You are on page 1of 1

Територијална поделба на просторот на РМ

Територијата на РМ според природните одлики на просторот се дели на посебни


природни целини како што се котлините, полињата, планинските масиви, речните сливни
подрачја и сл. Заради подобра организација како и поради поголем стопански развој
територијата на РМ е поделена на административни единици како што се географските
региони ( источен, западен, северен, јужен ) и општините. Во РМ има над 1750 населени
места кои се групирани во 80 општини, а тие се поделени на градски и селски општини.
Општините во РМ во својот состав имаат повеќе населени места па затоа нивниот
број на жители е секогаш поголем од градот или селото во кој е седиштето на општината.
Според бројот на население општините во РМ може да се поделат на мали и големи
општини. Општина со само едно населено место е општината Вевчани и припаѓа на
групата мали општини. Големи општини се оние општини кои имаат над 50.000 жители
како на пример: Куманово, Тетово, Битола, Прилеп и др. Градот Скопје поради големиот
број на нaселение е поделен на неколку општини поради полесно функционирање на
институциите во исполнување на потребите на граѓаните. Општини во склоп на градот
Скопје се: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Ѓорче Петров, Сарај, Гази Баба,
Карпош, Бутел и Шуто Оризари .
Согласно вакавата територијална поделба на просторот на РМ се организира
градењето на линиската и институционалната инфраструктура како на пример изградбата
на патишта, водоводни системи, електродистрибутивни системи, канализациони системи
потоа образовни установи, здравствени институции, трговски маркети, административни
институции и сл.
Сите овие инфраструктурни објекти ја сочинуваат линиската и институционалната
инфраструктура без која не може да се организира нормалниот живот на граѓаните во
нашата земја.

Прашања за домашна работа:

1. Колку општини има во РМ?


2. Која општина во РМ има само едно населено место?
3. На кои општини е поделен градот Скопје?

You might also like