You are on page 1of 10

ПАТУВАЊЕ ВО ЧУДНА ЗЕМЈА

Влегувам во една замрзната земја, иако не можам да кажам на која држава и припаѓа.
Понекогаш ја гледам како од дрон, па така, долу ми се открива снежен терен на планини,
клисури и езера, шуми кои одеднаш се издигаат и си ги тријат своите обелени гранки
наспроти мојот поглед. Другпат потонувам до колена во неговите длабочини така што
хоризонтот не ми е видлив, и се борам да продолжам со патувањето чија цел не е јасна и
не знам од каде сум дошол и каде одам. Светот е покриен, неговиот живот бавно задушен
како овците заробени во длабоките миграции наспроти античките камени ѕидови кои не
можам да ги ослободам. Се е скриено, дури и тајните кои силно ги прегнувам за да ги
спречам да ја пронајдат светлината, а светот се протега толку бесконечно што не можам
да го смалам во една рамка и кога си ги стеснувам очите тоа е само за да го задржам
надвор снегот носен од ветерот. Сите нешта мораат да имаат цел и јас морам да си ја
најдам мојата или да се препуштам на оваа замрзната земја, да се предадам на мојата
папсаност и да си ја одморам главата на меката перница од нејзиниот снег. Ловците на
Бројгел кои се тетерават враќајќи се од потрагата по храна во дивината на другата страна
од селото се заморени исто така, но луѓето кои спортуваат на замрзнатото езеро не
брзаат да ги поздрават или да разберат било што за тоа што истрпеле. Повратникот се
враќа за да му се одмазди на човекот кој го убил син му.
Сè мора да има цел. Па, што е тоа што ме носи на ова патување?
Се препнувам заслепен од снегот, исплашен дека во секој момент можам да паднам во
длабок процеп или да исчекорам од работ на карпата во ненадеен удар со просторот а
рацете да ми се мафтаат додека се обидуваат да зграпчат нешто за да се задржат.
Нешто што би го сопрело бескрајниот пад. И тогаш, го достигнувам брегот на езерото и
очите ми се повторно бистри, па го гледам одронот од мраз како се тресе под сјајот на
месечината со грстот смрзнати кристали кои ги отсликуваат ѕвездите. Ѕвезди чија
ладникавост се чини како да прави дупки во засводената темнина.
Таму, на далечниот брег има куќа. Куќа во која гори светло. Во куќата има скали по кои ќе
треба да се искачам. Но, како да стигнам до нив освен преку ова замрзнато езеро? И кој
ќе ме држи за рака? Кој ќе ме води сега? Погледнувам зад мене, но го слушам само
ветрот како вие преку дрвјата, го оддувува снегот и прави целиот свет да се тресе.
Заедно го бришеме густиот, прицврстен снег од ветробранското стакло на автомобилот.
На површината снегот сè уште е мек, упатувајќи на тоа дека напаѓал во раните утрински
часови, но кога рацете под ракавиците конечно досегаат до стаклото наидуваат на
замрзнат слој кој го прскам со одмрзнувач. Пред да ја отворам вратата за да го вклучам
моторот за да дувне топол воздух кон ветробранското стакло, гребам колку можам повеќе
снег од страничните и задните прозорци, додека Лорна ја користи четката со долга рачка
за да ги расчисти хаубата и покривот сè додека не се појави сивиот метал. Нашиот здив
формира неразбирливи кругови говор на нашите усни, иако меѓу нас не се разменети
зборови, додека раната утринска светлина почнува да напредува кон површината на
снегот така што изгледа како да пулсира. Наоколу нема жива душа, сè е тивко, само траги
од некое суштество кое залутало во потрага по храна.
Кога ја отворив вратата од автомобилот, бравата почна да чкрипи во полузамрзнато
незадоволство и малку снег падна на возачкото седиште, а јас се обидов да го исчистам
со раката, но само успеав да го претворам во темни дамки вода. Лорна седна на
совозачкото седиште и седиме во смрзнатата кола како во иглу, слепи кон светот и само
на секунда се чувствуваме безбедни, како да сме заштитени од сè што лежи надвор.
“Ова е налудничаво, Том,” таа речиси викна за да го надгласи ечењето на парното.
“Каков избор имаме?”
“Можеби авионите ќе почнат да летаат набрзо. Мислам дека ова е премногу опасно,” таа
вели додека го накосува вентилаторот наспроти нејзиниот прозорец.
“Не можеме да го оставиме таму. Мораме да го донесеме дома.”
Седиме и зјапаме во ветробранот. Лента која се шири се расчистува најблиску до
вентилаторите. Звукот на компресорот рика во моите уши.
“Го намести сатнавот1?”
“Да.”
“И понесе сè?”, прашува погледнувајќи преку рамото кон задното седиште. “Ќе ги извадам
матарките и храната за минута.”
“Да, мислам”, и внимателно, предмет по предмет, го пребарувам аматерскиот комплет за
преживување кој го склопивме претходната ноќ - лопатчето, вреќата за спиење, топлата
облека, факелот, купот цедиња и се разбира мојата камера која секогаш е тука. Во
багажникот е пластичниот канистер со бензин, и од некоја бизарна причина која не можам
да ја одгатнам кафеавиот платнен вигвам со насликани коњи, месечина и ѕвезди на
нашата десетгодишна ќерка Лили. Таа инсистираше дури и откако ѝ реков дека човек
може и да плукне низ него, но немав енергија да се расправам повеќе. Нејзиниот снешко
сè уште стои и стражари во предната градина како ноќна стража.
“Ќе бидеш во контакт“, Лорна вели по отприлика четврти пат. “Го имаш ли полначот за
телефон?”
Кимнувам додека се исчистува уште едно парче од ветробранот.
“Ѓезве кое се проверува никогаш не зоврива,” велам јас поместувајќи се кон стаклото како
да мојот здив ќе може да го забрза процесот.
“Во колку часот тргнува бродот?”
“Седум и триесет. Има доволно време,” и тогаш би додал ‘ако е сè во ред’ зашто, со
паѓањето на снегот и фаќањето мраз, ништо не изгледа сигурно повеќе, а не само врската
помеѓу времето и далечината туку сè што го сочинува светот кој некогаш го замислувавме
како да е исфрлен надвор од синхронизација.
Мала дупка се појавува на стаклото и да бев сам ќе го ставев окото на неа, ќе зјапав во
млечната светлина преку оваа мала леќа. Така ги поминувам деновите, така гледам на
светот. Околу неа мразот се олабавува и станува кашест. Светлината прокапува внатре.
Имаше денови неодамна кога мислев дека не сум ништо повеќе од едно мало дупче на
врвот на игла кое се надева дека сликата на светот конечно ќе се формира во
непроменливост наместо овој колеблив, непредвидлив флукс кој го чувствувам однатре.
Додека нетрпеливоста ми расте се насочувам кон бришачите но отпрвин ништо не се
случува пред тие неволно да се затресат и да забрзаат преку екранот.
“И ќе бидеш внимателен. Вози внимателно,” вели таа вртејќи го лицето за да ме
погледне.

1 Навигација која зависи од информацијата добиена од сателитите


Образите ѝ се зацрвенети по нејзините напори со снегот и мало перче коса ѕирка од под
нејзината волнена капа.
“Ќе бидам навистина внимателен. Ќе пристигнам таму безбедно без разлика на тоа колку
долго треба и ќе го донесам дома.”
„Не смееме да ризикуваме да го оставиме таму за Божик, особено не овој,” таа ми вели,
но знам дека повеќе зборува на себе отколку на мене. “Дури ни во најдобрите времиња,
но тогаш кога не му е добро… мораме да го донесеме дома.”
“Мораме да го донесеме дома,” јас повторувам како ехо, а во замрзнатиот автомобил
зборовите нема каде да одат и така висат додека не се замрзнат во тишина.
Нашиот син, Лука, заробен е во Сандерленд а веќе е три дена до Божик и аеродромот во
Њукасл е затворен. Тој е на универзитет и живее во растурена, трошна Едвардијанска
куќа чии останати пет студенти сите заминале за одморите. Така, тој е сам и не му е
добро. Тоа што го мачи не беше целосно јасно од неговите телефонски повици, но тој има
температура и симптоми кои наведуваат на грип. Веќе се беше извлекол од својата
болничка постела два пати за да допатува до аеродромот само за да открие дека летот
му бил откажан. Следните летови се целосно букирани, а мајка му се измачува себеси
преведувајќи ги нејасните описи преку телефон во нешта посериозни од грип. Така, тој
можеби има пневмонија, или уште полошо од се, менингитис. И иако таа се закачи на
интернет и го поврза со сите симптоми како со катехизам е малку што можеше да се каже
за да се утеши. Можеби тоа е разбирливо кога таа има свое сопствено увидување за
грешноста на месото за воопшто и да се справи со тоа, и тоа е и уште една причина тој
да се донесе дома зашто треба да биде со нас во ова време, а не далеку во свет на
странци.
Ветробранот е речиси чист. Инстинктивно сакам да испрскам вода на преостанатите
делови мраз, но знам дека повторно ќе замрзне. Се погледнуваме и таа си ја спушта
раката на мојата и ми вели дека сум добар татко. Тоа не е тврдење кое јас некогаш би го
рекол за себеси, но мислам дека ако го донесам нашиот син дома, во сопствениот ум тоа
можеби и ќе помогне - дури и ќе го надмине балансот, колку и да е тоа привремено, во
моја полза.
“Треба да одам.”
“Ќе ги земам храната и матарките,” вели таа и кога ја отвора вратата мал слој снег се
разоткрива во внатрешноста на автомобилот. Ја гледам додека тешко чекори до кујнската
врата и одеднаш таа ми изгледа кревко во моето палто за на планина кое е неколку броја
поголемо од неа. Таа го носи над пижамите а нејзиниот розов долен дел се запнува над
врвот од нејзините чевли. Откако ќе отидам таа ќе се врати назад во кревет и ќе се
надева дека сум оставил малку топлина во него за неа. Го проверувам купот цедеа, но не
можам да се решам со кое да го започнам патувањето.
Кога се врати Лорна јас се насмеав кога видов дека таа ставила сè во ладилникот кој е
обично резервиран за летните пикници. Го стави на сопатничкото седиште и го врза,
потоа го отвори капакот откривајќи доволно залихи да ја покријат секоја вонредна
ситуација.
“Го ставив термосот со кафе на врвот заедно со сендвичите, а тука се и Лемсипот2 и
аспирините,” вели таа давајќи ми пластична ќесичка која ја препознавам од

2 Лемсип е марка на лек за грип и настинка


обезбедувањето на аероромот и која е сега наполнета со сите лекарства кои нашиот дом
може да ги збере. “Чувај ги овие на посебно место и осигурај се кога ќе го земеш да се
напие од пијалоците. Треба да му ја спуштиме температурата.” Потоа ја протегнува
раката преку седиштето и јас и ја стискам нежно пред да ја затвори вратата од
автомобилот и да го вклучам моторот.
Тој е од марката Тојота RAV4 и никогаш не нè оставил на цедило, ниту еднаш за време на
осумдесет илјади милји кои ги има поминато, но намерно го наслушнувам во случај ова
да му биде прв пат. Не се помрднал веќе три дена, но јас го вклучував моторот секое утро
и кога ќе започнеше го потапкував воланот во знак на благодарност. Претходниот ден го
исчистивме кружниот приод сè до капијата, така што сега е заграден со наноси снег и
изгледа како цикан3. Можам да си го почувствувам грбот како ги струже сопствените
запчаници додека го свртувам воланот и разбирам зошто чистењето снег е популарен
предвесник на срцев одар. Новиот нанос снег беше полесен од тој што падна претходно,
така што не претставуваше проблем, но почнувам бавно и останувам во втора брзина,
чувствувајќи го патот. На патот застанувам за да видам дали нешто доаѓа во моја насока
и да направам последен попис на сè што ми треба, тапкајќи го внатрешниот џеб каде што
се наоѓа испечатениот билет за бродот, потоа го ставам мојот телефон во држачот за
пијалоци покрај кочницата. Можам да претпоставам заради недопрениот снег дека мојот
ќе биде првиот автомобил на нашиот страничен пат каде шилестите грмушки во
моментов се мазни и на светлината која се издига постепено цветаат со блескав мраз.
Вртам лево и се упатувам по нагибот - не е особено стрмна угорница, но стигнувам само
до половина пат пред тркалата да почнат да се вртат и автомобилот да се лизга. Ја дигам
рачната кочница, но знам дека нема да успеам да се качам, па внимателно ја пуштам
автомобилот да се тркала наназад до нашата капија. Мило ми е дека Лорна влезе внатре
и не може да види што се случи. Секогаш има тенка рекичка која тече по полето позади
куќата и по страните на нагибот во тесен предел кој некои зимски утра се претвора во црн
мраз. Ако сакам да постигнам триење треба да останам во средина на патот. За прв пат
посакувам некое тешко возило од една од околните фарми да поминало низ патот и
направило траги, но снегот е сведок само на мојот прв, неуспешен обид. Се обидувам
повторно и речиси доспевам до врвот, но кога инстинктивно притиснувам на педалата за
гас за да се осигурам дека ќе ги поминам последните јарди, автомобилот одеднаш се
лизнува настрана и тогаш без разлика на што и да правам се лизгаше бавно надолу по
нагибот. Сè е погрешно, ништо не е на правото место, и јас сум немоќен да влијаам на
нејзината траекторија. Целото мое френетично вртење на воланот и притискање на
кочниците само изгледа како да го поттикнува тоа што се случува и има интересен краток
момент на мирно, на речиси добродојдено признание кое, како што отсекогаш сте се
сомневале, е начинот каков е всушност светот, и нема ништо што би требало да
направите освен да чекате и да видите што ќе се случи. Автомобилот завршува
странично на дното на нагибот, насочен кон капијата од која само што излезе, како веќе
да го признава поразот и бара начин да се врати на своето место кај куќата. Тоа не е
добар предзнак за патувањето и размислувам да се откажам од него пред воопшто и да
почне, но мислам на нашиот син и знам дека не смеам да го разочарам и не можам да се
вратам назад во куќата пет минути откако сум излегол како да се предавам без воопшто и

3 Вештачко стеснување или свиок на пат или трака за тркачки автомобили.


да се обидам. Се наведнувам над воланот и сфаќам дека нема да можам да се качам на
нагибот од стоечки старт. Да се свртам не е лесно бидејќи нема многу место и кога одам
во рикверц се удирам во грмушките и во огледалото гледам како мал куп снег прави
каскада на задното стакло на авомобилот. Но, на крајот сепак успевам и продолжувам по
рамното пространство на патот кој води во спротивната насока на тој по кој јас сакам да
одам, сè додека не доспевам до влезот на соседната куќа и сум во можност да свртам
уште еднаш. Држејќи го автомобилот во втора брзина земам повеќе залет отколку што
можев да земам претходно и качувајќи се по нагибот со бавно темпо одбегнувам да ги
допирам кочниците. Успевам и остатокот од патот кој ќе ме одведе на главниот грижливо
го поминувам. Има уште снешковци во предните градини и во мојата еуфорија заради
надминувањето на оваа прва пречка за момент се чувствувам како тие да формирале
гарда на чесност, а нивните црни очи од јаглен прицврстени на мене ми посакуваат добар
пат. Го вклучувам радиото и наидувам на прогнозата за времето. Гласот вели дека
веројатен е поголем снег, но овој пат правецот е на југот на Англија и завршува со
предупредувања да не се патува освен ако не е важно.
Нема поважно патување, го информирам гласот, отколку тоа за да го донесеш син ти
дома за Божик, и тогаш, како што доспевам до главниот пат и го гледам избразден и со
нафрлан крупен песок на него го потапкувам воланотуште еднаш и го менувам радиото
на првото цеде, потоа си велам себеси дека духовите не оставаат отпечатоци во снегот.
Музиката е битна во нашата куќа и нејзиното отсуство во последните неколку месеци
беше темен противник како и сè останато. Така, мило ми е што во приватноста на
автомобилот можам да ја пуштам уште еднаш без да се почувствувам бесчувствително.
Лорна ги сака Мотаун4 и пејачките како Дасти Спрингфилд и Адел. А музиката беше едно
од местата каде што мојот и патот на Лука можеа да се сретнат. Бевме на неколку
концерти - Нил Јанг5 во Даблин и Д Геслајт Антхм6 во Лајмлајт. Се почувствував малку
стар во Лајмлајт, но музиката беше добра и на никој не изгледаше како да му смета моето
присуство и никој не ме правеше да се чувствувам како најстариот свингер во градот. Во
автомобилот ја имам музиката која ја одбрав за долгите часови кои ќе се протегаат -
Роберт Вајат7, Ван Морисон8, АрИЕм9, Џон Мартин10, Ник Кејв11.
Исто така ги имам и Грејт Лајк Свимерс12 кои Лука ми ги даде за роденден. Внимавав да
донесам некои кои знам дека Лука ги сака кои ќе можеме да ги пуштаме на патот кон дома
- Еш13, Д Смитс14, Д Нешнл15, Он Д Бич од Нил Јанг16. Лука од секогаш свири на гитара и во

4 Motown - дискографска куќа во сопственост на Universal Music Group


5 Neil Young
6 The Gaslight Anthem
7 Robert Wyatt
8 Van Morrison
9 REM
10 John Martyn
11 Nick Cave
12Great Lake Swimmers
13 Ash
14 The Smiths
15 The National
16 On the Beach албум од Нил Јанг
училиште имаше мала група сè додека сите не тргнаа по различни патишта на
универзитет.
Заради тоа што е рано и училиштата се на одмор, патиштата се претежно чисти од
сообраќај и минливоста е добра. Како што влегувам во градот се чувствува како да е сè
уште задреман, не потполно подготвен да се соочи со денот или да се ослободи од
смрзнатата покривка која се спуштила за време на ноќта. Божикните декорации не се
уште вклучени и снегот е обоен само од светлата од неколкуте автомобили кои ги
среќавам и од осветлените фоајеа на тие згради во кои ранобудните работници веќе го
започнале денот. Градот изгледа како еден од неговите заспани бездомници, стуткан од
студот и слоевит во позајмената облека.
На доковите изгледа невозможно бродот да го прими бројот камиони кои се товарат. Еден
по еден тие исчезнуваат во утробата на карго палубата, а воздухот дотраен и
моментално загаден од нивните ауспуси.
Еден задоцнет возач доаѓа брзајќи кон своето такси со весник под раката и чај или кафе
во другата, се вовлекува внатре и го стартува бучниот мотор, свитканиот весник го фрла
наспроти ветробранот. Сфаќам дека таквите патувања се дел од дневниот ритуал на
трговија за кој не знам ништо и речиси добивам чувство на наметнување додека чекам во
редицата.
Колоната на автомобили, камиони и пешаци кои претпоставувам си одат накај дома со
брод и воз сега кога аеродромите ги разочараа. Си одат дома кај своите семејства. Се
прашувам како сите ќе се качат, дали мојот билет всушност ми гарантира место, или е
слично на начинот на кој аеродромите редовно пребукираат со верба дека одреден број
од нивните очекувани патници веројатно нема да се појават. Но, за кратко возам преку
рампата, се насочувам кон паркингот, и кога излегувам таму има мирис кој е веднаш
препознатлив - мешавина на дизел, метал измиен со саламура и некои состојки на кои не
можам да им дадам име. Многу од автомобилите покрај кои поминувам сè уште имаат
снег на нив и на некои задни седишта има подароци завиткани во Божикна хартија.
Следејќи ги другите возачи се качувам по скалите и одам кон салонот за патници.
Се сеќавам како го имам поминато преминот како дете кога чувството беше како да сум
на брод за стока. Сега има одредена отменост и комфор со продавници и ресторани,
меки седишта наместо искршена пластика и тврди клупи. Има дури и Божикно дрво и
божикни песни. И ме поздравува персоналот како да сум влегол во хотел, со
поранешните мириси заменети од тие на храна и кафе. Салонот се полни со луѓе кои ги
користат своите торби да ги извршат своите територијални права, со топли пијалоци во
едната рака, телефоните во другата, и ги информираат нивните слушатели дека се на
бродот, дека си доаѓаат дома. И праќам текстуална порака на Лорна за да ја известам
дека успеав и дека патиштата не беа премногу лоши.
Младата жена на седиштето покрај мене ме прашува дали ќе и ја чувам торбата додека
таа појде да си земе нешто за јадење. Кога се враќа со сендвич и кафе и велам дека одам
во Сандерленд да си го донесам син ми дома. Веќе ѝ кажав на жената во киоскот која ми
го провери билетот. Можеби ме прави да се чувствувам добро, дека правам нешто
херојско, и за некој кој си го поминува времето фотографирајќи нешта кои посебно не го
интересираат, нема многу можности да се чувствува како херој. Бидејќи тоа што го
сликам се претежно свадби - фотографии, но никогаш видеа без разлика на тоа колку ќе
платат - фамилијарни портрети, специјални родендени, училишни формалности,
понекогаш дел на корпоративна работа ако имам среќа и сè друго што ќе ми излезе на
патот.
“Тој е на универзитетот во Сандерленд и не му е добро,” и велам. “Аеродромот е
затворен. Мајка му ме прати да го донесам дома.”
“Што прави на универзитетот?”, прашува таа со шкотски акцент.
“Видео и филмска продукција.”
“И јас правев нешто слично на тоа.”
“Во Сандерленд?”
“Не, во Глазгов. Таму одам сега, дома. Се надевам возот сè уште оди.”
“Ќе Ве пренесев ако одев натаму,” велам, “но одам кон Сандерленд,” и тогаш си
помислувам дека сум малку нападен и дека таа можеби ќе си помисли нешто лошо за
мене. Таа одговара на една текстуална порака, а јас се преправам дека гледам во мојот
телефон.
“Што не е во ред со Вашиот син?”
“Не сме точно сигурни, но звучеше како некаква настинка. Ја посетувавте Северна
Ирска?”
“Работам на Игра на Тронови.”
“Звучи интересно,” велам. Никогаш не сум ја гледал, но како и сите други знам колку е
популарна, иако некаде е сместена во мојата меморија, како ‘голи гради и змејови’.
“Си има свои моменти.”
“Мојот син ја гледа. Иако веројатно нелегално, претпоставувам. Стримува17 речиси сè.”
“Кој не стримува?”
“Се смеев кога слушнав дека советот насликал бели линии по патот со Дарк Хеџес18.”
“Мораа да ја изгорат бојата, но сè уште се гледаат трагите.”
“А какви се актерите?” прашувам.
“Главно, опуштени. Некои можат да бидат здодевни. Им треба ова, она. Никогаш не се
задоволни.”
“А што правиш ти?”
“Јас сум продукциски асистент,” вели таа и погледнува повторно во својот телефон и јас
насетувам дека разговорот е завршен па не прашувам што е вклучено во тоа иако
средбата со неа ќе ми даде нешто за што ќе можам да му раскажувам на Лука на патот
кон дома. А добро би било ако можам да ја прашам околу тоа како започнала.
Бродот тргнува и јас почнувам да го следам нашето движење низ прозорецот. Морето е
мирно, навидум незаинтересирано за драматичноста на времето, но брегот покриен со
снег изгледа како две протегнати раце кои посегнуваат кон отвореното море и дава
поглед кој порано не сум го видел и помислувам дека не требаше да ја оставам камерата
во автомобилот. Има некои безбедносни објави, а потоа наново Божикната музика.
Размислувам за Лорна како се обидува повторно да пронајде топлина во нашиот кревет,

17 Метод на пренесување или примање на податоци (особено видео и аудио материјал) преку
компјутерска мрежа како мирен, континуиран тек, кој дозволува плејбекот да започне додека
остатокот од податоците сè уште се примаат.
18 Dark Hedges е пат со букови дрвја на Брегаг Роуд (Bregagh Road) меѓу Армој (Armoy) и
Странокум (Stranocum ) во Областа Антрим (Stranocum) во Северна Ирска.
на Лили заспана под нејзиниот филмски постер од Големиот Пријателски-настроен Џин19,
на Лука таму далеку и сам во празна куќа. И одеднаш сè изгледа напнато чудно додека
сегашноста во тивкото место каде меморијата и свеста се филтрираат една во друга за
да создадат нешто ново. Така, само на неколку секунди свесен сум за сите други луѓе кои
патуваат, а патниците околу мене се заменуваат со колаж на замаглените лица на тие кои
поминале претходно, многумина од нив во потрага по нови животи во градовите за кои се
надевале дека ќе им понудат подобра иднина. На сите жени кои носеле тага во утробите,
присилени да бараат помош далеку од семејството и домот. Се обидувам да трепнам за
да исчезнат, но токму кога го правам тоа така на поминување го погледнувам младиот
човек на другата страна од салата пред да исчезне и јас помислувам дека тоа е Даниел.
Не сум изненаден дека е на бродот затоа што така накратко го гледам на многу места,
секогаш на поминување и никогаш доволно долго за да можам да ја кренам раката и да
повикам по него.
Понекогаш тој е на крајот од редицата сватови наредени во нивните изнајмени костуми
кои се обидуваат да изледаат како да излегле од Улични кучиња20. Друг пат го
забележувам со аголот на окото додека возам, а понекогаш токму пред заспивање тој е
таму, но секогаш на раздалеченост и се прашувам дали треба да станам и да проверам
дали вратата е отклучена за да може, ако сака, да си дојде дома. Мислам дека
најверојатно го гледам во редот сватови затоа што, кога беше во училиште и тие се
сликаа за една од тие панорамски фотографии, тој и неговиот другар Роби истрчаа од
нивните места во нанижаните редови да му се приклучат на другиот крај и така се
појавија два пати. Директорот не беше воодушевен и тој му го зададе првото од неговите
суспендирања. Суспендиран затоа што беше шегаџија. Најверојатно неговата најдобро и
најмалку заслужена. Ете го и музичкото потпукнување и завивање на слот машината.
Бавно одиме кон отворено море.
Задремувам малку - сето тоа чистење на снегот и раното тргнување. Кога се будам
младата жена ја нема и пеколно се надевам дека не сум и ‘рчел на уво или мислела дека
сакам да ја заведам. Преминувањето ќе трае само неколку часа, но во мојата глава веќе
се јавува чувство на замагленост, а знам дека ми треба бистра ако планирам да успеам
да го завршам возењето, па така одам надвор и нагоре до горната палуба, да му
дозволам на утринскиот воздух да ме протресе до разбуденост. Група пушачи, некои од
нив со дигнати качулки од нивните кратки јакни, се свиткуваат на оградата во назначената
област за пушачи. Ја гледам младата жена покрај која седев. Ветерот и ја вее косата и
таа мора да ја турне назад од своето лице. Трагата на бродот се врти и пени во форма на
латинично В, речиси како да матиме снег, но морето како што се протега понатаму
изгледа речиси развлечено во сива вкочанетост. Нема нешто интересно од кое би
можела да створи фотографија дури и ако ја имав мојата камера; како и да е има многу
луѓе кои се сликаат самите, или самостојно или како двојки. Телефонот со камера и
жестокиот напредок на технологијата и сè што доаѓа по неа е тоа што ќе ги одземе
работните места на луѓето како мене. За брзо време сета социјална фотографија ќе биде
самостојно изработена на овој начин. Понекогаш ме прави да се чувствувам како
19 The BFG е Американски фантастичен анимиран авантуристички филм од 2016 година режиран
и копродуциран од Стивен Спилберг.
20 Reservoir Dogs е Американски нео-ноар криминалистички филм напишан и режиран од
Квентин Тарантино.
последниот од некоја сорта што е на умирање. Последниот Мохиканец, кој слика со
вистинска камера, и ми тежи сознанието дека колку и да е добра технологијата која е
применета, овие слики во мојот ум се претежно безвредни, и им е одземено сето она што
ја сочинува вистинската фотографија - таа која блика со размислени креативни решенија
и посебен начин на набљудување. Тие во моите очи не се ништо повеќе од задоволство,
исказ на човековата суета и без достоинството кое вистинската фотографија може да го
подари. Но, ако е Лили во право, можеби јас сум навистина ‘сунѓер за забава’ како што
таа сака да ме нарекува и се спротивставувам на нешто што е всушност само мало
безопасно задоволство.

Одиме по патчето на гребенот во Портстјуарт21. Да ги заморам момчињата иако и тогаш


беше ладно, речиси исто колку што е сега. Лука е во својата постојана испрашувачка
фаза:
“Зошто го нарекуваат крајбрежје?”
“Затоа што сме тука на брегот на морето.”
“Но, зошто го нарекуваат крајбрежје?”
“Како мислиш, Лука?”
“Зошто го нарекуваат брегот на морето?”
“Како поинаку би го нарекол ти?”
“Го нерекуваат брег, но како знаат дека е брег, а не преден или заден дел?”
Ме погледнува и забележувам мали дамки кафеаво на аглите на неговата уста од
чоколадниот сладолед од кај Морели. Повеќе не ги знам одговорите на поголемиот дел
од неговите прашања, па често, едноставно велам “Не знам,” или “Поради тоа што е
така.” Татковците треба да ги знаат одговорите на прашањата кои нивните млади синови
ги поставуваат, но неговите доаѓаат од друга планета толку далеку во вселената што веќе
не е дел од соларниот систем. Па така, за одвраќање велам, “Погледни, има човек кој
рибари.” Но, информацијата не содржи чувство на откровение или просветлување па така
тој ги игнорира и наместо тоа се сосредоточува на удирање камен кон карпите надолу.
“Ќе си ги изгребеш чевлите,” му велам, што ни дозволува да се почувствуваме како татко
и син повторно.

Мислам на него во таа чудна куќа, куќа со празни соби, и колку одвратно тоа мора да му
изгледа. Сите се заминати, сите нормални звуци на студентскиот живот колабирани во
тишина како паднатиот снег да ги беше задушил и на нивното место е само докажување
на сопствеништвото на зградата, со своите необјасниви растегнувања и затегања на
снегот кој притиска на покривот. Притиска како ладна тежина на осаменоста.
Гласови во поминување на улицата. Телефонските повици на мајка му. Постојано онлајн
го проверува аеродромот за да види дали летаат авионите. Неговата спакувана торба
покрај креветот. И, сè е откажано - неговиот лет дома, неговото здравје, сè што си
посакува себеси. А што си посакува? Правењето филмови изгледа како кариерна
наклонетост од Островот на Фантазијата, но можеби, ако има среќа ќе може да најде
некаква улога во некоја организација која нуди повеќе од краткорочни договори и аргатски
задачи. Ние бевме толку задоволни што сакаше да оди на факултет што не се обидовме

21 Portstewart е мало гратче во Областа Лондонери (Londonderry) Северна Ирска.


да му се мешаме во неговиот избор на насока и си дадовме оправдание така што си
рековме еден на друг дека е битно да учи нешто за што покажува интерес.

You might also like