевизиски квизови како хазардни игри или интерактивни хазардни игри (се исто
така понов вид на хазардерство кај ТВпубликата со тоа што тука спаѓаат само оние
квизови или тв-емисии во кои за да се учествува е потребно да се вложат средства при
самото вклучување во играта најчесто преку телефонски тарифи, при што се дава
можност да се демострира знаење преку одговарање на прашања)

2.2.1 Комар

1. Појава и развој

 Првите пишани податоци за вид на игракомар, која се нарекувала vei-čei od 2300 година пред
нашата ера се пронајдени во древна Кина.
 Староегипетската цивилизација, исто така, не била имуна на комарџиските игри.
 Но, и првите забрани на одделни видови комар може да се сретнат во староегипетската
цивилизација.
 Во индиската цивилизација првите пишани траги за комарот зборуваат за обложување на трки
со коли.
 Исто така, во еден од најстарите индиски епови, „Махабхарата“ од 4 век п.н.е. се зборува за
комарџискиот губиток кој довел до двобој на семејствата Пандуи и Куруи и страдање на
голема маса народ.
 За старогрчката цивилизација е суштествено дека за првпат се јавува потребата од законско
регулирање на комарот, на што укажуваат Соломоновиот и Драконовиот закон во кои за
играње комар била предвидена казна затворање во темница.
17
 Римското законодавство во периодот на Империјата во времето на сатурналиите, кога многу
закони биле вон сила, дозволувало потполно слободно играње комар.
 Законите не предвидувале можност за наплата на долговите создадени при играње комар,
туку губитниците во согласност со законот можеле да го повратат својот губиток.
 Но, во тоа време комарот бил забранет за лицата без граѓански права, робовите, странците и
малолетниците.
 Комарот бил омилен вид на забава во римската империја за римските импреатори кои
страдале од својата комарџиска страст.
 Во периодот на прогласувањето на римската Република е донесен Законот за комар (Lex
talaria) со кој се воведени и промените во слободата на играње комар.
 Голем дел од игрите на среќа и комарот биле забранети и за било какво нарушување на
забраните како казна се плаќало четворократен износ од добивката.
 Преторовиот едикт од тоа време предвидувал строга казна за сопственик на коцкарница и
вовел нова инкриминација - наведување друго лице на комар.
 Предвидената казна била двократна парична казна и работа во каменолом или казна затвор.
Подоцна, Јустинијан вовел целосната забрана на игрите на среќа.
 Кај германските пламиња комарот бил омилена игра така што тие ги жртвувале дури и својот
или туѓ живот или пак како влог го ставале телото на својата жена или невиноста на својата
ќерка.
 И покрај негативниот став на христијанската религија во однос на комарот, тој сепак се
применувал. Поаѓајќи од тоа дека и во Библијата се споменува комарот и фрлањето со коцка
за да се донесе некоја одлука, населението значително го применувало комарот, па дури тоа
го правеле и свештениците.
 Поради ваквата ситуација биле донесени повеќе закони со кои се тежнеело кон тоа да се
ограничи играњето комар.
 Така, само лицата од благородничко потекло имале дозвола за играње комар и тоа до одреден
износ на пари со тоа што доколку не се почитувале овие забрани и правила следеле парични
казни, одземање на комарџискиот влог, 100 шилинзи глоба во корист на црквата и јавно
шибање.

2. Основни карактеристики на комарот

Комарот претставува нелегален вид на игра на среќа или обложување бидејќи не се


организира со посредство на државата. Оттука, основната разлика помеѓу комарот и другите игри
на среќа претставува самиот легалитет на игрите, со тоа што игрите на среќа се организирани од
страна на државата и таа ги поставува основните правила кои не смеат да се прекршат. Исто така,
и местото на играње ги разликува комарот и другите игри на среќа, бидејќи оние кои играат
комар мораат да го прават тоа на места каде што нема да бидат откриени, а најчесто тоа се темни
улички, населби или во домашни услови, додека за играње на легалните игри на среќа постојат
места пропишани со закон.
Во основните карактеристики на комарот пред сè, се вбројуваат правилата на играта
според кои играат учесниците кои однапред ги прифатиле доброволно. Секое отстапување од тие

18
правила претставува комарџиска измама. Сите учесници во играта треба да вложат средства
(влог) што ќе им овозможи да учествуваат во играта и притоа да остварат одредена добивка, која
е несразмерна со влогот на сметка на другите учесници што ќе го загубат вложеното. Што значи
дека за да се игра комар мора да постои влог, како и добивка за еден, а загуба за друг. Во текот
на играњето не може да се создадат нови материјални вредности, така што комарот сам по себе
претставува непродуктивна игра, туку еден вид нелегална размена на материјалните вредности
кои се вложени.
Учесници во играта мора да се најмалку две лица кои ќе бидат од спротивставени страни
односно ќе играат еден против друг, а едниот од нив ќе ги добие вложените срадства, а другиот
ќе го изгуби и сопствениот влог. За да се овозможи еднаква шанса за добивка на учесниците во
играта, таа мора да биде препуштена на случајот или што би се рекло народски, да биде
непредвидлива судбина, па така, исходот на играта да не зависи од вештините, знаењето и
способностите на играчите.

Според Шпадијер Џиниќ, за да може да се игра комар потребно е да се исполенти два


услова: пронаоѓање на партнер за игра кој треба да сака и да може да вложи одредена сума на
пари или друга вредност во играта. Партнерите или ги наоѓаат самите коцкари или тоа го прави
некој друг, кој за возврат добива некаква награда. Вториот услов се однесува на местото на кое се
игра. Имено за коцкање е потребно безбедно место за играње. Постојат луѓе кои за одредена сума
на пари изнајмуваат соби или станови.

Комарот со своите карактеристики и последици кои влијаат на поединецот инволвиран во


играта, па и на целокупното општество претставува криминално поведение надвор од контролата
на државата. Главните причини според кои се третира како кривично дело се следниве: со
комарот се поддржува и стимулира неработењето (паразитизмот) и се затапува чувството на
одговорност на човекот како член на општеството, со концентрацијата врз комарот слабеат и
личните и општествените интереси на поединецот што води кон општествена деградација на
нивниот морал, со комарот се доаѓа до имотна корист без работа со што се руши основното
начело според кое само трудот и резулатите од трудот претставуваат основа и мерило за
општествената положба на човекот, комарот, од друга страна, им оди на штета на голем број од
неговите учесници. За него се трошат огромни суми пари со што во помала или поголема мера се
нарушува економската состојба на семејството,

Комарот е поврзан и со другите облици на криминалитет. Со него се создаваат посебни


услови за различни измами со кои се искористува лекомисленоста и наивноста на голем број
учесници. Додека, пак, загубите од комарот често се причина за кражби, проневери, грабежи,
фалсификати и слично со цел да се надополни загубеното. Како најчеста комарџиска игра може
да се издвои покерот, потоа, други игри со карти, уличниот рулет, игри со кибритчиња, вртење
паричка и други игри кои не се организирани од државата. Покерот е најраспространет и кај нас
и често се игра во домашни услови и покрај тоа што е спротивно на законот, а многумина не се
ни свесни за тоа.

19
3. Поим на коцкар и видови коцкари

Личноста на коцкарот живее во еден затворен коцкарски свет во кој единствената


сатисфакција наоѓа во коцката и добивката која може да се оствари преку неа. Овој коцкарски
свет претставува затворен општествен круг на луѓе во кој сите вредности и норми на однесување
се определени преку коцкањето, како основна девијантна активност. Лицата кои се оддадени на
коцката го прават тоа од различни причини, имаат различни особености, занимања и култура. Па,
според ова, не може да се создаде една единствена слика за личноста и карактеристиките на
коцкарот, но може да се каже дека сите тие се стремат во текот на играта да освојат што повеќе
средства од соиграчите без разлика дали тоа ќе им причинува само задоволство или начин да се
преживее. Општествените односи во коцкарскиот свет се сведуваат на односи со другите
учесници во комарот. Со ова, коцкарите создаваат еден вид на коцкарска субкултура, која еднаш
создадена влијае на зацврснувањето на комарот како доминантна девијантна улога.

Во однос на типологизацијата на коцкарите, тие се разликуваат според големината на


влогот во текот на играта или според друга типологизација коцкарите се делат на: коцкари
професионалци и коцкари зависници. Коцкарите професионалци најчесто се вели дека се коцкаат
за забава и знаат кога е крај на играта, односно кога треба да се повлечат за да не загубат сè што
имаат. Додека коцкарите именувани како зависници или луѓе за кои коцката претставува
здравствено социјален проблем, затоа што тие на сакаат да говорат и често го порекнуваат тоа,
играат сè додека имаат средства за вложување или сè додека постои некој кој ќе им позајмува
материјални средства за да можат да играат и понатаму. Најчесто овој тип на играчи одат во
крајности кога ќе останат без средства за играње, така што се коцкаат дури и во животот и трудот
на луѓе од нивното опкружување.

Не ретко ќе прочитаме или ќе слушнеме од некој медиум дека некој убил за коцка,
ограбил некој друг или ја прокоцкал жената или сопствената ќерка. Така, на пример, во една
статија од вистинита случка во Индија се вели: „Страствен коцкар од источна Индија ја загубил
својата 18-годишна ќерка откако ја ставил како влог на партија покер. Откако добил плата,
Исмаил Шеик од селото во источниот Бенгал викнал друштво во својата куќа да се коцкаат и
откако изгубил сè, верувајќи дека има „најдобри карти“, еден „круг“ на покер платил со својата
ќерка. Бидејќи картите не му биле толку силни, извесен Мустафа, на крајот од партијата покер со
себе ја однел и ќерката на Шеик. Несреќната девојка се обидела да побегне, но не успеала во тоа.
По сето тоа, семејството го исфрлило Исмаил Шеик од дома, а полицијата се уште трага по
Мустафа, кој 18-годишната девојка ја однел во непознат правец“.

2.2.2. Игри на среќа

1. Појава и развој на игрите на среќа

Се смета дека игрите на среќа настанале кога на игрите за забава и разонода им бил
придодаден играчки влог кој внел напнатост во однос на исходот на играта и крајниот резултат.
Влогот се состоел од пари, други подвижни и недвижни предмети како и било каква услуга,

20
обврска или дејствие во корист на победникот кое било однапред договорено. На овој начин,
добивката игра многу важна улога во разонодата.

Игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на


добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта
исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта;
Игрите на среќа речиси и не се разликуваат од комарот. Единствената разлика е во тоа што тие се
организирани од страна на државата и претставуваат легален вид на хазард. Според Гизицки и
Горни во класификацијата на хазардните игри влегуваат: игрите со коцки (коцкање), рулетот,
лотаријата и бакарата.

Се смета дека првата форма на игрите на среќа претставувала жребувањето. За жребот


како правило за делба на земјата меѓу седумте израелски племиња за прв пат се зборува во
Библијата, но се претпоставува дека тој обичај бил распространет и во стариот Египет, Индија,
Грција и Персија. Во V век п.н.е. во античка Грција со клистеновите закони бил предвиден
остракизмот (чесно прогонство) како модел на правораздавање со фрлање коцка. Според
древната традиција божицата Фортуна се сметала за заштитничка на сите игри и нивните
учесници, така што била опремена со тркало на среќата со повеќестрано симболично значење.
Накратко, се сметало дека судбината го врти тркалото на среќата. Најстариот облик на лотарија
потекнувал од римското Царство во вид на заложна лотарија и начесто била организирана од
самите цареви. Овој вид на организирана лотарија се состоел од јавна делба на мали таблички
(missilia) на кои бил означен некаков подарок од помала вредност. Таквите лозови се делеле без
надоместок. Познато е дека понекогаш овие таблички Нерон ги врзувал на нозете на разни птици
така што маста народ се оддавала на безобзирен лов на тие птици.

Во средновековна Фиренца се забележани првите појавни облици на стоковна лотарија


која подразбирала паричен влог и определен ризик, а потоа се проширила низ цела Европа.
Влогот на првата организирана лотарија во Фиренца (1530 година) бил еден златник и среќка која
се нарекувала (polizza). Целта на лотаријата била пополнување на државната благајна.

Во Париз во 1539 година била организирана првата француска државна лотарија под назив
Blankue, а потем во Холандија во 1549 година, во Германија 1610 година и во 1767 во Англија. За
разлика од лотаријата, првиот облик на играта лото настанала дури во 1620 година во Ѓенова и со
многу мали измени се задржала дури до денес. Познато и тоа дека играта лото за прв пат е
приредена во Германија во 1763 година во корист на владетелот.

2. Основни карактеристики на игрите на среќа

Покрај неорганизираниот вид на комар постојат и дозволени (организирани) видови на


комар. Тие се нарекуваат игри на среќа или „елитен комар” што се игра во специјализирани
приватни или државни обложувалници. Целокупната организација на игрите на среќа е
препуштена на државата или поточно кажано на Владата, што е случај и кај нас. Во некои земји
постојат и „комарџиски синдикати“ кои се задолжени за организација на игрите на среќа без
оглед на законодавната регулатива во земјата.

21
Секоја игра на среќа мора да има свои точно определени правила кои ќе важат во текот на
играта, а играчите ќе бидат запознаени со нив пред почетокот на играта и доброволно ќе
пристапат кон истата. Правилата се пропишани со закон и со нив се уредуваат: името и
времетраењето на играта, начинот на приредување, начинот на учество, местото на играта,
висината на влоговите, видот на добивката, начинот на исплата и.т.н

Игрите на среќа може да се поделат на:

 Општи игри на среќа


- лотариски игри на среќа,
- електронски игри на среќа,
- наградни игри и
- интерактивни игри на среќа.
 Посебни игри на среќа
- игри на среќа во казино,
- игри на среќа во автомат клуб и
- игри на среќа во обложувалница.

Интернет игрите на среќа се карактеризираат како општи и посебни игри на среќа, како и
други игри на среќа во кои учесникот може да учествува преку глобалната интернет мрежа. За да
се оправда распростарнетоста на игрите на среќа и нивното законско одобрување се вели дека тие
претставуваат „сигурносен вентил“ што ги канализира комарџиските импулси и пориви на
определен број лица од масовната популација и делува таквите лица да не се впуштаат во, со
закон забранети игри на комар, туку да останат на подрачјето на дозволените форми на игри на
среќа.

Со оглед на тоа што влогот кај дозволените игри на среќа е однапред определен и
незначителен во однос на влогот кај комарот, учесниците во игрите на среќа се заштитени од
големи материјални загуби кои ќе ги оптоварат нивните лични примања или семејниот буџет.
Ова претставува исклучок за одредени патолошки случаи. Влогот кај комарот се разликува по
тоа што неговата големина зависи од моменталната волја на учесниците и најчесто се дозволува
повеќекратно вложување на средства, што може да доведе до брзо нарушување на финансиската
состојба на учесникот и да го поттикне на други недозволени криминални поведенија сакајќи да
се извлече од ситуацијата во која што се нашол.

Со оглед на ова, може да се констатира дека и покрај својата масовност игрите на среќа
содржат минимален или само теоретски степен на општествена штетност. И, нивната
претпоставена цел како општествено пожелна и прифатена појава е намалување на поведенијата
кои претставуваат впуштање во комар како асоцијална и противправна дејност.

Средствата од игрите на среќа се од големо значење за државниот буџет, како приходи


кои покриваат голем дел од годишните програми или им користат на здруженијата на граѓани
како на пример, Црвениот крст, здруженијата за хендикепирани лица и здруженија за спорт.

22
Бидејќи државата не може да се откаже од средствата добиени преку игрите на среќа,
треба да се работи на подигнување на свеста за она што значи забава, социјализација, дружење,
преку ваков тип на активности со што ќе се постигне основната цел на овие игри, луѓето да се
забавуваат, а не да си создадат слика дека преку нив може да се збогатат и да си го олеснат
животот.

3. Негативните страни на игрите на среќа

Игрите на среќа имаат негативни страни исто како и комарот, особено кога се
практикуваат почесто и го губат својот забавен карактер. Како најзначајни негативни страни на
игрите на среќа, авторите ги издвојуваат фактите што тие ги подриваат основните човечки
творечки активности. Ова особено се однесува на оние случаи каде играњето игри на среќа
станува секојдневие и начин на живот.

Условите кои ја создаваат таквата личност, која за средиште на своето најсуштествено


интересирање ја прифаќа играта на коцка, покажува колку таквата личност е одделена од
вистинската човекова средина и колку е далеку од условите кои ги воспоставуваат и развиваат
вистинските вредности. Се запоставува вредноста на човековиот труд, без да се вложи знаење
време и работа се оди во потрага по „богатство“ на полесен начин. Ваквиот пристап кон игрите
на среќа ги доведува во прашање темелите и аспирациите на играта.

Кога игрите ќе станат примарно занимање за одредена личност или пасија која никогаш
не може да ја задоволи во целост, тогаш се појавува уште една негативна страна на игрите на
среќа кои исто како и комарот предизвикуваат зависност. Зависниците најчесто завршуваат со
игрите на среќа кои се оддржуваат во казината. Основна одлика на овие луѓе е занесот од она
што го прават и начинот на кој го доживуваат поразот или евентуалната добивка која претставува
нивна единствена преокупација. На пример, личност која ја искусила зависноста од игрите ќе го
опише тоа на овој начин: „Низ ушите ми се разлева позната синфонија создадена од звуци.
Мистично вртење на големите сјајни тркала за рулет, тропкањето на жетоните, цивкањето на
картите и пријатниот жагор едноставно ме опчинуваа. Тоа беше некаков транс, кој просто
речено, не можам да го опишам и објаснам.“ (Џамбазов, И. (2005), „Гол Човек“)

2.2.3. Забавни игри

Забавните игри пред сè треба да се сфатат како начин за исполнување на слободното


време. Тие произлегле од потребата на човекот за друштвеност и разонода, за телесна и душевна
релаксација. Исто така, забавната игра може да послужи и за исполнување на стремежот за моќ
над другите, како и остварување на потребата на другите да им покажеме што знаеме. Притоа,
може да се каже дека самопотврдувањето е нужен елемент на овие игри.

Забавните игри најчесто се определуваат како игри на различни направи кои се ставаат во
погон со помош на метални парички или жетони. Тоа се игри на сметачи, симулатори,
видеоавтомати, флипери, пикадо, билијард и слично. Исто како и кај игрите на среќа и комарот,
така и кај забавните игри постои влог. Со таа разлика што кај овие игри со влогот се стапува во

23
игра и тој се искажува како надомест, а неговата висина како цена за пружените услуги за забава,
додека кај другите игри за вложените средства се очекува некаква несразмерна добивка.

Единствената добивка од забавните игри може да биде добивањето на можноста за уште


едно играње на играта која веќе ја играл играчот или на некоја друга како и социјализација,
дружење, забава, разонода и слично. Кај комарот и кај некои од игрите на среќа е неопходно да
учествуваат минимум две лица, забавните игри може да се одвиваат и со учество на едно лице,
без при тоа играта да го изгуби својот забавен карактер.

1. Забавните игри во Р. Македонија и нивното приредување

Забавни игри се игрите на компјутери, симулатори, видеоавтомати, флипери и други


слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и
пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не
може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе
бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека
учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите
(влоговите) и добивката се незначителни.

Закон за игрите на среќа и за забавни игри

Член 1
Со овој закон се уредуваат видовите, условите и начинот на приредување на игрите на среќа и
забавните игри.

Член 2
Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. Игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка
со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво
или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта;
2. Забавни игри се игрите на компјутери, симулатори, видеоавтомати, флипери и други слични
апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо,
билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не може да
оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни
игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во
забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и
добивката се незначителни;
3. Приредувач на игра на среќа е трговско друштво со седиште во Република Македонија на кое
му е издадена лиценца, односно дозвола за приредување на игри на среќа и трговско друштво во
кое содружник или акционер е Република Македонија и е основано за приредување на игри на
среќа;
4. Приредувач на забавна игра е трговско друштво и физичко лице трговец поединец на кои им е
издадена дозвола за приредување на забавни игри;

24
5. Учесник во игрите на среќа и во забавните игри е лице кое ги исполнило условите определени
со правилата на играта на среќа и забавната игра утврдени од страна на приредувачот на играта
на среќа, односно приредувачот на забавната игра;
6. Лотариски игри на среќа се игри кои се приредуваат со јавно извлекување и кај кои однапред е
одреден фондот на добивките;
7. Лотарија е игра на среќа кај која учесникот поседува лоз кој го издава приредувачот на играта
на среќа на кој, во согласност со правилата на играта, однапред се впишани одредени броеви.
Лозот се смета за добитен кога на механичкото јавно извлекување на лотаријата, на денот кој е
однапред одреден, ќе се извлечат одредени делови од бројот или цели броеви впишани на лозот;
8. Експрес лотарија е игра на среќа во која учесникот има лоз кој го издава приредувачот на
играта на среќа на кој, во согласност со правилата на играта на среќа, однапред се впишани
видови и износ на добивка, одреден симбол или број, а кои се обезбедуваат со ставање на лозот
во запечатена обвивка. Лозот е добитен кога на него е назначена добивка, симбол или број кој
според правилата на играта претставуваат добивка;
9. Инстант лотарија е игра на среќа во која учесникот поседува лоз кој го издава приредувачот на
играта на среќа на кој, во согласност со правилата на играта на среќа, однапред е впишан вид и
износ на добивка или одреден симбол или број кои се прекриени со соодветна заштита, а која
учесникот ја отстранува со гребење на заштитата. Лозот е добитен кога на него е назначена
добивка или одреден симбол или број кои во согласност со правилата на играта претставуваат
добивка;
10. ТВ томбола (ТВ бинго) е игра на среќа во која учесникот поседува потврда за уплата која ја
издава приредувачот на играта на среќа и на која, во согласност со правилата на играта на среќа,
однапред се впишани броеви, а добитник е учесникот кој поседува потврда за уплата што
покажува комбинација на броеви (комбинација на добивката) која според правилата на играта е
означена како добитна, при што броевите на оваа комбинација се добиваат по пат на механичко
или електронско јавно извлекување и тоа на ден кој е однапред одреден и во однапред утврдено
време, во согласност со правилата на игра, а со посредство на телевизиски медиум;
11. Томбола од затворен тип е игра на среќа во која учесникот има томболска картичка која ја
издава приредувачот на играта на среќа и на која, во согласност со правилата на играта на среќа,
однапред се впишани броеви, а добитник е учесникот кој поседува томболска картичка што
покажува комбинација на броеви (комбинација на добивката) која според правилата на играта е
означена како добитна, при што броевите на оваа комбинација се добиваат по пат на механичко
извлекување кое не се пренесува со посредство на средствата за јавно информирање;
12. Лото и кено се игри на среќа во кои учесникот во согласност со правилата на играта треба да
погоди одредена група на броеви по сопствен избор. За одиграните комбинации на броеви,
учесникот на играта добива потврда за уплата. Добивка се постигнува кога одиграните броеви на
потврдата за уплата одговараат на броевите извлечени со механичко или електронско јавно
извлекување и кога од страна на учесникот ќе се исполнат други услови утврдени во правилата
на играта;
13. Спортска прогноза (тото) е игра на среќа во која учесникот го погодува резултатот на
спортските натпревари за секој пар посебно, согласно со правилата на играта. За одиграната
прогноза, учесникот на играта добива потврда за уплата. Добивка се постигнува само кога

25
учесникот ги погодил сите или со правилата на играта утврдениот број резултати од
натпреварите, а под услов постигнатите резултати да се идентични со прогнозираните резултати
на потврдата за уплата;
14. Фонто е игра на среќа во која учесникот на негов повик, со исполнување и на други услови,
ако се предвидени со правилата на игра, доделува одреден број или друга единствена ознака или
учесникот сам ја избира. Учесникот ја остварил добивката ако доделениот број или друга
единствена ознака е извлечена со јавно извлекување во согласност со правилата на игра;
15. Електронски игри на среќа се игри на среќа кај кои извлекувањето се врши по пат на
електронски или механички генератор на случајноста и резултатот се пренесува електронски, при
што фондот на добивки не мора однапред да биде одреден;
16. Видеолотарија е електронска игра на среќа која се игра на електронски видеолотариски
терминали (ВЛТ-терминали) кои се поврзани во електронски контролирана мрежа, при што
резултатот од играта (одлуката за добивка или загуба) се генерира со помош на електронскиот
или механичкиот генератор на случајноста (генераторот на случајни броеви) исклучиво на еден
централен сервер (од страна на централата на приредувачот на играта на среќа);
17. Електронско бинго и електронско кено се игри на среќа кај кои учесникот во играта на среќа
ги добива потврдите за уплата во електронска форма на терминал или автомат и извлекувањето
се врши од страна на централата по пат на електронскиот или механичкиот генератор на
случајноста. Резултатот во согласност со правилата на играта електронски се пренесува и
прикажува на терминалите;
18. Наградни игри се игрите на среќа кои заради рекламирање на производи и услуги ги
приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва заедно, на начин определен од
страна на приредувачот на играта на среќа (на вообичаен начин, електронски начин, по пат на
мобилен уред, интернет и слично) со јавно објавување на условите за учество во играта утврдени
со правилата на играта, при што приредувачот на играта на среќа се обврзува на извлечените
добитници да им ги додели наградите во предмети, пари или права;
19. Интерактивни игри на среќа се игрите на среќа кои се приредуваат преку средствата за
електронски комуникации, односно телекомуникации и кои се реализираат преку одговорање на
прашања или демонстрирање на знаења или вештини, под услов учеството во играта да е
условено со уплата (влог) од страна на учесникот во играта и тоа од телефонски такси или која
било друга форма на уплата (влог) од страна на учесникот во играта;
20. Посебни игри на среќа се игри на среќа во кои учесниците играат еден против друг или
против приредувачот на играта на среќа и имаат можност да остварат добивка во зависност од
висината на својот влог и правилата на играта на среќа;
21. Игри на среќа во казино се игри на среќа во кои учесниците во игрите на среќа играат против
казиното или еден против друг во согласност со меѓународните правила на масите за игра со
топчиња, коцки и карти;
22. Игри на среќа во обложувалница се игри на среќа во кои учесникот во согласност со
правилата на играта се обложува на идни реални настани или реални настани кои се во тек во
времето на обложувањето и тоа настани кои се однесуваат на: - спортски натпреварувања, трки и
слично, - танцови, пеачки, музички и слични натпреварувања и -други натпреварувања;

26
23. Игри на среќа во автомат клуб се игри кои се приредуваат на автомати, електронски рулети и
други апарати со повеќенаменска улога и добивка („мултиплеер") и на системот на автоматите
кој подразбира поврзување на поголем број автомати поради формирање на единствен џек-пот со
исти и истовремени можности на сите учесници во играта;
24. Автомати за игри на среќа со повеќенаменска улога и добивка („мултиплеер") се механички,
електронски или слични уреди на кои учесниците во игрите на среќа со уплата на одреден износ
(жетон, метални пари или непосредна уплата на благајна, односно на автоматот) имаат можност
за добивка и
25. Интернет игри на среќа се игри на среќа во кои учесникот во игрите на среќа може да
учествува по пат на глобалната интернет мрежа (ГИН).

Член 4
(1) Игрите на среќа можат да бидат општи игри на среќа, посебни игри на среќа и интернет игри
на среќа.
(2) Општи игри на среќа се: 1) лотариски игри на среќа; 2) електронски игри на среќа; 3)
наградни игри и 4) интерактивни игри на среќа.
(3) Посебни игри на среќа се: 1) игри на среќа во казино; 2) игри на среќа во обложувалница и 3)
игри на среќа во автомат клуб.
(4) Интернет игри на среќа се општите и посебните игри на среќа од ставовите (2) и (3) на овој
член, како и други видови на игри на среќа во кои учесникот може да учествува преку глобалната
интернет мрежа.

Член 5
(1) Лотариски игри на среќа се: 1) лотарија; 2) експрес лотарија; 3) инстант лотарија; 4) ТВ
томбола (ТВ бинго); 5) лото; 6) кено; 7) спортска прогноза (тото); 8) фонто и 9) томбола од
затворен тип.
(2) Електронски игри на среќа се: 1) видеолотарија; 2) електронско бинго и 3) електронско кено.

Член 6
За игра на среќа не се смета квиз кој се реализира преку одговарање на прашања или
демонстрирање на знаења или вештини, под услов учеството во квизот да не е условено со уплата
(влог) од страна на учесникот во квизот и тоа од телефонски такси во висина поголема од
редовната цена на телефонските импулси или која било друга форма на уплата (влог) на сметка
на учесникот во квизот.

2. Обем на хазардните игри во Р.Македонија

Хазардните игри во Република Македонија се доста распространета појава Најмногу се


практикуваат игрите на среќа како лото, бинго, спортско обложување и игрите на среќа преку
интернет. Постарата возрасна популација се држи до класичните игри на среќа како што е лотото,
додека интернет игрите се карактеристични за новите генерации. Игрите на автомати или во
казина најмногу ги практикуваат професионалците и зависниците од игри на среќа.

27
Табела 1. Поднесени барања за поведување прекршочна постапка за прекршоци против
јавен ред и мир за периодот 2001 - 2010 година. (извор: Министерство за внатрешни работи)

Година 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Вкупно 7.603 8.682 11.16 4 14.09 7 14.58 6 13.23 0 12.07 2 11.72 1 11.081 10.91

Комар 3 5 15 10 6 13 12 12 7 4
или
друга
забранета
игра на
среќа

Табела 2. Пријавени полнолетни лица за извршени крвични дела за периодот 2000-2009

Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Вкупно 20220 18018 18171 20161 22591 23814 23514 23305 26409 30404
пријавени
лица

*****
Види останати табели во презетација
*****

2.3. Етиологија на хазардните игри

 Егзогени фактори:
o Невработеност (дирекна корелација со одавање на комар)
o Занимање (угостителски работници, сопственици)
o Образование (ниту една образовна група не е имуна)
o Семејство (примарен фактор во формирање на личноста)
o Мас медиумите (сугестивна моќ)
o Кризни и вонредни околности (беззаконие и ширење на криминалот)
 Ендогени фактори:
o Субјективни-ендогени фактори (депесија, растројства, внатрешен немир) од нив зависи
како ќе влијаат надворешните фактори врз лицето што ги прима

28
2.4. Криминални аспекти и поврзаноста со други облици на девијантно и престапничко
поведение

а) Комарџиска измама

Чл.398 ст.4 КЗМ: Тој што при комар ќе се послужи со лажни или обележани карти или со
друга измама, а не се работи за друго потешко дело, ќе се казни со затвор од една до пет години и
со парична казна.

Самата измама може да се изврши од едно или повеќе лица кои однапред се подготвиле и
организирале. Некои од лицата се приклучуваат кон играта, а други помагаат од страна. Сите
заедно пронаоѓаат лице кое е наивно или е почетник во комарџиските игри. За да успее измамата,
а играта да изгледа фер, на жртвата се дозволува да победи во првите неколку игри, потоа како
по волја на судбината сè ќе загуби. Ако измамата е организирана од повеќе лица помагачите се
тие кои наведуваат на игра, организираат средби, наоѓаат простор и договараат време. Во некои
случаи потенцијалните жртви ги наведуваат на конзумирање алкохол или дрога за патот до
добивка да им биде полесен.

Најголем број на измамнички дејствија се развиени кај игрите со карти кои во основа
може да се поделат на: препознавање карти - тоа се претходно обележани карти кои само
измамникот може да ги препознае и тој самиот ги предложил за игра или дополнително се
вклучени во игра (свиткување, гребење); давање знаци во текот на играта – дејствие кое се
случува така што најмалку две лица се однапред договорени (трепкање, поместување, звучни
знаци и сл.); измами со помош на стакло или огледало – може да бидат едноставни (поставување
стакло или огледало зад противникот) или сложени кои ги користат поискусните комарџии
(минијатурни огледала, лупи или прстени кои произведуваат одблесок и најчесто се наоѓаат на
масата, се држат или користат во играта); „пакување” на карти – измамникот преку сечење,
делење или мешање на картите вешто изведува однапред планирани дејствија за да влијае на
редоследот на картите; измами при транспортирање на картите – често дејствие кај комарџиските
измами со кое вешто се извлекуваат или се додаваат карти во играта, а понекогаш во зависност
од вештините на измамникот може да се замени и целиот шпил со пожелни и обележани карти.

Покрај измамите со карти постојат начини на измама и кога играта се игра со коцки.
Најчесто тука станува збор за уфрлување на коцки кои се направени од самиот измамник. Тие се
прилагодени да даваат постојано неповолна или поволна комбинација. Замената на коцките се
врши при нивното фралање од рака или од чашка со користење на извежбани тахники
(манипулации) и такво поведение што го одвлекува вниманието на противникот. Во тие дејствија
на замена на вистинските и преправените коцки, всушност, се состои и самата комарџиска
измама.

Покрај измамите со коцки и карти се забележуваат и измами на рулет кај професионални


играчи. Од страна на учесникот се фалсификуваат жетони, а од страна на приредувачот може да
дојде до подесување на самиот апарат за рулет со цел топчето на рулетот да се задржува на
одредено место.

29
Кога станува збор за карактеристиките на личноста на измамникот во комар се тврди дека
станува збор за натпросечно интелигентна личност која не успеала да оствари повисоко
образовно ниво. Изманикот има многу сродни црти со маѓионичарот, но и дрскост, надареност со
моќ за перцепција. Тој може да го привлече целото внимание на партнерот во играта за да ги
прикрие своите движења. За измамниците се вели дека се личности со многу животни
промашувања и неуспеси кои имаат за цел да ги ублажат преку комарџиските измами и на тој
начин да си обезбедат богата и безгрижна иднина од материјален аспект. Според некои
истражувања тоа се лица на возраст од 30 до 50 години и претежно од машки пол. Ова е
разбирливо бидејќи за да се биде дел од овие кругови и тоа со успех, треба да се поседува
вештина, искуство, помнење, способност за блефирање и сл. Тука нема место за аматари и
недоучени, само најталентираните и највештите успеваат да истраат во овој занает.

Пример за измамите во комар:„Битолчанец им го изнајмувал својот ресторан на петмина


сограѓани, кои на комар измамиле тројца други битолчани и им зеле близу 2,2 милиони денари.
Локалната полиција против Д.Д. (40), сопственик на ресторанот „Гонако“ , И.Н. (41), С.И. (36),
Д.Н. (53), К.И. (34) и И.Д. (50) поднела кривична пријава во која ги сомничи за кривичното дело
комар. Полициската истрага утврдила дека газдата на ресторанот од јануари до јули годинава им
го издавал ресторанот на петмината битолчани. Тој за просторијата поединечно им наплатувал од
50 до 100 денари за час. На 9 јули осомничените употребиле маса, која имала вградено
електромагнетно поле, а ја подготвил И.Н. На тој начин петтемина на комар измамиле тројца
битолчани и им зеле 2.281.800 денари (Д.В.)

б) Имотни деликти

Заради снабдување на средства за игра или за отплаќање на долг од комар најчесто се вршат
следниве кривични дела:

o кражба,
o разбојништво,
o злоупотреба на службена положба,
o фалсификување,
o уништување на службени исправи,
o проневера,
o затајување и сл

в) Организиран криминал

Организираните криминални здруженија или групи во денешното современо општество


своите приходи главно ги црпат од комарот, проституцијата и производство или продажба на
наркотици.

Криминалните групи го земаат приходот од легално и илегално организираните


коцкарници, вршат рекетирање на местата каде се организираат комаџиските активности и

30
позајмуваат средства за игра на учесниците, кои потоа мораат да им ги вратат со преголеми
камати (зеленашки камати).

г) Кривични дела против животот и телото

Убиства, телесни повреди, учество во тепачка и сл.

Пр.: „Во распрвија за играње комар Битолчанец им се заканувал на двајца играчи, го


ранил сопственикот на локалот, а потоа побегнал. За настанот полицијата отвори истрага, по што
е поднесена кривична пријава против Љ.С. (41) од Битола. Тој се товари за сторено кривично
дело тешка телесна повреда. Инцидентот се случил во угостителскиот објект „Рудо јагне“ во
Битола. Околу 7 часот пријавениот во алкохолизирана состојба почнал расправија со две лица
околу играње комар, по што извадил нож и замавнувал кон присутните во објектот. Во
расправијата тешко телесно бил повреден Д.М. (43), сопственик на објектот.“

д) Самоубиства

Во некои случаи комарџиите решаваат да се самоубијат сметајќи дека, како и да е нивниот


живот ќе заврши кога ќе бидат пронајдени од каматарите и други лица (криминалци) на кои им
должат, па сакаат само да си ги олеснат маките и покрај тоа што не посакуваат да умрат на некој
начин се принудени. Живеат во бегство и со постојани закани по нивниот животот и животот на
семајството. Сето ова придонесува една ментално и психички лабилна личност да посегне по
најдрагоценото-животот

ѓ) Алкохолизам, дрога, проституција

Комарот е поврзан со наркоманијата, алкохолизмот и проституцијата како дејствија кои


едно без друго не можат. Казината се маста каде што алкохолот, дрогата и жените кои се
продаваат за пари се многу лесно достапни и се нудат на секој чекор. Измамниците,
криминалците, организаторите на комарџиските измами и слично се свесни за слабоста на
човекот под дејство на некои супстанции и го користат тоа за да профитираат што е можно
повеќе на сметка на зависните коцкари.

Игор Џамбазов во својата книга за коцката и несредениот живот вели: „Почнав добро.
Секогаш почнува добро. Па тргна на полошо. И, секогаш тргнува на полошо. Ама, тогаш има
спас. Човекотбанка. И неговиот сеф. Па, повторно потпишуваш хартивче што глуми признаница.
За земени пари. Па, пак се залетуваш. Па, уште алкохол. Па, првите знаци на нервоза. Удирање
по масите. Па, кавги. Па, уште губиш. Па, паѓаш во дупка. Во бездна. Во провалија. Во четврта
димензија. Па, се губиш. И губиш сè“. Ваквите денови на живот поминат во коцкарници и со
многу алкохол секогаш ги завршува со помислата „што има да се размислува за утре - утре е
дури утре“. Последната фаза од својата рулет-каририера пред целосно да пропадне и да стане
свесен за својата ситуација, кога почнува да бара помош за да излезе од кризата ја опишува вака:
„Најтрагично е тоа што пред самиот крај на мојата рулеткариера, повеќе не ми беше важно дали
губам или добивам. Трагедија. Потполно исто се однесував и кога добивав и кога ќе изгубев.

31
Важно беше да се игра. Плаќаш големи пари за да изгубиш. Идиотизам...“. Џамбазов, И. (2005),
„Гол Човек“. Скопје: Танграм, стр. XCVII.

2.4. Правната регулатива на хазардните игри во Р. Македонија

 Закон за ирги на среќа и за забавните игри, (Службен весник на Република Македонија


бр.24/2011)
- се забранува учество во игри на среќа за лица помлади од 18 год.
 2. Законот за прекршоци против јавниот ред и мир
 3. Кривичен законик

а) Закон за игри на среќа и за забавните игри

XIII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Кривично дело приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган

Член 156
(1) Правното лице што организира и приредува игри на среќа во посебно уредени простории за
таа намена, без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, ќе се казни со парична казна во
износ од 20 милиони денари.
(2) За делото од ставот (1) на овој член ќе се казни и одговорното лице во правното лице со казна
затвор од најмалку три години.
(3) Физичкото лице кое организира и приредува игри на среќа без издадена лиценца, односно
дозвола од надлежен орган ќе се казни со казна затвор од најмалку три години и со парична казна
во износ од 600.000 до 1.200.000 денари.
(4) Со казната од ставот (3) на овој член за делото од ставот (3) на овој член ќе се казни трговец
поединец и самостоен вршител на дејност што организира и приредува игри на среќа без
издадена дозвола или лиценца од надлежен орган.
(5) Средствата за организирање и приредување на игрите на среќа од овој член, како и затечените
пари на сторителите ќе се одземат.

XIV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ


Член 157, 157-а, 158, 158-а, 158-б, 158-в.

Државна лотарија на Македонија:

 Современо акционерско друштво во државна сопственост


 Приходите се користат за општествено корисни, хуманитарни и спортски активности
 2011 година во Хелсинки-полноправна членка на Европската асоцијација на лотарии
 Актуелни игри (Лото 7/34, Џамбо Бинго, Инстант лотарија и Тото плус)

32
б) Закон за прекршоците против јавен ред и мир

Член 25
Кој игра комар или друга игра на среќа што е забранета ќе му се изрече глоба во износ од 200 до
500 евра во денарска противвредност

в) Кривичен законик
Комар

Член 398
(1) Тој што неовластено организира комар или друга игра на среќа што е забранета, ќе се казни со
парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што за награда става на располагање простории за
играње комар или на друг начин за награда овозможува играње комар или примамува други на
комар.
(3) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни тој што примамува, организира, дозволува,
или на друг начин овозможува пристап на малолетно лице на игра на среќа во обложувалници,
казина или други места каде што се игра на среќа.
(4) Тој што при комар ќе се послужи со лажни или обележани карти или со друга измама, а не се
работи за друго потешко дело, ќе се казни со затвор од една до пет години и со парична казна.
(5) Предметите на комарот, како и затечените пари на сторителот при комарот ќе се одземат.

2.5. Сузбивање и превенција на хазардни игри

 Отстранување на клучните елементи што можат да создадат зависност (Одлука, Пари, Време,
Игри)
 Меѓународниот центар за проблеми со коцкање кај младите на Мекгил универзитетот во
Монтреал предлага: - родителите да разговарат со своите деца на темата коцкање - да не
покажуваат возбуденост и восхит кон коцката - да се елиминираат коцкарски активности во
домот - да постават ограничување на време и пари на своето дете - да побараат стручна
помош како крајно решение.
 Да се подигне свеста на луѓето за штетните последици од коцкањето
 Да се забрани рекламирање кое сугерира на брзо и лесно збогатување
 Во секој објект каде се приредуваат игри или на сајтовите на интернет да бидат видно
означени штетните последици и зависноста што може да се јави
 Да се ограничи или забрани пристап на лица кои се познати како зависници или оставаат
таков впечаток кај приредувачот на игрите

2.6. Компаративен преглед на хазардните игри

 Интернет хазардни игри: хазардните игри кои се играат на интернет направија револуција во
коцкарските кругови и моментално претставуваат најпримамлив начин за хазардерство
достапен во секое време и за секого.

33
 Казино игрите се најпопуларни на интернет. Меѓу нив, најпозната е ‘тексас холдем покер’
(Тexas holdem poker) која може да се најде на најпосетуваната интернет страница фејсбук
(facebook) каде се игра исклучиво за забава. Единствена придобивка се чиповите со кои
играчот може да продолжи понатаму да игра.
 Она што предизвикува најголемо внимание се т.н. казина на интернет каде што се вложуваат
парични средства преку дебитни картички, а тоа овозможува да се оствари добивка во текот
на играта.
 Целта на овие интернет страници е да овозможат комодитет за комарџиите кои место да
трошат пари и време за да отпатуваат до некое луксузно казино во некој познат град на
комарот, едноставно седнуваат пред персоналниот сметач во својата соба и веднаш им се
достапни интернет страниците што нудат ваков вид на забава на интернет.

а) САД

 Бран на легализација (Невада/Лас Вегас-1931год.)


 Во 1978год. Њу Џерзи станал втора држава по легализација на коцката (Атлантик Сити
средиште на коцката-вториот Лас Вегас)
 4 вида на легална коцка: добротворни игри, заедничко обложување (parimutuel), казино игри и
лотарии.
 Јута и Хаваи- ниту еден вид на коцка не е легален
 Игрите во казино заземаат најголем дел од комерцијалниот коцкарски пазар
 6 држави- riverboat казина (пловат или се врзани за брегот), 65 бродови
 Регулирањето на коцкарската активност во САД се извршува од страна на комисии

б) Франција

 Коцката во Франција има легален статус (под државен монопол неодамна отворен кон
конкуренција)
 Богата коцкарска историја ( 17 век математичарот Блез Паскал-рулет тркало, 1987г.спуштена
старосната граница за коцкање 21-18, Блек Џек потекнува од Франција и во 2010г. е
легализирано on-line коцкањето)
 160 лиценцирани казина (Лион Верт Казино со 400 слот машини)
 Лотаријата датира од 16 век во државна сопственост (хуманитарни цели и спорт).

2.7. Заклучок

 Покрај фактоктот што се работи за исклучително раширена појава која е тешко да се сузбие
во целост, сепак треба да се превземат мерки за нејзино контролирање и превенирање.
 Со оглед на степенот на општествената штетност и тесната врска со останатите криминални
дејствија оваа појава не треба да се потцени ниту да се третира како општествено
поприфатлива. Хазардните игри педизвикуваат интерес, среќа и задоволство кај луѓето и
може да се третираат како оправдана и прифатлива активност се додека не го нарушат
правилниот тек на живеење и поминат во зависност.

34
3. Зависност од дроги (наркоманија)

3.1. Поим
Зависноста од дроги претставува силна поврзаност на едно лице со психоактивна
супстанца која што се изразува во неодоллива страст за нејзино конзумирање. СЗО (1957) ја
дефинираше зависноста од дроги како состојба на периодична или хронична интоксикација
предизвикана со повторено внесување дрога во организамот

ШТО Е ДРОГАТА?
Под поимот дрога се подразбира секоја супстанца од билно или синтетичко потекло кое
кога се внесува во организмот може да модифицира една или повеќе негови функции, а по
повеќекратно повторување на земањето на дрогата доведува до психичка или физичкапатолошка
промена. Зависноста од дроги, пак, е општ термин што се користи денес за сите видови зависност
од разните дроги, но во стручниот јазик мора да содржи прецизно дополнување за каков вид
дроги се однесува терминот зависник од дроги.

3.2. Облици на зависност


Психичката зависност или емоцијалната зависност ја подразбира онаа состојба на
личноста во која односот меѓу дрогата и личноста се во тесна врска, а потребата за дрогата ја
покажува емоцијалната состојба и специфичниот ефект на дрогата над самата личност, постои
силна желба за дрога, се менува свеста и перцепцијата на реалноста, менталната способност,
когнитивните особини и вкупната психичка состојба
Физичката зависност на дрогата во телото означува зависност која е во директна и во
тесна врска со фармаколошките ефекти на дрогата, (суштински дејствуваат) врз живата клетка на
организмот, ја менуваат и јаправат зависна, а отсуството на дрогата создава физичка болка

3.3. Токсиманија
Состојба на периодична или хронична интоксикација предизвикана со потребата на
лицето за некоја психоактивна, токсична супстанца. Може да доведе до оштетувања на
организмот, до опаѓање на интелектуалниоте, духовните, моралните и емотивните особини на
зависникот Најпознати токсикомании се алкохолизмот, зависноста од дроги и никотинската
зависност
Хабитуација на дрога е патолошка желба за злоупотреба на хемиски супстанции која
резултира повеќе со психолошка одошто со физичка зависност

3.4. Фактори кои влијаат врз брзината, природата и јачината на зависноста

 видот на дрогата и нејзините фармаколоши својства


 начинот, зачестеноста и количината на дрогата што се конзумира
 должината на конзумирањето
 личноста на зависникот

35
 семејна, општествена и лична состојба

3.5. Препознавање на зависникот од дроги

ПРЕКАР

Меѓусебе контактираат преку своите прекари кои имаат двојно значење: прво, прекарот го
штити зависникот од јавноста за да не биде лесно препознатлив, второ, израз на бунт и
неприфаќање на општествено прифатливите норми

СЛЕНГ

Говорот на зависникот има специфичен сленг и претставува нивно специфично


препознавање но и заштита, меѓусебна конспиративност, меѓусебно чување на интегритетот и
комуникација. Богат со странски изрази кои честопати не може да се преведат во домашното
говорно подрачје Нови кованици кои за неупатениот создаваат проблем за да ги сфати и разбере.
Користењето на сленгот треба да претставува аларм (или сигурен знак) дека лицето е вклучено во
непознатиот свет на анијата

СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ

Облекувањето од времето на хипи движењето во 20-от век. Шаренилото на невкусен текстил,


униформираност, џинс, светли и психоделични бои. Украси и накит во вид на перли, обетки,
разновидни алки на рацете, синџири и украси на чевлите и уште многубројни безвредни прстења
на прстите. Нечиста и долга коса, запуштено или ненегувано лице кај девојките, кај мажите
бради, неуреден изглед

НЕВООБИЧАЕНО ОДНЕСУВАЊЕ

Чести кавги, конфликт и прекин на контактите со родителите. Повеќечасовни дискусии и


докажувања дека младиот човек не е прифатен од старата генерација, дека родителите имаат
конзервативно сфаќање за процесите во општеството. Честопати разговорите со родителите
завршуваат со закана и обид да се примени физичка сила или вистинска сила во вид на пресметка
Обвинувања дека се тие главни виновници за нивната состојба, поради нивното отсуство и
незаинтересираност. Склоност кон конфронтации, лаги и невистини.

ОБРАЗОВАНИЕ

Многу зачестена појава кај зависниците е прекинот на образованието и напуштање на


секојдневните училишни активности и одговорности. Ученикот-зависник отсуствува од часови,
значително го намалува успехот, престанува да се дружи со соучениците. Наразумни
оправдувањата - ме мразат професорите, ме испрашуваат само мене од други книги, за мене
подготвуваат специфични прашања, не ми одговара училиштето, ја промаишв професијата

3.6. Телесниот изглед кај некои зависници од дроги

36
Телесниот изглед и карактеристиките се во тесна врска со видот на дрогата што ја употребуваат

Типови:

 опиоманијата,
 кокаиноманијата,
 барбитуроманијата,
 зависноста од марихуана
 зависноста од психелдичните дроги

3.7. Опиоманија

 корисници на опиум,
 чешање, сонливост, отежнато дишење, намалување на крвниот притисок, максимално
стеснети црнки и депресија, недохранета личност, кожата на телото е опуштена и има сиво-
пепелава боја, воспалените и оштетени вени, околу очите се јавуваат темни подочници,
белките пожолтуваат, црнките се проширени во периодот на апстиненцијалната криза, забите
пожолтуваат, подложни се на расипување и во поголем број случаи самите испаѓаат.
 никогаш не чувствуваат забоболка, поради тоа што дрогата ја блокира болката

Последици:

 Токсичен хепатит - по долго употребување на опиумот особено кај лицата со интровенозно


инјектирање, најнапред заболува црниот дроб, се забележува бела боја на изметот, губењето
на апетитот, болеста на црниот дроб се продлабочува во вид на цироза
 Опиумска грозница - последица од користењето на бајат опиум или ако се вшприцува
интервенозно талогот од опиумот
 Гнојните заболувања на кожата и на потжожните ткива, заболувањата на органите за дишење
- асма - туберкулоза и воспаление на белите дробови

3.8. Апстиненција од опиум

 Под апститенција се подразбира прекинување или воздржување од понатамошно внесување


на дрога.
 Акутниот стадиум на апстиненцијалната криза трае од 7 до 10 дена
 Периодот на адаптацијата изнесува од 2 до 6 месеци
 Апстиненцијалната криза од опиумот минува низ 4 фази:

• Првата фаза, што се јавува по 8 до 12 часа од последното земање на опиумот се манифестира со


присутна психична зависност во вид на напнатост, страв, голема потреба за дрога, вегетативни
проблеми (солзење, кивавица, широки црнки, лош апетит, наежена кожа),

• Втората фаза започнува вториот ден од апстиненцијалната криза и се манифестира со


симптомите од претходната фаза што сега се многу поизразени и со ежење на кожата - гускина
кожа што е сигурен знак за апстиненција

37
• Третата фаза започнува на крајот од вториот ден и ги има следниве карактеристики: лошо
субјективно чувство во вид на лелек и барање дрога, зголемени болки во мускулите, постојана
подвижност во вид на одење, седнување или неконтролирано движење

• Четвртата фаза веќе со сигурност го покажува вистинското лице на апстиненцијата и покрај


гореспоменатите симптоми, сега збогатени со присуство на други видови органски нарушувања,
кои можат да се регистрираат во вид на уплашено лице, проширени црнки, болки во стомакот,
проследени со проливи и повраќање, како и треска со температура на телото меѓу 37,2 и 37,4°С.
Оваа фаза се карактеризира и со забрзан пулс, со зголемено присуство на шеќер во крвта, како и
со други хормонални нарушувања во телото. Четвртата фаза е најкритична меѓу 36тиот и 72-от
час од апстиненцијата, а нејзиниот почеток е во тесна врска со третиот апстиненцијален ден.

3.9. Барбитуроманија

 Појавата што се случува кај личностите или корисниците на дрогата од групата на


барбитурати по нивна повеќекратна и подолготрајна употреба
 барбитуроман - личноста која зема барбитурати со седативно дејство или барбитурати што
имаат кратко или ултракратко дејство
 Како изгледа барбитуроман? Недохранетата личност, со забавен, лелеав и слабо подвижен
óд, со некоординирани надворешни движења, нејасен и испрекинат говор, склон е кон
самоповредување, низок крвен притисок, ослабени кожни и тетивни рефлекси, проширени
или собрани црнки и друго

ИНТОКСИКАЦИЈА СО БАРБИТУРАТИ

Клиничкаслика на труење од барбитурати: ментална конфузност, пелтечење и отежнат говор,


површно дишење, слаб пулс, некоординирани движења слични на движењата на пијан човек,
голема поспаност и желба за сон, без видливи промени во црнките. Имаат нарушен психички и
психијатриски статус и покажуваат структурна карактерна измена

3.10 Апстиненција од барбитурати

 се јавува апстиненцијална криза во првите 24 часа, а својот максимум го постигнува вториот


или третиот ден, додека во наредните денови неговата состојба се нормализира.
 Најчесто присутни компликации во апстиненцијата се: Делириумот и Делириумското
однесување на барбитуроманот, губење на свеста проследено со грчеви во мускулатурата,
сличен на големиот напад при епилепсија, намалување на крвниот притисок, присуство на
обилни и страшни халуцинации и налудничави идеи дека некој ги прогонува, епилептични
напади

3.11. Кокаиноманија

 Едно од најстарите психостимулативни средства познати во човештвото


 Кокаинот е меѓу најценетите дроги
 Се внесува во организмот со шмркнување или интравенозно (со шприц)

38
 Кокаиноманија - земање и користење кокаин и други дроги од истата група, со чие внесување
во телото доаѓа до тешко душевно и телесно растројство на личноста на зависникот
 По нејзиното шмркнување, а особено по инјекционото интравенозно давање, специјалниот
ефект е исклучително брз при што зависникот го доведува во среќна еуфоричност со засилена
интелектуална и физичка активност која се манифестира во вид на претприемливост, засилен
говор и доминантност во друштвото.
 Дејството на кокаинот, за жал, во организмот е доста кратко, а потоа се јавува депресивно
расположение, истоштеност, лесна раздразливост и брза подготвеност за конфронтирање.
Ваквата состојба е проследена со несоница, лош апетит, чести мускулни грчеви, транзитна
нервоза, лошо помнење и расудување, слаба концентрација и тешка психичка исцрпеност.
Кокаиноманот етички и морално брзо пропаѓа, ја покажува својата суровост, безобзирност,
реагира љубоморно, ги запоставува семејните и општествените обврски
 Психички нарушувања - безумни идеи на прогонување, впечаток дека некој го следи,
посматра и загрозува, тешки и масовни халуцинации во вид кокаиномански давеници кои
зависникот ги доживува како лазење на разни инсекти под кожата, од кои се брани на тој
начин што ја засекува својата кожа на повеќе места за да излезат тие давеници надвор.
Доминира: асоцијалното однесување, бучноста, чести физички пресметувања, непослушност,
садистичко однесување
 Кокаинот предизвикува исклучително силна психичка зависност без физичка зависност и
всушност таа психичка зависност во своето самолекување, кое го заменува со морфин или со
некоја друга слична дрога, со сигурност го внесува во уште поголема зависност

3.12. Хероин

 Хероинот вообичаено се вшприцува, шмрка или пуши


 Предизвикува висока зависност
 Делува врз мозокот и ги прави луѓето да мислат и реагираат забавено
 Предизвикува тешкотија во помнењето
 Хероинот е една од трите дроги кои најчесто предизвикуваат смрт
 Неговата употреба исто така создава насилство и криминални дејства.

Долгорочни ефекти

 Колабрирани вени,бактериски инфекции на крвните садови ,срцеви залистоци , апсцеси и


други инфекции на меките ткива и болести на бубрезите и на црниот дроб
 Може да настанат и компликации на белите дробови
 Делењето на игли може да резултира со хепатитис, СИДА и други крвни инфективни и
вирусни болести

3.13. Психостимулативни средства

а) Амфетаминска група

39
 Нова група дроги: амфетамините, дезоксинот, ромиларот, прелудинот, дезоксинот, центедрин
и други.
 Под дејство на овие средства лицето имаат зголемена физичка и психичка активност,
одложено спиење, одложена желба за апетит, односно го продолжува денот, ја скратува
ноќта, го подобрува истрошеното его, лицата се хиперактивни, претприемчиви, добро
расположени, сексуално потентни, со изобилство на моторни движења и изострени чувства.
За ваквата состојба зависниците го користат теринот СПИД (speed = брзо)
 Зависници кои повеќе пати во текот на денот користат вакви дроги за да ја продолжат својата
лажна среќа по дватри дена физички се целосно исцрпени, изгладнети и паѓаат во длабок сон
кој е многу сличен на состојбата на кома.
 феномен - како последица на безумните идеи на прогонување, зависникот станува прогонител
и во таа состојба извршува тешки крвни деликти, со бруталност, одмаздољубивост,
хомосексуални насилства, а за кои обично не се сеќаваат.
 Апстиненцијата како и кај кокаиноманијата, покажува само психичка зависност - депресијата
и психо-соматските проблеми при што доминира намерата за самоубиство.
 Но, ако зависникот на психостимулативни средства истите ги комбинира со другите дроги од
групата на опијатите и барбитуратите, тогаш со сигурност се развива физичка зависност

б) Халуциногени дроги

 Наречени и психоделични дроги: ЛСД-25, ДМТ, СТП, МЕСКАЛИН, ПСИЛОЦИБИН


 Основниот механизам за дејствувањето на халуциногените дроги се објаснува во подвојување
на сопственото ЈАС при кое малото јас е немоќен посматрач, големото јас е тоа кое ги
доживува халуциногените дејства на дрогата.
 Халуциногените дроги дејствуваат на свеста, перцепцијата, мислењето, основното
расположение и интелегенцијата
 Непредвидливост - никогаш не може да се предвиди како ќе дејствува халуционогената дрога
врз консументот зошто ефектот кај некои може да оди до границата на најпријатното,
еуфоричното, а кај други да предизвика: кошмар, лудило и непријатност при халуцинациите
 Нереалност - доживувањето на надворешниот и реалниот свет е искривен, изопачен и
поинаков поради визуелните перцепции и изменетите состојби кај некои сетила. Се
појавуваат илузии, специфични визии во вид на изменети слики и предмети, изобличености и
трансформации
 Последици - склоност кон агресија, насилство, тешки кривични дела
 Честа е групата зависници кај кои постои нарушена рамнотежа помеѓу реалниот свет од една
страна и лошата психичка рамнотежа од друга страна

в) Екстази

 Екстази обично се зема орално во форма на пилула,таблета или капсула


 Земање повеќе од една ,обично се нарекува „судирање“
 Екстази е синтетичка дрога, направена во лабораторија.

40
 Пилулите се со различна боја и понекогаш се обележени со слики
 Мешањето на екстази со алкохол е екстремно опасно и може да биде смртоносно.
 Стимулативните ефекти на дрогата како екстази го онеспособува корисникот да игра за
подолго време, а топлите услови или гужвите можат да доведат до екстремна дехидратација
или деструкција на срцето или бубрезите

Краткорочни ефекти

 Намалено расудување,конфузија, депресија, проблеми со спиењето, параноја, повраќање,


вознемиреност и др.

Долгорочни ефекти

 Продолжената употреба може да предизвика долготрајни или пермаментни оштетувања на


мозокот,влијаејќи на расудувањето на луѓето и способноста за размислување.

Исповед: „Екстази ме полудуваше, еден ден ја гризнав чашата, исто како што би гризнала
јаболко. Требаше да имам полна уста со стакло за да сфатам што се случува со мене.“- Ана

3.14. Марихуаноманија

 Прашање што заслужува внимание - што е тоа што прави марихуаната по нејзиното
внесување во метаболизмот да предизвика голема потреба за нејзино повторно внесување
 Се наоѓа на првото скалило на наркоманијата
 на врвот на најбараните дроги зошто младите луѓе ја користат марихуаната :

• прво, од љубопитност за да почувствуваат што е тоа дрога;

• второ, под притисок на другите за да се проба и да се биде IN

• трето, за да покажат припадност кон определена група која е индентитет за нивната личност;

• четврто, за да побегнат од реалниот свет

 Тешко се открива - невпечатливото однесување, коректното исполнување на обврските


спрема училиштето, работата и семејството
 Мирис како на запалено јаже или изгорената сува трева
 Марихуаната се пуши во вид на цигара која се вика џоинт или стик, а не мал број на
зависници имаат прибор за пушење во вид на чибук или пак ја џвакаат односно вшмркуваат.
 Симптоми - силна болка во градниот кош, занесеност, вртоглавица, жарење во устата, зуење
во ушите, забрзан пулс и некоординирано движење
 Зависник од марихуаната се станува после повеќекратното и подолго земање
 Ефект - расположението се поправа и станува еуфорично, говорот е побогат и посилен,
присутни се немотивирани благи насмевки, без цел, времето се доживува како продолжено а
просторните растојанија се зголемуваат, бесцелно смеење, опуштеност и незаинтересираност,
има отапено внимание, пореметено мислење, оштетено помнење, присуство на прости и
41
едноставни халуцинации, страв и некритичност за сопствената состојба. Црвените очни
капаци се лесно отечени, има сува и леплива уста, говорот е збркан, нејасен, прескокнува
лесно од тема на тема без да ја заврши реченицата, а надворешното однесување му е
безгрижно и конфорно.
 Марихуаната не создава физичка зависност и поради тоа зависникот преоѓа многу лесно и
брзо на другите појаки дроги
 Апстиненцијалната криза како последица од земањето на марихуаната драматичноста и
последиците не се во голема мера

ЛЕКУВАЊЕ

Општиот пристап на лекувањето го сочинуваат следниве проблеми:

• зависникот никогаш доброволно сам не се јавува да се лекува 6идејќи секогаш вели „Јас сум
здрава личност и мене не ми е потребна ничија помош".

• отсуството на вистинскиот мотив за лекувањето кај зависникот кој е присутен како последица
на несигурниот и нејасен став, бидејќи психички и физички дрогата се уште претставува
задоволство за него.

• неспособноста на личноста да ја сфати и согледа опасноста што дрогата ја предизвикува кај


него

3.15. Зошто некои лица земаат дроги?

 различни мотиви
 индивидуални психолошки потреби потреба на поединецот да измени нешто во субјективното
доживување на просторот
 потреба за задоволување на специфичните потреби на сопствената личност

Социјални фактори

 реакција на личноста на притисоците што потекнуваат од социјалните промени на


современото општество
 дружењето со лица што веќе земаат дрога - прилагодувањето кон прифатените ставови на
групата
 првобитниот отпор кон дрогата најпрво се заменува со рамнодушност, па намалувањето на
чувството на вина, на крај целосно исчезнува отпорот
 Теориите на личноста - интензивно чувство на несигурност, емоционални проблеми и
невротски конфликти, намалување на анксиозност,
 Најголемиот број зависници се вбројува во т.н. "реакциски типови" зависноста е одговор на
адолесцентот од притисоците врзани за неговото созревање, побуна и потреба за прифаќање
од пошироката генерациска група

42
 вториот тип ја претставува "примарната зависност" - дрогата го олеснува прилагодувањето на
младата личност кон хаотичниот внатрешен свет со цел да се зацврсти сопствената
социјабилност

3.16. Категории зависници од дроги

ЗАВИСНИЦИ СО НЕВРОТИЧНА СТРУКТУРА НА ЛИЧНОСТА

 Добро ја разбираат реалноста и сопствените морбидни искуства и фантазии не ги заменуваат


со неа. Личноста не е дезорганизирана, но постои претеран страв, плашливост, хистерични
симптоми, опсесивни и присилни симптоми, депресивност

2. ЗАВИСНИЦИ СО СТРУКТУРА НА ЛИЧНОСТА КАРАКТЕРИСТИЧНА ЗА ГРАНИЧНИТЕ


СЛУЧАИ

 Нивното осиромашено "јас" ги лишува од способноста да владеат со себе. Можат да се


прилагодат на барањата на средината, (барем што се однесува до конвенционалниот тип
однесување). Нивните секојдневни активности не се променети.

3. ЗАВИСНИЦИ СО ПСИХОПАТСКА СТРУКТУРА НА ЛИЧНОСТА

 Ги запоставуваат или ги отфрлаат општествените обврски, им недостига сочувствителност,


наклонети се кон насилство. Не учат од сопственото искуство, а казните не само што не го
коригираат нивното однесување, туку предизвикуваат поголем отпор. Манифестираат
невообичаено агресивно и неодговорно однесување, не се толерантни, а за конфликтите со
општеството ги обвинуваат другите

ГРЕГАРЕН МОТИВ - потреба на поединецот да биде врзан за некоја група, да и припаѓа на


групата и да биде прифатен од неа

ПОТРАГА ПО СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ – недостиг од самодоверба и верба во луѓето,


поседуваат несоодветен став за релацијата "сакам ≠ можам", имаат нереални посакувања и
желби, далечни надежи

МОТИВ ЗА САМОПОТВРДУВАЊЕ - единственото што ги интересира начинот на кој можат


непосредно и неодложно-итно да ги задоволат пројавените инстинктивнонагонски потреби

3.17. Извештај СЗО

 Во светот има 25 милиони зависници од дрога


 162 милиони луѓе, односно 4% од популацијата меѓу 15 и 64 години користеле марихуана и
хашиш - дроги произведени од растението канабис
 5% од светската популација или речиси 226 милиони луѓе на возраст од 15 до 64 години
користеле или пробале дрога барем еднаш

43
 Според Канцеларијата за дроги и криминал на ООН (УНОДЦ) близу 25 милиони луѓе низ
целиот свет се зависници од дроги 25 милиони луѓе користат амфетамини, а 10 милиони -
„екстази“
 11 милиони користат хероин, а кокаин користат 13,6 милиони луѓе
 Во Европа 3,5 милиони лица користат кокаин

3.18. Статистики во Р.Македонија

 Годишно по 500 нови наркозависници во Македонија


 Најмлад корисник на дрога во РМ има 9 години
 Омилена и најдостапна дрога за македонските граѓани е марихуаната, а по неа следува
хероинот - го користеле 39%
 Куманово – на врвот по зависници од дроги – (Извор: Нервно одделение на Кумановската
болница) - има 750 заведени корисници; бројот на нерегистрираните зависници, дури за
четири пати е поголем во однос на тоа што го кажува статистиката и официјалните
информации на полицијата; регистрирани се над 50 смртни случаи поради предозираност со
дрога; најголемиот број на наркозависници се на возраст од 18 до 28 години, но од година во
година границата се поместува. Се поголем број на деца од 12 до 14 годишна возраст
посегнуваат за хашиш и марихуана, сметајќи ги за лесни дроги. Тие се и најзагрозената
категорија на наркозависници
 Староста на зависникот - меѓу 13 и 15 години иако зависниците од дрогата можат да бидат и
на 12-годишна возраст

3.19. Национална стратегија за дроги ( 2006-2012)

Користење дрога

Првите регистрирани корисници во 1969

1990 до 2004 - регистрирани корисници од 314 на 6.583

2010 – вкупно 8000 регистрирани корисници

жители на урбани области, најмногу од Скопје (51% од вкупниот број регистрирани)

возраст од 19 - 31 год.

машките се застапени во сооднос од 10:1 во споредба со женските .

55% од сите случаи користеле канабис

41,3% користеле хероин

4,29% веднаш почнале со интравенско користењена дрога

6000-8000 лица се сметаат како „проблематични„ корисници кои поради користењето на хероин
може да се соочат со сериозни

44
здравствени и социјални последици

Морталитет и морбидитет

 загрижувачко е постојаното намалување на просечната возраст


 користењето на хероин и сериозните ризици за здравјето
 во Скопје се случуваат од 150 -190 предозирања од хероин годишно
 во 1997 биле регистрирани седум смртни случаи причинети од предозирање од хероин
наспроти 32 случаи во 2001

Посебни групи на зависници/ранливи групи

 Зависници во затвори: 2000 - 2004, годишно од 260 до 410 лица во затворите биле корисници
на дрога (најчесто хероин)
 Апартиди и жртви на трговија со луѓе: Зависност од дрога меѓу женското население: сериозен
проблем, особено за време на бременоста (зачестеност на синдром на апстиненција кај
новороденчињата) и заради поврзаноста со проституцијата
 Дрогата во Ромската заедница: Според неофицијалните процени, бројот на корисници на
дрога во Ромската заедница се зголемил??!!

Дроги и корисници на интернет: Неконтролираното користење интернет од страна на некои


млади им користи за добивање информации за недозволените дроги

Дрогите и спортот (допинг): Користењето стимуланси и анаболски стероиди е се поприсутно и


го загрозува здравјето на (младите) спортисти.

Урбана деликвенција: млади вклучени во активности на криминални групи кои продаваат дроги

Запленети дроги (2000-2005)

 581 килограм хероин,


 2416 килограми марихуана,
 1456 килограми хашиш,
 3897 растенија канабис,
 77 килограми опиум,
 17 килограми кокаин и
 31 333 таблети екстази

Уличната цена (според МВР)

1. по килограм

 200-250 евра марихуана


 500-800 евра хашиш
 10000-12000 евра хероин,

45
 25000-30000 евра кокаин

2. 2-5 евра за таблета екстази на големо

 5-10 евра по парче

3. 25-30 евра за литар асетски анхидридна киселина (прекурзор за хероин)

3.20. Цена на чинење

САД

 Наркобизнисот тежок 322 милијарди долари


 Паричната вредност на нелегалната трговијата е поголема отколку бруто-домашниот
производ на 88 % од земјите во светот
 13 милијарди долари на ниво на производство
 94 милијарди долари на трговијата на големо
 Најголема вредност има пазарот со марихуана - 113 милијарди долари,
 пазарот со кокаин - 71 милијарда
 на глобално ниво 5 до 10 отсто од сите ХИВ-инфицирани лица се заразиле преку употреба на
нечисти шприцеви

Македонија (Извор: Раководител на Одделот за борба против наркотици во МВР)

 зголемувањето на бројот на зависници најмногу влијае ниската цена на дрогата:


 доза хероин чини од 400 до 500 денари
 цигара марихуана чини 100 денари, а една ’шибица‘ (пакување со три или повеќе цигари
марихуана) се движи од 250 до 300 денари
 една таблета екстази се движи од 250 до 400 денари

3.21. КД/Прекршок

Кривично се казнува:

 неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба
купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин
неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори (чл.
215, КЗ)
 наведува друг на уживање наркотични дроги или му дава наркотични дроги, психотропни
супстанции и прекурзори да ги ужива тој или друго лице или ќе стави на располагање
простории заради уживање наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори или на
друг начин му овозможува на друг да ужива наркотични дроги, психотропни супстанции и
прекурзори (чл. 216, КЗ)

Прекршочно се казнува:

46
 оддавањето на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и може
да се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност

3.22. Мерки во РМ

Закон за здравствената заштита

 Центарот за ментално здравје организира и спроведува мерки кои обезбедуваат третман на


лицата со проблеми во менталното здравје од било каков вид, промоција на менталното
здравје и превенција на менталните болести, психосоцијална грижа, како и рехабилитација и
реинтеграција на ментално болните лица.

Закон за социјална заштита

 Дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други


психотропни супстанции и прекурзори,
 Дневниот центар на овие лица и на членовите на нивните семејства им обезбедува
советодавни услуги, услуги на информирање и едукација, работно ангажирање, културно-
забавни и рекреативни активности.
 Како корисник се смета лице кое постигнало апстиненција од дрога или е во метадонска
програма, со стабилна здравствена состојба.
 Услугите се обезбедуваат преку индивидуална и групна работа, при што една група треба да
има осум до дванаесет корисници, со престој на корисниците од најмалку 2 часа во текот на
работниот ден.
 Дневниот центар треба да е сместен во населено место или во близина на населено место со
развиени сообраќајни врски и друга инфраструктура со можност за користење на обезбеден
јавен превоз.

3.23. Сторија на Глобус Тинејџери - дилери

 Тинејџери го контролираа уличниот пазар на хероин, кокаин, екстази, марихуана и на другите


опојни дроги
 Средношколци помеѓу 15 и 17 години со јасна цел - да се заработат многу пари, бргу, сега и
тука
 Со дрога ги снабдуваат своите врсници-тинејџери
 Имаат добро разработен маркетинг- првата доза ја делат бесплатно на своите врсници, а потоа
создаваат лобигрупи кои купуваат дрога за своето друштво
 За она што го работат зборуваат отворено и без страв свесни се дека се недопирливи пред
законот

Исповед: Б.Н.(16 години, ученик во скопско средно училиште) „Во втора година средно сум
заработил повеќе отколку мојот татко за целиот свој живот. Тој уште вози раскантано ’фиќо‘, а
јас ќе си купам БМВ, кој му е крив кога е глуп“,

3.24. Нарко-пазари во Скопје


47
 Хероин, кокаин, опиум и синтетички дроги може да се набават во Гази Баба, во населбата
Железарница и во Капиштец.
 Во трговските центри ’Беверли Хилс‘ и ’Олимпико‘ се нудат тешки, но и полесни дроги за
почетници
 Голем наркопазар е лоциран меѓу улицата ’Џон Кенеди‘ и ’Дижонска‘
 Најнов наркопазар се јавува просторот на Клиничкиот центар“.
 Просторот помеѓу скопската населба Кисела Вода и фабриката „Раде Кончар“, каде што се
наоѓа „Влеча на возови“, е сива зона, царство на зависницте
 Малолетните дилери и малолетните зависници се маргинализирана група, ниту една
институција официјално не води грижа за нив

3.25. Нов лек за лекување на зависност од дрога

 Нов начин на лекување на зависниците од опојни дроги со лекот БУПРЕНОЛФИН содржан


во таблети со име Subutex или Suboxone
 Од јануари 2009 година во аптеките во Македонија
 Таблетите се замена за метадонот кој е многу токсичен
 Зависниците претходно треба да се исчистат од дрога
 Има помали ефекти на еуфорија
 Таблетата се става под јазик, а делува 3 до 4 дена.
 Лекот не предизвикува физичка зависност како метадонот,
 Лекарите се надеваат дека препаратот скоро ќе се најде на позитивната листа. Зависниците со
него ќе можат нормално да живеат и работат

48
4. Вагабундажа

4.1. Етимолошко значење на зборот „вагабундажа“

 Изразот вагабонд (vagabond) потекнува од латинскиот збор vagabundus , од vagari ('wander‘) -


(талка).
 Во Англија, оригинерно со терминот се означувал криминалец.
 Терминот вагаб(у)ндажа (франц. vagabundage) за прв пат бил употребен во Франција во 14
век.

4.2. Поим

 Со овој поим, вагабонд, се означуваат категорија на луѓе кои манифестираат негативно


поведение, на тој начин што ги прекинале врските со општеството и општествените групи,
кои во основа имаат негативен став кон трудот и работата, својата егзистенција не ја
обезбедуваат со работа, живеат на паразитски начин од милост или криминал.

Тоа се оние луѓе кои се одредуваат како:

 скитници,
 авантуристи,
 мрзливи луѓе,
 безделничари,
 денгуби,
 лица што бесцелно талкаат,
 битанги,
 неранимајковци,
 бескуќници,

 лица кои го напуштиле општеството и општествено организираниот начин на живот, или, пак,
самото општество ги отфрлило.

4.3. Општествени карактеристики на вагабондажата

 Претставува негативна општествена појава.


 Вагабондите во основа се неприлагодени личности, несреќни и немоќни луѓе наполно
деградирани и неодговорни за своите постапки и лица на кои треба да им се помогне.
 Вагабондажата е социолошки морален проблем на општеството, што треба да се решава со
мерки за ресоцијализација и рехабилитација.
 Вагабонтите се најчесто скитници, без стан, без постојано живеалиште и често го менуваат
местото на кое престојуваат.

49
 Основна карактеристика не е скитањето, туку немањето средства за издржување, а бидејки не
сакаат да работат или немаат можност со работа да заработат, егзистенцијата најчесто ја
остваруваат со недозволени средства.
 Има и такви вагабонти кои не скитаат, туку своето време го поминуваат на јавни места, како
што се плоштади, прометни патишта, автобуски и железнички потројки, угостителски објекти
и сл.
 Вагабонтите живееат надвор од организираното општество, заради паразитскиот начин на
живот не учествуваат во општествената активност, па дури и да бидат способни за работа, од
една страна заради негативниот страв спрема трудот, а од друга поради немањето можност за
вработување.
 Формално на општеството му припаѓаат единстевно според раѓањето и јазикот, бидејки ги
имаат раскинато економските, социјалните, културните врски со општеството.
 Вагабонт е скитник кој талка каде што сака според волјата во моментот.
 Вагабондите немаат живеалиште или престојувалиште, немаат работа, а понекогаш немаат
дури ни државјанство.
 Историски гледано, нацистите ги третирале вагабондите како "лица кои не се социјално
прифатени" и ги принудувале да носат значка во форма на црн триаголник на палтата по
казна заради вагабундажа, „срам да работат“ и бездомништво.
 Просењето е форма за стекнување на материјална добивка со користење на сколоноста на
луѓето да сочуствуваат со просјаците.
 Оттука, често произлегува злоупотребата која се изразува низ организиран криминал и
експлоатација на лица (со посебни потреби или припадници на маргинализираните групи), а
посебно деца, кои ги присилуваат на овој вид на активност.
 Како активност која има негативни последици за психо-социјалната состојба на поединецот,
како и потешкотии во социјалното функционирање, бара посебно внимание од страна на
социјалните служби за превенција обезбедување на соодветно лекување и рехабилитација
(Иван Видановић, „Речник социјалног рада“).

4.4. Историски развој на вагабондажата

 Робовладетелско општество: правно не е регулирана оваа појава; вагабонтите по правило


припаѓаат на класата на робови;
 Слична е состојбата и во: Грчките антички држави и во Римското царство.

Феудално општество:

 14 век, се јавува во Англија и Франција.

Франција:

 „Весела и радосна“ вагабондажа кога државата не превзема никакви репресивни мерки.


 Црквата превзема мерки на помош и азил на вагабонтите.
 Карло Велики наредува сите скитници да се прогонуваат.

50
 Во 14 век, е деликт на кривичното право. Вагабонтите се разбојници, потоа бивши војници,
селани кои ја загубиле земјата, лица погодени од елементарни непогоди, авантуристи и сл.
Но, исто така се вбројуваат и лица чие занимање налага патување (лекари, уметници,
занаетчии итн.). Всушност, инкриминирањето на вагабондажата е начин селанецот да се
задржи на земјата, а да се намали вагабондажата.
 Во Кралските ординанси се одредува како деликт, се користи термин „ничии луѓе“, „луѓе без
занимање“, „сиромашни безделничари“ (Франција) и „сомнителни лица кои живеат
сомнително (вон законот)“ (Англија).
 Code Penal (1910), чл.270, вагабонти или „луѓе без занимање“ се оние кои: а) немаат познато
престојувалиште, б) немаат средства за издржување и в) не применуваат некој вообичаен
занает или професија. Чл.274: питач е лице кое ќе заскита при просење во друг крај.

Англија:

 Закон за вагабонди и питачи (The Vagabonds and Beggars Act) (1495) (Хенри VII):
„Вагабондите, неактивните и сомнителните лица треба да се затворат на три дена и три ноќи и
да не им се дава ништо друго од храна, освен леб и вода, а потоа ќе се протераат надвор од
градот“.
 Законот за вагабонди (The Vagabonds Act) (1597): За време на Хенри VIII биле егзекутирани
72.000 лица.
 Закон за скитање (Vagrancy Act) (1824): Скитници се луѓе кои немаат дом, ниту стабилна
работа, талкаат од едно во друго место и живеат од питачење. Воведува депортација во
работни колонии.
 The English Poor Laws е систем на одредби за социјална сигурност кој бил во сила од 16 век па
се до воведувањето на Држава на благосостојба во 20 век.

Поранешна Југославија:

 Кривичниот законик (1929) во чл.158 предвидувал казнување на оние кои чувствувале


одвратност спрема работата.

СР Македонија:

 скитањето, питањето и безделничењето се прекршоци против јавниот ред и мир уредени со


Закон за прекршоци против јавниот ред и мир (1972): чл.26: скитници се лица кои немаат
живеалиште или престојувалиште; чл.32: питачи се оние кои неовластено собираат
доброволни прилози.

4.5. Правна регулатива на вагабондажата во РМ

 Закон за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на Република Македонија“
2015)

Член 24: Кој ќе се затекне да пита ќе му се изрече глоба во износ од 15 до 50 евра во денарска
противвредност.

51
4.6. Социолошко дефинирање на вагобондажата

 Вагабондажата е повеќе социолошки, морален проблем, проблем на општеството, „деликт на


бедата“.
 На вагобонтите им се потребни мерки на рехабилитација и ресоцијализираат, а не репресивни
мерки.
 Суштината на вагабондажата не е „скитањето“, туку немањето средства за егзистенција,
немањето професија или занает.
 Како општествена појава, вагабондажата се јавува како структурална и елементарна.

Структурална вагабондажа:

 Е детерминирана од глобалната структура на општеството која дејествува објективно и


безлично со силата на своите економски и социјални закони.
 Се јавува како последица на неусогласен развој, економски кризи, невработеност од поголеми
размери и други поголеми пореметувања во структурата на општеството.

Елементарна вагабондажа:

 Се јавува како последица од елементарни непогоди, природни појави кои настануваат


ненадејно и предизвикуваат катастрофални последици, како на пример гладот, епидемиите,
поплавите, земјотресите, сушите, лошиот род на посевите и слично.

4.7. Етиологија на вагобондажата

 Како најзначајни причини за вагабондажата најчесто се наведуваат: сиромаштијата (според


ДЗС процент на сиромашни лица (2010) е 30.9 %), безработицата, болестите, алкохолизмот,
раскинување на семејните врски, натпреварувачкиот дух во современото општество,
староста, интензивните процеси на индустријализацијата и урбанизацијата, миграцијата,
процесите на дезорганизирање во општеството и слично

4.8. Превенција и сузбивање на вагобондажата

 Спроведување на законите,
 Медиумска кампања за подигање на јавната свест за проблемите на оваа група граѓани,
 Јакнење на капацитетите на надлежните институции,
 Унапредување на соработката со НВО,
 Потреба од формирање на дневни центри за нивно згрижување,
 Програми за нивна ресоцијализација,
 Изнаоѓање трајно решение преку нивно вработување, итн.

4.9. Преземени мерки во РМ

52
 ЈУ Завод за социјални дејности Скопје, од почетокот на 2004 година започна со третирање на
проблематиката на социјалноисклучените лица, меѓу кои спаѓа и бездомништвото, со што се
вклучи во реализација на политиките и приоритетите на МТСП за оваа популација на ранливи
лица.
 Прифатилиштата за бездомни лица: прифатен Центар за бездомни лица, координиран од
Истражувачка Станица Катланово, во 2006 година, Центар за бездомни лица во Чичино Село,
во 2010 година.
 Еден значаен чекор напред во обидот да се подобри заштитата на оваа група на
социјалноисклучени лица претставуваа и новините кои ги донесе Законот за социјална
заштита (Службен весник бр. 79/2009; 36/2011; 51/2011; 166/2012; 15/2013; 79/2013; 164/2013;
187/2013; 38/2014; 44/2014 и 116/2014) кои се однесуваа на воведување на правото на дневно
и привремено сместување на овие лица во Центар за дневно и привремено прифаќање и
згрижување на лица – бездомници, преку давање советодавни услуги, услуги во врска со
исхрана, дневен престој, одржување на хигиена и културно-забавни активности (член 143).
 Системот на социјална заштита во РМ ги има прифатено овие граѓани како потенцијални
корисници на права и услуги од областа на социјалната заштита во сите подрачја на работа.
 Центар за лица бездомници

Член 143 Центарот за лица бездомници, обезбедува дневно и привремено прифаќање и


згрижување на овие лица преку давање советодавни услуги, услуги во врска со исхрана, дневен
престој, одржување на хигиената и културно-забавни активности.

 Кон крајот на декември 2005 година отворено Прифатилиштето за бездомни лица во


Катланово, било опремено со минимум постелнина, облека и обувки за сместените
корисници.
 Центарот за бездомни лица во Чичино Село лоциран во општина Сарај, ги обезбедувал своите
услуги на бездомни лица и тоа, како на поединци, така и на цели семејства од целата држава,
од 2006 год.
 Од 2009 година функционирал и објектот кој служи како прифатен центар за бездомни лица
во с. Љубанци, кој исто така има карактер на републички ресурс.
 Во 2010 е отворено прифатилиште за времено згрижување и прифаќање на бездомници како
дел од Пунктот за бездомници на Црвениот крст на Град Скопје. Опремен е со кревети,
тоалети и кујна. Пунктот во Момин Поток секојдневно го посетуваат 20 бездомници. Пунктот
за бездомници на Црвениот крст на Град Скопје функционира повеќе од две години.
 Пунктот за бездомници е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски
услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и
неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток.
 Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од
неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на
истата локација.
 Бездомниците кои што поради здравствената состојба имаат потреба од привремено
сместување се згрижуваат во прифатилиштето и таму можат да останат додека не закрепнат.

53
 Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува
засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и
други психосоцијални услуги.

4.10. Програма за справување со социјално исклучените лица

Општи цели на програмата :

 Прекинување на трансгенерацискиот ланец на исклученост


 Зајакнување и поддршка на корисниците од сите целни групи во правец на нивно активно
ангажирање во животот на заедницата
 Апликација и тестирање на нови практики за социјално вклучување на целните групи

Целни групи: Корисници на дроги и членови на нивните семејства , деца на улица/улични деца и
нивните родители , жртви на семејно насилство, бездомници

4.11. Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост


во РМ (2010-2020)

Социјална исклученост (ексклузија) претставува повеќедимензионален и сложен процес кој


влијае на ослабувањето на врските на поединецот и заедницата.

Социјалната исклученост подразбира повеќе елементи од недостиг на пари или материјални


средства и освен од економска, вклучува и други димензии како социјална, културна, политичка,
морална и слично што упатува дека борбата против социјалната исклученост бара поширок
пристап до институциите и механизмите на социјалната интеграција.

Програма за справување со проблемите на социјално исклучените лица, МТСП, (целни


групи: корисници на дроги и членови на нивните семејства, деца на улица/улични деца и нивните
родители, жртви на семејно насилство, бездомници).

4.12. Распространетост на бездомништво

 Според хуманитарната организација "Центар за борба против бездомништво-Нов Дом“ на


скопските улици, според официјалните информации има околу 300 бездомници (септември,
2006 година).
 Неофицијално, оваа бројка е над илјада лица и тоа од сите возрасти.
 Марија Николова, психолог од „Нов Дом“: "Луѓето кои немаат постојано место на живеење
не значи дека се арамии, агресивни, измамници или мрзеливи. Бездомниците често имаат
нарушен ментален склоп, како резултат на неостварените основни човечки потреби, резултат
на улицата, резултат на општеството и на секој од нас“.
 Љупчо Цветковски, координатор на прифатниот центар Катланово (септември,2006 година,
ВЕЧЕР): "Бездомништвото не е секогаш последица на отсуство на дом или одраз на
економските проблеми на поединецот, туку и резултат на состојбата на умот. Менталниот
склоп на овие луѓе е таков што тие сакаат да бидат во масата, а не да бидат изолирани во едно

54
прифатилиште какво што е сегашното, кое функционира во Катланово, каде во моментот се
сместени околу 70 лица. Овој објект е далеку од центарот, таму се чувствуваат осамени и
покрај програмата за нивна ресоцијализација. Затоа и сметаме дека е неопходно да се отвори
дневен центар, кој би функционирал поблиску до централното градско подрачје, каде тие
можат да дојдат, да преспијат или да добијат помош од секаков вид. Тој напоменува дека се
работи и на изнаоѓање трајно решение преку вработување, но додава, се работи за луѓе кои
тешко издржуваат одреден режим на живот или ред.
 Во 2013 година во Црвен крст биле пријавени 109 луѓе без покрив над глава, а во 2014 година
бројката се искачила на 123.
 Бездомниците најмногу „престојуваат“ во централното градско подрачје, каде што
фрекфенцијата на луѓето е и најголема, а со тоа и шансата некој да им даде милостина е
поголема.
 Сепак, има и такви кои преспиваат во парковите или во близина на железничката станица.
 Поради различни животни приказни, луѓето без покрив на главата, на улица живеат по 5, 10
па дури и по 15 години.
 Во моментот (2014 година), во Скопје но и во цела Македонија, постои само еден единствен
пункт кој ги згрижува бездомниците. Пунктот „Момин поток“, секој петок претставува
прибежиште на 40 бездомници кои континуирано доаѓаат таму, а останатите го посетуваат
местото еднаш на еден или на два месеца.

4.13. Профил на бездомник

 Според социологот Љупчо Цветковски од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на


Скопје (Утрински весник, октомври, 2006 година): Бездомниците се луѓе кои се крајно
несигурни, и тие не ги напаѓаат другите, хулиганите ги напаѓаат нив. Тие често се претепани,
и тоа малку што некој ќе им го даде натрапниците ќе им го одземат.
 Најчесто во бездомници се вбројуваат луѓе кои можеме секојдневно да ги видиме на улиците,
тротоарите, парковите и на други јавни места.
 Бездомниците се мажи и жени, на сите возрасти, од сите раси и етнички групи. Во Скопје
точниот број на бездомници не се знае.
 Најголем дел од нив своите привремени живеалишта ги наоѓаат на територија на општините
Кисела Вода и Центар.
 Некои психијатри тоа го опишуваат како состојба на умот. Начин на живеење. Сепак,
повеќето од бездомниците се жртви. Некои биле злоупотребувани уште како деца. Многу од
нив ја загубиле работата, а сите го загубиле домот.
 Само 6% од бездомниците се бездомници по сопствена волја.
 Меѓу бездомниците има и ментално болни, но тие опфаќаат само околу 25% од вкупниот број
бездомници, а на околу 1% од нив им е потребно подолго згрижување во установи за
ментално болни луѓе.
 Многу од бездомниците се изложени на голем ризик од ХИВ-инфекција и хепатитис А, Б или
Ц, како и респираторни инфекции и кожни болести.

55
 Не поседуваат никаква документација, па нивното лекување наидува на непремостливи
административни пречки.
 Истражувањата покажуваат дека еден од четворица од бездомниците е зависник од дрога или
алкохол.
 Посебен вид бездомништво е луѓе кои се лекувале во психијатриски установи, а на кои
здравјето им е подобрено и кои реално би можеле да се вклучат во општеството, понекогаш се
фрлени на маргините само поради природата на својата болест. Семејството не ги прифаќа,
немаат работа и се враќаат назад во психијатриската установа.
 55% од испитаните бездомници се корисници на постојана парична помош од Центарот за
социјална работа, кој им е единствен редовен приход воопшто. Другите се снаоѓаат на разни
начини, а најчест извор на храна им се контејнерите, каде што и го поминуваат најголемиот
дел од денот.
 Повеќето од бездомниците се од ромска националност, преку ден собираат хартија и така
обезбедуваат дел од средствата за живот.
 Од анкетираните бездомници 70% изјавиле дека јадат три пати во денот, и дека
обезбедувањето на храната им е главна преокупација.
 Поголемиот број бездомници се мирни и плашливи луѓе, тие не прават никакви криминални
дејства и немаат проблем со полицијата. На прашањето дали имаат проблеми со полицијата,
дури 73% одговориле дека немаат никакви проблеми и дека тие се нивни пријатели и
заштитници од ноќните натрапници.
 Како бездомникот го минува денот? Во потрага по храна, во потрага по ново, привремено
живеалиште. Некои живеат од питачење и од милосрдието на луѓето. Облеката ја добиваат од
хуманитарните организации, се хранат во црковните народни кујни. Среќни се кога спијат во
некое засолниште кое им нуди барем малку сигурност. Ноќи и ноќи преспиваат на клупите во
паркот, а најстрашен за нив е студот. Не, не се собираат во банди и не одат организирано да
крадат. Всушност, не се ни памети кога некој од нив бил обвинет за некаква кражба.
 Бездомниците не се луѓе кои се закана за општеството, тие се само жртви на разни
злосторства, дрога или ментално заболени луѓе. Луѓе кои останале без работа, останале без
својот дом. Многу од нив се способни и сакаат да работат. Тие не се вечен социјален проблем.
Решавајќи ги нивните проблеми, општеството решава и дел од своите проблеми. Тие се дел од
општеството.

4.14. Сведоштва

 Приказната на четириесет и осум годишниот бездомник кој се нарекува Хиларион, започнува


1993 година кога по краткотрајниот брак и разводот, останува без станот кој им го остава на
сопругата и детето. Оттогаш своето место под сонце тој го наоѓа на скопските улици, каде
можете да го сретнете како движејќи се бос го бара мирот во себе. "За себе сметам дека сум
експериментален монах и деновите ги поминувам во молитва. Во моментот сум сместен во
напуштена барака, без струја и вода, во Автокоманда каде живеам со уште петмина
бездомници. Се хранам во народните кујни или примам донации од хумани луѓе или
организации ако има, објаснува Хиларион, кој е роден во селото Мршевце. Тој напомена дека

56
со семејството не контактира. Вели таткото е алкохоличар, а разбирање нема ниту од
останатите роднини.
 Ева: „И да ти кажам нема да веруваш. Сакаш да пишуваш за мене. Е, другите нема да ти
веруваат. В ред. Сега сум бездомник, немам адреса, немам име, немам ништо. Како се викам?
Нека биде Ева. Како прамајка на сите. Не, не сум неписмена, ниту сум необразована. Имам
школо, имав убава работа, имав убав дом. Дом. Сега и мене тоа ми звучи нестварно и
фантастично. Убаво живеевме со сопругот. Многу сакав да ја следам модата, сите велеа дека
сум вистинска дама. Театар, свечени вечери, патувања. Тоа беше мојот живот. Судбина.
Наеднаш сў се сврте наопаку. Маж ми почина, јас психички се разболев, роднините не сакаа да
имаат ништо со мене. Сега живеам тука, во оваа наречи ја гаража. Не, не просам. Шетам низ
градот, живеам од милостина на луѓето кои некогаш ќе се сетат на мене. А, да, да не
заборавам, и пазарџиите многу ми помагаат. На пазарче ќе отидам и ми даваат по нешто. Што
правам кога сум болна? Е, види, и грипот сега бега од мене...
 Познавам некои сиромаси кои шетаат тука околу гараживе. Не знам дали и нив можам да ги
наречам бездомници. Знаеш, многу груб збор е тоа. Тие сиромасите, мирни луѓе се тоа. Мака
си имаат. Којзнае зошто некои хулигани си мислат дека некои бездомници имаат пари
заработени од питачење, па ги напаѓаат, ги тепаат. Не, јас не сакам да се вратам во тој,
таканаречен, нормален живот. Сега ова е мој живот и јас сум се навикнала на него. Во тој друг
живот јас немам веќе што да барам. Сопругот почина, роднините не ме познаваат,
познајниците си заминаа...° Ова е животната приказна на Ева, жена над педесет години, која
живее во гаражите до една од државните институции. Пред нејзината гаража има стари
искинати ќебиња, стари алишта и неискосена трева. Ева е уредна толку колку што може да
биде некој кој живее во крајно супстандардни услови. Без струја, без вода, без вистински
дом.... (Утрински весник, октомври, 2006 година).

4.15. Деца на улица

 Децата на улица како исклучително ранлива категорија често се предмет на трговија со луѓе
со цел питачење но исто така и за сексуална експлоатација, присилна работа или
отстранување на органи. Ва нашата земја сеуште не постои темелна проценка на оваа појава.
 Децата кои својот живот го минуваат претежно на улица ги немаат основните права
загарантирани со Конвенцијата за правата на детето, а пред се загрозено им е основно право-
правото на живот, затоа што се изложени на ризици кои се загрозувачки за нивниот правилен
психо-физички раст, развој и опстанок

4.16. Деца на улица, деца од улица

 Деца на улица се деца кои цело време или најголем дел од времето го поминуваат на улица.
 Во литературата се прави разлика помеѓу деца на улица и деца од улица:

• Деца на улица се деца кои најголем дел од времето го поминуваат на улица, но се враќаат дома
обично ноќе да ја поминат ноќта.

• Деца од улица се оние деца кој живеат на улица-цело време и таму ја поминуваат ноќта.

57
 Децата на улица работат разни работи кои можат да бидат легални и илегални.

Легални работи се: продавање, свирење, миење на стакла, чување на автомобили.На овие работи
децата често се принудуваат и тие преставуваат експлоатација на детскиот труд.

Илегални работи се: просење, дилање на дрога, проституција, кражби и други кривични дела.

 Децата на улица поделени се на неколку групи и тоа: деца без родители, деца со еден родител,
деца на разведени родители, и деца од нарушени семејни односи.
 Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности,но
најмногубројни се Роми 58% на возраст од 7-14 години, 58,5% манифестираат социјално
неприфатливо однесување, а 11,5% имаат толератно однесување.1 (Податоци добиени од
Заводот за социјални дејности).
 Злоупотребата на детскиот труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со
закон.
 Злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална
злоупотреба (детска проституција и порнографија, трговија со деца, деца војници).

4.17. Законска рамка насочена кон превенција и сузбивање на појавата на деца на улица во
РМ

Одредбите кои се однесуваат на заштита на правата на децата, а особено децата запоставени


од своите родители, децата на улица, превземањето на мерки и постапки за повреда на нивните
права се сретнуваат во повеке законски акти:

а) Закон за семејство

 На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува


вршењето на родителските должности по прибавено мислење од Центарот за социјална
работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во вонпроцесна
постапка.
 Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности ќе се смета ако
родителот; спроведува физичко или емоционално насилство над детето; полово го
искористува детето; го присилува детето на работа кој не одговара на неговата возраст; му
дозволува на детето употреба на алхохол, дрога или други психотрпони супстанци; го
наведува детето на општествено неприфатливи поведенија (на питачење,проституција или
други асцијални поведенија) (кога родителот не се грижи за детето,и поради тоа детето го
напушти школувањето и слично); го напушти детето подолго од 3 месеци и не се грижи за
него или на друг начин ги крши правата на детето.
 Според податоците добиени од Заводот за социјални дејности во изминатот период има многу
постапки за одзимање на родителско право. Во 2007 година водени се само 3 судски постапки
и ниту една не била покрената од страна на ЦСР туку од заинтересираните странки – еден
родител. Ова е крајна мерка која се превзеима, но истата ја сметаат за многу сложена и скапа
постапка за која ЦСР немаат наменски средства за трошење. Праксата покажува дека и

58
судовите не се подготвени за изрекување на оваа мерка. Најчесто се изрекуват мерките на
сместување на децата во згрижувачки семејства или во установи без одзимање на
родителското право.

б) Закон за социјална заштита

 Институционална заштита

1. Домот за деца без родители и родителска грижа 11ти Октомври во Скопје, каде се сместуваат
деца од три годишна возраст до оспособување за самостоен живот, а најдоцна шест месеци по
завршување на средното училиште.

2. Во домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместуваат новороденчиња до три годишна


возраст, како и бремена жена/малолетна мајка еден месец пред посвојување и три месеци по
породување.

3. СОС детско село-приватна установа за згрижување на деца без родители и родителска грижа

 Вониституционална заштита опфаќа: сместување во згрижувачко семејство, згрижување во


дневен центар

Преземени мерки во РМ

Република Македонија во последните години посветува посебно внимание на проблемот со


децата на улица, преземајќи одредени мерки за посоодветно остварување на правата на децата
загарантирани со Уставот на РМ, законите и Конвенцијата за правата на детето. Секогаш се има
во предвид: најдобриот интерес на детето и грижа и заштита, која е неопходна и прилагодена на
индивидуалните потреби на секое дете.

Во Република Македонија се отворени и функционираат четири Дневни центри за деца на


улица, како една од можните форми за нива вонинституционална грижа и заштита, и тоа три во
Скопје и еден во Битола. Во МТСП евидентирани се вкупно 531 деца на улица во 2007 кои
ротираат во дневните центри

Истражување за децата на улица – улични деца (2001)

Финансиски поддржано од УНИЦЕФ Реализирано во соработка со сите (во тој период) 27


ЦСР во РМ, во текот на цела 2001 година. Биле детектирани 1.022 деца на улица, претежно од
поголемите урбани средини во земјата.

Истражуваната популација деца на улица имаат каков – таков дом и семејство, при што е
карактеристичен висок степен на родителска негрижа, кој се манифестира со толеранција, па
дури и поттикнување на престојот на децата на улица, Овие деца ги има од редовите на сите
националности, но најголем дел од нив - 58 % се од Ромска националност. Самата појава има
висока корелација со неповолните социо-материјални и егзистенцијални услови на семејствата на
децата на улица

59
Најголем дел од децата и нивните родители немаат лични документи, што им оневозможува
пристап до здравствени услуги, како и неможност за вклучување на децата во редовниот
образовен систем. Во поглед на самата појава „деца на улица“ забележан е транс-генерациски
пренос на карактеристичните суб-културни обрасци на поведение, прифатени морални норми и
вредносни ориентации, како и специфики во интер-персоналните односи, како во партнерските
односи, така и на релацијата родители – деца.

Со истражувањето се потврди дека за Македонија е карактеристична појавата деца на улица,


што укажува на тоа дека децата имаат каков-таков дом, а денот го минуваат на улица, со
практикување на различни социјално неприфатливи поведенија (питање, скитање, препродавање
артикли, бришење ветробрански стакла, итн.), додека улични деца, кои се практично бездомници
и без родители/ старатели - речиси и да нема.

Информација за дневниот центар за деца на улица во Кисела Вода (2006г.)

Во февруари 2006 година, Заводот за социјални дејности изготви информација за работата на


единствениот (во тоа време) Дневен центар за деца на улица во Кисела Вода, отворен во
декември, 2004 година. Беа добиени сознанија дека децата во ДЦДУ се прифатени, згрижени, го
минуваат времето на корисен начин, кој ги стимулира и развива нивните потенцијали и дека се
работи и едукативно со нивните родители, со цел да се зголеми нивната свесност за потребата за
вклучување на децата во редовниот образовен систем.

Информација за работата на дневните центри за деца на улица во Скопје (2010г.)

Воедно, информацијата содржи и евалуација на начинот на работа на двата дневни центри за


деца на улица од Скопје, кои функционираат во рамките на ЈУ Меѓуопштински Центар за
социјална работа на град Скопје. Заради севкупниот увид на работата со оваа популација на
корисници беше посетен и Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари, воден од НВО
Здружение за заштита на правата на децата.

Во информацијата се констатира дека децата во дневните центри за деца на улица се


прифатени, заштитени, го минуваат времето на корисен начин во текот на целата година, со што
се стимулираат и развиваат нивните потенцијали. Се работи и со нивните родители за
вклучување на децата во редовниот образовен систем. Во училишната 2009/2010 година, во
воспитно образовниот процес биле вклучени вкупно 32 деца, од кои, 50% се на возраст од 6-8
години, што е согласно возраста за редовно вклучување во образовниот процес и нивно полесно
адаптирање.

Информација за работата на дневните центри за деца на улица во Скопје (2011г.)

Од отварањето на двата дневни центри до денес, услугите ги користеле вкупно 455 деца, од
кои, 127 деца се вклучени во формалниот воспитно-образовен систем. Во периодот од мај 2010
до мај 2011 година, услугите ги користеле 129 деца. Во учебната година 2010/2011 подготвени и
мотивирани за тргнување на училиште биле 26 деца, односно 20% од децата, што е идентично со
минатата година.

60
Од отворањето на Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари до мај 2010 година,
неговите услуги ги користеле вкупно 130 деца, од кои над 100 биле вклучени во редовниот
образовен процес. Во текот на 2011 година биле евидентирани нови 15 деца.

Дневен центар за деца на улица во Битола. Овој ДЦДУ работи од октомври, 2010 година,
Капацитетот на ДЦДУ е за 20 деца.

Во согласност со планот и програмата за работа на дневниот центар, на децата им се


овозможуваат услови за задоволување на основните детски потреби преку: Организирање
исхрана соодветна на нивните нутритивни потреби, Обезбедување облека и обувки за децата
Обезбедување на услови за одржување на личната хигиена на оние деца кои немаат услови за тоа
во своите домови и формирање хигиенски навики кај децата, Пријавување во Матична книга на
родените на децата кои не се пријавени и регулирање на нивниот државјански статус,
Обезбедување на здравствено осигурување за оние деца кои не се здравствено осигурани.
Следење на здравствената состојба на децата, соработка со здравствените установи,
вакцинирање, едукации од областа на здравствената заштита. Програми за мотивирање на децата
и нивните родители за вклучување на децата во образовниот процес. Запишување на децата од
училишна возраст во редовни основни училишта. Следење и помош на децата кои се вклучени во
образовниот процес во совладувањето на наставните содржини. Организирање на слободни
активности за развивање на детската креативност: изложби на нивни цртежи, детски претстави и
приредби во кои ќе бидат и самите вклучени.

Организирање на културно-забавни посети на: изложби, концерти, кино, театар итн.


Организирање на рекреативни активности: натпревари, излети, посета на спортски натпревари
Едукација за работа со компјутери (низ игра). Едукација за правата на децата. Посети на
семејствата на децата. Психосоцијална поддршка и психосоцијална интервенција со децата.
Психосоцијална поддршка и психосоцијална интервенција со семејствата на децата. Едукација на
волонтери за психосоцијална интервенција со деца на улица. Одржување на директна
комуникација со родителите / семејствата на децата.

****

Закон за социјална заштита (2013)

6. Видови на установи за социјална заштита за вонинституционална заштита

Член 132
Установи за социјална заштита за вонинституционална заштита се: - центар за социјална работа, -
дневен центар и клубови за стари и возрасни лица, - дневен центар за улични деца - деца на
улица, - дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други
психотропни супстанции и прекурзори, - дневен центар за лица кои злоупотребуваат алкохол или
се лекуваат од зависност од алкохол, - центар за лица бездомници, - центар за лица - жртви на
семејно насилство, - центар за лица - жртви на трговија со луѓе, - дневен центар за лица со

61
ментална или телесна попреченост, - центар за давање помош во домашни услови, - мал групен
дом и - советувалиште.
Член 31
Правото на дневно згрижување во дневен центар се обезбедува на: - старо, изнемоштено лице и
друго возрасно лице, - лице со умерена и тешка попреченост во менталниот развој и на лице со
телесна попреченост кое не може само да се грижи за себе, - дете со телесна попреченост, - дете
на улица, - лице кое употребува, односно злоупотребува дроги и други психотропни супстанции
и прекурзори и на членовите на неговото семејство и - лице кое злоупотребува алкохол или се
лекува од зависнот од алкохол и на членовите на неговото семејство.
Правото на згрижување во центар за дневно и привремено прифаќање и згрижување се
обезбедува на лице: - бездомник, - жртва на семејно насилство и - жртва на трговија со луѓе.
Помошта во дневно згрижување за лицата од ставот 1 на овој член, односно дневно и привремено
прифаќање и згрижување за лицата од ставот 2 на овој член, се обезбедува и тогаш кога тие
живеат во семејство.
Дневен центар за улични деца - деца на улица

Член 140

Дневниот центар за улични деца - деца на улица на овие деца и на членовите на нивните
семејства им обезбедува лична хигиена, исхрана, воспитно-едукативни услуги, советувалишна
работа, културно-забавни и рекреативни активности.

Во дневниот центар за улични деца - деца на улица може да се организира интервентно


згрижување на децата заради преземање мерки на нивна заштита, најмногу до 24 часа.

Дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни
супстанции и прекурзори.

Член 141
Дневниот центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни
супстанции и прекурзори на овие лица и на членовите на нивните семејства им обезбедува
советодавни услуги, услуги на информирање и едукација, работно ангажирање, културно-забавни
и рекреативни активности.

Дневен центар за лица кои злоупотребуваат алкохол или се лекуваат од зависност од алкохол.

Член 142
Дневниот центар за лица кои злоупотребуваат алкохол или се лекуваат од зависност од алкохол
на овие лица и на членовите на нивните семејства им обезбедува услуги преку едукација,
советување, работно ангажирање и културно-забавни активности.

Центар за лица бездомници

Член 143

62
Центарот за лица бездомници, обезбедува дневно и привремено прифаќање и згрижување на овие
лица преку давање советодавни услуги, услуги во врска со исхрана, дневен престој, одржување
на хигиената и културно-забавни активности.

Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост

Член 146
Дневниот центар за лицата со умерени и тешки пречки во менталниот развој и на лицата со
тешки пречки во телесниот развој им обезбедува дневно згрижување, работно-производна
активност, работна терапија и други активности на овие лица и може да врши оспособување за
работно-производна активност, заради нивно вклучување во секојдневниот живот.

в) Закон за правда за децата

Според Законот за правда за децата, децата на улица спаѓаат во категорија на деца во ризик
(чл.19).
Тие влегуваат во категорија како воспитно социјално запуштено дете кое се наоѓа во
ситуација во која е отежнато или оневозможено остварувањето на воспитна функција на
семејството или детето не е вклучено во системот на образование и воспитување или се оддало
на питање, скитање или проституција, кое поради ваквите состојби е или може да дојде во судир
со законот.
Дете во ризик е секое дете кое наполнило седум, а не наполнило 18 години со телесна
попреченост или пречки во менталниот развој, жртва на насилство, воспитно и социјално
запуштено, кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или е оневозможено остварувањето
на воспитната функција на родителите/или/от, односно старателите/или/от, кое не е вклучено во
системот на образованието и воспитувањето, вовлечено во питање, скитање или проституција,
кое употребува дроги и други психотропни супстанции и прекурзори или алкохол, а кое поради
ваквите состојби е или може да дојде во допир со закон како жртва или како сведок на дејствие
кое со закон е предвидено како прекршок или дејствие кое со закон е предвидено како кривично
дело,
Централен орган во постапувањето е Центарот за социјална работа кој треба да оцени дека
состојбата на ризик се одразува врз развојот и личноста на детето и неговото правилно
воспитување и може да влијае во иднина да врши кривични дела или прекршоци.
Мерките можат да се применат и спрема членовите на семејството доколку го занемариле
или злоупотребиле вршењето на своите права или должности во поглед на заштита на личноста,
правата и интересите на детето.

г) Закон за заштита на децата

Резултати од спроведена акција насочена кон намалување /сузбивање на појавата на деца


на улица – улични деца (ноември 2011)

63
 Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на прес конференција ги изнесе
досегашните резултати од спроведената акција насочена кон намалување/сузбивање на
појавата на децата на улица-улични деца (ноември, 2011).
 Акцијата се спроведува во градовите во коишто се забележува појава на деца на улица-
питачи, додека во сите Центри за социјална работа има формирано тимови за работа со оваа
категорија на граѓани.
 “Во текот на акцијата, во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп затекнати се вкупно 75 деца на
улица.
 Мерката на привремено згрижување во установа е спроведена за 38 деца”.
 Тимови од Центрите за социјална работа даваат стручни совети на родителите околу грижата
и воспитувањето на децата, обезбедувањето на лична документација на децата од улица,
обезбедувањето на здравствена заштита, образование итн.
 Исто така, се укажува и на последиците од негрижата и запоставувањето на сопствените деца
и санкциите коишто произлегуваат како резултат на таквото однесување.
 Како резултат на оваа акција, во образовниот процес се вклучени 14 деца, а за 4 се бара
соодветна форма за нивно вклучување во образовниот процес затоа што се во поодмината
возраст.
 Посебен акцент од страна на стручните тимови на Центрите за социјална работа е ставен врз
надзорот над родителското право кај родителите чии деца се на улица и притоа постапки за
одземање на родителско право се покренати во 4 случаи, а донесени се 16 решенија за
постојан надзор над вршењето на родителското право и во два случаи постапката е во тек.
 Специфичната ситуација во Охрид каде што пак има ситуација на т.н. транзитни деца кои
сами или со нивните родители доаѓаат и се сместуваат во Охрид и потоа питачат по улиците.
Оваа појава е карактеристична за летниот период.
 “Од почетокот на акцијата сите деца кои беа евидентирани како деца на улица се соодветно
згрижени, користат услуги во системот на социјална заштита, се врши следење на семејствата
преку мобилните тимови кои ги формиравме за да не се појават рецидиви и овие тимови на
секојдневна основа дирекно во нивните домови им даваат соодветна стручна помош и
поддршка за одговорно родителство и ниту едно дете не е повторно најдено на улица”,
потенцираше Ристовски.
 Министерството за труд и социјална политика во делот на сузбивање на појавата на деца на
улица, презема бројни и системски активности.
 Меѓу другото, семејствата добиваат топол оброк односно вклучени се во Народните кујни, се
врши впишување на децата во Матичната евиденција како и впишување на нивните родители,
се преземаат постапки за економско зајакнување преку вклучување во различни работни
ангажмани (повремени, сезонски и сл.) преку локалната заедница.
 Во новиот Оперативен план родителите ќе се вклучат во активните политики за вработување
за да се превенира питачењето. Напоредно со сето ова се јакнат и капацитетите на стручните
работници од Центрите за социјална работа.

4.18. Народен правобранител истражување 2014

64
 Според последното истражување на Народниот правобранител, во 17 центри за социјална
работа низ државава се регистрирани 236 деца на улица. Споредено со состојбата во 2011
година има намалување на нивниот број, но регистрирани се деца на улица во шест нови
градови.
 Најмалите деца на улица се стари само неколку месеци, а најголемите 18 години.
 Од 236 деца, 114 се машки, а 122 од женски.
 Најголем дел, 228 се Роми, пет Турци, две Македонци, а едно Египќанец.
 Најголем број деца на улица, 113, има во Скопје, по што следат Битола, Куманово, Велес
Гостивар и Кичево. Помалку од 10 деца на улица има во Ресен, Гевгелија, Виница, Струмица,
Кавадарци, Штип, Неготино и Прилеп.
 Децата на улица во најголем процент се од семејства кои припаѓаат на ранлива и
необразована група на граѓани, семејства корисници на права од социјална заштита.
 Како алармантни се наведени евидентираните деца на улица кои дуваат лепак и им е
загрозено здравјето.
 Значителен број од децата на улица не се опфатени со образовниот процес поради немање
содветна документација, не се евидентирани во матичната книга на родиените или пак им е
измината возраста за запишување на училиште.
 Меѓуопштинските центри за социјална работа во 2013 година до родителите доставиле 56
предупредувања за неправилно воспитување и одгледување, а од јануари до август лани 118.
 Во 2013 се изречени 12 решенија за постојан надзор, а во 2014 година 22. Предлог за
одземање родителско право до надлежен суд и дека постапката била во тек доставиле само
два меѓуопштински центра, за два случаја во Скопје и за еден во Куманово.

 Мултидисциплинарен протокол за постапување (идентификување и упатување) со деца на


улица/улични деца во Република Македонија, МТСП, февруари 2010.

65
5. Самоубиства

5.1. Општествена природа и значење на самоубиствата

 Биолошкиот живот на човекот се остварува според одредена закономерност: раѓање живеење


- смрт.
 Смртта настапува како природен, насилен или самоубиствен чин.
 Самоубиството како чин во кој човекот сам посегнува по сопствениот живот низ цалата
историја на човековото живеење е едно од најнелогичните и најнеприфатливите човекови
дејствија.
 Албер Ками, „Мит за Сизиф“: „Само еден филозофски проблем навистина е серизен, а тоа е
самоубиството, зашто тоа е основното прашање: да се живее или не. Во бесмислената
егзистенција може да се даде само еден одговор: бунт, револт, смрт“.
 Многу истражувачи потврдуваат дека самоубиецот ја сфаќа смртта како преминување во
некоја друга состојба, но не и како негово исчезнување засекогаш.
 Според М.Симпсон, канадски психијатар, „сите самоубијци се надеваат дека ќе преживеат, но
истовремено на некој нејасен начин очекуваат дека ќе умрат.“
 Кај повеќето од нив тлее една неоправдана и неоснована надеж дека предизвикувањето на
смртта ќе може да го искористат за менување на околината, на она што нив ги довело
субјективно до смрт.

5.2. Дефинирање на самоубиствата како социопатолошка појава

 Самоубиство (од латински sui caedere што значи да се убие) е свесно и намерно одземање на
сопствениот живот.
 Самоубиството често се извршува од очај или му се припишува на ментално растројство кое
ги вклучува депресијата, растројства, шизофренија, алкохолизам и злоупотреба на дроги,
финансиски проблеми, проблеми со меѓучовечките односи и др.
 Секој оној кој се решава да изврши самоубиство, смета дека животот е поврзан со нерешливи
ситуации од кои се ослободува со одземање на сопстевниот живот.
 Самоубиствата претставуваат и општествен проблем. Над еден милион луѓе се самоубиваат
секоја година. Според Светската здравствена организација самоубиството е 13 водечка
причина за смрт во светот. Тоа е водечка причина за смрт меѓу тинејџерите и возрасните под
35 години. Постои проценка дека секоја година низ целиот свет има околу 10-20 милиони
неуспешни обиди за самоубиства.
 Самоубиствата се проучуваат во рамки на повеќе научни дисциплини: Филозофија, етика,
право, медицина, психијатрија, криминологија, криминалистика, психологија, социологија,
статистика итн.
 Суицидологија - наука за самоубиствата.

5.3. Осврт на ставот на општеството кон самоубиството низ историјата


 Самоубиствата претставувале социопатолошка појава со која се занимавале сите општества,
заземајќи став на одобрување или неодобрување.

66
 Тие ставови се движат од неодобрување до преземање на соодветни морални, материјални
или др.санкции, до предвидување забрани за овој чин со правни норми зад кои стојат
соодветни санкции.
 Ставови за самоубиство биле под влијание на широки културни ставови за егзистенцијални
теми, како што се религија, чест и смислата за живот.
 Античкото општество го осудувало самоубиството на морален план, но никому не му
префрлало за самоубиство. Грчките филозофи не го осудувале самоубиството, а Атина ги
лишувала самоубијците од почести при закопот, со отсекување на раката што посегала по
сопствениот живот, но истовремено имала толерантен став спрема оние кои подготвувајќи се
за самоубиство, побарале службена дозвола со што чинот на самоубиство се сметал за
регуларен. Тоа е став дека човекот е слободен и може да располага со својот живот.
 Римската епоха е на исто становиште, но се грижат за негативниот одраз врз општеството и
прават разграничување дали се работи за здрава или болна личност (на душевно болниот му
се проштева).
 Библијата изречно не го осудува, но подоцна црковните власти, а под нивно влијание и
граѓанските власти, заземаат став на неодобрување: го лишуваат од религиозни церемонии
при закопот, материјални казни и сл.
 Христијанството завзема став на негативно вреднување на чинот на самоубиство.
 Руското право и покрај забраната на црквата за лишување на христијанинот од церемонијата
на закоп и поништување на тестаментот, од ваквите последици ги ослободува оние за кои
било утврдено дека се наоѓаат во преодна или хронична душевна болест или растројство.
 Некои религии сметаат дека самоубиството е прекршок кон Бога поради верско убедување во
светоста на животот.
 Во средниот век црквата и државата го сметаат самоубиството за срамен чин. Имотот на
самоубиецот се ограбува, а нивните тела се масакрираат, се погребуваат без почести, а
семејството не може да го наследи имотот.
 Коранот завзема став дека самоубиството е злостор потежок и од убиството.
 Некои религии во Азија го сметаат за чесен чин.
 Во Јапонија - се велича харикири-сепуку, стар обичај на самоубиство присутен само кај
самураите.
 Кај Ескимите и др. номади постои обичај и должност старите и немоќни лица да се
самоубијат. Стариот го напушта семејството и во молитва чека да умре.
 Во Македонија под влијание на религијата во еден период самоубиецот бил лишуван од
почести бил закопуван на посебни гробишта.
 Современите општества и култури, чинот на самоубиство го примаат со поголемо или помало
неодобрување. Во религиозните норми и во практиката е задржан ставот на лишување од
погребните церемонии. Меѓутоа, во државите во кои слабее влијанието на религијата, овие
обичаи постепено се напуштаат.
 Во 20 век, самоубиството во форма на саможртва се користи како форма на протест и во
форма на камикази и самоубиствен бомбашки напад како воени или терористички тактики.

67
 Sati е Хинду погреб, практика според која вдовицата се жртвува себеси на погребот на
кладата на нејзиниот сопруг, било доброволно или под притисок од семејството и законите.

5.4. Научни концепти за поимно одредување на самоубиството

Во социјалната патологија се завзема ставот дека научното објаснување на самоубиството


почнува од Емил Диркем (1897) „Суицид“.

Учењето за самоубиствата на Диркем е еднострано, истото го објаснува во еден кохерентен


социолошки систем. По Диркем веќе не се полемизира за моралноста на чинот на
самоубиството, туку за причините што доведуваат до овој чин. Така, настанува нова дисциплина
СУИЦИДОЛОГИЈА - наука за самоубиствата.

Различни сфаќања на суцидолозите:

 Самоубиството е индивидуален изолиран чин.


 Но, има бројни примери на групни или масовни самоубиства под влијание на одредени
верувања.
 Шведските суицидолози сметаат дека самоубиството не е ненадејна насилна смрт, бидејќи
многумина што се самоубиле претходно имале бројни неуспешни обиди, а никој не превзел
ништо за да ги одврати.
 Писмата на самоубијците покажуваат дека тие се живо заинтересирани што ќе се случува по
нив: со луѓето, со имотот, со предметите, како ќе се објасни нивниот чин и сл.
 Самоубиството е самоагресија, замена за убиство на некој друг.
 Самоубиството е појава кај лица со растроени психички и социјални односи.
 Самоубиството е чин на „доброволна смрт“.
 Самоубиството, самоуништувањето, насилниот акт спрема себе, самоповредувањето,
своеволната смрт - се синоними за оваа појава која претставува изолиран акт без
ограничување во време и простор.

5.5. Концепции за објаснување на самоубиствата

а) Психијатриски концепт

Психијатрискиот пристап укажува на психози (состојби на привремено или трајно душевно


растројство) како причини за самубиства. Депресивните состојби се најчесто поврзани со
самоубиствата. Потоа, шизофрении со налудничави идеи и халуциногени доживувања. Шнајдер,
кај проучуваните случаи на самоубиство ги пронашол следниве дијагнози: психопатии, ендогени
психози, алкохолизам, органски психози со епилепсија, реактивни депресии и др.

Многу автори му даваат големо значење на алкохолизмот кај самоубиствата.

Во Македонија според истражувањата самоубиствата најчесто се вршат од лица со душевни


растројства, а најчесто причина е депресијата. Депресивните луѓе имаат безумни идеи, со
доминантни идеи на самообвинување, идеи на грешност, идеи на безвредност за натамошно

68
живеење, на кое се надоврзува мислата за безвредноста на животот и потребата да се умре. Во
просек според истражувањата депресијата е причина кај 30-40% од самоубиствата.

Идејата да се заврши со животот кај депресивниот болен има и хередитарно потекло. Не


ретко во повеќе генерации се сретнуваат лица што го завршиле животот со акт на насилство.
Професорот Алексеј Дума, директор на судска медицина: „Општеството не го прави некого
самоубиец. За тој што има наследен фактор, ако некои од предците биле депресивни или се
обиделе да се самоубијат, 99 проценти, и нивни потомци ќе посегнат по животот. Згора на сè,
семејството на еден самоубиец пати, а тука имате дополнителен проблем.“

Депресијата, еден од најчесто дијагностицираните психијатриски нарушувања во светот,


често е фактор на самоубиствата. Во околу 75% од извршените самоубиства, поединците
посетиле лекар во претходната година пред смртта, 45% 66% во рамките на еден месец пред
самоубиството. Околу 33% - 41% од оние кои изавршиле самоубиство имале контакт со
ментални здравствени установи во претходната година, 20% во рамките на еден месец пред
самоубиството.

Менталните нарушувања се често присутни за време на самоубиство со проценки од 87% до


98%. Нарушувања на расположението се присутни кај 30% од самоубиствата, Злоупотреба на
супстанци во 18%, Шизофренија во 14%, а Растројства на личноста во 13,0% од самоубиства.

Злоупотреба на супстанции е втората најчеста причина за самоубиство по менталните


нарушувања. Хроничната злоупотреба на супстанци, како и акутната злоупотреба на дроги е
поврзана со зголемен ризик од самоубиство. Ова се должи на интоксикацијата со психоактивни
супстанции која кога се комбинира со лична тага како на пр. смртен случај, ризикот од
самоубиство е значително зголемен.

Повеќе од 50% од самоубиствата се поврзани со алкохол или дроги. Дури 25% од


зависниците од дрога и алкохоличарите извршиле самоубиство. Кај адолесцентите бројката е
поголема, па така 70% од оние кои злоупотребуваат алкохол или дрога извршиле самоубиство.
Се препорачува сите зависници од дрога или алкохоличарите да се испитуваат во врска со
самоубиствени мисли поради високиот ризик од самоубиство. Злоупотреба на дроги, како што е
кокаинот има висока корелација со самоубиствата. Самоубиството има најголема веројатност да
се појави за време на "несреќа" или во фазата на повлекување од кокаин кај хроничните
зависници.

Злоупотребата на дрога почесто резултира со самоубиство кај помладите, а самоубиството


како резултат на злоупотреба на алкохол е почеста кај постарите луѓе. Пиењето 6 пијалаци
дневно или повеќе резултира во шесткратно зголемен ризик од самоубиство. Употребата на
метамфетамин има висока поврзаност со депресија и самоубиство како и низа други негативни
ефекти врз физичкото и менталното здравје. Злоупотребата на алкохол е поврзана со зголемен
број на ментално нарушено здравје и алкохоличарите имаат многу висока стапка на самоубиства.
Хроничната зависност од употреба на бензодиазепин има значително зголемен ризик од

69
депресија и од самоубиство. 11% од машките и 23% од жените кои злоупотребуваат седатив
хипнотик извршиле самоубиство.

Пушење цигари: Има разни истражувања кои покажале позитивна врска помеѓу пушењето,
мисли за самоубиство и обиди за самоубиство. Во студијата спроведена меѓу медицински сестри,
оние кои пушат меѓу 1-24 цигари дневно имале два пати поголем ризик да извршат самоубиство;
25 цигари или повеќе, 4 пати поголем ризик, отколку оние кои никогаш не пушеле. Во една
студија на 300.000 машки војници на Армијата на САД, била забележана врска помеѓу
самоубиството и пушењето; оние кои пушеле повеќе од една кутија цигари на ден имале два пати
поголема стапката на самоубиства од непушачите.

б) Психодинамични концепти

Фројд - постојат инстинкт на: Самоодржување, Сексуалност, Деструкција и смрт


(„Thanatos“). „Thanatos“, инстинкт за деструкција и смрт, при што деструкцијата може да биде
насочена спрема себе и спрема другите и дека таквиот инстинкт е во постојан конфликт.

Менингер: самоубиството се случува кога инстинктот Thanatos ќе извојува победа над


инстинктот Eros.

Според психодинамичниот концепт за самоубиствата, значење и улога имаат агресијата и


агресивните импулси за самоубиство.

Штенгел: „самоубиството е интензивно убиство, а го отфрла Фројдовиот инстинкт за смрт


како причина за самоубиствата. „Не се убива за да се умре, туку за да се заживее во погодни
услови“.

Дешес: „самоубијците бегаат од животот, но при тоа не сакаат смрт.„

Весел: „тенденцијата кон деструкција и автодеструкција не е вродено детерминирана, туку


настанува под влијание на социокултурни фактори, во семејството и надвор од него.“

Бурхард: „врз самоубиствата имаат влијание интерперсоналните агресивни ситуации кои


одредени лица ги доведуваат во ситуација да се чувствуваат инфериорни и немоќни пред
агресиите на колегите, деловните партнери, пријателите, семејството.“„Тие чувствуваат
непријателство на кое не успеваат да му се спротивстават, па прават обиди за самоубиство за да
предизвикаат чувство на вина кај партнерите, претставувајќи се како нивна жртва.“

Милчински: „личната незрелост влијае врз тоа да се создаде слаб отпор спрема
самоубиствените мотиви.“

Рингел: тврди дека „диспозицијата за самоубиство се формира уште во детството, особено


ако детето ги загубило двата родитела или еден од нив, ако општествените услови за живеење
биле несредени, ако неговата положба во семејството била неповолна, ако како дете е воспитува
со тепање или слични други методи на воспитување.“

70
Миловановиќ: „самоубиството е свесно и намерно уништување на сопствениот живот.“

Критика на психодинамичниот пристап: не води доволно сметка за социјалните компоненти


на чинот на самоубиство.

в) Социолошки концепт

Емил Диркем (1897) „Суицид“.

Влијание врз самоубиствата имаат социјални фактори.

Теорија на аномија: Во услови на аномична состојба на општеството, поединецот се изолира


од општеството заради чувство на страв, несигурност, а индивидуализмот е причина за злодела,
социопатолошки појави и сл., особено во големите метрополи, мн. често е причина за
самоубиства.

Социо-економски фактори како што се невработеноста, сиромаштијата, бездомништвото и


дискриминацијата може да предизвикаат самоубиствени мисли. Сиромаштијата не може да биде
директна причина, но тоа може да го зголеми ризикот од самоубиство, како што тоа е еден од
главните ризици за појава на депресија.

Самоубиството е социјален феномен.

Диркем утврдил дека: Стапките на самоубиство се повисоки кај мажите отколку кај жените
(иако мажените жени кои останале бездетни за одреден број на години завршуваат со висока
стапка на самоубиства). Стапките на самоубиство се повисоки за оние кои се самци од оние кои
се во брак. Стапките на самоубиство се повисоки за лица без деца отколку лицата со деца.
Самоубиствата се повисоки кај протестантите отколку кај католиците и Евреите. Самоубиствата
се повисоки кај војниците отколку кај цивилите. Стапките на самоубиство се повисоки во време
на мир, отколку во време на војна. Стапките на самоубиство се повисоки во скандинавските
земји. Колку лицето има повисок степен на образование, толку е поверојатно дека ќе изврши
самоубиство, сепак Диркем утврдил дека религијата е поважна од образованието; еврејскиот
народ генерално биле високо образовани, но имале мала стапка на самоубиства.

5.6. Типологија на самоубиства според Диркем

а) Егоистично убиство

 Егоистично самоубиство - се случува во едно општество каде што е претеран


индивидуализмот, односно ниска интеграција во општеството.
 Егоистични самоубиства вршат луѓе кои не се силно поддржани од социјална група.
 Егоистично самоубиство се случува кога една индивидуа има ниско ниво на интеграција во
општеството, а фаталистичко самоубиство се случува во високо регулирана социјална
средина, каде што поединецот не гледа можен начин да се подобри неговиот или нејзиниот
живот.

71
б) Алтруистично убиство

 Алтруизмот е социјално однесување и вредносна ориентација, во која поединци даваат


примат на интересите и благосостојбата на другите поединци, членови на групи или на
заедницата како целина. Тоа се лица кои се силно интегрирани во општеството.
 Алтруистот гледа цели надвор од овој свет и верува дека овој свет е пречка и товар за него.
Алтруистичкото самоубиство е резултат на надеж и верба.
 Современи социолози го користата за да се објаснат Камикази пилотите, култот на
бомбашсамоубиец, и луѓе кои социјалниот свет го гледаат како бесмислен и се жртвуваат
себеси за поголема безбедност.
 Алтруистите самоубијци веруваат дека нивната смрт може да доведе до корист за
општеството

в) Аномично убиство

 Диркем го поврзува аномичното самоубиство со разочарување.


 Диркем го дефинира терминот аномија (беззаконие) како услов каде социјалните и/или
моралните норми се нејасни или едноставно не се присутни.
 Беззаконие е концептот развиен од Емил Диркем за опишување на отсуство на јасни
општествени норми и вредности.
 Во концептот на беззаконие поединците немаат чувство на општествена регулација: луѓето се
чувствуваат дека нема што да ги води во изборот што тие имаат да го направат.
 Беззаконието значи состојба или ситуација која кај поединци се карактеризира со отсуство
или намалување на стандарди и вредности.
 Диркем сметал дека овој недостаток на норми доведува до девијантно однесување.
 Егоистичното самоубиство е резултат на фактот што човек веќе не наоѓа основа за
егзистенција во животот.

г) Фаталистичко убиство

 Фаталистички самоубиства се јавуваат во премногу неподносливи општества,


предизвикувајќи луѓето да сакаат да умрат отколку да продолжат да живеат во нивното
општество.
 Ова е исклучително ретка причина за луѓето да си ги одземат своите сопствени животи.
 Луѓе претпочитаат да умрат отколку да живеат во општества со прекумерна регулатива која
им забранува остварување на нивните желби.
 Фром: тргнува од ставовите на Диркем поврзано со аномијата и вели дека постои уште една
причина: тоа е фактот дека животот е како претпријатие што може да пропадне. Многу
самоубиства се предизвикани од чувството дека „животот е неуспешен“ и дека не вреди
повеќе да се живее. Човекот го врши самоубиството исто така како што деловниот човек го
објаснува своето банкротство, кога загубите ги надминуваат приходите и кога веќе нема
надеж да се надомести загубата.

72
 Милчински: колку што човек е послабо вклучен во својата општествена група, толку повеќе
постои шанса да се самоубие

5.7. Феноменологија на самоубиствата

Класификација:

а) Самоповредување

Самоповредувањето не е обид за самоубиство, но, првично, самоповредувањето било


погрешно класифицирано како обид за самоубиство. Не постои причинско-последична врска
помеѓу самоповредување и самоубиство; и двете се најчесто резултат на депресија.

б) Евтаназија

Медицински потпомогнато самоубиство (евтаназија или право да се умре) е контроверзно


етичко прашање кое вклучува луѓе кои се смртно болни, во силни болки или имаат минимален
квалитет на животот поради повреда или болест. Саможртва заради другите не се смета секогаш
за самоубиство, бидејќи целта не е да се убие самиот себе, туку да се спаси друг. Емил Диркем
ваквите акти ги нарекува „алтруистично самоубиство“.

Поединци кои сакаат да ги окончаат нивните животи може да се обратат за помош на друго
лице за да се постигне смрт. Друго лице, обично член на семејството или лекар, може да помогне
во извршување на делото, ако човекот нема физички капацитет да го стори тоа дури и со помош
на средства. Потпомогнато самоубиство е спорен морален и политички проблем во многу земји.

в) Убиство – самоубиство

Убиство-самоубиство е чин во кој поединец убива еден или повеќе други лица непосредно
пред или во исто време како и себе си. Мотивот за убиството во убиствосамоубиство може да
биде од чисто криминална природа или сторителот овој чин го перцепира како чин на грижа за
најблиските, а истиот е западнат во тешка депресија.

г) Самоубиствен напад

Самоубиствен напад е кога напаѓачот врши акт на насилство врз други, обично за да се
постигне воена или политичка цел, што резултира во негова/нејзина сопствена смрт.
Самоубиствените бомбашки напади, често се сметаат како акт на тероризам. Историски примери
вклучуваат атентати, камикази напади од страна на јапонски воздухопловни пилоти за време на
Втората светска војна, нападите од 11 септември, Стокхолм, Лондон (Кингс Крос), Париз...

д) Масовно самоубиство

Некои самоубиства се извршени под притисок на пријатели или како група. Масовни
самоубиства може да се одвива со двајца луѓе, во „самоубиствен пакт“, или со поголем број на
луѓе. Пример за вакво масовното самоубиство, е од страна на членовите на „Народен храм“
(Peoples Temple), американскиот култ предводен од Џим Џонс во Гвајана во 1978 година. 918 го

73
завршија својот живот со пиење гроздов сок во кој имало цијанид. Повеќе од 10.000 јапонски
цивили извршиле самоубиство во последните денови на битката на Saipan во 1944 година, некои
со скокање од "Suicide Cliff“ и "Banzai Cliff“.

ѓ) Самоубиствен пакт

Самоубиствен пакт се опишува како самоубиство на две или повеќе индивидуи, според
договорен план. Планот може да биде да умрат заедно, или поединечно на точно определена
временска разлика. Самоубиствениот пакт обично се разликува од масовното самоубиство.
Масовното самоубиство се однесува на инцидентите во кои еден поголем број на луѓе се убиваат
заедно за иста идеолошка причина, најчесто во рамките на верски, политички, воени или
полувоени контекст. Самоубиствениот пакт, од друга страна, пак, обично се однесува на мали
групи на луѓе (кои се во брак или романтични партнери, членовите на семејството или
пријатели), чии мотиви се од лична и индивидуална природа.

е) Самоубиство од пркост или протест

Самоубиството понекогаш се врши како акт на пркос или политички протест. На пример
политичко самоубиство.

ж) Самоубиство заради верување

Самоубиство заради верување е чин на фатално самонасилство направено со верувањето


дека тоа ќе обезбеди поголемо добро, наместо да ги избегне лошите или невозможни услови. Тоа
може да биде сторено доброволно за да се ослободи од некој срам или казнување или наметнато
со закани за смрт или одмазда на семејството или угледот.

з) Самоубиство заради бегство

Во одредени ситуации во кои животот е неподнослив, некои луѓе го користат самоубиство


како средство за бегство. Некои затвореници во нацистичките концентрациони логори се
самоубиле со намерно допирање на електрифицираните огради. Повеќе од 200.000 земјоделци-
должници во Индија извршиле самоубиство од 1997 година.

5.8. Стапки на самоубиства во светот

Секоја година, речиси еден милион луѓе умираат од самоубиство, "глобално" стапката на
смртност од 16 на 100.000 жители, или еден смртен случај на секои 40 секунди. Во последните 45
години самоубиствата се зголемени за 60% во светот. Самоубиството е еден од трите водечки
причини за смрт кај оние на возраст од 15-44 години во некои земји, и втората водечка причина
за смрт кај 10-24 години возраст; во овие бројки не се вклучени обидите за самоубиство, кои се
до 20 пати почести отколку успешните самоубиства.

Самоубиство во светот се очекува да претставува 1,8% од вкупниот глобалниот товар на


болести во 1998 година, и 2,4% во земјите со пазарна и поранешните социјалистички економии
во 2020 година. Иако традиционално самоубиствата биле највисоки меѓу машки постари лица,

74
стапките кај младите луѓе се зголемуваат до таква мера што тие сега се во групата на најголем
ризик во една третина од земјите, и во развиените и земјите во развој. Душевни растројства
(особено депресија и нарушувања, употреба на алкохол) се главен фактор на ризик за
самоубиство во Европа и Северна Америка, меѓутоа, во азиските земји импулсивноста игра
важна улога. Самоубиството е појава која вклучува психолошки, социјални, биолошки, културни
и еколошки фактори.

***Види табели во презентацијата

5.9. Самоубиствата во Р.Македонија

 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на


умрените лица од насилна смрт во 2014 е намален за 10.7% во однос на претходната година и
изнесува 493 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со
2.5%.
 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на
умрените лица од насилна смрт во 2012 е зголемен за 10.8% во однос на претходната година и
изнесува 584 умрени лица.
 Бројот на умрените лица од насилна смрт во 2011 е намален за 10.4% во однос на 2010 година
и изнесува 527 умрени лица.
 Насилната смрт во 2010 година е намалена за 4.1% во однос на 2009 година, а зголемена за
2.5% во 2009 година во однос на 2008 година.
 Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5%.
 Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат:
o „несреќните случаи“ со 63.1% (2014), 65.9% (2013), 64.7% (2012), 70.2%(2011), 71.8%
(2010), 68.0% (2009),
o „самоубиствата“ со 29.8% (2014), 30.8% (2013), 29.5% (2012), 24.3% (2011), 20.7% (2010),
27.2% (2009) и
o „убиствата“ со 7.1 (2014), 3.3% (2013), 5.8% (2012), 5.5% (2011), 7.5% (2010), 4.7% (2009).

*** Види табели во презентацијата

5.10. Стапки на самоубиства во РМ

 Од анализата на податоците од ДЗС може да се заклучи дека во периодот 1994-2014 година


стапката на самоубиства континуирано расте со извесни опаѓања во одредени години.
 Во просек во анализираниот период се случувале по 150 самоубиства годишно.
 Највисока стапка на самоубиства е забележана во 2004 - 179 самоубиства, а најмала во 2010 -
122 самоубиства.
 Во просек самоубиствата учествуваат со 24,3% во вкупниот број на насилна смрт во РМ.

Пол и самоубиствата (види табела)

 Самоубиствата се покажуваат како појава карактеристична за мажите.

75
 Во однос на полот мажите почесто се убиваат во однос на жените. Во општата светска
популација односот е 4:1, со исклучок на Јапонија каде самоубиство почесто извршуваат
жените.

Возраст и самоубиствата

 Истражувањата покажуваат дека возраста е значајна за самиот чин на самоубиство.


Самоубиствата се карактеристика за лицата над 65 години.
 Следна возрасна група кога најчесто се јавуваат самоубиставата се лицата на возраст 45-54
години, потоа, 55-64 години.
 Следува возрасната група 35-44, а веднаш потоа 25-34 години.
 Во последните години се забележува зголемување на стапките на самоубиства кај
адолесцентите и младите лица во возрасната група 15-24 години. Загрижува фактот што
самоубиствата се јавуваат и во возрасната група 5-14 години.

Национална припадност и самоубиствата

1. Македонци – 81,61%
2. Албанци - 5,98%
3. Турци 2,11%
4. Роми 1,53%
5. Власи 0, 26%
Забелешка: Наведените податоци се за периодот до 1997 година.

Брачна состојба и самоубиствата

Во однос на брачната состојба, почесто самоубиства вршат немажени/неженети, но од оние


кои се во брак, почесто се самоубиваат мажите, 67% : 33%. Значајно е учеството на оние кои биле
во брак, но останале без брачниот партнер (особено карактеристично за разведени мажи и
вдовци).

Место на извршување на самоубиствата

Истражувањата потврдуваат дека самоубиствата најчесто се вршат во местото каде што се и


причините за самоубиството. Во скоро 50% од случаите самоубиствата се вршат во станот, при
што жените тоа го прават почесто.

Време на извршување на самоубиствата

Самоубиствата најчесто се вршат во периодот 7-14 часот, при што утринските часови 7-10
часот се најкарактеристични. Самоубиствата најчесто се вршат во недела и понеделник, а месец
мај е најкритичен.

Начин на извршување на самоубиствата

76
Најчест начин на извршување на самоубиствата и кај мажите и кај жените е со бесење,
странгулација (давење) и суфокација (задушување). Потоа, мажите почесто вршат самоубиство
со огнено оружје, додека жените со труење со тврди и течни супстанции. Мажите многу почесто
си го одземаат животот со давење и потопување, како и со скокање од висина за разлика од
жените. Обидот за самоубиство се извршува со неподобни средства, како на пример доза на
седативи која остава простор за живот по успешната лекарска интервенција

Мотиви за самоубиство во Р.Македонија

1. Ментални заболувања 22,72%


2. Соматски заболувања 9,61%
3.Семејни проблеми 16,61%
4. Несреќна љубов, несакана бременост 4,41%
5. Осаменост,отфрленост 4,49%
6. Материјални проблеми 3,79%
7. Неуспех во бизнис 3, 30%
8. Старост и немоќ 5,08%
9. Навредена чест 1, 91%
10. Страв од казна 0,99%
11. Непознато 27,58

5.11. Статистички податоци за самоубиствата во РМ

***види табели во презентацијата

5.12. Резултати според извештајот за насилство и здравје во Македонија, Водич за


превенција на Републичкиот завод за здравствена заштита

Во Извештајот за насилство и здравје во Македонија водич за превенција на Републичкиот


завод за здраствена заштита, се истакнува дека самоубиствата имааат растечки тренд во целиот
период, а посебно е изразен во последните години. Смртноста од самоубиства е за 2,5 пати
повисока кај мажите. И кај нив и кај жените доминантни се самоубиствата со бесење, давење и
труење. Истражувањата покажале дека поподложни на самоубиства се возрасната група од 35 до
54 години и старото население над 65 год.

Според старата административна поделба на Македонија на 30 општини, најбезбедно за


живеење е во Крушево и Ресен, со ниту едно убиство, ни самоубиство во 2004 год. Највисоки
стапки на смртност од самоубиства на 100.000 жители има во Кратово со 29.1 самоубиство,
Пробиштип 24.8 и Берово 20.7. Повеќе од половината од самоубијците одлуката ја донесуваат во
состојба на афект, а значително е мал бројот на самоубијци кои боледувале од неизлечливи
болести. Во најголем процент се застапени самоубијци со просечно интелектуално ниво. Кај
самоубиствата, психозите се застапени со 50.4%, неурозите со 17%, алкохолизмот со 8.5%. Кај
обидите за самоубиство доминираат неурозите со 44.3 проценти.

77
5.13. Прогноза за самоубиствата во РМ

Зачестеноста на самоубиствата во наредните 10 години во Македонија ќе се зголеми за 75%,


а кај младите дури за 170%, предвидуваат експертите. Стапката на самоубиства во средината на
овој век ќе достигне 15-16 самоубиства на 100 илјади жители, со што Македонија од земја со
ниска стапка од 7,5 ќе премине во земја со средна стапка на самоубиства. Повеќе од половината
од самоубијците одлуката ја донесуваат во афект состојба, а значително е мал бројот на
самоубијци кои боледувале од неизлечиви болести. Меѓу една од главните причини е и
депресијата.

5.14. Етиологија на самоубиствата

Голем број на фактори кои се поврзани со ризикот од самоубиство, вклучуваат: ментална


болест, зависност од дрога и алкохол, социо-економски фактори.

Како ризик фактори за самоубиствата експертите ги посочуваат дисфункционалните семејни


односи, а улогата на училиштето ја посочуваат како етиопатогенетски фактор кој го покренува
таквото однесување. Мотивите според експертите се: осаменост, отфрленост, несакана
бременост, материјална несигурност, несреќна љубов, неуспех во работата или бизнисот, кај
некои има и страв од казна. Екстремен случај на младо лице кое што добило помала оценка па се
плашело од казна од родителите и извршило самоубиство. Психолозите од Меѓаши сметаат дека
младите се преоптеретени со училишните обврски, а родителите, пак, имаат преголеми амбиции
за своите деца.

Самоубиството ретко е поттикнато од моментална одлука. Луѓето пред самоубиствениот чин


даваат некои предупредувачки знаци, неколку дена пред самиот чин. Најсилни и
ајвознемирувачки знаци се вербалните: „не можам да продолжам понатаму”, „ништо веќе не ми е
важно”, „не ми се живее повеќе”, „најдобро да завршам со животов”. Ваквите изјави секогаш
треба да се сфатат сериозно. Во повеќето случаи секако дека не се оддаваат на суицид, но колку
повеќе знаци изразува лицето, толку поголем е ризикот.

Мотиви

• Страдање поради огромна загуба или животна промена


• Семејна историја на самоубиство или насилство.
• Сексуална или психичка злоупотреба.
• Смрт на член на семејството или многу близок пријател.
• Развод или разделба, прекин на врска.
• Слаба академска изведба, слаби резултати на значаен испит.
• Губење на работа и проблеми на работа.
• Несакана бременост.
• Започнување или завршување на затворска казна.
• Невозвратена љубов.

78
Однесување

• Изразени промени во однесувањето, ставот или изгледот.


• Плачење.
• Расправање со блиските.
• Безобзирно однесување.
• Прекршување на законот.
• Импулсивност.
• Злоупотреба на дрога и алкохол.
• Самоповредување.
• Претходно суицидално однесување.
• Екстремно однесување.
• Одрекување од вредни позиции

Телесни промени

• Недостиг на енергија
• Пореметување во спиењето- премногу или премалку спиење.
• Губење на апетитот.
• Депресивност или повлеченост.
• Нагло здебелување или слабеење.
• Нагла промена во сексуалните потреби.
• Нагла промена на изгледот.
• Намален интерес за својот изглед

Мисли и емоции

• Мисли за самоубиство.
• Осаменост-недостиг на поддршка од семејството и пријателите.
• Чувство на одбивање и маргинализираност.
• Длабока тага или чувство на вина.
• Неспособност да се „погледне подалеку”.
• Фантазирање.
• Анксиозност (вознемиреност) и стрес.
• Беспомошност.
• Губење на самопочит

5.15. Превенција на самоубиствата

 Ефективни интервенции: Стратегии кои вклучуваат ограничување на пристапот до општите


методи на самоубиство, како што се огнено оружје или токсични супстанции како пестициди,
се покажале како ефикасни во намалувањето на стапките на самоубиство, но сепак, има

79
потреба да се донесе мулти-секторски пристап, вклучувајќи многу нивоа на интервенција и
активности. Постојат голем број докази кои укажуваат дека соодветна превенција и третман
на депресијата и злоупотребата на дроги и алкохол може да ги намали самоубиствата, како и
следење и контакт со оние кои имаат обид за самоубиство.
 Предизвици и пречки: Во светски рамки, спречувањето на самоубиствата не е соодветно, а
тоа во основа се должи на недостаток на свест за самоубиството како главен проблем и табу
тема во многу општества да разговараат отворено за тоа. Всушност, само неколку земји меѓу
своите приоритети вклучуваат превенција на самоубиства. Известувањата за самоубиства е од
големо значење за подобрувања. Јасно е дека спречувањето на самоубиства бара
интервенција и надвор од здравствениот сектор и повици за иновативен, сеопфатен
мултисекторски пристап, вклучувајќи ги и здравствениот и нездравствениот сектор, на
пример, образование, министерство за труд, полиција, правосудство, религија, право,
политика, медиуми.
 Центрите за превенција на суицидот, превенцијата ја организираат на три нивоа низ три вида:
Примарна превенција: навремено откривање на лицата што имаат намера или покажуваат
склоност кон самоубиство. Секундарна превенција: чување, водење и лекување на лицата што
очигледно покажале суицидални намери. Терциерна превенција: грижа за луѓето кои имале
неуспешен обид за самоубиство.

5.16. Казнено – правни аспекти на самоубиството

Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство (Чл.128 КЗМ)

(1) Тој што друг ќе наведе на самоубиство или ќе му помогне во извршувањето на


самоубиството и тоа ќе биде извршено, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(2) Ако делото од став 1 е сторено спрема малолетник што наполнил 14 години или спрема лице
кое се наоѓа во состојба на битно намалена пресметливост, сторителот ќе се казни со затвор од
една до десет години.

(3) Ако делото од став 1 е сторено спрема малолетник кој не наполнил 14 години или спрема
непресметливо лице, сторителот ќе се казни според член 123.

(4) Тој што сурово или нечовечно постапува со лице кое спрема него се наоѓа во однос на некоја
подреденост или зависност, па тоа поради таквото постапување ќе изврши самоубиство кое може
да се пропише на небрежност на сторителот, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(5) Ако поради делата од ставовите од 1 до 4 самоубиството е само во обид, судот може
сторителот да го казни поблаго.

5.16.1. Австралија (Викторија)

Во Австралиската држава Викторија, самоубиството повеќе не е кривично дело, но


преживеан од самоубиствен пакт може да се товари за убиство. Исто така, се казнува
наведувањето на самоубиство и помагање во самоубиство, а законот експлицитно овозможува
секому да користи „разумно неопходна сила“ за да спречи некое лице да изврши самоубиство.

80
5.16.2. Англија и Велс

Самоубиствотo (а со тоа и обидот за самоубиство) било казниво според Англискиот закон,


познат како Felo de se, но престана да биде кривично дело со донесувањето на Законот за
самоубиство од 1961. Истиот закон го третира како казнено дело помагањето во самоубиство.

5.16.3. Индија

Во Индија, обидот за самоубиство е казниво дело според член 309 од Индискиот Кривичниот
законик. Дел 309 гласи вака: Обид за извршување самоубиство. "Кој и да се обидува да изврши
самоубиство, ќе се казни со затвор до една година или со парична казна или со двете.”

5.16.4. Ирска

Обид за самоубиство не е кривично дело во Ирска. Потпомогнато самоубиство и евтаназија


сепак се нелегални. Според ирскиот закон самоповредувањето генерално не се смета како форма
на обид за самоубиство

5.16.5. Холандија

Во Холандија, присуството и давањето морална поддршка во текот на самоубиство не е


кривично дело, ниту претставува обезбедување општи информации за техники на самоубиство.
Сепак, кривично дело е да се учествува во подготовката за или извршувањето на самоубиство,
вклучувајќи снабдување со смртоносни средства или давање инструкции за нивно користење.

5.16.6. Руската Федерација

Во Русија, поттикнувањето некој да се самоубие со закани, сурово постапување или


систематско понижување е казниво со казна до 5 години затвор. (Член 110 од Кривичниот
законик на Руската Федерација)

5.16.7. Шкотска

Самоубиството не е казниво според законот на Шкотска. Сепак обидот за самоубиство е


прекршок против јавниот ред и мир. Лице кое помага при самоубиство може да биде обвинето за
убиство или воопшто да не одговара за кд во зависност од фактите на секој случај поединечно.

5.16.8. Сингапур

Во Сингапур, на лице кое врши обид за самоубиство може да му биде изречена казна затвор
до една година.

5.16.9. САД

Историски погледнато, разни држави го третирале како кривично дело, но не ги


спроведувале овие одредби. До 1963 година, шест држави сеуште го третирале обидот за
самоубиство како кд (Северна и Јужна Дакота, Вашингтон, Њу Џерси, Невада, и Оклахома). До

81
почетокот на 1990-тите само две држави во САД сеуште го третирале самоубиството како
кривично дело.

Самоубиство со помош од лекар на смртно болен е легално во државата Орегон според the
Oregon Death with Dignity Act. Истото е легално и во државата Вашингтон од 2009 година. За
еден пациент мора да биде дијагностицирано дека има помалку од шест месеци живот, да има
здрав ум, да поднесе барање усно и во писмена форма, да е одобрено барањето од два различни
лекари, а потоа да почека 15 дена и повторно да поднесе барање. Лекарот може да препише
смртоносна доза, но не може да ја спроведе.

82

You might also like