You are on page 1of 1

Почитувани родители,

Советот на Општина Гази Баба на барање на УО на ЈУДГ„Детска радост“


донесе одлука за ослободување од плаќање на месечен надомест за престој на
децата во градинка заклучно со 31.12.2023г. за следните категории деца:
1. Родители на три деца запишани во градинка се ослободуваат од плаќање
месечен надомест за едно дете;
2. Самохран родител со примања до една минимална плата или со останати
приходи во износ од една минимална плата, се ослободува од плаќање на
месечен надомест за престој на детето/цата;
3. Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи
(невработени лица) се ослободуваат од плаќање на месечен надомест за
престој на детето/цата;
4. Двајца родители од кои едниот е без приходи (невработено лице) а другиот
родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во
износ до една минимална плата, се ослободуваат од плаќање на месечен
надомест за престој на детето/цата;
5. Родител на деца со категоризација за потешкотии во развој на детето/цата,
се ослободува од плаќање на месечен надомест за престој на детето/цата;

Сите родители кои припаѓаат на некоја од овие категории и сакаат да бидат


ослободени од плаќање на месечен надомест за престој на детето/цата во
градинка треба да достават барање за ослободување од плаќање до
ЈУДГ„Детска радост“ Гази Баба.
Во прилог со барањето потребно е да ги достават следните документи:
1. Фотокопија на извод од матична книга на родените за детето (оригинал на
увид);
2. Фотокопија од лична карта на родителот/лите (оригинал на увид);
3. Годишен рекапитулар од УЈП;
4. Потврда од работа со неведен иснос на месечни примања;
5. За невработените лица - потврда од завод за вработување;
6. За деца со категоризација за потешкотии во развој – Наод и мислење за
функционална проценка издадена од соодветна здравствена институција;

Со почит,
ЈУДГ„Детска радост“

You might also like