You are on page 1of 9

Кошарка e екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат

што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално
поставен обрач на височина од 305 сантиметри. Од едната страна на теренот до другата,
топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.Во 1891,
Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се
користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањет
—о на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската
Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е
распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија,
најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.До бодови во кошарката се доаѓа со
фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие
повеќе бодови е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од
лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со
нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу
играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго
одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.Со тек на времето кошарката
ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на
играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго
одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку
правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.

Женска кошарка

Женската кошарка започнала во 1892 година во колеџот Смит, кога Сенда Беренсон, професор
по физичка култура, ги модифицирала правилата на Нејсмит за жени. Кратко време по
вработувањето во колеџот Смит, таа отишла кај Нејсмит да научи повеќе за
играта. Фасцинирана од новиот спорт и корисноста која може да ја предава, таа го
организирала првиот женски колегијален кошаркарски натпревар на 9 март 1893, кога
бруцошките и студентките од втора година од нејзиниот универзитет Смит играле едни против
други. Нејзините правила првин биле објавени во 1899, а две години подоцна Беренсон
станала издавач на pрвиот водич за женска кошарка на А.Г. Спалдинг, којшто понатаму пак ја
рашириl нејзината верзија за женска кошарка.

Развој на опремата и техниката

Официјална топка на ФИБА.

Кошарката првобитно се играла со фудбалска топка. Првите


топки направени посебно за кошарка биле кафеави, но дури во
доцните педесетти Тони Хинкл, барајќи топка која ќе биде
попрегледна за играчите и публиката, ја вовел портокаловата
топка која денеска е во општа употреба. Дриблингот не бил дел
од првичната игра, освен за додавање од скок до соиграчите. Додавањето на топката било
првично значајна работа за движењето на топката. На крајот дриблингот бил воведен, но
ограничен од асиметричната форма на првите топки. Дриблингот станал значаен дел од играта
дури околу педесеттите години, штом рачно била подобрена формата на топката.

довербата за НУАА турнирот.


Национална кошаркарска асоцијација

Во 1946 е формирана Кошаркарската асоцијација на Америк организирајќи ги врвните


професионални екипи и водејќи ги до поголема популарност на професионалните натпревари.
Првиот натпревар се одиграл во Торонто, Онтарио, Канада помеѓу Торонто Хаскис и Њујорк
Кникербокерс на 1 ноември 1946 година. Три сезони подоцна, во 1949 година, КАА
станува Национална кошаркарска асоцијација или кратко НБА. Новата
организација Американска кошаркарска асоцијација се појавила во 1967 година и кратко ја
загрозила доминацијата на НБА сè додека не се споиле АКА и НБА. Денес НБА е врвна
професионална кошаркарска лига во светот по својата популарност, големи примања, талент и
ниво на натпреварување.

НБА се карактеризира со многу познати играчи како што се Џорџ Микан, првиот доминантен
„голем човек“, волшебникот за топка Боб Коузи и одбранбениот гениј Бил Расел од Бостон
Селтикс, Вилт Чембрлен, кој првично играл за Харлем Глобетротерс, сестраните играчи Оскар
Робертсон и Џери Вест, модерниот голем човек Карем Абдул Џабар и Карл Мелоун,
плејмејкерот Џон Стоктон, омилениот играч на публиката Џулиус Ирвинг, потоа европските
ѕвезди Дирк Новицки и Дражен Петровиќ и тројцата играчи кои ја доведуваат
професионалната игра до највисок степен на популарност : Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мајкл
Џордан.

Во 2001 година, НБА создаде развојна лига НБДЛ. Во 2008 година лигата имала 16 екипи.
Кошаркарските екипи сочинуваат околу 13 проценти од граѓанските спортови во САД и просек
17 558 гледачи редовно ги посетуваат кошаркарските натпревари во НБА и тоа Чикаго Булс со
22 103, Детроит Пистонс со 22 076 и Кливленд Кавалиерс со 20 499 посетители.
Комбинираниот приход од 30 НБА екипи е околу 3,37 милијарди долари и е во пораст.

Женска национална кошаркарска асоцијација

Женската национална кошаркарска асоцијација или женска НБА (WNBA), поддржана од НБА,
започнала во 1997 година. Иако имала слаба посетеност, неколку маркантни играчки (Лиза
Лесли, Дајана Таураси и Кендис Паркер помеѓу другите), помогнале да се развие популарноста
на лигата и нивото на натпреварување. Други професионални женски кошаркарски лиги во
САД е Американска кошаркарска лига (1996 - 1998), но се повлекла поради популарноста на
женската НБА.

На ЖНБА се гледа малку како на вдлабната лига. Сепак, лигата од неодамна презела напредни
мерки. Во јуни 2007 година, лигата потпишала продолжен договор со ESPN. Новиот
телевизиски договор ќе трае од 2009 до 2016 година. Заедно со овој договор дошле и првите
права за плаќање на такса на женската професионална спортска лига. После осум години од
договорот, „милиони и милиони долари ќе се поделат помеѓу екипите од лигата“. WNBA има
поголема гледаност на националните телевизии (413 000) отколку заедно MLS (253,000)
[15]
 и NHL (310,732)[16] што е добар знак за порастот на оваа лига.

Меѓународни ѕвезди во НБА[уреди | уреди извор]


Кошаркарски турнири се одржуваат ширум светот за момчиња и девојчиња за сите возрасти.
Светската популарност на спортот е означена со голем број националности коишто се
застапени во НБА. Играчи од целиот свет можат да се најдат во следниве НБА екипи:

Ѕвездата на Чикаго Булс, крилото Луол Денг е бегалец од Судан со живеалиште


во Обдеинетото Кралство.Стив Неш којшто ги доби наградите MVP за 2005 и 2006 година е
Канаѓенец роден во Јужна Африка.Андреа Барњани од Торонто Рапторс, топ пик на НБА
драфтот за 2006 година е од Италија.По Гасол од Лос Анџелес Лејкерс е од Шпанија.

Топ пикот од вкупниот драфт на НБА Ендрју Богут од Милвоки Бакс е Австралијанец. Исто така,
почетникот за сезоната 2008 – 2009 Нејтан Џаваи е првиот роден Австралијанец којшто играл
во лигата.

Центарот на Хјустон Рокетс Јао Минг е од Кина

Предраг Стојаковиќ е Србин од Хрватска.

Андреј Кириленко е Русин.

Чуварот на Феникс Санс, Леандро Брабоса и предниот играч на Денвер


Нуџетс Нене се БразилциГолемиот човек на Кливленд Кавалиерс Жидринас Илгаускас и Линас
Клиза од Денвер Нуџетс се Литванци.Веројатно ниту една екипа не се поврзува со странци како
што е Сан Антонио Спарс. Тројцата најзначајни играчи се меѓународните – Тим
Данкан од Американски Девствени Острови, Ману Џинобили од Аргентина и Тони
Паркер од Франција. Сограѓанинот на Џинобили е Андрес Ночиони кој игра за Сакраменто
Кингс. Дури во деведесеттите години многу неамерикански играчи станале имиња во НБАкако
што се Хрватот Дражен Петровиќ и Тони Кукоч, Србинот Владе Дивац, Литванците Авридас
Сабонис и Сарунас Марчиулионис и Германецот Детлеф Шремпф.

Правила за играње

Кошаркарска екипа за време на тајмаут на натпревар меѓу


Македонија и Летонија.

Натпреварите се играат во 4 четвртини од 10 минути


(меѓународни) или 12 минути (НБА). Универзитетските игри
употребуваат полувремиња од 20 минути, додека пак
средношколските натпревари употребуваат четвртини од осум
минути. Период од петнаесет минути се употребува за пауза помеѓу полувремињата и две
минути се дозволени за други одмори. Продолжените периоди се долги по пет минути.
Екипите ги менуваат мрежите пред второто полувреме. Дозволено е само времето кога се
игра. Часовникот застанува кога играта не е активна. Оттука, натпреварите општо траат подолго
отколку времето за додадените периоди, вообичаено околу 2 часа.

Пет играчи од секоја екипа (регистер од 12 играчи) можат да присуствуваат на


теренот. Замените се неограничени, но може да се извршат само кога играта е запрена.
Екипите исто така имаат и тренер, кој го надгледува развојот и стратегиите на екипата и
другиот екипен персонал како што се помошници тренери, менаџери, статистичари, лекари и
тренери.

И за машките и за женските екипи, стандардната униформа се состои од шорцеви и дрес со


јасно видлив број, единствен во екипата, испечатен однапред и одназад. Играчите носат
високи патики коишто обезбедуваат екстра поддршка за зглобот на ногата. Обично, имињата
на екипите, на играчите како и оние на спонзорите надвор од Северна Америка се испечатени
на униформите.

Дозволено е само ограничен број на тајм-аути, стопирање на часовникот побарано од


тренерот за кратки средби со играчите. Општо таквите прекини не се подолги од една минути,
а за телевизиските натпревари пак, потребен е епп пауза.

Играта е контролирана од судии од коишто еден е арбитар (главниот судија во машките


универзитетски натпревари и во НБА), еден или двајца судии (судии во машките
универзитетски натпревари и во НБА) и записничари. За универзитетските натпревари, за НБА
и за многу средношколски натпревари, постојат вкупно три судии на терен. Записничарите се
одговорни за следењето на бодовите на секоја екипа, за задржувањето на времето и за
поединечните или екипните фаули ,за замените на играчите, укажуваат на поседувањето на
топката на екипата, како и часовникот за шутирање.

Опрема

Единствена основна опрема во кошарката е топката и игралиштето : рамна правоаголна


површина со обрачи на спротивните краеви. Нивоата на натпреварување бараат употреба на
повеќе опрема како што се часовници, табли за постигнатите бодови, стрелки за измена на
играчите и системи за оперирање со свирчето и стопирање на часовникот.

Пропишано кошаркарско игралиште во меѓународни натпревари е долго 28 метри а широко 15


метри (приближно 92 стапки со 49), а во НБА е 94 стапки со 50 (29 метри со 15м). Повеќето
игралишта се направени од дрво. Челичен баскет со мрежа и табла е обесена на крајот од
игралиштето. Во речиси сите нивоа на натпреварување, врвот на работ е точно 10 стапки (3.05
метри) горе на игралиштето и 4 стапки (1.2 метри) внатре во основната линија. Варирањето на
димензиите на игралиштето и на таблата е можно, но се смета за важно баскетот да биде
поставена на точната висина, Работ којшто е помал а неколку инчи може да има спротивен
ефект врз шутирањето.

Исто така постојат прописи за тоа колкави треба да бидат димензиите на топката. Ако играат
жени, официјалната големина на топка е 28.5 инчи (големина 6) и тежина од 20 унци. За мажи,
официјалната топка е со опсег од 29.5 инчи (големина 7) и тежина од 22 унци.

Прекршоци

Топката може да биде водена кон баскетот со шутирање, додавање помеѓу играчите,
исфрлена, тапкана, тркалена или дриблувана (удирање на топката при трчање).

Топката мора да остане внатре на теренот. Екипата кој последен ја допира топката пред да
излезе надвор од теренот, го губи правото на поседување. Топката е надвор ако ја допре или
премине преку граничната линија. Ова е спротивно кај другите спортови како што
се фудбалот, одбојката и тенисот (но не и рагби или Американски фудбал), каде топката
(играчот) сѐ уште се смета за внатре, доколку кој бил нејзин дел ја допре граничната линија.

Водителот на топката може да не ги движи двете стапала без дриблинг, познато


како патување, ниту пак тој може да дрибла со двете раце или да ја фати топката помеѓу
дриблизни, прекршок наречен двоен дриблинг. Екипата штом еднаш воспоставил контрола
над топката на предната половина од игралиштето, не може да ја врати топката назад од
игралиштето. Топката не може да биде удрена или фатена со тупаница. Прекршувањето на
овие правила резултира со загуба на топката, или ако е направено од одбраната,
тогаш часовникот се ресетира.

Постојат ограничувања за потребното време на водење на топката на половина игралиште (8


секунди во меѓународни натпревари и во НБА), 10 секунди во НУАА и средните училишта, пред
да се шутира (24 секунди во НБА, 30 секунди за жени во НУАА лигата и за двата пола
во Канадските Интеруниверзитетски спортови и 35 секунди во машките натпревари од НУАА).,
држејќи ја топката чувана (5 секунди) и останувајќи во забранета зона (лентата или клучот) (3
секунди). Овие правила се дизајнирани за да се воведе повеќе напад.

Ниту еден играч не трреба да се меша со баскетот или со топката на нејзиниот надолен лет кон
баскетот, или додека е на работ (или во НБА, додека директно е горе на баскетот, прекршок
познат како голтендинг (стремеж за постигнување бод). Доколку одбранбен играч има
стремеж за постигнување на бод, шутот се смета за успешен. Доколку соиграчот на оној којшто
шутира се стреми за да постигне бод, играта е откажана, па така топката се додава на
одбранбената екипа.

Фаули

Намерата нечесно да се онеспособи противникот преку физички контакт не е исправна и се


нарекува фаул. Овие фаули најчесто се направени од одбранбените играчи. Сепак,
истовремено може да се направат и од напаѓачи. Играчите кои се фаулирани добиваат топка за
да ја предадат од крајот на игралиштето, или добиваат еден или повеќе слободни фрлања ако
се фаулирани во моментот на шутирање, во зависност од тоа дали шутот бил успешен. Еден
бод се доделува за успешно слободно фрлање, кое се изведува од линијата од 15 стапки (4.5
метри) оддалечено од кошот.

Играч или тренер кој покажува неспортско однесување, на пример ако се кара со судијата или
се тепа со друг играч, може да му се препише сериозен фаул наречен технички фаул. Казната
вклучува слободни фрлања, за разлика од личната грешка каде екипата може да одбере кој
играч да ги изведе слободните фрлања и е различна кај различни лиги. Повторените
инциденти резултираат со дискфалификување. Несмасните фаули со претерани или кај кои
целта не е игра со топка се наречени неспортски фаули (или бесрамни фаули во НБА) и
резултира со исклучување.

Ако екипата надмине извесен број на екипни грешки за определен период (четвртина или
полувреме) – четири за НБА и за меѓународните натпревари, па така на противничката екипа ѝ
се доделуваа едно или две слободни фрлања за сите последователни грешки за тој период , а
бројот на фрлањата зависи од лигата. Во универзитетите во САД, доколу екипата надмине над
7 фаули на полувреме, на противничката екипа му се доделува 1на 1 слободно фрлање (на
играчот што дал едно фрлање му се дава и второ). Ако екипата надмине над 10 фаули на
полувреме , на противничката екипа му се одделуваа две слободни фрлања за сите
последователни фаули на полувреме. На меѓународни натпревари, доколку играч направи 5
фаули (вклучувајќи и технички грешки), или пак во НБА доколку направи 6 фаули (без технички
грешки) не му се дозволува да го продолжи натпреварот и за него се вели дека е "направил
фаул".

Позиции
За време на првите пет децении од развитокот на кошарката, се употребувале еден чувар,
двајца предни играчи и двајца центри или двајца чувари, двајца предни играчи и еден центар.
Од 1980 година, се развија поспецифични позиции т.е. :

1. „плејмејкер“ или „клучен чувар : обично е најбрзиот играч во екипата, којшто го


организира нападот на екипата контролирајќи ја топката и обезбедувајќи ја до
вистинскиот играч во вистинското“ време.

2. „бек“: создава бројни удари во напад, го чува најдобриот периферен одбранбен играч
од противничката екипа.

3. „крило“ : често е одговорен за постигнувањето на бодови преку пресекување на


топката и дриблинг пробивање, барајќи во одбраната скокови и кражби на топки, но
понекогаш игра многу активно.

4. „Крилен центар“ : често игра во напад свртен со грбот кон баскетот, во одбрана игра
под кошот (во одбранбената зона), или против противничкиот пауер форвард (човек на
човек одбрана )

5. „Центар“: ја користи големината за да бодува (во напад), за да го заштити одблиску


кошот (во одбрана) или да скока.

Горните описи се променливи. Некогаш, екипите ќе одберат да употребат тројца напаѓачки


чувари, заменувајќи еден од форвардите или центарот со трет гард. Најчестите разменувачки
позиции се поинт гард и шутинг гард, посебно ако двајцата играчи имаат добри водачки
способности и способности да управуваат со топка.

Шутирање[уреди | уреди извор]

Различни ставови за шутирање.

Слободни фрлања.

Шутирањето претставува обид да се постигнат бодови со


фрлање на топката низ баскетот. Методите на шутирање може
да варираат кај играчите и во различни ситуации, но
најопштата техника може во најкратки црти да се види овде.

Играчот треба да биде позициониран така што ќе биде насочен


кон обрачот, со нозете оддалечени од рамото, колената се
малку свиткани, а грбот е исправен. Играчот ја држи топката во
доминантната рака (раката со која шутира), малку горе над
главата, со другата рака од другата страна на топката. За да ја нишани топката, лакот на играчот
треба да биде подреден вертикално, а однапред да се насочи кон баскетот. Топката се шутира
со свиткување и продолжување на раката со која се шутира, за да се исправи. Топката се
тркала на краевите од прстите, додека рачниот зглоб е полусвиткан надолу. Кога раката со која
се шутира е фиксирана моментално, а топката е исфрлена, тоа значи дека следи удар. Сето тоа
е поврзано за да се обезбеди прецизност. Општо, раката со која не се шутира се употребува
само за да води шутот, но не и да го реализира. Играчите често се обидуваат постојано да ја
вртат топката да го намалат влијанието од нејзин удар. Совршенета траекторија на шутот е
доста дискутабилна, но стрелците можат да употребуваат табла за да ја пренасочат топката во
баскетот.

Двете најопшти шутирања кои погоре беа објаснети се поставен шут и шут од скок.
Поставениот шут е реализиран од стоечка позиција, кога ниедна нога не го напушта подот, а
обично се употребува за слободни фрлања. Шутот од скок се реализира во воздух, при
највисок скок. Ова обезбедува поголема сила и простор, а исто така му дозволува на играчот
да се подигне над дефанзивецот. Неуспехот да се исфрли топката пред играчот да се врати на
теренот се нарекува патувачки прекршок. Друг општ шут се нарекува приковен шут. Овој шут
бара од играчот да биде во движење околу баскетот и да ја прикови топката во баскетот,
обично надвор од таблата (слободна табла, верзија на ниско фрлање се нарекува тркалење
низ прсти). Најомилениот шут на публиката со најголем степен на прецизност е забивањето, во
кој играчот скокнува многу високо и ја шутира топката надолу, право низ обрачот.

Друг општ шут е вкрстениот шут. Овој шут е со низок процент и се исфрла или се забива во
обрачот, додека играчот нема рамнотежа, е во воздух, паѓа и/или е свртен од баскетот. Шут кој
ги промашува работ и таблата на баскетот, се вели дека е воздушна топка. Посебно лош шут,
или оној шут кој само ја удира таблата, шеговито се нарекува тула.

Скокање

Целта на скокот е успешно да се добие власт над топката, после промашеното фрлање или
слободно фрлање, кога топката ќе скокне од обрачот или таблата. Ова игра голема улога во
играта, кога од повеќе топки екипата ќе промаши удар. Постојат две категории на
скок : напаѓачки скок, во кој топката е повторно земена од напаѓачката страна и не го менува
поседувањето и одбранбен скок, во кој одбранбената екипа добива слободна топка.
Поголемиот дел од скоковите се одбранбени, бидејќи екипата има намера да биде во подобра
позиција за да ги покрие промашените удари.

Додавање

Основен начин на додавање на топката.

Додавањето е начин на движење на топката помеѓу играчите.


Најмногу додавања се придружени со чекори за да ја зголемат
силата и се реализира со раце за да се обезбеди
прецизност.Основно додавање е додавање кон градите.
Топката се додава директно од градите на додавачот до градите
на примачот. Точно градно додавање вклучува надворешно
посегнување со палците за да се додаде брзина и остава малку време на одбраната да
реагира. Друг тип на предавање е додавање од скок. Овде, додавачот скока брзо со топката
околу две третини од патот од неговите гради до примачот. Топката удира на теренот и
отскокнува во правец на примачот. Потребно е подолго време за да се реализира додавањето
од скок отколку градното додавање, но исто така е потешко за противничката екипа да го
пресретнат (намерното удирање на топката е прекршок).На тој начин играчот често употребува
додавање од скок или да додаде околу дефензивецот. Додавањето над глава се употребува за
да се додаде топката над главата на одбранбениот играч. Топката е ослободена додека е
исфрлена од додавачот.Отвореното додавање се реализира кога екипата изведува
дефанзивен скок. Следниот чекор после скокот е отвореното додавање.Важен аспект од која
било добро додавање е можноста за пресретнување. Добрите додавачи можат да ја додадат
топката со голема прецизност и допир и знаат точно каде секој од нивните соиграчи сака да
добие топка. Посебен начин за да се направи тоа е да се додаде топката без да се гледа
соиграчот во моментот на додавање на топката. Ова се нарекува додавање без гледање.Друг
напреден начин на додавање е додавање позади грб, кое како што е опишано, вклучува
фрлање на топката позади грбот на додавачот до соиграчот. И покарј тоа што некои играли
можат ефикасно да ги изведат таквите додавања, многу тренери не ги одобруваат ваквите
додавања, сметајќи дека се основно слаби, тешки да се контролираат и најчесто резултираат
со изгубени топки или прекршоци

Дриблање

Основна позиција при дриблањето.

Дриблингот е акт на постојано скокање на топката со едната рака а се бара од играчот да се


движи со топката. За да дрибла, играчот треба повеќе да ја удира топката кон теренот со
прстите , отколку да ја потурнува. Ова обезбедува поголема контрола. Кога со дриблање го
поминал противникот, играчот треба да дрибла подалеку од него, оневозможувајќи му на
дефанзивецот да стигне до топката.Затоа е важно за играчот да биде способен да дрибла со
двете раце. Добрите дриблери (дресери на топка) настојуваат да ја удираат топката ниско на
земјата, намалувајќи го растојанието од подот до раката, оневозможувајќи му на
дефанзивецот да ја украде топката. Плус, добрите дресери на топка, често дриблаат зад
нивните грбови, помеѓу нивните нозе и често ги менуваат рацете и насоките на дриблањето,
создавајќи помалку непредвидлива шема која е потешка да се одбрани. Ова се нарекува крст,
којшто е најефикасен начин да се поминат дефанзивците кога
се дрибла.

Блокирање

Блокирањето се изведува има обид за шут, т.е. кога


дефанзивецот се обидува да го измени шутот со допирање на
топката. Во скоро сите начини на игра, не е дозволено да се
допира топката ако се наоѓа во долниот дел на нејзиниот лак.
Ова е познато како обезбедување на целта. Исто така не е
дозволено да се блокира шут откако топката ќе ја допре
таблата, или кога кој било дел од топката е директно над
работ на баскетот.

За да се блокира шут, играчот треба да биде способен да постигне бод повисоко од


реализираниот шут. На тој начин, висината претставува предност во блокирањето. Играчите
кои се повисоки на позицијата пауер форвард или на центарски позиции, обично забележуваат
повеќе блокади отколку играчите кои се пониски и играат на позиции на чувари. Сепак, со
добро темпирање и доволен вертикален скок, дури и пониските играчи можат да бидат
ефикасни во блокирањето на удари.
Висина

На професионални ниво, повеќето машки играчи се високи 6 стапки и 3 инчи (1.90 метри), а
повеќето женски играчи 5 стапки и 7 инчи (1.70 метри). Гардите, чија физичка усогласеност и
добри вештини со топка се значајни, се најниските играчи. Речиси сите форварди во мачките
професионални лиги високи 6 с. 6 и. (2 метри) или повисоки. Повеќето центри се виски 6 с. и 10
и. (2.1 метар). Според испитувањето во сите НБА клубови, просечната висина на сите НБА
играчи е под 6 с. 7 и. (2.01 метри), со просечна тежина од 222 фунти (101 килограми).
Највисоките играчи во НБА биле Мануте Бол и Георге Мурешан со висина од 7 с. 7 и. (2.31
метри). Моментално највисок играч во НБА е Јао Минг со висина од 7с. и 6и. (2.29 метри).

Најнизок играч во НБА бил е Магзи Боке со висина од 5 с. и 3 ин. (1.60 метри). Други ниски
играчи кои постигнале успех на професионално ниво се Ентони Спад Веб кој бил висок само 5
с. и 7 ин. (1.70 м.)., но имал вертикален скок од 42 инчи (1.07), а тоа е значајна висина прис
скокање. Најнискиот играч во НБА за сезоната 2006/2007 е Ерл Бојкинс со 5 с. и 5 ин. (1.65 м.).
Пониските играчи честопати не се добри во одбараната против шутирање, но нивната
способност да се движат низ мешаниците на теренот и да ја украдат топката движејќи ниско е
голема.

You might also like