You are on page 1of 29

ОСНОВНА ПРОГРАМА

ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА СТРУЧНА ОСПОСОБЕНОСТ НА


ВОЗАЧИТЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ
АВОOOSЗ НА ОПАСНИ МАТOOOЕРИИ
1.Што претставува спогодбата ADR?
Правила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај

2.Што значи „превоз на опасни материи во патниот сообраќај" ?


Супстанции или производи, чиј превоз е забранет или е дозволен само под
одредени околности во согласност со прописите од ADR

3.Од што зависи поделбата на опасните материи во девет класи?


Од главната опасност на материите

4.Колку класи на опасни материи има во АДР? - 9 класи

5.Што претставува превоз во цистерни?


Превоз на гасови, течности или гранулирани и прашкасти цврсти материи во
една или повеќе цистерни (монтирани на возилото) со зафатнина повеќе од
1 кубни метри

6.Гасовите од класа 2 можат да бидат обележани со буквата А, која значи дека


гасот е:
Загушлив

7.Гасовите од класа 2 може да бидат обележани со буквата Т, која значи дека


гасот е: Отровен

8.Ако гасовите од класа 2 се обележани со буквата F, тоа значи дека се:-


Запалливи

9.Буквата О кај гасовите од класа 2 означува дека се: - Оксидирачки

10.Буквата С кај гасовите од класа 2 означува дека се: - Корозивни

11.Што означува TFC кај гасовите од класа 2? - Отровен,запаллив и корозивен


гас

12.Ознаката ТС кај гасовите од класа 2 означуваат дека се работи за:


Отровен и корозивен гас

13.ТОС кај гасовите од класа 2 означува: - Отровен,оксидирачки и корозивен


гас

14.Која е основна опасност од класа 1? - Опасност од експлозија


15.Главна опасност од класа 3 е: - Пожар

16.Која е основна опасност од класата 4.1? - Опасност од пожар

17.Која е главна опасност од класа 4.2? - Опасност од самозапалување

18.Зошто се опасни материите од класа 4.3?


При контакт со вода испуштаат запалливи гасови

19.Која е главна опасност од класата 5.1?


Оксидација поради која може да настане пожар

20.Главна опасност на материите од класата 6.1 е: - Опасност од труење

21.Зошто се опасни материите од класа 6.2?


Можат да предизвикаат зараза кај луѓето и животните

22.Главна опасност од материите од класа 7 е: - Радиоактивност

23.Која е главна опасност од класа 8? – Корозивност

24.Која е основна опасност на материите од класа 9? - Нема основна главна


опасност

25.Ако се превезуваат материи од класа 2, тоа значи дека се превезуваат: -


Гасови

26.Кога се превезуваат опасни материи од класата 3, што се превезува? -


Запалливи течности
27.Ако во возилото се превезуваат материи од класа 6.1, што претставува тоа?
Отровни материи
28.Кога превезувате материи од класата 8, какви опасни материи превезувате?
Корозивни
29.На која класа се однесуваат експлозивните материи?
Класа 1
30.Во која класа спаѓаат запалливите течности?
Класа 3
31.Во која класа спаѓаат самозапалливите материи?
Класа 4.2
32.Во која класа спаѓаат органските пероксиди?
Класа 5.2
33.Каква опасна материја е сулфурната киселина од класата 8?
Корозивна
34.Што претставува фенол, тврд, од класа 6.1?
Отровна материја
35.Ураниумот е радиоактивна материја. Во која класа на АДР спаѓа?
Класа 7
36.Пропанот е запалив гас. На која класа припаѓа?
Класа 2
37.Сулфурот е запалива тврда материја. Во која класа спаѓа?
Класа 4.1
38.Хлороформ е отровна материја и спаѓа во класата:
Класа 6.1
39.Зошто се опасни запаливите течности?
Може да формираат запаливи експлозивни смеси во воздухот
40.Зошто е побезбедно да се работи со запаливи течности во затворен
циклус или систем?
Затоа што испарувањата од запалливите течности не се испуштаат во
атмосферата, одат во резервоарот кој се полни.
41.Каква акција треба да се преземе за да се спречи пожар или експлозија, кога
се превезуваат запаливи течности?
Треба да се носи антистатичка облека, и да се заземјуваат цистерните при
утовар и истовар. Покрај тоа, да не се допушта отворен оган во близина,
пушење и носење на метални предмети
42.Зошто празните (нечисти) контејнери или пакети кои содржеле
запаливи течности се опасни?
Зошто при мешање со пареите од воздухот се добива експлозивна
мешавина
43.Како треба да се превезуваат материите од класа 3?
Во пластични или стаклени пакувања, во челични или алуминиумски
канистри
44.Зошто се опасни материите од класите 4.1, 4.2 и 4.3?
Зошто и самите тие се запаливи, или испуштаат запаливи гасови во
контакт со вода
45.Зошто се опасни материите од класа 4.2?
Затоа што се палат спонтано при контакт со воздух
46.Како треба да се превезуваат материи од класа 4.2?
Во непропустлива амбалажа, да не дојде во допир со воздух
47.Како треба да се превезуваат материи од класа 4.3?
Во водоотпорни садови и возила
48.Зошто се опасни материите од класа 5.1?
Затоа што предизвикуваат палење и согорување на
други материи
49.Можат ли оксидирачките материи да го забрзаат согорувањето?
Да, бидејќи со разложување ослободуваат кислород
50.Како се превезуваат опасни материи од класа 5.1?
При превозот да се избегнува нивно мешање со запаливи материи или
материи кои согоруваат
51.Зошто се опасни материите од класа 5.2?
Зошто се термички нестабилни и можат да се распаднат при нормална или
зголемена температура и да создадат штетни или запалливи гасови или
пареи
52.Какви супстанци предизвикуваат распаѓање на органските пероксиди?
Распаѓањето може да биде предизвикано во допир со киселини, амини или
соедниненија на тешки метали
53.Зошто се опасни материите од класа 6.1?
Затоа што можат да предизвикаат смрт преку вдишување, голтање или
контакт преку кожата
54.Како треба да се превезуваат материите од класа 6.2? - Во затворени возила
и спакувани
55.Зошто се опасни материите од класа 8?
Можат да ги уништат ткивата (кожа и слузокожа), и да оштетат предмети или
превозни средства
56.Во каква состојба можат да бидат опасните материи и производи?
Во гасовита, течна и цврста
57.Во каква физичка состојба можат да се превезуваат гасовите?
Како компримирани гасови, течни гасови, длабоко замрзнати течни гасови и
гасови растворени под притисок
58.Обележувањето на UN пакувањата може да ја вклучува буквата Х. За
кои групи на пакувања?
Ознаката покажува дека пакувањето е одобрено само за група на
пакување I, II и III
59.Обележувањето на UN пакувањата може да ја вклучува буквата Y. За
кои групи се однесува? - Пакување на групи II или III
60.Каква е намената на знаците за опасност (портокалови табли и налепници)?
Покажува дека во возилото се превезуваат опасни материи
61.Кои се димензиите на портокаловите таблички? - 400x300 mm
62.Колкава е дебелината на црниот раб на портокаловите таблички? - 15 mm
63.Од колку цифри се состои UN бројот на опасната материја? - 4 цифри
64.Какви информации даваат кемлеровите портокалови таблички?
Во горната половина содржат информации за идентификацискиот број , а во
долната половина е UN бројот на опасната материја
65.Колку групи на пакување постојат според АДР? - 3 (I, II и III група)
66.Во случај на сообраќајна незгода при превоз на опасни материи кој
е документот според АДР кој упатува на Ваше натамошно
постапување
Писмени инструкции
67.Кои се димензиите на налепниците за опасност? - 250x250 mm
68.Како отпадот може да се класифицира како опасен според АДР Спогодбата?
Ако содржи опасни супстанции од листата на АДР
69.Кој е одговорен за правилно прицврстување на товарот? - Возачот
70.Како правилно се обележуваат возилата кои превезуваат опасни отпади
поАДР?
Напред и назад на возилото по една портокалова табла која содржи броеви
за опасност и UN број на најопасната состојка во отпадот
71.Дали се потребни документи за транспорт на отпад кој спаѓа под АДР?
Да, за сите опасни отпади
72.Какви се последиците од истекување на дизел гориво или други
запалливи течности во вода?
Ги загадуваат водите и тие стануваат опасни за човекот, животните и
растенијата
73.Што претставува отворено возило?
Превозно средство - платформа, која нема надградба или има само
странична и задна конструкција
74.Што претставува контејнер?
Транспортна единица со цврста конструкција, која може повеќекратно да се
користи
75.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Загушлив гас
76.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Отровен гас
77.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:
Запалливи течности
78.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Запалливи материи кои во контакт со вода испуштаат запалливи гасови


79.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Отровни материи
80.На кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Оксидирачки материи
81.За кои опасни материи се користи следнава налепница:

Заразни материи
82.Што означува следнава налепница:
Корозивни материи
83.Што означува следнава налепница:

Материи опасни за животната средина


84.Каква налепница за опасност имаат радиоактивните материи (Класа 7)?
Знак тролист во горната половина и натпис „RADIOACTIVE" под него
85.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Оксидирачки материи
86.Опиши ја налепницата за класа 4.1 - запаливи цврсти материи:
Налепница во форма на ромб, со наизменични црвени и бели вертикални
линии, со знак за пламен во горната половина и број 4 во долната половина
87.За кои опасни материи се однесува следнава налепница за опасност:

Експлозивни материи
88. На кои опасни материи се однесува следнава налепница:
Запалливи гасови
89.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Самозапалливи материи
90.За кои опасни материи се однесува следнава налепница:

Други опасни материи и производи


91.Што значи „повторно употребена амбалажа", според ADR?
Амбалажа, која е проверена и за која е утврдено дека нема дефекти, кои
можат да влијаат на нејзината издржливост за опасната материја која се
превезува
92.Какви се барањата за пакувањaта во кои се предвезуваат опасни материи?
Материјалите од кој се направени да бидат отпорни на хемиските својства на
опасната материја
93.Во какви садови можат да се превезуваат материи од класа 2?
Цилиндрични туби, садови под притисок или сноп на цилиндри
94.Што покажуваат ознаките за опасност (табли и налепници)?
Во возилото се превезуваат опасни материи
95.Како треба да се превезува амбалажа, означена со две вертикални
стрелки на бела подлога?
Пакувањето да се стави со стрелките нагоре
96.Кое од следново дава информации за опасноста поврзана со
превезуваната опасна материја?
Налепницата за опасност(Знаците на плочката од цистерната, Празните
портокалови таблички, Патниот налог, Товарниот лист)
97.Како треба да бидат означени садовите на класа 2?
Со траен натпис на кој е прикажан пробниот притисок
98.Во возило се превезуваат опасни материи во пакети. Кои ознаки за
опасност треба да се постават надвор на возилото?
Празни портокалови таблички на предниот и на задниот дел на целата
комбинација влекач и полуприколка цистерна
99.Како треба да биде обележано моторно возило (кипер) за превоз на
опасни материи во рефус?
Кемлерови таблички напред и назад на комбинацијата од возила, и
налепници за опасност од двете страни и од задната страна на
комбинацијата од возила
100.Како треба да биде обележана транспортна единица, која превезува
опасна материја во рефус, во контејнер?
Портокалови таблички на предната и задната страна, и налепници за
опасност од сите 4 страни на контејнерот
101.Ако садот со гас се изложи на пламен, гасот во садот:
ќе се прошири и може да предизвика експлозија на садот
102.Запалливите гасови се во класата:
2 и имаат црвена налепница за опасност
103.Испарувањата од запалливи течности можат да се запалат од: - Искра
104.Испарувањата од запаливите течности генерално се: - Безбојни и потешки
од воздухот
105.Колку поделби има во рамките на класа 4? - 3 поделби
106.Материи склони кон самозапалување се: - Фосфорот, бел или жолт
107.Како се врши неутрализација на киселините? - Со бази
108.Во која класа на опасни материи спаѓа дизел горивото? - Класа3
109.Како мора да се превезуваат киселините и базите?
Во пакувања кои се отпорни на нивната хемиска активност
110.Што значи бројната ознака за опасност „22“ на кемлеровата табличка?
Оладен втечнет гас
111.Што значи бројната ознака за опасност „33“ на кемлеровата табличка?
Многу запаллива течност
112.Што означува буквата „Х" пред бројот на класата на опасната материја?
Опасна реакција во контакт со вода
113.Ако при пристигнување на местото за испорака просториите на примачот
на стоката се затворени, треба да го сторите следново:
да се паркирате на паркинг за товарни возила
114.Најголемата брзина на возилата кои превезуваат опасни материи (освен
отрови) е: 70 km/h
115.Најголемата дозволена брзина на возилата кои превезуваат отрови е: 60km/h
116.Обновување на АДР сертификатот за возачот може да се направи:
После четвртата пред завршување на петата година
117.Меѓународниот товарен лист, CMR:
Може да биде пополнет и од страна на возачот
118.Кој е одговорен за правилното означување со таблички и налепници
на возилото со кое се превезуваат опасни материи? - Возачот
119.Чија должност е да провери и да се осигура дека празните
неисчистени цистерни се затворени и еднакво непропустливи како да се
полни?
Испраќачот
120.Кој е одговорен во нормални услови за прицврстување и обезбедување
на товарот во возилото? - Возачот
121.Дали опасни материи може да се превезуваат како багаж? - Не
122.Во случај на сообраќајна несреќа во која се повредени луѓе, а
опасните материи не се оштетени, возачот:
Не смее да го поместува возилото, освен ако претставува опасност за
другите учесници во сообраќајот или постои опасност од пожар
123.Кој документ треба да им го даде возачот на опасни материи според АДР
на надлежните служби во случај на сообраќајна несреќа? - Писмени
инструкции
124.Што треба да направи возачот ако видливоста е намалена поради магла?
Да ја намали брзината и да застане на најблиското место за пракирање
125.Ако при пожар согорува запаллива течност, пожарот е од: - Класа B
126.Колку групи на пожари постојат? - 5 групи
127.Колку степени на изгореници постојат? - 4 степени
128.Во што се состои првата помош на лице со затворена скршеница ако
не постои опасност од пожар во близината?
Се остава лицето во затекнатата положба и се повикува медицинска екипа
129.Кога е потребно да се запре крварењето?
Во случај на отворена скршеница
130.Како можат отровните материи да навлезат во телото на човекот?
Вдишени или проголтани
131.Какви опасни ефекти можат да предизвикаат корозивните материи
на човечкото тело?
Уништување на ткивата
132.Што треба да се стори во случај на контакт на кожата или очите со киселина
Да се измие со вода во големи количества
133.Кога се дава прва помош со масажа на срцето?
При престанок на работа на срцето
134.Задолжителната опрема за сите возила кои превезуваат опасни материи под
АДР вклучува:
Клоцна за блокирање на тркалата, знаци за предупредување, елек и
светилка за секој член на екипажот и друга потребна опрема дефинирана во
писмените инструкции
135.Цврст отпад категоризиран како опасна материја се превезува:
Спакуван, но исто така и во рефус - ако тоа е дозволено согласно одредбите
нa АДР
136.Во горната половина на портокаловите таблички на возилото е
наведен бројот 80. На каква опасност укажува? - Корозивност
137.На која АДР класа припаѓаат материите со главната опасност ОТРОВНОСТ?
Класа 6.1
138.Што значи идентификационен број за опасност 663?
Силно отровни материи , запаливи
139.Што значи бројот 63 во горната половина на портокаловите таблички?
Отровни , запалливи материи
140.Ако гас е означен како TF каков вид на гас се превезува?
Отровен и запаллив
141.Колку портокалови таблички мора да бидат поставени на возило со
приколка кое превезува опасни материи во пакети?
Две (1 на предната страна на возилото, 1 на задниот дел од возилото)
142.Каков материјал мора да се користи за покривање на
портокаловите таблички кога не е потребно да се користат?
Материјал отпорен на оган најмалку 15 минути
143.Што значи буквата Х во бројот за опасност на некои материи?
Укажува на материја која реагира опасно со вода
144.Кои групи на пакување ги опфаќа буквата Z?
III
145.Ризик од изгореници (смрзнатини) постои при транспорт на:
Течни гасови (Компримирани гасови, Гасови растворени под притисок, Загушливи
гасови, Запаливи течности)
146.Со која налепница се ознечува буре во кој се транспортира нафта со ОН
1202:

147.Колку категории на тунели постојат? - 5 категории


148.Што значи ознаката B кај тунелите?
Забранет премин низ тунелите од категорија B, C, D и Е
149.Што значи ознаката D кај тунелите?
Забранет премин низ тунелите од категорија D и Е
150.Што значи ознаката E кај тунелите?
Забранет премин низ тунелите од категорија Е
151.Со кои документи се потврдува дека возилото AT, FL, OX, EXII, EXIII и MEMU
е одобрено за превоз на опасни материи?
Уверение за испитано возило, и сертификат за исправност на возилото за
превоз на опасни материи
152.За кои броеви на налепници не е задолжителна течност за плакнење
очи, како дел од заштитната опрема?

1.1 ,1.4, 1.5, 1.6, 2.1, 2.2, 2.3

153.Што значи знакот (-) како тунелски знак?


Допуштен премин низ сите тунели
154.Со која буква се означува групата на пакување III?
Z
155.Со која буква се означуваат групите на пакување I, II и III?
X
156.Со која буква се означуваат групите на пакување II и III?
Y
157.Какви ПП апарати се потребни за превозна единица со најголема
дозволена маса над 3,5 тони, вклучувајчи и 7,5 тони?
Еден или повеќе ПП апарати противпожарна класа А, B и C со најмала вкупна
зафатнина од 8 кг сув прав (или друго прикладно средство за гасење со иста
вкупна зафатнина), со тоа што најмалку еден мора да биде со зафатнина од 6
кг
158.Какви ПП апарати се потребни за превозна единица со најголема
дозволена маса над 7,5 тони?
Еден или повеќе ПП апарати противпожарна класа А, B и C со најмала вкупна
зафатнина од 12 кг сув прав (или друго прикладно средство за гасење со
иста вкупна зафатнина), со тоа што најмалку еден мора да биде со
зафатнина од 6 кг.
159.Што означува бројната ознака за опасност 286?
Гас,корозивен и отровен
160.Што означува бројната опасност 40?
Запалива или самозапалива цврста материја
161.Што означува бројната ознака за опасност 568?
Оксидирачка материја, отровна и корозивна
162.Што означува бројната ознака за опасност 606?
Инфективна материја
163.Што означува бројната ознака за опасност 668?
Многу отровна материја, корозивна
164.Што значи бројната ознака за опасност 78?
Радиоактивна материја, корозивна
165.Што означува бројната ознака за опасност X88?
Многу корозивна материја која опасно реагира во контакт со вода
166.Што означува бројната ознака за опасност 856?
Корозивна материја,оксидирачка и отровна
167.Што означува бројната ознака за опасност 99?
Различни опасни материи кои се превезуваат на повисоки температури
168.Што означува следнава налепница:

Материи со зголемена температура


169.За возилата наменети за превоз на запаливи течности или гасови, во АДР
сертификатот за возилото треба да стои следнава ознака: - FL
170.При превоз на експлозиви (класа 1 од АДР), која ознака за тип на
возило треба да стои во АДР сертификатот за возилото? - EX/II или
EX/III
171.Која е ознаката за возилата наменети за превоз на оксидирачки
материи, која треба да е впишана во АДР сертификатот за возилото? - OX
172.Што се аеросоли или аеросоли со распрскувач?
Сад за еднократна употреба изработен од метал, стакло или пластика, кој
содржи течен гас или гас растворен под притисок, и кој има уред што
овозможува содржината од нив да се испушта како пена, паста или прав во
течна или гасовита состојба
173.Што е буре под притисок?
Заварен сад под притисок во кој може да се превезува волумен на вода која
преминува 150 литри но не преминува над 1000 литри ( на пример.
цилиндричен сад кој има обрачи за тркалање или кугли за лизгање)
174.Што е амбалажа за спасување?
Специјално пакување во кои се ставаат оштетени, несоодветни или
пакувања на опасни материи кои протекуваат
175.Тунел со категорија „А“ значи:
Нема ограничувања за превоз на опасни материи
176.Тунел со категорија „B“ значи:
Ограничување за опасни материи кои можат да доведат до многу голема
експлозија
177.Тунел со категорија „C“ значи:
Ограничување за опасни материи кои можат да доведат до многу големи
експлозии, големи експлозии и големо отровно делување
178.Тунел со категорија „D“ значи:
Ограничување за опасни материи кои можат да доведат до многу големи
експлозии, големи експлозии, големо отровно делување или голем пожар
179.Во транспортниот документ е запишана оваа информација: UN 2573 ,
thhalium chlorate , 5.1 (6.1) PG IIКоја е главна и споредната опасност на оваа
опасна материја?
Главна оксидирачка, споредна отровна
180.Што значат овие ознаки при превоз на опасни материи :„FL“ „ОX“ „АТ“ „ЕXII“
„EXIII“ и „МЕМU“ ?
Ознаки за возила
181.Која е поделбата на органските пероксиди согласно начинот на превоз:
Кои бараат контролирана температура и кои не бараат контролирана
температура
182.Во транспортниот документ е наведено : UN 1098 ALLYL ALCOHOL, 6.1
(3), I (C/D)Што значи ( C/D ) ?
Ограничување низ тунели
183.Кога опасни материи се превезуваат во контејнер, во кој случај се
означува возилото со налепници за опасност?
Само ако налепниците не се видливи на контејнерот
184.Со кој документ се потврдува дека возилото е наменето за превоз
на пакувани опасни производи?
Со уверение за испитано возило
185.Што треба да се направи ако пакетите со опасни материи кои се товарат
на возилото не се означени ?
Не ги земам за натовар
186.Во која категорија (класа) спаѓаат пожари предизвикани од запалени
лесни метали? - Категорија D
187.Бројната ознака на опасност (идентификациониот број) на
кемлеровата табличка е 885 . Налепниците со кои се обележани пакетите
се 8 + 5.1. Согласно овие податоци, каква опасна материја треба да се
превезе?
Многу корозивна и оксидирачка материја
188.Кои групи на пакувања постојат кај опасните материи од класа 9?
II и III
189.Доколку опасната материја е означена со два исти броја (идентификациониот
број) што значи тоа?
Голема опасност
190.Која е групатa на пакување за многу опасни запаливи течни материи?
PG I
191.Доколку опасни материи се превезуваат во контејнер, на кои места
се поставуваат налепницитe на контејнерот?
На сите четири страни
192.Во случај на пожар и изложување на огин, колку минути најмалку не смее
да биде поместена кемлеровата табличка од подлогата на која е поставена?
15 минути
193.Кој е одговорен за обезбедување на писмени инструкции во возилото?
Превозникот
194.Превезувате алхохолни пијалоци од класа 3 со над 24% но не повеќе од 70%
алхохол со UN број 3065 група на пакување III . Според групата на
пакување, колкава е опасноста на опасните материи?
Мала опасност
195.Превезувате алхохолни пијалоци од класа 3 со над 70% алхохол со UN број
3065 група на пакување II .Според групата на пакување, дали превезувате
опасни материи со мала, средна или голема опасност?
Средна опасност
196.Кој треба да биде идентификациониот број на запаллива тврда материја
која на зголемена температура се наоѓа во растопена состојба? - 44
197.Во транспортниот документ е запишана оваа информација: UN 1889,
cyanogens bromide , 6.1 ( 8 ) PG I .Кои опасности може да ги предизвика оваа
опасна материја ?
Труење и корозија
198.Наведете ја класата на опасна материја во која спаѓа водороден пероксид
кој е оксидирачка материја: - 5.1
199.Ако садовите за превоз на опасна течна материја се изработени од кршлив
материјал и се пакувани во група, колку е максимално дозволената вкупна маса
на тие садови? 75 кг.
200.Кои се поделбите што ги има во рамките на класа 4?
Запаливи цврсти материи, самозапаливи и материи кои во допир со вода
испуштаат запаливи гасови
201.Возилата со ознаки „FL“, „ОХ“ „АТ“, „EXII“, „EXIII“ и „MEMU“ мора да имаат
уверение за испитано возило и сертификат за исправност на возилото. Која од
овие ознаки ја има возилото коешто е наменето за превоз на запаливи течности
или гасови во цистерни, контејнер-цистерни, батерии на садови или насадни
резервоари; ( „FL“, „ОХ“ „АТ“, „EXII“, „EXIII“ или „MEMU“)?
FL
202.Во која категорија (класа) спаѓаат пожари предизвикани од
запаливи гасови? - Класа C
203.Што треба да се направи ако пакетите со опасни материи кои се товарат на
возилото се оштетени? Не се товараат , се ставаат на страна
204.При превоз на опасни материи од класа 1 (експлозиви), покрај
вообичаената документација, потребно е и:
одобрение од Министерство за внатрешни работи
205.Кој треба да биде идентификациониот број на запалив гас, кој
може спонтано да предизвика бурна реакција? - 239
206.Кој треба да биде идентификациониот број на гас кој е отровен, запалив?
263
207.Кој треба да биде идентификациониот број на запалива течност,
која е отровна и корозивна?
368
208.Кој треба да биде идентификацискиот код на многу отровна
материја, корозивна?
668
209.Кој треба да биде идентификацискиот број на силно корозивна
материја, отровна?
886
210.Согласно степенот на опасноста кои органски пероксиди се
директно поврзани со најголемото количество во едно пакување?
oд B до F
211.Која е поделбата на органските пероксиди согласно степен на опасност?
Од А до G
212.За која најголема маса за соло возило цистерна за превоз на опасни
материи се однесува постојан систем за трајно кочење( АBS) ?
Над16 t
213.За која најголема маса за влекач со полуприколка за превоз на
опасни материи се однесува постојан систем за трајно кочење ( АBS) ?
Над10 t
214.Навдете ги поделбите од класа 6.2:
Заразни материи кои делуваат на луѓе, заразни материи кои делуваат само
на животни,медицински отпад, биолошки материи
215.Постои ограничување низ тунели за целиот товар, а кодот (ознаката) на
тунелот е - B1000C .Доколку по превозната единица се превезува повеќе од
1000 kg нето-маса на експлозивна материја низ кои ознаки на тунели има
забрана за движење овој превоз?
B, C, D, E
216.Постои ограничување низ тунели за целиот товар а кодот (ознаката) на
тунелот е - B1000C .Доколку по превозната единица се превезува помалку од
1000 kg нето-маса на експлозивна материја низ кои ознаки на тунели има
забрана за движење овој превоз?
C, D, E
217.Треба да се превезе отпад од класа 3. Се работи за Метанол со UN 1230.
Група на пакување е II. Етикети, налепници за опасност се ( 3+6.1) Превозот
вклучува поминување низ тунел. Тунелски код согласно АДР табела е ( D/E).
Каков е редоследот на податоците кои треба да бидат наведени во
транспортниот документ?

UN 1230 OTPAD METANOL , 3 (6.1) PGII ( D/E)


218.Амбалажата има код 1А1/Y1,4/150 За која група на пакување не смее да
се користи амбалажата?
PG I
219.Кога е пропишано превозот да се извршува со возило со ознака „FL“ со
кои ознаки на возила може да се изврши превозот?
Само „FL“
220.Кога е пропишано превозот да се извршува со возило со ознака „АТ “ со
кои ознаки на возила може да се изврши превозот ?
FL и ОX
221.Доколку се превезуваат опасни материи кои бараат
контролирана температура, согласно АДР кој е временскиот термин
на следење на температурата во товарниот простор ( и
забележување на истата )?
На секои4 до 6 часа
222.На кој временски период согласно АДР се врши периодичниот преглед
на фиксните резервоари ( цистерните) за превоз на гасови (класа2)?
за посебни UN броеви на 3 години за останатите на 6 години
223.Во транспортниот документ е наведено: UN 1050 HYDROGEN
CHLORIDE, ANHYDROUS, 2.3 (8), (C/D).Што значи ( C/D ) ?
ограничување низ тунели
224.Во транспортниот документ е наведено :UN 1023 HYDROGEN
SULPHIDE, 2.3 (2.1), (B/D).Што значи ( B/D ) ?
ограничување низ тунели
225.Во транспортниот документ е наведено :UN 1213 ISOBUTYL ACETATE, 3,
PG II, (D/E).Што значи ( D/E ) ?
ограничување низ тунели
226.Во транспортниот документ е наведено :UN 1350 SULPHUR, 4.1, PG III
(E).Што значи ознаката (E)?
забранет премин низ тунели од категорија Е
227.Во транспортниот документ е наведено :UN 1589 CYANOGEN
CHLORIDE, STABILIZED, 2.3 (8), (D).Што значи (D)?
забранет премин низ тунели од категорија D и Е
228.Во транспортниот документ е наведено :UN 2059
NITROCELLULOSE SOLUTION, FLAMMABLE, 3, PG II, (B).Што значи
(B)?
забранет премин низ тунели од категорија B,C,D и Е
229.Во транспортниот документ е наведено :UN 2977 RADIOACTIVE
MATERIAL, URANIUM, HEXAFLUORIDE, FISSILE, 7X (7E) (8), (C).Што значи
ознаката (С)?
забранет премин низ тунели од категорија C,D и Е
230.Во транспортниот документ е наведено :UN 3057 TRIFLUOROACETYL
CHLORIDE, 2.3 (8), (C/D).Која е главна и споредната опасност на оваа опасна
материја?
главна отровна ,споредна корозивна
231.Во транспортниот документ е наведено :UN 3086 TOXIC SOLID,
OXIDIZING, N.O.S. 6.1 (5.1), PG I, (C/E).Која е главна и споредната опасност
на оваа опасна материја?
главна отровна ,споредна оксидирачка
232.Во транспортниот документ е наведено :UN 3093 CORROSIVE LIQUID,
OXIDIZING, N.O.S. 8 (5.1), PG I, (E).Која е главна и споредната опасност на
оваа опасна материја?
главна корозивна, споредна оксидирачка
233.Во транспортниот документ е наведено :UN 3094 CORROSIVE LIQUID,
WATER- REACTIVE, N.O.S. 8 (4.3), PG II, (E).Која е главна и споредната
опасност на оваа опасна материја?
главна корозивна споредна бурна реакција во допир со вода
234.Во транспортниот документ е наведено :UN 3156 COMPRESSED GAS,
OXIDIZING, N.O.S. 2.2 (5.1), (E).Која е главна и споредната опасност на оваа
опасна материја?
главна загушлива споредна оксидирачка
235.Во транспортниот документ е наведено :UN 3180 FLAMMABLE SOLID,
CORROSIVE, INORGANIC, N.O.S. 4.1 (8), PG III (E).Која е главна и споредната
опасност на оваа опасна материја?
главна запалива споредна корозивна
236.Во транспортниот документ е наведено :UN 3187 SELF-HEATING
LIQUID, TOXIC, INORGANIC, N.O.S. 4.2 (6.1), PG III (E).Која е главна и
споредната опасност на оваа опасна материја?
главна самозапалива споредна отровна
237.Во транспортниот документ е наведено :UN 3246
METHANESULPHONYL CHLORID 6.1 (8), PG I, (C/D).Која е главна и
споредната опасност на оваа опасна материја?
главна отровна споредна корозивна
238.Во транспортниот документ е наведено :UN 3248 MEDICINE, LIQUID,
FLAMMABLE, TOXIC, N.O.S., 3 (6.1), PG III (D/E).Која е главна и споредната
опасност на оваа опасна материја?
главна запалива споредна отровна
239.Во транспортниот документ е наведено :UN 3274 ALCOHOLATES
SOLUTION, N.O.S. in alcohol, 3 (8), PG II, (D/E).Која е главна и споредната
опасност на оваа опасна материја?
главна запалива споредна корозивна
240.Во транспортниот документ е наведено :UN 3301 CORROSIVE LIQUID,
SELF- HEATING, N.O.S. 8 (4.2), PG II, (E).Која е главна и споредната опасност
на оваа опасна материја?
главна корозивна споредна самозапалива
241.Во транспортниот документ е наведено :UN 3303 COMPRESSED
GAS,TOXIC, OXIDIZING, N.O.S. 2.3 (5.1), (C/D).Која е главна и споредната
опасност на оваа опасна материја?
главна отровна споредна оксидирачка
242.Во транспортниот документ е наведено :UN 3405 BARIUM CHLORATE
SOLUTION 5.1 (6.1), PG III (E).Која е главна и споредната опасност на оваа
опасна материја?
главна оксидирачка споредна отровна
243.Во транспортниот документ е наведено :UN 3421 POTASSIUM
HYDROGENDIFLUORIDE SOLUTION, 8 (6.1), PG III, (E).Која е главна
и споредната опасност на оваа опасна материја?
главна корозивна споредна отровна
244.Во транспортниот документ е наведено :UN 3504 CHEMICAL
UNDER PRESSURE, FLAMMABLE, TOXIC, N.O.S. 2.1 (6.1), (B/D).Која е
главна и споредната опасност на оваа опасна материја?
главна запалива споредна отровна
245.Во транспортниот документ е наведено :UN 2900 INFECTIOUS
SUBSTANCE, AFFECTING ANIMALS, 6.2 (2.2), (E).Која е главна и
споредната опасност на оваа опасна материја?
главна инфективност споредна загушливост
246.Во транспортниот документ е наведено :UN 1714 ZINC PHOSPHIDE, 4.3
(6.1), PG I, (E).Која е главна и споредната опасност на оваа опасна материја?
главна бурна реакција во допир со вода споредна отровна
247.Во транспортниот документ е наведено :UN 1511 UREA HYDROGEN
PEROXIDE,
5.1 (8), PG III (E).Која е главна и споредната опасност на оваа опасна
материја?
главна оксидирачка споредна корозивна
248.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1003, AIR,
REFRIGIRATED LIQUID, 2.2 (5.1), (C/E).Кои опасности може да ги предизвика
оваа опасна материја ?
Загушливост и оксидација
249.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1048,
HYDROGEN BROMIDE, ANHYDROUS, 2.3 (8), (C/D).Кои опасности може да
ги предизвика оваа опасна материја ?
Отровност и корозивност
250.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1052,
HYDROGEN FLUORIDE, ANHYDROUS, 8 (6.1), PG I, (C/D).Кои опасности
може да ги предизвика оваа опасна материја ?
Корозивност и отровност
251.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1093,
ACRYLONITRILE, STABILIZED, 3 (6.1), PG I, (C/E).Кои опасности може да ги
предизвика оваа опасна материја ?
Запалливост и отровност
252.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1135,
ETHYLENE CHLOROHYDRIN, 6.1 (3), PG I, (C/D).Кои опасности може да
ги предизвика оваа опасна материја ?
Отровност и запалливост
253.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1182,
ETHYL CHLOROFORMATE, 6.1 (3), PG I, (C/D).Кои опасности може да ги
предизвика оваа опасна материја ?
Отровност и запалливост
254.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1320,
DINITROPHENOL, WETTED, 4.1 (6.1), PG I, (B).Кои опасности може да ги
предизвика оваа опасна материја ?
пожар и отровност
255.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1380,
PENTABORANE, 4.2 (6.1), PG I, (B/E).Кои опасности може да ги предизвика
оваа опасна материја ?
самозапаливост и отровност
256.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1445,
BARIUM CHLORATE, SOLID, 5.1 (6.1), PGI I, (E).Кои опасности може да ги
предизвика оваа опасна материја ?
Оксидација и отровност
257.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN 1463,
CHROMIUM TRIOXIDE, ANHYDROUS, 5.1 (6.1) (8), PG II, (E).Кои опасности
може да ги предизвика оваа опасна материја ?
Оксидација, отровност и корозивност
258.Во транспортниот документ е запишана оваа информација:UN
1767, DIETHYLDICHLOROSILANE, 8 (3), PG II, (D/E).Кои опасности
може да ги предизвика оваа опасна материја ?
Корозивност и запалливост
259.Во транспортниот документ е наведено :UN 1788 HYDROBROMIC ACID, 8,
PG II (E).Во која група на пакување, според степенот на опасност, е
класифицирана материјата?
Во втора група
260.Во транспортниот документ е наведено :UN 1834 SULPHURYL
CHLORIDE, 6.1 (8), PG I (C/D).Во која група на пакување, според степенот на
опасност, е класифицирана материјата?
Во прва група
261.Во транспортниот документ е наведено :UN 2366 DIETHYL CARBONATE,
3, PG III (D/E).Во која група на пакување, според степенот на опасност, е
класифицирана материјата?
Во трета група
262.Во транспортниот документ е наведено :UN 2385 ETHYL ISOBUTYRATE,
3, PG II, (D/E).Соред степенот на опасност, со каква опасност е материјата?
Средна опасност
263.Во транспортниот документ е наведено :UN 3341 THIOUREA DIOXIDE, 4.2,
PG III, (E).Соред степенот на опасност, со каква опасност е материјата?
Мала опасност
264.Во транспортниот документ е наведено :UN 1265 PENTANES, LIQUID, 3,
PG I, (D/E).Соред степенот на опасност, со каква опасност е материјата?
Голема опасност
265.Кој треба да биде идентификацискиот број на самозапалива течност?
333
266.Кој треба да биде идентификацискиот код на гас кој е отровен?
26
267.Кој треба да биде идентификацискиот код за опасност на
самозапалива цврста материја?
43
268.Кој треба да биде идентификацискиот код на оксидирачка
материја, корозивна?
58
269.Дали горивото во резервоарот на превозната единица потпаѓа под АДР?
ако волуменот на резервоарот е поголем од 1500 литри
270.Колкав волумен треба да има резервоарот за гориво кој е поставен
на приколка, за да не потпаѓа под АДР?
помалку од 500 литри
271.Ако се преземени сите мерки да се спречи опасноста, од која класа
на опасни материи празната, а неисчистена амбалажа не потпаѓа под
АДР?
класа 2, 3, 4.1, 5.1, 6.1, 8 и 9

272.Во која подгрупа спаѓаат запаливите гасови?


2.1
273.Во која подгрупа спаѓаат отровните гасови?
2.3
274.Кои групи на пакување постојат кај запаливите течни материи?
PG I, PG II и PGIII
275.Кои групи на пакување постојат кај класа 4.1?
II и III
276.Кои групи на пакување постојат кај класа 4.2?
I, II и III
277.Кои групи на пакување постојат кај класа 4.3?
I, II и III
278.Како се поделени опасните материи од класа 5.1?
тврди, течни и предмети
279.Заштитна маска за секој член на екипажот треба да се носи во возило со
налепници за опасност број:
2.3 и 6.1
280.За кои класи на опасни материи е потребно во возилото да имате лопата?
3, 4.1, 4.3, 8 и 9
281.За кои класи на опасни материи е потребно во возилото да имате сад за
собирање, направен од пластика?
3, 4.1, 4.3, 8 и 9
282.Гас кој може да предизвика само смрзнатини има број:
2.2
283.Гас кој може да предизвика изгореници има број:
2.1 или 2.3
284.ПП апаратот по потреба ќе го користите и за да изгаснете пожар во:
гумите, кочниците, просторот кај моторот
285.Екипажот на возилото не смее да гаси пожар кој го зафатил:
товарниот простор
286.Доколку еден опасен гас е означен со броеви 2.3 + 5.1 + 8, тогаш гасот е
означен со следниве букви:
TOC
287.Која група на пакување има дизел горивото?
III
288.Која група на пакување има бензинот?
II
289.Доколку пред идентификацискиот број стои буквата „X”, во кој случај може да
се користи допир со вода?
може само доколку се добие одобрение од стручно лице
290.За која маса на моторни возила е предвидено да имаат ограничувач
на брзината?
над 16 т
291.Ограничувачот на брзината кај моторните возила мора да биде
прилагоден така што брзината да не може да надмине: - 90 км/ч
292.За која група на пакување не смее да се користи амбалажа која е
означена со буквата „Y”?
I група
293.За која група на пакување не смее да се користи амбалажа која е означена со
буквата „Z”?
I и II група
294.Потврда за сообразност со која се потврдува дека возилото е наменето за
превоз на опасни материи се издава за возило:
за превоз на пакувани производи
295.Доколку возилото има ЕКМТ дозвола:
со возилото може да се превезуваат пакувани производи, освен 9.4, 9.5 и 9.6
(контролирана температура, ладење, греење)
296.Во сертификатот за исправност на возилото за превоз на опасни материи кој е
податокот што треба да стои во колоната намeнета за забелешки доколку се
работи за товарно возило-цистерна со ознака „АТ“?
дата на следна инспекција на садот за хидрауличен притисок и инспекција на
протекување
297.Доколку нема ограничувања за превоз на опасни материи тунелот има
категорија:
А
298.Доколку има ограничување за опасни материи кои можат да доведат
до многу голема експлозија тунелот има категорија:
B
299.Доколку има ограничување за опасни материи кои можат да доведат
до многу големи експлозии, големи експлозии и големо отровно
делување, тунелот има категорија:
C
300.Доколку има ограничување за опасни материи кои можат да доведат до многу
големи експлозии, големи експлозии, големо отровно делување или голем пожар
тунелот има категорија:
D
301.Кои пакувања во кои се превезуват течности се ослободени од овој знак:

Со нето волумен од 5 литри или помалку


302.Кои пакувања во кои се превезуваат тврди материи се ослободени од
овој знак:

од 5 килограми или помалку

303.Ако садовите се изработени од материјал кој не е кршлив и се пакувани


во група, од колку килограми не смее да биде поголема вкупната маса на тие
садови заедно со опасната течна материја?
150 kg
304.Налепницата за пакувања со ограничени количини е :

305.Кој е идентификацискиот број на класа 1?


нема ,се користи код на класификацијата (поделбите и компатабилните
групи)
306.Доколку е пропишано да се користи возило со ознаки „OX“ која друга ознака
на возило може да се користи?
Само „OX “
307.Превезувате опасни материи со овој знак

Доколку се истуриле опасните материи:


Ги покривате да не дојдат во допир со вода
308.За кои налепници е задолжително да користите гас-маска?
2.3 и 6.1
309.Кое количество запалива течна материја може да се превезува во
сопствено возило (во садови кои може повторно да се полнат) за свои потреби
без да се применуваат одредбите од АДР?
60 литри по сад или 240 литри по возило
310.Ако опасните материи не се внесени во табела на АДР, а за истите се смета
дека по други прописи можат да бидат опасни и во текот на превозот, можат да
бидат подложени на испитување, во товарниот лист може да стои:
не спаѓаат во класа
311.Амбалажата има код 1А1/Z1,4/120.За која група на пакување е испитана
и одобрена амбалажата, а за која група на пакување не смее да се користи?
За III e испитана, а не смее да се користи за I и II
312.На кој временски период се врши прегледот на преносливите (портабл)
резервоари и (цистерните) за класа 2 и 3?
периодичниот преглед на 5 години, а меѓупреглед на 2,5 години
313.Во која категорија е категоризиран тунел кој има ограничување за превоз
на опасни материи кои може да доведат до голема експлозија, големо отровно
делување или голем пожар? - категорија D
314.Колкав е ризикот од запаллување и експлозија на опасни материи обележани
со овој знак?

Мал ризик
315.Како можеме од ознаката за опасност на кемлеровата табличка да
утврдиме дека се превезува гас?
првиот број е 2
316.Што треба да се направи доколку се истуриле опасни материи од класа 4.3?
истурените материи треба да се покријат и чуваат суви
317.Доколку се разлеат опасни материи со овој знак, што може да создадат ?

може да дојде до создавање на нагризувачки испарувања


318.Како се избегнува кршливост на контејнерот ако во него се товари
сув неспакуван мраз?
мора да има изолација најмалку од 30mm со користење на дрвени
штици,палети и др.
319. Што значи во АДР овој знак?

превоз на опасни материи во ограничени количини во патен сообраќај


320.Во која подгрупа спаѓаат загушливите гасови?
2.2
321.Како се постапува во случај на изгореници?
изгорената површина се покрива со газа или преврска, изгорените
екстремитети се имобилизираат и поткреваат, а на лицето му се дава
раствор од сол и сода бикарбона
322.Како треба да се постапи при давање прва помош на затруено лице?
лицето се изнесува на свеж воздух, а отровот од телото треба да се исфрли,
а ако лицето не дише, да му се даде вештачко дишење
323.Кога се пристапува кон спасување на лица од затруена средина?
само ако се има исправна заштитна маска
324.Кои мерки треба да се преземат при превоз на опасни материи со
следнава налепница?

избегнувајте контакт со жешките делови на транспортната единица и


разлеаната материја
325.Кој го издава одобрението за превоз на опасни материи?
Министерство за транспорт и врски
326.Колку години важи одобрението за превоз на опасни материи? - 5 год
327.Кои се димензиите на налепниците за опасност поставени на пакувањата?
100x100 mm
328.Во кој случај местото на товарање/истоварање треба да биде опремено со
уреди за гаснење пожар?
при товарање/истоварање на експлозиви, гасови или запаливи материи
329.Кој го издава одобрението за превоз на опасни материи од
класа 1 (експлозиви)?
Министерство за внатрешни работи
330.Кој го издава одобрението за превоз на отровни и заразни материи?
Министерство за здравство, во согласност со МВР
331.Кој го издава одобрението за превоз на радиоактивни материи (класа 7)?
Дирекција за радијациона сигурност, во согласност со МВР
332.Во кој случај може да се врши превоз на садови со гасови со затворено
превозно средство?
само ако е опремено со уред за вентилација
333.Со кои стоки не смеe да се превезуваат отровни и заразни материи во ист
товарен простор?
со прехранбени производи, лекови и добиточна храна
334.Со кои стоки не смеe да се превезуваат радиоактивни материи во
ист товарен простор?
со прехранбени производи, лекови и добиточна храна
335.На кои опасни материи возилата за превоз мора да се опремени со уред за
одвод на статичкиот електрицитет?
класа 1 до класа 5.2
336.Колкава е паричната казна за возачот, ако превезува опасни материи без
важечки АДР сертификат?
500-1000 евра во денарска противвредност
337.Колкава е паричната казна за возачот ако нема товарен лист и писмени
инструкции?
500-1000 евра во денарска противвредност
338.Кои се трите услови за појава на пожар?
Кислород, извор на палење и запаллива материја
339.Што е пропишано со стандардот EN166?
очила со странична заштита
340.Што е пропишано со стандардот EN141?
заштитна маска со филтер
341.Што од следново е опфатено во прилогот „A" од АДР?
класификација на опасните материи(барања за амбалажа, барања за опремата на
возилата, барања за опремата на возачот, потребна документација)
342.Со која ознака се означува температурата на самораспаднување на
опасните материи?
SADT
343.Кој е класификацискиот код за клинички отпад (класа 6.2)?
I3
344.Кој е идентификацискиот код за заразни материи опасни за луѓе?
I1
345.Според степенот на опасност, во колку групи на пакување се поделени
отровните материи? - 3 групи
346.Во зависност од степенот на корозивност, материите од класа 8 се
поделени во:
3 групи на пакување: I, II и III
347.Код на амбалажата e RID/ADR/ 4B /Z60/S/98/NL/RB/01RШто значи буквата S?
амбалажа наменета за тврди матарии
348.Согласно одредбите од АДР потребно е да се превезат дезодоранси во
пакувања. Што треба да пишува на пакувањето?
UN број и аеросоли
349.Oпасните материи се од класа 4.1 тип Б . Дали заради опасните својства
на оваа опасна материја треба на амбалажата да се стави уште накоја
налепница?
треба налепница број 1
350.Лицата кои учествуваат во ракување со експлозивни материи,
покрај стручната оспособеност, мораат да имаат наполнето: - 21
година
351.Во која класа спаѓаат радиоактивните материи? - Класа 7
352.Резервоар кој врши превоз на безводен амонијак (отровен и корозивен гас)
е обележан на следниов начин:
Со налепници 2.3 и 8
353.Кој треба да биде идентификацискиот код на цврста материја, која
емитува запаливи гасови и реагира со вода?
X423
354.Kакви ПП апарати се потребни за превозна единица со најголема
дозволена маса до и вкучувајќи 3,5 тони?
Еден или повеќе ПП апарати противпожарна класа А, B и C со најмала вкупна
зафатнина од 4 кг сув прав (или друго прикладно средство за гасење со иста
вкупна зафатнина)
355.Кој треба да утврди дека опремата која е наведена во писмените
инструкции се наоѓа во возилото? - Возачот
356.Што се тоа компримирани гасови?
гасови кои спакувани под притисок се во гасовита состојба на -50°С
357.За која најголема маса на влекач кој влече приколка при превоз на
опасни материи се однесува постојан систем за трајно кочење?
Над 10 т
358.За која маса на моторни возила се однесува долготраен успорувач?
Над 16 т
359.За која маса на влечно возило се однесува долготраен успорувач?
Над 10 т
360.Во кој случај се отстранува налепницата која предупредува за опасноста
на чадливи опасни материи (инсектициди, пестициди)?
кога возилото е истоварено и проветрено
361.Која боја е АДР сертификатот за исправност на возилата за
определени опасни материи?
Бел со розева дијагонална линија

You might also like