You are on page 1of 23

Трговски договори – 2

Договор за шпедиција и Договор за застапување


Договор за шпедиција – поим
• Договорот за шпедиција е двострано обврзувачки, консензуален и неформален
трговски договор.
• Со договорот за експедирање се обврзува експедиторот да склучи, заради превоз на
определен предмет од свое име и за сметка на налогодавачот, договор за превоз и
други договори потребни за извршување на превозот, како и да ги изврши другите
вообичаени работи и дејствија, а налогодавачот се обврзува да му исплати определен
надомест.
• Во односите со третите лица, превозникот, контролорот на стока, складиштарот,
осигурителната компанија итн., експедиторот настапува во свое име, а за сметка на
налогодавачот.
Договор за шпедиција – поим
• ЗТД предвидува можноста страните да се договорот, шпедитерот да склучува
договор за превоз од името и за сметка на налогодавачот.
• Првиот случај (настапување во свое име, а за сметка на друг) претставува
правило, вториот, во име и за сметка на друг, претставува исклучок што
треба да биде утврден во договорот.
• Определувањето на позицијата на шпедитерот во односите со третите лица
има исклучително битно значење за деловната практика поради прашањето за
определувањето на одговорноста на шпедитерот за работата на третите лица
Договор за шпедиција – поим
• Основна обврска на шпедитерот е да го организира превозот на стока,
и да ги преземе другите потребни дејствија во функција на
превезување на стоката до договорената дестинација.
• Шпедитерот нема обврска да ја превезува стоката, туку да го
организира превозот на стоката до договорената дестинација.
• Шпедитерот единствено одговара за погрешната примена на
концептот на инстрадиција – приказ на патувањето.
Договор за шпедиција – поим
• Налогодавачот може да се откаже од договорот по своја волја, но во тој
случај е должен на шпедитерот да му ги надомести сите трошоци што ги
имал дотогаш, и да му исплати сразмерен дел од надоместокот за
дотогашната работа.
• Во пракса, шпедитерот врши и складишни, превознички и контролорни
услуги.
• За таа цел, односите кои настапуваат во врска со вршењето на овие дејности
се применуваат правилата кои ги уредуваат релевантните договори
Специјални работи на шпедитерот – 1
• Позицијата на шпедитерот во пракса се менува во случаите познати
како „специјални работи на шпедитерот“:
• Контрола на квалитетот и квантитетот на стоката;
• Издавање гарантни писма;
• Застапување на налогодавачот во постапка за регрес спрема трети лица;
• Товарање, истовар и претовар на стока;
• Складирање на стока;
• Пакување на стока
Специјални работи на шпедитерот – 2
• Менувањето на позицијата на шпедитерот при извршувањето на специјалните работи ја
менува и неговата одговорност за извршените работни задачи.
• Доколку шпедитерот го прифати налогот за контрола на стоката што е предмет, должен е да
постапува со внимание на добар стручњак.
• Во категоријата „специјални работи на шпедитерот“ влегува издавањето на гарантни писма:
• гарантно писмо за откуп на стоката и
• гарантно писмо за издавање чист товар - најексплоатирано гарантно писмо кое претставува писмено
преземена обврска на испраќачот на стоката да го обесштети превозникот од која било штета настаната
поради издавањето на гарантното писмо во случаите кога фактички примената стока не се наоѓа во
состојба опишана во писмото
Права и обврски – 1
• Основни обврски на шпедитерот се:
• предупредување на налогодавачот за недостатоците во неговиот налог, особено за оние што го
изложуваат на поголеми трошоци или на штета;
• предупредување на налогодавачот за недостатоците на пакувањето;
• во секоја прилика да постапи како што тоа го бараат интересите на налогодавачот и со внимание на
добар стопанственик.
• Експедитерот е должен без одлагање да го извести налогодавачот за оштетувањето на
предметите.
• Експедиторот е должен да се придржува кон упатствата за правецот на патот, за
средствата и начинот на превозот.
Права и обврски – 2
• Ако не е можно да се постапи според упатствата содржани во налогот, експедиторот е должен
да бара нови упатства, а ако за тоа нема време или е тоа невозможно, експедиторот е должен
да постапи како што тоа го бараат интересите на налогодавачот.
• За секое отстапување од налогот, експедиторот е должен без одлагање да го извести
налогодавачот.
• Ако налогодавачот не го определил ниту правецот на патот, ниту средството односно начинот
на превозот, експедиторот ќе ги определи како што бараат интересите на налогодавачот.
• Ако експедиторот отстапил од добиените упатства одговара и за штетата настаната поради
виша сила, освен ако докаже дека штетата би се случила и да се придржувал кон дадените
упатства.
Права и обврски – 3
• Налогодавачот е должен да му исплати на експедиторот надомест според договорот, а ако надоместокот
не е договорен, тогаш надомест што е определен со тарифата или со некој друг општ акт
• Налогодавачот е должен да му ги надомести на експедиторот потребните трошоци направени заради
извршување на налогот за експедирање на предмети
• Налогодавачот е должен, на барање од експедиторот, да му ја авансира потребната сума за трошоците
што ги бара извршувањето на налогот за експедирање на предмети.
• Кога со договорот за експедирање е определена една вкупна сума за извршување на налогот за
експедирање на предмети, таа го опфаќа надоместокот врз основа на експедирање и надомест за превоз
и надоместокот на сите други трошоци.
• Во тој случај експедиторот одговара и за работата на превозникот и на другите лица со кои се послужил
преку овластувањата од договорот.
Посебни случаи на експедитирање
• Збирна шпедиција подразбира организирање заеднички увоз-извоз на
повеќе (поединечни) пратки, доставени или преземени од
шпедитерот, по налог на различни комитенти.
• Фиксна (паушална) шпедиција подразбира организирање пренос на
стока и преземање други (споредни) дејствија (превоз, складирање,
пакување, контрола на квалитетот и квантитетот на стоката итн.) во
интерес на преносот, за претходно утврдена (фиксна) цена.
Договор за застапување – поим
• Трговското застапување претставува посебен вид на застапување
• Застапникот во име и за сметка на застапуваното лице/налогодавачот, презема и
реализира однапред договорени дејствија.
• Договорот за трговско застапување е двострано обврзувачки, консензуален и формален
договор.
• Со договорот за трговско застапување застапникот се обврзува дека за време на траењето
на договорот ќе преговара со трети лица за склучување договори во име и за сметка на
налогодавачот и, ако е така договорено, ќе склучува договори со трети лица во име и за
сметка на налогодавачот, а налогодавачот се обврзува да му плати на застапникот
одреден надомест.
Договор за застапување – поим
• Односот на застапникот со налогодавачот се воспоставува на подолготрајна основа.
• Договорот за трговско застапување не се склучува за ad hoc потреби на налогодавачот,
што се однесуваат само на еден договор или само за една работа.
• Застапникот ги преземања дејствијата во име и за сметка на налогодавачот.
• Застапникот може во име и за сметка на налогодавачот да склучи договор со трето лице.
• Трговското застапништво е во функција на редуцирање на трошоците на налогодавачот
(отворање на филијали, претставништва, подружниците и други деловни единици), и
доверување на процесот на преговарање, рекламирање и склучување на стручни
субјекти познати како трговски застапници.
Права и обврски – 1
• За застапникот и застапуваното лице (налогодавачот) произлегуваат права и
обврски
• Обврски на застапникот се:
• да се грижа за интересите на налогодавачот;
• должност да го известува застапуваното лице за потребните информации за состојбата на
пазарот, особено оние што се значајни за секоја посебна правна работа;
• да постапува по упатствата на налогодавачот/застапуваното лице;
• да ги чува деловните тајни;
• да ги врати предметите дадени на употреба.
Права и обврски – 2
• Застапникот одговара за правилното извршување на инструкциите добиени во налогот, а пред сè
одговара доколку во извршувањето на налогот отстапил од правниот стандард „внимание на
добар стручњак“.
• Застапникот ќе му одговара за причинетата штета на налогодавачот, доколку склучил договор со
субјект над кој што е отворена стечајна постапка, или за кој што имал сознанија дека е
неликвиден или дека не може да ги изврши обврските од договорот.
• При склучувањето на договорот со третото лице, застапникот е должен да гo извести третото
лице дека настапува во име и за сметка на друго лице, односно дека преземените правни и
фактички дејствија се однесуваат на налогодавачот.
• Во случај застапникот да не направи го тоа, договорот е полноважен, меѓутоа се смета дека е
склучен од име на застапникот.
Права и обврски – 3
• Во пракса, честопати застапникот го пречекорува овластувањето од налогодавачот, па се поставува
прашањето за полноважноста на договорот или правното дејство на договорот.
• Кога застапникот ќе ги пречекори границите на овластувањето, застапуваниот е во обврска само доколку го
одобри пречекорувањето.
• Доколку застапуваниот не го одобри договорот во рокот кој е редовно потребен да се разгледа и оцени, ќе се
смета дека одобрувањето е одбиено.
• Ако застапуваниот го одбие одобрувањето, застапникот и застапуваниот се солидарно одговорни за штетата
што другата страна ја претрпела, ако таа не знаела ниту можела да знае за пречекорувањето на
овластувањето.
• Доколку другата страна не знаела ниту морала да знае за пречекорувањето на овластувањето, може веднаш
по дознавањето за пречекорувањето, не чекајќи застапуваниот да се изјасни за договорот, да изјави дека не
се смета за врзана со договорот.
Права и обврски – 4
• ЗТД и ЗОО предвиделе решенија за сите спорни ситуации кои се однесуваат на случаите кога застапникот ќе
ги пречекори границите на овластувањето.
• Од исклучително битно значење е и прашањето за склучување на договорите од неовластено лице, без
полномошно, а во име и за сметка на друг.
• Договорот што некое лице ќе го склучи како полномошник од името на друг без негово овластување го
обврзува неовластено застапуваниот само ако тоа дополнително го одобри договорот.
• Ако неовластено застапуваниот ни во оставениот рок не го одобри договорот, се смета дека договорот не е
ни склучен.
• Во случаите кога неовластено застапуваниот не го одобри договорот ниту во оставениот рок, страната со
која е склучен договорот може од лицето кое како полномошник без овластување го склучило договорот да
бара надомест на штетата, под услов во моментот на склучувањето на договорот не знаела ниту можела да
знае дека тоа лице немало овластување за склучување на договорот.
Права и обврски – 5
• Обврски на налогодавачот се:
• да постапува во согласност со начелото на совесност и чесност и со внимание на добар
стопанственик;
• да му ги даде на застапникот сите известувања потребни за исполнување на неговите договорни
обврски;
• да му исплати на застапникот провизија за договорите што за време на траењето на договорот за
трговско застапување биле склучени со негово посредување, како и за договорите што ги склучил
застапникот во име и за сметка на налогодавачот, ако за тоа бил овластен.
• Специфика претставува концептот на посебна провизија и законски предвиденото
право на залог врз предметите што ги примил во име и за сметка на својот налогодавач.
Престанок на договорот – 1
• Договорот за трговско застапување престанува со истекот на времето за кое што е склучен.
• Доколку договорните страни продолжат да ги исполнуваат обврските од договорот склучен
на определено време и по истекот на времето за кое бил склучен, ќе се смета дека тие
склучиле нов договор со иста содржина, на неопределено време.
• Договорот за трговско застапување престанува и со отказ на една од договорните страни.
• Секоја страна може да го откаже со писмено известување упатено до другата страна, во
отказен рок од 30 дена.
• Доколку договорот за трговско застапување траел подолго од пет години, отказниот рок
изнесува шест месеца
Престанок на договорот – 2
• Отказниот рок започнува да тече првиот ден од месецот кој му следи на месецот во кој на другата
договорна страна и е упатено писменото известување за отказот и завршува со последниот ден на
последниот месец од рокот.
• Поради сериозни причини кои мораат да бидат наведени, а особено поради неисполнување на
договорните обврски на другата страна или заради променети околности, секоја страна може да го
раскине договорот без отказен рок или пред истекот на времето за кој е склучен.
• Ова право страните не може да го исклучат или ограничат со договорот за трговско застапување.
• Доколку изјавата за раскинување на договорот на неопределено време е дадена без постоење на
сериозни причини, таа се смета како изјава за отказ со редовен отказен рок.
• Договорната страна има право на надоместок на штета ако другата договорна страна немала сериозна
причина за раскинување на договорот.
Престанок на договорот – 3
• Налогодавачот може да има, на иста територија за ист вид на работи, повеќе застапници.
• Застапникот не може без согласност на налогодавачот да преземе обврска, на иста територија и за ист вид на
работи, да работи за друг налогодавач.
• Застапникот е должен да се грижи за интересите на налогодавачот и должен е во сите работи што ги презема
да постапува во согласност со начелото на совесност и чесност и со внимание на добар стопанственик.
• Застапникот е должен да му ги дава на налогодавачот сите потребни информации за состојбата на пазарот,
редовно да го известува за исполнувањето на своите обврски, за третите лица кои се подготвени да
преговараат или да склучат договор, како и за договорите што ги склучил во име и за сметка на
налогодавачот.
• Застапникот е должен да ги чува деловните тајни на својот налогодавач за кои дознал во врска со
договорената работа.
Престанок на договорот – 4
• Застапникот и застапуваното лице може во договорот да предвидат одговорност на застапникот за
работата на третите лица со кои преговарал и договарал, во кој случај има право на посебен
надомест.
• Налогодавачот е должен во својот однос со застапникот да постапува во согласност со начелото
на совесност и чесност и со внимание на добар стопанственик.
• Налогодавачот е должен на свој трошок да му стави на располагање на застапникот мостри,
нацрти, ценовници, рекламен материјал, општи услови за работење и друга документација.
• Налогодавачот е должен да му исплати на застапникот провизија за договорите што за време на
траењето на договорот за трговско застапување биле склучени со негово посредување, како и за
договорите што ги склучил застапникот во име и за сметка на налогодавачот, ако за тоа бил
овластен.
Престанок на договорот – 5
• Застапникот има право на провизија и за договорите што ги склучил
налогодавачот непосредно со клиентите кои ги пронашол застапникот.
• Застапникот има право на залог над сумите што ги наплатил за налогодавачот по
негово овластување, како и над сите предмети на налогодавачот што во врска со
договорот ги примил од налогодавачот или од некој друг.
• Договорот за трговско застапување се склучува на неопределено време, ако
поинаку не е договорено.
• Договорот за трговско застапување склучен на одредено време, престанува со
истекот на времето за кое е склучен.

You might also like