You are on page 1of 4

ДОГОВОР

Склучен на ден ------------------- во Скопје, помеѓу:

1. -----------------------------------------, со деловно седиште на ул. ---------------------- бр. ------ – ---------------, со


ЕМБС ----------------------, ЕДБ ------------------------- и ж-с: ----------------------------- што се води во
------------------------ банка АД Скопје, претставувано преку Директор/Управител --------------------- (во
понатамошен текст: КОРИСНИК НА ПРЕВОЗ); и

2. ---------------------------------------, со деловно седиште на ул.------------------------------ бр.------- во ---------------,


со ЕМБС -------------------------, ЕДБ ------------------------ и ж-с:--------------------- што се води во
--------------------- Банка АД Скопје, претставувано преку Директор/Управител --------------------------------- ( во
понатамошен текст: ПРЕВОЗНИК);

во понатамошниот текст двете страни заедно како „ДОГОВОРНИ СТРАНИ“ и секоја поединечно како
„ДОГОВОРНА СТРАНА“ го склучија следниот Договор:

I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

Член 1
Предмет на овој договор е уредување на правата и обврските на договорните страни, во врска со вршење на
превоз на ------------------------------- за потребите на Корисникот на превозот, со транспортни средства
----------------------, на Објект ----------------------------------, на начин што Превозникот се обврзува да ги изврши
правата и оврските превземени со овој Договор, а Корисникот на превозот се обврзува за тоа да му исплати
договорна цена.
Член 2
Превозникот се обврзува да го извршува договорениот превоз од член 1 на овој Договор, според потребите
и утврдената динамика на Корисникот на превозот.

II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВРОНИТЕ СТРАНИ


II a. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРЕВОЗНИКОТ

Член 3
Превозникот се обврзува:
- Да обезбеди соодветна дозвола за вршење превоз, согласно потребите на Корисникот;
- Да ги изврши работите што се предмет на овој Договор, во согласност со налогот и упатствата добиени од
страна на Корисникот;
- Да го извршува превозот согласно динамиката за работа и работното време на соодветниот објект на
Корисникот, а за чии потреби се врши превоз;
- Транспортните средства, кои се ангажирани за превозот, да ги одржува технички исправни и во согласност
со утврдените стандарди и законски прописи, а сето тоа заради навремено, квалитетно, сигурно и безбедно
извршување на превозот;
- На свој трошок, да обезбеди друг превозник за превоз на работниците, доколку тој самиот не е во можност
од било кои причини да го изврши превозот со сопствени транспортни средства, а сето тоа во согласност со
утврдената динамика и налогот на Корисникот. Во вакви ситуации Превозникот е должен да го извести Корисникот
на превозот најмалку 24 часа пред замената на Вршителот на превозот;
- Доколку транспортните средства на Превозникот не се доволни за извршување на договорениот превоз
согласно член 1 од овој Договор, Превозникот е должен да обезбеди транспортни средства, односно превоз од друг
превозник, на свој трошок, заради извршување на обврските кои произлегуваат од овој Договор;
- Доколку Превозникот, по своја вина не ги изврши обврските превземени согласно овој Договор, во
утврдените рокови и согласно динамиката на Корисникот, тогаш Превозникот е должен на Корисникот да му плаќа
договорна казна во износ од 0,1 % (промили) за секој ден на задоцнување, најмногу до 5 % од вредноста на
договорените работи.
Член 4
Превозникот одговора за сите штети причинети на и/или кон трети лица, а кои се во врска со или последица
од извршувањето на превозот согласно овој Договор, а според потребите на Корисникот.
Член 5

1
Превозникот се обврзува доследно да го почитува редот и дисцплината за работа, како и мерките за
безбедност и заштита при работа на Корисникот.
Член 6
Превозникот одговара за лицата, што по негов налог работат во извршувањето на превозот на материјалите.
Член 7
Во случај на неизвршување,односно несоодветно извршување на обврските превземени во согалсност со
овој Договор, Превозникот се обврзува да му ја надомести целокупната штета што Корисникот ја претрпел од
неисполнувањето/несоодветното исполнување на догвороните обврски.

II б. ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ НА ПРЕВОЗОТ

Член 8
Корисникот на превозот се обврзува за работите извршени од страна на Превозникот, а во согласност со
овој Договор, навремено да му ја исплати договорената цена, во висина и на начин прецизно утврдени во член 10 и
11 од овој Договор.
Член 9
Корисникот на превозот се обврзува:
- Благовремено да му достави на Превозникот писмен налог за вршење на превоз на материјалите што се
предмет на овој Договор, а било какви евентуални измени и/или дополнувања да му ги достави најмалку 24 часа
пред извршувањето на превозот на материјалите, освен во исклучителни случаи кога измени и дополнувањата ги
дава со телефонски налог, кој во следните 24 часа е должен писмено да го потврди;
- Да му достави работен календар на Организационата единица, односно Објектот за чии потреби се врши
превозот на материјали, како и работно време на Корисникот на превозот, односно на Обејктот;
- Навремено да му достави на Превозникот измени и дополнувања на работниот календар, а сето тоа заради
благовремено организирање на превозто наматеријали од страна на Превозникот;
- Да го контролира извршувањето на работите од страна на Превозникот, согласно дадениот налог за превоз
и благовремено да ги потпишува документите за извршен превоз;
- Да му овозможи на Превозникот користење на услуги, предвидени со овој договор, кога е тоа од
заеднички интерес за реализација на овој Договор;

III. ДОГОВОРНА ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Член 10
Вкупната договорна цена за обврските кои произлегуваат од овој Договор изнесува -------------------------------
денари, без вклучен ДДВ.
Надоместокот за извршениот превоз за потребите на Корисникот на превозот се утврдува според
Ценовникот за вршење на превоз што важел кај Превозникот, во моментот на склучување на овој Договор, а кој
всушност е и составен дел на овој Договор.
Член 11
Договорните страни се изрично согласни плаќањето на обврските кои произлегуваат од овој Договор да се
врши во рок од 120 (стоидваесет) дена, сметајќи од денот на приемот на фактурата од страна на Корисникот на
превозот.
Превозникот се обврзува фактурата да ја достави најдоцна до 5-ти (петти) во месецот за работите извршени
во претходниот месец и притоа кон доставената фактура задолжително приложува и испратницит, уредно пополнети
и потпишани од страна на овластените лице на Корисникот на превозот и Превозникот.
Член 12
Корисникот има право да ја оспорува примената фактура во рок од 8 (осум) дена од приемот на истата, ако
не е потврдена или не е заснована на точни податоци од Испратницата/е.
затоа што во спротивно
Доколку Корисникот не ја оспори фактурата издадена и доставена од страна на Превозникот, во рокот од
став 1 на овој член, ќе се смета Корисникот ја прифатил фактурата на Превозникот и должен е истата да му ја
исплати во целост, во висина и рок утврдени согласно овој Договор.

IV. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 13
Во случај кога, заради неизвршување на обврските од Превозникот, во рокови и на начин утвредено
согласно налогот на Корисникот, на Корисникот ќе му се наплатат пенали од негов Инвестиотор за неблаговремено
извршување на работите, согласно диманаичкиот план за изградба на Објект кој го изведува Корисникот на

2
превозот, а за чии потреби се обезбедува материјалот од каменоломите, Превозникот е согласен и е должен да му ги
покрие трошоците на Корисникот (пеналите), сразмерно на учеството на неговите услуги во трошоците на Објектот.

Член 14
Во случај Превозникот да не постапи согласно превземената обврска утврдена во член ---------------- од овој
Договор, Корисникот на превозот има право да ангажира друг превозник, при што трошоците за превоз ќе паднат на
товар на Превзоникот.
Член 15
Доколку Превозникот, со започнување на вршењето на превозот значително доцни, при што Корисникот на
превозот веќе нема интерес за договорената услуга или од постојните околности е очигледно дека Превозникот не
може да го изврши предметниот превоз, Корисникот може еднострано да го раскине овој договор и да бара од
Превозникот надомест на штета поради неисполнување на договорот.
Член 16
Надлежни за спроведување на овој Договор, од страна на Корисникот, е Директорот на Организационата
единица корисник на превозот, односно по негово овластување и со исти обврски, Раководителот на објектот за кој
се врши превозот на материјали, а од страна на Превозникот Директорот на Друштвото.
Корисникот на превозот и Превозникот, записнички ги утврдуваат транспортните растојанија и количините
на превземените материјали за потребите на Корисникот и ги заверуваат документите за исплата за извршениот
превоз.

V.РОКОВИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ И ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ

Член 17
Превозникот се обврзува обврските превземени согласно овој Договор, да отпочне да ги врши веднаш по
приемот на Налогот за вршење превоз од страна на Корисникот на превоз.
Член 18
Доколку Превзоникот бил спречен или оневозможен да ги изврши своите обврски согласно овој Договор,
во тој случај Превозникот има обврска во најкраток рок а најдоцна 24 часа поради настапување на некои променети
околности или неисполнување на обврските од страна на Нарачувачот, во тој случај Изведувачот има право на
продолжување на рокот за изведување на работите сразмерно на времето за кое бил спречен, односно оневозможен
да изведува.
Продолжување на рокот се определува според траењето на пречката, со тоа што рокот се продолжува за
времето потребно за повторното завршување на работите и за евентуалнто поместување на работите во поповолно
годишно време.

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


Член 19
Договорните страни се обврзуваат да ги чуваат како тајна и да не ги прават достапни на трети лица,
податоците и информациите кој потекнуваат од Корисникот/Превозникот и/или се однесуваат на некој од нив, а со
кои договорните страни се запознале во текот на извршување на овој Договор.
Член 20
За се што не е предвидено и регулирано со овој Договор се применува позитивното право на Р.Македонија.
Член 21
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој Договор исклучиво спогодбено.

Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки ако се направени во писмена форма на Анекс-
договор кон овој Договор и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 22
Ниту една договорна страна нема право своите обврски по однос на овој Договор да ги пренесе на трети
страни, без взаемна писмена согласност од другата договорна страна.
Член 23
Сите спорови кои се однесуваат на овој Договор ќе се решаваат по пат на заедничка согласност. Доколку не
се постигне согалсност по мирен пат, надлежен ќе биде --------------------------.
Член 34
Со потпишување на овој Договор, договорните страни изјавуваат дека се согласни и дека се во целост
запознаени со неговата содржина.
Овој Договор стапува во сила со денот на неговото потпишување.
Член 35

3
Овој Договор е составен во ---- (------) идентични примероци, на македонски јазик, од кои по 1 (еден) за
секоја од договорните страни.

КОРИСНИК НА ПРЕВОЗ, ПРЕВОЗНИК,


---------------------------------------- ------------------------------------------
Директор/Управител Директор/Управител

_________________________ _________________________
(-------------------------) (---------------------)

You might also like