You are on page 1of 1

Македонија за време на осмалиското владеење

При крајот на XIV Македонија потпаднала по Османлиската


империја.Македонскиот народ често се бунтувал сакајќи да се ослободи
од Осмалиите,најстариот вид на вооружено бунтување е наречен
ајдутство.Првото поголемо и позначајно востание од тој период е
востанието на ајдутинот Карпош во 1689 година.

Македонскиот народ ги кревал тие бунтови и востанија поради тешките


услови за живот под Османлиска власт,поради даноците кои ги плаќале а
најмногу поради данокот на крв,според кој, насилно биле одземани
македонски машки деца кои биле носени во далечни места и биле
воспитувани и образувани да станат Османлиски војници,тие биле дел од
најсилната единица во Османлиската војска и ги викале јаничари.

Веќе во XIX век се зачестиле ослободителните востанија.Во тој период се


подигнале Негушкото,Кресенското и Разловечкото востание.

Покрај големиот број на востанија,најбитно и најпродуктивно е


Илинденското востание кое се кренало на 2 август 1903 година.Во ова
востание учествувале сите народи и народности кои живееле на
тогашната територија на Македонија.Покрај другите места кои биле
ослободени,со ова востание е ослободен и градот Крушево,во кој е
формирана Крушевската Република.Како дел од неа е формиран Совет на
Републиката-составен од 60 граѓани,и привремена влада-составена од 6
члена на чие чело стоел Ванѓел Дину.Претседател на Крушевската
република бил Никола Карев.

Крушевската Република постоела само 10 дена но,има големо значење за


нашата земја. Најпознати револуционери од тоа време се: Гоце
Делчев,Питу Гули,Пере Тошев,Даме Груев,Јане Сандански,Ѓорче Петров
и други.

You might also like