You are on page 1of 13

Остварување право на

социјална помош
ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
1. ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ

Домаќинство кое е материјално необезбедено и кое нема во сопственост имот и имотни права16 од кои може да се
издржува. Домаќинство кое е материјално необезбедено, но има во сопственост имот и имотни права од кои може да
се издржува, во случај кога членот на домаќинството, сопственикот на имотот ќе склучи договор за доживотна
издршка со центарот за социјална работа. Ова право се остварува во случај кога вкупната просечна висина на сите
приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето
за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната
минимална помош.

2. НАДОМЕСТОК ЗАРАДИ ПОПРЕЧЕНОСТ


Лица со:
• тешка или длабока интелектуална попреченост;
• најтешка телесна попреченост;
• потполно слепо лице и
• потполно глуво лице.

Лицето мора да има навршени 26 годишна возраст, најдоцна до 65 годишна возраст. Правото на надоместок заради
попреченост се остварува врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари
специјалисти од соодветна терцијарна здравствена установа.
ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

3. НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ


Лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице
со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во
здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само
да ги врши основните активности од секојдневниот живот, не може ниту со помош на ортопедски
помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја
одржува личната хигиена, ниту да ги врши основните физиолошки потреби доколку ова право не може
да го оствари врз основа на други прописи.
Потреба од помош и нега од друго лице во помал обем има лице со умерена интелектуална попреченост
и лице кое поради трајни промени во здравствената состојба не може без помош од друго лице во
потполност да ги задоволува основните животни потреби.

4. НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ЗА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ


Родителот е вработен и има дете со потешка телесна или интелектуална попреченост и со најтешки
облици на хронични заболувања.
ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
5. ДОДАТОК ЗА ДОМУВАЊЕ

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени
лица и тоа:

• закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел;


• санација, адаптација и реконструкција на сопствен недвижен имот и
• надомест на трошоци за сместување во студентски дом.

Материјално и станбено необезбедени лица и тоа:


• корисник на гарантирана минимална помош и
• лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на
старателството, а најмногу до 26-годишна возраст.

6. ТРАЕН НАДОМЕСТОК

• Згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена,
односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.

• Pодител кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна
социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64
години на живот за маж.

На родителот да не му било одземено родителското право над детето.


ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

7. ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА


• Лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, а која може да остави трајни последици, заради
претрпена природна непогода (земјотрес, поплава, пожар), епидемија и смрт на член на семејствотo.

• Лице кое има потреба од оперативен зафат или подолго лекување во здравствена установа во странство.

• Станбено необезбедено лице корисник на гарантирана минимална помош и тоа лице неспособно за работа, како
помош во обезбедување на нужно сместување.

• Лице - жртва на семејно насилство за обезбедување на итна заштита и згрижување. Лице кое до 18-годишна
возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а
најмногу до26-годишна возраст, има право на интервентна еднократна парична помош.
8. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Корисниците/целната група остваруваат право на здравствена заштита, само доколку не можат да се стекнат со
осигурување по друг основ.
ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

1. ДЕТСКИ ДОДАТОК
• Дете до наполнување 18 години живот, а живее во домаќинство кое не поседува имот и имотни права
од кои може да се издржува и доколку е на редовно школување.
2. ПОСЕБЕН ДОДАТОК
• Дете со посебни потреби:

• тешка, потешка или најтешка пречка во физичкиот развој;

• умерен, тежок или длабока ментална попреченост; најтешки облици на хронични заболувања;
најтежок степен на оштетување на видот, слухот или на говорот, лице со аутизам и повеќе видови
пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток остварува родителот или старателот на детето доколку и родителот
(старателот) и детето се со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и ако детето е
државјанин на Република Северна Македонија, како и лице со статус на признаен бегалец и лице под
супсидијарна заштита кое има дете со пречки во развојот и со посебни потреби.
ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА
3. ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ
• Семејство/еден од родителите на прво и второ живо новородено дете и посвоени деца на возраст до една година.

4. РОДИТЕЛСКИ ДОДАТОК ЗА ДЕТЕ


• Мајка која родила и се грижи за своето трето дете. Во исклучителни случаи, носител на правото може да биде
таткото и/или старателот. Во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е
спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот
доколку ги исполнува погоренаведените услови.

• Оправдани причини се:

• подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;

• сериозно нарушена здравствена состојба на мајката;

• студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и

• одземена деловна способност на мајката


ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

5. ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно
образование во училишта во Република Северна Македонија.
Старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во установа за вонсемејна социјална
заштита. Домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во установата во
РСМ, кое остварува право на гарантирана минимална помош.
Правото на додаток за образование се остварува доколку детето:
• е запишано како редовен ученик во основно или средно училиште
• присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани на
ставни часови и
• не користело додаток за образование за истата учебна година.

6. ПАРТИЦИПАЦИЈА
Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена поради
претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго). Правото на партиципација во јавна установа за
деца - детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат
или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го
врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.
Мерки на Владата на РСМ наменети за граѓаните од ранливи категории за справување со
последиците од КОВИД 19
1. ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Мерка 1.1. „Купувам домашно“ платежна картичка за граѓаните - 9.000 денари парична поддршка за граѓаните за
купување на македонски производи и услуги

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, активни баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи
според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.
https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/

Мерка 1.2. Ваучер за домашен туризам „Дома си е дома“ од 6.000 денари и домашна платежна картичка „Купувам
домашно“ од 3.000 денари за купување на македонски производи и услуги

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле
вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата
за јавни приходи.

Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со домашната платежна
картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги. https://domasiedoma.gov.mk/
Мерки на Владата на РСМ наменети за граѓаните од ранливи категории за справување со
последиците од КОВИД 19

Мерка 1.3. Парична поддршка за млади од 6.000 денари и платежна домашна картичка „Купувам домашно“ од
3.000 денари за купување на македонски производи и услуги

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување
во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, од семејства со
ниски примања. Мерката вклучува и платежна картичка „Купувам домашно“ за млади, во вредност од 3.000 денари за
купување домашни производи и услуги. 

Мерка 1.4. Ваучери до 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини
за млади од 16 до 29 години

Преку покривање на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини, со
максимален износ до 30.000 денари кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. 
Мерки на Владата на РСМ наменети за граѓаните од ранливи категории за справување со
последиците од КОВИД 19
4. ДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА БЕЗ РАБОТА

Мерка 4.1. Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020

Со оваа мерка сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020 ќе добијат паричен надоместок за два
месеци, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено но и добиле отказ
од работодавачот.

Мерка 4.4. Грижа за луѓето од неформалната економија

Релаксирање на критериумите и начинот за користење на правото за минимална помош и брз влез во системот на
социјална заштита. Оваа мерка се остварува како домаќинство а не како поединец. Гарантираната минимална помош од
април до декември ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на
домаќинството по сите основи сметано само од последниот месец (наместо за три месеци, како што беше претходно).

Корисниците на социјална заштита ќе добиваат дополнителна исплата на енергетски додаток во износ од 1.000 денари
плус, од април до септември 2020. Тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат дополнителен енергетски додаток.

Исплатата на образовниот додаток продолжува, во износ од 700 денари по дете во основно образование и 1.000 денари
по дете во средно образование.
Мерки на Владата на РСМ наменети за граѓаните од ранливи категории за справување со
последиците од КОВИД 19
Мерка 4.5. Паричен надоместок за луѓето кои останале без работа поради коронавирусот

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени
плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое
има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната
месечна нето плата по работник во РСМ објавена за последниот месец.

5. ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА И ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДОЛГОВИ

Мерка 5.3. Одложено плаќање на закуп за корисниците на социјални станови

Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за
граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор.

Мерка 5.4. Се запира законот за извршување до крајот на јуни

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со
преземање на било какви извршни дејствија. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на
извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон
самохрани родители.

You might also like