You are on page 1of 29

П4.бр.

6/17

П4.бр.6/17

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ОСНОВНИОТ СУД КАВАДАРЦИ, како надлежен, првостепен, парничен


суд и тоа судијата Љубинка Костадинова, како судија поединец, со записничар
Драгица Лазова, одлучувајќи во правната работа на тужителите Ј.З. од К. ул:„С.
бр... и З.А... од Б. ул:„Т..“ бр...., против тужените Д. за промет на големо и мало
М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., со седиште на ул:„И.....и Ц.С. од К. ул.„И..“ бр..., како
управител и содружник на првотужениот, за надомест на штета и исполнување
на обврски, вредност 1.065.600,00 денари, по одржаната главна, јавна и усна
расправа, на ден 4.06.2018 година, во присуство на полномошникот на
тужителите . адвокат од Б. и полномошникот на тужените Павлинка Димитрова,
адвокат од К., а на ден 19.06.2018 година, ја донесе и објави следната:

ПРЕСУ Д А

I. Тужбеното барање на тужителите Ј.З. од К. и З.А. од Б., ДЕЛУМНО СЕ


УСВОЈУВА.

1. СЕ ЗАДОЛЖУВА второтужениот Ц.С. од К., како единствен содружник и


управител на Друштвото за промет на големо и мало М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., на
име надомест на штета, исполнување на обврски, по пресуда ГЖ.бр.3519/12 од
29.03.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Договор за отстапување на
побарување заверен кај нотар В..З..... од Б. под УЗП.бр.2040/15, да им исплати
на тужителите и тоа:

2.На тужителот Ј.З. од К. износ од 597.111,00 денари, со законска затезна


камата согласно ЗВСЗК, сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а
од 01.02.2010 година до исплатата со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени до исплатата;

- износ од 148.489,00 денари со законска казнена камата, во висина на


референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени, сметано од 29.03.2013 година до исплатата, а
во рок од 15 дена, по приемот на пресудата.

3. На тужителот З.А. од Б. износ од 256.000,00 денари, со законска


затезна камата, согласно ЗВСЗК, сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010
година, а од 01.02.2010 година до исплатата, со законска казнена камата во
висина на референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени до исплатата;

- износ од 64.000,00 денари со законска казнена камата, во висина на

1
П4.бр.6/17

референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на


последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемена за 8 процентни поени, сметано од 29.03.2013 година до исплатата, а
во рок од 15 дена, по приемот на пресудата.

РЕШЕНИЕ

I. Тужбата на тужителите, во делот од тужбеното барање, со кое бараат


солидарно со второтужениот Ц.С. од К. и првотужениот Друштво за промет на
големо и мало М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., да им исплати на тужителите на име
надомест на штета и исполнување на обврски по пресуда ГЖ.бр.3519/12 од
29.03.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Договор за отстапување на
побарување заверен кај нотар В..З..... од Б. под УЗП.бр.2040/15 и тоа:

1. На тужителот Ј.З. од К. износ од 597.111,00 денари, со законска затезна


камата согласно ЗВСЗК сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од
01.02.2010 година до исплатата со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени до исплатата;

- износ од 148.489,00 денари со законска казнена камата, во висина на


референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени, сметано од 29.03.2013 година до исплатата;

2. На тужителот З.А. од Б. износ од 256.000,00 денари, со законска


затезна камата согласно ЗВСЗК, сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010
година, а од 01.02.2010 година до исплатата со законска казнена камата, во
висина на референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени до исплатата;

- износ од 64.000,00 денари со законска казнена камата, во висина на


референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемено за 8 процентни поени, сметано од 29.03.2013 година до исплатата, СЕ
ОТФРЛА.

Се задолжува второтужениот да му ги надомести трошоците на


постапката на тужителите во износ од 221.488,00 денари, во рок од 15 дена, по
приемот на одлуката.

Барањето на тужителите со кое бараат да се задолжат тужените да им ги


надоместат трошоците на постапката, во делот на разликата од досудениот до
бараниот износ од 436.097,00 денари, се одбива како неосновано.

ОБРА ЗЛОЖ ЕНИЕ

2
П4.бр.6/17

Тужителите Ј.З. и З.А., преку полномошник адвокатско друштво В...... од


Б., на ден 30.04.2015 година, во овој суд поднесе тужба против тужените
Друштво за промет на големо и мало М... Т.... Ц... ДООЕЛ К. и Ц.С. од К., за
надомест на штета и исполнување на обврски, вредност 1.065.600,00 денари.

Полномошникот на тужителите, адвокат В..... С..... од Адвокатското


друштво „В......“- Б., во тужбата и на расправата наведе дека според пресуда на
Апелационен суд Скопје ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2013 година, првотужениот бил
задолжен да му исплати на првотужителот, на име стекнување без основ износ
од 853.111,00 денари, со камата како и трошоци во постапката во вкупен износ
од 212.489,00 денари. Првотужителот повел извршна постапка за присилна
наплата на своето побарување кај извршител Б..... Б....., заведена под
И.бр.747/13, против сега првотужениот како должник, кој по однос на барањето
се произнел дека не поседувал во своја сопственосот никаков подвижен и
недвижен имот, дека не бил активен, дека не вршел никаква деловна активност,
немал приходи, немал вработени лица, не поседувал хартија од вредност, немал
удел во друго трговско друштво, немал побарувања, немал парични средства и
немал други права врз кои би можело да се спроведе извршувањето.
Извршителот од Агенцијата за катастар на недвижности, добил потврда дека
сега првотужениот не бил запишан како носител на права во АКН, добил
известување од МВР дека првотужениот не поседувал моторни возила.

На ден 08.04.2015 година, првотужителот отстапил еден дел од своето


побарување на сега второтужителот со Договор УЗП.бр.2040/15 на нотар м-р
В..З..... од Б., а на ден 27.04.2015 година, согласно чл.426 ст.1 од ЗОО, за
ваквото отстапување бил известен должникот, сега првотужениот.

Смета дека тужените им причиниле штета, заради невозможност за


наплата на побарувањето кое го имале според пресудата. Првотужениот како
трговско друштво во правниот промет бил должен да ги исполнува своите
обврски онака како што доспевале, обврската на првотужениот според пресудата
доспеала за наплата на 29.01.2007 година. Според листинзи од обработени
годишни сметки за првотужениот за 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 година, кои
биле јавни исправи и имале доказна сила, првотужениот во завршните сметки до
31.12.2009 година прикажувал капитал по основ на финансиски вложувања ( во
АД М.....), износ од 10.365.496,00 денари, за да во 2010 година, наплатил дел од
тоа побарување и на крајот од 2010 година, прикажал капитал на име
финансиски вложувања ( во АД М.....) износ од 9.733.679,00 денари, при што за
цело тоа време бил способен за плаќање - солвентен. Побарувањето на
тужителите спрема првотужениот произлегувало од тоа што сега првотужителот,
од свои сопствени средства своевремено го исплатил износот од 853.111,00
денари на доверителите на АД „М.....“, при што како купувач на ваквите
побарувања се јавувал сега првотужениот „М... Т.....“ Ваквите побарувања
првотужениот ги наплатил од АД М..... на ден 15.12.2009 година, износ од
1.155.799,00 денари, а на ден 07.03.2011 година наплатил уште износ од
8.922.164,00 денари. На ден 18.03.2011 година сега второтужениот Ц.С., без
веродостоен документ, со стварање на обврска на првотужениот спрема
второтужениот, за исплата на други лични примања по договор, си префрлил на
своја лична сметка износ од 8.000.000,00 денари, наместо овој износ со
соодветна камата да го исплати на сега првотужителот.

3
П4.бр.6/17

Се повикува на одредбите од чл.251 ст.4 и ст.5 од ЗОО. Наведува дека во


извршна постапка И.бр.747/13 на извршител Б..... Б..... се утврдило дека
настапила невозможност за исполнување на обврската на првотужениот, заради
што сега тужителите истакнувале побарување по основ надомест на штета
спрема првотужениот.

Второтужениот бил и сеуште бил основач -содружник и управител на


првотужениот. Истиот со неосновано „празнење“ на сметката на првотужениот на
18.03.2011 година, без веродостоен документ ја испразнил сметката на
првотужениот, со што го оставил првотужениот, без средства од кои требало да
се исплатат обврските спрема сега првотужителот. Второтужениот незаконски
располагал со имотот на првотужениот. Со ваквото дејствие второтужениот како
содружник на првотужениот, спротивно на закон располагал со средствата на
првотужениот, како со свој сопствен имот, па согласно чл.28 ст.1 т.3 од ЗТД,
содружник одговорал неограничено и солидарно за обврските на друштвото, по
основ на пресудата на Апелациониот суд Скопје и договорот за отстапување на
побарување.

Се повикува и на одредбите од чл.241 до чл.250 од ЗТД, и смета дека


управителот бил должен да ги води работите на друштвото со внимание на
уреден и совесен трговец и спрема доверителите бил лично неограничено и
солидарно одговорен, доколку работел спротивно на ЗТД. Второтужениот како
управител на првотужениот, непостапувал со внимание на уреден и совесен
трговец, ја испразнил сметката на друштвото, иако знаел и морал да знае дека
друштвото има обврски спрема трети лица, помеѓу кои на овде тужителите.

Согласно чл.46 од ЗОО, волјата на одговорните лица во правното лице, ја


супституирале волјата на правното лице. Во меѓувреме на првотужениот
настапил и условот за стечај согласно чл.5 од Законот за стечај, неговата сметка
непрекинато била блокирана повеќе од 45 дена, сметано од 06.07.2013 година, а
второтужениот до денес не поднел предлог за стечај, што било спротивно на
чл.51 ст.9 од Законот за стечај. Непостапувањето согласно оваа императивна
одредба од Законот за стечај, од второтужениот како управител, воедно и орган
на надзор, согласно чл.244 од ЗТД, довело до губење на права на тужителите
заради протек на рокови предвидени во одредбите од чл.172 до 188 од Законот
за стечај, заради што согласно чл.51 ст.8 од Законот за стечај, сега
второтужениот одговарал лично, солидарно и неограничено за надомест на
штета, спрема доверителите на друштвото.

Предложи судот да го усвои тужбеното барање на тужителите спрема


двајцата тужени, солидарно да бидат задолжени на тужителите на име надомест
на штета и исполнување на обврски по пресуда ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2013
година на Апелациониот суд Скопје и Договор за отстапување на побарување
УЗП.бр.2040/15 на м-р В..З....., да им исплатат на тужителите и тоа на: тужителот
Ј...З....... од К. износ од 597.111,00 денари, со законска затезна камата, согласно
ЗВСЗК сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од 01.02.2010
година до исплатата со законска казнена камата, во висина на референтната
стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието, што му претходело на тековното полугодие, зголемено за 8

4
П4.бр.6/17

процентни поени до исплатата, износ од 148.489,00 денари со законска казнена


камата, во висина на референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие,
важела на последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното
полугодие, зголемена за 8 процентни поени, сметано од 29.03.2013 година до
исплатата.

На тужителот З.А. од Б. износ од 256.000,00 денари, со законска затезна


камата, согласно ЗВСЗК сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а
од 01.02.2010 година до исплатата со законска казнена камата, во висина на
референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, што му претходело на тековното полугодие,
зголемена за 8 процентни поени до исплатата, износ од 64.000,00 денари со
законска казнена камата, во висина на референтната стапка на НБ на РМ, што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието, што му претходело
на тековното полугодие, зголемена за 8 процентни поени сметано од 29.03.2013
година до исплатата.

Предложи докази, побара трошоци.

Полномошникот на тужениот во одговор на тужбата, како и на расправата


наведе дека, од содржината на пресудата ГЖ.бр.3519/12 на Апелационен суд
Скопје, се утврдило дека датата 29.01.2007 година, била земена како термин од
кој ќе се засметува затезна камата, а тоа е денот на поднесување на тужбата од
страна на тужителот. Обврската на првотужениот доспеала на ден 29.03.2013
година, кога оваа пресуда станала правосилна, па од тој ден за првотужениот
настапила обврска за плаќање на долгот. Неоснована и недокажана била
околноста дека второтужениот неосновано, без веродостоен документ со
стварање на обврска на првотужениот, спрема второтужениот за исплата на
други лични примања, по договор си префрлил на своја лична сметка износ од
8.000.000,00 денари. Во целост приговараат на изготвеното вештачење од
вештото лице Ж.... К........, материјалот кој бил користен за изготвување на
вештиот наод и мислење бил несоодветен за давање на стручно мислење од
страна на вештото лице. Вештачење со ваквата содржина неможело да се
заснова на завршни сметки предадени во Централниот регистар, ниту пак на
записници од извршена контрола и тоа во период кој воопшто не го покривал
времето на пристигната обврска на тужителите спрема првотужениот.

Барањето неможело да биде насочено кон второтужениот, било какви


информации и вештачење вештото лице требало да ги бара во седиштето на
првотужениот, односно седиштето на правното лице. Вештакот не ја запазил
постапката за вештачење од формален карактер, не го известил првотужениот
на соодветен начин со одредување на ден и час на вештачење, ниту пак
известувањето го доставил на било кој од тужените, па ваквото вештачење
неможело да се смета за релевантен доказ. Констатацијата дека управителот
бил свесен и свесно ги одбегнувал обврските кон добавувачите, како и дека
свесно ги отпишал некои од побарувањата, била недозволива и надвор од секоја
законска рамка. Во вештачењето бил должен во целост да се огради од
таквите констатации. Вештачењето било неподобно како во формален така и во
материјален дел и неможело да биде дел од доказната постапка. Износот од
8.000.000,00 денари, кои како средства ги подигнал оснивачот од сметката на

5
П4.бр.6/17

првотужениот, во тој период кога средствата биле подигнати, тужителот воопшто


немал побарување спрема друштвото, па ниту првотужениот, ниту
второтужениот како оснивач, знаел и можел да знае за неговото подоцнежно
побарување, ниту пак можел да дејствува во насока да го оштети тужителот. Во
тој период првотужениот и да сакал неможел и немал никаков основ да го
исплати тој износ од првотужителот, затоа што истиот сеуште не бил доверител
и немал утврдено побарување. Првично водениот спор од кој првотужителот го
црпе своето побарување, завршил во корист на првотужениот со правосилна
пресуда. Подоцна врз основа на искористен вонреден правен лек пресудата е
преиначена, па второтужениот во никој случај неможел да знае за подоцнежното
побарување на првотужителот, па да може да делува на негова штета. И покрај
тоа што пресудата на Апелационен суд Скопје ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2013
година била правосилна и извршна, истата била спорна. Начинот на кое било
утврдено побарувањето на првотужителот без поткрепа на содветните докази
оставала трага врз законитоста на донесената пресуда и покрај тоа што истата
веќе била пресудена работа.Тужените ниту биле свесни, ниту можеле да знаат,
за настанување на евентуална идна обврска за правното лице, бидејќи во тој
период имале правосилна пресуда со која тужбеното барање на тужителот било
одбиено како неосновано.

Во никој случај неможело да најде примена чл.28 ст.3 од ЗТД во случајот


второтужениот како единствен содружник во друштвото не располагал со имотот
на друштвото, туку располагал со неговата добивка што било негово
право.Таквото располагање било уредно одданочено согласно Законот за данок
на добивка што се потврдувало од вештиот наод и мислење. Располагањето не
било спротивно на закон, независно дали во тој момент постоел или не постоел
формален правен основ, во вид на акт, договор и сл. Подигнувањето на
паричните средства не било извршено со намера некому да се нанесе штета,
бидејќи во тој момент М... Т.... немал доверители со евидентирани побарувања
во книговодството. Недокажана била и одговорноста на управителот дека
постапил погрешно на чл.241 ст.1 од ЗТД. Согласно чл.241 а в.в. со чл.51 ст.9 од
Законот за стечај, била покрената стечајна постапка над првотужениот, која
сеуште била во тек.

Во спорови заведени согласно чл.51 ст.8 од Законот за стечај, и чл.241 од


ЗТД, одговорноста на органот на управување на должникот не значело
автоматска одговорност, но морало да се утврдат факти, дали се исполнети
условите за надомест на штета.

Го оспоруваат тужбеното барање на тужителите во целост, како по однос


на главното барање, така и во делот на каматата. Смета дека во случајот се
применувал чл.266 и 313 од ЗОО. Ваквата обврска за второтужениот неможела
да се утврди за периодот пред поднесување на оваа тужба, смета дека спрема
него барањето за исплата на долгот, се смета од моментот на поднесување на
тужбата.

Предложи докази, побара трошоци.

Во доказната постапка судот ги изведе предложените докази и тоа:


изврши увид во фотокопие од лична карта на тужителот Ј.З., во фотокопие од

6
П4.бр.6/17

лична карта на тужителот З.А., во Тековна состојба издадена од ЦР на РМ бр.


0805-50/150020150083246 од 29.04.2015 година, во пресуда на Апелационен суд
Скопје ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2013 година, во барање за податоци од должник
на извршител Б..... Б..... за подрачјето на овој суд И.бр.747/13 од 23.03.2015
година, во дополнување на известување од извршител Б..... Б..... до Ј...З....... под
И.бр.747/13, во барање за информации податоци поради спроведување на
извршување од извршител Б..... Б..... И.бр.747/12 од 20.05.20134 година, во
потврда од АКН бр.1108-133/2013 од 22.05.2013 година, во барање од извршител
Б..... Б..... И.бр.747/13 од 20.05.2013 година, до МВР -ПС К., известување од МВР
Отсек за управни работи за К., до извршител Б..... Б..... Рег.бр.... од 05.06.2013
година, во Договор за отстапување на побарување заклучен на ден 08.04.2015
година во Б. помеѓу Ј.З. од К. и З....... од Б., заверен кај нотар м-р В..З..... за
подрачјето на Основен суд Битола под УЗП.бр.2040/15 од 08.04.2015 година, во
известување од Ј...З....... до друштвото М... Т.... Ц... ДООЕЛ К. од 27.04.2015
година, со потврда за прием на пратка од 27.04.2015 година, Преглед на
податоци од годишната сметка на првотужениот за 2008 година, издадена од ЦР
на РМ Б. бр.09-23/20 од 27.04.2015 година, преглед на податоци од годишната
сметка за првотужениот за 2010 година издаден од ЦР на РМ Б. бр.09-23/21 од
27.04.2015 година, во листинг од обработена годишна сметка за првотужениот
издаден од ЦР на РМ регистар за годишни сметки бр...............од 24.03.2015
година, преглед на податоци од годишната смека на првотужениот за 2012
година во известување од ЦР на РМ РРК Б. бр.09-31/7 од 24.03.2015 година, во
барање за вештачње до вешто лице Ж........... од АД В...... Б. од 30.03.2015 г., во
барање за информација од вешто лице Жарко К........ од УЈП Регионална
дирекција Скопје од 27.04.2015 година, во Наод и мислење на вешто лице Ж.
дипл.економист постојан... судски вештак од областа на економија со лиценца за
вештачење од 28.04.2015 г., во записник од УЈП Регионална дирекција К.,
даночен инспекторат бр......... од 20.03.2015 година, во историјат со промени за
друштвото М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., издаден од ЦР на РМ со генерирани податоци
од 24.03.2015 година, историјат на банкарски сметки со база на податоци од
22.02.2013 година, издаден од ЦР Б. бр.08-19/75 од 24.03.2015 година, во
Имотен лист бр.2471 за КО К. 2 издаден од АКН бр.1105-3956/2015 година, од
31.03.2015 година, во извадок од Сл.весник на РМ бр.133 од 05.08.2015 година,
во дел од стечајни постапки, во наод и мислење од вешто лице дипломиран
економист М......... МН........а од В. од јуни месец 2015 година, во решение на
Основен суд Велес СТ.бр.81/15 од 03.06.2015 година, во Тековна состојба за
првотужениот со деловоден бр.306201501524 стр.2 и 4 издадена од ЦР на РМ за
промена на сопственици, во решение на Апелационен суд Скопје ГЖ.бр.3805/15
од 14.07.2015 година, во решение на овој суд П4.бр.30/15 од 20.05.2015 година,
ги прочита исказите на првотужителот Ј.З. и на второтужениот Ц... Стојанов
дадени на рочиште за главна расправа по предметот П4.бр.30/15 од 13.10.2015
година, изврши увид во сите списи во предметот на овој суд П.бр.72/07
презаведен под Нов Пбр.183/09 во кој се наоѓаат и списите на предметот
ПП.бр.12/11, во сите списи во предметот на овој суд П4 бр.30/15, го сослуша
првотужителот Ј.З. во својство на странка, изврши увид во дополнување на наод
и мислење -насловен како дополнителен извештај од вешто лице
дипл.економист М......... МН........а од Велес, од март 2018 година, примено во
судот на ден 06.03.2018 година, со прилози, известување од тужените преку
полномошник Павлинка Димитрова до вешто лице М......... МН........а од Велес од
27.02.2018 година, известување од 28.02.2018 година, во информација од ЦР на

7
П4.бр.6/17

РМ, Регионална регистрациона канцеларија Велес бр.0815-17/4/1 од 23.02.2018


година, во Известување од МВР Отсек за управни рботи, за К., до извршител
Б..... Б..... Неготино, Рег.бр.10.1.6.1-968/2/13 од 05.06.2013 година, во
Известување од МВР Отсек за управни работи за К. до адвокат Александар
Атанасовски Рег.бр.11.1.6-1-37/15 од 15.01.2015 година, во Уверение од Агенција
за катастер на недвижности, бр.1108-3/2015 од 13.01.2015 година, во потврда од
Агенција за катастар на недвижности бр.1108-133/2013 од 22.05.2013 година,
дополнувањена Известување од извршител Б..... Б..... до Ј.З. од К., по И.бр.
737/13, во Потврда од ЦР на РМ, Регионална. регистрациона канцеларија Велес.
бр. 0817-20/4 од 12.01.2015 година, извештај на состојба на сметката на
имателот на сметката, од Стопанска банка АД Скопје, филијала К. од 01.04.2015
година, преглед на блокади од Стопанска банка АД Скопје, во Потврда од
Централен депотизатар за хартии од вредност АД Скопје, бр.08-201/2 од
14.01.2015 година, во Тековна состојба за друштвото М... Т.... Ц... ДООЕЛ К.,
издадена од ЦР на РМ, бр. .................... од 31.10.2017 година, во информација од
ЦР на РМ, Регионална регистрациона канцеларија Велес, РК К., бр.0914-31/29-1
од 26.02.2018 година, го сослуша второтужениот Ц.С. и како овластено лице за
застапување на првотужениот, изврши увид во дополнување на екномско
финансиско вештачење од вешто лице Жарко К........ од Скопје, од 04.04.2018
година, дипл. економист, судски вештак од областа на економија со бр. на
лиценца 07-864/2, па по оцена на секој доказ посебно, ценејќи ги и сите докази
заедно и во нивна меѓусебна поврзаност, и врз основа на резултатите од
постапката, а согласно чл.7 и чл.8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба:

Тужителот Ј.З. од К. на ден 30.01.2007 година, во овој суд, преку


полномошник Ленче Паламидова, адвокат од К., поднел тужба против тужениот
М... Т.... ДООЕЛ К., со седиште на ул:„И........, за стекнување без основ, вредност
853.111,00 денари, заведена под П.бр.72/07. По спроведена постапка, судот
донел пресуда П.бр.72/07 од 06.02.2009 година, со која го усвоил тужбеното
барање на тужителот, го задолжил тужениот на име стекнување без основ да му
палти износ од 853.111,00 денари, со законска затезна камата, сметано од
01.01.2005 година до исплатата, како и трошоци на постапката. Апелациониот
суд Скопје со Решение ГЖ. бр.2803/09 од 10.07.2009 година, ја усвоил жалбата
на тужениот, ја укинал пресудата на овој суд и предметот е вратен на повторно
судење.

При повторно постапување, судот повторно донел пресуда П.бр.72/07 од


18.12.2009 година, со која го усвоил тужбеното барање на тужителот, со
законска затезна камата, сметано од денот на поднесување на тужбата
29.01.2007 година до исплатата, како и трошоци во постапката во износ од
127.664,00 денари. Апелациониот суд Скопје донел пресуда ГЖ.бр 1311/10 од
20.05.2010 година, со која жалбата на тужениот М... Т.... ДООЕЛ К., изјавена
преку неговиот полномошник Ѓ....., адвокат од К. е усвоена. Пресудата на овој
суд П.бр.72/07 од 18.12.2009 година, објавена на ден 30.12.2009 година, е
преиначена и се пресудува, тужбеното барање на тужителот се одбива како
неосновано. Тужителот е задолжен да ги надомести трошоците на постапката на
тужениот, во вкупен износ од 197.456,00 денари.

Тужителот поднел ревизија, Врховниот суд на РМ донел пресуда Рев.


бр.998/2010 од 20.10.2010 година, со која ревизијата е одбиена како неоснована.

8
П4.бр.6/17

Според образложението на одлуката, од причина што износот кој тужителот го


побарувал од 853.111,00 денари, не преминал во имотот на тужениот, бидејќи
побарувањето било оспорено во стечајната постапка Ст.бр.26/08 над АД М.....
с.Марена, К..

Имено, сега првотужителот Ј.З., овластеното лице за застапување на сега


првотужениот М... Т.... ДООЕЛ К., Ц.С. и како второтужен, и лицето Т....... од
Н......., во почетокот на 2003 година, се договориле да извршат откуп на
побарувања, пријавени во стечајна постапка која во тоа време се водела према
друштвото АД М..... с.М.... К.. Се договориле при откупот на побарувањата
подендакво да учествуваат сите тројца со парични средства, а како откупувач на
побарувањата да се јави фирмата на Ц... С....., сега првотужениот М... Т....
ДООЕЛ К.. Започнале со реализирање на усмениот договор и склучиле 26
договори за откуп на побарувањата, а вкупниот паричен износ изнесувал
10.300.000,00 денари. По склучување на договорот за откуп на побарувањата,
почнале со исплата на побарувањата, плакањето било различно за секој
доверител. Законскиот застапник на М... Т.... ДООЕЛ К., Ц.С. со свои парични
средства, исплатил дел од побарувањата на доверителите, и во целост не ги
исплатил. Поради тоа сега тужителот Ј.З., со свои парични средства, исплатил
дел од побарувањата, и тоа на лицето Д..... износ од 394.500,00 денари, на
лицето А.... износ од 165.666,00 денари, на Н.........А........ износ од 15.525,00
денари, на П... М. износ од 226.744,00 денари, и на Т...... Т...... износ од 51.250,00
денари. При исплатата на овие парични средства, доверителите на АД М.....
с.М...., К., во стечај, потпишале и писмени изјави заверени кај нотар, во кој бил
наведен вкупниот број на побарувањата, што овие доверители ги имале према
АД М..... с.М...., К. во стечај, од каде произлегувале овие побарувања. И покрај
тоа што биле склучени писмени договори за откуп на побарувањата, помегу
доверителот АД М..... с.М.... во стечај и сега првотужениот М... Т.... ДООЕЛ К.,
поединечните побарувања во книговодствената евиденција на М... Т.... не биле
прокнижени. На контото вложени средства за откуп на побарување, вкупно бил
еведентиран износ од 10.365.496,00 денари, што значело дека овој износ што
сега првотужениот го должел на доверителите, истиот ги побарувал од АД М.....
с.М.... во стечај. Во мегувреме односите помегу тужителот Ј.З., и законскиот
застапник на првотужениот, се нарушиле поради нерасчистени сметки, поради
што не го реализирале во целост договорот за откуп на побарувањата, кој биле
пријавени во стечајната постапка према АД М..... с.М...., К..

По завршување на стечајната постапка, сега второтужениот бил


управител и на АД М..... с.М.... и продолжил да работи со фирмата. Сега
првотужителот имал акции во АД М..... с.М...., но не бил вработен. Во тој период
барал од Ц.С., побарувањата со Т......Ј... да ги прокнижи во книговодствената
евиденција на М... Т.... и кога ќе има пари да им ги исплати. Сега второтужениот
уште тогаш се противел. Од тие причини сега првотужителот Ј.З. на ден
29.01.2007 година, во овој суд, ја поднел тужбата против тужениот М... Т....
ДООЕЛ К., за стекнување без основ, вредност 853.111,00 денари.

Со решение СТ.бр.26/08 од 12.05.2008 година, над должникот АД М.....


с.М...., К., повторно била поведена стечајна постапка, во Основниот суд Велес.
На рочиштето за утврдување на побарувањата на доверителите на ден
18.09.2008 година, сега првотужениот М... Т.... ДООЕЛ К., пријавил побарување

9
П4.бр.6/17

во износ од 10.466.877,00 денари. Од ова побарување му било признато само


побарување во износ од 1.155.792,00 денари, а му биле оспорени побарувањата
во износ од 9.311.078,00 денари, во кој оспорени побарувања влегувал и износот
од 853.111,00 денари, кој тужителот го побарува со тужбата, сега спрема
тужените. Стечајната постапка над М..... АД била заклучена со решение СТ.
бр.26/08 од 03.02.2010 година.

Со пресуда на Основниот суд Велес ТС.бр.1169/08 од 19.02.2010 година,


било утврдено дека сега првотужениот, има побарување од М..... АД во стечај
с.М...., К., по основ на откупени побарувања во износ од 8.735.112,00 денари, во
кој износ влегувале и договорите за откуп на побарувања склучени помегу М...
Т.... ДООЕЛ како купувач и лицата Д К..., В...А....., Н.........А........, К........ М........ и
Т...... Т......, како доверители на М..... во стечај. Со оглед да овие лица дале
заверени изјави кај нотар дека сега тужителот Ј...З....... дал вкупен износ од
853.111,00 денари, за долгот воспоставен со договорот за откуп на овие
побарувања, овој износ влегува во вкупниот износ од 8.735.112,00 денари,
утврден со пресудата ТС.бр.1169/08 од 19.02.2010 година. Оваа пресуда била
потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје ТСЖ.бр. 2184/10 од
02.02.2011 година.

Износот од 8.735.112,00 денари, бил префрлен на сметката на сега


првотужениот М... Т.... ДООЕЛ Ц... К., а со тоа износот од 853.111,00 денари,
поминал кај сега првотужениот.

Потоа првотужителот на ден 17.03.2011 година по пошта, преку


полномошникот адвокат Ленче Паламидова, поднел предлог за повторување на
постапката. Предлогот е доставен преку овој суд, а се предлага укинување на
пресудата на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.1311/10 од 20.05.2010 година.
Предлгот се поднесува согласно чл.392 ст.1 т.9, во врска со чл.394 ст.1 т. 6 од
ЗПП, и согласно чл.396 ст.2 и чл.399 од ЗПП. Предлогот е заведен под
ПП.бр.4/11. Овој суд донел Решение ПП.бр.4/11 од 09.05.2011 година, со кој
предлогот го смета за повлечен, поради неплатена такса за предлог.
Апелациониот суд Скопје со Решение ГЖ.бр.4353/11 од 12.12.2011 година,
решението го укинал и предметот е вратен на повторно постапување.

Апелациониот суд Скопје, по одржана јавна седница, на ден 29.03.2013


година, донел и објавил пресуда ГЖ бр.3519/12, со која предлогот е усвоен,
пресудите на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.1311/10 од 20.05.2010 година, и на
Врховниот суд на РМ Рев.бр........ од 20.10.2010 година, се укинуваат. Тужбеното
барање на тужителот Ј.З. од К. е усвоено, тужениот М... Т.... ДООЕЛ К. е
задолжен да му плати на тужителот на име, стекнување без основ износ од
853.111,00 денари, со законска затезна камата, сметано од денот на
поднесување на тужбата 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од
01.02.2010 година до исплатата законска казнена камата, со трошоци на
постапката во вкупен износ од 212.489,00 денари, а во рок од 15 дена, по
приемот на одлуката. Одлуката е правосилна на ден 29.03.2013 година, а
извршна на ден 29.04.2013 година.

Врз основа на правосилната и извршна одлука, првотужителот на ден


20.05.2013 година, доставил предлог за извршување, кај извршител Б..... Б....., но

10
П4.бр.6/17

извршувањето неможе да се спроведе, бидејки сега првотужениот М... Т.... Ц...


ДООЕЛ К. немал имот, од кој би можел да се намири побарувањето на
тужителот.

На ден 08.04.2015 година во Б., помегу сега тужителите е заклучен


договор за остапување на побарување, во кој сега првотужителот се јавува како
остапувач на побарувањето, а второтужителот З.А. од Б., како примател на
побарувањето. Согласно чл.3 од договорот, сега тужителот отстапил дел од
своето побарување, на сега второтужителот, и тоа износ од 256.000,00 денари,
како дел од главниот долг, заедно со законска затезна камата, на овој износ
сметано од 29.01.2007 година, до 31.01.2010 година, а од 01.02.2010 година до
исплатата, законска казнена камата, како и износ од 64.000,00 денари, како дел
од досудените трошоци, заедно со законска затезна камата, сметано од
29.03.2013 година, до исплатата. Договорот е заверен кај нотар В.а од Б. под
УЗП бр...2040/15 од 08.04.2015 година. Сега првотужителот го известил сега
првотужениот дека дел од побарувањето кое го имал спрема ова друштво, по
пресудата на Апелациониот суд Скопје, на ден 08.04.2015 година, со договор
заверен УЗП бр.2040/15 од 08.04.2015 година го отстапил на лицето З.А. од Б..
Неспорно сега првотужениот, ја примил пратката на ден 27.04.2015 година.

Тужителите Ј.З. и З.А., на ден 30.04.2015 година, во овој суд поднеле


тужба со предлог за издавање на привремена мекра, против тужените Друштво
за промет на големо и мало, М... Т.... Ц... ДООЕЛ К. и Ц.С. од К., како управител
и содружник на друштвото, за исполнување на обврски и надомест на штета,
вредност 1.065.600,00 денари. Со тужбата предлагаат сега тужените, солидарно
да им исплатат на тужителите на име на штета, и исполнување на обврските, и
тоа на првотужителот во износ од 597.111,00 денари и трошоци износ од
148.489,00 денари, со камата, а на второтужителот износ од 256.000,00 денари, и
трошоци од 64.000,00 денари, со камата, со посебен предлог за издавање на
привремена мерка.

Тужбата е заведена во уписникот под П4.бр.31/15, а времената мерка под


П4.бр.30/15.

Судот донел решение П4.бр.30/15 од 20.05.2015 година, со кое предлогот


на предлагачите за издавање на привремена мерка, се смета за повлечен, а
предлагачите се задолжени да му ги надоместат процесните трошоци на
тужените во износ од 23.194,00 денари. Апелациониот суд Скопје со решение
ГЖ.бр.3758/15 од 13.07.2015 година, решението на овој суд П4.бр.30/15 од
20.05.2015 година, го потврдил. Решението е правосилно на ден 13.07.2015
година, а извршно на ден 08.08.2015 година.

Судот донел пресуда П4.бр.31/15 од 26.10.2015 година, со кое тужбеното


барање на тужителите е усвоено, тужените солидарно се задолжени да го
платата износот предмет на тужбеното барање. Апелациониот суд Скопје со
Решение Гж.бр.409/16 од 23.02.2017 година, пресудата е укината и предметот е
вратен на повторно постапување, презаведен под П4.бр.6/17.

Првотужениот е друштво за промет на големо и мало, со седиште на ул.


во К., основан на 20.12.1991 година, во приватна сопственост, со непаричен влог

11
П4.бр.6/17

од 338.300,00 денари. Сопственик, единствен содружник и овластено лице за


застапување на првотужениот е сега второтужениот Ц.С. од К., со иста адреса на
живеење, со приоритетна дејност 46.90- неспецијализирана трговија на големо и
со регистрирана дејност во надворешно трговскиот промет.

Извршителот Б..... Б..... до сега тужителот Ј.З., доставил дополнување на


известување И.бр.747/13 , со кој го известува дека од негова страна било
доставено барање на податоци до должникот, сега првотужениот на ден
30.03.2015 година, а должникот го известил на ден 30.07.2015 година, дека
правното лице М... Т.... ДООЕЛ К., во своја сопственост не поседувал никаков
подвижен и недвижен имот, истото не било активно, и не вршел никаква деловна
активност, немал приходи, немал вработени лица, непоседувал хартии од
вредност, немал удел во друго трговско друштво, немал побарувања, немал
парични средства во банка и немал други права врз кои можело да се спроведе
извршувањето.

Извршителот доставил и барање на информации и податоци и до


Агенцијата за катастар на недвижности на РМ. Со потврда издадена од Агенција
за катастар на недвижости бр.1008-133/2013 од 22.05.2013 година, го известува
извршителот дека правното лице М... Т.... ДООЕЛ К., не бил запишан како
носител на право во катастарот на недвижностите. Извршителот истовремено
доставил барање на информации и податоци и до МВР ПС ОН К.. Добил
известување од МВР ПС ОН К. Рег.бр.10.1-468/2013 од 05.06.2013 година, со кој
го известуваат дека должникот М... Т.... ДООЕЛ К., според евиденцијата за
моторни возила, не поседува моторни возила.

Судот донел решение П4.бр.30/15 од 20.05.2015 година, со кое предлогот


на предлагачите за издавање на привремена мерка, се смета за повлечен, а
предлагачите се задолжени да му ги надоместат процесните трошоци на
тужените во износ од 23.194,00 денари. Апелациониот суд Скопје со решение
ГЖ.бр.3758/15 од 13.07.2015 година, решението на овој суд П4.бр.30/15 од
20.05.2015 година, го потврдил. Решението е правосилно на ден 13.07.2015
година, а извршно на ден 08.08.2015 година.

Тужителите преку полномошникот, В..... С..... од адвокатско друштво В......


Б., до вештото лице Жарко К........, дипломиран економист, судски вештак, од
областа на економијата, со број на лиценца 07-864/2 поднеле барање за
вештачење, на ден 30.03.2015 година. Вештото лице го извршил вештачењето
во просториите на тужителот, во присуство на првотужителот и неговиот
полномошник В..... С....., на ден 03.04.2015 година. Извршил увид во доставената
документација од претставник на првотужениот, му биле доставени листинзи од
обработени годишни сметки за должникот за 2011 и 2012 година, во кој имало
промени кај сметките 2020-обврски спрема добавувачите и 120- побарување од
купувачите. Утврдил дека тужениот располагал со основна главнина во 2011 и
2012 година, во висина од 3.581.387,00 денари, и во 2011 година прикажал
загуба во висина од 3.213.105,00 денари. Првотужениот во 2011 година,
прикажал и краткорочни побарувања од 2.224.252,00 денари, кој во текот на
2012 година, биле раскнижени како исправка на вредноста, во вкупен износ од
1.888.388,00 денари, и прикажани како загуба. Тужениот се откажал од ваквите
побарувања во овој период, истите ги сметал како ненаплатливи. Ја оставил

12
П4.бр.6/17

висината на краткорочните обврски во висина од 2.653.545,00 денари, со што го


довел друштвото во загуба. Првотужениот вршел и готовински и без готовински
плакања и наплати (компензации и цесии). Тужениот за 2013 година, доставил
само изјава до Централен регистар на РМ, дека немал деловна активност.

Вештото лице со цел да обезбеди финансиска документација, доставил


барање и до управителот Ц.С. од К., од кој причини не била доставена завршна
сметка до ЦР на РМ за 2013 година, дали во период од 29.01.2007 до денес, од
страна на тужениот, биле вршени исплати на побарувања на други доверители,
чии побарувања доспеале после овој датум, како и причината за отпис на
долговите кон должниците, односно за начинот на кој се намалени побарувањата
на тужениот спрема неговите доверители, до денот на изготвување на
вештачењето, 28.04.2015 година. Управителот на првотужениот, сега
второтужениот Ц.С. не доставил одговор на вештото лице. Според вештото
лице, Друштвото престанало со деловни активности, во текот на 2013 година.
На ден 18.03.2011 година, од сметката на ДПГМ М... Т.... Ц... ДООЕЛ К. бил
исплатен износ од 8.000.000,00 денари, на управителот Ц... С....., на неговата
трансакциска сметка што се води во Комерцијална банка АД Скопје, со број ........
Прометот за овој износ книговодствено бил прокнижен на ден 31.12.2011 година,
а со опис на книжењето по договор. Но, не се работело за книжење на
веродостоен документ-договор, но само стварање на обврска за исплата на
други лични примања од работен однос. Во цел на дознаката стоело исплата на
други лични примања со безготовински пренос на средства. За исплатените
средства во износ од 8.000.000,00 денари од првотужениот на трансицка сметка
на второтужениот од 18.03.2011 година, истиот ден бил платен прерсонален
данок на други лични примања од работен износ од 888.800,00 денари, а
книговодствено плакањето било книжено на сметка 273-100- обврска за
пресметан персонален данок на доход од 31.03.2011 година.

Второтужениот Ц.С., бил сопственик на куќа со дворно место на


КП.бр.10913 на ул„М.......“, со запишани и помошни простории, лоѓи, балкони и
тераси и стан на КП.бр.10885/16 која се води на ул„Ц....“ бб, стан, помошна
просторија и гаража на ул„И....“ со КП.бр.10913. Имотот бил запишан на
ИЛ.бр.2471 за КО К. 1. Второтужениот бил сопственик и на стан, помошни
простории, помошни објекти, гаража, шупа и друго на КП.бр.378/1 во м.в.„С..“,
имот бил заведен на ИЛ.бр.305 за КО Б... Всушност се работи за објект за
времено домување. Сите овие имотни листови се издадени од Агенција за
катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности К. од
31.03.2015 година.

Во меѓувреме сега второтужениот со Договор за отстапување за време на


живот под ЗАВ бр.3/15 од 09.03.2015 година, заверен во Основен суд Кавадарци,
на својот син Марко Стојанов, му ја отстапил во сопственост куќата и дворното
место на КП.бр.10913 на ул.М.. Врз осн...ва на договорот, била извршена
промена во АКН Одделение за катастар на недвижности К., имотот е запишан на
име на синот на второтужениот во ИЛ.бр.16929 за КО К. 2. Исто така со истиот
договор за остапување за време на животот, на својот син М... С. и ќерката Б.
Толова од Неготино, им го отстапил недвижниот имот стан, на КП.бр.10885/16 на
ул. Цветан Димов бб, по една половина идеален дел. Промените во
катастатарот се извршени на ден 30.04.2015 година.

13
П4.бр.6/17

Сега тужените во текот на јуни месец 2015 година, преку полномошникот


адвокат Ѓорѓи Митрев, поднеле барање за вештачење до вештото лице М.........
МН........а од В.. овластено вешто лице со лиценца за вештачење бр.07-531/2, од
областа на економијата. На ден 24.06.2015 година извршила увид во
доставената писмена документација, во присуство на првотужителот. Според
вештото лице во вештиот наод и мислење од јуни 2015 година и дополнителниот
наод и мислење од март 2018 година, сега првотужениот не вршел отуѓување на
имот, затоа што на име на правниот субјект немало ниту движен ниту недвижен
имот, од кој би можело да се наплати побарувањето на тужителот. Тужениот не
работел, не ја обавувал дејноста за која бил основан, не доставувал годишни
сметки, немал книговодствена документација. Во книговодствената евиденција
на првотужениот, сега првотужителот не бил еведентиран како деловен партнер,
не било еведентирано побарувањето на сега тужителите во износ од 853.111,00
денари, по пресудата на Апелациониот суд Скопје, а со тоа не бил еведентиран
како доверител, не биле резервирани средства за наплата на евентуално
побарување на тужителот. На сметката на првотужениот која се води во
Стопанска банка АД С..., со состојба на ден 01.04.2015 година, имало 129,00
денари, неподмирени обврски до 01.04.2015 година изнесувале 1.201.299,00
денари, а сметката била блокирана од 22.05.2013 година и тоа по Решението
ГЖ.бр.3519/12 на Апелациониот суд Скопје, со износ од 1.195.299,оо денари и по
Решение бр.17-1398/1 од 06.12.2014 година, на износ од 6.000,00 денари. Сега
првотужениот како правен субјект до ЦР на РМ, имал доставувано годишни
сметки во период од 2003 -2014 година. Првотужениот бил со неактивен статус,
од 2014 година до 2017 година не доставувал годишни сметки.

Неспорно управителот на првотужениот, сега второтужениот Ц... С...., како


единствен содружник и како управител во законскиот рок не поднел пријава за
отварање на стечајна постапка над првотужениот. Пријава е поднесена во текот
на 2015 година.

Со решение на Основен суд Велес СТ.бр.81/15 од 03.06.2015 година,


поведена е претходна постапка за испитување на условите за отварање на
стечајна постапка над должникот ДПДМ М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., било закажано
рочиште за испитување на условите за отварање на стечајна постапка на ден
07.07.2015 година, а за привремен стечаен управник било именувано лицето
Драган Ангеловски од В... Должникот на дена 1.06.2015 година уплатил аванс за
покривање на трошоците на претходната постапка во износ од 20.000,00 денари.
Но, со Решение Ст.бр. 81/2015 од 03.06.2015 година на Основен суд Велес
претходната постапка е запрена, привремениот стечаен управник бил разрешен
и правниот субјект бил во постапка за бришење по чл.552 б од ЗТД.

Согласно информација бр.0815-17/4-1 од 23.02.2018 година, сега


првотужениот е избришан од евиденција на Централниот регистар на РМ, и
истиот не постои како правен субјект.

Горната фактичка состојба, судот ја утврди од предложените и изведени


писмени докази, од Наодот и мислењето на вештото лице Ж. К........,
дип..ломиран економист, судски вештак, од областа на економијата, со број на
лиценца 07-864/2, од април месец 2015 година, од дополнителниот наод и

14
П4.бр.6/17

мислење од март 2018 година, од Наодот и мислењето на вештото лице М.........


МН........а од В..... дипл.екомомист, со лиценца за вештачење бр.07-531/2, од
областа на економијата, од јуни 2015 година, од дополнителниот наод и
мислење на ова вешто лице од март 2018 година, од списите на предметите на
овој суд П.бр.72/07, ПП.бр.4/11, П4.бр.30/15, од исказот на првотужителот Ј.З.,
сослушан во својство на странка, делумно од исказот на второтужениот и како
управител на првотужениот, сослушан во својство на странка.

Од увид во списите на предметите на овој суд П.бр.72/07, ПП.бр.4/11,


пресудата на Апелациониот суд Скопје ГЖ бр.3519/12 од 29.03.2013 година,
судот ги утврди околностите за спорот кој сега првотужителот го повел против
сега првотужениот, на ден 29.01.2007 година во овој суд, за стекнување без
основ, и дека сега првотужителот има парично побарување од првотужениот во
износ од 853.111,00 денари, со камата и трошоци. Имено, спорот се водел 6
години. Конечно по предлог за повторување на постапката, со пресудата на
Апелациониот суд Скопје ГЖ бр.3519/12 од 29.03.2013 година, предлогот на сега
првотужителот е усвоен, пресудите на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.1311/10
од 20.05.2010 година и на Врховниот суд на РМ Рев.бр.998/2010 од 20.10.2010
година, се укинати, а тужбеното барање на тужителот е усвоено. Сега
првотужениот е задолжен да му плати на тужителот на име, стекнување без
основ износ од 853.111,00 денари, со законска затезна камата, сметано од денот
на поднесување на тужбата 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од
01.02.2010 година до исплатата законска казнена камата, со трошоци на
постапката во вкупен износ од 212.489,00 денари, а во рок од 15 дена, по
приемот на одлуката. Одлуката е правосилна на ден 29.03.2013 година, а
извршна на ден 29.04.2013 година.

Од наодот и мислењето на вештото лице Ж.... К........, од април месец


2015 година, од дополнителниот наод и мислење од март 2018 година, од наодот
и мислењето на вештото лице М......... МН........а од Велес, од јуни 2015 година,
од дополнителниот наод и мислење на ова вешто лице од март 2018 година,
судот ги утврди околностите за состојбата на првотужениот како правно лице, од
2011 година до 28.02.2018 година, кога е избришан од Централниот регистар на
РМ и не постои како правен субјект.

Судот на рочиштето за главна расправа од 4.06.2018 година, со процесно


решение го усвои предлогот на полномошникот на тужените, за што согласност
даде и полномошникот на тужителите, да не се сослушуваат вештите лица,
заради разјаснување на нивните дополнителни наоди и мислења, бидејќи оцени
дека нивните наоди и мислења и дополнителните наоди и мислења, се совпаѓаат
и дека нема суштествено разликување. Всушност и двете вешти лица своите
вештачења ги засноваат врз основа на истите писмени докази, имаат извршено
увид во иста книговодствена документација, и не се разликуваат во наодот, но се
разидуваат во своите мислења, само по однос на околноста дали првотужениот
има имот од кој би можел да се намири побарувањето на тужителот. Вештото
лице М......... МН........а смета дека првотужениот нема движен и недвижен имот
од кој би можело да се намири побарувањето на тужителот. А, вештото лице
Ж..... К........ смета дека првотужениот располагал со имот со кој можело да се
намири побарувањето на тужителот, бил солвентен. Вештото лице ова свое
мислење го дава врз основа на увид во листинзи од обработени годишни сметки

15
П4.бр.6/17

за првотужениот за 2011 и 2012 година. А, вештото лице М......... МН........а,


мислењето го дава за период кога е поведена извршна постапка пред
извршителот Б..... Б....., врз основа на извршната пресуда на Апелациониот суд
Скопје, и дека тогаш првотужениот не бил солвентен, сметката била блокирана
со дата 22.05.2013 година. Таква е состојбата и на ден 1.04.2015 година.

Во останатиот дел нивните наоди и мислења се совпаѓаат и од двете


вештачења, прозлегува дека првотужениот престанал со деловни активности, во
текот на 2013 година. На ден 18.03.2011 година, од сметката на ДПГМ М... Т....
Ц... ДООЕЛ К. бил исплатен износ од 8.000.000,00 денари, на управителот Ц.С.,
на неговата трансакциска сметка што се води во Комерцијална банка АД Скопје.
Прометот за овој износ книговодствено бил прокнижен на ден 31.12.2011 година,
со опис на книжењето по договор. Но, веродостоен документ-договор не постоел,
но само стварање на обврска за исплата на други лични примања од работен
однос. Во цел на дознаката стоело исплата на други лични примања со
безготовински пренос на средства. На исплатените средства истиот ден бил
платен прерсонален данок на други лични примања од работен износ од
888.800,00 денари, а книговодствено плакањето било книжено на сметка 273-100-
обврска за пресметан персонален данок на доход од 31.03.2011 година. Во
книговодствената евиденција на првотужениот, не било еведентирано
побарувањето на сега тужителите во износ од 853.111,00 денари, по пресудата
на Апелациониот суд Скопје, не биле резервирани средства за наплата на
евентуално побарување на тужителот. На сметката на првотужениот која се води
во Стопанска банка АД Скопје, со состојба на ден 01.04.2015 година, имало
129,00 денари, неподмирени обврски до 01.04.2015 година изнесувале
1.201.299,00 денари, а сметката била блокирана од 22.05.2013 година и тоа по
Решението ГЖ.бр.3519/12 на Апелациониот суд Скопје, со износ од 1.195.299,оо
денари и по Решение бр......од 06.12.2014 година, на износ од 6.000,00 денари.
Првотужениот од 2014 година до 2017 година не доставувал годишни сметки, не
работел, не ја обавувал дејноста за која бил основан, не доставувал годишни
сметки, немал книговодствена документација, бил со неактивен статус.

Од Извештај за состојба на сметката на првотужениот издаден од


Стопанска банка АД Скопје на ден 01.04.2015 година, се потврдуваат
околностите за состојбата на сметката на првотужениот со оваа дата, на
сметката имало 129,00 денари, неподмирените обврски до 01.04.2015 година
изнесувале 1.201.299,00 денари, а сметката била блокирана од 22.05.2013
година, со налогот на извршителот Б..... Б..... за наплата на побарувањето по
Решение ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2013 година на Апелациониот суд Скопје, со
износ од 1.195.299,оо денари, и по решение бр.17-1398/1 од 06.12.2014 година,
на износ од 6.000,00 денари.

И од Историјатот на банкарски сметки, издаден од Централен регистар на


РМ, Регионална регистрациона канцеларија Б., бр.08-19/75 со почетен датум на
нова база на податоци од 22.02.2013 година, првотужениот ДПГМ М... Т.... Ц...
ДООЕЛ К., бил со активна сметка. На ден 22.03.2011 година сметката била
активна, а на 06.07.2013 година, блокирана над 45 дена. Што укажува дека била
блокирана на ден 22.05.2013 година, а со таква состојба била и на ден 1.04.2015
година.

16
П4.бр.6/17

Околносто дека сметката на првотужениот со бр.200000009239436 што се


води во Стопанска банка АД Скопје, била блокирана повеќе од 45 дена, се
потврдува и од увид во потврда бр.0817-20/4 од 12.01.2015 година издадена од
ЦР на РМ, Регионална регистрациона канцеларија Велес.

Од потврда бр.1108-133/2013 од 22.05.2013 година и уверение бр.1108-


3/2015 од 13.01.2015 година издадени од Агенција за катастар на недвижности
К., од известување бр.10.1.6.1-968/2/13 од 05.06.2013 година издадена од МВР
отсек за управни работи К. до извршител Б..... Б..... и известување бр.11.1.6.1-
37/2/15 од 15.01.2015 година, издадено од МВР отсек за управни работи Велес-
К., се потврдуваат околностите дека сега првотужениот како правен субјект не
поседувал движен и недвижен имот од кој би можело да се намири
побарувањето на тужителот.

Од увид во потврда бр.8-201/2 од 14.01.2015 година, издадена од Ц.......


АД Скопје, се потврдуваат околностите дека правниот субјект М... Т.... ДООЕЛ К.,
не е евидентиран како имател на хартии од вредност.

И од увид во Тековна состојба бр............... од 31.10.2017 година, издадена


од ЦР на РМ, се утврдува дека сега првотужениот е со неактивен статус, при
основањето имал основна главнина од непаричен влог (опрема), во износ од
338.300,оо денари.

Од увид во од оваа тековна состојба и од Решение на Основниот суд


Велес СТ.бр.81/15 од 03.06.2015 година, судот утврди дека поведената
претходна постапка за стечај на првотужениот е запрена, назначениот
привремен стечаен управник Д........... од Велес разрешен, а субјектот е во
постапка за бришење по чл.552 б од ЗТД, кое било објавено на ВЕБ страна од
ЦР на РМ, со соопштение од 30.01.2017 година.

И од увид во информација бр.0914-31/29-1 од 26.02.2018 година издадена


од ЦР на РМ, Регионална регистрациона канцеларија Велес Подрачна
канцеларија К., произлегува дека сега првотужениот како правен субјект, до ЦР
на РМ, имал доставувано годишни сметки во период од 2003 -2014 година. Што
укажува дека после тој период годишни сметки не се доставувани.

Од дополнителниот наод и мислење на вештото лице М......... МН........а и


од информацијата бр...... од 23.02.2018 година, судот утврди дека сега
првотужениот е избришан од евиденција на ЦР на РМ, и истиот не постои како
правен субјект.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, судот одлучи како во


изреката на пресудата од следните причини:

Согласно чл.5 ст.1 и 2 од Законот за стечај е предвидено стечај или


реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот должник е
неспособен за плаќање. Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање
ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на
платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз
основа на важечките основи за плаќање.

17
П4.бр.6/17

Согласно чл.51 ст.1, ст.2, ст.3, ст.8 и 9 од Законот за стечај е предвидено


„Стечајната постапка се поведува на предлог на доверителот, должникот или
друго лице овластено со закон, кога се исполнети условите определени со овој
закон. Доверителот е овластен да поднесе предлог за отварање на стечајна
постапка, ако на судот му поднесе докази дека се исполнети условите утврдени
со овој закон, за отварање стечајна постапка, согласно чл.5 од овој закон. “

Согласно ст.3 „Предлог за отварање на стечајна постапка над имотот на


должникот-правно лице во име на должникот, може да поднесе секое лице,
овластено за застапување на правното лице по закон, како и секој ликвидатор. “

Согласно ст.8 „Лицата и органите овластени за управување, застапување


и надзор над трговските друштва и други правни лица ќе бидат лично, солидарно
и неограничено одговорни за штетите што ги предизвикале на доверителите на
трговското друштво, или друго правно лице -должник, ако не поднеле предлог за
отварање стечајна постапка, иако знаеле или морале да знаат за
презадолженоста на трговското друштво или друго правно лице. Имотната
одговорност за штети на лицата и органите не ја исклучува и не влијае врз
можната казнена (кривична) одговорност на тие лица.“

Согласно ст.9 „Органите на должникот, овластени за неговото


застапување според закон, се должни да поднесат предлог за отварање на
стечајна постапка најдоцна во рок од 21 ден, од денот на настапувањето на
причините за отварање стечајна постапка. Заедно со предлогот за отварање на
стечајна постапка, должникот ќе приложи потврда од банката која го извршила
платниот промет за должникот, за состојбата на средствата на сметката и за
ненамирените побарувања кои треба да бидат исплатени од сметката, извештај
за имотот со доказ за сопственост, потврда од надлежните органи за состојбата
во однос на платените даноци и придонеси.“

Согласно чл.28 ст.1 т.2, 3 и 4 од Законот за трговските друштва е


предвидено „Содружниците, односно акционерите на трговското друштво
одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото, во случаите
ако: го злоупотребиле друштвото како правно лице за да им нанесат штета на
своите доверители, спротивно на законот, располагале со имотот на друштвото
како со свој сопствен имот или во своја корист или во корист на кое било друго
лице го намалиле имотот на друштвото, а знаеле и морале да знаат дека
друштвото не е способно да ги изврши своите обврски спрема третите лица.“

Согласно чл.240 ст.1 од ЗТД „Управителот е одговорен за уредното


водење на трговските книги на друштвото, во согласност со законот и со другите
прописи.“

Согласно чл.241 ст.1, 2, 4, 5 и 9 од Законот за трговските друштва е


предвидено „Управителот е должен да ги води работите на друштвото со
внимание на уреден и совесен трговец и да ја чува деловната тајна на
друштвото. Управителот е лично и неограничено одговорен, а ако друштвото има
двајца или повеќе управители тие одговараат и солидарно спрема друштвото и
спрема третите лица, за работењето спротивно на одредбите на законот, и

18
П4.бр.6/17

другите прописи и за непочитувањето на договорот за друштвото. Управителот е


одговорен лично и за штетата што ќе му ја предизвика на друштвото со правна
работа што ја склучил со друштвото во свое или од туѓо име, а за своја сметка,
ако за тоа претходно не добил согласност од органот за надзор, ако друштвото
нема орган на надзор, согласност од другите управители.

Согласно ст.5 Во случај на спор управителот мора да докаже дека


постапувал во интерес на друштвото и со внимание на уреден и совесен трговец.

Согласно ст.9 Тужбата заради одговорност од ст.3, 4 и 6 на овој член,


застарува за 3 години, сметано од денот на извршеното штетно дејствие,
односно од денот на предизвиканата штета, или ако било прикриено од неговото
откривање. Ако дејството е квалификувано како кривично дело тужбата
застарува за 10 години“.

А, согласно чл.3 ст.1 т.5 со наслов Значење на употребени поими


„Одделните изрази употребени во овој закон го имаат следото значење:
„Внимание на уреден и совесен трговец“ е правен стандард за утврдување на
одговорноста на лицата одговорни за управување и за надзор на друштвата, со
кој се определува со какво внимание овие лица треба да ги вршат доверените
работи во друштвото, односно да се однесуваат со внимание на способен и (во
работењето на друштвото) вешт човек (професионалец), при што тие одговараат
за обична небрежност при вршењето на доверените работи, освен ако, со друг
закон не е определено дека одговартаат само за груба небрежност.“

Согласно чл.243 ст.1 и 2 од ЗТД „Со друштвото со ограничена


одговорност од едно лице управува содружникот лично, или од него избран
управител. Единствениот содружник, како управител, го управува друштвото на
начин на кој што смета дека е целисходен за остварување на интересот на
друштвото. Одредбите од овој закон што се однесуваат за одговорноста на
друштвото во однос на третите лица и на управителот, како застапник по закон,
во однос на третите лица, се применуваат на единствениот содружник како
основач на друштвото, како содружник и како управител на друштвото.“

Согласно чл.244 ст.1 од ЗТД „Надзор над работењето на друштвото може


да врши надзорен одбор или контролор, а ако во друштвото не е образуван
орган на надзор,надзорот го вршат непосредно содружниците.“

Во случајот првотужениот е трговско друштво основано од едно лице,


второтужениот, кој бил единствен содружник и управител на друштвото. Нема
двостепеност на органите на управување,функцијата на надзорен орган ја врши
основачот.

Не е спорна активната легитимација на тужителите.

Согласно чл.322 ст.1 и 2 од ЗПП „Пресудата која повеќе не може да се


побива со жалба станува правосилна, доколку со неа е одлучено за барањето на
тужбата или противтужбата. Судот во текот на целата постапка по службена
должност внимава дали работата е пресудена правосилно и ако утврди дека
постапката е поведена за барање за кое е веќе одлучено правосилно ќе ја

19
П4.бр.6/17

отфрли тужбата.“

Во конкретниот случај судот смета дека постои пресудена работа према


првотужениот. Со пресудата на Апелациониот суд Скопје Гж.бр.3519/12 од
29.03.2013 година, сега првотужениот е задолжен да му плати на првотужителот
Ј.... на име стекнување без основ, износ од 853.111,00 денари, со законска
затезна камата, сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од
01.02.2010 година до исплатата со законска казнена камата и трошоци на
постапката во износ од 212.489,00 денари, или вкупен износ од 1.065.600,00
денари, колку што е вредноста на ова тужбено барање. Сега со оваа тужба,
тужителите преку полномошникот, повторно бараат да се задолжи првотужениот
солидарно со второтужениот, по основ на надомест на штета и исполнување на
обврска која произлегува од пресудата на Апелациониот суд Скопје и врз основа
на договорот за отстапување на побарувањето заклучено помеѓу тужителите.

Доколку судот го усвои поставеното тужбено барање, би настанало двојно


задолжување за исто парично побарување на сега првотужениот, за ист износ,
но по различни основи.

Судот ги ценеше наводите на полномошникот на тужителите, дека и


првотужениот одговорал солидарно со второтужениот, за надомест на штета
заради делумна и целосна невозможност за исполнување на обврската,
согласно чл.251 ст.4 од ЗОО го оштетил првотужителот, бидејќи иако бил
солвентен, немал блокирани сметки во 2007 година и знаел дека без основ
пријавил како свои туѓи побарувања во стечајната постапка на АД М....., не ги
признавал и не ги исплаќал на тужителот и дека без опфаќање на првотужениот
во оваа постапка согласно чл.158 ст.1 од ЗОО, не би имал целосна пасивна
легитимација на страната на тужените, односно пасивната легитимација на
првотужениот овде била утврдена со закон, но наводите ги одби како
неосновани, бидејќи во случајот судот смета дека овие одредба неможат да
најдат примена.

Во чл.251 ст.4 од ЗОО, е предвидено „Должникот одговора и за делумната


или целосната невозможност за исполнување иако не ја криел таа
невозможност, ако настапила по неговото доаѓање во задоцнување за кое
одговора.“

А, согласно чл.158 ст.1, 2 и 3 од ЗОО е предвидено „ Правно лице


одговара за штета, што ќе му ја причини негов орган на трето лице во вршењето
или во врска со вршењето на своите функции. Ако за определен случај не е
нешто друго определено во законот, правното лице има право на надомест од
лицето кое штетата ја причинило намерно или со крајно невнимание. Тоа право
застарува во рок од 6 месеци, од денот на исплатениот надомест на штета“.

Имено, во случајот целта на овој спор е да се утврди дали второтужениот


Ц.С., како основач, единствен содружник и управител на друштвото, постапувал
согласно цитираните одредби од ЗТД и Законот за стечај, дали во случајот
постапувал како совесен и уреден трговец на друштвото, во однос на
побарувањето на тужителот и други доверители, дали постои повреда на
должноста на второтужениот да постапува со внимание на уреден и совесен

20
П4.бр.6/17

трговец, односно дали второтужениот со дејствијата кои ги превзел е лично


одговорен за обврската на друштвото спрема трети лица, како и неговата лична
солидарна и неограничена одговорност за штетата, која е нанесена на сега
тужителите, поради неможност за наплата на паричното побарување од
првотужениот, врз основа на правосилна и извршна пресуда на Апелационен суд
Скопје.

Одредбата од чл.158 се однесува за деликтна, вондоговорна одговорност


на правното лице, да одговара на трети лица во ситуација кога лицето што го
презело тоа дејствие настапува како орган или како работник на правното лице.
Правното лице има право на регрес спрема лицето доколку тоа штетата ја
причинило намерно или со крајно невнимание и тоа во рок од 6 месеци од денот
откако правното лице исплатило надомест на штета, на лицето на кое му е
причинета штета.

Согласно оваа одредба неможе да одговара и правното лице и


управителот, за исто побарување да се бара од првотужениот исплата на овој
износ по основ на надомест на штета, а од второтужениот да се бара
исполнување на обврска, поради подигање на средства без основ од страна на
второтужениот од сметката на првотужениот и неподнесување пријава за
отварање на стечајна постапка.

Во конкретниот случај судот од изведените и анализирани докази, со


сигурност утврди дека второтужениот како одговорно лице на првотужениот,
непостапил со внимание на уреден и совесен трговец, па согласно утврденото
произлегува и обврската на второтужениот за лична одговорност за исплата на
побарувањето на сега тужителите, по основ на надомест на штета, а во случаи
кога за побарувањето должник е сега првотужениот како правно лице.

Неспорно е дека со пресудата е обврзан сега првотужениот по основ на


стекнување без основ, да го исплати побарувањето на сега тужителот.

Во услови кога согласно ЗТД, управителот на друштвото не одговора за


обврските на правното лице, ова се исклучителните одредби од ЗТД и ЗС, кога
управителот лично, солидарно и неограничено одговара за штетите, што ги
предизвикал на доверителите.

Судот смета дека второтужениот му причинил штета на тужителите за


износите наведени во изреката на пресудата.

Судот ги ценеше наводите на полномошникот на тужените дека


исполнувањето на обврската по пресуда ГЖ.бр.3519/12 од 29.03.2015 година, на
Апелационен суд Скопје, неможе да го обврзува второтужениот, за него не
постоела никаква обврска кој второтужениот како физичко лице треба да ја
исполни и дека тужителите недокажале со кое дејствие второтужениот во
работата му нанел штета на тужителите, од која како последица произлегува
неисполнување на неговото побарување, но ваквите наводи во конкрениот спор
не се од влијание.

Не се работи за утврдување на одговорност за штета по основ на вина,

21
П4.бр.6/17

согласно чл.141 ст.1 од ЗОО, ниту за утврдување на причинско последична врска


помеѓу превземеното дејствие на второтужениот и настанатата штета.

Се работи за имотна граѓанска одговорност на второтужениот како


единствен оснивач, единствен содружник и управител на првотужениот. Од
битно влијание при одлучувањето е правниот стандард, дали второтужениот при
работењето постапувал со внимание на уреден и совесен трговец, а согласно
чл.241 ст.5 товарот на докажување е на страна на управителот.

Во конкретниот случај второтужениот во својство на управител, без


ограничување во внатрешниот и надворешниот промет на друштвото М... Т....
Ц... ДООЕЛ К., е одговорен за штетата, што му е нанесена на тужителите, кои во
својство на доверители на првотужениот, не го наплатил паричното побарување,
кое произлегува од првосилна и извршна пресуда на Апелациониот суд Скопје
Гж.бр.3519/12 од 29.03.2013 година, правосилна на ден 29.03.2013 година, а
извршна на ден 29.04.2013 година.

Уште со донесување на пресудата на Основен суд Велес ТС.бр.1169/08


од 19.02.2010 година, која постапка била поведена со тужба од сега
првотужениот, против АД М....., потврдена со пресуда на Апелационен суд Скопје
ТСЖ.бр.2184/10 од 02.02.2011 година, на управителот на првотужениот, сега
второтужениот Ц... Стојанов, му било познато дека со пресудата било утврдено
дека М... Т.... ДООЕЛ К., има побарување од М..... АД во стечај, по основ на
откупени побарувања во износ од 8.735.112,00 денари, во кој износ влегува и
договорот за откуп на побарувања склучен помеѓу М... Т.... како купувач и лицата
Д....., Т...... Т......, Н.........ВА........, В..... и К........ М........, како доверители на М.....
во стечај, во износ од 853.111,00 денари. Сега првотужениот износот го
наплатил. На второтужениот како управител, неможе да не му бил познат овој
факт.

Во моментот на поднесување на барањето за извршување кај извршител


Б..... Б....., после 29.04.2013 година, првотужениот на жиро сметката немал
средства за наплата на паричното побарување, па на ден 22.05.2013 година
сметката била блокирана. На сметката имал износ само од 129,00 денари, а
неподмирени обврски спрема доверители износ од 1.201.299,00 денари. Иста
била состојбата и на ден 1.04.2015 година. И за овој факт второтужениот како
управител знаел и неможе да не му биде непознат.

На второтужениот многу добро му била позната состојбата, дека согласно


извод бр.9 износот од 8.735.112,00 денари, кој на првотужениот бил усвоен со
правосилната пресуда на Основниот суд Велес ТС.бр.1169/08, бил префрлен на
сметката на сега првотужениот М... Т.... ДООЕЛ К., а со тоа и износот од
853.111,00 денари, поминал кај сега првотужениот. Всушност после оваа
правосилна пресуда, сега првотужителот веднаш поднел вонреден правен лек,
предлог за повторување на постапката. И тој факт на второтужениот му е познат.

Тоа го потврдува второтужениот и како управител на првотужениот во


својот исказ. Потврди дека му е позната постапката која се водела во овој суд,
позната му е пресудата на Апелациониот суд Скопје.

22
П4.бр.6/17

Со подигање на средствата од сметката на првотужениот во висина од


8.000.000,00 денари на ден 18.03.2011 година и со плаќање на персонален данок
во износ од 888.800,00 денари, сега второтужениот всушност ја испразнил
сметката на првотужениот, па подоцна првотужениот немал средства да ја
исполни обврската на тужителот. Сето тоа го сторил без прокнижување на
веродостоен документ-договор, но само со стварање на обврска за исплата на
други лични примања од работен однос и тоа наредниот ден по поднесување на
предлогот за повторување на постапката, доставен по пошта на ден 17.03.2011
година. Со тоа второтужениот го довел во состојба првотужениот да неможе во
иднина да ги исполни своите обврски, со тоа во тоа време го оштетил
првотужителот. Второтужениот го оставил друштвото без основна главнина,
спротивно на закон не ја дополнил основната главнина на друштвото, со што
директно ги оштетувал доверителите на друштвото. Со имотот на друштвото
располагал како со свој сопствен имот, за своја сметка.

Всушност и целта на тужителите во овој спор е токму тоа, да можат она


што неможеле да го наплатат од првотужениот како трговско друштво, да го
наплатат од управителот сега второтужениот, кој е одговорен за состојбата на
друштвото, кој не ги водел работите на друштвото со внимание на уреден и
совесен трговец согласно чл.241 ст.1 од ЗТД. За ваквото постапување судот
смета дека второтужениот како управител, согласно чл.241 ст.2 од ЗТД е лично,
неограничено одговорен спрема друштвото и спрема третото лице, за работење
спротивно на одредбите на законот и други прописи.

Постапил и спротивно на чл.241 ст.4 од ЗТД, истиот е лично одговорен и


за штетата што ќе ја предизвика на друштвото со правна работа што ја склучил
со друштвото во свое име, а за своја сметка. Согласно ст.5 со ништо не докажа
дека постапувал во интерес на друштвото и со внимание на совесен и уреден
трговец.

И сите натамошни дејствија со неактивност на друштвото, недоставување


на завршни сметки од 2014 година, заклучно со 2017 година, и бришење на
првотужениот од ЦР на РМ, укажуваат на неуредно и несовесно постапување.
Всушност сега второтужениот друштвото го идентификува како лично свое.

Пасивната легитимација на второтужениот произлегува и од цитираните


одредби чл.51 ст.1, 8 и 9 од Законот за стечај, постапил спротивно на оваа
одредба.

Од второтужениот како управител, не била поднесена пријава за


поведување стечајна постапка, иако за тоа биле исполнети условите предвидени
во Законот за стечај, ниту пак тужителот како доверител имал поведено и
доставено предлог за отварање на стечајна постапка, но тоа согласно ЗС не е
задолжителна обврска на доверителот, но можност.

Условите за отварање на стечајна постапка се исполнети на ден


22.05.2013 година, а второтужениот како овластено лице за застапување иако
бил должен не постапил во законскиот рок од 21 ден, не поднел прдлог за
отварање на стечајна постапка, согласно чл.51 ст.9 од ЗС, со тоа тој
оневозможил во стечајната постапка која морала да биде отворена, да се

23
П4.бр.6/17

користат правата предвидени со одредбите од чл.172-188 од ЗС, и тоа за


побивање на правните дејствија на стечајниот должник, на правните работи со
кои доверителите непосредно се оштетуваат за намерно оштетување, кои
дејствија можат да се преземат согласно предвидените одредби од Законот за
стечај, со тоа второтужениот како управител на првотужениот е лично
неограничено и солидарно одговорен.

Судот ги ценеше и наводите на полномошникот на тужените дека во


периодот кога средствата биле подигнати од сметката на првотужениот,
првотужителот воопшто немал побарување спрема друштвото, па ниту
првотужениот, ниту второтужениот знаел и може да знае за неговото
подоцнежно побарување, ниту можел да дојде во насока да го оштети тужителот,
првотужителот немал својство на доверител спрема правното лице, но дека во
тој период имал правосилна пресуда, со која тужбеното барање на тужителот
било одбиено како неосновано, но не можеше да прифати, дека тужените не
знаеле и можеле да знаат за подоцнежно побарување на тужителот.

Во овој дел судот не поверува во исказот на второтужениот.

Постапката од сега првотужителот, против сега првотужениот била


поведена на ден 29.01.2007 година. И второтужениот во својот исказ потврди
дека до 2009 година друштвото добро работело. Од образложението на
пресудата на Врховниот суд на РМ Рев.бр.998/2010 од 20.10.2010 година,
произлегува дека ревизијата е одбиена како неоснована, од причина што износот
кој тужителот го побарувал од 853.111,00 денари, не преминал во имотот на
тужениот, сега првотужен, бидејќи побарувањето било оспорено во стечајната
постапка Ст.бр.26/08 над АД М..... с.М...., К.. И овој факт на тужените им е многу
добро познат.

Претходно е донесена пресудата на Основен суд Велес ТС.бр.1169/08 од


19.02.2010 година, со која било утврдено дека М... Т.... ДООЕЛ К., има
побарување од М..... АД во стечај, по основ на откупени побарувања во износ од
8.735.112,00 денари, во кој износ влегува и договорот за откуп на побарувања
склучен помеѓу М... Т.... како купувач и лицата Д......., Т...... Т......, Н.........ВА........,
В.........и К........ М........, како доверители на М..... во стечај, во износ од 853.111,00
денари. За тој договор и за тој износ се водела целата постапка од 2007 година.
Сега првотужениот износот го наплатил со призната камата.

Првотужениот во 2011 и 2012 година располагал со основна главнина во


висина од 3.581.387,00 денари, а во 2011 година прикажал загуба во висина од
3.213.105,00 денари. Во 2011 година, прикажал и краткорочни побарувања од
2.224.252,00 денари, кој во текот на 2012 година, биле раскнижени како
исправка на вредноста, во вкупен износ од 1.888.388,00 денари, и прикажани
како загуба. Значи првотужениот се откажал од ваквите побарувања во овој
период, истите ги сметал како ненаплатливи, со тоа свесно го довел друштвото
во загуба.

Со оглед да се водел спор за износ од 853.11,00 денари од 2007 година,


првотужениот, како тужен во таа постапка бил должен, да резервира, а не
резервирал средства (пари, имот, побарувања) за наплата на евентуално

24
П4.бр.6/17

побарување на тужителот. И утврденото побарување на сега првотужителот,


второтужениот како управител не го евидентирал во книговодстената евиденција
на првотужениот и покрај тоа што првотужениот е странка во таа постапка. Потоа
повеќе не водел сметководствена евиденција, не изготвувал годишни сметки за
2014, 2015, 2016 и 2017 година.

Не изготвувал биланс на состојба, а знаејќи ја состојбата на неликвидност


не поднел предлог за поведување на стечајна постапка над правното лице во
законски рок од 21 ден, поради настанување на услови за стечај уште по
блокирање на сметката на ден 22.05.2013 година.

Неспорно првотужениот како предлагач поднел предлог за отварање на


стечајна постапка во Основен суд Велес во 2015 година, значи после 2 години од
сознанието за блокирање на сметката повеќе од 45 дена. Со решение на
Основен суд Велес СТ.бр.81/15 од 03.06.2015 година, поведена е претходна
постапка за испитување на условите за отварање на стечајна постапка над
должникот ДПДМ М... Т.... Ц... ДООЕЛ К., било закажано рочиште за испитување
на условите за отварање на стечајна постапка на ден 07.07.2015 година, а за
привремен стечаен управник било именувано лицето Д. од В...........

Но, со решение Ст.бр. 81/2015 од 03.06.2015 година на Основен суд


Велес претходната постапка е запрена, привремениот стечаен управник бил
разрешен, правниот субјект бил во постапка за бришење по чл.552 б од ЗТД.

И покрај деценискиот спор помеѓу странките, тужените не превзеле


дејствија за наплата на побарувањето на првотужителот и во период кога
првотужениот бил во можност да го наплати побарувањето, но цело време
тужените го оспоруваат побарувањето, за да во 2013 година се утврди дека
такво побарување постои. А, според датата на течење на каматата утврдено во
пресудата, побарувањето било стасано за наплата од 29.01.2007 година.

Всушност и во текот на оваа постапка и покрај постоење на правосилна


судска одлука, тужените го оспоруваат побарувањето. Второтужениот беше јасен
и дециден во својот исказ и доколку во фирмата побарувањето на тужителот
Јован било книжено како обврска, тој не би ги исплатил тие средства, бидејќи
според него побарувањето било неосновано.

Судот смета дека управителот постапувал спротивно на законските


должности и обврски кои произлегуваат од цитираните одредби, и тоа се работи
за свесно, грубо кршење на обврските, со намера, а не за обична небрежност и
покрај тоа што се одговара и за обична небрежност, па е одговорен за штетата
што првотужениот им ја причинил на тужителите.

Согласно чл.266 од ЗОО „Должникот кој ќе задоцни со исполнување на


парична обврска, долгува покрај главнината и затезна камата, по стапка
утврдена со закон“. Согласно чл.1 од Законот за изменување и дополнување на
ЗОО (Сл.Весник на РМ бр.161/2009) насловот и чл.266 се менуваат и гласат
„Должникот кој ќе задоцни со исполнување на парична обврска долгува покрај
главнината и казнена камата“. Висината на стапката на казнената камата е
определена во чл.2 ст.1 од Законот за изменување и дополнување на ЗОО, со

25
П4.бр.6/17

кој е променет чл.266-а од Законот за изменување и дополнување на ЗОО (


Сл.весник на РМ бр.84/2008).

Одлуката за споредното побарување, за каматата е согласно чл.266 од


ЗОО, чл.1 и 2 од Законот за изменување и дополнување на ЗОО, а во врска со
чл.175 од ЗОО.

Судот ги имаше во предвид и наводите на полномошникот на тужените во


делот на каматата, дека во случајот се применувал чл.266 и 313 од ЗОО.
Ваквата обврска за второтужениот неможела да се утврди за периодот пред
поднесување на оваа тужба, смета дека спрема него барањето за исплата на
долгот, се смета од моментот на поднесување на тужбата, но во конкретниот
случај, не ги прифати.

Согласно чл.175 од ЗОО „Обврската за надомест на штета се смета за


стасана од моментот на настанување на штетата.“ Значи од тој момент, се смета
и моментот за стасаност и за настанување на обврската за надомест на штетата.

Моментот на настанување на штетата, судот ја прифати од доспеаноста


на паричното побарување према сега првотужениот, сметано од 29.01.2007
година, кога првотужителот прв пат го повикал сега првотужениот да му го
исплати паричното побарување, кое произлегува од пресудата на Апелациониот
суд Скопје Гж.бр.3519/12 од 29.03.2013 година, за кое пак поради неисполнување
од страна на првотужениот е одговорен второтужениот. Со пресудата сега
првотужениот е задолжен на износот од 853.111,00 денари да плати законска
затезна камата сметано од 29.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од
1.02.2010 година до исплатата законска казнена камата. Судот ваквата одлука во
делот на каматата ја донел согласно чл.266 и чл.266-а, а во врска со чл.203 од
ЗОО, сметајќи дека првотужениот е несовесен стекнувач.

Бидејќи во оваа постапка второтужениот е одговорен за неисполнување


на обврската на првотужениот према тужителите, по основ на надомест на
штета, судот смета дека истиот е должен во целост да го исплати усвоеното
парично побарување, со камата и трошоци, како во правосилната пресуда, а тоа
е од моментот на настанување на штетата, од кој момент доспеало
побарувањето према првотужениот.

Врз основа на изложеното, судот одлучи како во изреката на пресудата и


на решението.

Одлуката за процесните трошоци се заснова на чл.148 ст.2, чл.149 од


ЗПП, тужителите делумно успееја во спорот, па судот го задожи второтужениот
да им ги надомести процесните трошоци, настанати во претходната и повторна
постапка, кои се однесуваат за: состав на полномошно со паушал и зголемување
од 18 % ДДВ износ од 1.534,00 денари, (1.300+234,00 денари), за состав на
тужба со паушал, со зголемување од 30% за второтужител, и зголемување од
18% ДДВ или износ од 5.983,00 денари (3.900,00 + 1.170,00+ 913,00 денари), за
состав на писмен поднесок од 09.09.2015 година со паушал, со зголемување од
30% за второтужител, и зголемување од 18% ДДВ или износ од 5.983,00 денари
(3.900,00 + 1.170,00+ 913,00 денари), за три застапувања на полномошникот на

26
П4.бр.6/17

тужителите со паушал и часовнина, со зголемување од 30% за втор тужител и со


зголемување од 18% ДДВ износ од 7.179,00 денари (4.680,00+1.404,00+1095,00
денари) за едно застапување, а за три износ од 21.537,00 денари, реални
трошоци за превоз, за гориво, на релација Б. -К. и обратно за две рочишта од
26.06.2015 година и 13.10.2015 година, износ од по 1.000,00 денари или 2.000,00
денари,награда за вештото лице износ од 9.990,00 денари, судска такса за тужба
износ од 21.300,00 денари, судска такса за одлука износ од 21.300,00 денари,
или вкупен износ од 89.627,00 денари.

Трошоците за презмените дејствија од полномошникот на тужителите се


пресметани согласно Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа
на адвокатите која важела во моментот на преземање на дејствијата, пред
01.07.2016 година.

Судот не прифати трошоци на тужителите за уште едно застапување на


полномошникот, бидејќи во претходната постапка се одржани 3 рочишта (
26.06.2015, 10.09.2015 и 13.10.2015 година), а не 4 рочишта, во бараниот износ
од 8.424,00 денари. За зголемување на наградата на полномошникот за состав
на тужба, за застапување, и за бараните поднесоци, од 15% за второ лице на
страна на тужен, бидејќи успееја само према второтужениот. Судот во делот на
трошоците за превоз усвои износ од 2.000,00 денари, за две рочишта, кој се
однесуваат за наточено гориво, за кој полномошникот има доставно
сметкопотврди од овие две дати, со фискални сметки. Судот овие трошоци ги
прифати како нужни и реални со оглед на релацијата. За рочиштето од
10.09.2015 година не достави вакви докази. Не го прифати барањето за трошоци
за превоз со сопствено возило за 4 рочишта по цена од 30% од цената на
најскапиот бензин по изминат километар на релација Б.-К. и обратно, или од
досудениот до бараниот износ од 13.968,00 денари, или по 3.492,00 денари за
едно рочиште. Судот смета дека ваквите трошоци не се нужни и не треба да
паднат на терет на тужениот. Не прифати трошоци за отсуство од канцеларија на
адвокатот по 20% за секој започнат час за 4 патувања, за 8 часа по 1.685,00
денари или износ од 13.480,00 денари, не се нужни трошоци, кој треба да
паднат на терет на тужениот, адвокатот работи во адвокатско друштво, па
сигурно е дека поради неговото отсуство, канцеларијата не е затворена. Судот
не прифати трошоци за состав на уште 1 писмен поднесок износ од 5.655,00
денари со зголемување на 18% ДДВ, бидејќи првиот поднесок полномошникот го
доставил на ден 29.06.2015 година, три дена по одржаното рочиште од
26.06.2015 година, па сите изнесени наводи по однос на предметот и по однос на
одговорот на тужба, полномошникот имал можност да ги изнесе на самото
рочиште, па немало потреба од произнесување со писмен поднесок. Судот
прифати за состав на 1 писмен поднесок, бидејќи претставува како одговор на
поднесокот од тужените од 29.07.2015 година. Состав на писмен трошковник
износ од 1.300,00 денари, со зголемување за ДДВ, не бил нужен трошок. Не
прифати трошоци за административни такси за централен регистар износ од
4.204,00 денари, и за историјат за банкараски сметки износ од 606,00 денари,
бидејќи не е доставен никаков доказ за платен износ. За трошок за тековна
состојба за првотужениот износ од 256,00 денари, не е во оригинал, и нема доказ
за платен износ. Или судот не прифати трошоци во вкупен износ од 56.247,00
денари, или разликата од досудените во претходната постапка, до бараниот
износ од 145.874,00 денари.

27
П4.бр.6/17

Процесните трошоци настанати во повторната постапка, се однесуваат за:


за пет застапувања на полномошникот на тужителите со зголемување од 50% за
втор тужител, со паушал и часовнина, и со зголемување од 18% ДДВ износ од
21.067,00 денари (16.567,00+4.500,00 денари) или за 5 застапувања износ од
105.335,00 денари, за состав на еден писмен поднесок со паушал, зголемување
од 50% за второтужител и со зголемување на 18% ДДВ, износ од 18.306,00
денари ( 13.806,00 +4.500,00), состав на жалба за решение со паушал и
зголемување за од 30% за втортужител 7.020,00 денари, судска такса за жалба
износ од 1.200,00 денари, или вкупен износ од 131.861,00 денари.

Трошоците за преземените дејствија од полномошникот на тужителите се


пресметани согласно Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа
на адвокатите со важност во моментот на преземање на дејствијата, ( Службен
весник на РМ. бр.126 од 8.07.2016 година)

Судот не прифати трошоци на тужителите за зголемување на наградата


на полномошникот за застапување, и состав на поднесок од 25% за второ лице
на страна на тужен, бидејќи успееја само према второтужениот. Судот не го
прифати барањето за трошоци за превоз со сопствено возило за 5 рочишта по
цена од 30% од цената на најскапиот бензин по изминат километар на релација
Б. -К. и обратно, во износ од 22.650,00 денари, или по 4.530,00 денари за едно
рочиште, бидејќи смета дека ваквите трошоци не се нужни и не треба да паднат
на терет на тужениот. Полномошникот на тужителите не достави доказ за нужни
и реални трошоци. Не прифати трошоци за отсуство од канцеларија на
адвокатот по 20% за секој започнат час за 5 патувања, за 10 часа по 4.563,00
денари или износ од 45.630,00 денари, не се нужни трошоци, кој треба да паднат
на терет на тужениот, адвокатот работи во адвокатско друштво, па сигурно е
дека поради неговото отсуство, канцеларијата не е затворена. Судот не прифати
трошоци за такса за жалба од досудениот износ од 1.200,00 денари, до бараниот
износ од 42.600,00 денари, бидејќи не е јасно за кој предмет се однесува овој
износ, уплатена е такса за жалба од тужителот во износ од 1.200,00 денари, а се
однесува за жалба против решението за трошоците. Или судот не прифати
трошоци во вкупен износ од 158.362,00 денари, или разликата од досудените во
повторената постапка, до бараниот износ од 290.223,00 денари.

Судот прифати трошоци на тужителите во целост и покрај делумниот


успех, притоа го имаше во предвид како основот, така и висината на усвоеното
тужбено барање и успехот на тужителите во целокупната постапка. Всушност во
делот на висината, тужбеното барање е во целост усвоено, но само спрема
второтужениот, а тужбата према првотужениот судот ја отфрли, поради
пресудена работа. Со оглед на основот на тужбеното барање, целта на
тужителите е постигната со усвојување на тужбеното барање према
второтужениот. Во случајот тужените во целост го оспоруваа тужбеното барање,
како по основ, така и по висина.

Од овие причини судот барањето на тужителите да се задолжат тужените


да им ги надоместат трошоците на постапката од вкупно досудениот од
221.488,00 денари, до бараниот износ од 436.097,00 денари, или за износ од
214.609,00 денари, го одби како неосновано.

28
П4.бр.6/17

ПРЕСУДЕНО ВО ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ, П4.бр.6/17 на ден


19.06.2018 година.

С У Д И Ј А,
Љубинка Костадинова,с.р.

ПОУКА:Рок за жалба е 15 дена, по приемот


на пресудата,преку овој суд до
Апелациониот суд Скопје.

Да е преписот верен на оригиналот, Тврди:

29

You might also like