You are on page 1of 2

Почитувани ,

во нашата работа при проценката на штети се сретнавме со оштетување на опрема за


рударење на дигитални валути , таканаречена cryptocurrency mining hardware (
Antminer- и ) која служи за валидација на трансакциите во мрежата на дигитални
валути .

Оваа компјутерска опрема се состои од неколку јаки процесори и графички картици


чија цена се движи од 900 $ па нагоре .

Овие компјутерски уреди за да ја постигнат својата крајна цел во декриптирањето на


дигиталните валути т.е. за крајната валидација на трансакциите во мрежата на
дигитални валути треба :

- да работат непрекинато 24 часа


- постојаната работа доведува до брзо оштетување на процесорите и графичките
картици
- постојаната работа може да предизвика запалување т.е. пожар на уредите
- постојаното подобрување на конфигурациите на овие уреди ги прави да застарат
и бидат неконкурентни за краток временски период што би довело до нивна
неупотрбеливост и нефункционалност за корисникот , што ги наведува
сопствениците на нивно отуѓување односно продажба .

Имајќи ги во предвид горниве факти во разговор со Горан Стојановски се согласивме


и ви предлагаме овие уреди да не се примаат во осигурување , а во полисата или во
условите за осигурување да се вметне следниов текст .

Јован Никодиновски

Скопје , 09.03.2020 година

You might also like