You are on page 1of 2

16-17 Работна средина фокусирана само на резултати, е работно место каде

што вработените во една организација се оценуваат врз основа на нивните


резултати, а не на тоа колку часови се на работа, дневно, неделно и сл. Овој
вид на организирање на работната средина има повеќе предности. Една од нив
е зголемување на продуктивноста така што Best Buy со помош на оваа метода
успеала да ја зголеми својата продуктивност за 41%. Исто така со помош на
ROWE се зголемува ангажираноста на вработените и доброволното
заминување на вработените се намалува како на пример во оваа студија на
случај Best Buy го намалува својот turnover на вработени на 8% од 12%. Но овој
вид на организирање на работната средина има и свои недостатоци.
Менаџерите може да сметаат дека е голем предизвик за да се прилагодат на
ваква средина. Може да има предизвици во убедувањето на традиционалните
менаџери дека вработените работат ефикасно и успехот на овој метод може да
варира во различни индустрии.
16-18 Една од теориите со кои може да се објасни зошто ROWE методот е
ефикасен и ефективен е теоријата на очекувања. Вработените во работна
средина фокусирана само на резултати можат да видат врска помеѓу нивниот
напор (флексибилни работни часови) и перформансите (мерени според
резултатите). Верувањето дека нивниот напор ќе резултира во позитивни
резултати, како што се признание или слобода да управуваат со своето време
ја зголемува нивната мотивација (очекувања). Во работна средина каде што
главен фокус се резултатите вработените се директно поврзани со наградите
како што се зголемената автономија и флексибилност. Ова ја зајакнува врската
помеѓу перформансите и позитивните резултати, мотивирајќи ги вработените
да се стремат кон подобри резултати (инструменталност). Резултатите во
ROWE работна средина, како што се зголемена контрола врз распоредот за
работа и подобра рамнотежа помеѓу работата и животот имаат висока
валентност за вработените правејќи ги да бидат помотивирани да вложат труд.
16-19 Работна средина фокусирана само на резултатите може да се соочи со
неколку менаџерски предизвици. Еден од нив е следењето на перформансите
така што менаџерите може да сметаат дека е предизвик да се проценат и
следат перформансите на вработените кога фокусот се резултатите наместо
часовите поминати на работа. Обезбедување ефективна комуникација со
вработените кои работат во различни времиња и локации е од суштинско
значење и претсавува предизвик за организација која сака да ја фокусира
својата работна средина на резултати. Менаџерите ќе треба да
имплементираат алатки и стратегии кои овозможуваат ефективни тимски
интеракции. Исто така и менаџерите кои се навикнати да ја проценуваат
продуктивноста врз основа на присуството за време на традиционалното
работно време, може да се спротистават на начинот на работа во работна
средина фокусирана само на резултати.
16-20 Да би се чувствувал ---- во работна средина фокусирана за резултати.
Слободата да избирам кога и каде сакам да работам ме привлекува.
Флексибилна работна средина поттикнува подобра рамнотежа помеѓу работата
и животот и им овозможува на поединците да ја оптимизираат својата
продуктивност за време на нивните најефективни часови. Исто така мотивиран
сум за постигнување цели и добивање на резултати за мојата работа.
Системот за евалуација на перформансите базиран на резултати се согласува
со моите преференции и мислам дека овој систем поттикнува фокусирање врз
ефикасноста и ефективноста.
16-21 Јас потполно се согласувам со изјавата дека “Работата е нешто што го
правиш. А не место каде што одиш”. Работата е активност, а активностите не
се ограничени на некоја физичка локација како што се канцелариите.
Надминувањето на традиционалните канцелариски граници потврдува дека
работа може да се случи насекаде. Напредокот во технологијата ни
овозможува да се поврзиме, да соработиваме и да придонесуваме кон нешто
без да зависиме од нашата физичка локација. Кога ние имаме флексибилност
да избереме како и каде ќе работиме, се поттикнува чувство на одговорност и
сопственост над нашите задачи, придонесувајќи за зголемено задоволство од
работата.

You might also like