You are on page 1of 33

Вежби

Факултет за Бизнис Економија


 'Let me control a peoples currency and I care not who makes
their laws...'
 Mayer Nathaniel Rothschild in a speech to a gathering of
world bankers February 12, 1912. The following year, the
USA subscribed to the 'services' of the newly incorporated
Federal Reserve, headed by Mr. Rothschild."
Временска вредност на парите
 4 најважни фактори кои влијаат врз цената на парите:
 1. производствени можности
 2. временска преференција на потрошувачката
 3. ризик
 4. инфлација
Временска вредност на парите
 Во 1629 год. Питер Минуит го купил Менхетен островот, дел
од денешен Њујорк од домородците за $24 вредност на
златни медаљони. Денес проценетата вредност на
Менхетен е околу $70 милијарди. Дали Питер Минуит
направил добра инвестиција?
Временска вредност на парите
 Доколку ги инвестирал тие $24 по стапка од 8% во
изминатите 378 год. тој денес би имал $103 илјади
милијарди многу повеќе од $70 милијарди колку што денес
вреди Менхетен. Питер Минуит направил лоша проценка на
неговата инвестиција.
Едноставен заем (проста камата)
1.Некоја банка му дава едногодишен заем на својот клиент во
износ од 100 000 денари со камата од 10%. Колкав ќе биде
износот на кредитот кој клиентот ќе го врати по истекот на
временскиот период?
Едноставен заем (проста камата)
 2. Пријател ви дава на заем 5 000 п.е. кои треба да ги
вратите во рок од 3 години по 6% каматна стапка. Бидејќи се
работи за близок пријател тој ви наплатува обична каматна
стапка без вкаматување. Колкав е износот кој на крај ќе му
го вратите на вашиот пријател?
Едноставен заем (проста камата)
 3. УЈП пропуштил да ви врати данок во износ од 100 денари.
Тие ви нудат избор помеѓу 100 денари денес и 102 денари
следната година. Доколку каматната стапка е 4%, која
алтернатива би ја избрале?
Едноставен заем (проста камата)
 4.УЈП ви дава избор да ви врати 100 денари сега или 105
денари следната година по каматна стапка од 4 %. Која
алтернатива е за вас поповолна?
Едноставен заем (проста камата)
 5. Имате 1000 денари да инвестирате или да ги заштедите.
Банката ви нуди да ја депонирате вашата заштеда и да ви
исплаќа каматна стапка од 8 %. Колку ќе изнесува
депонирата сума на крајот од првата година?
Едноставен заем (проста камата)
 6. Да претпоставиме сега дека вашиот депозит останува во
банката 2 година, а банката исплаќа проста камата од 8 %
годишно. Колкав ќе биде депонираниот износ по крајот на 2
година?
Едноставен заем (проста камата)
решенија
 1. FV = PV * (1 + i) = 100 000 * (1 + 0,1) = 110 000 денари
 2. FV = PV * (1 + ( i ) * ( n )) = 5000 * (1 + 0,06 * 3) = 5900
 3. PV = FV / (1 + i) = 102 / (1 + 0,04) = 98 денари
Бидејќи 98 денари е помало од 100 денари денеска би ја
избрал првата алтернатива.
Едноставен заем (проста камата)
решенија - продолжение
 4.PV = FV / (1 + i) = 105 / (1 + 0,04) = 101 денар
Бидејќи 101 денар наредната година е поголемо од 100
денари денес втората алтернатива е поповолна.
5. FV = PV * ( 1 + i) = 1000 * ( 1 + 0,08) = 1080 денари
6. FV = PV * ( 1 + i * n) = 1000 * ( 1 + 0,08 * 2) = 1160 денари
Вкаматување (сложена камата)
 1. Ако сакате да имате 10 000 денари за 3 години со камата
од 8 %, колкав е износот кој денес треба да го депонирате
во банка?
Вкаматување (сложена камата)
 2. Ако мислите дека може да продадете недвижност за 5
години за сума од 25 000 п.е. по дисконтна стапка од 5 %,
колку е вредноста на вашата недвижност денес?
Вкаматување (сложена камата)
 3. Колкава е вредноста на вашиот депозит од 5000 п.е.
вкаматуван годишно за 7 години по каматна стапка од 6%?
Вкаматување (сложена камата)
 4. Среќко добил 10 000 п.е. на лотарија. Тој сака со овие
средства да го финансира високото образование на
неговата штотуку родена ќерка и ги инвестира средствата во
инвестиционен фонд кои нудат стапка на поврат од 6 % во
наредните 18 години. Колкава ќе биде сумата што Среќко ќе
ја има на 18тиот роденден на неговата ќерка?
Вкаматување (сложена камата)
 5. Руди ќе се пензионира за 20 години. Тој сака по истекот на
20та година пензискиот фонд да му исплати 15 000 п.е.
Колкава сума на средства Руди мора да депонира во својот
пензиски фонд денес доколку каматната стапка ќе остане
непроменета на 7 %?
Вкаматување (сложена камата)
 6. Koja e идната вредност на 100 денари депонирани во
банка, која исплаќа 3 % камата во рок од една година, ако
каматата се плаќа квартално?
Вкаматување
решенија
 1. PV = FV / (1 + i)n = 10 000 / ( 1 + 0,08)3 = 7928 денари
 2. PV = FV / (1 + i)n = 25 000 / ( 1 + 0,05)5 = 19 588 евра
 3. FV = PV * ( 1 + i)n = 5000 * ( 1 + 0,06)7 = 7518 евра
Вкаматување решенија -
продолжение
 4. FV = PV * ( 1 + i)n = 10 000 * ( 1 + 0,06)18 = 28 543,39 евра
 5. PV = FV / (1 + i)n = 15 000 / ( 1 + 0,07)20 = 3876 евра
 6. FV = PV * (1 + i/m )n*m = 100 000 * (1+0,03/4)4 = 103,03 евра
Ануитет
 1. Сакате да инвестирате 1000 п.е. годишно во текот на 3
години по каматна стапка од 8%. Колку ќе изнесува сумата
на крајот од третата година?
Ануитет
 2. Колку треба да платите за да примате 1000 п.е. годишно,
во период од 3 години по сложена каматна стапка од 8%?
Ануитет
 3. Катерина треба да го реновира кровот на својата куќа по
цена од 25 000 п.е., после 20 години. За да го покрие овој
трошок таа планира во овој временски период да заштеди
еднаска сума на пари на крајот од секоја година, која ќе носи
6% принос. Колкава е сумата на ануитетот?
Ануитет
 4. Петар сака да купи куќа. Моментално има месечен приход
од 1000 п.е. Месечната стапка на хипотекарните кредити
изнесува 0,5%. Периодот на отплата е 20 години. Колкава е
сумата на хипотекарен кредит што ќе треба да ја подигне
Петар за да ја купи посакуваната куќа?
Ануитет
 5.* Согласни сте да платите 15 626 п.е. сега, за да купите
вечен ануитет кој на вас и на вашите потомци ќе ви носи
сума од 1250 п.е. годишно. Ако стапката на принос остане
непроменлива, колку би платиле за 20 годишен обичен
ануитет наместо вечен?
Ануитет решенија
 1. FV (A) = A * [(1 + i)n – 1/ i] = 1000 * [ (1 + 0,08)3 – 1/ 0,08] =
3246
 2. PV(A) = A / i * [ 1 – 1/(1 + i)n] = 1000 / 0,08 * [ 1 – 1/(1 +
0,08)3] = $2577
 3. FV (A) = A * [(1 + i)n – 1/ i] =
 25 000 = A * [(1 + 0,06)20 – 1/ 0,06]
 25 000 = A * 36,7856
 A = 25 000/ 36,7856 = 679,61
Ануитет решенија - продолжение
 4. PV(A) = A / i * [ 1 – 1/(1 + i)n * m] = 1000/ 0,005 * [ 1 – 1/ (1 +
0,005) 20 * 12 ] = $139 580
 5. PV (P) = A/I 15626 = 1250/i i = 0,08 = 8%
PV(A) = PV(A) = A / i * [ 1 – 1/(1 + i)n * m] = 1250/0,08 * [1-
1/(1+0,08)20] = 12 272,69
Вечни ануитети (perpetuity)
 1. Пресметајте ја вредноста на акција која исплаќа
дивиденда од 3,60 п.е. годишно до бесконечност, а
дисконтната стапка е 12%?
Вечни ануитети (perpetuity) -
решенија
 1. PV = A / i = 3,60/ 0,12 = 30 п.е.
Реална и номинална каматна
стапка
 1. Претпоставете дека сте депонирале 1000 п.е. во
банка. Реалната каматна стапка изнесува 2% а
инфлацијата се очекува да биде 6%. Која ќе биде
номиналната каматна стапка која банката ја исплаќа на
вашиот депозит на крајот од годината? Колкава ќе биде
сумата на депозитот на крајот од годината? Ако
штедите за да купите радио кое моментално вреди 1050
п.е. дали на крајот од годината ќе имате доволно
средства?
Реална и номинална каматна
стапка - решенија
 1. i = i + π = 2% + 6% = 8% - номиналната стапка
FV = PV * (1 + i) = 1000 * ( 1 + 0,08)= 1080 п.е.
Во теорија цената на радиото ќе се зголеми за инфлацијата
во тој период. Па така 1050 * 6% = 1113 п.е. Имаме 33 п.е.
помалку од потребните за да го купиме радиото
 Ви благодарам на вниманието!

Изработиле:
Мартин Стојановиќ
Проф. Благоја Наневски
Факултет за Бизнис Економија
Хартии од вредност и портфолио анализа
Октомври 2011 год

You might also like