You are on page 1of 11

1

Ivan Digitally
signed by Ivan «»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»
Medarski
Meda Date:
2024.03.05

rski 09:34:08
+01'00'
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ, како првостепен


парничен суд преку судијата «Слободан Хаџи Христовски» како судија
поединец, постапувајќи по правната работа на малолетниот тужител
«Тијана Тројнко» од «Скопје», против тужените «Град Скопје» од «Скопје»
и Општина Кисела Вода«», за «надомест на штета», вредност
«152.050.00» «ден.», по одржаната главна јавна и усна расправа на ден
18.03.2015 год., во присуство на «»законскиот застапник на малолетниот
тужител, Весна Тројнко од Скопје, за првотужениот полномошник
Слободан Јаневски дипл. правник вработен кај првотужен и за второтужен
Христина Стојановиќ стручен соработник со заменичко полномошно од
адвокат Александар Михајлоски од Скопје,«» на ден «26.03.2015» година,
ја донесе и јавно ја објави следната

ПРЕСУ Д А

ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на малолетниот


тужител Тијана Тројнко од Скопје.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените Град Скопје и Општина Кисела


Вода«», солидарно да и платат на малолетната тужителка Тијана Тројнко
преку законскиот застапник Весна Тројнко од Скопје, на име надомест на
нематеријална штета вкупен износ од 65.000,00 денари од кои: за
претрпен физички бол износ од 30.000,оо денари и за претрпен страв
износ од 35.000,оо денари, и за материјална штета износ од 2.050,оо
денари, со законска казнена камата на овие износи сметано од денот на
пресудувањето 26.03.2015 година во висина на референтната стапка на
Народна Банка на Република Македонија, што важела на последниот ден
од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за
осум процентни поени, па до исплатата, и трошоци во постапката во износ
од 14.758,00 денари а се во рок од 8 дена по приемот на пресудата, под
закана од присилно извршување.

Поголемото тужбено барање на тужителот за разликата од


досудените износи на име нематеријална штета и тоа: за претрпен
физички бол од досудените 30.000,оо денари до бараните 60.000,оо
денари, за претрпен страв од досудените 35.000,оо денари до бараните
90.000,00 денари , со законска казнена камата на овие износи сметано од
денот на пресудувањето и за разликата од досудените до бараните
2
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

трошоци, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Образ л ож ение

Малолетната тужителка Тијана Тројнко преку законскиот застапник


Весна Тројнко, до овој суд на ден 29.08.2013 година поднесе тужба против
тужените Град Скопје и Општина Кисела Вода, за надомест на штета,
вредност 152.050,00 денари. Во тужбата е наведено дека малолетната
тужителка која била на возраст од 13 години и ученик во ОУ Кузман
Јосифовски Питу во учебната 2012/2013 год., на ден 06.03.2013 година
околу 14,оо часот, кога се враќала од училиште на ул.Огњан Прица во
близина на амбулантата, одеднаш од позади неа била нападната од
огромно црно-бело куче кое скокнало и ја гризнало за раката, забивајќи ги
забите во прстите на нејзината десна рака. Наведено е дека по нападот
почуствувала силна болка во средниот прст на десната рака поради што и
течела крв од повеќе места на средниот прст од раката. Наведено е дека
силно исплашена од неочекуваниот напад, трчајќи влегла во амбулантата
каде ја прегледал доктор, кој ја исчистил раната, ја преврзал и ја повикал
нејзината мајка. Наведено дека потоа за еден час од нејзината мајка била
пренесена на инфективната клиника каде по прегледот и бил препорачан
серум против тетанус и било исто така препорачано со ветеринар да го
најдат кучето за да тој го прегледа и да се види дали покажува знаци на
беснило. Наведено е дека малолетната тужителка претрпела голем страв
и болка и дека поради настанот претрпела нематеријална и материјална
штета.Наведено е дека поради силната вознемиреност и страв
малолетната тужителка била на преглед и во Заводот за ментално
здравје.Наведено е и дека одговорноста на кучињата скитници е
подеднаква и на двајцата тужени, па дека поради тоа се предлага да се
усвои тужбеното барање спрема тужените солидарно. Предложено е да
судот донесе пресуда со која ќе ги задолжи тужените солидарно да и
платат на малолетната тужителка надомест на нематеријална штета
поради повреда на личните права и нарушување на здравјето во вкупен
износ од 150.000,оо денари, од кои за претрпен физички бол 60.000,оо
денари и за претрпен страв 90.000,оо денари и надомест на материјална
штета во износ од 2.050,оо денари со законска казнена камата сметано од
денот на пресудувањето до исплатата, како и со трошоците на постапката,
а се во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Докази предложи.
Трошоци побара.

Првотужениот Град Скопје поднел одговор на тужба во кој навел


дека го оспорува тужбеното барање во целост и предлага да биде
одбиено како неосновано поради немање на пасивна легитимација на
3
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

страна на Град Скопје. Наведено е дека од доказите кои се доставени


неможе да се утврди причината за настанување на повредите на
тужителката и дека не е познато дали кучето наведено во тужбата било
куче скитник или можеби станува збор за куче домашен миленик и ако е
така зошто сопствениците не го воделе својот миленик на поводник.
Наведено е дека ако навистина било куче скитник треба да се утврди дали
било соодветно третирано и дали тужителката со своето однесување
придонела за реакција на наведеното куче за да го предизвика на напад и
слично. Наведено е дека согласно одредбите од Законот на Град Скопје,
за вршењето на јавни работи од локално значење градот во рамките на
својата надлежност може да основа јавни служби во согласност со
Законот. Наведено е дека согласно законските одредби Градот Скопје
основал јавно претпријатие во чија надлежност спаѓала и обврската да се
грижи за хигиената и ерадикација на животните скитници на подрачјето на
Град Скопје. Наведено е и дека градот Скопје како основач на јавното
претпријатие неможе да биде одговорен за настанувањето и
надоместување на штетата поради непревземање на соодветни мерки од
страна на јавното претпријатие. Наведено е дека поради тоа градот Скопје
приговара на немање на пасивна легитимација и заради тоа е предложено
да се одбие тужбеното барање како неосновано, а тужителот да се
задолжи со трошоците на постапката.
Докази предложи.
Трошоци побара.

Второтужениот Општина Кисела Вода, преку својот полномошник


поднел одговор на тужба во која е наведено дека приговара на пасивната
легитимација на второтужениот согласно чл.10 т.4 од Законот за град
Скопје, каде што една од комуналните надлежности на градот Скопје е
ерадикација на животните скитници. Наведено е дека ерадикацијата на
животните скитници, односно нивното згрижување е во надлежност на
град Скопје и дека град Скопје донел програма за решавање на
проблемот со животните скитници на град Скопје за 2008 година, па дека
поради тоа што општината Кисела Вода спаѓа во подрачјето на гр.Скопје,
произлегува дека град Скопје е надлежен за кучињата скитници на
територијата на општина Кисела Вода. Наведено е дека надлежностите на
општините се регулирани во чл.22 ст.1 т.4 од Законот за локална
самоуправа и дека конкретно комуналните надлежности на Општините во
кои спаѓа и ерадикацијата на животните скитници е нормирана во овој
член. Наведено е дека во комуналните дејности на општините никаде
наведено е дека општината е надлежна за ерадикација на кучињата,
односно за нивното згрижување. Наведено е дека надлежностите на
Општина Кисела Вода се регулирани во службен гласник во Општина
Кисела Вода бр.3 од 05.03.2010 год., и дека во овој акт во чл.9 т.4 не стои
дека Сектрото за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита
на животна средина во Општина Кисела Вода ги врши работите на
ерадикација на животните скитници. Наведено е дека тужбеното барање
4
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

спрема второтужениот е неосновано поради недостиг на пасивна


легитимација па е предложено судот да донесе пресуда со која ќе го
одбие тужбеното барање спрема второтужениот како неосновано.

Докази предложи.
Трошоци побара.

На рочиштето одржано на 18.03.2015 год., законскиот застапник на


тужителката наведе дека останува при тужбата и тужбеното барање во
целот према двајцата тужени, дека се повикува во наводите дадено во
решението на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.1922/14 од 04.12.2014 год.,
и дека пасивната легитимација произлегува од чл.10 ст.4 од Законот за
град Скопје и од чл.24 од Законот за локална самоуправа како обврска на
тужените да вршат комунални дејствија од областа на ерадикација на
животните скитници.

Полномошникот на првотужениот наведе дека останува кон


наводите во одговорот на тужба и одржаните рочишта и дека град Скопје
нема пасивна легитимација затоа што се јавува како основач на јавни
претпријатија како и дека немањето на пасивна легитимација произлегува
од договорот од гр.Скопје и ЈП Комунална хигиена на гр.Скопје и
програмата за решавање на проблемот со животните скитници на
подрачјето на град Скопје.

Полномошникот на второтужениот наведе дека останува кон


досегашните писмени и усни наводи во постапката, а особено кон
приговорот за немање на пасивна легитимација од причини наведени во
одговорот на тужба и цитираните и приложени прописи, со предлог да
биде одбиено тужбеното барање спрема второтужениот како пасивно
нелегитимиран.

На главната расправа судот ги допушти и изведе предложените


докази и тоа: извод од матична книга на родени за Тијана Тројнко од
гр.Скопје по теквен бр.636 за 2000 година издаден на 21.11.2000 год., под
бр.29.12.2-45319, ветеринарна потврда од 06.03.2013 год., од ветеринарна
болница ДОО Скопје под бр.16, извештај на специјалист од ЈЗУ УК за
инфективни болести од 06.03.2013 год., од Др. Марија Димзова,
специјалист инфектолог бр.5091 за Тијана Тројнко, извештај на
специјалист-субспецијалист од 10.06.2013 год., од Д-р. Лидија за Тијана
Тројнко, лекарски наод и мислење од Д-р.Милка Бошковска, специјалист
невропсихијатар од 17.06.2013 год., за Тијана Тројнко, потврда за
партиципација за здраствени услуги од 06.03.2013 год., на 400,оо денари
за Тијана Тројнко со фискална сметка, сметка од ветеринарна болница
Скопје за Тијана Тројнко бр.099072 од 06.03.2013 год., на износ од
1.500,оо денари со фискална сметка, потврда од здраствен дом Скопје за
партиципација за здраствени услуги од 10.06.2013 год., за Тијана Тројнко
5
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

на износ од 150,оо денари бр.7754 со фискална сметка на 150,оо денари,


програма за решавање на проблемот со животните скитници на подрачје
на гр.Скопје од 2008 год., од 21.12.2007 год., бр.07-3169/1, договорот
склучен помеѓу Град Скопје и ЈП Комунална хигиена заведен под бр.08-
5805/1 од 28.12.2012 год., во Гр.Скопје и под бр.03-11337 од 26.12.2013
год., во ЈП Комунална хигиена, извадок од Службен гласник Општина
Кисела вода бр.3 страна 13 и страна 14, програма за решавање на
проблемот со кучиња Скитници на подрачјето на гр.Скопје за 2013 год., од
29.11.2012 бр.07-5035/1, па ценејќи ги овие докази во смисла на чл.8 од
ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба:

На ден 06.03.2013 година околу 14,оо час, малолетната тужителка


која била на возраст од 13 години на ул. Огњан Прица во близина на
амбулантата, кога се враќала од училиште, била нападната од позади и
касната од црно - бело куче, скитник кое ја гризнало за десната рака
забивајќи ги забите во прстите на десната рака. Од нападот почуствувала
силна болка во средниот прст на десната рака и кога ја погледнала раката
видела дека и тече крв од повеќе места на средниот прст на раката. Потоа
тужителката силно исплашена од ненадејниот и неочекуваниот напад,
незнаејќи што да прави кога ја приметила амбулантата во близина, влегла
во амбулантата. Во амбулантата била прегледана од доктор кој и ја
исчистил раната, била преврзана и била повикана нејзината мајка. Во
наредниот еден час од страна на мајката, малолетната тужителка била
пренесена на Инфективна клиника каде по прегледот и бил препорачан
серум за тетанус како и да заедно со ветеринар го најдат кучето, за да тој
го прегледа и да го набљудува за да утврди дали ќе почне да покажува
знаци на беснило. Утврдено е дека на 06.03.2013 год., од ветеринарната
болница ДОО Скопје од страна на доктор ветеринар бил извршен
клинички преглед на шарено, црно бело улично куче и дека кучето при
првиот кличнички преглед покажало негативен резултат на беснило. Во
ветеринарната потврда бр.16 од 06.03.2013 год., издадена од
ветеринарна болница ДОО Скопје е наведено дека било каснато лицето
Тијана Тројнко од Скопје. Утврдено е дека на 10.06.2013 год.,
малолетната тужителка била прегледана од лекар специјалист по
психијатрија во ЈЗУ Здраствен дом Скопје, завод за ментално здравје за
деца и младинци Младост, при што било констатирано пострауматско
стресно растројство, со емоционални проблеми и препишана терапија
таблети бедоксин. Утврдено е дека како последица од повредата која
била причинета со угризување од страна на кучето, изразена во вид на
угризна рана од куче на третиот прст на десната рака, малолетната
тужителка претрпела болки во средниот прст на десната рака.
Тужителката интензивни болки трпела во период од четири до пет часа по
настанот, а болки со среден интензитет во тек на наредната една недела
по настанот и потоа во наредните три недели до крајот на првиот месец
лесни болки. Болките биле редуцирани со примањето на терапијата и
мирувањето, а тие се интезивирале при движење на прстот и при
6
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

преврските поради дразнењето на нервните завршетоци на повредените


места. Со медицинското вештачење е констатирано дека отокот на
местото на повредувањето се ресорбирал по пет до седум дена по
повредувањето, а во наредните 15 дена се санирала и раната и
хематомите. Во моментот на прегледувањето од вештото лице е
констатирано дека тужителката нема болки како последица од повредата.
Малолетната тужителка претрпела примарен интензивен страв како страв
за сопствениот живот кој траел неколку минути, а потоа се
трансформирал во секундарен страв како страв од последиците и тоа со
среден интензитет во текот на една недела и со лесен интензитет до
крајот на првиот месец и како таков бил присутен континуирано во период
од еден месец. Констатирано дека во периодот од наредните три месеци
стравот се јавувал повремено како ноќен страв, а и во понатамошниот
период повремено се појавувал до денот на опсервацијата од вештото
лице. Констатирано е со вештачењето дека со оглед на тоа дека се
работи за 13-годишна женска особа, која физички била немоќна да се
одбрани кај неа се јавил силен паничен страв и дека како резултат на
специфичната незрела детска структура на личноста и ненадејноста на
настанот дошло до пореметување на психолошката рамнотежа и
пострауматско стресно растројство кое опстојувало и по три месеци од
настанот, а тоа се манифестирало со напнатост, нарушен сон и
одбегнување на местото на настанот. Утврдено е дека за преврската на
малолетната тужителка и за партиципација во цената на здраствените
услуги биле наплатени 400,оо денари од ПЗУ Медикал центар на
06.03.2013 год., износ од 1.500,оо денари од ветеринарна болница ДОО
Скопје на 06.03.2013 год., за преглед и за учество во цената на
здраствени услуги 150,оо денари на 10.06.2013 год., од ЈЗУ Здраствен
дом Скопје, завод за ментално здравје на деца и младенци Младост
Скопје. Утврдено е дека помеѓу град Скопје и ЈП Комунална Хигиена е
склучен договор во декември месец 2012 година заведен кај првотужениот
и ЈП Комунална Хигиена со кој договор се регулираат односите помеѓу
град Скопје како нарачател и ЈП Комунална Хигиена како извршител на
активностите поврзани со заловувањето и медицински третман на
животните скитници на подрачјето на град Скопје за 2013 година.
Утврдено е дека Советот на град Скопје на 29.11.2012 год., донел
програма за решавање на проблемот со животните скитници на
подрачјето на гр.Скопје за 2013 год. Утврдено е дека во договорот за 2013
год. склучен помеѓу првотужениот и ЈП Комунална хигиена, согласно чл.4
од овој договор извршителот на услугата - ЈП Комунална Хигиена е
должен по добиена дојава за теренско интервенирање од страна на
нарачателот или од страна на граѓанин да излезе на терен веднаш или
најдоцна за два дена и да ја превземе потребната активност. Согласно
чл.5 од овој договор извршителот е предвидено дека е должен да
активностите ги врши под условите дефинирани по програмата за
решавање на проблемот со животните скитници на град Скопје за 2013
год., а во согласност со прописите што се однесуваат на овој вид на
7
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

работа според одредбите на овој договор. Согласно чл.7 од овој договоро


извршителот на услугата се обврзува предметот на овој договор да го
изврши совесно и одговорно во договорените рокови во чл.4 од овој
договор, постапувајќи според напаствијата на нарачателот. Согласно чл.9
доколку нарачателот има забелешки на начинот и обемот на
извршувањето на предметот на договорот, за истото е должен да го
изврши извршителот, а извршителот е должен да постапи по забелешките
на нарачателот.

Горната фактичка состојба судот ја утврди врз основа на


изведените докази во текот на постапката.

Врз основа на наводите во тужбата, извод од матична книга на


родени за Тијана Тројнко од гр.Скопје по теквен бр.636 за 2000 година
издаден на 21.11.2000 год., под бр.29.12.2-45319, ветеринарна потврда од
06.03.2013 год., од ветеринарна болница ДОО Скопје под бр.16, извештај
на специјалист од ЈЗУ УК за инфективни болести од 06.03.2013 год., од
Др. Марија Димзова, специјалист инфектолог бр.5091 за Тијана Тројнко,
извештај на специјалист-субспецијалист од 10.06.2013 год., од Д-р. Лидија
за Тијана Тројнко, лекарски наод и мислење од Д-р.Милка Бошковска,
специјалист невропсихијатар од 17.06.2013 год., за Тијана Тројнко,
потврда за партиципација за здраствени услуги од 06.03.2013 год., на
400,оо денари за Тијана Тројнко со фискална сметка, сметка од
ветеринарна болница Скопје за Тијана Тројнко бр.099072 од 06.03.2013
год., на износ од 1.500,оо денари со фискална сметка, потврда од
здраствен дом Скопје за партиципација за здраствени услуги од
10.06.2013 год., за Тијана Тројнко на износ од 150,оо денари бр.7754 со
фискална сметка на 150,оо денари, е утврдено дека малолетната
тужителка била поврдена на 06.03.2013 година од каснување од куче
скитник во средниот прст од десната рака.

Врз основа на програмата за решавање на проблемот со животните


скитници на подрачје на град Скопје за 2013 год., донесена на 29.11.2012
год. од Советот на гр.Скопје, како и врз основа на договорот склучен
помеѓу град Скопје и ЈП Комунална хигиена, заведен кај ЈП Комунална
хигиена на 26.12.2012 а кај град Скопје на 28.12.2012 год., прозилегуваат
односите кои се воспоставени помеѓу првотужениот и ЈП Комунална
хигиена, како и активностите кои требало да се превземат за
спроведување на програмата.

Висината на досудениот надоместок судот го утврди врз основа


наводите во тужбата,медицинските потврди од прегледите и на наводите
дадени во медицинското вештачење при што ги имаше во предвид видот,
степенот и времетраењето на претрпениот физички бол и страв.

Судот утврди дека со оглед на претрпените телесни повреди и


8
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

возраста на малолетната тужителка и следува износ од 30.000,00 денари


од кои за претрпени физички болки, 35.000,00 денари за претрпен страв
или вкупно 65.000,00 денари.

Со оглед на горе наведеното, а согласно чл.189 ст.1 и 2 од ЗОО,


судот при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
водеше сметка за видот, времетраењето и интензитетот на претрпениот
физички бол и страв, за целта за која служи надоместокот, како и за тоа
надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се споиви со
неговата природа и општествената цел.

Тужбеното барање на тужителот во делот за разликата од


досудените до предјавените износи, судот го одби како неосновано затоа
што најде дека бараните износи се превисоко поставени, па согласно
чл.189 ст.2 од ЗОО, не може да се прифати надоместок во бараната
висина како основан.

Судот во конкретниот случај прифати дека тужениот Град Скопје


одговара по принципот на објективна одговорност, согласно чл. 160 од
ЗОО затоа што Градот Скопје согласно чл. 10 ст.4 т.21 за Град Скопје е
задолжен за ерадикација на животните скитници. Исто така и по чл. 25
точка 1 од Законот за заштита и благосостојба на животните, Општината,
општините во градот Скопје односно градот Скопје, се надлежни да вршат
собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња како и нивно
привремено сместување во соодветни објекти - прифатилишта, а согласно
ст.5 за контрола на популацијата на кучињата скитници, општината,
општините во град Скопје односно градот Скопје се наведени методите
кои можат да ги применат за исполнувањето на својата обврска спрема
нерегистрирани кучиња.

Судот не го прифати како основан приговорот на првотужениот град


Скопје, за немање на пасивна легитимација во конкретниот случај затоа
што тужениот имал склучено договор со ЈП комунална хигиена како
извршител на активности поврзани со заловувањето и медицинскиот
третман на животните скитници на подрачјето на Град Скопје за 2013
годидна. Ова од причина што видно од одредбите на договорот приложен
во постапката по предметот во договорот не е предвидено дека ЈП
Комунална хигиена покрај обврската за превземање на одредени
активности има обврска и за надомест на штета предизвикана од кучиња
скитници на територијата на Град Скопје. Видно од содржината на овој
договор истиот се однесува на регулирањето на односите помегу Град
Скопје и ЈП Комунална хигиена во врска со превземањето на
активностите за заловувањето и медицинскиот третман на животните
скитници.

Со оглед на тоа дека согласно Законот за Град Скопје и согласно


9
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

Законот за заштита и благосостојба на животните, надлежен за третманот


на кучињата скитници, а со цел за заштитата на граганите од евентуални
напади, за превземањето и непревземањето на соодветни активности
произлегува дека градот Скопје е објективно одговорен за надомест на
штета.

Исто така судот го ценеше и наводот во одговор на тужба за тоа


дека требало да се утврди дали кучето кое го нападнало тужителот било
предходно третирано и дека требало да биде утврден дали кучето имало
сопственикот односно било домашен миленик, па дека доколку било
третирано согласно законските прописи и дали тужителката со своето
однесување придонела за реакцијата на кучето односно дали го
предизвикалана напад и слично, но најде дека истиот е неоснован. Ова од
причина што во конкретниот случај се работи за објективна одговорност за
исполнување на обврските на тужениот дадени во наведените законски
прописи што значи дека тужениот е должен да постапува во смисол да
обезбеди заштита на граганите од напади од кучиња без оглед дали
кучињата биле предходно третирани и привремено заловени па вратени
во реонот. Околноста за тоа дали кучето скитник во конкретниот случај
имало некој сопственик не е околност која тужителот и тужениот може да
ја докажат.Од друга страна градот како објективно одговорен е должен да
најде начин да обезбеди што поделотворна и што поголема заштита на
граѓаните од ваквите појави.

Судот врз основа на предложените докази прифати дека во


конкретниот случај малолетната тужителка неможе да се смета дека го
предизвикала нападот на кучето, па со оглед на тоа се неосновани
ваквите наводи.
Судот не го прифати наводот затоа дека Град Скопје како основач
на Јавно претпријатие неможе да биде одговорен за настанувањето и
надомест на штетата, поради непревземање мерки од страна на јавното
претпријатие затоа што Град Скопје во конкретниот случај не е тужен како
основач на јавното претпријатие со солидарна одговорност , туку како
дирекно одговорен за надомест на штета по принципот на објективна
одговорност согласно обврските кои му се дадени со Законот на Град
Скопје и Законот за благосостојба на животните.

Судот не ги прифати наводите за тоа дека второтужениот Општина


Кисела Вода не е пасивно легитимиран во оваа постапка затоа што во
чл.22 од Законот за локална самоуправа не било предвидено децидно
дека општината има обврски за ерадикација на животните скитници и дека
согласно актот на општината објавени во службен гласник во општината
од 05.03.2010 год., Секторот за комунални работи, инфраструктура,
сообраќај и заштита на животната средина во чл.9 т.4 немаат ваква
обврска како и дека согласно чл.10 ст.4 од Законот за град Скопје
надлежноста за ерадикација на животните скитници е комунална
10
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

надлежност на град Скопје.

Имено во чл.22 ст.3 од Законот за локална самоуправа е


предвидено дека со закон се утврдуваат работите од надлежност на
општината која таа задолжително ќе ги врши. Во чл.24 од Законот за
локална самоуправа ст.1 е предвидено дека заради извршување на
своите надлежности Општините можат да основаат јавни служби во
согласност со Закон, во ст.2 дека општината може да го делигира
вршењето на одредени работи од јавен интерес од локално значење на
други правни или физички лица, врз основа на договор за извршување на
работи од јавен интерес во согласност со Закон, а во ст.3 дека општината
е субсидијарно одговорна за извршување на работите од јавен интерес од
ставовите 1 и 2 од овој член.

Со оглед на тоа дека согласно чл. 25 ст.1 и ст.5 од Законот за


благосостоја на животните е децидно утврдено дека и општините во град
Скопје, покрај градот Скопје се надлежни да вршат активности за заштита
на граѓаните од нерегистрираните кучиња, произлегува дека во
конкретниот случај надлежност и обврска за ерадикацијата на животните
скитници има за територијата на општина Кисела Вода и самата Општина
Кисела Вода и покрај тоа што е дел од градот Скопје и независно од тоа
што градот донел програма за решавање на проблемот со животните
скитници.

Со оглед на тоа и Општината Кисела Вода во конкретниот случај


како и градот Скопје има обврска према малолетната тужителката по
принципот на објективна одговорност а согласно погоре наведените
одредби од чл.160 од ЗОО.

Судот ги задолжи тужените и со надоместок на материјалните


трошоци за лекување на тужителката во износ од 2.050,оо денари, кои
произлегуваат од настанот во кој тужителката била повредена.

Тужените е со оглед да постои законска обврска за град Скопје и за


Општина Кисела Вода како солидарно одговорни се задолжени во смисол
на чл.402 од ЗОО, во кој е предвидено секој должник на солидарна
обврска му одговара на доверителот за целата обврска и доверителот
може да го бара нејзиното исполнување од кого сака се додека не биде
наполно исполнета, но кога еден должник ќе ја исполни обврската, таа
престанува и сите должници се ослободуваат.

На досудениот износ е досудена камата сметано од денот на


пресудувањето како ден кога е утврдена висината на надоместокот и
одговорноста на тужените за надомест на штета, а согласно чл. 266 и 266
а од ЗОО.
11
«»ХIV.«»«МАЛВП-2044/14»

Согласно чл. 145, 146 и 148 од ЗПП, законот за судски такси и


вредноста на спорот, судот го задолжи тужениот со износ 14.758,00
денари од кои 3.041,00 такса за тужба и 3.041,00 денари такса за пресуда
и:овие износи се намалени за 56% согласно успехот на тужителот од 44 %
така што се досудени 2.676,00 денари на кои се додадени 6.082,00 денари
побарани со жалба за судска такса за жалба затоа што тужителот успеал
во жалбената постапка во целост и за награда за медицинско вештачење
6.000,00 ден. како нужен трошок.
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ
XIV.МАЛВ.П.бр.2044/14«» на ден 26.03.2015 година

С у д и ј а,
Слободан Хаџи Христовски с.р.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена


по приемот на истата преку овој суд до Апелациониот суд Скопје, поради
суштествени повреди од одредбите на чл.343 ст.2 од ЗПП и погрешна
примена на материјалното право.

НАЛОГ ЗА ТАКСА: Се задолжува тужителот да плати такса за пресуда


износ од 3.041,оо денари во рок од 8 дена по приемот на пресудата, а под
страв на присилно извршување.

ДН: - на законскиот застапник на тужителот Весна Тројнко од Скопје


ул.``Востаничка ``бр.65 б./1
- на прво тужениот «ГРАД СКОПЈЕ» од «Скопје»,«Б...»
- по електронски пат на полномошникот на второтужениот, адвокат
Александар Михајловски од Скопје.

You might also like