You are on page 1of 11

ТРГОВСКИ ДОГОВОРИ

Трговски договори
 Договор за градење. Еден од поважните
договори кој што се применува во
трговскиот промет е договорот за градење,
како и другите договори така и овој вид на
договор е составен првенствено од две
договорни странки: нарачател на работите
(инвеститор) и изведувач на работите
 3. Битни елементи на овај договор и правата и обврските на договорните странки сe: – Предметот
(објектот)
 Цената
 Поаѓајки од овие елементи следуваат следните обврски како на изведувачот (извршителот).
 Обврски на изведувачот се:
 1. Изградба на објектот согласност изработената инвестициона – техничка документација
 2. Изведување во пределен рок
 3. Обврска за предавање на изградениот објект по протекот на рокот односно по неговата изградба
Наспроти овие обврски на изведувачот постојат следните обврски на инвеститорот (нарачателот). Кај
обврските на инвеститорот спаѓаат и оние обврски кои произведуваат правни провиси и тоа:
 1. Да изработи инвестициона техничка документација
 2. Да обезбеди одобрение за градба
 3. Да обезбеди доволно средства – финансии за изградба на објектот Што се однесува на останатите
обврски, тие се следните:
 1. Обврска да ја плати договорената цена на градбата. Самиот начи на плаќање се утврдува во самиот
договор
 2. Да го прими објектот доколку тој е изграден согласно самиот договор така и согласно градежните
прописи. Доколку при прием на објектот инвеститорот забележи одредени отстапувања предведени
било во самиот договор, било отстапувања согласно прописите, на негово располагање му стојат
следните средства: – поднесување на приговор – рекламација и одредување на рок во кој што
недостатоците треба да се отстранат – доколку тоа остане безуспешно следно институционално
средство е водење на судски спор.
ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА
 Со договорот за продажба продавачот се обврзува
предметот што го продава да му го предаде на купувачот
така што купувачот да стекне право на сопственост, а
купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената.
 Битни односно суштествени елементи на договорот за
продажба е предметот кој се продава, односно треба да се
опише детално за да може да се идентификува и јасно да се
дистанцира од останатите слични по природа
предмети.Друг битен елемент на договорот за продажба е
цената на предметот. Договорните страни пред да
пристапат кај адвокат за состав на договорот треба да имаат
договорено конечна цена за предметот, доколку цената е
договорено да биде исплатена на рати треба да биде
наведено во договорот, доколку постојат други посебни
елементи кои се договорени треба бидат наведени исто така
ДОГОВОР ЗА ПРЕВОЗ НА СТОКА СО
ЖЕЛЕЗНИЦА
 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
 Со овој закон се уредуваат правата и обврските кои произлегуваат од договорите за превоз на
патници и стока во внатрешниот и меѓународниот железнички сообраќај, ако со меѓународен
договор поинаку не е пропишано. На сите односи на договорите за превоз на патници и стока
кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.

 Член 2. Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:


 1. "Железнички превозник" е домашно и странско правно лице чијашто основна дејност е
давање транспортни услуги на патници и/или стока по пат на железница и кое има дозвола за
јавен превоз и решение за безбедност;
 2. "Корисник на превозот" е правно или физичко лице кое врз основа на договор со превозникот
стекнува одредени права и презема одредени обврски;
 3. "Патник" е лице кое врз основа на договор има право на превоз;
 4. "Нарачувач на превозот" е лице кое во свое име, а за сметка на друго лице, склучува договор
за превоз на патници со превозникот;
 5. "Испраќач" е лице кое ја предава стоката на превоз и склучува договор со превозникот;
 6. "Примач" е лице овластено од испраќачот да ја превземе стоката од упатната станица, да го
откупи товарниот лист и да ја преземе стоката предадена на превоз
Договор за превоз на стока во патниот
сообраќај
 Со договор за превоз на стока превозникот се обврзува да прими
и да ја превезе стоката до местото на истовар и во тоа место да ја
предаде на примачот или на друго овластено лице што ќе го
одреди примачот, а испраќачот и/или организаторот на превоз се
обврзува на превозникот да му ја исплати договорената
превознина.
 Договорот за превоз на стока може да се склучи во писмена
форма или со образец од договор за меѓународен превоз на стоки
(ЦМР образец) или товарен лист за внатрешен превоз или врз
основа на потврден налог за утовар. Договорот за превоз во
писмена форма се потпишува меѓу организатор на превоз и/или
испорачател на стоката и/или примачот на стоката и превозникот,
независно од тоа кој е испорачател, а кој примач на стока “.
 Превозникот е должен да ја превезе стоката со возило
што е договорено или што ги исполнува условите за
превоз на тој вид на стока. Ако со договорот за превоз
возилото не е одредено, превозникот е должен да ја
преземе стоката со возилото што обезбедува уредно и
навремено завршување на договорот за превоз.
Возилото на превозникот мора да ги исполнува
условите утврдени со прописи за безбедност на
возила и посебните техничко - експлоатациони
услови пропишани за одделните видови на превоз.

You might also like