You are on page 1of 38

“СРПСКИТЕ ЖЕСТОКОСТИ ВО

МАКЕДОНИЈА (1912-1915)” ОД КИРИЛ


ПРЛИЧЕВ, СОФИЈА, 1917 ГОДИНА

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА “СРПСКИОТ


РЕЖИМ И РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА
ВО МАКЕДОНИЈА” ОД КИРИЛ ПРЛИЧЕВ,
СОФИЈА, 1917 ГОДИНА
НАМЕСТО ПРЕДГОВОР:
Сите спорови меѓу Бугарија и Србија до војната од 1913 година никнаа пред сѐ поради
прашањето, кому на крајот на краиштата му припаѓа право за Македонија – на Србија или
на Бугарија. Првата, сметајќи се себеси за онеправдана поради фактот, дека политичкото
обединување со неослободените ѝ сонародници од Босна и Херцеговина не беше
постигнато во 1912 година, помисли, дека во нејзин интерес ќе биде да го попречи и
националното обединување на својата сосетка и сојузничка Бугарија. Со таа цел ќе се
зачува и еден принцип, а имено ќе има и рамнотежа на Балканот, Србија влезе тајно
споразумение со Грција, со коешто на сила одземената територија на Турција ќе си ја
задржи и распредели на двете договорени страни и ќе и се наштети на Бугарија. Со тоа, не
само што се нарушуваше склучениот српско – бугарски договор, со којшто Србија ја
признаваше еден неoспорен бугарски дел од Македонија и една спорна зона, а исто така со
ова се ставаше и крст на идејата за спогодба меѓу балканските народи; а лично меѓу
Србија и Бугарија се отвараше една рана, којашто не се исцели ниту со меѓусојузничката
војна и нејзиниот резултат, Букурешкиот мировен договор од 1913 г. и којашто не е
затворена ни до денес, дури и откога Бугарија го потпиша Солунското примирје и Србија
се постави во положба да го реализира своето обединување. И меѓусебните обвинувања
продолжуваат... До сега посилниот се сметал обично за повеќе прав. Посилната Србија, со
сојуз со другите балкански држави, беше повеќе во право во 1913 год. од осамотената
Бугарија. Во 1918 г. Србија прагот на обединувањето си е уште посилна, имајќи ги за
сојузници поголемите сили од договорот, а Бугарија е уште повеќе заскриена отколку во
1913 г. Но за добрата чест, човештвото денес се насочува во една нова насока. Ако во 1913
год. и покрај крикот на посилните, се пронајде човекољубецот Карнеги, којшто, предводен
од безпристрасната вистина, посака да ги воспостави одговорностите на меѓусебно
обвинетите балканци и резултат на еднаква изобличеност, да не кажам имено за
посилниот, дури откако човештвото се чу од устата на претставниците на најголемата
нација, дека правдата е еднакво света и кога таа е на страната на послабиот, недопустливо
е да се издаде пресуда макар и од највисоките судии на човештвото на сметка на која и да
било нација, дури и кога таа последната е победена, пред се чуе гласот на нејаснотиите.

Бев ја читал книгата за „Српскиот режим и револуционерната борба во Македонија”


издадена 1917 г. Таа го опфаќа периодот од крајот на 1912 г. до крајот на 1915 г. и во
нејзините шест глави се наброени околии, градови и села во кои се вршени злосторства од
органите на српските окупациони власти во Македонија и борбата на месното население
како реакција против српскиот режим. Како примена за книгата додадени се десетина
ликови и снимки на жртвите на тој режим и десетина подробни списоци со имињата и
местото на раѓање на убиените, измачувани и напатени Бугари, како и редица ограбени,
обесчестени и опожарени. Сега, кога одделена од целиот свет, до Бугарија долетуваат
далечни одгласи на нови и тешки обвиненија, кога светот е во предвечерието на
судбоносните решенија, кога големиот ареопаг има да зима и тогаш нема ништо по
елементарно од заштита на богохуленото општество. Бугарија може да признае дека е
победена; правото секогаш ли славело до денес? А што друго освен своето право
национално обединување, бараше и бара ти? Ако нејзините големи победници го
разбираат тоа, не им останува друго, освен да осознаат какви се нејзините хулиетевци. А
преку сегашното разобличување на српските жестокости во Македонија, коишто се
споменети во горе – наведената книга, оцртени се добро хулителите на Бугарија.

К. Григоров

Софија, декември 1918

Уште при влегувањето во Македонија, Србите пројавија непријателско настроение спрема


месното бугарско население. При првото добредојде од средбите на христијанските и
сојузничките војски, секој насекаде си ја изразуваше својата среќа на свој начин,
извикувајќи: “добредојдовте!” другиот „ура!”, а на трето место „Христос Воскресе!”. Тие
бугарски изрази со природно чувство на радост од страна на населението не им се допаѓаа
на сојузниците – Срби. Тие на секој му го поставуваа српското прашање: “Шта си ти?” и
од секој го добиваа истиот одговор: “Бугарин!”, прашањето и одговорот беа фатални и
судбоносни за однесувањето на новите сојузници, како што го протолкувала тоа и
Карнегиевата анкетна комисија во својот извештај – кога накај јануари т.е. 3,4 месеци
после завршувањето на воените дејствија, Србите веќе се сместике во Македонија и се
однесувале непријателски спрема новите поданоци користејќи заплашувачки карактер.
Тие започнале веќе јавно да негодуваат и побеснуваат на секоја пројава на бугарски збор,
бугарско име, бугарско чувство. Од сега па натаму, во Македонија не можеше да
суштествува ништо бугарско; градовите добија бугарски имиња, улиците по градовите беа
именувани на српски, натписите на магазините задолжително требаше да бидат на српски,
секој мораше на своето име да го закачи додатокот „ич”, свештениците во црквите да
служат на српски, владиката да го споменува само името на кралот Петар, богомолецот да
се моли само на српски, учителот да предава на српски, а ученикот да стане „џак” и секој
ден при влегувањето во училиште да изјавува „ја сам прав Србин”. За управувањето на
Македонија, Србите воведоа специјални наредби. Кој граѓанин не ги признаваше, важеше
за предавник и беше казнет од специјалниот воен суд. Тешка казна го загрозуваше
духовникот, којшто не се согласуваше со барањата на српското духовништво, реализатор
и спроводник на единствената религија во државата. Такви свештеници веднаш се наоѓаа
во затвор, а бугарските владици се сметаше дека ја изгубиле својата паства и како такви
беа натерани “доброволно” да заминат зад границата. За да ги навикнат верниците на
српска богослужба, честопати се одржуваа молитви од формална природа, на којашто
побожните Бугари беа канети да учествуваат со предупредувања и закани. Беа затворени
бугарските училишта, откако се уништуваа бугарските учебници и прирачници. Оние
бугарски учители кои беа под притисок на властите и се согласуваа да останат во местата
кои се под контрола и раководство на определени за целта патриоти, српски директори и
инспектори беа прифатени, но сите останати требаше да ја напуштат татковината. Децата
беа принудувани од своите родители да посетуваат српско училиште, додека во спротивен
случај родителите го отвараа ќесето. Таква беше општата слика на српскиот режим во
Македонија сѐ до меѓусојузничката војна. Кога се објави последната, положбата
неспоредливо стана потешка и неподонослива. Ете сега, колку е возможно ќе направиме
најкратко резиме на веќе утврдените конкретни случаи од српските жестокости до и после
меѓусојузничката војна.

СКОПЈЕ
Со заплашувања, Србите ги принудиле Бугарите уште првите денови да ги симнат
бугарските знамиња, со коишто бил накитен градот. Уште при влегувањето на српскиот
престонаследник овде, тој му се обратил на бугарскиот митрополит Неофит со злобни
зборови: “Да се помолиме владико, во цар – Душановата црква”. Преподобниот Методи
Димов бил подложен на морални измачувања и телесно малтретирање со тепање до
модрици. Си го спасил животот благодарение на француското претставништво.
Карнегиевата анкетна комисија експлицитно го потврдува овој случај. Во Скопје,
српскиот престолонаследник лично по образот го удрил невиното девојче Васка Зојчева,
само затоа што, на прашањето што е по народност, одговорила дека е Бугарка. Граѓанинот
Спиро Гајдаџиев, измачуван најжестоко во затворот од претседателот на „Бела рака” во
Скопје, од мајор Поповиќ, е сведок на првите жртви на српската жестокост спрема
уапсените и осомничени Бугари и Турци од градот, коишто биле фрлени во Вардар уште
во првите денови после доаѓањето на Србите овде, макар што Скопје бил предаден без
борба. Самиот Гајдаџиев, после 40 дневното морално измачување, жестоко тепање,
врзување и задушување, најпосле едвај си го спасил животот заради посредувањето на
рускиот конзул во градот. Димче Асов бил тепан од Србите, само затоа што на бугарски
ги искажал своите желби кон блиските роднини, коишто ги испраќал на станицата. Пеце
Шивачот бил тепан до смрт, затоа што во интимен разговор рекол „јас ќе умрам, но Србин
не станувам”. Тома Тополов бил тепан, затоа што задоцнил да ја промени “бугарската”
фирма во „српска”. Стојан Маткалија бил измачуван во темна визба, принудувајќи го да
стои со боси нозе во водата и го тепале до смрт, бидејќи не им ја оддал потребната почит
на посетителите – Срби во својот дуќан и хан. На 23 јуни 1913 година, српските власти во
Македонија ги поканиле сите градски бугарски свештеници и лидери во дворот на црквата
“Св. Димитрија” и ги принудиле да се потпишат на некаква хартија, ги носат во затвор,
скоро 300 луѓе. Меѓу нив бил и највидните селани во околијата – сите пцуени, ругани,
тепани заради нивната дрскост да се наречат Бугари. 99 од уапсените граѓани биле
интернирани во Митровица. По патот биле предмет на тешки и лични навреди и
заплашувања. Во Митровица, српскиот капетан Ѓурковиќ им одржал говор, во којшто ги
предупредил, дека ќе одговараат со глава, ако пројават непокорство. Разни службеници ги
прекоруваа, ги клеветеа и последователно ги поттикнуваа да ја приклонат главата и да
признаат дека се Срби, бидејќи постојано им ги наговестувале домот, семејството, имотот
и животот.

КУМАНОВО
Српскиот окружен управител, Ранко Трифуновиќ откако им го однел од рацете на месните
Бугари, општинското управување, уште првите денови побрзал да го предупреди
граѓанството против секаква пројава на бугарски чувства и самоуверено изјавувал дека
ослободувањето на градот е дело на српската армија. Јордан Јовчев, трговец, чесен
Бугарин, сакал разреушување пред замине на работа за Солун, но му откажале. После тоа,
после наредното барање добил отказ и сакал да се осознае околу причините за отказот, не
почекал многу долго додека да биде убиен, за буквално ништо. Заробен бил од Србите,
софискиот весник „Дневник” и само заради тоа биле уапсени и осудени на по еден месец
затвор Манас Куршутски, Петруш Андонов, Теодос Димов, Петко Карамфилов и Теодос
М. Кралев. Во март месец бил пребарувани куќите на Коце Перков, Ст. Стојанов, Тодор
Сопотски, Стојан Дртков и Сибин Димитров. Пронајдена била по една пушка од турско
време и од таа причина биле уапсени и одлежале два месеца. Србите ги заробиле заради
обид за контактирање со Бугарија на Стоил Божинов, Прчков и Иван Спасев. Ги фрлиле
во затвор, ги мачеле и како последица на мачењето после 7 месеци умреле. Во април,
Србите ги собрале градските свештеници, а имено заменикот на епископот на бугарската
општина, Владимир Јанев, Андон Дамјанов, Ѓорги Стаменов и Дионис Ѓоргиев биле
убедувани да признаат дека се Срби. Откако одбиле, биле одведени од дома, им било
одземено паството и биле интернирани во Бугарија. По идентичната приказна биле
уапсени ѝ учителите Милан Петков, Трпко Дончев, Иван Трајков, Александар Борозанов и
Велко Смилев заедно 52 граѓани, како и 7 граѓанки (Јулијана Заркова, Доца Карабска,
Павуна Јакимова, Иванка Крстева, Стоја Ѓурдиоска, Ѓурѓа Таскова и Трајана Велкова).
Речиси во исто време (месец мај), во градскиот затвор се нашле 130 градски затвореници,
свештеници и учители од Кумановските села. Поради страв од апсењата, мнозина селани
се криеле, а за тоа однесување, скапо платиле нивните семејства. Другите пак биле
однесени од селата во градот и таму биле задржани, без никакво засолниште и биле
лишени и измачувани по цели месеци, како што е случај со семејството на Арсениј
Николов од с. Кокошино и многу други. Лазар Митков од с. Облавци, бил повикан кај
околискиот управител и веќе не се вратил жив. Тасо Четирски од село Младо Нагоричане
бил убиен од „Црна Рака” во својот хан. Цане Димов од с.Павлешенци бил уапсен, без
трага исчезнал. Тево Псалтиров од с. Живине го снаоѓа истата судбина, Саздо Галев од с.
Кокошине и Стојанче Поп Манасиев и Стоиле од с. Малино биле извикани од своите куќи
од српски стражари и уште еден пат не се видени. Ицо од с. Павлешенци бил обесен од
членови на “Црна Рака” во сопствената казарница. Доне од с. Винци, повикан кај
околискиот управител, бил подложен на страшни измачувања и на крај бил прицврстен,
распнат и најпосле фрлен од балконот. Милан Арсев Пурчев од с. Живене бил повикан кај
општинскиот управител во с. Павлешенци, за да ги каже имињата на оние коишто сакале
да ја возобноват револуционерната организација. Одрекувајќи дека знае нешто, тој требал
да биде соблечен и подложен на тепања. Тогаш, Пурчев го извадил револверот, го насочил
кон околискиот началник, Тодор војвода, којшто паднал и после тоа ги застрелал и
двајцата стражари коишто паднале и со последниот патрон се замозастрелал.

ВЕЛЕС
Поради силното развиено национално чувство, Велешани можеби се плашеле да ги платат
српските глоби, но не и да ги праќат децата во српски училишта. Кога Србите ја забраниле
бугарската служба и бугарската проповед во црквите, Велешани со својот владика
протестирале пред власта поради извршеното дело. Владиката бил уапсен и после
интерниран во Бугарија, граѓаните ја бојкотирале српската служба во црквите и се лишеле
од литургија. Српските власти им забраниле на Велешани да го празнуваат бугарскиот
национален празник „Св. св. Кирил и Методиј” и ѝм наредиле да ги отворат дуќаните. Тие
пак излегле во чаршија со празнична облека и на наредбите да го празнуваат српскиот
свети Сава тие не обраќале внимание. За сето ова се барале „поттикнувачи” и
„сомнителни” граѓани. А кои ѝ не биле такви за Србите? И тие започнуваат со обиди за
разоружување, апсење и тортура. Стотици граѓани и селани од околијата, едни
„сомнителни”, други „поттикнувачи” оковани со тешки вериги, биле испратени да гнијат
во скопскиот затвор во времетраење од една година, а после тоа биле осудени на една
година. Вечерта, во 9 часот во ниту една куќа не смеела да гори ниту една ламба, доилката
требало во темно да го храни своето новороденче или пак мајката да го надгледува
разболениот. Српските агенти добро се прикрадувале, чукале на прозорците, внесувале со
злоба, трепет кај домаќините. Паниката меѓу населението била ужасна, кога преплашените
Велешани започнале таинствено да се распрашуваат за злобната судбина на мртвиот
човек, на оној којшто незабележително исчезнат нивен граѓанин. Такви биле ѝ случаите со
Поп Иван Аврамов, Поп Лазар Трајчев Андов, Поп Петар Андреев и други. Жртвите,
откако биле ѕверски измачувани, биле заклани и труповите им биле фрлени во Вардар.
Српското училиште било инквизиторско место, кадешто крвавата петна – ѕидовите биле
сведоци на монструозните злосторства на „Црна Рака”.

ТЕТОВО
Во Тетово, Србите подложиле на тешки измачувања 14 луѓе кои биле меѓу повидните
граѓани. Убиени се граѓаните: Гавро Серафимов, Сељо Ратајски, Јовче Јанев и Иван
Чварков ( Чарков? ). Во околијата сѐ убиени 308 луѓе и тоа распределени по општини:
Првеничка област – 17 души, Лешочка област – 10 души, Селцеска област – 10 души,
Долно Папчишка – 9 души, Седларевска – 1, Чифличка – 12 души, Челопечка – 7,
Жилинска – 73 души и Сенокоска област – 170 души.

КИЧЕВО
При формирањето на српската власт во Кичево и околијата, првовремено се уапсени сите
градски учители и свештеници, како и највидните граѓани поради нивното откажување да
ја потпишат поднесената декларација, дека тие одамна се Срби. Наеднаш во околија се
уапсени 106 селани. Поради одбивањето да си ја променат народноста е убиен Јермонахот
Софронији, егумен на Пречистанскиот манастир и Јермонахот Теофан, калуѓер во истиот
манастир. И двајцата биле измамени кога биле повикани надвор од манастирот од српски
стражари, дека наводно треба да одат за Дебар и биле застрелани. Свештеникот Ѓорги Поп
Ангелов умрел како Исус Христос, бил распнат на крст, а на двете страни од него биле
распнати и негови другари. Од уапсените и тешко измачуваните маченички умреле Јаким
Јончев од с. Подвис, Иван Србинов од с. Лахчани, Трпо Мојсов од с. Поповец, Мице
Најдов од с. Цер, Константин Трајанов од истото село, Киро Василев од с. Јаворец,
Максим Мицков од с. Осоји, Наум Б’личов (Беличов?) од с. Цер и Петар Силев од истото
село. Максим Костов од с. Рабетино, добронамерен и чесен граѓанин, бил убиен на
најжестокиот начин. Бил изваден надвор од селото, последователно му ги исекле ушите,
носот, јазикот, прстите, нозете и на крајот му го оставиле само трупот и така само
издишил.

ДЕБАР
Смртно измачувани од Србите или веднаш убиени има 64 души, а од околијата 200 души
и тоа: с. Борово – 34 души, с. Могорче – 20 души, с. Торбаче 15 души, с. Трбишта – 13
души, с. Клене – 3 души, с. Гинозец – двајца, с. Модрич – 4 души, с. Дренок и Џепчиште
по еден, с. Нерези – 3 души, с. Мало Папрадник – 1 човек, с. Големо Папрадник – двајца,
с. Пискупштина – тројца, с. Житинани – 1 човек, с. Горенци – двајца, с. Новак – 1 човек, с.
Коџаџик – тројца, с. Брштани – 1 човек, с. Јабланица – 5 души, с. Броштица и с. Баланци
по еден човек, с. Гари – 5 души, с. Радоешта – 1 човек, с. Тучепе – 1 човек, с. Големо
Острени – двајца, с. Осолница – тројца, с. Лесничани – 8 души, с. Окштун – 12 души, с.
Жупа – Селце – 12 души и с. Елевци – 39 души. Сите овие спаѓаат во Дебар и околијата
(убиени 264 души). Опожарени куќи: во градот Дебар – 290, а во околијата: с. Кривци –
44, с. Клаци – 12, с. Горно Вичишта – 11, с. Долно Вичишта – 7, с. Бомово – 5, с. Требишта
– 2, с. Гиновец – една, с. Елевци – 5, с. Папрадник – две, с. Извири – 5, с. Серпетово – 11,
с. Горно Косоврасти – 2, с. Долно Косоврасти – 73, с. Голеишта – 7, с. Торбаче – 28, с.
Окштун – 7, с. Лесничани – 36, с. Коњари – 7, с. Аме – 15, с. Клење – 123, с. Могорче – 60,
с. Борово – 100, с. Зазбун 120, с. Стеблево – 160. Се на сѐ изгорени куќи во Дебар и
околијта се 1133.

ГАЛИЧНИК
Србите пристигнале на 3 ноември и веднаш ја уништиле училишната библиотека во
градот, изгореле околу 1000 книги и целиот посет на училиштата бил уништен. Заменикот
на епископот на бугарската општина, Павел Теодосиев бил уапсен, мачен и тепан со торби
полни со песок и интерниран во скопскиот затвор, кадешто умрел од измачувања.
Свештеникот Апостол Миронов од с. Тресенче бил насилно извлечен од дома насреде ноќ
и одвлечен на блиската гора, кадешто бил обезличен и му бил скршен черепот.
Поранешната револуционерка Андревица била убиена само од страв повторно да не ја
започне својата дејност како во турско време.

ОХРИД
После интернирањето на митрополитот Борис од бугарската митрополија, како нов
митрополит бил назачен Србинот, Варнава. Тој ги пцуел граѓаните и ги тепал насред
улица оние кои не му оддавале почест. Сите учители и освестени граѓани биле уапсени
зимата и биле измачувани, нехумано. Во едно темно и тесно пространство биле ставени
многу души, со цел да се задушат. Освен со заплашувања и насилни средства, овде Србите
имплементирале и тешки такси и безпричински глоби. Властите соопштиле дека сè додека
населението не црвули - не им остава на Србите негативен впечаток за ситуацијата со
охриѓаните и дека тие нема да има потреба да бидат признаени како Срби. Еден мајор
којшто минувал меѓу Србите за едукација, зборувал на еден собир пред луѓе со српска
народност во Македонија и им кажал на старите во градот дека се они остатоци од она
што некогаш била „голема Србија“. Граѓанинот Лав Огњанов, дипломиран на колеџ,
замалку ќе бил убиен во дворот на црквата „Св. Климент” доколку не бил предупреден од
Иван Групчев, којшто исто така бил следен за да биде убиен и поради тоа се затворил
дома во куќата на долго време. Тодор Џамбазов, повикан еден ден во клубот на „Црна
Рака” бил изложен на жестоко тепање и си го спасил животот со бегство. Освен он, од
„Црна Рака” на егзекутирање бил испратен и Иван Алчев, но заробен, некако успеал да
побегне и да се отргне од рацете на своите џелати. Граѓанинот Мишев, во чијшто дом била
пронајдена ловџијска пушка, бил заврзан и тепан на немилосрден начин во присуство на
својата жена и децата. Освен нив, застрелани во градот без никаква пресуда биле учителот
Димитар Иванов родум од градот, свештеникот Ѓорги Поп Ангелов од с. Слатино, Иван
Дојчинов и Христо Бајрамов од Охрид, Стојан Г’лбов од с. Велмеј, Лазар Глигоров,
поранешен учител од с. Велгошти, Коста Љаткови од истото село и многу други Турци и
Албанци. Десетина младинци биле уапсени и осудени на пропаст со тоа што биле осудени
на смрт, но однесени во Битола и можле да си го спасат животот доколку платиле со 500
турски лири. Убиените младинци се Никола Силјанов од Охрид и Анастас Христов село
Дрмени, Ресенско. Градските свештеници Георги Икономов, Георги Б’ндев, Иван Савов,
Петар Рибаров, Хараламби Донев, Анастас Автов, Ахил Карадимчев и ѓаконот Георги
Снегаров биле изложени на силни морални измачувања за време на двомесечното апсење.
Исто така, измачуван бил и Васил Маленков. Куќата на Петар Чаулев и неговите роднини
Јаким Чаулев, Григор Чаулев и Ленка Чаулева била ограбена и до нејзините основи
разрушена. Селото Велгошти, од предградието на Охридско, значајно настрадало и било
опожарено уште од турско време, но повторно се возобновило, но сега требало да ја
искуси српската жестокост. Србите ги собрале сите мажи од селото, ги наредиле во редица
и секој петти бил изваден нанапред и застрелан пред очите на другите. На тој начин биле
застрелани 12 души. Во 4 села од слатинската оштина, Охридско има 86 души убиени од
Србите. Во Пештанската општина – 48 души, во Велгошката општина – 27 души освен
оние споменатите 12 во с. Велгошти, во Мешеишката општина – еден, во Белчишка –
тројца, во Опеничката општина – тројца, во Велмејската општина – 9 души и во
Сливовската општина – 10 души.

РЕСЕН
Во Ресен, Србите ги затвориле класните и основните, како и неделните училишта во
градот и во големото с. Јанковец, уништувајќи ги училишните библиотеки во градот и во
сите околни села и ги избришаа сите бугарски натписи на спомен – плочите црквите и
училиштата. Во домовите на сите видни македонски револуционери ги запалија лицата на
бугарскио цар Егзарх. Ги тепаа немилосрдно учениците Владимир Миловски, Борис
Чукалев, Асен Љапчев, Крум Попов, Никола Татарчев и Кирил Милошов, бидејќи пееле
бугарски песни и носеле пансионска униформа. Ги разоружаа месните четници, иако тие
им извршија ценети услуги при доаѓањето им, но тие возвратија обратно. Сите бугарски
револуционери кои тргнаа накај Малгара напомош на бугарските војски против Турција,
предводени од Крсто Трајков подпаднаа во заседа. Ги тероризираа граѓаните за да се
изјаснат за Срби, па заради нивниот отпор спрема тоа ги екстернираа првенците (со зборот
„првенец” авторот алудира на влијателен и важен човек во своето опкружување и
пошироко) Михаил Татарчев, Коста Стрезов, А. Милошев, Ефтим Љапчев, Лазар Стрезов,
Ѓорги Татарчев, Ст. Миловски, Ст. Поп Ѓоргиев, Кр. Дуљанов, Г. Буруџиев, Христо
Ников, заменикот на епископот, свештенико Трпо Поповски и учителите Ѓорги Трајчев,
Климент Хаџов, Димитар Поп Андреев, Сп. Монавчев, Лазар Кипрев и Петар Поп Анреев.
Од градот и околијата уапсени Бугари - првенци има вкупно 496 души.

БИТОЛА
На 17 јуни 1913 год. српските власти во градот уапсиле 9 души од, бугарски основни
учители од градските училишта, 10 души од класните училишта во градот, окружниот
училишен инспектор Александар Развигоров од Штип, околискиот училишен инспектор
Ахил Минџов од Охрид, секретарот на Битолската бугарска митрополија, Спиро Мирчев
од Прилеп, нејзиниот архивист Иван Петров од Битола и парохискиот свештен Поп Иван
Поп Атанасов од Охрид, како и 7 души, основни учители во околијата. На сите им било
предложено од власта да станат српски учители и чиновници, па за таа цела им била
подогтвена за потпис посебна декларација, којашто сите огорчено ја одбиле, па ги
заплашувале со стрелање. Кога и тоа не помогнало, на 13 јули истата година сите биле
екстернирани во Бугарија. Сиот пат биле подложени на измачувања и биле навредувани.
На 20 јуни 1913 г. во градот биле уапсени 87 души, првенци – граѓани, свештеници,
трговци, еден доктор (Чкатров), еден аптекар (Крсто Франгов) и задржани таму биле цел
месец – до 20 јули, со исклучок на Владо Јосифов, задржан до 18 август 1914 година,
Васил Мазарот ослободен дури на 15 септември 1915 година во Поградец, откако Србите
отстапиле од градот. Сето бугарско семејство Стамболџиеви било исклано во една вечер
насред Битола од Србите за пример и опаѓање на тврдокорноста на Бугарите од Битола.
После тоа во Битола уште се убиени: Никола Кузев, Вангел Црнамаров, Илија Јосифов и
Петар Стојков од градот, а од селата: Веле Мицев од с. Беранци, Нове Ангелов и Крсто
Христов од с. Ивановци, Србин Стрезов од с. Крстофор, Митре Црклев и Китан Крстев од
с. Путурус, Наум Колев, Гуле Колев и Павле Христов од с. Кукуречани, Секула Ѓоргиев,
Марко Петров и Стојан Талев од с. Могила, Стојан Талев (друга личност, идентично име и
презиме) и Христо Кузев од с. Беранци, Цветко Иванов од с. Облаково, Коте Степанов од
с. Стругово, Начо Дамчевски од с. Крклино, Јермонах Козма егумен на манастирот „Св.
Петар” од с. Смилево, свештеникот Илија Поп Наумов Петар Најдов од с. Лопатица,
Спиро Танев и Гоше Иванов од с. Лера, Стојан Марков од с. Рамна, Лазар Пурдов, Илија
Четелев и Блаже Рашајков од с. Ѓавато. Сите тие жртви од Битолско биле претходно
уапсени и однесени во битолскиот затвор, таму биле грозно измачувани, а после тоа
изведени надвор во групи и по 5-6 души секоја вечер биле убивани, коишто биле закопани
близу Девеани и близу градот. Само Илија Јосифов од Охрид, бивш четник, бил убиен
меѓу патот Прилеп и Велес, на Бабуна планина. Од Битолската околија, село Цапари,
Ѓавато и Српци биле особено засегнати од српската жестокост. На 29 април 1913 год.
Битолскиот српски околиски началник Јане Константиновиќ заедно со поручникот
Михајло Михајловиќ, член на „Црна Рака”, придружени уште од двајца српски војводи и
60 души стражари и една рота војници го опсадиле село Цапари, ги собрале сите мажи и
од страв од идна револуција им предлагале да го предадат сето оружје, коешто било
скриено во селото. Кога не успеале да пронајдат такво нешто, селските свештеници и
првенци, како и голем број од селаните биле изложени на такви инквизиторски маки и
измачувања, какви што Цапари никогаш порано (ни во турско време) не беше запомнало.
Христо К. Велов, Трајче Ташков, Лазе Василев, Христо Колев, Насе Гечев, Иванче П.
Трајков, Петар К. Пркев, Апостол Штатев и Наум Василев најжестоко настрадале, а после
тоа мнозина други селани биле пикнати во непознати темни ќелии за секој. Од големите
измачувања, Насе Гечев, поранешен селски војвода за време на големото македонско
Илинденско востание, маченички умрел во битолскиот затвор на 14 мај истата година. На
1 мај истите инквизитори дошле во селото да ги приберат дури и ножовите со кои се
служеле селаните на трпеза. На 2-ри истиот месец мачителите го барале свештеникот
Спиро Димитров и презвитерот му од старата револуционерна архива, а селаните Нашо
Наумов, Иван Трпчев, Спиро Танчев и други зеле по неколку наполеона (злато) за да се
спасат од затвор. На Ѓорги Димитров му нанеле 40 удари со стап и 25 со телен камшик по
гол грб и стомак. Пред да го напуштат селото, еден српски офицер изјвил дека Србите ги
мразат на прво место Бугарите, па Австријците, а најпосле Турците. Освен тоа, соопштиле
дека наскоро ќе дојде до војна меѓу Србија и Бугарија. За да увидат дали издејстувале врз
духот на Цапарчани со подвизите и селаните од околните села, српските власти испратиле
преку Ѓаватското селско - општинско управување апел за запишување доброволно во
српската армија, коешто било пречекано од селаните со неприкриено негодување. Тогаш
власта започнала да запишува „доброволци” без добра волја. Една Цапарска депутација се
појавила пред Битолскиот Руски конзул со протест, но претставник на Николај II ги
предал на српската власт и оние коишто не успеале да се искубат (побегнат), а имено тоа
биле Марко Колев, Митре Чорбев и Гоше Ангелев. Тие биле уапсени и грозно измачувани
во битолскиот затвор, кадешто престојувале од 9 јуни до 15 јули 1913 година. Другите
членови од таа депутација се скриле по битолските улици. На 16 јуни истата година,
Србите ги апсат ѝ свештеникот Спиро Димитров, свештеникот Никола Петров и
поранешниот учител Наум Василев.

ТИКВЕШКО
Во Тиквешко, српските власти маченички измачувале 91 човек, од коишто тројца умреле
како последица на измачувањата. Забележани убиства се извршени над 186 души. Двајца
биле обесени, 15 жени се обесчестени, од коишто 4 умреле после силувањето.

ПРИЛЕП
Во Прилеп утште од рано, српските власти започнале да ја „тресат” бугарштината. На 4
декември 1912 година, по повод роденден на српскиот престолонаследник бил
организиран банкет во градот на којшто меѓу другите бил поканет и бугарскиот учител
Анастас Љуфтиев. При наздравувањето тој ја дигнал чашата во чест на Царот на Бугарите.
Не поминале 10 минути откако Србинот Стево измамнички го повикал надвор. Со
задушена уста Љуфитев бил изведен надвор од куќата и после тоа исчезнал од градот.
Сите пребарувања, молби и плачења на несреќната му мајка останале напразно. И до ден
денешен не се знае каде е неговиот гроб. Српскиот министер за внатрешни работи за ова
убиство вели дека е „лесно објасниво”. Во својата брошура „Срби и Бугари во балканската
војна” тој вели дека Љуфтиев според сите признаци ќе бил линчуван од српските
комитаџии заради неговиот „предизвикувачки испад”. Уште под влијание на тоа
мистериозно убиство, заменикот на епископите на бугарската општина, свештеникот Иван
Антонов и главниот учител на бугарските училишта во градот Илија Иванов биле
повикани на 8 декември истата година од српскиот командант во градот мајор Ненадовиќ,
којшто им рекол: „Вие сте раководители на бугарштината во Прилеп и како такви ќе му
соопштите на населението да се откаже од мислата за присоединување кон Бугарија”.
Впрочем, скоро после ова предупредување било и официјално испратено до населението
со излепени афиши. Уште пред коледа била завземена од Србите и централната бугарска
црква „св. Благовештение”, а после неа и другите цркви, како во градот така и во
околијата. Плочите со бугарски натписи на манастирите „св. Архангел” во с. Варош, св.
„Богордица” (Трескавец) и „св. Никола” во с. Прилепец биле испокршени и расфрлени на
сите страни, за да не може да се пронајдат и склопат. Во време на разоружените команди
од српските нередовни војници распределни во градот и околијата на повеќе групи,
започнале јавно да го малтретираат населението, посебно оние повеќе освестените луѓе.
На такво јавно тепање биле изложени 48 души од градот и 146 од селата. Апсењата
започнале со заменикот на епископот Иван Антонов, а после него затвориле и 32 души
кои биле меѓу по видните граѓани и учители. Граѓанинот Григор Кондов бил изваден од
својата куќа и од тој настан тој исчезнал без никаква трага. 16 души – бугарски учители 7
учителки биле натерани да го напуштат домашното огниште и родниот град затоа што
откажале да се применуваат српска служба.

КРУШЕВО
Во Крушево уште од почетокот на српското владеење била разоружена од власта месната
револуционерна чета на Методиј Стојчев, како и онаа на Иван Џонев, иако тие им
помогнале во војната против Турците. Повеќето од четниците биле малтретирани, а
четникот К. Ѓоргиев, уапсените семејства на Велко Стефанов, К. Ѓоргиев лично и Хр.
Тахчиев биве изложени на тепање под сомнение дека криеле оружје. Во с. Острилци,
Србите уште првите денови го убиле на Стојан Велев, а во с. Журче умрел од тепање
селанецот Христо Талев. Во истото време во с. Растовина е убиен Андреј Богоев, а
селаните Крсто Златанов, Степан Андреев, Петар Ѓоргиев и други од истото село биле
интернирани во Битола под сомнеж дека им давале леб на бугарските четници. Во с.
Кочиште бил убиен Златан Најдов, а интернирани во Битола биле Андреј Христов, Никола
Најдов и други од истото село затоа што им давале пребежиште и храна на побегнатите
четници. Во с. М’рнога бил убиен четникот Нечо Грозданов, во с. Горно – Дивјаци бил
убиен Стојко Блажев, а Иван Најдов бил оскатен од силно тепање. Сите убиства во
Крушевско се извршени од српските војводи Долгач, Блаже и Боге. Во Крушево убиени во
тоа време се: Крсто Житошанов, Стерјо Велев и жена му, Иван Такев, Стојан Јосифов,
Донка Иванова и многу други, а Атанас Јанкулов е убиен, Уапсен е свештеникот Наум
Мешков, учителите Михаил Станоев, Ташко Поп Христов, Стерјо Блажев, Димитар
Атанасов и граѓаните: Павле Пантов, 75 годишен старец, деец на црковно – училишната
борба, Ѓорги Карев, брат на војводата Никола Карев и сите будни граѓани. Димитар
Крстев бил тепан затоа што не сакал да го симне бугарскиот натпис на магазинот. Во с.
Журче и с. Острилци истерани биле учителките, од с. М’рнога интерниран бил учителот
Стефан Попов, од с. Кривогаштани биле интернирани учителите Петар Мирчев и
свештеникот Јордан Поп Николов, во истото село бил убиен поранешниот четник Ѓорги
Стојчев, од с. Бучин бил прогонет учителот, од с. Пуста – Река бил интерниран и
свештеникот Никола Ѓоргиев. Училиштата во градот и селата биле затворени уште пред
меѓусојузничката војна,

ГОСТИВАР
Во Гостивар биле уапсени 40 граѓани меѓу кои имало и учители. Од нив најтешко бил
измачуван свештеникот Неофит Поп Владимиров од с. Еловци, Гостиварско. Една вечер
на полноќ тој бил изваден од затворот и изложен на такво тепање, па кога се вратил меѓу
затворениците личел на мртовец. Ни малку полоши измачувања не искусил и егуменот на
Лешочкиот манастир, Јермонах Маргигриј, којшто бил под надзор три месеци, после
уапсен, па два пати воден да заколат, само за да го убедат да се декларира за Србин.
Селото Здуње било бомбардирано, па после опожарено. Оние коишто бегале од огнот
биле пречекувани и застрелани. На неколку места така паднале убиени луѓе на куп, меѓу
кои ѝ мајки со новороденчиња и малолетни деца. Село Равен исто така било бомбардиран
и многумина од жители биле убиени; само во еден бунар биле фрлени 15 души. Џамијата,
мотелите, куќи – сѐ во селото било разрушено и опожарено. Останатите живи од Турците
после бомбардирањето биле крстени од српскиот владика Викенти, којшто дошол од
Скопје заедно со други свештеници за да ги крстат на Турците. Од с. Вруток имало 20
души убиени. Село Речане се состоело од 400 куќи и било целосно уништено, а мажите,
собрани од Србите надвор од селото, барем повеќето биле убиение од веќе поставениот
митралез. Оние селани, коишто можеле да побегнат во околните села, отпосле биле
повторно и кај месноста „Дутл’к” масовно убиени. Во една кореспондеција до српскиот
весник „Радничке новине”, социјалистички орган, еден учесник во тие жестокости
пишува: „... Ужасно е. Има села од по 100, 150, 200 во коишто не останал жив човек.
Собираат на едно место по 50 – 60 души и ги убиваат еден по еден со бајонет”. По повод
истите жестокости Miss Edith Durham, горда пријателка на јужните славјани напишала во
„Times” на 27 ноември 1913 г. дека Србите изгореле шест села во Гостиварско, 13 во Река
и многу жени и деца станале жртви. Српските војници коишто не сакале да стрелат жени и
деца биле принудувани од офицерите на такви жестокости.
РАДОВИШ
Во Радовиш и околијата, Србите ги собрале од сите бугарски цркви, книгите со намера да
ги заменат со нови. Црковното пеење на бугарски било апсолутно забрането; а во отсуство
на српски псалми, српските офицери и чиновници пееле на српски. Населението требало
насила да ја посетува богослужбата за да ги слуша проповедите држани против Бугарија.
Црковните натписи коишто биле на бугарски биле избришани. Манастирот „Св. св.
Константин и Елена” во с. Конче, каде што на патрониот празник масовно се струпувало
сето население од целата околија. Била изгорена и опожарена сета бугарска махала во тоа
село заедно со околијата, опожарени се во истото време (уште во 1913 г.) и селата
Љубница (само бугарски куќи), Скоруша заедно со црквата, Загорци и Гарван. Жителите
на тие запалени села побегнале во Струмица, но при бегството сите биле масовно
убивани. Скапите луксузни лустери од градската црква биле извадени и пратени за Србија.
Сите приходи од црквите и училиштата биле подигнати од српскиот епископ, а имот пак
бил уништен. Свештениците Евтим Христов и Гаврил Христов, стари луѓе, и покрај
забраната за споменување на цар Фердинанд, тие по навика во црквата него го спомнале
наместо Петар I. Уште во истиот момент биле извадени од црквата и изложени на тепање.
На ист начин и од иста причина на протестантскиот проповедник, Коце Наланџиев му ги
скршиле трите предни заби. Наместо затворените бугарски училишта во градот и селата,
Србите отвориле прво во градот едно вечерно и едно вонредно училиште во коишто
населението било насила терано да посетува. Предавањата на српски јазик, раскажувањата
и проповедувањата биле исполнувани од чиновници. “Само Србин мора живити у Србији”
бил лозунгот на агитаторите. Во 1914 г. во градот се отворило и основно училиште и за да
не остане и тој без ученици, татковците биле казнувани со по 20 динари и тепање за секое
отсуство. Учителите, доведени од Србија ги посетувале често граѓаните за да им дадат до
знаење во каква позиција сѐ. За секој случај тие биле вооружени со револвер и кама... Во
Радовиш околу два месеца после доаѓањето на Србите, тие беа ги убиле само месните
граѓани: Евтим Јанев Карамфилов, Ангел Томов, Илија К’чов, неговата сопруга, Велика
Илиева К’чова, Коце Мугов, Ѓорги Степанов и Тодор Ѓоргиев, а во истото време во тој
град биле убиени и 62 души – Бугари, бегалци од разни места. Во Радовишката околија се
убиени: од с. Долни Липовик 9 души, од с. Горни Липовик 4 души, од с. Папавница
двајца, од с. Габревци 7 души, од с. Негреновци тројца, од с. Конче 12 души, од с.
Лубница 16 души, од с. Подереш 9 души, од с. Смилјанци 6 души.

ГЕВГЕЛИЈА
И Гевгелија во 1913 г. остана во српски раце. Овде Србите славејќи ги уништиле со
горење училишната библиотека, училишната и општинската архива, а после тоа ги
избришале сите бугарски натписи во училиштето, црквата и весниците. Поради жестокото
следење на сите будни Бугари, населението било протерано од градот, како и од селата.
Подцна, воената послушност го разреди уште повеќе на бугарскиот елемент. Струмица
тогаш била преполна со Бугари – бегалци од Гевгелија и околијата.

КОЧАНИ
Во Кочанско биле измачувани 107 души, а убиен бил 201 човек.

- Убиени, распределени по општини: Зрновска општина – 29 души, Виничка – 38


души, Оризарска – 23, Облешевска – 12, Белска – 2, во Блатешко – 72, на Кочанска
– 1, на Соколарска – 13 и на Полашка - 11.

НЕГОТИНО
Во Неготинската околија на Вардар, Србите смртно измачувале 19 души, а 331 човек бил
убиен од 19 селски и една градска општина.

СВЕТИ НИКОЛЕ
Во Светиниколската околија тешко тепани умреле 93 души во затворот, а во гр. Кавадарци
од измачувања Милан Петрушов, Тиме Костев, Божин Гичев и Иван Гичев од с. Неманци
Стројман Атанасов од с. Макреш во Св. Николскиот затвор. Убиени: Серафим Богданов
од с. Неманци, Лазар Андов од с. Судик, Гаврил Арсов од гр. Св. Николе, Шериф
Мустафа од с. Амза – Бегово, Гиче Иванов од с. Барбарево, Игнат Божинов од истото село
и Лазо Митев од с. Стројманци. Иван Ѓоргиев од с. Ранчанци е обесен кај месноста
“Куријата”. Трајко Коцев и Ѓурја Трајчева, негова жена родум од с. Сармазлино се живи
закопани во околијата на селото. Дафинка Ѓоргиева од Горно – Црнилиште и Цука
Ѓоргиева од истото село се обесчестени.

КРИВА ПАЛАНКА
Во Крива Паланка, Србите веднаш со нивното доаѓање го отстраниле бугарскиот натпис
на општинската табла, се заканувале да не се споменува името на царот на Бугарите, ја
затвориле бугарската граница за трговците, ги обрале и срушиле сите турски куќи во
градот и ги испратиле сите вредни работи за Србија. На сите стоки донесени од Бугарија
или пак останати од турско време, донеле решене за контрибуција во злато „сто на сто”.
Ги задолжиле сите граѓани и по видни селани да зимаат српски весници, а бугарските ги
конфискувале, го оданочувале населениет со високи даноци и ги терале трговците да ја
водат книшката на српски. На Ѓорги Ширински од с. Кркља еден полициски приправник
Стево му зел 25 наполеона злато. Ширински, заплашен со смрт побегнал за Бугарија.
Четири месеци после доѓањето на српската војска во Крива Паланка, започнале да се
посрбуваат Бугарите од „Црна Рака”, овде раководена од мајор Вуловиќ. Градските
свештеници (на број 6), училишниот инспектор и петмина души – учители, со коишто
требало да започне посрбувањето биле принудени да побегнат за Бугарија. На 11 април
1913 год. Србите му ја искубиле брадата на свештеникот Владимир Попов, којшто одбил
да си признае паството за „прав Србин”. Двајцата поранешни војводи од турско време –
Јаким Балјаков од с. Конопница и Трајко Павлов од с. Псача биле уапсени. Четниците
Теодос Трајков, Јосиф Давидков и Јанко Иванов биле уапсени и тепание бидејќи не
признавале дека се „прави Срби” на коешто биле принудувани и биле однесени во
скопскиот затвор. Со нив заедно бил однесен и Кирил Јакимов од с. Псача и тројцата
обвинети како членови на бугарската револуционерна организација. Семејствата на сите
побегнати граѓани и селани, повеќе од 700 души, биле собрани во Домот на владата и
пикнати во затвор на III – класно и основното бугарско училиште било претворено во
касарна каде што престојувале 75 српски војници. При започнувањето на
меѓусојузничката војна, по видните граѓани на број 56 души биле заточени во Прешево.
Од селаните заточени биле повеќе од 200 души. За време на српскиот режим во
Паланечкиот крај биле изврешни следните политички убиства над Бугари од страна на
органите на српската власт: Стефан Гогов од градот, откако му зеле 300 наполеона злато,
Дејан Пешев, Јаким Иванов и Стојан Митев од с. Кркља, Јанчо Павлов и Јаким Трајчев од
с. Муждивјак, Апостол Бакалски од с. Петралица, Јосиф Спасов од с. Длабочица, Петре
Атанасов од с. Баштево, Стефан Меџир, Мито Стојанов, Мито Јакимов, Станојко
Стефанов, Доде Јакимов и Николај Спасев од с. Подржи Коњ и други.

МАЛЕШЕВСКО
Со доаѓањето на Србите во Малешвско, првата работа им била да го соберат оружјето. За
таа цел заробени биле сите видни дејци од турско време кои не побегнале и биле изложени
на измачувања. После тоа ја „турнале раката” и во црквите и училиштата, уништувајќи сѐ,
коешто говори за бугарскиот карактер во тој крај. Во 1914 г. „Црна Рака” започнала со
истребувањето на поранешните членови на револуционерната организација. Првите жртви
биле поранешните војводи Павле Дудуков од Берово и Странџата од Ратово. После
најнечовечните измачувања и двајцата живи биле фрлени во еден бунар во Пехчево.
Подисплашени од таа варварска постапка, сите поранешни дејци пребегнале за Бугарија.
Озлобени од тоа, Србите го истуриле гневот врз семејствата на побегнатите и ги изложиле
на хулење, следење и интернирање. Теророт се засилил кога српските власти организирале
специјална терористичка чета, со цел да го угнетуваат секој осознае Бугарин од околијата.
Прва жртва на тоа станал Димитар Ѓоргиев. Но набргу се констатирало дека четата е
некомпетитивна да се справи со предизвиците и принудата за самозаштитување на
бугарштината во Македонија. Тогаш, „Црна Рака” издејствувала во тој крај со редовни
српски војски под водство на двајца мајори. Војската ги блокирал селата (март 1915), го
собарала сето машко население до 12 до 80 годишна возраст во општинските
управителства и после дводневното задржување без леб и вода, одделени биле по посебен
список сите поранешни организациони раководители, четници и курири, а останатите
ослободени. Од уапсените, угнетувани биле следните:

- Од Пехчево – Ѓорги Ќосев, Иван Ќосев, Гаврил Ингилизов и Коле Кујумџијата, а


пак Тасе Михалов се самоубил поради неподносливото измачување
- Од Берово – Нико Тренов, Ефрем Чиплаков и еден попадија
- Од Негрово – Иван Китанов, Иван Попов и Иван Рендето
- Од Мачово – Арсо Железаров, свештеникот Ефтим и Атанас Пехливана
- Од Будинарци – Ефтим Кантуров
- Од Миташинци – свештеникот Петар Ѓоргиев
- Од Владимирово – Михаил Кржов, Михаил Шуманов, Алекси Соколов, Иван Зрлев
и Гаврил Ников

Свештеникот Григор Павлев од с. Умлено, исплашен од судбината на својот брат


свештеникот Анастас Петров од с. Панчарево, Иван Стојков и Манаси Петров од с.
Разловца, коишто биле уапсени од капетан Вуко Цветковиќ – Костиќ и за да си го спаси
животот, требал да брои до 1500 лева, како и од учеството на другите пострадани од
Малешевско, бил принуден да го напушти домот и семејството и да побегне за Бугарија.
Но, затоа пак попадијата и неговата снаа биле уапсени и измачувани. После три дена
попадијата умрел, а снаата прснала од силното стегање од јажето со коешто била заврзана.
Спиро Димитриев од Разловца бил убиен насред бел ден од луѓето на капетан Костиќ.
Свештеникот Анастас од с. Панчарево бил одведен од селото заедно со другите селани во
с. Истевник. Надвор од тоа село бил избоден од ножовите на српските војници и
полумртов и погребан кај месноста „Бугарски ниви” во втората половина на март, 1915 г.
Неколку дена после тоа, Ѓорги Димов, намирничар во с. Панчарево се спасил за чудо од
јавна смрт. Еден српски војник стрелал во него осум пати, но не го погодил. После тоа Ѓ.
Димов побегнал за Бугарија. Во втората половина на март 1915 г. српски војници го
повикуваат на свештеникот Евтим Димитриев од с. Истевник, го вадат надвор од селото
кај месноста Шамак крај Брегалница и го убиваат. Освен овие жртви, првите биле од
тепање и тоа: Евтим Инглизов од Пехчево, Тимо Ников од Берово и Иван Брашнарот од
Владимирово. Последните двајца биле одвлечени од Србите, а Иван Брашнарот починал
во Призрен. После Валандовскиот бунт, во Малешевијата се прибрале некои од четите.
Тоа им дало повод на гневните Срби да ја продолжат инквизицијата и угнетувањето во
Малешевско. Новопристигнатата српска војска пристигнала на 26 март, два километри
надвор од с. Владимирово кај месноста „Манговица”. На вториот ден од пристигнувањето,
војската го блокира селото и го заробува сето машко население без разлика на возраста.
Три дена не допуштиле ништо живо да излезе од селото. Добитокот останал без храна и
вода. Започнале ѝ измачувањата. На мачениците им биле врзени рацете и нозето заедно, а
после тоа биле стегани со рачно изработени дрвја налик на менегеме. Од силните стегања,
мачениците не можеле да пуштат никаков глас, туку само еден вид на некакво стенкање.
На мнозина од стегнатите им пукнал стомакот и ѝм текла врела пот од главата.
Измачувањето продолжило до 31 март. Од измачувања умреле: свештеникот Иван Мицев
Зрлев, на којшто едното око му излегло за време измачувањето, свештеникот Иван
Мирчов, Лазар Бакалов, Наце Крстов, Мите К’рлан, Мите Кушов и Иван Чаушов. Дел од
нив останале живи и биле ослободени, а другите одведени за Берово, каде што одлежале
уште една недела затвор. Меѓу последните задржани бил Коле Еренин, одвлечен за време
отстапувањето на Србите, загинал. При отстапувањето на Србите од Малешевијата бил
убиен и Атанас Фичоров. Гробовите на загинатите биле откриени едвај после доаѓањето
на бугарските војски.

ШТИП
Веднаш по доаѓањето на Србите во градот тие поставиле натписи на десниот брег на
Брегалница и не дозволувале никакви соопштенија да доаѓаат од левиот брег. Набргу
после тоа пристапиле кон населението за разоружување. Во една од првите вечери после
таа наредба, градската чаршија била ограбена, а после тоа и запалена. Наредниот ден била
претресена куќата на поранешниот градски кмет Арсо Лазаров на којшто му зеле пари и
двата часовника. Веднаш после тоа во градот се издигнала и бесилка. Го повикале на
Лазаров да ги предаде општинските пари останати уште од бугарско време, инаку, во
спротивно тој ќе биде обесен за 24 часа. Лазаров ги покажува документите дека сумата е
внесена во Бугарската Народна Банка, но српската команда настојува. Промисла го
спасува на Лазаров бидејќи командантот умира. Отпосле во одредени рокови тој ја
исплатил сумата од 9600 лева. На издигната бесилка висел еден селанец, обвинет за
бунтовништво. Мите Сарафов бил застрелан само заради тоа што во куќата му останале
сосем случајно неколку патрони. Угнетувањето врз Штипјани им причинувало
неопислива болка во душата кога биле лишени од своето родно училиште и црква. Сепак,
мал број на Штипјани принудени на сила да го посетуваат српското училиште си
дозволувале понекогаш да си поигруваат со туѓиот јазик на своите предавачи – Срби. На
пример кога учителот ќе му каже на ученикот „скини (свали) капу” ученикот ќе започне
да ја кине својата капа, а на „долази овамо”, ученикот ќе започне да лази по подот. За да
не остане некое средство неиспитано врз духот на Бугарите од Штип, Србите ќе донесат
трговци од Србија на мануфактурни стоки, ќе повикат свои гостилничари, хотелиери итн.
Од друга страна пак Србите организирале забави, веселби, вечеринки и балови на коешто
било кането и граѓанството. Разочарани од безуспешните обиди, со цел да го попречат
борбата на духот на штипскиот Бугарин, Србите дигат раце и се оддаваат на својата
жестокост. Српскиот агент Бабунски, на чело на редовна војска и жандармерија, станал
проводник и носител на српскиот терор со цело Штипско.

- Во с. Горни Балван некој си српски капетан Димко ги тепал до смрт на Коце


Стојанов и Ефрем Арсов. Бабунски со околу 50 души, честопати престојувал во
селото, каде што јаделе, пиеле и угнетувале. Овчарчето Петар Јанев станал жртви
на тие животински чувства. Тасе Наков испратен од Бабунски до Св, Николското
општинско – управителство по пат бил убиен без никаква трага. Христо Постолов
Везенков, неколкупати уапсен и измачуван, најпосле убиен без трага од Бабунски.
Постол Манов, Петруш Мицов, Салтир Манов, Тимо Андов, Дане Трајчев, Девко
Постолов, Серафим Андов, Иван Арсов и Иљо Ефремов – сите убиени; на
последниот му е пронајден трупот на баирот до селото. Во 1914 г. некој си Џаџо на
чело на 20 души – Срби дошол во селото, го извадил насред село сето население и
и пред очите на сите ги тепал најжестоко на: Коце Везенков, Јорде Манов, Петре
Мицов, Тимо Андов и Зафир Стојанов. Жените и децата побегнале за да не ги
гледат маките на своите, но џелатите насилно ги натерале да бидат сведоци на
ужасната глетка.

- Во с. Долно Трогерци во 1913 г. тепани се за оружје Серафим Костадинов, Герасим


Кузев, Лазо Ников, Сандо Мрсов, Гиго Ефремов, Арсо Малечков и Мите Тошев;
последниот починал од тепањето. Во с. Сарчиево убиени во 1913 г. се Салтир
Митрев и Стојан Димов отако се извадени ноќта од своите куќи и после две недели
е пронајден трупот првиот надвор од селото, а на вториот околу с. Варсаково.
Идентична судбина имале и Моне Тасев, Миле Јанев, Петруш Саздов, Тодос
Домазетов и Миле Домазетов.

- Во с. Таринци, Бабунски го тепал до смрт на Јане Димитров бидејќи синовите му


побегнале за Бугарија.

- Во с. Љуботин, српски војнци го барале на селанецот Ѓоро Арсов. Разгневени


бидејќи не го пронашле му ја опожаруваат куќата, како и онаа на роднините му и
на некои други селани, севкупно 17 куќи. Освен тоа, меѓу сите селани ги поделиле
15 души на 13 мажи и 2 жени. Имено, Ѓорче, Тоде и Христо Иванов - браќа, Камче
Пецов, Пане Стефанов, Гина Стефанова – негова мајка, Моне Донев, Стојан
Атанасов, Мите Николов, Ленка Николова – негова сопруга, Василко Анчов, Даме
Василков – негов син, Коце Велков, Ѓорге Христов и Моне Коцев. Сите заврзани и
одесени на непознато место.

- Во с. Богословец тепани се 40 души, многумина осакатени и месо им паѓало. Како


последица на тепањата умреле Пано Трајчов и Коце Ѓоргиев, а Доне Лазов и Спиро
Христов неколку пати се затварани и жестоко измачувани.

- Во с. Лесковица, Србите опожаруваат 80 бугарски куќи. Во пламенот е фрлена Ката


Коцева којашто изгорела. Две моми – Петра Стојано и Тана Коцева биле
обезчестени. Убиени се Ѓорги Ѓоргиев и син му Коле Ѓоргиев – 16 годишен.
Христо Димчев, Петре Илов, Петре Атанасов, брат му Тодор Атанасов, Ѓорги
Јанев, Петре Спасов, Коце Спасов, негов брат на 16 години, Петре Паунов - 16
годишен, Васил Мицов, Јане Богатин – Димов, Камче Стојанов, Диме Костов, Миле
Столев, Диме Коцев, Митре Јовев, Петре Стојанов, Томе Јанев, Мите Илов, Трајан
Лазов, Петре Тодев, Иван Николов, Голуб Коцев, брат му Саздо Коцев, Дедо Димо,
внук му Коце Јанев, Доне Димов – 16 годишен, Христо Васков, Доне Здравев, Иван
Јанев, Иван Дончев, Постол Дончев, Спасо Јанев, Доне Славев, син му Христо
Донев – 16 годишен, Мите Донев, Димо Костев, Пано Арсов, Камче Шапков,
Стојче Паунов, Петре Салункин, Пано Ташкин, Стефко Анастасов, Крсто Колев.
Исклани во истото село од Бабунски се Коце Јанев, Евтим Иванов, Миладин
Манов, Гиго Василев, 20 годишен Тоде Јанев и Петра Арсова.

- Во с. Пиперово ограбени се многу куќи и изгорени две, а поголемиот дел од малиот


и големиот добиток бил прибран уште во 1913 година. Во 1914 г. Бабунски ги
исклал Хрисо Јовев, Тасо Лазаров, Богатин Ѓорев, Коце Јовев, Петре Димев, Стојан
Андов и Петруш Илов од истото село.

- Од с. Селце убиени во 1914 г. се Трајан Панов и Моне Зафиров, а целиот добиток


од селото бил прибран. Голем дел од младината побегнал за Бугарија.

- Село Калопетровци било изложено на ужасен терор од четата на Бабунски. Како


последица на тоа сите мажи побегнале за Бугарија.

- Село Карбинци било тероризирано и запалено уште во 1913 година. Во 1914 година
четата на Бабунски и српската жандармерија ги извикуваат од своите куќи и ги
врзуваат на Коце Петров, Мите Наков и Стојан Кицов од истото село, свештеникот
Панче Парнаџиев и Анастас Манолев од Штип; сите петмина се тепани, прободени
со ножови и ѕверски убиени. Труповите им се пронајдени едвај после една година
после доаѓањето на бугарските војски кај месноста „Под чифликот” на една ливада
на селска мера. Истиот тој Бабунски безмилосно ги измачувал и жените Маца
Јордева и Цика Ефремова, а го завлекол и 18 годишниот Доне Ефремов.

- Во с. Крупиште биле тепани до смрт во 1914 г. Мише Арсов, Јован Магдин и Коце
Трајков, два месеца се задржани во св. Николскиот затвор, од каде што првиот
побегнал за Бугарија, поради коешто жена му Маца била тепана до смрт. Биле
уапсени и одведени во истиот затвор уште и Мирчо Панев, Коце Трајчев, Стојан
Миов, Сотир Тасев, Иљо Илиев којшто тука бил безмилосно измачуван, а последен
од нив умрел од измачувањата. Наум Димитров умрел од такво тепање, а другите
лежале во затворот три месеци.

- Во с. Криводол во 1913 г. српските жандарми ги повикуваат ноќно врема на


селаните Моне Филипов, Гошо Христов, Гаврил Саздов, Гошо Јанев и Петре
Ефремов коишто веќе не се враќаат дома. После неколку месеци труповите им се
пронајдени на пасиште кај с. Брсјаково. Во 1914 г. жандармерија и чета на
Бабунски ги изложиле на такво тепање сите мажи и жени од Криводол, го изнеле на
Сава Петров и одвлекле на Лазо Петрушев.

- Од с. Долни Балван побегнале сите млади за Бугарија за побегнат од неизбежниот


терор. Како последица на тоа Србите им ги конфискувале домашниот мебел,
добитокот и сето жито.

- Од с. Шопур во 1913 г. Србите ги завлекле на Христо Митрев, Трајан Лазаров и


Стојче Иванов коишто исчезнале без трага.

- Од с. Ново Село во 1913 г. е одведен селанецот Симеон Манолев, најден отпосле


заклан кај „Дамјанско поле”.

- Од с. Брест во 1914 г. Бабунски го завлекол на Данаил Карамфилов којшто после


ѕверските измачувања бил заклан, а трупот му е пронајден во манастирската црква
кај с. Гарван. Во истиот гроб бил пронајден – заклан и селанецот Стојан Гулабов
кој пред тоа бил ѕверски измачуван.

- Од с. Тонатарци побегнале за Бугарија сите селани, за да не го искусат српскиот


терор. Од таа причина немилосрдно биле тепаии сите жени и роднини на
побегнатите.

- Село Патрик е разорено од Србите во 1913 г. од каде што било загравбиле 3500
дробен добиток и по 200 глави говеда. Ги собрале оние видните луѓе од селото и
немилосрдно ги измачувале, а во куќата на Доне Домазетов исклале 16 души.
Некои од нив останале недоклани и ја запалиле куќата со сѐ нив, како и неколку
околни куќи, а внатре горат Пане Постолов, Тоде Постолов – брат, Ефрем Митрев
и синовите му Ѓорги и Митре Ефремови, Симе Постолов, Филе Јовчев, Коце Панев,
Мане Гелев, Јорде Манев, Христо Јанев, Гуга Камев, Иљо Стојанов, брат му Коце
Стојанов, Мите Коцев и Стојан Милев. Од пламенот се спасил Филип Митрев
којшто расправа дека сите гореспоменати – исклани и недоклани биле натрупани
во куќата околу која Србите поставиле сено, ја запалиле куќата и кога пламенот ги
опфатил и соседните куќи, подисплашен и него да не го зафати огнот почнал да
бега. Во тоа време бил ранет во левата рака, рамото и левата нога, но сепак Филип
со мака успеал да избега. Тешко ранетиот во грдите Мите Коцев исто така можел
да побегне од пламенот на запалената куќа, но само што стигнал во дворот, умрел.
Не многу после тоа, Србите ги опожаруваат и другите куќи, а од селото останала
само црквата во којашто сите икони со нож биле продупчени. Останатите живи
селани се разбегале со сите насоки.

- Во с. Уланци, Србите започнале со апсења и терор врз целото население. Камче


Попов, револуционер од турско време е тепан и затваран неколкупати. Се спасил
откако дал 30 лири – поткуп. Во 1914 г. не успеале да ја разбијат четата на
Владимир Сламков, па затоа Србите ги натепале оние по видните селани. Го убиле
и фрлиле во Вардар на Иљо Трајчев, кмет на селото. Овчарите Даме Димов и Коле
Петков, убиени во селото, биле пренесени преку реката и погребани во регионот
околу Градско. На истото место биле закопани и труповите на многумина Бугари.
Петре Лазов, 60 годишен старец, тепан до смрт бил однесен до куќата на носилка и
после два дена умрел. Тепани до смрт се и Бошко Петров, Коце Кузманов, Димо
Давчев, Трајко Минов, Илија Лазов, Камен Гошов и Паунко Јордев.

- Од с. Чардаклија тепани се од Бабунски, Киро Рибарски и Манаско Рибарски.


Првиот којшто е донесен во градот на лечење со кола едвај се спасил. Како
последица на тој терор повеќето Чардаклици пребегнале за Бугарија. Повикани
ноќно време од своите куќи од Бабунски и без трага исчезнале и погубени се: Иван
Милев, Христо Петрев и Орде Тиквешански. Убиен е исто и Мите Наковски,
чијшто труп е најден кај месноста „Маслинка”, чардаклиско пасиште. Исто така и
жени биле тепани до смрт и тоа: Вида Смилева, Јана Наунова и Гена Јованова.

Таа е општата состојба која ја претставувала Македонија под српски режим. Додадето го
на тоа и повикувањето на целото машко население да служи во редовите на српската
армија. Ако се земе во предвид и несакањето да одзови на поканата и неговиот ужас за да
се појави под инородни знамиња, а како последица на неговото спротивставување на
српските воени наредби – обесчовечување на цели градови и посебно на селата –
пустошување на Македонија – сликата ќе ве доближи до суровата и тажната реалност.
Грозотата на таа слика се дополнува со жестокости извршени од Србите при нивнотот
отстапување од таа измачена и туѓа земја. Тие жестокости се неописливи и безбројни,
додека пак ние ќе се фокусираме само на она позитивно утврденото. Се знаеше дека до
последен момент за време српското отстапување, српските власти се грижеа што е можно
повеќе да ги приберат во затворите Бугарите од градовите и селата. Сега, при
отстапувањето тие веќе не беа во можност да носат со себе си таков голем товар, та
требаше да се ослободат од него, а тоа се постигнуваше просто – ослободување на голем
дел од затворениците. Градовите беа преполни, селата препоплни и после тоа опожарени
после приграбување на добитокот, стопанството опустошено, семејствата обесчестени...
Но нека говорат само фактите!
При отстапувањето од Скопје, Србите ги завлекле меѓу многумина незнајни уште и
граѓаните Неделко Стојков, Иван Зафиров и Санде Хаџи – Митков. Недалеку од градот
тие биле убиени и закопани, а при доаѓањето на бугарската војска нивните трупови биле
пронајдени. Убиени се исто така и сите поранешни бугарски полицајци и четници од с.
Псача и други села од Кумановско. Тие биле пронајдени после борбата на Кумановската
чета со српската војска кај месноста „Бислим” при крајот на август, 1915 г. Во Скопскиот
затвор во тоа време се наоѓале и десетина затвореници од Велес, коишто со друга голема
група на затвореници, меѓу кои имало жени и деца и биле одведени од Србите дури до
градот Ресен со невидени маки, лишења и измачувања. Во тој град тие ја дочекуваат
слободата несреќно голи, боси, гладни и изнемоштени. Само братското страдање и со
помошта од Ресенчани го турнале крајот на таа мизерија. Другиот дел од Скопските
затвореници, повеќе од 200 души – Бугари и некои Турци, оковани со вериги ги дружеле
на Србите до Феризово и Качаник. На мали групи тие биле убивани по патот. Труповите
на убиените околу градот биле фотографирани од овде навлезените бугарски војски и
после погребани во присуство на бугарските власти. Сведоците на српските злосторства
биле рускиот конзул во тој град, како и туѓите санитарни мисии кои останале во Скопје
после неговото празнење од Србите.

За време на отстапувањето од Гостиварско, Србите без престан со оружје ги


напаѓале околните села во времетраење од неколку дена и како резултат на тоа во с.
Добридол изгореле 50 куќи и 10 души – селани биле убиени, во с. Врабчица изгорела една
куќа и два дуќана, бил прибран и голем добиток, кон с. Чеграни неколкупати било
стрелано и разрушено, 20 души биле убиени, од с. Чајле – 7 души биле убиени и фрлени
во Вардар, селото Калишта било целото опожарено (околу 100 куќи) и многумина убиени.

Во Тетовско, с. Пирог – 8 души убиени, но селото се спасил бидејќи платиле 300


турски лири откуп, во с. Неготин биле изгорени 30 куќи и убиени 12 души, од с. Лерци ги
дигнале селаните (околу 80 мажи) и ги убиле помеѓу Групчин и с. Желино, кај месноста
“Здравев Зобел”, во с. Градец 50 куќи опожарени и 150 души убиени.

Во Кичево отприлика една седмица пред повлекувањето на Србите, во една ноќ биле
убиени 18 затвореници – Бугари. Убиството било извршено близу градот и во присуство
на свештеникот Иван Поп Крстев, којшто требал да ги погреба сите наеднаш. Во с.
Иванчица, Србите го убиле некој си по име Арсо Христов, а жена му ја изнасилувале, ја
врзиле за прозорецот и ја запалиле заедно со запалената куќа.

Од Битола, малку пред отстапувањето на Србите од градот, биле испратени 165


затвореници - Бугари за Охрид. По патот кај с. Братин – Дол, двајца од затворениците –
синови на свештеникот Васил од с. Кукуречани биле убиени од стражата, којашто ги
придружувала. На патот кај преминот „Буково”, западно од изгореното и уништено
истоимено село од Србите бил убиен друг некој од Битолските затворенеци, родум од
Прилеп по име Димко. Понатаму, кај с. Опејница биле убиени 10 души – затвореници од
Мариовските села, од коишто само на тројца им се знаат само имињата: Цветко, Христо и
Павле. Уште понатаму при с. Косел убиени се двајца затвореници од с. Книжо - Поле.
Пред пристигнувањето на останатите живи затвореници во Охрид, Србите одвлекле тројца
родум од Велес на коишто не им се знае судбината. Од Охридскиот затвор одделиле уште
16 души – старци и жени, кои биле испратен кон Струга – Дебар. Другите 35 души од
затворениците, меѓу кои и четникот Стојан Илиев од Ресенската чета (одделението на
Тале Андонов) на денот на отстапувањето на Србите од Охрид биле испратени во
Поградец. Што се случило со затворениците не се знае точно, но и до сега во Охрид се
знае дека при отстапувањето на Србите од градот тие фрлиле тројца несреќници во бунар
во старата црква “Св. Климент” во маалата Имарет. Кога првите одреди на бугарската
кавалерија биле веќе кај Охридското поле до самиот град, српски војници биле зафатени
со разбивање на дуќаните и магацините во Охридската чаршија и со опљачкување.
Последната жртва од тој град на српската алчност за бугарската крв станал граѓанинот
Васил Дуков, којшто бил изведен од српските војници до градината “Абдул - ага” и откако
му ги зеле сите пари, бил заклан. Меѓу Битолските затвореници коишто заедно со
повлекувањето на Србите си ја завршиле одисејата Битола – Ресен – Охрид – Струга –
Дебар биле одвлечени од с. Цапари, а именно Христо К. Велов, Петре Мукев, Спиро
Христов, Петре Симеонов, Христо Михајлов, Апостол Трајков, Илија Стојчев и Лазе К.
Трајанов коишто изнемоштени и опаднати, успеале да се вратат кај своите семејства во
домот. При повлекувањето од Битола, српската жандармерија наминала до Цапари и ги
побарала селскиот свештеник и селанец Насе Димов, но откако не ги пронашла се
задоволила со грабеж и тепање на домашните им.

Малку фалело Кратово да не се претвори во урнатините од орудието коешто при


отстапувањето Србите го испробале од височината „Црн врв” до градот. Штотуку
започнало бомбардирањето и месната револуционерна чета и полицијата се заитале кон
врвот, удриле на Србите и ги протерале од таму, а со тоа го спасиле и градот.

Во Кочанската околија освен убиени во разни времиња од Србите (и тоа 201


човек), тие при повлекувањето како уапсени, за ангарија или како војници, одвлекле 122
души. Опожариле 261 куќа во околијата, 6 дуќани, 2 магацина и 2 хотела, а ограбиле 4
дуќана, 1 хан, собирајќи сиот мал и голем добиток и сѐ од имотот на луѓето.

Во град Свети Николе, Србите ги разбиле дуќаните во целата чаршија и ги


ограбиле, како и многу чесни куќи. Жената на Наце Арсов во последен момент била
ставена во тесно од Србите коишто и барале пари. Заплашена со смрт, таа едвај се
ослободила кога била принудена да ги побара од друго место. Наце Богев бил потресен од
повлекувањето на Србите, но сепак успеал да се скрие од нив, но затоа пак Србите
немилосрдно ја натепале ќерка му – Стана. При отстапувањето 150 души – граѓани на
Велес биле завлечени со војските, но благодарение на темната ноќ, повеќето од нив
успеале да побегнат и да се сокриат по патот; само Гаврил Арсов, 55 годишен, бил заклан,
а Јове Димитриев, Петре Стефанов, Стојче Илиев, Иван Јанев, Христо Капетанов, Борис
Трајанов и Јанко Арсов биле одвлечени од Србите. Во последен момент, Србите
подпалиле три куќи и три дуќана во градот. Од селата во Свети Николоската околија,
Србите одвлекле 30 души – селани коишто поминувале низ градот, а освен тоа, тие зеле
мал и голем добиток, како и цели амбари жито. Само од с. Неманци бил одвлечени 50
коњи, 100 вола и 150000 оки жито.

Неколку дена пред отстапувањето од Штипската околија, во с. Горни Балван


бил пратен да престојува еден српски капетан со 50 души – војника. Тие ја однеле Јана
Петрова на 35 години, Вања Ладева на истата возраст, Севда Тасева на 50 години, Ѓурѓа
Иљова на 40 години, Васа Иванова на 25 години, Ванѓа Митева на 30 години и Петра
Ладева на 25 години. При самото повлекување, жителот Коце Везенков од истото село бил
грозно измачуван и прободен од војниците во гркланот за да каже каде му се парите. Од с.
Долно Трогерци, истата околија, при повлекувањето биле одвлечени Јане Шаклев, 70
годишен старец, Јане Стојчев на истата возраст, Санде Кузин и Саздо Иванчов на по 55
години и Лазо Јанков и Јордан Иванчев на по 35 години, а заедно со одвлекувањето бил
одземен мал добиток, а севкупно од селото била земена сума на пари од 3600 лева. Од с.
Сарчиево одвлечени биле Тимо Петров на 45 годишна возраст, Тоде Панев на 50, Симе
Митев на 60, Коле Тасев и Митко Донев на 25 годишна возраст. Од с. Таринци, истата
околија, одвлечени се Тасе Стоилов на 45 години, Трајчо Иљов на 53 години и Петре
Манов, којшто се спасил со бегство. Одвлечени во 1913 година се 15 души од с. Љуботен,
а при повлекувањето на Србите во 1915 година Од Мите Пандарина биле пронајдени
труповите на 8 души околу Ново – Селското пасиште, а труповите на другите 7 души ги
пронашол Дедо Киро и син му Лазо од с. Долјани на пасиштето на истото село. Освен тоа,
овде немилосрдно биле тепани од Србите со цел да изнудат пари од нив, сите мажи и
жени од селото. Селскиот писаро (родум од Србија) со тројца жандари ги повикал во
општинското управителство селаните коишто биле принудени да платат 1500 лева и 250
турски лири. Зоја Манева со ќерка си Руса биле обесени на градата во куќата си и
прободени со бајонет, бидејќи мажот ѝ побегнал. При повлекувањето, селото било
запалено од Србите. Во с. Сармазалино насред самото село биле исклани Димко Спиров,
Симо Стојанчев, Сане Панов и Мишко Колев од с. Богословец. Завлечени кон Велес и
после заклани и фрлени во Вардар биле Ване Димев, Коле Димев и Трајан Димев –
тројцата браќа од истото село. Одвлечени од истото село биле Гошо Трајков и синот од
братот – Санде. Од с. Крупиште, истата околија, завлечени за време на српското
отстапување биле Санде Коцев, Коце Донев и Величко Зафиров, а бил собран и повеќето
од малиот и големиот добиток од селото. Од с. Шопур, Србите за време на повлекувањето
ги собрале сиот мал добиток. Од с. Брест за време на повлекувањето биле одвлечен Иван
Тодев, а од с. Танатарци, Данаил Стојанов. Свештеникот Наум од с. Мечкуевци бил
пребаруван во својата куќа од Србите, но откако не го пронашле на грозни измачувања му
биле изложени домашните и најпосле, куќата му била изгорена, а во пламенот биле
фрлени и живи изгорени четири души од селото. Село Патрик било потпалено од Србите
при повлекувањето. Еден дел од с. Лесковица било изгорено.

Од гр. Радовиш за време повлекувањето на Србите биле убиени: Наџи ефенди на 15


октомври 1915 година во гр. Кочани, Илија Зафиров, 60 годишен првенец и деец за
црковното прашање, убиен на 6 ноемри 1915 година на патот накај Призрен, Григор
Стојанов на 14 ноември по патот за гр. Шкодра (Скадар, Албанија), Ташо Андонов на 17
ноември по патот за гр. Шкодра, Илија Карабашев на 17 ноември по патот за гр. Шкодра,
Васил Тазиров на 18 ноември по патот за гр. Шкодра, Бошњакот Ахмед ага на 18 ноември
по патот за гр. Шкодра, Стојан Мицев на 19 ноемри по патот за гр. Шкодра, свешеникот
Ѓорги Икономов на 24 ноември исто така по патот за гр. Шкодра. На истиот ден и во
истиот град се убиени: Мехмед Расимов, Аниф Хоџа и Наке Тошов. На 6 ноември по
патот за гр. Призрен е убиен Коце Зафиров; на 10 – ти истиот месец е убиен во гр.
Призрен, Иван Тарбулов,а на истиот ден во истиот град се убиени ѝ Туше Ташков и Иван
Христов. Јосе Наков е убиен во гр. Дебар, Илија Бачков умрел во гр. Охрид, Ѓорги Пецов
умрел во Сан – Џовани. Од истиот гр. Радовиш побегнале откако биле одвлечени од
Србите: Туше Христов, Григор Лозналиев, Ѓорги Христов, Туше Кочкаров и Хафаз
Исмаил – сите од Призренскиот затвор, Ѓорги Лозналиев, Туше Теохаров, Дончо Андев,
Тодор Цветков, Ѓорги Андрев, Трајан Бојков, Христо Витанов, Туше Григоров и Григор
Михајлов од Шкодренскиот (Скадарскиот) затвор. Никола Зафиров, Абдураман Кадриов,
Васил Џарта, Туше Шапков, Сали беј и Васил Брендов побегнале од Албанија. Без трага
по патот низ Албанија исчезнале: Костаки Поп Гаврилов, Илија Тренчов и Коце Пецов од
истиот гр. Радовиш. Тие жртви на српскиот терор се дел од уапсените на 3 март 1915 г. и
измачувани граѓани, сѐ со цел да кажат што готват против српската држава.

Призрен. Каква гробница претставува тој град пишува во еден рапорт на началникот
на 3 – та Балканска дивизија под бр. 1069 од 31.12.1915 г. Бугарските војски пронашле во
влажните подземја на „калето” во тој град 70 души – Бугари, коишто претставувале тажна
глетка. Сите биле истоштени од глад, осакатени од мачењата и болни од мрзнењето на
рацете и нозете. Меѓу мачениците, лежеле и се распаѓале труповите на четворица
Бугарија, а врз нивните мртвечки лица им биле отпечатени трауматичните конвулзии,
коишто издејстувале за предвремената им маченичка смрт. Тие биле погребани од
свештеникот на 29 – от Јамболски полк. Меѓу нив, со смртта се борел и еден Турчин. Пред
да издише, тој успеал да каже дека во затворот имало околу 800 души, отприлика сите
Бугари, меѓу кои ѝ деца од 12 до 16 годишна возраст. Тие биле пренесувани те до
Гнилане, те до Скопје, те до Приштина. На 5 ноември 1915 г. пристинале во Призрен, каде
што биле затворени во „калето”. На шеснасетмина, Србите ги извадиле од затвор бидејќи
биле способни да држат на нозе и ги испратиле за Ѓаково, а останале да гнијат во
подземјето Призренското кале само оние многу болните.

СЛИКИ

Слика бр, 1 – Архимандрит Методиј Димов од гр. Воден, ректор на свештеничкото


училиште во гр. Скопје, жестоко тепан од Србите во Скопје
Слика бр. 2 – Малата Васка Зојчева од Скопје, којашто добила шамар од српскиот
престолонаследник принц Александар бидејќи рекла дека е Бугарка

Слика бр. 3 – Јермонах Софрониј, егумен на кичевскиот манастир „Пречиста”, застрелан


од Србите, а во исто време и со него неразделниот цел живот и до смрт, другар,
свештеникот Ѓорги Поп Ангелов од с. Слатино, Охридско којшто бил распнат од Србите
како Исус Христос
Слика бр. 4 – Во Дебарско, Србите ги изложиле на сечење безброј Бугари и Албанци,
откако им ги опожариле селата. Горната снимка претставува тројца Бугари од с. Клење
убиени од Србите

Слика бр. 5 – Димитар Иванов од Охрид, учител, слаткопеен пеач на народни песни и
син на прочуен црковен пеач, жртва српската одмаздувателност за време
потиснувањето на септемврискиот бунт
Слика бр. 6 – Село Велгошти, Охридско, каде што Србите застрелале 12 души – Бугари
поради учеството на селото во бунтот против српската влада во месец септември 1913
година

Слика бр. 7 – Илија Јосифов, родум од Охрид, четник за време на турскиот режим,
апсен од Србите во Битола. Конвоиран кон Велес, тој бил убиен од српски војници по
патот помеѓу Прилеп и Велес на Бабуна планина.
Слика бр. 8 – Христо К. Велов од с. Цапари, Битолско, тешко страдал заедно со
многумина свои соселани за време на српскиот режим

Слика бр. 9 – Иван Котев од гр. Крушево, револуционер уште под турски режим, убиен
и обезглавен од Србите, а главата му е фрлена пред очите на неговите уапсени граѓани,
за да се подисплашат од теророт
Слика бр. 10 – Ефтим Јанев Караманов од гр. Радовиш исечен од Србите истовремено
додека убивале десетмина други негови сограѓани

Слика бр. 11 – Павле Дудуков и Иван Странџата од Малешевско се живи фрлени во


еден бунар од Србите во гр. Пехчево
Слика бр. 12 – Свештеникот Иван Мицов Зрлев од с. Владимирово, Малешевско е една
од најтешко измачувани жртви од Србите; од ѓаволските маки, окото му прснало, а
малку после тоа, издишил. Еднакво измачуван бил и Ив. Мирчев

Слика бр. 13 – Србите колеле Бугари низ Македонија, а некаде ги гореле и телата на
жртвите. Дедо Филип Митрев од с. Патрик, Штипско е жив сведок како 16 души –
селани колени, останале недоколени – изгореле во куќата на Доне Домазетов од истото
село. Само дедо Филип, ранен на неколку места, едвај се спасил од изгорување
Слика бр. 14 – Србите се спасиле од својот вишок товар за време повлекувањето. Еве
една група убиени Бугари за време српското повлекување од Скопје

Слика бр. 15 – с. Љуботен, Штипско било потзапалено од Србите за време нивното


повлекување
Слика бр. 16 – Свештеникот Наум од с. Мечкуевци, Штипско бил баран од Србите при
повлекување, но не го пронашле, па затоа Србите му ги измачувале домашните, а
најпосле му ја потзапалиле куќата во која изгореле четворица од селото

Слика бр. 17 – Патрик, Штипско подзапалено од Србите при повлекувањето


Слика бр. 18 – с. Лесковица, Штипско, изгорено при српското отстапување

Слика бр. 19 – Од завлечените при српскот повлекување, Бугари, многумина успеале


да се спасат со бегство. Еве една таква група Радовишани која избегала од Албанија
Слика бр. 20 – Група бегалци од Малешевско ги напушќаат огништата за да се спасат
од српскиот терор, фотографирани во Горна Џумаја

Слика бр. 21 – Јанаки Томов, родум од Галичник, убиен од Србите за време на бунтот
против српскиот режим во 1913 година

Слика бр. 22 – Ѓорги Смиленов Ќосев од гр. Пехчево, организатор и револуционер за


време на турскиот режим, на Велики петок 1915 г. извлечен од дома од Србите и после
тешки измачувања фрлен во безда, па жив погребан заедно со брата си Иван Ќосев,
Гаврил Ингилизов и Коле Кујумџијата
Слика бр. 23 – Иван Фурнаџиев од с. Зрновци, Кочанско, убиен во јуни 1913 г. од
Србите заедно со 6 души – негови другари помеѓу селата Лески и Зрновци

Слика бр. 24 – Куќата на Штипскиот војвода Иван Јанев – Брло во с. Горни Балван
изгорена од Србите
Слика бр. 25 – Еден од најоддадените курири на организацијата за време на српскиот
режим лежи на смртна постела

Слика бр. 26 – Никуш Будимов од Тетово, стар деец за црковното прашање; од тага
ниту еднаш од дома не излегол за време на српската окупација. Што дознал за
пропаѓањето на Србите и влегувањето на бугарските војски, веднаш посакал да види
бугарски офицер и после половина час ги затворил очите и издишил. Погребан бил
славно со учество на бугарската војска

You might also like