You are on page 1of 2

КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ1 ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ШТО ВКЛУЧУВА ДЕТЕ – ЖРТВА/СТОРИТЕЛ

1. Принцип на согласност

Новинарот не смее да користи фотографии, изјави и видео записи од дете без писмена согласност
од родител/старател/институција-старател, кого претходно го информирал за тоа.

Новинарот треба да овозможи повлекување на согласноста, во секој момент, пред и по


објавување на сторијата без правни последици за детето и/или старателот.

2. Принцип на почитување на правата на детето

Новинарот треба да ги почитува правата на детето и да известува во негов најдобар интерес2,


внимавајќи неговиот исказ3 да не биде изваден од контекст.

Новинарот треба да одбегнува секаков вид на дискриминација4.

Новинарот треба да ги почитува различностите5 и не смее да ги нагласува во негативна


конотација, да не користи сарказам, иронија и зборови кои навредуваат.

Новинарите ќе избегнуваат сензационализам, шпекулации и манипулации во стории кои


вклучуваат деца.

3. Принцип на почитување на право на приватност

Новинарот треба да ги даде оние информации во јавноста кои се неопходно потребни за да го


долови контекстот, но не и оние лични податоци и информации кои може да ја нарушат
приватноста на детето.

Новинарот секогаш ќе пристапува кон замаглување на ликот на малолетното дете во објавата.

1 Сите поими кои во Кодексот за новинари се спомнуваат во машки род се однесуваат на двата пола, освен доколку во текстот не е поинаку назначено.
2 Чл.3, ст.1 - “Во сите активности што се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните
институции за социјална заштита, судовите, административните органи, или законодавните тела“;
3 Чл.12, ст. 1 „Државите членки му обезбедуваат на детето кое е способно да формира свое сопствено мислење, право на слободно изразување на тоа мислење за сите прашања

кои се однесуваат на детето, со тоа што на мислењето на детето му се посветува должно внимание во согласност со возраста и зрелоста на детето.“
4 Чл. 2, ст. 3 од Конвенцијата за правата на децата: „Државите членки на оваа Конвенција ќе ги почитуваат и ќе ги обезбедуваат правата на секое дете содржани во Конвенцијата под

нивна јурисдикција, без каква било дискриминација и без оглед на раса, боја на кожа, пол, јазик, вероисповед, политичко или друго убедување, нациоално, етничко или социјално
потекло, имотна состојба, неспособност, раѓање или друг статус на детето или неговиот родител или законски старател“;
5 (лица со попреченост, лица со инвалидитет, ранливи категории)
Новинарот треба да има предвид дека изјавите од сведоци на настан во кои е вклучено детето,
може да влијаат на понатамошниот процес на постапката (доколку се води) или врз развојот6 на
детето.

4. Принцип на точна и селективна информација

Новинарот треба да ја провери информацијата од повеќе страни и да го почитува принципот на


точност при прецизна идентификација на соговорници кога сторијата вклучува дете.

Новинарот треба да користи релевантни, ажурирани фотографии и видеа при известување што
вклучува дете.

Новинарот треба да прави селекција на информации (издвојување на битно/небитно) и не смее да


користи илустрации со недолична содржина.

5. Принцип на професионалност

Новинарот треба да биде непристрасен, да држи професионална дистанца, истовремено


почитувајќи ја туѓата болка и трагедија.

Новинарот треба да биде изземен во случаи кога има судир на интереси, односно кога е близок
роднина на детето кое е дел од сторијата.

Новинарот не смее лажно да се претставува пред детето со цел да извлече информации и изјави
и/или да дава ветувања кон детето со цел стекнување информации.

Новинарот треба да известува внимателно за да не предизвика негативен ефект во јавноста.

6. Принцип на почитување на достоинството

Новинарот треба да внимава да не се наруши интегритетот, дигнитетот и угледот на детето.

Новинарот не смее да промовира сексуалност на детето, без оглед дали постои согласност од
родителот/старателот.

Новинарот има обврска да го заштити изворот од објавување кога истиот сака да остане
анонимен.

6 Член 6: „Секое дете има право на живот, опстанок и развој;“

You might also like