Professional Documents
Culture Documents
Sla 3
Sla 3
број: L318252
ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје, со ЕМБГ 7221290, со седиште на ул.1732 бр.4, Ламела А/ДП 1, Скопје,
Република Северна Македонија, e-mail info@iutecredit.mk телефонски број +38923149999, претставувано од
Управителот Горан Василев (во понатамошниот текст: Давател на кредит); и
Елена Петровска, со ЕМБГ 2208970485004, број на документ за идентификација M0123094, живеалиште на Драчево,
ул. Сердарот 117, 1000 Скопје, телефонски број +38971446757 (во понатамошниот текст: Клиент),
Во согласност со Општите услови на Давателот на Кредит и Рамковниот Договор бр 880917876, Клиентот побара, а
Давателот на кредит одобри Кредит под следните услови:
УСЛОВИ
Износ на Кредитот (во денари) 16.300 МКД
Траење на Кредитот (месечни рати) 12
Фиксна годишна каматна стапка 0 %
Вкупен износ на камата за кредитот (во денари) 0 МКД
Надоместок за одобрување на кредитот (во денари) 2.790 МКД
Месечен надоместок за администрирање на кредитот (во денари) 0 МКД
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 30,24 %
Вкупен износ кој Клинетот треба да го плати за намирување на сите обврски од кредитот (во денари) 19.090 МКД
Кредитот ќе се отплаќа на месечни рати во согласност со Амортизациониот план, Прилог 1 кон овој Поединечен
Договор за Кредит.
Клиентот е запознаен дека Надоместокот за одобрување на кредитот наведен во условите, доспева за наплата на
денот на склучување на овој Договор, а во овој случај Давателот на кредит се согласува и одобрува Корисникот да го
исплати на месечни рати во согласност со договорениот рок на кредитот истовремено со месечните рати согласно
Амортизациониот план, прикажан во Прилог 1. Заради избегнување на било какво двоурмење, Надоместокот за
одобрување на кредит доспева за плаќање во целост и во случај на предвремена отплата или раскинување на
Договорот од било која причина.
Овој Поединечен Договор за Кредит и неговите прилози се составен дел од Рамковниот Договор бр. 880917876.
Поимите користени и наведени во овој Поединечен Договор за Кредит ќе го имаат истото значење како што е
наведено во Општите услови на Давателот на кредит и во Рамковниот Договор.
Освен доколку не е изрично наведено овде, Страните разбираат и се согласни дека правата и обврските преземени
со и наведени во Рамковниот Договор бр. 880917876 се применуваат во целост и на овој Поединечен Договор за
Кредит.
Клиентот изјавува дека го зема Кредитот за своја сметка, а во случај на промена на овој факт, веднаш ќе го извести
Давателот на кредит.
............................................... ...............................................
/ Потпис / / Потпис /
ПРИЛОГ 1
Корисникот го отплаќа кредитот согласно Амортизациониот план кој е составен дел на овој Договор на некоја од
трансакциските сметки на Иуте Кредит и тоа 270-0722129001-20 - Халк Банка и Пошта АД Скопје, 210-0722129003-07 во
НЛБ Банка АД Скопје, 300-0000041215-66 во Комерцијална Банка АД Скопје, 200-0032093858-36 во Стопанска Банка АД
Скопје или 240-0101106328-45 во Уни Банка АД Скопје
ФОРМУЛАР ЗА ПРЕДДОГОВОРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДЕНИТЕ КРЕДИТНИ УСЛОВИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
13.04.2022
1. СТРАНИ
ДАВАТЕЛ НА КРЕДИТ
Назив ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
ЕМБС 7221290
Седиште Ул. 1732 бр.4 Ламела A – ДП бр. 1, Скопје,
Република Северна Македонија
E-mail info@iutecredit.mk
Веб страна https://iutecredit.mk/
Телефон 13-333
Законски застапник Горан Василев
КЛИЕНТ
Име и презиме Елена Петровска
ЕМБГ 2208970485004
Број на документ за идентификација M0123094
Живеалиште Драчево, ул. Сердарот 117, 1000 Скопје
Телефонски број +38971446757
2. ОПШТИ ОДРЕДБИ
2.1. Поимите и условите наведени во овој рамковен договор за потрошувачки кредит (во понатамошниот текст:
Рамковен Договор), како и поимите и условите на сите документи наведени во член 2.3. од овој Рамковен Договор,
претставуваат една целосна и единствена спогодба помеѓу Страните да склучуваат договори за Потрошувачки
Кредит (во понтамошниот текст: Договорот).
2.2. Освен ако не е изрично поинаку наведено, поимите употребувани во овој Рамковен договор ќе го имаат истото
значење како што е дефинирано во Општите услови на Давателот на кредит.
2.3. Секој Договор за Потрошувачки Кредит се состои од:
2.3.1. Општите услови на Давателот на кредит;
2.3.2. Овој Рамковен Договор;
2.3.3. Поединечниот Договор за Кредит;
2.3.4. Тарифата;
2.3.5. Политиката за Приватност;
2.3.6. Договорот за MasterCard Картичка, доколку е применливо;
2.3.7. Било кој друг договор, и сите анекси на било кои договори склучени помеѓу Страните (вклучувајќи измени и
дополнувања), доколку е применливо.
2.4. Општите услови, Тарифата и Политиката за приватност се достапни на вебстраната на Давателот на кредит www.
iutecredit.mk.
3. РОК
3.1. Овој Рамковен договор влегува во сила и се применува по потпишување од Страните и ќе остане во примена на
неопределно време или до негово раскинување во согласност со Општите услови и овој Рамковен Договор. Заради
избегнување на било какво недоразбирање и доколку е поинаку договорено, исполнувањето на обврските на
Клиентот од секој и сите Поединечни Договор(и) за Кредит(и) нема да значат престанок на овој Рамковен Договор
или други договори склучени помеѓу Страните.
4. ПРЕДМЕТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
4.1. Врз основа на овој Рамковен Договор, Давателот на кредит ќе:
4.1.1. креира Корисничка Сметка за Клиентот (во понатамошниот тест: Сметка) до која Клиентот може да
пристапува преку платформата MyIute.
4.1.2. определи личен кредитен лимит за Клиентот (во понатамошниот текст: ЛКЛ), чиј износ ќе зависи од
проценката на кредитоспособноста, која ја спроведува Давателот на кредит од време на време, по сопствена
проценка, како и ќе одобрува Потрошувачки Кредит(и) во рамки на ЛКЛ, согласно условите наведени во овој
Рамковен Договор;
4.1.3. овозможи дополнителни услуги поврзани со Потрошувачки Кредит(и).
5. КОРИСНИЧКА СМЕТКА
5.1. Пристапот за Клиентот до Сметката е овозможен преку вебстраната www.iutecredit.mk и апликацијата MyIute.
5.2. Пристапот до Сметката е предмет на автентикација на Клиентот, пришто идентитетот на Клиентот се потврдува
со примена на технички мерки и решенија (во понатамошниот текст: Сигурносни Елементи).
5.3. За користење на Сметката, средствата и врските на Клиентот мора да бидат во согласност со техничките барања
утврдени од страна на Давателот на кредит. Овие технички барања се опишани во Општите услови.
5.4. Клиентот со должно внимание ќе ги чува Сигурносните Елементи и ќе обезбеди нивна безбедност и доверливост.
5.5. Клиентот веднаш ќе го извести Давателот на кредит за губење или кражба на Сигурносните Елементи против
5.5. Клиентот веднаш ќе го извести Давателот на кредит за губење или кражба на Сигурносните Елементи против
волја на Клиентот или на било кој друг начин. Доколку Давателот на кредит прими такво известување, истиот ќе
преземе мерки за спречување на понатамошно користење на Сметката.
5.6. Давателот на кредит има право да одбие пристап до Сметката како и било кое Барање поднесено таму, доколку
Сигурносните Елементи се користат несоодветно или пак Давателот на кредит се сомнева во автентичноста на
идентитетот на Клиентот. Во таков случај, Давателот на кредит нема да биде обврзан да надомести било каква
можна штета.
5.7. Сметката може да се користи за аплицирање за Кредити, иницирање на исплата на кредит преку саканиот канал
на дистрибуција, преглед на состојбата на кредитите и отплатите, Амортизациониот план на активните Кредит(и),
иницирање на отплати (вклучувајќи и предвремена отплата), поднесување на барање за суспензија и други
дополнителни услуги овозможени од Давателот на кредит, како и други фунционалности овозможени за Клиентот
или кои би можеле да бидат овозможени во иднина. Заради избегнување на било какво недоразбирање, Сметката не
се смета за сметка, отворена и одржувана од страна на платежна институција, во согласност со законите на
Република Северна Македонија.
5.8. Клиентот потврдува и е согласен дека секое Барање поднесено од Клиентот преку Сметката ќе биде обврзувачко
и во случај на барање на дополнителни услуги кои вклучуваат дополнителни трошоци, Клиентот е согласен дека ќе ги
плати таквите трошоци согласно Тарифата важечка на денот на поднесување на Барањето. По барање на Давателот
на кредит, од Клиентот може да биде побарано да потврди некое Барање со користење на некој од Сигурносните
Елементи или на друг начин договорен со Давателот на кредит. Потврдувањето ќе се смета како согласност на
Клиентот за спроведување на Барањето. Заради избегнување на било какво недоразбирање, секој и сите Поединечни
Договори за Кредит, ќе бидат потпишани поединечно (во хартиена или електронска форма), како што е опишано во
Општите услови, без оглед на фактот што барањето за Кредит е иницирано од Клиентот преку Сметката..
5.9. Доколку Клиентот изврши уплата во износ поголем од доспеаните рати, истото ќе биде прикажано како
позитивно салдо во Сметката. Доколку Клиентот има позитивно салдо во Сметката, Давателот на кредит има право
даги намири секое и сите доспеани побарувања кои Давателот на кредит ги има од Клиентот, а кои произлегуваат од
Договорот(ите), или одобрени Барања на клиентот, притоа земајќи предвид дека таквите побарувања се доспеани.
6. ЛИЧЕН КРЕДИТЕН ЛИМИТ
6.1. Давателот на кредит воспоставува ЛКЛ за Клиентот врз основа на Проценката, која ќе се спроведува
периодично според интерните акти на Давателот на кредит и Применливите Закони, и во рамки на кој Клиентот може
да аплицира за Потрошувачки Кредит(и) кај Давателот на кредит.
6.2. Давателот на кредит го задржува правото да го одбие барањето за кредит на Клиентот.
6.3. Клиентот има увид во моменталниот ЛКЛ во Сметката или може да биде информиран доколку го контактира
Давателот на кредит.
7. КРЕДИТНА КАРТИЧКА
7.1. По склучување на овој Рамковен Договор, и во рамки на утврдениот ЛКЛ, Давателот на кредит прифаќа да му
издаде на Клиентот Кредитна Картичка MasterCard, а Клиентот е согласен да ја користи кредитната картичка преку
поднесување на Барање, како и да ги врати искористените средтва со камата, провизии и трошоци, во согласност со
Договорот.
7.2. Давателот на кредит ја проценува кредитната способност на Клиентот врз основа на доволно информации,
според применливиот(ите) закон(и) и внатрешните акти на Давателот на кредит. Проценката се спроведува од
страна на Давателот на кредит за цело времетраење на Рамковниот договор. Оттука, Клиентот е запознаен и
согласен дека Давателот на кредит има право, од време на време и по сопствена процена да побара било какви
документи или информации, а кои Давателот на кредит смета дека се потребни. Давателот на кредит го задржува
правото да одбие барање на Клиент, по сопствена процена.
7.3. За време на важноста на овој Рамковен Договор, Клиентот има право да побара една или повеќе Кредитни
Картички во рамки на неговиот ЛКЛ, од кои само една може да биде активна за користење, а секој таков Договор ќе
се смета за склучен од денот на овој Рамковен Договор, а ќе се применува од денот на потпишување на Поединечен
Договор за Кредит. Со оглед на природата на Кредитната Картичка, одобрените средства ќе бидат ставени на
располагање на кредитната картичка на Клиентот (во понатамошниот текст: MasterCard или Картичката. Ќе се смета
дека Кредитот е исплатен кога средствата ќе бидат ставени на располагање на MasterCard.
7.4. Клиентот ги намирува обврските кои произлегуваат од Кредитот на Кредитната Картичка согласно
Амортизациониот план кон Поединечниот Договор за Кредит, без оглед дали Кредитот е целосно искористен со
Картичката.
7.5. Клиентот може да поднесе барање за издавање на Картичка во деловните простории на Давателот на кредит
или електрноски преку MyIute.
7.6. Картичката ќе биде издадена на Клиентот врз основа на Договорот за картичка во кој се уредуваат начинот и
условите за користење на Картичката. Секоја издадена Картичка има единствен број на картичка кој е поврзан со
Клиентот и има датум на важење. За издавање на Картичката се пресметува и наплатува надоместок согласно
Тарифата (во понатамошниот текст: Надоместок за MasterCard).
7.7. Картичката може да се користи од Клиентот за безготовински плаќања на производи и услуги, како и
повлекување на готовина од банкомати на кои е истакнат знакот на MasterCard. Картичката не е ограничена за
користење на е-трговија преку веб-страници кои го поддржуваат плаќањето со картички. На Клиентот му се
препорачува да се запознае со нивото на безбедност на соодветниот трговец каде што се планира да се користи
Картичката како начин на плаќање.
7.8. За секоја употреба на Картичката во странство, пресметката ќе се изврши во ЕУР, конверзијата е во согласност
со девизните курсеви на деловната банка за порамнување на трансакциите, важечки на денот на задолжување. При
користење на Картичката во странство конверзијата на трошоците од други валути во ЕУР и од ЕУР во денари за
користење на Картичката во странство конверзијата на трошоците од други валути во ЕУР и од ЕУР во денари за
време на одобрувањето на трансакцијата се врши со користење на курсевите на MasterCard. Трошоците за
конверзија на странска валута се на товар на Клиентот.
7.9. Клиентот ги отплаќа доспеаните износи кои произлегуваат од користењето на Картичката, во денари, без оглед
дали трансакцијата е направена во земјата или странство.
7.10. Освен ако не е изрично договорено, Надоместокот за MasterCard и сите други трошоци и провизии поврзани со
користењето на Картичката ќе бидат одземени од износот на кредит за кој е склучен Договор за Кредитна Картичка.
8. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ
8.1. Давателот на кредит се обврзува:
8.1.1. Да му даде на Клиентот Пред договорни информации и договорната документација за побараниот Кредит, во
согласност со Применливите закони;
8.1.2. По склучување на Поединечниот Договор за Кредит, да го исплати Кредитот на Клиентот во износ, време и
на начин побаран од Клиентот, освен доколку не е поинаку предвидено во овој Рамковен Договор и Општите
услови;
8.1.3. Навремено и точно да ги регистрира отплатените рати од Кредитот, и доколку побарано од Клиентот, да му
даде целосна и точна информација за направените отплати до денот на барањето и за надоместок согласно
Тарифата.
8.2. Давателот на кредит има право да:
8.2.1. побара од Клиентот целосна отплата на сите доспеани обврски согласно Договорот(ите);
8.2.2. ги побара од Клиентот сите потребни документи или копии од документи за одобрување на кредит,
Проценка, како и за информациите за Кредитот;
8.2.3. остварува, вклучително и преку трети лица, комуникација со Клиентот, да остварува телефонски разговори
со Клиентот, да испраќа електронски пораки и писма во случај Клиентот да не ги остварува навремено обврските
од Договорот(ите) и на овој начин да го информира за доцнењето;
8.2.4. ги преземе сите потребни активности за вонсудска или присилна наплата на своите побарувања, во случај на
доцнење со отплатата на доспеаните износи на Клиентот, вклучително и во случај на делумна отплата на
месечните рати, и во кој случај трошоците ќе бидат на товар на Клиентот.
8.3. Клиентот потврдува дека пред склучувањето на овој Рамковен Договор навремено му се соопштени сите
потребни информации и податоци во врска со склучување на Договорот и дека е запознаен со кредитните услови,
содржината и условите, како и неговите обврски во врска со овој Рамковен Договор.
8.4. Клиентот се обврзува:
8.4.1. да го користи Кредитот согласно условите наведени во Поединечниот Договор за Кредит и наведената цел,
доколку таква цел е определена;
8.4.2. веднаш да го извести Давателот на кредит за секоја околност, која би предизвикала задоцнување со
исплата или би можеле да доведат до задоцнето плаќање или влошување на целокупната финансиската состојба
на Клиентот;
8.4.3. да го отплати земениот Кредит, вклучувајќи ги главницата, Каматата, Надоместокот за одобрување на
кредитот и други надоместоци (вклучувајќи и надоместоци за дополнителни услуги) согласно Амортизациониот
план;
8.4.4. да ги намири сите трошоци и надоместоци кои би произлегле од задоцнета отплата на доспеаните обврски,
како што е предвидено со Договорот(ите), вклучвајќи, но неограничувајќи се на трошоци за повици за доброволна
отплата, физички посети, јавни, адвокатски и останати трошоци.
8.5. Доколку Давателот на кредит се стекне со информација за можно прекршување на обврските на Клиентот во
врска со финансиската состојба, обезбедувањето или целта на Кредитот, утврдена во Поединечниот Договор за
Кредит и заради тоа редовните отплати од Договорот се загрозени, Давателот на кредит има право да обезбеди
дополнителна документација за верификување на исполнувањето на обврските на Клиентот. Во врска со ова,
Клиентот се обврзува да ги достави побараните документи до Давателот на кредит, во рок од 10 (десет) работни
дена од денот на прием на барањето од Давателот на кредит.
8.6. Давателот на кредит има право да побара и добие дополнителни информации и документи во врска со
предметот на залог, доколку е применливо. Клиентот е обврзан да ги достави бараните документи до Давателот на
кредит, во рок од 10 (десет) работни дена од денот на прием на барањето од Давателот на кредит.
8.7. Клиентот се обврзува да го извести Давателот на кредит во рок од 5 (пет) работни дена во случај на:
8.7.1. промена на личните податоци, живеалиште и/или контакт податоци;
8.7.2. настанување на штетен настан поврзан со заложениот предмет, доколку е применливо;
8.7.3. настапување на случај или настан кои би можеле да го загрозат исполнувањето на обврските на Клиентот
согласно Договорот(ите).
8.8. Секој Договор за Потрошувачки Кредит, освен Кредитна Картичка и обезбеден договор за кредит се смета за
склучен и се применува од моментот кога Клиентот го потпишал Договор во целост (како што е наведно во член 2.3.
од овој Рамковен Договор) или физички или електронски согласно Општите услови.
8.8.1. Договорот за кредитна картичка се смета за склучен со склучувањето на овој Рамковен Договор и
воспоставувањето на ЛКЛ а ќе се применува од денот кога Клиентот ќе потпише Поединечен Договор за Кредит.
8.8.2. Обезбедениот договор за кредит се смета за склучен од моменто кога Клиентот лично го потпишал
Договорот и прилозите кон Договорот и откако е информиран за правата и обврските кои произлегуваат од
истиот. Обезбедениот договор за кредит влегува во сила откако Клиентот во целост го потпипал Договорот со
Давателот на кредит и обезбедувањето (залогот) е регистрирано во Централниот регистар на Република Северна
Македонија.
8.9. Давателот на кредит ќе го пренесе износот на Кредит на Клиентот, делумно или во целост, во согласност со овој
8.9. Давателот на кредит ќе го пренесе износот на Кредит на Клиентот, делумно или во целост, во согласност со овој
Рамковен Договор и/или врз основа на инструкции добиени од Клиентот.
8.10. Кредитите, кои не се Кредина Картичка, може да бидат исплатени или на сметката на Клиентот во банка и/или
на АТМ или во случај на купување на производи и услуги преку Кредитен посредник, на сметката на Кредитниот
посредник. Секој канал на исплата може да е предмет на дополнителен(ни) надоместок(ци) согласно Тарифата.
Клиентот е согласен дека таквиот дополнителен надоместок ќе биде наплатен од износот на Кредитот.
8.10.1. Клиентот е одговорен за точноста на податокот за сметката на која побарал пренос на Кредитот.
8.10.2. За повлекување на Кредитот на АТМ, Клиентот треба да го внесе бројот на кредит на АТМ-от пришто
Клиентот ќе биде информиран за надоместокот за повлекување на готовина, а кој ќе биде одземен од износот на
кредит, согласно Договорот. Доколку Клиентот се согласува со прикажаниот надоместок, истото го потврдуваат,
следејќи ги упатствата на АТМ-от, по што Давателот на кредит испраќа код за еднократна употреба (ОТП) на
телефонскиот број на Клиентот. Откако Клиентот ќе го внесе примениот ОТП на АТМ-от, може да го избере износот
кој сака да го подигне.
8.10.3. Во случај кога Договорот е склучен преку Кредитн посредник и со цел купување производи и услуги од
Кредитниот посредник, Страните се согласни дека Давателот на кредит го пренесува износот на кредит директно
на сметка на Кредитниот посредник, а Клиентот е обврзан да го отплати Кредитот на Давателот на кредит
согласно Договорот. Давателот на кредит нема одговорност доколку Кредитниот посредник е во постапка на
ликвидација, стечај или друга причина која може да го попречи трансферот на Кредитот.
9. КАМАТА, ПРОВИЗИЈА И СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
9.1. Давателот на кредит има право на камата и други провизии и надоместоци согласно Поединечниот Договор за
Кредит.
9.2. Клиентот ги плаќа каматата и останатите договорени провизии и надоместоци согласно условите договорени во
Поединечниот Договор за Кредит и во согласност со Амортизациониот план. Давателот на кредит започнува со
пресметка на каматата од денот на потпишување на Поединечниот Договор за Кредит.
9.3. Каматата се пресметува месечно со примена на едноставниот метод за пресметка на камата и тоа на остатокот
од износот на Кредит.
9.4. Надоместокот за одобрување на кредит се плаќа од Клиентот на Давателот на кредит за анализа на барањето за
кредит, обезбедување средства, склучување на Поединечен Договор за Кредит или измени на Договорот согласно
член 6.10. од Општите услови.
9.5. Давателот на кредит има право на Надоместокот за одобрување на кредит дури и во случаите кога Клиентот
нема да го употреби Кредитот или Давателот на кредит не го исплати кредитот доколку утврди дека Клиентот
доставил неточни информации во барањето за кредит или во другите документи доставени до Давателот на кредит
(вклучувајќи и известувања и потврди).
9.6. Вкупните трошоци на Кредитот, освен кај Кредитната Картичка, ќе бидат се сите трошоци, вклучувајќи камати,
провизии и кои било други надоместоци во врска со Поединечниот Договор за Потрошувачки Кредит коишто
Клиентот треба да ги плати и коишто му се познати на Давателот на кредит. Стапката на вкупни трошоци на
Кредитот се изразува во проценти како годишна стапка (СВТ). Давателот на кредит ќе ја пресмета СВТ во согласност
со методологијата за пресметување на годишна стапка на вкупни трошоци пропишана од страна на Советот на
НБРСМ. Пресметката на СВТ се врши на начин и под услови предвидени со Договорот, и важечка со влегување во
сила на Поединечниот Договор за Кредит и евентуални измени и дополнувања (вклучително и каматната стапка
важечка во тоа време). По пресметката на стапката на вкупни трошоци, се смета дека Кредитот е земен во целост од
страна на Клиентот, Договорот е во сила до датумот на отплата како што е договорено во Поединечниот Договор за
Кредит и Страните ќе ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од Договорот.
9.7. Договорот за кредит се склучува за девизен курс 61.50 МКД за едно евро (ЕУР). Во случај на промени во сооднос
МКД/ЕУР (одлучувачки е средниот курс објавен од НБРСМ) за повеќе од 5 %, износот во МКД на неплатените рати за
отплата се менува автоматски. Како резултат на тоа СВТ според условот на Договорот за кредит ќе се промени, за
што Давателот на кредит во писмена форма по пошта или електронска пошта ќе го извести Клиентот во рок од 10
(десет) работни дена од измената.
9.8. Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на
еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на НБРСМ или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во
денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/МКД објавен од страна на НБРНМ на нејзината веб
страна, Давателот на кредит го задржува правото да ги корегира и зголеми за истиот процент на девалвација
/депрецијација сите обврски на Корисникот на кредит спрема Давателот на кредит согласно Договорот за кредит
(вклучувајќи, но неограничувајќи се на обврските по основ на главницата, каматата и сите провизии.
10. АМОРТИЗАЦИОНЕН ПЛАН
10.1. За време на важноста на Договорот, Давателот на кредит го обезбедува Амортизациониот план на Клиентот,
без дополнителен надоместок.
10.2. Амортизациониотплан содржи податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со
исплатата натие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врзоснова
на каматната стапка, доколку е применливо и дополнителни трошоци.
10.3. Клиентот има преглед на Амортизациониот план во Сметката, но на барање на Клиентот, Давателот на кредит
ќе му достави Амортизационен план, по пошта или електрноски на маил.
11. ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ
11.1. Клиентот се обврзува дека ќе го отплати Кредитот согласно одредбите предвидени овде и во износи
предвидени во Амортизациониот план.
11.2. Клиентот го отплаќа Кредитот на сметка на Давателот на кредит како што е назначено или во Поединечниот
11.2. Клиентот го отплаќа Кредитот на сметка на Давателот на кредит како што е назначено или во Поединечниот
Договор за Кредит или на веб страната на Давателот на кредит или во MyIute. Доколку е овозможено од Давателот
на кредит, Клиентот, исто така, може да го отплати кредитот на Банкомат со функција за уплата на готовина.
11.3. Клиентот, посебно, на негов трошок ги сноси сите поврзани трошоци кои би можеле да произлезат за него од
исполнувањето на Договорот (пр. банкарски провизии).
11.4. При отплата на Кредитот, Клиентот се обврзува да се повика на неговиот или Клиентски Број или Број на
Кредит, пришто доколку се повика на Бројот на Кредит, ќе се смета дека Клиентот дал изрична инструкција за
отплата на обврските од тој кредит, додека со повикување на неговиот Клиентски Број, Клиентот потврдува дека
доколку има повеќе од една доспеани обврски по Кредит или други доспеани обврски спрема Давателот на кредит,
отплатата на доспеаните обврски ќе ја спроведе Давателот на кредит, по сопствена одлука.
11.5. Во случај Клиентот да има повеќе од еден активен Кредит кај Давателот на кредит и Клиентот не дал
специфични инструкции за распределба на средствата, распределбата на средствата примени од Клиентот ќе се
искористат за намирување на побарувањата, по следниот редослед:
1) судски и вонсудски трошоци, трошоци за писмени опомени, пораки;
2) надоместоци;
3) доспеана казнена камата;
4) доспеана, а неплатена договорна камата;
5) главница.
11.6. Сите плаќања по банкарски пат се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на
Давателот на кредит. Во случај, ако Давателот на кредит утврди дека е извршено плаќање, кое е невозможно да
биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација, а Клиентот ги
сноси сите последици од задоцнето плаќање.
11.7. Во случај, ако Клиентот плати износ кој не е доволен за да ги отплати сите достасани обврски, трошоците за
неисполнување и ненавремено исполнување на обврските на Клиентот се намируваат по редослед наведен во член
11.5.
12. ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ
12.1. Клиентот има право предвреме да го отплати Кредитот, делумно или во целост, со поднесување на писмено
барање за предвремена отплата до Давателот на кредит.
12.2. Во случај на целосна предвремена отплата на Кредитот, Клиентот е обврзан да ја плати недостасаната главница
на Кредитот, преостанатиот Надоместок за одобрување на кредитот и доспеаната камата и други надоместоци до
денот на предвремената отплата.
12.3. Во случај на предвремено враќање на Кредитот, Давателот на кредит има право на праведен надоместок за
трошоците во висина од 1% од износот на предвреме отплатениот Кредит, доколку периодот меѓу предвремената
отплата и Рокот на траење на Поединечниот Договор за Кредит се случи во период подолг од една година од Рокот
на траење на Поединечниот Договор за Кредит, односно во висина од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи
во период не подолг од една година од Рокот на траење на Поединечниот Договор за Кредит. Во случај Давателот на
кредит да претрпел штета од предвремената отплата, во износ поголем од надоместокот договорен овде, Давателот
на кредит може да побарува оштетно побарување, во согласност со закон. Клиентот не должи ваков надоместок за
предвремена отплата на Кредитот кога Кредитот е откажан врз основа на правото на откажување.
12.4. Клиентот го плаќа надоместокот за предвремена отплата на кредитот на Давателот на кредит на денот на
целосната или делумна предвремена отплата на Кредитот.
12.5. Доколку Клиентот не го отплатил Кредитот, целосно или делумно, во согласност со условите утврдени од
Давателот на кредит, ќе се смета дека Клиентот се откажал од барањето за предвремена отплата.
12.6. Во случај Клиентот да изврши плаќање кое го надминнува достасаниот износ за плаќање, а не го известил
писмено Давателот на кредит за намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета
како предвремена отплата и износот ќе се смета за претплата и ќе се искористи за подмирување на обврските на
Клиентот. Давателот на кредит го задржува правото да го искористи износот за наплата на било кое побарување од
Клиентот, а кое произлегува од Договорот(ите) или одобрени барања на Клиентот, доколку истите се доспеани.
12.7. Предвремената отплат4а на Кредитот може да се изврши и преку одобрување на нов Кредит од страна на
Давателот на кредит на Клиентот („Кредит за рефинансирање"). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само
за цело (а не за делумно) враќање на постоечки обврски од тековен кредит на Клиентот. Давателот на кредит не е
обврзан да одобри Кредит за рефинансирање.
13. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ
13.1. Клиентот има право, без обврска за плаќање на надоместоци или казни и без да наведува причина, да се
откаже од Поединечен Договор за Кредит, во рок од 14 дена од денот на склучување на Поединечниот Договор за
Кредит или од денот кога Клиентот ги добил информациите за правото за откажување.
13.2. Ќе се смета дека се остварува правото на откажување од Договорот доколку Клиентот испрати писмено
известување до Давателот на кредит пред истек на рокот од 14 дена. Доколку Клиентот изврши уплата по Кредитот
во рокот од 14 дена, а не го извести Давателот на кредит за намерата за откажување, таквата уплата ќе се смета за
претплата во согласност со член 11.6 од овој Рамковен Договор.
13.3. Доколку Клиентот го користи правото на откажување на Поединечниот Договор за Кредит, треба да ја плати на
Давателот на кредит главнината и каматата согласно договорената каматна стапка за периодот од искористувањето
на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето за
откажувањето од Кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорената каматна стапка од Поединечниот
Договор за Кредит.
13.4. Во случај Клиентот да испрати навремено известување до Давателот на кредит за остварување на правото на
13.4. Во случај Клиентот да испрати навремено известување до Давателот на кредит за остварување на правото на
откажување, но не изврши плаќање спрема Давателот на кредит во рокот од 30 дена, Договорот продолжува да важи
согласно условите под кои е склучен, вклучувајќи го и Амортизациониот план, составен дел на Поединечниот
Договор за Кредит, со сите последици од ненавремено плаќање за Клиентот.
14. СУСПЕНЗИЈА НА МЕСЕЧНА РАТА
14.1. Клиентот има право да побара одложување на месечната рата од Кредитот, за што има обврска за плаќање на
Надомест за суспензија. Надоместот за суспензија е неповратен и со плаќањето на износот наведен во Тарифата од
страна на Клиентот се:
постигнува согласност да се одложи рокот за плаќање на месечната рата;
прекинува пресметувањето на пенали;
прекинуваат активностите за наплата на побарувањето кои би го зголемиле вкупниот долг на Корисникот на
кредит, и
избегнува регистрирање како должник во Кредитно биро или друга база на податоци.
14.2. Клиентот потврдува и е согласен дека во случај на делмна отплата на доспеаните износи, вклучително и
Надоместокот за суспензија, до договорениот рок, Давателот на кредит е овластен да пресмета канзена камата
започнувајќи од денот на доспевање на месечната рата. Заради избегнување на било какво недоразбирање,
Надоместокот за суспензија е неповратен нити да се конвертира како плаќање на месечната рата, камата,
надоместоци или други надоместоци кои ги должи Клиентот.
15. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ ОД СТРАНА НА КЛИЕНТОТ
15.1. Доколку Клиентот не ги исполнува обврските од Договорот во целост и навремено, Давателот на кредит ги има
следните права:
15.1.1. да пресмета казнена камата на неплатениот износ од денот на доспевање на побарувањето до денот на
наплата:
15.1.1.1. Казнената камата се пресметува во согласност со законот за облигационите односи и тоа за секое
полугодие во висина на референтната стапка, како што е објавено од НБРСМ на 02 јануари и 01 јули, зголемена
за осум процентни поени. На денот на склучување на овој Рамковен Договор, стапката на казнена камата е
9,25% годишно.
15.1.2. да пресмета и наплати административен надомест за известување за доспеани побарувања и тоа: СМС
известување сметајќи од втор ден на задоцнување и административен надомест за писмено известување, како
што следи: прва писмена опомена, втора писмена опомена, писмена опомена пред раскинување на договор и
писмено известување за раскинување на договор. Надоместокот ќе се пресметка согласно Тарифата важечка на
денот на известувањето.
15.1.3. да ги преземе сите потребни активности во согласност со Применливите закони, вклучувајќи и
предвремено раскинување на Договорот и било кои други договори склучени помеѓу Страните и да ги спроведе
сите потребни активности за наплата на своите побарувања пред сите надлежни органи и институции, вклулувајќи
но не ограничувајќи се на судови, нотари, извршители и други.
15.1.4. да поднесе информација за обврските на Клиентот до Кредитно биро, што може да влијае врз кредитната
способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз
основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на Законот за
Кредитно биро.
16. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
16.1. Давателот на кредит има право да го раскине овој и сите Договори и да бара предвремена отплата на Кредитот
(ите) на Клиентот, доспеаната камата, надоместоци, казнена камата, пенали и други побарувања кои произлегуваат
од Договорите во рок од 3 (три) работни дена од денот на прием на известувањето од Давателот на кредит, доколку:
16.1.1. се открие дека Клиентот доставил до Давателот на кредит лажни документи или изјави во барањето за
кредит или други документи доставени до Давателот на кредит (вклучувајќи известувања, потврди итн.);
16.1.2. Клиентот не ги исполнува навремено обврските за плаќање согласно Договорот(ите);
16.1.3. Клиентот задоцни или не ги исполнува навремено било која(и) друга(и) обврска(и) од Договорот(ите);
16.1.4. во случај на обезбеден кредит, пазарната вредност на заложениот објект се намали до степен да е
недоволна за намирување на побарувањата на Давателот на кредит кои произлегуваат од Договорот или настане
законска пречка за валидноста на залогот, а Давателот на кредит и Клиентот не се договорат за воспоставување
на дополнително обезбедување;
16.1.5. настанат случаи кои го загрозуваат редовното исполнување на Договорот од страна на Клиентот;
16.2. Клиентот има право да го раскине секој и сите Договори во било кое време со поднесување на писмено
известување до Давателот на кредит, најмалку 3 (три) дена пред раскинувањето. Со раскинувањето на овој
Рамковен Договор, Клиентот потврдува и е согласен дека се раскинуваат секој и сите Договори за Потрошувачки
Кредити кои доспеваат за плаќање на денот на раскинувањето.
16.3. Во случај на раскинување од било која Страна, Кредитот заедно со сите надоместоци и доспеана камата до
денот на отплатата стануваат доспеани за плаќање. Конечниот износ кој Клиентот треба да го плати, во случај на
раскинување од страна на Давателот на кредит, ќе биде назначен во известувањето за раскинување на кредит, а во
случај на раскинување од страна на Клиентот, на ист начин како што е испратено известувањето за раскинување.
17. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
17.1. Во случај на судир во одредбите од овој Рамковен Договор и Поединечниот Договор за Кредит, ќе се
применуваат одредбите од Поединечниот Договор за Кредит.
17.2. Доколку било која одредба или дел од одредба од овој Рамковен Договор престане да важи, останатите
одредби ќе останат во сила и примена.
17.3. Давателот на кредит има право да ги пренесе правата и обврските, како и да ги заложи побарувањата кои
17.3. Давателот на кредит има право да ги пренесе правата и обврските, како и да ги заложи побарувањата кои
произлегуваат од овој Договор на трето лице без посебна согласност од Клиентот, но е должен да го извести
Клиентот за таквиот пренос или залог.
17.4. Клиентот не може без претходна писмена согласност од Давателот на кредит да ги пренесува правата и
обврските од овој Рамковен Договор или друг(и) Договор(и) на трети лица.
17.5. Страните се согласни дека меѓусебната комуникација ќе се одвива во пишана или електронска форма на
последно пријавените адреси од секоја од Страните. Страните се согласни да ја известат другата Страна за секоја
промена која би можела да има материјален ефект на Договорот.
17.6. Надлежен супервизорски орган е Министерство за финансии, со седиште на ул. Даме Груев бр.12, 1000 Скопје.
17.7. Сите евентуални спорови и постапки кои би можеле да произлезат, Страните ќе настојуваат да ги решат
вонсудски, со усогласување, порамнување, медијација или на друг мирен начин, а доколку не успеат да ги решат на
овој начин ќе бидат во надлежност на Основниот граѓански суд Скопје
___________________________ ___________________________