You are on page 1of 3

Универзитет “Гоце Делчев” – Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Туризам-Штип/Скопје

Име и Презиме:

Кристијан Стоилевски

Бр.Индекс-177271

Ментор: проф д-р Дејан Методијески

Тема: Анализа на Кумановски бањи

Шеста вежба по термален туризам

Штип,Декември 2020
Историја на бањата

За Кумановската бања познато е тоа дека опстојува уште од Турската империја. Се наоѓа
во селото Проевци кое било во сопственост на бегови, а локалното население работело
како чифлигари на имотите на беговите. Целата историја на оваа бања е поврзана со Баба
Лена. По Балканската војна во 1913 општината Куманово изградила посовремен базен за
капење и релаксација на гостите но истата била сопрена од Првата Светска Војна.

Кумановската бања

Оваа бања е лоцирана на 3 километри југоисточно од Куманово кај селото Проевци, таа се
наоѓа на речната тераса на Кумановската река, над која стрмно се издига Проевското
брдо, на надморска височина од 305 метри. Оваа бања е погодна и идеална за тие што
сакаат да уживаат во чистиот планински воздух кој изнесува 11.7 целзиусови степени (јули
22.1 –август 21,8), природната термо-минерална вода, ниските планини и високите-
рамнински котлини. Во близина на оваа бања се наоѓаат борови шуми, и паркови во кои
се засадени високи дрвја, кои предизвикуваат цувство на пријатност, во шумите се
застапени разни диви животни: диви свињи, зајци, лисици, волци и некој ситен дивеч.
Дополнително нешто за овој бањски простор се двете вештачки езерца, каде има доста
видови на риби. За термоминералните извори можеме да кажеме дека се долги од 150-
160метри. Главниот извор е каптиран за примитивно изградено купатило, додека пак
другиот е каптиран за пиење. Количината на водата измерена во четири наврати изнесува
2.5литри во секунда. Температурата на оваа вода изнесува 28 степени целзиусови во
чешма и 30.4 степени во купатило. Еден важен детал за оваа бања е што уште ја
нарекуваат “ Кралица на Водите”. Оваа бања помага во лечење на повеќе заболувања
односно: нервни заболувања, заболуања на органи за варење, дијабетис, заболувања на
жолчното кесе, песок во бубрезите. Во делот на рекреативноста се наоѓаат следните
терени: олимписки базен ( во близина на хотелот “Ку-Ба”, спотски терени за тенис, и
Вештачите езера Глажањско и Липковско.
Во близина на оваа бања се наоѓа манастирот “Матејче” и црквата “Света Богородица” на
17 километри од Куманово, црквата Свети Ѓорѓи во селото Старо Нагоричане и античкиот
локалитет во село Лопоте. Во етнографските туристички вредности спаѓа: народната
носија, песните и музичките инстументи ( кавал, шупелка кои се изработени рачно од
дрво). Народните обичаи како етнографски туристичка атракција ( Водици, Прочка,
Рамазан, Бајрам). Во овој дел исто така е позната традиционална храна односно: гравче-
тавче, мезалак, зељанче и така натаму.

Анализа на Кумановска Бања

Според информациите со кои што се здобивме можеме да кажеме дека оваа бања е
пригодна и идеална која гарантира релаксирачко време, која исто така е лековита и нуди
лекување од различни заболувања. Прекрасна природа со борови шуми и паркови,
вештачки езера, терени за спортски активности односно олимпискиот базен и теренот за
тенис и друго.

You might also like