You are on page 1of 10

1 «Рев2.бр.

404/2021»

Рев2.бр.404/2021

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во


совет составен од судиите: м-р Снежана Бајлозова - претседател на
советот, Васил Грчев, Јелица Крстевска, Снежана Ѓорѓиеска Зекирија и
Наке Георгиев - членови на советот, во правната работа на тужителите
Назлим Мустафа, Назифе Мустафа, Мехмед Мустафа, Али Мустафа,
Шенас Мустафа и Севѓул Мустафа сите од Ш., против тужениот Винер -
Виена Иншуренс Груп АД С., за надомест на штета од автоодговорност,
вредност на спорот 8.800.000,00 денари, одлучувајќи по ревизијата на
тужителите изјавена преку полномошник Адвокатско друштво Бранко
Кузмановски и партнери С., против пресудата на Апелациониот суд Скопје
ГЖ-806/21 од 25.03.2021 година, на седницата одржана на ден 02.11.2021
година, донесе:

ПРЕСУ Д А

Ревизијата на тужителите ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА.

Пресудата на Апелациониот суд Скопје ГЖ-806/21 од 25.03.2021


година во став 4 од изреката СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ПРЕСУДУВА:

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот Винер - Виена Иншуренс Груп АД С. на


тужителите Назлим Мустафа, Назифе Мустафа, Мехмед Мустафа, Али
Мустафа, Шенас Мустафа и Севѓул Мустафа сите од Ш. да им исплати на
име надомест на нематеријална штета за душевна болка поради смрт на
блиско лице покрај досудениот износ од 3.200.000,00 денари со
побиваната пресуда, уште износ од 800.000,00 денари и тоа: на
првотужителот Назлим Мустафа од Ш. на име надомест на нематеријална
штета за душевна болка поради смрт на блиско лице - син покрај
досудениот паричен надоместок во износ од 800.000,00 денари со
побиваната пресуда, уште износ од 200.000,00 денари, на
второтужителката Назифе Мустафа од Ш. на име надомест на
нематеријална штета за душевна болка поради смрт на блиско лице - син
покрај досудениот паричен надоместок во износ од 800.000,00 денари со
побиваната пресуда, уште износ од 200.000,00 денари, на третотужителот
Али Мустафа од Ш. на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице - брат покрај досудениот паричен
надоместок во износ од 400.000,00 денари со побиваната пресуда, уште
износ од 100.000,00 денари, на малолетниот четвртотужител Мухамед
2 «Рев2.бр.404/2021»

Мустафа од Ш. на име надомест на нематеријална штета за душевна


болка поради смрт на блиско лице - брат покрај досудениот паричен
надоместок во износ од 400.000,00 денари со побиваната пресуда, уште
износ од 100.000,00 денари, на петтотужителката Севѓул Мустафа од Ш.
на име надомест на нематеријална штета за душевна болка поради смрт
на блиско лице - брат покрај досудениот паричен надоместок во износ од
400.000,00 денари со побиваната пресуда, уште износ од 100.000,00
денари и на шестотужителката Шенас Мустафа од Ш. на име надомест на
нематеријална штета за душевна болка поради смрт на блиско лице - брат
покрај досудениот паричен надоместок во износ од 400.000,00 денари со
побиваната пресуда, уште износ од 100.000,00 денари, со законска
казнена камата на сите досудени износи во висина на референтната
стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8%
поени, сметано од денот на пресудувањето 03.07.2020 година до
исплатата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

Ревизијата на тужителите, за разликата од досудените износи со


побиваната пресуда и со оваа пресуда до бараниот износ досуден со
првостепената пресуда од 5.600.000,00 денари, СЕ ОДБИВА КАКО
НЕОСНОВАНА.

Секоја странка да ги сноси своите трошоци во постапката по


ревизија.

Образлож ение

Основниот граѓански суд Скопје со пресуда П4-958/19 од 03.07.2020


година, под I, делумно го усвоил тужбеното барање на третотужителот, и
го задолжил тужениот на првотужителот на име надомест на
нематеријална штета за душевна болка поради смрт на блиско лице-син
да му плати вкупен износ од 1.200.000,00 денари, со законска казнена
камата во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое
полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело
на тековното полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на
пресудувањето 03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по
приемот на пресудата, поголемото тужбено барање на првотужителот, за
разликата од досудениот износ од 1.200.000,00 денари на име надомест
на нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – син, до вкупно бараниот износ од 2.000.000,00 денари со законска
казнена камата, го одбил како неосновано. Под II, делумно го усвоил
тужбеното барање на второтужителката и го задолжил тужениот на
второтужителката на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице-син да и плати вкупен износ од
3 «Рев2.бр.404/2021»

1.200.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на


референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, а поголемото тужбено барање на второтужителката за
разликата од досудениот износ од 1.200.000,00 денари на име надомест
на нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – син, до вкупно бараниот износ од 2.000.000,00 денари со законска
казнена камата, го одбил како неосновано. Под III, делумно го усвоил
тужбеното барање на третотужителот и го задолжил тужениот на
третотужителот на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице-брат да му плати вкупен износ од
800.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, а поголемото тужбено барање на третотужителот за разликата
од досудениот износ од 800.000,00 денари на име надомест на
нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – брат, до вкупно бараниот износ од 1.200.000,00 денари со законска
казнена камата, го одбил како неосновано. Под IV, делумно го усвоил
тужбеното барање на малолетниот четвртотужител со законски застапник
Мустафа Назлим од Ш., го задолжил тужениот на малолетниот
четвртотужител на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице-брат да му плати вкупен износ од
800.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, а поголемото тужбено барање на четвртотужителот за
разликата од досудениот износ од 800.000,00 денари на име надомест на
нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – брат, до вкупно бараниот износ од 1.200.000,00 денари со законска
казнена камата, го одбил како неосновано. Под V, делумно го усвоил
тужбеното барање на петтотужителката и го задолжил тужениот на
петтотужителката на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице – брат да и плати вкупен износ од
800.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
4 «Рев2.бр.404/2021»

пресудата, а поголемото тужбено барање на петтотужителката за


разликата од досудениот износ од 800.000,00 денари на име надомест на
нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – брат, до вкупно бараниот износ од 1.200.000,00 денари со законска
казнена камата, го одбил како неосновано. Под VI, делумно го усвоил
тужбеното барање на шестотужителката го задолжил тужениот на
шестотужителката на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице-брат да и плати вкупен износ од
800.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
03.07.2020 година, до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, а поголемото тужбено барање на шестотужителката за
разликата од досудениот износ од 800.000,00 денари на име надомест на
нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице – брат, до вкупно бараниот износ од 1.200.000,00 денари со законска
казнена камата го одбил како неосновано. Судот го задолжил тужениот да
им ги надомести на тужителите трошоците во постапката во износ од
649.288,00 денари, се во рок од 15 дена од денот на приемот на
пресудата, а поголемото барање на тужителите за разликата од
предјавениот до досудениот износ, го одбиле како неосновано.

Основниот граѓански суд Скопје со решение П4-958/19 од


03.11.2020 година, извршил поправање на пресудата П4-958/19 од
03.07.2020 година, на начин што во диспозитивот на страна 1 под точка 1
став 1 наместо тужбеното барање на третотужителот Али Мустафа од Ш.
делумно се усвојува, треба да стои тужбеното барање на првотужителот
Назлим Мустафа од Ш. делумно се усвојува. Судот констатирал дека ова
решение е составен дел на пресудата П4-958/19 од 03.07.2020 година.

Апелациониот суд Скопје со пресуда ГЖ-806/21 од 25.03.2021


година, жалбата на тужениот делумно ја уважил, пресудата на Основен
граѓански суд Скопје П4-958/19 од 03.07.2020 година, решението за
исправка П4-958/19 од 03.11.2020 година и решението за трошоци, кои
решенија се составен дел на пресудата, ги преиначил и пресудил на
начин што тужбеното барање на тужителите делумно го усвоил и го
задолжил тужениот на тужителите да им исплати вкупен износ од
3.200.000,00 денари на име нематеријална штета за душевна болка
поради смрт на блиско лице и тоа: на првотужителот на име надомест на
нематеријална штета за душевна болка поради смрт на блиско лице – син,
да му плати износ од 800.000,00 денари, на второтужителката на име
надомест на нематеријална штета за душевна болка поради смрт на
блиско лице – син, да и плати износ од 800.000,00 денари, на
третотужителот на име надомест на нематеријална штета за душевна
5 «Рев2.бр.404/2021»

болка поради смрт на блиско лице – брат, да му плати износ од 400.000,00


денари, на малолетниот четвртотужител на име надомест на
нематеријална штета за душевна болка поради смрт на блиско лице –
брат, да му плати износ од 400.000,00 денари, на петтотужителката на
име надомест на нематеријална штета за душевна болка поради смрт на
блиско лице – брат, да и плати износ од 400.000,00 денари и на
шесттотужителката на име надомест на нематеријална штета за душевна
болка поради смрт на блиско лице – брат, да и плати износ од 400.000,00
денари, со законска казнена камата на сите досудени износи во висина на
референтната стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето –
03.07.2020 година до исплатата, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата. Поголемото тужбено барање на тужителите, за разликата од
досудениот износ со пресудата од 3.200.000,00 денари на име надомест
на нематеријална штета за претрпен душевен бол поради смрт на блиско
лице до вкупно бараниот износ и досуден со првостепената пресуда од
8.800.000,00 денари за сите тужители, со законска казнена камата на овие
износи, го одбил како неосновано. Судот со решение под истиот број и
датум, го задолжил тужениот на тужителите да му ги надомести
парничните трошоци во вкупен износ од 166.020,00 денари и тоа во рок од
8 дена по приемот на решението, а го одбил поголемото барање на
тужителите за надомест на трошоци над досудените со решението во
износ од 166.020,00 денари до досудените со првостепеното решение во
износ од 649.288,00 денари. Судот го одбил барањето на тужителите и на
тужениот за надомест на трошоци по жалбена постапка.

Против второстепената пресуда ревизија изјавија тужителите преку


полномошник Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери од С.,
поради суштествени повреди на одредбите од парничната постапка,
погрешна примена на материјалното право и одлуката за трошоци, со
предлог ревизијата да се усвои, второстепената пресуда да се преиначи
на начин што жалбата на тужениот да се одбие како неоснована и да се
потврди првостепената пресуда, а тужениот да се задолжи со трошоци во
постапката по ревизија.

Врховниот суд на Република Северна Македонија по проучување на


списите во предметот и наводите во ревизијата, испитувајќи ја побиваната
пресуда во смисла на одредбата од член 377 став 3 од Законот за
парничната постапка („Сл.весник на РМ“ бр.79/05. . . .124/15), најде:

Ревизијата делумно е основана.

Основан е наводот во ревизијата дека второстепениот суд


погрешно го применил материјалното право кога одлучил како во изреката
6 «Рев2.бр.404/2021»

на побиваната пресуда.

По наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија


врз основа на утврдената фактичка состојба, второстепениот суд
погрешно го применил материјалното право во делот на висината на
износот кој го досудил на име надомест на нематеријална штета на секој
од тужителите за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице
–син односно брат.

Врз основа на изведените докази во текот на постапката,


првостепениот суд утврдил, а второстепениот суд прифатил дека во
сообраќајната незгода на ден 09.11.2018 година лицето С.М. се здобил со
тешки телесни повреди, а како последица на истиот починал. Севкупниот
придонес за настанување на сообраќајната незгода и последиците од
истата, биле на страна на возачот на ПМВ „Фолксфаген поло 1.2“, а
починатиот С.М. немал придонес во настанување на сообраќајната
незгода. Од медицинското вештачење изготвено од вешто лице д-р С.Б.,
утврдиен е степенот и интензитетот на времетраењето на претрпените
душевни болки кај тужителите, предизвикани со смртта на покојниот С.М.,
син, односно брат на тужителите. Утврдено е дека првотужителот како
татко на починатиот, доживеал и се уште доживува силна душевна болка
поради ненадејната смрт на својот син, а таа душевна болка ќе трае до
крајот на неговиот живот. Од раѓање, низ детството и младоста, таткото
создал исклучително јака емотивна врска со своето машко дете и истиот
според традицијата, живеејќи во заедница со него, тој ги врзувал
севкупните животни планови за својот понатамошен живот и старост за
синот. Оваа силна емотивна поврзаност за синот чиј живот прерано
згаснал, била основна причина за појава на немерлива и интензивна
душевна болка при негова насилна смрт. Второтужителката како мајка,
доживувала и се уште доживува душевна болка од силно изразен
интензитет поради смртта на своето дете С., која болка е неминлива и
неменлива. Силните емотивни врски на мајката со детето, го имале својот
зачеток уште со самата бременост, а базично се воспоставуваат со
раниот период на психолошкото поврзување уште од првата година од
животот. Наглата и насилната смрт со погинување во сообраќајна незгода,
била фактор кој дополнително го појачал интензитетот на душевната
болка кај мајката и истата ќе опстојува до крајот на нејзиниот живот.
Третотужителот ја доживеал смртта на својот брат стресогено и ваквата
вест кај него предизвикала тој да се повлече, со тешкотија да комуницира
со сите околу себе, чувствувал жал, тага, вознемиреност, напнатост,
празнина. Ваквите симптоми биле карактеристични за посттрауматско
стресно растројство. Душевната болка која ја трпел и уште ја трпи
третотужителот може да се намали, но не може да исчезне и таа ќе биде
присутна до крајот на неговиот живот. Четвртотужителот е малолетен и кај
него е особено изразено емотивното страдање, од причина што истиот
7 «Рев2.бр.404/2021»

нема искуство со губење на толку блиска личност. Неговото душевно


страдање е изразено преку социјална повлеченост, нерасположеност,
губиток на интерес за сите активности карактеристични за неговата
возраст. Растејќи заедно со својот сега починат брат, тој воспоставил
цврсти и силни емотивни врски и по трагичниот настан тој доживува
интензивна душевна болка, која била со јак интензитет и заради
емоционалната блискост со родителите кои немале доволно психолошки
капацитет за да се справат со самиот губиток, а кое нешто кај
четвртотужителот предизвикало уште поголемо душевно страдање.
Петтотужителката како сестра на починатиот доживувала и уште
доживува изразена душевна болка поради неочекуваниот губиток на
нејзиниот брат. Таа доживеала интензивен психички шок, најмногу ја
погодила ненадејноста на смртта на брат и, кое нешто кај неа
предивикало чувство на вознемиреност, тага, дури и чувство на гнев,
чувство на губење на воздух и срцебиење. Душевната болка која се уште
е присутна кај петтотужителката постепено ќе бледнее, но само делумно
ќе се редуцира со одминување на времето. Шестотужителката како сестра
на починатиот доживеала изразито душевно страдање со висок
интензитет заради ненадејната смрт на нејзиниот брат. Кај
шестотужителката постоело душевно страдање изразено преку анксиозно
депресивна симптоматологија, односно целото нејзино однесување е
карактеристично за посттрауматско стресно растројство. Ваквата болка кај
шестотужителката трае сиот овој период, а и покрај намалувањето на
интензитетот, душевната болка поради смртта на нејзиниот брат ќе ја
доживува и понатаму до крајот на животот. Судот исто така утврдил дека
помеѓу странките во спорот не била постигната вонсудска спогодба за
исплата на надомест за претрпена штета.

Врз основа на вака утврдената фактичка состојба првостепениот


суд по основ надомест на нематеријална штета за душевна болка поради
смрт на блиско лице на прво и второ тужителите како родители на
покојниот С.М. им досудил износ од по 1.200.000,00 денари, а на трето,
четврто, петто и шесто тужителите, како браќа и сестри на покојниот им
досудил паричен износ од по 800.000,00 денари, односно вкупен износ од
5.600.000,00 денари.

Второстепениот суд одлучувајќи по жалбата на тужениот, истата ја


усвоил и ја преиначил првостепената пресуда на начин што на тужителите
по основ на нематеријална штета за душевна болка поради смрт на
блиско лице им досудил вкупен износ од 3.200.000,00 денари, и тоа на
прво и второ тужителите како родители на покојниот С.М. им досудил
надомест во износ од по 800.000,00 денари, а на трето, четврто, петто и
шесто тужителите, како браќа и сестри на покојниот им досудил надомест
во износ од по 400.000,00 денари, за кои износи смета дека претставуваат
соодветен, справедлив паричен надоместок, во смисла на член 189 и 190
8 «Рев2.бр.404/2021»

од Законот за облигационите односи.

Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна


Македонија второстепениот суд погрешно го применил материјалното
право кога на тужителите им ги досудил наведените износи на име
нематеријална штета за претрпени душевни болки поради смрт на блиско
лице, имајќи ја во предвид одредбата од член 189 од Законот за
облигационите односи. Имено според член 189 став 1 од наведениот
закон, во случај на повреда на личните права судот, ако најде дека
тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе
досуди справедлив паричен надоместок, независно од надоместокот на
материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Според став 2 од истиот
член, при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за
која служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност
со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествената
цел.

Според член 9-а став 1 од од истиот закон, секое физичко и правно


лице, покрај заштитата на имотните права, има и право на заштита на
своите лични права согласно со закон. Според ставот 2 од истиот член,
како лични права, во смисла на овој закон, се подразбираат правата на
живот, телесно и душевно здравје, чест, углед, достоинство, лично име,
приватност на личниот и семејниот живот, слобода, интелектуално
творештво и други лични права.

Член 190 став 1 од истиот закон предвидува, во случај на смрт или


тежок инвалидитет на некое лице, судот може да им досуди на членовите
на неговото потесно семејство (брачен другар, деца и родители),
справедлив паричен надоместок за нематеријална штета.

Согласно законските одредби, а имајќи ги предвид видот,


интензитетот и времетраењето на душевните болки кај тужителите,
Врховниот суд на Република Северна Македонија наоѓа дека справедлив
паричен надоместок за нематеријална штета за претрпените душевни
болки поради смрт на блиско лице за тужителите е вкупниот износ од
4.000.000,00 денари, поради што покрај досудениот вкупен износ со
второстепената пресуда од 3.200.000,00 денари на тужителите им досуди
уште вкупен износ од 800.000,00 денари. Ревизискиот суд наоѓа дека
справедлив паричен надоместок за нематеријална штета за претрпените
душевни болки поради смрт на блиско лице - син за прво и
второтужителите како родители на починатиот С.М. е износ од по
1.000.000,00 денари, поради што покрај досудениот износ на име паричен
надоместок со второстепената пресуда од по 800.000,00 денари им
9 «Рев2.бр.404/2021»

досуди уште износ од по 200.000,00 денари. Ревизискиот суд смета дека


справедлив паричен надоместок за нематеријална штета за претрпените
душевни болки поради смрт на блиско лице – брат за трето, четврто,
петто и шестотужителите претставува износот од по 500.000,00 денари,
поради што покрај досудениот износ со второстепената пресуда од по
400.000,00 денари, на трето, четврто, петто и шестотужителите им досуди
уште износ од по 100.000,00 денари. При досудувањето на надоместок на
име нематријална штета по овој основ, судот ја имаше предвид
емотивната врска на родителите и браќата и сестрите со починатиот, која
била од интензивен карактер и претставува неминлива и доживотна
душевна болка поради смртта на блиско лице, која се чувствувала
непосредно по настанот, изразена како трајна и негативна емоција
предизвикана од самото сознание за смртта, така и за сите подоцнежни
болки кои ги чувствуваат родителите, односно браќата и сестрите кои се
во семејна заедница поради загубата на синот, односно братот. Исто така,
овој суд водеше сметка досудениот износ да претставува справедлив
паричен надоместок по однос на нематеријалната штета кој се досудова
по овој основ, а во смисла на одредбите од член 189 став 2 и член 190 од
Законот за облигационите односи. Согласно член 266 и 266-а од Законот
за облигационите односи, судот го задолжи тужениот да им плати на
тужителите и законска казнена камата на сите досудени износи сметано
од денот на пресудувањето - 03.07.2020 година, до конечната исплата.

Поради наведените причини следуваше ревизијата делумно да се


усвои, побиваната пресуда да се преиначи и да се одлучи како во
изреката на пресудата под став 1, 2 и 3, а согласно одредбата од член 387
став 1 од Законот за парничната постапка.

Ревизијата на тужителите за разликата од досудените износи со


побиваната пресуда и со оваа пресуда до бараниот износ досуден со
првостепената пресуда од 5.600.000,00 денари, овој суд ја одби како
неоснована. Ова од причина што со надоместокот на нематеријалната
штета не треба да се погодува на стремежите кои не се спојливи со
неговата природа, а определувањето на повисоки износи од досудените
износи со оваа и со побиваната пресуда би било спротивно на природата
и целта заради која служи овој надомест.

Поради овие причини следуваше во останатиот дел ревизијата на


тужителите да се одбие како неоснована и да се одлучи како во изреката
на оваа пресуда под став 4, а согласно член 384 став 1 од Законот за
парничната постапка.

Согласно член 148 став 2 од Законот за парничната постапка, во


врска со член 160 став 2 од истиот закон, со оглед на постигнатиот успех
во парницата судот одлучи секоја странка да ги сноси своите трошоци во
10 «Рев2.бр.404/2021»

постапката.

Пресудено во Врховниот суд на Република Северна Македонија на


ден 02.11.2021 година, под Рев2.бр.404/2021.

Претседател на советот -
судија
м-р Снежана Бајлозова с.р.

За точноста на отправокот – т в р д и:секретар

You might also like