You are on page 1of 32

Универзитет ,,Гоце Делчев,, Штип

Економски факултет

СМЕТКОВОДСТВО НА
ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ
(1 час)

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Tрајковска


МЕНИЦА
• Меницата претставува инструмент што се користи во платниот промет и означува наредба што ја дава трасантот на трасатот да се исплати определен
паричен износ на ремитентот или на самиот трасат

• Преносот на меницата се врши со:


 индосирање (писмена изјава со која имателот на меницата
ги пренесува своите права на некое друго лице)
 со граѓанско правна цесија (кога на меницата стои РЕКТА)
• Основни елементи на меницата се:
 ознака за меница
 безусловна наредба за плаќање
 име на оној кој треба да плати (трасат)
 рок на плаќање
 место на плаќање
 име на оној на кој треба да му се плати (ремитент)
 место и датум на издавање на меницата
 потпис на издавачот (трасант)
• Споредни елементи на меницата кои ги дообјаснуваат
основните можат да бидат:
 ознака соло – означува дека меницата е издадена само во еден
примерок
 ознака по наредба – се дава право на ремитентот да ја пренесе
меницата на друго лице
 ознака вредноста примена во стока – го објаснува правниот
однос од кој произлегува меницата;
 ознаки без протест, без трошоци – може да го стави
трасантот или било кој индосант ако сака да го забрани
протестот на меницата;
 ознака со извештај – го објаснува начинот на кој трасантот ќе
ја акцептира меницата
ВИДОВИ МЕНИЦИ

• Во трговскиот промет мениците се јавуваат во два вида:


 сопствени или соло (во кои учествуваат само две лица: лице
кое ја издало меницата и меничен доверител; постои
безусловно ветување “безусловно ветувам дека ќе платам”)
 трасирани меници (постојат три учесници: трасант – лице кое
дава налог да се плати, трасат – лице на кое му се дава налогот
и ремитент – лице во чија корист треба да се плати).

• Трасатот станува меничен обврзник кога ќе даде согласност за


плаќање, т.е. со потпишување (акцептирање) на меницата
• Според времето на доспевање (втасување), мениците се делат на:
 меници по видување;
 меници на определено време по видување;
 меници на определено време од денот на издавање;
 меници на определен ден.

• Според битните елементи кои ги содржат мениците се делат на:


 бланко меница (на неа се наоѓа само потписот на трасантот,
трасатот и други менични обврзници, со изоставен останат текст);
 непотполна меница (и недостасува еден од битните елементи,
кои ги дополнува сопственикот);
 лажна меница (некој од потписите е фалсификуван).
• Акцептирање на меница – е менично дејство со кое некое
лице, по правило трасатот наведен во меницата, со ставање на
својот потпис и внесување одредени клаузули, потврдува дека
ја прифаќа меничната обврска, односно изјавува дека ќе ја
изврши наредбата на трасантот за нејзина исплата (постои
целосен и делумен акцепт)

• Авал на меница – претставува писмена изјава на некое лице


кое гарантира дека меничниот должник ќе ја исплати меницата
на нејзиниот ден на втасување (ќе ги исполни меничните
обврски)
Ако авалистот ја исплати меницата за сметка на должникот, во
тој случај може да го регресира исплатениот износ од
должникот
• Регрес на меница – се подразбира право на меничниот должник да
бара исплата на меничниот износ со сите трошоци, ако главниот
меничен должник – трасатот ја одбие исплатата.
• Регресни менични должници се сите менични обврзници:
трасантот, индосантот, авалистот и акцептантот

• Протест на меница – за да може сопственикот на меницата да ги


оствари своите права во однос на меничните должници, односно
да го оствари правото на регрес, доколку тие не ги извршуваат
своите обврски, треба да подигне протест на меницата пред
нотар.
• Протестот содржи: препис на меницата, име и назив на правното
лице по чие барање се покренува, против кого се покренува
протест, потврда за неизвршена обврска, доказ дека нотарот не го
нашол лицето против кое се покренува протестот...
ЕЛЕКТРОНСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ
• Современиот платен промет се заснова на софистицирана
информациона технологија (електронски трансфер на пари)
• Во областа на банкарството се развиени три вида на електронски
системи за извршување на платните операции:
 банкарски автомати
 компјутери на продажните места
 куќно или домашно банкарство
• Во развиените земји плаќањето се врши со автоматски клиринг,
со кој се врши пребивање на побарувањата и обврските на
поединечните учесници во клириншките аранжмани
• Постои клириншки систем на плаќање (пребивање на крајот
на денот) и систем на плаќање според бруто принципот во
реално време (паричните трансфери се вршат индивидуално и
директно)
Меѓународен платен промет

• Ги опфаќа сите плаќања по било која основа во странска валута,


помеѓу учесници од различни земји
• Се карактеризира со: ангажирање на странска банка, плаќање со
странска валута, почитување на посебни закони за девизно
работење...
• Во платниот промет по правило учествуваат четири субјекти:
налогодавачот, банката на налогодавачот, корисникот и банката на
корисникот
• Односите помеѓу банките се контокорентни , односно се
засноваат на меѓусебно отворени тековни сметки во странска
валута
• Се среќаваат ностро и лоро тековна сметка во странска валута
• Ностро тековна сметка е домашна тековна сметка во
странска валута, отворена во странска банка
• Лоро тековна сметка во странска валута е туѓа (странска)
тековна сметка отворена кај некоја наша банка, овластена
за работа со странство

• За извршување на плаќањата со странство правните


субјекти отвораат девизни сметки кај банките овластени за
работи со странство
• Во секоја земја меѓународните плаќања се регулирани со
посебни надворешнотрговски и девизни прописи кои се
разликуваат од земја до земја
Систем на меѓународни плаќања

• Постојат три системи на меѓународни плаќања:


 слободно девизно плаќање (се договара помеѓу земјите во
конвертибилни девизи)
 клириншки начин на плаќање (се врши помеѓу две или
повеќе земји потписнички на клириншка спогодба, со која
платниот промет се врши во национални валути, без употреба на
девизи и тоа преку меѓусебно пребивање на побарувањата).
Клирингот може да биде: парцијален, цврст и мешовит
 компензација – е начин на плаќање со странство кој се состои
во директна размена на вредноста на увозот со вредноста на
извозот помеѓу два деловни субјекти
Инструменти на меѓународниот платен промет

• Најчесто користени инструменти кои се користат во


меѓународниот платен промет се:
 документиран акредитив
 инкасо работи
 документирана наплата
 дознаки
 чекови
 кредитни картички
 кредитни писма
 меници
 банкарски гаранции
АКРЕДИТИВИ
• Под акредитив се подразбира налог на банката даден од
страна на налогодавачот, купувачот (увозник), непосредно
или посредно, преку кореспондентската сметка да му
дозначи на определен корисник (извозник) назначен
паричен износ или од него да прими трасирана меница, по
исполнување на определени услови

• Документираниот акредитив влева сигурност и кај


купувачот и кај продавачот – продавачот е сигурен дека, ако
ги исполни условите предвидени со договорот,
испорачаната стока или услуга ќе му биде платена;
купувачот е сигурен дека купената стока ќе ја прими
Видови акредитиви

• Различни поделби:
 ностро и лоро акредитив (ностро – го отвораат домашните
увозници во корист на странските извозници; лоро – го отвораат
странските увозници во корист на домашните извозници)
 отповиклив и неотповиклив акредитив (во зависност од тоа
дали може во секој момент да биде изменет или отповикан, без
претходна согласност на сите учесници во акредитивот)
 потврден и непотврден акредитив (во зависност од тоа дали
банката на продавачот презема или не врз себе солидарна
одговорност со акредитивната банка-банката на купувачот, и
обврските што таа ги има кон корисникот)
 преносен и непреносен акредитив (во зависност од тоа дали
корисникот има право само еднаш во целост или делумно да го
пренесе акредитивот на друг корисник, без промена на условите)
 домицилен во земјата и во странство (во земјата на купувачот-
ако плаќањето се врши по преглед на акредитивните документи
на македонската банка; во земјата на извозникот-ако исплатата
се врши во таа земја по презентирањето на акредитивните
документи)
 покриен и непокриен (во зависност од тоа дали со
акредитивниот налог се доставува и акредитивното покритие)
 повторувачки акредитив – не престанува да важи по
искористувањето на износот, туку автоматски се обновува за
почетниот износ се додека не се постигне максималниот износ
означен на акредитивот
 обичен акредитив – со еднократно користење, т.е. се гасне со
искористување на акредитивниот износ
 револвинг акредитив – увозникот го овластува извозникот да го
користи акредитивниот износ до истекот на крајниот рок, односно
до исцрпување на вкупниот износ, кој е поголем од првобитниот
износ на кој гласел акредитивот
 акцептен документиран акредитив – извозникот при поднесување
на документите за испорачаната стока во банката не го добива
бараниот износ, туку банката акцептира меница од извозникот, која
е влечена на неа (извозникот може да ја чува или да ја есконтира)
 акредитив по видување (се исплатува веднаш, по презентирање на
документите ) и термински (се исплатува по извесен период од
презентирањето на документите)
 акредитив со црвена клаузула – му дава можност на корисникот да
го добие потребниот износ на средства во вид на аконтација, без
доставување на потребните документи
• Во постапката на плаќање со акредитив се јавуваат следните
учесници:
 налогодавач – купувач (увозник) кој го отвора акредитивот
кај одделна деловна банка
 акредитивна банка – банка на налогодавачот, која по негов
налог го отвора документираниот акредитив во корист на
продавачот (извозникот)
Банката може да биде: авизирачка (само го известува
корисникот дека акредитивот е отворен); потврдувачка
(посредничка банка која презема цврста обврска спрема
корисникот да го исплати акредитивниот износ); негоцирачка
(овластена да изврши исплата на корисникот по поднесување на
соодветни документи); исплатна (овластена банка од
акредитивната банка да го исплати акредитивот на корисникот)
 корисник на акредитивот – продавачот (извозникот), кој се
стекнува со право на наплата на средствата од акредитивот
Наплата со акредитив
• Доколку некој извозник во земјата своето побарување го
наплати со акредитив, известувањето за него пристигнува во
банката овластена за работа со странство.
• Наплатата со акредитив банката ја обработува најдоцна
наредниот ден, кога вредноста од испратените акредитивни
документи е одобрена на нејзината сметка во странство
• За пристигнатиот прилив (наплата) банката е должна со
посебен образец – Извештај за наплата од странство,
најдоцна наредниот ден да го извести корисникот на
наплатата (извозникот)
Плаќање со акредитив

• Техниката на плаќање со акредитив во меѓународната


трговија започнува со отворање на акредитив, што се врши
врз основа на склучен купопродажен договор со кој, покрај
другото, со посебен член, се регулира и начинот на плаќање
• Купувачот и дава налог на акредитивната банка за отворање
акредитив, со претходно обезбедено покритие.
Акредитивната банка го известува корисникот дека
акредитивот е отворен. За да стекне право на наплата на
износот корисникот е должен на акредитивната банка да и
приложи соодветни документи, како фактура, товарен лист
и сл.
Документирана наплата
• Како инструмент на платниот промет се карактеризира по тоа
што продавачот (извозникот) и предава на банката одредени
документи за да може да наплати од должникот, преку својата
коресподентна банка во странство
• Како учесници се јавуваат:
 налогодавачот (подносител на инкасо документите за
наплата)
 банка ремитент (која ги прима документите од извозникот)
 коресподентна наплатна банка (секоја друга банка освен
банката на ремитентот)
 трасат (увозникот, должник од кој се наплаќа)
• Видови на документирана наплата:
 стоковна (врз основа на фактури, испратници, товарни
листови и сл.)
 нестоковна (врз основа на чекови, меници, побарувања и сл.)
 ностро документирана наплата (кај која домашната банка ги
прима документите од извозникот заради наплата директно
или преку својата коресподентна банка во странство, од
странскиот должник-увозникот)
 лоро документирана наплата (обратно од ностро, т.е.
странските коресподенти или други банки им доставуваат на
македонските банки трговски документи или други хартии од
вредност за наплата од домашниот должник-увозникот)
Банкарска дознака
• Увозникот и дава налог на банката да изврши плаќање на
назначениот субјект, определен износ во странска валута.
Банката ќе го изврши дадениот налог под услов ако на
девизната сметка на увозникот има покритие

• Банкарските дознаки може да бидат:


 ностро и лоро (плаќање во земјата и странство)
 стоковни и нестоковни (плаќање на стоки наспроти услуги)
 конвертибилни и клириншки (плаќање во конвертибилни
девизи наспроти плаќање преку збирна сметка меѓу субјекти
со кои е заклучен договор за клириншко плаќање)
ЧЕКОВИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА

• Чекот претставува инструмент издаден во строго пропишана форма и


со него издавачот (трасантот) и дава налог на банката (трасат) на товар
на неговата сметка да му ја исплати назначената сума на корисникот на
чекот (ремитентот), на доносителот или на самиот издавач
• Видови чекови во меѓународната трговија:
 банкарски – кај кој и издавачот (трасантот) и плаќачот (трасатот) се
банки
 патнички – го издаваат големите светски банки или познати
туристички агенции во странство
 личен чек – го издава странска фирма или физичко лице кои имаат
побарување на својата сметка кај банката
 документиран чек – се користи при увоз на стоки и услуги, а неговата
исплата е условена со поднесување на документи
Пример...
МЕНИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА

• Меницата, како инструмент во меѓународните плаќања,


претставува безусловен писмен налог, издаден и потпишан од
страна на извозникот (трасант), со кој се бара од лицата
наведени во меницата (купувачот, увозникот, трасатот) да
платат определен износ на парични средства, на барање или
на точно утврден датум во иднина, по нечиј налог или на
доносителот
• Трасантот (продавачот) е лице кое ја влече меницата за
увозникот (трасатот). Ремитентот е лице во чија корист се
влече меницата
• Според времето на втасување: по видување, на определено
време по видување, на определено време од денот на
втасување и на определен ден
КРЕДИТНО ПИСМО

• Претставува налог од една банка на друга банка (во странство)


на корисникот на кредитното писмо (назначеното лице) да му
исплати определен износ на парични средства, во определен рок
• Се издава само на физички лица и не може да се пренесе на
друг со индосирање
• Елементи:
 име на банката издавач
 име на корисникот
 износот до кој може да му се исплаќа на корисникот
 рок на важност
 назив на банката која ќе ја врши исплатата
• Може да биде: обично и циркуларно; ностро и лоро
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

• Е инструмент што го осигурува плаќањето, односно со него


банката гарантира дека налогодавачот на гаранцијата
(фирмата што и дава налог на банката за издавање гаранција
во корист на друга фирма) ќе ги исполни обврските наведени
во гаранцијата, спрема корисникот на гаранцијата (т.е. банката
гарант презема обврска дека во договорениот рок ќе го
исплати договорениот износ, доколку тоа не го направи
главниот должник)
• Учесници во банкарската гаранција:
 налогодавач на гаранцијата (должник)
 банка што ја издава гаранцијата (гарант)
 корисник на гаранцијата
• Банкарската гаранција се издава во писмена форма врз основа
на писмено барање за издавање, во кое се содржани:
корисникот, рокот, валутата и за кого се однесува

• Елементи на банкарска гаранција:


 назив и седиште на банката гарант
 назив и седиште на корисникот на гаранцијата
 предмет и содржина на гаранцијата
 време на траење на гаранцијата
Видови на банкарски гаранции:
• Платежна (со која банката гарантира дека главниот должник ќе ја
измири обврската) и обврзувачка (му се дава на корисникот како
гаранција дека ќе се изврши определена работа-инвестициски
работи, за кои е обврзан главниот должник
• Обични гаранции (корисникот може да го наплати побарувањето
од банката ако не плати главниот должник) и солидарни гаранции
(корисникот може да се обрати или на главниот должник или на
банката гарант)
• Ностро (гаранција која се издава на странскиот партнер) и лоро
(која странскиот партнер му ја испраќа, преку банка, на
домашниот партнер)
• Условна банкарска гаранција (бара исполнување на определени
услови-доставување документи, наоди за квалитет на стока и сл.)
Видови на банкарски гаранции:
• Непотврдени (оние кои странската банка само ги нострифицира, без
преземање на обврска спрема корисникот на гаранцијата) и
потврдени (банката презема обврска кон корисникот на гаранцијата)
• Супергаранција – кога за исплата на гарантираниот износ
гарантира, освен банката гарант и друга банка
• Контрагаранција - е писмена неотповиклива изјава на банката
гарант дека во рамките на гарантираниот износ ќе му го исплати на
супергрантот износот што тој морал да го плати, со што се намалува
ризикот на супергарантот
• Покриени банкарски гаранции – се издаваат кога странските
коресподенти не се задоволни само со контрагаранцијата на банката
што ја издала, туку бараат однапред покритие на гарантираниот
износ
Постапка за издавање на банкарска гаранција:
• Пред издавањето на гаранцијата, банката треба да располага со
следните податоци:
 видот на гаранцијата и за што се дава
 кредитна способност и бонитет на фирмата што ја бара
 осигурување со потребните девизни средства за покритие
 расположливиот кредитно-девизен потенцијал кога издадената
гаранција ќе го товари тој потенцијал

• Основен услов за добивање на банкарска гаранција е уредно,


економично, рационално и рентабилно работење на фирмата-
налогодавач
КРЕДИТНА КАРТИЧКА

• Кредитната картичка во меѓународниот платен промет


овозможува брзо, експедитивно плаќање на различни услуги,
подигање готовина од шалтерите на определени банки,
купување стоки и сл.
• Плаќањето се врши со презентирање на кредитната картичка и
потпишување на сметките, односно налогот за исплата, без
користење на други инструменти
• Овозможува користење на краткорочен потрошувачки кредит,
со плаќање на одредена камата
• Со неа може да се менува една валута во друга валута во
различни земји

You might also like