You are on page 1of 7

Мал,среден,голем бизнис

Бизнис е легална организација усмерена кон остварување на материјални добра или


услуги наменети за потрошувачот. Бизнисот доминира во капиталистичкото
општество,највеќе како приватна сопственост на поедино лице или некоја друга
форма на здружување,која има за цел остварување на профит,кој би го зголемил
богатството на сопственикот и би го зголемил обемот на самиот бизнис.
Сопствениците и операторите за да успеат во некој бизнис мора да бидат
претпазливи со капиталот што го располагаат,состојбата на пазарот,како и да
преземат ризик доколку тоа е неопходно.
• Која е разликата помеѓу малите и големите бизниси? Да тргнеме со некои од
карактеристиките на големите:
• Имаат огромна финансиска моќ
• Имаат голем потенцијал на човечки ресурси
• Имаат големи потрошувачи
• Вложуваат многу пари во маркетинг
• Имаат пониски цени, заради попусти на обемот на нарачки што ги добиваат
• Имаат големи залихи
• Грешките можат да се толерираат
• Не даваат дополнителни услуги
• Тешко се менуваат или им требе повеќе време
• Не можат да имаат лични односи со потрошувачите
• Некои од карактеристиките на малите бизниси се:
• Немаат финансиска моќ
• Слаби се со човечки ресурси
• Немаат големи потрошувачи
• Немаат доволно финансии за маркетинг
• Добиваат повисоки набавни цени заради мал обем на нарачки
• Не држат големи залихи
• Грешките можат да бидат кобни
• Даваат дополнителни услуги на потрошувачите
• Имаат голем потенцијал за брзо прилагодување
• Одржуваат лични и блиски односи со потрошувачите
• Од овие неколку карактеристики на мали и големи бизниси може да се
забележи дека тие се дијаметрално спротивставени. Но, каде е клучот на
успехот на малите бизниси? Предноста може да се побара и да се искористи
во следниве карактеристики:
• Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се
инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики кои може
да бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.
• Бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за
трошоци за одржување на залихи. Со тоа компензираат дел од повисоките
цени за набавка во однос на големите бизниси.
• Бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за
бизнисот воопшто претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи.
Тие имаат посебна карактеристика да превземаат вкалкулиран ризик.
Средни претпријатија се претпријатија кои задоволуваат одредени
критериуми во поглед на бројот на вработените, големината на имотот или
остварениот годишен промет. Средните претпријатија имаат до 250
вработени. Погледнато од секторски аспект, во раните 1990-ти, најголемиот
број од средните претпријатија биле во секторот
на трговијата (во 1993 година, дури 67%). Подоцна, се случило постепено
пренасочување од трговијата кон производството –
преработувачка индустрија, градежништво и услуги надвор од трговијата.
Оттука, во 2004 година, во секторот на трговијата стопанисувале 54% од
малите и средните претпријатија. Набљудувано од регионален аспект,
најголем број средни претпријатија биле концентрирани
во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Охрид, Струмица и Тетово.
Благодариме на
вниманието!

Изработиле: Катерина Коцева, Теона Сандева III2

You might also like