You are on page 1of 1

Утврдување на надоместок ПОРАДИ ПРЕКИН НА РАБОТА

Предмет на осигурување
- Бруто добивка пред оданочување
- Трошоците направени поради прекин на деловните активности
Дефиниции :
Стандарден промет ( СП ) - Прометот во тој период од 12 месеци непосредно пред
датумот на загуба , штета или уништување што кореспондира со периодот на обештетување .

Промет (П) – Пари платени или што треба да се платат на Осигуреникот за продадена и
испорачена стока и за услуги направени во текот на деловното работење , кои произлегуваат од
дејноста на Осигуреникот .

Бруто добивка ( БД ) – Сумата формирана кога на нето добивката се додава износот


на сите фиксни трошоци на деловното работење . Трошоците за суровини репроматеријали ,
потрошената енергија и слично не се рачунаат како фиксни трошоци , т.е. тие се варијабилни
трошоци .

Нето добивка ( НД) – Нето добивка од тргување ( невклучувајчи ги сите пресметани


приходи и расходи ) што произлегуваат од деловните активности на осигуреникот откако е
направена соодветна распределба на сите фиксни и други трошоци вклучувајќи и амортизација
, но пред било какво оданачување на добивката .

Со други зборови колку останало од приходот откако ќе се одземат сите трошоци

Стапка на бруто профит (СБП) -е однос помеѓу бруто добивката и прометoт во


деловната година пред годината кога е случена штетата .

Осигурувањето ја покрива загубата на бруто добивката поради :

- Намалување на прометот – како разлика помеѓу стандардниот промет и вистинскиот


промет (ВП )во периодот на прекин на работата , помножен со стапката за бруто
добивка

Надомест = (СП-ВП)*СБП ЗА ПЕРИОД НА ПРЕКИНОТ НА РАБОТА

You might also like