You are on page 1of 135

СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ Проф.

д-р Сунчица Димитријоска


ВО АКЦИЈА
ЗА ДОБРИ ПРАКТИКИ
ВО РЕФОРМИРАНИОТ СИСТЕМ
НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
ПРАВА И УСЛУГИ
ВО РАМКИТЕ НА СИСТЕМОТ
НА ДЕТСКА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Проект: Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите


за застапување и одржливост на локални граѓански организации.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението на социјални работници
на Македонија - ЗСРМ, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата
на Европската Унија.“
ПРАВА И УСЛУГИ
ВО РАМКИТЕ НА СИСТЕМОТ
НА ДЕТСКА И СОЦИЈАЛНА
ЗАШТИТА ВО РЕПУБЛИКА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Автор:
Проф. д-р Сунчица Димитријоска
Професор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”,
на Институтот за социјална работа и социјална
политика при Филозофскиот факултет во Скопје,
Република Северна Македонија

Скопје, октомври 2019


1
АПСТРАКТ

Социјалната заштита е дејност од јавен интерес која се остварува преку мерки, активности,
програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните
проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел:
• промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните;
• спречување на социјалната исклученост;
• подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и
• зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен
живот1.

Дејноста на социјалната заштита се обезбедува преку остварување на права на парична по-


мош од социјална заштита и обезбедување на социјални услуги и други мерки утврдени со законот.
Социјалната заштита се остварува и преку преземање на мерки и активности во вработувањето,
стипендирањето, домувањето, заштита на семејството, заштита на децата, здравствената заштита,
воспитанието и образованието и во други области согласно со закон2.

Во овој документ претставени се паричните права и социјалните услуги во рамки на сис-


темот на социјална заштита и заштита на децата во Република Северна Македонија, момен-
талната состојба на Владините акциски мерки насочени кон сиромаштијата, моменталните предло-
зи и мерки во областа на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Клучни зборови: социјална заштита, заштита на деца, сиромаштија, социјална ислученост,


домување, исхрана, здравје, здравствена заштита, вработување, невработеност, парична помош,
бездомништво, стари лица, попреченост, образование, семејно насилство, азил.


1
Закон за социјална заштита, „Службен весник на РСМ бр.104/2019“

2
Ibid, стр.2, член 3
2
СОДРЖИНА

1. ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА 7


1.1. Детски додаток 8
1.2 Посебен додаток 13
1.3 Еднократна парична помош за новороденче 15
1.4 Родителски додаток 17
1.5 Додаток за образование 21
1.6 Партиципација 29

2. ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА 32


2.1. Гарантирана минимална помош 33
2.2. Надоместок заради попреченост 37
2.3. Надоместок за помош и нега од друго лице 39
2.4. Надоместок на плата за скратено работно време 40
2.5. Додаток за домување 42
2.6. Tраен надоместок 44
2.7. Еднократна парична помош и помош во натура 45
2.8. Здравствена заштита 47

3. СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА И СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ 48


3.1. Социјална превенција 49
3.2. Социјални услуги 49
3.2.1. Услуги на информирање и упатување 49
3.2.2. Услуги на стручна помош и поддршка 50
3.2.3. Услуги на советување 50
3.2.4. Услуги во домот 51
3.2.4.1. Помош и нега во домот 51
3.2.4.2. Лична асистенција 52
3.2.5. Услуги во заедницата 52
3.2.5.1. Услуги на дневен престој 53
3.2.5.2. Услуги на привремен престој 54
3.2.6. Услуги на вон-семејна заштита 55
3.2.6.1. Живеење со поддршка 55
3.2.6.2. Згрижување во семејство 56
3.2.6.3. Сместување во установа 59

4. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА РАНЛИВИ ГРУПИ 63


4.1. Дневно и привремено прифаќање и згрижување на бездомни лица/ семејства 63
4.2. Поддршка на бездомници на територијата на Град Скопје 63
4.3. Центар за жртви на трговија со луѓе 64
4.4. Поддршка на заедницата на барателите на азил 64
4.5. Обезбедување на заштита за жртвите на семејно насилство во
центар/засолниште 65

3
4.6. Програма за заштита и грижа за внатрешно раселените лица 66
4.7. Остварување на правата на признаените бегалци, лицата под супсидијарна
заштита 67
4.8. Право на бесплатна правна помош 68

5. ПРАВО НА СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА 70


5.1. Право на социјална сигурност за старите лица 70

КОРИСТЕНИ ИЗВОРИ 72
Закони 72
Правилници од Законот за заштита на децата 72
Правилници од Законот за социјална заштита 72

ПРИЛОЗИ 74

4
ПОИМНИК

Одделни изрази употребени во овој прирачник го имаат следново значење:


1) „Социјален проблем“ е објективен настан или ситуација предизвикан од сложени
општествени настани, природни непогоди и девијантни однесувањa, кој неповолно влијае
врз поединецот, општествените групи или заедници на начин што им го отежнува или
оневозможува социјалното функционирање и задоволувањето на човековите потреби, а чии
последици не можат да се надминат без организирана општествена поддршка;
2) „Социјален ризик” e состојба која има потенцијал да го отежни или оневозможи непреченото
социјалното функционирање на поединецот, семејството и одредна група, која може да дојде
во потреба од социјална помош. Основните социјални ризици на кои е изложен поединецот
во смисла на овој закон се: мајчинство, болест, старост, смрт, повреда и попреченост;
3) „Домаќинство“ е едночлено домаќинство или заедница на членови на семејството, како и
други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички
живеат, придонесуваат, стопанисуваат и трошат;
4) „Самохран родител“ е родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето,
поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини
привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности;
5) „Лице со попреченост“ е лице кое има долготрајни телесни, интелектуални, ментални или
сетилни нарушувања кои во интеракција со различни пречки може да го спречат неговото
целосно и ефикасно учество во општеството на еднаква основа со другите;
6) „Старо лице“ е лице со навршени 65 години живот;
7) „Основни активности од секојдневниот живот“ се: одржување лична хигиена, облекување,
самостојно користење тоалет, функционална мобилност во домот, самохранење и други
слични активности;
8) „Инструментални активности од секојдневниот живот“ се: чистење, поправки, перење,
готвење, купување продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија и други
слични активности;
9) „Лиценцирани даватели на социјални услуги“ се даватели на услуги кои ги исполнуваат
нормативите и стандардите за давање на услуги и се стекнале со дозвола за вршење работи
во социјалната заштита; (Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година).
10) „Овластени даватели на социјални услуги“ се лиценцирани даватели на услуги кои склучиле
управен договор со Министерството за труд и социјална политика, односно општините,
градот Скопје и општините во градот Скопје и даваат услуги на корисници, по донесено
решение на центарот за социјална работа;
11) „Интегрирани социјални услуги“ се сродни социјални услуги во домот, заедницата и вон
семејството кои се даваат од страна на лиценциран давател на социјални услуги;
12) „Индивидуален план“ е план за промена на животната ситуација, односно однесувањето
на корисникот, изработен врз основа на сеопфатна проценка на потребите, проблемите и
ресурсите во договор со корисникот и членовите на неговото семејство, а со цел надминување
на неповолните животни околности;
13) „Водител на случај“ е стручен работник задолжен за конкретен случај кој во соработка со
корисникот ги утврдува неговите потенцијали и потреби и користи професионални и други
ресурси од центарот за социјална работа и други установи и организации на подрачјето на
единицата на локалната самоуправа, а кои се неопходни за задоволување на потребите и
надминување на проблемите, односно обезбедување на соодветни услуги за корисникот;

5
14) „Супервизор“ е стручен работник со стекната специјализирана лиценца за супервизија
кој ја координира, насочува, поттикнува и евалуира работата на водителот на случајот
преку обезбедување стручна поддршка и учење за развивање на компетенции за работа со
корисници, и
15) „Тријажер“ е стручен работник во центар за социјална работа кој врши првичен прием,
проценка и упатување на корисникот заради остварување права на парична помош и/или
услуги.

6
1. ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА
Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата
и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната
самоуправа за водење хумана популациона политика.
Заштитата на децата се остварува со обезбедување на услови и ниво на животен стандард што
одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата.
Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање на соодветна ма-
теријална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и орга-
низирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата (член 2, Закон за
заштита на децата3).
Заштита на децата, во смисла на овој закон, се остварува преку обезбедување на определени
права, средства и облици за заштита на децата (член 3, Закон за заштита на децата4).
Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштитата на правото
на живот и развој на детето, заштитата на најдобриот интерес на детето, обезбедување на минимум
стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација,
почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и
слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други
социјални права и слободи на детето (член 4, Закон за заштита на децата5).

Права за заштита на децата6, во смисла на овој закон, се:


1. детски додаток;
2. посебен додаток;
3. еднократна парична помош за новороденче;
4. родителски додаток за дете;
5. додаток за образование и
6. партиципација.

Горенаведените права за заштита на децата ги обезбедува државата. Поголем обем на правата


може да обезбеди општината, општините во градот Скопје и градот Скопје, доколку за тоа обезбе-
ди средства од сопствени извори. Начинот и поблиските критериуми за остварување на правата за
заштита на децата, ги утврдува советот на општината, советот на општината во градот.

3
Закон за заштита на децата, (Службен весник на Република Македонија бр. 98/2000, 17/2003, 65/2004,113/2005, 98/2008,107/2008,
83/2009,156/2009,51/2011,157/201,23/2013, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18) и Законот
за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе
на седницата одржана на 21 мај 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19 и 146/2019).
Правилник за поблиски условите, и начинот за остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на
состојбата на приходите, имотот и имотните прва на домаќинството и семејство за првата за детски додаток, родителски
додаток за дете и додаток за образование (Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019).
Правилник за форма и содржина на обрасци на барања и потребна документација за остварување на правата за заштита на
децата, (Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019).
4
Ibid, стр.1, член 3
5
Ibid, стр.1, член 4
6
Ibid, стр.2, член 6

7
1.1. Детски додаток7
Основа/Цел Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок
за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.

Месно-надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар


за социјална работа), Оддел за заштита на децата.
Тело за • Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а нај-
имплементација малку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и услови-
те за стекнување и користење на правото за заштита на децата и докол-
ку утврди дека истите се променети, донесува ново решение.
• Центарот за социјална работа ја утврдува потребата за остварување и
користење на правото на детски додаток врз основа на извршен непо-
среден увид во домаќинството на подносителот на барањето и корисни-
кот на правото, согласно Законот за заштита на децата.

Целна група Дете до наполнување 18 години живот, а живее во домаќинство кое не по-
седува имот и имотни права од кои може да се издржува и доколку е на
редовно школување.
На дете кое живее во домаќинство8 со постојано место на живеење во Ре-
публика Северна Македонија и доколку домаќинството не поседува имот и
имотни права од кои може да се издржува и е во редовно школување во РСМ.
Странски државјанин кој има живеалиште и регулиран постојан престој во
Република Северна Македонија согласно со закон и меѓународните догово-
ри ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија.
последните три години пред поднесување на барањето.
Право на детски додаток се обезбедува и на детe од домаќинство кое ост-
варило, односно користи право на гарантирана минимална помош согласно
со Законот за социјална заштита.
Помошта ја остварува еден од родителите на детето, старателот или лицето
Услови за пристап на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа детето му е
доверено детето на чување и воспитување и живее во семејството под ус-
лови утврдени со овој закон.
Право на детски додаток има дете во семејство чии вкупни просечни ме-
сечни приходи9 остварени во последните три месеци пред поднесување
на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите
членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото
на детски додаток, кој е поставен на 6.000 (шест илјади) денари, а кој се
зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната
скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството, и тоа за:
• вториот член за коефициент од 0,5
• третиот член за коефициент од 0,4
• четвртиот член за коефициент од 0,4

7
Закон за заштита на децата, (,,Службен весник на Републик Македонија бр. 98/2000, 17/2003, 65/2004,113/2005,
98/2008,107/2008, 83/2009,156/2009,51/2011,157/201,23/2013, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15,
27/16, 163/17, 21/18, 198/18) и Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 21 мај 2019
година(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19).
Правилник за поблиски условите, и начинот за остварување на правата за заштита на децата, како и
утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните прва на домаќинството и семејство за
првата за детски додаток, родителски додаток за дете и додаток за образование (Службен весник на РСМ
бр.104/2019).Правилникза форма и содржина на обрасци на барања и потребна документација за остварување
на правата за заштита на децата, (Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019)
8
Домаќинство во смисла на Законот за заштита на децата е едночлено домаќинство или заедница
на членови на семејството, како и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно
издржување, кои заеднички живеат, придонесуваат, стопанисуваат и трошат

9
Така на пример, за тричлено домаќинство вкупните просечни месечни приходи остварени во последните три
месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови
во домаќинството не смеат да го надминат износот од 11.400 денари, за четиричлено домаќинство 13.800
денари, за петчлено домаќинство 15.000 денари, за шестчлено домаќинство 15.600 денари, за седумчлено
16.200 денари, а за осумчлено 16.800,00 денари

8
• петтиот член за коефициент од 0,2
• шестиот член за коефициент од 0,1
• седмиот член за коефициент од 0,1 и
• осмиот член за коефициент од 0,1.

Еквивалентната скала се зголемува дополнително за коефициент од 1,2 за


самохран родител10.
За вкупни просечни месечни приходи на сите членови на домаќинство-
то се сметаат:
1. Доход од работа;
2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;
3. Доход од самостојна дејност;
4. Доход од авторски и сродни права;
5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
6. Доход од права од индустриска сопственост;
7. Доход од закуп и подзакуп;
8. Доход од капитал;
9. Капитални добивки;
10. Добивки од игри на среќа;
11. Доход од осигурување;
12. Друг доход;
13. Право на социјална сигурност на старите лица;
14. Паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Воена инвалиднина;
16. Цивилна инвалиднина;
17. Законска издршка;
18. Родителски додаток за детe;
19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;
20. Траен надоместок;
21. Надоместок на плата за скратено работно време, и
22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало
статус на дете без родители и родителска грижа.

Право на детски додаток не може да се оствари за дете ако домаќин-


ството поседува:
1. Друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за
живеење;
2. Стан или куќа во градба;
3. Деловен простор;
4. Заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари и
5. Хартии од вредност.

Како приход, при остварување и користење на правото на детски дода-


ток, не се смета:
1. Надоместок за помош и нега од друго лице;
2. Надоместок заради попреченост;


10
За самохран родител на дете за кое се остварува право на детски додаток и/или право на додаток за
образование, во смисла на Законот за заштита на децата, се смета родител на:
- дете кое го издржува, ако другиот родител е починат;
- дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос;
- дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во
работен однос;
- дете од разведен брак ако родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница;
- дете на кое едниот родител е непознат и дете на кое едниот родител се води за исчезнат

9
3. Додаток за домување;
4. Еднократна парична помош;
5. Паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок
за згрижување на лице во згрижувачко семејство;
6. Еднократна парична помош за новороденче;
7. Посебен додаток;
8. Гарантирана минимална помош;
9. Додаток за образование (за основно и/или средно образование);
10. Надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со
спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и
становите во Република Северна Македонија на членовите на до-
маќинството во висина до 15.000 денари;
11. Паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, фи-
нансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за
труд и социјална политика;
12. Приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна
работа согласно програма од Оперативниот план за активни про-
грами и мерки за вработување;
13. Надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки
од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;
14. Стипендија;
15. Приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни
работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Зако-
нот за работните односи;
16. Донации во согласност со Законот за донации;
17. Надоместок за практична обука на ученици и практична настава
на студенти;
18. Надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство;
19. Надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство;
20. Финансиска помош која се користи за лекување во земјата или во
странство;
21. Надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбеднос-
та и одбраната на Република Северна Македонија;
22. Пријавени или остварените нето приходи од доход од продажба
на сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќин-
ството во висина до 300.000 денари, а над овој износ, во висина од
80% од остварениот доход во последните 12 месеци;
23. Пријавени или остварените нето приходи од друг доход на сите
членови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во послед-
ните 12 месеци; и
24. Законска издршка за дете во висина до 6.000 денари.

При остварување и користење на право на детски додаток за дете од до-


маќинство кое остварило, односно користи право на гарантирана минимал-
на помош согласно Законот за социјалната заштита, не се утврдува мате-
ријалната состојба на домаќинството.

Висината на детскиот додаток се остварува во зависност од:

10
• возраста на детето (до наполнување на 18 години живот)
• бројот на децата во семејството и
• материјалната состојба на семејството11 (корисници на гарантирана
минимална помош согласно Законот за социјална заштита).

Доколку во семејството има дете на училишна возраст висината на детски-


от додаток за едно дете изнесува 1.000 (една илјада) денари месечно, а за
две и повеќе деца во семејството изнесува 1.600 (една илјада и шестотини)
денари месечно за сите деца.
Доколку во семејството има дете кое не е на училишна возраст висината на
детскиот додаток за едно дете изнесува 1.200 денари (една илјада и двеста)
денари месечно, а за две и повеќе деца изнесува 1.900 (една илјада и девет-
стотини) денари месечно за сите деца.
Бенефиции Доколку во семејството има две и повеќе деца, и доколку децата не се на
училишна возраст, висината на детскиот додаток за сите деца изнесува
1.600 (една илјада и шестотини) денари месечно.
Висината на детскиот додаток се усогласува со порастот на трошоците на
живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во
јануари за тековната година.
Правото се остварува од денот на поднесување на барањето.

Потребна документација за остварување и користење на правото на дет-


ски додаток за сите членови на домаќинството, е:
1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставу-
ва само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и
живеалиштето;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
8. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македо-
нија или странство;
9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна
Македонија или странство;
Потребни 10. Пресуда за определена законска издршка;
документи за 11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на
апликација Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република
Северна Македонија;
12. Потврда од банка за штеден влог;
13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;
14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
18. Доказ дека едниот родител е непознат;


11
Семејство во смисла на Законот за заштита на децата го сочинуваат брачните, односно вонбрачните
другари, самохран родител, децата родени во брак, вон брак или посвоени, посиноци, внуци без родители земени
на издржување и малолетни браќа и сестри (доколку немаат родители и се без средства за егзистенција), кои
сочинуваат заедница на живеење, стопанисување и трошење.

11
19. Доказ дека едниот родител е исчезнат;
20. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
21. Доказ дека едниот родител е починат;
22. Доказ дека е сместен во установа за вонсемејна социјална заштита и
во здравствена и друга установа со решение на центарот за социјал-
на работа;
23. Доказ дека едниот родител живее во брачна или вонбрачна заедница и
24. Потврда за редовен студент.

Подносителот на барањето за остварување на правото на детски додаток со


писмена изјава ги потврдува приходите од доход од самостојна дејност, како
и доколку поседува заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари.
Документите од точки 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 13, 14, 16, 18 и 21, центарот за со-
цијална работа ги прибавува по службена должност по пат на размена на
податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена
форма, по претходно дадена писмена согласност на подносителот на барање-
то и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични пода-
тоци во постапката за остварување и користење на правото на детски додаток
и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за депозитите во
сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.
Документите од точки 5, 10, 11, 12, 15, 17, 19, 20, 23 и 24 ги прибавува
подносителот на барањето при поднесување на барањето и во текот на ко-
ристење на правото на детски додаток, а доказот точка 22 се обезбедува од
страна на службеното лице во центарот за социјална работа.
Ако подносителот е корисник на гарантирана минимална помош, за оства-
рување на право на детски додаток се поднесува само важечка лична карта
и државјанство. Решението за користење на гарантирана минимална помош
се обезбедува од страна на службени лица на центарот за социјална работа.
Барањето за остварување на правото на детски додаток се поднесува на
Образец БДД/ГМП: Прилог бр.1
Писмената согласност/ИЗЈАВА на подносителот на барањето и другите
членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во по-
стапката за остварување и користење на правото на детски додаток, Изјава
Прилог бр.6 и писмената согласност/Изјава да бидат откриени нивните
податоци за депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна
Македонија се даваат на образец. Изјава Прилог бр.7.
Барателот треба да ја достави оваа документација најдоцна до 31 март те-
ковната година, за продолжувањето да може да важи од 1 јануари.

Жалба на решение донесено од центарот за социјална работа со кое не се


признава или се укинува правото од областа на детската заштита во кон-
кретниот случај на детски додаток се поднесува преку надлежниот центар
до Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена од де-
нот на приемот на решението. Жалбата се поднесува во два примероци со
докази со кој се оспоруваат фактите кои влијаеле центарот да го донесе ре-
шението за престанок на правото. Жалителот во жалбата може да изнесува
и нови факти и да приложи нови докази кои не биле земени во предвид при
решавањето од страна на центарот.
Престанок на
Министерството е должно во рок од 60 дена да одлучи по жалбата. Жалбата
правото не го одложува од извршување донесеното решение, меѓутоа ако жалбата
се усвои од страна на Министерството за труд и социјална политика и се
поништи донесеното решение и предметот се врати на повторно одлучување
со напатствија за утврдување нова фактичка состојба, центарот за социјална
работа е должен да постапи по насоките и да донесе решение за признавање
на правото. Во овој случај правото се признава од месецот од кога истото
било укинато и на корисникот ќе му се исплатат средствата во полн износ
ретроактивно. Ако министерот не ја усвои жалбата и го потврди донесеното

12
решение, против второстепеното решение странката има право на Тужба до
Управниот суд на РСМ во рок од 30 дена од приемот на решението.
Правото за детски додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето.
Корисникот на правото на детски додаток е должен надлежниот центар за
социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околности-
те кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од
денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото,
како и во случај ако дал невистинити податоци.
Кога на домаќинството ќе му престане правото на гарантирана минимална
помош согласно со Законот за социјалната заштита, центарот за социјална
работа по службена должност преиспитува дали се исполнети условите за
продолжување на користење на правото на детски додаток.

1.2. Посебен додаток12


Основа/Цел Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете
со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуал-
ниот развој, или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.
Тело за Месно-надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа).
Дете со посебни потреби:
• тешка, потешка или најтешка пречка во физичкиот развој;
• умерен, тежок или длабока ментална попреченост; најтешки облици на
хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слу-
хот или на говорот, лице со аутизам и повеќе видови пречки (комбини-
рани) во развојот.
Право на посебен додаток остварува родителот или старателот на дете-
то доколку и родителот (старателот) и детето се со постојано место на
Целна група живеење во Република Северна Македонија и ако детето е државјанин на
Република Северна Македонија, како и лице со статус на признаен бегалец
и лице под супсидијарна заштита кое има дете со пречки во развојот и со
посебни потреби.

Правото се остварува независно од материјалната состојба на семејството, од


бројот на децата во семејството и без разлика на тоа дали детето се школува.
Услови за пристап Наод и мислење за видот и степенот на попреченоост во психичкиот или
физичкот развој и специфични потреби на детето-Заводот за ментално
здравје. Заводот го доставува наодот до центарот за социјална работа (ЦСР)
во службата за остварување на правата на детска заштита, или до барателот.
Одделението за работа со деца со пречки во психичкиот и во физичкиот
развој на ЦСР треба да издаде Решение за категоризација од ЦСР и потвр-
да дека детето не е институционално згрижено на товар на државата.

Висината на посебниот додаток за 2019 година изнесува 5.096 (пет илјади


и девдесет и шест) денари.
Износот на посебниот додаток се зголемува за 50% и за 2019 година из-
Бенефиции несува 7.644 (седум илјади и шестотини четириесет и четири) денари за
самохран родител13 кој има дете со специфични потреби кое има пречки
во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот
до 26 години живот.
Износот на посебниот додаток се зголемува за 25% и за 2019 година изне-
12
Закон за заштита на децата,(Службен весник на Република Македонија бр. 98/2000, 17/2002,7/2003
65/2004,113/2005, 98/2008 ,107/2008, 83/2009,156/2009,51/2011,157/2011 и 23/2013). Правилник за условите,
критеријумите и начинот за остварување на правата за заштита на децата, (Службен весник бр.39/2003, и
бр.70/2004). Правилникза форма и содржина на обрасци на барања и потребна документација за остварување
на правата за заштита на децата,(Службен весник на Република Македонија бр.28/12 и 170/2012)

13
Види стр.7

13
сува 6.370 (шест илјади, триста седумдесет) денари за материјално необез-
бедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош кои
имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или мен-
талниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.
Износите на висините на посебниот додаток утврдени со Законот се усогла-
суваат со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени
од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Покрај правото на посебен додаток, родителот може да оствари и право на
детски додаток доколку ги исполнува условите за остварување на правото
на детски додаток предвидени во Законот за заштита на децата.

1. Извод од матичната книга за родените за детето од кој ќе се утврди и


државјанството на детето;
2. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во интелектуал-
ниот или телесниот развој и специфичните потреби на детето;
3. Решение за категоризација;
4. Доказ дека детето не е сместено во установа за вонсемејна социјална
заштита или друга установа со решение на центарот за социјална работа;
5. За самохран родител, доколку едниот родител е починат – извод од
матична книга на умрените; за разведен брак – правосилна судска
пресуда, доказ дека родителот не е во брачна заедница - препис на
извод од матична книга на родени не постар од шест месеци, или дека
родителот не е во вонбрачна заедница - изјава дека не е во вонбрач-
на заедница, доказ од надлежен суд дека едниот родител се води за
исчезнат, а за родител кој се води за непознат препис на извод од ма-
тична книга на родените на детето;
6. За материјално необезбеден родител корисник на гарантирана мини-
мална помош доказ дека е корисник на гарантирана минимална помош;
7. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува
само на увид за докажување на идентитетот и живеалиштето;
8. За дете земено/ставено под старателство - Решение за старателство.

Потребни Подносителот на барањето ги приложува доказите утврдени во точки 2 и 5


документи за (правосилна судска пресуда за разведен брак, изјава дека не е во вонбрачна
апликација заедница, доказ дека едниот родител се води за исчезнат).
Центарот за социјална работа (службеното лице кое ја води постапката) по
службена должност ги обезбедува доказите утврдени во точки 3, 4, 6 и 8.
Центар за социјална работа обезбедува докази во постапка, уверение во
точка 1 и 5 (за починат родител препис од извод од матична книга на умре-
ните за самохран родител препис на извод од матична книга на родени со
кој се докажува дека не е во браачна заедница).
Барањето за остварување на правото на посебен додаток се поднесува на
Образец БПД/2. Прилог бр.2
Писмената согласност на подносителот на барањето и другите членови на
семејството за користење на нивните лични податоци во постапката за ост-
варување и користење на правото на посебен додаток, се дава на образец
– Изјава, Прилог 6
Подносителот на барањето за продолжување на правото на посебен дода-
ток кон барањето поднесува документација доколку настанале промени и
го заокружува редниот број пред соодветната документација (доказ).
Решението важи додека лицето за кое се бара посебен додаток не на-
полни 26 години. Центар за социјална работа го продолжува барањето
по автоматизам.

14
Ако во наодот и мислењето била препорачана по извесен период рекатего-
ризација, се поднесува нова документација.
Барање за продолжување на правото на посебен додаток за наредна година
се поднесува до 31 март во таа година, а барањето поднесено после овој
рок ќе се смета како ново барање.

Правото за посебен додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето.


Корисникот на правото на посебен додаток е должен надлежниот центар за со-
цијална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои
биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога
настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај
Престанок на ако дал невистинити податоци.
правото
По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен ор-
ган решава министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку ед-


наш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување
и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се
променети, донесува ново решение.

1.3. Еднократна парична помош за новороденче14


Основа/Цел Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ но-
вородено дете.

Месно-надлежен Центарот за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински цен-


тар за социјална работа). Голем број на локални самоуправи (општини)
Тело за имаат сопствени програми за првородените деца со додела на еднократна
имплементација помош; поголем обем на правото за еднократна парична помош за новоро-
денче може да обезбедат општините, општините во градот Скопје и градот
Скопје, доколку за тоа обезбедат средства од сопствени извори.

Семејство/еден од родителите на прво и второ живо новородено дете и


Целна група посвоени деца на возраст до една година.

Право на еднократна парична помош за новороденче се остварува во слу-


чаи кога детето е прво новородено дете во семејството, или кога е посвое-
но, во случаи кога мајка при прво раѓање ќе роди близанци, тројка и повеќе.
Право на еднократна парична помош за новороденче родено на територија-
та на Република Северна Македонија има еден од родителите, државјанин
на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од нај-
малку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Маке-
донија до денот на раѓањето на детето.
Вкупниот просечен приход на семејството на мајката по сите основи во
последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на
користењето на правото и во текот на користењето на правото е понизок од
висината на минималната нето плата утврдена за претходната година.

Висината на еднократната парична помош за прво новороденче изнесува


5.000 (пет илјади) денари.
Бенефиции
Висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува
20.000 (дваесет илјади) денари.

14
Закон за заштита на децата, (Службен весник на Република Македонија бр. 98/2000, 17/2002, 65/2004,113/2005,
98/2007, 98/2008, 107/2008, 83/2009, 23/2013 и 104/2019). Правилник за поблиски услови, критеријуми и начинот
за оставрување на еднократна парична помош за новороденче и на правото на родителски додаток, ().
Правилникза форма и содржина на обрасци на барања и потребна документација за остварување на правата
за заштита на децата, (Службен весник на Република Македонија бр.28/12 и 170/2012 и 109/19)

15
Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на
трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод
за статистика во јануари за тековната година.

Барањето со доказите во прилог се поднесува до центарот за социјална


работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на жи-
веење. Доказите во прилог во зависност од тоа кој е барател се евиденти-
раат со заокружување на соодветните редни броеви, и со подвлекување на
соодветниот исказ.
Документација се поднесува во рок од 90 дена од раѓање на детето/децата,
а се исплатува од денот на раѓање на детето/децата.
Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за но-
вороденче се поднесува на Образец БЕППН/2: Прилог бр.3
1. Важечка лична карта на мајката - се доставува на увид за докажување
на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на
мајката, односно адреса на живеење/престој доколку е различна од
податокот за адресата наведена во личната карта. Доколку подноси-
тел на барањето е таткото/старателот се доставува важечка лична кар-
та на мајката на детето на увид за докажување на постојаното место
на живеење на мајката, а препис на извод од матична книга на умре-
ните доколку мајката е почината и важечка лична карта на таткото/
старателот на увид за докажување на идентитетот и државјанство-
то; односно доказ/потврда издадена од Министерство за внатрешни
работи доколку од важечката лична карта на мајката државјанин на
Република Северна Македонија не може да се утврди дека е со по-
стојано место на живеење од најмалку 12 месеци на територијата на
Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето, од-
Потребни носно за таткото/старателот доколку тој е подносител на барањето;
документи за 2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или
апликација
потврда од избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство
за редот на раѓање на детето/децата, а за посвоено дете потврда дека
мајката нема прво/второ живородено дете.
3. За посвоено дете - доказ за ред на посвојување на детето/децата;
4. Препис на извод од матична книга на родени за детето/децата;
5. Важечка лична карта на таткото - се доставува само на увид за до-
кажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на
живеење (во случај кога мајката не е државјанин на Република Север-
на Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Северна
Македонија).

Подносителот на барањето ги приложува доказите утврдени во точките 1


и 2 (потврда издадена од избран лекар-специјалист по гинекологија и аку-
шерство) и 5 (ако подносител на барањето е таткото/старателот).
Центарот за социјална работа (службеното лице кое ја води постапката)
по службена должност го обезбедува доказот утврден во точка 1 (доколку
мајката е почината) и 3, со прибавување на податоци за факти за кои служ-
бена евиденција води друг државен орган, односно друг субјект кој води
регистар на податоци, по пат на размена на податоците по електронски пат
со надлежните институции или во писмена форма по претходно дадена
писмена согласност на подносителот на барањето.
Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за
новороденче се поднесува поединечно за секое дете.
Писмената согласност на подносителот на барањето и на другите членови
на семејството за користење на нивните лични податоци во постапката за
остварување и користење на правото на еднократна парична помош за но-
вороденче, се дава на образец – Изјава, кој е даден во Прилог бр. 6

16
Во постапка за остварување право на еднократна парична помош за ново-
роденче, центарот за социјана работа е должен да донесе решение во рок
од 15 дена од денот на поднесување на барањето со потребната докумен-
тација. По истекот на овој рок подносителот на барањето во рок од 5 дена
Рокови и има право да поднесе барање за донесување решение до директорот на
престанок на центарот.
правото Директорот на центарот за социјална работа е должен во рок од 5 дена од
приемот на барањето да донесе решение со кое ќе го уважи барањето. За
еднократна парична помош за новороденче решава центарот за социјална
работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на жи-
веење. Правото за остварување еднократна парична помош за првородено
дете престанува со денот на исплатата на средствата, а со оглед на тоа што
истото е еднократно право.

1.4. Родителски додаток


Основа/Цел Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/ста-
рател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Тело за Месно-надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа) на кое мајката има живееалиште или престојувалиште.
Целна група Мајка која родила и се грижи за своето трето дете. Во исклучителни случаи, носи-
тел на правото може да биде таткото и/или старателот (види во услови за пристап).
Мајка која е државјанин на Република Северна Македонија со постојано ме-
сто на живеење во последните три години пред поднесување на барањето.
Мајка непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца
од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална
заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на
која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред
Услови за пристап на раѓање.
Во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани
причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо
мајката може да го оствари таткото или старателот доколку ги исполнува
погоренаведените услови.
Оправдани причини се:
• подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;
• сериозно нарушена здравствена состојба на мајката;
• студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и
• одземена деловна способност на мајката

Висината на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) за


Бенефиции 2019 година е во износ од 8.362,00 денари. Родителскиот додаток за трето
дете се исплатува месечно, за период од десет години.

Корисници кои се стекнале со право на родителски додаток за дете (за тре-


то и четврто дете) согласно со одредбите на членовите 30-а и 30-б од За-
конот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“
бр.98/00, 17/03, 65/04, 113/05, 98/08, 107/08), одредбите на членовите 98 и
Потребни 99 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на де-
документи за цата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/09) и прописите
апликација кои важеле до денот на влегување во сила на овој закон во висина утврдена
со членот 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за зашти-
та на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/09)
продолжуваат да го остваруваат односно користат правото на родителски
додаток за дете (за трето и четврто дете). Барањето за продолжување на
правото на родителски додаток за дете за наредната година се поднесува
до 31 март во таа година.

17
Потребна документација за остварување и користење на правото на роди-
телски додаток за дете, во случаите кога подносител на барањето за оства-
рување на правото на родителски додаток за дете е мајката:
Образец БРДД 1 Барање за остварување на право родитељски додатак за
трето дете за мајка Прилог бр.4
Образац БРДД/2 Барање за оставрување на право на родителски додаток за
дете (за трето дете) за татко/старател Прилог бр. 4А
1. Важечка лична карта на увид за утврдување на идентитетот, др-
жавјанството и постојаното место на живеење во Република Северна
Македонија последните три години пред поднесување на барањето,
(а за мајките за кои од личната карта не може да се утврди дека се
државјани на Република Северна Македонија со постојано место на
живеење во Република Северна Македонија последните три години
пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува, односно
од кој може да се утврди дека се државјани на Република Северна
Македонија со постојано место на живеење во Република Северна
Македонија последните три години пред поднесување на барањето);
2. Извод од матичната книга на родени за детето;
3. Изјава од мајката како подносител на барањето дека не живее и не
работи во странство;
4. Изводи од матичната книга на родени за децата од претходниот ред
на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца и препис на извод,
односно изводи од матичната книга на умрените и изјава од мајката за
редоследот на раѓања на децата, спрема датумот и часот на раѓањата,
запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако
има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето,
запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;
5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во
установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се да-
дени на посвојување;
6. Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата
од претходниот ред на раѓање;
7. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за
време на бременоста;
8. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се
остварува правото согласно закон;
9. Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редов-
но ја следи наставата во основно училиште;
10. Потврда за вонредно продолжување на образованието за дете за кое
се остварува правото и кое поради болест или повреда е спречено
редовно да ја посетува наставата;
11. Потврда за дете за кое се остварува правото дека поради видот и сте-
пенот на попреченост не може да се образува;
12. Извод од матичната книга на венчаните;
13. Извод од матичната книга на умрените;
14. Пресуда за развод на брак;
15. Уверение за остварени годишни приходи;
16. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
17. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македо-
нија или странство;
18. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма-
кедонија или странство;
19. Пресуда за определена законска издршка;
20. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на По-
писот на населението, домаќинствата и становите во Република Се-
верна Македонија;

18
21. Потврда од банка за штеден влог;
22. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;
23. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
24. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
25. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина.
26. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
27. Потврда за редовен студент; и
28. Договор за давање на земјоделско земјиште во сопственост на Репу-
блика Северна Македонија на плодоуживање.
Мајката како подносител на барањето приложува важечка лична карта на
увид и доказите утврдени во точки 3 и 4 (изјава од мајката за редоследот
на раѓања на децата), 6 (издаден од надлежен суд), 7 (издаден од избран
лекар-специјалист по гинекологија и акушерство), 8 (издаден од соодветна
здравствена установа), 14 и 19 (од надлежен суд), 20, 21, 24, 26, 27 и 28
(издадена од образовната установата во која детето е запишано), 10 (изда-
дена од образовната установа во која детето е запишано) и 11 (издадена од
соодветна здравствена установа) ги приложува од започнување на школу-
вањето на детето согласно закон.
Центарот за социјална работа по службена должност ги обезбедува дока-
зите во постапката за остварување на правото на родителски додаток за
дете утврдени во точки 1 (доказ со кој се потврдува односно од кој може да
се утврди државјанство на Република Северна Македонија и постојано ме-
сто на живеење во Република Северна Македонија последните три години
пред поднесување на барањето), 2 и 4 (освен изјава на мајката за редосле-
дот на раѓање на децата), 12, 13, 15, 16, 17, 18, 22, 23 и 25, со прибавување
на податоци за факти за кои службена евиденција води друг државен ор-
ган, односно друг субјект кој води регистар на податоци, по пат на размена
на податоците по електронски пат со надлежните институции или во пис-
мена форма по претходно дадена писмена согласност на подносителот на
барањето, а доказот од точка 5 се обезбедува од страна на службеното лице
на центарот за социјална работа.
Писмената согласност на подносителот на барањето и другите членови на
семејството за користење на нивните лични податоци во постапката за ост-
варување и користење на правото на родителски додаток за дете (за трето
дете) и писмената согласност да бидат откриени нивните податоци за де-
позитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија,
се даваат на образец Изјава, кој е даден во Прилог бр. 7.
Потребна документација за остварување и користење на правото на
родителски додаток за дете, во случаите кога подносител на барањето
за остварување на правото на родителски додаток за дете е таткото/
старателот:
1. Важечка лична карта на мајката на увид за утврдување на постојано
место на живеење, односно доказ за постојано место на живеење за
мајката, освен во случај мајката да не е жива;
2. Важечка лична карта на таткото, односно старателот на увид за ут-
врдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на
живеење во Република Северна Македонија последните три години
пред поднесување на барањето, (а за татко односно старател за кој од
личната карта не може да се утврди дека е државјанин на Република
Северна Македонија со постојано место на живеење во Република
Северна Македонија последните три години пред поднесување на
барањето и доказ со кој се потврдува, односно од кој може да се утвр-
ди дека е државјанин на Република Северна Македонија со постоја-
но место на живеење во Република Северна Македонија последните
три години пред поднесување на барањето);

19
3. Препис на извод од матичната книга на родени за детето;
4. Препис на изводи од матичната книга на родени за децата од прет-
ходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца и пре-
пис на извод, односно изводи од матичната книга на умрените и изја-
ва од таткото, односно старателот за редоследот на раѓања на децата
на мајката, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот
од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се
наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот
од матичната книга на умрени на детето;
5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во
установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се да-
дени на посвојување;
6. Доказ дека не му е одземено родителското право на таткото односно
старателот над децата од претходниот ред на раѓање, а за старателот
и доказ дека не му е одземено старателското право;
7. Препис на извод од книгата на умрените во случај кога мајката е
почината;
8. Доказ дека мајката го напуштила детето;
9. Потврда за подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;
10. Доказ за сериозно нарушена здравствена состојба на мајката, со
оценка за нарушената здравствена состојба;
11. Доказ за студиски престој, усовршување и специјализација на мајката;
12. Доказ за одземена деловна способност на мајката;
13. Изјава од таткото, односно старателот како подносител на барањето
дека не живее и не работи во странство;
14. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за
време на бременоста;
15. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се
остварува правото согласно закон;
16. Потврда дека детето за кое е остварено правото е запишано и редов-
но ја следи наставата во основно училиште;
17. Потврда за вонредно продолжување на образованието - за дете за
кое е остварено правото и кое поради болест или повреда е спречено
редовно да ја посетува наставата;
18. Потврда за дете за кое е остварено правото дека поради видот и сте-
пенот на попреченоста не може да се образува;
19. Извод од матичната книга на венчаните;
20. Извод од матичната книга на умрените;
21. Пресуда за развод на брак;
22. Уверение за остварени годишни приходи;
23. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
24. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македо-
нија или странство;
25. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна
Македонија или странство;
26. Пресуда за определена законска издршка;
27. Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на По-
писот на населението, домаќинствата и становите во Република Се-
верна Македонија;
28. Потврда од банка за штеден влог;
29. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;
30. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

20
31. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
32. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
33. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
34. Потврда за редовен студент; и
35. Договор за давање на земјоделско земјиште во сопственост на Репу-
блика Северна Македонија на плодоуживање.
Во зависност од основот по кој таткото, односно старателот го остварува
правото на родителски додаток за дете се поднесуваат, односно обезбедува-
ат соодветни докази од точки 7, 8, 9, 10, 11 и 12. Таткото, односно старате-
лот како подносител на барањето приложува важечка лична карта на увид
и доказите утврдени во точки 1, 6 (издаден од надлежен суд), 21, 26, 27, 28,
32, 33, 34 и 35 и точки 13, 14 (издаден од избран лекар-специјалист по ги-
некологија и акушерство) и 15 (издаден од соодветна здравствена установа)
и доказите од точки 9 (издадена од соодветна здравствена установа), 10 (из-
даден од надлежна комисија) или 11 (издаден од соодветна институција од-
носно орган), во зависност од основот по кој таткото односно старателот го
остварува правото на родителски додаток за дете, а доказите 16 (издадена
од образовната установа), 17 (издадена од образовната установа) и 18 (из-
дадена од соодветна здравствена установа), ги приложува од започнување
на школувањето на детето согласно со закон.
Доказите утврдени со точки 5, 6 (за старателот и доказ дека не му е одзе-
мено старателското право), 8 и 12 се обезбедуваат од страна на службеното
лице на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа по службена должност ги обезбедува докази-
те во постапката за остварување на правото на родителски додаток за дете
утврдени во точки 1 (доказ за постојано место на живеење за мајката), 2
(доказ со кој се потврдува односно од кој може да се утврди државјанство
на Република Северна Македонија и постојано место на живеење во Репу-
блика Северна Македонија последните три години пред поднесување на
барањето на таткото/старателот), 3, 4, 7, 19, 20, 22, 23, 24, 25, 29, 30, 31, 33,
34 и 35, со прибавување на податоци за факти за кои службена евиденција
води друг државен орган, односно друг субјект кој води регистар на пода-
тоци, по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните
институции или во писмена форма по претходно дадена писмена соглас-
ност на подносителот на барањето.
Писмената согласност на подносителот на барањето и другите членови на
семејството за користење на нивните лични податоци во постапката за ост-
варување и користење на правото на родителски додаток за дете (за трето
дете) и писмената согласност да бидат откриени нивните податоци за депо-
зитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија, се
даваат на образец – Изјава, кој е даден во Прилог бр. 7.
Барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со по-
требната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална
работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето и правото на
родителски додаток за дете се остварува од денот на раѓањето на детето.
Рокови и Барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете за
престанак на наредната година се поднесува до 31 март во таа година. Доколку барањето
право
за продолжување на правото на родителски додаток за дете е поднесено по-
сле овој рок, барателот ќе се стекне со продолжување, односно користење
на правото првиот ден на наредниот месец од месецот во кој е поднесено
барањето за продолжување на правото.

1.5. Додаток за образование


Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошо-
Основа/Цел ците на домаќинството поврзани со образованието на децата.

21
Тело за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, надлежан за подрачје на које
имплементација лицето кое како подносител на барањето има живееалиште или пребивалиште.
Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно
школување во основно или средно образование во училишта во Република
Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и
наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Маке-
Целна група донија и во регистарот на Министерството за образование и наука.
Старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во
установа за вонсемејна социјална заштита. Домаќинство со дете кое е на
редовно школување во основно или средно образование во установата во
РСМ, кое остварува право на гарантирана минимална помош.

Исплатата на додатокот за образование се врши на мајката, за чие дете/


деца се исплатува додатокот за образование за тековната наставна година.
Доколку на мајката од оправдани причини не може да и се исплати додато-
кот за образование, исплатата се врши на таткото т.е. старателот. Оправда-
ни причини се кога мајката:
• не е жива;
• го напуштила детето;
• е на издржување казна затвор;
• е на континуирано болничко лекување повеќе од три месеци;
• е со сериозно нарушена здравствена состојба;
• е со одземена деловна способност

Право на додаток за образование има и старател на дете без родители и без


родителска грижа кое не е сместено во установа за вонсемејна социјална
заштита.
Лице, кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители
Бенефиции и родителска грижа, а е редовен ученик во средно училиште има право на
додаток за образование.
Право на додаток за образование има и лице кое до својата 18 годишна
возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а кое е
запишано како редовен студент на некој од јавните високообразовни уни-
верзитети во Република Северна Македонија, за секоја редовна студиска
година, најдоцна до 26 годишна возраст.
Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители
и родителска грижа, а кое ќе се запише на втор циклус магистерски сту-
дии има право на додаток за образование за времетраењето на магистер-
ските студии на јавните високообразовни установи во Република Северна
Македонија, но најмногу до три години од денот на запишувањето.
Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители
и родителска грижа, акое ќе се запише на трет циклус докторски студии
има право на додаток за образование за времетраењето на докторските сту-
дии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македо-
нија, но најмногу до шест години од денот на запишувањето.
Вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци
пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по
сите основи на сите членови во домаќинството да се во висина до прагот
за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6.000
(шест илјади) денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за
коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во
домаќинството, и тоа за:
• вториот член за коефициент од 0,5
• третиот член за коефициент од 0,4
• четвртиот член за коефициент од 0,4

22
• петтиот член за коефициент од 0,2
• шестиот член за коефициент од 0,1
• седмиот член за коефициент од 0,1 и
• осмиот член за коефициент од 0,1

Еквивалентна скала се зголемува дополнително за коефициент 1,2 за са-


мохран родител
Правото на додаток на образование се користи за дете кое присуствува
на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови и не
користело додаток за образование за истата учебна година.

За приходи на вкупниот број на членови на домаќинството се сметаат:


1. Доход од работа;
2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;
3. Доход од самостојна дејност;
4. Доход од авторски и сродни права;
5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
6. Доход од права од индустриска сопственост;
7. Доход од закуп и подзакуп;
8. Доход од капитал;
9. Капитални добивки;
10. Добивки од игри на среќа;
11. Доход од осигурување;
12. Друг доход;
13. Право на социјална сигурност за старите лица;
14. Паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Воена инвалиднина;
16. Цивилна инвалиднина;
17. Законска издршка;
18. Родителски додаток за детe;
19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;
20. Траен надоместок;
21. Надоместок на плата за скратено работно време и
22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало
статус на дете без родители и родителска грижа.

Право на додаток за образование не може да оствари дете ако домаќинство


поседува:
• друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за
живеење;
• стан или куќа во градба;
• деловен простор;
• заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари и
• хартии од вредност.

Како приход при остварување и користење на правото на додаток за


образование не се сметаат:
1. гарантирана минимална помош,
2. надоместок за помош и нега од друго лице,
3. надоместок заради попреченост,
4. додаток за домување,
5. еднократна парична помош,

23
6. паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за
згрижување на лице во згрижувачко семејство,
7. еднократна парична помош за новороденче,
8. посебен додаток, детски додаток,
9. законска издршка за дете во висина до 6.000 денари,
10. надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спро-
ведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите
во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството во
висина до 15.000 денари,
11. паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, фи-
нансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за труд
и социјална политика,
12. приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна рабо-
та согласно програма од Оперативниот план за активни програми и
мерки за вработување,
13. надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки
од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување,
14. стипендија,
15. приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни ра-
боти, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за
работните односи,
16. донации во согласност со Законот за донации,
17. надоместок за практична обука на ученици и практична настава на
студенти,
18. надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство,
19. надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство,
20. финансиска помош добиена за лекување во земјата или во странство,
21. надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста
и одбраната на Република Северна Македонија,
22. пријавени или остварените нето приходи од продажба на сопствени
земјоделски производи на сите членови на домаќинството во висина
од 80% од остварениот доход во последните 12 месеци и
23. пријавени или остварени нето приходи од друг доход на сите чле-
нови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните
12 месеци.

Правото на додаток за образование се остварува доколку детето:


• е запишано како редовен ученик во основно или средно училиште
• присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани на-
ставни часови и
• не користело додаток за образование за истата учебна година.

Право на додаток за образование има лице кое до својата 18 годишна во-


зраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е запишано
како редовен студент на некоја јавна образовна установа најдоцна до
26 годишна возраст.
Право на додаток за образование има лице кое до својата 18 годишна во-
зраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е запишано
на втор циклус магистерски студии на некоја јавна образовна установа
најмногу до три години од денот на запишувањето, како и на докторски
студии, но најмногу до шест години од денот на запишувањето.
Годишниот износ на додатокот за основно образование во учебна година
по дете изнесува 8.400 (осум илјади и четиристотини) денари, (700 дена-
ри месечно), а за средно образование во учебна година по дете изнесува
12.000 (дванаесет илјади) дeнари (1000 денари месечно).

24
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви из-
носи од по 2.100 (две илјади и сто) денари на корисникот на правото
на додаток за образование за дете во основно образование, а од по
3.000 (три илјади) дeнари на корисникот на правото на додатокот за
образование за дете во средно образование, по завршување на секој од
мерните периоди.
Висината на додатокот за образование за лицето изнесува 1.600 (една илја-
да и шестотини) денари месечно доколку лицето користи гарантирана ми-
нимална помош, односно 5.600 (пет илјади и шестотини) денари месечно
доколку лицето не користи гарантирана минимална помош и ако лицето
нема приходи и имот од кој може да се издржува.
Висината на додатокот за образование се усогласува со порастот на тро-
шоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за
статистика, во јануари за тековната година.
Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители
и родителска грижа, а е редовен ученик во средно училиште има право на
додаток за образование.
Висина на додаток за образование за трите цуклуса изнесува 12.000 де-
нари месечно ако лице користи социјален стан под закуп, односно 24.000
денари месечно ако лицето не користи социјален стан под закуп.
Исплатата на додатокот за образование се врши во следниве мерни периоди
за исплата:
• за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната ка-
лендарска година,
• за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната
календарска година,
• за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календар-
ска година и
• за четвртиот мерен период во текот на месец јули во тековната кален-
дарска година.

Потребна документација за остварување и користење на правото на дода-


ток за образование е:
1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува
само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живе-
алиштето;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
Потребни
документи за 7. Имотен лист/потврда дека не поседува имот;
апликација 8. Потврда за остварени приходи од плата во Република Северна Маке-
донија или странство;
9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма-
кедонија или странство;
10. Пресуда за определена законска издршка;
11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република
Северна Македонија;
12. Потврда од банка за штеден влог;
13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;

25
14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
18. Доказ дека едниот родител е непознат;
19. Доказ дека едниот родител е исчезнат;
20. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
21. Доказ дека едниот родител е починат;
22. Потврда за детето/ученикот дека е запишан и е редовен ученик во
основно училиште/средно училиште.
23. Доказ дека е на редовно школување во основно или средно образова-
ние во училишта во Република Северна Македонија верифицирани од
Министерството за образование и наука и запишани во Централниот
регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Ми-
нистерството за образование и наука;
24. Доказ дека е сместен во установа за вон-семејна социјална заштита и
во здравствена и друга установа со решение на центарот за социјална
работа; и
25. Потврда за редовен студент.

Барањето за остварување на правото на додаток за образование се поднесу-


ва на Образец БДО/Д18: „Барање за остварување на право на додаток
за образование” кој се печати на хартија во бела боја со А-4 формат. Прилог
бр. 5.A

Потребна документација кон барањето за остварување и користење на


правото на додаток за образование за лице кое до 18 годишна возраст
имало статус на дете без родители и родителска грижа, е:
1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, за докажување на
идентитетот, државјанството и живеалиштето;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
8. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македо-
нија или странство;
9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма-
кедонија или странство;
10. Пресуда за определена законска издршка;
11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на По-
писот на населението, домаќинствата и становите во Република Се-
верна Македонија;
12. Потврда од банка за штеден влог;
13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;

26
14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
18. Доказ дека едниот родител е непознат;
19. Доказ дека едниот родител е исчезнат;
20. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
21. Доказ дека едниот родител е починат;
22. Потврда дека е редовен ученик во средно училиште;
23. Потврда за редовен студент.

Документите од точки 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 13, 14, 16, 18 и 21, центарот за со-


цијална работа ги прибавува по службена должност по пат на размена на
податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена
форма, по претходно дадена писмена согласност на подносителот на ба-
рањето и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични
податоци во постапката за остварување и користење на правото на додаток
за образование за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без
родители и родителска грижа.
Документите од точки 5, 10, 11, 12, 15, 17, 19, 20, 22 и 23 ги при-
бавува подносителот на барањето при поднесување на барањето и
во текот на користење на правото на додаток за образование за лице
кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и ро-
дителска грижа.
Подносителот на барањето за остварување на правото на додаток за образо-
вание за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители
и родителска грижа со писмена изјава ги потврдува приходите од доход од
самостојна дејност, како и доколку поседува заштеди/штеден влог во вред-
ност над 70.000 (седумдесет илјади) денари.
Подносителот на барањето корисник на гарантирана минимална помош за
дете, кон барањето за остварување и користење на правото на додаток за
образование за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без
родители и родителска грижа, поднесува:
1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува
само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;
2. Потврда за редовен ученик.

Писмената согласност на подносителот на барањето и другите членови на


домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за
остварување и користење на правото на додаток за образование за лице
кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска
грижа и писмената согласност да бидат откриени нивните податоци за де-
позитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија,
се даваат на образец – Изјава, кој е даден во Прилог бр. 7.
Потребна документација за остварување на правото на додаток за образова-
ние за студент кој до 18 годишна возраст имал статус на дете без родители
и родителска грижа.

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува


само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеа-
лиштето;

27
2. Доказ/решение дека до 18 годишна возраст имало статус на дете без ро-
дители и родителска грижа од матичниот центар за социјална работа;
3. Потврда дека првпат е запишан на високообразовна установа;
4. Потврда за редовен студент; и
5. Соодветен доказ за користење на социјален стан под закуп (дого-
вор за користење на социјален стан под закуп од Министерство за
транспорт и врски/доказ-потврда од Акционерското друштво за
стопанисување и изградба на станбен простор и со деловен прос-
тор од значење за Републиката Северна Македонија или изјава на
записник дека не користи социјален стан под закуп, дадена на за-
писник во центарот за социјална работа).

Подносителот на барањето за остварување на правото на додаток за об-


разование за студент кој до 18 годишна возраст имал статус на дете без
родители и родителска грижа, кон барањето ги поднесува доказите од
точки 1, 3, 4 и 5.

Образец БДО/ДС: „Барање за остварување на право на додаток за образо-


вание за студент кој до 18 годишна возраст имал статус на дете без родите-
ли и родителска грижа” кој се печати на хартија во бела боја со А-4 формат,
Прилог бр. 5Б
Писмената согласност на подносителот на барањето за користење на него-
вите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото
на додаток за образование за студент кој до 18 годишна возраст имал ста-
тус на дете без родители и родителска грижа, се дава на образец – Изјава,
кој е даден во Прилог бр. 6.
Од страна на центарот за социјална работа се поднесува на образец – Ба-
рање за прибавување на податоци по службена должност, кој е даден во
Прилог 8. Одговор на барањето за прибирање на податоци по службена
должност, Прилог бр.9.
Исплатата на додатокот за образование се врши се додека детето го испол-
нува условот за присуство на најмалку 85% од вкупниот број на реализира-
ни наставни часови за секој од мерните периоди, предвидени со овој закон.
Лицето/дете без родителиe кое ќе се запише на втор циклус магистерски
студии има право на додаток за образование за времетраењето на магис-
терските студии на јавните високообразовни установи во Република Се-
верна Македонија, но најмногу до три години од денот на запишувањето.
Лице кое ќе се запише на трет циклус докторски студии има право на до-
даток за образование за времетраењето на докторските студии на јавните
високообразовни установи во Република Северна Македонија, но најмногу
до шест години од денот на запишувањето.
Лицето еднаш годишно до центарот за социјална работа доставува по-
тврда за редовно запишување на студиската година и извршување на об-
врските од магистерките и докторските студии, согласно со статутот на
јавната високообразовна установа, а најдоцна еден месец по почетокот
на студиската година.

Проверката на исполнетост на условот за исплата на додатокот за образо-


вание, се врши за секој од следниве мерни периоди:
• прв мерен период од 1 септември до 31 октомври во тековната кален-
дарска година,
Рокови и • втор мерен период од 1 ноември до 31 декември во тековната кален-
престанок на дарска година,
правото
• трет мерен период од 20 јануари до 31 март во наредна календарска година
• четврт мерен период од 1 април до крајот на наставната година.

28
• Детето повеќе не е на средношколска возраст
• Детето го прекинало посетување на училиште

1.6. Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува пар-
тиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреа-
ција на деца во јавна установа за деца. Партиципацијата се обезбедува во
цената на услугата по дете што ја плаќа родителот.
Партиципацијата e ослободување на дел од цената што паѓа на товар на
родителот во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација
на децата во јавните установи за деца.

Тело за Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа


имплементација (ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа), надлежен за подрачје каде
подносител на барањето има живеалиште или има пребивалиште.

Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната сос-


тојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (по-
жар, поплава, земјотрес и друго).
Целна група Правото на партиципација во јавна установа за деца - детска градинка се
остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите
е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од
други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право),
со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена
со закон.

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува пар-


тиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреа-
ција на деца во јавна установа за деца.
Услови за пристап
Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната сос-
тојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (по-
жар, поплава, земјотрес и друго).

Висината на партиципацијата се утврдува за секој случај наведен и не


може да изнесува помалку од 30%, но не повеќе од 100% од цената што
паѓа на товар на родителот по дете, за трошоците за згрижување, воспита-
ние, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. Висината
на партиципацијата се утврдува во зависност од настанатата состојба.
Правото се остварува од денот на поднесување на барањето.
Бенeфиции Партиципацијата се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа
родителот.
Висината на партиципацијата за дете кое е згрижено во јавна установа за
деца, се утврдува само за вкупниот број на денови на детето поминати во ус-
тановата, согласно евиденцијата од книгата за присуство на деца и изнесува
100% од цената на услугата по дете што ја плаќа родителот. За остварување
на правото на партиципација е надлежна да решава комисијата за прием на
деца, именувана од директорот на јавната детска градинка согласно Законот.

Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за


згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната уста-
Потребни нова во која детето престојува, односно во која детето е згрижено.
документи за
апликација
1. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјал-
ната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природ-
на непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго).
Висината на партиципацијата се утврдува во зависност од настанатата сос-
тојба.
29
Подносителот на барање – родител/старател за остварување на правото на
партиципација од точката 1 приложува:
1. лична карта на подносителот на барањето на увид,
2. препис од извод на матична книга на родени на детето;
3. потврда од Центарот за социјална работа дека настапиле случаите
на претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго)
поради кои е нарушена материјалната состојба на семејството.

Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца


не може да се остварува подолго од шест месеци.

2. Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспи-


тание на деца од предучилишна возраст се обезбедува за самохрани
родители кои се корисници на гарантирана минимална помош чии
деца се згрижени во јавна установа за деца – детска градинка.
Родителот на детето за кое се остварува правото на партиципација во тро-
шоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст тре-
ба да е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место
на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Републи-
ка Северна Македонија, до денот на поднесување на барањето.
Висината на правото на патиципација во трошоците за згрижување и вос-
питание на деца од предучилишна возраст е еднаква на цената на услугата
во јавната установа за деца што ја плаќа родителот.
Партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца од
предучилишна возраст се обезбедува од Буџетот на општината и општина-
та на градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата.
Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за
згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната ус-
танова во која детето престојува, односно во која детето е згрижено (со
назнака за Комисија за прием на деца).
Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за
згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната уста-
нова во која детето е згрижено:
1. лична карта на подносителот на барањето на увид,
2. фотокопија од извод на матична книга на родени на детето (ориги-
налот се доставува на увид),
3. фотокопија од извод на матична книга на родени на родителот под-
носител на барање не постар од шест месеци
4. за разведен брак /вдовец-вдовица (оригиналот се доставува на
увид),
5. доказ дека едниот родител е починат, фотокопија од извод на ма-
тична книга на умрени (оригиналот се доставува на увид)- за вдо-
вец-вдовица, доказ од надлежен суд дека на другиот родител му е
одземено родителското право,
6. доказ за исплатена нето плата на родителот во последните три месе-
ци пред поднесување на барањето-од работодавецот,
7. за родител корисник на пензија, доказ за пензија (решение од Фон-
дот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Се-
верна Македонија),
8. за родител корисник на паричен надоместок за невработени лица
(доказ од Агенција за вработување на Република Северна Маке-
донија),
9. за родител корисник на гарантирана минимална помош (решение од
надлежниот центар за социјални работи),

30
10. за родител корисник на стипендија (доказ за примена стипендија во
последните три месеци пред поднесување на барањето),
11. за родител корисник на алиментација (доказ за примена алимента-
ција во последните три месеци пред поднесување на барањето)
12. доказ за остварени приходи на родителот во претходната година од
Управата за јавни приходи.

Подносителот на барањето-родителот во зависност од статусот, приложува


соодветна документација.

Од страна на јавната установа за деца – детската градинка, најдоцна 30


дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација,
се донесува решение за остварување на право на партиципација.
Правото на партиципација се остварува од првиот ден на наредниот месец
по поднесување на барањето.

Правото на партиципација се остварува од првиот ден на наредниот месец


по поднесување на барањето.
Од страна на јавната установа за деца –детската градинка, најдоцна 30 дена
од денот на поднесување на барањето со потребната документација, се до-
несува решение за остварување на право на партиципација.
Рокови и Правото на партиципација во горенаведените случаи за дете кое е згрижено
престанок на во јавна установа за деца не може да се остварува подолго од шест месеци.
правото
По престанување на условите, поради кои е остварено правото, од страна
на Центарот за социјална работа се известува јавната установа за деца дека
престанале причините за остварување на правото. Правото на партиципа-
ција престанува наредниот месец од месецот во кој престанале причините,
а по санирање на последиците од претрпена природна непогода (поради
која е остварено), правото може да престане и пред истекот на утврдениот
период.
Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца,
се остварува се додека се исполнети условите врз основа на кои е остваре-
но наведеното право, за што родителот најдоцна 15 дена пред истекот на
периодот од шест месеци треба да достави ново барање за продолжување
на правото со горенаведената соодветна документација.
Ако настане промена во условите кои биле основ за остварување на ова
право родителот треба писмено најдоцна 15 дена од денот на настанување
на промената да ја извести јавната установа за деца-детска градинка, а пра-
вото ќе престане од денот на настанување на промената.
Правото на партиципација престанува наредниот месец од месецот во кој
престанале причините, а по санирање на последиците од претрпена при-
родна непогода (поради која е остварено), правото може да престане и пред
истекот на утврдениот период.

31
2. ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Како што беше наведено и претходно, дејноста на социјалната заштита се обезбедува преку
остварување на права на парична помош од социјална заштита и обезбедување на социјални услуги
и други мерки утврдени со законот. Социјалната заштита се остварува и преку преземање на мерки
и активности во вработувањето, стипендирањето, домувањето, заштита на семејството, заштита
на децата, здравствената заштита, воспитанието и образованието и во други области согласно со
закон15.
Во овој дел од прирачникот даден е детален осврт за начините на остварување на правата на
парична помош од социјална заштита, пропишани во новиот закон за социјална заштита. Права на
парична помош од социјална заштита, пропишани со новиот закон за социјална заштита се:

1. гарантирана минимална помош;


2. надоместок заради попреченост;
3. надоместок за помош и нега од друго лице;
4. надоместок на плата за скратено работно време;
5. додаток за домување;
6. траен надоместок;
7. еднократна парична помош;
8. здравствена заштита

Во продолжение следи детален приказ за секое од правата, преку основата/ целта на оства-
рување на овие права, телото за имплементација, целната/те група/и, условите за пристап до секое
право поединечно, бенефициите кои следат со остварување на секое од правата, како и потребната
документација која треба да се приложи т.е. поднесе со барањето за остварување на секое од горе-
наведените права.


15
Закон за социјална заштита „Службен весник бр.104/19“, стр.2, член 3

32
2.1. Гарантирана минимална помош
Со ова право се обезбедуваат финанансиски срeдства за домаќинства кои
Основа/Цел имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбе-
дени, кои не може да обезбедат средства за своја егзистенција по друг основ.
Тело за Месно-надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа) оддел за непосредна заштита во општината во која
живее домаќинството.

Домаќинство кое е материјално необезбедено и кое нема во сопственост


имот и имотни права16 од кои може да се издржува.
Целна група Домаќинство кое е материјално необезбедено, но има во сопственост имот
и имотни права од кои може да се издржува, во случај кога членот на до-
маќинството, сопственикот на имотот ќе склучи договор за доживотна из-
дршка со центарот за социјална работа.

Ова право се остварува во случај кога вкупната просечна висина на сите


приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните
три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и
во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената
гарантираната минимална помош.

При остварување и користење на правото на гарантирана минимална


помош, како приход не се смета:
1. надоместок за помош и нега од друго лице;
2. надоместок заради попреченост;
3. додаток за домување;
4. еднократна парична помош;
5. паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за
згрижување на лице во згрижувачко семејство;
Услови за пристап 6. еднократна парична помош за новороденче;
7. детски додаток;
8. додаток за образование за дете во основно или средно училиште,
согласно прописите од областа на заштитата на децата;
9. посебен додаток;
10. надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спро-
ведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите
во Република Северна Македонија на носителот и членовите на до-
маќинството во висина до 15.000 денари;
11. паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, фи-
нансиран од Европска Унија и спроведен во Министерството за труд
и социјалната политика;
12. приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна ра-
бота согласно програма од Оперативниот план за активни програми
и мерки за вработување;
13. надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки
од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;
14. стипендија;

16
Како имот кој корисникот на правото на гарантирана минимална помош може да го отуѓи или изнајми и на
тој начин да се издржува, се смета: 1. семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење;
2. стан или куќа во градба; 3. деловен простор; 4. регистрирано моторно возило (патничко моторно возило,
мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор); 5. градежно земјиште, освен земјиштето
на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее; 6. обработливо земјоделско земјиште во сопственост или
под закуп, во сопственост на Република Северна Македонија со договор за користење на земјоделско земјиште
на плодоуживање, со површина поголема од 7.000 м2, во IVи V катастарска класа се засметува со 40% од
фактичката површина, а земјиштето, распоредено во VI, VII или VIII катастарска класа се засметува со 20%
од фактичката површина; 7. заштеди/штеден влог во вредност над 70.000,00 денари и 8. хартии од вредност.
По исклучок, регистрирано патничко возило не се смета за имот, доколку истото се користи за превоз на лице
со попреченост, кое е корисник на гарантирана минимална помош и е член на домаќинството.

33
15. приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни ра-
боти, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот
за работните односи;
16. донации, согласно Законот за донации;
17. надоместок за практична обука на ученици и практична настава на
студенти;
18. надомест за практикантска работа, согласно прописите од областа
на практиканството;
19. надоместок за волонтери, согласно Законот за волонтерството;
20. финансиска помош добиена за лекување во земјата или во стран-
ство, врз основа на одлука на Фондот за здравствено осигурување на
Република Северна Македонија;
21. надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста
и одбраната на Република Северна Македонија;
22. пријавени или остварените нето приходи од продажба на земјодлски
производи и др. на сите членови на домаќинството, во висина до 30.
000 денари вкупно во последните 12 месеци.
23. законска издршка за дете во висина до 6.000 денари;
24. вкупните приходи во висина до 5.500 денари месечно по член на до-
маќинство, усогласени со порастот на трошоците на живот за претход-
ната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во
тековната година, не се сметаат за приход при остварување и користење
на правото на гарантирана минимална помош, за лица кои оствариле
право на постојана парична помош по основ за неспособност за работа,
утврдена со наод, оцена и мислење на стручна комисија и кои го оствари-
ле правото согласно одредбите кои важеле до влегување во сила на овој
правилник.

Висината на правото на гарантирана минимална помош се пресметува


како основица за еден член на домаќинството, зголемена за коефициент од
еквивалентната скала за другите членови на домаќинството, а најмногу за
вкупно пет члена во домаќинството.

Основицата изнесува 4.000 (четири илјади) денари месечно, а за секој сле-


ден полнолетен член на домаќинството основицата се зголемува согласно
еквивалентна скала и тоа за:
• вториот член за коефициент од 0.5,
• третиот член за коефициент од 0.4,
• четвртиот член за коефициент од 0.4 и
• петиот член за коефициент од 0.2.
Бенефиции
За дете член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент од
0.1. Еквивалентната скала се зголемува за коефициент од 0.5 за самохрана
жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран
родител до започнување на основното образование на детето, но најдоцна
до седум годишна возраст на детето, а заклучно до третото дете.
За лице коe е неспособно за работа поради интелектуална попреченост,
телесн попреченост, душевно заболување или поради трајни промени во
здравствената состојба, но најмногу до три члена во домаќинството и тоа
за првиот член за коефициент од 0.5, за вториот член за коефициент од 0.2,
за третиот член за коефициент од 0.2.
Домаќинството користи и паричен додаток заради покривање на дел од
трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците
од октомври до март во месечен износ од 1.000 (една илјада) денари.
Висината на правото на гарантирана минимална помош ја утврдува цента-
рот за социјална работа во соработка со корисникот, во зависност од вред-

34
носта на имотот што е предмет на договорот за доживотна издршка, а по
претходна согласност на Министерството за труд и социјална политика.
Висината на гарантирана минимална помош се усогласува со порастот на
трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод
за статистика во јануари вотековната година.
Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година
не се врши усогласување на висината на гарантираната минимална помош.
Носителот на правото на гарантирана минимална помош, се определува
според следниов редослед:
а) за домаќинството во кое има вработено лице - вработеното лице;
б) за домаќинството во кое нема вработено лице, но има корисник на
пензија - членот кој е корисник на пензија;
в) за домаќинството во кое нема вработено лице или корисник на пен-
зија - лице кое не е вработено;
г) за сите други домаќинства - членот на домаќинството одреден од на-
длежниот центар за социјална работа.

Во случаите кога носителот на правото, не е во состојба да ги исполнува


своите обврски, центарот за социјална работа ќе определи друго лице од
домаќинството за носител на правото. По исклучок, во случаите кога во
домаќинството има деца кои можат да остварат право на детски додаток и/
или додаток за образование согласно одредбите од Законот за заштита на
децата, исплатата на гарантираната минимална помош се врши на мајката.
Домаќинството остварува и права за заштита на децата, согласно Законот
за заштита на децата.
Центарот за социјална работа и Центарот за вработување соработуваат во
реализацијата на индивидуален план за корисникот, зарди негово учество
во активни мерки за вработување, како и вработување.

Потребна документација за остварување и користење на правото на гаран-


тирана минимална помош за сите членови на домаќинството е:
Барање за остварување на право на гарантирана минимална помош, При-
лог бр. 1
Изјава, писмената согласност на подносителот за користење на негови-
те лични податоци во постапката за остварување и користење на правото
Прилог бр. 2.
Барање за прибирање на податоци по службена должност, Прилог бр.8
Одговор на барање за прибирање на податоци по службена должност, При-
лог бр. 9
Потребни
документи за
апликација 1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија,
лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бега-
лец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставу-
ва само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист;
8. Потврда дека не поседува имот;
9. Потврда за остварени доход од работа во Република Северна Маке-
донија или странство;
10. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма-
кедонија или странство;

35
11. Пресуда за определена законска издршка;
12. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко мотор-
но возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор);
13. Потврда за редовен студент;
14. Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на По-
писот на населението, домаќинствата и становите во Република Се-
верна Македонија;
15. Договор за давање на земјоделско земјиште на плодоуживање соп-
ственост на Република Северна Македонија;
16. Наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдена неспособ-
ност за работа или потврда дека е започната постапка за утврдување
на неспособност за работа;
17. Потврда од банка за штеден влог;
18. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од
вредност;
19. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
20. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
21. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
22. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со
безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
23. Тужба за законска издршка против близок сродник кој по закон е
должен да го издржува, односно полномошно на службено лице во
центар за социјална работа за поведување на оваа постапка.

Документите од точките 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 10, 12, 16, 18, 19 и 21, центарот за


социјална работа ги прибавува по службена должност по пат на размена на
податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена
форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот и дру-
гите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во
постапката за остварување и користење на правото на гарантирана мини-
мална помош и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за
депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.
Документите од точките 1, 5, 11, 13, 14, 15, 17, 20, 22 и 23 ги прибавуваат под-
носителот и другите членови на домаќинството при поднесување на барањето
и во текот на користење на правото на гарантирана минимална помош.
Подносител на барање за оставрување право на гарантирана минимална
помош кој има статус на признаен бегалец, односно лице под супсидијaр-
на заштита согласно Законот за меѓународна и правна заштита со писмена
изјава потврдува дека не е во можност истите да ги обезбеди и ја потврдува
материајлна и семејна состојба за себе и членовите на неговото семејство.

Центарот за социјална работа го определува носителот на правото на га-


рантирана минимална помош.
Изготвување и реализирање на Индивидуален план за корисникот, Прилог 1.
Носителот на правото е должен да ја пријави бројната состојба на до-
маќинството, материјалната и имотната состојба за себе и сите членови во
Рокови и домаќинството, при поднесување на барањето и да извести за промените
престанок на во текот на користењето на правото, ако и влијаат на остварување и корис-
правото
тење на правото, во рок од 15 дена сметано од настанувањето на промена-
та, до надлежниот центар за социјална работа.
Правото на гарантирана минимална помош престанува доколку:
• носителот даде невистинити или нецелосни податоци за материјал-
ната, семејната и имотната состојба на домаќинството при поднесу-
вањето на барањето,
• носителот не ја пријави промена на бројната состојба на домаќин-
ството, материјалната и имотната состојба за себе и сите членови во

36
домаќинството, во текот на користењето на правото,
• корисникот не се пријави во надлежниот центар за вработување во ро-
кот и редовно не ги исполнува обврските за евидентирање согласно со
прописите за вработување и осигурување во случај на невработеност,
• корисникот два пати последователно одбие да ги исполни обврските од
индивидуалниот план за вработување за вклучување во програмата за
активни мерки за вработување или одбие посредување за вработување
согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на неврабо-
теност,
• работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со
отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или
други обврски од работниот однос,
• домаќинството не е изложено на социјален ризик, констатирано врз
основа на непосреден увид и стручната документација од овласте-
ниот работник од центарот за социјална работа или на овластениот
работник не му се дозволи да направи увид во домот за проверка на
материјалната и бројната состојба во домаќинството, констатирано
врз основа на стручна документација.

2.2. Надоместок заради попреченост


Основа/Цел Со надоместок за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување
на социјално вклучување и еднакви можности.
Тело за Месно-надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа).
Лица со:
• тешка или длабока интелектуална попреченост;
Целна група
• најтешка телесна попреченост;
• потполно слепо лице и
• потполно глуво лице.
Лицето мора да има навршени 26 годишна возраст, најдоцна до 65 годишна во-
зраст.

Правото на надоместок заради попреченост се остварува врз основа на


конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца ле-
кари специјалисти од соодветна терцијарна здравствена установа.
Услови за пристап Во постапката по жалба против наодот и мислењето на првостепената коми-
сија за остварување на надоместок за попреченост, наод и мислење дава вто-
ростепена комисија од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијарна
здравствена установа, кои не го донеле конзилијарното мислење во прв степен.
Лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост остваруваат право
на надоместок заради попреченост, врз основа на траен наод, оцена и мислење
за видот и степенот на попреченост издаден од стручен орган, во постапка со-
гласно со општиот акт начинот на утврдување на видот и степенот на попрече-
ност ги пропишува министерот, во согласност со министерот за образование и
наука и министерот за здравство и решение на центарот за социјална работа.

Висината на месечниот надоместок заради попреченост изнесува:


• 7.204 (седум илјади, двеста и четири) денари за лице со тешка или
Бенефиции длабока интелектуална попреченост; со најтешка телесна попрече-
ност и потполно слепо лице
• 4.117 (четири илјади, сто и седумнаесет) денари за потполно глуво лице.
Износ на надоместокот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната
година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

37
Корисникот на нaдоместокот заради попреченост може по сопствен избор
да користи услуга од овластен давател на услуга во домот и во заедницата.

Потребна документација за остварување на правото на траен надоместок


на родител е:
Прилог бр.1 Барање за остварување на право надоместок заради попре-
ченост.
Прилог бр.2 Конзилијарно мислење/наод за остварување правото на на-
доместок поради попреченост прв степен
Прилог бр. 3 Конзилијарно мислење/наод за остварување на правото на
надоместок заради попреченост во втор степен
Прилог бр. 4 Изјава, писмената согласност на подносителот за користење
на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење
на правото.
Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
Прилог бр. 9. Одговор на барање за прибирање на податоци по службена
должност.

Потребни 1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македо-


документи за нија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за при-
апликација
знат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која
се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјан-
ството;
2. Извод од матична книга на родените за родителот;
3. Извод од матична книга на родените за детето;
4. Извод од матична книга на венчаните;
5. Потврда од надлежен суд дека на родителот не му е одземено роди-
телското право над детето;
6. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија, за статус на невработено лице за родителот;
7. Потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на
Северна Македонија дека родителот, по наполнување на 62 години
на живот за жена односно 64 години на живот за маж, не користи
право на пензија и документите од точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7, центарот за
социјална работа ги прибавува по службена должност по пат на раз-
мена на податоците по електронски пат со надлежните институции
или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на
подносителот за користење на неговите лични податоци во постап-
ката за остварување и користење на правото на траен надоместок на
родител кој што има дете со попреченост.

Лицето не може да го користи ова право ако со решение од центар за


социјална работа е сместено во установа за вонсемејна социјална зашти-
та подолго од 30 дена, згрижувачко семејство, организирано живеење со
Рокови за поддршка или во здравствена или друга установа за период додека трае
остварување сместувањето.
на правото и Надоместок заради попреченост не може да оствари лице кое што го ко-
престанок на
правото ристи правото на цивилна или воена инвалиднина.
Центарот за социјална работа е должен да го извести корисникот за по-
требата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен
за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго
лице.

38
2.3. Надоместок за помош и нега од друго лице
Основа/Цел Да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да
ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални потреби.
Барањето со потребната документација за остварување на правото за по-
Тело за мош и нега од друго лице се поднесува до центарот за социјална работа на
имплементација подрајчето на кое живее подносителот во период по настанување на осно-
вот за остварување на правото.
Лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока инте-
лектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост,
потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената сос-
тојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не
може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот, не
Целна група може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во
станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја одр-
жува личната хигиена, ниту да ги врши основните физиолошки потреби
доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.
Потреба од помош и нега од друго лице во помал обем има лице со умерена
интелектуална попреченост и лице кое поради трајни промени во здрав-
ствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги
задоволува основните животни потреби.
Лице кое не е во можност самостојно да ги извршува своите основни жи-
Услови за пристап вотни потреби, државјанин на Република Северна Македонија, лице стра-
нец со постојан престој во Република Северна Македонија, лице со статус
на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита.

Висината на месечниот надоместокот за помош и нега од друго лице во


поголем обем изнесува 4.475 (четири илјади, четиристотини седумдесет и
пет) денари за лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со
тешка телесна попреченост и потполно слепо лице, како и лице со трајни
промени во здравствена состојба.
Висината на месечниот надоместок за помош и нега од друго лице во по-
мал обем изнесува 3.959 (три илјади деветстотини педесет и девет) денари
за лице со умерена интелектуална попреченост и има трајни промени во
Бенeфиции здравствена состојба, за потполно глуво лице.
Месечниот надоместок се усогласува со порастот на трошоците на живот
за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во ја-
нуари за тековната година.
Корисникот на правото на надоместок за помош и нега од друго лице,
може по сопствен избор да користи услуга од овластен давател на ус-
луга во домот.

Потребна документација за остварување на надоместок за помош и нега од


друго лице е:
• Прилог бр.1.Барање за остварување надоместок за помош и нега од
друго лице
• Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена долж-
Потребни ност
документи за • Прилог бр.9. Одговор на барање за прибирање на податоци по служ-
апликација бена должност
• Прилог бр.4 Изјава, писмената согласност на подносителот за ко-
ристење на неговите лични податоци во постапката за остварување
и користење на правото
• Прилог бр.5 Мислење од матичен лекар за потребата од помош и
нега од друго лице
• Бартелов индекс, потпишан од матичен лекар.

39
• Прилог бр.6 Наод и мислење за потребата од помош и нега од друго
лице од стручна комисија.
• Прилог бр.7 Второстепена комисија за давање наод, оценка и ми-
слење за потребата од помош и нега од друго лице.

Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја ут-


врдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во
состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве
области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална меди-
цина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија.
При утврдување на обемот на потребата за помош и нега од друго лице се
зема предвид и Бартеловиот индекс, кој е составен дел на мислењето изда-
дено од матичниот лекар на подносителот на барањето.
1. фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Север-
на Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија
од лична карта за признат бегалец или фотокопија на лична карта за
лице под хуманитарна или супсидијарна заштита,
2. наод и мислење на стручен орган и
3. медицинска документација (специјалистички извештај, отпусна лис-
та и друга медицинска документација).

Центарот за социјална работа е должен да го извести корисникот за потре-


бата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен за
повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице.
Ако корисникот или неговиот старател неоправдано не се јави во рокот
определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега
од друго лице, му престанува правото на паричен надоместок за помош и
нега од друго лице.
Рокови за Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење, ја
остварување утврдува стручна комисија која може да биде при јавна установа која во
на правото и
престанок на рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психофизички-
правото от развој на лица со одреден вид на попреченост или во друго правно лице.
Лице кое со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена
е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко се-
мејство, организирано живеење со поддршка, здравствена или друга ус-
танова не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице за
периодот додека трае сместувањето.
Корисникот на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, може
по сопствен избор да користи услуга од овластен давател на услуга во домот.
Правото на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице мирува
за време додека лицето е згрижено подолго од 30 дена во здравствена или
друга установа, со решение на центарот.

2.4. Надоместок на плата за скратено работно време


Во согласност со Законот за работни односи и со Законот за социјална зашти-
Основа/Цел та, правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега
на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари
еден од родителите, доколку и двајцата родители на детето се во работен од-
нос, може да се покрие скратено работно време и да се помогне со материјал-
ни средства на семејство или самохран родител доколку е во работен однос.
Тело за Месно-надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа) каде реодителот/подносителот има живеалиште.

Целна група Вработениот родител на дете со следните телесни или интелектуални


пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања:

40
1. оштетен вид (потполно слепо) или слабовидно дете кое што пора-
ди степенот на сензорното оштетување истото не е во состојба са-
мостојно да се движи и опслужува;
2. стекнати и вродени трајни пречки или оштетувања на локомоторни-
от систем и облици на локомоторна дисфункција, кое што своите ос-
новни, биолошки и социјални потреби ги извршува само со постоја-
на грижа и нега од друго лице;
3. тешки и најтешки пречки во менталниот развој;
4. аутизам, кој што се карактеризира со квалитативно оштетување на
реципрочните социјални интеракции, на невербалната, вербалната
комункација и имагинација, како и со ограничен број на активности
и интересирања или
5. комбинирани пречки во развојот каде што се присутни најмалку два
или повеќе видови на пречки во развојот.
Услови за пристап Родителот е вработен и има дете со потешка телесна или интелектуална
попреченост и со најтешки облици на хронични заболувања.
Висината на надоместокот на плата изнесува 50% од просечната нето пла-
та за полно работно време на родителот исплатена во претходната година,
но најмногу до 50% од просечната нето плата во Република Северна Маке-
Бенифиции донија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.
Придонесите и другите обврски ќе се пресметуваат и наплатуваат соглас-
но со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Социјалните придонеси ќе се пресметуваат и плаќаат согласно со Законот
за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Потребна документација за оставрување на правото:
• Прилог бр.1 Барање за остварување право на надоместок на плата за
скратено работно време.
• Прилог бр.2 Изјава, писмената согласност на подносителот за корис-
тење на неговите лични податоци во постапката за остварување и
користење на правото
• Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
• Прилог бр. 9 Одговор на барање за прибирање на податоци по служ-
бена должност

Потребни 1. Извод од матичната книга на родените за лицето кое што бара да го


документи за оствари ова право;
апликација 2. Извод од матичната книга на родените на детето;
3. Решение од работодавачот за користење на правото на скратено ра-
ботно време согласно закон и
4. Решение за заснован работен однос на определено или неопределено
работно време на двата родитела, самохран родител или старател.
Потребната документација од точките 1 и 2 центарот за социјална рабо-
та ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците
по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по
дадената писмена согласност на подносителот на барањето за користење
на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на
надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со
попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.
Потребната документација од точките 3 и 4 ја доставува подносителот на
барањето за остварување на правото на надоместок на плата за скратено
работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на
хронични заболувања.

41
Рокови за За промените коишто влијаат на губење на правото на надоместок на плата
остварување за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки
на правото и облици на хронични заболувања, Центарот за социјална работа се извес-
престанок на
правото тува од страна на корисникот на правото најдоцна 15 дена од денот на нив-
ното настанување.

2.5. Додаток за домување


Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи
Основа/Цел обезбедување на домување на материјално необезбедени лица и тоа:
• закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел;
• санација, адаптација и реконструкција на сопствен недвижен имот и
• надомест на трошоци за сместување во студентски дом
Тело за • Месно надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински
имплементација центар за социјална работа),
• Општината, Градот Скопје и општините на градот Скопје
Материјално и станбено необезбедени лица и тоа:
• корисник на гарантирана минимална помош и
Целна група • лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и
без родителска грижа, односно и по престанување на старателството,
а најмногу до 26-годишна возраст.
За остварување на правото на додаток за домување, потребно е лицето:
• Претходно да остварило право на сместување во установа за вон-се-
мејна социјална заштита или згрижувачко семејство;
• Да е станбено необезбедено.

Како станбено необезбедено лице се смета лице кое:


• не поседува стан или друг недвижен имот во лична сопственост, во
сопственост на неговиот брачен другар или нивното малолетното
дете и не користи стан под закуп во сопственост на Република Север-
на Македонија.
• до правосилно завршување на оставинска постапка за распределба
на оставина на оставител, на кој може да се јави како наследник со-
гласно закон.

Како станбено необезбедено лице нема да се смета лице кое:


• отуѓило недвижен имот во лична сопственост, во сопственост на не-
говиот брачен другар или нивното малолетно дете, во последните три
Услови за пристап години пред поднесување на барањето;
• врз доброволна основа или на друг начин е прифатено од родител,
близок сродник или од трето лице и со тоа го решило станбеното
прашање и
• не покренало постапка за распределба на оставина на оставител, на
кој може да се јави како наследник согласно закон или во текот на
постапката не се прифатило за наследник.

За материјално необезбедено лице при остварување на правото на дода-


ток за домување, се смета лице:
• кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и роди-
телска грижа, согласно Законот за социјалната заштита и
• чии приходи по сите основи, како и приходите на неговиот брачен
другар и другите членови на неговото семејство, со кои тоа живее во
заедница и за кои постои обврска за меѓусебно издржување согласно
Законот за семејството, се пониски од 5.600 денари месечно по член
на семејство.

42
Како приход не се смета:
• гарантирана минимална помош,
• надоместок заради попреченост,
• надоместок за помош и нега од друго лице,
• еднократна парична помош за новороденче,
• детски додаток,
• додаток за образование и
• посебен додаток, остварени согласно закон.
Висината на приходите се усогласува со порастот на трошоците на живот
за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јану-
ари за тековната година.
Средствата за остварување на правото на додаток за домување на лицата ко-
рисници на гарантирана минимална помош, се обезбедуваат од буџетот на
општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, а за лицата кои
до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска
грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-го-
дишна возраст, се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија.
Средствата за остварување на правото на додаток за домување може да се
обезбедат и преку донации, кредити и слично17.
Од страна на центарот за социјална работа, во решението со кое се од-
лучува за правото на додаток за домување за закупнина на индивидуален
станбен објект или негов дел, при утврдување на висината на правото се
земаат предвид следните износи:
Бенифиции • за самец до 4.000 (четири илјади) денари за месечна закупнина;
• за семејство од два до четири члена до 6.000 (шест илјади) денари за
месечна закупнина и
• за семејство од пет и повеќе члена до 8.000 (осум илјади) денари за
месечна закупнина.
Се вклучуваат и комуналните трошоци (електрична енергија, греење,
вода и ѓубретарина), и тоа во висина за:
• самец до 1.500 (една илјада и петстотини) денари;
• семејство од два до четири члена до 2.000 (две илјади) денари и
• семејство од пет и повеќе члена до 2.500 (две илјади и петстони) де-
нари.
За остварување на правото на додаток за домување со доделување на сред-
ства за санација, адаптација и реконструкција на руиниран и недоизграден
станбен простор во сопственост на корисникот на додаток за домување, се
врши врз основа на предмерпресметка изготвена од стручно лице, за фак-
тичките трошоци за неопходните градежни работи, кои треба да се изведат
за создавање на основни услови за живеење.
Правото на додаток на домување се остварува во висина на трошоците за
сместувањето на корисникот на додаток за домување, кој е на редовно шко-
лување и е сместен во студентски дом.
• Прилог бр.1 Барање за остварување на правото на додаток за дому-
вање
• Прилог бр.2 Изјава за употреба на лични податоци на корисникот од
страна на центарот за социјална работа
Потребни • Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
документи за • Прилог бр.9 Одговор на податоци по службена должност
апликација
Прилози кон барањето кои ги доставува носителот:
1. Доказ дека не користи стан под закуп во сопственост на Република
Северна Македонија;

17
Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019, член 57

43
2. Важечка лична карта или патна исправа, која се доставува на увид за-
ради докажување на идентитетот и државјанството;
3. Уверение за остварен приход од Управата за јавни приходи;
4. Имотен лист;
5. Потврда дека не поседува недвижен имот;
6. Изјава заверена кај нотар, дека не поседува стан или друг недвижен
имот, односно дека не отуѓил ваков имот и дека на друг начин не може
да го оствари правото на домување;
7. Доказ дека е поведена постапка за распределба на оставина на остави-
тел, на кој може да се јави како наследник согласно со закон или дека
во текот на постапката не се прифатил за наследник;
8. Документ за исплатена плата, пензија или друго редовно примање во
последните три месеци;
9. Извод од матична книга на родени и венчани;
10. Потврда за редовно школување;
11. Договор за сместување во студентски дом и
12. Договор за закуп.
Документите 1,3,4,5,8 и 9 ги прибавува Центар за социјална работа по служ-
бена должност а останатите подносител на барањето 2.6,7,10,11 и 12.

2.6. Tраен надоместок


Основа/Цел Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се гри-
жел за свое дете со попреченост.
Тело за Месно-надлежен Центарот за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа).

Целна група • Згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство


• Родител кој има дете со попреченост
Згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години,
по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за
маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.
Услови за пристап Pодител кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна во-
зраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е
невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на
живот за жена, односно 64 години на живот за маж.
На родителот да не му било одземено родителското право над детето.
Висината на трајниот надоместок за згрижувачот/родител изнесува 8.000
Бенифиции (осум илјади) денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на жи-
вот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во
јануари за тековната година.
Прилог бр. 1Барање за остварување на правото на траен надоместок за згри-
жувач и родител
Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
Потребни Прилог бр.9 Одговор на податоци по службена должност
документи за 1. Важечка лична карта или патна исправа која се доставува на увид;
апликација
2. Извод од матична книга на родените за згрижувачот;
3. Потврда од надлежен центар за социјална работа за периодот на згри-
жување на лице или дете без родители и родителска грижа;

44
4. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке-
донија, за статус на невработено лице за згрижувачот и
5. Потврда од Фондот на пензискoто и инвалидското осигурување на
Република Северна Македонија дека згрижувачот по наполнување на
62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, не
користи пензија.
Документација од точките 2, 3, 4 и 5 ја прибавува центарот за социјална ра-
бота по службена должност по пат на размена на податоците по електронски
пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена
согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во
постапката за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач.

2.7. Еднократна парична помош и помош во натура18


Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни
Основа/Цел финансиски средства за лице или семејството кое се нашло во положба на
социјален ризик, претрпена природна непогода или епидемија и подолго
лекување во здравствена установа на член на семејство.
Месно надлежен Центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
Тело за за социјална работа),
имплементација
Општината, Градот Скопје и општините на градот Скопје
Лице или семејство во социјален ризик, кое претрпело непогода или епи-
демија и подолго лекувањево здравствена установа, лице на кое е потребно
да се изврши оперативен зафат, станбено необезбедено лице корисник на
постојана парична помош.
Лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, а која
може да остави трајни последици, заради претрпена природна непогода
(земјотрес, поплава, пожар), епидемија и смрт на член на семејствот.
Лице кое има потреба од оперативен зафат или подолго лекување во здрав-
Целна група ствена установа во странство.
Станбено необезбедено лице корисник на гарантирана минимална помош
и тоа лице неспособно за работа, како помош во обезбедување на нужно
сместување.
Лице - жртва на семејно насилство за обезбедување на итна заштита и
згрижување.
Лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без ро-
дителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до
26-годишна возраст, има право на интервентна еднократна парична помош.

Подносителот на барање за остварување на правото на еднократна парич-


на помош, доколку користи право од социјална заштита заради претрпена
Услови за пристап природна непогода, пожар, поплава, земјотрес, како и осудено лице по от-
пуштање од установата за извршување на казна, доставува фотокопија од
лична карта, односно извод од матична книга на родените или друга лична
исправа за утврдување на адресата на живеење.

Финансиски средства кои се добиваат се:


• До 4.500 денари за задоволување на потребите на лице или семејство
кое се нашло во положба на социјален ризик кој не остава трајни по-
Бенифиции следици, а е неопходно социјално и материјално обезбедување на ли-
цето.
• До 12.000 (дванаесет илјади) денари за задоволување на потребите на

18
Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019.

45
лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик во
случај на подолго лекување во здравствена установа, како и за лице -
жртва на семејно насилство за остварување на право на здравствена
заштита и медицински третман.
• До 15.000 (петнаесет илјади) денари за потребите на лице - жртва на
семејно насилство за обезбедување на итна заштита и згрижување.
• До 30.000 (триесет илјади) денари, и тоа:
• за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло
во положба на социјален ризик, а која може да остави трајни по-
следици, заради претрпена природна непогода (земјотрес, попла-
ва, пожар), епидемија и смрт на член на семејството,
• лице кое има потреба од оперативен зафат или подолго лекување
во здравствена установа во странство и станбено необезбедено
лице корисник на гарантирана минимална помош и тоа лице не-
способно за работа, како помош во обезбедување на нужно сме-
стување.
• До 180 000 (сто и осумдесет илјади) денари за дете или младинец без
родителии без родителска грижа, кој по наполнување на 18 годишна
возраст ја напушта установата или згрижувачко семејство, а најмно-
гу до 26 годишна возраст ја остварува ова интервентна помош.
Помош во натура: Облека, храна.

Прилог бр.1 Барање за остварување на правото на еднократна парична


помош
Прилог бр.2 Изјава
Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
Прилог бр.9. Одговор на податоци по службена должност

Потребна документација за остварување на правото на еднократна парич-


на помош доколку подносителот на барањето не користи право од социјал-
на заштита, за него и членовите на семејството е:
1. важечка лична карта за државјани на Република Северна Македо-
нија, дозвола за постојан престој на странец, лична карта за признат
бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, се дос-
тавува само на увид за докажување на идентитетот и државјанство-
Потребни то, или поднесено барање за признавање право на азил,
документи за
апликација 2. извод од матична книга на родените;
3. извод од матична книга на венчаните, доколку има склучено брачна
заедница;
4. извод од матична книга на умрените, за починат член на семејството;
5. потврда за примена нето плата во последните три месеци пред под-
несување на барањето;
6. потврда за остварена пензија, за пензионери;
7. потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македо-
нија, за невработени членови во семејството и
8. уверение за пријавени или остварени приходи од Управата за јавни
приходи.

Документите од точките 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од страна на центарот за со-


цијална работа се прибавуваат по службена должност по пат на размена на
податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена
форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот/корис-
никот за користење на неговите лични податоци во постапката за оствару-
вање и користење на правото на еднократна парична помош.

46
Подносител на барањето кои има статус на барател на право на азил, при-
знаен бегалец, лице под супсидијарна заштита согласно Законот за меќу-
народна и привремена заштита покрај наведени документи дава писмена
изјава дека не е во можност истите да ги обезбеди и ја потврдува матери-
ајлна и семејна состојба за себе и членовите на неговото семејство.

Во барањето за остварување на еднократна парична помош, поднесителот


Рокови за наведува за која цел му е потребна помошта и во рок од 15 дена од кога
остварување средствата се искористени, а најдоцна три месеци од добивање на помо-
на правото и шта, до центарот за социјална работа доставува доказ дека средствата се
престанок на
правото искористени за целта наведена во барањето, освен за еднократна парична
помош во висина до 4.500 (четири илјади и петстони) денари.

Во Законот за социјална заштита19 не постојат законски утврдени рокови


за користење на ова право, но вообичаено истото се користи во периодот
кога е настанат социјалниот ризик на лицето или семејството и по подне-
сување на комлетната документација кон барање.

2.8. Здравствена заштита


Основа/Цел Користење на здравствени услуги, со цел надминување на ризиците од болест.
Тело за Министерството за труд и социјална политика, месно-надлежниот центар
имплементација за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа).
• корисник на гарантирана минимална помош, кое е лице неспособно
за работа;
• корисник на надоместок заради попреченост;
• корисник на надоместок за помош и нега од друго лице;
Целна група • лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита;
• корисници на услугата вон-семејна заштита;
• лице-жртва на семејно насилство за кое се превзема мерка на заштита
согласно прописите од областа за превенција, спречување и заштита
од семејно насилство и
• лице-жртва на трговија со луѓе.
Услови за пристап Корисниците/целната група остваруваат право на здравствена заштита,
само доколку не можат да се стекнат со осигурување по друг основ.
Бенeфиции
Користење услуги на здравствена заштита.
Потребни Решение за оставрување на наведените права.
документи за
апликација


19
Правилник за начинот на остварување на правото на еднократна парична помош, образецот на барањето и
и потребната документација за остварување на ова право (109/19)

47
3. СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА И СОЦИЈАЛНИ
УСЛУГИ
Дејноста на социјалната заштита се обезбедува преку остварување на права на парична по-
мош од социјална заштита и обезбедување на социјални услуги и други мерки утврдени во Законот
од социјална заштита. Носители на социјалната заштита се Републиката, општината, градот Скопје
иопштините во градот Скопје, во рамките на нивните надлежности, а во согласност со Законот за
социјална заштита.

Републиката и општината, градот Скопје и општините во градот Скопје обезбедуваат вршење


на дејноста на социјалната заштита во рамките на правата и должностите утврдени со Уставот на Ре-
публика Северна Македонија и закон, преку основање на установи за социјална заштита или прене-
сување на вршењето на работи од социјалната заштита на здруженија, други правни и физички лица.
Републиката и единиците на локалната самоуправа кога го пренесуваат вршењето на работите на
други правни и физички лица, нивните меѓусебни права и обврски ги уредуваат со управен договор.20

За остварување на дејноста на социјалната заштита, општината, градот Скопје и општините


во градот Скопје, развиваат локални мерки и активности за социјална заштита согласно со Законот
за социјална заштита.21
• обезбедуваат спроведување на социјалната заштита согласно со овој закон,
• донесува одлуки за утврдување и на други права и социјални услуги во областа на социјал-
ната заштита, права и услуги во поголем обем од обемот на правата и услугитеутврдени со
овој закон и поповолни услови за нивно остварување, како и обезбедуваатсредства за нивна
имплементација,
• основаат јавни установи за социјална заштита согласно со овој закон,
• формираат Совет за социјална заштита на општината, градот Скопје и општините на градот
Скопје за подрачјето на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје,
• формираат Совет за социјална заштита на планскиот регион заради планирање и развој на
мрежата на социјални услуги на планскиот регион,
• донесуваат општи акти од областа на социјалната заштита,
• донесуваат годишни програми за потребите на граѓаните од областа на социјалната зашти-
та (во натамошниот текст: годишна програма за социјална заштита), во која предвидуваат
активности и средства за реализација на истите. Годишните програми за социјална заштита
се изготвуваат врз основа на социјалниот план на општината, градот Скопје и општините во
градот Скопје, а во согласност со Националната програма заразвој на социјалната заштита и
истите пред донесување се доставуваат до Министерството на мислење, усвојуваат завршен
извештај за реализирани активности во социјалната заштитасогласно предвидената годишна
програма и ги доставуваат до Министерството зарадиинформирање,
• даваат финансиски средства за вршење работи од социјална заштита на здруженија, други
правни и физички лица и склучуваат управни договори согласно со овој закон,
• врши други работи поврзани со социјална заштита согласно со овој закон.

Една од новините во системот на социјална заштита, пропишани во Законот за социјална


заштита е и воведувањето на:
• „Лиценцирани даватели на социјални услуги“ се даватели на услуги кои ги исполнуваат нор-
мативите и стандардите за давање на услуги и се стекнале со дозвола завршење работи во
социјалната заштита;
• „Овластени даватели на социјални услуги“ се лиценцирани даватели на услуги кои склучиле
управен договор со Министерството за труд и социјална политика, односно општините, гра-
дот Скопје и општините во градот Скопје и даваат услуги накорисници, по донесено решение
на центарот за социјална работа;
• „Интегрирани социјални услуги“ се сродни социјални услуги во домот,заедницата и вон се-
мејството кои се даваат од страна на лиценциран давател на социјални услуги.

20 Закон за социјална заштита (Сл. весник на РСМ бр. 104/2019)


21 Закон за социјална заштита (Сл. весник на РСМ бр. 104/2019)

48
3.1. Социјална превенција
Основа/Цел Мерките на социјална превенција се реализираат за заштита од социјални
ризици, спречување на појавата на социјални проблеми и ублажување на
последиците од настанатите социјални проблеми на граѓаните.
Мерките на социјална превенција се реализираат во соработка помеѓу ус-
Тело за тановите за социјална заштита22, предучилишни, образовни, здравствени
имплементација установи, полициски станици, единицата на локалната самоуправа и други
државни органи, правни и физички лица и здруженија.
Установата за социјална заштита, мерките на социјална превенција ги реа-
лизира согласно со програмата за работа на установата.
Целна група Општа популација, лица во социјален ризик и социјално ранливи групи во
локалната заедница.
Услови за пристап /
Мерките на социјална превенција опфаќаат:
• рано откривање на граѓани во социјален ризик, со социјални потешкотии
или проблеми и обезбедување пристап до стручна помош и поддршка,
• превентивни увиди кај социјално ранливи лица, заради согледување
на социјалната ситуација и превенција на појава на социјални проблеми,
Бенифиции • организирање едукативни настани, дебати, трибини, кампањи и про-
екти за превенцијана социјални проблеми,
• организирање волонтерски активности за помош на социјално ранливи
групи во локалната заедница,
• поттикнување и помош во воспоставување групи за поддршка и
самопомош на граѓани со сродни социјални проблеми и
• други превентивни активности за заштита од социјални ризици и
• спречување на појавата на социјални проблеми.

Потребни /
документи за
апликација

3.2. Социјални услуги


Социјални услуги кои се обезбедуваат согласно со овој Законот за социјал-
на заштита23, се:
Основа/Цел • услуги на информирање и упатување;
• услуги на стручна помош и поддршка;
• услуги на советување;
• услуги во домот;
• услуги во заедницата и
• услуги за вон-семејна заштита.

3.2.1. Услуги на информирање и упатување


Основа/Цел Цел на услугата е информирање на граѓаните за правата од социјална зашти-
та и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до
22
Установи за социјална заштита (Закон за социјална заштита, Службен весник бр. 104/19, стр. 28, чл. 112) се:
1. Центар за социјална работа;
2. Установa за вон-семејна социјална заштита (резиденцијален дом, дом за помош и нега, воспитна установа,
установа за третман и рехабилитација, групен дом, установа за прифат на баратели на азил);
3. Центaр за социјални услуги (центар за социјални услуги во домот, центар за дневен престој, центар за рех
23
Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/2019, стр.20, чл.70

49
други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и ус-
лугите.
Тело за Установи за социјална заштита, лиценцирани даватели на социјални услу-
имплементација ги, овластени даватели на социјални услуги. ЦСР.
Целна група Општа популација, лица во социјален ризик и социјално ранливи групи во
локалната заедница.
Услови за пристап Лично и/или писмено обраќање на корисниците до установи за социјална
заштита, лиценцирани даватели на социјални услуги, овластени даватели
на социјални услуги
Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓа-
Бенифиции ните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги,
првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување
непречен пристап до правата и услугите.
Потребни
документи за /
апликација

3.2.2. Услуги на стручна помош и поддршка


Цел на услугата е зајакнување на корисниците, промоција на нивниот не-
Основа/Цел пречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независ-
носта и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на
социјалните проблеми.
Тело за Установи за социјална заштита, лиценцирани даватели на социјални услу-
имплементација ги, овластени даватели на социјални услуги. ЦСР.
Целна група Поединци и семејства во социјален ризик и социјално ранливи групи во
локалната заедница.
Користење на било кое право од социјална заштита и/или било која со-
Услови за пристап
цијална заштита, како интегрален дел од професионалната работа на
стручните работници во установите за социјална заштита и на лиценци-
раните и овластените даватели на социјални услуги.
Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат
Бенифиции помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми
преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и
следење на состојбата по завршување на интервенциите.
Потребни
документи за /
апликација

3.2.3. Услуги на советување


Цел на услугата на советување е преку советодавна работа, односно преку
Основа/Цел советувалишна работа да се постигне превенирање, ублажување и надми-
нување на последиците од настанатите социјални проблеми на поединец
и семејство.
Тело за Установи за социјална заштита, лиценцирани даватели на социјални услу-
имплементација ги, овластени даватели на социјални услуги. ЦСР.
Поединци, семејства во социјален ризик, семејства со нарушени семејни
Целна група односи, жртви на семејно насилство, сторители на семејно насилство, со-
цијално ранливи групи во локалната заедница.

50
Услови за пристап Услугите на советување се применуваат како интегрален дел од професио-
налната работа на стручните работници и на лиценцирани и овластени да-
ватели на социјални услуги.
Услугите на советување опфаќаат:
• подготовка за брак, живот во семејство, родителство, планирање на
семејство, брачно/партнерско советување за партнери со нарушени
односи,
Бенифиции • советување при развод на брак,
• семејна медијација за семејства со нарушени семејни односи,
• психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство,
• психо-социјален третман на сторители на семејно насилство и
• други специјализирани видови на советувања.
Потребни
документи за /
апликација

3.2.4. Услуги во домот


Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице
со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овоз-
Основа/Цел можување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превен-
ција на потребата од вон-семејна заштита.
Услуги во домот се:
Бенифиции • помош и нега во домот и
• лична асистенција.

3.2.4.1. Помош и нега во домот


За лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се гри-
жат за себе, со услугата помош и нега во домот, се обезбедува помош во вр-
Основа/Цел шење основни и инструментални активности од секојдневниот живот, овоз-
можува независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество
во заедницата, како и вршење на секојдневни активности, кои лице без поп-
реченост вообичаено ги врши без поддршка.
Тело за Месно-надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар за
имплементација социјална работа) и овластени даватели на социјални услуги.
Корисници на услугата се: лица со најтешка попреченост, односно комби-
нирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица и
други лица на кои им е потребна помош и нега во домот.
Целна група Услугата помош и нега во домот, се обезбедува на лице на кое помошта во
домот не можат да ја обезбедат неговиот брачен другар, родителите или
децата, поради заснован работен однос, нарушена здравствена состојба и
старост.
Услугата помош и нега во домот се обезбедува за лице кое нема склучено
договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскину-
вање на склучен договор за доживотна издршка.
Услови за пристап е присуство на најтешка попреченост, односно комби-
нирана попреченост со највисок степен, оштетен вид (слепост), старост и
Услови за пристап состојба која подразбира потребна помош и нега во домот.
Услугата помош и нега во домот се обезбедува за лице кое нема склучено
договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскину-
вање на склучен договор за доживотна издршка.

51
*Корисник на услугата помош и нега во домот која се реализира со
трошоци надоместени од центарот за социјална работа, истовремено
не може да користи услуга лична асистенција.
Со услугата помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење ос-
новни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа
Бенифиции месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами
да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за самопомош,
односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи
за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен
живот во заедницата.

3.2.4.2. Лична асистенција


Услугата лична асистенција опфаќа индивидуална помош и поддршка за
Основа/Цел лица, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи незави-
сно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата,
како и вршење на секојдневни активности, кои лице без попреченост во-
обичаено ги врши без поддршка.

Тело за Месно-надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар


имплементација за социјална работа), лиценцирани даватели на социјални услуги, овласте-
ни даватели на социјални услуги.
Целна група Корисници на услугата се лица на возраст од 18 до 65 годишна возраст, со
потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица.
Присуство на потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи-
ло кај лицата, кои подразбираат потребна помош од личен асистент.
Услови за пристап *Корисник на услугата помош и нега во домот која се реализира со
трошоци надоместени од центарот за социјална работа, истовремено
не може да користи услуга лична асистенција.
Личната асистенција вклучува: помош и поддршка во вршење основни и ин-
струментални активности од секојдневниот живот, помош и поддршка на ра-
Бенефиции ботното место, образовните институции, центрите за рехабилитација, помош и
поддршка во зедницата и други активности од интерес на лицето, до 80 часа
месечно.

3.2.5. Услуги во заедницата


Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој,
Основа/Цел
ресоцијализација, рехабилитација, реинтеграција на корисници, одмена
на семејна грижа и куќа на пола пат, заради превенција, згрижување и
заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее
во сопствениот дом, односно заедницата и превенција на потребата од
вон-семејна заштита.

Услуги во заедницата се:


Целна група
• Услуги на дневен престој (услуги за рехабилитација и реинтегра-
ција и услуги за ресоцијализација)
• Услуги на привремен престој (услуги за одмена на семејна грижа и
куќа на пола пат)

52
3.2.5.1. Услуги на дневен престој
Целта е стекнување животни и работни вештини преку социјални, култур-
ни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата
Основа/Цел - корисници и нивните семејства за корисниците да продолжат да живеат
и функционираат во сопствениот дом, односно заедницата и надминување
на потребата од вонсемејна заштита.
Целта на услугата за рехабилитација и реинтеграција на деца и лица кои
се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми е преку психо-со-
цијална поддршка, терапевтска работа, работно окупациона терапија, да се
поддржат во стекнувањето на работни вештини и вештини за вработување,
реинтеграција и самостојно живеење.

Тело за Месно-надлежниот центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински цен-


имплементација тар за социјална работа) и лиценцирани и овластени даватели на услуги кој
раководи со дневниот центар.

Деца во ризик, лица со попреченост, маргинализирани лица, стари лица,


Целна група лица со социјални и здравствени проблеми, деца во судир со законот и
возрасни лица по издржување казна затвор и други лица со специфични
проблеми кои имаат потреба од ресоцијализација.

Согласност на корисник да корист услуга или мерка определена од цента-


Услови за пристап рот за социјална работа.

Услугата за дневен престој опфаќа дневно згрижување, индивидуални ак-


тивности за стекнување животни и работни вештини, социјални, култур-
ни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и
нивните семејства и други сродни активности.

Услугата за рехабилитација и реинтеграција се обезбедува преку сове-


тодавна работа се обезбедува на лица кои се соочуваат со социјални и/или
Бенефиции здравствени проблеми преку психо-социјална поддршка, работно окупа-
циона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за
вработување, реинтеграција и самостојно живеење.

Услугата за ресоцијализација се обезбедува преку советодавна работа,


индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придруж-
ба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, поддрш-
ка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување и други
услуги на ресоцијализација, во зависност од потребите на корисниците.

Услугата за деца во ризик и деца во судир со законот се обезбедува во


центар за деца, согласно со Законот за правда за децата. Услугата за возрас-
ни лица по издржување на казна затвор и други лица со специфични со-
цијални проблеми во потреба од ресоцијализација се обезбедува во центар
за ресоцијализација.
Потребни Нема пропишана документациja
документи за
апликација

53
3.2.5.2. Услуги на привремен престој
Целта на услугата на привремен престој е да се обезбеди заштита и струч-
на помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување
на состојбата и нивна социјална интеграција.

Цел на услугата за одмена на семејна грижа е краткотрајно згрижување


Основа/Цел на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување
на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се гри-
жат за нив.

Цел на услугата куќа на пола пат е обезбедување помош, поддршка и


подготовка за самостојно живеење на лица кои претходно биле под вонсе-
мејна заштита, а немаат свој дом или услови за живот во својот дом, заради
нивна реинтеграција во општеството.

Тело за Месно надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар за


имплементација социјална работа) и лиценциран и овластен давател на социјални услуги.

Корисници на услугата се: дете кое ќе се затекне без родителска грижа или
како скита, дете жртва на злоупотреба, жртва на семејно насилство и родо-
во базирано насилство, жртви на трговија со луѓе, бездомници.

Услуги за одмена на семејна грижа

Целна група Корисник на услугата е член на семејството кој се грижи за старо лице, лицe
со попреченост и другo болно и изнемоштенo лицe, кое не може самостојно да
ги врши основните и инструменталните активности од секојдневниот живот.

Куќа на пола пат

Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, дете


по напуштање на воспитна установа за ресоцијализација, возрасни лица
по издржување казна затвор, лица со попреченост, зависници од алкохол
и дроги по спроведен третман за лекување и други лица со специфични
социјални проблеми кои имаат потреба од подготовка за самостоен живот.

Услов за пристап е издадено решение од страна на ЈУ Меѓуопштински


центар за социјална работа (меснонадлежниот центар за социјална работа)
за дете затекнато без родителска грижа или како скита, дете жртва на злоу-
потреба, жртва на семејно насилство и родово базирано насилство, жртви
на трговија со луѓе, бездомници.

Услуги за одмена на семејна грижа

Услови за пристап Услов за пристап е издадено решение од страна на ЈУ Меѓуопштински


центар за социјална работа (месно-надлежниот центар за социјална ра-
бота) за старо лице, лицe со попреченост и другo болно и изнемоштенo
лицe, кое не може самостојно да ги врши основните и инструменталните
активности од секојдневниот живот.

Услов за пристап е издадено решение од страна на ЈУ Меѓуопштински


центар за социјална работа (месно-надлежниот центар за социјална рабо-
та) за дете без родители и родителска грижа, дете по напуштање на вос-
питна установа за ресоцијализација, возрасни лица по издржување казна
затвор, лица со попреченост, зависници од алкохол и дроги по спроведен

54
третман за лекување и други лица со специфични социјални проблеми кои
имаат потреба од подготовка за самостоен живот.

Услугата за привремен престој се обезбедува во времетраење до три месе-


ци, со можност за продолжување уште за три месеци, а во исклучителни
случаи кога состојбата не е надмината до една година.

Услугата за одмена на семејна грижа обезбедува краткотрајно згрижување на


зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лич-
ни и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.

Бенефиции Услугата може да се обезбеди и во домот на корисникот.

Услугата за одмена на семејна грижа се реализира со трошоци надоместе-


ни од центарот за социјална работа и се обезбедува во времетраење до 15
дена во една календарска година.

Куќа на пола пат обезбедува помош, поддршка и подготовка за самостој-


но живеење на лица кои претходно биле под вонсемејна заштита, немаат
свој дом или услови за живот восвојот дом, заради нивна реинтеграција во
општеството. Услугата се обезбедува во текот на сместувањето или вед-
наш по престанокот на сместувањето.

Потребни Решение од цeнтар за социјална работа.


документи за
апликација

3.2.6. Услуги на вонсемејна заштита


Со услуги на вонсемејна заштита се обезбедува основна заштита која
опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување,
Основа/Цел исхрана, облека, здравствена заштита и други услуги во зависност од ви-
дот на корисниците, кои немаат услови за живеење во своето семејство
или од други причини им е потребна вон-семејна заштита.

Услуги на вонсемејна заштита се:


Бенефиции • живеење со поддршка;
• згрижување во друго семејство и
• сместување во установа.

3.2.6.1. Живеење со поддршка

Услугата живеење со поддршка има цел да обезбеди, преку помош од


Основа/Цел стручни или други лица, остварување на основните и инструменталните
активности во секојдневниот живот на целната група.
Тело за Месно надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа) и овластени даватели на услуги.

Корисници на услугата се: лица со попреченост и деца без родители или


родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на
Целна група средното образование, заради оспособување за самостоен живот и инте-
грација во општеството.
Во станбена единица за живеење со поддршка може да се сместат најмно-
гу до пет лица, односно седум деца без родители или родителска грижа.

55
Услов за пристап е издадено решение од страна на ЈУ Меѓуопштински цен-
тар за социјална работа (месно надлежниот центар за социјална работа) за
Услови за пристап лица со попреченост и деца без родители или родителска грижа над 14 го-
дишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради
оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството.
Лицето не е способно за самостојно живеење.
Живеење со поддршка се обезбедува во посебна станбена единица со по-
мош од стручни или други лица во остварување на основните и инстру-
менталните активности во секојдневниот живот.
Сместување, исхрана, обука, здравствена заштита, психосоцијална под-
Бенефиции
дршка.
Нивото на поддршката се определува во согласност со потребите, видот и
степенот на попреченоста на корисникот.
Помошта и поддршката може да биде повремена, дневна или 24-часовна
помош и поддршка, во зависност од потребите на корисникот.
Барање (нема пропишан формулар);
• Извод од матичната книга на родените;
Потребни • Уверение за државјанство;
документи за • Уверение од Управата за јавни приходи за семејно-материјалната по-
апликација
ложба;
• Потврда дека родителите се корисници на гарантирана минимална
помош и
• Лекарска белешка од општа здравствена установа за докажување на
здравствената состојба на барателот.

3.2.6.2. Згрижување во семејство24


Ако се констатира дека детето/ лице поради лична, семејната и станбената
положба има потреба од сместување во згрижувачко семејство, кое има
соoдветни услови за негов раст и развој и задоволување на индивидуални
Основа/Цел потреби се применува оваa форма на заштита.
Со сместените дете/лица им се обезбедува задоволување на секојдневните
потреби, грижа за личноста, воспитанието, образованието, развојот, здрав-
ствената состојба, во зависност од секојдневните потреби на сместеното
дете/ лице, терапија и лекување.
Тело за Месно-надлежен центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа).
Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за
деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за жи-
вот во сопственото семејство.
Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повре-
мено, интервентно или роднинско згрижување.
Целна група
Корисници на услугата од општо згрижување во семејство се: стари лица;
деца без родители и родителска грижа; дете/лица со попреченост.

Специјално згрижување
Корисник на услугата е: дете жртва на семејно насилство, дете во ризик и
дете во судир со законот, дете или лице со попреченост.
24 Правилник за критериуми за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можаат
да се сместат во едно згрижувачко семејство и видот и обемот на услугите од социјална заштита што се
обезбедуваат на сместените лица, (Службен весник на Република Македонија бр.54/2010).

56
Повремено згрижување
Згрижувачко семејство обезбедува згрижување на дете или возрасно лице
згрижено во друго згрижувачко семејство, како и за дете или возрасно лице
со попреченост кое живее со родител/старател заради одмор, терапија, ле-
кување и завршување на домашни, семејни и професионални обврски на
згрижувачот, односно родителот/ старателот.

Интервентно згрижување
Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, деца од
конфликтни семејства, жртви на насилство, жртви на трговија со луѓе и
други лица чиј социјален проблем налага итно згрижување и заштита.
Старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во
менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбе-
ната и семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг
начин.

Лице/дете кое нема услови за живеење во сопствено семејство. Згрижувач


може да биде лице кое ги исполнува следниве критериуми:
1. да е полнолетно,
2. да е деловно способно,
3. да има добра општа здравствена состојба,
4. да постои разлика во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице и
тоа најмалку 18 и најмногу 50 години,
5. да не му е одземено или ограничено родителското право,
6. да не му е изречена осуда за кривично дело со казна затвор повеќе од
шест месеци,
Услови за пристап 7. да има материјални и станбени услови за вршење на оваа услуга и
8. да има завршено обука за згрижувач, спроведена од центарот за под-
дршка на згрижувачки семејства.

Критериумите 3 и 6, важат и за полнолетните членовина семејството на


згрижувачот, кои живеат во заедничко домаќинство.
По исклучок од критериумот 4, определената разлика во возраста меѓу
згрижувачот и сместеното лице не се однесува доколку детето е сместено
во роднинско згрижувачко семејство или доколку тоа е во интерес на дете-
то, односно возрасното лице.
Исполнетоста на критериумите 1, 2 и 3, ги утврдува центарот за социјална
работа, врз основа на проценка спроведена од центарот за поддршка за
згрижувачките семејства.

Сместување лице во згрижувачко семејство се врши врз основа на склучен


договор меѓу центарот за социјална работа и згрижувачот.
Со договорот се уредуваат особено:
• начинот и условите за сместување и престанок на сместувањето на
Бенефиции лице во семејството,
• видот и обемот на социјалната заштита која му се обезбедува на ли-
цето кое се сместува во згрижувачкото семејство,
• висината на надоместокот за сместеното лице, која ги опфаќа трошо-
ците насместување и надоместокот за згрижување,
• времетраењето на договорот со можност за негово продолжување,
• условите за раскинување на договорот,

57
• отказниот рок за раскинување на договорот кој за згрижувачот не
може да биде пократок од три месеци,
• случаите при кои престанува да важи договорот и
• други права, обврски и одговорности во врска со згрижувањето.

*Центарот за социјална работа може еднострано да го раскине дого-


ворот и пред истекот на рокот утврден во договорот, секогаш кога тоа
е во најдобар интерес на детето, односно интересите на лицето кое се
сместува во згрижувачкото семејство.

Општо згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обез-


бедува задоволување на секојдневните потреби, грижа за личноста, вос-
питанието, образованието, развојот, здравствената состојба, во зависност
од секојдневните потреби на сместеното лице. Корисници на услугата се:
стари лица, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост.
Специјализирано згрижување е услуга преку која на сместените лица
им се обезбедува општо згрижување на лицата и поддршка до надмину-
вање на социјалните проблеми, а која се обезбедува од страна на згрижу-
вачи кои поминале специјализирана обука. Корисник на услугата е: дете
жртва на семејно насилство, дете во ризик и дете во судир со законот, дете
или лице со попреченост.
Повремено згрижувачко семејство обезбедува згрижување на дете или
возрасно лице згрижено во друго згрижувачко семејство, како и за дете
или возрасно лице со попреченост кое живее со родител/старател зара-
ди одмор, терапија, лекување и завршување на домашни, семејни и про-
фесионални обврски на згрижувачот, односно родителот/старателот. По
престанокот на потребата од привремено згрижување, згрижувачкото се-
мејство, односно родителот/старателот, ја продолжува грижата за детето
или лицето.
Интервентно згрижување е услуга на краткорочно згрижување во се-
мејство на лица за кои е неопходна итна заштита, до изнаоѓање на соод-
ветни облици на заштита, а најдолго до 30 дена.
Роднинско згрижување е услуга за згрижување на дете без родители и
без родителска грижа, во семејство на неговите баба, дедо, брат, сестра,
вујко, чичко или тетка.
Лице/дете – корисник со сместувањето добива:
• сместување,
• исхрана,
• нега,
• воспитување,
• заштита,
• образование и
• поддршка во раст и развојот.

Згрижувачкото семејство добива:


• Надоместок за трошоците за сместувањето запредучилишно дете кој
изнесува 5.195 (за корисникот) +1.558,50 (за згрижувачот) = 6.753,50
денари.
• Надоместок за детена училишна возраст кој изнесува 5.714 (за корис-
никот) + 2.078 (за згрижувачот) = 7.792,00 денари
• Надоместок за трошоците за дете/лице со пречки во развој 6.234 (за
корисникот) +2.597(за згрижувачот) = 8.831,50.

58
• Надоместок за трошоците за сместување за дете со нарушено
општествено поведение, лице со умерени и тешки пречки во ментал-
ниот развој и лице упатено на оспособување за работно-производна
активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со
трајна телесна попреченост, старо лице, возрасно лице со телесна
попреченост како и возрасно лице со пречки во менталниот развој,
се зголемува за 1.000 (една илјада) денари, а и надоместокот за згри-
жување се зголемува за 1.000 (една илјада) денари.
За деца сместени во згрижувачко семејство следува детски и посебен
додаток.
Центарот за социјална работа може да смести во едно згрижувачко се-
мејство најмногу пет лица, имајќи ги предвид условите и можностите за
сместување на семејството.
Поблиските критериуми за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот
на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство и
стандардите за давање на услугата според видот на згрижувањето ги про-
пишува министерот.

Потребни Барање (нема пропишан формулар),


документи за Документи за личниот статус на детето/лицето (државјанство, извод од
апликација
матичната книга на родени и здравствена книшка).

Надлежни
институции за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, одделот за старателство.
имплементација

3.2.6.3. Сместување во установа


Целта на оваа услуга е обезбедување заштита на лица кои немаат соодвет-
Основа/Цел ни услови за живот во своето семејство и лица на коиод други причини, им
е потребно сместување.

Тело за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, јавна установа (ЈУ) од об-


имплементација ласта на социјална заштита, Приватни домови за стари лица, СОС Детско
село.
Услугата за сместувањето во установа за деца, стари лица, лица со попре-
ченост и баратели на азил покрај основната заштита.
1. Децата без родители и родителска грижа до нивно оспособување за
самостоен живот и работа, најдоцна до завршување на средното об-
разование, доколку не постојат можности згрижувањето и воспита-
нието да се обезбедат на некој друг начин.
Целна група Ова право се остварува во Установи за заштита на деца без родители
и родителска грижа и тоа:
• Јавната установа (ЈУ) Дом за доенчиња и мали деца - Битола (ул.
Васко Карангелевски бб)25;
• ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје (ул. Васил Ѓоргов бр. 25)26,
• Приватна установа СОС Детско Село- Скопје;

25 Ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институции. Со отворањето на петте мали
групни домови во Битола на 02.10.2019 година, Министерството за труд и социјална политика со своите
партнери го започна процесот на целосна трансформација на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца и сите 27 деца се
веќе преселени во објекти кои наликуваат на топол семеен дом.
26 Триесет и дбе (32) деца, колку што во моментот на пишување на прирачникот беа во Установата има, веќе
живеат во 4-те стамбени единици и за нив се грижат воспитувачите од “11 Октомври” (четири мали групни
домови)

59
2. Децата со воспитно-социјални проблеми (занемарени, малтретирани
и социјално необезбедени деца). По оценка на Центарот за социјална
работа, овие деца можат да се сместат во ученички дом или во друга
установа каде што ќе може да се обезбеди чување, воспитување, об-
разование и развиток на детето. Овие деца може да се сместат во:
• ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми- Скопје27
(ул. Петар Манџуков бб);

3. Децата со нарушено поведение, сторители на кривични дела по оцен-


ка на Центарот за социјална работа, или изречена судска мерка сме-
стување во установа во каде што се обезбеди чување, воспитување,
образование и развиток на децата. Ова право се остварува во ЈУ За-
вод за згрижување, воспитание и образование на деца и младинци
„Ранка Милановиќ“- Скопје (ул. Перо Наков бб).28
4. Бремените жени, еден месец пред породување и самохраните родите-
ли со дете до тримесечна возраст. Ова право се остварува во:
• ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола (ул. Васко Карангелевски бб),

5. Лицата со умерени и тешки пречки во психичкиот развој упатени на


оспособување за работо-производни активности, лицата со најтешки
пречки во психичкиот развој и телесните инвалиди на кои им е по-
требно трајно згрижување. Ова право се остварува во:
• ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско, с. Банско
• ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје (ул. Вто-
ра македонска бригада бб), и
• ЈУ Специјален завод - Демир Капија29.

6. Старите лица, возрасните инвалидни лица и лицата со пречки во пси-


хичкиот развој кои не се во состојба сами да се грижат, а поради
станбената и семејната положба немаат можности да им се обезбеди
заштита на друг начин30. Ова право се остварува во:
• ЈУ Геронтолошки центар „13 Ноември“ оддел „Мајка Тереза“-
Скопје (ул.„Скупи“ бб);
• ЈУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп (ул.
„Нада Ламеска“ бр.1-а);
• ЈУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ - Битола (ул. „Илинденска“ бр.
156);
• ЈУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ - Куманово (ул. „Братство
единство“ бр. 32) и
• ОЈУСЗСЛ „Д-р Иван Влашки“ Берово (ул. „Маршал Тито“ бр.8)

Услови за пристап Лица/деца кои немаат соодветни услови за живот во своето семејство и
лица на кои, од други причини, им е потребно сместување.

Сместувањето во установа опфаќа основна заштита која обезбедува: згри-


Бенефиции жување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека
и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби

27 Дваесет и пет (25) штитеници од оваа институција, од јули минатата година се сместени во пет мали групни
домови т.е. оваа установа беше опфатена со процесот на деинституционализација.
28 Од 17.10.2019 година децата од оваа установа се згрижени во два мали групни домови во населбите Визбегово
и Радишани
29 Од декември, 2018 годинадецата со попреченост се сместени во мал групен дом во Скопје каде добиваат
24-часовна поддршка од лични асистенти со специјализирани индивидуализирани програми за работа и
дефектолошки третмани. Во Специјалниот завод „Демир Капија“ веќе нема деца до 18 години.
30 Според европските стандарди со институционалните капацитети на една држава треба да се опфатени
3 – 5 % од старото население

60
на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од
други причини му е потребна вонсемејна заштита.

Сместување, исхрана, чување, воспитување, образование, здравствена


заштита и социјална поддршка.
Обезбедува пристап до образование, стекнување на животни вештини, ра-
ботно оспособување и професионална рехабилитација, социјални, култур-
ни и рекреативни активности, во зависност од потребите на корисниците
на услугите.
• Воспитна установа за деца, согласно со Законот за правда на децата.
Услугата за сместување на деца во судир со законот на возраст од
14 до 18 години со изречена мерка упатување во воспитна устано-
ва, согласно со прописите од областа за извршување на санкциите и
упатување во соодветна установа согласно со закон, освен основна-
та заштита, опфаќа и ресоцијализација, реинтеграција, воспитание,
пристап до образование и образовна поддршка, организирано мину-
вање на слободното време и други услуги за ресоцијализација.
• Услугата за сместување на изнемоштено старо лице, хронично болно
лице, терминално болно лице и друго лице во потреба од контину-
ирана помош и нега, освен основната заштита, опфаќа и специјали-
зирана стручна помош и социјална поддршка на неговото семејства.
• Услугата за сместување на лица со попреченост, лица кое имаат про-
блем со зависности и други маргинализирани лица, кои имаат потре-
ба од спроведување на третман и рехабилитација, покрај основната
заштит, им се обезбедува, третман и рехабилитација, работно-оку-
пациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и
вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење, во
зависност од потребата на корисникот.
• Услугата за сместување на баратели на азил обезбедува основна
заштита, согласно со минимумот на стандардите за прифат на ба-
ратели на азил, утврдени со меѓународни договори, ратификувани
согласно со Уставот на Република Северна Македонија.
• Услугата за сместување на деца без родители и родителска грижа,
малолетни родители со деца, самохрана невработена бремена жена
еден месец пред породувањето и самохран родител до тримесечна
возраст на детето, стари лица, лица со попреченост во групен дом,
обезбедува основна заштита, за најмногу 10 лица.
• Интервентно сместување обезбедува заштита во кризна состојба, а
најдолго до 30 дена.
• Привремено сместување се обезбедува за дете, за кое во моментот
кога е настаната потребата не може да му се обезбеди сместување во
згрижувачко семејство. Привременото сместување може да трае до
обезбедување на сместување во згрижувачко семејство, друга форма
на заштита или враќање во сопственото семејство, а најдолго до шест
месеци. Во случај кога на детето му е потребен стручен третман или
здравствена услуга, сместувањето, може да трае до една година.

Центарот за социјална работа може да смести дете во ученички дом или


друга установа, доколку оцени дека тоа е во најдобар интерес на детето да
го продолжи задолжителното образование за:
• дете без родители и дете без родителска грижа, до оспособувањето
за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршувањето на средно-

61
то образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспита-
нието да се обезбеди на друг начин и
• дете во ризик, дете од домаќинство кое користи гарантирана мини-
мална помош и дете жртва на семејно насилство.

Давателот на услугата може да дава и други сродни интегрирани услуги,


во зависност од потреби на корисникот за задоволување на инструментал-
ните активности од секојдневниот живот.
• Лице може да користи социјална услуга, доколку е развиена и дос-
тапна. Начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стан-
дардите за давање на социјалните услуги, ги пропишува министерот.
• На корисник кој поради специфичната социјална или здравствена
состојба има потреба за сместување и за постојана здравствена нега
и грижа може да му се обезбеди социјално здравствена услуга.
• Во зависност од потребите на корисникот, услугите од социјална
заштита можат да се даваат истовремено и комбинирано со услугите
кои ги даваат образовните, здравствените и други установи, за што
се склучува протокол за меѓусекторска соработка помеѓу надлежни-
те министерства и/или установите.

1. Барање (нема пропишан формулар);


2. Извод од матичната книга на родените за детето;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Уверение за државјанство;
5. Уверение од Управата за јавни приходи за семејно-материјалната по-
ложба;
6. Доказ дека лицето е регистрирано во евиденцијата на Агенцијата за
вработување и дека се води како невработено лице или, доколку е
вработено, потврда од фирмата во којашто работи, во која е наведена
висината на платата;
7. Потврда дека родителите се корисници на социјална парична помош
или на постојана парична помош и
Потребни 8. Лекарска белешка од општа здравствена установа за докажување на
документи за здравствената состојба на барателот.
апликација
Доколку родителите на малолетното дете, не се познати, тогаш центарот за
социјална работа ги собира потребните документи по службена должност.
За сместување на возрасни лица во социјална установа, се потребни след-
ниве документи:
1. Извод од матичната книга на родените (лицето треба да биде на во-
зраст над 65 години);
2. Уверение за државјанство;
3. Пензиски чек, доколку е корисник на пензија;
4. Изјава дека лицата се без семејна грижа, односно дека нема наследни-
ци од прв ред или, доколку има наследници, дека тие треба да докажат
дека не се во состојба да се грижат за лицето, при што доставуваат
доказ за семејно- материјалната положба (издаден од Управата за јавни
приходи), доказ за приходите по основа на плата или, доколку се не-
вработени, доказ за тоа дека се регистрирани во евиденцијата на Аген-
цијата за вработување.

62
4. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА РАНЛИВИ ГРУПИ

4.1. Дневно и привремено прифаќање и згрижување на бездомни


лица/семејства31
Во согласност Законот за социјална заштита, Законот за семејство, во
заштитата набездомни лица направен е значаен чекор во подобрување на
заштита на оваа група на граѓани преку остварување направо на дневно и
Основа/Цел привремено прифаќање и згрижување, преку давање советодавни услуги
во врска со исхрана, дневен престој, одржување на хигиена и културно-за-
бавни активности.
Бездомно лице е лице кое има перманентно одсуство подолго од еден ме-
сец, одсуство на социјална поддршка од блиски сродници и експлицитна
сиромаштија-отсуство на постојани извори на приходи.
Целна група Бездомни лица.

Услови за пристап Лице кое нема постојан, соодветен, безбеден и сигурен простор за живеење.

• Соодветен простор за престојување и преспивање;


• Здравствена заштита;
• Хигиенски услуги;
Бенефиции • Облека, обувки и храна;
• Поддршка за набавка на лична документација и остварување на пра-
вата одобласта на здравствена и социјална заштита;
• Советодавни услуги.

Потребни
документи за Лична и здравствена документација ако ја поседува лицето
апликација
Надлежни Центар за социјална работа, Организација на Црвен Крст, здруженија на
институции за граѓани.
имплементација

4.2. Поддршка на бездомници на територијата на Град Скопје


Поддршка и помош на лица бездомници на територијата на град Скопје.
Програмата има два дела на поддршка:
Основа/Цел • одржување на личната хигиена, промена на облека, добивање на ла-
ден оброк, медицинска и психолошка поддршка и
• вториот дел на програмата е прифатилиште со капацитет од 8 до 16
кревети за ранлива категорија на лица. Во прифатилиштето може да
се престојува најмногу до 5 дена.
Тело за Црвен Крст на Град Скопје
имплементација
Целна група Бездомници на територијата на Град Скопје
Услови за пристап Лица без средства, немаат услови за домување и кои се бездомници на те-
риторијата на Град Скопје.
• Одржување на хигиена
Бенефиции • Промена на облека
• Фризерски услуги

31
Закон за социјална заштита, Службен весник на РСМ бр.104 од 23.5.2019 година.

63
• Ладен оброк
• Медицинска помош -лекови
• Психолошка помош
• Сместување
• Пунктот работи два дена во неделата, а прифатилиштето е отворено-
во согласност со потребите на лицата корисници 24 часа. Локацијата
на пунктот е во Момин поток. Број на тел. 02/3139578.

Потребни Барање
документи за
апликација

4.3. Центар за жртви на трговија со луѓе32


Основа/Цел Обезбедување на квалитетни услуги за жртви на трговија со луѓе.

Тело за Национален Механизам за упатување, Здружение на граѓани Отворена


имплементација Порта, Скопје

Целна група Жртви на трговија со луѓе домашни и странски жртви кои имаат добиено
дозвола за привремен престој.
Услови за пристап Жртва на трговија со луѓе.

Бенефиции Сметување, исхрана, медицинска помош и заштита, безбедност, образо-


вание, доквалификација, преквалификација, социјална и психолошка под-
дршка и правна помош.
• Лична карта/пасош
Потребни
документи за • Здравствена книшка
апликација • Изјава за согласност за сместување од самата жртва ако е полнолетна
или изјава од родител ако жртва е малолетно лице.

4.4. Поддршка на заедницата на барателите на азил


Основа/Цел Поддршка на заедницата на барателите на азил во делот на образование,
психосоцијална помош, логистика и примарна медицинска помош.

Тело за ЈУ Прифатен центар за баратели на азил и ЈУ Меѓуопштински центар за


имплементација социјална работа

Целна група Баратели на азил

Лицето треба да има официјално поднесено барање за признавање на пра-


во на азил пред надлежна институција. Барањето за азил може да се искаже
на граничен премин во полициска станица или во Одделение за азил при
Услови за пристап Министерството за внатрешни работи (МВР). По поднесеното барање на
лицетово согласност со ЗАПЗ33 истото има право на сместување во Јавна
установа наменета за ваков тип на згрижување. МВР го известува МТСП
за секој нов подносител на барање за азил, по што со писмен допис МТСП
се обраќа до ЈУМЦСР да изготви решение за сместување на конкретното
лице во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил.
32
Национална стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија и
Национален Акциски план заборба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија 2017-
2022.
33
Закон за азил и привремена заштита Службен весник на Република македонија бр. 49/2003, 66/2007, 142/2008,
146/2009 и 166/2012

64
Сместување во јавна установа каде на штитениците им се обезбедува,
сместување, исхрана, психосоцијално советување, примарна здравствена
Бенефиции заштита како и едукативни активности за возрасните и образовни актив-
ности за најмалите баратели на азил кои во установата се во придружба на
нивните родители. Во детското катче (градинка) вработено стручно лице
од установата врши образовен едукативен процес.

Потребни Документи за потврда на нивниот статус на баратели на азил издадени од


документи за страна на Министерство за внатрешни работи.
апликација

Надлежни МВР-Одделение за азил, МТСП Одделение за азил, миграции и хумани-


институции за тарни помошти, ЈУ Прифатен центар за баратели на азил, ЈУ Меѓуопштин-
имплементација
ски центар за социјална работа.

4.5. Обезбедување на заштита за жртвите на семејно насилство


во центар/засолниште
Во согласност со Законот за семејство34 јавните овластувања на Цента-
рот за социјална работа е да обезбедува посебна заштита и помош на се-
мејството, работите сврзани со насилство во бракот и семејството.
Основа/Цел
Во засолништето за жртвите на семејното насилство, жртвата се испраќа
во придружба на одговорно лице од матичниот центар за социјална рабо-
та, заедно со копија од документацијата (решение за сместување, Наод
и мислење на стручниот тим и План за индивидуална работа со жртвата
подготвен во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа).

Тело за Служба за заштита на брак и семејство и семејно насилство, Одделение за


имплементација семејно насилств, Центар за жртви на семејно насилство

Како жртва може да се јави било кој член од семејството, без оглед на по-
лот и возраста.
Целна група • брачен другар
• дете
• постари членови во семејството и
• лица (членови на семејството), чија што деловна способност е де-
лумно или целосно одземена.
Жртвите на семејното насилство можат да се упатат во центар/засолниште
според следниве критериуми:
Услови за пристап • доколку постои отворена опасност и закана по животот и здравјето;
• поради примена на физичка сила, закана или заплашување од страна
на друг член на семејството;
• доколку во семејната средина нема можности за прифаќање на жрт-
вата и на нејзините деца.
1. Упатување во соодветно советувалиште.
2. Помош во насока на продолжување на редовното образование (кога во
семејството има дете кое е на редовно школување).
3. Известување на органот за прогон, во случаи кога е потребно презе-
Бенефиции мање мерки спрема сторителот: итно преземање на некоја рестрик-
тивна мерка (забрана на каков и да е вид комуникација, одземање на
оружјето); итно отстранување од семејството и други случаи каде што
е потребна соработка со органите на прогонот.
4. Овозможува потребна правна помош и застапување.
Закон за семејство, Службен весник на Република Македонија бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006 и 4/2008.
34

65
5. Покренува постапка пред надлежниот суд, врз основа на проценката
на стручниот тим.
6. По потреба, поднесува барање до судот за изречување привремена
мерка за заштита, што е во функција на заштита на жртвата од стори-
телот на семејното насилство.

Презема други мерки, неопходни за решавање на проблемот.

Пред упатувањето во засолниште, треба да се обезбедат следниве документи:


1. Донесен заклучок од страна на стручен тим за упатување на жрт-
вата во засолниште;
Потребни 2. Жртвата да прифати сместување и да ја пополни изјавата за соглас-
документи за
апликациј ност за престој во центар за лица - жртви на семејното насилство;
3. Решение, подготвено од правникот од соодветниот центар за со-
цијална работа, со кое жртвата се упатува на привремен престој
во засолниште, во кое ќе биде определено времетраењето на прес-
тојот и ќе се назначи по кој пат лицето се упатува таму, и
4. Информирање на вработените лица во засолништето.

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Оддел за социјално ис-


Надлежни клучени лица воспоставува комуникација со другите институции и уста-
институции за нови надвор од системот на социјалната заштита (медицински, образовни,
имплементација здруженија на граѓани и др.), специјализирани за одреден вид интервен-
ции што им се потребни на жртвите на семејното насилство.

4.6. Програма за заштита и грижа за внатрешно раселените


лица
Внатрешно раселените лица имаат право на заштита и на грижа доколку
имаат евидентен картон издаден откако лицето ќе се пријави во Минис-
Основа/Цел терството за труд и социјална политика.
Со евидентниот картон се докажува дека лицето е внатрешно раселено
лице од конфликтот/кризата во 2001 година.
Во почетокот на кризата, одреден број лица од кризните региони се сме-
стија во колективни центри, а одреден број во домаќинства.
Целна група Внатрешно раселено лице/семејства од конфликтот/кризата во 2001 година.
Евидентен картон добиваат лица кои немаат продадено имот во поранеш-
Услови за пристап ните кризни региони, не го напуштиле местото на живеење пред кризата,
немаат алтернативно живеалиште надвор од кризните региони и не им се
завршени тужбените постапките за обештетување од непознат сторител
кои овие лица ги водат против државата, односно, лицата не се обештете-
ни од страна на државата.

На домаќините кои згрижиле внатрешно раселени лица, месечно им се


исплатува по 4.600 (четири илјади и шестотини) денари.
Внатрешно раселените лица кои ги напуштиле колективните центри иза-
Тело за минале во домаќинства им се исплатува според бројот на членовите на
имплементација семејството.
• за едночлено семејство, се исплаќа по 6.000 (шест илјади) денари
месечна закупнина и 3.000 (три илјади) денари месечна парична по-
мош;

66
• за семејство од 2 до 4 члена, се исплаќа по 9.000 денари (девет илја-
ди) месечна закупнина и 5.400 (пет илјади и четиристотини) денари
месечна парична помош;
• за петчлено семејство се исплаќа по 12.000 денари (дванаесет илја-
ди) за месечна закупнина и 7.200 (седум илјади и двеста) денари
месечна парична помош.
За лицата кои сè уште престојуваат во колективните центри, се исплаќа по 400
(четиристотини) денари дневно по лице на колективниот центар за комплетни-
те услуги што ги добиваат внатрешно раселените лица, сместени во колекти-
вен центар. Во некои од колективните центри сè уште престојуваат лица кои
пред неколку години го изгубиле статуст на внатрешно раселени лица.
Потребни Евидентен картон издаден од МТСП дека е внатрешно раселено лице.
документи за
апликациј
Надлежни МТСП, Сектор за социјална заштита.
институции за Одделение за азил, миграција и хуманитарна помош.
имплементација

Остварување на правата на признаените бегалци, лицата


4.7. под супсидијарна заштита
Пристапот на бегалците до правата од областа на социјалната заштита,
здравствената заштита, образованието и пристапот до пазарот на трудот
во согласност со Законот за азил и привремена заштита (ЗАПЗ) и со ма-
Основа/Цел тичните закони од овие области.
Во согласност со предвидената динамика за преземање на одговорностите
што се под ингеренција на Министерството на труд и социјална политика,
почнувајќи од 01.05.2007 година, на лицата со признат статус на бегалец
им се овозможи целосно остварување на нивните права во институциите
за социјална заштита.
Целна група Бегалци, лицата под супсидијарна заштита

Поседување на решение од Министерството за внатрешни работи за со-


Услови за пристап одветен статус и лична карта за бегалец или за лице под супсидијарна
заштита.

• Право на престој.
• Право на сместување.
За остварување на правото за социјално домување во согласност „Правил-
никот за критериумите за користење на соодветен стан за сместување или
парична помош потребна за обезбедување простории за сместување на
признаен бегалец“35 или годишната Програма за интеграција на лицата на
кои им е признаено правото на азил во Република Северна Македонија за
Тело за тековната година, решава ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,
имплементација како првостепен орган.
На малолетните лица без придружба и на лица со пречки во психичкиот
развој кои побарале признавање на правото на азил им се определува ста-
рател во согласност со Законот за семејство и востановените Меѓуинсти-
туционални правила за постапување со непридружувани малолетници.
• Право на работа.
• Право на парична помош.
Службен весник на Република Македонија бр 111/10
35

67
Овие лица во согласност соодредбите од Законот за социјална заштита
имаат пристап до сите парични права уредени со овој закон на идентичен
начин како и македонските граѓани.
• Право на здравствена заштита.
Во согласност соизмените на законот за Здравствено осигурување36, при-
знаетите бегалци и лицата под супсидијарна заштита можат да ги оства-
руваат правата од примарната, секундраната и терцијарната заштита на
идентичен начин како и македонските граѓани. За да го искористат право-
то на здравствено осигурување, овие лица поднесуваат барање преку Цен-
тарот за интеграција, а придонесите за нивно здравствено осигурување ги
покрива МТСП од буџетски средства.
Потребни 1. Решение за статус на признаен бегалец или на лице под хуманитар-
документи за на заштита;
апликациј
2. Лична карта за бегалец или за лице под хуманитарна заштита.

Надлежни • МТСП, Сектор за социјална заштита.


институции за • Одделение за азил, миграција и хуманитарна помош.
имплементација • ЈУ Прифатен центар за баратели на азил, с. Визбегово, Скопје.
• Проектна единица Центар за интеграција на бегалци и странци.

4.8. Право на бесплатна правна помош


Со правото на бесплатна правна помош во согласност со Законот за
Основа/Цел бесплатна правна помош се има за цел да обезбеди еднаков пристап на
граѓаните и другите лица во согласност со начелото за еднаков пристап до
правдата. Постапката за бесплатна правна помош е итна постапка.

Тело за Министерството за правда, Адвокатската комора, органите на судската


имплементација власт, органите на државната управа, Центарот за социјалнa работa, здру-
женијата на граѓани и други органи.

Лицата кои, со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги


остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат соп-
ственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со
кои живеат во заедничко домаќинство државјаните на Република Северна
Македонија со постојано живеалиште во Република Северна Македонија,
и тоа:
• лица корисници на парична помош;
• корисници на правото на инвалидски додаток, кои не остваруваат
други приходи по основа на заработувачка или приходи од недвиж-
ности;
Целна група • корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со
две или повеќе лица издржувани од него и семејства или самохран
родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право
на детски додаток;
• лице на кое му е признаено правото на азил, внатрешно раселено
лице, како и раселено или прогонето лице кое на територијата на
Република Северна Македонија има престојувалиште;
• странски државјанин, кој во согласност со меѓународните договори,
без оглед дали на територијата на Република Македонија има прес-
тојувалиште или живеалиште, остваруванегово право за кое е надле-

36
Службен весник на Република Македонија бр26/2012

68
жен државен орган на Република Северна Македонија;
• лице без државјанство, кое законски престојува во Република Север-
на Македонија и
• државјанин на земја членка на Европската унија под услови и на
начин утврден со овој закон.

Лицето кое бара бесплатна правна помош и издршка на членовите на не-


говото семејство со кои живее во заедничко домаќинство aко приходите
Услови за пристап
по сите основи на тоа лице и членовите на неговото домаќинство не го
преминуваат износот од 50% од просечната месечна плата исплатена во
Република Северна Македонија за претходниот месец во времето на под-
несување на барањето за бесплатна правна помош.
Бенефиции
„Правен совет“ е информација за начинот и можностите за решавање на
одделно правно прашањe.
Барањата за бесплатна правна помош се поднесуваат до надлежното под-
рачно одделение на Министерството, лично или преку пошта, на образец
чија содржина ја пропишува министерот.
Кон барањето за бесплатна правна помош барателот доставува и писмена
Бенефиции изјава потпишана од него и од членовите на неговото семејство со кои
живее во исто домаќинство и заеднички ги сносат трошоците за живот за
нивниот вкупен движен и недвижен имот, како и дозвола за увид во сите
податоци за нивната имотна состојба.
Kога барател на бесплатна правна помош е лице жртва на семејно насил-
ство, тогаш изјавата ја поднесува лично и не е потребно да биде потпи-
шана од останатите членови на неговото семејство со кој живее во исто
домаќинство и по барањето се постапува веднаш.
Претходната правна помош, опфаќа:
• иницијален правен совет за правото за користење на правната по-
мош;
• општа правна информација и
• правна помош во комплетирањето на барање за бесплатна правна по-
мош.
Претходната правна помош се дава од овластено службено лице во под-
рачните одделенија на Министерството и од овластени здруженија на
граѓани.
Правна помош во постапка пред надлежен орган и организација, опфаќа:
• застапување во сите степени во судски и управни постапки и
• составување на писмена во судски и управни постапки.
Правната помош се реализира од адвокати.

69
5. ПРАВО НА СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ ЗА
СТАРИТЕ ЛИЦА

5.1. Право на социјална сигурност за старите лица


Основа/Цел Воведувње на посебн заштита на стари материјално необезбедени лица
Тело за Месно-надлежниот центар за социјална работа (ЈУ Меѓуопштински центар
имплементација за социјална работа), Министерството за труд и социјална политика.
Целна група Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Старо лице кое:
1. има државјанство на Република Северна Македонија;
2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија
Услови за пристап во последните 15 години пред поднесување на барањето;
3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид
на исплата по основ на старост, инвалидност од друга држава и
5. не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред
поднесување на барањето.

• Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за


Бенефиции старите лица изнесува 6.000 (шест илјади) денари.
• Паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за
потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од
октомври до март во изнесува 1.000 (една илјада) денари месечно,
усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година,
објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната
година.
• Право на здравствена заштита.

Потребна документација е:
1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна
Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта
за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита,
Потребни која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и
документи за државјанството;
апликација 2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист;
8. Потврда дека не поседува имот;
9. Потврда за остварени приходи од плата во Република Северна
Македонија или странство;
10. Потврда дека не е корисник на пензија остварена во Република
Северна Македонија или странство;
11. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко
моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и
трактор);

70
12. Договор за давање на плодоуживање на земјоделско земјиште во
сопственост на Република Северна Македонија.
13. Потврда од банка за штеден влог;

14. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од


вредност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина.
17. Потврда за постојано место на живеење во РСМ во последните 15
години при поднесување на барањењто.
• Прилог бр. 1 Барање за остварување на право на социјална сигурност
за старите лица
• Прилог бр.2 Изјава
• Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
• Прилог бр.9 Одговор на прибирање на податоци по службена
должност

Правилник за начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите,


имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или
лице кое живее во вонбрачната заедница, образец на барањето и потребната
документација за оставрување на правото на социјалн сигурност на старите
лица (Службен весник на Република Северна Македонија бр.109/2019).

71
КОРИСТЕНИ ИЗВОРИ

Закони
• Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/13,
12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и). Законот за
изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што Собранието на Република
Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 21 мај 2019 година („Службен
весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19).
• Дополнет предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата
по скратена постапка, во којшто се вградени амандманите усвоени од матичното работно
тело Комисијата за труд и социјална политика на седницата одржана на 29 и 30 март 2019
година и на седницата одржана на 17 мај 2019 година и од Законодавно-правната комисија
на седницата одржана на 14 мај 2019 година.
• Закон за социјална заштита (Службен весник на РСМ бр. 104/2019) http://mtsp.gov.mk/
content/pdf/zakoni/2019/28.5_zakon_SZ.pdf
• Закон за социјална сигурност за старите лица (Службен весник на РСМ бр. 104/19)
• http://mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2019/28.5_zakon_SZ_Starilica.pdf.

Правилници од Законот за заштита на децата


• Правилник за поблиски услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата,
како и утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинство
и семејстото за правата детски додаток, родителски додаток за дете и додаток за
образование(Службен весник на Република Северна Македонија бр.109/19).
• Правилник за формата, содржината на обрасците на барањата и потребната документација
за остварување на правата за заштита на децата (Службен весник на Република Северна
Македонија бр.109/19).

Правилници од Законот за социјална заштита


1. Правилник за начелата на внатрешна организација на центар за социјална работа (116/19).
2. Правилник за начиот на остварување на правото на гарантирана минимална помош,
утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството,
определувањето на носителот на правото, образецот на барањето и потребната
документација (Службен весник на Република Северна Македонија бр.109/19).
3. Правилник за начинот на соработка за вклучување на корисникот на гарантирана минимална
помош во активните мерки за вработување, како и формата и содржината на образецот на
индивидуалниот план (109/19).
4. Правилник за начинот на остварување на правото на парична помош на родител кој има
дете со попреченост, образецот на барањето и потребната документација за остварување
на ова право (Службен весник на Република Северна Македонија бр.109/19).
5. Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок заради попреченост,
потребната документација, составот на провостепената и на второстепената комисија,
формата и содржината на конзилијарното мислење, како и надоместокот за издавање на
конзилијарно мислење (Службен весник на Република Северна Македонија бр.111/19).

72
6. Правилник за начинот за остварување на правото на надоместок на плата за скратено
работно време, образецот на барањето и документацијата за остварување на правото
(Службен весник на Република Северна Македонија бр.109/19).
7. Правилник за начинот на остварување на правото на додаток за домување за лице кое до
18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно
и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, образецот на
барањето и потребната документација (109/19).
8. Правилник за начинот на остварување на правото на парична помош на родител кој има
дете со попреченост, образецот на барањето и потребната документација за остварување
на ова право (109/19).
9. Правилник за начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач,
образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (Службен
весник на Република Северна Македонија бр.109/19).
10. Правилник за начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и
имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во
вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување
на правото на социјална сигурност за старите лица (Службен весник на Република Северна
Македонија бр.109/19 и 188/19).
11. Правилник за критериуми за избор на згржувачко семејство, видот и бројот на корисниците
кои можаат да се сместат во едно згрижувачко семејство и видот и обемот на услугите од
социјална заштита што се обезбедуваат на сместените лица, (Службен весник на Република
Македонија бр.15/13).

73
74
75
76
77
78
79
80
81
82
83
84
85
86
87
88
89
90
91
92
93
94
95
96
97
98
99
100
101
102
103
104
105
106
107
108
109
110
111
112
113
114
115
116
117
118
119
120
121
122
123
124
125
126
127
128
129
130
131
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

364-787-053.2(497.7)(035)

ДИМИТРИЈОСКА, Сунчица
Права и услуги во рамките на системот на детска и социјална
заштита во Република Северна Македонија / Сунчица Димитријоска. - Скопје
: Здружение на социјални работници на Македонија, 2019. - 133 стр. :
табели ; 30 см

Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 72-73. - Содржи и: Прилози

ISBN 978-608-66437-0-6

а) Деца - Социјална заштита - Македонија - Прирачници


COBISS.MK-ID 111653386

You might also like