You are on page 1of 3

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА

МАКЕДОНИЈА

Основниот суд Велес како првостепен парничен суд во совет


составен од Судијата АА како претседател на советот и судиите
поротници В В и ВВ , како членови на советот, постапувајки по
тужбата на тужителот Друштво за угостителство и трговија И АД Велес
во стечај, против тужените Друштво за угостителство и трговија Е
ДООЕЛ Велес, С банка АД Скопје и ДПТУ МАК ДООЕЛ Скопје, за
побивање на правни дејствија, вредност на спорот 14.160.000,00 денари,
по одржаната усна, главна и јавна расправа, во присуство на
полномошникот на тужителот адвокат ТР полномошникот. на
првотужениот адвокат КК , полномошникот. на второтужениот адвокат
ЛЛ полномошникот на третотужениот адвокат ОО на ден 18.05.2020
година ја донесе и јавно ја објави следната

ДЕЛУМНА П Р Е С У Д А
/ Врз основа на одрекување /

Тужбеното барање на тужителот Друштво за угостителство и


трговија И АД Велес во стечај, со кое бара да се утврди дека
правното дејствија на првотужениoт Друштво за угостителство и
трговија Е ДООЕЛ Велес,, и тоа:

Договор за хипотека - Нотарски акт под ОДУ.бр.134/00 од


26.05.20 година во делот во кој тужителот во корист на
второтужената С банка АД Скопје, а заради обезбедување на
побарување на третотужениот С Банка АД Скопје спрема тужениот
„ МАК ДООЕЛ Скопје го дал под залог- хипотека објектот деловен
постор на КП.бр., план бр. , скица бр. во м.в.„ Вода“објект 432 м.кв., со
вкупно изградена површина од 600 м.кв., двор на КП.бр., “ со површина
од 5757 м.кв., на ИЛ.бр.478 за КО Велес .

Е БЕЗ ДЕЈСТВО СПРЕМА СТЕЧАЈНАТА МАСА во стечајната


постапка отворена над тужителот во стечај и да

ДА СЕ ЗАДОЛЖИ првотужениот ДУТ Е ДООЕЛ Велес да го


врати гореопишаниот објект во стечајната маса СТ.бр. ----- на
тужителот, во рок од 8 дена од приемот на пресудата СЕ ОДБИВА
КАКО НЕОСНОВАНО.

. Секоја странка ги сноси своите трошоци во постапката.

Образложение
На денешната расправа полномошникот на тужителот го извести
судот дека имајки ја во предвид економската состојба на стечајниот
должник со цел да не се обременува со трошоци истата , а од
причина што од изведените докази а особено од спроведените

1
вештачења произлегува дека од страна на првотужениот во
целост се исполнети обврските од склучените договори со
тужителот, се одрекува од тужбеното барање спрема првотужениот
. Останува при тужбата спрема второ и третортужениот Не бара
трошоци.
Во одговор полномошникот на првотужениот наведе дека се
согласува со одрекувањето oд тужбеното барање и предалaгам
судот да донесе соодветна одлука.

Според чл. 318 од ЗПП “ (1)Ако тужителот до заклучувањето на


главната расправа се одрече од тужбеното барање, судот без
натамошно расправање ќе донесе пресуда со која го одбива
тужбеното барање (пресуда врз основа на одрекување). (2)За
одрекување од тужбено барање не е потребна согласност на
тужениот. (3)Судот нема да донесе пресуда врз основа на одрекување и
кога се исполнети потребните услови, ако најде дека се работи за
барање со кое странките не можат да располагаат (член 3 став (3)).
(4)Донесувањето на пресуда врз основа на одрекување ќе се одложи ако
е потребно за околностите од ставот (3) на овој член претходно да се
прибават известувања. (5) Одрекувањето од тужбеното барање, на
рочиште или во писмен поднесок, тужителот може и без согласност на
тужениот да го отповика до донесувањето на пресудата.
Имајќи во предвид дека тужителот се одрече од тужбеното
барање а изјавата за одрекување од тужбеното барање е дадена
јасно и несомнено изразена, во услови кога не се работи за барање
со кое странките не можат слободно да располагаат во смисла на чл.3
ст. 3 од ЗПП , судот согласно чл.318 од ЗПП в.в.чл.315 од ЗПП донесе
пресуда врз основа на одрекување и одлучи како во диспозитивот на
пресудата .

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС ----на 18.05.2020 година.

Претседател на совет
Судија

ПРАВНАПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба поради


суштествена повреда на одредбите од парничната постапка или
поради тоа што изјавата за одрекување е дадена во заблуда или
под влијание или присила или измама во рок од 8 дена од денот на
приемот преку овој суд до Апелациониот суд во Скопје.

НАЛОГ ЗА ТАКСА

ДН

2
3

You might also like