You are on page 1of 5

ДО

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

ВРСКА: _____________________

ТУЖИТЕЛ: Тасеска Љиљана од Скопје, со адреса на живеење на бул. Јане Сандански бр.61/7
Скопје и ЕМБГ 2007949455043

преку полномошник Адвокат Анита Бегова, со седиште на ул.„ Шарски Одред “ бр. 3А-2 Скопје, со
ЕМБС 6069266, и со ЕДБ 5030005239073 адреса на електронско сандаче anitab@begova.com.mk –
2d4ee6a4ec94876fde6a0e2be7a01f72 и контакт тел. 02/3222-325

ТУЖЕН: 1. Град Скопје со седиште на бул. Илинден 82 Скопје, Центар со ЕМБС 6019595 и ЕДБ
4030004561156 преку градоначалник Данела Арсовска

2. Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници ,,Лајка ” со седиште на ул.


840 бр.2 Скопје , Гази Баба со ЕМБС 7345178 и ЕДБ 4043019526459 преку
овластено лице

ПРЕДМЕТ: надомест на штета

ВРЕДНОСТ: 600.000,00 денари

ТУЖБА
Тужителката на ден 06.03.2022 година во близина на трговскиот ценатр Капитол во попладневните
часови била нападната од улично куче скитник кое ја каснало во пределот на листот од левата
подколеница. При нападот од уличното куче тужителката паднала врз цврсто тло на левата шака-
дланка. После минлива конфузност од нападот од кучето скитник тужителката забележала
крваречка рана во пределот на задна ложа од левата подколеница но и оток, деформитет и болка
во левата подлактица како и функционална немоќ за движење на левата дланка во рачниот зглоб.

Поради истите причини тужителката веднаш со возило и со припомош на нејзиниот син била
однесена до ЈЗУ УК по хируршки болести св. Наум Охридски каде по направени протоколарни
клинички и радиолошки иследување била потврдена скршеница на палечната коска од левата
подлактица во нејзиниот долен крај. Кај тужителката било индицирано конзервативно лекување
па после реализираната репозиција за постигнување на уредна коскена оска на коскентите
фрагменти од скршеницата и била поставена подлактна имоболизација и била упатена на
продолжено лекување во домашни услови.

Поставената гипсена имобилизација ја носела во континуитет од еден месец после што од страна
на лекар специјалист била упатена на физикална терапија , која ја обавувала во амбулантски
услови за подобрување на локалниот наод со ограничени движења и присутен оток во пределот
на левиот рачен зглоб како и намалена мускулна сила на инактивитетната мускулатура од левата
дланка и подлактица.

ДОКАЗ: вешт наод и мислење и медицинска документација, полномошно и две тековни состојби

Врз основа на клиничкиот наод и доставената медицинска документација тужителката во


предметниот напад од уличното куче скитник кое ја искасало во пределот на левата подколеница
и довело до нејзин пад врз тврдо тло се здобила со збирно ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА односно
скршеница на палечната коска од левата подлактица , угриз на рана од куче во предел на левата
подколеница и крвав подлив-хематом во предел на угриз на рана.

Здобиените повреди кај тужителката се во директно причинско-последична врска со предметниот


напад од уличното куче скитник со оглед дека скршеницата е потврдена од ординирачки
специјалист и радиодијагностичар на датумот на здобивање со повредите, после протоколарни
радиолошки иследувања реализирани по медицинска индикација. Угризнатата рака и крвавиот
подлив на левата подколеница се потврдени од страна на матичен лекар каде раната била
третирана со тоалета и преврски. Воедно овие повреди се нотирани и во доставената потврда од
МВР, за предметниот немил настан кога тужителката паднала врз цврсто тло после напад од
улично куче скитник.

ДОКАЗ: Вешт наод и мислење со лиценца

Извештај од специјалист од ЈЗУ УК по хируршки болести св. Наум Охридски, Скопје од 06.03.2022
година

Извештај- радиодиагностички наод од 06.03.2022 година на истата клиника

Извештај- радиодиагностички наод од 06.03.2022 година на истата клиника

Потврда од МВР ПСОН Аеродром Рег. Бр. 22.21.12.2-1030 од 14.03.2022 година


Извештај од специјалист ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ- физикална и рехабилитациона медицина од
07.04.2022 година

Извештај од ЈЗУ УК св. Наум Охридски од 04.04.2022 година

Извештај од ЈЗУ УК по хируршки болести св. Наум Охридски од 14.03.2022 година

Извештај од ЈЗУ УК по хируршки болести св. Наум Охридски од 14.03.2022 година

Медицинска потврда од Хелио Медика бр.4131 од 24.03.2022 година

Медицинска потврда од Хелио Медика бр.3665 од 16.03.2022 година

Тужителката веднаш после нападот од уличното куче и падот врз цврсто тло се здобила со
физички болки од силен степен доминантно во пределот на левата подлактица поради
раскинувањето на мекоткивните биолошки кожно-подкожни ткива во пределот на угризнатата
рана , кои исто така се интревенирани. Физичките болки биле со особен силен степен на
интензитет за време на транспортот до УК за време на радиолошките иследувања како и при
подготовките за реализација на репозиција на коскените фрагменти. Тужителката имала физички
болки во предел на левата подлактица во првите 7 дена посттрауматски. После овој период
физичките болки кај тужителката преминале во среден степен и со таков интензитет траеле до
изминатиот период од шест седмици. Во следниот период на отпочнатата рехабилитација до 3
месеци болките поминале во лесен степен, но таквите физички болки во левата подлактица може
повторно да се интензивираат при секој обид за напрегнување во рачниот зглоб. До изминат
период од 8 месеци посттрауматски се очекува забрзување на остеогенезата односно формирање
на цврст калус на местото на фрактурните линии и таквите физички болки и ден денска може да се
нагласуваат и при метеоропатски временски промени.

Веднаш после предметниот напад кај тужителката се појавил примарен страв со силен интензитет
кој се јавува напосредно после неочекувана ситуација, трае неколку секунди и се должи на
чувство на загрозеност на животот поради изненадна околност која не може да се стави под
контрола. После неколку секунди кога се добива свесност, за таквата ситуација овој страв се
трансформира во секундарен страв. Овој страв бил со силен интензитет во првите неколку часа
кога тужителката била во неизвесност од понатамошно превземање на медицнски дејствија, па
после овој период кога на тужителката и било укажано дека лекувањето ке продолжи со
мирување во домашни услови секунадарниот страв преминал во среден степен на интензитет.
Од самиот вешт наод и мислење неспорно произлегува дека кај тужителката примарниот страв
траел неколку секунди а секундарниот страв бил со силен степен неколку часа пострауматски со
среден степен до 6 седмици постоперативно, до 3 месеци лесен степен и тековно до ден денес во
лесен степен само при условени ситуации на блиска средба со кучиња.

Кај тужителката пострауматски имало ограничување во обавување на основните животни


активности, тужителката во текот на 6 месеци додека носела гипсен ракав имала потреба од
елевација на левата дланка за конторла на постоперативниот оток не можела уредно да
спроведува лична хигиена и уредно да се исхранува. Дополнително во првите две седмици не
можела да обавува комплетна хигиена , а после изминатиот период од 6 седмици тоа го правела
со многу потешкотии и дополнителен напор.

Душевни болки поради НОЖА биле од силен степен 2-3 дена пострауматски, среден степен до
изминати 6 седмици и лесен степен до 3 месеци. Така да во првите 6 седмици имала потреба од
трето лице, посебно што тужителката е на возраст од 71 година, живее сама , така да од овој
немил настан била спречена во обавување на своите посебни животни потреби и активности при
набавка на прехрамбени намирници од маркет и пазар, не можела да одржува хигиена во домот,
да приготвува оброци , ниту да управува со автомобил.

Кај тужителката постојат пострауматска лузна во предел на левата подколена регија и за истата
доживува душевна болка поради естетско нарушување што преставува нејзина материјална
штета, ако е кузна е во директна причинско-последична врска со нападот од куче скитник.

Кај тужителката се присутни пострауматски последици , клинички манифестни со ограничени


активни и пасивни движења во левиот рачен зглоб. Така да тужителката сеуште е во фаза на
санација која ке се следи во наредните 6 месеци.

ДОКАЗ: Вешт наод и мислење

Поради сето погоре на судот му предлагаме да ја донесе следнава


Пресуда
Се усвојува тужбеното барање на тужителката Љиљана Тасеска, се задолжува тужените солидарно
да исплатат на тужителката штета за повреда на личните права, за каснување од куче и скршеница
на рака во вкупен износ од 600.000,00 денари и тоа за претрпена физичка болка износ од
300.000,00 денари, за претрпен страв износ од 200.000,00 денари, на име НОЖА 35.000,00 денари
и рана од каснување 65.000,00 денари, сето тоа во рок од 15 дена од приемот на пресудата ,а под
страв на присилно исполнување со закозна затезна камата сметана од 06.03.2022 година како ден
на настанување на штетата па се до конечната исплата зголемена за 8 индексни поени. Се
задолжуваат тужените солидарно да ги надоместат трошоците во оваа постапка.

Трошковник

Состав на тужба +18%--------------------------------------------------------------------------13.806,00 денари

Такса за Тужба-----------------------------------------------------------------------------------6.000,00 денари

За вештачење

Полномошник на тужител

Адвокат Анита Бегова

___________________________________

You might also like