You are on page 1of 2

ПРАВИЛНИК

ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ


НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Член 1
Со овој правилник се утврдуваат критериумите и начинот на остварување на основното
образование на ученици со пречки во развојот.

Член 2
Учениците со пречки во развојот кои не можат да се вклучат во основното училиште заедно со
другите ученици, се вклучуваат во посебни паралелки при основно училиште, односно посебно
основно училиште.
Основно образование на ученици со пречки во развојот може да се организира и во други јавни
установи (заводи, центри, болници и друго).
Статусот на ученик со пречки во развојот се утврдува со наод и мислење од надлежната стручна
установа.

Член 3
Учениците со пречки во развојот во смисла на член 2 се:
-ученици со пречки во физичкиот развој (наглуви, глуви, слабовиди, слепи, со пречки во
телесниот развој односно хронично болни);
-ученици со пречки во психичкиот развој (ученици со лесна и деца со умерена и тешка
попреченоста);
-ученици со пречки во говорот;
-ученици со комбинирани пречки;
-ученци со воспитна запуштеност (асоцијално однесување) и престапничко поведение.

Член 4
Бројот на учениците со пречки во развојот на паралелка, односно група изнесува:
-за учениците со пречки во слухот до 8, а за комбинирана паралелка до 6 ученика;
-за ученици со пречки во видот до 8, а за комбинирана паралелка до 6 ученика;
-за ученици со пречки во телесниот развој до 10, а за комбинирана паралелка до 8 ученика;
-за учениците со хронични заболувања до 10, а за комбинирана паралелка до 8 ученика;
-за учениците со лесни пречки во психичкиот развој до 10, а за комбинирана паралелка до 8
ученика;
-за деца умерено и тешко попречени во психичкиот развој групата брои до 6 ученика;
-за ученици со воспитна запуштеност (асоцијално однесување) и престапничко поведение, до 10
ученика.
Бројот на децата во подготвителна група изнесува до 8 деца.

Член 5
Бројот на учениците со пречки во развојот во воспитна група изнесува:
-за ученици со пречки во слухот, до 10 ученика;
-за ученици со пречки во видот, до 12 ученика;
-за ученици со пречки во телесниот развој, до 12 ученика;
-за ученици со лесни пречки во психичкиот развој до 12 ученика;
-за деца умерено и тешко попречени во психичкиот развој, до 6 деца;
-за ученици со комбинирани пречки во развојот, до 6 ученика;
-за ученици со воспитна запуштеност (асоцијално однесување и претстапничко поведение ), до 12
ученика;

Член 6
Ако за ученикот со пречки во развојот е неопходна придружба од страна на родителот
(старателот), придружникот има право на бесплатен превоз од домот до училиштето и обратно.
Неопходноста од придружба за секој конкретен случај ќе се утврдува со наод и мислење за видот
и степенот на попреченост во развојот.

Член 7
Во паралелката на основно училиште може да се вклучат до два ученика со пречки во развојот.
Бројот на учениците во паралелката се намалува за три ученика по вклучен ученик во однос на бројот
од 30 ученика, доколку се обезбедени соодветни услови.

Член 8
Со влегување во сила на овој правилник престанува да важат одредбите од Правилникот за
условите за вклучување во предучилишното и основното воспитание и образование на децата и
учениците со пречки во психичкиот развој, бројот на децата и учениците во групите („Службен весник
на СРМ“ бр.24/84), што се однесуваат на основното образование.

Член 9
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија“.

Бр.10-1686/1 Министер
16 мај 1996 година за образование и физичка
Скопје култура
Д-р Софија Тодорова

You might also like