You are on page 1of 7

1

ПЛ1-ТС-97/20

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основниот суд во Штип, како првостепен суд претставен од


судијата Лилјана Јанкова со записничар Снежана Стојанова,
постапувајќи по тужбата на тужителот Друштво за производство, трговија
и услуги ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ Јакимово О.Виница, против тужениот
Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОГРИН ЛТД ДОО
експорт-импорт Пробиштип , за долг во износ од 2.809.231.00 денари, по
одржаната главна, јавна и усна расправа на 30.03.2021 год. во присуство
на полномошникот на тужителот адвокат Панче Едровски од Кочани и
полномошникот на тужениот адвокат Љупка Бочварска од Штип , на
08.4.2021 година, донесе и објави

ПРЕСУДА

Приговорот на тужениот Друштво за производство, трговија и


услуги ЕКОГРИН ЛТД ДОО експорт-импорт Пробиштип против
решението НПН бр.113/2020 од 24.09.2020 година на нотар Лидија
Илиевска од Пробиштип, ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА.

Решението НПН бр.113/2020 од 24.09.2020 година на нотар


Лидија Илиевска од Пробиштип, со кое е усвоен предложениот нотарски
платен налог тужениот Друштво за производство, трговија и услуги
ЕКОГРИН ЛТД ДОО експорт-импорт Пробиштип е задолжен да му плати
на тужителот Друштво за производство, трговија и услуги ДАДИ ОИЛ
ДООЕЛ Јакимово О.Виница износ од 1.039.231,00 денари со законска
казнена камата во висина на референтната стапка на НБРСМ што за
секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му
претходело на тековното полугодие зголемено за 10 процентни поени и
тоа:
- На износ од 59.811,00 денари сметано од 01.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 105.181,00 денари сметано од 04.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 107.838,00 денари сметано од 10.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 44.845,00 денари сметано од 15.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 105.948,00 денари сметано од 15.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 148.730,00 денари сметано од 18.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 177.776,00 денари сметано од 21.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 104.370,00 денари сметано од 25.07.2020 год. до
конечната исплата
- На износ од 132.580,00 денари сметано од 28.07.2020 год. до
2
конечната исплата
- На износ од 52.152,00 денари сметано од 28.07.2020 год. до
конечната исплата, како и да му плати само камата на износ од
1.770.000,00 денари и тоа:
- На износ од 1.374,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
27.05.2020 год. до 30.06.2020 год. , а од 01.07.2020 год. до 15.09.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 101.400,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
27.05.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 15.09.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 97.226,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
30.05.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 15.09.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 140.276,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
30.05.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 02.10.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 59.474,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
03.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 02.10.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 150.000,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
03.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 08.10.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
3
процентни поени,
- На износ од 200.000,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
03.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 03.11.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 10.484,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
03.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 06.11.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 100.950,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
03.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 06.11.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 88.566,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
10.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 06.11.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 43.152,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
10.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 01.12.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 77.098,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
10.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 01.12.2020 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 27.220,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
4
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
10.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 127.716,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
16.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 102.897,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
16.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 96.877,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
20.06..2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 106.786,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
20.06..2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 87.956,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
26.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 106.094,00 денари со камата во висина на
референтната стапка на НБРСМ што важела на последниот ден од
претходниот месец зголемена за 5 процентни поени сметано од
26.06.2020 год. до 30.06.2020 год., а од 01.07.2020 год. до 05.02.2021 год.
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
5
НБРСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процентни поени,
- На износ од 44.454,00 денари со законска казнена камата во
висина на референтната стапка на НБРСМ што за секое полугодие
важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие зголемена за 10 процентни поени, сметано од
01.07.2020 год. до 05.02.2021 год., како и за трошоците во износ од
41.476,00 денари, ОСТАНУВА ВО СИЛА.
Решение НПН.бр.113/2020 од 24.09.2020 година на нотар Лидија
Илиевска од Пробиштип, за наплата на долг од 1.770.000,00 денари и за
износот од 55.200,00 денари за задоцнето плаќање на долг по фактури,
СЕ УКИНУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот Друштво за производство, трговија и
услуги ЕКОГРИН ЛТД ДОО експорт-импорт Пробиштип , да му ги
надомести трошоците во постапката на тужителот Друштво за
производство, трговија и услуги ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ Јакимово О.Виница
во износ од 113.520,00 денари во рок од 8 дена од правосилноста на
пресудата.

Образложение

Друштво за производство, трговија и услуги ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ


Јакимово О.Виница, до нотар Лидија Илиевска од Пробиштип, поднел
предлог против Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОГРИН
ЛТД ДОО експорт-импорт Пробиштип за издавање на решение на
нотарски платен налог врз основа на веродостоја исправа за наплата на
долг во износ од 2.809.231.00 денари со камата.
Со решение НПН.бр.113/2020 од 24.09.2020 година на нотар
Лидија Илиевска од Пробиштип, е усвоен предложениот нотарски платен
налог и е задолжен тужениот на тужителот да му плати долг во износ од
2.809.231.00 денари со камата.
Против решението за дозволено извршување, должникот Друштво
за производство, трговија и услуги ЕКОГРИН ЛТД ДОО експорт-импорт
Пробиштип поднел приговор со кој го оспорил решението на нотарот.
На закажаното рочиште од 30.03.2021 год. се јави полномошникот
на тужителот адвокат Панче Едровски, и полномошникот на тужениот
адвокат Љупка Бочварска .
Во излагањето на тужбата и тужбеното барање полномошникот на
тужителот, изјави:
Останувам при прецизираното тужбено барање со писмен
поднесок од 01.03.2021 год. односно тужениот на тужителот му има
платено вкупен долг од 1.770.000,00 денари. На овој износ остануваме на
каматата од доспеаноста до извршеното плаќање.
Исто така остануваме при предлогот решението на нотарот за
наплата на долг од 1.039.231,00 денари со камата како во поднесокот на
поединечните износи од доспеаноста до конечната исплата.
Во излагањето на приговорот, полномошникот на тужениот изјави:
Останувам при наводите во приговорот и оставам судот да одлучи
врз основа на расположивите докази.
6

Во доказна постапка судот изврши увид во: ф-ра број 20-300-06870


од 27.07.2020 год. до ф-ра број 20-30-04921 од 26.05.2020 год. како во
предлогот до нотарот вкупно 23 на број, во конто картица за извршени
плаќања од 01.03.2021 год., па ценејки ги овие докази, ја утврди следната
фактичка состојба:
Тужениот од тужителот користел гориво за своја сметка поради
што тужителот го задолжил со фактури број 20-300-06870 од 27.07.20202
год. на износ од 52.152,00 денари, со ф-ра број 20-300-06869 од
27.07.2020 год. на износ од 132.580,00 денари, со ф-ра број
20-3о00-06794 од 24.07.20о20 год. на износ од 104.370,00 денаери, со
ф-ра број 20-300-06664 од 20.07.2020 год на износ од 177.776,00 денари,
со ф-ра борј 20-300-06577 од 17.07.2020 год. на иознос од 148.730,00
денари, со ф-ра број 20-300-06484 од 14.07.2020 год. на износ од
105.948,00 денари, со ф-ра број 20-300-06485 од 14.07.2020 год. на износ
од 44.845,00 денари, со ф-ра број 20-300-06321 од 09.07.2020 год. на
изнокс од 107.838,00 денари, со ф-ра број 20-300-06138 од 03.07.2020
год. на износ од 105.181,00 денари, со ф-ра број 20-300-06014 од
30.06.2020 год. на износ од 104.265,00 денари, со ф-ра број
20-300-005822 од 25.06.2020 год. на износ од 106.094,00 денари, со ф-ра
број 20-300-05821 од 25.06.2020 год. на износ 87.956,00 денари, со ф-ра
број 20-300-05649 од 1906.2020 год. на износ од 106.786,00 денари, со
ф-ра број 20-300-05648 од 19.06.2020 год. на износ од 96.877,00 денари,
со ф-ра број 20-300-05505 од 15.06.2020 год. на износ од 102.897,00
денари, со ф-ра број 20-300-05504 од 15.06.2020 год. на износ од
127.716,00 денари, со ф-ра број 20-300-05331 од 09.06.2020 год. на износ
од 104.318,00 денари, со ф-ра број 20-300--05330 од 09.06.2020 год. на
износ од 131.718,00 денари, со ф-ра број 20-300-05147 од 02.06.2020 год.
на износ од 100л.950,00 денари, со ф-ра број 20-300-05146 од 02.06.2020
год. на износ од 419.958,00 денари, со ф-ра број 20-300-05054 од
29.05.2020 год. на износ од 237.502,00 денари, со ф-ра број 20-300-04922
од 26.05.2020 год. на и знос од 101.400,00 денари и со ф-ра број
20-300-04921 од 26.05.2020 год. на износ од 341.040,00 денари.
Тужителот предлог до нотар за наплата на долг од 809.231,00
денари
Тижителот со писмен поднесок до судот го прецизира тужбеното
барање бидејќи тужениот платил дел од долгот по поднесувањето на
предлогот на нотар, поради што тужителот остана на тужбено барање во
износ од 1.039.231,00 денари а на износот кој го платил од 1.770.000,00
денари побара камата за задоцнето плаќање на долгот.
Од вака утврдената фактичка состојба судот одлучи како во
изреката од следните причини:
Според одредбите од чл.251 ст.1 од ЗОО, доверителот во обврзан
однос е овластен да бара од должникот исполнување на обврската , а
должникот е должен да ја исполни совесно во сето како што гласи таа.
Согласно чл.442 од ЗОО, со договорот за продажба продавачот се
обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот, така
што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува
да му ја плати на продавачот цената.
Неспорно е дека тужениот користел гориво од тужителот за кој бил
7
задолжуван со фактури.
Неспорно е дека тужениот платил дел од долг од 1.770.000,00
денари по поднесување на предлогот до нотар ик му останал уште износ
од 1.039.231,00 денари.
Од горе изнесено а согласно чл.424 од ЗПП судот одлучи
решението НПН број 113/2020 од 24.09.2020 година на нотар Лидија
Илиевска од Пробиштип за наплата на долг од 1.039.231,00 денари со
камата да остане во сила.
Согласно чл.266 од ЗОО, должникот кој ќе задоцни со исполнување
на парична обврска, долгува покрај главнината и затезна камата по
стапка утврдена со закон.
Во смисла на одредбите од чл.266 од ЗОО судот одлучи решението
на нотарот за каматата на износ од 1.039.231,00 денари сметано од
доспеаноста на долгот по фактурите до конечната исплата, како и за
каматата за задоцнето плаќање на долгот во износ од 1.770.000,00
денари од доспеаноста на долгот до извршеното плаќање да остане во
сила.
Согласно чл.428 од ЗПП судот го укина решението на нотарот за
наплата на долг од 1.770.000,00 денари бидејќи тој износ тужениот го
платил. Судот исто така го укина решението на нотарот за долг во износ
од 55.200,00 денари како надомест за доцнење на исполнување на
парична обврска бидејќи во смисла на чл.70 од Законот за нотаријат по
овој основ нема веродостојна исправа врз основа на кои нотарот може да
издава рершение.
Согласно чл.148 од ЗПП, судот одлучи решението на нотарот за
трошоци во износ од 41.476,00 денари да остане во сила и го задолжи
тужениот со трошоци од уште 113.520,00 денари од кои за застапување
на полномошникот на тужителот на 3 рочишта по 11.700,00 денари, за
часовнина за 3 часа по 2.340,00 денри, за состав на 2 образложени
поднесок по 11.700,00 денари и такса за одлука 48.000,00 денари.

Основен суд Штип, 08.4.2021 година.

Судија,
Лилјана Јанкова, с.р.

ПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена


по приемот преку овој суд до Апелациониот суд во Штип.

НАЛОГ: Тужителот да плати такса за одлука износ од 48.000,00


денари.

You might also like