You are on page 1of 2

Дисконтирање.

Периодични влогови

III домашна работа – Дисконтирање. Периодични влогови кај кои вкаматувањето се


совпаѓа со вложувањето.

1. Компанијата X и должи на банката B сума од 150 000 денари, која треба да се плати
на 15.07. Компанијата ја исплаќа сумата предвремено, на 15.03 истата година.
Пресметајте ја ефективната вредност со која на 15.03 се отплаќа долгот, ако
банката применува проста годишна каматна стапка од 12%.

2. Компанијата X и должи на банката B сума од 1 200 000 денари, која треба да се


плати на 15.09. Компанијата ја исплаќа сумата предвремено, на 10.07 истата
година. Пресметајте ја ефективната вредност со која на 10.07 се отплаќа долгот, ако
банката применува сложена годишна дисконтна стапка од 9%.

3. Едно трговско друштво продало стока и за тоа добило меница со номинална


вредност 300 000 денари и дата на плаќање 20.05. Но трговското друштво не може
да чека наплата на меницата, па затоа истата на 23.03 ја продава на својата банка со
дисконтна стапка од 8%, провизија 0,045% и 100 денари манипулативни трошоци.
Колку банката му испалтила на трговското друштво?

4. На 17.04 дисконтирани се три меници со номинални вредности и валути: 400 000


денари на 20.06, 900 000 денари на 21.08 и 700 000 денари на 24.09 со дисконтна
стапка од 5%, провизија 0,035% и манипулативен трошок по меница 75 денари.
Колку денари е исплатено за трите меници?

5. Лицето А издало комерцијален запис со номинална вредност од 150 000 денари и


валута на 16.08, кој не може во целост да го плати на денот на валутата. Затоа дало
нов комерцијален запис со номинална вредност 90 000 денари и валута на 15.10
истата година. Разликата (неплатената сума) лицето А ја платило на 16.08 со
дисконтна стапка 12%. Колку пари вкупно платило лицето А?

6. На 25.02 е објавена аукција за продажба на тримесечни благајнички записи со


достасување за исплата на 26.07, со вкупна номинална вредност од 20 000 000
денари. На аукцијата се добиени следниве конкурентски порачки:
- банката B1 сака да се купи благајнички записи во номинална вредност од
5 000 000 денари по цена од 99,66;
- банката B2 сака да се купи благајнички записи во номинална вредност од
5 000 000 денари по цена од 99,78;
- банката B3 сака да се купи благајнички записи во номинална вредност од
12 000 000 денари по цена од 99,68;
- банката B4 сака да се купи благајнички записи во номинална вредност од
10 000 000 денари по цена од 99,75;

Освен тоа, пристигната е и eдна неконкурентска порачка на мал инвеститор кој сака да
купи благајнички записи во номинална вредност од 2 000 000 денари.

пом.асс. Лимонка Лазарова


Дисконтирање. Периодични влогови

Како ќе ја реализирате продажбата на благајничките записи понудени на оваа аукција?


Кои порачки ќе бидат задоволени? Колкава е цената на благајничките записи која ќе важи
за неконкурентска понуда?

7. Капитал од 7000 денари е вложуван на крајот на секоја година со годишна каматна


стапка од 6% p.a.(a) и годишно вкаматување. После 5 години од сметката се
подигнати 7000 денари, а преостанатата сума е вложена на уште 5 години со
годишна каматна стапка од 3% p.a. (d) и годишно вкаматување . Со која сума ќе се
располага после 5 години.

8. Јован го продава своето лозје при што ги добива следниве понуди: купувачот А
нуди 5000 евра по две години и 10 000 евра по 10 години, купувачот B нуди 10 000
евра веднаш и по 2000 евра на крајот од секоја од следните 5 години, купувачот C
нуди 4800 евра на почетокот на секоја година во следните 4 години. Годишната
сложена каматна стапка е 6% p.a.(d), а вкаматувањето е годишно. Која понуда е
најповолна?

9. Едно лице сака на крајот од својата 60 – та година да располага со 3 000 000


денари. Од својата 40 – та до 45 – та година тоа вложувало декурзивно по 3000
денари. Колку треба да вложува лицето од 45 – та до 60 –та година, за да ја
постигне целта, ако каматната стапка е 6% p.a.(d), а вкаматувањето е годишно?

10. Едно лице од својата 30 – та до 40 – та година, секоја година вложувало по 3000


денари годишно антиципативно, а од 45 – та до 50 – та година, секоја година по
6000 денари годишно декурзивно. Со која сума лицето ќе располага на крајот од 60
–та година, ако притоа се смета дека годишната сложена каматна стапка е
6%p.a.(d), а вкаматувањето е годишно.

пом.асс. Лимонка Лазарова

You might also like