Professional Documents
Culture Documents
Анализа на процесот на кредитирање-проектна
Анализа на процесот на кредитирање-проектна
Ментор: Изработил:
Александар Стојановски Ајтен Амет
Битола,2023
СОДРЖИНА
1
ВОВЕД
1.ПРОЦЕС НА КРЕДИТИРАЊЕ
1.1. ПРОЦЕС НА КРЕДИТИРАЊЕ КАЈ БАНКИТЕ
2.ПРИЕМ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
3.КРЕДИТНА АНАЛИЗА
4.ОДЛУЧУВАЊЕ НА КРЕДИТНОТО БАРАЊЕ
5.СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР
6.ИЗВРШУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ И ДОКУМЕНТАЦИЈАТА
7.СЛЕДЕЊЕ НА КРЕДИТИТЕ
8.ЗАКЛУЧОК
9.ИСКОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
ПРОЦЕС НА КРЕДИТИРАЊЕ
1.Процес на кредитирање ги опфаќа активностите кои ги
извршуваат кредитните службеници и раководителите на
различни нивоа во банките во врска со одобрувањето и
извршувањето на кредитите.
1.1. Процес на кредитирање кај банките
Процесот на кредитирање вклучува голем број активности
коишто ги извршуваат вработените и раководителите на
различни нивоа во банката. Формално, процесот на
3
кредитирање започнува од моментот кога клиентот
поднесува барање за одобрување кредит и ако што бројни
активности се извршуваат и претходно. Имено, притиснати
од конкуренцијата, банките не можат да си дозволат да
чекаат клиентите да им пристапат со барање да им се
одобри кредит. Напротив, банката мора постојано да
спроведува истражување на пазарот со цел да ги открие
потребите на клиентите и можностите за одобрување на
нови кредити со прифатлив однос на приносот и ризикот.
За таа цел, банката ги анализира тековните движења во
стопанството (и одделно, во одредени сектори), прави
проекции на идната побарувачка на кредити, ги анализира
трендовите на оделни видови кредитни производи, ја
анализира конкуренцијата итн.
4
способност и подготвеност за навремена отплата на
кредитот. Така, кредитниот службеник го известува
кредитобарателот за условите и постапката на
кредитирањето: износот на кредитот, каматната стапка,
провизиите и другите трошоци, рокот на отплата,
инструментите за обезбедување, времетраење на
постапката, потребната документација итн. Од друга страна,
за време на интервјуто, кредитниот службеник настојува да
добие првични информации за работењето на клиентот,
неговите идни планови, финансиските потреби, наменетa
на кредитот итн. Исто така, кредитниот службеник треба да
го искористи овој разговор за да стекне прв впечаток за
финансиската состојба, карактерот, чесноста на клиентот и
за други околности, коишто имаат пресудно влијание врз
оцената на неговата кредитноспособност.
3. Кредитна анализа
Откако клиентот поднел формално кредитно барање,
вработените во кредитната служба на банката треба да го
анализираат со цел да ја оценат неговата кредитна
способност. Без сомнение, оваа е критичната фаза во
процесот на кредитирање, зашто ако се направи погрешна
проценка на способноста и волјата на клиентот за
навремено враќање на кредитот, последиците ќе се
провлекуваат и во другите фази на кредитниот процес, со
значајни негативни последици врз финансиската положба
на банката. Обработката на кредитното барање започнува
6
со почетна, формална анализа со која треба да се провери
дали барањето е целосно потполнето, дали ги содржи сите
потребни податоци и дали придружната документација е
целосна и исправна. Ако нешто недостасува, банката треба
да му го врати кредитното барање на клиентот со барање
да се обезбедат потребните податоци и документи. Ако пак
барањето е исправно, тогаш се пристапува кон негова
суштинска обработка, односно започнува процесот на
кредитна анализа. Станува збор за сеопфатна анализа на
целокупното работење на клиентот и на конкретниот
проект што треба да се финансира со кредитот. Според тоа,
оваа анализа вклучува бројни квалитативни и
квантитативни аспекти, при што, со примена на определни
методи, банката треба да го процени кредитниот ризик.
Притоа, покрај примената на определени аналитички
техники, голема улога во кредитната анализа имаат и
знаењето и искуството на кредитните службеници. Имено,
субјективната проценка и личниот став на кредитниот
службеник секогаш имаат определно влијание врз крајната
одлука за одобрување на кредитот. Инаку, во рамките на
кредитната анализа банката ги оценува следниве елементи:
процесот на управување на претпријатието, човечките
ресурси, претходната деловна историја, основните и
обртните средства, конкурентската положба на
претпријатието на пазарот, односите со главните купувачи и
продавачи, финансиските показатели (профитабилност,
ликвидност,солвентност, задолженост итн.), оправданоста
7
на инвестициската програма, квалитетот на
обезбедувањето итн. Ако се работи за веќе постоечки
клиент на банката тогаш се проверуваат податоците за
претходното искуство на банката со тој клиент, т.е. дали во
минатото редовно ги извршувал обврските кон банката,
дали имало проблеми во наплатата на кредитот, дали се
вршени преструктурирања на кредитите итн. Притоа, ако
кредитните службеници немаат за познавање за некои
технички работи, банката ќе ангажира надворешни стручни
лица (на пример, технолози, архитекти, информатичари,
машински инженери, проценители итн.).
9
износот и структурата на вкупните срества со кои располага
кредитобарателот (сопствени, позајмени, основни, обртни),
финансиските показатели,
вкупна задолженост во банкарскиот сектор,
висина на ануитетите по вкупната задолженост,
преглед на дотогашните деловни односи со банката (кредитна историја
- уредност во измирување на обврските, депозитна активност – висина
на депозити, платен промет-денарски и/или девизен и др.),
понудено обезбедување,
проекција на очекуваните ефекти,
добавувачи и купувачи.
5.Склучување договор
Договорот за одобрување кредит се склучува во писмена форма и
треба да биде потпишан од овластени претставници на банката и
должникот. Со договорот се регулираат најважните прашања во
врска со одобрувањето, користењето и одплатата на кредитот. Во
таа смисла, како вообичаени елементи на договорот се јавуваат
следниве: назив на договорните страни, вид и намена и износ на
кредитот, каматна стапка, провизии и други трошоци, рок и начин
на отплата(еднократно или во ануитети), начин на користење
(еднократно или во транши), инструменти на обезбедување, други
обврски на договорните страни итн. Во однос на горните елементи,
од особено значење е во договорот јасно да се наведат
инструментите коишто служат за обезбедување на кредитот
(згради, опрема, хартија од вредност итн.), како и постапката за
10
нивно преземање од страна на банката во случај на неуредна
отплата на кредитот. Исто така, треба јасно да се пропишат сите
случаи што ќе се сметаат како неуредна отплата на обврските , т.е.
прекршување на договорот. Ова е многу важно од аспект на
правото на банката да го искористи обезбедувањето на кредитот и
да бара судска заштита. За таа цел, договорот за кредит содржни
бројни одредби, коишто можат да се јават во два вида: потврдни
(affirmative covenants) и одречни (negative covenants). Со првите
одредби, од должникот се бара да преземе некои дејствија, како,
на пример, периодично да доставува финансиски извештаи, да
одржува одредена состојба на сметката итн. Од друга страна, со
одречните одредби банката му забранува на должникот некои
активности: дополнително да се задолжува, да продава делови од
имот, да го менува врвното раководство, да прави статусни
промени итн.
6.Извршување на кредитот и документација
По склучувањето на договорот банката му ги префрла паричните
средства на должникот, при што искористувањето на кредитот се
врши така, што должникот доставува соодветни документи
(фактури, градежни ситуации итн.), а банката плаќа во корист на
претпријатијата наведени во нив. На овој начин, банката врши
дополнителна проверка на наменското користење на кредитот.
Инаку, отплатата на кредитот најчесто се врши во повеќе рати
(ануитети), коишто вклучуваат отплата на основниот долг и
каматата. Временскиот распоред на отплатата на кредитот се
нарекува план на амортизација и претставува составен дел на
договорот за кредит. Вообичаено, неколку дена пред денот кога
треба да се плати ануитетот, кредитниот службеник го известува
должникот, а ако тој не го изврши плаќањето, банката ќе го
11
опомене. Ако должникот не плати два – три ануитети по ред,
банката ќе смета дека договорот е прекршен и ќе презема мерки за
присилна наплата на кредитот. Се разбира, сите активности во
процесот на кредитирање, од одобрувањето до затворањето на
кредитот, треба да бидат поткрепени со соодветна документација.
За таа цел, за секој клиент посебно, банката отвора кредитно досие
(во хартиена или електронска форма), кое што содржи бројни
податоци за клиентот и за кредитот како што се: дејноста,
сопствениците, органите на управување, кредитното барање,
финансиските извештаи за неколку години, инструментите за
обезбедување, кредитната анализа, одлуката за (не)одобрувањето
на кредитот, договорот за кредит итн.
7.Следење на кредитите
Процесот на кредитирање во некој случај не завршува со
одобрувањето на кредитот, туку треба да продолжи и понатаму, до
неговото конечно затворање. Тоа произлегува оттаму што по
одобрувањето на кредитот може да настапат одредени околности
коишто ќе ја отежнат отплатата на кредитот. Оттука, следењето на
кредитите претставува многу важна фаза во севкупниот кредитен
процес. Целта на оваа функција е минимизирање на кредитниот
ризик и намалување на кредитните загуби. Всушност, следењето на
кредитите претставува еден вид рано предупредување за
настаните коишто водат кон влошување на квалитетот на
кредитното портфолио. Следењето на кредитите претставува
комбинација на внатрешната ревизија и дополнителна кредитна
12
анализа, зашто со неа се проверува усогласеноста со законските
прописи и кредитните политики и процедури, а истовремено се
следат промените на финансиската состојба на должникот за време
на кредитниот однос. Постапката за извршување на оваа функција
треба да биде составен дел на политиката на банката, а таа треба
да биде издвоена од службите што се вклучени во кредитната
анализа и одобрувањето на кредитите. За цел, поголемите банки
обично имаат посебна служба за следење на кредитите, која што е
независна и непосредно е одоговорна пред кредитниот одбор или
пред врвното раководство на банката. Во секој случај, независно од
големината, секоја банка мора има посебна истурена служба и
заднинска служба, со цел да се разграничат функциите на
одобрувањето и следење на кредити.
13
Вонредно следење. Вонредното следење се однесува на
проблематичните кредити, односно откако ќе се утврди дека
должниците доцнат со отплатата на кредитите. Целта на овој
тип на следење е да се обезбеди наплата на кредитите.
ЗАКЛУЧОК
15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
16