You are on page 1of 236

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

Билјана Петревска
Марија Магдинчева Шопова

ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

Штип, 2018
Автори:
Билјана Петревска
Марија Магдинчева Шопова

ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

Рецензенти:
Кирил Постолов
Мичо Апостолов

Лектор:
Мери Крстеска

Дизајн на корица:
Владимир Мартиновски

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Објавено во е-библиотека:
https://e-lib.ugd.edu.mk

CIP - Каталогизација во публикација


Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

658.1/.5(075.8)

ПЕТРЕВСКА, Билјана
Економика на претпријатие Електронски извор/ Билјана Петревска, Марија Магдинчева
Шопова. - Штип : Универзитет „Гоце Делчев“, Факултет за туризам и бизнис логистика, 2018

Начин на пристап (URL): http://e-lib.ugd.edu.mk/751. - Текст во PDF формат, содржи 234


стр.,илустр. - Наслов преземен од екранот. - Опис на изворот на ден 10.09.2018. - Фусноти кон
текстот. - Библиографија: стр. 232-234

ISBN 978-608-244-551-9

1. Магдинчева Шопова, Марија [автор]


а) Претпријатија - Економика и организација - Високошколски учебници
COBISS.MK-ID 108214026

ii
СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР 7

I ГЛАВА: ВОВЕД ВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ 9


1. Поим и предмет на проучување на Економиката на претпријатие 10
2. Задача и цели на Економиката на претпријатие 11
3. Методи на истражување на Економиката на претпријатие 12
3.1. Општи научни методи 13
3.2. Посебни научни методи 15
4. Меѓусебни односи на Економиката на претпријатие со другите научни 16
дисциплини
5. Историски развој на Економиката на претпријатие 17
5.1. Емпиризам 18
5.2. Научно третирање на Економиката на претпријатие 20
5.2.1. Класична теорија на организацијата 21
5.2.2. Неокласична теорија на организацијата 24
5.2.3. Современа (модерна) теорија на организацијата 26
 Прашања за дискусија 28

II ГЛАВА: ПРЕТПРИЈАТИЕТО КАКО ОСНОВЕН СУБЈЕКТ НА ПАЗАРНОТО 29


РАБОТЕЊЕ
1. Поимни определби за претпријатие 30
1.1. Поим за претпријатие 30
1.2. Карактеристики на претпријатието 31
1.3. Предмет за претпријатието 32
1.4. Функционирање на претпријатието како систем 34
1.5. Фактори кои ја определуваат големината на претпријатието 37
2. Видови претпријатија 38
2.1. Видови претпријатија според големината 39
2.1.1. Мали претпријатија 41
2.1.2. Средни претпријатија 44
2.1.3. Големи претпријатија 45
2.2. Видови претпријатија според дејноста која ја извршуваат 47
2.2.1. Производни претпријатија 47
2.2.2. Трговски претпријатија 47
2.2.3. Услужни претпријатија 50
2.3. Видови претпријатија според законската регулатива во Македонија 51
2.3.1. Трговец-поединец 52
2.3.2. Јавно трговско друштво 53
2.3.3. Командитно друштво 53
2.3.4. Друштво со ограничена одговорност 54
2.3.5. Акционерско друштво 56
2.3.6. Командитно друштво со акции 58
3. Јавни претпријатија 59
3.1. Карактеристики на јавните претпријатија 60
3.2. Модели на управување со јавните претпријатија 63
 Студирање преку пример: Едношалтерски систем за регистрација во 65
Македонија
 Прашања за дискусија 66

iii
III ГЛАВА: УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО 69
1. Поимни определби за средства во претпријатието 70
2. Основни средства 70
2.1. Поим, карактеристики и поделба на основните средства 70
2.2. Трошење на основните средства 72
2.3. Одржување на средствата 72
2.4. Вредност и капацитет на основните средства 73
2.4.1. Вредност на основните средства 73
2.4.2. Капацитет на основните средства 74
2.5. Амортизација на основните средства 75
2.5.1. Временска амортизација 76
2.5.2. Функционална амортизација 77
2.5.3. Комбинирана амортизација 77
3. Обртни средства 78
3.1. Поим, карактеристики и поделба на обртните средства 78
3.2. Кружно движење, коефициент на вртење и време на обрт 79
3.3. Фактори од кои зависи големината на обртните средства 81
3.3.1. Објективни фактори 81
3.3.2. Субјективни фактори 82
3.4. Ангажирање и трошење на обртните средства 82
3.4.1. Нормативи 82
3.4.2. Загуби 83
4. Извори на средства 84
 Прашања за дискусија 85

IV ГЛАВА: РАБОТНА СИЛА И ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ 94


1. Поимно определување на плаќањето на труд 95
1.1. Теории за плаќање на трудот 95
1.2. Плаќање на трудот во пракса 98
2. Примена на научни методи во плаќање на трудот 100
2.1. Квалитативни методи за вреднување 102
2.2. Квантитативни методи за вреднување 102
2.3. HAY метод 105
3. Нормирање на работата 105
3.1. Поим за нормирање 105
3.2. Видови норми 106
4. Различни начини на плаќање на трудот 108
4.1. Плаќање според време 109
4.2. Плаќање според учинок 109
5. Основни и дополнителни облици на наградување на вработените 110
6. Други облици на вреднување на работата 113
 Студирање преку пример: Концептот на бруто-плата и системот на 114
интегрирана плата на социјалните придонеси
 Прашања за дискусија 115

V ГЛАВА: КАЛКУЛАЦИИ 117


1. Поим и задачи на калкулациите 118
2. Принципи за изработка на калкулација 119
3. Видови калкулации и нивно составување 119
3.1. Калкулации по време на составување 119
3.2. Калкулации според пресметувањето на цена на одделни производи и 120
услуги
3.3. Калкулации по местото на трошоци 120
3.4. Калкулации по методот на составување 120

iv
3.4.1. Делбена (дивизиона) калкулација 120
3.4.2. Додавна калкулација 121
3.4.3. Калкулација на врзани производи 121
3.4.4. Калкулација по методот на директни трошоци 122
3.5. Калкулации со маржа 122
 Прашања за дискусија 123

VI ГЛАВА: УПРАВУВАЊЕ СО ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА ВО 131


ПРЕТПРИЈАТИЕТО
1. Поим за ефикасност и ефективност во работењето на претпријатието 132
2. Различни методи во определување на ефикасноста и ефективноста 133
2.1. Традиционални пристапи 134
2.1.1. Пристап насочен кон реализација на целите 134
2.1.2. Пристап од аспект на системот на ресурси 137
2.1.3. Пристап на интерни процеси 137
3. Современи пристапи 138
3.1. Современ пристап на стратегиски конституенти 139
3.2. Современ пристап на конкурентски вредности 140
4. Определување критериуми за ефикасност 142
 Студирање преку пример: Мерење на резултатите од работењето преку 144
финансиско управување и контрола кај јавните претпријатија во Македонија
 Прашања за дискусија 147

VII ГЛАВА: УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА НА 149


ПРЕТПРИЈАТИЕТО
1. Квалитет на економијата 150
1.1. Поим за квалитет на економијата 150
1.2. Поим за основните економски принципи на работењето 151
2. Продуктивност 151
2.1. Поим и значење на продуктивност 151
2.2. Фактори на продуктивност 152
2.2.1. Фактори на продуктивност според потеклото 152
2.2.2. Фактори на продуктивност според можноста да се влијае на нив 155
2.2.3. Фактори на продуктивност според потребата од нови вложувања 155
2.3. Мерење на продуктивност 155
2.4. Анализа на продуктивност 157
3. Економичност 157
3.1. Поим и значење на економичност 157
3.2. Фактори на економичност 158
3.3. Мерки за зголемување на економичноста 159
3.4. Мерење на економичност 159
3.5. Анализа на економичност 161
4. Рентабилност 161
4.1. Поим, значење и фактори на рентабилност 161
4.2. Мерење на рентабилност 163
4.3. Анализа на рентабилност 164
4.4. Праг на рентабилност 164
 Прашања за дискусија 165

VIII ГЛАВА: УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО 175


1. Резултати во работењето на претпријатието 176
2. Физички обем на производство 176
2.1. Елементи на физичкиот обем на производство 177
2.1.1. Квантитет на производот 177

v
2.1.2. Квалитет на производот 177
2.1.3. Асортиман на производот 177
3. Вкупен приход на претпријатието 178
3.1. Поим за вкупен приход 178
3.2. Структура на вкупниот приход 178
3.2.1. Структура на вкупниот приход од аспект на негово формирање 178
3.2.2. Структура на вкупниот приход од аспект на неговата распределба 179
4. Добивка кај претпријатијата 181
4.1. Определување добивка 181
4.2. Загуба кај претпријатијата 182
4.3. Распределба на добивката 183
 Студирање преку пример: Пријавување, утрвдување и плаќање данок на 184
вкупен приход
 Прашања за дискусија 187

IX ГЛАВА: ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО 194


1. Дефинирање на деловната политика 195
2. Карактеристики на деловната политика 196
3. Видови деловна политика 198
4. Подрачја на примена на деловната политика 198
5. Менаџерите и деловната политика 199
6. Контрола на резултатите на деловната политика 200
7. Претпријатието и окружувањето 204
8. Фактори на окружувањето 206
8.1. Екстерни фактори на окружувањето 207
8.1.1. Политичко-правни фактори 207
8.1.2. Економски фактори 209
8.1.3. Општествени фактори 210
8.1.4. Технолошки фактори 211
8.1.5. Глобални фактори 212
8.2. Интерни фактори на окружувањето 212
9. Управување со окружувањето 214
 Студирање преку пример: 214
Пример 1: Окружувањето на Стопанска банка АД Битола 214
Пример 2: Деловна политика и развоен план на Капитал банка АД Скопје, 216
2016-2018
 Прашања за дискусија 218

X ГЛАВА: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО 220


1. Современо претпријатие и управувањето со проекти 221
2. Инвестициски проект 223
3. Видови инвестициски проекти 226
4. Поделба на проектните активности во претпријатието 227
 Студирање преку пример: Инвестициска студија (програма) 229
 Прашања за дискусија 231

ЛИТЕРАТУРА 232

vi
ПРЕДГОВОР

Ракописот е наменет првенствено за студентите кои го изучуваат предметот


Економика на претпријатие на Факултетот за туризам и бизнис логистика при
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да им помогне на студентите во
совладување на најважните теми кои ги покриваат економските аспекти на работењето
на претпријатието. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон
знаењата и потребите на студентите од додипломските студии.
Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на економското
работење на претпријатието е многу пристапен со примена на примери од
непосредната практика. Оттука, концизното и експлицитното презентирање на
проблематика од оваа област, дава голема можност за користење на овој материјал, не
само од страна на студентите, туку и пошироко. Имајќи предвид дека ова е прво
издание, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци. Оттука, секоја
добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Учебникот е напишан со јасен и разбирлив јазик при што методолошки е
структуриран во девет глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја од нив се
разработени основните поставки, потребата и значењето на економските аспекти на
работењето на претпријатието. Секоја глава започнува со кратко информативно
појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена како глава. Воедно,
поставени се целите на учење кои студентите треба да ги постигнат преку совладување
на темата. Во секоја тема вклучени се примери кои имаат цел сликовито да ја прикажат
материјата и да ја доближат до студентите. По секоја тема дадени се примери кои имаат
цел сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите, а воедно
понудени се прашања за дискусија и задачи за вежбање кои им овозможуваат на
студентите да проверат дали целосно ја разбрале наставната материја. Притоа, при
проверката на знаењето како помош е понуденото решение на поставените задачи, со
што се олеснува подготовката на колоквиумите и завршниот испит по предметот
Економика на претпријатие. На крајот на ракописот соодветно се нотирани
библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски
единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.
Учебникот се состои од десет глави кои ги покриваат најзначајните теми кои
вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, започнато е со
најелементарните поими кои се обработени во првата глава, а се однесуваат на
запознавање со поимот, предметот на проучување и методологијата која ја користи
Економиката на претпријатието како научна дисциплина. Втората глава го појаснува
претпријатието како основен субјект на пазарното работење. Најважните концепти за
управување со средствата на претпријатието се презентирани во третата глава. Имајќи
предвид дека работната сила и плаќањето на трудот се еден од најзначаните фактори
на работниот процес во претпријатието, основните поими за нив се детално
разработени во четвртата глава. Петтата глава ги разработува најважните принципи на
составување калкулации кои се дел од работењето на секое претпријатие, додека
шестата глава дава практични примери за управување со ефикасноста и ефективноста.
Седмата глава е во целост посветена на управувањето со квалитетот на економијата
во претпријатието, додека осмата глава го разработува управувањето со резултатите
на претпријатието. Деветтата глава ја појаснува поставеноста на претпријатието во
окружувањето и потребата од водење правилна развојна деловна политика, додека
последната десета глава ги презентира теоретските основи како современо
претпријатие да управува со проекти.
Учебникот е заеднички труд на Билјана Петревска, која е автор на главите I, III,
V, VII и IX, и Марија Магдинчева Шопова, која е автор на главите II, IV, VI, VIII и X. За

vii
подобноста, значењето и оправданоста на овој труд говори позитивниот извештај на
рецензентите. Голема благодарност упатуваме до проф. д-р Кирил Постолов од
Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, и
проф. д-р Мичо Апостолов од Факултетот за туризам и бизнис логистика при
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кои со своите коментари, предлози и забелешки
придонесоа за зголемување на квалитетот на ракописот.
Искрено се надеваме дека оваа книга ќе им биде од помош на сите студенти кои
како определба во своето формално образование се одлучиле да ги осознаат тајните
на деловното работење на претпријатието. Истовремено, овој труд може да биде
интересно четиво и за сите оние кои имаат допирни точки со деловните процеси во
претпријатието. Се разбира, одговорноста за сите грешки, пропусти и недостатоци што
можат да се пронајдат низ текстот, е само на авторите.

Авторите
Август, 2018 год.

viii
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
I ГЛАВА
ВОВЕД ВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

ПРЕГЛЕД
1. Поим и предмет на проучување на Економиката на претпријатие
2. Задача и цели на Економиката на претпријатие
3. Методи на истражување на Економиката на претпријатие
3.1. Општи научни методи
3.2. Посебни научни методи
4. Меѓусебни односи на Економиката на претпријатие со другите научни
дисциплини
5. Историски развој на Економиката на претпријатие
5.1. Емпиризам
5.2. Научно третирање на Економиката на претпријатие
5.2.1. Класична теорија на организацијата
5.2.2. Неокласична теорија на организацијата
5.2.3. Современа (модерна) теорија на организацијата
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да го дефинирате поимот Економика на претпријатие;
o Да го дефинирате предметот на проучување на Економиката на претпријатие;
o Да правите разлика помеѓу задача и цели на Економиката на претпријатие;
o Да ги знаете најчесто применуваните методи на истражување кои ги
употребува Економиката на претпријатие;
o Да го дефинирате местото, улогата и односот на Економиката на
претпријатие со другите научни дисциплини;
o Да знаете да го појасните историскиот развој на Економиката на
претпријатие.

9
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМ И ПРЕДМЕТ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ
За да може да се појаснат основните воведни термини кои се однесуваат на
поимот и предметот на проучување на Економиката на претпријатие, потребно е
најнапред да се осознае значењето на општиот поим економика. Етимолошки гледано
поимот економика, т.е. економија, потекнува од грчката кованица „oikonomia“, каде
„oikos“ значи куќа, домаќинство, стопанство, и „nomos“ означува правило, ред, принцип,
закон. Според тоа, генерално може да се заклучи дека станува збор за закони и
принципи на управување со куќата, домаќинството, стопанството и пошироко со
државата.
Денес под економика се подразбира наука која ги проучува економските појави,
односи и движења во некоја земја, дејност или гранка. Поконкретно, економијата е
наука која ги изучува можните пристапи за разместување (алоцирање) на ретките
и ограничени ресурси кон точките на нивна најрационална употреба. Притоа, под
ресурси (инпути - влезни фактори на производство) се подразбираат сите предмети во
рамки на една економија кои може да се употребат за производство или дистрибуција
на различни добра и услуги. Така, ресурсите може да бидат (Фити, 2006: 22):
o Природни ресурси (земја),
o Човечки ресурси (труд и претприемништво) и
o Произведени ресурси (капитал).
Во овој контекст економската наука укажува како да се управува и рационално
да се користат ограничените ресурси. Притоа, ограниченоста (скудност, оскудност) е
ситуација во која расположливата количина од нештото не е доволна за да се задоволат
потребите. Всушност, во практиката постојат неограничени желби, додека ресурсите за
исполнување на желбите се ограничени. Оттука, скудноста е централен економски
проблем кој треба да се надмине со избор и донесување правилни одлуки на кои нè учи
економијата.
Покрај појаснување на поимот економија (економика), потребно е да се даде
појаснување и определување на поимите Економика на претпријатие и претпријатие.
Генерално, под Економика на претпријатие се подразбира научна дисциплина
која ја изучува конкретната економска реалност во која функционира претпријатието со
цел изнаоѓање на економските законитости кои делуваат, како и формулирање
принципи чија примена во организација на процесот на репродукција овозможува
реализираните резултати максимално да се приближат до објективно можните. Оттука,
Економиката на претпријатие е економска наука која го проучува работењето на
претпријатието со цел дефинирање принципи, правила и мерки чија примена во
пракса треба да овозможи поефикасно остварување на целите на претпријатијата.
Од друга страна, претпријатието, како облик на организирање на економска
активност, се набљудува како заеднички, синтетички поим кој ги опфаќа различните
видови претпријатија.
Предмет на истражување на економиката на претпријатие како научна
дисциплина е конкретната економска активност на претпријатијата заради изнаоѓање
на законитостите на нивното функционирање и развиток. Односно, предмет на
изучување на Економиката на претпријатието е целината на процесот на
работење на претпријатијата, т.е. процесот на создавање вредности.
Со оглед на фактот што процесот на создавање вредности има три основни
фази, Економиката на претпријатие ги проучува специфичните проблеми на секоја од
овие фази, како и елементите и детерминантите на секоја од овие фази. Така
(Матлиевска & Пачешкоски, 2011: 7):
o Во првата фаза на вожувања (инпути), предмет на проучување на Економиката
на претпријатие се различните облици на вложувања, како: човечки ресурси,
материјали, пари и капитал, информации и знаење и сл;
o Во втората фаза од создавањето вредности која е трансформација на
вложувањата во резултати, Економиката на претпријатие го проучува начинот на
кој претпријатието ги користи човечките ресурси и технологијата за

10
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
трансформирање на инпутите во резултати. Така на пример, во оваа фаза
Економиката на претпријатие го проучува начинот на кој претпријатието го
користи влијанието на знаењето и вештините на вработените за создавањето
вредност, влијанието на применетите технолошки решенија врз
карактеристиките на трошоци на работењето во претпријатието итн;
o Во третата фаза, кај различните облици на резултатите од работењето на
претпријатието (аутпути), Економиката на претпријатие посебно внимание
посветува на профитот како основен мотив за работење и основен извор за
финансирање на претпријатието.
Со оглед на фактот што сѐ ова се одвива под влијание на одредени фактори кои
делуваат во претпријатието или надвор од него, предмет на Економиката на
претпријатие се и факторите што ги условуваат односите помеѓу резултатите на
репродукцијата и вложувањата за остварување на тие резултати. Оттука и
окружувањето (потесно и пошироко) со сите негови карактеристики и интеракции кои ги
гради со претпријатието, претставува предмет на интерес на Економиката на
претпријатие. Поконкретно, поаѓајќи од фактот дека претпријатието е отворен систем кој
одржува бројни врски со своето опкружување, Економиката на претпријатие ја проучува
интеракцијата на претпријатието со опкружувањето, како и начините на кои
претпријатието се прилагодува на дејството на окружувањето или влијае врз него.
Воедно, Економиката на претпријатие ги проучува и ефикасноста и ефективноста
како многу значајни економски категории за успешно работење на претпријатието. Токму
ефикасноста и ефективноста произлегуваат од фундаменталните карактеристики на
економските ресурси, како ограниченоста на ресурсите и можноста за нивна
алтернативна употреба, кои се исклучително важни за деловните активности на
претпријатието. Имено, во случај кога ресурсите не би биле ограничени, тогаш нема да
постои потреба да се користат на најефективен и најефикасен начин. Од друга страна
пак, доколку ресурсите не би имале алтернативна употреба, дотолку нема да биде
можно со одлуките кои го одредуваат алоцирањето на ресурсите да се зголеми
ефикасноста и ефективноста на нивното користење во работењето на претпријатието
(Пауновиќ, 2009: 12).

2. ЗАДАЧА И ЦЕЛИ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ


Основна задача на Економиката на претпријатие како научна дисциплина е
систематско проширување на знаењата за сите релевантни аспекти од
работењето на претпријатието. Во тој контекст, Економиката на претпријатие има
задача да ги проучува односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата
на основните елементи на процесот на репродукција за остварување на тие резултати,
со цел при минимално ангажирање и трошење на средствата и работната сила да се
остварат максимални резултати.
Меѓутоа, имајќи предвид дека вложувањата во репродукцијата и резултатите на
репродукцијата претставуваат последица на дејството на најразлични фактори од
интерен и екстерен карактер, Економиката на претпријатие исто така, настојува да
открие:
o Зошто функционирањето на претпријатијата се одвива на одреден начин?
o Кои се факторите што го одредуваат таквото функционирање?
o Каков е интензитетот на нивното поединечно влијание?
Поаѓајќи од фактот дека Економиката на претпријатие настојува систематско
ширење на знаењата, две цели се наметнуваат како основни:
1. Теоретска цел: Потполното разбирање и објаснување на суштината на
претпријатието, законитостите на неговото функционирање, односот со
опкружувањето и сл., ја претставува теоретската цел на изучувањето на
Економиката на претпријатието;
2. Практична цел: Изучувањето на Економиката на претпријатие како применета

11
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
дисциплина на економската наука има и практична цел. Имено, со проучувањето
на Економиката на претпријатие:
а) Се стекнуваат знаења и вештини неопходни за успешно управување со
претпријатието;
б) Се обезбедува систематски пристап на решавање на деловните проблеми
на претпријатието и се укажува на неопходните активности со чија помош се
реализираат поставените деловни цели на претпријатието.
На тој начин, Економиката на претпријатие има цел да обезбеди
најрационално и најефикасно функционирање на претпријатието, во смисла да
остварува што поповолен однос меѓу вложувањата во репродукцијата и
резултатите што се добиваат од тие вложувања.
Тргнувајќи од релативното значење на наведените цели на изучување на
Економиката на претпријатие може да се констатира дека таа е нормативна научна
дисциплина бидејќи пропишува како претпријатието треба да функционира за да ги
оствари посакуваните цели. Меѓутоа, за да можат управувачките правила, принципи и
техники на Економиката на претпријатие да бидат и практично употребливи, таа мора
да утврди како претпријатието реално функционира, поради што се смета и за
позитивна научна дисциплина.
Исто така, Економиката на претпријатие не може да се потпре само на теоретски
и општи знаења, ниту пак може исклучиво да се потпре на практичните искуства, туку
треба да ја интегрира деловната практика и научните принципи за донесување на
деловни одлуки. Правилата и принципите на деловната економија, како и на
Економиката на претпријатие, иако првенствено се формулирани и развиени за
потребите на управување со претпријатијата, успешно се користат во управувањето на
други деловни субјекти како болници, училишта, факултети, институти и сл.

3. МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ


Како и другите научни дисциплини, и Економиката на претпријатие користи
методи на истражување. Со нивна помош се успева да се стигне до податоци, сознанија
и заклучоци за одредени појави, односи и процеси. Воедно, методите на истражување
овозможуваат побрзо и подобро да се следат појавите кои се предмет на интерес и
истражување на дадената наука. Поконкретно, со методите на истражување се
препознава и формулира проблемот, се прибираат податоци преку набљудување и
експериментирање и се формулираат и тестираат претпоставките. Со методите се
формулираат теории, се собираат податоци и се проверуваат и ревидираат теориите
(Ruffin & Gregory, 1988: 8).
Генерално, методите за истражување кои ги користи Економиката на претпријатие
се делат на: општи и посебни научни методи:
(1) Општи научни методи. Методите од оваа група ги користат сите науки во
насока на добивање податоци за појави, односи и процеси кои се предмет на
истражување. Уште се нарекуваат рационални или логички методи, бидејќи ги
користат општите мисловни постапки за стекнување знаења врз основа на
примена на разумот и логиката. Поконкретно, истражувачот расудува за
одредена појава која ја истражува претежно со логичко заклучување. Најчесто
применувани општи научни методи се: метод на опсервација (набљудување),
метод на апстракција, метод на конкретизација, метод на индукција, метод на
дедукција, метод на анализа, метод на синтеза, метод на компарација
(споредување), метод на аналогија и дијалектички метод.
(2) Посебни научни методи. Методите од оваа група овозможуваат да се стигне
до потребни заклучоци за појавата која се истражува, пред сѐ со собирање
податоци за неа и примена на математичко-статистички операции. Уште се
нарекуваат и емпириски и технички методи. Посебно се користат од
Економиката на претпријатие, но и од другите науки. Тие се во насока на

12
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
олеснување при прибирање податоци и следење на појава која е предмет на
истражување со цел добивање порелевантни сознанија. Најчесто применувани
посебни научни методи се: калкулацискиот и организацискиот метод.
Заедничка карактеристика на сите методи кои ги користи Економиката на
претпријатие, независно дали се работи за општи (рационални, логички) или посебни
(емпириски, технички) научни методи, е настојувањето низ нивната примена да се
искористат практични искуства, но и теоретските сознанија на начин кој овозможува
науката (теоријата) да не ја запоставува кумулативната тежина на емпирискиот доказен
материјал, ниту пак практиката (искуствата) да ги игнорира проверените научни
сознанија. Токму со примената на методите на истражување во Економиката на
претпријатие се овозможува подобро воочување на низа фактори кои може да влијаат
на одредени економски појави. Со тоа се овозможува далеку попрецизно предвидување
на можните последици од донесување деловни одлуки во работењето на
претпријатието. Меѓутоа, треба да се има предвид дека: иако Економиката на
претпријатие се служи со низа методи на истражување, сепак поради влијание на голем
број субјективни и објективни фактори од интерното или екстерното окружување во кое
делува претпријатието, не е можно со сигурност да се процени движењата на
економските појави кои го определуваат деловното работење на претпријатието.

3.1. ОПШТИ НАУЧНИ МЕТОДИ


За потребите на своите истражувања, Економиката на претпријатието од групата
општи научни методи најчесто ги применува следните методи на истражување: метод
на опсервација (набљудување), метод на апстракција, метод на конкретизација, метод
на индукција, метод на дедукција, метод на анализа, метод на синтеза, метод на
компарација (споредување), метод на аналогија и дијалектички метод.
(1) Метод на опсервација (набљудување). Овој метод се состои во систематско
следење на одредени појави или процеси поврзани со работењето на
претпријатието заради откривање, регистрирање и опишување на податоци и
информации значајни за појавата која се истражува. Така одредена појава или
процес во целост се согледуваат и објаснуваат. На пример: предмет на
набљудување можат да бидат искористување на производните капацитети,
однесувањето на вработените, користењето на средствата за работа,
побарувачката во определен временски период, фреквенција на набавки во
определен временски период итн.;
(2) Метод на апстракција. Суштината на овој метод е од реалниот свет да се земе
предвид само она што ќе помогне во појаснување на појавата која е предмет на
истражување. Така, се анализира само она што е важно, а се апстрахира
(занемарува) она што е помалку важно или неважно. На таков начин се
овозможува подобро доаѓање до заклучоци како резултат на збир на
поединечни делови со индивидуални карактеристики. На пример, предмет на
проучување со овој метод може да биде однесувањето на младите како
потрошувачи, што значи дека се занемаруваат (апстрахираат) останатите
типови потрошувачи (деца, возрасни, стари итн.);
(3) Методот на конкретизација е спротивен на методот на апстракција. Со него
се конкретизираат појавите и процесите кои се предмет на истражување со цел
да се добијат реални заклучоци. Така вниманието е насочено кон конкретен дел
појави и процеси што се случуваат во реалноста, со што се помага во
донесувањето соодветни заклучоци;
(4) Метод на индукција. Овој метод подразбира анализирање на појавата
почнувајќи од поединечното, па одејќи кон општото, при извлекувањето
заклучоци за појавата која се анализира. Всушност, се работи за постапка која
се темели на логично расудување и заклучување, а притоа се набљудуваат и

13
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
утврдуваат сознанија за општите правила на однесување на поодделни појави
и процеси. Така Економиката на претпријатие ја проучува економска стварност
во деловните субјекти, па потоа истражува зошто некои претпријатија се
успешни, а некои не. Со тоа извлекува општи принципи од поединечни факти,
односно доаѓа до логично расудување и заклучок поаѓајќи од поединечното кон
општото. На пример, доколку се утврди дека постои флуктуација на работната
сила во претпријатието, тогаш најпрво се испитуваат причините за тоа, а потоа
се пристапува кон формирање заклучоци за причините зошто вработените си
одат од претпријатието (ниски примања, лоши услови за работа, незадоволство
од менаџментот итн.);
(5) Методот на дедукција се темели на спротивен процес на процесот на
индукција. Поконкретно, овој метод поаѓа од општите сознанија за појавата која
се анализира, па нејзините карактеристики и законитости ги зема како
потврдени правила за однесување. Потоа, тие сознанија ги користи за да стигне
кон поединечното и помалку познатото. На пример, доколку има претпријатие
кои работи во две смени и се утврди дека причините за зголемени трошоци за
шкарт во првата смена се поради нестручност на работната сила, тогаш се
извлекува заклучок дека и во втората смена е присутна истата причина;
(6) Метод на анализа. Според овој метод појавата која е предмет на истражување
се расчленува на пооделните составни делови со цел да се добијат подобри
сознанија и заклучоци за содржината на предметот или појавата. Тоа е
расчленување на посложените појави на поедноставни елементи, односно
расчленување на системот на потсистеми од кои е составен. Освен составните
делови, со помош на методот на анализа се проучуваат и меѓусебните односи
кои постојат помеѓу составните делови на истражуваната појава. Така со
разделување и издвојување на одредени делови и со согледување на нивните
взаемни односи, сложената појава подобро се разбира. Во економиката се
сретнуваат: (1) позитивна анализа и (2) нормативна анализа. Позитивната
анализа се занимава со факти и предвидувања, а помалку со вредносни
проценки. Така, за предвидување на однесувањето на претпријатието во
услови кои постојано се менуваат, потребно е да се познаваат клучните
елементи, до кои се доаѓа со помош на анализата. Притоа, за да се дојде до
заклучоци, се поставуваат прашања од типот: „Ако ... - тогаш ...“. Од друга
страна, нормативната анализа ги поврзува резултатите од позитивната
анализа со вредносни проценки и на тој начин дава препораки за подобрување
на работењето. Притоа, за да може правилно да се вреднуваат одлуките, се
дефинираат критериуми и правила со чија помош се следат вистинските
резултати. Така со нормативна анализа се вреднуваат алтернативните
резултати според утврдени правила од гледиште на нивната прифатливост за
претпријатието. И во двете анализи од проучуваната сложена целина се
издвојуваат одредени релевантни елементи и врз основа на таквото
расчленување појавата подобро се согледува. На пример, побарувачката за
даден производ може да се расчлени на одделни видови: домашна и странска
побарувачка или: анализата на трошоците на претпријатието може да се
расчлени на вкупните трошоци според нивните видови, носители и места на
настанување и врз основа на тоа да се утврдат можностите и постапките за
нивно намалување итн. Со други зборови, секој од поединечните делови може
понатаму уште повеќе да се расчленува (анализира) и врз основа на тоа да се
носат заклучоци за преземање мерки и активности за понатамошно делување;
(7) Методот на синтеза е спротивен на методот на анализа. Според него се
пристапува кон соединување на поединечните делови во една целина со цел
истата да се проучи и да се добијат нови, подобри сознанија. Често пати, служи
како дополнување на анализата. Врз основа на сознанијата до кои се дошло по

14
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
пат на анализа се проучува целината настаната со спојување на раздвоените
делови. Истовремено, со синтезата се оценуваат колку резултатите од секој
поединечен дел на таа целина имаат влијание врз вкупниот резултат. На
пример, доколку со примена на метод на анализа се утврдило дека поединечни
организациони делови на претпријатието оствариле загуба во работењето,
тогаш со синтезата се доаѓа до заклучок дека вкупниот финансиски резултат на
работењето на претпријатието ќе биде негативен;
(8) Метод на компарација (споредување). Целта на овој метод е да се направат
споредувања по различни основи (пример: во простор, време итн.) заради
подобро согледување на суштината на појавите и процесите кои се предмет на
истражување. Така полесно се осознаваат причините поради кои настанале
промените, а истовремено лесно и брзо се споредуваат и последиците. На
пример, може да се споредува бројот на остварена продажба во различен
временски интервал (квартал, семестар, месец итн.) и на тој начин да се
откријат промените во динамиката на појавите и процесите со што се
овозможува да се следи нивното настанување и развој. Или доколку правиме
просторно споредување, тогаш се доаѓа до информации за одвивање на
појавите и процесите на различни места, па на таков начин се утврдува нивната
сличност (идентичност) или различност;
(9) Методот на аналогија поаѓа од сличноста на два или повеќе факти, па се
извлекува заклучок дека тие факти се совпаѓаат и во некои други
карактеристики кои непосредно не се забележуваат. Поконкретно, доколку две
појави имаат сличност во дел од карактеристиките, тогаш може да се заклучи
дека се слични и по други карактеристики. Сепак, истражувачот треба да е
крајно внимателен при извлекувањето заклучок кој не мора секогаш да е
веродостоен. Пример, доколку во првата смена работат високо квалификувани
работници со голема продуктивност, а и во втората смена работат подеднакво
висококвалификувани работници, тогаш според методот на аналогија се
заклучува дека и во втората смена работниците ќе имаат висока продуктивност.
Меѓутоа, доколку работниците од втората смена се нововработени и немаат
работно искуство, па не можат ефикасно и ефективно да ги завршат работните
задачи, тогаш, продуктивноста на оваа смена нема да биде задоволителна;
(10) Дијалектички метод. Според овој метод, појавите и процесите се во
меѓусебна зависност и поврзаност и се набљудуваат во процес на
континуирано движење. Така, појавата која е предмет на истражување (пример:
претпријатието) се набљудува како сложен организам кој има своја динамика,
остварува многубројни и најразлични процеси кои можат да бидат правилно
сфатени и проучени само доколку се набљудуваат во својата причинско-
последична поврзаност. Така, кога се применува дијалектичкиот метод на
проучување на претпријатието, се настојува да се спознае неговата природа и
поставеноста во општествената реалност.

3.2. ПОСЕБНИ НАУЧНИ МЕТОДИ


Покрај општите научни методи Економиката на претпријатие применува и
посебни научни методи. Притоа, како најчесто применувани посебни научни методи се
издвојуваат следните:
(1) Калкулациски метод. Суштината на овој метод се состои во проучување на
проблемите од аспект на остварување квалитет на економијата. Поконкретно,
станува збор за подготвување различни видови пресметки (калкулации) кои се
потребни за ефективно и ефикасно работење на претпријатијата. Така, се
прават пресметки за: следење на продуктивноста, економичноста,
рентабилноста, различните видови цени, пресметување различни видови
трошоци и сл.;

15
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(2) Организациски метод. Според овој метод еден од најважните моменти е
идентификувањето и поставувањето најдобри, најсоодветни и најрационални
методи и постапки за организирање и функционирање на појавата која се
истражува. Имајќи го предвид огромното значење на организацискиот сегмент
за функционирање на претпријатието, Економиката на претпријатие во голема
мерка се потпира на резултатите добиени со примена на овој метод. Со негова
помош, менаџментот во претпријатието дејствува на начин кој обезбедува
максимално искористување на сите теоретски и практични знаења за
најрационална организација на процесите во претпријатието и за најголема
можна ефикасност во функционирањето.

4. МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СО ДРУГИТЕ


НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ
Имајќи предвид дека претпријатијата се сложени организациски целини,
произлегува потребата од нивно сеопфатно проучување. Тоа воедно значи дека за таа
цел, потребно е да се користат резултатите и сознанијата добиени од голем број научни
области и дисциплини.
За да може да се определи местото на Економиката на претпријатие во системот
од науки, потребно е најнапред да се направи кратка ретроспектива на генералната
поделба на науките. Имено, познато е дека науките се делат во две големи основни
групи:
I. Природните науки се системи на знаења чија основна цел е да се проучи
природата и процесите поврзани со неа. Поконкретно, тоа се оние науки кои
утврдуваат законитости кои во голема мерка се егзактни и ригорозни, па често
дејствуваат како универзални вистини. Тука се вбројуваат: математика, физика,
хемија, биологија, астрономија, географија и др.;
II. Општествените науки се системи на знаења чија основна цел е да ги
проучуваат општествените аспекти на светот. Поконкретно, тоа се оние науки
кои ги утврдуваат законитостите кои дејствуваат во човековата средина. Тука
се вбројуваат: психологија, социологија, историја, право, политички науки,
филолошки науки, економски науки и др.
Претпријатието како основен економски субјект, претставува предмет на
проучување на многу научни дисциплини. Меѓу нив постојат поголеми или помали
разлики во поглед на сфаќањето за поимните определби на претпријатието, неговите
карактеристики, како и во поглед на значењето кое им го придаваат на одделни аспекти
на функционирање на претпријатието. Затоа, од посебен интерес за Економиката на
претпријатие е односот кој го гради со економските науки кои во понатамошна
класификација се делат на:
a. Микроекономски научни дисциплини. Овие научни дисциплини се занимаваат
со испитување на однесувањето на поединечна фирма, потрошувачи или пак
одделни економски сектори, а се донесуваат одлуки за алокација на
ограничените ресурси, особено на пазарите каде се продаваат/купуваат
производи, односно услуги. Примери за микроекономски научни дисциплини се:
деловно планирање, сметководство, организација на претпријатие и др.;
b. Макроекономски научни дисциплини. Овие научни дисциплини се занимаваат
со проучување на синтетички економски агрегати на ниво на вкупна економија
или пак, економски показатели на ниво на одделни стопански дејности.
Примери за макроекономски научни дисциплини се: макроекономија, економика
на аграр, економика на сообраќај, економика на туризам и др.
Врз основа на погорната класификација може да се заклучи дека Економиката
на претпријатие спаѓа во групата општествени науки, поконкретно во подгрупата
економски науки, т.е. Економиката на претпријатие е микроекономска научна
дисциплина. Генерално, Економиката на претпријатие е наука која ја третира

16
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
економската теорија на функционирање на претпријатието, како и комплексните
економски односи, појави и процеси кои се случуваат при функционирањето на
претпријатието. Тоа значи дека оваа научна дисциплина првенствено акцент става на
поимното определување, анализирањето и појаснувањето на основните економски
категории кои постојат при функционирање на претпријатието. Оттука Економиката на
претпријатие е една од клучните микроекономски науки која го проучува целокупното
работење на ниво на претпријатие како основна единица на економијата. Воедно ги
истражува факторите кои влијаат врз успешноста на работењето на претпријатието,
утврдува закономерности кои се појавуваат во економскиот систем на претпријатието и
дефинира правила со чија примена може да се подобри работењето на претпријатието.
Како и другите научни дисциплини, така и Економиката на претпријатие
соработува и гради соодветен однос со сите науки. Така Економиката на
претпријатие соработува со природните науки кои иако како неекономски научни
дисциплини не се во непосредна врска со работењето на претпријатието, сепак нудат
сознанија корисни за донесувањето одлуки тесно поврзани со работењето на
претприајтието. Така, благодарение на математиката може да се измерат резултатите
на работењето, да се изработат инвестициони програми, да се прават проекции и сл.
Медицината на трудот пак, нуди решенија за зачувување и унапредување на здравјето
на вработените во претпријатието. Психологијата помага за зголемување на
мотивацијата, а со тоа и подобро работење на претпријатието.
Во исто време, Економиката на претпријатие многу тесно соработува со
општествените науки, а во прв ред со економските науки. Имено, Економиката на
претпријатие црпи сознанија од макроекономските научни дисциплини, но
истовремено и им дава податоци за нивни потреби. Така, додека макроекономските
научни дисциплини ги истражуваат законите на општествената репродукција
(производството, размената, распределбата, потрошувачката) од глобален аспект или
на ниво на одделни сектори на економијата, Економиката на претпријатие се фокусира
на законитостите на процесот на репродукција во самото претпријатие. Притоа, тие се
тесно поврзани и меѓусебно зависни, па така од една страна, Економиката на
претпријатие ги искористува сознанијата и достигнувањата на макроекономските
дисциплини во контекст на примена на формираните правила и принципи за
насочување на работењето на претпријатието кон остварување подобри резултати. Од
друга страна, резултатите од конкретни истражувања на процесите на репродукцијата,
кои ги утврдува Економиката на претпријатие се од голема корист за макроекономските
научни дисциплини, бидејќи процесите и појавите што се својствени за претпријатијата
се одразуваат и на процесите и настаните во одделните сектори на економијата, но и
на националната економија во целина.
Сепак, далеку поизразена и поинтензивна е зависноста и условеноста меѓу
Економиката на претпријатие и микроекономските научни дисциплини. Добиените
сознанија од нивните истражувања Економиката на претпријатие ги користи за правилно
насочување на работењето на претпријатието во насока на постигнување подобри
резултати. Така, без познавањето на овие науки не е можно да се сфати работењето на
претпријатието во неговата севкупност. Од друга страна, и самата Економика на
претпријатие своите резултати ги дава на располагање на другите микроекономски
научни дисциплини. Имено, она што се однесува на функционирањето на
претпријатието, во голема мерка може да се генерализира и да има одраз на настаните
и процесите во други дејности и гранки од економијата.

5. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ


За да може да се појасни историскиот развој на Економиката на претпријатие,
потребно е да се погледне многу наназад низ историјата, кога се пронаоѓаат првите
почетни облици на економијата. Имено, напорот кога човекот со својот труд настојувал
да оствари нешто, а притоа да си ја олесни работата со користење орудија со кои

17
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
најлесно ќе ја постигне целта, се први појавни облици на економика на трудот. Со текот
на времето, човекот правел многу прилагодувања на сопствените делувања, но и на
начинот на користење средства и предмети на труд. Иако во примитивен облик, сепак
таквите активности говорат за зародиш на елементи на организаци на трудот.
Изградбата на монументалните историски архитектонски чуда како сфинги и
пирамиди во Египет, системите за наводнување во Месопотамија и Египет, римските
аквадукти, Кинескиот ѕид и сл. (слика 1.1), означуваат беспрекорна организираност на
огромна работна сила, што пак, означува водење грижа за многу економски аспекти,
како: надница, работна сила, имот, контрола на квалитет итн. (Матлиевска &
Пачешкоски, 2011: 18).

Кеопсова пирамида во Големата сфинга во Гиза, Системи за наводнување во


Египет (Голема пирамида во Египет (Голема пирамида во Месопотамија и Египет,
Гиза), 2560 г.п.н.е. Гиза), 2558-2532 г.п.н.е. 2000 г.п.н.е.

Aqua Claudia (Римски Аквадукти кај Назца, Перу, Кинески ѕид,


аквадукт), 1 век 3-6 век 5 век п.н.е. - 16 век
Слика 1.1. Монументални историски градби
Во теоријата постојат различни поделби на историскиот развој на Економиката
на претпријатие, но генерално, Индустриската револуција (крај на 18 и почеток на 19
век) е период според кој се разгледуваат два историски развојни периоди.
o Првиот период (до Индустриската револуција, т.е. до крајот на 18 век) се
карактеризира со емпиризмот како облик на организирање и работење на
претпријатијата и
o Во вториот период (по Индустриската револуција, т.е. почеток на 19 век) се
создава науката за економиката и организацијата на претпријатието.

5.1. ЕМПИРИЗАМ
Емпиризмот е првиот перид од историскиот развој на Економиката на
претпријатие. Временски го опфаќа периодот до појавата на Индустриската револуција
(до крајот на 18 век). Го претставува почетниот облик на организирање и работење на
претпријатието. Се карактеризира со сознанија стекнати низ практиката во одвивањето
на работниот процес и активности во изнаоѓањето на соодветни решенија. Дијалектички
набљудувано, емпиризмот произлегува од нискиот степен на развојот на производните
сили кога постојат облици, форми и методи на организација на претпријатијата
засновани на практично решавање на конкретни прашања. Со други зборови, не се
прават анализи, не се разработуваат проблемите, не се дефинираат постапки и

18
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
принципи, ниту пак се воопштуваат проблемите. Во оваа развојна фаза, не се
пристапува кон откривање на законитостите во работењето и развитокот на
претпријатијата.
Притоа, од историјата е познато дека определени прашања од доменот на
економиката се разработуваат уште од најстаро време (Матлиевска & Пачешкоски, 2011:
22). Тоа се потврдува со низа документи напишани уште во стара Грција од различни
мислители, теоретичари и филозофи (слика 1.2). Така Платон во своите дела изнесува
одредена теорија за парите. Аристотел пак, споменува употребна и пазарна вредост на
стоката, ги поставува првите основи на организацијата, вели дека стекнувањето на
богатство е уметност, и го третира и прашањето дали е најдобро имотот да биде во
приватна или јавна сопственост. Сократ ja увидува сличноста во управувањето на микро
и макро план, додека Ксенофон го објаснува системот на поделба на трудот на примерот
на чевларска работилница и со тоа ги поставува основите за соработка и
специјализација при работењето.

Платон Аристотел Сократ Ксенофон


428/427-348/347 г.п.н.е. 384-322 г.п.н.е. 469-399 г.п.н.е. 430-354 г.п.н.е.
Извор: https://en.wikipedia.org/ Извор: https://mk.wikipedia.org Извор: https://sh.wikipedia. Извор: https://fi.wikipedia.org/
wiki/Plato#/media /wiki// media/File:Aristotle org/wiki/Sokrat wiki/Ksenofon

Слика 1.2. Старогрчки мислители

Многу подоцна, во средниот век се појавуваат економски мислители и


теоретичари кои имаат истакнати ставови за многу економски прашања (слика 1.3).

Делото „За трговијата и Леонардо да Винчи Ричард Кантилон


Тома Аквински совршениот трговец“ од
(Leonardo da Vinci) (Richard Cantillon)
(Thomas Aquinas) Бенедикт Котруљевиќ 1452-1519 1680–1734)
1225-1274 (Benedetto Cotrugli) Извор: https://mk.wikipedia.org Извор: https://en.wikiedia.
Извор: https://hr.wikipedia. /wiki/media/File:Leonardo_self.jpg org/wiki/media/File:Richard_
org/wiki/Toma_Akvinski#/med 1416-1469 Cantillon.png
ia/File:Carlo_ Crivelli_007.jpg

Слика 1.3. Средновековни економски теоретичари

Така, во 13-от век, Тома Аквински (италијански доминиканец, филозоф, теолог,


црковен учител и светец) ја заговара тезата дека морална обврска е во бизнисот да се

19
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
продаваат производи по праведни, односно објективни цени. Поконкретно, Аквински се
залагал за т.н. „праведна наемнина“ која му овозможува на работникот нормално да
живее и која ги вклучува во себе трошоците за живот.
Во 15-от век, Бенедикт Котруљевиќ (хрватски економски теоретичар) во делото
„За трговијата и совршениот трговец“ (Della mercatura e del mercante perfetto) кое
претставува прирачник за книговодство, прв разработува низа прашањата од делот на
Економика на претпријатие, како на пример: основање трговско друштво, потребни
средства за работење, начин на пресметка, организирање исплата и сл. Нешто подоцна,
сестраниот Леонардо да Винчи (италијански ренесансен архитект, инженер, вајар,
сликар, изумител, анатом и астроном) се бавел и со проучување на рационализацијата
на можностите за извршување на процесот на трудот, го мерел потребното време за
извршување на одделни движења и сл.
На почетокот од 18 век, Ричард Кантилон е познат по делото „Есеј за природата на
трговијата во општи црти“ (Essai Sur la Nature du Commerce en Général). Тој ги поставува
теоријата на цената (која е определена од трошоците на производство) и теоријата на
резултатите (определени од технологијата и вложувањата на факторите на
производство), и притоа дава исцрпен опис на механизмот на понуда и побарувачка во
определувањето краторочна пазарна цена.
Генерален заклучок е дека во првата фаза од историскиот развој на Економиката
на претпријатија, авторите од стариот и средниот век, сѐ до крајот на 18 век, доаѓаат до
заклучоци преку искуствата стекнати низ секојдневното одвивање на работните
процеси. Ова е разбирливо од причини дека се работи за периодот пред индустриската
револуција, кога претпријатијата се мали, па не постои потреба од потемелен и научен
пристап во објаснувањето како функционира претпријатието.

5.2. НАУЧНО ТРЕТИРАЊЕ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Создавањето на науката за економика и организација на претпријатијата,
односно процесот на нејзино трансформирање од емпирија до наука е долг. По
Индустриската револуција настануваат коренити промени во многу сфери, особено во
земјоделството, производството и транспортот. Од мануелно ситно производство се
премина на крупно машинско индустриско производство. Благодарение на развојот на
железничкиот сообраќај, трговијата се проширува поради подобрената и ново изградена
сообраќајна мрежа. Така, поединечните мали претпријатија почнуваат да прераснуваат
во големи фабрики со значително зголемено производство. Последователно, на
почетокот на 19-тиот век се појавуваат фабрики кои изработуваат машини за други
индустрии. Така со појавата на крупни капиталистички претпријатија, во услови на
усложнување на деловното окружување се создаваат услови за систематско
анализирање и проучување на организациските проблеми. Поконкретно, се почнува да
се размислува за примена на методи за истражување на пазарот, начини за објаснување
на улогата на трошоците, методи за формирање на цените и калкулациите итн. Се
појавуваат автори кои настојуваат да пронајдат начини за надминување на
неразвиената и недоволно ефикасна организациска поставеност на претпријатието и за
нејзино поставување на научна основа. Притоа, како заедничка карактеристика на
бројните концепции на претпријатието е настојувањето сите теории да придонесат за
зголемување на ефикасноста во работењето.
Во досегашниот развој на науката за Економика и организација се разликуваат
три правци:
1. Класична теорија на организацијата,
2. Неокласичната теорија на организацијата и
3. Современа (модерна) теорија на организацијата.

20
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
5.2.1. Класична теорија на организацијата
Првите начела и принципи на науката за Економика и организација на
претпријатијата се поврзани со основоположниците на научната организација на трудот,
Фредерик Тејлор и Анри Фајол (слика 1.4). Нивните резултати и достигнувања во
истражувањата на претпријатието ја сочинуваат класичната теорија на
организацијата. Во центарот на вниманието на оваа теорија е формалната
организациска структура со точно определени задачи, права и обврски на секоја
позиција и работно место.

Фредерик Тејлор Анри Фајол


(Frederick Winslow Taylor) (Henri Fayol) 1841-1925
1856-1915 Извор: https://sr.wikipedia.org/sr-
Извор: https://mk.wikipedia.org/wikimedia el/media/File:Fonds_henri_fayol.jpg
/File:Frederick_Winslow_Taylor_crop.jpg

Слика 1.4. Основоположници на класичната теорија на


организацијата
Приврзаниците на класичната теорија на организацијата генерално припаѓаат на
две основни школи на размислување: (1) Теорија на научен менаџмент и (2) Теорија на
организацијата, т.е. сеопфатна анализа на управувањето.

1. Теорија на научен менаџмент


Основоположник на научниот менаџмент се смета дека е Фредерик Тејлор. Тој го
вовел функционалниот систем на раководење како замена за дотогаш најчесто
применуваниот хиреархиски систем на раководење и на таков начин развил посебна
концепција позната како научен менаџмент (science management). Суштината на
научниот менаџмент е дека претставува систематско истражување на односите меѓу
луѓето и задачите, со цел редизајнирање на процесот на работа заради зголемување на
ефикасноста. Поконкретно, научниот менаџмент е насочен кон т.н. најдобар начин за
извршување на работата, па поради тоа ги истакнува конкретните работни места и
поделбата на задачите притоа истражувајќи како се унапредува ефикасноста на
вработените на различни хиерархиски нивоа во претпријатието.
Во тек на својот работен век, Тејлор имал можност директно да ги согледува
организациските проблеми и слабости и на тој начин можел точно да ја открие причината
за пониската продуктивност од можната. Неговите настојувања оделе во насока на
зголемување на продуктивноста со примена на расчленување на процесот на трудот. За
таа цел вршел анализа на трудот, при што ја расчленувал работата на поединечни фази,
па потоа на операции, движења итн, а потоа вршел испитувања на влијанието на секој
елемент на трудот врз учинокот на работникот. Од направените истражувања, Тејлор ги
елиминирал непотребните движења, а ги задржал само продуктивните, оние кои
директно доведувале до зголемување на работниот ефект. Така Тејлор одредувал
најдобар начин и најкратко време за изведување на секоја работна задача, односно ги
стандардизирал методите на работењето. Барајќи начин да го намали времето кое

21
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
работникот го посветува на секоја задача, тој всушност се залагал за оптимизирање на
начинот на изведување на работната задача.
Воедно, негова заслуга е што експериментирал со начинот на ракување со
материјалот, средствата за работа и техниката наречена „студија на движењето и
времето“. Тејлор го разработил и системот на наградување и примарна цел му била
ефикасност на работникот. Карактеристично е што го менува дотогашното разбирање
за раководењето и раководителите. Сметал дека раководителите треба да се активни
учесници во работниот процес и да му укажуваат и помагаат на работникот да ја
организира својата работа (што треба да се направи, како, кога, на кој начин, за кое
време и сл.). За таа цел, работата на раководителите ја поделил на работни задачи, а
потоа нив ги групирал како:
(1) Подготовка за производство и
(2) Извршување и контрола на производството.
Благодарение на севкупното истражување на Тејлор, формулирани се четири
принципи на работењето:
1- Да се користат работни методи темелени на научно истражување на работните
задачи, а не да бидат површни;
2- Да се применува научна селекција, обука и развој на секој вработен, а не пасивно
да се очекува тие да се остручат самите;
3- Да се обезбеди насочување и надгледување на секој работник во текот на
изведувањето на работните задачи;
4- Да се подели подеднакво работата помеѓу менаџерите и работниците, при што
менаџерите ќе користат научни менаџмент принципи за да ја планираат
работата, а работниците активно ќе ја извршуваат.
Покрај Тејлор, значаен придонес во развој на научниот менаџмент дале и Хенри
Гант, Харингтон Емерсон, сопружниците Френк и Лилијан Гилберт и др. (слика 1.5).

Хенри Гант Харингтон Емерсон Френк Гилбрет (Frаnk Gilbert) 1868-1924


(Henry Laurence Gantt) (Harrington Emerson) Лилиен Гилбрет (Lilien Gilbert) 1878-1972
1861-1919 1853-1931 Извор: https://umitrovic.wordpress.com/2010/10/08/sta-
mozemo-da-naucimo-iz-fundamenata-klasicne-skole-
Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/ Извор: https://en.wikipedia.org
menadzmenta/
Henry_Gantt#/media/File:Henry_L. /wiki/Harrington_Emerson#/media/F
_Gantt.jpg ile:Harrington_Emerson,_1911.jpg

Слика 1.5. Претставници на научниот менаџмент


Хенри Гант (американски инженер и консултант) е најпознат по дијаграмот за
планирање кој денес широко се користи т.н. Гантограм* кој ја покажува деловната
активност низ зацртани временски периоди низ кои се следи колку од работата е
завршено и кој ја завршил.
Харингтон Емерсон (американски инженер и бизнис теоретичар) го дефинирал
линискиот модел на раководење преку детално разработување на односите меѓу
вработените и раководните лица.
Френк и Лилијан Гилбрет ги продлабочиле и подобриле идеите од Тејлор за

*Повеќе детали за Гантограм може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/Gantt_chart.

22
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
техниката „студија на движењето и времето“** и го поставиле „трипроцесниот план на
унапредување“ според кој вработените истовремено прават повеќе активности, и тоа:
најпрво ја работат својата работа, потоа се подготвуваат за следниот повисок степен
на работа, па на крајот ги обучуваат своите наследници.

2. Теорија на организацијата
Покрај Тејлор, друг пионер во проучувањето на научната организација на трудот
е Анри Фајол. Тој првенствено ја проучувал теоријата на организацијата при што
проблемот за зголемување на продуктивноста го лоцирал во начинот на раководење.
Така, Фајол го застапувал ставот дека за успешно организирање на работењето во
претпријатието клучно е раководството, односно администрацијата. Поконкретно,
Фајол во решавањето на проблемот на поголема ефикасност на трудот пристапил од
аспект на администрацијата на претпријатието, доделувајќи и притоа клучна улога и
значење на раководната, односно административната функција. Токму поради
посебната важност што ја дал на администрацијата и административната функција,
учењето на Фајол е познато и под името административна доктрина. Поконкретно,
теоријата на административен менаџмент има за цел да се воспостави организациска
структура и систем на контрола кои водат кон повисока ефикасност и ефективност.
Интересно е што Фајол го набљудувал претпријатието како жив организам, чиј
опстанок и развој зависат од функционирањето на секој негов дел. Од тие причини, тој
го поделил функционирањето на претпријатието во шест деловни функции:
(1) Техничка (преку која се врши основната дејност на претпријатието);
(2) Комерцијална (набавка и продажба);
(3) Финансиска (обезбедување и правилна распределба на финансиските
средства);
(4) Сметководствена (следење и евидентирање на промените на финансиите);
(5) Безбедносна (се грижи за сигурност и заштита на вработените и имотот на
претпријатието);
(6) Административна (поврзување и усогласување на останатите функции
заради постигнување единство во работењето и заради нивно насочување кон
однапред утврдените цели).
Поаѓајќи од фактот дека раководењето е клучно за зголемување на
продуктивноста, Фајол дефинирал принципи кои раководството треба да ги почитува и
применува за работењето да е попродуктивно и поуспешно. Тоа се следните 14
принципи со кои Фајол се стремел да зацрта правец за извршување на работата на
раководителите, заеднички за сите:
1. Поделба на работата,
2. Авторитет,
3. Дисциплина,
4. Единство на командата,
5. Единство во насочувањето,
6. Подредување на поединечните интереси за сметка на општите,
7. Плаќање,
8. Централизација,
9. Скаларен ланец,
10. Ред,
11. Еднаквост,
12. Стабилност на кадрите,
13. Иницијатива и
14. Тимска работа.

**Повеќе детали за Motion study, a method for increasing the efficiency of the workman може да се прочитаат
на: https://archive.org/details/studymotion00gilbrich

23
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Натамошниот развиток на класичната теорија на организацијата се темели на
теоретските размислувања на бројни следбеници на Тејлор и Фајол во првите децении
на 19-тиот век. Во тој контекст се набројуваат Лутер Галик, Макс Вебер и др. (слика 1.6).

Лутер Галик Макс Вебер


(Luther Gulick) (Max Weber)
1892-1993 1864-1920
Извор: Извор: https://en.wikipedia.org
https://en.wikipedia.org/wiki/ /wiki/Max_Weber#/media/File:Max_
Luther_Gulick/media/File:Luther_G Weber_1894.jpg
ulick.jpg
Слика 1.6. Претставници на класичната теорија
на организација
Заедничко за сите припадници на класичната теорија е фокусирањето врз
формалната организациона структура, со точно распределени задачи, обврски и права
на секоја позиција и на секое работно место. Она што се припишува како недостаток на
оваа теорија е занемарувањето на многуте аспекти кои се однесуваат на работниците,
односно нивните потреби, желби, мотиви и сл. Во класичната теорија, работникот се
гледа како фактор за призводство, односно се третира исто како и предметите и
средствата за работа. Тоа постепено доведува до намалување на продуктивноста, до
незадоволство и недисциплина кај работниците, намалување на мотивираноста,
незаинеренсираност, влошување на меѓучовечките односи итн. Надминување на
ваквото гледиште е постигнато со неокласичната теорија на организацијата која во
центарот на истражувањата го става човекот.

5.2.2. Неокласична теорија на организацијата


Неокласичната теорија на организацијата или уште позната како теорија на
меѓучовечките односи, направи целосен пресврт во третманот и односот кон човекот.

Слика 1.7. Елтон Мајо


(George Elton Mayo)
1880-1949
Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Elton_
Mayo#/media/File:Elton_Mayo.jpeg

24
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Зачетоците се поврзуваат со експериментите на Елтон Мајо (слика 1.7) кој
експериментирајќи дошол до заклучок дека продуктивноста не се зголемува со
подобрување на условите за работа, туку со подобрување на меѓучовечките односи и
пријатната работна атмосфера. Така заклучил дека организацијата на претпријатието
треба да се прилагоди на социјалните и психосоцијалните фактори, бидејќи се пресудни
за подобрување на успешноста во извршувањето на работните задачи. Така за Мајо се
смета дека е основач на неокласичната школа и дека го открил значењето на
социјалниот фактор во функционирањето на претпријатието преку постоењето на
неформалната организација.
Имено, во принцип во секое претпријатие постојат формална и неформална
организациска структура. И додека формалната ја претставува официјалната структура
на претпријатието утврдена од страна на менаџментот кој определува задачи за секој
поединец и начин на нивна комуникација, неформалната го означува здружувањето на
вработени кои без свесно поставена заедничка цел делуваат кон остварување
заеднички резултати (Петковиќ и др., 2006: 177). Така наспроти формалната
организација која често е неефикасна и неприлагодлива кон новите услови во кои
работи претпријатието во променливо окружување, неформалната дава можност преку
многудимензионалноста на човековата природа и потребата за припадност, позитивно
да се влијае кон остварување на целите на претпријатието. Оттука се отфрлило
претходното мислење дека луѓето со работата ги задоволуваат само своите
материјални потреби, па станало јасно дека човекот преку работењето задоволува и
други, за него поважни потреби. Покрај Мајо, голем број други автори дале придонес за
развој на неокласичната школа, како: Даглас Мак Грегор, Крис Аргирис, Ренсис Ликерт,
Фредерик Херцберг и др. (слика 1.8).

Даглас Мак Грегор Крис Аргирис


(Douglas Murray McGregor) (Chris Argyris)
1906-1964 1923-2013
Извор: https://www.findagrave.com Извор: https://www.google.com/
/memorial/114615217/douglasmurray- search?Chris+Argyris+photo&gs_
mcgregor

Ренсис Ликерт Фредерик Херцберг


(Rensis Likert) (Frederick Irving Herzberg)
1903-1981 1923-2000
Извор: https://www.google.com/ Извор: https://www.google.com/
search?q=Rensis+Likert+photo+neoclassi search?q=Frederick+Irving+Herzberg
cal +photo+neoclassical

Слика 1.8. Претставници на некласичната теорија на организацијата

25
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За Даглас Мек Грегор (американски теоретичар) најзначајно е дека ја
формулира „Теоријата X и Теоријата Y“ во која ја појаснува природата на човековата
личност и однесувањето во претпријатието. Поконкретно, според „Теоријата Y“ која е
спротивставена на класичната теорија „Теоријата X“, тој смета дека вработените се
мотивирани, имаат можност за развој, имаат способност за преземање одговорност и
своето однесување го насочуваат кон целите на претпријатието.
Крис Аргирис (американски грк, теоретичар) е познат по својата теорија за
организациско учење и се смета за еден од кооснивачите на развојот на организацијата.
Поконкретно, тој ги истражувал влијанието на формалната организациска структура,
контролните системи и раководењето со индивидуите, како и нивната реакција и
прилагодување. Подоцна своето внимание го пренасочува кон организациските
промени преку проучување на однесувањето на искусните и повисоко рангирани
менаџери во претпријатието**. Воедно Аргирис го проширува своето истражување од
однесување кон човечко размислување како основа за дијагностицирање на проблеми
во претпријатието и преземање акции.***
Ренсис Ликерт (американски економист и социопсихолог) е познат по своите
теории од организациската психологија. Тој прв ја поставува психометричката скала
преку која се мери ставот на поединецот позната како Ликертова скала****.
Фредерик Херцберг (американски психолог) е познат во бизнис менаџментот по
своите теории за унапредување на работното место и мотивациско-хигиенската теорија,
уште позната како теорија на два фактори за задоволство на работното место****.
Според него, мотивациските фактори може да ја зголемат или намалат мотивацијата на
работникот, а со тоа да се подобри работењето на претпријатието.

5.2.3. Современа (модерна) теорија на организацијата


По неокласичната теорија за организацијата се јавуваат нови насоки,
истражувања и концепции за организацијата на работењето на претпријатието. Иако со
одредени разлики, за сите нив е карактеристично дека нудат современ, модерен
теориски пристап во појаснувањето на концептот на претпријатието, со што се појавува
современата (модерна) теорија на организацијата.
Основна карактеристика на оваа теорија е системскиот пристап кон
претпријатието кое се набљудува како сложен, динамичен, стохастичен и отворен
систем. Во овој контекст под „систем“ се подразбира збир на поврзани активни елементи
кои се меѓусебно релативно независни и чии врски се регулирани со одредени
принципи.
Поконкретно, претпријатието се набљудува како единствен систем составен од
различни меѓусебно поврзани делови кој е под влијание на голем број фактори. Притоа,
за негово успешно работење како целина, неопходно е усогласување на работењето на
поединечните елементи. Така претпријатието се разгледува од поширока перспектива
каде се објаснуваат настаните и случувањата од друг агол, т.е. деловите на
претпријатието веќе не се разгледуваат како поединечни елементи каде се лоцира
проблемот, туку се земаат предвид содејствата кои постојат. Така на пример,
претпријатието може да има организациски единици кои одлично функционираат сами

 Повеќе детали може да се прочитаaт во делото “The Human Side of Enterprise” (1960).
Повеќе детали може да се прочитаат во книгите: “Personality and Organization” (1957) и “Integrating the
Individual and the Organization” (1964).
**Повеќе детали може да се прочитаат во книгите: “Interpersonal Competence and Organizational

Effectiveness” (1962) и “Organization and Innovation” (1965).


*** Повеќе детали може да се прочитаат во книгите: “Theory in Practice” (1974), “Organizational Learning” (1978)

и “Organizational Learning II” (1996).


****
Повеќе детали за Ликертова скала може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/Likert_scale.
Повеќе детали за мотивациско-хигиенската теорија може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/
****

Frederick_Herzberg#Motivator-Hygiene_Theory.

26
I ГЛАВА
Вовед во Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
за себе, но да не се доволно меѓусебно интегрирани, па како резултат претпријатието
не функционира добро како целина. Оттука кај теоријата на системите не се единствено
важни деловите (во случајов организациските единици), туку нивните меѓусебни врски
(пример: координација на централната канцеларија со другите сектори, соработката на
секторот за развој со производниот сектор и сл.). Така проблемот во претпријатието
како систем се дијагностицира со фокусирање на односите кои ги предизвикуваат
проблематичните настани, а не со истражување на поединечните делови.
Модерната теорија го протежира и ситуациониот менаџмент, со чија примена
организациската структура мора да се менува и прилагодува на постојаните објективни
промени кои ја диктираат таа нужност. Претставници на оваа школа се: Честер Бернард,
Џорџ Хоманс, Херберт Сајмон и др. (слика 1.9).

Честер Бернард Џорџ Хоманс Херберт Сајмон


(Chester Irving Barnard) (George Casper Homans) (Herbert Alexander Simon)
1886-1961 1910-1989 1916-2001
Извор: https://www.google.com/ Извор: https://www.google.com/ Извор: https://www.google.com/
search?q=chester+irving+barnard search?q=George+Casper+Homans search?q=herbert+alexander+simon

Слика 1.9. Претставници на современата теорија на организацијата


Честер Бернард (американски теоретичар) е еден од пионерите на теоријата за
менаџмент, организациските науки и организациската социологија. Познат е по тоа што
ги поставува основите на организациската наука, како и на работењето на раководните
лица во претпријатието. Поконкретно, тој го набљудува претпријатието како систем во
кој постои постојана активност на поединците, истакнувајќи дека претпријатието
краткотрајно егзистира бидејќи не може секогаш да ги оствари двата важни фактори:
ефективност и ефикасност*.
Џорџ Хоманс (американски социолог) е основач на бихејвиоралната социологија
и теоријата на социјална размена** во кои преку многубројни примери ги појаснува
социјалните однесувања.
Херберт Сајмон (американски економист и политички научник) е добитник на
Нобеловата награда за економија во 1978 година. Познат е по многубројните ставови
за процесот на носење одлуки во претпријатието, како и по теориите за гранична
рационалност (bounded rationality) и когнитивна хеуристика (satisficing)***
Сите напори на класичната, неокласичната и современата теорија насочени кон
научна разработка на организацијата и менаџментот, како и кон ефикасното,
ефективното и економичното работење на претпријатието, придонеле во голема мерка
Економиката на претпријатие да се издвои како посебна научна дисциплина.

*Повеќе детали може да се прочитаат во книгата “The Functions of the Executive” (1938).
**Повеќе детали за теоријата на социјална размена може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/
Social_exchange_theory.
***Повеќе детали за bounded rationality може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/Bounded_

rationality. Повеќе детали за satisficing може да се прочитаат на: https://en.wikipedia.org/wiki/Satisficing.

27
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА
1. Што се подразбира под Економика на претпријатие и што е предмет на нејзиното
проучување? Појаснете преку примери што поконкретно проучува Економиката
на претпријатие.
2. Дискутирајте што е основна задача на Економиката на претпријатие, а кои се
нејзините цели.
3. Кои методи на истражување ги применува Економиката на претпријатие?
Појаснете преку примери кога и зошто се применува методолошкиот
инструментариум.
4. Дефинирајте го местото, улогата и односот на Економиката на претпријатие со
другите научни дисциплини. Појаснете со кои научни дисциплини Економиката
на претпријатие гради поблиски односи и кои се причините за тоа.
5. Појаснете го историскиот развој на Економиката на претпријатие. Кои се
главните карактеристики на периодите низ кои се развива оваа научна мисла?
Појаснете ја класичната теорија на организацијата. Што е суштината на научниот
менаџмент? Појаснете ги четирите принципи на работењето поставени од
Тејлор. Што е суштината на административната доктрина? Појаснете како и
зошто Фајол го поделил функционирањето на претпријатието по деловни
функции. Зошто се поставени 14-те принципи на Фајол? Наведете и појаснете ги
размислувањата на бројните следбеници на Тејлор и Фајол во првите децении
на 19-тиот век.
6. Појаснете ја неокласичната теорија на организацијата. Зошто теоријата на
меѓучовечките односи на Елтон Мајо била значајна? Наведете и појаснете ги
размислувањата на други автори кои дале придонес за развој на неокласичната
школа.
7. Појаснете ја современата теорија на организацијата. Наведете и појаснете ги
размислувањата на други автори претставници на модерната теорија.
8. Изберете претпријатие за кое сте упатени и опишете ја поделбата на задачите и
специјализацијата на работата кои претпријатието ги користи за да произведе
добра и услуги.
9. Изберете претпријатие за кое сте упатени и применете ги принципите на
научниот менаџмент на Тејлор за да го унапредите работењето на
препријатието.

28
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

II ГЛАВА
ПРЕТПРИЈАТИЕТО КАКО ОСНОВЕН СУБЈЕКТ НА ПАЗАРНОТО РАБОТЕЊЕ

ПРЕГЛЕД
1. Поимни определби за претпријатие
1.1. Поим за претпријатие
1.2. Карактеристики на претпријатието
1.3. Предмет за претпријатието
1.4. Функционирање на претпријатието како систем
1.5. Фактори кои ја определуваат големината на претпријатието
2. Видови претпријатија
2.1. Видови претпријатија според големината
2.1.1. Мали претпријатија
2.1.2. Средни претпријатија
2.1.3. Големи претпријатија
2.2. Видови претпријатија според дејноста која ја извршуваат
2.2.1. Производни претпријатија
2.2.2. Трговски претпријатија
2.2.3. Услужни претпријатија
2.3. Видови претпријатија според законската регулатива во Македонија
2.3.1. Трговец-поединец
2.3.2. Јавно трговско друштво
2.3.3. Командитно друштво
2.3.4. Друштво со ограничена одговорност
2.3.5. Акционерско друштво
2.3.6. Командитно друштво со акции
3. Јавни претпријатија
3.1. Карактеристики на јавните претпријатија
3.2. Модели на управување со јавните претпријатија
 Студирање преку пример: Едношалтерски систем за регистрација во
Македонија
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете што претставува претпријатието, карактеристики на претпријатието,
функционирање;
o Да ги знаете поделбите на претпријатијата поред големината и дејноста што
ја извршуваат;
o Да знаете да ги објасните видовите претпријатија според законската
регулатива во Македонија;
o Да знаете да ги објасните сите организациони форми согласно Законот за
трговски друштва;
o Да знаете да ги објасните јавните претпријатија, карактеристиките и
различните видови;
o Да знаете да ги објасните моделите на управување со јавни претпријатија.

29
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМНИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕ
1.1. ПОИМ ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕ
Функционирањето и развојот на секоја општествена заедница се поврзува со
извршување на соодветни деловни активности под чие што дејство се создаваат
најразлични производи и услуги за задоволување на потребите на потрошувачите.
Претпријатијата претставуваат носители на деловните активности и тие претставуваат
посебни стопански субјекти. Со други зборови кажано претпријатијата претставуваат
посебен вид на организационен облик на дејствување, во кој се комбинираат средства
и предметите за работа и човечките ресурси заради остварување на соодветен деловен
резултат. Основа во функционирањето на претпријатието како основен субјект на
пазарното работење е воведувањето на промени во работењето и постојаното
менување на целите во работењето и прилагодување на барањата на пазарот и
зголемените потреби на луѓето.
Првите почетоци за поимно определување на поимот претпријатие датираат од
далечната 1937 година, кога Роналд Коуз во своето дело „Потеклото на претпријатието“
го поставил прашањето за причините за постоењето на претпријатието, при што
одговорил дека претпријатието постои бидејќи трошоците за насочување на ресурсите
на претпријатието се пониски од трошоците за користење на пазарниот механизам.
Појавата и постоењето на претпријатието како основен субјект на пазарното
работење може да се објасни со голем број причини. Како позначајни причини за
постоењето на претпријатието се наведуваат причините кои ги истакнуват предностите
на заедничкиот труд во споредба со индивидуалниот труд. Најзначајни предности од
заедничкиот труд во претпријатието се (Jones, 2001: 38):
o Поделба на трудот и специјализацијата на вработените;
o Поголемо користење на техниката и технологијата;
o Полесно управување со надворешното окружување;
o Смалување на трансакциски трошоци;
o Поттикнување и добра контрола.
Поделба на
трудот и
специјализацијата
на вработените

Поголемо
Поттикнување и користење на
добра контрола. техниката и
технологијата

Полесно
Налување на
управување со
трансакциски
надворешното
трошоци
окружување

Слика 2.1. Предности од заедничкиот труд во претпријатието


Извор: Jones G. R. (2001).
Во секојдневниот живот и разговор помеѓу луѓето, секој поединец создава
сопствена визија или слика за она што може да претставува претпријатието.
Вообичаено кога ќе се каже зборот претпријатие се мисли на систем или целина која се
состои од градби, згради, производствените погони, различни видови машини, различни

30
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

видови суровини и човечките ресурси, односно индивидуите кои работат во


претпријатијата. Тоа се видливите елементи кои го сочинуваат претпријатието. Во
реалното работење претпријатијата се соочуваат со голем број на активности кои го
сочинуваат системот наречен претпријатие. Во претпријатието најчесто се реализираат
најразличен вид активности, на пример: набавка на потребните ресурси (суровини,
материјали, машини, човечки ресурси и сл), начин на организација на производствениот
процес, продажбата на готови производи.
Во процесот на отпочнување со работа и функционирањето претпријатијата се
соочуваат со најразлични видови проблеми - економски, технички, организациски,
финансиски, кадровски, социјални и друг вид проблеми. Од големо влијание во
работењето на претпријатието се внатрешните меѓучовечки односи кои значително
влијаат на функционирање на претпријатието. На сликата 2.1. се прикажани
најзначајните предности од заедничкиот труд во претпријатието.

1.2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Во текот на работењето претпријатието како организациски облик на
извршување на одредена деловна активност минува низ различни етапи на
трансформација во зависност од развојниот процес и ги менува своите основни
карактеристики како резултат на промена на структурата, различни функции и целите
во работењето.
Современиот тип на претпријатие многу се разликува од претпријатијата кои
функционирале во минатото познати како класична форма на претпријатие. Со текот на
работењето во последните децении од дваесеттиот век се извршени темелни проемни
во основата на функционирањето на претпријатието, во неговата внатрешна
организација и во механизмот и динамиката на функционирање на вкупните односи. Во
основа промените се јавуваат како резултат на брзиот современ и интензивен развој на
науката и технологијата. Како резултат на брзиот развој на методите и процесите на
деловното работење, кои секое современо претпријатие ги користи во работењето,
системот на прибирање, обработка и размена на информации, методите на донесување
одлуки, примената на современата технологија, го прават современиот тип на
претпријатие сосема различно од класичниот или традиционален тип на претпријатие.
Развојот на науката и технологијата се присутни во секој сегмент од
општественото живеење, во сите деловни активности кои се случуваат во
претпријатијата, во производствените процеси, услужните процеси и сл., како и во
останатите процеси и други видови функции, трговски, финансиски, истражувачко-
развојната функција и сл. Современите претпријатија доколку сакаат да опстанат во
диманичното и турбулентно окружување, неопходно треба да се прилагодат на развојот
и трендовите на науката и технологијата и на нивните достигнувања и очекувани
движења во иднина.
Развојниот процес, промените, како и развојот на претпријатието со текот на
времето кои се случуваат кај претпријатијата, придонесуваат за определување на
основните карактеристики на претпријатието. Според Ерик Гутенберг претпријатието се
карактеризира со следните карактеристики:
o Претпријатието претставува систем на комбинација на производствените
фактори во кои се остваруваат одредени учиноци;
o Претпријатието претставува систем на комбинација и трансформација на
производствените фактори со почитување на принципот на економичност и
o Претпријатието како систем кој работи заради осигурување на економскиот
опстанок, работи врз основа на начелото на финансиска рамнотежа, односно
од приходите на своите учиноци мора да ги покрива своите расходи.
Од голема важност во работењето на претпријатието според Гутенберг имаат
следните различни начини кои се применуваат во работењето:

31
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Начело на автономија - претпријатието е самостојно во одредувањето на
o
својата дејност;
o Начело според кое единствено сопствениците на капиталот посредно или
непосредно одлучуваат и
o Начело на стопанисување заради максимилизирање на профитот.
Врз основа на погоре наведените карактеристики Гутенберг го дефинира
претпријатието како сложен, пазарен систем.
Претпријатието како основен пазарен субјект се карактеризира со следните
карактеристики (Даутовиќ, 1965: 40):
o Претпријатието претставува сложен систем и
o Претпријатието е општествено-економска и историска категорија.
Основните карактеристики на претпријатието се прикажани на сликата 2.2.

претпријатието е општествено-
претпријатието претставува
економска и историска
сложен систем
категорија

Слика 2.2. Основни карактеристики на претпријатието


Извор: Даутовиќ. (1965).
Првата карактеристика, односно определувањето на претпријатието како сложен
систем, укажува на тоа дека претпријатието претставува целина од меѓусебно поврзани
односи. Сложениот концепт на функционирање на претпријатието упатува на тоа дека
претпријатието како систем се состои не само од зградите, машините, суровините и
човечките ресурси, туку и функционирањето на претпријатието е поврзано со различни
процеси и односи, како резултат на што се јавуваат различни проблеми кои треба да се
решаваат на соодветен начин. Претпријатието како сложен систем е прикажано на
сликата 2.3.

РЕСУРСИ ПРОЦЕСИ ОДНОСИ

Слика 2.3. Претпријатието како сложен систем


Извор: Горупиќ. (1990).
Втората карактеристика, односно определување на претпријатието како
општествено-економска и историска категорија, укажува на менливоста на
претпријатието, природниот процес на менување и усовршување и општествено
економска условеност од развојот на производствените сили и производствените
односи. Развојот на општеството придонесува за развој на самата форма и начин на
организација на претпријатието. Развојната тенденција во определување на
карактеристиките на претпријатието придонесува на едноставен начин да се објаснат
различните дефиниции за претпријатието кои се поврзани и условени со различните
степени на неговиот развој и истовремено на едноставен начин да се разберат етапи
во развојниот процес на претпријатието во Македонија.

1.3. ПРЕДМЕТ ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Со текот на работењето, во последните децении од дваесеттиот век се извршени
темелни промени во основата на функционирањето на претпријатието, во неговата
внатрешна организација и во механизмот и динамиката на функционирање на вкупните
односи.
Претпријатието како основна форма на организација на пазарна активност,
минува низ одредени етапи во процесот на развој. Сето тоа придонесува за појава на
различни дефиниции за претпријатието, односно секој автор различно го дефинира

32
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

претпријатието. Различните дефиниции за претпријатие придонесуваат за разликите во


определување на значењето кое го има претпријатието за општествената заедница.
Преку дефинирањето на претпријатието, всушност, поимно се определува и објаснува
концептот на претпријатието.
Во продолжение ќе биде даден хронолошки приказ на различните дефиниции за
претпријатие почнувајќи од поимното определување на претпријатието во почетокот на
развојот на општеството или т.н. период на индустриска револуција, па сѐ до
совремниот пристап во поимното определување на претпријатието.
Во период на индустриската револуција, во почеток на развој на капитализмот,
поимот претпријатие е дефиниран во широки граници од страна на граѓанските
економисти. Така францискиот економист Курсел-Сенеј (Courcelle-Seneuil) го дефинира
претпријатието како човечка активност која ја средува употребата на разни сили за
остварување на одредена цел (Даутовиќ, 1965: 39).
Ваквиот начин на поимно објаснување на претпријатието е карактеристичен за
претпријатијата кои функционирале во периодот на манифактурата и ситното
индустриско производство. Наведената дефиниција не ги прикажува карактеристиките
на современ тип претпријатие.
Современото поимно определување на претпријатието се заснова на факторот
што носителот на деловната активност, односно претприемачот, односно сопственикот
на претпријатието, врз основа на своето право на сопственост самостојно одлучува за
преземање на одредени активности во претпријатието и го прифаќа ризикот за тоа.
Имајќи ги предвид правата на сопственикот, францускиот економист Ансијо (Ansiaux)
смета дека „претпријатието во прв ред е една личност или група луѓе кои располагаат
со средства за производство и кои ги примаат врз себе ризиците на функционирање на
претпријатието“ (Даутовиќ, 1965: 39).
Некои објаснувања за претпријатието при поимно определување се обидуват да
ја објаснат и неговата социјална страна, интерните односи и интересите на субјектите
вклучени во фунционирањето на претпријатието. Од овој аспект претпријатието
најдобро го објаснува Хајнен (Heinen) кој истакнува дека „стопанските организации не
се творби на кои било апстрактни производствени фактори, туку социјални системи во
кои луѓето со употреба на технички помагала заедно работат со поделба на трудот,
кооперација заради остварување на целите на организацијата и на сопствените цели“
(Горупиќ,1990: 56).
Од современите дефиниции преку кои поимно се определува претпријатието, се
издвојува концепцијата на Питер Дракер (P. F. Drucker). Поаѓајќи од маркетинг
концепцијата, Дракер претпријатието го дефинира од аспект на купувачот, односно од
маркетинг концепцијата, а тоа е дека претпријатието има само една единствена цел -
создавање пазар. Под создавање пазар Дракер подразбира создавање купувачи, па тој
претпријатието го дефинира на следниот начин: Купувачот е основа на претпријатието.
Тој го одржува во живот. Тој е всушност „работодавач“ (Drucker, 1961: 48-49).
Во ова објаснување и поимно определување на претпријатието се зема предвид
маркетинг концепција, според која во центарот на вниманието на претпријатието е
потрошувачот и неговите потреби и желби. Поентата и изразеното внимание кон
потрошувачот се јавува како резултат на засилените конкурентни движења и
зголемувањето на понудата на производи и услуги. Тоа го менува и основниот концепт
на работа на претпријатијата. Во периодот меѓу двете светски војни претпријатијата беа
производствено ориентирани и секое претпријатие беше насочено кон тоа да го
продаде она што го произведува. Но веднаш по втората светска војна, а посебено
изразено последните децении, централно место во работењето на претпријатијата има
маркетинг концепцијата, а тоа значи креирање на понуда според желбите на
потрошувачите или да се произведе она што го бара пазарот. Затоа истражувањето и
утврдувањето на потребите на пазарот стана толку важно за современото претпријатие,
што некој американски индустријалец изјавил дека „подобро е да имаш пазар во раце,
отколку индустрија“ (Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 56).

33
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Врз основа на различните објаснувања и пристапи во објаснувањето на
претпријатието, некои автори прават обид да ги спојат сите различни објаснувања. Во
продолжение претпријатието ќе биде објаснето со опфатеност на сите аспекти. Така
имајќи ги предвид основните карактеристики, се смета дека „современото претпријатие
како економска структура претставува збир на луѓе кои користејќи ги средствата за
производство со своите организирани активности извршуваат одредени функции во
процесот на општествената репродукција во својство на организирана самостојна
економска целина“ (Костиќ, 1994: 51).
Различните објаснувања за претпријатие упатуваат на тоа дека таа
организациона форма може да се објасни на следниот начин: Претпријатието како
основен субјект на пазарното работење претставува основна самостојна единица за
организирање на деловна активност. Како деловен субјект претпријатието е насочено
кон производство на производи и нуди услуги наменети за пазарот и истовремено
претставува самостојна стопанска и техничко-технолошка целина во сопственост на
одредени субјекти. Организирањето и извршувањето на деловната активност има цел
да остварува профит, но и да презема ризик во работењето.

1.4. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО КАКО СИСТЕМ


Различните објаснувања за претпријатието укажуваат на различни обележја или
карактеристики. Но заеднички елемент во различните аспекти на објаснувања за
претпријатие е објаснувањето дека претпријатието функционира како систем кој се
состои од меѓусебна поврзаност и усгласеност на составните елементи кои ја
сочинуваат структурата на претпријатието.
Успешното функционирање на претпријатието се случува како резултат на тоа
што претпријатието претставува една целина од следните елементи:
o Претпријатието претставува основен облик на организирање на деловна
активност;
o Претпријатието претставува самостоен стопанско-деловен систем;
o Претпријатието претставува организационен облик со однапред дефинирана
сопственост;
o Претпријатието функционира со цел да ги задоволи потребите на
потрошувачите;
o Претпријатието во зависност од дејноста што ја извршува користи соодветни
ресурси;
o Претпријатието работи со цел да оствари профит и да реализира други
економски и општествени цели ;
o Функционирањето на секое претпријатие е поврзано со ризик.
Во продолжение ќе бидат објаснети елементите кои влијаат претпријатието да
функционира како целина, систем.
Претпријатието претставува основен облик на организирање на деловна
активност упатува на тоа дека во општествената определба на трудот претпријатијата
се оние субјекти кои ја создаваат понудата и придонесуваат да се задоволат одредени
потреби на пазарот, како на пример да се произведат одредени производи за основните
потреби за храна, облека, елементи за домаќинставта, лекови и сл. Во услови на
пазарна економија и воспоставени пазарни односи, претпријатијата на организиран
начин извршуваат соодветна деловна активност.
Претпријатието претставува самостоен стопанско-деловен систем -
упатува на тоа дека секое претпријатие е самостојно во своето работење од економски
и правен аспект.
Економската самостојност на претпријатијата подразбира можност за
самостојно донесување одлуки за работењето и избор на типот и видот, квантитетот и
квалитет на производите и услугите кои ќе ги произведува и нуди, независно и
самостојно донесување на одлуки за набавка на потребните ресурси, независно и

34
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

самостојно да донесува одлуки за настап на пазарот и продажба на производите, како


и самостојно донесување на одлуки за распределба на профитот или евентуално
надоместување на загубата. Со еден збор, економската самостојност значи независно
и самостојно донесување на секоја одлука која е поврзана со работењето на
претпријатието.
Правната самостојност на претпријатието е изразена преку правниот
идентитет на претпријатието, односно, упатува на тоа дека претпријатието претставува
правно лице. Како субјект со определена правна форма, претпријатието е носител на
сите права и обврски во правниот промет и самостојно одговара и воспоставува
деловни односи со други претпријатија. Како правен субјект, претпријатието има
сопствен имот, фирма, назив, седиште, сметка (во зависност од потребите
претпријатието може да има повеќе сметки, односно да има отворено сметки во повеќе
деловни банки), определен предмет во работење - основна дејност (со текот на
работење основната дејност може да се менува) и органи на управување, односно
раководење или менаџмент структура. Секое претпријатие може да има и посебни
организациони единици кои немаат својство на посебно правно лице, туку
функционираат во рамки на претпријатието. Тоа значи дека организациските единици,
односно деловите на претпријатието не се самостојни во работењето и претпријатието
како деловен систем е носител на правниот субјективитет и како таква целина настапува
во правниот промет.
Во деловното окружување како независен деловен субјект претпријатието
настапува со својот интегритет и ги извршува сите функции и активности поврзани со
дејноста која ја извршува. Во текот на работењето претпријатието ги организира сите
деловни процеси во согласност со определените цели на работење и сопствените
потребите.Секогаш во извршувањето на деловните активности, претпријатието работи
и настапува во согласност со законската регулатива, добрите деловни обичаи и
моралните вредности.
Претпријатието претставува организационен обилик со однапред
дефинирана сопственост значи дека сопстевноста на претпријатието е однапред
дефинирана и дека претпријатието е во сопственост на одредени субјекти, индивидуи
или правни ентитети.
Тоа значи дека како сопственици на претпријатието може да се сретнат различни
субјекти, односно, постои т.н. плурализам на сопственоста претпријатието. Различните
типови на сопственост значат и постоење и функционирање на различни видови
(типови) претпријатија.
Во Македонија во зависност од видот на сопственоста определени се следните
видови претпријатија:
(1) Претпријатија во приватна сопственост;
(2) Претпријатија во државна сопственост;
(3) Претпријатија во задружна сопственост и
(4) Претпријатија во мешовита сопственост.
Сите аспекти на функцинирање на претпријатието во Република Македонија се
уредени со Законот за трговски друштва (Службен весник на РМ 28/04). Со овој закон
се уредуваат: трговецот според дејноста, формата, природата, обемот на дејноста и
уписот во регистарот (Закон за трговски друштва, Службен весник на РМ 28/04, член 5)
Претпријатието функционира со цел да ги задоволи потребите на
потрошувачите упатува на тоа дека претпријатието производи и услугите кои ги нуди
ги создава за задоволување на одредени потреби на пазарот, односно создава понуда.
Бидејќи на пазарот се врши вреднување на работата на претпријатието, резултатот од
работењето зависи од способноста на претпријатието да произведе производи и понуди
услуги кои најбрзо и најдобро можат да се продадат и кои се потребни и барани на
пазарот. А тоа се поврзува со маркетинг концепцијата во работењето и
претприемничкото однесување на претпријатијата. За да можат да се однесуваат
претприемнички, претпријатијата треба да имаат имплементирано флексибилна

35
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
организациска структура со цел брзо да реагираат на брзите промени на пазарот и
потребите на потрошувачите. Иновацијата претставува активност која ги променува
постоечките ресурси. Во суштина претприемништвото е содржано во иновациите
(Drucker,1991: 74).
Претприемничко насочено претпријатие значи флексибилно однесување и
континуирано истражување на состојбите на пазарот, постојано воведување на нови
форми на работа, нови идеи, програми и проекти, организациски и деловни иновации и
преземање висок ризик и неизвесност во работењето. Степенот на застапеноста на
иновацијата, преземање ризик, слободата и независноста во дејствувањето на
претприемачот ја определува претприемничката активност на претпријатијата.
За да ја реализира својата деловна активност претпријатието во зависност од
дејноста што ја извршува користи соодветни ресурси. Преку набавка, ангажирање
и ставање во функција на соодветните ресурси (средства за работа, предмет за работа
и човечки ресурси) претпријатието презема соодветен ризик во работењето од аспект
на пропаѓање на вложените средства и капитал. Освен финансиските ризици, односно
финансиска загуба, како можни ризици при започнување со претприемничка активност
се издвојуваат следниве:
o Ризик од уништување на кариерата на деловниот потфат;
o Ризик од психички заболувања и сл. и
o Ризик од занемарување на фамилијата и сл. (Магдинчева-Шопова. 2012: 35).
Претпријатието работи со цел да оствари профит и да реализира други
економски и општествени цели во основа произлегува од основата на
функционирањето на претпријатието во економските системи. Традиционалниот тип на
претпријатие кое функционира со единствена цел, а тоа е остварување на профит, а
современото претпријатие, покрај остварувањето на профит функционира, да остварува
и реализира други економски и општествени цели, преку кои се остваруваат пошироки
интереси и цели од интересите на самото претпијатие и неговите сопственици.
Пошироките општествени интереси се задоволуваат на тој начин што
претпријатието произведувајќи одредени производи и вршејќи одредени услуги
задоволува одредени потреби на потрошувачите. Самиот начин на производство и
реализација на пазарот придонесува за остварување на профит, плаќање на придонеси
и даноци на државата со што државата обезбедува средства неопходни за покривање
на општите и заеднички потреби. Со други зборови кажано, државата обезбедува
средства за креирање јавна потрошувачка и обезбедува извор на финансирање на
државните расходи изразени преку трошоци за државната администрација,
обезбедување на образование, здравствени услуги, култура и др. државни трошоци.
Човечките ресурси кои се ангажирани во претпријатијата за својата работа
добиваат плата што од една страна претставува трошок за сопственикот на
претпријатието односно самото претпријатие, но од друга страна е награда за трудот
кој го вложуваат човечките ресурси.
Претпријатието ги задоволува и своите потреби, односно ги остварува своите
основни цели преку реализацијата на пазарот и остварувањето на специфичните
интереси на државата и човечите ресурси.
Како основни цели во работењето на претпријатието се издвојуваат следните:
o Примарна економска цел – остварување на максимална добивка, односно
профит;
o Секундарна економска цел – осигурување на опстанок и развиток на
претпријатието;
o Економски цели на државен, односно општествен план – производство на
производи и услуги и задоволување на потребите на потрошувачите, отварање
на нови работни места и развој на стопанството на земјата;
o Општествени цели – постигнување на задоволството на работниците по однос
на висината на платите и положбата во одлучувањето во претпријатието и
остварување на интересите на потрошувачите и државата (навремено
исполнување на договорените обврски, производство на квалитетни и потребни

36
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

производи, редовно и целосно плаќање на даноците и придонесите,


договорениот однос кон заштитата и чувањето на работната и животната
средина на човекот и сл.) (Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 60).

1.5. ФАКТОРИ КОИ ЈА ОПРЕДЕЛУВААТ ГОЛЕМИНАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Големината на претпријатието, претставува функција на влијание на поголем
број фактори. Меѓу нив најголемо значење имаат:
1. Карактерот на технолошкиот процес;
2. Пазарот на кој се продаваат готовите производи;
3. Организацијата на претпријатието и
4. Специфичните фактори на големината чие дејство доаѓа до израз во одделни
стопански дејности и гранки.
На сликата 2.4. се прикажани факторите кои имаат најголемо влијание за
определување на големина на претпријатието.

Карактерот на технолошкиот процес

Пазарот на кој се продаваат готовите


производи

Организацијата на претпријатието

Специфичните фактори на големината чие


дејство доаѓа до израз во одделни
стопански дејности и гранки

Слика 2.4. Факторите кои влијаат на големината на претпријатието


Извор: Милисављевиќ & Тодоровиќ. (1998).
Во продолжение ќе бидат објаснети секој од наведените фактори.
1. Карактерот на технолошкиот процес влијае на големината на
претпријатието. Постојат претпријатија кои според карактеристиките на процесите
што се организираат во нив можат да се формираат единствено како големи
претпријатија. На пример, производството на нафта, автомобили, црна металургија,
цемент, шеќер, вештачки ѓубрива и сл., не може да биде рентабилно во рамките на
малите и средните претпријатија. Затоа претпријатијата од овие области бараат големи
инвестициони вложувања и можат да се формираат исклучиво како големи
претпријатија. За разлика од нив претпријатијата од лесната индустрија (на пример
текстилната) можат да се формираат и успешно да работат и како мали и како големи
претпријатија во зависност од влијанието на другите фактори.
2. Водечка карактеристика на современото претпријатие е маркетинг-
концепција на организирање и функционирање. Суштината на маркетингот е
поставување на потребите и барањата на потрошувачите и на пазарот во центарот на
сите активности на претпријатето. Во овие рамки и големината на претпријатието и
димензионирањето на неговиот капацитет мора да внимаваат за апсорпционата моќ на
пазарот на готови производи, но и за условите за обезбедување на потребните
материјални ресурси на пазарот за набавка. Така, доколку можностите за пласман се
добри, може да се основа и да работи и поголемо претпријатие. И обратно, ако
состојбата на пазарот е неповолна, со можност за нејзино влошување, и тоа на подолг

37
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
рок, најдобро е да се формира мало претпријатие кое и во такви неповолни услови би
можело успешно да работи.
3. Влијанието на организацијата врз големината на претпријатието е ограничено
со технолошки карактеристики на производството и влијанието на пазарот. Но, со
примена на оптимални организациони методи може да се постигне подобро
искористување на капацитетот и да се зголеми рентабилноста. Организацијата на
претпријатието треба еластично да биде поставена, да може да се прилагоди на
промените кои можат да настанат како последица на низа надворешни или внатрешни
влијанија.
4. На големината на одделни претпријатија влијаат и т.н специфични фактори.
На пример, на претпријатијата од екстрактивната индустрија (рударство, шумарство и
сл.) големината е одредена од залихите на потребните суровини или пак големината на
хидроелектричните централи од силата на водената енергија. Потоа, големината на
некои претпријатија од прехрамбената индустрија ја детерминираат исто така
суровинските извори како што е случајот со фабриките за шеќер, масло и сл.
Специфичен услов на големината чие дејство е особено изразено при
формирањето на големите претпријатија претставуваат финансиските можности на
сопствениците – претприемачи кога пристапуваат кон основање на ново претпријатие
или кон проширување на друго претпријатие што постои. Тоа значи дека секоја одлука
со која се одредува големината на претпријатието мора да го има предвид и
финансискиот аспект на нејзиното остварување. Доколку тоа не биде направено,
доколку за предвидените инвестициони вложувања не се обезбедат соодветни извори
на средства, дотолку посакуваниот стопански објект ќе остане само во сферата на
нашите желби, без реални можности да се изгради и да функционира во догледно
време.
Секое претпријатие настојува да се доближи до т.н. оптимална големина.
Оптималната големина на едно претпријатие е големина што дава можност за
оптимално користење на капацитетот и за рационално делување по најниски трошоци
по единица производ.

2. ВИДОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Претпријатијата кои постојат во современото стопанство можат да се
категоризираат според различни критериуми. Примарна категоризација на
претпријатијата е: според големината и според правниот облик, што пак не значи дека
претпријатијата не можат да се категоризираат и според други критериуми.
Според карактеристиките на трансформациониот процес претпријатијата се
диференцираат на производствени, трговски и услужни. Поаѓајќи од оваа основна
поделба на претпријатијата, во зависност од специфичните карактеристики на
трансформационите процеси условени од дејноста на овие претпријатија, тие понатаму
може да се диференцираат на потесни групи.
Според големината, претпријатијата се диференцираат на мали, средни и
големи. Од оваа група на мали претпријатија може да се издвојат сосема мали
претпријатија кои се нарекуваат микро претпријатија.
Правниот облик на претпријатијата е одреден со позитивните законски прописи.
Вообичаен правен облик на претпријатие во земјите со пазарно стопанство е обликот
на трговско друштво кое може да функционира преку еден од следните облици:
командитно друштво, друштво со ограничена одговорност, акционерско друштво и
командитно друштво со акции. Покрај овие облици на претпријатија, во сите земји се
среќаваат и јавни претпријатија како посебен облик на извршување на дејности од јавен
(општ) интерес.
Примарна категоризација на претпријатијата што ја извршуваат според
карактеристиките на трансформациониот процес е на: производствени, трговски и
услужни претпријатија.

38
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2.1. ВИДОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СПОРЕД ГОЛЕМИНАТА


Според големината претпријатијата се диференцираат на мали, средни и
големи. Поради непостоењето јасни критериуми за диференцирање на претпријатијата
по големина, често пати претпријатијата од средна големина кои имаат карактеристији
на мали и големи претпријатија, се исклучуваат од класификацијата.
Поделбата на претпријатијата на мали, средни и големи е од особено значење
како за економиката на претпријатјата, така и за националната економија со која со
мерките на макроекономската политика треба да создаде поволен институционален и
деловен амбиент за нивно работење и развој.
Освен проблем кај диференцирањето на претпријатијата според големината е
изборот на индикатори (мерила) за големина. Најчесто големината на претпријатијата
се изразува преку бројот на вработени, големината на средствата (капиталот) со кој
располага претпријатието, висината на вкупниот приход на претпријатието, висината на
профитот и сл. Проблем кој може да се манифестира кога се земаат поединечни
индикатори за големината е избраниот критериум да не ги респектира специфичните
карактеристики на одделните претпријатија, а со тоа и да не ја изразува вистинската
големина на претпријатието.Така на пример, ако се земе бројот на вработените како
индикатор за големина на претпријатието, тогаш претпријатијата кои функционираат во
капитално интензивните дејности можат да бидат класифицирани како мали иако
располагаат со огромен капитал и создаваа голем приход и профит.
Врз основа на овој индикатор претпријатијата за дистрибуција на гас или
хидроелектраните би биле класифицирани во мали претпријатија, само затоа што
вработуваат мал број работници иако по сите останати индикатори тоа се големи
претпријатија. И обратно, ако индикатор за големина се земе висината на капиталот со
кој располага претпријатието, тогаш претпријатијата од трудоинтензивните дејности
(претпријатија од текстилна индустрија) би биле класифицирани како мали, иако според
останатите индикатори може да се сметааат за големи.
Освен изборот на индикатори за големината значаен проблем при
диференцирањето на претпријатијата според големината е и висината на граничните
вредности на избраните индикатори. Со други зборови, тоа би значело на пример, колку
вработени треба да има едно претпријатие за да се смета за мало или средно и колкава
треба да биде вредноста на средствата на претпријатието да се смета за големо?
Висината на граничните вредности на индикаторите на големината на претпријатијата
треба да биде различна за одделни индустриски гранки бидејќи на пример: мало
претпријатие од машинската индустрија може да биде средно, дури и големо
претпријатие во текстилната индустрија.
Имајќи го предвид значењето на поделба на претпријатијата по големина, како и
проблемот на избор на поединечни индикатори на големината во различни земји,
индикаторите за поделба се различни во зависност од нивната стопанска развиеност и
од дејноста на претпријатијата кои се класифицираат. Во таа смисла се и разните
поделби што се среќаваат како во теоријата така и во практиката, во кои се користат
различни индикатори во различни стопански гранки или пак комбинација од повеќе
индикатори на големината.
Комбинацијата на повеќето индикатори за дефинирање на малите претпријатија е
карактеристика на дефиницијата предложена од американскиот Комитет за стопански
развиток (Committee for Economic Development). Според неа, едно претпријатие за да се
смета за мало треба да исполни два од следните четири критериуми:
1. Сопственикот на претпријатието самостојно да управува со претпријатието;
2. Капиталот за работење на претпријатието да го обезбедува поединец или мала
група на луѓе;
3. Претпријатието според дејноста да има локален карактер;
4. Според основните индикатори за големина (број на вработени, вредност на
капиталот, приход и сл.) претпријатието да е помало од другите претпријатија

39
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
кои функционираат во истата гранка. (Committee for Economic Development,
2004).
Сличен пристап на комбинирање на повеќе индикатори за диференцирање на
претпријатијата по големина усвоила и Европската унија. Според дефиницијата на
Европската комисија (European Commission), која се применува од 1 јануари 2005
година, подрачјето на малите и средни претпријатија содржи:
o Микропретпријатија – од 0 до 9 вработени,
o Мали претпријатија – од 10 до 49 вработени и
o Средни претпријатија – од 100 до 249 вработени (Commission European of the
European Comunities, 2005:7)
Во табелата 2.1. даден е приказ на претпријатијата според големината и бројот
на вработени:
Табела 2.1. Претпријатија според големина и број на вработени
Вид на претпријатие Број на вработени
Микропретпријатие 0-9
Мало претпријатие 10 - 49
Средно претпријатие 100 - 249
Извор: Закон за трговски друштва (Службен весник на РМ 28/04)
Покрај бројот на вработени во дефиницијата се содржани и други критериуми.
Така, микропретпријатијата имаат годишен приход од 2 милиони евра и вредност на
вкупните средства не поголем од 2 милиони евра. Малите претпријатија имаат годишен
приход и вредност на вкупните средства не поголем од 10 милиони евра. Средните
претпријатија имаат годишен приход до 50 милиони евра и вредност на вкупните
средства до 43 милиони евра.
Покрај овие критериуми, претпријатието за да има статус на микро, мало или
средно, мора да биде независно, што значи дека повеќе од 25% од капиталот или од
правата на управување не смее да биде контролирано од јавни институции.
Во Македонија со донесувањето на Законот за трговски друштва е прифатена
нова класификација на трговците според нивната големина и тоа на: микро, мало,
средно и големи претпријатие. Според член 470 од Законот за трговските друштва за
микротрговец се смета трговец кој во секоја од последните две пресметковни години,
односно во првата година од работењето, ги задоволил следниве два критериума:
o Просечниот број на вработени, врз основа на работни часови, да е до 10
работници и
o Бруто-приходот остварен од трговецот од кој било извор да не надминува 50.000
евра во денарска противвредност.
Мал трговец е трговец кој во секоја од последните две пресметковни години,
односно во првата година од работењето, задоволил најмалку два од можните три
следни критериуми и тоа:
o Просечниот број на вработени, врз основа на часовите на работа, да е до 50
работници;
o Годишниот приход да е помал од 2 милиона евра во денарска противредност и
o Просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на
вкупни средства (во активата) да е помала од 2 милиони евра во денарска
противредност.
За среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две
пресметковни години, односно во првата година од работењето задоволил најмалку два
од можни три следни критериуми и тоа:
o Просечниот број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250
работници;
o Годишниот приход да е помал од 10 000 000 евра во денарска противредност и

40
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на


o
вкупни средства (во активата) да е помала од 11 000 000 евра во денарска
противредност (Закон за трговски друштва, Службен весник на РМ бр.28/04: 470).
Во поглед на детерминирањето на малите и средни претпријатија постојат
неколку карактеристични типа на мали и средни претпријатија присутни во секоја
стопанска структура:
o Традиционален тип на мали и средни претпријатија во кои спаѓаат
претпријатијата од областа на занаетчиството, трговијата,
угостителството и градежништвото;
o Супконтракторски тип на претпријатие кој опфаќа претпријатија
поврзани во синџирот на производство како добавувачи на суровини,
делови и други производи што се монтираат во рамките на големите
претпријатија;
o Претпријатија од современ тип кои се високо инвентивни, а припаѓаат
во областа на информатиката, комуникациите, електрониката и сл.

2.1.1. Мали претпријатија


Поголемиот број претпријатија во секоја економија се мали претпријатија. Во
оваа група на претпријатија се вклучува голем број различи претпријатија од сосема
мали во кои работат само нивните сопственици, сами или со членовите на семејството,
до значително големи претпријатија кои со своите карактеристики ги зближуваат кон
претпријатијата со средна големина.
Големото значење на малите претпријатија се огледа во улогата која овие
претпријатија ја имаат во зголемувањето на вработеноста, диверсификацијата на
стопанската структура, иноватинвата активност, техничкиот прогрес, реализацијата на
одредени општествени цели и сл. Со малите претпријатија се поврзува и поимот на
претприемништво затоа што претприемачките идеи најчесто се реализираат со
формирање нови претпријатија. Од друга страна пак. претпиемништвото не треба да се
врзува само за новоформираните, односно малите претпријатија, бидејќи како движечка
сила тоа е еднакво присуство во сите претпријатија.
Во принцип малите претпријатија може да се формираат во кој било облик на
трговско друштво (командитно, друштво со ограничена одговорност и сл.) и во облик на
претприемнички единици. Во овој облик делуваат скоро сите занаетчиски и трговски
дуќани, лекарски ординации, адвокатски канцеларии, агенции за нудење на различни
услуги, угостителски објекти и сл.
Иако во групата на мали претпријатија се вбројуваат различни претпријатија, од
многу мали претпријатија формирани поради самовработување на своите сопственици,
до динамични мали претпријатија кои вработуваат десетина вреботени, вложуваат
значителни средства во развој на нови производи и извезуваат поголем дел од своето
производство , можат да се извлечат одредени карактеристики, односно предности и
слабости кои се манифестираат во нивното функционирање.
Предностите на малите претпријатија се многубројни:
o Предноста на малите претпријатија доаѓа до израз во дејноста што нудат лични
услуги, како на пример: лекарски и фризерски услуги, консултантски услуги и сл.,
во кои се воспоставува непосреден контакт на давателот со корисникот на
услугата што од своја страна влијае на квалитетот на услугата и на
задоволството на корисникот, што не е случај кај големите претпријатија;
o Многу мали претпријатија работат во дејности кои имаат ограничени можности
за пласман на пазарот. Ограниченоста на пазарот може да е последица на мала
побарувачка на поширокиот пазар, предизвикана на пример од локално значење
на производот или поради тоа што вредноста на производот не поднесува високи
транспортни трошоци;

41
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Во малите претпријатија често се произведуваат производи кои бараат посебна
прецизност во изработката (на пример производството на лабораториски уреди,
музички инструменти, прецизен алат и сл.) каде е потребна постојана и
непосредна контрола на процесот на производството. Непосредната контрола
претпоставува непосреден менаџер да контролира мал број, најчесто три до
четири работници. Исто така, малите претпријатија произведуваат производи
чија обработка бара посебни знаења, вештини или уметнички талент кои ги
поседуваат мал број на луѓе;
o Малите претпријатија имаат предност и во производството на поединечни
производи или производи во мали серии, поради што често пати произведуваат
некои ексклузивни производи;
o Една од предностите на малите претпријатија е и нивната флексибилност,
односно способноста за брзо приспособување на промените во средината.
Флексибилноста на малите претпријатија е последица на бројни фактори како
што се: понепосредните врски со пазарот, неформалната организација која
овозможува брзо донесување одлуки и нивно спроведување, користење на
универзални средства за работа, понизок степен на специјализација на
вработените и сл.;
o Малите претпријатија имаат предност и во областа на управувањето на
човечките ресурси како резултат на помалиот број вработени и понепосредниот
однос помеѓу споственикот и вработените. Во помал колектив луѓето се
идентификуваат со претпријатието и се подготвени да вложуваат и
дополнителни напори во функцијата на реализација на целите на
претпријатието. Бидејќи сопствениците на малите претпријатија по правило се
менаџери, тие се повеќе мотивирани од менаџерите на големите претпријатија
ефикасно да управуваат со претпријатието.
Меѓутоа, факторите кои ги условуваат наведените предности на малите
претпријатија можат во исто време да бидат причина за одредени слабости на овие
претпријатија, а тоа се следните:
o Факторите кои придонесуваат за флексибилност на малите претпријатија се
причина за помала ефикасност на малите во споредба со големите
претпријатија. Неефикасноста на малите претпријатија е последица на
поголемите трошоци на производството по единица производ кои пак
настануваат поради честите промени во асортиманот на производите,
поединечното или малосериското производство, недоволната специјализација
на малите претпријатија, користењето на универзални средства за работа,
неразработен технолошки процес, непостоење на јасни процедури, постапки и
правила и сл.;
o Предностите во однос на човечките ресурси, исто така, кај малите претпријатија
можат да бидат сериозен ограничувачки факор. Имено, една од слабостите на
малите претпријатија е големата зависност на овие претпријатија од знаењата,
способностите и другите професионални и лични карактеристики во еден или
мал број клучни луѓе, односно сопственикот и членовите на неговиот потесен
тим. Кои било промени врзани за сопственикот или другите клучни луѓе, како на
пример, повлекување на сопственикот од работа, напуштање на претпријатието
од клучните луѓе во него и сл...можат да доведат до пореметување во
работењето, до сериозни кризи, па и целосно прекинување на работата на
малото претпријатие;
o Поради недоволната поделба на работата и специјализацијата, малите
претпријатија не вработуваат специјалисти за одделни работи, туку се
ориентирани на вработување луѓе кои имаат општи знаења и кои можат успешно
да извршуваат повеќе различни работи. Привлекувањето и задржувањето на
стручни лица во малите претпријатија е мошне тешко бидејќи големите
претпријатија најчесто нудат многу поатрактивни можности за развој на

42
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

кариерата, поголеми плати и дополнителни бенифиции како што е


усовршувањето, дополнителното здравство и пензиско осигурување и сл.,
o Малите претпријатија се среќаваат и со висок пазарен ризик, најчесто поради
фактот што своето работење го базираат на еден или мал број производи, за
разлика од големите претпријатија кои имаат широк асортиман на производи и
кај кои опаѓањето на побарувачката за еден производ може да се компензира со
зголемување на побарувачката за другите производи;
o Еден од посериозните проблеми со кои се соочуваат малите претпријатија е
обезбедувањето на финансиски средства. На малите претпријатија не им се
достапни сите извори на финансирање кои им се достапни на големите
претпријатија, а од достапните извори на финансирање на малите претпријатија
обезбедуваат средства најчесто по неповолни услови од условите кои важат за
големите претпријатија. Бидејќи повеќето мали претпријатија не функционираат
во облик на акционерски друштва, неопходниот капитал не можат да го
обезбедат со продажба на акции на пазарот на капитал. Другите хартии од
вредност кои малите би можеле да ги емитуваат (обврзници, комерцијални
записи и сл) пазарот на капитал не ги прифаќа, пред сѐ поради висок ризик и
нискиот рејтинг на овие претпријатија;
o Банките потешко ги кредитираат малите претпријатија бидејќи ги доживуваат
како несигурни партнери. Дури и кога банките ги кредитираат малите
претпријатија, поради високиот кредитен ризик, во цената на капиталот
вкалкулираат и премија за ризик, така што малите претпријатија добиваат кредит
со поголема каматна стапка од каматната стапка која се наплатува на кредитите
кои им се одобрени на големите претпријатија. И останатите услови се
понеповолни кога е во прашање кредитирањето на малите претпријатија;
o На малите претпријатија им се одобруваат кредити за пократок временски
период или од нив се бараат посебни гаранции дека кредитот ќе биде вратен по
договорените услови;
o Поради проблемите во функционирањето, многу мали новоформирани
претпријатија средствата за финансирање на работењето и развојот ги
обезбедуваат од неформални извори како што се: лична заштеда на
сопственикот, заеми од роднини и пријатели и средства од комерцијални
кредити;
o Дел од малите претпријатија, особено оние кои работат во конјуктурни стопански
гранки, средства за финансирање можат да обезбедат од т.н „фондови на смел
капитал“. Средствата од овие фондови се користат за финансирање на растот и
подобрување на бонитетот на претпријатието за да може да се „отвори“ на
пазарот на капитал, односно за да може да ги продаде своите акции на пазарот
на капитал или да може полесно да биде продадено на големите компании. Со
продажбата на акциите или со продажбата на претпријатието, смелите
капиталисти остваруваат капитална добивка и на тој начин обезбедуват враќање
на инвестираните средства.

2.1.2. Средни претпријатија


Релативноста на индикаторите на големината го отежнува разграничувањето на
средните претпријатија од малите од една страна и големите претпријатија од друга
страна, така што средните претпријатија имаат истовремено карактеристики на мали и
големи претпријатија.
Најголема разлика меѓу малите и средни претпријатија е во организацијата на
трудот, организациската структура и начинот на управување. Додека за малите
претпријатија е карактеристична неформалната организација и едноставната
организациска структура, организациската структура на средните претпријатија
формализирана со повеќе хиерархиски степени по правило е функционална, со

43
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
дефинирани работни места и односи меѓу нив, со утврдени правила и процедура,
формализирани комуникации на вработените и сл. За таа разлика од малите
претпријатија чии проблеми се релативно едноставни и врзани главно за тековното
работење и во кои донесувањето на одлуки е концентрирано кај сопствениците,
средните претпријатија се соочуваат со многу посложени проблеми чие решавање бара
професионално управување со претпријатието. Со растот и развојот на претпријатијата,
односно со прераснувањето на малите претпријатија во средни, се менува природата
на проблемите врзани за управувањето, како и знаењата и вештините потребни за
успешно решавање на тие проблеми.
Со порастот на продажбата, зголемувањето на бројот на вработени во
претпријатието, зголемувањето на капацитетот на производството, усложнувањето на
организациската структура, недостигот од капитал и слично, проблемите стануваат се
посложени и за да можат успешно да се решаваат наметнуваат потреба од промени во
начинот на управување со претпријатието.
Едни од најзначајните промени во управувањето настануваат со
професионализација на управувањето, односно со вработување на професионални
менаџери. Со тоа битно се менува начинот на управување во средните претпријатија,
во однос на управувањето со малите претпријатија. За разлика од сопственикот-
менаџер на малото претпријатие, кој сам управува со претпријатието и непосредно
извршува низа работи, професионалниот менаџер на средното претпријатие
значителен дел од времето кое го има на располагање го посветува на изборот и обука
и мотивирање на своите соработници со цел да ги усогласи и да ги поврзе нивните
активности и да создаде тим на кои ќе може да им пренесе дел од своите овластувања.
На тој начин менаџерот од средното претпријатие се помалку извршува конкретни
рабоит, а се повеќе управува со своите соработници-менаџери.
Со растот на претпријатието расте и потребата за стратегиско планирање и за
воспоставување рамнотежа помеѓу активностите од стратегиски и оперативен карактер.
Со самата распределба на авторитетот на вработените менаџерот го ослободува
своето време и енергија за многу позначајни работи во врска со самото претпријатие.
Претпријатијата што располагаат со доволно средства за активно делување на пазарот
и соодветна менаџмент структура, способни се да донесат стратегискиот план кој е
применлив во практика.
Предноста на средните претпријатија во однос на малите претпријатија е во
големината на пазарното учество, расположивите ресурси, професионализацијата на
управувањето и сл.
Во однос на големите претпријатија, средните претпријатија има предност во
задоволување на специјализираната побарувачка, како и на пазарите на кои
флексибилноста претставува конкурентна предност.
Основната слабост на средните претпријатија по која се многу слични со малите
претпријатија, а според која битно се разликуват од големите претпријатија, се
проблемите во обезбедувањето на потребните финнсиски средства. Проблемите околу
прибавување на средства се појавуваат бидејќи овие претпријатија не се присутни на
пазарот на капитал, главно работат врз основа на позајмени средства, ризикот од
неуспех е постојано присутен кај нив и можеби затоа најчесто банките и другите
финансиски институции не се подготвени да им одобруваат нови кредити. Токму
тешкотиите околу обезбедување капитал се главна пречка за раст и развој на средните
претпријатија. За да ја елиминираат таа пречка, многу средни претпријатија се
реорганизираат во акционерски друштва, со што стекнуваат услови за пристап на
пазарот на капитал. Значителни ефекти овие претпријатија можат да остварат од т.н
економија на обем, во случаите кога снабдуваат повеќе големи претпријатија со исти
производи. Според тоа, флексибилноста и конкурентноста во гранките во кои брзината
и способноста за приспособување се важен услов за ефикасноста, претставуваат
основните компаративни предности на средните претпријатија.

44
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2.1.3. Големи претпријатија


Големината значи можност да се влијае на резултатите, што претставува една од
основните карактеристики на големите претпријатија. Токму од големината и моќта која
ја имаат големите претпријатија произлегуваат и бројните предности кои ги имаат во
однос на останатите претпријатија, а тоа се следните:
o Најзначајната предност на големите претпријатија е предност на т.н економија на
обемот која овозможува производство по пониски трошоци. Економијта на обем е
последица на бројни рационалности кои настануваат во големите претпријатија
како што се: користењето на средства со голем капацитет, пазарни предности,
поефикасно управување, предности во обезбедување на финансиски средства и
сл.;
o Големите претпријатија ги смалуваат своите крупни трошоци по единица производ
преку обезбедување на оптимални залихи на суровини и материјали, резервни
делови и сл. До смалување на просечните трошоци на залихите доаѓа како
последица на користењето на модерните системи на контрола на залихите
базирани на компјутерската технологија која овозможува смалување на залихите,
а со тоа и смалување на трошоците за држење на залихите (трошоците за
складирање, осигурување, трошоци за залихите и сл);
o Една од предностите на големите претпријатија е и економијата на управувањето.
Оваа економија е последица на користење на модерната информациска и
телекомуникациска технологија и сл. Но и фактот дека со растот и развојот на
претпријатието трошоците на управување се зголемуваат помалку во однос на
растот на големината на претпријатието;
o Големите претпријатија имаат значајни предности на пазарот. Поради големото
пазарно учество можат да остварат повисоки цени на своите производи, пониски
просечни трошоци за користење на разни канали на дистрибуција, економска
пропаганда и други трошоци на продажба. Големите претпријатија имаат подобра
позиција и на пазарот на набавка бидејќи набавуваат ресурси по пониски цени и
обезбедуваат пониски просечни трошоци на набавка во споредба со други
претпријатија;
o Меѓу предностите на големите претпријатија се вбројува и обезбедувањето на
финансиски средства и нивно функционирање. Поради значајните средства со кои
располагаат, диверсификацијата на производствената програма, угледот, како и
фактот дека големите претпријатија се најчесто акционерски друштва кои својот
капитал го обезбедуваат на пазарот на капитал и имаат можност да обезбедат
средства од најразлични извори по поповолни услови во однос на другите
претпријатија;
o Предноста на големите претпријатија, особено на сложените, е што може да
организираат интерен пазар на капитал на кој одделните делови на
претпријатието меѓусебно конкурираат за обезбедување на финансиски средства.
Интерниот пазар на капитал може да е многу поефикасен од екстерниот пазар на
капитал бидејќи поради подобрата информираност и пониските трошоци на
одлучувањето се овозможува поефикасно алоцирање на средствата и
поефикасна контрола на нивното користење; и
o Големите претпријатија имаат одредена предност и во истражувањето и развојот.
За разлика од малите претпријатија во кои иновациите во работењето настануваат
како резултат на претприемничкиот талент на самите основачи на претпријатието,
големите претпријатија во своите истражувачко-развојни единици или институти
организирано пристапуваат кон истражување и развој.
Располагајќи со критичната маса на луѓе и средства големите претпријатија
денес се повеќе вршат не само применети и развојни истражувања, туку и
фундаментални научни истражувања. Резултатите од тие истражувања, како што се
нови производи, нови материјали, нови технологии и техники на управување,

45
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
придонесува за одржување и развој на конкурентската предност на големите
претпријатија.
Покрај предностите, големите претпријатија во своето работење манифестираат
и одредени слабости, а тоа се:
o Кај големите претпријатија настануваат проблеми со координирањето и
контролата, пред сѐ поради ограничениот број на подредени кои еден менаџер
може ефиксно да ги контролира. Ако како резултат на растот на претпријатието
бројот на вработени го надмине бројот кој менаџерот може ефикасно да го
контролира, доаѓа до намалување на ефикасноста на работењето. Затоа во
услови на раст на претпријатието и зголемен број на хиерархиските степени во
претпријатието, потребно е да се направи прилагодување на менаџмент
структурата;
o Една од слабостите на големите претпријатија е и сложеноста на организациската
структура. Имено, во услови на комплексна организациска структура текот на
работите обично е доста долготраен, развлечен и бавен во споредба со
организацискиот модел во кој што практично сите одлуки ги донесува еден
претприемач, односно менаџер, што е карактеристично за малите претпријатија.
За да се избегнат овие проблеми најчесто во практиката се применуваат
организациски модели кои значат некој вид комбинација на организирање на мало
и големо претпријатие;
o Структурирање на ваквите организациски модели значи поделба на големите
претпријатија на голем број организациски делови (филијали) кои во своето
функционирање остваруваат висок степен на самостојност;
o Испитувањата на влијанието на големината на претпријатието од иста област на
постигнатите резултати потврдуваат дека резултатите можат, но и не мора да
кореспондираат со големината на претпријатијата. Тоа значи дека во одделни
гранки подобри резултати остваруваат малите или средни претпријатија, додека
во други стопански гранки тоа е случај со големите претпријатија; и
o Според тоа, во анализирањето на проблемот на големината на претпријатието и
на нивното учество во структурата на секое стопанство, битно е да се постави
одредена рамнотежа во однос на големите, средните и малите претпријатија, кои
според своите катактеристики и перформанси меѓусебно се дополнуваат.
Структурните пореметувања предизвикани со намалување на учеството на
одредени видови претпријатија во стопанството битно влијаат на неговата ефикасност
и на економскиот развој. Ако во стопанската структура на една земја дојде до
намалување на бројот на малите претпријатија, тогаш може да се очекува дека во
стопанството ќе недостасува неопходната флексибилност и адаптивност. Од друга
страна пак, доколку во стопанството на една земја нема големи претпријатија, дотолку
не може да се очекува позначителен економски развој. Поради тоа на секоја економија
и се потребни и мали и средни и големи претпријатија.

2.2. ВИДОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СПОРЕД ДЕЈНОСТ КОЈА ЈА ИЗВРШУВААТ


2.2.1. Производни претпријатија
Производствените претпријатија ја извршуваат својата дејност трансформирајќи
ги вложувањата во процесот на производството во производи. Во тој процес
употребните квалитети на вложените ресурси се трансформираат во употребни
квалитети на готовите производи. Од карактеристиките на технолошкиот процес на
производство и производите како резултат на тој процес можат да се извлечат
основните карактеристики на производствените претпријатија.
Пред сѐ, процесот на производство на производи е одделен од процесот на
потрошувачка на производите. По завршување на процесот на производство
производите се складираат и дури откако ќе се продадат на пазарот можат да се трошат.

46
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Дури и во ситуација кога производите се наменети за познат купувач, односно кога


производите веднаш по завршувањето на процесот на производство се испорачиваат
на купувачот или кога производот не може да се складира (на пример, електричната
енергија), ни тогаш трошењето на производот не може да започне пред да се
обликуваат неговите употребни карактернаистики во процесот на производство.
Одвоеноста на процесот на производство од процесот на потрошувачка на производот
им овозможува на производствените претпријатија стандардизација на
производствениот асортиман, специјализација на вработените и развој на нивната
технолошка компетентоност. Производните претпријатија се карактеризираат со
активности кои се одвоени од потрошувачите и капитално интензивен процес на работа
(Daft, 1992: 124).
Резултатот од процесот на производството е конкретен физички производ кој
може да послужи за потрошувачка или за натамошна преработка во производството.
Иако знаењата и способностите на вработените имаат особено значење во процесот на
производството, кај производствените претпријатија е мошне забележитено интензивно
учество на средствата за работа во процесот на производството. Овие претпријатија се
карактеризираат со капитално интензивен процес, а технолошките фактори имаат
доминантна улога.
Производствените претпријатија можат да се диференцираат според
специфичните карактеристики на производствениот процес на: индустриските и
градежни претпријатија, екстрактивни претпријатија за производство на производи од
растително потекло. Поради хетерогеноста на процесот на производството, најдетално
може да се диференцираат на претпријатија кои произведуваат полупроизводи од
природни супстанции (производство на метал, метални минерали, хемиски производи,
текстилни и кожни полупроизводи и сл.), претпријатија кои произведуваат производи од
синтетички супстанци и полупроизводи (хемиско производство од повиско степен) и
претпријатија кои преработуваат, обработуваат или облагодаруваат полупроизводи од
природни или вештачки материјали (машиноградба, електроиндустрија, механичка
преработка на дрво, преработка на текстилни полупроизводи и сл.).

2.2.2. Трговски претпријатија


Трговските претпријатија претставуваат организационо-правен облик на
стопански претпријатија кои се занимаваат со промет на стоки. За разлика од другите
стопански претпријатија (индустриски, земјоделски и сл.) за трговски претпријатија
прометот претставува основна дејност. Преку трговските претпријатија и другите
трговски организациски форми, трговијата ги извршува своите посреднички функции во
процесот на општествената репродукција и тоа: интерлокалната, интерперсоналната
интертермиралната функција. Врз основа на овие функции се изградиле и деловните
функции на трговските претпријатија. Основата на деловните функции според
техничкиот редослед на движењето на стоката ја сочинуваат набавката, складирањето
и продажбата. Меѓутоа, при конципирањето на деловната политика врз база на
маркетинг-концептот, овој редослед по правило е обратен. Така на пример, основа за
изработка на планот на продажба на трговските претпријатија треба да биде пазарот на
продажба. Сознанијата, пак, за барањата на пазарот и можностите на продажба
претставуваат основа за остварување на набавната функција со која започнува
прометниот процес на трговското претпријатие.
Преку продажната мрежа трговските претпријатија го остваруваат вкупниот
доход врз чија основа се пресметува и добивката како економска цел која го оправдува
постоењето на претпријатијата. Во секој случај набавката, складирањето и продажбата,
во условна смисла на зборот го сочинуваат производствениот погон на трговските
претпријатија. Меѓутоа, во макроорганизациската структура на трговските
претпријатија, како и во други стопански претпријатија, постојат и други деловни
функции кои имаат големо значење за функционирањето и ефикасноста на работењето

47
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
на трговските претпријатија, како што се: кадровската, финансиската, планско
аналитичката, развојната и други функции.
Организацијата и развојот на трговките претпријатија треба да се базираат на
јасно поставени цели, принципи и организациска структура. Приходот и добивката како
цели и мотиви во работењето на пазарно ориентираните трговски претпријатија,
едноставно може да се постигнат со рационална организација и успешно работење.
За остварување на целите и задачите трговските претпријатија треба да
располагаат со соодветни материјално-технички и човечки ресурси. Со рационална
комбинација на овие ресурси може да се постигне ефикасност во извршувањето на
поставените цели и задачи.
Посредувањето во стоковниот процес од производителот до потрошувачот се
одвива во две фази. Во зависност од тоа во која фаза се извршува посредувањето,
субјектите во областа на прометот се јавуваат како: трговски претпријатија на големо
(гросисти) и трговски претпријатија на мало (деталисти).
Покрај овие два основни типа на трговски претпријатија постојат и облици на
организација во кои се обединети гросистичката и деталистичката функција. Тоа се
трговски претпријатија на големо и мало (ангродеталисти).
Според тоа, трговската дејност во внатрешниот стоков промет ја вршат три
основни типа на трговски претпријатија, и тоа:
1. Трговски претпријатија на големо (гросисти);
2. Трговски претпријатија на мало (деталисти) и
3. Трговски преторијатија на големи и мало (ангродеталисти) (Бојаџиоски &
Блажеска, 2009: 64).
На сликата 2.5. е даден приказ на различните видови претријатија според
прометот кој го вршат.

Трговски претпријатија на големо


(гросисти)

Трговски претпријатја на мало


(деталисти)

Трговски преторијатија на големи и мало


(ангродеталисти)

Слика 2.5. Видови претријатијата според прометот кој го вршат


Извор: Бојаџиоски & Блажеска. (2009).
Покрај овие, со промет на стоки на внатрешниот пазар се занимаваат
проиводствени и други нетрговски организации.
Според подрачјето на работењето на купувачите и продавачите, трговските
претпријатија се јавуваат во следните видови:
1. Внатрешни трговки претпријатија и
2. Надворешни трговски третпријатија.
Внатрешните трговски претпријатија го опфаќаат стоковниот промет во
рамките на одделни земји на чија територија се наоѓаат продавачите и купувачите како
и стоката која е предмет на промет.
Надворешните трговски претпријатија го опфаќаат стоковниот промет кој се
врши помеѓу одделните земји, односно го опфаќа стоковниот промет на една земја со
странство. За разлика од внарешната трговија каде што и продавачот и купувачот како
и самата стока се наоѓаат во иста земја, кај надворешната трговија еден од партнерите
се наоѓа надвор од својата земја. Надворешната трговија се јавува во три основни вида:
увоз, извоз и транзит.

48
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Според трговската специјализација, трговските претпријатија може да се јават


како:
1. Специјализирани трговски претпријатија и
2. Неспецијализирани или мешовити трговски претпријатија.
Специјализираните трговски претпријатија се занимаваат со промет на стоки
од една структура. Притоа, ако трговските претпријатија се занимаваат со
купопродажба на еден или повеќе производи од иста област, станува збор за потесна
специјализација, а доколку трговските претпријатија се занимаваат со купопродажба на
различни производи, станува збор за поширока специјализација.
Неспецијализираните или мешовити трговски претпријатија се занимаваат со
промет на стоки од различни структури.
Од аспект на начинот на послужување на купувачите се разликуваат следните
видови претпријатија:
1. Трговски претпријатија од класичен тип и
2. Трговски претпријатија од современ тип.
(1) Кај класичните трговски претпријатија продавачот е единствен активен
фактор и од неговата способност зависи дали ќе дојде до купување, додека
производите, опремата и купувачот претставуваат пасивен фактор.
(2) Кај современите трговски претпријатија постои обратна појава. Производите,
опремата и купувачот се јавуваат како активни фактори, а продавачот е пасивен фактор.
Според организациските форми трговските претпријатија може да се јават како
акционерски друштва, друштва со органичена одговорност, командитни друштва и сл.
Според видот на стоките со кои се тргува се разликуваат следните видови
претпријатија:
o Трговски претпријатија кои се занимаваат со промет на земјоделски производи и
o Трговски претпријатија кои се занимваат со промет на индустриски стоки.
Стоковниот, односно трговскиот промет го опфаќа не само прометот на стоки,
туку и вршењето бројни активности на патот на стоката од производителот до
потрошувачот. Тоа се најчесто активности врзани околу продажбата, складирањето,
опремувањето, преземањето и сл. Овие активности ги вршат посебни претпријатија кои
нудат различни трговски услуги на учесниците во стоковиот промет, односно на
купувачите и продавачите. Со трговски услуги се занимаваат специјализираните
стопански претпријатија кои според некои заеднички обележја може да се поделат во
три основни групи и тоа:
1. Претпријатија за вршење трговски услуги во потесна смисла (трговски
агенции, посреднички претпријатија, комисиони, складишни и шпедитерски
претпријатија, претпријатија за контрола на квалиетот и квантитетот на стоката
и агенции за стопанска пропаганда);
2. Претпријатија за обезбедување на деловен простор и услуги во трговската
дејност (пазари на мало, пазари на големо и трговски центри) и
3. Посебни специфични претпријатија за вршење услуги во прометот (саеми на
примероци, стопански изложби, берзи и аукции).

2.2.3. Услужни претпријатија


Во економијата, сѐ поголемо е значењето на услугите, па затоа не случајно во
развиените национални економии во светот сѐ почесто постојат услужни претпријатија
кои покрај со традиционални услуги, се занимаваат и со услуги на промет на производи,
услуги за брза испорака на стоки, консалтинг услуги и сл.
Претпријатијата кои се занимаваат со услужни дејности во процесот на
трансформација на вложувањата во резултат им нудат различни услуги на своите
клиенити. Специфичност на трансформациониот процес кaј услужните претпријатија е
неделливоста на процесот на нудење на услуга и процесот на трошење на услугата.
Временско прекривање на овие два процеса подразбира непосреден контакт на

49
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
давателот на услугата и нејзиниот корисник. На пример, пациентот мора да се сретне
со лекарот за да му се понуди услуга за лекување, корисникот на адвокатски услуги
мора да биде во непосреден контакт со консултантот или адвокатот за да ја добие
саканата услуга и сл. Бидејќи корисниците на услуги се вклучени во процесот на давање
на услуги, услугите се многу повеќе приспособени на специфичните потреби на
корисниците, отколку што се производите на производственото претпријатие. За
разлика од услужните претпријатија, производствените претпријатија произведуваат
производи во процес кој и претходи на нивната потрошувачка. Услужните претпријатија
по правило се трудоинтензивни за разлика од производствените претпријатија кои се
капитално интензивни (Бојаџиоски & Блажеска, 2009:67). Поради непосредниот контакт
со корисниците на услугата и трудоинтензивниот карактер, услужните претпријатија не
мора да бидат големи за да бидат ефикасни.
Услужните претпријатија вообичаено имаат помали организациски единици
лоцирани во близина на корисниците. Така на пример банките, туристичките агенции,
агенциите за посредување, рент-а-кар, рестораните за брза храна и сл. имаат свои
организациски единици (експозитури, претставништва, шалтери, ресторани и сл.) за
давање услуги на поголем број локации. За разлика од услужните претпријатија,
производствените претпријатија по правило својата дејност ја ивршуваат на една или
помал број локации кои имаат лесен пристап кон суровините и материјалите, пазарот и
работната сила, концентрирајќи ги средствата со кои располагаат.
Услужните претпријатија ги приспособуваат услугите кон потребите на
потрошувачите и се карактеризираат со неделивост на процесот на давање на услуги
(Daft, 1992: 124).
Неоделивоста на давањето услуги од процесот на потрошувачка на услуги бара
висок степен на компететност на вработените кои работат во услужните претпријатија.
Повисок степен на компетентност на вработените овозможува поголем степен на
децентрализација во одлучувањето како и помал степен на формализација на односите
во претпријатието.
Прикажаните карактеристики претставуваат типични карактеристики на повеќето
услужни претпријатија, што пак не значи дека некои услужни претпријатија немаат и
некои карактеристики на производствени претпријатија. И обратно, некои
производствени претпријатија имаат карактеристики на услужни претпријатија. Со други
зборови, постојат претпријатија кои по своите карактеристики се помеѓу
производствените и услужните претпријатија. На пример, некои услуги кои ги нудат
банките, рестораните за брза храна и сл., имаат карактеристики на производи. Некои
производи, како на пример стандардизираните оброци на храна кои ги нудат
рестораните за брза подготовка на храна, имаат многу карактеристики на производ, или
пак банките кои нудат поголем дел од своите услуги во облик на „пакет услуги“, односно
стандаризирани банкарски производи.

2.3. ВИДОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СПОРЕД ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО


МАКЕДОНИЈА
Основањето, функционирањето и работењето на претпријатијата во Македонија
се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва. Пред донесување на овој
закон како и сите измени кои се донесени подоцна, основањето и функционирањето на
претпријатијата се спроведуваше според Законот за претпријатија. Според Законот за
претпријатија (донесен во 1988 година) претпријатието е дефинирано како правен
субјект кој извршува стопанска активност заради стекнување на добивка. Со тоа
претпријатието повторно се афирмира како основен облик на организацијата на
стопанството кој има правен и деловен субјективитет. Правниот субјективитет значи
дека претпријатието има сопствен имот, дејност, фирма, седиште, жиро-сметка, органи
на управување и дека е носител на права и обврски во правниот промет. Деловниот

50
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

субјективитет значи дека претпријатието е основен пазарен субјект кој извршува


производство и промет на пазарот и стекнува добивка.
Во согласност со Законот за претпријатија, воведени се нови правила за
основање, организирање и управување. На тој начин беа создадени услови
претпријатијата да се организираат и функционираат по примерот на претпријатијата
од земјите со развиено пазарно стопанство. Целта беше да се формира нова
организациска структура на стопанство, за да се воспостави систем на управување
соодветен на современите концепти на менаџментот и да се промовира ново
однесување и нови сфаќања, нова организациска структура на менаџментот и на
вработените. Законот за претпријатија со сите промени што ги донесе и
институционално ги регулира, со новите категории што ги воведе, како на пример
капитал, друштво, акционери, акции и сл., промовира нови односи во организирањето и
функционирањето на претпријатијата.
Законот за трговски друштва, ако се има предвид неговото име, на прв поглед се
чини дека се однесува на правно регулирање на трговската дејност, но ако внимателно
се проучи неговата концепција, се наметнува сознанието за поимот трговска дејност и
трговец. Тоа недвосмислено произлегува од член 4 од Законот за трговски друштва
каде се нагласува дека „Трговец е секое лице кое самостојно, трајно, во вид на
занимање, врши трговска дејност заради остварување добивка со производството,
трговија и давање услуги на пазарот со:
1) Купување на подвижни ствари со цел да ги продаде во првобитен,
преработен или обратен вид,
2) Продажба на подвижни ствари во преработен или обратен вид со
сопственото производство,
3) Тргување со хартии од вредност и управување со фондови,
4) Банкарски, менувачки и други финансиски дејности,
5) Дејности на осигурување,
6) Превоз на лица и стока,
7) Комисиони работи, шпедитерски услуги, складишни (магацински) услуги и
лизинг,
8) Трговско застапување и посредување,
9) Угостителско-туристичка дејност, информативна дејност, маркетинг и други
интелектуални услуги,
10) Производство на филмови, видеокасети, аудиовизуелни записи, софтвер
како и други слични дејности,
11) Издавачка и печатарска дејност и други работи поврзани со трговија со книги
и уметнички творби и
12) Купување, изградба и уредување на недвижни ствари за продажба и
издавање”.
Значи, под поимот трговец не се подразвира само физичко или правно лице кое
е ангажирано во продажба на мало (продавница), туку и субјекти кои се трговци на
големо, туку со поимот трговец се опфатени и производителите на најразлични
производи и услуги. Исто така, како трговска дејност се означува секоја дејност чија цел
е остварување на добивка (производство на производи за продажба, организирање на
промет на стоки, банкарски работи и сл.).
Во овие рамки со Законот за трговски друштва нормативно се регулираат
организациските облици на извршување на трговската дејност, сфатена како
извршување на стопанска активност во најширока смисла на зборот.
Во продолжение објаснети се најважните карактеристики на одделни облици на
претпријатието во форма на трговско друштво, онака како што тоа институционално се
уредени со Законот за трговски друштва.
Според Законот за трговски друштва постојат повеќе облици на претпријатија во
форма на трговски друштва. Сопственикот на капиталот на претпријатието го избира
обликот на претпријатието кој ќе му обезбеди максимализација на профитот. Секој
облик на претпријатие има одредени основни својства и карактеристики. Сопственикот

51
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
на капиталот, врз основа на конкретно согледување на релевантните фактори (односот
помеѓу расположивите и потребните средства, ризикот на бизнисот, очекуваниот
профит и сл.) го избира оној облик на претпријатие кој во определен момент најдобро
му одговара, со можност, подоцна да го трансформира, во друг облик за кој ќе оцени
дека ќе биде посоодветен на некоја нова, изменета состојба.
Со Законот за трговски друштва се дефинираат два основни облика, две базични
форми на организацијата и функционирање на трговецот и тоа:
а) Трговец-поединец и
б) Трговско друштво. (Законот за трговски друштва, 2004)
Во групата на трговски друштва, како посебни организациски облици на
претпријатијата за вршење на трговска, односно стопанска дејност, спаѓаат: јавното
трговско друштво, командиторно друштво, друштво со ограничена одговорност,
акционерско друштво и командитно друштво со акции.
Под поимот трговско друштво се подразбира правно лице во кое што едно или
повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко
работење и заеднички ја делат добивката. Значи, трговско друштво се основа заради
создавање добивка и лица кои го основале друштвото заеднички го сносат ризикот од
работењето на друштвото, односно заеднички вршат распределба на остварената
добивка или покривање на загубата доколку остварените резултати од работењето на
друштвото се негативни. Трговското друштво, за разлика од физичкото лице, секогаш е
правно лице и е запишано во трговскиот регистар како правно лице. Во правниот промет
друштвото секогаш настапува како правно лице (правен субјект).
Имотот создаден со вложувањата во трговското друштво се изразува во пари и
ја претставува основната главнина во друштвото. Основната главнина може на
почетокот, при основање на друштвото, да биде во износ потребен согласно законските
ограничувања, а подоцна во текот на работењето на друштвото имотот на друштвото
може да се зголемува или намалува во однос на основната главнина, во зависност од
остварените резултати на работењето на друштвото.
Содружник, односно партнер во трговското друштво, може да биде секое
домашно и странско физичко и правно лице кое има легален капацитет да склучува
договори, односно физичко и правно лице за кое, според одредбите на Законот за
трговски друштва, не постои забрана за основање трговско друштво. Едно лице да
стане партнер во трговско друштво, потребно е, исто така, да постои согласност од сите
членови на друштвото. Ваквиот начин за добивање на статус на содружник на
друштвото се објаснува со фактот што секој содружник (партнер) е одговорен спрема
трети лица за обврските што ги создава кој било содружник во друштвото.

2.3.1. Трговец-поединец
Трговец-поединец може да биде само физичко лице кое во вид на занимање
врши некоја од трговските дејности определени со законот за трговски друштва. Како
трговец-поединец може да се регистрира во трговскиот регистар секое деловно
способно физичко лице со постојано место на живеење во Македонија. Својството на
трговец-поединец се стекнува со упис во трговскиот регистар. Не може да биде
регистриран како трговец-поединец физичко лице ако против него е отворена стечајна
постапка и ако самото тоа со умисла предизвикало стечај, поради што доверителите
немможеле да ги наплатат своите побарувања. Трговецот-поединец за своите обврски
одговара лично и неограничено со сиот свој имот.Секој трговец-поединец по
запишувањето на фирмата во трговскиот регистар, мора да ја истакне запишаната
фирма. Фирмата на трговецот-поединец ги содржи неговото лично име, татково име и
презиме, ако и ознаката „ТП“, со која се означува дека станува збор за трговец-
поединец, а не за трговско друштво. Трговецот-поединец престанокот на работењето го
пријавува кај соодветна државна институција и има обврска престанувањето да го
објави во најмалку еден дневен весник и поединечно да ги известува познатите

52
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

доверители по писмен пат. Својството на трговец-поединец престанува со бришење од


трговскиот регистар, само врз основа на пријава за бришење од судскиот регистар.

2.3.2. Јавно трговско друштво


По дефиниција, организационата форма - јавно трговско друштво е трговско
друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица за вршење на
одредена дејност заради создавање профит. Влоговите на оснивачите во постапката за
основање на друштвото можат да бидат парични и непарични: во ствари, права, труд и
услуги. Законот за трговски друштва не го утврдува најнискиот износ на капиталот на
друштвото. На тој начин на основачите на друштвото им се остава можност и со
најмалку вкупен износ на влоговите во друштвото да можат да започнат бизнис.
За преземените обврски на друштвото секој содружник одговара лично и
неограничено солидарно со сиот свој имот и има право да учествува во профитот
создаден со работењето на друштвото. Јавното трговско друштво се основа со договор
на содружниците (основачите) на друштвото. Договорот во писмена форма е
задолжителен документ со кој содружниците се согласуваат за основање на друштвото.
Во договорот за јавно трговско друштво содружниците го утврдуваат начинот на
водењето и работењето и начинот на донесување на одлуките. Тоа значи дека
друштвото може да го застапува еден или повеќе содружници, при што другите
содружници се исклучени од застапувањето.
Во фирмата на јавното трговско друштво мора да стои кратенката „ЈТД“ за да
можат доверителите да знаат дека за обврските на друштвото содружниците
одговараат лично, неограничено солидарно, што дава поголема сигурност и помал
ризик во однос на ограничената одговорност на содружниците.
По правило, секој содружник е овластен да управува со друштвото, но од
практична гледна точка докажано е дека поефикасно е друштвото во кое управувањето
е доведено на еден содружник, кој истовремено ја презема улогата на управител на
друштвото. Доколку од составот на содружниците во друштвото нема содружник кој би
бил способен за управување на друштвото, содружниците можат да одлучат да
ангажираат лице кое не е содружник да управува со друштвото. Добивката и загубата
се делат меѓу содружниците на јавното друштво сразмерно на уделот на секој
содружник во друштвото, ако со договор за друштво не е поинаку определено.

2.3.3. Командитно друштво


Командитното друштво е персонално друштво и претставува модифицирано
друштво до неограничена солидарна одговорност. За разлика од друштвото со
неограничена одговорност, командитното друштво го сочинуваат два вида содружници:
1. Комплеметарни кои за обврските на друштвото одговараат солидарно и
неограничени со својот имот и
2. Командитори кои за обврските на друштвото одговаррат до исносот на
запишаниот влог во друштвото.
Комлементарите, кои воедно се и главни партнери во друштвото, управуваат со
работењето на друштвото и го сносат ризикот од тоа, со самиот факт што неограничено
и солидарно, со сиот свој имот, одговараат за обврските на друштвото спрема
доверителите. Меѓутоа, одговорноста на комлементарите за обврските на друштвото
законски е условена со тоа што комлементарите се должни во вкупниот износ на
влоговите на друштвото да учествуваат најмалку со една петина.
Писмениот договор за друштвото со одредбите на Законот за трговски друштва
е задолжителен констутитутивен акт за основање на друштвото. Без договор за
друштвото не може да се основа, односно да постои командиторното друштво.
Договорот за друштвото го содржи следите елементи:
1) Фирмата и седиштето на командиторното друштво;

53
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2) Предметот на работење на командиторното друштво;
3) Името и презимето, местото на живеење, државјанството, како и адресата
на содружниците;
4) Вкупниот износ на влогот на содружниците, како и определувањето на
својството на содружниците како комплементари, односно командитори;
5) Начинот на застапување на командиторното друштво;
6) Видот и соодносот на влоговите на секој од содружниците;
7) Начинот и времето на уплата, односно внесувањето на влогот;
8) Начинот на распределба на добивката и начинот на покривање на
загубата;
9) Начинот на личното учество во работите на командиторното друштво,
управување со командиторното друштво и начинот на донесување на
одлуките и
10) Други одредби со кои што се уредуваат односите помеѓу содружниците.
Фирмата на командиторното друштво содржи презиме и име, односно фирмата
или скратената фирма барем на еден од комплементарите, а ако се повеќе и ознаката
„и др“, како и зборовите „командитно друштво“ или кратенката „КД“. Управувањето на
командитното друштво е доверено на комплементарите кои за обврските во друштвото
одговараат неограничено и солидарно, за разлика од командиторите, кои за обврските
на друштвото одговараат до износот на запишаниот влог во друштвото. Содружниците
учествуваат во распределбата на добивката на командитното друштво, сразмерно на
уделот на секој содружник во друштвото, ако со договорот не е поинаку определено.
Доколку командитното друштво работи со загуба, командиторот учествува во
покривањето на загубата на командитното друштво во висина на запишаниот влог,
доколку со договорот за основање на командитното друштво не е поинаку определено.

2.3.4. Друштво со ограничена одговорност


Организациона форма Друштвото со ограничена одговорност претставува
друштво во кое содружниците (едно или повеќе физички лица) учествуваат со по еден
основен влог во однапред договорената основна главнина на друштвото и во кое
влоговите можат да бидат различни. Според тоа, содружниците со различни основни
влогови во друштвото остваруваат и различни права кои се определени со договорот
за друштвото. Содружниците, исто така, не одговараат за обврските на друштвото.
Друштвото со ограничена одговорност е најзастапен облик на трговското
друштво. Доминантноста на овој облик на трговски друштва, покрај другото,
произлегува оттаму што кај друштвото со ограничена одговорност не постои
одговорност на содружниците за обврските на друштвото спрема трети лица. Друга
предност на оваа организациона форма на трговско друштво, во споредба со
акционерското друштво, се состои и во тоа што за неговото основање е потребен помал
износ на почетен капитал (основна главнина), во споредба со основниот капитал на
акционерското друштво.
Друштвото со ограничена одговорност може да основа и едно лице кое се
означува како единствен содружник. Со Законот за трговски друштва е утврдена горната
граница на бројот на содружниците во друштвото, а тоа е најмногу педесет содружника.
Тоа значи дека и во постапката за основање на друштвото и во текот на работењето
бројот на содружниците во друштвото не може да биде поголем од педесет.
Како и секое трговско друштво, така и друштвото со ограничена одговорност,
како законска обврска мора да има форма која не мора да го изразува предметот на
работење (дејноста) на друштвото и која, исто така, не мора да ги содржи имињата на
сите, на поголем дел од нив или само на еден од содружниците на друштвото. Но,
фирмата на друштвото со ограничена одговорност мора да ги содржи зборовите
„друштво со ограничена одговорност“ или ознака „ДОО“. Кога друштвото има еден
содружник, фирмата ги содржи зборовите „друштво со ограничена одговорност од едно

54
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

лице“ или ознаката „ДООЕЛ“. Друштвото со ограничена одговорност се основа со


договор за друштвото кој го слкучуваат сите основачи во писмена форма. Бидејќи
друштвото со ограничена одговорност може да биде основано и од едно лице
(единствен основач, единствен содружник), во тој случај друштвото се основа со
писмена изјава дадена од единствен основач кај нотар.
Со договорот, односно изјавата на основачот за основање на друштвото со
ограничена одговорност се утврдува:
1) Името и презимето, местото на живеење, државјанството, како и адресата на
содружниците, односно фирмата и седиштето, ако основач е правно лице;
2) Фирмата и седиштето на друштвото;
3) Предметот на работење на друштвото;
4) Времетраењето на друштвото;
5) Износот на основната главнина и износот на основниот влог на секој
содружник одделно, ако основниот долг се состои од предмети и права тие
мора подетално да се опишат и да се назначи нивната вредност;
6) Начинот и времето на уплатата на паричните влогови што не се уплатени во
целост;
7) Името и презимето на управителот, односно управителите, државјанството и
местото на живеење;
8) Застапувањето на друштвото;
9) Правата и обврските што содружниците ги имаат спрема друштвото, покрај
уплатата на своите влогови;
10) Правата и обврските кои што ги има друштвото спрема основачите;
11) Управување на друштвото и
12) Престанување на друштвото.
Основната главнина на друштво со ограничена одговорност претставува збир на
основните влогови на содружниците во друштвото. Висината на основната главнина на
друштвото се утврдува однапред така што на основачите пред основање на друштвото
во трговскиот регистар им е позната основната главнина. Основната главнина не може
да биде помала од 5.000 евра во денарска противвредност. Основната главнина на
друштвото го претставува имотот на друштвото изразен во пари изразен преку збир на
поединечните вложувања на секој од основачите.
Износот на основните влогови на содружниците може да биде различен, но
големината на поединечниот влог не може да биде помала од 100 евра во денарска
противвредност.
Содружниците ги донесуваат одлуките во друштвото на собир на содружниците
или по пат на допишување на содружниците. Како органи на друштвото со ограничена
одговорност се јавуваат:
1) Собир на содружниците;
2) Управител(и) и
3) Надзорен одбор.
Собирот на содружниците го сочинуваат сите содружници во друштвото.
Собирот на содружници се свикува најмалку еднаш годишно. Одлуките на друштвото се
донесуват:
o На собир на содружниците и
o По пат на допишување на содружниците.
Усвојувањето на годишните сметки и на годишниот извештај на друштвото
задолжително се вршат на седницата на собирот на содружниците. Меѓутоа, другите
одлуки содружниците можат да ги донесуваат по пат на допишување. Така на пример,
по подготвување на посебен лист за секој содружник во кој се наведува прашањето за
кое се одлучува и одговорот треба да го дадат содружниците со „да“ или „не“. Ваквиот
начин на донесување одлуки е во рамките на принципите на пазарното однесување.
Собирот на содружници ги врши следните работи:

55
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1) Ги усвојува годишната сметка и годишните финансиски извештаи, како и
годишниот извештај за работа на друштвото во претходната година и одлучува
за распределба на добивката и покривање на загубата;
2) Го избира и го отповикува управителот, односно другите управители, ако
друштвото избира повеќе управители и одлучува за склучување на договор меѓу
управителот и друштвото;
3) Ги избира и ги отповикува членовите на надзорниот одбор и
4) Одлучува за измена на договорот за друштвото итн.
На собирот на содружниците како највисок орган на управување со друштвото,
се донесуваат одлуки кои се од витален интерес за друштвото.
Друштвото со ограничена одговорност мора да има управител (управители) кој
управува со друштвото, односно кој ја врши директорската или менаџерската функција
во друштвото. Употребата на терминот управител според Законот за трговски друштва,
а не терминот директор, се објаснува со фактот што управител во друштвото може да
биде и содружник во друштвото, но и трето лице (лице кое не е содружник во
друштвото). Исто така, со друштвото со ограничена одговорност може да управуваат и
сите содружници, што е најчест случај кај друштвата кои имаат мал број содружници.
Обемот на овластувањата на управителот се утврдува со договорот на
друштвото. Тоа значи дека овластувањата на управителот можат да се ограничат како
на пример во однос на висината на средствата со кои може да располага, во однос на
склучување на одреден вид договори со трети лица, во однос на склучување на одреден
вид договори до одреден износ и сл.
Со договорот на друштвото може да се предвиди формирање на надзорен
одбор. Надзорниот одбор како што и самото име упатува, врши контрола, односно
надзор на спроведување на договорот за друштвото, се грижи за начинот на
постапувањето со имотот на друштвото и неговото зачувување во процесот на
водењето на работите на друштвото од управителот, односно управителите и за тоа му
поднесува извештај на собирот на содружниците. Надзорниот одбор брои најмалку три
члена. Се состанува најмалку три пати во текот на една деловна година. Доколку
друштвото со ограничена одговорност не формира надзорен орган, може да именува
контролор кој ги има истите надлежности како и надзорниот одбор.

2.3.5. Акционерско друштво


Организациона форма акционерско друштво е трговско друштво во кое
акционерите учествуваат со влогови во основната главнина која што е поделена на
еднакви делови (акции). Во главнината на друштвото акционерите учествуваат со една
или повеќе акции, а обврските на друштвото се обезбедени со сиот имот на друштвото.
Главната карактеристика на акционерското друштво е таа што акционерите не
одговараат за своите обврски на акционерското друштво спрема трети лица. Доколку
акционерското друштво дојде во состојба на ликвидација, секој сопственик има обврска
да ја надомести загубата во висина на вредноста на акциите што ги поседува, на
пример, ако акционер купил 100 акции, а износот на едка акција изнесува 10 евра во
денарска противвредност и ако друштвото дојде во состојба на ликвидација, најмногу
што мсже да загуби овој акционер е загубата на 1.000 евра (100 акции x 10 евра).
Акционерското друштво има фирма која треба да го изразува предметот на
работење, по која следуваат зборовите акционерско друштво или скратено „АД“.
Најмалиот износ на основната главнина се утврдува на два начина:
1) Кога акционерското друштво се основа симултано, без јавен повик за
запишување на акции и во тој случај основната главнина изнесува најмалку
25.000 евра во денарска противвредност;
2) Кога акционерското друштво се основа сукцесивно, преку јавен повик за
запишување акции кога основната главнина изнесува 50.000 евра во
денарска против вредност.

56
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Основната главнина го претставува почетниот износ на капиталот на


акционерското друштво, кое се состои од збирот на номиналниот износ на акциите.
Основната главнина не треба да се изедначува со имотот на друштвото кој се стекнува
во текот на работењето на друштвото. Само при основањето на акционерското друштво
може да се зборува за изедначеност на износот на основната главнина и износот на
имотот на акционерското друштво. Основната главнина не може да им се враќа на
акционерите. Акционерите можат да учествуваат само во распределба на добивката.
Акционерското друштво може да биде основано од едно или повеќе лица.
Акционерското друштво се основа со дејствата на лицата кои се правни и физички лица,
со прифаќање и потпишување на статутот на акционерско друштво, а потписите на
статутот ги завериле на нотар. Основањето на акционерското друштво може да стане
на два начина: симултано и сукцесивно.
Кај симултаното основање на акционерското друштво е значајно тоа што при
самото основање на друштвото основачите ги преземаат сите основачки акции, а потоа
сите акции ги уплатуваат без при тоа да огласат јавен повик за запишување на акциите.
Симултаното основање на акционерското друштво најчесто е случај кога се работи за
лица кои немаат интерес за сопствениците на акции .
Кај сукцесивното основање на акционерското друштво основачите упатуваат
јавен повик за запишување на основачките акции. Огласувањето може да се однесува
на сите акции на друштвото или само на еден дел од нив.
Можните начини на основање акционерско друштво се прикажани на сликата 2.6.

Симултаното Сукцесивното
основање основање

НАЧИНИ НА
ОСНОВАЊЕ НА
АКЦИОНЕРСКО
ДРУШТВО

Слика 2.6. Можни начини на основање акционерско друштво


Извор: Закон за трговски друштва на РМ. (2004).
Управувањето со акционерското друштво може да биде организирано според:
oЕдностепен систем ( одбор на директори) или
oДвостепен систем (управен одбор или управител и надзорен одбор).
Системот на управување го избира акционерското друштво и со измени на
статутот може едностепен систем на управување да биде заменет со двостепен и
обратно.
Одборот на директорите го сочинуваат извршни и неизвршни членови.
Разликата помеѓу неизвршните и извршните директори се состои во тоа што на
неизвршните директори кои се именуваат од собранието на друштвото основна задача
им е да вршат надзор над работа на извршните директори. Од друга страна пак,
извршните директори најнепосредно се поврзани со работењето на акционерските
друштва. Неизвршните директори се именуваат за точно определени работи, како што
се на пример: работите поврзани со производството – директор за производство,
директор за маркетинг, директор за финансии и сл.
Доколку управувањето со акционерското друштво е организирано според
двостепен систем (управен одбор и надзорен одбор), тогаш управниот одбор мора да

57
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
има најмалку 3, а најмногу 11 членови што ги избира надзорниот одбор. Еден од
членовите на управниот одбор ја врши функцијата претседател на управниот одбор.
Управниот одбор има најшироки овластувања да дејствува во сите околности во
име на друштвото, со исклучок на овластувањата кои изречно им се дадени на
надзорниот одбор и на собранието на друштвото. Претседателот на управниот одбор
во односите со трети лица го претставува и застапува друштвото.
Надзорниот одбор е составен од најмалку 3, а најмногу 12 членови. Членовите
на надзорниот одбор ги избира собранието на акционерското друштво. Ист е случајот и
со именувањето на неизвршните членови на одборот на директори. Тоа значи дека, на
одреден начин улогата на неизвршните членови на одборот на директори е изедначена
со улогата на членовите на надзорниот одбор.
Надзорниор одбор врши надзор на управувањето и водењето на работењето на
друштвото самостојно, но за таа цел може да се ангажира и соодветни експерти. Со
друштвото управува управниот одбор.
Собранието претставува единствен орган на акционерското друштво, во кој
акционерите ги остваруваат своите права и обврски и е највисок орган на управување
со друштвото. Надлежностите на собранието прецизно се одредени со законот и со
статутот на акционерското друштво.
Собранието на акционерското друштво одлучува за:
o Измени на статутот;
o Одобрување на годишна сметка, на финансиските извештаи и на годишниот
извештај за работа на друштвото во претходната деловна година и за
распределба на добивката;
o Изборот и отповикување на членовите на одборот;
o Изборот и отповикување на директори;
o Изборот и отповикување на членовите на надзорниот одбор;
o Одобрување на работата на членовите на органите на управување и на
надзорниот одбор;
o Зголемување и намалување на основната главнина на друштвото;
o Издавање акции и други хартии од вредност;
o Назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и
финансиските извештаи ако друштвото има обврска да ги подготвува;
o Статусни промени во друштвото и
o Престанување на друштвото.

2.3.6. Командитно друштво со акции


Организационата форма „Командитното друштво со акции“ е друштво чија што
главнина е разделена на акции. Него го основаат еден или повеќе комплементари кои
одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото со сиот свој имот и
командитори, кои имаат својство на акционери и кои одговараат до износот на нивните
влогови и кои не одговараат за обврските на друштвото. За да се основа командитно
друштво со акции, одлучувачки фактор е бројот на командитори-акционери. Тој не може
да биде помал од три акционери. За разлика од тоа, бројот на комплементарите не е
утврден, па според тоа, за да се основа командитно друштво со акции, доволен е само
еден комплементар.
Командитното друштво со акции се основа со договор кој го склучуваат најмалку
четири лица (еден комплементат и три командитори). Влоговите на комлементарите
заедно не можат да бидат помали од 10% од основната главнина. Со командитното
друштво со акции не управува орган на управување, каков што е случајот со
акционерското друштво, бидејки со командитното друштво со акциите управуваат
комплементарите. Заради рационалност и ефикасност, управувањето со друштвото од
страна на комплементарите може да биде доверен на еден или повеќе управители. При
уписот на основањето на командитното друштво со акции во трговскиот регистар се

58
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

наведува името и презимето на сите комплементари во друштвото поради фактот што


за обврските за друштвото солидарно и неограничено одговараат комплементарите.
Орган кој врши контрола над управувањето со друштвото е надзорниот одбор.
Надзорниот одбор има независна и самостојна улога во оценувањето на резултатите
од преземените дејства на комплементарите, односно од управителите избрани од нив.
Надзорниот одбор поднесува редовен годишен извештај до собраниетио на друштвото.
Доколку се согледани одредени нерегуларности во работата на командитното друштво
со акции истите се содржани во годишниот извештај. Надзорниот одбор го контролира
управувањето со друштвото од страна на комплементарите поради што во надзорниот
одбор не е дозволено членување на комплементарите од друштвото.

3. ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Јавните претпријатија како правни субјекти се предмет на истражување и
анализа во економската теорија и практиката. Јавните претпријатија се среќаваат во
различни облици и форми. Големиот број различни форми во кои се среќаваат јавните
претпријатија ја наметнува потребата од нивно поимно определување.
Основните причини за тоа се разликите што постојат помеѓу јавните
претпријатија во одделни земји, помеѓу јавните претпријатија во одделни дејности во
рамките на една земја, како и помеѓу јавните претпријатија во различни временски
периоди. Поради тоа јавните претпријатија, во најширока смисла на зборот, можат да
се дефинираат како претпријатија чие основање и функционирање е поврзано со
остварување на дејност од јавен интерес и како претпријатија во кои државата (јавната
власт) во целина или делумно ја има улогата на претприемач (Бојаџиоски & Блажеска,
2009:122).
Дејности од јавен интерес се дејности чие извршување претставува незаменлив
услов за живот и работа на правните лица и државните органи, односно за нормалното
и непречено функционирање на државата во целина. Карактеристики на дејности од
јавен интерес имаат дејностите поврзани со производството и дистрибуцијата на
енергија (електрична енергија, природен гас и сл), стопанисувањето со водите, шумите,
пасиштата и со други видови на природни богатства, телекомуникациите (радио,
телевизија, ПТТ и сл), сообраќајот (воздушен, железнички и градски) итн.
Државата се јавува во улога на субјект кој одлучува за критериумите кои треба
да ги исполнува одредена дејност за да претставува дејност од јавен интерес. Условите
и начинот на вршење на ваквата дејност и начинот на остварување на јавниот интерес
е определено со соодветна законска регулатива.
Иако водењето и вршењето на „дејностите од јавен интерес“ најчесто се
поврзува со јавните претпријатија, искуствата од развиените земји, како и условите за
работа на јавните претпријатија во Македонија, покажуваат дека „дејностите од јавен
интерес“ можат да се вршат на различни начини, од повеќе субјекти.
Според воспоставените институционални услови за работа на јавните
претпријатија во Македонија и важечката законска регулатива, постојат следните
четири различни субјекти за вршење дејност од јавен интерес:
1) Агенција на вршење соодветна „дејност од јавен интерес“ како функција на
Владата на Република Макединија;
2) Јавно претпријатие основано со соодветен државен орган на ниво на
централна власт, Градот Скопје или единиците на локалната самоуправа;
3) Трговско друштво на кое му е доделено вршење дејност од јавен интерес и
4) Правни и физички лица на кои им е доверено вршење дејност од јавен
интерес на начин и услови утврдени со законот.
Во вршењето на некои „дејности од јавен интерес“ учествуваат и одделни
агенции формирани од Владата на Република Македонија. Иако според некои
карактеристики, пред сѐ според одговорноста која ја имаат во задоволувањето на некои

59
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
основни потреби на општествената заедница, агенциите се слични со јавните
претпријатија, но не можат да се поистоветуваат со јавните претпријатија бидејќи тие
немаат јавен субјективитет, а вработените во нив имаат статут на државни службеници.
Од аспект на финансирањето, приходите и расходите на овие агенции претставуваат
составен дел на државниот буџет. Карактеристични примери на такви агенции, како
посебни државни органи се, на пример: Агенција за воздухопловство, Агенција за
просторно планирање, Агенција за електронски комуникации, Агенција за стокови
резерви, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Агенција за финансиска
поддршка на земјоделството и рурален развој и др.
Вршењето на „дејностите од јавен интерес“ претставува процес кој
институционално постојано се проширува и се унапредува со нови субјекти и нови
начини на задоволување на потребите од јавен интерес.

3.1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА


Организирањето и функционирањето на јавните претпријатија се регулирани,
пред сѐ, со одредбите на Законот за јавни претпријатија. Тие одредби ја формираат
основната структура и содржината на процесите поврзани со вршењето на дејностите
на јавното претпријатие и ги истакнуваат карактеристиките на јавното претпријатие. Во
продолжение ќе бидат објаснети најважни карактеристики на јавните претпријатија.
o Јавното претпријатие е самостоен правен субјект кој се основа заради вршење
дејност од јавен интерес. Тоа значи дека предметот за работа на јавното
претпријатие претставува вршење дејност од јавен интерес.Јавното
претпријатие не се основа за вршење трговска дејност или за вршење државна
власт;
o Во функционирањето на јавното претпријатие се применува принципот на
вршење на дејноста од јавен интерес што како предмет на работа е утврдена со
актот за основање или со статутот на јавното претпријатие. По исклучок
одредени закони со кои се утврдува вршењето на одделните дејности од јавен
интерес може да содржат одредби според кои јавното претпријатие по претходна
согласност на основачот може да врши и друга дејност заради остварување
добивка;
o Јавното претпријатие во извршувањето на дејноста од јавен интерес има
монополска положба. Монополскиот карактер на јавното претпријатие се
изразува во ексклузивното право кое му овозможува единствено на одредено
подрачје (општина, Градот Скопје или Македонија) да извршува определен вид
услуги;
o Јавното претпријатие се карактеризира со правен субјективитет. Својството на
правното лице му дава автономија на јавното претпријатие спрема државата,
Градот Скопје и единиците на локална самоуправа - општините и јасно го
издвојува од државниот организам;
o Со јавното претпријатие управува основачот на јавното претпријатие, односно
лицата кои се именувани од основачот на јавното претпријатие. Основачот на
јавното претпријатие ги именува членовите на органите на јавното претпријатие,
вклучително и директорот, односно менаџерот на јавното претпријатие;
o Јавното претпријатие е во сопственост на основачот, односно во сопственост на
Македонија, на градот Скопје или на единиците на локална самоуправа;
o Јавното претпријатие за својата работа е одговорно пред Владата на РМ,
односно Советот на општината и Советот на град Скопје, во зависност од тоа кој
државен орган е основач на јавното претпријатие. Одговорноста се конкретизира
преку членовите на управниот одбор и особено преку директорот, кој ги именува

60
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

основачот на јавното претпријатие. Со одговорноста тесно е поврзана и


контролата над работата на јавното претпријатие, која исто така, ја спроведува
основачот на јавното претпријатие; и
o Јавното претпријатие во своето работење го применува принципот на
самофинансирање што значи дека примарната цел на работењето на јавното
претпријатие е со остварените приходи во извршувањето на дејноста од јавен
интерес да ги покрие направените расходи. Очекувањата на општествената
заедница од јавното претпријатие во прв ред се да ги покрива расходите со
приходите и да ги задоволува потреби од поширок јавен интерес.
Во согласност со Законот за јавни претпријатија како основачите на јавно
претпријатие во Македонија може да се јават следните правни лица:
1) Република Македонија и
2) Единиците на локалната самоуправа, односно општините (Закон за јавни
претпријатија,1996).
Основач на јавно претпријатие не може да биде друго постојно јавно
претпријатие. Кога Македонија како држава се јавува како основач на јавно
претпријатие, тоа може да го направи на непосреден и посреден начин.
За посредно создавање на јавното претпријатие може да се зборува тогаш кога
државата ги овластува единиците на локалната самоуправа односно општините да
можат да основаат јавни претпријатија под услови и начин определени од општината.
Значи, кај посредно создавање на јавното претпријатие неговото основање зависи од
државата и условите што таа ќе ги утврди, а во чии рамки функционираат единиците на
локалната самоуправа .
Кај непосредно создавање на јавното претпријатие од страна на Македонија
одлуката за основање ја донесува Собранието на РМ односно непосредно создавање
на јавното претпријатие е поврзано со законската регулатива. Македонија може да
основа јавни претпријатија во согласност Законот за јавни претпријатија со цел за
вршење дејност од јавен интерес на територијата на Македонија. Јавните претпријатија
ги основа, во име на општината, Советот на општината, а во име на Градот Скопје,
Советот на Град Скопје. Јавните претпријатија основани од Македонија се во
сопственост на Македонија, а јавните претпријатија основани од општината, односно
Градот Скопје се во сопственост на општината, односно Градот Скопје.
Во остварувањето на дејностите од јавен интерес во некои области, постои
можност општините, односно Градот Скопје, со меѓусебна спогодба на начин утврден
со закон да основаат меѓуопштинско јавно претпријатие заради организирање и
квалитетно извршување на одредени дејности од јавен интерес на подрачјето на две
или повеќе општини. За основањето на јавното претпријатие Владата на РМ, Советот
на општината и Советот на Град Скопје донесуваат акт за основање на јавно
претпријатие. Актот за основање на јавното претпријатие се донесува во форма на
одлука. Со актот за основање на јавното претпријатие се утврдуваат следните прашања
во врска со работењето на јавното претпријатие:
o Дејноста;
o Фирмата и седиштето;
o Износот на средствата за основање и начинот на нивното обезбедување;
o Организацијата на јавното претпријатие;
o Начинот на спроведување на одлуките на органите на јавното претпријатие;
o Одговорноста на јавното претпријатие за обврските во правниот промет со
трети лица и
o Рокот за донесување на статутот и именувањето на органите на јавното
претпријатие, како и именувањето лице кое ќе ги води работите на
претпријатието до неговото конституирање.
Основањето на јавното претпријатие се одвива во две постапки. Во првата
постапка се донесува акт за основање на јавното претпријатие и јавното претпријатие

61
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
се запишува во трговскиот регистар. Втората постапка е поврзана со создавање на
нормативна и управувачка структура на јавно претпријатие, односно донесување статут
и именување членови на органите на управување на јавното претпријатие (управен
одбор, надзорен одбор и директор).
Со актот за основање на јавното претпријатие, најчесто заедно со именувањето
на членовите на управниот одбор предвидено е да се именуваат и членовите на
надзорниот одбор и директорот на јавното претпријатие.
Создавањето на нормативната структура на јавното претпријатие значи
донесување на статутот на јавното претпријатие. Една од обврските на лицето, кое со
актот за основање е овлстено да го води работењето на јавното претпријатие, е да го
подготви предлогот-статутот на јавното претпријатие. Предлогот-статутот на јавното
претпријатие се доставува на усвојување до управниот одбор.
Постапката за основање, односно конституирање на јавното претпријатие,
завршува со тоа што лицето што го води работењето на јавното претпријатие до
неговото конституирање има обврска до трговскиот регистар, односно Централниот
регистар на Македонија, да го достави статутот, актот за именување на членовите на
управниот и надзорниот одбор, како и доказ за именување на директорот на јавното
претпријатие. Уписот во трговскиот регистар се објавува во Службен весник.
Организацискиот модел на јавното претпријатие, кој институционално е
воспоставен со Законот за јавни претпријатија (Службен весник на РМ 38/96), го
обезбедува интегритетот на претпријатието и овозможува одреден степен на
децентрализација заради воспоставување внатрешна организација, која на јавното
претпријатие му помага успешно да ја извршува својата дејност. Подружницата
претставува децентрализирана единица на јавното претпријатие. Бројот на
подружниците како организациски делови на јавното претпријатие и прашањата,
проблемите и процесите за кои тие одлучуваат, се одредуваат врз основа на одлука на
управниот одбор. Статусот на подружницата прецизно е одреден со Законот за јавни
претпријатија. Според овој закон подружниците на јавните претпријатија немаат
својство на правно лице, но можат да настапуваат во правниот промет во име и за
сметка на јавното претпријатие. Иако подружницата не стекнува правен субјективитет,
нејзиното основање се запишува во трговскиот регистар во регистарската влошка во
која е запишано јавното претпријатие. Запишувањето на подружницата во трговскиот
регистар се објавува на истиот начин како и уписот на самото јавно претпријатие. Со
работата на подружницата раководи раководител што го именува директорот на јавното
претпријатие.
Јавното претпријатие се организира така што дејноста, заради која е основано,
да ја врши на начин со кој се обезбедува:
o Техничко-технолошко и економско единство на системот;
o Ефикасност и транспарентност во работењето;
o Развој и усогласеност на сопствениот развој со вкупниот стопански развој;
o Заштита и унапредување на добрата од општ интерес;
o Трајно, уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на
производи и услуги и
o Самостојност и еднаквост во рамките на системот и функционалната
поврзаност со други системи во земјата и светот.

62
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

3.2. МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА


Организацијата на управување со јавните претпријатија вклучува три органи со
јасно одредени надлежности и одговорности за донесување соодветни одлуки како што
се управен одбор, надзорен одбор и директор. На слика 2.7 прикажани се органи на
управување со јавните претпријатија.

Управен одбор

Надзорен одбор

Директор

Слика 2.7. Органи на управување со јавните претпријатија


Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет члена, а
најмногу петнаесет члена. Составот на управниот одбор на јавното претпријатие до
измените на Законот за јавни претпријатија ивршени во 2006 година се формираше од
членови-претставници на три групи интереси и тоа од редот на основачот, вработените
и експерти од соодветна област. Членовите на управниот одбор ги именува и разрешува
основачот на јавното претпријатие. Времетраењето на мандатот на членовите на
управниот одбор не може да биде подолг од четири години. Членовите на управниот
одбор од своите редови избираат претседател на управниот одбор.
Со Законот за јавни претпријатија утврдена е општа надлежност на управниот
одбор, истакнувајќи дека управниот одбор на јавното претпријтие ги има сите
овластувања да презема мерки кои се потребни заради постигнување на целите на
претпријатието. Таа општа надлежност, понатаму се конкретизира со набројување на
одлуките што ги донесува управниот одбор.
Имено, управниот одбор ги извршува следните активности:
o Донесува статутот на јавното претпријатие;
o Ги усвојува програмите за работа и развој на јавното претпријатие;
o Ја утврдува деловната политика;
o Ги усвојува годишната сметка и извештајот за работењето на јавното
претпријатие;
o Одлучува за употребата на средствата остварени со работењето на јавното
претпријатие;
o Ги донесува одлуките за инвестициите;
o Ги утврдува цените на производите и услугите;
o Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
o Го избира и разрешува директорот на јавното претпријатие и
o Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното
претпријатие.
Управниот одбор на јавното претпријатие одлучува самостојно и е одговорен за
управувањето со јавното претпријатие. Но, имајќи предвид дека јавното претпријатие
врши јавна дејност и дека е во државна сопственост, основачот на јавното претпријатие
може да врши неопсредно влијание врз одлучувањето на управниот одбор.
Надзорниот орбор, како посебен орган на јавното претпријатие, се формира за
вршење контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие.
Надзорниот одбор се состои од пет члена. Времетраењето на мандатот на членовите
на надзорниот одбор не може да биде подолго од четири години. Членовите на
надзорниот одбор ги менува и разрешува основачот на јавното претпријатие. Лицата

63
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
што се именуваат за членови на надзорниот одбор мора да исполнуваат одредени
критериуми, односно членовите може да се именуваат лица со високо образование, кои
поседуваат знаење и искуство особено од дејноста на финансиско и сметководственото
работење. Надзорниот одбор работи на седници и тој задолжително се состанува
најмалку четири пати годишно.
Членовите на надзорниот одбор можат да присуствуваат на седница на
управниот одбор. Надзорниот одбор задолжително ги прегледува годишните сметки и
извештајот за работењето на јавното претпријатие и дава мислење на управниот
одбор. Управниот одбор не може да ги усвои годишните сметки и извештајот за
работењето на јавното претпријатие ако претходно не добие позитивно мислење од
надзорниот одбор.
Директорот на јавното претпријатие ја организира и ја врши менаџмент
функцијата во претпријатието. Директорот на јавното претпријатие, основано од
Собранитето на РМ или Владата на РМ го избира, односно разрешува управниот одбор,
освен кога со закон не е поинаку определено. Директорот има обврска за спроведување
на одлуките и заклучоците на управниот одбор, учествува во спроведувањето на
програмата за работа и развој, учествува во утврдувањето на критериумите за
користење и располагање со средствата и употреба на средствата остварени со
работењето на јавното претпријатие, врши усогласување на деловната политика на
јавното претпријатие и врши други извршни работи утврдени со статутот на јавното
претпријатие.
Постапката за изборот на директор е определена со Закон за јавни претпријатија.
Според таа постапка, најпрво, управниот одбор на јавното претпријатие, односно
градоначалникот на општината, односно Градот Скопје, три месеци пред истекот на
мандатот на постојаниот директор донесува одлука за распишување на јавен конкурс за
избор за директор. Во објавениот конкурс управниот одбор ги утврдува условите кои
треба да ги исполнува кандидатот за директор.
Управниот одбор, односно градоначалникот на општината, односно на Градот
Скопје во рок од 15 дена од денот на доставување на документите, донесува одлука за
избор на директор. Директорот на јавното претпријатие како носител на раководната
функција нема заменик, но може да определи заменик кој во негово отсуство го
заменува и го води тековното работење на јавното претпријатие. Директорот на јавното
претпријатие, основано од Владата на РМ, за својата работа одговара пред управниот
одбор на јавното претпријатие.

СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР


ПРИЈАВУВАЊЕ, УТВРДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ВКУПЕН ПРИХОД
(Преземено од www.ujp.gov.mk- Едношалтерски систем и упис во трговскиот регистар и
регистарот на други правни лица)
Едношалтерски систем за регистрација во Македонија
Единствениот електронски регистар на територијата на Македонија овозможува:
o Единствен електронски регистар на територијата на Македонија кој овозможи
ефикасна и брза регистрација на трговските друштва;
o Олеснет пристап до податоците за јавноста преку посета на една канцеларија,
добивање на информациите на едно место и обраќање до еден службеник;
o Централизација на информациите во лесно достапна база на податоци за
трговските друштва и другите правни лица со јасна идентификација на
компаниите и едноставна размена на информациите;

64
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

o Принцип на јавност и достапност, квалитетна, безбедна и доверлива техничка


инфраструктура, сеопфатност на податоците, достапност на целата територија
на Македонија, зголемен квалитет и точност на податоцитe;
o Определување и доделување единствениот матичен број на субјектите на уписот
(ЕМБС), на шифрата и описот на регистрираната приоритетна дејност според
Националната класификација на дејностите и шифрата на организациониот
облик на субјектот на уписот; внесување единствениот даночен број (ЕДБ);
внесување на сметка од банка по избор на субјектот на упис;
o Известување на сите институции кои се дел од едношалтерскиот систем (УЈП,
Царина, ДЗС итн.);
o Зајакнување на информациската инфраструктура во јавната администрација и
соработка помеѓу јавниот сектор.
Предности за деловните субјекти:
o Поефтина регистрација (можност за идна електронска регистрација);
o Посета сaмо на еден шалтер;
o Време на регистрација 3 дена;
o Точни информации за деловните партнери.
Предности за државните органи:
o Единствен дистрибуиран електронски систем за регистрација на сите деловни
субјекти;
o Заштеда на буџетски средства кои се користат во бесполезно мултиплицирање
на административните регистри;
o Поедноставена постапка за издавање дозволи;
o Централизација на податоците за сите деловни субјекти;
o Олеснување на процесот на контрола на субјектите;
o Обезбеден квалитет на податоци;
o Поефикасно управување со податоците;
o Податоци за макроекономско планирање;
o Привлекување на странски инвестиции преку отстранувње на
административните бариери за регистрација;
o Примена на највисоките европски стандарди и директиви;
o Добивање на финансиски податоци за сите деловни субјекти;
o Можност за ефикасна контрола на работењето на деловните субјекти и нивните
сопственици и менаџери;
o Податоци за макроекономско планирање;
o Олеснување на процесот на контрола на деловните субјекти;
o Дигитализација на хартиената документација и лесен пристап до неа.
Предности за банкарскиот и деловниот сектор:
o Лесен пристап до финансиски и кредитни информации (биланси, бонитети,
финансиски извештаи, показатели, залог, хипотека).
Предности за странските инвеститори:
o Намалување на административните бариери за влез во Македонија;
o Добивање на комплетни информации преку дистрибутивен систем за
работењето на компаниите во кои може да се инвестира;
o Можност за проверка на податоци за потенцијални партнери преку нивните
матични регистри (Европски бизнис регистар).
Трговски регистар и регистар на други правни лица:
1. Започнувајќи од 01.01.2006 година, со Законот за едношалтерски систем и за
водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, водењето на
трговскиот регистар и регистарот на други правни лица е во надлежност на Централниот
регистар.

65
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. Пријавите за упис на основањата, промените и бришењата, во трговскиот
регистар и регистарот на други правни лица можат да се поднесат во 10 (десет)
Регионални регистрациони канцеларии на Централниот регистар и тоа во: Скопје,
Битола, Штип, Тетово, Куманово, Велес, Прилеп, Охрид, Струмица и Кочани.
3. Со воспоставувањето на едношалтерскиот систем за регистрација, се
обезбеди обединување на сите правно релевантни статусни податоци за почеток на
работењето и остварување на правата на деловниот субјект и тоа: Определување и
доделување на единствен матичен број на субјектот на упис (ЕМБС) и определување
на шифра и назив на регистрираната приоритетна дејност, како и определување на
главна приходна шифра по доставување на годишната сметка на друштвото според
Националната класификација на дејности и шифра на организационен облик на
субјектот на упис, коишто досега беа во надлежност на Државниот завод за статистика,
внесување на единствен даночен број (ЕДБ) и внесување на сметка од деловна банка
по избор на субјектот на упис.
4. Од постапките за регистрација, промена и бришење на субјектите од
трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите,
регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија,
судскиот регистар, се издаваат следните документи:
o Тековна состојба за субјектите на упис;
o Историјат за субјектите на упис;
o Поединечни податоци за субјектите на упис;
o Фотокопија од решение со прилози и збирка на исправи;
o Увид во регистарска влошка и збирка на исправи;
o Информација за регистрирана дејност;
o Информација за отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА
1. Дефинирајте што претставува претпријатието според Крусел-Сенеј.
Дефинирајте што претставува претпријатието според Францускиот економист
Ансијо. Дефинирајте што претставува претпријатието според П.Дракер.
Дефинирајте што претствува претпријатието според според Хајнен. Кои се
најголемите предности од заедничкиот труд? Објаснете ги основните
карактеристики на претпријатието како и карактеристиките според Ерик
Гутенберг. Кои основни начела ги применуват претпријатијата во работењето?
2. Објаснете го функционирањето на претпријатието како сложен систем.
Објаснете што претставува претпријатието како основен облик на организирање
на деловна активност. Објаснете го функционирањето на претпријатието како
самостоен стопанско-деловен систем. Објаснете што значи функционирање на
претпријатието според однапред дефинирана сопственост и наведете ги
основните видови сопственост во кои може да бидат претпријатијата. Објаснете
што значи функционирање на претпријатието со цел задоволување на потребите
на потрошувачите. Објаснете што значи користење на соодветни ресурси за
извршување на дејноста.
3. Набројте ги и објаснете ги основни цели во работењето на претпријатието. Кои
се факторите кои влијаат на определување на големината на претпријатието?
Што значи поимот оптимална големина?
4. Која е примарната категоризација на претпријатијата? Како се поделени
претпријатијата според големината, а како според правниот облик? Кои
индикатори се земаат предвид при поделба на претпријатијата според
големина? Наведете ги критериумите за диференцијација на претпријатијата
според големината. Кои претпријатија се наречени микро претпријатија? Кои

66
II ГЛАВА
Претпријатието како основен субјект на пазарното работење
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

претпријатија се мали претпријатија? Кои претпријатија се средни претпријатија?


Кои претпријатија се големи претпријатија?
5. Објаснете ги предностите на малите претпријатија. Наведете ги слабостите на
малите претпријатија. Кои се разликите помеѓу малите и средни претпријатија?
Кои се разликите помеѓу средните и големите претпријатија? Објаснете ги
предностите и слабостите на средните претпријатија. Објаснете ги предностите
на големите претпријатија. Наведете ги слабостите на големите претпријатија.
6. Како се поделени претпријатијата според карактеристиките на технолошкиот
процес? Како се диференцираат производствените претпријатија? Кои
претпријатија се трговски претпријатија? Појаснете ги основните видови трговски
претпријатија?
7. Како се диференцирани трговските претпријатија според подрачјето на
работењето? Како се диференцирани трговските претпријатија според
трговската специјализација? Како се диференцирани трговските претпријатија
според начинот на послужување на купувачите? Како се диференцирани
трговските претпријатија според организациските форми?
8. Како се диференцирани трговските претпријатија според видот на стоките со кои
се тргува? Наведете ги трите основни групи на трговски услужни претпријатија.
Кои претпријатија извршуваат услужна дејност?
9. Што претставува трговецот според Законот за трговски друштва? Кои се основни
облици на организација на тровецот според овој закон? Како се дефинира
трговското друштво? Кои организациски облици на претпријатијата спаѓаат во
групата на трговски друштва?
10. Кои се основните карактеристики на организационата форма трговец-поединец?
Кои се основните карактеристики на организационата форма јавно трговско
друштво?
11. Кои се основните карактеристики на организационата форма командитно
друштво? Кои се елементите на договорот за основање на друштвото?
12. Кои се основните карактеристики на организационата форма друштво со
ограничена одговорност? Појаснете ја содржината на изјавата на основачот за
основање на друштвото со ограничена одговорност. Кои активности ги извршува
собирот на содружници?
13. Кои се основните карактеристики на организационата форма акционерско
друштво? Како се определува основната главнина на акционерското друштво?
Појаснете ги начините на основање акционерското друштво.
14. Како се спроведува управувањето со акционерското друштво? Што значи
едностепен систем на управување? Што значи двостепен систем на
управување? Кои се функциите на управниот одбор? Кои се функциите на
надзорниот одбор? Кои се функциите на собранието?
15. Кои се основните карактеристики на организационата форма командитно
друштво со акции? Објаснете го начинот на управување.
16. Дефинирајте ги јавните претпријатија. Кои се основните карактеристики?
Наведете ги различните субјекти кои вршат дејност од јавен интерес. Кои
субјекти може да бидат основачи на јавно претпријатие во Македонија?
17. Што значи посредно, а што непосредно формирање на јавно претпријатие? Што
е регулирано со актот на основање на јавното претпријатие? Кои се органи на
управување со јавното претпријатие? Објаснете ги органите на управување со
јавното претпријатие. Кои се функциите на управниот одбор? Кои се функциите

67
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
на надзорниот одбор? Објаснете ги правата и обврските на директорот како
менаџерски орган на јавното претпријатие.

68
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
III ГЛАВА
УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Поимни определби за средства во претпријатието
2. Основни средства
2.1. Поим, карактеристики и поделба на основните средства
2.2. Трошење на основните средства
2.3. Одржување на средствата
2.4. Вредност и капацитет на основните средства
2.4.1. Вредност на основните средства
2.4.2. Капацитет на основните средства
2.5. Амортизација на основните средства
2.5.1. Временска амортизација
2.5.2. Функционална амортизација
2.5.3. Комбинирана амортизација
3. Обртни средства
3.1. Поим, карактеристики и поделба на обртните средства
3.2. Кружно движење, коефициент на вртење и време на обрт
3.3. Фактори од кои зависи големината на обртните средства
3.3.1. Објективни фактори
3.3.2. Субјективни фактори
3.4. Ангажирање и трошење на обртните средства
3.4.1. Нормативи
3.4.2. Загуби
4. Извори на средства
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да ги дефинирате основните средства и да ги знаете нивните карактеристики
и основни видови;
o Да ги знаете сличностите и разликите помеѓу физичкото и економското
трошење на средствата;
o Да ги знаете сличностите и разликите помеѓу тековното и инвестициското
трошење;
o Да знаете што е вредност на основните средства;
o Да знаете да ги објасните различните видови капацитет;
o Да пресметате степен на искористеност на капацитетите за сместување во
проценти и денови;
o Да пресметате степен на искористеност на капацитетите за исхрана во
проценти;
o Да пресметате амортизациона квота и амортизациона стапка;
o Да ги појасните карактеристиките на временската, функционалната и
комбинираната амортизација;
o Да пресметате коефициент на вртење и време на обрт на средствата;
o Да знаете да ги појасните објективните и субјективните фактори од кои зависи
големината на обртните средства;
o Да ги знаете видовите нормативи и најчестите загуби; и
o Да знаете да ги појасните најчестите извори на средства на претпријатието.

69
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМНИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА СРЕДСТВА ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО
За да може претпријатието непречено да ја врши своја дејност, мора да
располага со средства. Притоа претпријатието употребува: згради, уреди, инсталации,
транспортни средства, суровини, материјали, полупроизводи, парични средства, итн.
Средствата со кои располага претпријатието, може да се поделат според различни
критериуми, во зависност од целта што треба да се постигне. Притоа, како најчесто
споменувани критериуми за поделба на средствата се (Бојаџиоски & Блажеска, 2003:
146):
I. Според појавните облици:
o Средства во материјален облик,
o Средства во паричен облик и
o Средства во облик на права.
II. Според намената:
o Деловни средства и
o Вонделовни средства.
III. Според фазите на репродукција:
o Средства во фазата на производство и
o Средства во фазата на промет.
IV. Според изворите на средствата:
o Средства од сопствени извори и
o Средства од туѓи извори.
V. Според законските прописи:
o Основни (постојани) средства и
o Обртни средства.
Последниот критериум за поделба на средствата е од посебно значење за
анализа и проучување на ефикасноста на функционирањето на претпријатијата. За да
може претпријатието да ги набави потребните основни и обртни средства, мора да
располага со одреден фонд. Поконкретно, под фонд на средства се подразбира извор
од кој се црпат средствата.

2. ОСНОВНИ СРЕДСТВА
Имајќи предвид дека работењето на претпријатијата е поврзано со користење
основни и обртни средства, во продолжение се обработени основните поимни
определби за овие видови средства.

2.1. ПОИМ, КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОДЕЛБА НА ОСНОВНИТЕ СРЕДСТВА


Основните средства се неопходни за работење на претпријатијата. Под основни
(постојани) средства се подразбираат оние средства чиј процес на трансформација од
паричен во материјален облик и обратно, трае подолго од 1 година. Притоа, овие
средства во процесот на производство се употребуваат за повеќе производни циклуси
и притоа не го менуваат својот физички облик, туку само ја пренесуваат вредноста
постепено, етапно на новиот производ, согласно степенот на физичкото трошење.
Поконкретно, во основни средства спаѓаат:
o Предмети кои функционираат како основни средства (орудија, стопански
градежни објекти, долгогодишни насади и основно стадо);
o Предмети кои сè уште не функционираат како основни средства, но се
наменети за основни средства (инвестиционен материјал на залиха,
инвестициони работи во тек и орудија за работа кои не се во употреба);
o Парични средства наменети за набавување на основни средства
(амортизација, парични средства од продажба на основни средства, фондови,

70
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
наплатено осигурување на основните средства, наемнина и др. средства за
оваа цел);
o Права и побарувања настанати врз основа на основните средства: патенти
и лиценци (побарувања од продажба на основни средства, како и од аванс на
основните средства и слично).
Во овој контекст се издвојуваат најинтересните карактеристики на основните
средства:
o Помалку се развиени, т.е техничката опременост на трудот во угостителството
и туризмот е релативно ниска;
o Во техничката структура значително е поголемо учеството на градежните
објекти (како кај хотелиерството), односно на опремата (машини, уреди,
инсталации, крупен алат, инструменти, транспортни средства (како кај
ресторатерството);
o Од аспект на функцијата големо е учеството на објективните услови за
производство (згради, земја, мебел и слично), помало е учеството на системите
на садови (шпорети, котли, казани и слично), а најмало е учеството на
механичките средства (машини и алати).
Постојат различни критериуми според кои може да се направи поделба на
основните средства. Основна цел зошто се прави поделбата на основните средства е
да се утврди нивната структура, да се осознаат и анализираат меѓусебните односи на
различните видови основни средства, како и да се осознае суштината заради подобро
управување.
(1) Според економската улога, во основни средства влегуваат:
o Земјиште;
o Згради и други градежни објекти (згради за услуги за сместување, згради за
производство, згради за разонода и др.);
o Уреди (уреди од енергетско значење, уреди за производство, транспорт и др.);
o Машини (машини за чистење простории, машини за перење, машини за
чистење овошје и зеленчук, машини за мелење и др.);
o Транспортни средства (средства за превоз на суровини, полупроизводи, уреди,
машини, гости и др.);
o Алати (машински и рачни);
o Крупен инвентар (погонски и деловен).
(2) Според местото во производниот процес основните средства се делат на:
o Производни средства на труд. Тука спаѓаат оние средства со кои се обавува
процесот на производство (машини, уреди, алати);
o Непроизводни средства на труд. Тука спаѓаат оние средства на кои или во кои
се обавува процесот на производство и со кои се врши транспорт на суровини,
полупроизводи, готови производи, како и гости (земјиште, згради, транспортни
средства и слично).
(3) Според состојбата во која се наоѓаат, основните средства можат да бидат:
o Основни средства во подготовка. Тука спаѓаат започнати работи врз одделни
видови основни средства (градежни објекти, опрема и слично);
o Основни средства во употреба. Тука спаѓаат сите основни средства кои на било
кој начин се употребуваат. Поконкретно, тоа се оние материјални средства кои
активно се употребуваат и функционираат во процесот на производство. Тие
придонесуваат за остварување на задачите на претпријатието (опрема,
инсталации, уреди, алати, основно стадо, повеќегодишни насади и слично);
o Основни средства вон употреба. Тука спаѓаат оние основни средства кои се
набавени, но сè уште не почнале да се употребуваат, или поради различни
причини се повлечени од употреба (пример поради: намален обем на работа,
физичка застареност, економска застареност и слично).

71
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(4) Според облиците на јавување, основните средства може да бидат:
o Основни средства во материјален облик (земјиште, шуми, градежни објекти,
опрема, повеќегодишни насади, основно стадо и слично);
o Основни средства во облик на права. Тоа се нематеријалните вложувања кои
не се јавуваат во некој конкретен вид средство кое се употребува за работење
на претпријатијата, туку претставуваат трошоци, кои поради разни причини не
се третираат како расходи во периодот во кој настануваат, туку се одложуваат
и се пресметуваат во неколку пресметковни периоди. Тука спаѓаат:
вложувања за набавување право на патент, право на лиценца, право на жиг,
право на мостра и слично;
o Основни средства во облик на пари. Тоа се вложувања кои претставуваат
право на претпријатието-вложувач, што значи е право на дел од добивката.
Поконкретно, тое се парични средства кои претпријатието ги вложува во други
претпријатија со кои соработува, пари вложени во банка, пари вложени во
хартии од вредност, дадени депозити, кауции, долгорочни кредити дадени во
земјата и странство и други долгорочни парични средства.

2.2. ТРОШЕЊЕ НА ОСНОВНИТЕ СРЕДСТВА


Под поимот трошење на средствата се подразбира процес на постојано
намалување на вредноста на основните средства. Притоа, кај основните средства
генерално може да се зборува за два вида трошење:
1) Физичко трошење на основните средства. Ова трошење може да настане
во одредени случаи, и тоа:
o Со употреба;
o Поради разни оштетувања (расипување, кршење и други штети);
o Поради нестручно ракување;
o Поради недоволно одржување и
o Под влијание на природните сили.
До кој степен и под кои услови ќе настане физичко трошење на основното
средство, зависи од повеќе фактори (карактеристиките на средството, интензитетот на
користење на средството, степенот на заштита, стручноста на лицата кои ракуваат со
средството и слично);
2) Економско трошење на основните средства. Ова трошење уште се
нарекува морално трошење, односно застарување на основното средство.
Настанува поради повлекување на средствата како резултат на техничко-
технолошки и научен развој, т.е. актуелните средства се заменуваат со нови,
поусовршени и поефикасни основни средства, пред да се случи нивна
физичка дотраеност. Тоа значи дека старите средства, иако физички се добро
сочувани и во исправна состојба, сепак се повлечени од употреба (флопи
дискетата се заменува со USB, видео касетата се заменува со DVD и слично).
Економското трошење е поизразено во дејностите каде техничкиот напредок и
промените се многу динамични. Така, најмалку е застапено кај градежните објекти, а
најинтензивно е кај машините, уредите и опремата. Современите и динамични услови
на живеење сè повеќе го скратуваат економскиот век на траење на основните средства
кој станува далеку пократок споредено со физичкиот век на употреба на основните
средства.

2.3. ОДРЖУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА


Во насока на продолжување на векот на траење, но и со намера да може нормално
да се применуваат, се спроведува одржување на средствата. Притоа, генерално, може
да се зборува за два вида одржување на средствата, и тоа:

72
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(1) Тековно одржување на средствата. Овој вид одржување подразбира разни
видови редовни интервенции врз основните средства (подмачкување, чистење
и слично). Карактеристично за тековното одржување е тоа што не се запира
процесот на производство, т.е. давање услуга. Тоа значи дека претпријатијата
може без прекин да ги извршуваат секојдневните обврски;
(2) Инвестициско одржување на средствата. При овој тип одржување се
спроведуваат поголеми интервенции кои временски траат подолго, па
неминовно е потребно да се запре процесот на производството, односно
вршењето на услуги. Од тие причини инвестициското одржување се врши
повремено и плански во периоди кога навистина постои потреба за тоа и кога
обемот на работа е со најмал интензитет.

2.4. ВРЕДНОСТ И КАПАЦИТЕТ НА ОСНОВНИТЕ СРЕДСТВА


Меѓу карактеристиките на основните средства особено се истакнуваат нивната
вредност и капацитет од кои зависи нивниот избор и економската успешност во
користењето. Тие се и меѓусебно поврзани затоа што основните средства со поголем
капацитет обично имаат и поголема вредност (Матлиевска & Пачешкоски, 2011: 113).
Притоа, петприемачот најчесто избира основни средства со поголем капацитет доколку
со очекуваниот обем на производство и продажба може да ги покрие зголемените
трошоци условени со поголемо вложување капитал.
Притоа вредноста на основното средство може да се разгледува како: набавна,
отпишана, сегашна, крајна (ликвидациска) итн.
Од друга страна, капацитетот на основното средство може да се разгледува како:
максимален, минимален, реален, оптимален, остварен итн.

2.4.1. Вредност на основните средства


Основните средствата, во прв ред средствата за работа, генерално се сметаат
за стабилни средства бидејќи можат подолго да се користат пред да се потрошат во
целост. Тие, генерално, имаат голема вредност, и со својот капацитет го одредуваат
вкупниот производствен капацитет на претпријатието. За секое основно средство се
води сметководствена евиденција, пришто се запишува нивната набавна вредност,
отписот и сегашната вредност. Така се овозможува контрола на располагањето со
постојаното средство.
Вредноста на основното средство може да се разгледува како: набавна,
отпишана, сегашна, и крајна (ликвидациска) вредност (Матлиевска & Пачешкоски, 2011:
114).
(1) Набавна (фактурна, куповна) вредност е онаа вредност на основното
средство која е наведена на сметката, односно на фактурата од набавувачот,
заедно со сите трошици за набавка на тоа средство до местото на користење.
Тоа значи дека во набавната вредност влегуваат и транспортните трошоци,
осигурувањето во транспортот, утоварот, растоварот, царината (доколку се
увезува), трошоците за монтажа и сл. Доколку се работи за основно средство
кое се гради, тогаш во набавната вредност влегуваат и сите трошоци за
материјали и труд потрошени при изградбата на тоа основно средство.
Карактеристично е што набавната вредност на основното средство останува
непроменета во тек на времето на неговото користење;
(2) Отпишана вредност на основното средство е проценетото намалување на
неговата вредност кое настанало во тек на одреден период. Уделот на
отпишаната вредност во набавната вредност на основното средство во
претпријатието е показател за нивото на истрошеност. Колку тој дел е поголем,
толку основното средство е повеќе потрошено. Со други зборови, со трошење
на основното средство се зголемува неговата отпишана вредност;

73
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(3) Сегашна (вистинска) вредност на основното срдество се добива како разлика
меѓу набавната и отпишаната вредност. Така, отпишаната вредност постепено
се зголемува, а сегашната се намалува. На почетокот на периодот на
користење на основното средство неговата набавна вредност е еднаква со
сегашната, додека на крај на периодот, по правило, набавната вредност е
еднаква на отпишаната вредност;
(4) Крајна (ликвидациска) вредност на основното средство ја претставува
вредноста на остатокот на основното средство во моментот на неговото
исфрлање од употреба.

2.4.2. Капацитет на основните средства


За правилно раководење со основните средства од особено големо значење е
познавањето на способноста и можностите на средството во насока на негово
поцелисходно искористување. По однос на поимното определување постојат различни
дефиниции. Во насока на полесно објаснување се укажува на етимолошкото потекло на
терминот „капацитет“ кој е од латинскиот поим „capacitas“ што означува способност,
односно можност нешто да се направи за определно време. Така, под капацитет на
основни средства се подразбира техничка можност на основните средства во поширока
смисла да произведат определена количина производи, односно да извршат
определена количина услуги во определено време.
Притоа треба да се има предвид дека произведеното количество
производи/услуги не зависи единствено само од производната способност на
средството, туку има и низа други фактори кои влијаат. Тука се вбројуваат: обемот и
структурата на основните средства, интензитетот на искористување, стручноста на
работната сила која ракува со основните средства, производната технологија што се
имплеметнира, стратегијата на управување и раководење итн. Оттука произлегува дека
капацитетот е само еден од многуте фактори кој е доминантен во определувањето
производна можност на основното средство.
Во теоријата се забележани различни поделби на капацитетот согласно
критериумот кој се применува (Бојаџиоски & Блажеска, 2003: 171). Во продолжение
накратко се појаснети неколку видови капацитет според производните можности на
основните средства.
(1) Максимален капацитет (теоретски, идеален или вграден капацитет). Овој
капацитет ја покажува можноста да се произведат максимален број производи,
т.е. да се извршат максимален број услуги во определен период во
претпријатието. Притоа, овој капацитет ја претставува онаа производна
способност на основното средство прикажана во техничката спецификација, па
затоа уште се нарекува и вграден капацитет. Карактеристично е што се
претпоставува дека основното средство ќе се користи непрекинато, па не се
земаат предвид одредени моменти (пример: времето потребно за поправки на
основното средство; времето потребно за замена на гостите; сезонскиот
карактер на трудот во угостителството и туризмот и слично). Максималниот
капацитет е нереален и не е можно да се оствари, бидејќи основното средство
во текот на користењето нужно мора да направи прекин во употребата;
(2) Минимален капацитет. Тоа е оној капацитет кој ја покажува минималната
количина производи, односно услуги што може да ги произведе претпријатието.
Со други зборови, тоа е онаа количина без која основното средство не би
можело да биде функционално;
(3) Реален капацитет (работен капацитет). Се подразбира оној капацитет кој
може реално да се оствари во дадена ситуација и под дадени услови на
работење. Всушност се работи за реално искористување на максималниот
капацитет во одреден временски период. За работниот капацитет
карактеристично е тоа што ги зема предвид сите застои и прекини на работата
на средството кои може да бидат предизвикани од објективни и субјективни

74
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
фактори (пример: времето потребно за поправки, времето кога се врши замена
на гостите, времето потребно за монтажа и демонтажа на средството,
сезонскиот карактер на угостителството и туризмот и слично). Оттука сосема
очекувано е што реалниот капацитет е секогаш помал од максималниот бидејќи
тој претставува разлика помеѓу максималниот капацитет и планираните загуби
на време на основното средство;
(4) Оптимален капацитет. Овој вид капацитет може да се набљудува од технички
и економски аспект. Така, под оптимален капацитет од технички аспект се
подразбира да се произведе онаа количина туристички производи, односно
услуги која обезбедува најдобар интензитет на работа на основното средство
при најдолг век на траење. Под оптимален капацитет од економски аспект
се подразбира да се произведе онаа количина производи која обезбедува
искористеност на капацитетот при најповолен однос помеѓу приходите и
трошоците, т.е. кога финансискиот резултат е најголем;
(5) Остварен капацитет (реализиран капацитет). Се подразбира оној капацитет
кој го покажува фактички постигнатиот степен на искористеност на капацитетот
во определено време. Најчесто, остварениот капацитет е еднаков со реалниот
капацитет. Во случаи кога постојат непланирани загуби на време на основните
средства предизвикани од објективни и субјективни фактори (пример:
неорганизираност во работата, недостаток на електрична енергија, задоцнета
набавка на репрометеријали, недостаток на работна сила и слично), тогаш
остварениот капацитет е помал од реалниот. Всушност, остварениот капацитет
претставува разлика помеѓу реалниот капацитет и непланираните загуби на
работното време на основните средства.
Успешното работење на претпријатијата во голема мерка зависи од степенот на
искористување на капацитетите. Така, колку што степенот на искористеност на
капацитетот е поголем, толку претпријатието работи поуспешно. Оттука неминовно е
потребно преземање соодветни мерки и активности во насока на зголемување на
степенот на искористеност (пример: продолжување на сезоната преку воведување нови
содржини и збогатување на вонпансионската потрошувачка, водење правилна политика
на цени, унапредување на промотивните активности и слично).

2.5. АМОРТИЗАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ СРЕДСТВА


Под поимот амортизација се подразбира паричен израз на трошењето на
основните средства. Поконкретно, се работи за намалување на вредноста на основните
средства поради нивното трошење во процесот на репродукција. Така, основните
средства не ја губат својата вредност, туку постепено ја пренесуваат на новите
производи. Се разбира, таквото пренесување не е материјално, туку пресметковно.
Бидејќи тоа трошење на вредноста на основните средства не е можно прецизно да се
утврди, се пристапува кон претпоставена проценка и пресметка. Притоа, може да се
пристапи кон пресметување:
(1) Временска амортизација,
(2) Функционална амортизација и
(3) Комбинирана амортизација.
Амортизацијата најчесто се пресметува за период од една година и тој годишен
износ се вика амортизациона квота. Со други зборови, амортизационата квота го
претставува паричниот износ за намалување на вредноста на основното средство
заради негово трошење. Поконкретно, тоа е вредноста на истрошениот дел од
основното средство која се пренесува на цената на новиот производ и при негова
реализација се издвојува за да се набави ново основно средство. Притоа,
амортизацијата треба да биде објективен одраз на трошењето на основните средства.
Затоа е потребно да се избере соодветен систем на пресметка на амортизацијата, кој

75
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ќе овозможи реално надоместување на вредноста која основните средства ја трошат во
процесот на репродукција.

2.5.1. Временска амортизација


За временска амортизација се смета онаа чие пресметување се врши врз основа
на просечниот век на траење на основните средства. Така, вредноста на одделните
основни средства треба да биде амортизирана во текот на предвидениот век на траење
на средствата, независно од интензитетот на негово користење. Притоа,
пресметувањето временска амортизација може да биде според методот на:
(1) Пропорционална амортизација,
(2) Прогресивна амортизација и
(3) Дегресивна амортизација.
Независно од начинот на кој се пресметува, временската амортизација има добри
и лоши страни. Така, најчесто истакнувани позитивности на временската
амортизација се:
o Можноста да одржува интегритет на средствата,
o Овозможува определен минимум рентабилност и
o Дава можност за општествена контрола.
Од друга страна, како најчесто споменувана негативност на временската
амортизација е фактот дека износот на амортизација се совпаѓа со реалното трошење
на тие средства.

1. Пропорционална амортизација
Според методот на пропорционална амортизација вредноста на основното
средство се амортизира преку еднакви годишни амортизациони квоти за толку години
колку што трае векот на користење на основното средство. Овој вид се нарекува
линеарна или константна амортизација бидејќи прави рамномерно пресметување. Со
други зборови, сумата која се издвојува за амортизација е константна, т.е. ниту се
зголемува ниту се намалува. Така, низ целиот временски период за кој се пресметува
амортизацијата на основните средства, сумата останува непроменета. При овој метод,
се применуваат следните формули:
𝑁𝑣 100
𝐴𝑘 = Ak = Nv x As 𝐴𝑠 =
𝑡 𝑡
Во која:
Ак- е амортизациона квота,
As – е амортизациона стапка,
Nv- е набавна вредност на основното средство и
t – е времетраење на основното средство.
Пресметувањето на пропорционална амортизација е едноставно и лесно, па
затоа често се применува во практиката. Сепак, како основен недостаток се наведува
тоа што при пресметките таа не го зема предвид интензитетот на употреба на
средствата.

2. Прогресивна амортизација
Методот на пресметување на прогресивна амортизација се состои во тоа што
амортизацијата бележи постојан апсолутен и релативен растеж како што одминува
временскиот рок на траење на основното средство. Така, на почетокот користењето на
основното средство е мало, па затоа и трошоците за амортизација се пресметуваат во
помали износи. Имено, сосема е логично на почетокот на своето работење
претпријатието да работи со помал степен на искористеност поради фактот дека не е
добро познато на пазарот. Оттука, на почетокот финансискиот резултат е помал, па се
смета за издржано да се пресметува амортизација со овој метод.
Овој тип временска амортизација се однесува за:

76
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Основни средства кога се во погон и за кои е потребно подолго време да
o
влезат во производството,
o Основни средства кога се во погон и зголемено се користат и
o Основни средства чија производна способност расте во текот на нивното
траење.
Основен недостаток на овој метод е што не се води доволно грижа за економското
застарување на основните средства.

3. Дегресивна амортизација
За методот на дегресивна амортизација е карактеристично што бележи
постојано апсолутно и релативно опаѓање како што одминува временскиот рок на
траење на основното средство. Така, амортизацијата е најголема во почетокот на
употребата на основното средство, а потоа постепено опаѓа во наредните години, за да
биде најмала на крајот на траењето на основното средство.
Притоа, дегресијата може да се постигне на два начина:
(1) Со примена на дегресивна амортизациона стапка на иста основа за
амортизација и
(2) Со примена на иста амортизациона стапка врз намалена основа за
амортизација.
Дегресивната временска амортизација генерално се однесува за основните
средства чија производна способност со векот на траење опаѓа и чие инвестиционо и
тековно одржување како трошоци на производство расте. Имено, се поаѓа од фактот
дека на почетокот додека се нови основните средства се попродуктивни, па може да се
оптоварат со поголеми амортизациони трошоци. Како голема предност на овој метод се
истакнува намалувањето на ризикот од застарување на средствата.

2.5.2. Функционална амортизација


Функционална амортизација е онаа која се пресметува на тој начин што
брзината на трошењето на основните средства се усогласува со степенот на нивно
реално користење. Така, за овој систем е карактеристично што пресметките за
амортизација ги темели на учинокот што средствата го остваруваат. Оттука поголем
учинок по правило значи и поголема амортизација и обратно.
Притоа, амортизацијата пресметана според овој систем има карактер на
пропорционален трошок, т.е. се зголемува со зголемување на учинокот на основното
средство, а се намалува со неговото намалување, додека по единица учинок останува
непроменето. Така, со примена на оваа амортизација, основното средство ќе се
амортизира за подолго или пократко време, во зависност од остварениот учинок. Она
што треба да се внимава е реално да се предвиди учинокот кој се очекува да го оствари
средството. Доколку се предвиди нереално висок учинок кој тешко може да се оствари,
постои ризик основното средство долго време да не се амортизира со што постои
реална опасност од економско застарување на средството. Од друга страна пак,
доколку се предвиди нереално мал учинок, тогаш амортизацијата ќе биде распоредена
на мал број учиноци, а износот на амортизација по единица учинок ќе биде висок. Во тој
случај, средството ќе биде амортизирано многу порано од векот на траење,
Функционалната амортизација е далеку пореална споредено со временската
амортизација. Сепак, поради многубројните ограничувања и лоши страни тешко може
да се примени во угостителството и туризмот.

2.5.3. Комбинирана амортизација


Како комбинирана амортизација се дефинира онаа амортизација која има
елементи на временската и функционалната амортизација. Со други зборови, кај овој
тип амортизација прифатени се предности од двата претходни типа амортизација, а
негативностите се сведени на минимум. Така, при пресметување на комбинирана

77
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
амортизација најнапред се зема предвид векот на траење на основното средство (т.е.
се пресметува временска амортизација), а потоа се зема предвид учинокот кој би го
остварил тоа основно средство (т.е. се пресметува функционална амортизација).

3. ОБРТНИ СРЕДСТВА
За непречено обавување на своето работење претпријатијата покрај основните
средства мора да располагаат и со обртни средства. Во продолжение појаснети се
поимните определби, карактеристиките и поделбата на обртните средства.

3.1. ПОИМ, КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОДЕЛБА НА ОБРТНИТЕ СРЕДСТВА


Обртните средства се трошат во целост во еден циклус на репродукција, па
количински и вредносно се трансформираат во нов производ. Така, под обртни
средства се подразбираат оние средства чија трансформација од паричен во
материјален облик и обратно, трае помалку од 1 година.
Се забележува дека обртните средства се разликуваат од основните средства
по неколку моменти. Така, може да се спомене дека разликите се според:
o Начинот на трошењето и пренесувањето на својата вредност на новиот
производ. Имено, основните средства се трошат постепено во повеќе
производни циклуси и пренесуваат само дел од својата вредност на новиот
производ, задржувајќи го својот облик. Наспроти нив, обртните средства се
трошат во целост пренесувајќи се количински и вредносно на новиот производ;
o Брзината на кружното движење. Кај основните средства трансформацијата
трае подолго од 1 година, па имаат коефициент на вртење помал или еднаков
на 1. Кај обртните средства трансформацијата трае пократко од 1 година, па
оттука коефициентот на вртење е поголем од 1.
Може да се наведе дека основните карактеристики на обртните средства
генерално се сведуваат на:
o Значителен дел од обртните средства се наоѓа во залихи од суровини;
o Релативно мал дел од обртните средства се наоѓа во залихи на готови
производи;
o Обемот на побарувања од купувачите се разликува според работењето во
различни угостителски објекти. Така, во ресторатерството обемот на
побарувањата се незначителни, во градските хотели тој обем е со скромни
димензии, додека пак кај туристичкото угостителство, обемот на
побарувањата од купувачите се значителни и долготрајни;
o Паричните средства на сметките имаат релативно големо учество;
o Постојат различни предмети на труд. Имено, во ресторатерството
материјални добра има генерално во главното производство, додека пак, во
хотелиерството доминираат добра во помошните процеси.
Во зависност од тоа што се зема како критериум за поделба, се разликуваат
повеќе поделби на обртните средства.
I. Според појавните облици, обртните средства се делат на:
(1) Обртни средства во стоков облик. Тука спаѓаат:
o Материјали за репродукција за производство на храна и пијалаци, т.е.
услуги и
o Полупроизводи, недовршени и готови производи додека се наоѓаат во
угостителски објекти.
(2) Обртни средства во паричен облик. Тука спаѓаат:
o Парични средства наменети за набавка на претходно наведените обртни
средства во стоков облик и
o Парични средства за подмирување други обврски околу работењето.

78
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(3) Обртни средства во облик на побарувања. Во прв ред се мисли на
побарувања за продадени, а сè уште ненаплатени производи, односно услуги.
II. Според намената, обртните средства се делат на:
(1) Обртни средства во производство. Генерално, тука спаѓаат залихите на
основниот материјал и на надворешното производство. Притоа, основна цел
на овој вид обртни средства е да обезбедат материјални услови за нормално
одвивање на процесот на производство;
(2) Обртни средства во промет. Како најкарактеристични средства од овој вид
се издвојуваат: готови производи на залиха, парични средства на жиро-сметки
и благајна и средства во пресметка. Основната цел на овие обртни средства
е да обезбедат услови за набавка на материјали и работна сила потребни за
подготовка на производството на производи и услуги.
III. Според материјалниот аспект, обртните средства се делат на:
(1) Основен материјал. Притоа, под основен материјал се подразбираат
предметите на труд кои ја сочинуваат главната супстанца на производите
(пример: суровини и полупроизводи);
(2) Помошен материјал. Тука спаѓаат предметите кои служат како додаток на
основниот материјал или како средство за одржување на погонот (помошен
материјал за изработка и помошен материјал на погонот);
(3) Гориво. Генерално се однесува на материјалите кои служат за движење на
производниот погон, како и за загревање;
(4) Ситен инвентар. Тука спаѓа опремата со век на траење пократок од 1 година
независно од износот на поединечната набавна цена или со век подолг од 1
година, а по цена под определена висина. Притоа, ситниот инвентар во
угостителството и туризмот може понатаму да се класифицира (кујнски и
сервисни садови; предмети за украсување и уредување; гарнитури од прибори
за јадење и пиење; работни и заштитни одела и обувки; апарати, уреди и
прибор за заштита од пожари и слично).

3.2. КРУЖНО ДВИЖЕЊЕ, КОЕФИЦИЕНТ НА ВРТЕЊЕ И ВРЕМЕ НА ОБРТ


Под поимот кружно движење се подразбира постојано движење (вртење) на
одделните фактори за производство и нивно претворање од паричен во материјален
облик и обратно. Со други зборови, станува збор за постојано вложување на средства
во елементи на производство како услов за обезбедување континуитет на
производството. Последователно, ангажираните средства се во непрекинато кружно
движење (слика 3.1.).

труд

готови
пари средства производство
производи

предмети

Слика 3.1. Кружно движење на средствата


Извор: Бојаџиоски & Блажеска. (2003: 128)

Кружното движење кај производните претпријатија го има следниот облик:


П - С ... ПР ... С1 - П1
Тоа значи дека најнапред, пред започнување на процесот на производство,
потребни се средства во паричен облик (П), со нивна помош се набавува потребната

79
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
стока (С), па се организира процесот на производство (ПР), се добива нов квалитет
стока (С1), која пак, се продава и се добиваат средства во паричен облик (П1).
Кај услужните претпријатија кружното движење е изразено низ обликот:
П - С ... У ... - П1
Се забележува дека процесот на кружно движење е идентичен како кај
производните претпријатија, освен што наместо организирање производство, се вршат
услуги. Така, производството (ПР) е заменето со давање услуги (У).
Независно од видот на претпријатието, целта на работењето е иста. Со други
зборови, и производните и услужните претпријатија имаат за цел остварување вишок
вредност. Имено, со продажбата, ангажираните средства (работна сила, средства за
работа и предмети за работа) преминуваат од стоков вид (С1 - готови производи) во
паричен облик (П1). Така, се обезбедува непрекинато кружно движење на материјалните
елементи на производството.
Ангажираните средства во процесот на кружно движење поминуваат низ
одредени промени т.н. метаморфози. Тоа значи дека доаѓа до промена на појавниот
облик на ангажираните средства, при што се менуваат од една во друга состојба.
Постојат следните метаморфози:
1) Премин од паричен во стоков облик (П - С);
2) Премин од стоков во преоден технолошки облик (С - ПР/У);
3) Премин од преоден технолошки облик во стоков облик (ПР - С1);
4) Премин од стоков во паричен облик (С1 - П1).
Како резултат на претходно споменатите метаморфози, ангажираните средства
може да бидат во следните состојби:
o Почетна парична состојба. Тоа е состојбата на самиот почеток на
ангажирање на средствата означена со првото почетно П;
o Почетна стокова состојба. Тоа е состојбата која настанува со ангажирање
на потребните средства, т.е. купување на потребните: труд, средства и
предмети;
o Преодна технолошка состојба. Тоа е состојбата кога ангажираните средства
се ставаат во процес на производство, односно во процес на давање услуги;
o Завршна стокова состојба. Тоа е состојба кога како резултат на процесот на
производство се произвеле производи, но сè уште не се продадени;
o Завршна парична состојба. Тоа е состојба кога произведените
производи/услуги се продадени, па претпријатието веќе располага со пари и
може од почеток да го започне целиот процес на кружно движење.
Во насока на согледување дали претпријатието добро управува со ангажираните
средства, се применуваат повеќе показатели кои укажуваат на ефикасноста во
работењето на претпријатијата. Со други зборови, брзината на обрт на обртните
средства се изразува преку утврдување:
(1) Коефициентот на вртење на средствата, преку кој се утврдува коефициентот
на обрт на капиталот и
(2) Време на обрт, преку кое се утврдува траењето на обртот на капиталот.
Така, под коефициент на вртење на средствата се подразбира бројот на
обртите на одделни видови средства во текот на една година. Со други зборови,
коефициентот на вртење претставува мерка на ефикасност на вртењето на
ангажираните средства. Тоа значи дека од една страна, коефициентот на вртење ја
покажува ефикасноста на употребата и функционирањето на ангажираните средства, а
од друга страна, го одредува влијанието на средствата врз квалитетот на економијата
на претпријатието во целина.
Притоа, треба да се напомене дека постои разлика во големината на
коефициентот на вртење, во зависност од тоа дали се работи за основни или обртни
средства. Имајќи предвид дека кај основните средства процесот на трансформација од
паричен во материјален облик и обратно трае подолго од 1 година, коефициентот на
вртење е помал или еднаков на 1. Од друга страна пак, коефициентот на вртење кај

80
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
обртните средства пак, е поголем од 1 бидејќи процесот на трансформација од паричен
во материјален облик и обратно, трае пократко од 1 година.
Коефициент на вртење се пресметува според формулата:
𝐶
𝐾𝑣 =
𝐴𝑠
Во која:
Кv - е коефициент на вртење,
С - е вкупен приход и
Аs - е ангажирани средства.
Под поимот време на обрт на капиталот се подразбира заокружен исечок на
време од непрекинатото кружно движење. Овој показател всушност ја претставува
должината на временскиот период кој е потребен за капиталот да направи обрт. Колку
обртот е побрз, т.е. времето е пократко, толку обртните средства се користат
поефикасно. Затоа се вели дека ефикасноста на користењето на средствата зависи од
брзината на обрт.
Времето на обрт се пресметува според формулата:
360
𝑉𝑜 =
𝐾𝑣
Во која:
Vo - е време на обрт на капиталот,
360 - е број на денови во годината и
Кv - е коефициент на вртење.

3.3. ФАКТОРИ ОД КОИ ЗАВИСИ ГОЛЕМИНАТА НА ОБРТНИТЕ СРЕДСТВА


Постојат голем број фактори кои ја условуваат големината на обртните средства
во претпријатието. Истите, генерално се поделени во две групи:
(1) Објективни фактори и
(2) Субјективни фактори.

3.3.1. Објективни фактори


Во групата најчесто споменувани објективни фактори од кои зависи големината
на обртните средства се сретнуваат (Матлиевска & Пачешкоски, 2011):
o Обем, асортиман и квалитет на производите. Овој фактор директно го
определува обемот на потребните обртни средства. Така, колку се поголеми
обемот, асортиманот и квалитетот, толку се неопходни и повеќе обртни средства
во сите фази на обрт на средствата;
o Карактеристики на технолошкиот пороцес. И овој фактор директно го
определува обемот на потребните обртни средства. Имено, колку што
технолошкиот процес е подолг, толку е потребно поголемо количество на обртни
средства. Така, доколку производството е сериско или масовно, се зголемуваат
залихите на готовите производи, а со тоа и обртните средства се поголеми. Од
друга страна, доколку производството е поединечно, т.е. индивидуално, тогаш
производот веднаш се испорачува до купувачот со што не создаваат залихи, па
така обртните средства се помали;
o Однесување на деловните партнери. Кај овој фактор многу е важно дали постои
почитување или непочитување на взаемните обврски помеѓу договорните
страни. Така, доколку постои коректно однесување на деловните партнери што
би значело квалитетно извршување на набавката и успешно организирање на
продажбата, тоа значи ангажирање на помалку средства во суровини и
материјали, односно готови производи. Или, од друга страна, секое
непочитување на договорените обврски, без разлика дали се работи за набавка

81
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
или продажба на производите, доведува до зголемување на потребата од
дополнителни обртни средства.

3.3.2. Субјективни фактори


За субјективните фактори, кои ја определуваат големината на обртните средства
во претпријатието, често се вели дека се одраз на способноста на менаџментот да
обезбеди непречена циркулација на средствата. Во овој контекст, како најчесто
споменувани се сретнуваат:
o Организација на набавката. Овој фактор подразбира дека треба да се донесат
правилни одлуки за обезбедување суровини и материјали со добар квалитет, во
оптимална количина, навремено, со пониски цени и преку правилен избор на
добавувачите;
o Организација на продажбата. Овој фактор значи пронаоѓање на платежно
способни купувачи, забрзување на процесот на продажба и намалување на
ризикот при продажбата;
o Брза наплата на побарувањата. Овој фактор придонесува за подобра
циркулација на обртните средства, а со тоа и помал обем на вкупно ангажирани
обртни средства на претпријатието.

3.4. АНГАЖИРАЊЕ И ТРОШЕЊЕ НА ОБРТНИТЕ СРЕДСТВА


Користење на што помалку обртни средства, односно ангажирање на помал
обем на обртни средства и нивно што помало трошење, ја определува економијата на
обртните средства.
Ангажирањето на обртните средства ќе се намали со:
o Скратување на времето на кружење на обртните средства во фазата на набавка;
o Скратување на циклусот на производство;
o Скратување на времето на кружење на обртните средства во фазата на
продажба и наплата;
o Обезбедување на оптимална количина на залихи на готови производи.
Употребата и трошењето на предметите на трудот со цел изработка на нови
производи има карактер на производна потрошувачка и создавање нови употребни
вредности. Трошењето на обртните средства се намалува со штедење, т.е со
намалување на трошењето на материјалот во процесот на репродукцијата. Притоа,
треба да се внимава на видовите материјали кои се користат во однос на нивната цена,
а особено при одредувањето на нормативите на материјалот.
Во текот на технолошкиот процес поголемо трошење се избегнува со
намалување на отпадоци, со штедење и со отстранување на дефектите.

3.4.1. Нормативи
Норматив е однапред и на одреден начин утврдена количина на суровина,
материјал, енергија и сл., која е потребна да се оствари одреден учинок. Нормативот
зависи од техничките и општите услови во кои се одвива работата. Постојат повеќе
видови нормативи.
I. Според начинот на одредување, нормативите може да се јават како:
(1) Искуствен норматив. Се одредува по искуствен метод преку мерење на
димензиите или тежината на веќе направениот производ и количината на
преостанатиот отпад, како и со утврдување на количината на потрошениот
помошен материјал кој не влегол во новиот производ. Овој норматив се одредува
и врз основа на вкупно направените производи и потрошениот материјал.
Искуствениот норматив се определува и со пробна изработка на готов производ;
(2) Технички норматив. Се одредува по технички метод уште од самата замисла на
производот, водејќи сметка за најсоодветните видови потребни материјали и за
нивна заштеда. Се изработува пробен примерок, но според извршените

82
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
пресметки и скици, со точно мерење на материјалите потребни за негова
изработка, и на помошниот материјал.
II. Според содржајноста, нормативите на предметите на трудот можат да се
поделат на:
(1) Основен и изведен норматив:
a. Основен норматив е она количество на материјал до кое се доаѓа со
пресметки, мерење и изработка на пробен примерок и
b. Изведен норматив е потребна количина за повеќе такви производи (10,
50, 100).
(2) Бруто и нето норматив:
a. Бруто норматив го содржи целокупното количество на одреден
материјал потребно за изработка на единица производ, како
искористениот, така и неискористениот дел;
b. Нето норматив го опфаќа само материјалот кој во текот на изработка
влегол во производот.
Разликата помеѓу бруто и нето нормативот ја претставува нормираната количина
на отпадоци на соодветниот материјал.

3.4.2. Загуби
Загубите на предметите на трудот неминовно настануваат насекаде: во
производниот процес, при магационирањето, при превозот итн. Во зависност од
причините, загубите можат да бидат:
(1) Природни загуби. Настануваат под влијание на природните процеси во
суровините, материјалите, трговската стока и другите предмети на трудот што
содржат помала или поголема количина на влага. Такви загуби се:
a. Калото претставува загуба во тежината што настанува со сушење на
овошјето, зеленчукот итн, како и со испарување на течностите;
b. Расипувањето е таква природна загуба со која делумно или целосно се
уништува квалитетот на предметот за работа.
(2) Манипулативни загуби. Настануваат како резултат на физичкото манипулирање
со предметите на трудот (превоз, истовар, спуштање и сл.). Овој вид загуби
зависат од (не)вниманието при нивната изработка и од (не)соодветните средства
за нивна изработка. Такви загуби се:
a. Отпадоци се помали или поголеми остатоци од суровината и
полупроизводите потрошени во тек на производството;
b. Споредни производи настануваат со издвојување на дел од некои
суровини (на пр: од житото се добива главен производ - брашно, но и
спореден производ - трици);
c. Шкарт е производ со грешка настаната заради лошата замисла на
производот, заради погрешната технолошка постапка, неправилната
обработка, оштетувањето во тек на изработката или манипулацијата и др.;
d. Крш е загуба која настанува со паѓање или удар врз осетливи предмети
на трудот. Најчест е кај стаклените, порцеланските стоки заради
невнимателно ракување со нив;
e. Растурот е карактеристична загуба кај производи кои се пакуваат во
вреќи (брашно, жито, сол, шеќер, цемент, течности);
f. Загуби на енергија настануваат при неисправна електрична мрежа,
„празен од“ на машините, несоодветни печки и котли за загревање,
непотребни прекини на работниот процес, недоволна изолација на
работните простории и др.
Во врска со загубите на предметите на трудот постојат нормативи на загуби. За
разлика од нормативите на потрошок на предметите на трудот, нормативите на загуба
претставуваат најголеми дозволени количини на кало, отпад, крш итн за одредено
количество произведени производи.

83
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
4. ИЗВОРИ НА СРЕДСТВА
Средствата со кои располага и управува претпријатието потекнуваат од некој
извор. Под поимот извор на средства се подразбира правно или физичко лице од кое
претпријатието ги добива средствата, но како извор на средства може да се јави и
самото претпријатие.
Во претпријатието постојат разни извори на средства. Така, поделбата изворите
на обртните средства се врши според различни критерииуми, генерално поделени во
неколку групи:
(1) Извори според нивната намена,
(2) Извори според можностите за располагање со капиталот и
(3) Извори според нивното потекло.
(1) Според намената, изворите се делат на: извори за постојани средства,
извори за обртни средства, извори за средства на резервите, извори за средства за
заедничка потрошувачка и извори на средства за други намени.
(2) Според можностите за користење на капиталот, т.е. траењето на користењето
на средствата, изворите можат да бидат:
а. Трајни извори на средства. Тоа се оние извори кон кои претпријатието нема
обврска за враќање сè додека тоа постои и функционира. Тие средства
претпријатието може трајно да ги користи (акционерски капитал, трајни
влогови на физички и правни лица, донации);
б. Повремени извори. Тоа се изворите на средства со обврска за враќање.
Најчесто, тоа се банките или други субјекти кои на претпријатијата им даваат
кредити со обврска за враќање во одреден рок и со плаќање на одредена
камата.
(3) Според потеклото, изворите на средства можат да бидат:
а. Интерни (внатрешни) извори на финансирање на претпријатието се оние кои
овозможуваат зголемување на капиталот со издвојување на дел од добивката, односно
од работењето на претпријатието;
б. Естерни (надворешни) извори на средства се оние кои обезбедуваат
финансирање на претпријатието со капитал кој не се создава низ процесот на
работењето на претпријатието. Такви се вложувањата на сопствениците, трајни влогови
на физички и правни лица, средства од издадени акции, дивидендите и др.
Структурата на изворите на средства го покажува учеството на одделните
извори во вкупните извори со кои располага претпријатието. Структурата на изворите на
средствата битно влијае врз самостојноста на претпријатието, врз стабилноста на
финансирањето и врз приносите од капиталот. Кај Економиката на претпријатијата,
структурата на изворите на средства првенствено се разгледува од аспект на соодносот
меѓу сопствените извори кои може неограничено да се користат и за кои не постои
обврска за враќање и туѓите извори на средства, за кои постои обврска за враќање. Во
основа, доминантното учество на сопствените извори на средства во структурата, е
поприфатливо.
Предностите на употребата на средства од сопствени извори е таа што
претпријатието не е временски ограничено со располагањето на капиталот. За разлика
од тоа, искористувањето на средства од извори што треба да се вратат, временски е
ограничено и го опфаќа времето до доспевање на обврските. Другите предности на
работење со траен капитал се:
o Помала зависност на претпријатието од пазарот на капитал;
o Подобра ликвидност поради помалите обврски;
o Можност за водење на пофлексибилна политика на цени во услови кога
состојбата на пазарите е неповолна и на тој начин претпријатието може да ја
подобри својата конкурентска способност.
Позајмените средства го оптоваруваат претпријатието со камати и други
трошоци кои директно влијаат врз работењето на претпријатието. Секоја финансиска

84
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
структура, во која преовладуваат туѓите средства, ја зголемува зависноста на
претпријатието. Меѓутоа, тие можат да имаат и позитивно влијание врз економијата на
претпријатието во услови кога тоа не располага со доволно сопствен траен капитал, а
постојат услови за зголемување на активностите.
Исто така, треба да се укаже на евентуална полза од ангажирање на капитал со
обврска за враќање, која се манифестира преку т.н. leverage effect, и тоа од аспект на
рентабилноста на претпријатието. Станува збор за економска оправданост на
ангажирање на капитал со обврска за враќање, во услови кога трошоците за ангажирање
на тој капитал се помали од ползата (приносите) од тој капитал што се остварува во
работењето. Во такви случаи, под влијание на ангажираниот туѓ капитал се подобрува
рентабилноста на целото претпријатие.
Структурата на изворите на средствата и нивните меѓусебни односи се следат со
помош на одредени показатели. За таа цел најчесто се користат индикаторите за:
o Финансиската независност (претставува однос меѓу трајниот
капитал и вкупните извори на средства);
o Финансиската задолженост (се изразува како однос меѓу изворите со
обврска за враќање и вкупните извори на средствата);
o Нето обртниот фонд (се добива кога од трајниот капитал се одземат постојаните
средства).

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ВРЕМЕНСКА АМОРТИЗАЦИЈА

ПРИМЕР 1
а) Пресметување на пропорционална временска амортизација
За потребите на хотелот „Штипко“ од Штип е набавена машина во вредност од
100.000 денари, со век на употреба од 5 години. Пресметајте ја амортизационата квота,
амортизационата стапка и сегашната вредност на машината според методот на
пропорционална временска амортизација.
Решение:
𝑁𝑣 100
o Се поаѓа од формулите: 𝐴𝑘 = 𝑡
и 𝐴𝑠 = 𝑡
𝑁𝑣 100.000 100 100
o Оттука, 𝐴𝑘 = 𝑡
= 5
= 20.000 𝐴𝑠 = 𝑡
= 5
= 20%.

Амортизационата квота е 20.000 денари, а амортизационата стапка е 20%.


Пресметката за сегашната вредност на машината е прикажана во табелата 3.1.
Табела 3.1. Пресметка на пропорционална временска амортизација
Амортизациона Амортизациона Вкупно Сегашна
Време
стапка (Аs) квота (Ак) амортизација (ден.) вредност
1 20 20.000 20.000 80.000
2 20 20.000 40.000 60.000
3 20 20.000 60.000 40.000
4 20 20.000 80.000 20.000
5 20 20.000 100.000 0

85
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИМЕР 2
б) Пресметување на прогресивна временска амортизација
За потребите на хотелот „Кавадарка“ од Кавадарци е набавена машина во
вредност од 100.000 денари, со век на употреба од 3 години. Пресметајте ја
амортизационата квота и сегашната вредност на машината според методот на
прогресивна временска амортизација, во случај кога се применуваат следните
амортизациони стапки: 1-та година 20%; 2-та година 39% и 3-та година 41%.
Решение:
Пресметките во табелата 3.2. се однесуваат за ситуација кога се применува
прогресивна амортизациона стапка на иста основа за амортизација (Nv = 100.000
денари).
𝑁𝑣 х 𝐴𝑠
o Се поаѓа од формулата: 𝐴𝑘 = 100
Табела 3.2. Пресметка на прогресивна временска амортизација
Амортизациона Амортизациона Вкупно Сегашна
Време
стапка (Аs) квота (Ак) амортизација (ден.) вредност
1 20 20.000 20.000 80.000
2 39 39.000 59.000 41.000
3 41 41.000 100.000 0

ПРИМЕР 3
в) Пресметување на дегресивна временска амортизација
За потребите на хотелот „Охридија“ од Охрид е набавена машина во вредност
од 100.000 денари, со век на употреба од 3 години. Пресметајте ја амортизационата
квота и сегашната вредност на машината според методот на дегресивна временска
амортизација, во случај кога се применуваат следните амортизациони стапки: 1-та
година 46%; 2-та година 32%; 3-та година 22%.
Решение:
Пресметките во табелата 3.3 се однесуваат за ситуација кога се применува
дегресивна амортизациона стапка на иста основа за амортизација (Nv = 100.000
денари).
𝑁𝑣 х 𝐴𝑠
o Се поаѓа од формулата: 𝐴𝑘 = 100
Табела 3.3. Пресметка на дегресивна временска амортизација
Амортизациона Амортизациона Вкупно Сегашна
Време
стапка (Аs) квота (Ак) амортизација (ден.) вредност
1 46 46.000 46.000 54.000
2 32 32.000 78.000 22.000
3 22 22.000 100.000 0

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛНА АМОРТИЗАЦИЈА

ПРИМЕР 4
Претпријатието „Бетон“ од Охрид набавило транспортно возило во висина од
150.000 евра. Воедно, претпријатието предвидело дека пред возилото да биде во
целост амортизирано, треба да помине 300.000 км, и тоа распоредени на следниот
начин: 1-та година возилото би поминало 80.000 км; 2-та година 100.000 км; 3-та година
70.000 км; 4-та година 50.000 км; 5-та година 50.000 км Пресметајте ја амортизацијата

86
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
по единица учинок и амортизационата квота и заклучете кога возилото ќе ја достигне
својата функционална амортизациона вредност.
Решение:
𝑁𝑣
o Се поаѓа од формулата: Амортизација по единица учинок = 𝑄
o Притоа, дадено е:
 Набавната вредност, т.е. Nv = 150.000 евра,
 Вкупната количина километри кои треба да се поминат, т.е. Q =
300.000км.
o Откако ќе се примени формулата за амортизација по единица учинок, се
добива пресметката:
150.000
 Аѕ = = 0,5 евра/1 км
300.000

o Деталните пресметки по години се прикажани во табелата 3.4.


o Заклучок: Вкупната амортизација ќе ја достигне набавната цена од 150.000
евра на крајот на 4-та година.
Табела 3.4. Пресметка на функционална амортизација
Годишен Амортизација по Амортизациона Вкупна
Време
учинок (км) единица учинок квота (Ак) амортизација (евра)
1 80.000 0,5 40.000 40.000
300.000 км

150.000 евра

2 100.000 0,5 50.000 90.000


3 70.000 0,5 35.000 125.000
4 50.000 0,5 25.000 150.000
5 50.000 0,5 25.000 175.000

ПРИМЕР 5
Хотелот „А“ набавил возило за превоз на патници со кое ќе ги превезува гостите
од хотелот до блиската плажа, по цена од 200.000 денари. Се предвидува возилото да
помине 400.000 км за време од 3 години, и тоа распоредени на следниот начин: 1-та
година ќе помине 200.000 км; 2-та година ќе помине 150.000 км и 3-та година ќе помине
50.000 км.
Хотелот „Б“ набавил возило за превоз на патници со кое ќе ги превезува гостите
од хотелот до блиската плажа, по цена од 200.000 денари. Се предвидува возилото да
помине 200.000 км за време од 3 години, и тоа распоредени на следниот начин: 1-та
година ќе помине 100.000 км; 2-та година ќе помине 70.000 км и 3-та година ќе помине
30.000 км.
Пресметајте ја амортизацијата по единица учинок и амортизационата квота и
заклучете кој хотел обезбедува подобро искористување на возилото и поголем учинок.
Решение:
𝑁𝑣
o Се поаѓа од формулата: Амортизација по единица учинок = 𝑄
во која:
 За хотелот „А“ дадено е:
 Набавната вредност, т.е. Nv = 200.000 ден. и
 Количината извозени километри, т.е. Q = 400.000км.
 За хотелот „Б“ дадено е:
 Набавната вредност, т.е. Nv = 200.000 ден. и
 Количината извозени километри, т.е. Q = 200.000км
o Откако ќе се примени формулата за амортизација по единица учинок, се
добиваат следните пресметки:
200.000
 Амортизација по единица учинок за хотел „А“ = 400.000 = 0,5 ден.

87
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
200.000
 Амортизација по единица учинок за хотел „Б“ = 200.000 = 1 ден.
o Деталните пресметки по години се прикажани во табелата 3.5.
o Со оглед на тоа дека хотелот „Б“ побрзо ќе го амортизира набавеното возило
(по поминати 200.000 км), цената на услугата која ја дава ќе е повисока бидејќи
има повисоки трошоци за амортизација по единица производ (1 ден.).
o Од друга страна, хотелот „А“ има пониски трошоци за амортизација по
единица производ (0,5 ден.), со тоа ќе има пониска цена на услугата, па ќе
овозможи поголем учинок (400.000 км) и подобро искористување на возилото.
o Заклучок: подобро искористување на возилото и поголем учинок има хотелот
„А“.
Табела 3.5. Пресметка на функционална амортизација
Годишен Амортизација по Амортизациска
Време
учинок (км) единица учинок квота (Ак)
1 200.000 0,5 100.000
Хотел „А“ 2 150.000 0,5 75.000
3 50.000 0,5 25.000
1 100.000 1 100.000
Хотел „Б“ 2 70.000 1 70.000
3 30.000 1 30.000

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ КОМБИНИРАНА АМОРТИЗАЦИЈА

ПРИМЕР 6 (Дискусија)

Претпијатието „Копач“ од Гостивар набавило булдожер за изградба на автопат


кој треба да се гради 4 години и одлучила да примени функционален систем на
пресметка на амортизацијата. Притоа компанијата претпоставила дека со нормално
искористување на основното средство, тоа би требало во целост да се амортизира по
4 години. Но, поради економска криза и немање доволно финансиски средства, по само
2 години работа, инвеститорот го замрзнал проектот и ја одложил реализацијата. Од
тие причини, по фактички поминати 4 години, основното средство (набавениот
булдожер) „изработил“ половина од својот нормален учинок, т.е. реализирал
амортизациона вредност еднаква на половина од неговата набавна вредност. Од друга
страна, основното средство веќе не е во состојба да работи на изградбата на автопатот
и треба да биде заменето со ново. Така, во овој случај се појавува разлика помеѓу
амортизационата вредност и вредноста која требало да ја има по периодот од 4 години.
За вакви случаи, решението е во користење комбиниран систем за пресметка
на амортизацијата, кој истовремено ги комбинира системите за временска и
функционална амортизација. Така, најпрво се определува векот на траењето на
средството и со тоа се определува неговата годишна амортизациона квота според
системот на временска амортизација. Потоа, годишната амортизациона квота се
определува и со примена на системот за функционална амортизација со користење на
планираниот учинок на постојаното средство. Така се следи реално реализираниот
учинок на постојаното средство кој може да биде поголем или помал од планираниот
учинок. Притоа, поголем учинок значи поголем износ на амортизација, додека помал
учинок значи помал износ на амортизација. На крај, пресметаната амортизациона квота
според системот на функционална амортизација се коригира со коефициент на
искористеност на основното средство (Чингоски, 2014: 50).

88
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИМЕР 7
За изградба на новиот автопат претпријатието „Гранит“ од Охрид набавило нов
булдожер по цена од 250.000 евра. Предвидувањата се дека оваа машина има животен
век од 5 години, а нејзиниот учинок треба да изнесува 500.000 тони земја и ископан
материјал.
Пресметајте ја годишната амортизациона квота за оваа машина според:
1) Методот за временска амортизација,
2) Методот за функционална амортизација и
3) Методот за комбинирана амортизација.
Решение:
o Според методот за временска амортизација, амортизационата квота се
𝑁𝑣
пресметува според формулата: 𝐴𝑘 = 𝑡 . Притоа познати се:
 Набавната вредност на основното средство, т.е. Nv = 250.000 евра,
 Животниот век на основното средство (време), т.е. t = 5 год,
𝑁𝑣 250.000
 Оттука, 𝐴𝑘 = 𝑡 = 5 = 50.000 евра/годишно.

o Според методот за функционална амортизација, амортизационата квота се


𝑁𝑣
пресметува според формулата: 𝐴𝑘 = . Притоа познати се:
𝑄
 Набавната вредност на основното средство, т.е. Nv = 250.000 евра,
 Количината ископан материјал, т.е. Q = 500.000 тони,
𝑁𝑣 250.000
o Оттука, 𝐴𝑘 = 𝑄 = 500.000 = 0.5 евра/тон.

Под претпоставка дека вкупната количина на ископан материјал од 500.000 тони


рамномерно се распореди во сите 5 години од животниот век на булдожерот, според
методот за пресметување функционална амортизација се добива дека годишната
амортизациона квота ќе биде еднаква на годишната амортизациона квота пресметана
според временскиот систем. Поконкретно:
500.000 тони евра
𝐴𝑘 = = 100.000 = х 0.5 = 50.000 евра/годишно
5 годишно тон

Меѓутоа, во пракса постои разлика помеѓу предвидениот и реализираниот учинок


на основното средство (булдожерот), така да постојат години кога машината изработила
75.000 тони, како и години кога изработила 125.000 тони. Во првиот случај, машината
имала помал учинок од предвидениот, додека во вториот случај имала поголем учинок
од предвидениот. Според тоа, треба да ги определиме корективните фактори за два
случаи посебно.
o Во првиот случај (реалниот учинок е помал од предвидениот, т.е. булдожерот
ископал 75.000 тони земја, а не 100.000 тони) така што амортизационата квота
според методот за пресметка на функционална амортизација ќе биде:
 Ак = 75.000 х 0,5 = 37.500 евра/годишно
o Во вториот случај (реалниот учинок е поголем од предвидениот, т.е.
булдожерот ископал 125.000 тони земја, а не 100.000 тони) така што
амортизационата квота според методот на функционална амортизација ќе
биде:
 Ак = 125.000 х 0,5 = 62.500 евра/годишно.
И во двата случаи амортизационите квоти се разликуваат од претходно
пресметаната амортизациона квота според методот на функционална амортизација
кога изнесува 50.000 евра/годишно.
o За пресметување амортизациона квота според методот на комбинирана
амортизација, најнапред треба да се пресмета коефициент на искористување

89
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
реален учинок
според следната формула: коефициент на искористеност = предвиден учинок.
Оттука:
75.000
 Во првиот случај: коефициент на искористеност = 100.000 = 0,75
125.000
 Во вториот случај: коефициент на искористеност = 100.000 = 1,25
o Со помош на пресметаните коефициенти на искористеност се прави корекција
на амортизациона квота по единица учинок пресметана според системот за
функционална амортизација. Оттука:
амортизациона квота по единица учинок 0,5
 Во првиот случај: коефициент на искористеност
= 0,75 = 0,67 евра/тон

амортизациона квота по единица учинок 0,5


 Во вториот случај: коефициент на искористеност
= 1,25 = 0,4 евра/тон

o Според тоа, кога ќе се користат пресметаните нови амортизациони квоти по


единица учинок, пресметките за амортизациона квота според комбинираниот
метод се следни:
 Во првиот случај: Ак = 75.000 х 0,67 = 50.000 евра и
 Во вториот случај: Ак = 125.000 х 0,4 = 50.000 евра.

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ СТЕПЕН НА ИСКОРИСТЕНОСТ НА СМЕСТУВАЧКИ


КАПАЦИТЕТИ

ПРИМЕР 8
Хотелот „А“ кој располага со 100 легла, на крајот на годината остварил 10.950
ноќевања. Пресметајте го степенот на искористеност во проценти и денови.
Решение:
(а) Пресметување на степен на искористеност на капациетот во проценти
ОБН х 100
o Се поаѓа од формулите: СИП = МБН
МБН = БЛ х 365
o Притоа, дадени се:
 Остварен број ноќевања, т.е. ОБН = 10.950 ноќевања,
 Број на легла, т.е. БЛ = 100 легла.
o Најнапред се пресметува можниот број ноќевања (максимален капацитет), и
тоа:
 МБН = БЛ х 365 = 100 х 365 = 36.500 ноќевања.
o Потоа, се пресметува остварениот број ноќевања (остварен капацитет), и тоа:
ОБН х 100 10.950 х 100
 СИП = МБН = 36.500 = 30%

(б) Пресметување на степен на искористеност на капацитетот во денови:


СИП х 365
o Се поаѓа од формулата: СИД = 100
o Притоа, дадено е:
 Степен на искористеност во проценти (пресметано во претходната
пресметка), т.е. СИП = 30%;
o Откако ќе се примени формулата, пресметката е следна:
СИП х 365 30 х 365
СИД = = = 110 дена
100 100
o Заклучок: Степенот на искористеност на хотелот „А“ е 30%, односно хотелот
работи со полн капацитет 110 дена во годината.

90
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ СТЕПЕН НА ИСКОРИСТЕНОСТ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА
ИСХРАНА

ПРИМЕР 9
Ресторанот „А“ кој работи на принцип на самопослужување, располага со 100
седишта, на крајот на денот услужил 200 гости. Пресметајте го степенот на
искористеност во проценти.
Решение:
БУГ х 100
o Се поаѓа од формулите: СИП = БГМУ

БГМУ = БС х КБГМУ
o Притоа, дадени се:
 Број на седишта, т.е. БС = 100 седишта;
 Број на услужени гости (остварен капацитет), т.е. БУГ = 200 гости;
 Коефициентот на број на гости кои може да се услужат е различен во
зависност од типот на капацитетот за исхрана, а во ресторан за
самопослужување изнесува 4. Оттука, во задачата се знае дека КБГМУ
= 4.
o Најнапред се пресметува бројот на гости кои може да се услужат (максимален
капацитет), и тоа:
 БГМУ = БС х КБГМУ = 100 х 4 = 400 гости.
o Потоа, познати се:
 Број на услужени гости (остварен капацитет), т.е. БУГ = 200 гости и
 Број на гости кои може да се услужат (максимален капацитет)
пресметано во претходната пресметка, т.е. БГМУ = 400 гости.
o Потоа, се пресметува степенот на искористеност во проценти, и тоа:
БУГ х 100 200 х 100
СИП = = = 50%
БГМУ 400
o Заклучок: Степенот на искористеност на ресторанот „А“ е 50%.

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ КОЕФИЦИЕНТ НА ВРТЕЊЕ И ВРЕМЕ НА ОБРТ

ПРИМЕР 10
Ресторанот “Х” на крајот на минатата година остварил вкупен приход од
24.000.000 денари, а притоа просечно ги користел своите обртни средства во висина од
6.000.000 денари. Пресметајте ги коефициентот на вртење и времето на обрт на
обртните средства.
Решение:
𝐶
o Се поаѓа од формулите: 𝐾𝑣 = 𝐴𝑠
360 360
𝑉𝑜 = = = 90 дена
𝐾𝑣 4
o Притоа, дадени се:
 Остварен вкупен приход, т.е. С = 24.000.000 ден.
 Ангажирани средства, т.е. Аѕ = 6.000.000 ден.
o Оттука,
𝐶 24.000.000
 Коефициентот на вртење изнесува: 𝐾𝑣 = 𝐴𝑠 = 6.000.000 = 4
360 360
 Времето на обрт изнесува: 𝑉𝑜 = 𝐾𝑣
= 4
= 90 дена

91
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Заклучок: Коефициентот на вртење на обртните средства на ресторанот „А“
изнесува 4, што значи дека на секои 90 дена настанува обрт на обртните
средства.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА 2
1. Појасните што се подразбира под средства на претпријатието. Набројте ги
основните поделби на средствата.
2. Појасните што се подразбира под основни средства, кои се најважните
карактеристики и набројте ги поделбите на основните средства.
3. Што претставува трошење на средствата и кои се основните видови трошења? Што
се подразбира под физичко, а што под економско трошење на средствата и кои се
основните карактеристики?
4. Што се подразбира под амортизација и кои се основни видови амортизација?
Појаснете што се подразбира под временска, функционална и комбинирана
амортизација, кои се најважните карактеристики и кои се начините на
пресметување.
5. Појасните ги разликите помеѓу тековното и инвестиционото одржување на
средствата.
6. Што е капацитет на основните средства? Појаснете ги основните видови капацитет.
7. Појаснете што се подразбира под обртни средства и кои се најважните
карактеристики. Набројте ги поделбите на обртните средства.
8. Што е кружно движење на капиталот? Појаснете ги метаморфозите во процесот на
кружното движење на капиталот.
9. Што е коефициент на вртење? Што е обрт на капиталот?

ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАЊЕ
1) Менаџерот на ресторанот „Х“ за потребите на работењето на кујната набавил
машина за лупење компири со вредност од 30.000 денари, при што просечниот век на
нејзино користење е 3 години. Пресметајте ја амортизациската квота, амортизациската
стапка и сегашната вредност на машината според методот на пропорционална
временска амортизација.
(Решение: Ак=10.000 денари, Аs=33%, СВ1=20.000, СВ2=10.000, СВ3=0).

2) За потребите на хотелот „Сонце“ од Струмица, набавена е машина во


вредност од 50.000 денари, со век на употреба од 3 години. Пресметајте ја
амортизациската квота и сегашната вредност на машината според методот на
прогресивна временска амортизација, во случај кога се применуваат следните
амортизациски стапки: 1-та година 25%; 2-та година 28% и 3-та година 47%.
(Решение: Ак1=12.500, Ак2=14.000, Ак3=23.500, СВ1=37.500, СВ2=23.500, СВ3=0).

3) Хотелот „Стружанка“ од Струга набавил средство во вредност од 70.000


денари, со век на употреба од 3 години. Пресметајте ја амортизациската квота и
сегашната вредност на машината според методот на дегресивна временска
амортизација, во случај кога се применуваат следните амортизациони стапки: 1-та
година 42%; 2-та година 38% и 3-та година 20%.
(Решение: Ак1=29.400, Ак2=26.600, Ак3=14.000, СВ1=40.600, СВ2=14.000, СВ3=0).

4) Хотелот „А“ набавил товарно возило по цена од 2.000.000 денари. Се


предвидува возилото да помине 200.000 км за време од 3 години, и тоа распоредени на
следниот начин: 1-та година ќе помине 100.000 км; 2-та година ќе помине 60.000 км и 3-
та година ќе помине 40.000 км.

92
III ГЛАВА
Управување со средствата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Хотелот „Б“ набавил товарно возило по цена од 1.500.000 денари. Се предвидува
возилото да помине 300.000 км за време од 3 години, и тоа распоредени на следниот
начин: 1-та година ќе помине 150.000 км; 2-та година ќе помине 100.000 км; 3-та година
ќе помине 50.000 км.
Пресметајте ја амортизацијата по единица учинок и амортизационата квота и
заклучете кој хотел обезбедува подобро искористување на возилото и поголем учинок.
(Решение:
- за хотелот „А“: Амортизација по единица учинок=10 ден., Ак1=1.000.000, Ак2=600.000,
Ак3=400.000;
- за хотелот „Б“: Амортизација по единица учинок=5 ден., Ак1=750.000, Ак2=500.000,
Ак3=250.000.
Подобро искористување на возилото и поголем учинок има хотелот „Б“).

5) Хотелот „Х“ располага со 300 легла и на крајот на сезоната остварил 32.400


ноќевања. Пресметајте го степенот на искористеност во проценти и денови.
(Решение: СИП=30%, СИД=110 дена).

6) Ресторанот „Штипко“ од Штип, кој располага со 100 седишта и работи на


принципот на самопослужување, на крајот на денот услужил 300 гости. Пресметајте го
степенот на искористеност во проценти.
(Решение: СИП=75%).

7) Ресторанот „Х“ на крајот на минатата година остварил промет од 12.000.000


ден., а притоа просечно ги користел своите обртни средства во висина од 2.000.000
денари.
Пресметајте ги коефициентот на вртење и времето на обрт на обртните средства.
(Решение: Кv=6, Vo=60 дена).

93
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
IV ГЛАВА
РАБОТНА СИЛА И ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ

ПРЕГЛЕД
1. Поимно определување на плаќањето на трудот
1.1. Теории за плаќање на трудот
1.2. Плаќање на трудот во пракса
2. Примена на научни методи во плаќање на трудот
2.1. Квалитативни методи за вреднување
2.2. Квантитативни методи за вреднување
2.3. HAY метод
3.Нормирања на работата
3.1. Поим за нормирање
3.2. Видови норми
4. Различни начини на плаќање на трудот
4.1. Плаќање според време
4.2. Плаќање според учинок
5. Основни и дополнителни облици на наградување на вработените
6. Други облици на вреднување на работата
 Студирање преку пример: Концептот на бруто-плата и системот на
интегрирана плата на социјалните придонеси
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете да објаснете што претставува плаќањето на трудот и кои се новите
теории за плаќање на трудот;
o Да знаете да ги објасните научните методи за плаќање на трудот,
вреднувањето на трудот и процесот на вреднување на трудот;
o Да знаете да објасните што претставува нормирањето на работата и кои се
видовите норми;
o Да знаете да ги објасните различните начини на плаќање на трудот (плаќање
според време, плаќање според учинок, плаќање според норма, плаќање
според акорд и плаќање според единица производ) и
o Да знаете да ги објасните другите облици на вреднување на работата.

94
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕТО НА ТРУДОТ
Плаќањето на трудот спаѓа во редот на најзначајните, но во исто време и
најсложените економско социјални проблеми на претпријатието. Тоа е така, затоа што
вработените и нивните семејства преку парите шти ги добиваат за вложениот труд ја
обезбедуваат својата егзистенција, а преку основите и мерилата за нивно утврдување
се манифестираат основните обележја и карактеристики на системот на распределба
на новосоздадената вредност во секоја национална економија и во самото
претпријатие.
Распределбата како фаза на општествената репродукција, преку дејствување на
економските законитости, го определува начинот на распределба на новосоздадената
вредност на сите создавачи и учесници во општествената репродукција. Распределбата
најдобро ги покажува производствените односи во секоја општествено економска
формација. Распределбата на новосоздадената вредност може да се набљудува од
макро и микро аспект.
Макрораспределбата претставува распределба на новосоздадената вредност,
односно на националниот доход во рамки на една национална економија. Со неа се
определува, покрај другото, и делот на новосоздадената вредност, кој преку разни
методи и системи на плаќање на трудот го добиваат вработените во претпријатието и
служи за нивна лична потрошувачка. Тој дел на новосоздадена вредност зависи од
економските потенцијали и можности на земјата, како и од нејзината конкретна политика
во областа на распределбата на националниот доход и во распределба на платите на
вработените. Овие макроекономски аспекти на распределба претставуваат предмет на
интерес, пред сѐ на политичката економија и применатата економија на стопанството,
додека економиката на претпријатијата ги проучува само оние влијанија на макро
распределба кои се одразуваат врз формирање и распределба на добивката и платите
во претпријатието.
Микрораспределбата претставува распределба на добивката и платите во
самото претпријатие. Таа се одвива под влијание на економските законитости и
мерките на државата, а се регулира со интерни прописи во претпријатието. Во поглед
на платите, микрораспределбата ја одредува конкретната висина на платите на
работниците во претпријатието. Во зависност од обликот на сопственоста на
претпријатието (приватна, државна, општествена или мешовита сопственост), се
менува учеството на вработените во распределба на добивката и нивното влијание во
таа распределба.
Сопствениците на претријатијата одлучуваат за распределба на
новосоздадената вредност. Во државните претпријатија за висината на платите на
работниците одлучува државата и нејзините органи, со донесување на различни акти.
Кај претпријатијата во државна и мешовита сопственост во донесувањето на одлуки за
распределба на новосоздадената вредност соодветно учество имаат и работниците во
таквите претпријатија.
Имајќи ја предвид оваа различност во одредување на платите и распределба на
новосоздадената вредност, со тек на време, во теоријата и практиката се формирале
различни теории и концепции за плаќање на трудот.

1.1. ТЕОРИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ


Во средниот век во времето на феудалното општество едно од економските
прашања кое привлекувало особен интерес било прашањето за плаќање на трудот.
Најзначајниот претставник на економската мисла во тоа време, Тома Аквински (Thomas
Aquinas), се залагал за т.н. „праведна наемнина“ која му овозможува на работникот
нормално да живее и која ги вклучува во себе трошоците на животот.
Во класичната школа на економската мисла Адам Смит (Adam Smit)
разработувајќи ја теоријата на распределба смета дека доходот во капитализмот се

95
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
дели на три дела: наемнина, профит и рента (слика 4.1). Тоа се всушност, доходите на
трите основни класи на тогашното општество: работниците, индустријалците и
земјосопствениците. Смит наемнината ја набљудува од два аспекти: од една страна, тој
смета дека таа претставува дел од производот на трудот кој ги опфаќа потребните
средства за живот на работникот и неговото семејство. Од друга страна наемнината
претставува дел од трошоците на производството и се јавува како награда (цена на
трудот). Со тоа, тој ја изедначува наемнината со другите два дохода - профит и рента.
Смит, исто така, прави разлика помеѓу природната и пазарната цена на трудот.
Природната цена ја определуваат средствата за живот на работникот и на членовите
на неговото семејство, а пазарната цена на трудот е детерминирана од понудата и
побарувачката на трудот.

Слика 4.1. Адам Смит Слика 4.2. Давид Рикардо


(Adam Smith) 1723-1790 (David Ricardo) 1772-1823
Идентични сфаќања за наемнината се сретнуваат и кај друг претставник на
класичната економска мисла, Дејвид Рикардо (David Rikardo) (слика 4.2). Според него,
конкретната висина на наемнината зависи од движењето на населението. Високоите
наемнини стимулираат пораст на населението и зголемување на понудата на труд,
поради што доаѓа до намалување на наемнините и обратно, ниските наемнини го
дестимулираат порастот на населението и предизвикуваат намалување на понудата на
трудот. Ваквата појава од своја страна предизвикува пораст на наемнината. Значи
висината на наемнината зависи од дејствувањето на законот на понуда и побарувачка
на работна сила, односно меѓусебна конкуренција на капиталистите и работодавачите.
Џон Стјуарт Мил (John Stewart Mill), слично како и поголем број мислители во
тоа време, смета дека доходот се дели на наемнина, профит и рента, како доходи на
трите тогашни класи. Според него, висината на наемнината зависи од понудата и
побарувачката на трудот. Така, понудата зависи од трудот, а побарувачката од оној дел
од капиталот што е наменет за плаќање на немнините, односно фондот на наемнини
(слика 4.3).
Од почетокот на 20-от век се јавуваат нови идеи, гледања и сфаќања за
распределба и платите кои се засноваат на нови, дотогаш непознати елементи. Така,
Сен Симон (Claude Henri De Saint Simon) смета дека распределбата во новото
општество ќе се врши врз основа на два принципа: според трудот и според
капиталот(слика 4.4). Тоа ново општество Сен Симон го нарекува научно-индустриски
систем и смета дека во него главниот збор ќе го имаат научниците и индустријалците.
Шарл Фурије (Charles Fourier) смета дека секој работник треба да биде награден
како член на општеството и тоа врз основа на три критериума: трудот, капиталот и
талентот(слика 4.5). Тој дури ги одредува и соодносите помеѓу овие три критериума во
распределба на доходот, и тоа: 5/12 за трудот, 4/12 за капиталот и 3/12 за талентот
(знаењето).

96
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Слика 4.3. Џон Стјуарт Мил Слика 4.4. Сен Симон Слика 4.5. Шарл Фурије
(John Stewart Mill) 1806-1873 (Claude Henri De Saint Simon) (Charles Fourier) 1772-1837
1760-1825
Првите социјалистички концепции за наградување, односно плаќање на труот, ги
поставил Фердинанд Ласал (Ferdinand Lassale) (слика 4.6) и Карл Маркс (Karl Marx).
Ласал укажува на „железниот закон на наемнината“, според кој наемнината не може да
се спушти под нивото потребно за одржување на физичка егзистенција на работникот.
Тој, исто така, смета дека на работниците треба да им припадне неначнат принос на
трудот. Оваа негова поставка аргументирано ја побива Карл Марк во „Критиката на
готската програма“, каде докажува дека од колективниот принос на трудот нужно мора
најпрво да се надоместат потрошените средства за производство, додатниот дел за
проширена репродукција и делот за резерви, што претставува економска нужност и да
се издвои дел од заедничките потреби на општеството (школо, здравство и сл.), што
претставува општествена нужност.
Карл Маркс (слика 4.7) во своето дело „Наемниот труд и капиталот“ го изнесува
своето мислење дека во социјалистичкото општество секој поединец дава придонес кон
општественото богатство според своите способности, а во распределба на доходот
учествува според вложениот труд, односно според остварениот придонес во неговото
создавање. Така според Маркс, во социјализмот нужно е поспособниот и
попродуктивниот работник подобро да биде платен.
Според теоретичарот на државниот капитализам Џон Кејнз (John Keynes) и
неговата теорија за куповна моќ на наемнината, државата треба да се ангажира во
осигурување на полна вработеност и покачување на платите на вработените (слика 4.8).
На тој начин, според него, се осигурува поголема потрошувачка, со што се стимулира
производството и се избегнуваат кризите на хиперпродукцијата.

Слика 4.6. Фердинанд Слика 4.7. Карл Маркс (Karl Слика 4.8. Џон Кејнз (John
Ласал (Ferdinand Lassale) Marx) 1818-1883 Keynes) 1883-1946
1825-1864

97
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако врз основа на различни гледања за плаќање на трудот се обидеме да
направиме резиме, тогаш недвосмислено се наметнува констатацијата дека во
современиот свет главно постојат две концепции на распределба и плаќање на трудот:
буржуаска концепција на распределба која се потврди и афирмира во современото
пазарно стопанство и социјалистичка концепција на распределба, која се применува во
поранешните социјалистички земји и која се покажа како неуспешна. Разликите помеѓу
нив се состојат во различните гледања на тоа кои се извори на национален доход и кои
се учесници во неговата распределба.
Според буржоаската концепција извори на национален доход се: трудот,
земјата, капиталот и претприемништвото. Со распределба на националниот доход на
сопствениците на овие извори им се осигурува соодветен дел од националниот доход:
на работникот - наемнина, на сопственикот на земјата - рента, на сопственикот на
капитал - камата, на претприемачот - профит. Преку доброволно издвојување на дел од
овие доходи се задоволуваат општите и заеднички потреби (образование, здравство,
култура, одбрана на земјата итн.).
Според социјалистичката концепција извори на национален доход се трудот и
природата, а со негова распределба се обезбедуваат средства за задоволување на
потребите на работниците, на проширената репродукција и на општата и заедничка
потрошувачка. Од ова може да се заклучи дека буржуаската концепција на распределба
и плаќање е конзистентна и стимулативна. Конзистентна е затоа што секој учесник во
создавање на новосоздадената вредност му признава соодветен дел при нејзината
распределба. Стимулативна е пак затоа што осигурува економска заинтересираност на
сите создавачи на новосоздадена вредност за успешно работење на претпријатието.
За разлика од тоа, социјалистичката концепција на плаќање не е потполна и не
е стимулативна. Таа не е потполна бидејќи во распределба на новосоздадената
вредност ги исклучува сопствениците на земјата и на капиталот. Во исто време, таа не
е и стимулативна, бидејќи платите на работниците ги заснова повеќе на социјални,
одошто економски мерила и критериуми.

1.2. ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ ВО ПРАКСА


Досегашните начини на плаќање на трудот во практичното работење во разни
земји упатува на тоа дека во основа постојат следните три системи за плаќање на
работникот:
(1) Систем на плаќање по време,
(2) Систем на плаќање по парче и
(3) Систем на плаќање според начелото „секому еднаква плата“ (уравниловка
или егалитаризам) (Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 252).
Секој од наведените системи или модели на плаќање има технички, економски
и социјални импликации односно карактеристики.
Набљудувани од технички аспект, сите системи на плаќање на трудот се
прифатливи, особено ако се едноставни за примена и разбирливи за работниците.
Можеби за работниците најразбирлив е системот на плаќање според начелото „секому
еднаква плата“.
Системите за плаќање набљудувани од економски аспект може да се
диференцираат според нивната стимулативност. Во тој контекст на прво место доаѓа
системот на плаќање по парче. Во неговата примена работникот е секогаш
заинтересиран да произведе, да создаде повеќе парчиња од некој производ и така да
добие поголема плата. На второ место доаѓа системот за плаќање по време, додека
системот на плаќање според начелото „на секој еднаква плата“ е потполно
нестимулативен.
Социјалните импликации на одделни системи за плаќање се различни. Кај
системот на плаќање по време работодавачот настојува работникот да биде што
повеќе ангажиран, а пак работникот настојува да се ангажира што помалку. Овде се

98
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
поставува прашањето: дали е прифатливо двајца работници, кои работат иста работа,
но кои остваруваат различен учинок, за исто време да остваруваат иста плата?
Кај системот на плаќање по парче социјалниот ефект е поприфатлив и за
работникот и за работодавачот, но во суштина не е така. Имено додека работникот за
двојно поголема плата мора да оствари двојно поголем учинок, работодавецот
остварува двојно поголем профит без никаков дополнителен напор, бидејќи трошоците
на производство за зголемената количина учиноци му се враќаат низ продажната цена.
Кога е во прашање системот на плаќање според начелото „секому еднаква
плата“ или „систем на уравниловка“, на прв поглед се стекнува впечаток дека тој е
општествено оправдан и прифатлив, но не е така бидејќи доделувањето исти плати за
различен учинок овозможува експлоатација и искористување на подобрите и
попродуктивните работници за сметка на полошите, односно помалку продуктивните
работници.
Кај овие три система на плаќање на трудот покрај негативните социјални ефекти
се запоставува и тежината на работата при определување на платите и притоа не се
води сметка за барањата што работата ги поставува пред работникот. Овие системи на
плаќање на трудот се модифицирани и подобрени со воведување на норми во
работењето, нормативи на материјали и сѐ што е подиференцирано на работата според
нивната сложеност, одговорност и условите во кои се извршува. Од овие три система
најкраткотрајно била применувана уравниловката, односно егалитаризмот.
Во земјите со развиено пазарно стопанство се среќаваат различни системи на
плаќање на трудот.
Така во Франција се практикуваа повеќе облици на плати (Dabler &
Lauguine,1997: 73):
o Плата по време (бројот на саати на работа x саатнина);
o Плата по парче (број на произведени парчиња x износ на плата за едно
парче);
o Премиска плата (комбинација од плата по време и плата по парче);
o Колективна плата (се определува по заедничкиот учинок на една група и се
дели на поединци од таа група според квалификацијата, стажот, возраста и
работниот придонес);
o Колективни додатоци (се определуваат на одделни организациони единици:
погони, служби и сл. во зависност од успешноста на нивното работење); и
o Месечни плати (кои ги добиваат службениците и раководителите врз основа
на времето поминато на работа).
Во Германија се разликуваат следниве облици на плата (Bohmer,1990:156):
o Плата по време, саатница, неделни плати на работниците, месечни плати на
службениците;
o Плата според учинок, односно парче или единица производ;
o Премиски плати (разни премии кои се даваат на работниците за поголеми
или подобри учиноци, заштеда на материјал, потрошено помалку време,
подобро искористување на машините итн);
o Учество во добивката или капиталот на претпријатието.
Во
Австрија се разликуваат следниве облици на плати:
Плата по време;
o
Плата според учинок;
o
Премиски плати (се комбинираат со плата по учинок);
o
Учество во добивката на претпријатието;
o
Плата во облик на разни додатоци (трошоци за превоз, поевтина или
o
бесплатна хранарина, пониски кирии за користење станови на претпријатието
итн).( Lecher, Karl-Egger at all,1990:125):
Во земјите со пазарно стопанство важен инструмент за регулирање на платите
претставуваат колективните договори - писмени спогодби помеѓу работодавачите и
работничките синдикати. Постојат следните два вида на колективни договори:

99
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Општи колективни договори (кои се однесуваат за стопанството во целина);
o Грански колективни договори (се склучуваат на ниво на стопански гранки и ги
одредуваат најниските плати, условите за вработување во одделни
стопански гранки).
Во Русија е задржан обликот на плаќање на трудот, т.н. заработнаја плата.
Висината на заработената плата зависи од количината и квалитетот на потрошениот
труд. Целиот систем на плата се заснова на единствен тарифно квалификационен
правилник донесен од државните органи. Според овој правилник сите работи се
групирани во шест класи според професиите, специјалноста и квалификациите на
работниците. Работникот покрај основната плата може да добие и премиска плата како
променлив дел од неговата плата во зависнот од иницијативата, оперативноста,
совесноста и други видови на залагања на работникот. Основни облици на плата на
работниците се:
o Плата според учинок (разликуваме плата според индивидуален и плати
според бригадниот, односно групниот учинок) и
o Плата по време.
Како што се гледа од практиката на плаќање на трудот во најголем дел се
заснова на примена на основните системи на плаќање според време и парче,
надоградени со плаќање според учинок и различен вид премии за поттикнување на
материјалната заинтересираност на работниците. Енормно високи плати заработуваат
изразено талентраните, способни и славни личности како: уметници, врвни автори на
познати литературни дела, познати музичари, познати спортисти и истакнати личности
од јавниот живот. При пресметување на платата на овие личности содржани се
елементи на чиста економска рента.

2. ПРИМЕНА НА НАУЧНИ МЕТОДИ ВО ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ


Една од важните задачи на менаџерот во претпријатието е да одреди во која
мерка работниците, кои ги надгледува, ја извршуваат својата работа ефективно и
ефикасно, со минимум грешки и прекини. Вреднувањето на работата претставува
активност која е насочена кон постигнување на најдобри можни работни резултати.
Утврдувањето на придонесот на работникот во работата може да се измери со примена
на соодветни научни методи и тоа вреднување на работата и нормирање на работата.
Извршувањето во претпријатието зависи од тоа колку вработените се
чувствуваат задоволни од она што го работат и од тоа колку правилно се наградени за
работата што ја работат. Затоа на проблематиката поврзана со наградувањето на
работниците се посветува многу големо внимание. Секогаш работниците се
споредуваат со други работници или со свој колега кој извршува иста или слична работа
и затоа очекува во наградувањето да биде исто или слично награден.
Вреднувањето на работата е активност при која со примена на соодветни
критериуми (барања) се споредуваат работите што се извршуваат во претпријатието,
се утврдува вредноста (тежината) на работата на секое одделно работно место и врз
таа основа се воспоставуваат соодветни односи меѓу работните места (Бојаџиоски &
Блажеска,2009:258). Вреднувањето на работата се однесува на работата што се
извршува на работното место, а не на работникот што ја извршува. Вреднувањето на
работата е поврзано со примена на одредени критерими за мерење на извршувањата
преку кои се дава одговор на прашањата за тоа кои работи се извршуваат на одредено
работно место, какви знаења се потребни, колкав напор е потребен да се вложи и сл.
Процесот на вреднување на работата е прикажан на сликата 4.9.
За сроведување на процесот на вреднување на работата се користат однапред
утврдени критериуми кои се применуваат за споредување различните работи што се
извршуваат во претпријатието. Преку вреднувањето на работата:
o Се добиваат сознанија за работите кои се извршуваат поединечно, на секое
работно место;

100
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Се проценуваат знаењата и способностите/вештините кои се потребни за
извршување на работата на секое работно место поединечно;
o Се дефинира одговорноста на работното место;
o Се оценуваат потребните умствени и физички напори за извршување на
работите;
o Се утврдуваат работните услови, односни условите за работа на работното
место.
Вреднувањето на работата ги опфаќа следните поединечни задачи:
o Нормирање на работењето;
o Мерење на извршувањето;
o Анализа на извршувањето и
o Донесување одлуки.

Нормирање на работењето Мерење на извршувањето


Вреднување на
работата
Анализа на извршувањето Донесување одлуки

Слика 4.9. Елементи на процесот на вреднување на работата


Нормирањето на работата подразбира утврдување на работни норми или
стандардни извршувања кои мора да бида јасни, мерливи и реални. Освен ова, нормите
на работа мора да му бидат објаснети на работникот, за тој точно да знае што се очекува
од него.
Мерењето на извршувањата подразбира набљудување на извршувањето и
споредување со однапред одредените норми. Ако нормите се добро поставени и ако
работниците се правилно упатени во нивните задачи, тогаш мерењето на
извршувањето е едноставна работа.
Анализата на извршувањето опфаќа и разгледување на добиените резултати
со работниците. Менаџерот мора да им укаже на вработенте за грешките и да ги насочи,
за да остварат подобри резултати. Доколку е потребно, менаџерот може да изврши
промена на поставените норми и методите на работа.
Донесување на одлуките претставува процес кој следи по анализата на
извршеното вреднување на работата. Врз основа на добиените резултати од
вреднувањето на работата, менаџерите одлучуваат за унапредувањата, наградување,
дополнителна обука или отказ. Вреднувањето на работата е основа за плаќање на
работата во претпријатието.
Вреднувањето на работата може да се врши со примена на повеќе методи.
Методите за вреднување на работата се прикажани на слика 4.10.
Во основа методите за вреднување на работата се групирани како:
(1) Квалитативни (глобални) методи. Во оваа група спаѓаат: методот на рангирање
и методот на класификација;
(2) Квантитативни (аналитички) методи. Во групата на квантитативни методи
спаѓаат: методот на споредување на факторите и методот на бодирање;
(3) HAY метод, во кој се врши вреднување на менаџерската работа.

101
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Квалитативни (глобални) Квантитавни


HAY метод
методи (аналитички) методи

• Метод на рангирање • Метод на споредување • Метод за вреднување на


• Метод на класификација на факторите менаџерската работа
• Метод на бодирање

Слика 4.10. Методи за вреднување на работата

2.1. КВАЛИТАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ


Квалитативните методи се нарекуваат и збирни методи бидејќи со нив се
проценува тежината на работата во целина. Како што е спомнато, во групата на
квалитативните методи за вреднување спаѓаат метод на рангирање и метод на
класификација.
Кај методот на рангирање најпрво се анализираат сите работни места според
нивната тежина, со опишување и објаснување на работите во целина за секое работно
место. Врз основа на анализата се прави листа. Проценителот на работните места
утврдува кои знаења и способности се потребни за секое работно место, какви умствени
и физички напори се потребни за секое работно место, каква одговорност има
работното место и под какви услови се извршува работата.
Проценителот на работните места ги рангира работните места, односно го
утврдува рангот на секое работно место. Сето ова проценителот го прави врз основа на
своето познавање на работните места и сопственото искуство. Овој метод е
едноставен, брз, со ниски трошоци за негова примена. Практичен е за примена кај
претпријатија со мал број вработени. Бројот на ранговите не е однапред определен.
Кај методот на класификација, бројот на класите (ранговите) е однапред
определен. Секоја класа грубо се дефинира и за секоја класа се определува плата.
Потоа се врши опис и попис на работните места и врз основа на извршениот опис се
утврдува во која класа може да се класифицира соодветната работа. Предноста на овој
метод е неговата применливост со ниски трошоци, а воедно е и лесен, едноставен и
детален. Овој метод дава задоволителни резултати. Негативност кај овој метод е
присуството на субјективизмот на проценителот во дефинирањето на секоја класа и во
класификацијата на работите во одделните класи.
Оттука, основната разлика меѓу овие два методи е тоа што кај методот на
рангирање бројот на ранговите не е однапред определен, а кај методот на
класификација бројот на класите и платите за секоја класа е однапред определен пред
да се пристапи кон вреднување на работите.

2.2. КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ


Квантитативните методи за вреднување се нарекуваат и аналитички методи за
вреднување, бидејки до вкупната тежина на работата се доаѓа со проценка на
стручноста, одговорноста, напорот и работните услови.
Во групата на квантитавни методи спаѓаат:
o Mетодот на споредување на факторите и
o Методот на бодирање.

Методот на споредување на факторите (дирекет паричен метод) спаѓа во


групата на аналитички методи на вреднување на работата. Според овој метод најважно

102
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
е да се определат критериумите, односно факторите според кои сите работни места ќе
се рангираат. Најчести критериуми за вреднување на работата претставуваат:
стручноста, вештината, умствените напори, физичките напори, одговорноста и условите
за работа. Од наведените фактори се изработува ранг- листа. Врз основа на овие
фактори се проценува тежината на секое работно место, се рангира и се изразува во
парични единици. Значи, преку овој метод, со анализа на факторите се рангираат
работните места (на пример: за умствен напор, алатничар треба да земе 300 ден., за
физички напор 500 ден., за услови на работа 800 ден., значи неговата плата ќе биде
1600 ден.). Овој метод е попрецизен и пообјективен споредено со претходните два
методи. Недостаток е што е посложен (Бојаџиоски &Блажеска, 2009:260).
Во праксата, најширока примена наоѓа бодовниот метод кој претставува
современ модел за вредување на работата. Суштината на овој метод се состои во тоа
што секоја работа, најпрво се анализира, се испитува со цел да се утврдат барањата и
критериумите што се поставуваат на работата. Потоа секое барање се бодува, се
вреднува со одреден број на бодови и на крај се собираат бодовите и се добива
вредноста, односно тежината на работата изразена во број на бодови.
Процесот на вреднување на работата со помош на овој метод на бодирање
поминува низ следните фази:
(1) Попис на работите;
(2) Опис на работите;
(3) Анализа на работите;
(4) Степенување на работите;
(5) Бодирањена работите;
(6) Рангирање на работите.
На слика 4.11. даден е приказ на процесот на вреднување на работата со метод
на бодирање.

попис на
работите

рангирање на опис на
работите работите

бодирање на анализа на
работите работите

степенување
на работите

Слика 4.11. Процес на вреднување на работата со методот на бодирање


Во продолжение се образложени секоја од наведените фази.
1-ФАЗА: При пописот на работите, на посебен формулар се попишува
содржината на работата, а не начинот на кој се извршува работата. Се попишуваат само
конкретните работи. Пописот се врши по хронолошки редослед: најпрво се попишуваат
секојдневните обврски, па неделните, па месечните, тромесечните, полугодишните,
годишните. На крај се попишуваат работите кои не се повторуваат периодично.
Попишаните работи се нумерираат. Податоците од пописот на работите се добиваат со
анкета или интервју од работникот кој ја извршува работата.

103
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2-ФАЗА: При извршување на описот на работите, работите се расчленуваат
на нивните составни активности. На овој начин се овозможува нивно опфаќање во
вреднувањето на трудот. Описот на работите се врши за сите работни места и за сите
работни активности / задачи кои треба да се извршуваат на тие работни места. Описот
се врши на самото работно место со набљудување, со консултација и на работникот и
на неговиот раководител.
3-ФАЗА: Во фазата анализа на работите, најнапред се врши избор на
критериуми кои се заеднички за сите работи и врз чија основа ќе се врши вреднувањето
на тежината на работата и споредување на односот на поединечните работи. Преку
оваа фаза се утврдува влијанието на поединечните критериуми во извршувањето на
работата. Ова фаза претставува една од најважните фази во вреднувањето на
работата.
Основните барања кои се јавуваат кај сите работи се групираат во следните
четири групи:
(1) Знаење и способности (сложеност на работата),
(2) Одговорност на работата,
(3) Напори за работата и
(4) Услови за работа.
Во рамките на вака утврдените општи критериуми се одредуваат и поединечни
критериуми и елеменити. Овие поединечни критериуми се разликуваат кај одделни
претпријатија во зависност од дејноста на претпријатието и обемот на работа. Секој од
наведените критериуми има соодветно влијание и дејствува со различен интензитет во
различни претпријатија. Така на пример, за одредени претпријатија критериумот
знаење и способности може да се расчлени на поединечни подкритериуми како што е
прикажано подолу:
КРИТЕРИУМ А-Знаење и способности:
А1-школско знаење,
А2-стручност (практична обука),
А3-умешност иницијатива и
А4 - искуства за раководење и кординација.
КРИТЕРИУМ Б - Одговорност:
Б1 - одговорност за правилно изведување на работата,
Б2 - одговорност за средствата на трудот,
Б3 - одговорност за процесот на работа и
Б4 - одговорност за вршење работи од општо значење за
претпријатието.
КРИТЕРИУМ В - Напор:
В1 - умствен напор,
В2 - напор на сетилата,
В3 - физички напор и
В4 - напор во односи со други.
КРИТЕРИУМ Г - Услови за работа:
Г1 - опасност од настинки и работа на отворено,
Г2 - опасност од несреќни случаи, работа на височина,
Г3 - емпература,
Г4 - вода, влага, киселина,
Г5 - нечистотија и прашина,
Г6 - гас, пареа, непријатни мириси,
Г7 - бучава и тресење,
Г8 - светлина.

4-ФАЗА: Степенувањето пак, претставува постапка за одредување на степенот


на интезитетот (јачината) на секој поединечен критериум. Секој степен како мерка на
интензитетот на одреден критериум треба да биде јасно дефиниран. Интензитетот кај

104
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
поединечните критериуми се изразува во различен број степени, (почнувајќи од ниво -
прв степен до ниво - петти степен) на следниов начин:
o Прв степен - никаков или незначителен интензитет,
o Втор степен - мал,
o Трет степен - среден,
o Четврт степен - голем и
o Петти степен - многу голем интензитет.
5-ФАЗА: Бодирањето преставува следна фаза во процесот на вреднување на
работата. Преку оваа фаза се врши бодирање, односно одредување на бројот на
бодови за секоја извршена работа. Според степенот кој носи одреден број на бодови,
се доделуваат бодовите за извршената работа. Со собирање на бодовите за сите
поединечни критериуми за соодветното работно место, се добива збирот на бодовите
за тоа работно место. Тоа претставува проценка на тежината или вредноста на
работното место изразена во бодови.
6-ФАЗА: Во фазата на рангирање на работите се составува ранг-листа на сите
работи врз основа на вкупниот број бодови. Тоа значи дека по извршеното бодирање на
работните места се пристапува кон рангирање на работните места, по редослед - од
работното место со најмногу бодови, до работното место со најмалку бодови, или
обратно.

2.3. HAY МЕТОД


HAY методот на вреднување на менаџерската работа е мошне популарен во
последно време. Овој метод за вреднување на менаџерската работа името го добил по
името на консултанската фирма HАY/MLS која компанија го разработила овој метод.
Во основа овој метод се темели на следните три стандардни евалуациони
фактори:
(1) Кnow-how,
(2) Решавање на проблемите и
(3) Одговорност.
1-ФАКТОР: Кnow-how ги вклучува сите вештини, знаења, способности кои ги бара
работата, како фактор претставува збир на вкупните вештини без оглед како се
стекнати, а кои се потребни за извршување на работата.
2-ФАКТОР: Решавањето на проблемите го означува степенот во кој работата
бара анализирање, креирање и резонирање. Овој фактор е определен од следните две
димензии: окружувањето во кое се одвиваат работите и предизвиците кои наметнуваат
одредено креативно мислење.
3-ФАКТОР: Одговорноста го означува степенот на одговорност за работата и
влијанието кое го има во претпријатието. Се мери со ефектот од работа изразен преку
самостојност во одлучувањето, влијание во текот на работата и влијание на резултатите
од работата.

3. НОРМИРАЊА НА РАБОТАТА
3.1. ПОИМ ЗА НОРМИРАЊЕ
Преку нормирањето на работата се создаваат услови за мерење на придонесот,
односно учиноците на работниците и за одредување на платите како функција на
степенот на нивното исполнување. Резултати од процесот на нормирање на работата
се работните норми. Работната норма претставува фактор за поголемо работно
ангажирање во работата, но во исто време придонесува фактор кој го спречува
изедначувањето на учиноците на одделни работници и нивно сведување на нивото на
најнепродуктивниот работник.
Работната норма е работниот учинок (ефектот) од определена количина и
квалитет на производот што треба да го постигнат еден или повеќе работници со

105
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
рационална употреба на средства за производство (погонски уреди, суровини, енергија
и другиот материјал) и во определено време (Талеска, 1983: 167).
Работната норма како категорија со која се мери извршувањето се состои од:
o Количина и квалитет на нормиран учинок,
o Рационална употреба на средствата за производство,
o Времето како мерка за извршување на нормираниот учинок и
o Организациските услови.
Работната норма овозможува реално планирање на потребните човечки ресурси
за одредено производство, рационално комбинирање на работата и средствата за
работа во процесот на производство, планирање на тековите на производство и
испорака, подобрување на работниот процес, како и поставување на стимулативен
систем на плаќање на работата.
Со работната норма се одредува работниот учинок кој просечно способниот и
извежбан работник, со нормално залагање, треба да го оствари на одредена работа.
На тој начин се одредува и платата како функција од остварената работа. Работниците
кои ја исполнуваат нормата ја добиваат предвидената плата; работниците кои ја
натфрлуваат добиваат поголема плата, а оние кои не ја исполнуваат нормата добиваат
помала плата. Со нормирањето се овозможува поголемо работно ангажирање.
Истовремено се избегнува платата на работниците да се сведе на платата на
работникот кој остварил најнизок учинок. На пример, од тројца шивачи на кошули кои
работат 8 часа, првиот изработил 30, вториот 45, а третиот 50 кошули. Доколку платата
зависи само од вредноста на работата, сите работници ќе бидат еднакво платени. Но,
тоа може да доведе до тоа, учинокот на двајцата подобри работници да се сведе на
учинокот на работникот кој остварил најмал учинок. За да се избегне ова, потребно е да
се одреди норма, и врз нејзина основа, според остварениот учинок да се одредува и
платата што ја прима работникот.

3.2. ВИДОВИ НОРМИ


Постојат различни видови норми во зависност од тоа кој критериум се применува за
нивно пресметување. Сепак, во основа се разликуваат:
I Норми според единица мерка,
II Норми според начинот, односно методот применет при нивно утврдување и
III Норми според број на работници и уреди на работно место.
I Работните норми според критериумот единица време се делат на два вида:
(1) Норма на време и
(2) Норма на изработка. (Бојаџиоски & Блажеска , 2009: 277):
Така:
(1) Преку нормата на време (Nt) или временска норма се одредува колку време
е потребно за остварување на единица учинок, односно за изработка на единица
производ (на пример, 10 минути за изработка на еден пар чорапи). Нормата на време
го претставува времето потребно за квалитетно и навремено извршување на одредена
поставена задача. Временската норма се изразува со две единици: минута/парчиња,
час/метри и др. Временската норма се нарекува и норматив на работна сила.
(2) Норма на изработка (Ni) претставува количинска норма со која се одредува
колку учиноци (производи) работникот треба да изработи во единица време (на пр., 6
пара чорапи на час). Нормата на изработка ја определува количината на учиноци во
единица време. Се изразува во две единици: парчиња/ден, кг/минута, метри/час и сл.
Со оваа норма се мери учинокот на работникот чија работа се нормира, но и за
пресметување на неговата плата.
Помеѓу нормата на време и нормата на изработка постои математичка врска:
единица време единица време
𝑁𝑡 = или 𝑁𝑖 =
𝑁𝑖 𝑁𝑡

106
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Зголемувањето на нормата на изработка води до намалување на нормата на


време и обратно.
II Работните норми според критериум начин на утврдување се делат на:
Искуствени норми,
(1)
Статистички норми
(2)
Норми утврдени со мерење на времето на работење и
(3)
Технички норми.
(4)
Така,
(1) Искуствените норми се утврдуваат на основа на искуството од минатото
производство. Тое се резултат на субјективната проценка на аналитичарот и можат да
содржат непотребни губитоци на време. Затоа во современата пракса искуствените
норми ретко се користат.
(2) Статистичките норми настануваат врз основа на следење и собирање на
информации за времето на работењето на одредени работи во тек на подолго време.
Иако се темелат на објективни податоци, тие не се реален израз на вистински
потребното време за извршување на одреден учинок.
(3) Нормите утврдени со мерење на времето на работење се обиди за
пообјективно утврдување на работните норми. Се одредуваат врз основа на мерење
на работата со хронометар (штоперица) и со проценка на времето на одмор, како и на
подготвителното и завршното време на работата со машината.
(4) Техничките норми се резултат на проучување на работата и изнаоѓање на
најдобри работни методи. Се утврдуваат со постапки на научни истражувања и
технолошки пресметки и можат да служат како најдоба мерка за контрола на
рационалното користење на работното време.
Во зависност од видот на работата која се извршува, за која се одредуваат
нормите, постапката на мерењето на времето и одредувањето на работните норми е
различна. Разлики во определувањето на нормите се јавуваат помеѓу:
- Машинско работење,
- Машинско-рачно работење и
- Рачно работење.
Одредувањето на времето на работењето на машината се темели на познатите
податоци за режимот на работење на машината. За разлика од ова, одредувањето на
времето на рачната и машинско-рачната работа бара повеќе струки мерење и
примена на математичко-статистички постапки. Најголем проблем при утврдувањето на
работните норми претставува правилната проценка на ангажманот на работникот при
работата. Аналитичарот на времето го споредува ангажманот на работникот
(моментната брзина на движењата) чија работа се мери со нормалното работење и врз
таа основа на пресметување на просечното залагање се утврдува просечното време и
работната норма. Проценка на ангажманот на работење не е потребна при утврдување
на техничките норми.
III Работните норми во зависност од бројот на работници, можат да бидат:
(1) Поединечни норми и
(2) Групни норми.
Така,
(1) Поединечните работни норми го утврдуваат учинокот на поединечни
работници.
(2) Групните работни норми го одредуваат заедничкиот учинок кој повеќе
работници треба да го остварат. Примената на групните норми е застапена во
претпријатија во кои постои меѓусебна поврзаност и условеност на учиноците на
работните места и не постои можност за индивидуално мерење на учиноците.
И покрај тоа што во практичното работење се применуваат работните норми како
критериум за мерење и вреднување на извршувањето, сепак следењето и анализата на
извршување на нормата се процеси кои редовно се практикуваат од менаџментот на

107
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
претпријатијата. Потребно е однапред да се постават граници на нормално извршување
и условите под кои нормите ќе се менуваат. Во праксата редовно се случуваат
потфрлување и натфрлување на нормата заради различниот ангажман или способност,
подготвеност на вработените. Ако отстапувањата во поголемиот број случаи се движат
надвор од границите на нормално извршување, потребно е да се утврдат причините за
таа состојба и да се изврши преиспитување на нормите. Многу важно за остварување
на добри резултати е да се следи остварувањето на нормите заедно со нивото на
квалитет на производите, отпадот и сл., чии отстапувања од просекот треба да бидат
во рамки на дозволените граници.
При користење на работните норми како инструменти за плаќање на работата,
се поаѓа од тоа дека работните норми не треба да бидат единствен критериум за
одредување на заработувачката на работникот. Работните норми треба да
претставуваат основа на која може да се одредуваат само дополнителните износи на
заработувачка на работниците, со кои ќе се корегира нивната основна плата или
надницата.

4. РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ


Плаќањето на работата е еден од главните фактори за мотивација на
вработените за поголеми работни резултати. Во теоријата и праксата постојат различни
начини и системи на плаќање на трудот на работниците. Сите тие се карактеризираат
со различно одредување на платата врз основа на двата најважни елементи:
o Вредноста на работата што се извршува на одредени работни места и
o Резултатите (ефектите) што ги остваруваат работниците кога работат на
работни места на кои се распределени.
Изборот на методот за вреднување на работата и определувањето на основната
плата во ситемот на наградување во конкретно претпријатие зависи од неговата
големина и видот на работните места на кои треба да се направи проценка. Различните
методи се карактеризираат со разлики во одредувањето на платата на вработените.
Начинот на плаќање на работата, односно начинот на одредување на
заработувачката, има големо влијание на работата и ангажирањето на работниците.
Исто така, платите и другите надоместоци, во многу претпријатија имаат значителен
удел во вкупните трошоци на работењето. Затоа во претпријатието е важно да се
обезбеди контрола на плаќањето на работата и мерење на ефикасноста на
вработените. Така може да се влијае на конкурентноста на претпријатието на пазарот и
вооопштено, на успешноста на работењето на претпријатието.
Постојат неколку критериуми според кои се врши распределба на
заработувачката на работникот:
o Плаќање по време (наемнина од време),
o Плаќање по учинок (според норма, плаќање според акорд и според единица на
производ) и
o Систем на стимулирање на работниците.
Секој од овие начини има свои технички, економски и социјални импликации.
Можните начини на плаќање на трудот се прикажани на сликата 4.12.

108
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

плаќање по наемнина од
време време

според норма
РАЗЛИЧНИ
НАЧИНИ НА
ПЛАЌАЊЕ НА
ТРУДОТ плаќање по
според акорд
учинок

систем на
според единица
стимулирање на
на производ
работниците

Слика 4.12. Начини на плаќање на трудот

4.1. ПЛАЌАЊЕ СПОРЕД ВРЕМЕ


При користењето на системот на плаќање според време, платата на работникот
зависи од времето поминато на работа без разлика на учинокот. Така, според начинот
плаќање по време, плаќањето се врши според единица време. По овој систем по кој
работникот се наградува според времето поминато на работа без оглед на учинокот, се
наградуваат полошите работници чии што резултати се потпросечни, а подобрите
работници кои остваруваат подобри резултати се помалку платени. Мерило за
вреднување претставува присутност на вработените во одредено определено време на
работа. Плаќањето се врши за одредена единица време (час, ден, месец и сл.).
Овој систем е едноставен и разбирлив за вработените, но не е доволно
стимулативен за вработените. Се применува за работни места каде не може да се
изврши нормирање, кога се произведуваат висококвалитетни производи, за
специфични работни места каде наградувањето според учинок не е оправдано и сл.

4.2. ПЛАЌАЊЕ СПОРЕД УЧИНОК


Плаќањето по учинок е таков систем во кој плаќањето се врши според
извршената работа, односно според количината на изработеното - остварениот учинок.
Во овој случај висината на платата зависи од остварениот учинок. Плаќањето според
учинок подразбира постоење на претходен договор меѓу работникот и работодавецот
за вредноста на изработувањето и кој износ треба да се плати за работата. Системот
на плаќање на трудот по учинок значи на работникот да му се плаќа во зависнот од
реално изработената работа во одредена количина и квалитет. Ова бара реално и
солидно поставување на норми бидејќи ако се тие превисоки претставуваат
оптоварување за вработениот и самото претпријатие. Плаќањето на трудот според
учинок може да биде директно и прогресивно. Директното плаќање е она каде учинокот
и платата стојат во право пропорционален сразмер, односно, за поголем учинок -
поголема плата и обратно. Прогресивно плаќање е она каде за извршување на нормата-
учинокот се применува соодветен основен став, а за она што преку неа се применува
извесен прогресивен систем на плаќање.
Во зависност од начинот на кој се мери остварениот учинок, постојат три основни
облици на плаќање според учинок (Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 292):
(1) Плаќање според норма,
(2) Плаќање според акорд и
(3) Плаќање според единица производ.

109
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(1) Кај системот на плаќање според норма, со помош на нормата се мери
остварениот учинок, односно нормата покажува колку време е потребно да се потроши
за производство на единица производ или колку производи на пример се произведуваат
за еден час. Платата на работникот се определува врз онова на исполнување на
нормата. Ако се претпостави дека работникот дневно ја остварува предвидената норма,
тоа значи дека ќе ја оствари месечно предвидената плата.
(2) Кај системот на плаќање според акорд во основа постои договор помеѓу
сопственикот на претпријатието или работодавачот и работникот за извршената работа
или за произведените производи. Значи, во случај кога во договорот не постои
гарантирана дневница или т.н.надница, односно време во кое ќе биде извршена
работата, тогаш се работи за т.н чист или прост акорд. Овој вид плаќање е еден од
најстарите облици на плаќање. Потекнува од францускиот збор accord кој значи
спогодба или договор.
Бидејќи постои договор за плаќање, кај овој вид плаќање не е важно за колку
време работникот ќе произведе одредени производи, дали ќе работи со прекини и сл.,
бидејќи платата е однапред договорена и позната големина. Овој начин на плаќање
може да предизвика намалување на економичноста поради зголемување на
отпадоците, незаинтересираноста на работникот и сл.
Во праксата се применуваат два облика на овој систем и тоа:
o Прост (чист) акорд и
o Прогресивен (сложен) акорд.
Кај прогресивното плаќање на трудот од парче, акордната плата се зголемува
сразмерно (или побрзо) од зголемувањето на учинокот, додека кај дегресивното, таа
расте побавно од зголемувањето на учинокот.
(3) Систем на плаќање според единица производ претставува трет облик на
системот на плаќање по учинок. Преку овој начин се врши плаќање на работата на група
работници која работи на еден заеднички производ, а платата на секој работник се
одредува според бројот на единици производ кои се произведуваат со заедничката
работа. Овој систем е стимулативен и едноставно разбирлив кога сите работници во
групата имаат слична квалификуваност и кога интензитетот на работа е еднаков.

5. ОСНОВНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБЛИЦИ НА НАГРАДУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ


Вообичаено во практичното работење, претпријатијата применуваат различни
видови на плаќање на работата. Во своето работење за мотивирање на вработените и
нивен придонес за успешност во работата, претпријатијата применуваат основни и
дополнителни облици на наградување на вработените. Основните и дополнителните
облици на наградување на вработените се прикажани на сликата 4.13.
I Во групата на основни видови плаќање на работата спаѓаат:
(1) Плати,
(2) Дневници (надници) и
(3) Провизии.
Така,
(1) Платите претставуваат награди за вработените кои ги вложуваат своите
способности и работната енергија во функција на остварување на целите на
претпријатието. Вообичаена пракса е во Македонија платите да се исплаќаат во облик
на постојан износ кој најчесто се одредува за еден месец. Висината на платата се
одредува според знаењето, вештините, квалификациите, искуството, одговорноста,
работното место на вработениот, а во согласност со склучениот договор за работа.
(2) Дневниците (надниците) се среќаваат во две основни форми: надница по
време и надница по парче. Надниците по време се пресметуваат со множење на бројот
на часовите или деновите на работа со договорената цена за работа на час или на ден.
Оваа пресметка е едноставна и може да обезбеди добар квалитет на производите, но
не ги поттикнува работниците за нивен ангажман. Надниците по парче се добиваат со

110
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
множење на бројот на единиците учинок (парчињата) кои вработениот ќе ги оствари, со
цената на работење по единица учинок (по парче). Дневниците претставуваат силен
поттикнувач за зголемување на производноста на работењето. Се користат претежно
за плаќање на работата на производните работници. Цените на работата значајно се
разликуваат според степенот на стручната спрема на работниците, како и од состојбата
на пазарот на трудот. Така, на пример, недостатокот на одредени занимања на пазарот
на трудот ги зголемува дневниците.
(3) Провизиите претставуваат облик на плаќање на работата кои се одредуваат
во договорен процент од остварениот износ на приходот од продажба. Провизиите го
вреднуваат учинокот и имаат одредена сличност со надницата по единица учинок.
Наместо провизија како основен вид на заработувачка (награда за извршена работа),
во пракса се случува некои претпријатија на работниците да им исплаќаат основна
плата (фиксен износ) и зголемена провизија во процент од приходот од продажбата
(провизијата тогаш е само варијабилен додаток на платата). Плаќањето на работата со
провизија е вообичаено за вработените во трговската дејност.

Основни Дополнителни
видови видови

Слика 4.13. Основни и дополнителни облици на наградување на вработените

II. Во групата на дополнителни видови на плаќање на работата спаѓаат:


(1) Различните видови премии и
(2) Поттикнувања (стимулации).
Така,
(1) Премиите вообичаено се плаќаат на извршните менаџери, на вработените
во трговската дејност, и на други вработени, како дополнителна награда за остварување
на одредени цели (на пример за: производство на одредена количина, за остварување
на одреден промет, за постигнување на одредено ниво на квалитет, за остварување на
заштеди во материјал, навремено извршување на плановите, за намалување на
трошоците и сл.).
Поттикнувањата се утврдуваат како удели на вработените во профитот на
претпријатието, односно како дополнителни награди за придонесот кон успешното
работење на претпријатието во изминатиот период.
Претпријатијата можат да имаат и други облици на плаќање на вработените со
кои се зголемуваат трошоците за работа, а кои се однесуваат на плаќање на отсуства,
регреси за годишен одмор, награди за повеќегодишна непрекината работа, отпремнина
за пензионирање итн. Сите овие се мерки кои ги поттикнуваат вработените на поголеми
напори во извршувањето на своите задачи. Мотивацијата на вработените се изразува
како нивно воодушевување со работата која ја обавуваат. Но, во праксата не се ретки

111
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ситуациите лицата кои имаат определена дарба за определена работа да немаат желба
да ги употребат своите способности. Затоа мотивирањето на вработените за поголеми
залагања и подобро работење се вбројува во најтешките менаџерски задачи.
Финансиските поттикнувања (паричните награди) можат да ги мотивираат
вработените на добро работење само доколку се воведени во согласност со потребите
и карактеристиките на поединечните вработени. Менаџерот кој сака да избере погодни
поттикнувања треба да ги дознае интересите на поединечните вработени и да ги поврзе
со работата во претпријатието.
Финансиските поттикнувања можат да имаат големо влијание на работното
залагање на вработените. Но финансиските поттикнувања имаат различно влијание во
мотивираноста на вработените. Вработените со помала плата се повеќе мотивирани од
мал износ на парична награда за разлика од вработените со поголема плата. На
пример, за работник кој има месечна плата од 15.000 денари можноста за остварување
на посебен додаток на плата (премија), доколку оствари зголемено производство во
износ од илјада денари, претставува силен мотив за разлика од вработениот кој има
месечна плата од 30.000 денари.
Дополнителните награди сé повеќе се воведуваат во практичното работење на
претпријатијата и нивната висина зависи од тоа како вработените ги извршуваат своите
работни задачи. Преку дополнителните награди за секој дополнително вложен труд и
дополнителен придонес во работата вработените добиваат дополнителна награда.
Кога наградувањето на работниците директно е поврзано со резултатите на
претпријатието, поголема е веројатноста дека работниците ќе ги остваруваат деловните
цели кои ги остваруваат нивните индивидуални интереси, но и интересите на
претпријатието.
Меѓутоа, таков систем на плаќање на работата може успешно да функционира
само под услов вработените да бидат информирани за резултатите од работењето и да
ја согледат поврзаноста меѓу резултатите од работењето и остварената заработувачка.
Во големите претпријатија потешко е да се утврди систем на плаќање на трудот кој се
темели на деловниот резултат на претпријатието. Тоа е полесно да се постигне во мали
претпријатија, каде вработените можат појасно да го согледат влијанието на својот
учинок, односно својата работа врз профитабилноста и вкупната успешност на
претпријатието.
Системот на плаќање на работата според остварената успешност ги има
следните карактеристики:
o Финансиските поттикнувања кои им се исплаќаат на врботените се тесно
поврзани со нивните работни резултати,
o Вработените јасно ја гледаат поврзаноста меѓу нивната секојдневна работа и
наградата која ја примаат,
o Системот на плаќање е едноставен, познат на вработените и тие имаат доверба
во него,
o Вработените се убедени дека системот на плаќање е праведен и
o Системот на плаќање на работата ги опфаќа сите вработени (работниците и
менаџерите) без оглед на видот на работата која ја извршуваат.
Нефинансиските поттикнувања (пофалби, признанија, унапредувања и сл.),
претставуваат значаен фактор за мотивација на вработените. Меѓутоа, вработените
нема да бидат мотивирани доколку нивниот придонес во работењето не биде
забележан од страна на менаџментот. Ако менаџерот или претпримачот не ја согледа
навреме и не ја пофали добрата работа на своите вработени, вработените нема да
бидат мотивирани за идни извршувања.

112
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
6. ДРУГИ ОБЛИЦИ НА ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА
Современите претпријатија се карактеризираат со тоа што постојано
практикуваат примена на различни системи на вреднување на работата. Менаџментот
на претпријатијата применува други облици на вреднување на работата заради
остварување на следните цели:
o Да привлече и задржи соодветни човечи ресурси со соодветни квалификации
какви му се потребни во претпријатието;
o Да се поттикне конкуренцијата меѓу вработените и да се создаде конструктивно
работно окружување;
o Да се стимулираат и мотивираат вработените на поголем ангажман и да се
зголеми продуктивноста во работењето;
o Да се обезбеди соодветно ниво на конкурентност во работењето.
Во групата на стимулативни системи на вреднување на работата спаѓаат
(Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 299):
(1) Индивидуални системи на стимулација,
(2) Посебни програми за стимулација и
(3) Групните системи на стимулација.
Така,
(1) Во групата на индивидуалните системи на стимулација спаѓаат премиските
системи на плаќање. Премиските системи на плаќање се такви системи на плаќање на
трудот на работниците каде на работниците им се исплаќаат премии, награди за
извршените работи, за постигнат успех од аспект на квалитетот на производите, за
остварените заштеди во време и материјал, за успешно управување со работата и
слично. При доделување на премиите се применува основното правило а тоа е
различните награди да се поврзуваат со посебни цели. Различните видови премии
односно стумулации се додаваат на основната плата во соодветен износ во зависност
од индивудуалниот придонес на секој.
(2) Во групата на посебните програми за стимулација спаѓаат посебни
програми за стимулација кои претпријатијата ги применуваат со цел да подобрат некои
аспекти од своето работење, како на пример: подобрување на квалитетот во работење,
намалување на отсуството од работа, подобро искористување на работното време и сл.
Основа за воведување на посебните програми за стимулација претставува платата и
одреден процент од платата или еднаков независен дел од платата. Исто така, овие
вреднувања може да бидат изразени преку непарични програми од типот на слободни
денови и сл.
(3) Групните системи на стимулација се воведуваат за подобрување на
вкупната успешност на претпријатијата каде организациската успешност се поврзува со
индивидуалната успешност и остварувања. Во овој случај заедно со платата се исплаќа
и посебен додаток кој е поврзан со одредени аспекти на успешно работење. Во оваа
група спаѓаат следните:
o Учество на вработенте во добивката,
o Учество на вработенте во профитот и
o Учество на вработенте во сопственоста.
Генерално, овие стимулативни програми ги поврзуваат индивидуалните со
организациските цели.

113
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР
КОНЦЕПТОТ НА БРУТО-ПЛАТА И СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИРАНА НАПЛАТА НА
СОЦИЈАЛНИТЕ ПРИДОНЕСИ
(Преземено од www.ujp.gov.mk. Месечна пресметка за интегрирана наплата)
Обврзник за пресметка, уплата и за плаќање на придонеси и персонален данок на
плата
Управата за јавни приходи прибира месечно податоци за пресметани плати,
придонеси и персонален данок на доход, ги контролира и води евиденција, поединечно
за секој обврзник. Обврзник за пресметка и уплата е субјектот кој има обврска, на товар
и за сметка на физичкото лице, да ги пресмета, задржи и уплати придонесите и
персоналниот данок од плата.
Обврзник за пресметка и уплата на персоналниот данок на доход за приходите
по основ на плата е исплатувачот на приходот, пооделно за секој обврзник за плаќање.
Обврзник за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување е
физичкото лице/осигуреникот, во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите и
персоналниот данок од плата, односно:
o Работникот во работен однос кај правно лице;
o Извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен
одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не
е осигурен по основ на работен однос и самовработување;
o Самовработеното лице;
o Носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија
согласно со Законот за земјоделство и рурален развој;
o Верското службено лице;
o Привремено невработеното лице, додека прима паричен надоместок од
осигурување во случај на невработеност, согласно со законот итн.

Основица за пресметка на персоналниот данок и придонеси од задолжително


социјално осигурување
Основица за пресметка на персоналниот данок на доход од плата претставува
платата во вкупен износ, намалена за вкупните придонеси и за месечното лично
ослободување. Основица за пресметка на придонеси од задолжително социјално
осигурување за лице во работен однос претставува платата, дополнителни примања од
работен однос (утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен
договор и договорот за вработување).
Дополнителни примања од работен однос во смисла на Законот за придонеси
од задолжително социјално осигурување се исплатите по основ на деловна успешност
на работодавачот и надоместоци на плата (утврдени со Законот за работни односи и
колективен договор).
Надоместок на плата претставува делот кој работникот го добива по различни
основи, на пр. боледување, отсутност од работа поради користење годишен одмор,
платен вонреден одмор, со закон определени празници и од работа слободни денови,
дообразување и сл. (утврдени со Законот за работни односи и колективениот договор).

Основица за пресметување и плаќање на придонесите


Основица за пресметување и плаќање на придонес, односно основицата за
осигурување за тековната година, не може да биде пониска од 50% од просечна плата
по работник во Македонија со исклучок на основицата утврдена во членот 14 став 1
точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од ЗПЗСО. За самовработено лице кое врши
професионална и друга интелектуална услуга, основица за пресметување и плаќање на
придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година, не може да биде
пониска од просечната плата по работник во Македонија.

114
IV ГЛАВА
Работна сила и плаќање на трудот
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Најниска основица за пресметување и плаќање на придонеси
Најниската основица за пресметување и плаќање на придонеси која изнесува
50% од просечната плата, ќе зависи од бројот на одработени часови во месецот, во
случаите кога работникот работи помалку од полно работно време или кога остварува
прекувремени часови на работа.

Највисока основица за пресметка на придонеси


При пресметка на највисоката основица се зема предвид просечната плата по
работник во Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на
Државниот завод за статистика. Највисоката месечна основица за пресметување и
уплата на придонесите за примања од работен однос од еден обврзник за пресметка и
уплата на придонеси е износот од дванаесет просечни плати. Највисока месечна
основица за пресметување и уплата на придонесите за примања на извршен член на
одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво,
односно управител во трговско друштво, е износот од дванаесет просечни плати.
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за
самовработено лице е износот од осум просечни плати. На износот повисок од
највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат придонеси, но се
пресметува и уплатува персоналниот данок на доход. За лице - корисник на паричен
надоместок за време на привремена невработеност, највисока месечна основица за
пресметување и уплата на придонеси за тековната година изнесува 80% од просечната
плата по работник во Македонија. Највисоката основица за пресметување и плаќање на
придонеси ќе зависи од бројот на одработени часови во месецот, во случаите кога
работникот работи помалку од полно работно време или кога остварува прекувремени
часови на работа.

Начин и рок за плаќање на бруто-плата


Уплатата на бруто-плата (платата, придонесите и персоналниот данок) се врши
кај носителот на платниот промет кај кој обврзникот за пресметка и уплата има сметка
со образец ПП 53 издаден од Управата за јавни приходи. Уплатата на придонесите и
персоналниот данок се врши само во парични средства. Рок на уплата на придонесите
и персоналниот данок е денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на
плата, пензија, односно друг паричен надоместок. Ден на исплата на платата или дел
од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок е рокот на
доспеаност за плаќање на социјалните придонеси и персоналниот данок на доход.
Доколку платата, надоместокот на платата, пензија односно друг паричен надоместок,
не е исплатена, рок на доспеаност за плаќање на социјалните придонеси е 15-ти во
тековниот месец за претходниот месец (пр. доколку платата за месец aприл не е
исплатена, рокот на доспеаност за плаќање на социјалните придонеси е 15-ти мај).
По рокот на доспеаност за плаќање на социјалните придонеси за неисплатени
плати, пензии или друг паричен надоместок, се пресметува камата во висина од 0,03%
за секој ден задоцнување.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА
1. Објаснете што се подразбира под поимот плаќање на трудот. Што опфаќа
распределбата како фаза во општествената репродукција? Дефинирајте што
претставува макрораспределбата на новосоздадената вредност. Дефинирајте
што претставува микрораспределбата на новосоздадената вредност. Како се
објаснува распределбата според класичната економска школа? Од што зависи
наемнината според Џон Стјуарт Мил? Објаснете ги социјалистички концепции за
наградување. Објаснете ја буржуаска концепција на распределба. Објаснете ја
социјалистичката концепција на распределба.

115
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. Набројте ги основните системи за плаќање на работникот. Кои се основните
карактеристики на системот на плаќање по време? Кои се основните
карактеристики на системот на плаќање по парче? Кои се основните
карактеристики на системот на плаќање според начелото „секому еднаква
плата“? Наведете ги негативните социјални ефекти од наведените системи на
плаќање.
3. Што претставуваат колективните договори? Наведете ги видовите колективни
договори. Кои се основни облици на плата на работниците?
4. Како се објаснува вреднувањето на работата? Што е предмет на оценување на
овој процес? Кои поединечни задачи ги опфаќа вреднувањето на работата?
Објаснете што значи нормирање на работењето. Објаснете што значи мерење
на извршувањето. Објаснете што значи анализа на извршувањето. Објаснете
што значи донесување одлуки во процесот на вреднување на работата.
5. Набројте ги методите на вреднување на работата. Кои методи спаѓаат во групата
на квалитативни или глобални методи на вреднување на работата? Кои методи
спаѓаат во групата на квантитативни методи на вреднување на работата?
6. Како се објаснува методот на рангирање? Како се објаснува методот на
класификација? Што е карактеристично за методот на споредување на
факторите? Кои се основните карактеристики на бодовниот метод? Како се
спроведува процесот на вреднување на работата според бодовниот метод? Како
се спроведува фазата попис на работите? Што е карактеристично за фазата
опис на работите? Кои активности се спроведуваат во фазата анализа на
работите? Кои основни критериуми се применуваат во анализа на работите?
Објаснете го степенувањето како фаза во процесот на вреднување на
работата. Како се објаснува бодирањето во процесот на вреднување на
работата?
7. Кои се основите на HAY методот на вреднување на менаџерската работа?
Објаснете ги евалуациони фактори на HAY методот.
8. Што се подразбира под поимот нормирањето на работата? Како се дефинира
работната норма? Како се објаснува работната норма? Во зависност од тоа кој
критериум се применува за пресметување се разликуваат повеќе видови
работни норми. Објаснете ги различните видови работни норми.
9. Како се објаснува плаќањето на работата? Кои се основните елементи за
одредување на платата? Наведете ги критериумите според кои се врши
распределба на заработувачката на работникот.
10. Како се пресметува заработувачката според критериумот плаќање по време
(наемнина од време)? Како се пресметува заработувачката според критериумот
плаќање по учинок (според норма, плаќање според акорд и според единица на
производ)? Како се пресметува заработувачката според системот на
стимулирање на работниците?
11. Кои плаќања спаѓаат во групата на основни видови плаќање на работата? Кои
плаќања спаѓаат во групата на дополнителни плаќање на работата? Што
претставуваат платите? Што претставуваат дневниците? Објаснете што
претставуваат провизиите. Објаснете ги дополнителните облици на плаќање на
работата (премиите и поттикнувањата). Кога финансиските поттикнувања ги
мотивираат вработените на добро извршување? Набројте ги видовите
нефинансиски поттикнувања.

116
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
V ГЛАВА
КАЛКУЛАЦИИ

ПРЕГЛЕД
1. Поим и задачи на калкулациите
2. Принципи за изработка на калкулација
3. Видови калкулации и нивно составување
3.1. Калкулации по време на составување
3.2. Калкулации според пресметувањето цена на одделни
производи и услуги
3.3. Калкулации по место на трошоци
3.4. Калкулации по метод на составување
3.4.1. Делбена (дивизиона) калкулација
3.4.2. Додавна калкулација
3.4.3. Калкулација на врзани производи
3.4.4. Калкулација по метод на директни трошоци
3.5. Калкулации со маржа
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете што е калкулација, кои се основни задачи и принципи за
составување калкулација;
o Да ги знаете поделбите на основни видови калкулации;
o Да ги појасните калкулациите по време на составување;
o Да ги појасните калкулациите според пресметување цена на одделни
производи и услуги;
o Да ги појасните калкулациите по место на трошоците;
o Да ги појасните калкулациите по метод на составување;
o Да знаете да составите делбена калкулација, додавна калкулација,
калкулација на врзани производи и калкулација по метод на директни
трошоци и
o Да знаете што е маржа и како се пресметува.

117
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМ И ЗАДАЧИ НА КАЛКУЛАЦИИТЕ
Зборот калкулација потекнува од латинскиот збор „calculus“ што во превод значи
каменче за броење. Поимот калкулација се применува во различна смисла, но секогаш
се поврзува со пресметка, пресметување, сметање.
Така, под калкулација најчесто се подразбира пресметување на трошоци заради
утврдување на различни цени на учиноците. Притоа, со калкулацијата може да се
пресметаат цена на чинење, набавна цена, продажна цена и други видови цени. Оттука,
калкулацијата претставува метод за пресметка на трошоците заради утврдување на
цената на учиноците.
Основна задача на калкулацијата е колку што е можно попрецизно за секој
производ, односно услуга, да се пресмета цената на чинење, која е ориентир за
определување на нивната продажна цена. Така, цел на калкулацијата е да прави
контрола врз трошоците, а со тоа контрола на економичност на работењето на
претпријатија.
Оттука, за да може калкулацијата да ја исполни основната цел за нејзиното
составување, потребно е да ги исполни следните задачи (Петревска, 2017: 123):
o Да ги опфати појавените трошоци. Притоа, под опфат на трошоците се мисли
на пресметување на трошоците по различни критериуми, како: вид на трошок,
место на настанување итн.;
o Да ги распореди трошоците. Притоа се мисли на такво распоредување кое се
однесува на пренесување на трошоците на одделни учиноци
(производи/услуги).
Оттука, генерален заклучок е дека со помош на калкулацијата се согледуваат
трошоците и нивниот сооднос со обемот на производството и со цените. Овие сознанија
се од особена важност бидејќи помагаат при донесувањето деловни одлуки кои се од
посебна важност за работењето на претпријатието. Така, заради поедноставно
опфаќање, анализирање, споредување и контролирање, се прави еднообразно
групирање на трошоците. Тоа значи дека тие се групираат во определена структура, т.н.
шема, со чија помош лесно и едноставно се пресметува цената на чинење на
производот/услугата. Така, најчесто шемата за пресметување цена на чинење се состои
од следните елементи:
1. Трошоци за материјал за изработка;
2. Трошоци за плати;
3. Трошоци за амортизација;
4. Општи трошоци за изработка (погонска режија);
5. Трошоци за управно-продажна режија;
6. Финансиски резултат (добивка или загуба);
7. Трошоци за данок на додадена вредност.
Притоа, елементите од точката 1 до точката 5 ја сочинуваат цената на чинење
на производот/услугата, а сите заедно (од точката 1 до точката 7) ја сочинуваат
продажната цена на производот/услугата.
Сепак, треба да се има предвид дека во практиката, калкулацијата има многу
повеќе елементи, отколку што се прикажани во шемата (Бојаџиоски & Блажеска, 2003:
336). Така, најпрво посебно се искажуваат трошоците на секој поважен материјал и
суровина, а посебен третман можат да добијат и трошоците за енергија и услуги.
Воедно, општите трошоци на погонската режија и на управно-продажната режија може
да бидат појаснети според нивните видови.
Од друга страна, треба да се знае дека: каков конкретен вид калкулација ќе се
составува, кои составни елементи ќе ги има, и во какви меѓусебни односи ќе бидат,
првенствено зависи од видот на трошоците, но и од нивното значење за работењето на
претпријатието.

118
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. ПРИНЦИПИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КАЛКУЛАЦИЈА
За да може секојa калкулација да ги исполни очекуваните и зацртани цели и
задачи, мора да почитува повеќе принципи:
o Калкулацијата треба да биде точна. Тоа значи дека калкулацијата мора да ги
опфати сите трошоци кои се направени за производството на определен
производ/услуга;
o Калкулацијата треба да биде документирана. Тоа значи дека сите трошоци
кои се опфатени со калкулацијата мора да бидат поткрепени со соодветна
документација;
o Калкулацијата треба да ги пресметува трошоците диференцирано. Тоа
значи дека во калкулацијата трошоците треба да се пресметуваат според
видовите, местата на настанување и носителите. На таков начин се овозможува
поефикасна контрола на работење и дефинирање на одговорностите;
o Калкулацијата треба да биде прилагодена кон условите. Во текот на
работењето на претпријатието можно е да се случат многубројни промени, како:
унапредување на технолошкиот процес, промена во условите на работа,
потреба од воведување нови видови производи/услуги и слично. Поради тоа,
калкулацијата секогаш мора да има можност да се прилагодува;
o Калкулацијата треба да биде ажурна и прегледна. Тоа значи дека
калкулацијата треба да биде составена на време со цел да може да се
применува во процесот на раководење со претпријатието;
o Калкулацијата треба да биде споредлива. Под овој принцип се подразбира
можноста составената калкулација да може да се споредува во различни
временски интервали или пак со калкулации кои се составуваат за трошоци кои
произлегуваат од работењето на други делови на претпријатието;
o Калкулацијата треба да биде економична. Тоа значи дека сите трошоци за
составување калкулација не смеат да бидат повисоки од користа која се добива
од нејзиното составување.

3. ВИДОВИ КАЛКУЛАЦИИ И НИВНО СОСТАВУВАЊЕ


Калкулациите може да се составуваат според различни критериуми, а како
најчести критериуми за составување калкулации се споменуваат:
(1) Времето на составување;
(2) Пресметувањето цена на одделни производи и услуги;
(3) Местото на трошоци;
(4) Методот на составување;
(5) Вклучувањето маржа.

3.1. КАЛКУЛАЦИИ ПО ВРЕМЕ НА СОСТАВУВАЊЕ


Доколку како критериум за поделба на калкулациите се земе времето на
составување, се разликуваат следните видови калкулации:
(1) Претходна (планска) калкулација. Се составува пред започнување на
производството, на почетокот на годината, врз основа на статистички
податоци со кои располагаат претпријатијата за претходниот период,
коригирајќи ги со предвидените движења на трошоците и прометот во
наредниот период. Овој вид калкулација служи како основа за:
o Определување на планираниот обем на производи и услуги;
o Определување на продажните цени;
o Пресметување на планираните индикатори со кои се искажува
планираната продуктивност, економичност, рентабилност и слично.
За планската калкулација од особена важност е доследно да се спроведe
аналитичката фаза во која се поставуваат основните постулати за

119
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

составувањето калкулација, а генерално се однесуваат на ставките и


концепцијата на производот;
(2) Дополнителна (пресметковна) калкулација. Се составува по завршување на
процесот на производство, односно вршење услуга. Пресметковната
калкулација се темели на податоците добиени од сметководството, па се
подготвува врз основа на податоците за вистинските трошоци по места и
носители (производи, односно услуги) во претходниот пресметковен период.
Овој тип калкулација служи за анализа и оценка на остварената продуктивност,
економичност и рентабилност во работењето на одделните претпријатија во
целост и посебно во нивните деловни единици кои се најпрофитабилни.

3.2. КАЛКУЛАЦИИ СПОРЕД ПРЕСМЕТУВАЊЕТО ЦЕНА НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ


И УСЛУГИ
Според пресметувањето цена на одделни производи, се разликуваат различни
видови калкулации. Така на пример, доколку некое угостителско-туристичко
претпријатие треба да состави калкулации за одделни угостителско-туристички
производи и услуги, тогаш може да се разликуваат следните видови калкулации:
o Калкулација за ноќевање (пресметките може да бидат со вклучени трошоци за
појадок);
o Калкулација за полупансион;
o Калкулација за пансион;
o Калкулација за одделни видови јадења;
o Калкулација за одделни видови пијалoци;
o Калкулација за разни други услуги на гостите/туристите (пример: берберски,
фризерски, механичарски, перење, пеглање и слично) итн.

3.3. КАЛКУЛАЦИИ ПО МЕСТОТО НА ТРОШОЦИ


Според овој критериум се дефинира на кое место трошоците се однесуваат,
односно на кое место се појавиле, па се пристапува кон составување таков вид
калкулација. Така на пример, доколку се работи за угостителско-туристичко
претпријатие, тогаш како калкулации по место на трошоци може да се состават:
калкулација за работењето на туристичка агенција, калкулација за еден оддел во рамки
на хотелот, калкулација за цена на готвено јадење, калкулација за пијалак итн.

3.4. КАЛКУЛАЦИИ ПО МЕТОДОТ НА СОСТАВУВАЊЕ


Доколку како критериум се земе методот на составување, тогаш се дефинираат
најчесто применуваните калкулации, и тоа,
(1) Делбена (дивизиона) калкулација,
(2) Додавна калкулација (калкулација врз основа на додатоци);
(3) Калкулација на врзани производи и
(4) Калкулација по методот на директни трошоци.

3.4.1. Делбена (дивизиона) калкулација


Делбената, односно дивизионата калкулација е калкулација врз основа на
поделба на трошоците. Таа се дели на:
(1) Чиста дивизиона калкулација и
(2) Дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви.

1. Чиста дивизиона калкулација


Чиста дивизиона калкулација се составува така што сите видови трошоци се
собираат, а потоа добиениот број се дели со произведенета количина производи,
односно услуги. Како најчесто истакнувана позитивна страна на чистата дивизиона
калкулација се истакнува фактот дека составувањето е едноставно и лесно.

120
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од друга страна пак, како најчесто истакнувана негативност се напоменува
моментот дека овој тип калкулација може да се примени само кога производството се
состои од еден вид производ или услуга, односно таму каде не постои разновидност на
производството (пример: трошоци во рудници, фабрики за пиво, електрични централи,
водоводни претпријатија, фабрики за шеќер и слично). Оттука, чистата дивизиона
калкулација се применува исклучително ретко.

2. Дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви


Дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви се составува така што
трошоците за производство на разни видови еден производ се наоѓаат во одреден
однос т.е. пропорција. Оттука, се применуваат т.н. еквивалентни броеви со чија помош
количините на сите производи, односно услуги, се сведуваат на една заедничка мерка
со цел да се изразат заедно. Потоа, всушност, се пристапува кон составување чиста
дивизиона калкулација.
Дивизионата калкулација со помош на еквивалентни броеви се применува кога
се произведуваат повеќе видови од еден ист производ/услуга (лимови со различна
дебелина, цигли со различна димензија, ноќевање во соби со различен квалитет и
слично).

3.4.2. Додавна калкулација


Додавна калкулација е онаа каде заедничките, односно општите трошоци, се
делат на разните производи/услуги кои се произведуваат/нудат во претпријатието.
Делењето е со примена на т.н. клуч за распределба. Така се пресметуваат „додатоците“
кои треба да бидат додадени на секој одделен производ, односно услуга. Оттука, овој
вид калкулации се нарекува додатна калкулација. Притоа, за да се распределат
општите трошоци, најпрво се определува што ќе е клуч за распределба и колкава е
неговата висина. Најчесто како клуч на распределба на општите трошоци се земаат
платите за изработка.
општи трошоци .100
Така, висината на клучот се пресметува со формулата: плати за изработка .
Откако ќе се направат пресметките за општите трошоци за погонска и управно-
продажна режија, се пристапува кон составување додавна калкулација.
Последователно, цената на чинење се добива кога вкупните трошоци за секој пооделен
вид производ, односно услуга, ќе се поделат со соодветната количина од секој
производ, односно услуга.
За додавната калкулација се смета дека претставува најдобар начин за
најсоодветна распределба на општите трошоци на одделните производи/услуги.
Притоа, треба да се напомене дека е исклучително важно правилно да се направи
распределбата бидејќи не е сеедно какви и кои додатоци ќе го оптоварат одделниот
производ. Имено, секое оптоварување треба да е реално, односно оптоварувањето да
биде онолку колку што навистина припаѓа на односниот производ.
Од друга страна, токму овој момент на распределба овозможува претпријатијата
да водат одредена политика за оптоварување согласно условите кои владеат на
пазарот. Така, може да се случи еден производ да може да биде оптоварен со повеќе
додатоци од реалните, наспроти друг производ кој би бил оптоварен со помалку
додатоци поради тешкотиите да се пробие и продаде на пазарот.

3.4.3. Калкулација на врзани производи


Калкулацијата на врзани производи се применува при пресметка на трошоци на
она производство каде постојат главни и споредни производи (пример: брашно и трици,
шеќер и резанки, кокс и катран и слично). Во тој случај се работи за производи кои имаат
заеднички трошоци, па постои тешкотија во нивното разграничување.
Оттука, при утврдување на цената на чинење на главниот производ се поаѓа од
вкупните трошоци кои се намалуваат за вредноста на трошоците на споредниот

121
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

производ. Потоа, добиената разлика се дели со бројот на произведени производи,


односно извршени услуги и се добива цената на чинење на еден производ/услуга.

3.4.4. Калкулација по методот на директни трошоци


Калкулацијата по методот на директни трошоци (direct costing метода) поаѓа
од поделбата на вкупните трошоци на фиксни и променливи. За разлика од претходните
методи кои ја утврдуваат полната цена на чинење (ги опфаќаат вкупно настанатите
трошоци: фиксни и променливи), кај оваа метода во цената на чинење се пресметуваат
само променливите (директните) трошоци. Во овој случај, фиксните трошоци се
третираат како расход на пресметковниот период и се покриваат од вкупниот приход.
Притоа треба да се напомене дека директните трошоци се набљудуваат во
поширока смисла на зборот споредено со класичниот пристап. Имено, додека кај
класичниот пристап под директни трошоци се сметаат само оние кои директно се
пресметуваат во цената на чинење на одделен производ, кај овој метод во директните
трошоци спаѓаат и дел од општите трошоци кои имаат променливи, варијабилни
карактеристики и кои директно се однесуваат на одреден производ, односно услуга.
Аналогно, се врши поделбата на општите трошоци на променлива и фиксна
компонента. Притоа, променливиот дел од општите трошоци се применува во цената
на чинење, додека фиксниот дел се покрива од вкупниот приход.
Оттука, според овој метод, вкупниот приход се распределува на следниот начин:
1. Вкупен приход
2. Минус директни трошоци
a. Материјал за изработка
b. Плати на директни работници
c. Варијабилен дел на општите трошоци
3. Бруто финансиски резултат (бруто добивка, вкупна маржа, разлика од
реализација и сл.)
4. Минус фиксни трошоци (трошоци на капацитет)
a. Амортизација
b. Фиксен дел на општите трошоци
5. Нето финансиски резултат (добивка/загуба)
На крајот треба да се нагласи дека добиениот финансиски резултат според овој
метод се разликува од финансискиот резултат кој се пресметува со методот на полна
цена. Имено, сосема е логично да постојат разлики бидејќи со методот на директни
трошоци, вкупните фиксни трошоци се покриваат од бруто финансискиот резултат,
додека со методот на полна цена, еден дел од фиксните трошоци се пресметуваат во
трошоци поврзани со одредени залихи. До идентичност во пресметките со двата методи
може да дојде само кога оствареното производство во пресметковниот период е
идентично со остварената реализација. Во сите други случаи, постојат разлики.

3.5. КАЛКУЛАЦИИ СО МАРЖА


Маржата претставува во проценти искажан износ на трошоците која за одделни
производи и услуги се додава на набавната цена на потрошениот основен материјал.
Маржата во калкулацијата ги опфаќа сите производни трошоци, како и износите за
фондовите на претпријатието, и тоа: материјални трошоци, амортизација и доход.
Маржата може да се пресмета:
(1) На ниво на претпријатието во целост,
(2) Одделно за секој под сегмент во рамките на претпријатието,
(3) За пооделни групи или подгрупи производи и услуги и слично.
Маржата служи како значаен показател при составувањето калкулација. Таа се
пресметува кога разликата помеѓу планираниот промет и вредноста на основниот
материјал, ќе се стават во сооднос со вредноста на основниот материјал. Бидејќи

122
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
маржата се изразува во проценти, добиениот резултат се множи со 100. Така, маржата
се пресметува со примена на следната формула:

(планиран промет − вредност на основен материјал) х 100


% маржа =
вредност на основен материјал

Генерално, маржата може да биде:


(1) Планска маржа. Ова значи дека се работи за маржа која се однесува за
наредниот период кој следи. Се пресметува врз основа на податоците од
сметководството за минатогодишното работење водејќи грижа за евентуалните
промени во цените и поодделните трошоци и обврски;
(2) Пресметковна маржа. Ова значи дека се работи за маржа која се однесува за
изминатиот период од работењето на претпријатието. Во оваа маржа,
влегуваат истите елементи како и во планската маржа, со таа разлика што кај
пресметковната маржа постојат сметки и други докази за појавените трошоци,
а во планската маржа само се планира на основа претходни трошоци.
Во зависност од тоа дали при пресметување на цената на производите и
услугите е вклучена маржата или не, се разликуваат следните видови калкулации:
(1) Калкулација без примена на маржа. Самиот поим кажува за каков тип
калкулација се работи. Имено, тоа е онаа калкулација во која се пресметува
само набавната цена на основниот материјал без да се вклучува маржата;
(2) Калкулација со примена на маржа. Тоа е онаа калкулација со која се утврдува
вкупната продажна вредност, продажната вредност на определена група или
подгрупа производи, односно услуги и продажната вредност на определени
производи, односно услуги.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА

ПРИМЕР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ЧИСТА ДИВИЗИОНА КАЛКУЛАЦИЈА

ПРИМЕР 1

Во хотелот „Бисера“ од Скопје, во текот на месецот јуни се остварени 5.000


ноќевања, а притоа се направени вкупни трошоци од 2.000.000 денари. Пресметајте ја
цената на чинење со примена на чиста дивизиона калкулација.
Решение:
o Најнапред се пристапува кон составување табеларен преглед (табела 4.1) што е
всушност чиста дивизиона калкулација;
o Позната е количината, т.е. колона 2 во табелата 4.1. = 5.000 ноќевања;
o Познати се вкупните трошоци, т.е. колона 3 во табелата 4.1. = 2.000.000 ден.;
o Цената на чинење (колона 4 во табелата 4.1) се добива кога вкупните трошоци
од 2.000.000 ден. (колона 3) се делат со вкупното количество 5.000 ноќевања
(колона 2), т.е. 2.000.000 / 5.000 = 400.
o Поконкретно, чистата дивизиона калкулација го добива изгледот како табелата
5.1.
Табела 5.1. Чиста дивизиона калкулација
Вид производ Количина Вкупни трошоци Цена на чинење
(1) (2) (3) (4)
Ноќевања 5.000 2.000.000 400

123
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИМЕР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ДИВИЗИОНА КАЛКУЛАЦИЈА СО ПОМОШ НА


ЕКВИВАЛЕНТНИ БРОЕВИ

ПРИМЕР 2

Во хотелот „Бисер“ од Струга остварени се 1.000 ноќевања во различни типови


соби, и тоа:
- Во еднокреветна соба 250 ноќевања,
- Во двокреветна соба 400 ноќевања и
- Во двокреветна соба со дополнително легло 350 ноќевања.
Притоа, вкупните трошоци за погонска режија (за изработка) се 3.800.000 денари
и се во сооднос: 1,5 : 1 : 0,5.
Пресметајте ја цената на чинење со примена на дивизона калкулација со помош
на еквивалентни броеви.
Решение:
o Најнапред, се составува табеларен преглед (табела 5.2) што е всушност
дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви и ги содржи следните
колони:
o Колона 1 ги содржи трошоците за различните типови соби;
o Во колоната 2 е прикажана количината остварени ноќевања според типови
соби.
o Колоната 3 го содржи односот на распределбата на трошоците за погонска
режија (1,5 : 1 : 0,5) , т.е. еквивалентните броеви;
o За пополнување на останатите колони, потребни се пресметки. Така,
 Во колоната 4 се пресметува производството во еквивалетни
единици. Се пополнува така што еквивалентните броеви (колона
3) се множат со фактички оствареното ноќевање во секој тип соба
(колона 2);
 Во колоната 5 се пресметуваат трошоци за единица еквивалентно
производство. Се пополнува така што најнапред потребно е да се
поделат вкупно направените трошоци (3.800.000 денари → дадено
во задачата) со вкупното производство изразено во еквивалентни
единици (збирот на колоната 4: 375 + 400 + 175 = 950). Така се
добиваат трошоци за единица еквивалентно производство од
4.000 денари (колона 5), т.е. 3.800.000 / 950 = 4.000;
 Во колоната 6 се пресметуваат трошоци за производство за секој
производ/тип соба. Се пополнува така што оствареното
производство во еквивалентни единици (колона 4) се множи со
трошоците за единица еквивалентно производство (колона 5);
 Во колоната 7 се пресметува цената на чинење за едно ноќевање
по тип соба. Се пополнува така што добиените износи на
трошоците на производство (колона 6) се делат со количината од
остварени ноќевања (колона 2).
o Оттука, цената на чинење (колона 7 во табелата 5.2) изнесува: во еднокреветна
соба 6.000 денари, во двокреветна соба 4.000 денари и во двокреветна соба со
дополнително легло 2.000 денари.
o Поконкретно, дивизионата калкулација со помош на еквивалентни броеви го
добива изгледот како табелата 5.2.

124
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Табела 5.2. Дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви

еквивалентно производство

Трошоци за производство
еквивалентни единици
Еквивалентни броеви

Трошоци за единица
Производство во
Количина
Производи / Цена на
Тип соба чинење

(1) (2) (3) (4) (5) (6) (7)


Еднокреветна 250 1,5 375 4.000 1.500.000 6.000
Двокреветна 400 1 400 4.000 1.600.000 4.000
Двокреветна+ 350 0,5 175 4.000 700.000 2.000

ПРИМЕР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ДОДАВНА КАЛКУЛАЦИЈА

ПРИМЕР 3

Туроператорот „Адриатик“ од Делчево нуди три типа аранжмани: А, Б и В. На


крајот на сезоната продадени се: 500 „А“ аранжмани, 200 „Б“ аранжмани и 800 „В“
аранжмани.
Притоа, според книговодствената евиденција, директните трошоци се прикажани
во табелата 5.3.

Табела 5.3. Директни трошоци


Производ Плати за изработка Материјали за изработка Амортизација
А 8.000 50.000 4.000
Б 6.000 20.000 5.000
В 10.000 80.000 6.000
Вкупно 24.000 150.000 15.000
Исто така, направени се индиректни трошоци во износ од 12.000 денари од кои:
7.200 денари се трошоци на погонска режија и 4.800 денари се трошоци на управно-
погонска режија. Пресметајте ја цената на чинење на аранжманите со примена на
додавна калкулација.
Решение:
За да се распределат општите трошоци, најпрво се определува што ќе биде клуч
за распределба и колкава е неговата висина. Во овој случај, како клуч на распределба
на општите трошоци се земени платите за изработка.
Така, висината на клучот се пресметува со формулата:

општи трошоци . 100
плати за изработка
Оттука:
o Клучот за распределба на општите трошоци на погонска режија е
7.000 . 100
24.000
= 30% и

125
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

o Клучот за распределба на општите трошоци на управно-продажна режија е


5.000 . 100
24.000
= 20%.
 По пресметките, општите трошоци за погонска режија изнесуваат:
8.000 . 30
А = 100 = 2.400 денари,
6.000 . 30
Б= 100
= 1.800 денари,
10.000 . 30
В= 100
= 3.000 денари.
 По пресметките општите трошоци за управно-продажна режија
изнесуваат:
8.000 . 20
А = 100 = 1.600 денари,
6.000 . 20
Б= = 1.200 денари,
100
10.000 . 20
В= 100
= 2.000 денари.
o Откако се направени пресметките за општите трошоци за погонска и управно-
продажна режија, се составува додавна калкулација (табела 5.4).
Табела 5.4. Додавна калкулација
Елементи на цена на чинење Вкупно А Б В
1. Плати за изработка 24.000 8.000 6.000 10.000
2. Материјали за изработка 150.000 50.000 20.000 80.000
3. Амортизација 15.000 4.000 5.000 6.000
4. Општи трошоци за погонска режија 7.200 2.400 1.800 3.000
5. Општи трошоци за управно-
продажна режија 4.800 1.600 1.200 2.000
Вкупни трошоци 201.000 66.000 34.000 101.000
Количина 500 200 800
Цена на чинење 132 170 126
o Цената на чинење се добива кога вкупните трошоци за секој пооделен аранжман
се делат со соодветната количина од секој аранжман. Во случајов, цената на
чинење изнесува: за аранжманот „А“ 132 денари, за аранжманот „Б“ 170 денари
и за аранжманот „В“ 126 денари.

ПРИМЕР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА КАЛКУЛАЦИЈА НА ВРЗАНИ ПРОИЗВОДИ

ПРИМЕР 4

Вкупните трошоци за подготвување на готвеното јадење „Tелешко во тава“ се


40.000 денари, а подготвени се 30 јадења. Вкупната вредност пак, на телешкото месо
кое се отстранува, но ќе се користи во подготовка на телешка чорба како спореден
производ, е 10.000 денари.
Пресметајте ја цената на чинење на главниот производ со примена на
калкулација на врзани производи.
Решение:
o Најнапред се составува табеларен преглед (табела 5.5.) што е всушност
калкулација на врзани производи и ги содржи потребните колони:
o Колоната 1 се однесува на видот на производ;

126
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Се пристапува кон пресметување трошоци за производство кои се

однесуваат само за главниот производ („Телешко во тава“), т.е. колоната
1;
o Во колоната 2 се прикажува количината (дадено во задачата), т.е. 30 јадења;
o Колоната 3 ги содржи вкупните трошоци за подготвување на главниот производ
(„Телешко во тава“) и за споредниот производ (телешка чорба). Во задачата е
дадено дека вкупните трошоци изнесуваат 40.000 денари (колона 3);
o Колоната 4 ги содржи трошоците само за главниот производ;
 Од вкупните трошоци 40.000 денари (колона 3) се одземаат трошоците за
подготвување на споредниот производ 10.000 денари (дадено во
задачата) и се добиваат трошоците само за главниот производ („Телешко
во тава“) или 40.000 – 10.000 = 30.000 денари (колона 4).
o Во колоната 5 се пресметува цената на чинење на главното јадење;
 Трошоците за главниот производ 30.000 денари (колона 4) се делат со
количината 30 (колона 2) и се добива цената на чинење на главниот
производ од 1.000 денари, т.е. колоната (5).
o Оттука, цената на чинење на главното јадење „Телешко во тава“ е 1.000
денари.
o Поконкретно, калкулацијата на врзани производи го добива изгледот како
табелата 5.5.
Табела 5.5. Калкулација на врзани производи
Трошоци само за
Главен производ Количина Вкупни трошоци Цена на чинење
главен производ
(1) (2) (3) (4) (5)
Телешко во тава 30 40.000 30.000 1.000

ПРИМЕР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА КАЛКУЛАЦИЈА ПО МЕТОДОТ НА ДИРЕКТНИ


ТРОШОЦИ

ПРИМЕР 5
Во хотелот „Летница“ од Охрид се остварени 400 ноќевања, по цена од 1.000
денари за едно ноќевање. Врз основа на податоците од сметководство кои се
однесуваат на направените трошоци, пресметајте го финансискиот резултат со примена
на методот на директни трошоци.
Податоци од сметководство:
1. Материјали за изработка 125.000
2. Плати на директни работници 200.000
3. Временска амортизација 50.000
4. Функционална амортизација 20.000
5. Варијабилен дел од општите трошоци 40.000
6. Фиксен дел од општите трошоци 70.000
Вкупно: 505.000
Решение:
Најнапред, се прават потребните подготовки за пресметката на финансискиот
резултат:
o Од вкупните трошоци кои ги дава сметководството (дадени во задачата),
најнапред е потребно да се разграничат директните (променливи) трошоци од
фиксните трошоци.
 Така, директни трошоци се трошоците под точките: 1, 2, 4 и 5, додека
фиксни трошоци се точките: 3 и 6.

127
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Потоа следи разграничување на трошоците:


Директни (променливи) трошоци
1. Материјали за изработка 125.000
2. Плати 200.000
3. Функционална амортизација 20.000
4. Варијабилен дел од општи трошоци 40.000
Вкупно: 385.000
Фиксни трошоци
1. Временска амортизација 50.000
2. Фиксен дел од општите трошоци 70.000
Вкупно: 120.000
o Откако се разграничени и пресметани вкупните променливи и фиксни трошоци, се
пристапува кон пресметување вкупен приход. Тој се добива кога бројот на
остварени ноќевања се множи со цената за едно ноќевање. Така,
 Вкупен приход = 400 (ноќевања) х 1.000 (цена за ноќевање) = 400.000
денари (приход).
o Откако се направени сите претходни подготовки, се пресметува финансискиот
резултат.
(1) Вкупен приход 400.000
(2) Директни трошоци - 385.000
(3) Бруто финансиски резултат (1-2) 15.000
(4) Фиксни трошоци - 120.000
(5) Нето финансиски резултат (3-4) - 105.000 денари

o Доколку резултат е со позитивен предзнак, значи дека е остварен позитивен


финансиски резултат (добивка). Доколку резултатот од пресметките е со
негативен предзнак, значи дека е остварен негативен финансиски резултат
(загуба). Во конкретниот случај, хотелот „Летница“ од Охрид остварил загуба од
105.000 денари.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА 2
1. Што е калкулација? Набројте и појасните ги основните принципи за составување
калкулација. Набројте ги основните критериуми за поделба на калкулациите.
2. Кои се разликите помеѓу претходна и планска калкулација?
3. Набројте неколку вида калкулации според пресметувањето цена на одделни
производи и услуги.
4. Кои се основните карактеристики на калкулациите по местото на појавување?
Набројте ги видовите калкулации според методот на составување. Кои се
основните карактеристики на чистата дивизиона калкулација? Кои се основните
карактеристики на дивизионата калкулација со помош на еквивалентни броеви?
5. Појасните ги основните карактеристики на додавната калкулација.
6. Што е клуч за распределба на трошоците?
7. Појасните ги основните карактеристики на калкулацијата на врзани производи.
8. Појасните ги основните карактеристики на калкулацијата по методот на директни
трошоци.
9. Што е маржа и како се пресметува?
10. Појасните ги основните карактеристики на калкулациите со и без маржа.

128
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАЊЕ
1) Во хотелот „Триаголник“ од Скопје, во текот на 2018 година се остварени 8.000
ноќевања, а притоа се направени вкупни трошоци од 10.000.000 денари.
Пресметајте ја цената на чинење со примена на чиста дивизиона калкулација.
(Решение: 1.250 денари)

2) Повеќе години по ред, туристичката агенција „Травел инфо“ од Велес продава само
еден вид новогодишен аранжман. Така, во декември 2018 година се продадени 400
новогодишни аранжмани, а притоа се направени вкупни трошоци од 1.000.000 денари.
Пресметајте ја цената на чинење со примена на чиста дивизиона калкулација.
(Решение: 2.500 денари)

3) Во хотелот „Бисера“ од Струга остварени се 300 ноќевања и тоа во различни типови


на соби:
- Еднокреветна соба 50 ноќевања
- Двокреветна соба 160 ноќевања и
- Двокреветна соба со дополнително легло 90 ноќевања.
Притоа, вкупните трошоци за погонска режија (за изработка) се 1.000.000 ден. и
се во сооднос: 1,6:1,2:1.
Пресметајте ја цената на чинење со примена на дивизиона калкулација со помош
на еквивалентни броеви.
(Решение: Еднокреветна соба = 4.416 денари, двокреветна соба = 3.312 денари и двокреветна
со дополнително легло = 2.760 денари)

4) Туристичката агенција „Македонија Травел“ од Берово вкупно продала 200


новогодишни аранжмани во различни земји, и тоа:
- Во Бугарија 150 аранжмани,
- Во Словенија 15 аранжмани ноќевања и
- Во Хрватска 35 аранжмани.
Притоа, вкупните трошоци за погонска режија (за изработка) се 120.000 денари
и се во сооднос: 1,5:1:0,7.
Пресметајте ја цената на чинење со примена на дивизиона калкулација со помош
на еквивалентни броеви.
(Решение: Бугарија = 675, Словенија = 450 и Хрватска = 320)

5) Ресторанот „Сончева порта“ - Куманово подготвува три вида производи, и тоа:


ќебапи, плескавици и кременадли. Притоа, минатиот месец биле произведени: 15.000
ќебапи, 2.000 плескавици и 1.000 кременадли.
За тие да се набават и подготват, направени се 150.000 денари директни
трошоци прикажани во табелата 5.6.
Табела 5.6. Директни трошоци
Производ Плати за изработка Материјали за изработка Амортизација
Ќебапи 25.000 30.000 5.000
Плескавици 15.000 20.000 5.000
Кременадли 20.000 25.000 5.000
Притоа, вкупните индиректни трошоци на ресторанот изнесуваат 50.000 денари
од кои:
o 30.000 денари се трошоци на погонска режија и
o 20.000 денари се трошоци на управно-продажна режија.
Пресметајте ја цената на чинење на секој производ со примена на додавна
калкулација.
(Решение: Цена на чинење: ќебап 5 денари, плескавица 26 денари, кременадла 67 денари)

129
V ГЛАВА
Калкулации
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

6) Ресторанот „Камелеон“ од Виница подготвува три вида коктели, и тоа: 100 овошни
коктели, 70 тропски коктели и 120 морски коктели. За истите да се подготват, направени
се 75.000 денари директни трошоци прикажани во табелата 5.7.
Табела 5.7. Директни трошоци
Коктел Плати за изработка Материјали за изработка Амортизација
Овошен 12.000 13.000 2.000
Тропски 10.000 11.000 2.000
Морски 13.000 10.000 2.000
Притоа, вкупните индиректни трошоци на ресторанот изнесуваат 25.000 денари,
од кои:
o 15.000 денари се трошоци на погонска режија и
o 10.000 денари се трошоци на управно-продажна режија.
Пресметајте ја цената на чинење на секој производ со примена на додавна
калкулација.
(Решение: Овошен коктел = 355 денари, тропски коктел = 430 денари и морски коктел = 280
денари)

7) Вкупните трошоци за подготвување на готвеното јадење „Јагнешко во тава“ се 7.000


денари, а подготвени се 5 такви јадења. Вкупната вредност пак, на јагнешкото месо кое
се отстранува, но ќе се користи во подготовка на јагнешка чорба како спореден
производ, е 1.500 денари.
Пресметајте ја цената на чинење на главниот производ со примена на
калкулација на врзани производи.
(Решение: „Јагнешко во тава“ = 1.100 денари)

8) Вкупните трошоци за подготвување на готвеното јадење „Пастрмка на рибарски


начин“ се 9.200 денари, а подготвени се 5 такви јадења. Вкупната вредност пак, на
рибните делови кои се отстрануваат, но ќе се користат во подготовка на рибина чорба
како спореден производ, се 1.800 денари.
Пресметајте ја цената на чинење на главниот производ со примена на
калкулација на врзани производи.
(Решение: „Пастрмка на рибарски начин“ = 1.480 денари)

9) Во хотелот „Мариово“ - Прилеп остварени се 25.000 ноќевања, по цена од 1.500


денари за едно ноќевање. Врз основа на податоците од сметководство кои се
однесуваат на направените трошоци, пресметајте го финансискиот резултат со примена
на методата на директни трошоци.
1. Материјали за изработка 3.250.000
2. Плати на директни работници 7.000.000
3. Временска амортизација 900.000
4. Функционална амортизација 450.000
5. Варијабилен дел од општите трошоци 800.000
6. Фиксен дел од општите трошоци 1.500.000
(Решение: Хотелот „Мариово“ од Прилеп остварил добивка од 23.600.000 денари)

130
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
VI ГЛАВА
УПРАВУВАЊЕ СО ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Поим за ефикасност и ефективност во работењето на претпријатијата
2. Различни методи во определување на ефикасноста и ефективноста
2.1.Традиционални пристапи
2.1.1. Пристап насочен кон реализација на целите
2.1.2. Пристап од аспект на системот на ресурси
2.1.3. Пристап на интерни процеси
3. Современи пристапи
3.1. Современ пристап на стратегиски конституенти
3.2. Современ пристап на конкурентски вредности
4. Определување на критериуми за ефикасност
 Студирање преку пример: Мерење на резултатите од работењето преку
финансиско управување и контрола кај јавните претпријатија во Македонија
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете што претставува ефикасност, а што ефективност во работењето на
претпријатијата;
o Да ги знаете да ги објаснете различните методи во определување на
ефикасноста и ефективноста;
o Да знаете да ги објасните традиционалните пристапи во определување на
ефикасноста и ефективноста;
o Да знаете да ги објасните современите пристапи во определување на
ефикасноста и ефективноста и
o Да знаете да ги определите критериумите за ефикасност на претпријатијата.

131
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ПОИМ ЗА ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО НА
ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Една од најважните цели што се обидуваат да ги постигнат сите претпријатија е
да пласираат на пазарот производи или услуги кои им се потребни на потрошувачите.
Секое претпријатие за да ги оствари поставените цели треба да биде ефикасно и
ефективно. Ефикасноста и ефективноста се од суштинско значење за секое
претпријатие. Ефикасноста и ефективноста претставуваат економски концепти кои ги
содржат и ги поврзуваат целите, ресурсите и процесите на трансформација на инпутите
(влезните ресурси) во аутпути (излезни ресурси) во претпријатието. Реалното
остварување на секое претпријатие е мерка која покажува колку ефикасно и ефективно
претпријатието ги користи ресурсите за да ги задоволи потребите на
потрошувачите/клиентите и да ги постигне целите на претпријатието.
Од овој аспект, ефикасност како принцип се дефинира како реализација на
избраните цели со најмало користење на расположливите ресурси, односно со
најголема рационалност при нивната употреба. Ефикасноста може да се дефинира и
како единица мерка која покажува колку добро или продуктивно се користат ресурсите
за постигнување на целите во работењето (Jones, 2001: 38).
Претпријатијата се ефикасни кога успеваат да ги минимизираат количините на
влезни ресурси (човечки ресурси, суровините и др) или времето што е потребно за
произведување на некој производ или услуга. Така на пример, сендвичарница која
воведува поефикасен тост апарат кој не само што го намалува потребното време за
подготвување на сендвичи туку и ги намалува трошоците за енергија. Одговорноста на
менаџментот во претпријатието е да обезбеди таква организација во претпријатието
која ќе овозможи вработените поефикасно да ги изведуваат работните задачи кои се
потребни за производство.
Ефективност како принцип подразбира избор на вистински цели, максимална
реализација на избраните цели со користење на расположливите ресурси. Така,
ефективноста може да значи и мерка на соодветноста на целите кои ги има дефинирано
претпријатието и степенот до кој претпријатието ги постигнува овие цели.
Воведувањето нов производ во менито, на пример во ресторан воведување на т.н.
здрав сендвич за појадок за да се привлечат поголем број потрошувачи, влијаел за
зголемување на 20% на вкупниот приход на ресторанот.
Ефективноста е насочена кон избор на потребите кои ќе ги задоволува
претпријатието, односно избор на цели и избор на активности преку кои потребите ќе
бидат задоволени, а ефикасноста е насочена кон рационално користење на ресурсите
со кои располага претпријатието. Така, ефективноста може да значи и мерка на
соодветност на целите што ги следи едно претпријатие и степенот до кој претпријатието
ги постигнува овие цели (Jones, 2001: 14).
Меѓусебна зависност на ефикасноста и ефективноста како показатели на
успешноста на претпријатието во извршувањето на деловните активности е изразена.
Ако ефективноста се мери со односот меѓу произведените аутпути и вложените инпути,
јасно е дека и во аутпутите и во инпутите се интегрирани ефектите од изборот на
потреби кои ќе ги задоволува претпријатието и производствената способност, односно
рационалноста во користењето на ресурсите во претпријатието.
Треба да се земе предвид претпоставката дека претпријатието може да биде
економски ефикасно (на краток рок), а притоа да не е економски ефективно, во случаи
кога произведува залихи на неконкурентни производи или ги продава по цени кои ќе го
доведат во загуба. Претпријатието може да биде ефективно иако не е економски
ефикасно ако во услови на изразена побарувачка продава производи чии трошоци на
производство се повиски поради помалата рационалност во користењето на
расположивите ресурси.
Претпријатието има цел да произведе производ со кој ќе задоволи некоја
потреба кај потрошувачите. Затоа, многу често производот се поистоветува со цел која
претпријатието сака да ја постигне. Изборот на вистинскиот производ, односно на

132
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
вистинската цел, ќе ја определи ефективноста на претпријатието во задоволувањето на
потребите на потрошувачите. Од друга страна, ресурсите кои претпријатието ги користи
за да го произведе тој производ, односно за да ја постигне таа цел, треба да бидат
максимално искористени, во најкратко време. Односно, степенот на соодветно
користење на расположливите ресурси се постоветува со ефикасноста во
производството на дадениот производ. Ист производ или остварување на иста цел
може да се произведе, односно оствари, со различна комбинација на расположливите
ресурси. Како резултат на различниот степен на искористување на расположливите
ресурси, претпријатијата остваруваат различна ефикасност, односно ефективност,
односно ниска или висока ефикасност, односно ефективност. Во табела 6.1 даден е
приказ на различните степени на ефикасност и ефективност како и можните излезни
вредности, односно можните комбинации на ефективноста и ефикасноста и можните
комбинации на избор на вистински производ и соодветност на користењето на
ресурсите.
Табела 6.1 Можeн избор на вистински производ и користење на ресурсите
Е Ф И К А С Н О С Т
Ниска Висока
висока ефективност / ниска ефикасност висока ефективност/ висока ефикасност

Активност на претпријатието Активност на претпријатието


Производство на вистински производство на вистински
В производ, но со минимално производ со рационално користење
И користење на ресурсите на ресурсите
С
ЕФЕКТИВНОСТ

О Резултат Резултат
К Цената на производот е висока и Производ со добар квалитет и
А има зголемена побарувачка за соодветна цена
производот
ниска ефективност / ниска ефикасност ниска ефективност / висока ефикасност

Активност на претпријатието Активност на претпријатието


Н Погрешен избор на производ со Погрешен избор на производ со
И нерационално користење на рационално користење на
С ресурсите ресурсите
К
А Резултат Резултат
Скап производ со лош квалитет за Квалитетен производ за кој нема
кој нема побарувачка побарувачка

2. РАЗЛИЧНИ МЕТОДИ ВО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА


Големината и сложеноста на претпријатијата, условите во окружувањето во кое
работат претпријатијата и различните сфаќања на менаџментот, претставуваат
ограничувачки фактори во единствениот пристап и дефинирањето на ефективноста и
на ефикасноста на претпријатијата. Во економската литература која ја регулира оваа
област, се разработени различни пристапи за нивно мерење.
Зависно од обемноста на предметот, пристапите за мерење на ефективност и
ефикасност може да се поделат во две основни групи (Daft, 1992: 47):
(1) Традиционални (класични) пристапи и
(2) Современи пристапи.

133
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2.1. ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРИСТАПИ
Tрадиционалните пристапи за ефикасност и ефективност на претпријатието се
карактеризираат со делумно мерење на успехот на претпријатието. Процесот на
репродукција се состои од неколку фази и истиот е прикажан на слика 6.1.

Фаза на вложување на ресурси (инпути)

Фаза во која се реализира процесот на


трансформација на инпутите во аутпути и која го
определува внатрешниот амбиент во
претпријатието

Фаза на добивање соодветни резултати (аутпути)

Слика 6.1. Фази во процесот на репродукција


Извор: Daft. (1992).
Секој циклус на репродукција е определен од три фази:
(1) Фаза на вложување на ресурси (инпути),
(2) Фаза во која се реализира процесот на трансформација на инпутите во аутпути
и која го определува внатрешниот амбиент во претпријатието и
(3) Фаза на добивање соодветни резултати (аутпути).
Во групата на традиционални пристапи на ефикасност и ефективност на
претпријатието спаѓаат:
(1) Традиционален пристап кој поаѓа од целите,
(2) Традиционален пристап од аспект на системот на ресурси и
(3) Традиционален пристап на интерни процеси.
Така,
(1) Традиционален пристап кој поаѓа од целите, односно од резултатите кои
претпријатието настојува да ги реализира, и се сведува на утврдување на степенот на
успешноста на претпријатието во реализирањето на поставените цели.
(2) Пристапот од аспект на системот на ресурси ја изразува ефективноста на
почетната фаза на процесот на репродукција и се сведува на утврдување на
способноста на претпријатието да ги обезбеди неопходните ресурси за успешно
работење.
(3) Пристапот на интерните процеси ги утврдува ефективноста и ефикасноста
на трансформационите процеси врз основа на показатели кои се одраз на интерниот
амбиент на претпријатието.

2.1.1. Пристап насочен кон реализација на целите


Пристапот на реализација на целите претставува најчесто користен метод за
оценка на ефективноста на претпријатието (Pierce, 1990: 380). Овој начин на оценка на
успешноста на претпријатието најчесто се применува кога целите за постигнување на
разултати се прецизно формулирани. Овој метод е многу едноставен и поради тоа има
широка примена. Целите се првиот финален призвод на планирањето (Шуклев, 2011:
37). Пред отпочнување на која било активност неопходно е да се определат цели кон
кои ќе бидат насочени сите активности на претпријатието. Имено, со користење на овој

134
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
пристап се добиваат повратни информации за придонесот и влијанието на одлуките кои
ги донесуваат менаџерите во постигнувањето на целите на претпријатието. Целите
претставуваат резултат кој треба да се оствари. Овој пристап се темели врз фактот дека
претпријатијата се основаат заради постигнување на одредени економски цели.
Согласно тоа, сите активности кои се преземаат треба да се ориентирани кон
реализација на поставените цели.
Целта е клучниот елемент на секоја организција, па така и на претпријатието како
деловна организација. Организиција на претпријатието ја создаваат група луѓе кои
заедно работат за остварување на одредени заеднички цели. Целта како резултат кој
треба да се оствари се карактеризира со следните обележја:
o Целта јасно го дефинира правецот на дејствување;
o Целта е стандард, односно норма, според која може да се мери успехот и да
се преземаат потребните мерки;
o Целта претставува средство на мотивација и предизвик кој ги поттикнува
вработените за постигнување високи остварувања.
Со целите се дефинираат резултатите кон кои претпријатието има намера да ги
насочи своите идни напори и деловни активности. Општо е мислењето дека
претпријатијата имаат повеќе цели, меѓу кои постои одредена хиерархија. По важност,
на прво место се целите на претпријатието како целина, а на пониско ниво се наоѓаат
целите на организациските делови на претпријатието, на работните тимови и на
вработените. Целите се обликуваат на сите организациски нивоа во претпријатието и
претставуваат основа за планирање на сите нивоа во организациската структура на
претпријатието.
Вообичаено претпријатието има една основна цел, а тоа е да ја максимизира
добивката. Оваа цел обично се дополнува со одредени правни и етички ограничувања.
Во современие услови на работење, профитот не може да биде единствена цел на
претпријатието бидејќи тогаш претпријатието може да дојде во судир со интересите на
вработените, со граѓаните заинтересирани за заштита на животната средина и со други
стеикхолдери. Затоа, покрај главната цел – максимизација на добивката, во повеќето
претпријатија се дефинираат и дополнителни цели кои можат да се изразат како
создавање на добри меѓучовечки односи, обезбедување на солвентност, креирање на
нови и подобрување на постоечките производи, производство на поголеми количини
производи со пониски трошоци, заштита и зачувување на животната средина, поголемо
вработување, како и исполнување на други општествени обврски на претпријатието.
Целите како посакуван резултат треба да бидат јасни, мерливи, остварливи
(реални), стабилни, временски ограничени и просторно и временски усогласени.
Јасните цели прецизно ја дефинираат намерата на одредена активност. Најдобро е да
се напишани. Тие содржат налог за извршување на некоја активност со одреден
квалитет и во определено време. Доколку целите не се јасно дефинирани и потполно
разбирливи за сите, тогаш активностите на претпријатието и напорот на вработенте не
може соодветно да се насочат.
Конечниот резултат од остварувањето на целта мора да биде квантифициран,
за да може да се следи неговото остварување. Мерливите цели може лесно да се
квантифицираат. Затоа секоја цел мора да има дефинирано почетно ниво - од кое
претпријатието поаѓа и крајно ниво - кое треба да се постигне. Остварливите цели можат
реално да се достигнат. Целите се насочени кон одреден резултат. За секој посакуван
резултат треба да се дефинира посебна цел, остварлива со расположливите ресурси
во определеното време.
Стабилните цели не се менуваат во тек на одреден период. Секое претпријатие
треба да настојува да ги одржи своите цели релативно стабилни. Само на тој начин
дефинирањето на целите има смисла, односно овозможува остварување на саканите
резултати. Стабилните цели овозможуваат трајна ориентација за работењето и на
менаџерите и на вработените во претпријатието.
Временски ограничените цели се однесуваат за одреден временски период.
Овие цели имаат определена временска рамка во која треба да се остварат. Потребно

135
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
е да се имаат предвид влијанијата кои би можеле да доведат до задоцнување и да се
создадат можности за нивно отстранување. Просторната усогласеност на целите се
однесува на функционалната поврзаност на организациските делови на претпријатието
кои имаат дефинирано свои цели (на пример, претпријатието има цел непречено
следење на финансиите). Во рамки на оваа цел, смеководството има за цел
евидентирање на финансиските средства, а благајната има цел за уплата и исплата на
средствата. За да може да се постигне целта на претпријатието дефинирана како
непречено следење на финансиските текови, благајната и сметководството треба да се
просторно организирани на начин кој ќе овозможи постигнување на таа цел.
Временската усогласеност на целите е обезбедена кога краткорочните цели од
одредени периоди водат кон остварување на долгорочната цел на претпријатието.
Сите цели на претпријатието, дефинирани за одреден период, можат да бидат изразени
во следните облици: добивка во одреден процент на нето вложени средства, определен
удел и положба на пазарот (обем на продажба), производност на работата – која може
да се изрази како количина на производи или услуги по вработен, планиран развој на
нови производи, воведување на нови технологии, планирано освојување на нови пазари
или други целни групи и сл.
По својата природа, целите може да бидат: официјални (службени) цели и
оперативни цели.
Официјалните цели претставуваат формално утврдени цели и го изразуваат
мотивот за постоењето на претпријатието, деловната филозофија на претпријатието,
системот на вредности, подрачјата на делување, пазарите на кои претпријатието ги
пласира производите, купувачите чии потреби ги задоволува и сл. Овие цели обично се
содржани во актите/општите документи на претпријатието. Официјалните цели најчесто
се апстрактни и тешко мерливи за да се изрази ефективноста на претпријатието.
Оперативните цели се посоодветни показатели на ефективноста.
Претпријатието настојува непосредно да ги реализира оперативните цели преку
активностите кои ги презема. Всушност, оперативните цели се крајна цел на тековните
активности и обично претставуваат само фаза во реализацијата на официјалните цели
на претпријатието.
Оперативните цели обично претставуваат цели на одделните деловни функции
(продажба, маркетинг, набавка и сл) или на организациските делови (сектор за
истражување и развој, одделение за сметководство и сл) на претпријатието. За разлика
од официјалните цели кои по својот карактер се долгорочни и непрецизно дефинирани,
оперативните цели се однесуваат на точно определен временски период и обично се
реализираат во краток рок. Оперативните цели се прецизни и мерливи и се однесуваат
на менаџментот на пониско ниво (Harrison еt al., 1991: 131).
Оперативните цели се однесуваат на различни аспекти од работењето на
претпријатието. Така, може да се однесуваат на:
o Општите перформанси на претпријатието,
o Ресурсите кои ги користи претпријатието,
o Пазарот и
o Други аспекти на работењето.
Во продолжение ќе бидат објаснети различните аспекти од работењето на
претпријатието.
Како општи перформанси на претпријатието најчесто се користат показателите
за профитабилност, растот на претпријатијата и обемот на резултатите.
Оперативните цели поврзани со ресурсите се однесуваат на обезбедувањето
неопходни ресурси како на пример: обезбедување финансиски средства, изнаоѓање
поволни извори за снабдување со материјали и сл.
Оперативни цели поврзани со пазарот најчесто се раст или одржување на
постојаното пазарно учество, освојување на нови пазари, нови канали на дистрибуција
и сл.
Покрај наведените, оперативни цели може да се однесуваат и на вработените,
на истражувачко-развојната активност, на производството и др.

136
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кога како основен критериум за утврдувањето на ефикасноста и ефективноста
на претпријатието се зема реализацијата на целите, можна е појава на одредени
потешкотии и проблеми. Како проблеми во утврдувањето на ефикасноста и
ефективноста на претпријатието, може да биде дилемата за тоа:
o Преку која цел да се изрази ефективноста и ефикасноста на претпријатието?
o Кои стандарди да се применат за мерење на ефикасноста?
Претпоставка за наведеното е дека целите можат да се измерат. Целите во
основа претставуваат претпоставка за ефикасен менаџмент. Тие се основа за
стартегии, политики и планови (Шуклев, 2009: 47). Во зависност од мерливоста на
целите, показателите за успешност варираат од прецизни, објективни, до сосема
субјективни. За некои цели, како на пример профитот или стапката на раст, точно може
да се утврди степенот на нивната реализација. Меѓутоа, кога е во прашање на пример,
општествената одговорност на претпријатието, често не постојат јасни критериуми за
мерење на успешноста. Најчесто утврдувањето на ефективноста во реализација на
овие цели се базира на субјективни оценки.

2.1.2. Пристап од аспект на системот на ресурси


Наспроти пристапот кој се однесува на реализација на целите, кој во основа е
насочен кон аутпутите на претпријатието или излезните резултати на претпријатието,
пристапот кој се однесува на ресурсите е насочен кон инпутите во претпријатието,
односно влезните ресурси. Според овој пристап, ефективноста и ефикасноста на
претпријатието зависи од неговата способност да ги обезбеди неопходните ресурси.
Според пристапот на системот на ресурси, ефективноста на претпријатието
може да се изрази преку следните показатели:
o Способност да се откријат специфичностите на средината и да се искористат
можностите за обезбедување на ресурсите;
o Способноста за редовно извршување на активностите на претпријатието;
o Способноста на претпријатието да одговори на промените во средината (Daft,
1992: 50).
Наведените показатели за ефективност се од посебно значење за претпријатија
во кои тешко можат да се утврдат други показатели за ефективност. Така на пример,
ефективноста на научните институции во голема мерка зависи од нивната способност
да привлечат квалитетни и афирмирани научници.
Основен недостаток на овој пристап е пренагласеноста на значењето на
обезбедувањето на ресурсите во однос на значењето на нивното користење. Во таа
смисла, тешко може да се смета дека е ефективно она претпријатие кое успешно ги
обезбедува неопходните ресурси, а не ги користи на начин кој овозможува реализација
на целите. Имајќи го ова предвид, примената на овој пристап има значење кај оние
претпријатија кај кои не постојат можности за други показатели на ефективност и
ефикасност. Во сите други случаи наведените индикатори на ефективноста по системот
на ресурси можат да имаат својство на дополнителни показатели кои ќе се користат
заедно со други показатели.

2.1.3. Пристап на интерни процеси


Според традиционалниот пристап на интерни процеси, ефективност и
ефикасност на претпријатието се изразуваат преку интерниот амбиент на
претпријатието од една страна и ефикасност на процесот на трансформација, од друга
страна. За разлика од претходните два пристапи, овој пристап не го зема предвид
окружувањето во кое функционира претпријатието. Според него, претпријатието е
ефективно доколку процесот на транформација се одвива во пријатна атмосфера,
доколку вработените се задоволни, доколку активностите на организациските делови се
усогласени и сл.
Постојат две групи показатели за изразување на успехот на претпријатието:

137
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(1) Односи меѓу вработените и организациската култура и
(2) Показатели на ефикасност на претпријатието.
Така,
o Првата група показатели се базира на проучување на човечките односи и на
организациската култура како елемент на интерниот амбиент кои влијаат врз
ефективноста на претпријатието. Организациската култура претставува оној
невидлив дел од претпријатието кој ја зголемува неговата вредност
(Магдинчева-Шопова, 2012: 39). Притоа, за претпријатието да биде успешно,
треба да поседува:
 Силна организациска култура;
 Позитивна клима за работа;
 Мотивираност на вработените;
 Доверба и соработка помеѓу работниците и менаџерите;
 Директна хоризонтална и вертикална комуникација;
 Стимулативен систем на надградување и сл.
o Втората група индикатори на успешноста се состои од показателите на
ефикасноста. Ефикасноста на интерните процеси претставува однос помеѓу
влезните и излезните елементи на претпријатието.
На сликата 6.2 се прикажани различните групи показатели за изразување на
успехот на претпријатието.

ПОКАЗАТЕЛИ ЗА УСПЕШНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Односи меѓу вработените и Показатели на ефикасност
организациската култура на претпријатието

Слика 6.2. Показатели за изразување на успехот на претпријатието


Извор: Магдинчева-Шопова. (2012).
Покрај значењето на внатрешното окружување и ефикасноста на интерните
процеси за успехот на претпријатието, овој пристап на мерење на ефикасноста и
ефективноста во работењето го исклучува влијанието на окружувањето врз успешноста
на работењето на претпријетието. Отсуството на показатели преку кои ќе се измери
успешноста во работењето, претставува исто така недостаток на овој показател поради
можноста за субјективен пристап во оценувањето.

3. СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ
За разлика од традиционалните пристапи преку кои парцијално се согледуваат
ефективноста и ефикасноста, развиени се и се применуваат покомплексни пристапи кои
го земаат предвид фактот дека претпријатието е насочено кон реализирање на повеќе
цели и дека истовремено со комбинација и користење на различни ресурси извршува
повеќе активности. Основна карактеристика на современите пристапи за мерење на
ефикасност и ефективност претставува настојувањето за покомплексно изразување на
ефективност и ефикасност на претпријатието со комбинирање на повеќе показатели на
успешност во една целина.
Во современи пристапи за определување на ефикасност и ефективност на
претпријатието спаѓаат:
(1) Пристапот на стратегиски конституенти и
(2) Пристапот на конкурентни вредности.

138
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3.1. СОВРЕМЕН ПРИСТАП НА СТРАТЕГИСКИ КОНСТИТУЕНТИ
Пристапот на стратегиски конституенти, ефективноста на претпријатието ја
определува преку мерење на степенот на задоволување на потребите на групите кои
имаат интерес од работење на претпријатието (заинтересирани страни, стеикхолдери)
кои се нарекуваат и стратегиски конституенти на претпријатието.
За да се утврди ефективноста, неопходно е да се идентификуваат стратегиските
конституенти и да се утврдат нивните најзначајни потреби и интереси. Како стратегиски
конституенти на претпријатието (негови стеикхолдери) се сметаат: вработените,
сопствениците, купувачите, кредиторите, добавувачите и останатите групи без чија
соработка претпријатието не може да опстане.
Бидејќи различните конституенти имаат различни интереси во претпријатието, и
показателите за ефективност и ефикасност ќе бидат различни за секоја група.
Различните интереси и аспекти на вреднување на излезните резултати за секоја група
стеикхолдери придонесува за појава на голем број на показатели преку кои се мери
ефективност и ефикасност на претпријатието. На сликата 6.3 прикажани се основните
стратегиските конституенти на претпријатието, а во табела 6.2 е даден приказ на
стратегиските конституенти на претпријатието и показателите преку кои се мери
ефикасноста и ефективноста.

вработените купувачите
сопствениците

останатите
кредиторите добавувачите
групи

Слика 6.3.Стратегиски конституенти на претпријатието


Извор: Шуклев. (2009).
Според пристапот на стартегиски конституенти, до релевантни показатели за
ефективноста во работењето се доаѓа преку методот на испитување на мислењето на
одделните групи стратегиски конституенти. Така на пример, сопствениците на
претпријатието би биле заинтересирани за финансиските резултати и за нив показатели
за ефективност и ефикасност би биле оние показатели кои ги изразуваат финансиските
резултати, за вработените показатели за ефективност и ефикасност би биле оние
показатели кои ги изразуваат платата и задоволството од работата, за потрошувачите
показатели за ефективност и ефикасност би биле оние показатели кои ги изразуваат
квалитетот на производите и услугите и цената и сл.
Веројатноста дека едно претпријатие може истовремено да ги задоволи
интересите на сите групи стратегиски конституенти, па според тоа и сите критериуми на
ефективноста, е мала.
Табела 6.2 Стратегиските конституенти и показатели
Вид стратегиски Критериуми за мерење на ефективност и ефикасност
конституент
Сопственици и акционери Задоволство од работата и висина на дивиденди
Вработени Висина на плата и навремена исплата
Потрошувачи Квалитет, цена и навремена испорака на производи и услуги
Општествена заедница Општ придонес кон општествената заедница
Добавувачи Почитување на договори, навремена исплата на договорни
обврски
Влада и државни Почитување на законска регулатива и плаќање на даночните
институции обврски
Извор: Шуклев. (2009).

139
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Пристапот на мерење на ефикасноста и ефективноста на претпријатието има
одредени предности споредбено со останатите пристапи. Предност на оценката на
ефективноста со примена на пристапот на стратегиски конституенти е во тоа што многу
покомплексно му се приоѓа на оценувањето, земајќи ги предвид и факторите кои влијаат
на окружувањето, односно екстерните и интерните фактори. Така на пример, преку овој
пристап може да се оценуваат вложувањата во претпријатијата, трансформационите
процеси во претпријатието и резултатите на функционирањето.
Оправдувањето од примената на овој пристап за оценување на ефективноста и
ефикасноста, се објаснува преку фактот дека основа за успешно функционирање на
едно претпријатие е задоволување на целите на клучните интересни групи или
стеикхолдери.
Се поголемата примена на овој пристап за изразување на ефективноста се
јавува како резултат на поголемото внимание што претпријатијата го посветуваат на
имиџот во надворешното окружување, како и репутацијата и угледот кој го имаат кај
најразличните групи конституенти со кои соработуваат секојдневно.

3.2. СОВРЕМЕН ПРИСТАП НА КОНКУРЕНТСКИ ВРЕДНОСТИ


Современиот пристап на конкурентски вредности настанал како резултат на
извршените истражувања во теоријата и практиката, за сличностите кои постојат помеѓу
повеќе критериуми на ефективноста. Врз основа на истражувањата, дојдено е до
сознанија дека критериумите за ефективноста можат да се разграничат во повеќе
вредносни димензии, и тоа:
o Првата вредносна димензија се однесува на таканаречениот фокус на
претпријатието, односно каде е претпријатието насочено: кон надвор, односно
кон развој на претпријатието (екстерен фокус), и кон внатре, кон вработените и
меѓучовечките односи во претпријатието (интерен фокус);
o Втората вредносна димензија се однесува на структурата на претпријатието,
која може да биде стабилна, со нагласена контрола и флексибилна, односно
прилагодлива.
За да бидат успешни односно ефективни, претпријатијата мора да имаат
дефинирано цели кои ќе се стремат да ги постигнат. Воедно, тие мора да располагаат
и со определени средства, односно начини со кои ќе ги постигнат зацртаните цели.
Целите и средствата за постигнувањето на тие цели, претставуваат критериуми за
утврдување на успешноста на работењето на претпријатието.
Како средства за постигнување на целите најчесто се наведуваат: тимската
работа и моралот, подготвеноста да се реагира на промените, доброто планирање,
дефинирање на соодветни цели, управување со информациите и непречена
комуникација (Jones,1991: 53).
Поврзано со целите на претпријатијата, јасно е дека секое претпријатие
настојува да ја зголеми својата конкурентска позиција на пазарот, односно да поседува
определена конкурентска вредност која ќе му помогне да биде компетитивно на пазарот.
Различни претпријатија сметаат дека различна конкурентска вредност ќе им овозможи
компетитивна позиција. Така, некои претпријатија се на ставот дека развојот на
човечките ресурси може да им ја обезбеди конкурентската предност, а други сметаат
дека обезбедувањето на ресурси е клучно.
Некои претпријатија сметаат дека најважна конкурентска вредност што треба да
ја поседува едно претпријатие е продуктивност и ефикасност, а некои претпријатија
сметаат дека стабилноста е клучната конкурентска вредност што секое претпријатие
треба да ја поседува. Конкурентската вредност која претпријатието сака да ја стекне ја
определува неговата долгорочна цел. Најчести цели кои претпријатијата ги поставуваат
се:
o Раст на претпријатието и обезбедување на потребните ресурси;
o Продуктивност и ефикасност;

140
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Развој на човечките ресурси;
o Стабилна позиција на пазарот.
Со интегрирање односно со комбинирање на вредносните димензии и
критериумите за определување на успешноста на претпријатијата се добиваат
следните четири модели на односите на вредности и критериумите на ефективноста:
o Модел на човечки односи,
o Модел на отворен систем,
o Модел на рационална цел и
o Модел на интерен процес.
На слика 6.4 даден е приказ на интегрираните модели за мерење на
ефективноста на претпријатието.

Модел на Модел на
човечки отворен
односи систем

Модел на Модел на
рационална интерен
цел процес

Слика 6.4. Модели за ефективност на претпријатијата

(1) Моделот на човечки односи е фокусиран кон интерниот амбиент на


претпријатието (од првата вредносна димензија) и го истакнува значењето на
флексибилната структура (од втората вредносна димензија). Средства со кои
претпријатието располага се тимската работа, односно заедништвото и високиот
морал кај вработените. Целта која претпријатието сака да ја постигне е развој на
човечките ресурси затоа што смета дека оваа конкурентска вредност ќе му обезбеди
компетитивна можност. За да ја постигне оваа цел, менаџментот на претпријатието
дефинира потесни и полесни цели кои го зголемуваат степенот на заедништво меѓу
вработените, се подига нивниот морал, а воедно се овозможува и нивно усовршување.
Претпријатијата кои го прифаќаат овој модел повеќе се ориентирани кон вработените
отколку со окружувањето во кое функционира претпријатието.
(2) Моделот на отворен систем е фокусиран кон окружувањето (првата
вредносна димензија) и затоа окружувањето во кое опстојува и работи претпријатието
е примарен фокус, односно во овој случај фокусот е екстерен и го истакнува значењето
на флексибилната структура (од втората вредносна димензија). Подготвеност
претставува средство кое претпријатието го поседува за да ја оствари својата цел, а тоа
е обезбедување ресурси и раст. Според тоа, растот и обезбедување ресурси
претставуваат примарни цели на претпријатието и се обезбедуваат преку
флексибилност во структурата и со подготвеност на претпријатието да реагира на
ризиците и предизвиците од средината. Успехот на претпријатието се оценува со
неговата спремност за воспоставување добри односи со средината со цел подобро
обезбедување на ресурси и негов развој. Според значењето кое овој модел и го дава
на окружувањето во обезбедувањето ресурси, сличен е со пристапот на системот на
ресурси од т.н. традиционални (класични) пристапи на ефективноста и ефикасноста.

141
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(3) Кај моделот на рационална цел, екстерниот фокус (прва вредносна
димензија) и стабилната структура и контролата (втора вредносна димензија)
претставуваат доминатни вредности. Планирањето и дефинирањето на целите се
клучните средства со кои располага претпријатието за да ја постигне својата цел -
продуктивност и ефикасност. Деловното планирање има само една службена должност,
а тоа е убедување дека планирањето може да го зголеми профитот (Шуклев, 2006: 181).
Зголемувањето на продуктивноста и воопшто на ефикасноста, како основни
цели, претпријатието настојува да ги реализира со доследна контрола на своето
работење. Во реализацијата на овие цели како рационални инструменти се користат
планирањето и дефинирањето на целите. По своите карактеристики овој модел е
сличен на традиционалниот пристап на реализација на целите.
(4) Моделот на интерниот процес го истакнува значењето на интерниот фокус
и стабилната структура и контролата, како свои основни вредности. Управувањето со
информациите и комуникацијата претставуваат најзначајни средства на овој модел, а
стабилноста и рамнотежата се основни цели. Овој модел најмногу им одговара на
претпријатијата кои се добро позиционирани на пазарот и кои настојуваат својата
позиција да ја одржат и во иднина.
Значењето на наведените модели на ефективноста на претпријатието, односно
на одделените критериуми на ефективноста, се менуваат со промените во фазите на
животниот циклус на претпријатието. Овој модел е соодветен за ноформираните
претпријатија кои се наоѓаат во претприемничка фаза од животниот циклус и се наоѓаат
во позиција кога сакат да се докажат на пазарот. Затоа за овие претпријатија соодветни
се критериумите за ефективност од моделот на отворен систем. Успехот на овие
претпријатија зависи од нивната флексибилност, обезбедувањето ресурси и
поддршката од средината.
За мерење на ефикасноста и ефективноста за претпријатијата кои се наоѓаат во
зрела фаза од развојот и се добро позиционирани на пазарот соодветни се сосема
други критериуми. Ефективноста на овие претпријатија е одредена од критериумите на
моделот на интерниот процес и од моделот на рационална цел. За овој вид
претпријатија, продуктивноста, ефикасноста, стабилноста и контролата претставуваат
доминантни вредности. За разлика од младите претпријатија, претпријатијата кои
работат подолго време повеќе ја вреднуваат стабилноста и рамнотежата во споредба
со иновативноста бидејќи настојуваат да ги искористат стекнатите позиции на пазарот.

4. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ЕФИКАСНОСТ


Не постојат универзални правила или критериуми кои се применуваат за мерење
на ефективноста и ефикасност за секое претпријатие. Кои од резгледуваните
критериуми за утврдување на ефективност и ефикасност имаат значење во одредено
претпријатие, зависи од повеќе фактори. Од големиот број фактори кои влијаат на
изборот на критеримите за мерење на ефикасноста и ефективнста, може да се издвојат
следните фактори:
o Влијанието на менаџментот,
o Мерливоста на целите на претпријатието и
o Условите во окружувањето во кое работи претпријатието.
На сликата 6.5 прикажани се основните фактори кои влијаат на утврдување на
ефикасност и ефективност на претпријатието.

142
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мерливоста на
целите на
претпријатието и

Условите во
Влијание на окружувањето во
менаџментот кое работи
претпријатието

ФАКТОРИ ЗА
УТВРДУВАЊЕ
НА
ЕФИКАСНОСТА И
ЕФЕКТИВНОСТА

Слика 6.5. Фактори за утврдување на ефикасноста и ефективноста

Влијанијата на менаџментот на претпријатието на изборот на критериуми за


утврдување на ефективност и ефикасност, произлегува од улогата која врвниот
менаџмент ја има во дефинирањето на целите на претпријатието. Влијаејќи врз целите
на претпријатието менаџментот ги одредува и можните критериуми за мерење на
успешноста на претпријатието.
Мерливоста на целите на претпријатието е втор значаен фактор кој влијае
врз изборот на критериуми за утврдување на ефективноста и ефикасноста на
претријатието. Во принцип, колку попрецизно може да се одредат целите на
претријатието, толку прецизно може да се утврди и степенот на нивна реализација. Во
претпријатија во кои процесот на производство се одвива рутински и во кои може да се
мери ефикасноста на одделените делови од процесот на производство, најголемо
значење има пристапот на интерни процеси во утврдувањето на ефективноста и
ефикасноста. Кај претпријатијата во кои е невозможно да се утврди ефикасноста при
реализација на одделени фази на процесот на производство, критериум со кој се
утврдува успехот е степенот на реализација на целите на претпријатието. Слично на
ова, кај многу претпријатија од областа на услужните дејности, како критериум за
мерење на успехот често пати се користи степенот на реализирање на целите, кај други
пак организации, како што се на пример различни општествени организации кај кои не
е можна прецизна да се одреди целта, како критериум за успешноста често се користи
состојбата на човечките односи, способноста за обезбедување ресурси, степенот на
реализација на целите на стратегиските конституенти и сл.
Карактеристики на окружувањето претставува значаен фактор кои влијае на
изборот на критериуми за оценка на успешноста на претпријатието. Меѓу факторите на
окружувањето посебно значење имаат можностите и условите за набавка на ресурси,
сложеност и динамичност на средината и сл.
Во принцип, колку се поретки ресурсите за работа и колку се понеповолни
условите за нивната набавка, толку поголемо значење има способноста на
претпријатието да ги набави и ефикасно да ги употреби. Во оваа смисла, поголемо
значење имаат пристапот на системот на ресурси и пристапот на интерните процеси, а
како критериум за успешноста особено значење има ефикасноста на интерните
процеси.

143
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТЕЊЕТО ПРЕКУ ФИНАНСИСКО
УПРАВУВАЊЕ И КОНТРОЛА КАЈ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
(Преземено од www.finance.gov.mk )
Финансиското управување и контрола
Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и
активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно
уверување дека целите на субјектот се остварени. Финансиското управување и
контрола претставува и збир на одговорности на раководителот на субјектот да
воспостави и имплементира процедури за постигнување целосна контрола во
работењето врз основа на принципот на стабилно финансиско уптравување и контрола.
Стабилно финансико управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично,
ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.
Финансиското управување и контролата ги опфаќа финансиските процеси на :
o Планирање,
o Извршување,
o Мониторинг и
o Известување за:
 Прибирањето на приходите утврдени во буџетот,
 Управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во
буџетот,
 Заштитата на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во
билансот на состојба.
Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите
организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на
субјектот, вклучувајчи ги средствата од Европската Унија и од други извори. Целта на
финансиското управување и контрола е постигнување на следните општи цели на
субјектот:
o Вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен
начин;
o Усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената
политика, плановите и постапките;
o Заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо
управување неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и
злоупотреби;
o Јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите;
o Правилно евидентирање на финансиските трансакции;
o Навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето.
Одговорност за спроведување на контрола
Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:
o Подготвувањето на буџетот, извршување на буџетот и известување за буџетот
на субјектот со кој раководи;
o Финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија во сите
организациони структури, програми, операции и процеси, раководени од него;
o Контрола на водење на сметководството, преземање финансиски обврски и
извршување на плаќањата, прибирање на приходите и заштита на средствата и
обврските;
o Постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;
o Одредување и остварување на целите на субјектот и изготвување и реализација
на стратешките и други планови како и програми за остварување на општите и
посебните цели на субјектот;

144
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Воспоставување организациска структура и процедури за работа со кои ќе се
обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско
управување и контрола;
o Воспоставување линија на известување во согласност со пренесените
овластувања и одговорности;
o Компетентност на сите вработени за извршување на задачите во согласност со
финансиското управување и контрола;
o Управување со ризиците и воведување соодветни и ефикасни внатрешни
контроли.
Раководителот на субјектот е отчетен за постигнување цели на субјектот од
јавниот сектор преку управување со јавните средства на законски, економичен,
ефикасен и ефективен начин.
Процесот на зајакнување на финансиската контрола во Македонија е отпочнат и
се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност
на раководството и воспоставување на функционално независна внатрешна ревизија,
односно развој на сите три компоненти на јавната внатрешна финансиска контрола
(финансиско управување и контрола, внатрешната ревизија и нивното хармонизирање.
Целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на
јавните средства.
Воспоставување на финансиско управување и контрола
Сите буџетски корисници, независно од големината, износот на средствата со
кои располагаат или бројот на , се должни да воспостават систем за финансиско
управување и контрола (FMC). Тие се должни да ги пропишат правилата на работа и
постапки, односно да преземат мерки со кои ќе добијат разумно уверување дека
буџетските средства се користат законски и правилно, но и економично, ефикасно и
ефективно. Воспоставување на системот на Финансиско управување и контрола е
долготраен и сложен процес бидејќи не постојат унифицирани организациски решенија
кои би биле применливи за сите буџетски корисници. Тие зависат од големината и
специфичноста на буџетскиот корисник, процесите во организацијата, ризиците и други
елементи.
За воспоставување на финансиско управување и контрола би требало да се
преземат следниве активности:
o Именување раководител за Финансиско управување и контрола;
o Донесување одлука за потреба од именување на координатор за Финансиско
управување и контрола;
o Основање работна група која ќе се бави со прашањата за воспоставување на
Финансиско управување и контрола;
o Донесување план за воспоставување на Финансиско управување и контрола;
o Изготвување Изјава за мисијата, визијата и клучните цели на буџетскиот
корисник;
o Попишување на главните работни процеси (потпроцеси) и утврдување на
активности;
o Изготвување Мапи на работни процеси - опишување на работните процеси,
изготвување на дијаграм на текови, утврдување на ризиците на ниво на
активности, нивна проценка и рангирање, одлучување за одговор на ризиците
воспоставување на контрола;
o Составување книга (мапа) на процеси - попис и опис на сите работни процеси
кои обезбедуваат целосна слика за начинот на работење на организацијата;
o Проценка на компонентите за внатрешна контрола (Прашалник за
самопроценка);
o Составување преглед на воспоставените контроли;
o Анализирање на постојните и потребните контроли, како и одлучување за
потребните ex - ante контроли и ex - post финансиски контроли;

145
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Донесување Акционен план за отстранување на слабостите на внатрешнитe
контроли;
o Следење на остварување на планот;
o Изготвување Годишен извештај за воспоставеното финансиско управување и
контрола.
Стандарди за внатрешна контрола во јавниот сектор
Секој субјект од јавниот сектор треба да утврди пишани процедури за важните
активности, особено за економските операции и да ги достави до сите инволвирани
вработени. Процедурите треба да бидат јасни, комплетни и класифицирани. Согласно
основни одредби од овој стандард:
o За секоја активност и/или значаен настан, субјектот од јавниот сектор треба да
обезбеди постоење на соодветна документација и документирање на
операциите;
o Документацијата треба да биде целосна, прецизна и да е во согласност со
структурите и политиките на субјектот од јавниот сектор;
o Документацијата треба да содржи административни политики, прирачници,
оперативни инструкции, листи за проверка или други форми на презентирање на
процедурите;
o Документацијата треба да биде ажурирана, корисна, прецизна, лесна за
проверка и достапна за раководителот, вработените, како и за трети лица
доколку е потребно;
o Документацијата треба да обезбеди постојаност на активностите и покрај
флуктуацијата на вработените;
o Треба да се има предвид дека отсуството на документација, некомллетната
и/или неажурираната документација претставува ризик за постигнување на
целите;
o Субјектот од јавниот сектор треба да изготви правен акт за текот на движење на
документацијата за секое ниво на одговорност и да го следи нивното
спроведување.
Процедури за работните процеси треба да се пишуваат заради:
o Утврдување на задачите и одговорностите на секој вработен во субјектот;
o Помош при пренос на знаење;
o Обезбедување независно извршување на процесите;
o Континуирано извршување на задачите.
За секоја активност од процесот треба да се обезбеди писмено објаснување
кое содржи одговори на прашањата:
 Што треба да се направи;
 Кој треба да ја изврши активноста;
 Зошто треба да се изврши определена активност;
 Кога да се изврши;
 Каде.
Проценка на ризикот при пишување на процедури за работните процеси
При опишување на процесите потребно е да се врши проценка на нивото на
ризик за секоја активност во рамките на процесот. Во случај кога ќе се утврди висок
ризик (а понекогаш и среден ризик) потребно е да се воспостават контролни мерки за
намалување на ризикот на прифатливо ниво. Тоа значи воведување листи за проверка,
односно поделба на функциите и обезбедување документирана контрола.
Нивоа на опишување на процесите
o Анализа на процесот,
o Детален распоред на процесот (Дијаграм на текови) и
o Работни инструкции (во детали).
Чекори во пишување процедури за работните процеси

146
VI ГЛАВА
Управување со ефикасноста и ефективноста во претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Разбирање на потребата од опишување (документирање) на процесот:
Процесите пред да бидат опишани треба добро да се разберат од
инволвираните вработени во извршувањето на активностите како и нивниот
обем. Често повеќе вработени различно ги разбираат процесите. Заради тоа
потребно е да се креира заеднички поглед за извршување на активностите во
рамките на процесот;
o Обезбедување детали за спроведување на процесот на високо ниво:
Заради подобрување на разбирањето на процесот обезбедете детали за
процесот на високо ниво. Определете го сопственикот на процесот. Сопственик
на процесот е раководителот кој дава упатства за начинот на извршување на
процесот. Определете го одговорниот вработен кој ќе ги спроведува
активностите во процесот на точен, сигурен, ефективен и ефикасен начин,
согласно упатствата дадени од сопственикот на процесот;
o Определете единствено име на процесот со цел разликување на истиот од
другите процеси;
o Идентификувајте ги сите активности кои треба да се извршат во рамките на
процесот;
o Определете ги границите на процесот, односно утврдете каде точно тој
започнува и каде завршува. Определете го обемот на процесот и утврдете ги
поврзаните процеси;
o Изготвување дијаграм на чекорите на активностите и точки на одлуки:
Дијаграмот се состои од повеќе активности. Секоја активност е претставена со
симбол. Најчесто се користат 3 различни симболи, и тоа: симбол за утврдување
на почетокот и крајот на процесот, симбол за активност и симбол за одлука,
односно контрола во процесот.
o Опишете го начинот на доставување на документите (податоците). На пример:
пошта, интерна достава, електронска пошта, телефон, факс и друго;
o Лицата кои го документираат процесот потребно е да ги евидентираат задачите
и одговорностите на секој вработен и особено роковите (навременоста) за
извршување на активностите, комплетност и други важни квалитативни барања
и детали поврзани со процесот;
o Опишете ја информатичка технологија (софтверот) која се користи при
извршување на активностите во процесот, како и начинот на кој се спроведува
евидентирањето на податоците во процесот;
o Наведете ги документите кои се користат во рамки на процесот;
o Процедурата доставете ја до експертите и корисниците заради добивање нивни
забелешки и коментари за подобрување на квалитетот на документираниот
процес;
o Добивање одобрување од раководството на процесот. Доставете ја процедурата
до раководството заради одобрување и добивање основа за имплементација;
o Сите добиени податоци од горенаведените чекори внесете ги во Образецот за
изготвување на работна процедура / интерен акт - работна процедура.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА
1. Објаснете што претставува ефикасност во работењето за претпријатието.
Објаснете што претставува ефективност во работењето за претпријатието. Кога
претпријатијата се ефикасни и ефективни во своето работење?
2. Објаснете ја меѓусебната зависност помеѓу ефикасноста и ефективноста во
работењето на претпријатијата. Како се изразува ефективноста во работењето
на претпријатијата? Како се изразува ефикасноста во работењето на
претпријатијата? Наведете ги различните методи во определување на
ефикасноста и ефективноста во работењето на претпријатието. Објаснете ја
структурата на циклусот на репродукција.

147
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3. Дефинирајте што претставуваат традиционалните пристапи за ефикасност и
ефективност на претпријатието. Набројте ги традиционалните пристапи за
ефикасност и ефективност на претпријатието.
4. Што претставува традиционален пристап кој поаѓа од целите? Објаснете кои
цели се официјални или службени. Објаснете кои цели се оперативни. Кон што
се фокусирани официјалните цели? Појаснете кон што се фокусирани
официјалните цели. Наведете ги општите перформанси во работење на
претпријатието.
5. Како се објаснува традиционалниот пристап од аспект на системот на ресурси?
Кои показатели ја изразуваат ефективноста на претпријатето преку системот на
ресурси? Појаснете го недостатокот на овој пристап.
6. Појаснете го традиционалниот пристап на интерни процеси. Како се објаснува
ефективноста на претпријатието според овој пристап? Наведете ги индикаторите
кои укажуваат кон ефективно работење на претпријатието. Објаснете што
претставуав ефикасност на интерните процеси.
7. Набројте ги современите пристапи за определување на ефикасност и
ефективност на претпријатието. Како овие пристапи ги објаснуваат ефикасноста
и ефективноста на претпријатието.
8. Објаснете го пристапот на стратегиски конституенти. Набројте ги стратегиските
конституенти, односно стеикхолдери на претпријатието. Како се мери
ефективноста според пристапот на стратегиски конституенти? Како се оправдува
примената на овој пристап за оценување на ефективноста и ефикасноста на
претпријатието?
9. Објаснете го пристапот на конкурентски вредности. Појаснете ја првата
вредносна димензија. Што значи екстерен и интерен фокус? Појаснете ја втората
вредносна димензија. Од аспект на оваа димензија, преку кои средства се
постигнуваат целите на претпријатието? Кои се најчести цели кои ги имаат
претпријатијата?
10. Набројте ги моделите за оценување на успешноста на претпријатието. Објаснете
го моделот на човечки односи. Објаснете го моделот на отворен систем.
Објаснете го моделот на рационална цел. Објаснете го моделот на интерен
процес. Појаснете ги моделите на ефективноста на претпријатието од аспект на
фазите на животен циклус на претпријатието.
11. Набројте ги факторите кои влијаат врз изборот на критериуми за ефикасноста на
претпријатието. Како менаџментот влијае врз изборот на критериуми за
ефикасноста на претпријатието? Како се донесува одлука за изборот на
критериуми за ефикасноста според мерливоста на целите на претпријатието?
Како влијае окружувањето врз изборот на критериуми за ефикасноста на
претпријатието?

148
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
VII ГЛАВА
УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Квалитет на економијата
1.1. Поим за квалитет на економијата
1.2. Поим за основните економски принципи на работењето
2. Продуктивност
2.1. Поим и значење на продуктивност
2.2. Фактори на продуктивност
2.3. Мерење на продуктивност
2.4. Анализа на продуктивност
3. Економичност
3.1. Поим и значење на економичност
3.2. Фактори на економичност
3.3. Мерки за зголемување на економичноста
3.4. Мерење на економичност
3.5. Анализа на економичност
4. Рентабилност
4.1. Поим, значење и фактори на рентабилност
4.2. Мерење на рентабилност
4.3. Анализа на рентабилност
4.4. Праг на рентабилност
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучување на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете што е квалитет на економијата и како се пресметува;
o Да појасните што е продуктивност, економичност и рентабилност и кои
фактори влијаат врз нив;
o Да пресметате продуктивност, економичност и рентабилност и да го
интерпретирате добиениот резултат и
o Да дефинирате што е праг на рентабилност и да го пресметате.

149
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. КВАЛИТЕТ НА ЕКОНОМИЈАТА
1.1. ПОИМ ЗА КВАЛИТЕТ НА ЕКОНОМИЈАТА
Во услови на пазарна економија, секое претпријатие го насочува своето
работење кон максимално задоволување на потребите на пазарот. Според големината
на тие потреби и промените што се јавуваат кај тие потреби, претпријатието ги одредува
целите на своето функционирање, а со реализација на деловните цели претпријатието
постигнува определен деловен успех. Во зависност од тоа со кои резултати ги остварува
целите на своето функционирање, претпријатието може да работи успешно или
неуспешно, односно да остварува подобар или полош квалитет на својата економија.
Во овој контекст треба да се напомене дека за секое претпријатие од суштинско
значење се остварувањето на ефикасност и ефективност во работењето. Притоа, под
ефикасност се подразбира да се постигнат зацртаните цели во работењето со најмало
користење на расположливите ресурси, односно со најголема рационалност во нивната
употреба.
Под ефективност се подразбира најнапред да се изберат вистинските цели, а
потоа тие цели максимално да се реализираат со користење на расположливите
ресурси. Со други зборови, ефикасноста е насочена кон рационалност во користењето
на ресурсите кои ги има претпријатието, додека пак, ефективноста е насочена кон избор
на потреби, цели и активности кои ќе ги задоволи претпријатието. Помеѓу ефективноста
и ефикасноста постои голема меѓусебна зависност, па постои потешкотија во нивното
разграничување. Независно од различните теоретски и методолошки дефинирања и
разграничувања, едно е извесно: станува збор за економски концепти кои во голема
мерка го условуваат квалитетот во економијата.
Под поимот квалитет на економијата се подразбира степен на успешност на
претпријатието во остварување на поставените цели. Притоа, разликите во квалитетот
на економијата произлегуваат од различната успешност во исполнување на целите.
Така, доколку остварениот успех во набљудуваниот период е помал од успехот во
претходниот период, тогаш се вели дека е остварено намалување на квалитетот на
економијата и обратно.
Квалитетот на економијата квантитативно се изразува како однос помеѓу
резултатите на репродукцијата и вложувањата за нивното остварување, со помош на
следната формула:
𝑅
Ке =
𝑉
Во која:
Ке - е квалитет на економија,
R - е резултати на економијата и
V - е вложувања во економијата.
За едно претпријатие се вели дека го подобрува квалитетот на својата економија
доколку со своето функционирање остварува максимални резултати со минимални
вложувања.
Според тоа, квалитетот на економијата е:
o Правопропорционално зависен од постигнатите резултати и
o Обратно пропорционално зависен од направените вложувања за нивно
остварување.
Со други зборови, квалитетот на економијата ќе биде подобар доколку:
o Се остварат поголеми резултати со исти вложувањa;
o Се зголемуваат и резултатите и вложувањата, но стапката на пораст на
резултатите е поголема од стапката на пораст на вложувањата;
o Се намалуваат и резултатите и вложувањата, но намалувањето на
вложувањата е помало од намалувањето на резултатите.
Односот помеѓу резултатите и направените вложувања за нивно реализирање
претставува показател на ефикасноста на вложувањата во создавањето резултати од
работењето. Така, доколку тој показател е поголем, претпријатието остварува поголеми

150
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
резултати по единица вложени средства. И обратно, во случај показателот да е помал,
тогаш износот на остварените резулатати по единица вложени средства, опаѓа.
Поради методолошките проблеми во начинот на единствено изразување и
мерење на квалитетот на економијата, во теорија и пракса оформени се одредени
принципи за следење на квалитетот на економијата на претпријатието.

1.2. ПОИМ ЗА ОСНОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО


За полесно да се објасни поимот економски принципи на работењето, најнапред
е потребно да се разбере општиот поим на принципи на работење. Така, генерално под
поимот принципи на работење во кое било претпријатие се подразбираат одредени
правила и норми на кои треба да се придржуваат вработените, со цел поуспешно да се
оствари колку што е можно поголема добивка.
Оттука, под економски принципи на работењето се подразбираат правила со
кои се настојува да се остварат максимални резултати со минимални вложувања во
работење на претпријатието. Поконкретно, воведени се парцијални принципи за
следење на квалитетот на економијата на претпријатието. Со нивна помош парцијално
се согледува квалитетот на економијата, преку парцијални односи меѓу одделните
елементи на резултатите и одделните елементи на вложувањата.
Поради огромното значење за согледување на оправданоста за работењето на
претпријатијата, во продолжение накратко се анализирани дел од основните парцијални
економски принципи на работењето, и тоа:
o Продуктивност,
o Економичност и
o Рентабилност.

2. ПРОДУКТИВНОСТ
2.1. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТ
Продуктивноста е поврзана со однесување на човекот во работата, што значи
дека е стара колку што е и човечкиот труд. Најнапред, продуктивноста се однесува на
индивидуална активност на поединецот, а подоцна, со појавата на претпријатоето,
продуктивноста се однесува на постојана грижа да се остваруваат максимални
резултати со што помалку трошење на човечкиот труд (Бојаџиоски & Блажеска, 2003:
370).
Генерално, под поимот продуктивност се подразбира настојување да се дојде
до што поголеми ефекти во работата (производи и услуги) со што помали трошоци на
работната сила. Оттука, под продуктивност во кое било претпријатие се подразбира
произведување што поголема количина производи, односно извршување што поголем
обем услуги, со колку што е можно помала потрошувачка на работна сила. Така, под
продуктивност како парцијален израз на квалитетот на економијата се подразбира
принцип кој ја мери ефикасноста на трошењето работна сила во создавањето
употребна вредност.
Притоа, доколку продуктивноста расте, тогаш и ефикасноста на трошењето
работна сила е поголема. Во случај пак на намалување на продуктивноста, доаѓа до
влошување на ефикасноста на работната сила. Со други зборови, овие две променливи
се наоѓаат во правопропорционален однос.
Така, зголемување на продуктивноста има кога:
o Со иста количина труд се остварува поголем обем на производи, односно
услуги и
o Со помалку труд се остварува иста количина производи, односно услуги.
Намалување на продуктивноста има кога:
o Со поголем трошок на труд се остварува ист обем производи, односно услуги и

151
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со ист потрошен труд се остварува помал обем производи, односно услуги.
o
Секое претпријатие настојува да има колку што е можно поголема
продуктивност, од причина што тоа значи можност за остварување поголема добивка.
Имено, со зголемување на продуктивноста е поврзано зголемувањето на
производството, што последователно доведува до зголемување на националниот
доход. Истовремено, поголема продуктивност значи намалување на трошоците за
производство, како и унапредување на конкурентската способност на претпријатието.
Во случај кога претпријатието работи добро и е конкурентно на пазарот, значи
дека постојат услови и вработените да имаат повисоки плати, што пак, од друга страна,
би значело повисок животен стандард на населението. Оттука, може да се заклучи дека
значењето на продуктивноста е навистина големо, па секое претпријатие мора да си
постави цел: работењето да се организира на таков начин што ќе обезбедува
максимални резултати со минимални трошоци на работната сила, односно да се
овозможи постојано зголемување на продуктивноста. Со други зборови, настојувањата
да се зголеми продуктивноста не е од интерес само на претпријатието, туку
истовремено значи стабилен раст и развој на вкупната економија. Поконкретно,
зголемената продуктивност на ниво на едно претпријатие значи зголемено
производство на тоа претпријатие, што пак, доведува до зголемување на националниот
доход и подобрување на животниот стандард. Така, преку намалување на трошоците за
производство доаѓа до подобрување на конкуренстката способност на претпријатието и
неговата позиција на пазарот, што воедно ја јакне и националната економија.
Од друга страна, доколку на пазарот дојде до зголемување на потребите, тогаш
претпријатието има неколку можности да одговори:
(1) Да го продолжи работното време,
(2) Да вработи нови работници или
(3) Да го зголеми работниот учинок.
Токму третата опција (зголемување на работниот учинок) значи зголемување на
продуктивноста, и претставува најдобар начин за развој на претпријатието, но и на
економијата во целост. Оттука, претпријатието треба да има цел да го организира
своето работење на таков начин што ќе овозможи остварување максимални резултати
со минимални потрошоци на работната сила.

2.2. ФАКТОРИ НА ПРОДУКТИВНОСТ


Врз нивото и динамиката на продуктивноста влијаат многу фактори кои може да
ја зголемуваат или намалуват продуктивноста, притоа делувајќи директно или
индиректно. Со цел многубројните фактори да може полесно да се согледаат, извршено
е нивно групирање.
Притоа, треба да се напомене дека во практиката не може да се изврши прецизна
поделба на факторите на продуктивноста поради нивната меѓусебна поврзаност и
зависност. Така, генерално, извршена е поделба на факторите на продуктивност, и тоа
според:
(1) Фактори на продуктивност според потеклото на факторите;
(2) Фактори на продуктивност според можноста да се влијае на нив;
(3) Фактори на продуктивност според потребата од нови вложувања.

2.2.1. Фактори на продуктивност според потеклото


Доколку како критериум за поделба на факторите на продуктивност се земе
нивното потекло, се разликуваат: интерни и екстерни фактори на продуктивност.
I. Интерни фактори на продуктивност се оние фактори кои потекнуваат од
претпријатието. Овие фактори се поврзани со основните елементи на производството,
па се делат на: (1) Фактори поврзани со предметите за работа; (2) Фактори поврзани со
средствата за работа; (3) Фактори поврзани со работната сила; (4) Организациски
фактори. Поконкретно:

152
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(1) Фактори поврзани со предметите за работа. Во оваа група фактори спаѓаат
количината и квалитетот на предметите за работа. Така, доколку
претпријатието располага со доволна количина предмети за работа значи дека
без прекин во контитуитет може истата ангажирана работна сила да оствари
поголема продуктивност, отколку кога би имало прекини поради недостиг на
предмети за работа. Исто така, ако квалитетот на предметите за работа е
подобар, работниците ќе го обработуваат со брзина која овозможува поголема
продуктивност, отколку кога квалитетот би бил лош, па поради шкарт би морало
да се запира со што продуктивноста би била помала;
(2) Фактори поврзани со средствата за работа. Со оглед дека средствата за
работа претставуваат посредник меѓу работниците и предметите за работа,
значи дека секое нивно поголемо учество во производтсвото го намалува
учеството на работната сила, што пак предизвикува зголемување на
продуктивноста. Во оваа група фактори генерално спаѓаат: техничката
опременост на трудот и степенот на искористување на основните средства за
работа. Техничката опременост на трудот најчесто се изразува како однос
помеѓу вредноста на опремата (машини, алати, инсталации исл.) и бројот на
ангажирани работници. Така, поголема техничка опременост на трудот значи
дека работниците користат модерни, современи и усовршени машини со кои
делумно или целосно се автоматизира работата, што пак значи помала
потрошувачка на работната сила и зголемена продуктивност. Исто така,
зголемената техничка опременост значи поголем степен на искористување на
основните средства за работа, што пак значи повеќе користење на средството,
а помала потрошувачка на работната сила, а со тоа поголема продуктивност.
Сепак, треба да се има предвид дека степенот на искористеност на основното
средство доведува до зголемена продуктивност само во две ситуации
(Бојаџиоски & Блажеска, 2003: 376):
o Кога нема нови вработувања, т.е. со истиот број работници, поради
подобра искористеност на средството се зголемува
продуктивноста;
o Кога има нови вработувања. До зголемена продуктивност поради
подобра искористеност на средството може да дојде само ако
зголемувањето на производството е со поголем интензитет од
зголемувањето на бројот на работниците.
(3) Фактори поврзани со работната сила. Тука генерално се мисли на:
квалификуваноста на работниците, работното искуство, интензитетот на
работата, мотивацијата, флуктуацијата, меѓучовечките односи и слично. Така:
o Работници со повисока квалификациона структура ги извршуваат
работните задачи подобро и за пократко време, подобро ги
искористуваат средствата за работа, нудат подобри решенија за
надминување на проблемот и на таков начин го зголемуваат
производството т.е. ја зголемуваат продуктивноста;
o Работници со поголемо работно искуство побрзо, попрецизно и
поодговорно ги извршуваат работните задачи и придонесуваат за
зголемување на продуктивноста. Исклучок претставува моментот кога
кон крајот на работниот век поради опаѓање на физичката и умствената
способност на работникот, не доаѓа до понатамошно зголемување на
продуктивноста. Напротив, влијанието на работното искуство е
ограничено со моментот кога кај работникот почнува да се намалува и
губи интелектуалниот и физичкиот капацитет;
o Интензитет на работа значи колку работникот во текот на единица
време ја троши својата работна сила. Генерално, при зголемување на
интензитетот на работа се зголемува потрошувачката на работната
сила и се зголемува производството. Во почетокот, порастот на

153
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
производството е поголемо од порастот на потрошувачката за
работната сила и во тој случај постои зголемување на продуктивноста.
Сепак, треба да се има предвид дека во понатамошниот процес при
зголемување на интензитетот на работа доаѓа повторно до пораст на
производството, но многу помало споредено со порастот на
потрошувачкаот на работната сила. Оттука, секое претпријатие треба
да ги знае границите до кои зголемувањето на интензитетот на работа
позитивно влијае на продуктивноста;
o Мотивација на работникот значи стимулирање на работникот да се
стреми кон поголеми достигнувања и максимално да се вложува во
работата. Генерално, добро мотивираниот работник има поголеми
остварувања што доведува до зголемена продуктивност. Постојат
различни системи, методи и техники на мотивирање на работниците,
но сите имаат крајна цел работникот да оствари поголеми учиноци со
помалку вложувања. Така, до зголемување на мотивацијата на
работникот може да се дојде преку финансиско мотивирање (повисока
плата, финансиски бонус, парична награда и слично) или нефинансиско
мотивирање (ново работно место, користење службено возило или
телефон, дообука и слично);
o Флуктуација на работникот значи негово преминување од едно во
друго претпријатие. Причината за флуктуирање може да биде
различна: плата, работни услови, промена на место на живеење и
слично. Секое заминување на работник, негативно се одразува на
продуктивноста од причина што новиот работник ќе значи намалување
или стагнирање на производството поради период на адаптација, обука
и слично;
o Меѓучовечките односи во претпријатието значат постоење деловна
клима која може позитивно или негативно да се одразува врз
продуктивноста. Имено, меѓусебната соработка, позитивната
атмосфера, почитувањето на мислење и став, влијаат позитивно врз
работниците водејќи кон нивно максимално залагање во
остварувањето учиноци.
(4) Организациски фактори. Во оваа група фактори влегуваат многубројни мерки
и активности кои се преземаат во претпријатието и кои генерално го
намалуваат времето потребно за извршување на работата со што влијаат на
зголемување на продуктивноста.Таков вид мерки се: реорганизација на
работните места заради подобрување на производниот процес, техничка
поделба на работата заради подобро операционализирање на работните
задачи, специјализација на работните места итн.
II. Екстерните фактори на продуктивност потекнуваат од окружувањето и врз нив
претпријатието не може да делува, па се сметаат за објективни фактори. Во оваа група
фактори спаѓаат: (1) Природни и (2) Општествени фактори на продуктивност.
Поконкретно:
(1) Природни фактори на продуктивност. Во оваа група фактори спаѓаат сите
фактори кои имаат природно потекло, како на пример: земја, природно
богатство, клима и слично.
o Земјата како фактор на продуктивност е особено значајна за
претпријатијата кои се занимаваат со земјоделска дејност. Доколку таа
има поволен состав, конфигурација, хидрографски карактеристики и
слично, тогаш овозможува зголемено производство со помала
потрошувачка на работната сила, што значи доведува до зголемена
продуктивност. Воедно, примената на разни препарати, хемиски и
агротехнички мерки, позитивно влијае врз карактеристиките на земјата,
што пак доведува до зголемена продуктивност;

154
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Природното богатство како фактор на продуктивност влијае преку
количината, квалитетот и начинот на искористување на материјалните
добра кои ги ползува претпријатието кое се занимава со експлоатација
на руда, шума, вода и друг вид природно богатство;
(2) Општествени фактори на продуктивност. Во оваа група фактори спаѓаат
сите оние објективни фактори кои потекнуваат од окружувањето во кое делува
претпријатието, како: пазар, економска политика, степен на економски развој,
меѓународни економски односи и слично.
o Пазарот како економска категорија е многу важен за постоењето и
функционирањето на претпријатието. Доколку на пазарот постојат
поволни услови, тогаш тој има позитивно влијание врз продуктивноста
на претпријатието и обратно;
o Економската политика преку најразлични мерки може позитивно или
негативно да влијае вра продуктивноста на работењето на
претпријатието. Така, преку мерките за кредитна политика, даночна
политика, надворешно-трговска политика, ценовна политика итн., може
да се создадат поволни или неповолни услови за развој на
претпријатието;
o Доколку степенот на економска развиеност на земјата во целост е
висок, тогаш позитивно влијае врз деловната активност на
претпријатието и обратно;
o Доколку меѓународните економски односи се поволни, во смисла на
слободен проток на стока, луѓе и капитал, надополнето со стабилна
воено-политичка состојба, тогаш позитивно се одразува на
продуктивноста на работењето во претпријатието.

2.2.2. Фактори на продуктивност според можноста да се влијае на нив


Доколку како критериум за поделба на факторите на продуктивност се појде
според можноста претпријатието да може да влијае врз нив, постојат: објективни и
субјективни фактори на продуктивност. Поконкретно:
(1) Објективни фактори на продуктивност се оние врз кои претпријатието не
може да влијае, па дејствуваат независно;
(2) Субјективни фактори на продуктивност се оние врз кои претпријатието може
да влијае и да ги контролира.

2.2.3. Фактори на продуктивност според потребата од нови вложувања


Доколку како критериум за поделба на факторите на продуктивност се појде од
потребата за нови вложувања, постојат:
(1) Фактори на продуктивност за чие активирање и искористување се потребни
нови вложувања;
(2) Фактори на продуктивност за чие активирање и искористување не се
потребни нови вложувања.

2.3. МЕРЕЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТ


Продуктивноста може да се изрази и измери на најразлични начини. Во однос на
изразувањето таа генерално се изразува како однос помеѓу оствареното производство
и потрошениот жив труд (потрошената работна рака) (Бојаџиоски & Блажеска, 2003:
383). Така, за да може да се измери продуктивноста, потребно е да се знаат
произведената количина производи/услуги и потрошената работна сила за
производство на тие производи/услуги. Мерењето на продуктивноста на трудот е
релативно сложена постапка за која не постои универзален метод, туку се применуваат
различни индикатори.

155
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Генерално, пресметувањето на продуктивноста може да биде во натурални
(физички) и вредносни показатели. Поконкретно:
(1) Пресметување на продуктивност во физички показатели се изразува со
примена на повеќе методи. Така:
o Кај претпријатија кои имаат еднородно производство, како на пример:
солани, шеќерани, рудници итн., се применува натурален метод.
Бидејќи се произведува само еден вид производ/услуга,
производството се изразува во натурални (физички) единици, како:
литри, килограми, метри итн. Резултатите добиени со овој метод
најдобро ја изразуваат продуктивноста на трудот;
o Во случај претпријатието да нема еднородно, хомогено производство
туку да произведува еден главен производ/услуга и еден или повеќе
споредни производи/услуги, тогаш продуктивноста се пресметува со
помош на метод на репрезентативен производ. Тоа значи дека
главниот производ се зема за репрезентативен производ на
целокупното производство. Потоа се пресметува продуктивност на
утврдениот репрезентативен производ која се смета дека се однесува
на целокупното производство на претпријатието;
o Доколку во претпријатието се произведуваат исти или сродни
производи кои се разликуваат по одредени карактеристики, како:
квалитет, димензии, форма, носивост и слично, тогаш се применува
натурално-условен метод. Имено, поради разликите меѓу
производите, произлегуваат и разлики во потрошувачката на
работната сила. Оттука, остварените количини на секој производ иако
се изразуваат во исти единици, не може да се соберат, туку е потребно
најнапред да се изразат во т.н. условен производ со помош на
коефициенти на еквиваленција;
o Во претпријатија каде има најразлични производи, може да се примени
трудов метод. Суштината на овој метод е што производството се
изразува во потрошен труд, што овозможува збирно изразување на
продуктивноста на најразлични производи. Поконкретно,
производството се изразува во норма часови, а потрошениот труд се
изразува во ефективни работни часови потрошени за производството.
(2) Пресметување на продуктивност во вредносни показатели. Ваквиот начин
на пресметување на продуктивност се применува во сите претпријатија кои
имаат широк асортиман на производи и кога не може да се примени некој од
погоре опишаните методи. Тогаш производството се изразува во вредност
(пари) со помош на цени. Поконкретно, остварените количини на секој
производ се множат со остварените цени и потоа така добиената вредност на
производство се дели со потрошениот труд. Во овој контекст треба да се
внимава на изборот на цена по која ќе се изразува вредноста на
производството, т.е. дали ќе се пресметува по пазарни или плански цени.
Доколку се применат пазарни цени, поради нивната честа промена,
пресметаната продуктивност може да биде зголемена или намалена, што не
е реална слика бидејќи не е резултат на (не)залагање на работниците. Оттука,
многу почесто се применуваат плански цени, па пресметаната продуктивност
е пореална.
Пресметките за продуктивност во физички показатели, се изразени преку
следните формули:
𝑄 𝐿
Р1 = 𝐿
𝑃2 = 𝑄
во кои:
P1, P2 - е продуктивност,
Q - е количина производи/услуги и

156
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
L - е потрошувачка на работна сила (број на работници, ефективно потрошени
работни часови).
Притоа:
o Добиениот резултат Р1 покажува колку изнесува количината производи/услуги
што ја остварува еден работник во единица работно време (работник-час,
работник-ден, работник-седмица, работник-месец и работник-година);
o Добиениот резултат Р2 покажува колку е потрошена работна сила за
производство на единица производ/услуга;

2.4. АНАЛИЗА НА ПРОДУКТИВНОСТ


Анализата на продуктивноста се прави во насока на спроведување на разни
видови споредби. Притоа, најчесто станува збор за споредба по различни основи, и тоа:
o Временска споредба,
o Регионална (просторна) споредба,
o Дејносна споредба,
o Гранска споредба,
o Организациска споредба,
o Споредување меѓу одделни претпријатија, односно меѓу различни сегменти
во рамки на едно претпријатие во целост и
o Споредување меѓу планираната и остварената продуктивност во еден ист
период на сите нивоа итн.
Споредување на продуктивноста помеѓу два периоди или две претпријатија се
врши преку пресметување на индекс на продуктивност. Индексот на продуктивноста
се пресметува кога во сооднос ќе се стават продуктивноста во тековниот период (Т2) со
продуктивноста во базниот период (Т1). Бидејќи индексот се искажува во проценти,
потребно е добиениот резултат да се помножи со 100.
Притоа, не е доволно само да се констатираат разликите, туку е потребно да се
осознаат причините кои придонеле тие да се појават. Анализата на продуктивноста се
прави со цел да се дефинираат и преземат соодветни мерки и активности кои ќе
придонесат резултатите да се подобрат.

3. ЕКОНОМИЧНОСТ
3.1. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ЕКОНОМИЧНОСТ
Поаѓајќи од општите поставки на поимот економичност при што се подразбира
однос помеѓу остварениот промет на производи, односно услуги и направените трошоци
за остварување на тој промет, може да се изведе поимно определување за овој термин.
Така, под економичност на работењето во претпријатието се подразбира
настојување да се оствари што поголем промет на производи, односно услуги, со колку
што е можно помало трошење на факторите на производство. Оттука, под економичност
како економски принцип се подразбира настојување на претпријатието да создаде што
поголеми резултати со што помалку трошење фактори на производство (труд, средства
за работа и предмети за работа). Доколку пак, се настојува да се дефинира
економичноста како парцијален израз на квалитетот на економијата, тогаш се смета
дека таа го покажува степенот на ефикасност на трошењето во процесот на создавање
вредност. Така, доколку економичноста на претпријатието расте, тогаш и ефикасноста
на трошењето на елементите на производство е поголема и обратно.
Оттука, зголемување на економичноста има кога:
o Со ист трошок на факторите за производство се остварува поголем резултат;
o Со помал трошок на факторите за производство се остварува ист резултат;
o Резултатите и трошоците се зголемуваат, но интензитетот на пораст на
резултатите е поголем;

157
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Резултатите и трошоците се намалуваат, но интензитетот на намалување на
o
трошоците е поголем;
o Резултатите се зголемуваат, а трошоците се намалуваат.
Од друга страна пак, намалување на економичноста има кога:
(1) Со поголем трошок на факторите за производство се остварува ист резултат
и
(2) Со ист трошок на факторите за производство се остварува помал резултат.
Секое претпријатие настојува да има колку е можно поголема економичност во
своето работење. Значење се состои во тоа што обезбедува рационално користење на
постојните материјални и човечки можности за зголемување на учиноците. Имено, со
зголемување на економичноста, се намалуваат трошоците по единица остварени
резултати. Така намалените трошоци се појдовна основа за намалување на цената на
чинење и продажната цена, со што претпријатието подобро се позиционира на пазарот
и станува поконкурентно. Притоа, зголемената конкурентност предизвикува креирање
можности за раст и развој на претпријатието.
Подетално, може да се наведат три аспекта на значењето на економичноста:
(1) Првиот аспект за претпоставка го има намалувањето на трошоците на
вкупниот човечки труд потрошен за добивање единица производ, односно
услуга, со што се опфаќа и зголемувањето на продуктивноста на трудот;
(2) Вториот аспект се заштедите на трошоците на елементите на производство
кои се резултат на подобрената економичност, а можат да бидат употребени
за зголемување на производството, за подобро извршување на која било
друга човечка дејност или едноставно за задоволување на индивидуалните и
општите човечки потреби;
(3) Третиот аспект се состои во создавањето нужни материјални предуслови
за проширена репродукција. Притоа се овозможува зголемување на
активностите на разни сектори во претпријатието или пак проширување со
други дејности.

3.2. ФАКТОРИ НА ЕКОНОМИЧНОСТ


Постојат голем број фактори што влијаат врз нивото и динамиката на
остварената економичност во работењето на претпријатието. Притоа, како најзначајни
фактори на економичноста се издвојуваат следните:
o Продуктивност на трудот. Имено, сите фактори што влијаат врз нивото на
остварена продуктивност на трудот, истовремено се јавуваат и како фактори
што влијаат врз нивото на остварена економичност;
o Степенот на користење на капацитетите. Имајќи предвид дека
современото производство се карактеризира со висок степен на
механизација, односно со висок степен на техничка опременост на трудот,
сосема е очекувано степенот на користење на капацитетите да биде значен
фактор. Имено, тој влијае врз нивото на остварена економичност поради
фактот што фиксните трошоци се во директна зависност од степенот на
користење на капацитетот. Така, значењето на овој фактор произлегува од
тоа што во некои индустриски гранки учеството на трошоците во основните
средства е многу големо;
o Рационалното користење на материјали и суровини. Значењето на овој
фактор произлегува од тоа што во голем број претпријатија учеството на
материјалите и суровините во вредноста на новиот производ е големо;
o Намалување на трошоците. Дејствувањето на овој фактор на економичност
се манифестира преку намалување на трошоците на елементите на
производство и преку намалувањето на останатите трошоци што
произлегуваат од работењето (како што се разни трошоци за придонеси и
даноци, каматите на кредитите итн.). Се изразува преку влијанието врз

158
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
висината на вкупните трошоци што произлегуваат од редовното работење на
претпријатието;
o Општествено-економската политика и политиката на цени. Овој фактор
има влијание во формата на определување на условите за работење,
односно преку висината на т.н. неекономски трошоци. Овие трошоци се
резултат на економската политика и на конкретните мерки кои произлегуваат
од економските инструменти преку кои се реализира економската политика.
Истовремено, овој фактор може да влијае врз економичноста и преку
политиката на цени која ја спроведува државата во даден момент.
Независно од формата и интензитетот на дејствување на факторите на
економичност, карактеристична е нивната комплементарност во дејствувањето и
влијанието врз степенот на остварена економичност.

3.3. МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЧНОСТА


Во насока на зголемување на економичноста, во претпријатијата се преземаат
низа мерки. Така, мерките за зголемување на економичноста се групирани како:
o Мерки кај предметите на трудот. Во оваа група спаѓаат многу мерки, но
како најкарактеристични се издвојуваат: правилно штедење и употреба на
суровините, економично користење на горивото, намалување на шкартот,
заштеди преку поевтино набавување суровини и материјали, погонски и
потрошен материјал, благовремено снабдување на претпријатието со
потребните финансиски средства и нивна рационална употреба и слично;
o Мерки кај средствата на трудот. Како најкарактеристични мерки во оваа
група се издвојуваат: рационална употреба; редовно одржување; правилна и
наменска употреба на средствата за работа и слично;
o Мерки кај производноста на трудот. Најчести мерки во оваа група се:
рационално искористување на трудот; редовно присуство на работа; помала
флуктуација на работната сила; повисоко стручно оспособување; заштеда на
трошоци и слично;
o Организациони мерки. Во оваа група мерки најчесто се сретнуваат: избор на
соодветен материјал; осмислена подготовка на производството;
подобрување на условите за работа и слично.

3.4. МЕРЕЊЕ НА ЕКОНОМИЧНОСТ


Економичноста може да се мери со различни методолошки постапки. Меѓутоа,
генерално, мерењето може да биде изразено во: (1) Физички (натурални) показатели; и
(2) Вредносни показатели.
(1) Пресметувањето економичност во физички показатели всушност значи
однос помеѓу оствареното производство изразено во физички единици и
трошоците на сите елементи на производството. Натуралниот израз на
економичноста ја покажува ефикасноста на трошењето во фазата на
производство. Овој начин може да се примени кај претпријатија кои
произведуваат само еден производ, односно услуга. Во случај да се
произведуваат повеќе, тогаш пресметките се прават одделно за секој
производ, односно услуга. Затоа се смета дека ваквиот начин мерење на
економичноста наидува на многу проблеми од методолошки карактер, па
оттука многу ретко се применува.
Пресметките за економичност во физички показатели се изразени преку
коефициентите на економичност Е1 и Е2.
𝑄 𝑄 𝑈 𝑈𝑝𝑟+𝑈𝑠𝑟+𝑈𝑟𝑠
Е1 = 𝑈 = 𝑈𝑝𝑟+𝑈𝑠𝑟+𝑈𝑟𝑠 Е2 = 𝑄 = 𝑄
во кои:

159
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
E1, E2 - се коефициенти на економичност,
Q - е произведена количина производи/услуги,
U - е трошок на одделни фактори за производство,
Upr – е трошок за предмети за работа,
Usr - е трошок за средства за производство.
Urs - е трошок за работна сила.
Притоа:
o Добиениот резултат – коефициентот на економичност Е1 покажува колку
единици производи, односно услуги, се добиваат со една единица
потрошувачка на сите или на одделни фактори за производство;
o Добиениот резултат – коефициентот на економичност Е2 покажува колку
единици на факторите во целост, т.е на одделни фактори за производство, се
потрошени за производство на една единица производ, односно услуга.

(2) Пресметувањето економичност може да се изрази и во вредносни


показатели и претставува утврдување однос помеѓу вредноста на
оствареното производство и трошоците на сите елементи направени за тоа
производство. Притоа, вредносните показатели на учинокот може да се
однесуваат на ниво на претпријатие или пак на ниво на дејност во целост како
стопанска дејност. Така, како вредносни показатели на ниво на претпријатие
може да се земат податоци за: остварен приход, продажна цена или цена на
чинење на производите, односно услугите и слично. Доколку пак се
применува вредносен показател за дејноста во целина, тогаш најчесто се
зема податокот за бруто домашен производ (БДП). Вредносниот израз на
економичноста ја покажува ефикасноста на трошењето во сите фази на
репродукцијата (Чингоски, 2014: 72).
Кога се пресметува економичноста со користење на вредносниот метод,
потребно е да се направи усогласување на вредноста на производството и трошоците
изразени во парична вредност, односно цената на чинење на производите и цената на
чинење на трошоците.
Пресметките за економичност во вредносни показатели се изразени преку
коефициентите на економичност Е3 и Е4.
𝑉 𝐶 ∑𝑄 𝑥 𝐶𝑞 𝑇 𝑇 ∑𝑈 𝑥 𝐶𝑢
Е3 = = = Е4 = = =
𝑇 𝑇 ∑𝑈 𝑥 𝐶𝑢 𝑉 𝐶 ∑𝑄 𝑥 𝐶𝑞

во кои:
E3, E4 - се коефициенти на економичност,
V - е учинок во вредносни показатели,
C - е вкупен приход,
Cq - е продажни цени на готови производи/услуги,
Cu - е набавни цени на елементи на производство,
Q - е произведена количина производи/услуги,
U - е трошок на одделни фактори за производство и
T - е износ на трошоци за одделни фактори за производство.
Притоа:
o Добиениот резултат – коефициентот на економичност Е3 покажува колку
единици производ, односно услуга, се произведени со парични единици
трошок;
o Добиениот резултат – коефициентот на економичност Е4 покажува колку
парични единици трошок се потрошени за производство на единица производ,
односно услуга.
Доколку коефициентот на економичност е поголем од 1 и расте, значи дека
реализираните трошоци даваат позитивен прираст во вкупниот приход, односно постои
позитивно влијание во работењето на претпријатието. Доколку пак, коефициентот на

160
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
економичност е помал од 1, тогаш прирастот е негативен и постои негативно влијание
врз работењето на претпријатието. Оттука, треба да се има предвид дека суштината на
економичноста е во стремежот да се остварат што поголеми производни резултати со
што помали трошоци во елементите на производството (работна рака, средства за
работа и предмети за работа).

3.5. АНАЛИЗА НА ЕКОНОМИЧНОСТ


Анализата на економичноста на работењето се прави во насока на
спроведување разни видови споредби.
Притоа, најчесто станува збор за споредување по различни основи, и тоа:
o Временска споредба;
o Организациска споредба;
o Споредување со просечната економичност во конкретното подрачје;
o Споредување меѓу планираната и остварената економичност;
o Споредба на економичноста меѓу разни организациски единици;
o Споредба меѓу економичноста на претпријатијата од различни општини,
региони и слично;
o Споредба на економичноста меѓу хотелиерство и ресторатерство;
o Споредба на економичноста меѓу разни стопански дејности;
o Споредба меѓу економичноста на различни земји итн.
Споредувањето економичност помеѓу два периоди или две претпријатија се врши
преку пресметување индекс на економичност. Индексот на економичност се
пресметува кога во сооднос ќе се стават економичноста во тековниот период (Е2) со
економичноста во базниот период (Е1). Бидејќи индексот се искажува во проценти,
потребно е добиениот резултат да се помножи со 100.

4. РЕНТАБИЛНОСТ
4.1. ПОИМ, ЗНАЧЕЊЕ И ФАКТОРИ НА РЕНТАБИЛНОСТ
Под поимот рентабилност се подразбира остварувањето на што поголем
финансиски резултат со ангажирање што помалку средства. Така, под рентабилност
како економски принцип се подразбира настојување на претпријатието да оствари што
поголема добивка со што помалку ангажирани средства во репродукцијата. Доколку
рентабилноста се дефинира како парцијален израз на квалитетот на економијата, во тој
случај се смета дека ја изразува ефикасноста на ангажираните средства во
создавањето добивка.
Рентабилноста има големо значење за работењето на претпријатијата бидејќи
го претставува најопштиот и најкомпетентниот показател на финансиската успешност
на работењето. Во тој контекст, значењето на рентабилноста може да се набљудува од:
o Микро аспект. Притоа се подразбира стремеж на претпријатието да оствари
поголема добивка со помалку ангажирани средства;
o Макро аспект. Овој аспект ја изразува ефикасноста на ангажираните
средства во создавањето добивка на претпријатието.
Значењето на рентабилноста во претпријатието се гледа и во фактот што преку
рентабилно работење се обезбедува поголема акумулација, a зголемувањето пак на
акумулацијата се манифестира преку остварување поголема добивка по единица
производ, односно услуга. Понатаму, се обезбедуваат потребните средства за
зголемување на обемот на производството и задоволување на човечките потреби, а на
таков начин се создаваат материјални претпоставки за подобрување на животниот
стандард. Воедно, преку рентабилно работење се овозможува поголема примена на
научните и техничките достигнувања во производството, со што се постигнува општ
економски развој.

161
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Притоа, до зголемена рентабилност се доаѓа кога:
o Со ист обем ангажирани средства се остварува поголем финансиски
резултат;
o Со помалку ангажирани средства се остварува ист финансиски резултат.
Од друга страна, до намалена рентабилност се доаѓа кога:
o Со поголем обем вложени средства се остварува ист финансиски резултат;
o Со ист обем средства се остварува помал финансиски резултат.
Врз остварувањето на успешно работење на претпријатието влијаат многубројни
фактори кои ја определуваат рентабилноста. Нивното влијание е различно и може да
се манифестира на различен начин во зависност од карактеристиките на работењето
на претпријатието. Оттука, на секој фактор треба да му се посвети доволно внимание
бидејќи во поголема или помала мерка ја определува рентабилноста.
Генерално, факторите на рентабилност се групираат:
I. Според елементите на изразот: (1) Фактори поврзани со добивка и (2)
Фактори поврзани со ангажирани средства. Поконкретно,
(1) Фактори поврзани со добивката. Притоа, под добивка се подразбира разлика
помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи. Оттука, добивката во голема
мерка ја определува висината на рентабилноста. По правило, поголема
добивка значи и зголемување на рентабилноста и обратно. Во групата фактори
кои преку добивката влијаат врз рентабилноста спаѓаат:
 Физички обем на оствареното производство. Поголема количина
остварено производство значи поголема рентабилност и обратно. Притоа,
врз големината на физичкиот обем на производството може да влијаат
фактори од производството (техничка опременост на труд, степен на
искористеност на капацитетите, асортиманот итн.) и од прометот
(истражување на пазарот, маркетингот, преференции на купувачите итн);
 Продажни цени на производите. Повисоки продажни цени значи
остварување поголема добивка, а со тоа и зголемување на рентабилноста
и обратно. Дали и колку претпријатието може да влијае врз креирање на
продажните цени зависи од многу фактори, но најмногу од неговата
позиција на пазарот. Имено, доколку претпријатието е монопол или пазарен
лидер, тогаш може лесно да формира високи продажни цени и да ги
наметне на пазарот. Во тој случај, претпријатието ќе остварува поголема
продажба, а со тоа и добивка и така ќе се зголеми рентабилноста;
 Трошоци на предметите и средствата за работа. Најважни фактори кои
имаат влијание на трошоците на предметите на работа се: квалитетот на
материјалот, карактеристиките на производот, карактеристиките на
технолошкиот процес, карактеристиките на условите на работа и др. Така,
подобар квалитет на материјалот, примена на оптимални решенија за
квалитет и функционалност на материјалот, поусовршен технолошки
процес на производство, во голема мерка влијаат врз зголемување на
рентабилноста. Исто така, врз трошоците на средствата за работа влијаат
голем број фактори, како на пример: карактеристиките на средствата за
работа, карактеристиките на технолошкиот процес во кој се користи
средството за работа, карактеристиките на производот што се изработува,
квалификуваноста на работниците, организацијата на производството,
одржувањето на средстват итн.;
 Набавни цени на предметите и средствата за работа. Зголемувањето
на набавните цени предизвикува зголемени трошоци, а со тоа намалување
на добивката, што пак негативно влијае врз рентабилноста и обратно.
(2) Фактори поврзани со ангажираните средства. Во групата фактори кои преку
ангажираните средства влијаат врз рентабилноста спаѓаат:
 Големина на ангажираните средства. Средствата треба да се ангажираат
објективно согласно потребите. Секое ангажирање средства над објективно

162
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
потребните негативно влијае врз рентабилноста и обратно. Помалку
ангажирани средства значи поголеми резултати, а со тоа и поголема
рентабилност;
 Време на ангажирање на средствата. Во производниот процес,
средствата се наоѓаат во кружно движење. Пократко кружно движење значи
подобри резултати (поголем промет со исто ангажирани средства), а со тоа
и зголемена рентабилност. Оттука, многу е важно во претпријатието да
бидат надминати сите организациски слабости кои го ограничуваат
кружното движење.
II. Според потеклото: (1) Внатрешни фактори и (2) Надворешни фактори.
Поконкретно,
(1) Внатрешни (интерни) фактори. За овие фактори е карактеристично тоа што
нивното влијание зависи од активностите и процесите кои се извршуваат во
претпријатието. Во оваа група фактори спаѓаат: политика на цени (намалување
на цената на чинење); зголемување на обемот на производство; постигнување
поповолни продажни и набавни цени; навремено наплатување на
побарувачката; оптимизација на залихите на предметите за работа;
организациони фактори и др.;
(2) Надворешни (екстерни) фактори. Врз факторите од оваа група,
претпријатието има многу мало влијание или воопшто го нема. Во овие
фактори спаѓаат: економската политика на земјата; состојбите на пазарот за
продажба и пазарот на набавка; монополската положба на претпријатието на
пазарот; меѓународни економски односи и надворешно-трговска политика;
царински ослободувања или задолжувања и др.

4.2. МЕРЕЊЕ НА РЕНТАБИЛНОСТ


За разлика од мерењето на продуктивноста и економичноста кога
пресметувањето може да биде во физички и вредносни показатели, кај рентабилноста
пресметките може да се направат само во вредносни показатели. Притоа при
пресметувањето, рентабилноста може да биде изразена во коефициенти (R) и проценти
(R%). Така, коефициентот на рентабилност го покажува односот помеѓу добивката и
ангажираните средства. Во случај пак, резултатот да се помножи со 100, се добива
стапка на рентабилност.
При мерењето рентабилност се применуваат следните формули:
𝐷𝑜 𝐷𝑜
𝑅= 𝑅% = 𝑥 100
𝐴𝑠 𝐴𝑠
во кои:
R – е рентабилност,
R% - е стапка на рентабилност,
Do – е остварен финансиски резултат (добивка/загуба) и
As – е ангажирани средства (основни и обртни средства).
Во случај кога се пресметува коефициент, добиениот резултат покажува колку
парични единици се добиени/изгубени на 1 денар ангажирани средства. Во случај пак
кога се пресметува стапка на рентабилност (%), добиениот резултат покажува колку
парични единици се добиени/изгубени на 100 денари вкупно ангажирани средства. Така,
доколку стапката на рентабилност е поголема, тоа значи дека ангажираните средства
се користат поефикасно бидејќи се создава поголема добивка со расположливите
средства.
Пресметувањето рентабилност е особено важно бидејќи овозможува
контролирање на делови од економиката на едно претпријатие кои не можат да се
контролираат со продуктивноста и економичноста. Така, со продуктивноста се
контролираат следните економски категории: обем на производство (Q), вредност на

163
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
производство (V), т.е. вкупно реализиран промет (C) и трошоци за работна сила (L). Со
економичноста се контролираат претходно наведените економски категории кои ги
контролира продуктивноста, надополнето со вкупните трошоци како елементи на
производството (работна сила, средства за работа и предмети за работа – Т).
Преостануваат уште две економски категории: добивка како резултат на оствареното
производство (D) и вредност на ангажираните средства во процесот на производство
(As), кои директно влијаат врз рентабилноста. Доколку тој однос е поголем, тогаш
рентабилноста е поголема и обратно. На таков начин, се затвораат парцијалните
економски принципи кои го утврдуваат квалитетот на економијата во претпријатието.

4.3. АНАЛИЗА НА РЕНТАБИЛНОСТ


Анализата на рентабилноста на работењето се прави во насока на
спроведување разни видови споредби, исто како кај анализите на продуктивноста и
економичноста.
Притоа, најчесто станува збор за разни видови споредбени анализи, и тоа:
o Временска споредба,
o Персонална (организациска) споредбена анализа,
o Групациска споредбена анализа,
o Гранска споредбена анализа,
o Дејносна споредба,
o Регионална споредба и
o Меѓународна споредбена анализа.
Споредувањето рентабилност помеѓу два периоди или две претпријатија се врши
преку пресметување индекс на рентабилност. Индексот на рентабилност се
пресметува кога во сооднос ќе се стават рентабилноста во тековниот период (R2) со
рентабилноста во базниот период (R1). Бидејќи индексот се искажува во проценти,
потребно е добиениот резултат да се помножи со 100.

4.4. ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ


Често пати во текот на работењето на претпријатието се поставуваат низа
прашања поврзани со трошоците, продажбата и профитот. Така, менаџерите многу
често се соочуваат со следните прашања: Колкави да бидат променливите трошоци?
Како да се одреди висината на цените на учиноците? Колкав број потрошувачи се
потребни за да се покријат трошоците или да се достигне одреденото ниво на профит?
итн.
Пронаоѓањето рамнотежа помеѓу овие соодноси значи одредување праг на
рентабилност. Прагот на рентабилност, т.е. преломната точка уште се нарекува
позитивна нула бидејќи претставува постигнување на таков обем на работење во кој
нема ниту профит, ниту загуба.
Со други зборови, праг на рентабилност е нивото на производство (или нивото
на продажна цена) при кое вкупните приходи се изедначуваат со вкупните трошоци, така
што претпријатието не остварува ниту добивка ниту загуба. Доколку производството и
продажбата се над ова ниво, претпријатието остварува позитивен финансиски резултат
(добивка). Во случај пак, производството и продажбата да се под прагот на
рентабилноста, тогаш претпријатието остварува негативен финансиски резултат
(загуба). Преломната точка може да се пресмета како количество производи, односно
услуги и како износ на вкупните приходи (Арсов, 2008: 363).
Во случај кога прагот на рентабилност се пресметува како количество производи,
односно услуги, тогаш се применува следната формула:
𝑇𝐹𝐶
𝑃𝑇 =
𝐶𝑝 − 𝐴𝑉𝐶

164
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
во која:
PТ - е преломна точка,
TFC - се вкупни фиксни трошоци,
Cp - е продажна цена и
AVC - се просечни променливи трошоци.
Во случај кога прагот на рентабилност се пресметува како износ на вкупните
трошоци, тогаш се применува следната формула:
𝑇𝐹𝐶
𝑃𝑇 =
1 − 𝑇𝑉𝐶/𝑃𝑟
во која:
PТ - е преломна точка,
TFC - се вкупни фиксни трошоци,
ТVC - се вкупни променливи трошоци и
Pr - е приход од продажбата.

250 000

1 500 ноќевања

Графикон 7.1. Преломна точка (праг на рентабилност)


На графиконот 7.1 е прикажана преломната точка (праг на рентабилност) за
хотел во кој се остварени 1.500 ноќевања и 250.000 денари приход. Се забележува дека
доколку во хотелот се реализираат помалку од 1.500 ноќевања, тогаш се остварува
загуба. Во случај во хотелот да се реазлизираат повеќе од 1.500 ноќевања, се остварува
добивка. Доколку пак, хотелот остварува под 250.000 денари приходи, остварува загуба,
односно ако остварува над 250.000 денари приходи, тогаш хотелот остварува добивка.
Точката каде се сечат двете криви (продажба и приходи) претставува преломна точка
(праг на рентабилност). Таа точка покажува дека при реализирани 1.500 ноќевања или
остварени 250.000 денари приход, хотелот не остварува ниту добивка, ниту загуба.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТ

ПРИМЕР 1
Во претпријатието „Бристол“ од Дојран се вработени 248 лица, а дневното
производство е 62 тони риба. Пресметајте ја продуктивноста според натуралниот метод
на двата начина и интерпретирајте ги резултатите.
Решение:
o Познат е бројот на вработени, т.е. L = 248 работници,

165
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Познато е дневното производство. т.е. Q = 62 тони риба,
o Продуктивноста според натуралниот метод се пресметува со примена на
формулите:
𝑄 𝐿
Р1 = 𝐿 𝑃2 = 𝑄
o Оттука,
𝑄 62
𝑃1 = = = 0.25 тони (250 кгр) риба дневно/работник
𝐿 248

Интерпретација на резултатот: Секој работник произведува 0.25 тони (250


кгр) риба за еден работен ден.

𝐿 248
𝑃2 = = = 4 работници/1 тон риба
𝑄 68

Интерпретација на резултатот: За производството на 1 тон риба дневно,


потребни се 4 работници.

ПРИМЕР 2
Во фабриката за ќилими „Бристол“ од Дојран произведени се:
- 50 парчиња од ќилимот „А“ со норматив 9 работни часа;
- 40 парчиња од ќилимот „Б“ со норматив 10 работни часа;
- 32 парчиња од ќилимот „В“ со норматив 15 работни часа.
Коефициентот на еквиваленција е 1:1,5:2. Пресметајте ја продуктивноста според
натурално-условниот метод на двата начина и интерпретирајте го резултатот.
Решение:
Табела 7.1. Пресметување продуктивност според натурално-условен метод
(еквивалентни) единици
Еквивалентни броеви

Фактички потрошени
Количина (парчиња)

Норматив на трудот
натурално-условни
Производство во

часови

Вид производ

(1) (2) (3) (4) (5) (6)


Ќилим „А“ 50 1 50 9 450
Ќилим „Б“ 40 1,5 60 10 600
Ќилим „В“ 32 2 64 15 960
Вкупно 174 2.010
Најнапред, се составува табеларен преглед (табела 7.1) кој треба да ги содржи
следните колони:
o Колона 1 ги содржи видовите производи;
o Во колоната 2 е прикажана количината произведени производи според вид;
o Колоната 3 ги содржи коефициентите на еквивалентност (1:1,5:2), т.е.
еквивалентните броеви. Коефициентот на еквивалентност се објаснува на
следниот начин: 1 единица од ќилимот „Б“ е еднаква на 1,5 единица од ќилимот
„А“. Тоа значи дека додека се произведе 1 единица од ќилимот „Б“, може да се
произведе 1,5 единица од ќилимот „А“. Исто така, 1 единица од ќилимот „В“ е
еднаква на 2 единици од ќилимот „А“, т.е. додека се произведе 1 единица од
ќилимот „В“, може да се произведат 2 единици од ќилимот „А“;

166
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Во колоната 4 се пресметува производството во натурално-условни единици
(еквивалетни единици). Се пополнува така што количината (колона 2) се множи
со еквивалетните броеви (колона 3);
o Колоната 5 ги содржи нормативите на трудот (норматив работни часови);
o Во колоната 6 се пресметуваат фактички потрошените часови. Се пополнува
така што производството во натурално-условни единици (колона 4) се множи со
нормативот на труд (колона 5);
o Откако е пополнета табелата 7.1. се пресметува продуктивност со примена на
𝑄 𝐿
формулите: Р1 = и 𝑃2 = .
𝐿 𝑄
o Притоа:
Q = 174 (збирна вредност на колона 4 – производство во

натурално-условни единици);
 L = 2.010 (збирна вредност на колона 6 – фактички потрошени
часови);
o Кога ќе се замени во формулите, се добиваат следните пресметки за
продуктивност:
𝑄 174
 𝑃1 = 𝐿 = 2.010 = 0.09 единици од ќилимот „А за 1 работен час

𝐿 2.010
 𝑃2 = = = 11.5 работни часа за 1 единица од ќилимот „А“
𝑄 174

ПРИМЕР 3
Во 2018 година продуктивноста била 10 ноќевања по лице, а во 2019 година е 12
ноќевања по лице. Пресметајте и интерпретирајте го индексот на продуктивност.
Решение:
o Позната е продуктивноста во постариот период (2018 година), т.е. PT1 = 10
ноќевања;
o Позната е продуктивноста во поновиот период (2019 година), т.е. PT2 = 12
ноќевања;
o Индексот на продуктивност се пресметува со примена на следната формула:

𝑃𝑇2 12
𝑥 100 = 𝐼𝑃 =
𝑥 100 = 120%
𝑃𝑇1 10
Интерпретација на резултатот: Продуктивноста се зголемила за 20%
(бидејќи 100 е база, па сè што е над 100 значи зголемување, а сè што е под 100 значи
намалување).

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЧНОСТ

ПРИМЕР 4
Во фабриката „Лименарија“ од Делчево во месецот мај 2018 година се
произведени 500 тони челични лимови за 1.200 работни саати, додека во месецот јуни
за истата количина биле потребни 1.000 работни саати. Пресметајте ја економичноста
на работењето во физички показатели за двата месеци, индексот на промена на
коефициентот на економичноста и интерпретирајте го резултатот.
Решение:
o Познато е производството, т.е. Q = 500 тони челични лимови;
o Познати се потрошените работни часови, и тоа:
 Uмај = 1.200 работни часа,
 Uјуни = 1.000 работни часа.

167
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Економичноста изразена во натурални показатели се пресметува со примена
на формулите:
𝑄 𝑈
Е1 = 𝑈 𝐸2 = 𝑄
o Оттука,
𝑄 500
𝐸1мај = = = 0.416 тони челичен лим/1 работен час
𝑈мај 1.200

𝑈мај 1.200
Е2мај = = = 2.4 работни часа/1 тон челичен лим
𝑄 500

𝑄 500
𝐸1јуни = = = 0.5 тони челичен лим/1 работен час
𝑈јуни 1.000

𝑈јуни 1.000
Е2јуни = = = 2 работни часа/1 тон челичен лим
𝑄 500

o Пресметан е коефициентот на економичност во постариот период (мај 2018


година), т.е. ЕT1 = 0,416;
o Пресметан е коефициентот на економичност во поновиот период (јуни 2018
година), т.е. ЕT2 = 0,5
o Индексот на економичност се пресметува со примена на следната формула:
𝐸𝑇2
𝐼𝐸 = 𝑥 100
𝐸𝑇1
o Оттука,
𝐸𝑇2 0,5
𝐼𝐸 = 𝑥 100 = 𝑥 100 = 120%
𝐸𝑇1 0,416
Интерпретација на резултатот: Во месецот јуни 2018 година фабриката
„Лименарија“ од Делчево ја зголемила економичноста за 20%, споредено со месецот
мај 2018 година (бидејќи 100 е база, па сè што е над 100 значи зголемување, а сè што е
под 100 значи намалување).

ПРИМЕР 5
Ресторанот „Кокинка“ од Битола на крајот на денот подготвил и послужил 80
салати од краставици при што се потрошени 8 кгр. краставици. Пресметајте ја
економичноста изразена во натурални показатели на двата начини и интерпретирајте
ги резултатите.
Решение:
o Познат е бројот на подготвени и послужени салати од краставица Q = 80
салати;
o Познато е потрошеното количество краставици, т.е. U = 8 кгр краставица;
o Економичноста изразена во натурални показатели се пресметува со примена
на формулите:
𝑄 𝑈
Е1 = 𝑈 𝐸2 = 𝑄
o Оттука,
𝑄 80
𝐸1 = = = 10 салати/1 кгр краставица
𝑈 8

Интерпретација на резултатот: Во текот на денот се произведени 10 салати


од краставица со користење на 1 кгр краставици.

168
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
𝑈 8
Е2 = = = 0.1 кгр (100 гр) краставици/1 салата
𝑄 80

Интерпретација на резултатот: 1 салата од краставица се произведува од 0.1


кгр (100 гр) краставица.

ПРИМЕР 6
Претпријатието „Виножито“ од Виница во мај и јуни 2018 година ги остварило
резултатите прикажано во табелата 7.2. Пресметајте ја економичноста на работењето
во вредносни показатели за двата месеци, индексот на промена на коефициентот на
економичноста и интерпретирајте го резултатот.
7.2. Резултати од работењето на „Виножито“ од Виница
Мај 2018 Јуни 2018
Количина (Q) Цена (P) Вредност (C) Количина (Q) Цена (P) Вредност (C)
Обем на 800 парч. 1.600 1.280.000 900 парч. 1.800 1.620.000
производство
Трошоци на 400 тони 700 280.000 450 тони 800 360.000
материјал
Амортизација 600.000 600.000
Трошоци за 1.500 100 150.000 1.500 120 180.000
работна сила работни часа работни часа

Решение:
o Познат е обемот на производство во пари (С = количина x цени) за двата месеци,
и тоа:
 Cмај = 800 х 1.600 = 1.280.000,
 Cјуни = 900 х 1.800 = 1.620.000.
o Познати се вкупните трошоци на одделните фактори за производство во пари (Т
= трошоци за материјал + амортизација + трошоци за работна сила) за двата
месеци, и тоа:
 Тмај = (400 х 700) + 600.000 + (1.500 х 100) = 1.030.000,
 Тјуни = (450 х 800) + 600.000 + (1.500 х 120) = 1.140.000.
o Најнапред се пресметува економичноста изразена во вредносни показатели за
секој месец одделно со примена на формулите:
𝐶 𝑇
Е1 = 𝑇 Е2 = 𝐶
o Оттука,
𝐶 1.280.000
𝐸1мај = = = 1.2 ден. приход/1 денар трошок
𝑇 1.030.000
𝑇 1.030.000
Е2мај = = = 0.8 ден. трошок/1 ден. приход
𝐶 1.280.000
𝐶 1.620.000
𝐸1јуни = = = 1.4 ден. приход/1 ден. трошок
𝑇 1.140.000
𝑇 1.140.000
Е2јуни = = = 0.7 ден. трошок/1 ден. приход
𝐶 1.620.000

o Пресметан е коефициентот на економичност во постариот период (мај 2018


година), т.е. ЕT1 = 1,2;
o Пресметан е коефициентот на економичност во поновиот период (јуни 2018
година), т.е. ЕT2 = 1,4;
o Индексот на економичност се пресметува со примена на следната формула:

169
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

𝐸𝑇2
𝐼𝐸 = 𝑥 100
𝐸𝑇1
o Оттука,
𝐸𝑇јуни 1,4
𝐼𝐸 = 𝑥 100 = 𝑥 100 = 117%
𝐸𝑇мај 1,2
Интерпретација на резултатот: Во претпријатието „Виножито“ од Виница во
месецот јуни 2018 година има зголемена економичноста за 17%, споредено со месецот
мај 2018 година.

ПРИМЕР 7
Хотелот „Сонце“ од Гевгелија минатата година направил трошоци од 2.000.000
ден., a остварил приход од 12.000.000 ден. Пресметајте ја економичноста изразена во
вредносни показатели на двата начина и интерпретирајте го резултатот.
Решение:
o Познати се направените трошоци, т.е. Т = 2.000.000 ден.;
o Познат е остварениот приход, т.е. V = 12.000.000 ден.;
o Економичноста изразена во вредносни показатели се пресметува со примена
на формулите:
Т 𝑉
Е3 = 𝑉 Е4 = 𝑇
o Оттука,
𝑇 2.000.000
𝐸3 = = = 0.2 ден. трошок/1 ден. приход
𝑉 12.000.000

Интерпретација на резултатот: На секој остварен 1 ден. приход, ресторанот


„Сонце“ од Гевгелија прави 0,2 ден. трошок.

𝑉 12.000.000
Е4 = = = 6 ден. приход/1 ден. трошок
𝑇 2.000.000

Интерпретација на резултатот: Ресторанот „Сонце“ од Гевгелија прави 6 ден.


приход на секој 1 ден. трошок.

ПРИМЕР 8
Минатата година коефициентот на економичност бил 10, а оваа година е 5.
Пресметајте и интерпретирајте го индексот на економичност.
Решение:
o Познат е коефициентот на економичност во постариот период (минатата година),
т.е. ЕT1 = 10;
o Познат е коефициентот на економичност во поновиот период (оваа година), т.е.
ЕT2 = 5;
o Индексот на економичност се пресметува со примена на следната формула:

𝐸𝑇2 5
𝑥 100 = 𝐼𝐸 =
𝑥 100 = 50%
𝐸𝑇1 10
Интерпретација на резултатот: Економичноста се намалила за 50% (бидејќи
100 е база, па сè што е над 100 значи зголемување, а сè што е под 100 значи
намалување).

170
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА РЕНТАБИЛНОСТ

ПРИМЕР 9
Хотелот „Чаршија“ од Струга во 2018 година остварил приход од 1.000.000
денари, а притоа ангажирал основни средства во висина од 3.000.000 денари и обртни
средства во висина од 7.000.000 денари. Пресметајте го коефициентот и индексот на
рентабилност и интерпретирајте ги резултатите.
Решение:
o Познат е остварениот приход, т.е. Do = 1.000.000 ден.;
o Познати се ангажираните средства (основни + обртни средства), т.е. As =
3.000.000 + 7.000.000 = 10.000.000 ден.;
o Коефициентот на рентабилност се пресметува со примена на формулата:

𝐷𝑜 1.000.000 1.000.000
𝑅= = = = 0,1 ден. приход/1ден. трошок
𝐴𝑠 3.000.000 + 7.000.000 10.000.000

Интерпретација на резултатот: Коефициентот на рентабилност изнесува 0,1


т.е. на секој 0,1 денар приход, се прави 1 денар трошок. Тоа значи дека хотелот
„Чаршија“ од Струга работи многу нерентабилно бидејќи прави многу повеќе трошоци,
отколку приходи.
o Индексот на рентабилност се пресметува со примена на формулата:
𝑅% = 𝑅 𝑥 100 = 0,1 𝑥 100 = 10%
Интерпретација на резултатот: Стапката на рентабилност е 10% што значи
дека хотелот „Чаршија“ од Струга работи многу неефикасно.

ПРИМЕР 10
Претпријатието „Сонце“ од Гевгелија и во 2018 година и во 2019 година остварил
коефициентот на рентабилност 6. Пресметајте и интерпретирајте го индексот на
рентабилност.
Решение:
o Познат е коефициентот на рентабилност во постариот период (2018 година), т.е.
RT1 = 6;
o Познат е коефициентот на рентабилност во поновиот период (2019 година), т.е.
RT2 = 6;
o Индексот на рентабилност се пресметува со примена на следната формула:
𝑅𝑇2 6
𝐼𝑅 =
𝑥 100 = 𝑥 100 = 100%
𝑅𝑇1 6
Интерпретација на резултатот: Во претпријатието „Сонце“ од Гевгелија
рентабилноста не се променила (бидејќи 100 е база, па сè што е еднакво на 100 значи
непроменетост во работењето).

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ

ПРИМЕР 11
Во ресторанот „Орхидеја“ од Ресен комплет оброк чини 500 денари. Притоа,
вкупните фиксни трошоци се 4.875 денари, а просечните променливи трошоци се 35%
од продажната цена. Колку оброци треба да послужи ресторанот дневно за да има праг
на рентабилност? Пресметајте ја преломната точка.

171
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Решение:
o Позната е продажната цена, т.е. Ср = 500 ден.;
o Познати се вкупните фиксни трошоци, т.е. ТFC = 4.875 ден.;
o Познато е дека просечните променливите трошоци се 35% од продажната цена,
35% 𝑋 𝐶𝑝 35 𝑋 500
т.е. 𝐴𝑉𝐶 = 100 = 100 = 175 ден.;
o Преломната точка (праг на рентабилност) се пресметува со примена на
формулата:
𝑇𝐹𝐶
𝑃𝑇 =
𝐶𝑝 − 𝐴𝑉𝐶
o Оттука,
𝑇𝐹𝐶 4.875 4.875
𝑃𝑇 = = = = 15 оброци
𝐶𝑝 − 𝐴𝑉𝐶 500 − 175 325
Интерпретација на резултатот: Ресторанот „Орхидеја“ од Ресен треба да
послужи 15 оброци дневно, т.е. 15 оброци е преломната точка (праг на рентабилност).
Доколку ресторанот послужува помалку од 15 оброци дневно, тогаш ќе работи со загуба.

ПРИМЕР 12
Ресторанот „Билјана“ од Охрид дневно остварува приходи од 60.000 денари.
Притоа, работи со вкупни фиксни трошоци од 9.000 денари и вкупни променливи
трошоци од 6.000 денари. Колку треба ресторанот да оствари вкупни приходи за да
може да ги надомести во целост трошоците на работењето? Пресметајте ја преломната
точка.
Решение:
o Познати се приходите, т.е. Pr = 60.000 ден.;
o Познати се вкупните фиксни трошоци, т.е. TFC = 9.000 ден.;
o Познати се вкупните променливи трошоци, т.е. TVC = 6.000 ден.;
o Преломната точка (праг на рентабилност) се пресметува со примена на
формулата:
𝑇𝐹𝐶
𝑃𝑇 =
1 − 𝑇𝑉𝐶/𝑃𝑟
o Оттука,
𝑇𝐹𝐶 9.000 9.000 9.000
𝑃𝑇 = = = = = 10.000 денари
1 − 𝑇𝑉𝐶/𝑃𝑟 1 − 6.000/60.000 1 − 0,1 0,9
Интерпретација на резултатот: Ресторанот „Билјана“ од Охрид треба да
оствари вкупни приходи од најмалку 10.000 денари дневно за да може да ги надомести
во целост трошоците на работењето.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА 2
1. Што е квалитет на економијата и како се изразува? Кои се основните економски
принципи и кое е нивното значење?
2. Што е продуктивност и кои фактори влијаат врз продуктивноста? Набројте и
појаснете кои фактори се интерни, а кои екстерни фактори и како влијаат врз
продуктивноста. Зошто е значајна анализата на продуктивноста?
3. Што е индекс на продуктивност и како се преметува? Појаснете што значи ако
индексот на продуктивност е над 100, а што значи ако е под 100.

172
VII ГЛАВА
Управување со квалитетот на економијата на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
4. Што е економичност? Појаснете кога економичноста се зголемува, а кога се
намалува. Зошто е значајна економичноста? Појаснете ги аспектите на
значењето на економичноста.
5. Кои фактори влијаат врз економичноста? Наведете мерки кои најчесто се
преземаат за зголемување на економичноста. Како се мери економичноста?
6. Појаснете зошто е значајна анализата на економичноста. Што е индекс на
економичност и како се пресметува?
7. Што е рентабилност? Појаснете кога има зголемување, а кога намалување на
рентабилноста.
8. Кои фактори влијаат врз рентабилноста? Појаснете го нивното групирање. Зошто
е значајна анализата на рентабилноста?
9. Што е праг на рентабилност? Појаснете како се пресметува прагот на
рентабилност и зошто е тој важен.

ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАЊЕ
1) Во фабриката за сол „Солана“ од Скопје се вработени 496 лица, а неделното
производство е 124 тони сол. Пресметајте ја продуктивноста во натурални показатели
на двата начина и интерпретирајте ги резултатите.
(Решение: Р1 = 0,25 тони сол/1 работник; Р2 = 4 работници/1 тон сол).

2) Хотелскиот комплекс „Ривиера“ од Берово има 62 вработени, а дневно се


реализираат 31 ноќевање. Пресметајте ја продуктивноста во натурални показатели на
двата начина и интерпретирајте ги резултатите.
(Решение: Р1 = 0,5 ноќевање/1 работник; Р2 = 2 работници/1 ноќевање дневно).

3) Во фабриката за плочки „Комета“ од Тетово произведени се:


- 550 квадрати од плочки I класа со норматив од 75 работни часа;
- 420 квадрати од плочки II класа со норматив од 95 работни часа;
- 370 квадрати од плочки III класа со норматив од 90 работни часа;
Коефициентот на еквиваленција е 1:1,5:2. Пресметајте ја продуктивноста според
натурално-условниот метод на двата начина, и интерпретирајте го резултатот.
(Решение: Р1 = 0,01 квадрати од плочки I класа за 1 работен час; Р2 = 87,3 работни
часа за 1 квадрат плочки I класа).

4) Во 2018 година коефициентот на продуктивност бил 20 ноќевања по лице, а


во 2019 година е 24. Пресметајте и интерпретирајте го индексот на продуктивност.
(Решение: IР = 120%, што значи зголемена продуктивност за 20%).

5) Пресметајте и интерпретирајте го индексот на продуктивност, ако оваа година


коефициентот на продуктивност е 40, а минатата бил 16.
(Решение: IР = 250%, што значи зголемена продуктивност за 2,5 пати).

6) Фабриката за мебел „Иверко“ од Кочани произвела 150 двокрилни шкафчиња,


при што потрошила 300м2 иверица. Пресметајте ја економичноста во натурални
показатели на двата начина и интерпретирајте ги резултатите.
(Решение: Е1 = 0,5 шкафче (половина шкафче)/1м2 иверка; Е2 = 2м2 иверка/1 шкафче).

7) Хотелот „Штипко“ од Штип минатата година остварил приход од 24.000.000


денари, а притоа направил трошоци од 4.000.000 денари. Пресметајте ја економичноста
во вредносни показатели на двата начина и интерпретирајте ги резултатите.
(Решение: Е1 = 6 денари приход/1 денар трошок; Е2=0,2 денари трошок/1 денар приход).

173
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
8) Минатата година коефициентот на економичност бил 6, а оваа година е 12.
Пресметајте и интерпретирајте го индексот на економичност.
(Решение: IE = 200%, значи постои зголемување на економичноста за 100%).

9) Коефициентот на рентабилност на хотелот „Самоил“ од Охрид во 2018 година


бил 3. Во 2019 година овој хотел остварил приход од 24.000.000 денари, а притоа биле
ангажирани основни средства во висина од 3.000.000 денари и обртни средства во
висина од 1.000.000 денари. Пресметајте го коефициентот и индексот на рентабилност
и интерпретирајте ги резултатите.
(Решение: R2019 = 6; IR = 200%, значи зголемена рентабилност за 100%).

10) Сендвичарницата „7-ка“ од Дебар продава сендвичи по цена од 60 денари.


Притоа, вкупните фиксни трошоци се 400 денари, а променливите трошоци се 20
денари. Пресметајте дали сендвичарницата ќе има добивка или загуба доколку продава
5 сендвичи дневно?
(Решение: Загуба, бидејќи РТ = 10).

11) Туристичката агенција „Интертравел“ од Кочани продава туристички


аранжмани за Малта по цена од 180 евра. Притоа, вкупните фиксни трошоци се 1.200
евра, а променливите трошоци се 60 евра. Пресметајте дали туристичката агенција ќе
има добивка или загуба доколку продава 15 аранжмани дневно?
(Решение: Добивка, бидејќи РТ = 10).

12) Ресторанот „Црешово топче“ од Крушево остварува приходи од 30.000


денари. Притоа, работи со вкупни фиксни трошоци од 4.500 денари и вкупни
променливи трошоци од 3.000 денари. Колку треба ресторанот да оствари вкупни
приходи за да може да ги надомести во целост трошоците од работењето? Пресметајте
ја преломната точка.
(Решение: РТ = 5.000 денари).

13) Бифето „Томи“ од Валандово дневно остварува приходи од 10.000 денари.


Притоа, работи со вкупни фиксни трошоци од 1.500 денари и вкупни променливи
трошоци од 1.000 денари. Колку треба бифето дневно да прави промет за да може да
ги надомести во целост трошоците од работењето? Пресметајте ја преломната точка.
(Решение: РТ = 5.000 денари).

174
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
VIII ГЛАВА
УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Резултати во работењето на претпријатието
2. Физички обем на производство
2.1. Елементи на физичкиот обем на производство
2.1.1. Квантитет на производот
2.1.2. Квалитет на производот
2.1.3. Асортиман на производот
3. Вкупен приход на претпријатието
3.1. Поим за вкупен приход
3.2. Структура на вкупен приход
3.2.1. Структура на вкупниот приход од аспект на неговото формирање
3.2.2. Структура на вкупниот приход од аспект на неговата распределба
4. Добивка кај претпријатијата
4.1. Определување добивка
4.2. Загуба кај претпријатијата
4.3. Распределба на добивката
 Студирање преку пример: Пријавување, утрвдување и плаќање данок на вкупен
приход
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да ги објасните резултати во работењето на претпријатието;
o Да знаете што претставува физички обем на производство, структура и
елементи на физичкиот обем на производство;
o Да знаете да објасните што претставува вкупен приход на претпријатието и
неговата структура и
o Да знаете да ја објасните економската категорија добивка и како се
определува.

175
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. РЕЗУЛТАТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Секој деловен субјект, односно претпријатие, се основа и работи заради
остварување на соодветни резултати кои претставуваат основана цел во работењето.
Во основа претпријатијата се насочени кон остварување на максимални резултати, но
со минимални вложувања. Резултатите на деловниот субјект ги претставуваат
излезните елементи (аупути) од процесот на трансформација низ кој поминуваат
влезните елементи (инпути) на претпријатието како систем. Процесите на
трансформација се одвиваат под дејство на многубројни влијанија кои условуваат
одредени состојби и кај вложувањата и кај резултатите. Исто така, одредени фактори
влијаат и врз односот меѓу резултатите и вложувањата.
Тие влијанија се со различен опфат и карактер. Некои од нив се наоѓаат во
самиот деловен субјект, а некои дејствуваат од средината. Врз некои од нив
претпријатието може да влијае со низа организациски мерки и активности, а врз други
не може да влијае, бидејќи нивното дејство е непроменливо за дадениот период.
Претпријатието, како економски систем, се насочува кон дејството на тие влијанија и
се фокусира кон управување со резултатите на своето функционирање.
Управувањето со резултатите од работењето на претпријатието се реализира од
носителите на управувачката функција. Носители на управувачката функција во
претпријатието се: собранието, управниот одбор, одборот на директори и менаџерите.
Во процесот на донесување на одлуки носителите на управувачката функција мора да
располагаат со податоци за остварените резултати во изминатиот период, како и за
факторите кои имаат најголемо влијание во остварување на резултатите.
Носителите на управувачката функција ги споредуваат резултатите со
поставените цели. Воедно, доколку има потреба, интервенираат со соодветни одлуки
заради корегирање на забележаните отстапувања. Резултатите од работењето се
среќаваат во различни форми и облици. Вообичаено, управувањето со резултатите на
претпријатието е поврзано со утврдување на различните форми и облици во кои
резултатите се искажуваат.
Резултатите од работењето на претпријатието се изразуваат во следните три
основни форми:
o Физички обем на производството,
o Вкупен приход и
o Добивка.

2. ФИЗИЧКИ ОБЕМ НА ПРОИЗВОДСТВО


Физичкиот обем на производството претставува основен, изворен облик,
односно форма на остварените резултати во работењето на претпријатието. Физичкиот
обем на производството претставува израз на произведените употребни вредности со
кои се задоволуваат одредени потреби на луѓето. Во оваа смисла, употребни вредности
се производите и услугите произведени во определен временски период.
Другите две форми, односно облици на резултати од работењето на
претпријатието (вкупниот приход и добивката) се изведени, бидејќи во основа на своето
изразување и пресметување го имаат физичкиот обем на производство. Користењето
на формата физички обем на производството, како еден од начините за изразување на
резултатите од работењето, е едноставна задача во случаи кога претпријатието
произведува само еден вид производ.
Но, во практичното работење, често пати се случува претпријатијата да
произведуваат широк асортиман на различни производи, не само од аспект на
големината туку и од аспект на квалитетот, формата и потребата која ја задоволуваат.
Во такви случаи, физичкиот обем на производство се искажува со примена на посебни
методолошки постапки.

176
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2.1. ЕЛЕМЕНТИ НА ФИЗИЧКИОТ ОБЕМ НА ПРОИЗВОДСТВО
Употребни вредности претставуваат производите и услугите кои претпријатието
ги произведува, односно нуди во определен временски период. Физичкиот обем на
производство како основен облик на мерење на резултатите од работењето се состои
од следните елементи:
o Квантитет;
o Квалитет и
o Асортиман на производите и услугите.

2.1.1. Квантитет на производот


Квантитетот на производите ја претставува количината на произведените
употребни вредности и во основа се изразува во физички мерни единици како на
пример: парче, килограм, тон, метар, литар, киловат на час и сл.

2.1.2. Квалитет на производот


Квалитетот на производот зависи од степенот на задоволување на определена
потреба кај потрошувачите, од неговата способност во поголема мера и во подолг
временски период да ја обавува функцијата за која е наменет. Квалитетот на
производите зависи од одредени технички карактеристики како што се: дизајнот,
издржливоста, надворешниот изглед, тежината, работните и технолошките
карактеристики, квалитетот на изработка, квалитетот на користените материјали и др.
Квалитетот на производите го определува обемот и употребливоста на производите и
ги определува квалитативните својства на производот.
Технолошкиот развој, новите технологии и новите материјали влијаат врз
формирање на нови квалитативни својства на производите. Квалитетот на производите
има големо влијание во донесувањето на одлуките кај потрошувачите поради фактот
што квалитетот влијае на задоволување на потребите на потрошувачите. Исто така,
квалитетот на производите има големо влијание во донесувањето на одлуките кај
производителите од аспект на формирањето на цената. Во овој контекст, особено
значаен е стандардниот квалитет на производите, со кој се овозможува и задоволување
на барањата и потребите на потрошувачите и економска ефикасност на
производството.

2.1.3. Асортиман на производот


Асортиманот на производите претставува структурата на различни производи и
услуги на деловниот субјект. Неговото влијание врз физичкиот обем на производството,
врз нивото на цените и врз можностите за пласман, зависи од тоа колку тој е прилагоден
на потребите на пазарот.
Имајќи предвид дека целите на претпријатието се остваруваат преку количината,
квалитетот и асортиманот, тие претставуваат средство за остварување на
дефинираните цели во работењето на претпријатието.
Преку продажбата на производите или услугите на пазарот, претпријатието
остварува вредност во паричен износ што ја претставува пазарната цена на производот,
односно услугата.
Цел на секоја општествена заедница е да реализира поголем обем на
производство со соодветен квалитет, но со помали трошоци, кои ќе се реализираат на
пазарот по соодветни цени за купувачите. Оваа цел на општествена заедница
претпријатијата ја остваруваат преку својот обем на производство кој е усогласен со
сопствените цели: остварување оптимален економски успех и максимална добивка,
како краен резултат на репродукцијата.

177
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3.ВКУПЕН ПРИХОД НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
3.1. ПОИМ ЗА ВКУПЕН ПРИХОД
Вкупниот приход претставува вредносен израз на остварените резултати од
работењето на претпријатието.
Вкупната вредност на оствареното производство и извршените услуги на
претпријатието во одреден временски период (најчесто една година) го претставува
неговиот бруто производ. Бруто производот се пресметува кога остварената количина
на производи и услуги ќе се помножи со нивните продажни цени (Фити, 2006: 287).
Вкупниот приход и бруто производот не се идентични економски категории. Разликата
помеѓу нив се состои во тоа што во вредноста на вкупниот приход не влегува вредноста
на непродадените производи кои остануваат на залиха. Воедно, во вкупниот приход се
вклучува вредноста на продадените готови производи кои може да бидат прозведени
претходно, односно биле евидентирани на залиха, а се продадени во периодот за кој се
утврдува вкупниот приход.
Вкупниот приход на претпријатието го сочинуваат вредноста на продадените
производи и услуги и други вредности што се остваруваат со работењето во одреден
период, најчесто една година, независно од продажбата на производите и услугите.
Утврдувањето на вредноста на продадените производи и извршени услуги може да се
врши врз основа на наплатена реализација и врз основа на фактурирана реализација.
Во практичното работење, во примена е принципот на фактурирана реализација, што
значи дека за пресметка на вкупниот приход важно е производот да биде продаден,
односно фактурата да му биде доставена на купувачот и да настанат должничко-
доверителски односи.

3.2. СТРУКТУРА НА ВКУПНИОТ ПРИХОД


Вкупниот приход како категорија која што претставува вредносен израз на
остварените резултати од работењето на претпријатието се состои од неколку
елементи. Од содржински аспект, структурата на вкупниот приход може да се
набљудува од два аспекти:
(1) Од аспект на формирање на вкупниот приход и
(2) Од аспект на распределба на вкупниот приход.

3.2.1. Структура на вкупниот приход од аспект на неговото формирање


Вкупниот приход на претпријатието од аспект на формирањето ги прикажува
приходите според изворите на како се стекнуваат, односно создаваат. Според тоа
структурата на вкупниот приход на претпријатието се состои од следните видови
приходи (Бојаџиоски & Блажеска, 2009: 436):
o Приходи остварени од реализација на учиноци,
o Приходи од финансирање и
o Вонредни приходи.
Приходите остварени од реализација на учиноци (производи) претставуваат
најголем дел од вкупниот приход. Тие настануваат како резултат на извршувањето на
основната стопанска активност на претпријатието. Во овие приходи спаѓаат:
o Приходите од продажба на производи, стоки и услуги;
o Приходите од субвенции, дотации, компензациии, поврат на давачки по
основ на продажба на производи, стоки и услуги;
o Приходите од продажба на материјали, резервни делови и ситен
инвентар;
o Приходите од закупнина на нематеријални и материјални вложувања кои
претпријатието ги дава под закуп на одредено време и други приходи.

178
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
При формирањето на вкупниот приход, најголемо е учеството на приходите
остварени од реализација на производи. Кај некои претпријатија овие приходи
сочинуваат 90% од вкупниот приход.
Приходите од реализација на претпријатија се пресметуваат врз основа на
продажните цени на производите и услугите. Доколку количината на производите расте,
се зголемуваат и приходите од реализација на учиноците. Истата условеност и
поврзаност постои и помеѓу овие приходи и продажните цени, со тоа што висината на
продажните цени и другите услови на продажбата зависат од односите што се
формираат помеѓу понудата и побарувачката на пазарот.
Приходите од финансирање се приходи кои произлегуваат од различните
финансиски трансакции што ги извршува претпријатието. Во овие приходи спаѓаат:
o Приходите од финансиските односи што претпријатието ги воспоставува
со другите стопански субјекти, заедно учествувајќи во финансирање на
некоја активност;
o Приходите од финансиски вложувања кои претпријатието ги прави со
давање на краткорочни и долгорочни кредити. Најчест финансиски приход
по оваа основа е каматата што претпријатието ја добива од должникот за
позајмените средства;
o Приходите од позитивните курсни разлики по девизните побарувања и
обврски;
o Другите приходи од финансирањето.
Вонредните приходи ги опфаќаат оние приходи кои не се резултат на
работењето во основната стопанска дејност, туку настануваат како последица на
вонредно настанати дејства. Основна карактеристика на вонредните приходи е таа што
тие не можат да се планираат. Не постои корелативна врска со некои расходи иако тие
скоро секогаш со присутни. Во вонредни приходи спаѓаат:
o Приходите од продажба на постојани средства (материјални и
нематеријални вложувања) чија вредност е отпишана;
o Приходите од вишоци;
o Приходите од награди и сл.;
o Приходите од наплатени отпишани побарувања на доверителите;
o Остварени приходи од минати години;
o Други вонредни приходи.

3.2.2. Структура на вкупниот приход од аспект на неговата распределба


Остварениот вкупен приход од работењето, претпријатието го користи за
покривање на вкупните расходи на претпријатието.
Притоа, вкупните расходи (слика 8.1) се состојат од:
o Трошоци на продадените учиноци;
o Расходи од финансирањето и
o Вонредни расходи.

Трошоци
на Расходи од Вонредни Вкупни
продадени финансирање расходи расходи
учиноци

Слика 8.1. Структурата на вкупните расходи

179
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Доколку разликата меѓу вкупните приходи и вкупните расходи е позитивна, тоа ја
претставува добивката од работењето на претпријатието.
Во структурата на вкупниот приход (од аспект на неговата распределба)
учествува и добивката, чие учество, доколку е поголемо се зголемуваат и можностите
за развој на претпријатието. Со други зборови, вкупниот приход се распределува на
вкупни расходи и добивка. Исто така, може да се каже дека добивката на претпријатието
ја претставува позитивната разлика помеѓу вкупниот приход и расходите.
Трошоците на продадените учиноци ги сочинуваат: материјалните трошоци,
нематеријалните трошоци, амортизација, вкалкулираните бруто-плати и набавната
вредност на продадените стоки и материјали. Така,
o Материјалните трошоци ги опфаќаат: трошоците за материјали, електрична
енергија, резервни делови и ситен инвентар кои се направени при
производството на производите. Во овој вид трошоци спаѓаат и трошоците за
услугите кои имаат карактер на материјални трошоци (транспортни и други
услуги);
o Трошоците за амортизација на постојаните средства, исто така влегуваат во
трошоците на продадени производи;
o Нематеријалните трошоци се трошоците за реклама и пропаганда, трошоците
за изложби и други презентации, трошоците за саеми, осигурување на имот и
лица, за исхрана, за разни даноци и придонеси кои претпријатието ги плаќа на
државата пред утврдување на добивката: авторски хонорари, трошоци за
заштита при работата и други трошоци;
o Вкалкулираните бруто-плати како трошоци за човечки ресурси ги опфаќаат
нето-платите кои ги добиваат вработените и трошоците, односно расходите за
социјални придонеси (придонесите и даноците кои се плаќаат на нето-платите,
во согласност со законските прописи и колективните договори). Во оваa
категорија трошоци спаѓаат и сите надоместоци кои вработените ги добиваат за
времето кога не работат;
o Во трошоците на продадени учиноци спаѓаат и расходите кои ја претставуваат
набавната вредност на продадените стоки и материјали, односно сите оние
трошоци кои настанале и се составен елемент на цената на чинење на
продадените производи.
Расходи од финансирање се сите оние расходи во претпријатието кои
настануваат како последица на одредени финансиски трансакции. Овие расходи ги
сочинуваат: расходите на финансирање од односите со поврзаните субјекти, каматите,
негативните курсни разлики и други расходи од финансирањето. Така,
o Расходите од финансирањето од односите со поврзаните субјекти
настануваат кога други претпријатија учествуваат во финансирањето на
одредени заеднички активности и вложуваат капитал во конкретното
претпријатие;
o Расходите за камати настануваат во врска со каматите што претпријатието ги
плаќа за користење туѓи средства, врз основа на добиени кредити од деловни
банки и други субјекти;
o Расходите за негативни курсни разлики настануваат кога претпријатието има
непокриени девизни обврски кои заради промена на девизниот курс се
зголемуваат.
Вонредните расходи настануваат како резултат на вонредни дејства или
случувања и не се резултат на извршувањето на основната дејност на претпријатието.
Вонредните расходи ги сочинуваат: кусоците, пеналите, штетите, отписот на
ненаплатените побарувања, расходите од поранешните години и други дополнително
утврдени вонредни расходи. При пописот на имотот на претпријатието често пати се
јавуваат одредени кусоци на готови производи, материјали, амбалажа, паричните

180
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
средства и сл. Вредноста на тие кусоци претставува вонреден расход што предизвикува
соодветно намалување на добивката.
Во тек на своето работење, поради различни причини, претпријатието има
обврска да плаќа одредени издадоци по основ казни и пенали за ненавремено
извршување на одредени задачи. Трошоците во врска со тоа добиваат карактер на
вонредни расходи.
Исто така, не е можно да се избегнат различни штети при работењето кои
настануваат поради бројни причини. Трошоците за нивно покривање претставуваат
вонредни расходи.
Исто така, и вредноста на отпишаните побарувања претставува вонреден
расход. Претпријатието во одредени случаи може да констатира одредени расходи
настанати порано, кои не се евидентирани и пресметани во утврдувањето на
резултатите од работењето. И ваквите расходи се третираат како вонредни расходи.

4. ДОБИВКА КАЈ ПРЕТПРИЈАТИЈАТА


Од аспект на распределбата на вкупниот приход учествува добивката од чиј
износ зависат можностите за развој на претпријатието. Добивката претставува дел од
вкупниот приход и ја претставува позитивната разлика помеѓу вкупниот приход и
расходите.
Поаѓајќи од барањата и потребата за воспоставување на систем на распределба
кој ќе овозможи поголема самостојност на претпријатието, во услови на послободно
дејствување на пазарните законитости, во распределбата на резултатите на
претпријатието, кај нас е прифатен системот на добивка. Со овој систем на распределба
добивката станува основен финансиски показател за успешноста на работењето на
претпријатието. За да се пресмета добивката, потребно е вредносно да се изрази
цената на чинење на сите елементи на производството: средствата за работа,
предметите за работа и трошоците за човечки ресурси.
Системот на добивка тргнува од претпоставката дека при утврдувањето на
резултатите на претпријатието од вкупниот приход треба да се надоместат трошоците
на сите елементи на производството, а не само трошоците на предметите и средствата
за работа.

4.1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ДОБИВКА


Во системот на добивка, најпрво се осигурува реално вреднување на сите
фактори на производството, а потоа се утврдува добивката. Врз таа основа, добивката
се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на
претпријатието:
До = ВП - ВР
При што:
До - Добивка,
ВП - Вкупни приходи и
ВР - Вкупни расходи.
Имајќи ги предвид елементите кои влегуваат во категориите „вкупни приходи“ и
„вкупни расходи“, формулата за утврдување на добивката во развиен облик може да се
претстави на следниот начин:
До = (ПРУ + ПФ + ВП) - (ТПУ + РФ + В)
При што:
До - Добивка,
ПРУ - Приходи од реализација на учиноци,
ПФ - Приходи од финансирање,
ВП - Вкупни приходи,

181
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ТПУ - Трошоци на продадени учиноци,
РФ - Расходи на финансирање и
В - Вонредни расходи.
Според овој пристап, остварената добивка претставува вишок на приходите над
расходите. Добивката претставува основа за нови вложувања и остварување на
проширена репродукција. Имено, со покривање на вкупните расходи се остварува
проста репродукција, додека со добивката може да се финансира проширената
репродукција.

4.2. ЗАГУБА КАЈ ПРЕТПРИЈАТИЈАТА


Деловниот резултат на претпријатието може да биде позитивен (добивка) или
негативен (загуба). Доколку претпријатието во своето работење дојде во ситуација во
која вкупните расходи се поголеми од вкупните приходи, тогаш претпријатието
остварува негативен финансиски резултат, односно загуба:
З = ВП < ВР
При што :
З - Загуба,
ВП - Вкупен приход и
ВР - Вкупни расходи;
Загубата, како негативен резултат, може да се покрие на еден од следниве
начини:
o Со дотации на основачите на претпријатието или на други субјекти кои имаат
интерес претпријатието да опстане и да продолжи да работи (деловни банки,
купувачи, добавувачи и сл.);
o Со отпишување на побарувањата од доверителите на претпријатието,
Доверителите се согласуваат да ги отпишат своите побарувања спрема
претпријатието кога економски се заинтересирани претпријатието кое има загуба
да продолжи да работи;
o Со користење на средствата за резерви и средствата за заедничка потрошувачка
за намалување на загубата;
o Со намалување на сопствениот капитал преку продажба на имот на
претпријатието.
Ако загубата не може да се покрие со овие начини, тогаш се покренува стечајна
постапка која може да заврши и со ликвидација на претпријатието.
Во интерес на секоја општествена заедница е претпријатијата да работат
успешно, односно да остваруваат добивка. Исто така, стопанството и државата имаат
интерес претпријатијата да искажуваат реални резултати, бидејќи искажувањето на
нереални резултати доведува до погрешни информации кои можат да им нанесат штета
на сите учесници што се вклучени во водењето на одреден бизнис и во процесот на
донесување на одлуки. Затоа секоја држава со цел да ги заштити сите стопански
субјекти и да обезбеди правна сигурност, со законски прописи го регулира прашањето
на санација на претпријатијата кои деловната година ја завршуваат со загуба.
Остварувањето на добивка (профит) е главна цел скоро на сите претпријатија, од аспект
на нивната големина и структура. Големината на остварената добивка влијае врз
економската и пазарната вредност на претпријатието. Добивката ја зголемува
вредноста на претпријатието, а загубата ја намалува. Постапката на утврдување на
деловниот резултат се базира на евидентираните, реално остварените приходи и
расходи, во согласност со актуелните даночни прописи.
Мерењето на остварениот деловен резултат на претпријатието, односно
добивката за одреден период (на пр. месец, квартал или година) е едно од најважните
сметководствени прашања. Утврдувањето на деловниот резултат не е техничк,о
односно пресметковно прашање. Пресметката на остварената добивка на
претпријатието за одреден период може да биде поврзано со различни потешкотии.

182
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
4.3. РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА
Како што е веќе споменато, деловниот резултат на претпријатието може да биде
позитивен или добивка, односно негативен или загуба. Добивката претставува мерка
која покажува колку претпријатието ја подобрило својата економска вредност со
работењето во одреден период, што не може секогаш објективно и едноставно да се
утврди.
Добивката претставува позитивен финансиски резултат која се среќава во
различни облици. Во практичното работење вообичаено се пресметуваат следните
видови добивка:
(1) Бруто добивка,
(2) Деловна добивка и
(3) Нето добивка.
(1) Бруто добивката се одредува како разлика помеѓу вкупниот приход и
трошоците за продадените производи, во кои не се вклучени трошоците настанати
надвор од производството.
БД = ВП - ТПП
При што:
БД - Бруто добивка,
ВП - Вкупен приход и
ТПП - Трошоци за продадените производи.
(2) Деловната добивка или добивка од работењето (добивка пред оданочување)
претставува разлика меѓу бруто добивката и трошоците за администрирање и
продажба. Тоа е добивката на која се пресметува данокот на добивка затоа и се вика
добивка пред оданочување.
ДД = БД - ТАП
При што:
ДД - Деловна добивка,
БД - Бруто добивка и
ТАП - Трошоци за администрирање и продажба.
(3) Нето добивката се пресметува како разлика меѓу деловната добивка и
пресметаните износи на данокот на добивка. Затоа оваа добивка се вика добивка по
оданочување. Нето добивката претставува зголемување на чистиот имот на
претпријатието што е резултат на неговото работење во одреден период. Ова
зголемување обично е поврзано со зголемување на вкупните средства на
претпријатието.
НД = ДД-ИДД
При што:
НД - Нето добивка,
ДД - Деловна добивка и
ИДД - Износи на данокот на добивка.
Постапката за пресметување на деловниот (финансискиот) резултат се
прикажува во пресметката на загуби и добивки која содржи податоци добиени од
изворните сметководствени евиденции.
Во услови на пазарна економија, претпријатијата се стремат да ја максимизираат
добивката со своето работење. Бидејќи добивката претставува разлика меѓу приходите
и расходите, претпријатието мора да настојува да ги зголемува своите приходи, а да ги
намалува трошоците на работењето. Зголемувањето на приходите се постигнува со
зголемување на обемот на производството или со повисоки продажни цени на
производите. Можностите за претпријатијата да влијаат врз висината на приходите се
ограничини. Освен тоа, треба да се знае дека: иако при зголемување на обемот на
производство растат приходите, не мора да расте и добивката. Движењето на
добивката зависи од влијанието на производството врз трошоците. Ако трошоците

183
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
растат побрзо од обемот на производство, добивката може да опаѓа при зголемување
на производството. Добивката може да се зголемува со намалување на трошоците при
исто или поголемо ниво на производство.
Распоредот на остварената нето добивка, најчесто се врши на следниве три
дела:
o Дел за претпријатието,
o Дел за сопствениците и
o Дел за менаџерите и вработените.
Еден дел, или целата вкупна добивка, може да се остави во претпријатието во
вид на задржана добивка и во вид на резерва на капитал. Од добивката, сопствениците
можат да добијат дивиденда и друг вид надоместоци. Дел од добивката може да се
распредели на менаџерите и другите вработени во претпријатието.
Секое претпријатие има потреба од имплементирање на точен и објективен
систем на пресметка и распределба на деловниот резултат. Од особена важност е да
постои соодветен систем на распределба на добивката во претпријатијата со заедничка
сопственост, односно во друштвата со ограничена одговорност. Кај овој тип
претпријатија остварената добивка се дели меѓу два или повеќе сопственици, на начин
кој е утврден со договорот за основање и работа.
На сопствениците во претпријатието им е потребна точна информација за
резултатите од работењето, за да може секој од нив да донесува објективни одлуки од
аспект на распределбата на добивката и идните вложување на дополнителен капитал
или за продажба на својот удел во претпријатието.
Вложувањата кои сопствениците повремено ги вршат во претпријатието го
зголемуваат имотот на претпријатието, но не значат приход. Исто така, повременото
повлекување на дел на капиталот од претпријатието кое може да го врши сопственикот,
не значи расход. Вложувањето и повлекувањето на капиталот кое го врши сопственикот
на претпријатието не влијаат врз добивката и затоа не се прикажуваат во сметката на
добивка и загуба. Вложувањето и повлекувањето на капиталот се прикажуваат само во
билансот, затоа што влијаат врз финансиската положба на претпријатието, односно на
неговата структура на средства и капитал.

СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР


ПРИЈАВУВАЊЕ, УТВРДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ ДАНОК НА ВКУПЕН ПРИХОД
(Преземено од www.ujp.gov.mk-Поедноставен даночен режим за мали и микро бизниси)
Поедноставен даночен режим за мали и микро претпријатија
„Поедноставениот даночен режим“ или оданочувањето со годишен данок на
вкупен приход овозможува поедноставување и скратување на даночните процедури за
малите претпријатија. Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци и
правните лица резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и
изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговските друштва и кои според
природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци, можат да се определат да
пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход, наместо да плаќаат данок на
добивка. Значи, на овие трговски друшта им се нуди можност за избор на режимот/
моделот на оданочување, односно избираат дали да плаќаат данок на добивка по
стапка од 10% или да се определат за плаќање на годишен данок на вкупен приход во
висина од 1%, во зависност од тоа кој од наведените модели сметаат дека за нив е
поповолен.
Услови за влез во „поедноставениот даночен режим“
Трговските друштва можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен
данок на вкупен приход под услов:

184
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Да извршуваат стопанска дејност (освен дејностите за кои се предвидени
исклучоци);
o Вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било
извор да изнесува од 3.000.001 - 6.000.000 денари на годишно ниво.
Трговските друштва се определуваат за режимот на оданочување врз основа на
поднесената даночна пријава до Управата за јавни приходи, а тоа е образец „ДБ-ВП“
(Даночен биланс на вкупен приход, за пресметување и плаќање на годишен данок на
вкупен приход).
Доколку даночните обврзници се определат за „поедноставениот даночен
режим“ како модел на оданочување, тој ќе се применува и во наредните три години,
вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данокот на вкупен приход, под услов во тие
три години да остваруваат вкупен приход од 3.000.001 - 6.000.000 денари на годишно
ниво. Со поедноставениот начин на утврдување на данокот потребно е релативно кусо
време (приближно 30 минути) за да ги пополните потребните даночни пријави за
утврдување на годишниот данок на вкупен приход.
Трговски друштва кои се ослободени од обврската за плаќање на годишен
данок на вкупен приход
Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци и правните лица
резиденти на Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки
согласно Законот за трговските друштва, целосно се ослободени од обврската за
плаќање на годишен данок на вкупен приход под услов да извршуваат стопанска дејност
(освен дејностите за кои се предвидени исклучоци) и вкупниот приход остварен во
годината за која се утврдува данокот од кој било извор да не го надминува износот од
3.000.000 денари на годишно ниво.
Со годишен данок на вкупен приход не може да се оданочуваат трговските
друштва кои извршуваат: банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на
игрите на среќа и забавните игри, без оглед на висината на остварениот вкупен приход.
Евиденција за цели на годишен данок на вкупен приход
Управата за јавни приходи води посебен Регистар на трговски друштва за
годишен данок на вкупен приход. Управата за јавни приходи евидентирањето го врши
врз основа на поднесената даночна пријава.
Даночни обврзници кои немаат можност за влез во „поедноставениот даночен
режим“
Следните даночни обврзници немаат можност за влез во „поедноставениот
даночен режим“:
o Домашни правни лица кои не водат сметководство согласно одредбите на
Законот за трговски друштва;
o Подружници на странски правни лица во Македонија;
o Трговец-поединец (ТП);
o Трговски друштва кои извршуваат дејност во областа на: банкарство,
осигурување, финансиски услуги, како и дејност од областа на игри на среќа и
забавни игри;
o Трговски друштва кои не го усогласиле своето работење со одредбите на
Законот за трговски друштва од 1996 и 2004 година и не ја мигрирале својата
жиро-сметка (Трговски друштва во мирување);
o Субјекти над кои во година на работењето е отворена постапка на стечај и/ или
ликвидација.
Пресметување, утврдување на данокот, даночна стапка и основа за
пресметување
Данокот на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од износот на
остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех кон Годишната сметка
составена за деловната година за која се утврдува данокот. Данокот се утврдува врз
основа на остварениот вкупен приход по сите основи (приходи од работењето,

185
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
финансиски приходи, удел во добивката на придружените друштва), во деловната
година за која се утврдува данокот со примена на пропишаната процентна стапка на
оданочување. Утврдувањето на годишниот данок на вкупен приход се врши на
пријавата за самооданочување (образец “ДБ-ВП“). Образецот „ДБ-ВП“се доставува до
Управата за јавни приходи најдоцна до 28/29 февруари во годината што следи по
годината за која се врши оданочувањето. Образецот „ДБ-ВП“ може да се достави
најдоцна до 15-ти март, доколку даночниот обврзник Годишната сметка до Централниот
регистар на РМ ја доставил во електронска форма. Плаќањето на данокот се врши
најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.
Бришење на трговските друштва од регистарот за годишен данок на вкупен приход
Трговските друштва се бришат од евиденцијата, односно од Регистарот на
даночни обврзници, кои пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход и не
се оданочуваат со годишен данок на вкупен приход, доколку Управата за јавни приходи
утврди дека трговското друштво:
o Доколку во претходната година не ги исполнило бараните услови за влез во
„поедноставениот даночен режим“, во однос на пропишаниот вкупен приход кој
во годината за која се утврдува данокот е поголем од законски пропишаниот
максимален износ (над 6.000.000 денари). Наведеното се утврдува врз основа
на извршениот преглед на годишните сметки (преземени од Централниот
регистар на РМ), како и од работните книги на трговското друштво;
o Доколку не ги исполнило бараните услови во однос на претежната стопанската
дејност за која е дозволено регистрирање за целите на оданочувањето со
годишен данок на вкупен приход, односно врз основа на увидот во Годишната
сметка и од работните книги на трговското друштво се утврди дека остварените
приходи за годината се од вршење дејност/ти за која/и е исклучено правото за
влез во „поедноставениот даночен режим“ на годишен данок на вкупен приход
како што се: банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите
на среќа и забавните игри. Во своето работење, со поврзаното лице остварува
значаен меѓусебен промет на начин и по цени кои се разликуваат од цените кои
се воспоставуваат со независни субјекти или трговското друштво презема
обврски и искажува расходи поврзани со работењето со поврзаното лице, со цел
да се постигне намалено плаќање на данокот;
o Доколку се исполнети условите предвидени во член 31 и 33 од Законот за
данокот на добивка;
o Бришење поради промена на остварениот вкупен приход, стечај, ликвидација.
Доколку се исполнети условите за бришење од Регистарот, Управата за јавни
приходи ќе покрене постапка на бришење на даночниот обврзник од режимот на
оданочување со годишен данок на вкупен приход и ќе наложи плаќање на данок на
добивка. Платениот данок на вкупен приход за годината ќе се смета за аконтација на
данокот на добивка.

186
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА

ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ВКУПЕН ПРИХОД

ПРИМЕР 1
Претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје во текот на 2018 година остварило
приходи од реализација на учиноци во износ од 1.250.000 денари, приходи од
финансирање во износ од 850.000 денари и вонредни приходи во износ од 315.000
денари. Да се пресмета износот на вкупниот приход за наведената година.
Решение:
1. Приходи од реализација на учиноци 1.250.000 денари
2. Приходи од финансирање 850.000 денари
3. Вонредни приходи 315.000 денари
Вкупни приходи 2.415.000 денари
Интерпретација на резултатот: Структурата на вкупниот приход на
претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје се состои од збир од следните приходи:
приходи остварени од реализација на учиноци, приходи од финансирање и вонредни
приходи. Според тоа, вкупниот приход на претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје
изнесува 2.415.000 денари.

ПРИМЕР 2
Во текот на 2018 година, претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје (од
примерот 1) има направено вкупни расходи во износ од 1.950.000 денари. Пресметајте
дали постои и колку изнесува добивката кај претпријатието.
Решение:
Добивка = Вкупни приходи - Вкупни расходи
Добивка = 2.415.000 - 1.950.000 = 465.000 денари
Интерпретација на резултатот: Добивката се утврдува како разлика помеѓу
вкупните приходи и вкупните расходи на претпријатието. Според тоа, добивката на
претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје изнесува 465.000 денари.

ПРИМЕР 3
Претпријатието „Порта“ од Штип во пресметковниот период ги има остварено
следните приходи:
- Приход од продажба на производи и услуги 750.000 денари;
- Приход од издавање на деловни простории под закуп 180.000 денари;
- Приход по основ на позитивни курсни разлики 68.000 денари;
- Приход од отпишани побарувања 256.000 денари;
- Приход од продажба на материјали 160.000 денари
- Приход од вишок од резервни делови, ситен инвентар и амбалажа 195.000
денари;
- Приход од камата по основ на депонирани парични средства 115.000 денари.
Пресметајте ги: приходот од реализација на учиноци, приходот од финансирање,
вонредниот приход и вкупниот приход на претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје.
Решение:

187
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Приходот од реализација на учиноци се пресметува како збир од приходот од
продажба на производи и услуги (750.000 ден.), приходот од издавање на
деловни простории под закуп (180.000 ден.), и приходот од продажба на
материјалите (160.000 ден.). Оттука,
 Приход од реализација на учиноци = 750.000 + 180.000 + 160.000 =
1.090.000 денари.
o Приходот од финансирање се пресметува како збир од приходот од позитивните
курсни разлики (68.000 ден.) и приходот од камати по основ на депонирани
парични средства (115.000 ден.). Оттука,
 Приход од финансирање = 68.000 + 115.000 = 183.000 денари.
o Вонредниот приходи се пресметува како збир од приходот од отпишани
побарувања (256.000 ден.) и приходот од вишокот од резервни делови, ситен
инвентар и амбалажа (195.000 ден.). Оттука,
 Вонреден приход = 256.000 + 195.000 = 451.000 денари.
o Вкупниот приход се пресметува како збир од приходот од реализација на
учиноците (1.090.000 ден.), приходот од финансирање (183.000 ден.) и
вонредниот приход (451.000 ден). Оттука,
 Вкупен приход = 1.090.000 + 183.000 + 451.000 = 1.724.000 денари.

ПРИМЕР 4
Претпријатието „Порта“ од Штип во пресметковниот период ги евидентирало
расходите прикажани во табелата 8.1. Врз основа на тоа да се пресметаат трошоците
на продадени учиноци, расходите на финансирање, вонредните расходи и вкупните
расходи.
Табела 8.1. Расходи во „Порта“ од Штип
Расходи Денари
Потрошени материјали и резервни делови 1.030.000
Исплатени плати на вработените 728.000
Платени негативни курсни разлики 15.000
Амортизација на основни средства 160.000
Трошоци за продадени производи 729.000
Пресметано оштетување на готови производи 15.000
Износ на отпишани побарувања 12.000
Платени камати за користени кредити 66.000
Платен недостаток на производи по извршен попис 12.500

Решение:
o Трошоците на продадени учиноци се пресметуваат како збир од потрошени
материјали и резервни делови (1.030.000 ден.), платите на вработените (728.000
ден.), амортизацијата на основните средства (160.000 ден.) и трошоците за
продадени производи (729.000 ден). Оттука,
 Трошоците на продадени учиноци = 1.030.000 + 728.000 + 160.000 +
729.000 = 2.647.000 денари.
o Расходите на финансирање се пресметуваат како збир на негативните курсни
разлики (15.000 ден.) и платените камати за користени кредити (66.000 ден).
Оттука,
 Расходите на финансирање = 15.000 + 66.000 = 81.000 денари.

188
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Вонредните расходи се пресметуваат како збир на износот на отпишани
побарувања (12.000 ден.), износот на платен недостаток на производи по
извршен попис (12.500 ден.) и износот на пресметано оштетување на готови
производи. Оттука,
 Вонредните расходи = 12.000 + 12.500 + 15.000 = 39.500 денари.
o Вкупните расходи се пресметуваат како збир од трошоците на продадени
учиноци (2.647.000 ден.), расходите на финансирање (81.000 ден.) и вонредните
расходи (39.500 ден). Оттука,
 Вкупните расходи = 2.647.000 + 81.000 + 39.500 = 2.767.500 денари.

ПРИМЕР 5
Во пресметковниот период, во тек на реализирање на работните активности, во
претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје, направени се трошоци прикажани во
табелата 8.2. Врз основа на тоа да се пресметаат трошоците за продадени учиноци,
расходите на финансирање, вонредните расходи и вкупните расходи.
Табела 8.2. Трошоци во „Евро-транспорт“ од Скопје
Трошоци Денари
Трошоци за материјали и резерни делови 530.000
Камати за користени кредити 128.000
Дополнително утврдени расходи од минати години 58.000
Исплати за електрична енергија 136.000
Амортизација на основни средства 143.000
Трошоци за саеми 85.000
Казни, пенали и надомест на штета 75.000
Отпишани побарувања 116.000
Расходите на финансирање од односите со поврзаните субјекти 12.500
Решение:
o Трошоците за продадени учиноци се пресметуваат како збир од трошоците за
материјали и резервни делови (530.000 ден.), амортизацијата на основните
средства (143.000 ден.), трошоците за саеми (85.000 ден.) и исплатите за
електрична енергија (136.000 ден.). Оттука,
 Трошоци за продадени учиноци = 530.000 + 143.000 + 85.000 + 136.000 =
894.000 денари.
o Расходите на финансирање се пресметуваат како збир од платените камати за
користени кредити (128.000 ден.) и расходите на финансирање од односите со
поврзаните субјекти (12.500 ден.). Оттука,
 Расходи на финансирање = 128.000 + 12.500 = 140.500 денари.
o Вонредните расходи се пресметуваат како збир од износот дополнително
утврдени расходи од минати години (58.000 ден.), износот за казни, пенали и
надомест на штета (75.000 ден.) и износот за отпишани побарувања (116.000
ден.). Оттука,
 Вонредни расходи = 58.000 + 75.000 + 116.000 = 249.000 денари.
o Вкупните расходи се пресметуваат како збир од трошоците за продадени
учиноци (894.000 ден.), расходите на финансирање (140.500 ден.) и вонредните
расходи (249.000 ден). Оттука,
 Вкупни расходи = 894.000 + 140.500 + 249.000 = 1.283.500 денари.

189
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ДОБИВКА

ПРИМЕР 6
Да се пресмета бруто добивката, деловната добивка и нето добивката за 2018
година на претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје според следните податоци:
- Остварен приход од продажба на производи 2.400.000 денари;
- Остварен приходи од финансирање 380.000 денари;
- Трошоци на продадени производи 1.850.000 денари;
- Трошоци за администрирање и продажба 415.000 денари;
Притоа, данокот на добивка се пресметува по стапка од 10%.
Решение:
Остварен приход од продажба на производи 2.400.000 денари
+ Остварен приходи од финансирање + 380.000 денари
= Вкупни приходи 2.780.000 денари
- Трошоци на продадени производи -1.850.000 денари
= Бруто добивка 930.000 денари
- Трошоци за администрирање и продажба -415.000 денари
= Деловна добивка 515.000 денари
- Данок на добивка 10% (515.000 х 10%) - 51.500 денари
= Нето добивка 463.500 денари

ПРИМЕР 7
Остварената нето добивка на претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје (од
примерот 6) се распределува на следниот начин:
- 30% за претпријатието,
- 25% за сопствениците и
- 35% за менаџерите и вработените.
Остатокот од добивката се распоредува за резерви. Колку изнесува износот кој
се распределува за резерви? Пресметајте ги наведените износи во номинални
вредности.
Решение:
o Од претходниот пример (пример 6) е пресметано дека нето добивката на
претпријатието „Евро-транспорт“ од Скопје изнесува 463.500 денари.
o Нето добивката треба да се распредели според соодносот даден во задачата.
Оттука,
463.500 х 30
 Пресметан износ за распоред на добивка за претпријатието = 100
=
139.050 денари.
463.500 х 25
 Пресметан износ за распоред на добивка за сопствениците = 100
=
115.875 денари.
 Пресметан износ за распоред на добивка за менаџерите и вработените =
463.500 х 35
100
= 162.225 денари
o Според пресметките, од нето добивката (463.500 ден.) вкупно се распределни:
 30% за претпријатието, т.е. 139.050 денари,
 25% за сопствениците, т.е. 115.875 денари и
 35% за менаџерите и вработените, т.е. 162.225 денари.

190
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Остатокот од добивката кој ќе се распределува за резерви, се пресметува
кога од нето добивката (463.500 ден.) се минусираат сите номинални износи кои
се претходно распределени. Оттука,
 Остаток од добивка = 463.500 – (139.050 + 115.875 + 162.225) = 46.350
денари.

ПРИМЕР 8
Во пресметковниот период 01.01-30.06.2018 година, претпријатието „Евро-
транспорт“ од Скопје остварило загуба од 380.000 денари. Претпријатието донело
одлука наведената загуба да ја покрие на следниот начин:
- 25% со отпис на побарувањата,
- 30% од средствата од резервите и
- 15% со намалување на сопствениот капитал преку продажба на дел од
имотот.
Колкав износ од загубата останува непокриен и од кој извор може да биде
покриен?
Решение:
380.000 х 25
o Пресметан износ за надомест на загуба со отпис на побарувања = =
100
95.000 денари;
380.000 х 30
o Пресметан износ за надомест на загуба од средства на резерви = 100
=
114.000 денари;
o Пресметан износ за надомест на загуба преку намалување на сопствен капитал =
380.000 х 15
100
= 57.000 денари;
o Вкупно пресметани износи за надомест на загуба:
 95.000 + 114.000 + 57.000 = 266.000 денари.
o Непокриениот дел од загубата може да се надомести со дотации на основачите
на претпријатието или на други субјекти кои имаат интерес претпријатието да
опстане и да продолжи да работи (пример: деловни банки, купувачи, добавувачи
и сл.).
 Непокриен дел од загубата = 380.000 - 266.000 = 114.000 денари.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА 2
1. Објаснете што претставуваат резултатите од работењето за претпријатието. Кои
се носители на управувачката функција во претпријатието? Кои се основните
форми во кои се изразуваат резултатите и како се врши оценување на
резултатите од работењето на претпријатието?
2. Што претставува физичкиот обем на призводтсво и кои се неговите основни
елементи? Дефинирај го квалитетот на производите. Објаснете од што зависи
квалитетот на производите и што претставува асортиманот на производите.
3. Објаснете што претставува вкупниот приход на претпријатието. Како се
дефинира бруто производот? Објаснете ја разликата меѓу вкупниот приход на
претпријатието и бруто производот. Објаснете ги начините на утврдување на
вредноста на продадените производи. Што претставува фактурната
реализација? Што претставува наплатената реализација?
4. Појаснете ја структурата на вкупниот приход. Што значи формирање на вкупниот
приход oд аспект на формирање на вкупниот приход ? Што значи формирање на

191
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
вкупниот приход oд аспект на распределба на вкупниот приход? Што
претставуваат приходи остварени од реализација на производите? Како се
добиваат приходите од финансирање? Што претставуваат вонредни приходи?
5. Појаснете ја структурата на приходи остварени од реализација на производите.
Објаснете ја структурата на приходите од финансирање. Кои елементи ја
сочинуваат структурата на вонредните приходи.
6. Објаснете го системот на пресметување на добивката. Како се дефинира
загубата од работењето на претпријатијата? Појаснете ги начините на
надоместување на загубата.
7. Појаснете ја распределбата на вкупниот приход. Како се определува бруто
добивката? Како се определува деловната добивка? Како се определува нето
добивката? Објаснете ги начините на распоредување на остварената нето
добивка. Појаснете го распоредувањето на нето добивката за претпријатието.
Појаснете го распоредувањето на нето добивката за сопствениците на
претпријатието. Појаснете го распоредувањето на нето добивката за менаџерите
и вработените.
8. Претпријатието „Светлост“ од Скопје во текот на 2018 година има остварено
приходи од реализација на учиноци во износ од 1.250.000 денари, приходи од
финансирање во износ од 850.000 денари и вонредни приходи во износ од
315.000 денари. Пресметајте го вкупниот приход за 2018 година.
(Решение: Вкупен приход = 2.415.000 денари).
Ако во истиот период претпријатието „Светлост“ од Скопје направило вкупни
расходи во износ од 1.950.000 денари, дали постои и колку изнесува добивката?
(Решение: 465.000 денари).
9. Претпријатието „Евро промет“ од Скопје во пресметковниот период има
остварено:
- Приход од продажба на производи и услуги 950.000 денари;
- Приход од издавање на деловни простории под закуп 260.000 денари;
- Приход по основ на позитивни курсни разлики 118.000 денари;
- Приход од отпишани побарувања 156.000 денари;
- Приход од продажба на материјали 130.000 денари;
- Приход од вишок од резервни делови, ситен инвентар и амбалажа 170.000
денари;
- Приход од камата по основ на депонирани парични средства 155.000 денари.
Пресметајте го приходот од реализација на учиноци, приходот од финансирање,
вонредниот приход и вкупниот приход на претпријатието „Евро-транспорт“ од
Скопје.
(Решение: Приход од реализација на учиноци = 1.340.000 ден., приход од финансирање
= 273.000 ден., вонреден приход = 326.000 ден. и вкупен приход = 1.939.000 ден.).
10. Претпријатието „Евро травел“ од Скопје во пресметковниот период има
остварено:
- Приход од продажба на производи и услуги 1.170.000 денари;
- Приход од издавање на деловни простории по закуп 380.000 денари;
- Приход по основ на позитивни курсни разлики 168.000 денари;
- Приход од отпишани побарувања 296.000 денари;
- Приход од продажба на материјали 360.000 денари;
- Приход од вишок од резервни делови, ситен инвентар и амбалажа 115.000
денари;
- Приход од камата по основ на депонирани парични средства 75.000 денари.
Пресметајте го приходот од реализација на учиноци, приходот од финансирање,
вонредниот приход и вкупниот приход на претпријатието „Евро травел“ од Скопје.
(Решение: Приход од реализација на учиноци = 1.910.000 ден., приход од финансирање
= 243.000 ден., вонреден приход = 411.000 ден. и вкупен приход = 2.564.000 ден).

192
VIII ГЛАВА
Управување со резултатите на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
11. Врз основа на податоците за евидентирани расходи и тоа:
- Потрошени материјали и резервни делови 950.000 денари;
- Исплатени плати на вработените 560.000 денари;
- Платени негативни курсни разлики 113.000 денари;
- Исплати за електрична енергија 230.000 денари;
- Пресметана амортизација 195.000 денари;
- Трошоци за саеми 150.000 денари;
- Казни, пенали и надомест на штета 95.000 денари;
- Отпишани побарувања 65.000 денари;
- Расходи на финансирање од односите со поврзаните субјекти 45.000 денари.
Пресметајте ги трошоците на продадени учиноци, расходите на финансирање,
вонредните расходи и вкупните расходи во пресметковниот период
(Решение: Трошоци на продадени учиноци = 2.085.000 ден., расходи на финансирање =
158.0000 ден., вонредни расходи = 160.000 ден. и вкупни расходи = 2.403.000 ден.).
12. Пресметајте ја бруто добивката, деловната добивка и нето добивката за 2018
година на претпријатието „Евро-травел“ од Скопје, ако се познати следните
податоци:
- Остварени приходи од продажба на производи 1.800.000 денари;
- Остварени приходи од финансирање 580.000 денари;
- Трошоци на продадени производи 1.950.000 денари;
- Трошоци за администрирање и продажба 315.000 денари.
Притоа, данокот на добивка се пресметува по стапка од 10 %.
(Решение: Бруто добивка = 430.000 ден., деловна добивка = 115.000 ден. и нето добивка
= 103.500 ден.).
13. Остварената добивка на претпријатието „Евро-травел“ од Скопје во износ од
103.500 денари е распределена на следниот начин: 35% за претпријатието, 20%
за сопствениците и 30% за менаџерите и вработените. Остатокот од добивката
е распоредена за резерви. Пресметајте колку изнесува износот кој се
распределува за резерви, а колку изнесуваат номиналните вредности на
деловите за претпријатието, сопствениците и менаџерите.
(Решение: 36.225 ден. за претпријатието, 20.700 ден. за сопствениците, 31.050 за
менаџерите и вработените и 15.525 ден. за резерви).
14. Во пресметковниот период 01.01-30.06.2018 година, претпријатието „Европа“ од
Тетово остварило загуба од 480.000 денари. Претпријатието донело одлука
загубата да се покрие на следниот начин:
- 20% со отпис на побарувањата,
- 25% од средствата од резервите и
- 25% со намалување на сопствениот капитал преку продажба на дел од
имотот.
Колкав износ од загубата останува непокриен и од кој извор може да биде
покриен?
(Решение: 144.000 ден. изнесува непокриениот дел од загубата кој може да се
надомести со дотации на основачите на претпријатието или на други субјекти кои
имаат интерес претпријатието да опстане и да продолжи да работи (пример:
деловни банки, купувачи, добавувачи и сл.)).

193
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
IX ГЛАВА
ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Дефинирање на деловната политика
2. Карактеристики на деловната политика
3. Видови деловна политика
4. Подрачја на примена на деловната политика
5. Менаџерите и деловната политика
6. Контрола на резултатите на деловната политика
7. Претпријатието и окружувањето
8. Фактори на окружувањето
8.1.Екстерни фактори на окружувањето
8.1.1.Политичко-правни фактори
8.1.2.Економски фактори
8.1.3. Општествени фактори
8.1.4. Технолошки фактори
8.1.5. Гобални фактори
8.2. Интерни фактори на окружувањето
9. Управување со окружувањето
 Студирање преку пример:
Пример 1: Окружувањето на Стопанска банка АД Битола
Пример 2: Деловна политика и развоен план на Капитал банка АД Скопје,
2016-2018
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да знаете да ја дефинирате деловната политика и да ги појасните нејзините
основни карактеристики и видови;
o Да ги наброите подрачјата на примена на деловната политика;
o Да го појасните односот помеѓу менаџерите и деловната политика;
o Да знаете да објасните како се врши контрола на резултатите на деловната
политика и какви видови контрола постојат;
o Да знаете што претставува окружувањето и која е неговата важност за
претпријатието;
o Да знаете кои се фактори на окружувањето;
o Да знаете што претставуваат екстерните фактори на окружувањето за
претпријатието;
o Да знаете што претставуваат интерните фактори на окружувањето за
претпријатието и
o Да ја појасните важноста на управувањето со окружувањето.

194
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА
Формулирањето деловна политика во претпријатието е комплексен процес. При
нејзиното дефинирање најчесто се тргнува од едноставна потврда дека деловната
политика е планска одлука. Тоа е секако точно, бидејќи деловната политика, во овој или
некој друг вид, ја имаат сите претпријатија, односно сите деловни субјекти кои се
занимаваат со деловна активност.
Деловната политика се изразува на различни начини во претпријатијата. Така,
таа најчесто се изразува како збир на управувачки одлуки за начелата, насоките и
критериумите на раководниот тим за водење активности за остварување на целите на
претпријатијата (Тодоров et al., 2004: 305).
Со деловната политика се определуваат одлуки за начелата, принципите и
активностите на претпријатијата. Со други зборови, со деловната политика се утврдуваат
начините како да се реализираат претходно определените цели. Етимолошки, поимот
политика произлегува од грчките зборови polis - град, држава и politicos - граѓански,
државнички. Така, суштината на поимот политика се образложува на два начини:
1) Како наука за целите на државата и вештина на управувањето и
2) Како работи кои се однесуваат на државата.
Во пракса, поимот политика различно се толкува и се идентификува со повеќе
зборови: водич за акција, насочување на акција, насока, начин на размислување итн.
Оттука, и за поимот деловна политика се среќаваат различни дефиниции. Во основа,
деловната политика може да се определи како планска и насочувачка одлука која
претставува услов за изработка на планот. Воедно со деловната политика се трасира
текот на активностите и се врши трансформирање на целите во работни задачи.
Деловната политика често пати се дефинира и како:
o Водич за акција,
o Збир на сродни принципи,
o Одлучување,
o Извештај за целите и др.
Деловната политика е определен став кој се прилагодува на променливите услови
и влијанија. Токму за тоа, сите употребени термини за нејзино дефинирање како што се:
ставови, начела, принципи, критериуми се употребуваат за полесно да се разбере
нејзината суштина и содржина. За дефинирање на деловната политика најчесто се
тргнува од едноставна потврда дека деловната политика е планска одлука, од причина
што планирањето е сложен процес кој е заснован на активности во претпријатијата за
одреден временски период и услови за нивно остварување. Планирањето е фаза на
процесот на управување во претпријатијата каде одлуките се донесуваат со избор на
алтернативни решенија. Во карактерот на тој процес се содржат одредени
специфичности на планските одлуки. Имајќи предвид дека планирањето е антиципирање
на идните случувања, бидејќи планските одлуки се донесуваат во сегашно време, а
имаат влијание за идното работење во претпријатијата, произлегува дека деловната
политика во стварност е вештина на управување на претпријатијата, за идното работење
на претпријатијата исто како што политиката е вештина која во целост управува со
државата.
Деловната политика се дефинира на различни начини, односно концепти
(Димитровски & Кожухаров, 2010: 77):
o Прагматична концепција на деловната политика. Деловната политика е
збир на концепции и мерки насочени кон потврдување на целта која
претпријатието посакува да ја оствари во одреден временески период под
одредени услови, средства и начини за нивно остварување;
o Научна концепција на деловната политика. Деловната политика на
претпријатието се дефинира како збир на научни и проверени принципи кон
кои претпријатието треба да се придржува, односно, кои треба да ги
применува при утврдување на своите цели во одреден период со цел при

195
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
работењето да постигне подобри резултати со помалку вложувања на
елементите на производство;
o Макроекономска концепција. Деловната политика му дава рамка и правец во
кои треба да се донесе и насочи работењето на претпријатието;
o Одредување производна ориентација. Деловната политика на
претпријатието генерално е насочена кон истражување на пазарот,
продажбата и набавката, формирањето цени, финансиската политика,
кадровската политика, инвестиционата политика итн.
Овие дефиниции упатуваат на фактот дека деловната политика која ја води
претпријатието е основен предуслов за негов опстанок и функционирање. Притоа, може
со сигурност да се каже дека деловната политика на претпријатијата не може да постои
без процесот на планирање и без контрола на работните активности. Од друга страна,
бидејќи деловната политика на претпријатието е една од најважните синтетички
плански одлуки, произлегува дека без нови плански одлуки, работењето на
претпријатијата не може да биде квалитетно.
Генерално, деловната политика на претпријатието подразбира насочено
планирање и предвидување на идните случувања, но и планирање на сите активности
кои се важни за работењето на претпријатието во насока на остварување на главните
цели на претпријатијата. Оттука, доколку претпријатието навреме не го сфати тоа,
објективно нема да има дефинирани долгорочни цели, контрола врз работењето, и
дефинирана стратегија за раст и развој. Од тие причини, таквите претпријатија имаат
голема можност да пропаднат. Сето тоа упатува на заклучокот дека од самото
основање, претпријатието мора да има дефинирано деловна политика чие отсуство е
најголем причинител за нивното згаснување.
Последователно, за сите претпријатија од голема важност е да го дефинираат
своето подрачје на делување, да ја анализираат конкуренцијата, да ја утврдат својата
положба во однос на конкурентските претпријатија, да ја оценат промената на
сопственото окружување и на тој начин да ја дефинираат сопствената цел. Токму тоа
претставува почетна основа за формулирање деловна политика на претпријатието. Без
утврдување на плански задачи за секое подрачје на деловната политика, утврдување
на носителот на тие задачи, рокот за нивно извршување, како дефинирањето соодветна
стратегија, деловната политика нема да е делотворна. Нејзиното дефинирање се гледа
во потребата дека помага во извршувањето на многубројните функции. Имено, токму
деловната политика како основа за оценување и определување на квалитетот на
одлуките и акциите, ја олеснува координацијата на плановите.

2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА


Деловната политика на претпријатијата по правило треба да се темели на
принципи, факти и вистини. Ова е поради фактот што деловната политика претставува
основа за успешно реализирање на деловните активности, односно коректор на
неправилностите. Во секое претпријатие кое сака да формулира добра деловна
политика, треба да се почитуваат мислењата и предлозите на сите кои може да влијаат
врз формулирањето остварлива деловна политика. Само на таков начин деловната
политика на претпријатието може да одговори, односно да се приближи до остварување
на развојните цели на претпријатието.
Бројни карактеристики ја одбележуваат содржината на деловната политика на
претпријатието. Така, во литературата се наведени разновидни карактеристики на
деловната политика (Шуклев, 2002: 117):
o Јасно формулирана. Како услов за ефикасно одлучување, деловната политика
на претпријатието мора да биде јасно формулирана што овозможува заштеди во
време (не се губи време за нејзино толкување) и ја намалува конфузијата во
нејзината примена;

196
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Да произлегува од целите. Основна задача на деловната политика на
претпријатието е остварување на целите, а за да одговори на својата функција,
таа мора да ги насочи активностите кон нивно извршување;
o Да има управувачки карактер. Деловната политика мора да содржи насоки на
акциите и начела на однесување;
o Да има кодекс на етички принципи. Оваа карактеристика подразбира дека
деловната политика треба да биде усогласена со економското, социјалното и
политичкото окружување во кое делува претпријатието;
o Да биде стабилна. Нестабилна деловна политика на претпријатието
предизвикува губење на довербата и зголемување на чувството на несигурност;
o Да биде приспособлива. Дефинираната деловна политика на претпријатието
треба секогаш да ги има предвид промените кои настануваат во окружувањето,
што условува нејзина одредена приспособливост;
o Да биде флексибилна. Според оваа карактеристика, деловната политика
претпоставува поседување одредена ширина во покривањето многубројни и
различни ситуации;
o Да биде рационална. Деловната политика на претпријатието треба да
произлегува од целите на претпријатието и да укажува кој е најефикасниот начин
за нивно остварување;
o Да биде сеопфатна. Според оваа карактеристика, деловната политика на
претпријатието треба да нуди формулирани начела и насоки за сите активности
на деловните функции кои се реализираат во претпријатието;
o Да биде комплементарна. Деловната политика на претпријатието треба да
може да се дополнува со останатите видови политики;
o Да биде рамковна. Сите формулирани начела и критериуми кои се содржани во
деловната политика на претпријатието, треба да ги определат границите во кои
ќе се движат деловните активности на претпријатието;
o Да биде конзистентна. Деловната политика треба да обезбедува рационално
одлучување во ситуации кои се повторуваат;
o Да биде писмено формулирана. Со цел да се оневозможи усна погрешна
интерпретација, деловната политика треба да биде писмено формулирана.
Потребата од писмена формулација може да се согледа од следните фактори:
големина на претпријатијата; видот на дејноста; степенот на централизација итн.
(Петревска & Петреска, 2016: 164).
Поставувањето деловна политика има за цел спроведување на деловните
активности во претпријатијата и нивна контрола. Без неа нема успешно функционирање
на претпријатијата. Но, покрај сите позитивни аспекти, голем број последици на
деловната политика имаат негативен карактер. Менаџерите можат да преземат
извесни мерки заради надминување на овие негативни последици.
Една од тие мерки е точно определување на барањата на работното место.
Менаџерите треба да даваат јасни и добро разработени задачи, како и детално да
објаснат како ќе се цени задачата. Работниците треба точно да знаат што треба да
направат и со кој учинок, а со тоа и јасно да ја знаат својата позиција во претпријатието.
Оттука, комуникацијата е особено значајна, особено како мерка за надминување на
последиците од злоупотреба на деловната политика. Имено, кога комуницирањето е
отворено и секој може да има увид во саканите информации, тогаш на поединецот нема
да му биде лесно да ги негува сопствените цели за сметка на целите на претпријатието.
Поконкретно, кога одлуките не се споделуваат ниту пак се соопштуваат, се создаваат
идеални услови за злоупотреба на деловната политика на претпријатието.

197
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3. ВИДОВИ ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА
Деловната политика на претпријатието не се определува само преку една планска
одлука. Напротив, менаџерскиот тим е задолжен за креирање повеќе ставови и начела
кои треба да придонесат за ефикасно одлучување за целокупното работење на
претпријатието. Ова укажува на постоење повеќе видови деловна политика, кои условно
може да се поделат според различни критериуми.
1. Во зависност од организационата поставеност, постојат:
o Основна политика. Тоа е онаа деловна политика која се води на ниво на
претпријатие и
o Главна политика. Тоа е онаа деловна политика која се води на ниво на
сектори во претпријатието.
2. Во зависност од временскиот аспект, постојат:
o Долгорочна политика. Тоа е развојна деловна политика која има стратегиски
карактер и е ориентирана кон обезбедување раст и развој на претпријатието.
Поконкретно, се носат насоки и критериуми за капацитетот на претпријатието,
човечките ресурси, пазарот, техниката и технологијата итн. и
o Краткорочна политика. Тоа е деловна политика која има тактички и
оперативни карактеристики и е насочена кон носење ставови за ефикасно
извршување на тековните задачи во претпријатието.
3. Во зависност од окружувањето, постојат (Terry, 1972: 228):
o Интерна политика. Тоа е онаа деловна политика која се однесува на
активностите кои треба да ги задоволат потребите на претпријатијата,
односно донесените насоки и ставови за олеснување на работата на
менаџерскиот тим и
o Екстерна политика. Тоа е онаа деловна политика која е насочена кон
почитување на барањата од надворешните институции и потрошувачи.
Поконкретно, предметот за кој се носи деловната политика доаѓа од
непосредното окружување (Влада, синдикати и други субјекти).
4. Во зависност од широчината на предметот, постојат (Горупиќ, 1990: 16):
o Општа политика и
o Посебна политика.
5. Во зависност од менаџерските фукции, постојат (Broom, 1969: 40):
o Политика на планирање,
o Политика на организирање,
o Политика на човечки ресурси,
o Мотивациска политика и
o Контролна политика.

4. ПОДРАЧЈА НА ПРИМЕНА НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА


Генерално, деловната политика на претпријатието дефинира принципи,
критериуми и начела кои се однесуваат на многубројни подрачја, како:
o Маркетинг;
o Производство;
o Набавка;
o Инвестиции;
o Истражување и развој;
o Финансии;
o Односи со јавност;
o Човечки ресурси итн.
Во рамки на маркетингот се фомулира деловна политика за: производот,
цената, промоцијата и дистрибуцијата (маркетинг микс). Притоа, политиката на

198
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
производот содржи насоки за квалитетот на производот, амбалажата, дизајнот, марката,
животниот циклус на производот и сл. Политиката на цени пак, се однесува на попустите,
диференцирање на цените и сл. Политиката на промоција содржи начела за користење
на масовните медиуми и средствата за информирање на потрошувачите, за можностите
за сервисирање, гарантните рокови и сл. Политиката на дистрибуција ја опфаќа
продажбата преку претставништва, трговски патници, сопствени продавници, чувањето
залиха на готови производи итн.
Деловната политика на претпријатието која се формулира во доменот на
производството ги утврдува начелата кои се однесуваат на квалитетот на производот,
обемот на производството, контролата на квалитетот на производите и сл. Притоа,
краткорочната деловна политика во рамки на производството има за цел оптимално
искористување на расположивиот капацитет, минимални фиксни трошоци, оптимален
асортиман и сл.
Во доменот на набавката, деловната политика на претпријатието се формулира
за различни прашања, како: избор на добавувачи, избор на канали на набавка, набавни
цени, место на прием на стоката, начин на плаќање и др.
На подрачјето на инвестициите, деловната политика на претпријатието ги
определува начелата за економските ефекти од инвестициите, акумулацијата на
инвестициите, приоритети при инвестирањето и др.
Кај истражувањето и развојот, деловната политика ги формулира начелата за
проценка на резултатите од истражувањето, ориентацијата кон инвестирањето,
трансферот на технологија по пат на купување патенти, лиценци или заеднички
вложувања итн.
Во областа на финансиите, деловната политика ги определува начелата и
насоките за кредитите, дивидендата, осигурувањето на капиталот и др.
Воедно, деловната политика има голема улога и за функционалните подрачја како
што се политиката на човечки ресурси и политиката за односи со јавност.

5. МЕНАЏЕРИТЕ И ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА


Формулирањето ефикасна деловна политика овозможува позитивни ефекти во
вкупното функционирање на претпријатието и воедно претставува основа за оценување
и определување идни плански одлуки и акции. За успешно креирање деловна политика
на претпријатието, менаџментот користи некои општоприфатени принципи:
1) Зголемен степен на користење факти и вистини;
2) Поголемо учество на оние кои ќе ја спроведуваат;
3) Компатибилност на политиките од разни подрачја;
4) Координираност на политиките на различни сектори;
5) Флексибилност и стабилност на политиките и
6) Сеопфатност.
Деловната политика на претпријатието овозможува појасно согледување и
разјаснување на целите на работењето. Воедно, таа помага делегирањето на
авторитетот на подредените, ја зголемува мотивираноста и ја олеснува координацијата
и контролата.
Оттука, при формулирањето деловна политика, менаџерите треба да ги имаат
предвид следните практики:
o Да настојуваат формулираната деловна политика да помогне во остварување на
целите;
o Политиката да обезбедува правилна интерпретација;
o Во деловната политика да бидат вклучени мислења, препораки и сугестии на
останатите учесници;
o Политиката да биде со јасно изразени и недвосмислени зборови;
o При нејзиното формулирање да се имаат предвид и влијанијата од непосредното
окружување.

199
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кога се зборува за поврзаноста на менаџерите и деловната политика, треба да се
напомене дека менаџерите директно влијаат врз однесувањето на вработените во
спроведување на деловната политика. Општо земено, вработените треба да се
чувствуваат независни до одреден степен, но истовремено да знаат дека се дел од
тимот. На таков начин се формира здрава клима во претпријатијата во која може
непречено да се одвиваат деловните активности.
Пристапот на менаџерот и пријатното окружување се два неоходни фактори
за успешно спроведување на деловната политика во претпријатијата. Третиот клучен
фактор е комуникацијата. Не треба да се знае само што очекува менаџерот од
вработените туку да се посочи како да се работи. Така, потребно е помеѓу нив да делува
организациска култура која е збир на споделени уверувања, очекувања, вредности,
норми и работни навики што влијаат на начините на кои поединците, групите и тимовите
меѓусебно влијаат и соработуваат, за да ги остварат организациските цели (Jones &
George, 2008: 105). Taa го одразува карактеристичниот дух и верување на една
организација првенствено покажани преку нормите и вредностите кои членовите на таа
организација ги почитуваат и истовремено им покажуваат како треба да се однесуваат
меѓу себе, какви односи да развиваат и како да ги насочуваат своите ставови (Gordon,
2008). Оттука, силна и коректно поставена организациска култура позитивно влијае на
целокупното работење на претпријатието и обратно. Воедно, од големо значење е и
природата на односите на вработеност кои претпријатието ги гради со и меѓу своите
вработени преку низата политики и практики на наегување и развивање на човечките
ресурси (Robbins & Judge, 2007: 73). Во тој контекст, важно е и новите членови во
претпријатието да се вклопат во постоечките односи и да ја прифатат и поддржат
организациската култура. Поконкретно, нововработените треба да поминат низ процес
на организациска социјализација, што пак значи дека мора да ги учат организациските
вредности и норми и да усвојуваат работни однесувања неопходни за ефикасно
извршување на работата (Lim et al., 2010: 21).
Последователно, кога целокупната комуникација ќе стане поопширна и
понепосредна, начинот на работа станува поефикасен и поефективен со што секоја
конструктивна повратна врска дава сила и мотивација на вработените. Начинот на кој
тие ќе можат да влијаат врз професионалното однесување на вработените во голема
мера зависи и од авторитетот кој го поседува раководството на претпријатието. Односот
помеѓу авторитетот, односно легитимното право да се делува на однесувањето од една
страна, и моќта, односно способноста да се направи тоа од друга страна, е многу сложен.
Истовремено, често е дискутабилно како треба да биде алоциран авторитетот, т.е. на
кое ниво да се дистрибуира правото на донесување одлуки за да се создадат услови за
ефикасно одлучување и успешно управување со претпријатието во целост. Со други
зборови, дали и колку треба да има децентрализација на авторитетот во претпријатието
(Радосављевиќ, 2005: 204).
Авторитетот во претпријатијата од аспект на хиерархиската поставеност, обично
се однесува на делегирање конкретни задачи заради извршување на целокупната
работа во претпријатието. Поконкретно, делегирањето овозможува создавање
претпоставки за ефективно и ефикасно исполнување на сите работни задачи неопходни
за извршување на целите на претпријатието (Daft, 2004: 301). Од друга страна,
делегирањето не е едноставен процес, туку се состои од неколку чекори: доделување
должности, давање овластувања и креирање одговорности (Лончаревиќ и др., 2007: 219).
Притоа, делегирање мора да биде добро организирано и ефикасно и да се спроведува
на начин за грешките да бидат минимални, бидејќи во спротивност може да се појават
бројни компликации.

6. КОНТРОЛА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА


Поимот контрола во претпријатијата често погрешно се разбира, така што
повеќето ги потсетува на власт. Меѓутоа, таквото гледање на контролата е во целост

200
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
погрешно. Имено, во претпријатието процесот на контрола е нешто сосем друго. Точно
е дека има мал дел каде на хиерархиски подредените им се посочува што треба да
работат. Сепак, многу повеќе се однесува на собирање податоци, односно
надгледување, мерење и известување за работните збиднувања, а сè со цел
остварување на претходно зацртаните цели.
Всушност, зборот контрола првобитно е користен во сметководството за да ја
претстави сметководствената пракса на проверка на исплатата. Токму тоа е она
вистинското значење кое денес го има терминот контрола кога се употребува во
економска смисла.
Контролата на деловната политика е механизам за откривање и коригирање на
одредени отстапувања во добиените резултати од деловната активност во
претпријатието. Притоа, намерата на контролата е позитивна бидејќи целта е да утврди
и обезбеди дали е направено тоа што било поставено. Оттука, контролата се однесува
на секојдневното функционирање на сите сегменти од работењето на претпријатието.
Тоа е повторлив процес на континуирано прилагодување на вистинските со
планираните ресурси. На тој начин, ова постојано прилагодување го снабдува
менаџментот со навремени информации за потенцијалните отстапувања кои се
случуваат во процесот на воспоставување деловна политика во претпријатието, па на
таков начин се создава основа за корективна акција.
Намерата на контролата е да се постави основа за акција, која им помага на
менаџерите да ги извршуваат деловните активности во претпријатието на
најпрофитабилен начин. Контролата се употребува за да се стандардизира
извршувањето со намера да се зголеми ефикасноста и да се намалат трошоците. Преку
претходно планирање и програмирање на активностите контролата се остварува со
инспекција, следење на движењата, постапките и времето на услугите или
производството. Една од основите задачи на контролата е да го заштити имотот на
претпријатието од погрешна употреба, загуба или крадење. Воедно, преку контролата
се настојува да се стандардизира квалитетот на производите и услугите со намера да
се излезе во пресрет на специфичните потреби на потрошувачите.
Накратко, функцијата на контролата во деловната политика е да се задржи
претпријатието на правиот пат, односно да ги проверува резултатите во однос на
поставените стандарди. Токму затоа, поголем број претпријатија воспоставуваат
системи за контрола чија улога е да посредуваат помеѓу плановите и резултатите. Со
други зборови, контролните системи даваат повратна врска помеѓу очекуваниот резултат
кој е наведен во првобитниот план на претпријатието и остварениот резултат.
Имајќи го предвид фактот дека постојат повеќе видови планови во процесот на
управување, постојат и повеќе видови контрола и контролни системи (финансиска
контрола, контрола на залихи, контрола на квалитетот итн.). Целта на секоја од овие
видови контроли е да овозможи на раководниот кадар да го измери резултатот во
споредба со стандардите дефинирани во деловниот план на претпријатието. Притоа,
крајната цел на секој контролен систем е да овозможи реализација на различните
планови и цели.
За да може контролата да биде ефикасна, потребно е менаџерите на различните
нивоа во претпријатието да се однесуваат во согласност со основните цели на
претпријатието, а во правец на нивно остварување. За тоа да се постигне, контролниот
систем мора да се прави заедно со деловната политика и планот на претпријатието. Така
на пример, кога станува збор за финансиска контрола, најнапред мора да се формира
реален и остварлив финансиски план, па тогаш да се дефинира добар контролен систем
кој ќе обезбеди навремено откривање на отстапувањата. Системот за контрола
предупредува кога резултатот отстапува од планот и активира низа корективни мерки во
разни делови на претпријатието. Таквиот пристап им овозможува на вработените да
преземат одредени чекори со цел да извршат корекција и да го исправат она што е
насочено во погрешен правец, односно во спротивност со деловната политика на
претпријатието.

201
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сепак, за успешна реализација на деловниот план на претпријатијата,
контролните системи обично се вградуваат во три основни фази (Шуклев, 1997), и тоа:
1) Утврдување стандарди,
2) Мерење и споредување на резултатот со стандардите и
3) Преземање корективни акции.
Контролните системи генерално се засноваат на принципот на повратна врска. Со
други зборови, со мерењето на она што навистина се остварило и со споредување на
направените со планираните резултати, се утврдува дали има отстапки, а потоа или се
спречува понатамошното отстапување или се продолжува по неговиот пат ако тоа е
дозволено. Така, контролата обезбедува акциите што се преземени за извршување да
се правилни. Од друга страна, пред да бидат поставани стандардите, целите мора да
бидат јасно формулирани, затоа што тие служат како сакани крајни резултати. И додека
стандардите се краен резултат на планирањето, истовремено се почетна точка на
процесот на контрола. Така стандардите служат како нишка која ги поврзува
планирањето и контролирањето.
Генерален заклучок е дека нема процес на контрола без стандарди. Стандардите
се специфичен вид на извршување или резултат кој е посакуван. Во процесот на
планирање се формулираат цели, политики и планови, по одделенија и деловни функции
во претпријатието, со намера истите да се остварат. Овие цели, политики и планови
стануваат стандарди за контрола. Оттука, стандардите се дефинираат како минимум
ниво на очекувани резултати од секој кој работи во системот. Притоа, стандардите
обезбедуваат основа со која извршувањето може да биде мерено.
Во основа, стандардите можат да бидат:
o Квантитативни стандарди, кои се однесуваат на физички единици како што се
трошоци, бројки и капитал;
o Квалитативни стандарди, кои се однесуваат на претпријатијата, односно
ставовите, моралот и односите помеѓу вработените, димензиите, составот и
бојата на услугата или производот (успехот на маркетингот, имиџот,
задоволството на клиентите итн.);
o Временски стандарди, кои се однесуваат на набљудување на времето потребно
да се комплетира проектот;
o Буџетски стандарди, кои се однесуваат на споредување на вистинските со
планираните трошоци.
Иако важноста на секој посебен вид стандард зависи од целите на
претпријатието, сепак, сите видови стандарди во поголем или помал степен се
употребуваат во секојдневното работење. Најчесто одделните видови стандарди се
применуваат во комбинација во рамки на претпријатието.
Контролата е значаен фактор за крајниот успех на работењето на претпријатието
зашто придонесува да се извлече максимум од технологијата, да ја контролира и да ја
направи предвидлива. Сепак, само еден фактор во претпријатието останува
најнепредвидлив за контрола, а тоа е човекот. Така, за врвниот менаџер во
претпријатието постојат четири реалности над кои тој нема контрола. Поконкретно,
1) Времето кое мора да го посвети менаџерот. Се чини дека секој директор
доколку сака да биде успешен мора да биде максимално посветен и доследен
на работењето на претпријатието. Преку него поминуваат сите задачи, дали за
одобрување, совет, евалуација или ресурс. Вистински одговорните менаџери со
потполна контрола над претпријатието, немаат слободно време;
2) Фокусираноста над областа на делување. Има чести случаи кога вработениот
напредувал во организациската хиерархија и ја променил областа на делување
и окружувањето. Во такви случаи ретки се менаџерите кои се освестуваат за
новата приоретизација над новиот субјект на контрола и се занимаваат почесто
со старите прашања наследени од старото раководно место. Дури и тие
раководители кои биле унапредени од едно одделение на ниво на раководители
над целото претпријатие, најмногу време и внимание посветуваат на тој сегмент

202
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
од структурата каде претходно работеле. Ова значи дека настаните се тие кои
некогаш ја имаат контролата над претпријатието, отколку обратно, па таквото
претпријатие се нарекува реактивно. Од друга страна пак, доколку
раководството ги има под контрола случувањата од интерното, но до извесна
мерка и од екстерно окружување, тогаш за претпријатието се вика дека е
проактивно;
3) Фактот дека раководителот е дел од интелектуалниот капитал на
претпријатијата. Да се каже дека раководителот е внатре, тоа значи да е
ефикасен само кога и ако другите ги користат нештата кои го чинат неговиот
придонес. Претпријатието е средство за помош со кое се мултиплицира силата
на поединецот. Тоа го зема неговото знаење и го користи како богатство, извор,
мотивација и визија на останатите соработници. Стручните лица задолжени за
раст и развој на претпријатието често се случува да не се ускладени меѓусебно.
Така, некој може да е заинтересиран за производни суровини, друг за
технолошки процеси итн. Оттука, раководителот не смее да ја елиминира
разноликоста на интелектуалниот капитал во рамките на претпријатието и треба
да е свесен за својата улога;
4) Фактот дека раководителот е физички, но и перцептивно внатре во
претпријатието. Потребни се голема перцептивна моќ, планирање, интелект и
пред сè знаење и искуство за да може раководителот успешно да го контролира
претпријатието или дел за кој е задолжен. Но, ретко кој раководител успева да
го надмине моментот перцептивно да се биде внатре во претпријатието. Сите
кои успеале да имаат целосна контрола врз работењето на претпријатието,
имале високи резултати.
Во зависност каде се спроведува, контролата во деловната политика на
претпријатието може да припаѓа во некоја од следните категории:
o Првата категорија е превентивната контрола која ги утврдува условите кои
придонесуваат да не може да дојде до отстапување од зацртаните норми. Овој
вид контрола постои и пред да се активира одреден процес или систем и навреме
ги блокира непожелните акции;
o Втората категорија е контролата во текот на работата која е ориентирана кон
иднината затоа што ги детектира и ги предвидува отстапувањата од стандардите
во различни точки на целиот процес. Корекции можат да се извршат доколку за
тоа има потреба. Така, при работењето контролата може да биде: а)
Дијагностичка контрола и б) Терапевтска контрола.
o Третата категорија е контрола по работа која се концентрира на крајните
резултати. Притоа, добиените податоци не се користат за корективна акција затоа
што проектот е веќе завршен. Кај овој вид контрола целта е да се спречат слични
грешки во иднина.
Контролата претставува неопходен дел во работењето на претпријатијата, но таа
може да биде многу скапа (временски и финансиски). Затоа одлуката за видот на
контролата или контролниот систем за одредена ситуација бара внимателно
разгледување пред нејзино спроведување. Најнапред треба да се види дали
инспекцијата, тестовите или проценката треба да се одвиваат непрекинато или по
принципот на потреба. Целта на секој систем на контрола е да даде позитивен придонес
за секое претпријатие. Ефективниот систем на контрола обезбедува ефикасност и
продуктивност во работењето на претпријатијата. Исто така, неправилниот и
неосмислен систем на контрола може негативно да се одрази врз реализацијата на
целите на претпријатието.
Функцијата на контролата во деловната политика е да го задржи претпријатието
на вистинскиот пат проверувајќи ги резултатите спрема поставените цели и стандарди.
Впрочем, надзорот на спроведувањето на деловните активности во претпријатието е тој
кој овозможува претпријатието да ги оствари своите цели. Влијанието на контролата

203
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
врз работењето на кадарот, како и врз претпријатието, често е многу суптилно. Со оглед
на тоа дека контролата тежи кон тоа да го ограничи и програмира однесувањето,
претпријатијата и вработените често можат да се вовлечат во шеми каде нама да се
чувствуваат удобно. Резултатот е слепо повторување на минатото и грешките со што
не навлегуваат во оправданоста на постоечкиот систем на контрола. Иако контролата е
погодна за утврдување на проблемите, таа не е претерано ефикасна за да може да ги
поврзе проблемите со потенцијалните причинители. Честопати се утврдува
очигледниот проблем додека се игнорираат другите фактори кои го предизвикуваат.
Генералниот заклучок е дека не е доволно само да се воведе систем на контрола, туку
потребно е контролата и да се надгледува, зашто само на тој начин системот на
контрола може правилно да функционира.

7. ПРЕТПРИЈАТИЕТО И ОКРУЖУВАЊЕТО
Претпријатијата според системскиот пристап, претставуваат целини составени
од меѓусебно зависни елементи во меѓусебно зависни интеракции, како и интеракции
на елементите со окружувањето. Тие користат инпути (ресурси) од поголемиот систем
(окружувањето), ги трансформираат со некои процеси и ги враќаат во окружувањето во
облик на трансформирани аутпути (производи, услуги). Опстанокот на претпријатието
зависи од способноста да се прилагоди на окружувањето.
Окружувањето се состои од елементи кои влијаат на делувањето на
претпријатието, кои менаџментот мора да ги почитува при донесувањето одлуки.
Окружувањето е слоевито и се состои од:
o Деловно (интерно) окружување - составено е од интерни и екстерни влијателни
групи и директно влијае на деловните активности на претпријатието;
o Макро (екстерно) окружување - се состои од политичко‐правни, економски,
социјални и технолошки фактори кои индиректно влијаат на деловните
активности, при што претпријатието има минимало влијание на нив.
Со цел да се стекне реална слика за состојбите, потребно е да се изврши
анализа на окружувањето. Менаџерите окружувањето треба да го согледаат преку
трите нивоа: општо, оперативно и интерно. Тие мора да разберат како секое од овие
три нивоа влијае врз резултатите на претпријатието и во согласност со тоа да
формулираат определени стратегии (Димитровски & Кожухаров, 2010: 159).
Окружувањето може да биде стабилно, ризично, неизвесно или турбулентно
(слика 9.1). Окружувањето во кое делува претпријатието е полно со неизвесности и
ризици, но исто така го прави претпријатието зависно од окружувањето. Неизвесноста
на окружувањето зависи од бројот на факторите, бројот на промените во нивните
карактеристики и непредвидливоста на тие промени. Претпријатијата се зависни од
окружувањето бидејќи управуваат со ресурси кои се ограничени во однос на потребите.
Со оглед дека ресурсите не се еднакво распоредени, а врската меѓу ресурсите и
процесот на нивната трансформација и меѓуповрзаност е сè покомплициран, нивните
врски се многу поцврсти. Окружувањето е извор на информации, извор на ресурси, како
и крајна потврда на успехот кој се реализира во функција на целите, при што се
вреднува значењето на производот и услугата.

204
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Слика 9.1. Окружувањето и неговата стабилност


Извор: Cingula et al.,(2003).
Постојат два пристапа на вреднување на односот на претпријатието и
окружувањето (Димитровски & Кожухаров, 2010: 160):
o Стратегии кои го ускладуваат претпријатието со окружувањето (реактивно
однесување) и
o Стратегии според развојот на окружувањето (проактивно однесување).
Економските, технолошките, социо-културните, демографските, политичко-
правните и глобалните сили во општата средина во која постои претпријатието може да
имаат силни влијанија врз средината на задачата на претпријатието. Влијанија што
можат и да не бидат очигледни за менаџерите. На пример, во текот на 1980-тите
напредокот на технологијата на микропроцесори ја зголеми моќта на компјутерите со
што веднаш се промени заинтересираноста на претпријатијата, така што трошоците за
производство на персоналните компјутери се намалија, а персоналните компјутери
станаа достапни за секој граѓанин. Mенаџерите мора постојано да го анализираат
окружувањето зашто тоа влијае врз деловните активности во претпријатието, како и при
донесувањето долгорочни одлуки.
Современиот свет е соочен со процесот на глобализација, па техничко-
технолошкиот прогрес се наметнува во секој деловен процес. Така, компјутеризацијата
и автоматизацијата се реалност што овозможува on-line продажба или „купување од
фотеља“. Е-бизнисите сè повеќе се наметнуваат и интегрирачките процеси ги
принудуваат претпријатијата да „живеат локално, но да размислуваат глобално“. Бројот
на електронските трансакции постојано се зголемува, а веб-страниците се полни со
пораки и можности брзо, лесно и навреме да се дојде до потребните информации.
Сите тие промени од окружувањето се рефлектираат во претпријатието и влијаат
врз работењето. Иако дел од промените се предвидливи и очекувани, постојат голем
број промени што се случуваат неочекувано, но содржат и скриени намери и нејасни
текови. Затоа претпријатијата при планирањето на идните активности, треба будно да
ги следат промените, да проникнуваат во нив, да ги демистифицираат и да ги
антиципираат или брзо да се прилагодуваат за да може да постигнат одржлив раст и
развој (Шуклев, 1997). За да се постигне, потребно е:
o Да се преземат активности за предвидување на идните настани;
o Да се идентификува дејството на предвидливите промени врз работењето на
претпријатието;
o Да се определи видот на активностите сo коишто ќе се влијае врз промените.

205
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Промените се незапирлив процес, затоа претпријатијата во нив можат да ја
гледаат својата шанса за брзо прилагодување и изнаоѓање патишта за раст и развој.
Но, тоа не е така со големите претпријатија кои веќе се позиционирани, имаат свои
пазари и изградено портфолио. За нив промените, исто така се предизвик, но тие мора
добро да ги испланираат начините и да изнајдат стратегии за прилагодување кон тие
промени. Tабелата 9.1. ги илустрира промените во размислувањата.
Табела 9.1. Промени во начинот на размислување

Стар начин на размислување Нов начин на размислување


Промените се еволутивни  Промените се револуционерни
Бавно развивање на промените во  Брзи промени во компетентноста
компетентноста
Иднината е предвидлива, само треба  Иднината не е комплетно
добро предвидување предвидлива, потребна е
флексибилност
Реактивност на промените во околината  Проактивно влијание на околината
Економски развој, заснован на  Економски развој, заснован на
производството услугите
Посебни национални економии  Интегрирана глобална економија
Промените се проблем  Промените се можност
Недоволно информирани купувачи  Подобро информирани купувачи
Фокус на претпријатијата на младата  Стареење на популацијата во
популација светот
Јасни разлики производ-услуга  Нејасни разлики меѓу производите-
услугите
Долгорочни конкурентски предности  Конкурентските предности брзо се
губат
Фокус на трансакциите  Фокус на врските и поврзаноста
Независни претпријатија  Мрежно поврзани претпријатија
Извор: Capon et al., (1988).

8. ФАКТОРИ НА ОКРУЖУВАЊЕТО
Врз деловните активности на претпријатијата влијаат бројни фактори.
Активностите кои ги преземаат претпријатијата треба секогаш да бидат пропратени со
анализи на окружувањето. На тој начин би се дефинирале факторите кои имаат
влијание врз успехот на одредена деловна активност.
Генерално, факторите се поделени во две групи. Оние кои влијаат однадвор врз
активноста на претпријатието и нејзиното работење, кои во менаџментот уште се
нарекуваат и екстерни фактори и факторите кои се производ на самата организациска
култура, наречени интерни фактори.
Окружувањето може да биде директно или индиректно. Директното деловно
окружување на претпријатието опфаќа фактори во тесна врска со работењето со други
претпријатија и способноста да ги задоволува потребите на окружувањето.
Деловното окружување на претпријатието го сочинуваат конкурентите, купувачите,
добавувачите, синдикатите, сопствениците, партнерите и др. Тоа опфаќа низа фактори
кои директно влијаат на активностите на претпријатието, но и на одлуките кои се носат
внатре во претпријатието. Тука спаѓаат и влијателните групи во претпријатието и
нивното однесување.
Влијателните фактори може да се поделат на интерни и екстерни. Притоа,
o Интерни (внатрешни) фактори се: вработените, сопствениците на акции,
надзорен или управен одбор и сл.;

206
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
o Екстерни (надворешни) фактори се: синдикати, конкуренти, банки, влада,
потрошувачи, добавувачи, купувачи, медиуми и други интересни групи. Така,
 Конкуренти се претпријатија кои меѓусебно се натпреваруваат за купувачи,
работна сила, технологија, капитал и сл. Следењето на конкуренцијата има
за цел да се утврдат предностите и слабостите на претпријатието, односно
можностите и ограничувањата;
 Купувачи се правни или физички лица кои разменуваат пари за производ или
услуга. Синџирот при овие трансакции е сложен, бидејќи во него се јавуваат
и купувачите и посредници. Мрежата на купувачи е многу сложена;
 Добавувачите се физички и правни лица кои го снабдуваат претпријатието
со ресурси и тоа физички, човечки, финансиски и информациски. Тие можат
значајно да влијаат на времетраењето на деловниот процес, врз квалитетот
на производот, количината на залихите и др.;
 Регулатори се владини агенции, различни интересни групи и сл.;
 Синдикатите ги штитат членовите од самоволието на работодавците, го
осигуруваат спроведувањето на колективните договори, се залагаат за
подобри работни услови итн. Нивното влијание се согледува преку учеството
во колективните преговори, акции од типот на штрајкови, пасивен отпор,
лобирање за интересите на членовите и сл.

8.1. ЕКСТЕРНИ ФАКТОРИ НА ОКРУЖУВАЊЕТО


Претпријатието е дел од определено окружување, па зависноста од околината е
повеќе од очигледна. Затоа, претпријатието мора да ги следи сите настани во
поблиската околина, односно случувањата во неговото окружување за да може брзо да
реагира на промените. Притоа, промените од окружувањето се нарекуваат екстерни
фактори што се рефлектираат врз вкупните движења и врз деловните активности на
претпријатието.
Така, претпријатијата мора да ги земат предвид следните фактори:
o Политичко-правните фактори,
o Економските фактори,
o Технолошките фактори
o Факторите што произлегуваат од општественото уредување на земјата и
o Глобални фактори.
Секоја развојна стратегија својот успех го гледа преку антиципирањето на овие
фактори при реализацијата на целите. Впрочем, со проучувањето на окружувањето се
согледуваат општите трендови и движења, се селектираат важните од помалку важните
текови, се врши длабинско снимање на релевантноста на определените трендови, се
анализира нивното дејство врз работењето на претпријатието, односно се планираат
идните насоки и очекувања од работењето.
Макроокружувањето на претпријатието влијае индиректно на усмерувањето на
елементите на деловното окружување, на дефинирање на климата во која
функционираат претпријатието и деловното окружување. Затоа, ова окружување се
смета за неконтролирано, односно за извор на неизвесност и кризи за претпријатието.
Сепак, претпријатијата не се беспомошни, дури и во случај на особено силно влијание
на ова окружување. Имено, одредени институции успеале да ги променат сфаќањата и
вредностите на целото, па така на пример, антиглобалистите имаат можност и да ги
наметнат, а не само да ги следат промените иницирани од макроокружувањето.

8.1.1. Политичко-правни фактори


Политиката претставува вештина на јавно влијание и контрола. Модерното
општество е компромис помеѓу различни поединци и групи, често со конфликтни
интереси и цели. Политичко-правните сили потекнуваат од развојот на политиката и
законите во едно општество и многу влијаат врз деловните активности во
претпријатието.

207
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Политичкиот систем настојува да создаде рамнотежа помеѓу конкурентските
интереси на општ прифатлив начин. Така, политички се уредуваат:
o Институционални рамки (пример: Закон за трговските друштва, Закон за
работните односи, Закон за ДДВ, Закон за банките итн.), со што се штитат
претпријатието и купувачите од нелојални деловни активности и некоректно
деловно однесување;
o Алокација на ресурси - при што државата реагира во случај на дискриминација
на работната сила, создавање монопол и кризни ситуации;
o Социјална сигурност - при што државата ги прераспределува добивките со
издвојување на придонес за финансирање на општествените потреби, на пр.,
здравствено и пензиско осигурување, образование и сл.
Политичките фактори се поврзуваат со општествениот систем. Во земјите со
стабилни општествено-политички системи овие фактори се занемаруваат, но тие имаат
силно влијание врз организирањето на деловните активности на претпријатието во
средини со нестабилни влади и можност за војни или политички судири. Според односот
на силите и интересите на политичките партии, односно нивното мнозинско или
малцинско партиципирање во власта, честопати се забележува соодветно влијание и
врз работењето на претпријатието (на пример, ако властите преферираат социјални
програми, тогаш претпријатијата од оваа сфера ќе имаат поголеми шанси за успех и
обратно).
Исто така, треба да се напомене дека политичките фактори имаат широк
дијапазон на дејствување, односно тие можат да влијаат врз работењето на
претпријатието и од соседните земји или региони (на пример, секоја војна во блиското
соседство се чувствува и во работењето на претпријатието). Оттука, при планирањето
на деловните активности на претпријатието мора да се земат предвид политичките
фактори во земјата, но и оние што се рефлектираат од другите земји врз националната
економија. Во тој контекст, при организирањето на деловните активности на
претпријатието поврзани со меѓународниот пазар, треба да се земат предвид:
политичките ризици, изворите на овие ризици и нивните ефекти врз меѓународното
деловно работење.
Извори на политичките ризици можат да бидат: различните политички
филозофии, потоа разни социјални немири, борбата за предност на одделни локални
бизнис групи, различните воени конфликти или новите меѓународни сојузи. Групите
преку кои може да се генерираат овие политички ризици, обично се: владите и нејзините
агенции, парламентарната опозиција, вонпарламентарните опозициски групации или
одделни сегменти од населението со слични или блиски интереси (како, на пример,
студенти, отпуштени работници од работа, невработени лица итн.).
Влијанието или ефектите на политичките ризици врз меѓународното деловно
работење се проектира како, на пример преку: конфискација, експропријација,
оперативни рестрикции, губење на правото на трансфер на средствата, кршење на
меѓународните договори, дискриминацијата во поглед на даноците или нанесување
определени штети врз претпријатието при различни конфликтни состојби. Оттука може
да се заклучи дека најнапред треба да се утврдат причините за појава на политичкиот
ризик, да се испитаат каналите што можат да ја доближат кризната ситуација и конечно
да се дијагностицира влијанието на политичкиот ризик врз деловната клима во
претпријатието.
Политичките фактори најчесто се поврзуваат со правната рамка, односно со
нормативите и легислативата на определена земја. Имено, владите имаат двојна улога.
Тие се креатори на правните решенија, а истовремено и промотори на состојбите во
земјата.
Регулативата на секоја земја е правната рамка во која претпријатието треба да
се движи почитувајќи ги законите и имплементирајќи ги во своето деловно настапување
на пазарот. Од друга страна, пак, промотивната улога владите ја придобиваат преку
носењето стратегиски одлуки за изградба на инфраструктурата на земјата,

208
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
обезбедувањето брза комуникација и сл. Во тој контекст би требало да се напомене
дека при планирањето на деловните активности на претпријатието мора да се
респектираат можностите за нарушување на политичките состојби, како и добро да се
познава законската регулатива на земјата, но и онаа што ги регулира односите меѓу
партнерите на странските пазари.

8.1.2 Економски фактори


Економските фактори влијаат врз општото здравје и благосостојба на една
нација или регионална економија и претпријатието. Тие се каматните стапки,
инфлацијата, невработеноста и економскиот пораст. Економските сили создаваат многу
можности и опасности за менаџерите.
Ниските нивоа на невработеност и ниските каматни стапки значат промена во
основата на потрошувачите. Имено, повеќе луѓе имаат повеќе пари за трошење, а како
резултат на тоа претпријатијата имаат можност да продаваат повеќе стоки и услуги.
Добрите економски периоди влијаат врз снабдувањето. Ресурсите полесно се добиваат,
а претпријатијата имаат можност да напредуваат. За разлика од ова, влошените
економски улови претставуваат опасност затоа што ја ограничуваат способноста на
менаџерите да овозможат пристап кон ресурсите за потребите на своето претпријатие.
Претпријатијата што се ориентирани кон профит, како што се продавниците за
малопродажба и хотелите, имаат помалку потрошувачи за своите стоки и услуги за
време на економските кризи. Непрофитните организации, како хуманитарните
организации и колеџите добиваат помалку донации во време на економските кризи.
Дури и умерено влошување на националните и регионалните економски услови можат
сериозно да влијаат врз работата на претпријатието.
Три аспекти на економското окружување се особено важни:
o Макроекономската стабилност, која ги поттикнува деловните активности на
претпријатието;
o Глобалозација, која ги руши бариерите помеѓу економијата, поврзување со
производството, барање на извозни пазари, истражувања, логистика и сл.;
o Трошоците на капитал, физички, човечки и информациски инпути и
рационалност на нивното користење.
Слабите економски услови ја прават средината посложена, а работата на
менаџерите потешка и понапорна. Успешните менаџери ги разбираат значајните
влијанија што ги имаат економските сили врз претпријатијата и будно ги следат
промените во националната и регионалната економија со цел соодветно да реагираат
(Шуклев, 1997).
Економските фактори што дејствуваат врз работењето на претпријатието, па во
тој контекст и врз процесот на организирањето, најчесто, се поврзуваат со
информациите за: БНП (бруто националниот производ); стапката на инфлација;
каматните стапки; даночната политика; инвестициите; стапката на невработеност;
макроекономските движења во областа на финансиите воопшто итн. Информациите
поврзани со економските текови на земјата се важна подлога за добро работење на
претпријатијата.
Следејќи го дејството на овие фактори врз деловните активности на
претпријатието, се упатува на потребата да се обрне поголемо внимание на:
o Продуктивноста на работната сила;
o Продуктивноста на производството на основните производи;
o Економијата на индустриското производство;
o Односите меѓу понудата и побарувачката;
o Прераснувањето на претпријатието во мултинационално претпријатие;
o Улогата на владата, како потрошувач на стоки и услуги;
o Вкупната економска моќ и зголемената конкуренција.

209
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Притоа, многу е важно правилно да се интерпретира дејството на економските
фактори врз работењето на претпријатието, односно да се определи колку тоа е имуно
на влијанието на овие фактори.

8.1.3 Општествени фактори


Општествените фактори, обично, се поврзуваат со социјалните состојби во
окружувањето. Бизнисите што технолошки се ориентирани, при реализирањето на
деловните активности на претпријатието се осврнуваат на контролата врз загадувањето
на околината, заштитата од надворешните климатски влијанија и слично, додека оние
што се поврзани со производство на производи за лична потрошувачка, главно, се
свртени кон пазарот и неговите промени.
Општествените фактори потекнуваат и од менувањето на структурата на
вработените или невработените, потоа сè поголемата застапеност на женската работна
сила во определени бизниси, итн. Социокултурните фактори кои влијаат врз
работењето во претпријатието често се поврзуваат со: промените во начинот на
живеење, редизајнирањето на односите меѓу младото и возрасното население,
промените во личните ставови кон научните достигнувања итн.
Претпријатијата кои изработуваат насоки за организирање на деловните
активности мора да ги земат предвид социокултурните фактори, зашто тие директно се
одразуваат врз работењето. Честопати дури и културните разлики можат да бидат
мотивирачки фактор за успех на организираните деловните активности. Притисоци што
произлегуваат од социјалната структура на земјата или општеството или од
националната култура, можат да го попречат или олеснат начинот на кој функционираат
претпријатијата и се однесуваат менаџерите.
Во суштина, социјалната структура претставува збир на односи меѓу лица и групи
во општеството. Општествата многу се разликуваат по својата социјална структура. Во
општествата со висок степен на социјална стратификација (слоевитост), постојат многу
разлики меѓу индивидуалците и групите. Така на пример, системот на касти во Индија и
Тибет и многуте социјални класи во Велика Британија и Франција, создаваат
многуслојна социјална структура во овие земји. Социјалната стратификација е пониска
во релативно егалитарните земји како Нов Зеланд и САД, каде социјалната структура
открива малку разлики меѓу луѓето. Најголем број врвни менаџери во Франција
потекнуваат од погорните класи на француското општество, а врвните менаџери во САД
доаѓаат од сите слоеви на американското општество. Општествата исто така се
разликуваат според степенот на што се потенцира значењето на индивидуата врз
групата. На пример, во САД се потенцира приматот на индивидуалното, а во Јапонија
приматот на групата.
Национална култура е збир вредности што општеството смета дека се важни и
претставуваат норми на однесување што се одобруваат или санкционираат.
Општествата многу се разликуваат по вредностите и нормите што ги потенцираат. На
пример, во САД високо се вреднува индивидуализмот, а во Кореа и Јапонија се очекува
индивидуалците да се потчинат на очекувањата на групата.
Не само што социјалната структура и националната култура се разликуваат во
различни општества туку се менуваат во самото општество со текот на времето. Во 60-
тите и 70-тите години од 20 век во САД се појавија промени во ставовите за улогите на
жената, љубовта и бракот. Многу луѓе во азиските земји, како Хонг Конг, Сингапур,
Кореа и Јапонија, сметаат дека помладата генерација е далеку поиндивидуалистичка и
„поамериканизирана“ отколку претходните генерации. Слично на ова, низ цела Источна
Европа новите вредности што го потенцираат индивидуализмот и претприемништвото
ги заменуваат комунистичките вредности засновани врз колективизам и потчинетост на
државата.
Менаџерите и претпријатијата во целина, мораат да бидат подготвени да
реагираат на промените и разликите во социјалните структури и националните култури
на сите земји во кои работат. Во денешнава сè поинтегрирана глобална економија,

210
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
менаџерите имаат можност да работат со луѓе од повеќе земји, а многу од нив живеат
и работат во странство. Ефективните менаџери се чувствителни на разликите меѓу
општествата и своето однесување го прилагодуваат според нив. Претпријатијата исто
така мораат да реагираат на социјалните промени во општеството. На пример, во текот
на 70-тите и 80-тите Американците станаа многу свесни за личното здравје. Така,
менаџерите што овој тренд го сфатија на време и ги искористија можностите од него,
многу заработија со прилагодување на своите претпријатија.

8.1.4 Технолошки фактори


Технологијата претставува комбинација на вештини и опрема која ја користат
менаџерите во дизајнирањето, организирањето и имплементација на деловните
активности. Технолошките сили кои се резултат од промените во технологијата особено
се зголемија по Втората светска војна затоа што стапката на технолошки промени многу
забрзано расте. Тие може да имаат многу големи влијанија врз работењето на
претпријатијата.
Технолошките промени можат да направат многу брзо некои производи да
застарат (на пример: видеоленти, флопи дискети, видеорикордери, телевизори во црно-
бела техника итн.). Тоа ги принудува менаџерите да пронаоѓаат нови производи. Иако
технолошките промени можат да претставуваат опасност за претпријатието, тие можат
да понудат нови можности за дизајнирање, производство и дистрибуција на нови и
подобри видови производи и услуги.
Појавата на моќните микропроцесори предизвика револуција во
информативната технологија и ја зголемија побарувачката за персонални компјутери,
што резултира со одлуки за брзо прилагодување на деловните активности на
претпријатието. Промените во информативната технологија исто така ја менуваат и
природата на работата во претпријатието, а со тоа и работата на менаџерите.
Генерално, постојат пет области или подрачја на технолошкиот напредок (Doyle,
2002: 138):
(1) Енергија,
(2) Материјали (суровини),
(3) Транспорт,
(4) Комуникации и информации и
(5) Генетика.
Секој технолошки процес се одвива низ три фази, и тоа:
1. Инвенција (создавање нов производ или промовирање нова услуга),
2. Иновација (позиционирање на производот на пазарот) и
3. Дифузија (ширење на продажниот простор на производот/услугата).
Технолошките инвенции и иновации го менуваат окружувањето на
претпријатието, а тоа мора брзо да дејствува преку промена на целите, насоките и
организирањето. Со технолошките промени се намалува времето за комерцијализација
на производите, а тоа доведува и до брзо застарување, односно менување на видот на
производите/услугите.
Во таа смисла, претпријатијата треба да бидат подготвени и да реагираат брзо
при појавата на новите технологии и производи на пазарот. Ефектите од новите
технолошки решенија најчесто се движат во позитивна насока. Но, тоа придонесува и
за промени во организирањето, па честопати се јавува отпор кон брзото менување на
планираните активности. Меѓутоа, некои технолошки решенија им овозможуваат на
менаџерите полесно да го детектираат сегментирањето на пазарот (на пример,
дигиталното работење овозможува со само еден клик да се дојде до податоци за
потрошувачите на определен вид производ, односно да се осознае структурата на
купувачите и сл.). На таков начин, претпријатието лесно комуницира со
идентификуваните потрошувачи, користејќи ги технолошките достигнувања што ги нуди
интернетот, електронската пошта, телефонијата и онлајн продажбата.

211
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
8.1.5 Глобални фактори
Глобалните сили се резултати на промените во меѓународните односи,
промените во економскиот, политичкиот и административниот систем на земјата, и
промените во технологијата. Веројатно најважна глобална сила која влијае врз
менаџерите и претпријатијата е сè поголемата економска интеграција на земјите од
целиот свет. Спогодбите за слободна трговија како Општата спогодба за тарифи и
трговија (GATT), Спогодбата за слободна трговија на Северна Америка (NAFTA) и
растот на Европската унија (EU), доведуваат до намалување на бариерите кон
слободно движење на стоки и услуги меѓу државите.
Падот на трговските бариери создава огромни можности за претпријатијата да
продаваат стоки и услуги во други земји. Но, со дозволувањето на странските
претпријатија да им конкурираат на домашните потрошувачи, падот на трговските
бариери исто така претставува сериозна опасност затоа што доведува до зголемување
на конкуренцијата.

8.2. ИНТЕРНИ ФАКТОРИ НА ОКРУЖУВАЊЕТО


Покрај влијанието на екстерните фактори, врз деловното работење на
претпријатието делуваат и низа интерни фактори. Како интерни фактори се
издвојуваат, главно (Bartol & Martyn, 1998: 209):
o Корпоративната јавност,
o Системот на вредности на менаџерите,
o Ресурсите со кои располага претпријатието и
o Развиеноста на функцијата на стратегиско планирање.
Под поимот корпоративна јавност се опфаќаат: вработените во претпријатието,
сопствениците на фирмите, купувачите, снабдувачите, банкарската логистика, Владата,
заедницата и општеството, како целина. Успешното работење на претпријатието за
сите нив е приоритетна цел.
Идеите, желбите, барањата, идеалите и мотивите на менаџерите го чинат
системот на вредности што има своевидна рефлексија врз организирањето на
деловните активности на претпријатието. Имено, креативните менаџери секогаш се
поподготвени за прифаќање на современите идејни решенија, а со тоа се влијае врз
зголемување на профитабилноста, што ја чувствуваат и останатите вработени.
Интерен фактор се и ресурсите со кои располага претпријатието. Но, под овој поим се
подразбираат вкупните ресурси на претпријатието (како финансиските, така и
физичките, односно човечките). Секое организирање на деловните активности на
претпријатието има потреба од финансиски средства, соодветен кадровски потенцијал
и адекватна опременост за успешно функционирање на претпријатието.
Развиената и добро организирана деловна функција влијае врз деловните
активности на претпријатието со тоа што го постигнува квалитетот при имплементација
на активностите. Но, честопати, во голем број претпријатија на оваа функција се гледа
како на споредна и се маргинализира нејзиното значење, што доведува до
дестимулативен однос кон реализација на активностите.
Во практиката, се среќаваат и други интерни фактори што влијаат врз
работењето на претпријатието (Bartol & Martyn, 1998: 209):
1. Организациски фактори кои се карактеризираат со поврзување со системот
на наградување во претпријатието, ad hok дејствување на кризните ситуации,
без подготовка на план за организирање на понатамошните акции, „културна
заглавеност“ или фаворизирање на „искусните“ за сметка на креативните
кадри, отпор кон „непотребното“ трошење средства и време за организирање;
2. Индивидуални фактори кои се карактеризираат со неработливост, тромост,
незаинтересираност и летаргичен однос кон организирањето, неприфаќање
на промените, страв од неуспех, користење искуства (колку се поискусни,

212
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
менаџерите го запоставуваат организирањето и се потпираат единствено на
искуството);
3. Недостиг на искуство за организирање, при што во ваков случај или се
избегнува изработката на деловен план, или се работи лош план, а
негативните резултати се дестимулативни и ги одвраќаат менаџерите од
повторното планирање на деловните активности на претпријатието.
Многу автори се занимавале со испитување на најважните интерни фактори што
влијаат врз деловните активности на претпријатието, а меѓу нив се издвојуваат
следниве (Петреска & Нефовски, 2010: 75):
 Организациска артериосклероза. Самиот термин упатува на стареењето на
организациската поставеност на претпријатието, односно неговиот
конзервативен и бирократски однос кон промените. Присутноста на
конзервативизмот ја карактеризира средината со отпор кон промените. Од
таквиот однос произлегува безиницијативноста и свртување на фокусот кон
формалните процедури и контролата, а се запоставуваат ефикасноста и
ефективноста на работењето. Овие претпријатија имаат игнорантски однос
кон новините и се убедени дека промените нема да влијаат врз нивното
работење;
 Отпор кон прифаќањето и примената на нови технологии, односно кон
воведувањето нови производи. Во претпријатието може да постои мислење
дека треба да се организираат активностите, но да отсуствува креативност за
тоа.
Низа истражувања на интерните фактори што влијаат врз деловното работење
на претпријатието покажуваат постоење на подолга листа. Во табелата 9.2. се
прикажани најважните десет, а произлегува дека човекот е централната фигура на
интерните фактори.
Табела 9.2. Десет интерни фактори кои треба да се подобрат
Ранг Фактор
1 Постоење мислење кај врвниот менаџмент дека планирањето може да се
делегира, без да се вклучат во реализирањето
2 Врвниот менаџмент и менаџментот на пониските нивоа е толку преокупиран
со тековните проблеми што нема доволно време за планирање
3 Неправилно дефинирани цели (најчесто поставување премногу општи или
нереални цели)
4 Невклучување на вработените (менаџерите од пониските нивоа) во
планирањето
5 Некористење на планирањето како стандард за мерење на успехот на
работењето
6 Непостоење клима во претпријатието што ќе го поттикне извршувањето на
планирањето
7 Претпоставка дека планирањето е нешто што се одвива надвор од процесот
на управување
8 Присуство на преголема формалност во системот
9 Непостоење практика за заедничка оценка на планирањето од врвниот
менаџер и менаџерите на одделните функции во претпријатието
10 Постојано одбивање на менаџерите да го прифатат планирањето и одлуките
да ги засноваат на него, наместо да ги носат интуитивно
Извор: Петреска & Нефовски. (2010: 75).

213
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
9. УПРАВУВАЊЕ СО ОКРУЖУВАЊЕТО
Претпријатијата секојдневно се соочуваат со разни промени кои се случуваат во
окружувањето и тоа од рзлична природа. Успешноста во справувањето со тие ситуации
го прави претпријатието појако, попрофитабилно и постабилно на пазарот. Треба да се
има предвид дека со помош на управувањето, претпријатието може да ги намали
негативните ефекти од можните ризици, но и да ги валоризира сите успешни деловни
активности.
Окружувањето е концептуален поим различен за секое претпријатие. Со текот на
времето се менува содржината и границата, како и карактерот на влијанието на
поединечните фактори. Односот со окружувањето е полесно предвидлив за пократки
временски периоди, а клучна улога во обликувањето на односот со окружувањето имаат
врвните менаџери. Техниките на управување со микроделовното окружување се
состојат од: обликување имиџ и јавно мислење (медиуми), лобирање кај Владата,
преговарање со синдикатите, потрошувачите и купувачите. Техниките на управување со
макроделовно окружување опфаќаат: мониторинг, рани сигнали, прогнози, сценарио
техника и др. Целта на сите овие техники е:
o Идентификација на бројот и редоследот на активностите, нивното траење,
потребното време и останатите ресурси за исполнување на одредени цели;
o Помошно средство на планирањето, координацијата и контролата на
извршување на конкретни задачи.

СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР


ПРИМЕР 1

ОКРУЖУВАЊЕТО НА СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА


(Преземено од Деловна политика, Развоен и финансиски план на Стопанска банка АД
Битола за период 2015-2019 година)
Макроекономско окружување
 Глобалната економска и финансиска криза е клучниот фактор од надворешна
природа, којшто, како и во изминатиов период, се очекува да има најголемо
влијание врз поставеноста на активностите во Народната банка и во наредниот
тригодишен период. Имено, и покрај постепеното стабилизирање на економиите
и намалувањето на „стресот“ на финансиските пазари по преземените фискални
и монетарни мерки, сè уште има ризици во глобалното окружување.
 Економското закрепнување во глобални рамки останува неизвесно, со оглед на
ранливоста на финансискиот сектор и на јавните финансии, како и процесот на
финансиско раздолжување (deleveraging) во поголем број европски земји.
Домашниот економски амбиент се очекува да остане релативно стабилен без
поголеми економски нерамнотежи, но сепак со присутни ризици, во голема мерка
условени од трендовите во надворешното окружување.
 Последното искуство со „глобалната рецесија“ ги трасира и идните чекори,
коишто ќе значат применување на „поуките“ од последната криза во системот на
анализи, во техничката инфраструктура на моделирање и проектирање и во
самиот процес на одлучување. Финансиската и економската криза во развиените
економии и должничката криза во еврозоната, значително го промени амбиентот
за спроведување на монетарната политика. Во овие услови, примарниот фокус
на централните банки во светот беше на финансиската стабилност и
поттикнување на економскиот раст. Обезбедувањето на ликвидност за
економијата и зајакнувањето на 5 регулаторните и супервизорски стандарди го
означија кризниот и посткризниот период.

214
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Во услови на ограничено влијание на традиционалниот канал на пренос на
сигналите на монетарната политика и ниско ниво на каматни стапки (близу до
нулата) централните банки на развиените држави применуваа и сè уште
применуваат обемни нестандардни квантитативни мерки, додека централните
банки на земјите во развој се потпираа на конвенционалните инструменти при
релаксирањето на монетарната политика, но во последниот период преминаа и
кон примена на неконвенционални таргетирани мерки за поттик на кредитниот
раст. Во овој контекст, доколку не постојат ризици за исполнување на
примарната цел, ниска и стабилна стапка на инфлација и за секундарната цел
стабилен финансиски систем, монетарната политика којашто ја спроведува
НБРМ ќе биде насочена кон натамошно поттикнување на кредитната поддршка
на економските субјекти. Така, покрај редовните инструменти, не се исклучени
можностите за проширување на нестандардните мерки на монетарната
политика. Сепак, високиот степен на нестабилност на меѓународните
финансиски пазари, неизвесноста околу идните приливи на странски капитал во
домашната економија и нискиот праг на толеранција на ризик од страна на
банките, при структурен вишок на ликвидност во системот, ќе го определат
однесувањето на монетарната политика во идниот период.
Идни проекции на Стопанска банка АД Битола
 Согласно декемвриските проекции на Европската централна банка (ЕЦБ), во
следниот среднорочен период не се очекуваат позначајни промени во
глобалното економско окружување, односно фазата на скромен економски раст
на еврозоната ќе продолжи и во следните неколку години. Согледувањата за
бавно опоравување на еврозоната се манифестираа преку надолна корекција на
проекциите за растот на реалниот бруто домашен производ (БДП), споредено со
претходните проекции.
 Во тој контекст, очекувањата се дека БДП на еврозоната ќе порасне за 1% во
2015 година и 1,5% во 2016 година. Воедно, се предвидува нерамномерен
придонес на развиените економии и земјите во развој кон прогнозираниот раст.
Имено, зајакнатата регулатива на финансиските пазари и иницијативите за
реформациски процеси ќе делуваат во корист на развиените економии, за сметка
на земјите во развој за кои мала би била веројатноста да ги остварат стапките
на раст својствени за преткризниот период. Дополнително, прогнозите за
намалување на цената на нафтата на светските берзи упатуваат на помали
притисоци врз инфлацијата во еврозоната, што делумно би се компензирало со
понискиот курс на еврото во однос на америчкиот долар и повисока увезена
инфлација. Сепак, се очекува да продолжи периодот на ниски просечни годишни
стапки на инфлација од 0,7% во 2015 година и 1,3% во 2016 година. Во вакви
економски услови, сè поизвесно е дека ЕЦБ ќе продолжи да интервенира со
дополнителни неконвенционални мерки во насока на заживување на
економската активност.
 Што се однесува на домашната економија, проекциите на Народна банка на
Република Македонија (НБРМ) упатуваат на послабо закрепнување на
странската побарувачка главно како резултат на послабите економски изгледи
во рамки на еврозоната како еден од позначајните трговски партнери на
Република Македонија. Во тој контекст, се очекува домашната побарувачка да
биде главен носител на проектираниот умерен годишен раст на бруто
домашниот производ (БДП). Согласно остварувањата, во текот на 2014 година и
кварталните проекции на НБРМ, се очекува годишна стапка на раст на БДП од
околу 4% во следните неколку години. Стапката на инфлација на крајот на 2015
година се очекува да изнесува 1%. Најголем придонес кон ваквото остварување
се предвидува да има енергетската компонента на инфлацијата следствено на
прогнозите за понатамошно намалување на светските цени на нафтата.

215
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Надолниот ефект на цените на нафтата врз стапката на инфлација делумно би
се компензирал со очекувањата за повисоки цени на храната како резултат на
неодамнешните поплави во регионот и во државата што најмногу ќе се одрази
врз понудата на житни култури.
 И покрај ваквите претпоставки, треба да се има предвид неизвесноста околу
идното движење на цената на нафтата и можноста за нагли промени кај оваа
категорија. Во однос на монетарната политика, очекувањата се дека НБРМ ќе
продолжи со одржување на ценовната стабилност преку спроведување на
избраната монетарна стратегија на таргетирање на девизниот курс на денарот
во однос на еврото. Доколку не постојат ризици за исполнување на примарната
цел на НБРМ - ниска и стабилна инфлација и за секундарната цел - стабилен
финансиски систем, монетарната политика што ќе ја спроведува НБРМ би била
насочена кон поттикнување на кредитната поддршка на економските субјекти.
Согласно остварувањата во текот на 2014 година, проценките се дека кредитната
активност би растела за 9-10% на годишна основа. Следствено на намалувањето
на основната каматна стапка на ЕЦБ во текот на 2014 година, очекувањата за
продолжување на стимулативната монетарна политика на ЕЦБ како и
проекциите на НБРМ за намалување на ЕУРИБОР до историски најниско ниво
од 0,04% во 2015 година, очекуваме понатамошно намалување на основата
каматна стапка на НБРМ со соодветни реперкусии врз останатите каматни
стапки во домашната економија.
 Во однос на надворешно-трговската размена, очекувањата се во насока на
проширување на дефицитот на тековната сметка главно како резултат на
зголемен увоз на суровини и намалени приватни трансфери. Очекуваните
капитални приливи по основ на странски инвестиции и задолжувања на
приватниот сектор и државата, се предвидува да бидат доволни за раст на
девизните резерви и нивно одржување во рамки на сигурна зона, укажувајќи на
доволен капацитет за справување со евентуални, непредвидени шокови.
Остварувањето на овие макроекономски проекции е неизвесно што е очекувано
за еден посткризен период и ќе зависи не само од закрепнувањето на домашната
економија туку и од состојбата на економиите на главните трговски партнери на
Република Македонија.

ПРИМЕР 2
ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА И РАЗВОЕН ПЛАН НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, 2016 -
2018 година
Сектор за деловна политика
o Со деловната политика и развојниот план на Капитал банка Скопје се утврдуваат
мерките и активностите за остварување на финансиските цели на Банката за
периодот од 2016-2018 година. Банката ја предлага оваа деловна политика и
развоен пла кој е динамичен, со постојано зголемување на перформансите на
Банката, како во билансот на состојба, така и во билансот на успех, во исто време
не е експанзивна и во истата се конзумираат и амортизираат турболентните
настани, како во земјата така и во регионот. Капитал банка постои на
македонскиот финансиски пазар веќе 20 години како прва банка со странски
капитал во банкарскиот сектор, поставувајќи ја основата за трансформација на
банкарската индустрија во Македонија.
o Од 2007 година Капитал банка стана дел од Алфа Финанс Холдинг, една од
водечките бугарски индустриски и финански групации, со четири главни бизнис
сегменти: индустриски минерали, финансиски услуги, недвижности и обновлива

216
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
енергија. Холдингот е активно вклучен во проекти во Бугарија и Југоисточна
Европа: Албанија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Украина.
o Позицијата на Капитал банка на пазарот е помеѓу останатите мали банки, со
фокус на сегментот на МСП и население. При изготвувањето на овој документ
се имаа предвид остварените движења и резултати на Банката во 2015 година,
како и остварените движења и трендови во реалниот сектор, кои би имале
влијание на работењето на Банката. Исто така, се анализираше можното
влијание на работењето на Банката од други надворешни и внатрешни фактори.
Амбиентот за остварување на проекциите се очекува да биде постабилен во
споредба со претходната година иако ризиците и неизвесноста и натаму се
присутни.
Основни цели и задачи на деловната политика
Вниманието ќе биде насочено кон остварување на следниве цели и задачи:
o Одржување на вредноста на капиталот на Банката и негово зголемување и
остварување на соодветна адекватност на капиталот;
o Зголемување на кредитното портфолио и подобрување на неговиот квалитет;
o Задржување на постојните и освојување на нови депоненти со зголемување
на пазарното учество во вкупните банкарски депозити, односно одржување
на стабилна депозитна база и стабилно и диверзифицирано депозитно јадро;
o Развивање на асортиманот на нови профитабилни производи и воведување
нови производи и услуги во согласност со растечките барања на клиентите;
o Зголемување и зајакнување на пазарното учеството на Банката на
банкарскиот пазар во клучните сегмени на Македонија;
o Натамошен динамичен раст на активата на Банката;
o Обезбедување на адекватна структура на пасивата која би кореспондирала
со постоечката и планираната актива на Банката;
o Обезбедување на адекватна структура на пласмани каде би доминирале
пласмани кај мали и средни претпријатија и население;
o Ефикасно управување со сите видови ризици кои се јавуваат во банкарското
работење;
o Пласмани кај извозно ориентирани мали и средни претпријатија;
o Ефикасно управување со Активата/Пасивата;
o Имплементирање на новата организациона поставеност, континуирано
продлабочување, усовршување и оптимизација на организацијата на
работењето;
o Менаџмент на човечки ресурси што ќе обезбедуваат повисок квалитет на
услуги;
o Унапредување и усогласување на организационата поставеност и
воспоставување на систем за квалитет;
o Усовршување на информативната технологија и имплементација на нови
решенија кои ќе обезбедуваат брзо и квалитетно услужување на
комитентите;
o Успешно и навремено усогласување со законската регулатива за финансиско
работење како дел од реформите во банкарскиот систем на Македонија;
o Навремено и успешно усогласување и спроведување на законската
регулатива, како и преземање на постојани активности поврзани со борбата
против перењето на пари.
Реализирањето на целите и задачите на деловната политика на Банката зависи
пред сè од идните активности на акционерите и менаџментот, но и од реализацијата на
макроекономската политика на државата во 2015 година, целите на монетарната
политика на НБРМ за 2015 година и другите законски прописи кои би имале одраз врз
работењето на Банката. Заради последиците од економската криза, која не ги одмина и

217
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
клиентите на Банката, за следниот период се поставуваат и следните цели и задачи за
надминување на новонастанатите услови:
 Подобрување на финансиската стабилност на Банката;
 Подобрување на квалитетот на кредитното портфолио на Банката;
 Зголемување на каматоносната актива;
 Дисперзија на кредитниот ризик;
 Разрешување на ненаплатените побарувања со понуда на конкретни решенија
за одделни клиенти;
 Во краен случај преземање мерки за присилна наплата.

Мерки и активности за оставрување на целите и задачите на деловната


политика на банката
o За успешна рализација на целите и задачите на Деловната политика на Банката
ќе се преземаат конкретни мерки и активности во одредени сегменти од
работењето на Банката. Деловната политика на Банката за 2016-2018 година ќе
се темели на методологијата која обезбедува усогласеност на средствата во
активата и изворите на средства во пасивата на Банката со крајна цел
елиминирање секаков вид ризик кој може да настане заради евентуална
нерамнотежа меѓу тие две големини. Исто така, ќе обезбедува урамнотеженост
на Билансот како по обем и динамика, така и по валутна и рочна структура на
средствата.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА
1. Што претставува деловната политика за претпријатието? Објаснете ги различните
концепти на дефинирање на деловната политика.
2. Кои се карактеристиките на деловната политика? Објаснете ги негативните
последици од погрешна имплементација на деловната политика во
претпријатието. Кои се видовите деловна политика?
3. Појаснете дел од најважните подрачјата во кои се применува деловна политика.
4. Кои се општо прифатени принципи кои треба да се почитуваат во претпријатието
за успешно креирање деловна политика? Кои практики треба да се имаат предвид
при формулирањето деловна политика? Какво е влијанието на менаџерот врз
вработените при спроведувањето деловна политика? Набројте и појаснете кои се
основните фактори за успешно спроведување на деловната политика во
претпријатието.
5. Каква е важноста на контролата на резултатите на деловната политика за
претпријатието? Што претставуваат контролните системи? Набројте и појаснете
дел од поважните видови контрола во работењето на претпријатието.
6. Објаснете што претставува окружувањето за претпријатието. Кои се трите нивоа
преку кои менаџерите треба да го согледаат окружувањето? Кои се пристапите
за вреднување на односот на претпријатието и окружувањето? Што треба да
направи претпријатието за да може да постигне одржлив раст и развој?
Појаснете кои се промените во начинот на размислување на современите
претпријатија, односно која е разликата помеѓу стариот и новиот начин на
размислување.
7. Објаснете ги влијателните фактори на окружувањето. Набројте и појаснете ги
екстерните фактори. Кои се политичките фактори кои влијаат на работењето на
претпријатието? Појаснете што претставуваат правно политичките фактори за
претпријатието?
8. Што претставуваат економските фактори за претпријатието? Кои аспекти на
економското окружување се важни за претпријатието? Појаснете на што треба
да се обрне внимание при следењето на економските фактори.

218
IX ГЛАВА
Деловна политика на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
9. Што претставуваат факторите што произлегуваат од општественото уредување
на земјата за претпријатието? Со што се поврзуваат социокултурните фактори
кои влијаат врз работењето на претпријатието? Што претставува национална
култура? Што претставуваат технолошките фактори за претпријатието?
Појаснете кои се петте области на технолошки напредок. Набројте и појаснете ги
фазите низ кои поминува технолошкиот процес. Објаснете ги глобалните
фактори кои влијаат на претпријатието.
10. Кои интерни фактори влијаат врз работењето на претпријатието? Што
претставува корпоративна јавност? Што претставува систем на вредности на
менаџерите? Што се подразбира под ресурси со кои располага претпријатието?
Појаснете како влијае развиеноста на функцијата на стратегиското планирање
врз претпријатието.
11. Објаснете го управување со окружувањето.

219
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
X ГЛАВА
УПРАВУВАЊЕТО СО ПРОЕКТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ПРЕГЛЕД
1. Современо претпријатие и управувањето со проекти
2. Инвестициски проект
3. Видови инвестициски проекти
4. Поделба на проектните активности во претпријатието
 Студирање преку пример: Инвестициска студија (програма)
 Прашања за дискусија

ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО
По проучувањето на оваа глава, Вие треба да бидете способни:
o Да ги објасните карактеристиките на современиот тип претпријатие и што
значи управувањето со проекти;
o Да знаете да го дефинирате поимот проект и инвестициски проект;
o Да знаете да ги објасните карактеристиките на инвестицискиот проект;
o Да ги познавате различните видови инвестициски проекти и
o Да ја знаете поделбата на проектните активности.

220
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
1. СОВРЕМЕНО ПРЕТПРИЈАТИЕ И УПРАВУВАЊЕТО СО ПРОЕКТИ
Современиот техничко-технолошки прогрес предизвикува големи промени во
сите подрачја на општеството. Брзата размена на информациите како основа на
современиот техничко-технолошки прогрес предизвикува значајни промени во областа
на економијата, а во тие рамки и во рамки на претпријатието. Таа придонесува за
трансформација на класичното претпријатие во нов тип современо претпријатие, кое
поради важноста и застапеноста на информациите во организацијата и
функционирањето на претпријатието може да се нарече „информатичко“ претпријатие.
Современото информатичко претпријатие може да се дефинира како организам кој
прима инпути - информации, ги преработува, ги збогатува и ги емитува во
окружувањето, на пазарот, како аутпути - излезни информации.
Новиот тип на современо претпријатие се карактеризира со следните
карактеристики:
o Голема комуникација со окружувањето;
o Висока организациска флексибилност;
o Демократска контрола;
o Промена на деловната филозофија на работа;
o Управување со човечките ресурси и
o Проектен пристап на управување со развојот.
Во продолжение објаснети се наведените карактеристики на современиот тип
претпријатие.
Зголемената комуникација со окружувањето е изразена преку високиот обем
на информации од и за потрошувачите што овозможува нови начини на пристап до
пазарот, како и воспоставување на нов однос кон целото окружување и добавувачите,
еластичност кон промените на системските решенија и на тековните мерки на
економската политика. Најважна нова карактеристика на современото информатичко
претпријатие е неговата зголемена способност за добивање информации од
окружувањето. Интегрираните фактори на развој речиси се исцрпени. Современите
технологии за производството, организацијата и менаџментот, овозможуваат висок раст
на продуктивноста, евтино и квалитетно производство. Современото претпријатие, ги
исцрпува можностите на интерната економија и се насочува кон нови извори на раст и
развој од окружувањето, преку зголемување на нивото на комуникација.
Висока организациска флексибилност се изрзува преку состојбата на
современото информатичко претпријатие за организирање и реорганизирање за краток
временски период. Исто така, претпријатието е во состојба постојано да формира
одделенија или тимови за посебни задачи. Организацијата на претпријатието
претставува континуиран процес на прилагодување, а не воспоставени и не
флексибилни организациски односи и структура на претпријатието. Современата
организација е проектна, односно поставена флексибилно за изведувањето на
конкретните проекти. Современото претпријатие може да го гледаме како систем кој
преработува информации кои се содржани во инпутите, а организационите нивоа можат
да се претстават како „центри“ кои примаат, собираат, обработуваат и пренесуваат
информации до соседните „центри“. Функционирањето на претпријатието e по принцип
на саморегулација во целината. Функцијата на целта го обединува целиот систем
(претпријатието), а вкупната ефикасност зависи од ефикасноста на секој негов
потсистем.
Демократска контрола кај совремниот тип претпријатие претставува замена за
авторитативниот тип на контрола која беше типична за класичните претпријатија. Тоа го
овозможува големата размена на информации која предизвикува интегративна
саморегулација на одделните организациони делови и на вработените во
претпријатието. Контролната мрежа се заменува со комуникациската мрежа која се
формира со самоконтрола.
Промената на деловната филозофија на работа кај современото претпријатие
се согледува преку следните промени:

221
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Премин од производна концепција базирана врз понудата (supply-driven system)

во концепција ориентирана од побарувачката (demand-driven system), т.е.
концепција ориентирана кон потребите и желбите на потрошувачите. Таквата
промена на концепцијата предизвика премин од масовно или големо сериско
производство, или услуги, кон производство во мали серии, промет и услуги
според специфичните потреби и желби на купувачите. Тоа е особено
забележливо во годините од последната деценија во многу сектори - во
автомобилската индустрија, во производството различни трајни потрошни
добра, во електронската индустрија, но и во традиционалните сектори, како што
се текстилната индустрија, производство на обувки, производството на
прехрамбени продукти и др. Тука може да се смести и целата современа
маркетинг концепција за пристап до специфицираните потреби, желби и вкусови
на потрошувачите, кои се истражуваат и осознаваат пред да се создаде и понуди
производот и услугите на пазарот;
 Примена на jast-in time систем на управување со залихите. За разлика од
класичното индустриско претпријатие, современото претпријатие, тргнува од
порачките и потребите на купувачите и брзо прилагодување на производните
линии во согласност со специфичните порачки. Овој систем на управување со
залихите на суровините и на материјали не бара вложување на големи износи
на обртни средства;
 Промена во управувањето и односите со добавувачите настанува со цел
афирмација на долгорочното стабилно работење на претпријатието.
Насоченоста кон добавувачите обезбедува брза, сигурна и квалитетна изработка
и испорака на потребните елементи и суровини за производство на конкретните
производи и услуги. Од овој аспект цената станува секундарен фактор;
 Современиот концепт на работа го менува пристапот во управувањето со
човечките ресурси. Поради високиот степен на децентрализираност во
процесот на одлучување, од човечките ресурси се бара да поседуваат соодветно
знаење и квалификации. Поранешните класични раководители се заменуваат со
координатори на тимови кои ја водат и координираат проектната задача, од
почеток до крај. Менаџерите на претпријатието имаат најголемо влијание врз
вкупните активности кои се извршуваат во претпријатието. Од овој аспект,
одговорноста на менаџерите се зголемува. Наместо одговорност на менаџерите
само кон сопствениците на капиталот, како што доминантно беше насочена
одговорноста во класичното претпријатие, менаџерите од денешен аспект имаат
зголемена, тројна одговорност и тоа: одговорност кон акционерите, одговорност
кон вработените и одговорност кон јавноста и општестевната заедница, а пред
сè кон потрошувачите.
Воведувањето на проектен пристап на управување со развојот подразбира
изменета улога на менаџерите. Менаџерите на претпријатијата постојано преземаат
деловни потфати и на флексибилен начин ја прилагодуваат организацијата на
претпријатието кон преземените проекти, формираат тимови, кои треба да го
реализираат проектот. Проектите стануваат основа во водењето на развојот.
Менаџерите ги воведуваат проектите и постојано го прилагодуваат претпријатието кон
пазарното окружување и пошироко, кон промените во општественото окружување;
Проектниот пристап во управување со развојот, претставува нов приод во развојната
филозофија на современото претпријатие. Секое современо претпријатие или друга
деловна единица, преку своето работење се обидува да обезбеди континуитет во
своето функционирање. Движењето претставува промена на положбата на деловниот
систем или процес преку постојано прилагодување во динамичното окружување.
Развојот, сфатен како процес на трансформација на претпријатието од постојаното ниво
кон повисоко ниво на ефикасност, значи постојано движење напред, со постојани
квалитативни промени во прогресот. Промената на состојбата на претпријатието која
предизвикува квантитативните и квалитативните промени му овозможува на

222
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
претпријатието да премине во состојба на повисоко ниво на ефикасност.
Квантитативните и квалитативните промени во работењето предизвикуваат промени во
развојниот процес. Развојниот процес имплицира функционирање на претпријатието со
пораст на резултатите, зголемување на ефикасноста, структурни промени, менување
на структурата на приходите, промени во производствената програма, воведување на
нова технологија, воведување нови форми на организација на вкупното работење,
зголемување на знаењата на човечките ресурси и воведување нов начин на
комуникацијата со потрошувачите. Проектирањето на развојот може да се сфати како
дефинирање на активности со чија реализација претпријатието може да премине во
нова подобра состојба во иднината. Со други зборови, претпријатието може да ја
дефинира својата развојна политика, да управува со развојот преку проектниот пристап
на управување.
Пред менаџментот на претпријатието постојано се поставува прашањето за тоа
какви алтернативи за развој има претпријатието во иднина и кои активности е потребно
да ги преземе. Претпријатието има повеќе можности. Тоа ја зголемува сложеноста на
процесот со управување на претпријатието. Менаџментот на претпријатието се двоуми
што да одлучи. Доколку не преземе ништо, се поставува прашањето: колку долго може
да се опстане со достигнатото ниво на ефикасност? Менаџерите на претпријатието или
претприемачите постојано ја следат состојбата на претпријатието на пазарот ги
анализираат можните алтернативи постојано предлагаат решенија и преземаат
проекти.

2. ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТ
Современите случувања кои се карактеризираат со изразени глобализациски
односи наметнаа примена на нов фундаментален термин преку кој се објаснува начинот
на управувањето со развојот на претпријатијата. Тоа е терминот проект. Целокупниот
современ пристап на управување со развојот на претпријатието според основните
карактеристики може да се означи како проектен пристап на управување со развојот на
претпријатието.
Терминот „проект“ се употребува многу често во секојдневниот современ живот.
Така, писателот би рекол дека работи на проект на нова стручна книга, режисерот дека
работи на нов проект кога режира нов филм, организаторот на фестивал дека
подготвува проект за фестивал и слично. За многу нови процеси за кои се планира да
се изведат или се во тек на изведба се употребува терминот проект. Терминот проект
стана општо прифатен и во областа на економијата. Со него се искажуваат разни
активности кои се планираат да се отпочнат или се во тек на извршување, од поединци,
претприемачи, менаџери.
Од аспект на претпријатието, терминот проект, претставува деловен потфат што
планираат да го преземат претприемачите или менаџерите, а преку кој би се постигнале
некои однапред дефинирани цели, за определено време и со однапред определени
трошоци. Така, деловен потфат претставува изградбата на фабрички погони,
енергетски постројки, набавката и инсталирањето опрема, воспоставување нови канали
на продажба, воведување нови производи, реорганизацијата во претпријатието,
воведување нови програми за усовршување на човечките ресурси, истражувањата,
откривањето нови пазари, воведувањето нови информативни системи во работењето и
многу други видови деловни потфати.
Инвестициски проекти се нарекуваат оние кои имаат долгорочни ефекти врз
развојот на претпријатието и неговата позиција на пазарот. Така, според меѓународниот
стандард ISO/CD 10006, во кој се содржани неколку поранешни меѓународни стандарди
за квалитетот во менаџментот на проектите, проектот се дефинира како „единствен
процес кој се состои од низа координирани активности со почетни и завршни
датуми, преземени за постигнување на една цел во согласност со специфичните
потреби, вклучувајќи го и ограничувањето во време, трошоци и средства“ (Упатство

223
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
за квалитет во проектниот менаџмент, документ 176-2-8 N 140,1995). Оваа дефиниција
се состои од неколку важни елементи:
o Проектот претставува единствен процес. Зборот „единствен“ е употребен во
смисла на неповторливост, оригиналност на потфатот. Терминот процес пак, во
тој контекст значи „низа од заемно поврзани можности и активности кои ги
трансформираат влезните проектни инпути во аутпути“;
o Проектот подразбира преземање активности што се координираат бидејќи се
наоѓаат во односи на последователност и меѓусебна зависност со однапред
определено време за траење и извршување на активностите;
o Активностите во проектот се преземаат со намера да се постигнат некои
однапред дефинирани цели. Целите се всушност излезните вредности кои
претставуваат резултат на преземените активности со кои се трансформираат
инпутите во аутпути;
o Реализацијата на проектот подразбира ангажирање на конкретни ресурси,
трошоци и средства. Ресурсите кои се ангажираат во одреден проект
претставуваат однапред познати големини на инпути.
Се смета дека оваа дефиниција за проектот ги содржи сите потребни елементи
за дефинирање на проектот и претставува една од дефинициите со кои стручно се
објаснува терминот проект. Ваквото дефинирање е предизвикано од потребата за
стандардизација на користење на терминот проект во меѓународната литература и
комуникација.
Во економската литература познати се многу дефиниции кои го објаснуваат
поимот проект. Така, Лок (Lock) го дефинира проектот како „посебен потфат што не
може да се повтори. Тој обично подразбира остварување на планирани резултати во
рамките на определениот временски период и на расположливите финансиски
средства. Секој проект е единствен и затоа неговиот резултат не може да се предвиди
со посебна сигурност. Проектите се потфати, кои содржат ризик“ (Lock, 1977:12). Во
оваа дефиниција за проектот се содржани две основни компоненти:
o Првата компонента е неповторливоста на проектот која може да биде разбрана
двострано:
 Како оригиналност, неидентичност со други проекти, неможност да се
изведе повторно на ист начин;
 Како неможност, откако ќе се потрошат ресурсите - финансиските
средства и времето, да се повтори ист проект, бидејќи едноставно, целта
е веќе постигната, или ако не се постигнала предвидената цел,
преземањето нов потфат претставува друг нов проект, кој ќе се реализира
во друго време и во други услови за реализација.
o Втората компонента се однесува на ризикот кој исто така е основен елемент на
деловните потфати, а посебно се истакнува кај инвестициските проекти.
Според Губернич проектот се дефинира каков и да е потфат што треба да се
заврши во одредено време, со одредена цел, во рамките на определените ресурси и со
одредени критериуми за оцена на оправданоста на реализацијата (Губернич,1970: 14).
Во оваа дефиниција е истакнат уште еден основен елемент на инвестицискиот проект,
а тоа е дека проектот треба да се реализира доколку тој е оправдан за реализација.
Оправданоста на одреден проект се мери со критериуми кои кореспондираат со
поставените цели на проектот.
Во бројни други дефиниции за проект што се среќаваат во стручната
литературата, погоре наведените елементи на проектот се повторуваат или се
истакнуваат, а некои елементи зависат од аспектот од кој се дефинира проектот. На
пример од аспект на техниката на мрежното планирање на проектите, нагласен е
елементот време на траење на активностите, односно времетраењето на целиот
проект, во финансиската анализа нагласени се финансиските ограничувања и
ефикасноста на вложувањата и сл.

224
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од погоре прикажаните дефиниции за она што претставува проектот, може да се
издвојат следните основни карактеристики на проектот. Така, проектот е:
o Потфат што ќе се одвива во иднина;
o Временски е ограничен и еднократен;
o Единствен и неповторлив потфат;
o Насочен е кон остварување на дефинирани цели;
o Ангажира ресурси: трошоци, време и средства;
o Тој е потфат кој бара координирани активности;
o Има ризик и
o Се реализира доколку е оправан за реализација.
Инвестиционите проекти се посебен вид деловни потфати кои се однесуваат на
изградба на погони, деловни простории, енергетски објекти, сообраќајни објекти,
воведување нова опрема и сите други видови вложувања на финансиски средства
наменети за создавање на различни видови фиксни фондови, како и внесување
иновации, усовршување на човечките ресурси и организациската структура, вложувања
во истражувачка работа итн.
Инвестициските потфати се мотивирани од потребата за приспособување на
претпријатието на променетите услови на пазарот, приспособување на променетите
техничко–технолошки и економски услови. Инвестициските проекти вклучуваат одлука
за ангажирање средства во сегашноста со цел да се постигнат дефинирани цели во
иднина. Инвестициските трошоци се јавуваат како стратешки инпути за развој на
претпријатието. Поаѓајќи од општите карактеристики на проектот што претходно беа
прикажани, инвестицискиот проект може да се дефинира на следниот начин:
Инвестициониот проект претставува систем од активности што ги презема некој
субјект на определен простор, во определено време, под одредени услови и
претпоставки за реализација, а кои се насочени кон остварување на програмирани
ефекти во иднина.
Во ваквото дефинирање на инвестициониот проект се содржани неколку
основни компоненти:
o Систем од активности - станува збор за низа од меѓусебно поврзани
активности кои прават една целина, управувани и ориентирани кон иста цел
- постигнување на заедничка цел;
o Субјект - како субјект или носител се јавува инвеститорот, односно
претприемачот, менаџерите на претпријатието, како и други субјекти кои
имаат идеја да преземат инвестициски потфат, односно да вложуваат
средства долгорочно;
o Простор - Просторот во економска смисла е поширок од физичкиот простор
каде што се лоцираат фиксни средства и се определува локацијата,
местоположбата каде што ќе се градат деловните простории, погон или
други објекти. Економскиот простор се дефинира како просторна зона во
која се чувствува влијанието на проектот во окружувањето, просторот во кој
се чувствува економското влијание на пазарот, просторот во кој се
пласираат производите на купувачите и просторот од каде се набавуваат
влезните аутпути;
o Време - времето е ресурс кој се изразува како временска единица
потрошена во фазата на имплементацијата на проектот, но и како
определен временски период во кој проектот ќе функционира и ќе
ефектуира излезни вредности;
o Услови и претпоставки - инвестицискиот проект се реализира со
ангажирање на инпути-капитал и човечки ресурси, во определени техничко-
технолошки, материјални и организациски услови. Тие дејствуваат како
детерминанти, имаат своја цена, за нивното ангажирање се прават
трошоци. Со други зборови, тие се инвестираат;

225
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ефект - Ефектите претставуваат очекувани нето-приливи на готовина како
o
прираст на капиталот, подигнување на постојното ниво на ефикасност и
различни други ефекти како корист од нефинансиска природа;
o Ризик - Ефектите, искажани како нето-приливи, се јавуваат како очекувани
вредности во иднина. Во проектот се ангажираат реални ресурси во
сегашноста, а ефектите се очекувана „надеж“ во иднина. Иднината е
неизвесна. Бројни ризици влијаат врз степенот на остварувањето на
проектираните ефекти. Но во определена ситуација ефектите може да не
настанат или да не се постигне очекуваното ниво на ефикасност. Во
финансиска смисла, ризикот е опасност од појава на загуби.
Секој инвестициски проект треба да содржи одговор на следните прашања
чијшто одговор потврдува дека инвестицискиот проект претставува потфат и сложена
целина на меѓусебно зависни прашања составени во еден управувачки концепт:
o Кој? - се однесува на субјектите кои ќе го реализираат проектот,
инвеститорот, проект-менаџерот, проектниот тим и останатите учесници во
проектот;
o Што? - се однесува на предметот на проектот, на дизајнирањето (на
пример: градба на погон, отворање на продавница и слично);
o Како? - се однесува на начинот на изведувањето на проектот, односно кои
активности треба да се реализираат за да се изведе проектот;
o Со што? - се однесува на ресурсите, материјални и човечки ресурси за
реализација на проектот;
o Кога? - се однесува на определување на времето на реализацијата на
проектот (почетокот и крајниот датум за реализирање на активностите);
o Зошто? - се однесува на мотивите, односно на проектираните ефекти
(цели) на проектот.

3. ВИДОВИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ


Во зависност од аспектот според кој се пристапува во детерминирањето на
карактерот на проектот, можат да се прават различни класификации и да се откријат
различни типови проекти. Од аспект на менаџментот на претпријатието тие се значајни
за определување на карактерот на вложувањето, намената, но и за финансиската
ефикасност. Во продолжение ќе бидат објаснети неколку карактеристични пристапи за
определување на типот на проектот.
Централниот однос што се формира во инвестиционите проекти е односот
корисници - корист (cost -benefit). Трошоците се економска категорија која ги искажува
плаќањата за ангажираните фактори во проектот, а корист се програмираните ефекти и
се јавуваат како нето-приливи, нето-приноси на капиталот, нето-парични примања за
инвеститорот на проектот како и други нефинансиски економски и неекономски ефекти.
Од аспект на тековите на издатоците за инвестиции и приносите од
инвестициите, инивестициските проекти можат да се поделат на (Lutz & Lutz,1951: 38):
1. Еднократно вложување во еден момент - остварување еднократен принос
во еден момент (Point input - point output). Во долгорочните вложувања, поради нивниот
карактер моментите претставуваат временски точки искажани како години. Овој редок
тип инвестициски проект во практиката, би бил вид на еднократно вложување во една
година, а еднократен ефект би се остварил во некоја година во иднина. Како пример на
овој тип проект би можело да се наведе инвестирањето во подигнување шума за сеча.
Инвестицијата (подготовка на почва, садење) настанува во една година, а приносот,
исто така, настанува во една година, но по завршувањето на биолошкиот процес на
израснување на шумата до состојба на сеча. Со продажба на исечената шума настанува
еднократен ефект- прилив на готовина.

226
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. Повеќекратно вложување - еднократен ефект (flow input - point output). Кај
овој вид инвестициски проекти се јавуваат повеќекратни вложувања во период од
повеќе години, а економскиот ефект се јавува по завршувањето на периодот на
градбата кога најчесто со продажбата на инвестираното добро настанува еднократна
финансиска корист. Такви примери се градбата на бродови за продажба, изградба на
станови за пазар и слично.
3. Еднократно вложување - повеќекратен ефект (point input - flow output). Во
овој тип инвестициски проект сумата која се инвестира се јавува како еднократно
ангажирање (издаток во една година), а економските ефекти се ефектуираат во
временски период од повеќе години. Вакви случаи на инвестирање се на пример
набавката на транспортно средство, набавката на машина, купување крави за
производство на млеко и слично.
4. Повеќекратно вложување - повеќекратни ефекти (flow input - input - flow
output). Кај овој тип инвестициски проект инвестирањето се врши во текот на повеќе
години, а приносите исто така се јавуваат по завршувањето на инвестицискиот период,
во идниот период кој опфаќа период од повеќе години. Ваквите случаи на инвестирање
се многу чести. Изградбата на производни погони, шопинг центри, фарми и сл.
претставуваат инвестициски проекти со повеќекратно вложување - повеќекратни
ефекти.

4. ПОДЕЛБА НА ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Според Дин (Deean), менаџментот на претпријатието донесува одлуки за
различен вид проектни активности. Проектините активности кои се извршуваат во
претпријатијата може да бидат поделени на (Deean, 1951: 15):
o Проектни активности за зголемување на ефективност на
претпријатието. Такви примери се:
 Проекти за намалување на производствените трошоци (на пример:
воведување на машина која штеди материјал, машина која прави
помалку отпад);
 Проекти активности за зголемување на приходите (на пример:
инвестирање во истражување за откривање на нови пазари,
отворање претставништво, деловна единица, дистрибутивен
центар на некој нов пазар);
 Проекти за намалување на ризикот (различни видови проекти кои
ги отстрануваат техничките ризици од дефекти на опремата,
спречување на технички хаварии на транспортни средства,
отстранување на можност за застој на производната линија,
обезбедување алтернативен извор на енергија и сл.);
 Проекти за подобрување на условите за работа и
материјалната положба на вработените (На пример:
климатизација на работните простории, вентилација на
производствените хали, набавка на поудобен инвентар, нова
канцелариска опрема, изградба и опремување на ресторан, бифе
и кујна за вработените, простор за одмор и рекреација и сл.).
o Проектни активности за подобрување на конкурентноста. Такви
примери се:
 Агресивни проекти. Овој тип проекти се фокусираат на
воспоставените односи на пазарот меѓу конкурентите, преку
воведување на различни технолошки иновации на производите,
но и со воспоставување на нови канали и начини на продажба. По
правило, овој тип проекти предизвикува реакција кај конкурентите
и тие да преземат одредени активности за приспособувања;

227
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Дефанзивни проекти. Се јавуваат како реакција на претходно

преземените проекти од конкурентите со цел претпријатието
повторно да го постигне оствареното пазарно учество.
o Проектни активности според видот на вложувањето. Такви примери
се:
 Набавка на опрема за замена на постојната стара опрема;
 Подобрување на постојните и воведување нови производи;
 Унапредување на методите на работа и на организација,
истражувачка работа, обука на човечки ресурси и know-how;
 Подобрување на пазарната позиција преку вложувања во развојот
на каналите на продажбата и за пропаганда.
o Проектни активности преземени како реакција на техничко-
технолошките промени. Такви примери се:
 Вложување во постојни, афирмирани производи. На пример,
инвестирање во подобрување на квалитетот на функционалните,
технички и други карактеристики на производите од постојната
производна програма;
 Вложувања во иновации, преку инвестирање за воведувања на
нови производи.
o Стратегиски проектни активности. Ефектите од стратегиските проекти
се ефектуираат во наредниот период, а проектите се насочени кон:
 Одржување на стабилна позиција на пазарот на долг рок (на
пример, мрежа на претставништва, купување на саемски простор
и сл.);
 Обезбедување сигурна набавка на материјали на долг рок од
добавувачите (на пример заедничко вложување со претпријатие
кое ја обезбедува суровината, воспоставување трајни деловни
врски со индивидуални производители - градба на постојани
откупни капацитети и сл.).

СТУДИРАЊЕ ПРЕКУ ПРИМЕР


ИНВЕСТИЦИСКА СТУДИЈА (ПРОГРАМА)
Поради самиот факт што постојат најразлични видови инвестициски проекти - од
изградба на капацитети, па сѐ до вложување за зголемување на знаењето, тешко е,
речиси невозможно, да се примени и состави некоја универзална шема за содржината
на инвестициската студија која би претставувала општа шема и би била применлива за
сите инвестициски проекти. Составувачите на студијата, имајќи ја предвид потребната
содржина на инвестициската студија, самите ја составуваат содржината на студијата.
Сепак, би било корисно да се направи обид за формирање ориентациона шема
за деталната содржина на инвестициската студија, посебно за инвестициските проекти
кои се однесуваат на изградба на индустриски капацитети. Притоа, поаѓајќи од
глобалната структура која беше презентирана, може да се создаде ориентационата
шема, која би можела да има и практична примена и може да претставува добра основа
за формирање содржина за конкретен инвестициски проекти. Таа шема треба да се
сфати само како можна, но не и задолжителна.

ВОВЕД
Основните цели на инвестирањето и содржина на инвестицискиот проект
ПОДАТОЦИ ЗА ИНВЕСТИТОРОТ И ЗА ПРОЕКТОТ
Општи податоци за инвеститорот
o Предмет на дејноста, големина, статус на организација, човечки ресурси,
можност за инвестирање;

228
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Производство
o Динамика на производството за последните пет години во квантитативни и
квалитативни показатели;
Средства
o Вредноста на фиксните средства, степенот на искористеност на капацитетот и
показатели за обртните средства;
Деловни резултати
o Извештај од билансот на состојбата и билансот на успехот (за изминати 5
години);
Увоз
o Информации за увозот и извозот во последните 5 години.

АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ
Основни податоци за производството
o Податоци за динамика на производството;
Анализа на пазарот на продажбата
o Податоци за вкупната понуда на пазарот, за другите производители, за увозот и
извозот;
o Податоци за потенцијалните купувачи, динамика на можната продажба по години
за идниот период;
o Показатели за движење на цените.
Анализа на пазарот на набавка
o Податоци за производството и потрошувачката на суровини и материјали;
o Проценка на потребната количина на суровини и материјали во текот на
експлоатацискиот период;
o Податоци за движењето на цените.

ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА
Избор на технологија
o Податоци за технолошкиот процес и опис на изборната технологија;
Технолошки процес
o Опис и приказ на технолошкиот процес, распоредот и поврзаноста на одделните
технолошки фази, одделенија и производствени линии, решенијата за
внатрешниот транспорт и сл.
o Нормативи за трошок на суровини, материјали, енергија и нормативите за
потребното време за изработка на производите;
o Биланс за вкупните потреби од суровини, материјали, енергија и флуиди.
Опрема
o Спецификација на опремата и опис на експлоатациските карактеристики.
Капацитет
o Големината на капацитетот и проекција, степенот на неговото користење во
експлоатацискиот период.

ГРАДЕЖНИ РЕШЕНИЈА
o Приказ на идејното решение за објектите, распоредот, архитектурата со
соодветни скици, локација на приклучоците за сообраќајната, енергетската и на
други структурни инфраструктурни приклучоци;
o Пресметки на вредноста на градежните работи.

ИНСТАЛАЦИИ
Идејни решенија за електро, хидро и термо инсталациите, компресорски станици,
телефонски, громобрански и други потребни инсталации.

ЛОКАЦИЈА
Макро-локација

229
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Избор на локацијата на проектот во поширокиот регион, положбата во однос на
o
пазарите, во однос на суровинската база, во однос на снабдувањето со енергија,
во однос на инфраструктурните системи и сл.;
Микро локација (сместување)
o Податоци за местото на конкретната физичка локација на објектот и
адаптираноста во средината.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Преглед на потребите од човечки ресурси, структура според квалификациите и начинот
на обезбедување.

ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ И ИЗВОРИТЕ НА СРЕДСТВАТА


Инвестиции во постојани средства
o Прегледи за потребните инвестиции во постојани средства.
Инвестиции во обртни средства
o Пресметка на потребните инвестиции во обртни средства, според одделните
видови или структура на обртните средства;
o Извори на финансирање;
o Структурата на изворите на финансирање;
o Условите на кредитирање (камата, рок на отплата на кредитите) и
o Динамика на вложување.

ЕКОНОМСКО-ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА
o Проекција на материјалните трошоци;
o Пресметка на даноците и обврските кон државата;
o Пресметка на амортизацијата;
o Пресметка на ануитетите;
o Проекција на приходите;
o Пресметка на бруто-платите;
o Пресметка на другите трошоци;
o Проекција на Биланс на состојба и Биланс на успех, за секоја година од
економскиот век;
o Проекција на готовинските текови за оцена на ликвидноста и рентабилноста на
проектот

ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКА ЕФИКАСНОСТ


o Изборот на методите, критериумите и показатели за оцена на ефикасноста и
o Оцена на ефикасноста врз база на проектираниот економски и финансиски тек
на проектот во економскиот век.

КВАНТИФИКАЦИЈА НА РИЗИЦИТЕ
Оцена на сензитивноста на проектот на промени (вообичаено: сензитивна анализа,
сценарио анализа, праг на рентабилност)

ПЛАН ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ
o Термински линиски дијаграм (Гантограм), мрежен дијаграм и
o Организација на реализацијата на проектот.

230
X ГЛАВА
Управување со проекти на претпријатието
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА

1. Објаснете го современиот тип претпријатие. Како се дефинира и кои се


основните карактеристики на современиот тип претпријатие? Објаснете ја секоја
карактеристика пооделно.
2. Објаснете што се подразбира под поимот проект. Како се дефинира поимот
проект, а како поимот инвестициски проект? Објаснете ги различните пристапи
во дефинирањето на инвестициски проект.
3. Објаснете ги карактеристиките на инвестицискиот проект. Објаснете ги пооделно
различните видови инвестициски проекти од аспект на односот на трошоците и
користите. Кои се карактеристики на т.н. инвестициски проект - еднократно
вложување во еден момент? Кои се карактеристики на т.н. инвестициски проект
- повеќекратно вложување - еднократен ефект? Кои се карактеристики на т.н.
инвестициски проект - еднократно вложување -повеќекратен ефект? Кои се
карактеристики на т.н. инвестициски проект -повеќекратно вложување -
повеќекратен ефект?
4. Објаснете ја поделбата на проектните активности во претпријатието според Дин.
Како се поделени проектните активности за зголемување на ефективноста на
претпријатието? Како се поделени проектните активности за подобрување на
конкурентноста на претпријатието? Како се поделени проектните активности
според видот на вложувањето во претпријатието? Како се поделени проектните
активности преземени како реакција на техничко-технолошките промени? Кои
активности спаѓаат во групата на стратегиски проекти активности?

231
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЛИТЕРАТУРА

ACCA Textbook. (2004). Strategic business planning and development, Foulks Lynch, Great
Britain.
Арсов, С. (2008). Финансиски менаџмент, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Економски факултет - Скопје.
Baron, R. A. & Scott, A. Shane. (2005). Entrepreneurship, The Dorsey Press, Georgcown.
Bartol, M. K. & Martyn, C. D. (1998). Management, IRWIN, McGraw Hill, Co. Boston.
Battilana, J. & Dorado, S. (2010). Building sustainable hybrid organizations: the case of
commercial microfinance organizations, Academy of Management Journal.
Бојаџиоски, Д. & Блажеска, О. (2003). Економика на претпријатие, Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“, Економски факултет, Скопје.
Бојаџиоски, Д. & Блажеска, О. (2009). Економика на претпријатие, Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“, Економски факултет, Скопје.
Bohmer, E. (1990). Betriebswirtschaftslehre der Unternehmung, Verlag Europa-Lehrmittel,
Haan-Gruiten.
Brant, J. & Davies, P. (2006). Business Economics and Enterprise, TJ International, Great
Britain.
Брајановски, Б. (1999). Управување на акционерско друштво преку одбор на
директори, Економија и бизнис, Скопје.
Broom, H. (1969). Business policy and strategic action, Prentice Hall, New Jersey.
Capon, N., Farley, J. U. & Hulbert, J. M. (1988). Book Review of Corporate Strategic Planning,
Columbia University Press, New York.
Cingula, M., Hunjak, T. & Redzep, M. (2004). Poslovno planiranje s primjerima za investiture,
RRiF, XX dopunjena naklada, Zagreb.
Connor, P. & Lake, L. (1994). Managing Organizational Change, Prаеger, London.
Cleg, B. (1999). Creativity and Innovation for Managers, Butterworth – Heinemann.
Dale, E. (1995). Organizations, American Management Association, New York.
Даутовиќ, М. (1965). Основи економике и организације предузеча, Савемена
администарција, Белград.
Daft, R. L. (2004). Organization Theory and Design, Southwestern, Cincinnati.
Dean, J. (1951). Managerial Economics, Prentice-Hall, New York.
Димитровски, Р. & Кожухаров, С. (2010). Деловно планирање, Универзитет за туризам и
менаџмент - Скопје, Скопје.
Drucker, P. F. (1961). Пракса за раководење, Привреда, Загреб.
Gordon, C. (2008). Cashing in on corporate culture, CA magazine, January–February 2008.
Gareth, R. J. & Jennifer, M. G. (2005). Современ менаџмент, второ издание, Charles W.L.
Hill.
Горупиќ, Д. (1990). Претпријатие, настанување и развој на претпријатието и
претприемништвото (на Хрватски јазик), Информатор, Загреб.

232
Литература
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Harrison, J. S. & Caron, H. S. (1994). Strategic management of organizations and
stakeholders:Theory and Cases, West Publishing Company, St. Paul.
Hornby, W., Gammie, B. & Wall, S. (1997). Business Economics, Longman, London.
Jones, D. W. (1985). Characteristics of planning in small firms, Journal of small Business
Management, 15-20.
Jones, G. R. (2001). Organizational Theory, Text and Cases, Prentice Hall.
Jones, G. R., & George, J. M. (2008). Contemporary management, McGraw Hill Irwin.
Костиќ, Ж. (1994). Основи на организација на претпријатијата (на Српски јазик),
Современа администрација, Белград
Lim, M., Griffiths, G. & Sambrook, S. (2010). Organizational structure for the twenty-first
century, Annual meeting of the Institute for Operations Research and the Management
Sciences, Austin.
Lock, D. (1977). Project Management, Cover Press, London.
Lecher, K. & Reinbert, A. (1990). Einfuhrung in die Allgemajne Betrieb-swirtschaftslehre,
Industrieverlag Peter Linde,GmnH, Wien.
Lutz, V. (1951). Theory of Investment of the Firm, Princeton.
Лончаревиќ, Р., Машиќ, Б. & Ѓорѓевиќ-Бољановиќ, Ј. (2007). Менаџмент – принципи,
концепти и процеси, Универзитет Сингидунум, Белград.
Магдинчева-Шопова, М. (2012). Општи услови и начини за започнување со
претприемничка активност, Печатница Софија, Богданци.
Магдинчева-Шопова, М. (2012). Менаџмент на организациска култура, Печатница
Софија, Богданци.
Матлиевска, М. & Пачешкоски, В. (2011). Економика на претпријатија (интерна
скрипта), Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Милисављевиќ, М. & Тодоровиќ, Ј. (1998). Стратегиско управљање, Економски
фаултет Белград.
Министерство за финансии на РМ. (2010). Прирачник за финансиско управување и
контрола.
Пауновиќ, Б. (2009). Економика предузећа: Предузеће, окружење и улагања, Центар за
издавачку делатност, Економски факултет, Београд.
Петковиќ, М., Јаничевиќ, Н. & Миликиќ, Б. (2006). Организација, ЦИД, Економски
факултет, Белград.
Петреска, Л. & Нефовски, С. (2010). Планирање на маркетинг, Европски универзитет,
Скопје.
Петревска, Б. & Петреска, Л. (2016). Деловно планирање, Универзитет „Гоце Делчев“ –
Штип, Факултет за туризам и бизнис логистика.
Петревска, Б. (2017). Економика на угостителство и туризам, Универзитет „Гоце Делчев“
– Штип, Факултет за туризам и бизнис логистика.
Pierce, J. L. R. B. (1990). Dunhun, Managing, Scott-Foresman London .
Радосављевиќ, Ж. (2005). Теорија организације, Агенција за консалтинг и маркетинг
„Едком“ Белград.
Robbins, S. F. & Judge, T. A. (2007). Organizational behavior, 12th edition, Pearson education
Inc.

233
Петревска, Б. & Магдинчева Шопова, М.
Економика на претпријатие
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ruffin R. J. & Gregory P. R. (1988). Principles of Economics, Scott, Foresman and Company,
Glenview, Illinois.
Талеска, В. (1983). Организација на трудот во услови на автоматизација, Наша книга,
Скопје.
Тодоров, Т., Димков, Д. & Петревска, Р. (2004). Поимник на економски изрази и
берзански термини, Скопје.
Terry, G. (1972). Principle of management, Irwin Inc., Homewood, Illinois.
Фити, Т. (2006). Основи на економијата, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски
факултет Скопје.
Чингоски, В. (2014). Инженерска економика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
Електротехнички факултет.
Шуклев, Б. (1997). Деловно планирање, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје,
Економски факултет Скопје.
Шуклев, Б. (2002). Деловно планирање, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
Економски факултет - Скопје, трето издание.
Шуклев, Б. (2006). Менаџмент, седмо издание, Економски факултет, Скопје.

Правилници, закони и нормативи


Закон за данокот на добивка (Службен весник на РМ 112/14).
Закон за претпријатија на РМ (Службен лист на СФРЈ 77/88).
Закон за стечај (Службен весник на РМ 55/97).
Закон за јавни претпријатија (Службен весник на РМ 38/96).
Закон за преземање на акционерски друштва (Службен весник на РМ 4/02).
Закон за отстапување на деловни средства од страна на претпријатијата во коишто
Република Македонија и Агенцијата на РМ за трансформација за претпријатијата со
општествен капитал имаат акции, односно удели (Службен весник на РМ 38/93).
Закон за трговски друштва на РМ (Службен весник на РМ 28/04).
Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на РМ
142/08).
Правилник за формата и содржината на обрасците за упис во трговскиот регистар и
регистарот на други правни лица (Службен весник на РМ 115/05).
Правилник за класификација на приходите (Службен весник на РМ 64/05).
Report for small and medium-sized enterprise (SMEs). (2005). Commission European of the
European Comunities.
Стандарди за внатрешна контрола во јавниот сектор (Службен весник на РМ 147/11).

234

You might also like