You are on page 1of 5

1 У-5.бр.

«820»/«2016»

У-5.бр.«820»/«2016»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите М-р Есма


Алибашиќ Јонуз - претседател на совет и судиите Билјана Никодиновска
Петровска и М-р Ѓоко Живковски - членови на советот, со записничар
Јован Трпевски – раководител на одделение, решавајќи по тужбата на
тужителот З.И. од К., преку полномошник адвокат Зоран Андоновски од К.,
против решението на Управата за јавни приходи – Регионална Дирекција
Штип бр.22-1090/4671-2 од 15.02.2016 година, за персонален данок на
доход, на седницата одржана на 02.11.2017 година, донесе

ПРЕСУ Д А

Тужбата на тужителот З.И. од К., СЕ УВАЖУВА.

Оспореното решение на Управата за јавни приходи – Регионална


Дирекција Штип бр.22-1090/4671-2 од 15.02.2016 година, за персонален
данок на доход, СЕ ПОНИШТУВА.

Образлож ение

Со оспореното решение означено во изреката од пресудата на


тужителот му бил утврден годишен персонален данок на доход за 2010
година во вкупен износ од 56.380,00 денари.

Незадоволен од решението на тужениот орган, тужителот поведе


управен спор со предлог оспореното решение да биде поништено, поради
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалното право. Во тужбата наведе дека тужениот орган не постапил
по Пресудата на Управниот суд У-5.бр.977/2012 од 07.07.2014 година.
Имено наведе дека паричните средства во 2010 година биле исплатени
врз основа на договор за дело склучен помеѓу Б. АД во стечај – К. и
тужителот, при што Б. АД во стечај – К. како исплатувач на приходи била
обврзана да го плати персоналниот данок на доход, кое нешто било
констатирано и со Записникот за извршена надворешна контрола на
персоналнот данок на доход кај овој субјект бр.2215-29/06100-61201/2 од
09.11.2010 година. Ова побаруање на име персонален данок на доход врз
основа на извршени исплати на име лични примања од страна на Б. АД во
стечај – К., било пријавено во стечајната маса од страна на Управата за
јавни приходи и прифатено од страна на стечајниот управник, така што во
конкретниот случај тужениот орган настојува два пати да наплати исто
побарување.

Тужениот орган во одговор на тужбата остана при своето решение и


2 У-5.бр.«820»/«2016»

предложи тужбеното барање на тужителот да се одбие како неосновано.

Управниот суд постапувајки по тужбата, го испита оспореното


решение во границите на тужбеното барање во смисла на член 37 од
Законот за управните спорови, па по оценка на тужбените наводи,
одговорот на тужбата и списите на предметот најде:

Тужбата на тужителот е основана.


Од списите во предметот произлегува дека Управата за јавни
приходи – Регионална Дирекција Штип, извршила надворешна контрола
кај Трговското друштво Б. АД во стечај – К. за персоналниот данок на
доход за период од 01.01.2006 – 20.10.2010 година, за што бил составен
Записник бр.2215-29/06100-61201/2 од 09.11.2010 година во кој меѓу
другото било констатирано дека е обврзник за пресметување и плаќање
на персонален данок на доход како исплатувач на лични примања по
основ на плати од работен однос согласно членот 3 став 1 точка 1 од
Законот за персонален данок на доход, по основ на исплати по договори
на дело за повремено вршење на услуги од страна на физички лица, како
и по основ на еднократни исплати на физички лица по разни основи
согласно членот 15 став 1 точка 4 од истиот закон. Имено било
констатирано дека Б. АД во стечај – К. за контролираниот период за горе
наведените извршени исплати, пресметала, но не уплатила персонален
данок на доход, за што контролата го задолжила овој правен субјект со
персонален данок на доход во вкупно утврден износ по разни основи од
688.763,00 денари, како и со пресметана камата во износ од 16.216,00
денари.

Покрај горе утврденото, тужителот на 15.03.2011 година до


надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи, поднел
Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход во
која навел дека за 2010 година остварил вкупно приходи во износ од
563.804,00 денари по основ на примања од договор за повремено или
привремено вршење на услуги, по која Управата за јавни приходи –
Регионална Дирекција Штип – Даночно одделение К. донела Даночно
решение бр.22-1090/4671 од 07.07.2011 година, со кое на тужителот му
бил утврден годишен персонален данок на доход за 2010 година во вкупен
износ од 56.380,00 денари.

Против ова решение тужителот поднел жалба до Министерот за


финансии, кој со Решение У.бр.16-7/1 од 24.04.2012 година ја одбил како
неоснована, при тоа имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба од
страна на првостепениот орган врз основа на расположливите
материјални докази, оценувајќи дека првостепеното даночно решение е
правилно донесено согласно членот 77 став 1 точка 2в од Законот за
даночна постапка и член 87 од Законот за персонален данок на доход.
3 У-5.бр.«820»/«2016»

Постапувајќи по Пресудата од Управниот суд У-5.бр.977/2012 од


07.07.2014 година, како и по Решенијата на Министерот за финансии
У.бр.16-7/2 од 27.10.2014 година и У.бр.11-589/1 од 04.05.2015 година,
Управата за јавни приходи – Регионална Дирекција Штип го донела
оспореното Решение бр.22-1090/4671-2 од 15.02.2016 година, со кое
повторно на тужителот му бил утврден годишен персонален данок на
доход за 2010 година во вкупен износ од 56.380,00 денари.

Судот наоѓа дека тужениот орган со оспореното решение го


повредил законот на штета на тужителот поради следното:

Согласно членот 75 став 1 точка 1 од Законот за персонален данок


на доход („Службен весник на РМ“ бр.80/1993 ... 133/2009), утврдување и
наплата на аконтација на данокот на доход по одбивка се врши за личните
примања.

Согласно член 76 став 1 од Законот за персонален данок на доход,


аконтација на данокот на доход за приходите од член 75 на овој закон
пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно
исплатен приход.

Согласно членот 95 став 1 од Законот за персонален данок на


доход, исплатувачот на лични примања и на други приходи на кои
аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка е должен запрениот данок да
го уплати при секоја поединечна исплата.

Согласно пак членот 15 став 1 точка 4 од Законот за персонален


данок на доход, основа за пресметување на данокот за личните примања,
меѓу другото претставува износот на секој поединечно остварен приход
врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на
правни и физички лица.

Согласно членот 52 од Законот за управните спорови („Службен


весник на РМ“ бр.62/2006 ... 150/2010), кога судот ќе поништи акт против
кој бил поведен управен спор, предметот се враќа во состојба во која се
наоѓал пред да е донесен поништениот акт, а ако според природата на
работата што била предмет на спорот, место поништениот управен акт
треба да се донесе друг, надлежниот орган е должен да го донесе без
одлагање, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на доставувањето на
пресудата, притоа е врзан со правното мислење на судот, како и со
забелешките на судот во однос на постапката.

Во конкретниот случај, по наоѓање на Управниот суд тужениот орган


не ја применил правилно горе цитираната законска регулатива,
утврдувајќи дека тужителот е даночен обврзник за персонален данок на
4 У-5.бр.«820»/«2016»

доход од лични примања и задолжувајќи го со персонален данок на доход


од остварени лични примања по основ на договор за повремено или
привремено вршење на услуги.

Од извршениот увид во списите во предметот, Судот утврди дека


тужителот за 2010 година остварил приход по основ на договор за
повремено или привремено вршење на услуги на правно лице, во случајот
Б. АД во стечај – К. како исплатувач на приходите, кои приходи согласно
Законот за персонален данок на доход спаѓаат во групата на лични
примања за кои даночен обврзник е исплатувачот на истите, односно при
секоја поединечна исплата исплатувачот (во случајот Б. АД во стечај – К.)
е должен запрениот данок да го уплати.

Во прилог на горе наведеното е и фактот што надворешната


контрола во Записникот бр.2215-29/06100-61201/2 од 09.11.2010 година
констатирала дека Б. АД во стечај – К. за контролираниот период е
обврзник за пресметување и плаќање на персонален данок на доход како
исплатувач на лични примања по основ на плати од работен однос
согласно членот 3 став 1 точка 1 од Законот за персонален данок на
доход, по основ на исплати по договори на дело за повремено вршење на
услуги од страна на физички лица, како и по основ на еднократни исплати
на физички лица по разни основи согласно членот 15 став 1 точка 4 од
истиот закон, додека за извршените исплати по наведените основи
пресметала, а не уплатила персонален данок на доход.

При ваква фактичка и правна состојба на работите, Судот најде


дека тужениот орган не ги применил правилно законските одредби при
целосно и правилно утврдување на фактичката состојба и правилна
примена на материјалното право.

При повторното постапување и одлучување тужениот орган


потребно е правилно и целосно да ја утврди фактичката состојба по однос
на фактот кој во конкретниот случај е даночен обврзник за персонален
данок на доход остварен од лични примања, за кој данок утврдување и
наплата се врши како аконтација на данокот по одбивка, при тоа да ги има
предвид горе наведените законски одредби од Законот за персонален
данок на доход, па согласно насоките на судот дадени во Пресудата У-
5.бр.977/2012 од 07.07.2014 година да донесе правилна и на закон
заснована одлука.

Со оглед на горе изнесеното, судот утврди дека тужбата на


тужителот е основана и одлучи согласно член 39-a став 1 од Законот за
управни спорови.

Пресудено во Управниот суд на 02.11.2017 година под У-5.бр.820/2016


5 У-5.бр.«820»/«2016»

Записничар – раководител на одделение Претседател на совет -


Судија
Јован Трпевски м-р Есма
Алибашиќ Јонуз

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 15


дена од приемот на истата, преку овој суд до Виш управен суд.

НАЛОГ ЗА ТАКСА: Се задолжува тужителот да плати судска такса за


тужба во износ од 480,00 денари и судска такса за одлука во износ од
800,00 денари, во рок од 15 дена од приемот на одлуката и тоа како
примач Буџет на Р.М., банка на примач НБРМ, судски такси од физички
лица сметка број 1000-000-000-630-95, Уплатна сметка: 840-182-03359
Приходна шифра: 72-22-13, Програма:00, Начин:2, односно судски такси
од правни лица банка на примач НБРМ сметка број 1000-000-000-630-95,
Уплатна сметка: 840-182-03338, Приходна шифра: 72-22-11, Програма:00,
Начин:2.

ДН: - тужител преку полномошник адвокат Зоран Андоновски од К.


- тужен орган

Претседател на совет - Судија


м-р Есма Алибашиќ Јонуз

НК/

You might also like