You are on page 1of 9

Граѓанска обврска

(Civil commitment)
 Граѓанска обврска обично се однесува на присилна хоспитализација
или овластен третман на ментално болни лица на кои им е потребна
нега и онеспособување бидејќи покажуваат знаци на опасни
тенденции кон себе или кон другите.
 Присилно сместување или граѓанска обврска е правен процес преку
кој лице со тешка ментална болест со судска наредба се сместува на
лекување во психијатриска болница (амбулантно) или во заедницата
(вон амбулатно).
 Правната основа за граѓанска обврска потекнува од правната
доктрина parens patriae или “родител на нацијата“.
 Според оваа теорија, државата е обврзана да се однесува
родителски кон оние индивидуи кои не се во состојба да се грижат за
себе.
 Соодветно на тоа, parens patriae се користи како основа за голем
број законски одредби кои вклучуваат малолетници, ментално болни
и стари лица.
 Parens patriae предложува дека државата не само што има право
туку и обврска за заштита на луѓето кои можат да бидат ризик за себе
бидејќи страдаат од ментална болест.
 Ја нагласува менталната болест и неспособноста за грижа за себе.
 Контрастна, но поврзана правна доктрина е
полициската моќ.
 Под полициска моќ, значајна обврска на
државата е да не го заштити поединецот од
себе, туку да го заштити општеството од тој
поединец.
 Највисоката должност е да се заштити
општеството од било каква опасност која
може да ги изложи граѓаните на ризик.
 Полициската моќ ја нагласува опасноста за
другите и према тоа најмногу се ослонува на
предвидување на опасноста, наместо на
неможноста за грижа за себеси.
Критериуми за граѓанска обврска
 Критериумите за граѓанска обврска се утврдени
со закони, и се разликуваат помеѓу нациите

◦ Ментална болест

◦ Опасност, опасност за себе


или опасност за другите

◦ Потреба за лекување
Процесот на граѓанска обврска
 Генерално постојат две патеки за граѓанска обврска
1. Долготрајна - поформална и вклучува барање до судот за судски
одредена обврска, судски преглед на барањето и потенцијална
формална евалуација, потенцијално сослушување по обавената
евалуација, и потоа затворање на поединецот ако тоа е оправдано.
Поради долгорочните последици од лишување од слобода на
граѓански обврзаниот кандидат постојат голем број права на
заштита кои се вклучени при долготрајниот процес. Во зависност
од надлежноста, овие права вклучуваат писмено известување за
сослушување, право на застапник, можност да се повикаат
сведоци, како и право на судење со порота или пак судија да ја
донесе конечната одлука.
2. Итна – службеник за спроведување на законот или
професионалец за ментално здравје може да одобрат итна обврска
која овозможува хоспитализација во опсег од 24 часа до неколку
дена. Итната обврска има тенденција да биде помалку формална и
има помали мерки на заштита за лицето кое се соочува со
граѓанска обврска.Лицето се информира за долготрајноста на
обврската, дека има право на сослушување на крајот од обврската
и кога станува достапно правото на застапник.
Вон амбулантна обврска
 Вон абмулантната обврска стана повеќе прифатлива
алтернатива по движењето за
деинституционализација кое започна во 1950тите и
1960тите години
 Во вон амбулатниот третман, индивидуата не е
хоспитализирана 24 часа на ден, но сеуште има
обврска на некоја форма на третман со задржување
на слободата.
 Вон амбулантната обврска може да диктира
индивидуата да посетува психијатар редовно, да
присуствува на сесии на неделна основа, дури и да
учествува во дневна програма која се состои од
третман во текот на редовен работен ден.
Вон амбулантна обврска
 Законот “Кендра“ – (Kendra’s Law, во САД) воспоставува
неколку критериуми кои мора да бидат исполнети за
индивидуата да биде обврзана за вон абулантен
третман:
 1) страда од ментална болест
 2) тешко да опстане во заедницата без помош
 3) има историја на слаба ускладеност на третманот кој
барал хоспитализација и е малку веројатно да
учевствува во третман во моментот поради ментална
болест
 4) да има потреба од вон абулатна обврска за да се
спречи влошување или рецидив кој би резултирал со
сериозна штета на пациентот или на другите
 Вон амбулантската обврска според овој закон трае 6
месеци и може континуирано да се продолжува до 1
година
Вон амбулантна обврска
 Генерално постојат три различни форми на вон
абулантна обврска:
1. Традиционална вон амбулантна обврска
 Како алтернатива на амулантниот третман ги исполнува критериумите
за граѓанска обврска, но на индивидуите кои се обврзани на ваков
третман им е дозволено да бараат третман на вон абулантна основа
како помалку рестриктивна алтернатива на амбулантната нега.
2. Превентивна обврска
 Поконтроверзна, бидејќи поединците обично не ги исполнуваат
условите за граѓанска обврска но постои очекување од нивно
влошување во иднина и задоволување на барањата за граѓанска
обврска. Затоа, потребно е да се интервенира за да се превенира
влошување и идна амбулантна хоспитализација на поединецот
3. Условен отпуст
 Е форма на вон амбулантна обврска која се јавува по завршување на
амбулантната хоспитализација. Индивидуите кои биле амбулантно примени
се отпуштаат под услов да учествуваат во вон амбуламстки третман. Ако не
успеат да ги исполнат условите за отпуштање, тие се враќаат во болница.
Принуда на граѓанска обврска
 Принуда може да значи употреба на закани или сила, лечење
на пациентот против негова волја, или полицијата да го
донесе пациентот во болница.
 Иако може не постои прецизна дефиниција за принуда, има
неколку димензии кои се земени во предвид. Тие димензии
вклучуваат перцепирана достапност на алтернативи, силата
на преференците на пациентот за хоспитализација наспрема
алтернативите, видот и интензитетот на притисокот врз
пациентот, и товарот за избор на хоспитализација.
 Принудата треба да биде поврзана со контекстот во кој се
одвива однесувањето, бидејќи она што е присилно во еден
контекст не е присилно во друг.
 И покрај позитивните ефекти поврзани со вон амбулантната
обврска, останува загриженост за нејзината потенцијална
присилна природа и влијанието на третманот

You might also like